31
СОДРЖИНА 1.1 Опис на пензискиот систем во Република Македонија.......................................................... ....2 1.2 Институционална инфраструктура...................................................... .........................................3 1.3 КБ Прво пензиско друштво за управување со задолжителни и добрволни пензиски..............6 1.3.1 КБ отворен задолжителен пензиски фонд Скопје.............................................................. .....6 1.3.2 Кој може да стане член?............................................................... ..............................................7 1.3.3 Права на членство............................................................ ...........................................................8 1.3.4 Сигурност........................................................... .................................................................... ...11 1.3.5 Инвестициона политика............................................................ ...............................................12 1.3.6 Резултати........................................................... .................................................................... .....18 1

za investiciski fondovi

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: za investiciski fondovi

СОДРЖИНА

1.1 Опис на пензискиот систем во Република Македонија..............................................................2

1.2 Институционална инфраструктура...............................................................................................3

1.3 КБ Прво пензиско друштво за управување со задолжителни и добрволни пензиски..............6

1.3.1 КБ отворен задолжителен пензиски фонд Скопје...................................................................6

1.3.2 Кој може да стане член?.............................................................................................................7

1.3.3 Права на членство.......................................................................................................................8

1.3.4 Сигурност..................................................................................................................................11

1.3.5 Инвестициона политика...........................................................................................................12

1.3.6 Резултати....................................................................................................................................18

1.3.7 Принос од инвестиции.............................................................................................................20

1.3.8 Надоместоци..............................................................................................................................21

Користена литература...........................................................................................................................23

1

Page 2: za investiciski fondovi

1.1 Опис на пензискиот систем во Република Македонија

Целите на секое пензиско осигурување се социјални, а не комерцијални. Набљудувано од

аспект на односот помеѓу осигурителните придонеси и износот на пензиите, пензиското

осигурување е насочено кон социјална праведност и солидарност.

Ситуацијата во пензискиот систем до сега беше причина за незадоволство главно кај

пензионерите поради ниските пензии што ги примаат, меѓутоа незадоволни се и вработените

кои со своите високи придонеси ги финансираат сегашните пензионери, а товарот на исплатата

на нивните пензии допрва ги чека идните генерации.

За да се избегнат незадоволствата и поради ред други причини се пристапи кон

реформирање на пензиските системи во земјите во транзиција, а меѓу нив спаѓа и

Р.Македонија.

Главно постоеја две главни причини, а тоа се пред се:

Државните пензиски фондови поради намалениот прилив на придонеси со тек на

време почнаат да стануваат несолветни;

Демографскиот притисок од стареење на населението уште повеќе можеше да ги

доведе во прашање пензиите на идните генерации.

Реформата на пензискиот систем во Македонија започна со Законот за задолжително

капитално финансирано пензиско осигурување, донесен во април 2002 година. Со Законот се

реформира постојаниот државно управуван солидарен систем со дефиниран надоместок со

двостолбен систем, кој подоцна прерасна и се преобрази во пензиски систем со три столба.

Денес македонскиот пензиски систем е дел од социјалното осигурување на Република

Македонија и ја има следната структура:

Задолжително пензиско и инвалидско осигурување врз основа на генерациска

солидарност (т.н. прв столб);

Задолжително капитално финансирано пензиско осигурување (т.н. втор столб);

2

Page 3: za investiciski fondovi

Доброволно капитално финансирано пензиско осигурување (т.н. трет столб).

Првиот столб го претставува досегнашниот пензиски систем ( Фонд за пензискко и

инвалидско осигурување ), солидарен систем и е задолжителен за сите вработени, а средствата

се наменети најнапред за финансирање на сегашните и идните пензионери.

Вториот столб претставува задолжителено приватно пензиско осигурување кој е

задолжителен за сите вработени согласно со Законот.

Третиот столб е доброволен столб и во него може секој кој сака да вложува средства .

Осигуреникот индивидуално одлучува дали ќе вложува, колку ќе вложува и до кога ќе вложува.

