24
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА ДРЖАВЕН ПРОСВЕТЕН ИНСПЕКТОРАТ У П А Т С Т В О ЗА ВРЕДНУВАЊЕ НА ИСПОЛНУВАЊЕТО НА РАБОТНИТЕ ДОЛЖНОСТИ НА НАСТАВНИЦИТЕ И СТРУЧНИТЕ СОРАБОТНИЦИ ВО ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Upatstvo Za Vrednuvanje Na Nastavnicite

Embed Size (px)

DESCRIPTION

ocenuvanje na nastavnici od strana na drzaven ispektorat

Citation preview

Page 1: Upatstvo Za Vrednuvanje Na Nastavnicite

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

ДРЖАВЕН ПРОСВЕТЕН ИНСПЕКТОРАТ

У П А Т С Т В О

ЗА ВРЕДНУВАЊЕ НА ИСПОЛНУВАЊЕТО НА РАБОТНИТЕ ДОЛЖНОСТИ НА НАСТАВНИЦИТЕ И СТРУЧНИТЕ СОРАБОТНИЦИ ВО

ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Page 2: Upatstvo Za Vrednuvanje Na Nastavnicite

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

ДРЖАВЕН ПРОСВЕТЕН ИНСПЕКТОРАТ

ОБРАЗЕЦ БР.1 ЗА ВРЕДНУВАЊЕ НА РАБОТНИ ДОЛЖНОСТИ НА НАСТАВНИЦИ ВО

ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО УЧИЛИШТЕ

Во состав на интегралната евалуација на основните и средните училишта, Државниот просветен инспекторат врз основа на Законот за просветна инспекција (Службен весник на РМ„ бр.52/2005;81/2008, 148/09

и 57/2010 год.) спроведува непосредни согледувања евидентирајќи ги постигањата на наставниците со ОБРАЗЕЦ за вреднување на работните должности на наставници врз основа на Законот за основно образование и Законот за средно образование (Службен весник на РМ„ бр.44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/02, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 30/07, 81/08, 92/08 година . Име и презиме на наставник ____________________________________ ОУ/СОУ „_______________________________“ Општина _________________________ ИНСПЕКЦИСКИ ТИМ: 1. __________________ Раководител Директор 2. __________________ член 3. __________________ член __________________

МП

Page 3: Upatstvo Za Vrednuvanje Na Nastavnicite

3

ВОВЕД

Согласно Законот за просветна инспекција („Службен весник на РМ“ број 52/2005, 81/2008, 148/09 и 57/2010 година) и согласно Правилникот за начинот и постапката за вршење на инспекциски надзор на просветната инспекција, изготвено е ова Упатство кое има за цел да ги регулира правилата за вреднување на исполнувањето на работните должности на наставниците и стручните соработници во основното и средното образование.

Ова Упатство ќе им користи на инспекторите на Државниот просветен

инспекторат при вршењето на интегрална евалуација во воспитно-образовните установи.

Во ова Упатство се воспоставени процедури врз основа на кои ќе се врши вреднувањето на наставниците и стручните соработници во основното и средното образование.

Потребно е ова Упатство однапред да биде доставено до воспитно образовните установи кои ќе бидат предмет на интегрална евалуација за да се запознаат со постапката за вреднување.

Ова вреднување ќе биде составен дел на интегралната евалуација што се врши согласно членовите 6, 7, 8, 9,10 и 11 од Правилникот за начинот и постапката за вршење на инспекциски надзор на просветната инспекција со кои е регулирана постапката до конечниот извештај од извршената интегрална евалуација.

За спроведената интегрална евалуација, Државниот просветен инспекторат изработува писмен извештај за вреднување на исполнувањето на работните должности на наставниците и стручните соработници во основното и средното образование и го доставува до училиштето и до Државниот испитен центар.

Page 4: Upatstvo Za Vrednuvanje Na Nastavnicite

4

ИНСТРУМЕНТ ЗА ВРЕДНУВАЊЕ НА ИСПОЛНУВАЊЕТО НА РАБОТНИТЕ ДОЛЖНОСТИ НА НАСТАВНИЦИТЕ ВО ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО

ОБРАЗОВАНИЕ

1. НАСТАВА

1.1. Планирање и подготовка за настава: ­ Нема планирање .............................................................................................0 поени ­ Делумно планирање .................................................................................4 поени ­ Целосно планирање .................................................................................8 поени Извори: наставник, стручна служба, педагошки картон

1.2. Реализација на наставата ­ Редовно користи разновидни приоди во настава ................................10 поени ­ Повремено користи разновидни приоди во настава ..................................5 поени ­ Не користи современи разновидни приоди во наставата ......................0 поени ­ Реализира настава во комбинирана паралелка ..................................3 поени ­ Реализира настава во паралелки во кои се вклучени ученици со

посебни образовни потреби (со инклузија) .............................................5 поени Извори: педагошка евиденција и документација за паралелката, планирањата и подготовките на наставникот, евиденција од посети на часови од страна на директорот, педагогот, советникот, инспекторот

