6
DRU[TVO ZA GRADE@NI[TVO a.d. Skopje "Jurij Gagarin" br. 15 91000 Skopje Makedonija Ф 4.4.6/19 OHSAS 18001:2007 :: Издание 1 :: 28.08.2011 :: Страница 1 од 6 :: УПАТСТВО ЗА БЕЗБЕДНА РАБОТА ПРИ БЕТОНИРАЊЕ ОПАСНОСТИ И ШТЕТНОСТИ ПРИ БЕТОНИРАЊЕ Опасности и штетности кои што можат да се случат на машинист при работа на градежните објекти се следните: 1. МЕХАНИЧКИ ОПАСНОСТИ (ОП-МХ) - слободно движење на деловите или материјалите кои можат да нанесат повреда на вработениот; (движење на црева и делови од мешалката (пумпата) за бетон, е опасност која е честа на градилиштата, при одредено невнимание може да дојде до тешка повреда, особено при откачување на цревата на пумпата за бетон.). - внатрешен транспорт и движење на работни машини или возила, како и поместување на одредена опрема за работа; (во текот на работата на градилиштето, се користат работни машини и возила за реализација на дел од активностите, тоа преставува опасност за вработените затоа е важно точно одредување на патеки на движење на работните машини и возилата, како и патеки на движење на работниците) - неможност или ограниченост за навремено преместување од работното место, изложеност на затварање, механички удар, поклопување и сл. (при реализација на активностите на градежниот објект, работниците многу често можат да се најдат во положба во која немаат можност или ограничени се навремено да се преместат од работното место, во тие случаеви мора да се предвидат обуки на работниците и при реализација на активности кои што се реализираат на критични места задолжително до работникот кој е во критична положба да има уште еден работник кој ќе може навремено да реагира.

Upatstvo Za Bezbedna Rabota - Betoniranje

  • Upload
    mac1677

  • View
    123

  • Download
    11

Embed Size (px)

DESCRIPTION

concrete safety

Citation preview

Page 1: Upatstvo Za Bezbedna Rabota - Betoniranje

DRU[TVO ZA GRADE@NI[TVO a.d. Skopje"Jurij Gagarin" br . 15 91000 Skopje

Makedonija Ф 4.4.6/19 OHSAS 18001:2007

:: Издание 1 :: 28.08.2011 :: Страница 1 од 6 ::

УПАТСТВО ЗА БЕЗБЕДНА РАБОТА ПРИ БЕТОНИРАЊЕ

ОПАСНОСТИ И ШТЕТНОСТИ ПРИ БЕТОНИРАЊЕ

Опасности и штетности кои што можат да се случат на машинист при работа на градежните објекти се следните:

1. МЕХАНИЧКИ ОПАСНОСТИ (ОП-МХ) - слободно движење на деловите или

материјалите кои можат да нанесат повреда на вработениот; (движење на црева и делови од мешалката (пумпата) за бетон, е опасност која е честа на градилиштата, при одредено невнимание може да дојде до тешка повреда, особено при откачување на цревата на пумпата за бетон.).

- внатрешен транспорт и движење на работни машини или возила, како и поместување на одредена опрема за работа; (во текот на работата на градилиштето, се користат работни машини и возила за реализација на дел од активностите, тоа преставува опасност за вработените затоа е важно точно одредување на патеки на движење на работните машини и возилата, како и патеки на движење на работниците)

- неможност или ограниченост за навремено преместување од работното место, изложеност на затварање, механички удар, поклопување и сл. (при реализација на активностите на градежниот објект, работниците многу често можат да се најдат во положба во која немаат можност или ограничени се навремено да се преместат од работното место, во тие случаеви мора да се предвидат обуки на работниците и при реализација на активности кои што се реализираат на критични места задолжително до работникот кој е во критична положба да има уште еден работник кој ќе може навремено да реагира.

Page 2: Upatstvo Za Bezbedna Rabota - Betoniranje

DRU[TVO ZA GRADE@NI[TVO a.d. Skopje"Jurij Gagarin" br . 15 91000 Skopje

Makedonija Ф 4.4.6/19 OHSAS 18001:2007

:: Издание 1 :: 28.08.2011 :: Страница 2 од 6 ::

1.1) Исеченици, гребаници (механичка опасност која може да се случи при реализирање на сите активности на градилиштето, треба да се обрне внимание при работа со алати и задолжително носење на заштитни ракавици. 1.2) Набивање, удари (механичка опасност која може да се случи при реализирање на сите активности на градилиштето, треба да се превземат мерки за санирање на сите нерамнини, санирање на скелињата и сите потпори кои што се користат за движење на вработените. 1.3) Скршеница (механичка опасност која може да се случи при реализирање на сите активности на градилиштето, треба да се превземат мерки за санирање на сите нерамнини, санирање на скелињата и сите потпори кои што се користат за движење на вработените. 1.5) Повреда на очите (механичка опасност која најчесто може да се случи при заварување или брусење без употреба на заштитни наочари или маски). 2. ОПАСНОСТИ КОИ СЕ ПОСЛЕДИЦА НА РАБОТНОТО МЕСТО (ОП-РМ)

- опасни површини (подови, површини за газење или површини со кои вработените доаѓаат во контакт, а имаат остри рабови, шилци, испакнати делови ис л.) (опасност на работно место за која треба да се превземат мерки за санирање на сите нерамнини, санирање на скелињата и сите потпори кои што се користат за движење на вработените.