Со реформата на пензискиот систем и воспоставувањето на повеќе слоен пензиски систем како

комбиниран систем од јавно, тековно финансирано и приватно, капитално финансирано

пензиско осигурување во Република Македонија, се очекува да се обезбеди долгорочна

стабилност на системот и сигурност во остварувањето на правата од пензиското и

инвалидското осигурување преку остварување долгорочни придобивки за индивидуалните лица

кои учествуваат во пензискиот систем, за самиот пензиски систем, како и дополнителни ефекти

врз економијата. Имено, од аспект на индивидуалните лица се обезбедува поголема сигурноста

во остварувањето на пензијата која ќе се финансира од повеќе извори со што се врши поделба

на ризиците. Едновремено со реформата се постигнува поголема транспарентност и

информираност на членовите на пензиските фондови. Со реформата се очекува воспоставување

солвентен пензиски систем, како и зголемување на заштедите и поттикнување на

инвестирањето на населенито и поттик на економскиот раст.

1.2 Институционална инфраструктура

Институции кои учествуваат во реформираниот пензиски систем се:

Министерство за труд и социјална политика - надлежно за креирање и водење на

политиката на пензиското и инвалидското осигурување и вршење надзор во

спроведувањето на законитоста на ова осигурување.

Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) -

регулаторно и супервизорско тело кое ги штити интересите на членовите на пензиските

3

Page 4: za investiciski fondovi

фондови, ја јакне свеста на јавноста за карактеристиките на ова осигурување и го

поттикнува развојот на капитално финансираното пензиско осигурување. За својата

работа одговара пред Владата на Република Македонија. МАПАС наплатува надоместок

од пензиските друштва, пресметан како процент од придонесите уплатени во пензиските

фондови. За 2009 година овој процент изнесуваше 1%.

Пензиско друштво – акционерско друштво основано од финансиски институции со

голем капитал и искуство, чија единствена дејност е управување со средствата на

пензиските фондови. Во реформираниот пензиски систем има можност за основањена

три вида на друштва:

o Друштво за управување со задолжителни пензиски фондови

o Друштво за управување со доброволни пензиски фондови

o Друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови

Чувар на средствата на пензиски фонд – безбедно ги чува средствата на пензискиот

фонд на посебна сметка, издвоени од средствата на друштвото.

Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија (ФПИОМ) и Управа за

јавни приходи (УЈП) – УЈП врши централизирана наплата на придонесите, додека

Фондот на ПИОМ врши распределба на задолжителните придонеси и соодветните

податоци за членовите во избраните задолжителни пензиски фондови (за доброволните

пензиски фондови нема централизирана наплата на придонесите). Фондот на ПИОМ

наплатува надоместок од пензиските друштва, пресметан како процент од придонесите

уплатени во задолжителните пензиски фондови. За 2009 година овој процент

изнесуваше 0,5%.

Пензиско друштво е акционерско друштво, кое се основа и работи согласно Законот за

трговски друштва и Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување

или Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување. Единствена дејност

на пензиското друштво е управување со пензиски фондови, нивно претставување пред трети

лица и активности кои директно произлегуваат од вршењето на работата на управување со

пензиски фондови.

Пензиски фонд (задолжителен или доброволен) претставува отворен инвестициски фонд,

што се основа и работи согласно со Законот за инвестициски фондови доколку со Законот за

4

Page 5: za investiciski fondovi

задолжително капитално финансирано пензиско осигурување или Законот за доброволно

капитално финансирано пензиско осигурување поинаку не е уредено. Задолжителниот

пензиски фонд го сочинуваат средствата од придонесите на членовите на тој фонд, намалени за

наплатените надоместоци, и приносите од инвестираните придонеси. Доброволниот пензиски

фонд го сочинуваат средствата од доброволните придонеси уплатени во име и за сметка на

членовите на тој фонд, намалени за наплатените надоместоци, и приносите од инвестираните

придонеси. Сопственици на пензискиот фонд се неговите членови, а нивните поединечни

сопственички права се определени од износот на средствата на нивните сметки. Средствата на

пензискиот фонд не можат да бидат предмет на побарувања, ниту врз тие средства може да

биде спроведено извршување од страна на, или од името на доверителите на пензиското

друштво кое управува со тој пензиски фонд.