1.3. Водење на педагошка евиденција и документација: ­ Уредно водење .............................................................................................6 поени ­ Водење со извесни пропусти .....................................................................3 поени ­ Неуредно водење .............................................................................................0 поени Извори: дневник, записници од одделенски совет, од стручен актив, евиденција за дополнителна настава, евидентни листови за сумативно оценување, портфолио за ученик за формативно оценување, досие за секој ученик за следење, наставни листови со датум и потпис од родител, главни книги, преведници, свидетелства 1.4. Изработка на наставни средства и дидактички помагала: ­ Не изработува .............................................................................................0 поени ­ Повремено изработува .................................................................................3 поени ­ Изработува .............................................................................................6 поени Извори: изработувани наставни средства како и дидактички помагала за својот наставен предмет кои претставуваат предуслов за успешно реализирање на наставата; илустративен материјал за наставна содржина изложен во кабинет, во ходници, училници, како пропратен материјал во дневни подготовки

Page 5: Upatstvo Za Vrednuvanje Na Nastavnicite

5

1.5. Планира и реализира дополнителна настава: ­ Не планира и не реализира .....................................................................0 поени ­ Делумно планира и реализира .....................................................................3 поени ­ Планира и реализира .................................................................................6 поени Извори: Евиденции за ученици, Планирање на наставникот, дневник на паралелка, распоред, извештај за реализирање на дополнителна, годишна програма за работа на училиштето 1.6. Планира и реализира додатна настава: ­ Не планира и не реализира .....................................................................0 поени ­ Делумно планира и реализира .....................................................................3 поени ­ Планира и реализира .................................................................................6 поени Извори: Евиденции за ученици, Планирање на наставникот, дневник на паралелка, распоред, извештај за реализирање на додатна годишна програма за работа на училиштето

1.7. Оценување на учениците: ­ Неконтинуирано оценува и неприменува стандарди ..................................0 поени ­ Повремено оценува со примена на стандарди ..................................4 поени ­ Континуирано оценува со примена на стандарди ..................................8 поени Извори: Извештаи од одделенски/класни совети, дневници на паралелки, евидентни листови, листови за формативно оценување, портфолио за сумативна оценка, евидентни листови за оценување по нивоа за секој ученик

1.8. Спроведување на интерни проверки (тестирања) ­ Не спроведува интерни проверки(тестирања) ..........................................0 поени ­ Спроведува до четири теста .....................................................................3 поени ­ Спроведува повеќе од четири тестови .........................................................6 поени Извори: Планирања на наставникот, примери на тестови, по тежински нивоа и различен тип на прашања, дневник на паралелка (внесена содржина), кај стручна служба или директор извештај од изготвени тестови и реализација на истите

1.9. Планира и организира средби со родителите ­ Не планира и не организира средби со родителите ..................................0 поени ­ Планира и реализира четири средби .........................................................4 поени ­ Планира и реализира повеќе од 4четири средби ..................................8 поени Извори: План за соработка со родители, Годишна програма, дневник на паралелка, покани и известувања до родители, записници од родителски средби, евиденција за групни и индивидуални средби, евиденција од формални и неформални средби со родителите, реализација на заклучоци од средби, пишаните извештаи и информации до родителите

Page 6: Upatstvo Za Vrednuvanje Na Nastavnicite

6

2. ДРУГИ ВОСПИТНО ОБРАЗОВНИ ДОЛЖНОСТИ

2.1. Стекнати сертификати од стручно усовршување, семинари, курсеви и симпозиуми за изминати три години од овластени институции ­ Нема сертификати .................................................................................0 поени ­ До три сертификати .................................................................................4 поени ­ Повеќе од три сертификати .....................................................................8 поени Извор: Досие на вработени 2.2. Автор или коавтор на учебници, стручна литература и други написи во

стручни списаниjа: ­ Автор на учебник .............................................................................................5 поени ­ Коавтор на учебник .................................................................................4 поени ­ Автор на стручна литература .....................................................................3 поени ­ Автор на написи во стручни списанија .........................................................2 поени Извор: Досие на наставник 2.3. Учесник во проекти како надворешен соработник од Министерство за

образование и наука или институции поврзани со образование: ­ Учествува во проекти .................................................................................4 поени ­ Повремено учествува во проекти .........................................................2 поени ­ Не учествува во проекти .................................................................................0 поени Извор: Досие на наставници 2.4. Освоени награди од натпревари, наградни конкурси во текот на три

наставни години: ­ Учество на училишни натпревари, наград. конкурси ....................................1 поен ­ Освоени награди од училишни натпревари .............................................2 поени ­ Учество на општински натпревари ...........................................................1 поен ­ Освоени награди од општински натпревари .............................................2 поени ­ Учество на регионални натпревари .........................................................1 поени ­ Освоени награди од регионални натпревари .............................................2 поени ­ Учество на државни натпревари .....................................................................2 поени ­ Освоени награди од државни натпревари .............................................3 поени ­ Учество на меѓународни натпревари .........................................................2 поени ­ Освоени награди на меѓународни натпревари .............................................5 поени Извор: Извештај од учества и копии од дипломи. Поените се собираат за учество и за освоено место. Ако наставникот учествувал или освоел награди како ментор се множи со бројот на тоа колку пати е тоа направено, односно секоја награда и учество се вреднува

Page 7: Upatstvo Za Vrednuvanje Na Nastavnicite

7

2.5. Учество и реализација на проекти со учениците ­ Не учествува и не реализира проекти со ученици ..................................0 поени ­ Повремено учествува и реализира проекти со ученици ......................3 поени ­ Учествува и реализира проекти со ученици .............................................6 поени Извор: План за проекти, Извештај од реализирани проекти, евиденција за учество во проектот - кај наставник или стручна служба 2.6. Планирање, организирање и реализација на воннаставни и слободни

активности ­ Не планира и не реализира .....................................................................0 поени ­ Повремено планира и реализира .....................................................................2 поени ­ Планира и реализира .................................................................................4 поени Извор: Годишна програма, планирања, извештај, евиденции за учество, дневник на паралелка, наставник или стручна служба 2.7. Учествува во уредување на кабинети, фискултурни сали, игралишта и

др.