- работа на височина или длабочина; (при работа на височина задолжително носење на заштитни појаси за работа на висина, задолжителна обука на вработените за работа на висина и задолжителни лекарски прегледи);

Page 3: Upatstvo Za Bezbedna Rabota - Betoniranje

DRU[TVO ZA GRADE@NI[TVO a.d. Skopje"Jurij Gagarin" br . 15 91000 Skopje

Makedonija Ф 4.4.6/19 OHSAS 18001:2007

:: Издание 1 :: 28.08.2011 :: Страница 3 од 6 ::

- можност за лизгање или сопнување (влажни или лизгави површини); (опасност на работно место за која треба да се превземат мерки за санирање на сите нерамнини, санирање на скелињата и сите потпори кои што се користат за движење на вработените.

- физичка нестабилност на работното место; (опасности кое се последица од работното место особено ако одредена активност се врши на критични позиции каде што постои физичка нестабилност за работникот. При работа на критични позиции задолжително присуство на најмалку уште еден работник кој ќе може навремено да реагира. 2.1) Опасна површина 2.2) физичка нестабилност на работното место 2.3) Опасност од работа на висина (при работа на височина задолжително носење на заштитни појаси за работа на висина, задолжителна обука на вработените за работа на висина и задолжителни лекарски прегледи); 3. Опасност која е последица на користење на електрична енергија(ОП-ЕЕ)

- опасност од директен допир со делови на електрична инсталација и опрема под напон;

- опасност од индиректен допир со делови на електрична инсталација и опрема под напон; 3.1) Опаснсот од директен допир на електроспроводливи делови под напон. 3.2) Опасност од индиректен допир на елетропроводливите делови кои во нормален погон не се под напон, меѓутоа после одреден дефект или хаварија можат да дојдат под напон и да бидат исклужително опасни. ШТЕТНОСТИ (ШТ) Штетности во работен процес (ШТ-ПР) Хемиски штетности (ШТ-РП-1.1) - прашина, течности, гасови и чад (вдишување, гуење, навлегување во

Page 4: Upatstvo Za Bezbedna Rabota - Betoniranje

DRU[TVO ZA GRADE@NI[TVO a.d. Skopje"Jurij Gagarin" br . 15 91000 Skopje

Makedonija Ф 4.4.6/19 OHSAS 18001:2007

:: Издание 1 :: 28.08.2011 :: Страница 4 од 6 ::

телото преку кожата, изгореници, труење и сл.) (при работа на градилишта и при работа со градежни материјали секогаш е присутна прашината разни други гасови. При зголемена присутност на прашина т.е при реализирање на одредена работни активности задолжително да се носат маски) Физички штетности (ШТ-РП-1.2) - бучава и механички вибрации; (при работа со опрема која што предизвикува голема бучава и вибрации задолжително носење на антифони и анти-вибрациони заштитни ракавици и дефинирање на времетраење на активноста и време на пауза на работникот на да продолжи со работа пр. ако со опремата работи работникот континуирано 30 минути, па 10 минути пауза или потоа работи друг работник). - зголемен или намален атмосферски притисок; - штетни влијанија на микроклиматските факори (висока температура,ниска температура, влажност, брзина на струење на воздухот); (дефинирање на начин на работа на висока температура и начин на работа на ниска температура, задолжителна лична заштитна опрема за работа на високи и ниски температури и обука на вработените). - несоодветна-недоволна осветленост; (дефинирање на начини на зголемување на осветленоста на градилиштето). - штетни атмосферски влијанија (работа на отворено); ШТЕТНОСТИ ПРЕДИЗВИКАНИ ОД ПСИХИЧКИ И ПСИХОФИЗИЧКИ НАПОР(ШТ-ПФ) - напори или телесни напрегања (рачно пренесување на товар, туркање или влечење товар, различни долготрајни зголемени телесни активности и сл.); (дефинирање на тежина на товар кој се подига при реализирање на работни активности, обука за правилно

Page 5: Upatstvo Za Bezbedna Rabota - Betoniranje

DRU[TVO ZA GRADE@NI[TVO a.d. Skopje"Jurij Gagarin" br . 15 91000 Skopje

Makedonija Ф 4.4.6/19 OHSAS 18001:2007

:: Издание 1 :: 28.08.2011 :: Страница 5 од 6 ::

подигање на товар и секогаш кога е можно да се користат помошни дигалки. - нефизиолошка положба на телото (долготрајно стоење, седење, клечење и сл.) - (при вршење на работните активности во кои работникот има нефизиолошка положба на телото, може да дојде до замор кој допринесува до штетности кои негативно делуваат на вработените. При активности во кои имаме нефизиолошка положба мора да се дефинира начинот на работа во кој точно ќе се дефинираат континуирана работа во нефизолошка положба и време на пауза).

2.1)Замор и оптеретување со работа 2.2)Штетности како последица на нефизиолошка положба на телото

Page 6: Upatstvo Za Bezbedna Rabota - Betoniranje

DRU[TVO ZA GRADE@NI[TVO a.d. Skopje"Jurij Gagarin" br . 15 91000 Skopje

Makedonija Ф 4.4.6/19 OHSAS 18001:2007

:: Издание 1 :: 28.08.2011 :: Страница 6 од 6 ::

МЕРКИ ЗА БЕЗБЕДНА РАБОТА

Работниците кои работат на машини за поставување на бетон, се изложени на прскање цементно млеко и опасности од гризање цемент, поради што мора да користат заштитник за лице и очи.

Мешалицата за бетон мора да биде стабилна и сигурна за работа, а нејзините подвижни делови - запчаници мораат да бидат осигурани со метален поклоп.

Пред почеток на бетонирање, треба да се провери дали се изведени потребните заштитни мерки, посебно заштита од пад од висина. Сите остри врвови и рабови, средства за спојување поединечни делови на скелети и други делови од дрвената конструкција, мораат да се свиткаат и покријат.

Работниците смеат да почнат со бетонирање после проверката дозволена од страна на стручно лице на градилиштето.

За набивање на бетон треба да се користи превибратор кој се приклучува на низок напон од 42 V.