Моментално во Република Македонија постојат две пензиски друштва кои управуваат со по

еден задолжителен и со по еден доброволен пензиски фонд и тоа:

5

Page 6: za investiciski fondovi

1.3 КБ Прво пензиско друштво за управување со задолжителни и добрволни

пензиски фондови АД Скопје

-КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд - Скопје

-КБ Прв отоворен доброволен пензиски фонд – Скопје

1.3.1 КБ ПРВ ОТВОРЕН ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПЕНЗИСКИ ФОНД - СКОПЈЕ

 КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд - Скопје (скратено Прв задолжителен пензиски

фонд) е називот на задолжителниот пензискиот фонд кој е основан и управуван од страна на КБ

Прво пензиско друштво АД Скопје.

 

Прв задолжителен пензиски фонд го сочинуваат уплатените средства од придонесите на

неговите членови, по пресметката и наплатата на надоместоците, зголемени за приносот од

инвестиициите.

 

Сопственици на Прв задолжителен пензиски фонд се неговите членови, а нивните поединечни

сопственички права се определени од износот на средствата на нивните сметки во Фондот.

 

Средствата на Прв задолжителен пензиски фонд се целосно издвоени од средствата на КБ Прво

пензиско друштво АД Скопје и се доверени на чување на чувар на имот. Ова подвојување на

средствата е направено со цел да се постигне висок степен на сигурност на средствата.

 

Средствата на Прв задолжителен пензиски фонд не можат да бидат предмет на побарувања,

ниту врз тие средства може да биде спроведено извршување од страна на доверителите на КБ

Прво пензиско друштво или во нивно име.

 

Средствата на Прв задолжителен пензиски фонд се инвестираат согласно строго утврдени

законски правила и други прописи од областа на задолжителното капитално финансирано

пензиско осигурување и со Инвестиционата стратегија на Друштвото.

6

Page 7: za investiciski fondovi

 

Инвестирањето на средствата на Прв задолжителен пензиски фонд се врши на начин кој

обезбедува: сигурност на средствата, диверсификација на ризикот од инвестициите и

одржување на адекватна ликвидност.

 

1.3.2 КОЈ МОЖЕ ДА СТАНЕ ЧЛЕН?

Договор за членство во Задолжитениот пензиски фонд управуван од КБ Прво пензиско

друштво можат да склучат лицата кои припаѓаат во една од следниве категории на

потенцијални членови:

Задолжителни членови

Задолжителни членови на тростолбниот пензиски систем се сите лица кои првпат се

вработуваат или прв пат биле вработени по 01.01.2003 година. Агенцијата за супервизија

на капитално финансирано пензиско осигурување - МАПАС, привремено ги

распределува овие лица по случаен избор во еден од двата приватни пензиски фонда од

вториот столб за временски период од 3 месеци.

Лицата кои припаѓаат на оваа категорија имаат право да склучат договор за членстово во

задолжителен пензиски фонд од вториот столб по свој избор во законски рок од 3

месеци сметано од денот на нивното пријавување во Агенцијата за вработување на РМ

Доколку во наведениот временски рок не склучат договор за членство стануваат членови

во задолжителниот пензиски фонд од вториот столб во кој МАПАС ги распределил.

Доброволни членови

Под доброволни членови на тростолбниот пензиски систем се подразбираат сите

потенцијални пензиски осигуреници кои имале прво вработување пред 01.01.2003

година.

Овие лица кои во периодот од започнување на зачленувањето во задолжителни приватни

пензиски фондови од вториот столб т.е. од 20.09.2005 до денес, не биле во работен

однос, имаат законски рок да склучат договор за членство во задолжителен приватен

7

Page 8: za investiciski fondovi

пензиски фонд од втор столб во рок од 3 месеци од денот на нивното последно

вработување.