Не учествува .............................................................................................0 поени Повремено учествува .................................................................................2 поени Учествува ….....................................................................................................4 поени Извор: Набљудување, разговор со наставник, директор, стручна служба, евиденција за реализацијата на уредувањето 3. ОПОМЕНИ И ДИСЦИПЛИНСКИ МЕРКИ Изречена дисциплинска мерка ..................................................................-10 поени Изречена опомена ...........................................................................................-5 поени Нема изречено дисциплинска мерка или опомена ..................................0 поени

Page 8: Upatstvo Za Vrednuvanje Na Nastavnicite

8

Појаснување на аспектите за вреднување на наставниците 1. Настава 1.1. Планирањето на наставата и подготовките за нејзино реализирање е неодминлива обврска на секој наставник. Тој ги планира не само сопствените активности во наставата (како ќе поучува), туку сè повеќе акцентот го става на планирање на активностите на учениците и на подготовките за нивно успешно изведување. Во таа смисла, тој ги определува целите, содржините, изворите на сознанијата, методите и формите, потребното време, постапките, проверувањето и др. Планирањата опфаќаат: годишно и тематско планирање и дневна подготовка за секој наставен час, како и избор на наставни средства. Планирањето може да биде во писмена или електронска форма. - Наставникот е должен да ја планира наставата која се бодува ако наставникот има подготвен Годишен глобален план, тематски планирања и подготовка на наставни средства по наставниот предмет по кој изведува настава. 1.2. При посета на наставни часови се набљудува начинот на реализацијата на наставата, т.е. употреба на форми, методи, употреба на ИКТ во наставата. Исто така, клучен елемент е и дали наставникот работи во паралелка со иста возраст на ученици или во комбинирана паралелка; дали во паралелката се вклучени и ученици со посебни образовни потреби за кои е потребна дополнителна активност. 1.3. Согласно член 86 од Законот за основно образование („Службен весник на РМ“ бр. 103/2008 година) и Законот за средното образование („Службен весник на РМ“ бр.44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/02, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 30/07, 81/08, 92/08 година) наставникот е должен да води педагошка документација и евиденција што се води во училиште. Педагошката документација во смисла на овој закон опфаќа: Главна книга на учениците, Ученичка легитимација, Свидетелство и Преведница. Под евиденција спаѓаат евидентните листови за успех на учениците, записници од одржани испити, како и сите други планирања на наставникот. 1.4. Секој наставник треба да изработува наставни средства како и да врши подготовка на дидактички помагала за својот наставен предмет што претставува предуслов за успешно реализирање на наставата. Наставникот подготвените дидактички помагала ги става на увид пред Државниот просветен инспектор. - Наставникот е должен да подготвува дидактички помагала. Наставникот подготвените дидактички помагала ги става на увид пред Државниот просветен инспектор. 1.5. Наставниците се должни да реализираат дополнителна настава за време на наставната година за учениците кои имаат тешкотии во совладувањето на наставните содржини. Содржините на дополнителната настава и начинот на работата се главно специфични за секој ученик. Што се однесува до ова, потребно е да се применуваат индивидуални форми и тимска работа на учениците. За ова

Page 9: Upatstvo Za Vrednuvanje Na Nastavnicite

9

цел, треба да се изготви концепт за дополнителни програми со што ќе се предвидуваат целите, содржините и формите кои ќе ги понуди наставникот. 1.6. Ова настава се организира за ученици кои за време на редовната работа постигнуваат натпросечни резултати и кои, освен тоа, имаат и посебен талент од одреден предмет. Ова настава се реализира според наставни програми. Овој вид настава подразбира адекватно планирање, организација, примена на наставата и вреднување на постигањата во наставниот процес. 1.7. Согласно со законот, оценувањето на постигањата на учениците треба да биде континуирано. Континуираноста во оценувањето се постигнува со тоа што учениците треба да имаат оценки во одделенските дневници (на паралелки) по сите наставни предмети што се предвидени со наставниот план за тримесечјата, на крајот на првото полугодие и на крајот на наставната година. 1.8. Во процесот на следење, проверување, поттикнување и оценување на развојот и напредувањето на учениците во воспитно-образовниот процес се користат методи, постапки и техники сообразени со содржините што се оценуваат и со возраста на учениците. Така, покрај усното проверување, писмени работи, есејски задачи, практично проверување и набљудување, учениците се проверуваат и преку интерни стандардизирани тестови. 1.9. Соработката со родителите е важен сегмент во животот на училиштето. Таа соработка треба да се поттикнува од наставникот за родителите активно да се вклучат во работата на училиштето. Ова може да се постигне кога родителите редовно ќе бидат информирани за своето дете, а, истовремено, и тие треба да му пружат помош за неговата успешност. За таа цел, наставникот е должен да соработува во интерес на унапредувањето на воспитно-образовната работа. Од тука, сосема е оправдан заклучокот дека родителите треба да знаат сè што се случува во училиштето, а тоа ќе се постигне кога ќе бидат вклучени во училиштето преку организирање на планирани средби со нив. Соработката со родителите се гледа во Дневникот на паралелката каде се заведуваат родителските средби и личните забелешки на наставникот од индивидуалните средби со нив. 2. Други воспитно-образовни должности