Доколку осигуреник кој е прв пат вработен пред 01.01.2003 година и во периодот на

зачленување на доброволните членови во задолжителните пензиски фондови (од

20.09.2005 до денес) бил во работен однос помалку од 3 месеци тогаш ова лице има

право да склучи договор за членство во задолжителен пензиски фонд од вториот столб

во рок од толку денови од неговото последно вработување колку што фалат до

исполнување на рокот од три месеци.

1.3.3 ПРАВА ОД ЧЛЕНСТВО

Согласно Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, членовите

на задолжителните пензиски фондови уживаат одредени права од членството.

 Права за користење на средствата од индивидуалната сметка во задолжителен пензиски фонд

се стекнуваат кога членот:

 1. ќе исполни услови за старосна пензија;

 2. ќе исполни услови за инвалидска пензија, во случаи определени со Закон;

 3. почине, во случаи определени со Закон.

 

Кога членот ќе исполни услови за старосна пензија има право на:

 1. купување пензиски ануитети 1 што се исплаќаат до крајот на животот од посебна

институција овластена за оваа цел или

 2. програмирани повлекувања обезбедени од друштвото кое управува со задолжителниот

пензиски фонд

 3. комбинација од опциите

 

 Купување на пензиски ануитети со целиот износ на на срествата што се акумулирани на

индивидуалната сметка на членот овозможува исплата на ануитети до крајот на

животот од посебна институција овластена за таа цел.

 

8

Page 9: za investiciski fondovi

Програмираните повлекувања се обезбедени од друштвото кое управува со

задолжителниот пензиски фонд каде што осигуреникот/лицето бил член на денот на

пензионирањето. 

Обезбедувањето на пензиски ануитети и програмирани повлекувања ќе биде регулирано со

посебен закон, а начинот на користење на средствата по исполнувањето на условите за

старосна пензија претставува личен избор на членот.

 По исклучок, до донесување на законот за исплата на пензија преку ануитети или

програмирани повлекувања, кога член на пензиски фонд ќе стекне право на старосна

пензија според Законот за пензиското и инвалидското осигурување, може да го повлече

целиот износ од неговата индивидуална сметка.

 

Доколку член на задолжителен пензиски фонд исполни услови за стекнување на право на

старосна пензија, а нема навршено пензиски стаж од најмалку 15 години може:

 

- да купи месечен пензиски ануитет доколку износот на ануитетот е еднаков или поголем од

40% од најнискиот износ на пензија;

- кога пресметаниот износ на пензискиот ануитет е помал од 40% од најнискиот износ на

пензија, друштвото кое управува со задолжителниот пензиски фонд, на членот наеднаш ќе му

ги исплати акумулираните средства на неговата сметка.

- Во горенаведените случаи, купувањето на пензискиот ануитет или еднократната исплата може

да се изврши по навршување на 65 години на живот.

 

Кога членот ќе исполни услови за инвалидска пензија:

 1. вкупниот износ на средствата на индивидуалната сметка на тој член се пренесува во Фондот

за ПИОМ;

2. доколку акумулираните средства на член на задолжителен пензиски фонд се повеќе од

износот потребен за исплата на инвалидската пензија, членот на пензискиот фонд може да

избере едно од правата (купување на ануитети, програмирани повлекувања или комбинација од

двете опции) што може да ги користи членот што ќе оствари право на старосна пензија. Оваа

можност нема да се применува во текот на првите 5 години од имплементацијата на

капиталното финансирано пензиско осигурување, односно до 1 јануари 2011 година.

9

Page 10: za investiciski fondovi

3. доколку членот или времено распределениот осигуреник стекне право на времена

инвалидска пензија согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, времената

инвалидска пензија се исплатува од Фондот на ПИОМ, а средствата на индивидуалната сметка

на членот остануваат во задолжителниот пензиски фонд се додека членот не оствари право на

старосна, инвалидска или семејна пензија.

 

Кога членот на пензискиот фонд почине:

 

1. Доколку членовите на неговото семејство остваруваат услови на семејна пензија:

 

- вкупниот износ на средствата од сметката на тој член се пренесува во Фондот за ПИОМ;

- ако акумулираните средства на член на пензиски фонд се повеќе од износот потребен за

исплата на семејна пензија, корисникот на семејна пензија може да избере едно од правата што

може да ги користи член на задолжителен пензиски фонд што ќе оствари старосна пензија

(купување на ануитети, програмирани повлекувања или комбинација од двете опции). Оваа

можност нема да се применува во текот на првите 5 години од имплементацијата на

капиталното финансирано пензиско осигурување, односно до 1 јануари 2011 година 2.

 

2. Доколку починатиот член на пензискиот фонд нема членови на семејството кои имаат право на

семејна пензија, средствата од сметката на тој член стануваат дел од оставинската маса на оставителот и

со тие средства се постапува согласно Законот за наследување.

 

Извор: Закон за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување

 

Извор: Програма за полагање на испит за лицата кои ќе вршат маркетинг, Агенција за

супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, март 2011 година

 

 

10

Page 11: za investiciski fondovi

1.3.4 СИГУРНОСТ

Сигурноста на средствата на членовите на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд –

Скопје управуван од КБ Прво пензиско друштво, како дел од реформираниот пензиски систем е

гарантирана од повеќе аспекти:

1. Големи, искусни и стабилни основачи. Основачите на Друштвото кое управува со Вашите

средства, Ви даваат дополнителна гаранција и сигурност за негово успешно работење.

Комерцијална банка АД Скопје со своето долгогодишно успешно работење и водечка позиција

во банкарскиот систем во Република повеќекратно потврдувана со меѓународни награди од

финансиски институции и списанија.

Прва покојнинска дружба д.д. Љубљана, на 06.11.2007 година реорганизирана во

SkupinaPrvazavarovalniskiholdingd.d. Ljubljana , има  повеќегодишното директно искуство во

пензиското осигурување и  го шири своето работење во задолжителното и доброволното

пензиско осигурување во земјите од Југоисточна Европa.

2. Професионално управување со Вашите средства, за нивна сигурност и остварување на

принос. Со вашите средства управува високопрофесионален, стручен и искусен тим,

вложувајќи ги во сигурни финансиски инструменти согласно законските прописи, што

овозможува сигурност и принос на вложените средства.

3. Инвестирање на Вашите средства согласно строги законски прописи. Средствата на КБ Прв

отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје се инвестираат според строго утврдени правила

и под постојан надзор на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско

осигурување - МАПАС, а банката чувар на имот безбедно ги чува одвоено од средствата на

Друштвото. Утврдените правила на инвестирање на средствата за осигуреникот овозможуваат:

сигурност, диверсификација на ризикот и одржување ликвидност на средствата.

4. Средствата на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд - Скопје, согласно закон, не

можат да се користат за намирување на побарувањата на доверителите во постапка на стечај и

ликвидација на Друштвото.

5. Државна гаранција до износ од 80% од средствата на сметките на членовите во случај на

измама, кражба или проневера.

6. Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување – МАПАС е

основана заради вршење супевизија на работењето на друштвата за управување со пензиските

фондови и на пензиските фондови со крајна цел да ги заштити интересите на нивните членови.

11

Page 12: za investiciski fondovi

Исто така, МАПАС врши супервизија на работењето на чуварите на имот и на странските

менаџери и ги надгледува нивните финансиски извештаи во согласност со важечките закони и

регулативи. Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување има

својство на правно лице и за својата работа одговара пред Владата на Република Македонија.

 

1.3.5  ИНВЕСТИЦИОНА ПОЛИТИКА

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје ги инвестира средствата на членовите задолжителниот

фонд со кој што управува согласно строго утврдени правила и принципи, под постојан надзор

на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, а банката чувар

на имот ги чува средствата на пензискиот фонд одвоено од средствата на друштвото.