2.1. Еден од условите за успешно извршување на сложените улоги на наставникот е стручното оспособување на наставникот што се стекнува во текот на базичното образование, а се надградува во текот на целиот работен век. За таа цел, тој е должен и со закон да учествува во организирано стручно и дидактичко- методско образование и надградување. 2.2. Согласно индивидуалните способности, наставникот согласно Законот може да биде автор или коавтор на учебник, автор на стручна литература или стручни написи во стручни списанија од областа на образованието со што придонесува во развивање на воспитно-образованиот процес воопшто.

Page 10: Upatstvo Za Vrednuvanje Na Nastavnicite

10

2.3. Наставниците кои поседуваат знаења и способности за одредени сегменти од областа на образованието можат да бидат членови на некои органи, тела или комисии во хонорарна работа определени од МОН. 2.4. Наставниците во својата работа се должни да учествуваат со своите ученици на натпревари. Тие се должни учениците да ги поттикнуваат и интензивно да ги подготвуваат за учество. Натпреварите влијаат кај учениците да го развиваат: натпреварувачкиот дух, другарството, како и да ги продлабочат и збогатат знаењата. Според нивото на одржувањето, тие можат да бидат: училишни, општински, државни и меѓународни. Училиштето ги организира училишните натпревари, а преку нив се избираат ученици за повисоките нивоа на натпреварување. 2.5. За продлабочување на знаењата на учениците и за нивно оспособување за истражувачка и самостојна работа, наставниците се должни согласно со законот да спроведуваат и проекти со учениците. Учењето преку проекти и самостојното истражување е клучен дел на учењето преку кое учениците индивидуално или во групи користат материјали и независно од наставникот наоѓаат податоци потребни за да решат даден проблем. Задачата на наставникот е да ги поддржува учениците, да им обезбедува материјали и да ги насочува во планирањето, спроведувањето и вреднувањето на проектната задача. 2.6. Покрај изведувањето на наставата, наставникот е должен да организира културни, спортски и други општо корисни и хумани акции во кои учествуваат учениците. Воннаставните активности опфаќаат содржини и активности што се реализираат надвор од наставата, како што се: слободните ученички активности, општествената корисна работа, активностите на ученичката заедница, ученичките екскурзии и натпревари. 2.7. За успешно изведување на воспитно-образовниот процес, наставникот е должен и со закон да учествува заедно со учениците во уредување на кабинетот по соодветниот предмет, да организира вежбални, игралишта и др. Во овие активности тој не само што е одговорен, туку и ги организира и учениците и ги насочува како тоа да го прават. 3. Опомени и дисциплински мерки 3.1. Во работата на училиштата има случаи кога против одредени наставници се поднесуваат жалби, претставки и др. Повеќето од нив се однесуваат на: несоодветно однесување кон ученици, родители и друго, како и за нивната работа. - Ако за наставникот се констатира дека се изречени дисциплински мерки му се одземаат 10 поени, а ако е изречена опомена се одземаат 5 поени од вкупниот број на претходно освоени поени.

Page 11: Upatstvo Za Vrednuvanje Na Nastavnicite

11

4. Оценка од интегрална евалуација што ќе ја добие училиштето 4.1. Според општата оценка што училиштето ќе ја добие од извршената интегрална евалуација секој наставник ќе добие одреден број на бодови. - Според интегралната евалуација во училиштето каде што наставникот е вработен, наставникот добива поени според оценката која е добиена од тимот на инспектори што ја извршил интегралната евалуација и тоа:

- Мн. добро ................................................................................................25 поени - Добро .......................................................................................................20 поени - Делумно задоволува ..............................................................................10 поени - Незадоволително ....................................................................................0 поени

КРИТЕРИУМИ За бодирање на работните должности на наставникот во основното и

средното образование

Општи напомени (одредби) Бодирањето на работните должности на наставникот според образецот го врши Државен просветен инспектор. Наставникот може да добие максимално 150 поени; за исполнување на задачите од наставата до 64 поени и исполнување на задачите од другите воспитно-образовни задачи до 61 поени и 25 поени оценка од интегрална евалуација. Од освоените поени на наставникот му се одземаат до 10 поени ако му е изречена дисциплинска мерка. Директорот на училиштето е должен при инспекцискиот надзор да ја стави на располагање потребната документација од која ќе се види работата и исполнувањето на работните задачи според член 86 од Законот за основно образование и Законот за средното образование („Службен весник на РМ“ бр.44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/02, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 30/07, 81/08, 92/08 година). Оценувањето на работните должности на наставникот се врши за неговите постигања во изминатите 3 години.