Утврдените принципи на инвестирање се:

Сигурност: инвестирање во рамки на Законот за задолжително капитално финансирано

пензиско осигурување и подзаконски акти

Диверсификација: вложување во голем број финансиски инструменти и издавачи, заради

диверзификација на ризиците

Ликвидност: инвестиции во високо ликвидни инструменти со цел одржување на високо ниво на

ликвидност, во случај на потреба од средства за исплата од фондот по различни основи

Принос: покрај сигурноста, основен принцип на инвестирањето е и примена на активна

управувачка политика , што значи внимателен избор на првокласни, нискоризични хартии од

вредност и други финансиски инструменти, со што на членовите ќе се обезбеди пазарно

конкурентен принос и пораст на нивните средства.

Како и секој промислен инвеститор Друштвото при носење на одлуките за инвестирање во

одредени инструменти или издавачи се води од оптималниот сооднос помеѓу ризикот и

приносот . Друштвото, при управувањето со средствата на Пензискиот фонд, ќе настојува да

оствари највисок можен принос по инвестиција за одредено прифатливо ниво на ризик.

а) Диверсификација по инструмент

12

Page 13: za investiciski fondovi

Финансиски инструменти Износ по инструмент на последниот

датум на проценка заклучно со 31

декември 2010

% од задолжителен пензиски фонд

     

а) Банкарски депозити во банки кои

имаат дозвола издадена од Народна

банка на Република Македонија,

доколку носат камата;

2.093.536.551,56 31,04%

б) Обврзници и други хартии од

вредност што ги издала или за кои

гарантира Народната банка на

Република Македонија;

- -

в) Сертификати за депозит,

комерцијални записи и обврзници

издадени или гарантирани од банки

кои имаат дозвола издадена од

Народна банка на Република

Македонија;

- -

г) Хартии од вредност врз основа на

хипотека издадени од банки кои

имаат дозвола издадена од Народна

банка на Република Македонија;

- -

д) Обврзници и други хартии од

вредност што ги издава или за кои

гарантира Република Македонија; 3.786.271.577,48 56,14%

ѓ) Акции издадени врз основа на

одобрение на Комисијата за хартии од

вредност на Република Македонија од

домашни акционерски друштва кои

не се затворени инвестициски

фондови и кои котираат на

официјалниот пазар на берзата на

долгорочни хартии од вредност или

на друг организиран пазар на хартии

од вредност во Република Македонија

што го контролира Комисијата;

211.146.764,67 3,13%

13

Page 14: za investiciski fondovi

е) Обврзници издадени врз основа на

одобрение на Комисијата за хартии од

вредност на Република Македонија,

од домашни акционерски друштва

кои не се банки и кои котираат на

официјалниот пазар на берзата на

долгорочни хартии од вредност или

на друг организиран пазар на хартии

од вредност во Република Македонија

што го контролира Комисијата;

- -

ж) Комерцијални записи издадени од

првокласни акционерски друштва во

Република Македонија кои не се

банки;

- -

з) Документи за удел и акции на

инвестициски фондови во Република

Македонија кои имаат одобрение од

Комисијата;

-

-

ѕ) Обврзници и други хартии од

вредност издадени од странски влади

и централни банки на државите

членки на ЕУ и на ОЕЦД;

154.434.281,20 2,29%

и) Должнички хартии од вредност кои

имаат рејтинг препорачлив за

инвестирање според меѓународни

кредитни агенции, издадени од

недржавни, странски компании или

банки од државите членки на ЕУ и на

ОЕЦД;

- -

ј) Акции издадени од странски

компании или банки кои имаат

рејтинг препорачлив за инвестирање

според меѓународни кредитни

агенции, со кои се тргува на главните

берзи на државите членки на ЕУ и на

ОЕЦД;

- -

14

Page 15: za investiciski fondovi

б) Диверсификација по издавач

Вид на издавач Износ по издавач на последниот

датум на проценка заклучно со 31

декември 2010

% од задолжителен пензиски фонд

     

а) Република Македонија и Народна

банка на Република Македонија

   

 

Република Македонија 3.786.271.577,48 56,14%

     

б) Домашни банки

   

 

ПроКредит банка АД Скопје              280.471.532,87 4,16%

 