Page 12: Upatstvo Za Vrednuvanje Na Nastavnicite

12

РАНГ

НА ПОСТИГАЊАТА НА НАСТАВНИЦИТЕ ПРИ ВРШЕЊЕТО НА РАБОТНИТЕ ДОЛЖНОСТИ ВО ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО

ОБРАЗОВАНИЕ РАНГИРАЊЕТО МОЖЕ ДА СЕ РЕАЛИЗИРА ДИРЕКТНО СО КОРИСТЕЊЕ НА БОДОВИТЕ ИЛИ НИВНО ТРАНСФОРМИРАЊЕ ВО ОЦЕНКИ

ТАБЕЛИ ЗА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПОЕНИ ВО ОЦЕНКИ

ТАБЕЛА СО 5 НИВОА

Ред. Број

ПОЕНИ

ОЦЕНКА

1. 0- 43 1 2. 44-65 2 3. 66-89 3 4. 90-110 4 5. Над 111 5

Page 13: Upatstvo Za Vrednuvanje Na Nastavnicite

13

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

ДРЖАВЕН ПРОСВЕТЕН ИНСПЕКТОРАТ

ОБРАЗЕЦ БР.2 ЗА ВРЕДНУВАЊЕ НА РАБОТНИ ДОЛЖНОСТИ НА СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ВО ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО УЧИЛИШТЕ

Во состав на интегралната евалуација на основните и средните училишта, Државниот просветен инспекторат врз основа на Законот за просветна инспекција („Службен весник на РМ“ бр. 52/2005, 81/2008, 148/09 и 57/2010 год.) спроведува непосредни согледувања евидентирајќи ги постигањата на стручниот соработник со ОБРАЗЕЦ за вреднување на работните должности на стручниот соработник врз основа на Законот за основно образование (член 87) и Законот за средно образование („Службен весник на РМ“ бр.44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/02, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 30/07, 81/08, 92/08 година). Име и презиме_______________________________________________ Педагог, психолог, социолог, социјален работник, дефектолог, библиотекар, лаборант. ОУ/СОУ „_______________________________“ Општина _________________________ ИНСПЕКЦИСКИ ТИМ: 1. __________________ Раководител Директор 2. __________________ член 3. __________________ член __________________

МП

Page 14: Upatstvo Za Vrednuvanje Na Nastavnicite

14

ИНСТРУМЕНТ ЗА ВРЕДНУВАЊЕ НА ПОСТИГАЊАТА НА РАБОТНИТЕ ДОЛЖНОСТИ НА СТРУЧНИОТ СОРАБОТНИК ВО ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО

ОБРАЗОВАНИЕ (Согласно член 77 од Законот за основно образование и член 59 од Законот за средно образование, стручни соработници се: педагог, психолог, социолог, социјален работник, дефектолог, библиотекар) 1. ПЛАНИРАЊЕ И ПРОГРАМИРАЊЕ

1.1. Планирање и подготовка на работата на стручен соработник ­ Целосно врши планирање и подготовка .............................................8 поени ­ Нецелосно врши планирање и подготовка .............................................4 поени ­ Не врши планирање .................................................................................0 поени Извори: Програма за работа по месеци, по активности и по подрачја за работа

1.2. Учество во работата на годишната програма за работа на

училиштето ­ Целосно учествува во изготвувањето на .............................................8 поени ­ Делумно учествува во изготвувањето .........................................................4 поени ­ Не учествува .............................................................................................0 поени

Извор: Програма за воннаставни активности, стручни органи, професионален развој на наставниците, проширена програма за наставниците, програма за унапредување на оценувањето, за развојно планирање, професионална ориентација, одделенски раководител, ученичка заедница и совет на родителите, Одлуки за формирани комисии и записници од работата на комисиите 2. РАБОТА СО УЧЕНИЦИ

2.1. Советодавна работа со учениците ­ Целосно врши советодавна работа .........................................................8 поени ­ Нецелосно врши советодавна работа .........................................................4 поени ­ Не врши советодавна работа .....................................................................0 поени Извор: евиденција за индивидуална и групна работа со ученици; евиденција за инструктивна работа со ученици, со родителите, други ученици, одделенски раководители; следење и унапредување на ученичка заедница; документација од анкети 2.2. Работа со ученици со посебни образовни потреби ­ Целосно дава поддршка .................................................................................8 поени ­ Делумно дава поддршка .................................................................................4 поени ­ Не дава поддршка .................................................................................0 поени Извори: евиденција за ученици со посебни образовни потреби според видот на попреченоста; евиденција за работа со ученици; евиденција за работа со

Page 15: Upatstvo Za Vrednuvanje Na Nastavnicite

15

родителите, наставниците и соодветни институции вон училиштето; планирани и реализирани активности со паралелката во која се вклучени учениците 2.3. Работа со талентирани ученици ­ Целосно дава поддршка .................................................................................8 поени ­ Делумно дава поддршка .................................................................................4 поени ­ Не дава поддршка .................................................................................0 поени

Извори: евиденција за надарени ученици според видот на надареност; евиденција за работа со учениците; евиденција за работа со родителите, наставниците и соодветни институции вон училиштето; планирани и реализирани активности во паралелката во која се вклучени учениците

2.4. Работа со ученици со тешкотии во учењето ­ Целосно дава поддршка на ученици со тешкотии во учењето ..........8 поени ­ Делумно дава поддршка .................................................................................4 поени ­ Не дава поддршка .................................................................................0 поени

Извори: евиденција за ученици со тешкотии во учењето; евиденција за работа со ученици и нивното напредување; евиденција за работа со родителите, наставниците; Планирани и реализирани активности со паралелката во која се вклучени учениците

2.5. Запишување на учениците и формирање на паралелките

­ Целосно учествува .................................................................................8 поени ­ Делумно учествува .................................................................................4 поени ­ Не учествува .............................................................................................0 поени Извори: Во ОУ: учество во изготвување на евиденција за обврзници; известување на родителите на децата обврзници; евиденција за разговор со родителите; евиденција за разговор со деца; подготвува инструменти и реализира активности за утврдување на подготвеност за запишување; формирање на паралелки Во СОУ: учество во работата на комисијата за спроведување на запишување на ученици во конкурсна постапка; учество во формирање на паралелките; учество во работа комисија за запишување на учениците во текот на годината

2.6. Следење на успехот и напредокот на учениците во наставните и

воннаставните активности ­ Целосно следење .............................................................................................8 поени ­ Делумно следење .............................................................................................4 поени ­ Не следи ........................................................................................................0 поени

Извори: извештај за успехот по одделенија, предмети, пол, етничка припадност и воннаставни активности; планирања и реализација на активностите за дополнителната и додатната настава; евиденција за изрекување на педагошки мерки). 2.7. Работа на професионална ориентација

Page 16: Upatstvo Za Vrednuvanje Na Nastavnicite

16

­ Целосно спроведува активности .........................................................8 поени ­ Делумно спроведува активности .........................................................4 поени ­ Не спроведува активности .....................................................................0 поени

Извори: Програма за професионална ориентација; документација за спроведени информирања; документација за остварена соработка со надворешни субјекти и институции

3. СОРАБОТКА СО РОДИТЕЛИТЕ 3.1. Педагошко инструктивна и советодавна работа ­ Целосно соработува со родителите .........................................................8 поени ­ Делумно соработува .................................................................................4 поени ­ Не соработува .............................................................................................0 поени

Извори: евиденција за реализација на индивидуални и групни соработки со родителите; евиденција за советодавни инструктивни работи; реализирани активности со родителите (предавања, дискусии, родителски состаноци, обуки, работилници, упатства и сл.); докази за иницирање и осмислување различни начини за вклучување на родителите во одделни сегменти од работата на училиштето, како и за извршени истражувања на очекувањата на родителите, и нивно вградување во плановите на училиштето 4. СОРАБОТКА СО НАСТАВНИЦИ 4.1. Педагошко инструктивна и советодавна работа ­ Целосно соработува со наставниците .........................................................4 поени ­ Делумно соработува .................................................................................2 поени ­ Не соработува .............................................................................................0 поени

Извори: евиденција за реализација различни форми за педагошка инструктивна и советодавна работа, планирање и следење на работата на наставниците; изготвени анализи од следењето на работата на наставникот; записници од состаноци на стручни органи и тела 4.2. Соработка со стручни органи ­ Целосно соработува со наставниците .........................................................4 поени ­ Делумно соработува .................................................................................2 поени ­ Не соработува .............................................................................................0 поени Извори: записници од работа на стручни органи; евиденција на стручен соработник

4.3. Унапредување на воспитно – образовна работа ­ Целосно соработува со носителите на воспитно–образовната работа......8 поени ­ Делумно соработува со носителите на воспитно-образовната работа.......4 поени ­ Не соработува со носителите на воспитно-образовната работа.................0 поени

Page 17: Upatstvo Za Vrednuvanje Na Nastavnicite

17

Извори: евиденција за остварена стручна помош на одделенски (класни) раководители, ментори, приправници, раководители на активи и раководители на секции 5. АНАЛИТИЧКО ИСТРАЖУВАЧКА РАБОТА ­ Целосно врши аналитичко истражувачка работа ..................................8 поени ­ Делумно врши аналитичко истражувачка работа ..................................4 поени ­ Не врши аналитичко истражувачка работа .............................................0 поени

Извори: лична евиденција на стручен соработник, записници од наставнички совет, извештаи по класификациски периоди за анализа на успехот и поведението со интерпретација на добиените резултати, реализација на Годишната програма за работа на училиштето; анализа за самоевалуацијата на училиштето; извештај од анализа на учењето и евиденција за реализација на индивидуална и групна соработка со родителите; евиденција за советодавни инструктивни работи; евиденција за соработка со други соработници или институции, евиденција за остварени презентации 6. ПЕДАГОШКА ЕВИДЕНЦИЈА И ДОКУМЕНТАЦИЈА ­ Целосно учествува во следењето на водењето ..................................8 поени ­ Делумно учествува во следењето на водењето ..................................4 поени ­ Не учествува во следењето на водењето .............................................0 поени Извори: Евиденција за следење на педагошка евиденција и документација; Изготвени упатства за водење на педагошка евиденција и документација; педагошки картон и портфолио за наставници; Лична евиденција за работа на стручен соработник)

7. СОРАБОТКА СО ЛОКАЛНАТА ЗАЕДНИЦА ­ Целосно учествува .................................................................................5 поени ­ Делумно учествува .................................................................................3 поени ­ Не учествува .............................................................................................0 поени Извори: евиденција за остварена соработка со различни институции од локалната средина, релевантни за работата на училиштето; евиденција дека е остварена соработка со колеги од други училишта 8. ЛИЧНО СТРУЧНО УСОВРШУВАЊЕ ­ Повеќе од 3 сертификати .....................................................................8 поени ­ До 3 сертификати .............................................................................................4 поени ­ Нема сертификати .................................................................................0 поени

Извор: Досие на вработениот

Page 18: Upatstvo Za Vrednuvanje Na Nastavnicite

18

9. ОПОМЕНИ И ДИСЦИПЛИНСКИ МЕРКИ ­ Изречена дисциплинска мерка ..................................................................-10 поени ­ Изречена опомена ................................................................................-5 поени ­ Нема изречено дисциплинска мерка или опомена ..................................0 поени

Page 19: Upatstvo Za Vrednuvanje Na Nastavnicite

19

ЕВИДЕНЦИЈА ЗА БИБЛИОТЕКАР

ИНСТРУМЕНТ ЗА ВРЕДНУВАЊЕ НА ПОСТИГАЊАТА НА РАБОТНИТЕ ДОЛЖНОСТИ НА БИБЛИОТЕКАР КАКО СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ВО

ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ (Согласно член 77 од Законот за основно образование и член 59 од Законот за средно образование, стручни соработници се: педагог, психолог, социолог, социјален работник, дефектолог, библиотекар,)

1. ПЛАНИРАЊЕ И ПРОГРАМИРАЊЕ

1.1. Планирање и подготовка на работата на стручен соработник ­ Целосно врши планирање и подготовка ...........................................10 поени ­ Нецелосно врши планирање и подготовка .............................................5 поени ­ Не врши планирање .................................................................................0 поени Извори: Програма за работа по месеци, по активности и по подрачја за работа

1.2. Учество во работата на годишната програма за работа на училиштето ­ Целосно учествува во изготвувањето …………...........................................8 поени ­ Делумно учествува во изготвувањето .........................................................4 поени ­ Не учествува .............................................................................................0 поени

Извор: Програма за воннаставни активности, стручни органи, професионален развој на наставниците, проширена програма за наставниците, програма за унапредување на оценувањето, за развојно планирање, професионална ориентација, одделенски раководител, ученичка заедница и совет на родителите, Одлуки за формирани комисии и записници од работата на комисиите 2. РАБОТА СО УЧЕНИЦИ 2.1. Поддршка на учениците ­ Целосно дава поддршка на ученици .......................................................12 поени ­ Делумно дава поддршка .................................................................................6 поени ­ Не дава поддршка .................................................................................0 поени Извор: евиденција за индивидуална и групна работа со ученици; евиденција од инструктивна работа со ученици, други ученици, одделенски раководители; документација од анкети, интервјуа и др. 2.2. Работа со талентирани ученици ­ Целосно дава поддршка ...............................................................................10 поени ­ Делумно дава поддршка .................................................................................5 поени ­ Не дава поддршка .................................................................................0 поени

Page 20: Upatstvo Za Vrednuvanje Na Nastavnicite

20

Извори: евиденција за надарени ученици според видот на надареност; евиденција за работа со учениците; евиденција за работа со родителите, наставниците и соодветни институции вон училиштето 2.3. Работа на професионална ориентација ­ Целосно спроведува активности .........................................................8 поени ­ Делумно спроведува активности .........................................................4 поени ­ Не спроведува активности .....................................................................0 поени

Извори: Програма за професионална ориентација; документација за спроведени информирања; документација за остварена соработка со надворешни субјекти и институции

2.4. Вршење на библиотекарски услуги на учениците и наставниците ­ Целосно ги врши ...........................................................................................10 поени ­ Делумно со извесни пропусти .....................................................................5 поени ­ Несоодветно ја врши услугата .....................................................................0 поени

Извори: Библиотечна евиденција и документација, поплаки и жалби од корисниците, годишна самоевалуација за работата на библиотека 3. СОРАБОТКА СО НАСТАВНИЦИ , ОРГАНИ И ТЕЛА ВО

УЧИЛИШТЕТО 3.1. Соработка со наставници ­ Целосно соработува со наставниците .......................................................10 поени ­ Делумно соработува .................................................................................5 поени ­ Не соработува .............................................................................................0 поени

Извори: евиденција за соработка со наставници; записници од состаноци на стручни органи и тела 3.2. Соработка со стручни органи ­ Целосно соработува со наставниците .......................................................10 поени ­ Делумно соработува .................................................................................5 поени ­ Не соработува .............................................................................................0 поени Извори: записници од работа на стручни органи; евиденција на стручен соработник

3.3. Унапредување на воспитно – образовна работа ­ Целосно соработува со носителите на воспитно–образовната работа......5 поени ­ Делумно соработува со носителите на воспитно-образовната работа.......2 поени ­ Не соработува со носителите на воспитно-образовната работа.................0 поени

Page 21: Upatstvo Za Vrednuvanje Na Nastavnicite

21

Извори: евиденција за остварена стручна помош на одделенски (класни) раководители, ментори, приправници, раководители на активи и раководители на секции 3.4. Грижа за збогатување на книжен фонд ­ Целосно се грижи ...........................................................................................10 поени ­ Делумно се грижи .............................................................................................5 поени ­ Не се грижи .............................................................................................0 поени Извори: истражувања за планирање на потребите, планови за набавка на книги 4. ЕВИДЕНЦИЈА И ДОКУМЕНТАЦИЈА НА БИБЛИОТЕКАТА 4.1. Евиденција за книжен фонд ­ Целосно уредно водење на евиденција и документација ......................8 поени ­ Делумно водење на евиденција и документација ..................................4 поени ­ Не уредно водење на евиденција и документација ..................................0 поени

Извори: евиденција за библиотечен фонд; евиденции и документација за трансфер на книги во библиотеката 4.2. Електронска евиденција за учебници

­ Целосно уредно водење на евиденција .............................................8 поени ­ Делумно водење на евиденција .....................................................................4 поени ­ Не уредно водење на евиденција .........................................................0 поени

Извори: записник за прием на учебници, доделени учебници, вратени учебници

5. СОРАБОТКА СО ЛОКАЛНАТА ЗАЕДНИЦА И ДРУГИ РЕЛЕВАНТНИ ИНСТИТУЦИИ

­ Целосно учествува .................................................................................8 поени ­ Делумно учествува .................................................................................4 поени ­ Не учествува .............................................................................................0 поени Извори: евиденција за остварена соработка со различни институции од локалната средина, релевантни за работата на училиштето; евиденција дека е остварена соработка со колеги од други училишта 6. ЛИЧНО СТРУЧНО УСОВРШУВАЊЕ ­ Повеќе од 3 сертификати .....................................................................8 поени ­ До 3 сертификати .............................................................................................4 поени ­ Нема сертификати .................................................................................0 поени

Извор: Досие на вработениот

Page 22: Upatstvo Za Vrednuvanje Na Nastavnicite

22

7. ОПОМЕНИ И ДИСЦИПЛИНСКИ МЕРКИ ­ Изречена дисциплинска мерка ..................................................................-10 поени ­ Изречена опомена ................................................................................-5 поени ­ Нема изречено дисциплинска мерка или опомена ..................................0 поени

Page 23: Upatstvo Za Vrednuvanje Na Nastavnicite

23

КРИТЕРИУМИ

За бодирање на работните должности на стручниот соработник во основното и средното образование

Општи напомени (одредби)

Бодирањето на работните должности на стручниот соработник во основното и средното образование според образецот број 2 го врши Државниот просветен инспекторат. Стручниот соработник може да добие максимално 150 поени: за планирање 16, за работа со ученици 56, за соработка со родители 8, за соработка со наставници 16, за аналитичко истражувачка работа 8, за водење на евиденција и документација 8, за соработка со локална заедница 5 и за лично стручно усовршување 8 поени и 25 поени од вкупната оценка од интегрална евалуација на училиштето каде стручниот соработник е вработен. Од освоените поени на стручниот соработник му се одземаат до 10 поени ако му е изречена дисциплинска мерка. Библиотекарот може да добие максимално 150 поени: за планирање 18, за работа со ученици 40, за соработка со наставници и други органи и тела 35, за водење на евиденција и документација 16, за соработка со локална заедница и други сродни институции 8 и за лично стручно усовршување 8 поени и 25 поени од вкупната оценка од интегрална евалуација на училиштето каде стручниот соработник (библиотекар) е вработен. Од освоените поени на стручниот соработник му се одземаат до 10 поени ако му е изречена дисциплинска мерка. Директорот на училиштето е должен при инспекцискиот надзор да ја стави на располагање потребната документација од која ќе се види работата и исполнувањето на работните задачи според член 87 од Законот за основно образование и Законот за средното образование ("Службен весник на РМ" бр.44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/02, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 30/07, 81/08, 92/08 година. Оценувањето на работните должности на стручниот соработник се врши за неговите постигања во изминатите 3 години.

Page 24: Upatstvo Za Vrednuvanje Na Nastavnicite

24

РАНГ

НА ПОСТИГАЊАТА НА СТРУЧНИОТ СОРАБОТНИК ПРИ ВРШЕЊЕТО НА РАБОТНИТЕ ДОЛЖНОСТИ ВО ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО

ОБРАЗОВАНИЕ

РАНГИРАЊЕТО МОЖЕ ДА СЕ РЕАЛИЗИРА ДИРЕКТНО СО КОРИСТЕЊЕ НА БОДОВИТЕ ИЛИ НИВНО ТРАНСФОРМИРАЊЕ ВО ОЦЕНКИ.

ТАБЕЛИ ЗА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПОЕНИ ВО ОЦЕНКИ

ТАБЕЛА СО 5 НИВОА

Ред. Број

ПОЕНИ

ОЦЕНКА

1. 0- 43 1 2. 44-65 2 3. 66-89 3 4. 90-110 4 5. Над 111 5