НЛБ Тутунска банка АД Скопје          276.258.424,65 4,10%

 Стопанска банка АД Скопје              313.164.789,42 4,64%

 Алфа банка АД Скопје                        268.496.013,87 3,98%

 

ТТК Банка АД Скопје                           127.452.667,48 1,89%

 

Извозна и кредитна банка АД 71.500.000,00 1,06%

15

Page 16: za investiciski fondovi

 Стопанска банка АД Битола              172.338.593,14 2,56%

 Комерцијална банка АД Скопје       88.635.287,67 1,31%

 Шпаркасе Банка АД

Скопје                       

249.431.993,18 3,70%

 Еуростандард банка АД Скопје    155.345.446,11 2,30%

 

Охридска банка АД Охрид 139.084.579,16 2,06%

     

в) Домашни акционерски друштва,

освен банки

   

 Алкалоид АД Скопје 67.936.290,65 1,01%

Други 94.567.698,01 1,40%

г) Домашни инвестициски фондови

д) Странски влади и странски

централни банки

Република Грција 154.434.281,20 2,29%

16

Page 17: za investiciski fondovi

ѓ) Странски банки

е) Странски компании, освен банки

Други - -

ж) Странски инвестициски фондови

iShares EURO STOXX 50 DE 236.225.328,75 3,50%

iShares Dax DE 86.653.164,40 1,28%

Lyxor ETF Euro Stoxx 50 147.998.251,40 2,19%

Други 15.680.680,13 0,23%

17

Page 18: za investiciski fondovi

1.3.6 РЕЗУЛТАТИ

Нето средствата на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд изнесуваа 7.137,75 милиони

МКД со состојба на 28.02.2011 година,  што значи дека нето средствата на Пензискиот фонд се

зголемиле за 2,53% во однос на 31.01.2011 година.

Вредноста на сметководствената единица на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд на

28.02.2011 изнесуваше 132,077841.

Вкупниот број на членови и времено распределени лица во КБ Прв отворен задолжителен

пензиски фонд – Скопје заклучно со 28.02.2011 година изнесува 143.396, што е за 1.581

осигуреници повеќе во однос на 31.01.2011 година.

31/03/2006

30/09/2006

31/03/2007

30/09/2007

31/03/2008

30/09/2008

31/03/2009

30/09/2009

31/03/2010

30/09/2010

31/01/2011

0.00 ден.

1,000,000,000.00 ден.

2,000,000,000.00 ден.

3,000,000,000.00 ден.

4,000,000,000.00 ден.

5,000,000,000.00 ден.

6,000,000,000.00 ден.

7,000,000,000.00 ден.

8,000,000,000.00 ден.

Вредност на нето средства на КБ Пз (отворен задолжителен) за период 31.03.2006/31.01.2011

Вредност на нето средства на КБ Пз (отворен задолжителен) за период 31.03.2006/31.01.2011

18

Page 19: za investiciski fondovi

31/01/200631/03/200630/06/200630/09/2006

31/12/200631/03/2007

30/06/2007

30/09/2007

31/12/2007

31/03/2008

30/06/200830/09/2008

31/12/200831/03/200930/06/200930/09/200931/12/200931/01/2010

28/02/201031/03/2010

30/04/2010

31/05/2010

30/06/2010

31/07/2010

31/08/2010

30/09/201031/10/2010

30/11/201031/12/201031/01/2011

100

120

140

Вредност на сметководствена единица на КБ Пз (отворен задолжителен) за период 31.01.2006/31.01.2011

31/0

3/20

0630

/06/

2006

30/0

9/20

0631

/12/

2006

31/0

3/20

0730

/06/

2007

30/0

9/20

0731

/12/

2007

31/0

3/20

0830

/06/

2008

30/0

9/20

0830

/12/

2008

31/0

3/20

0930

/06/

2009

30/0

9/20

0931

/12/

2009

31/0

3/20

1030

/06/

2010

30/0

9/20

1031

/12/

2010

31/0

1/20

11

0

20000

40000

60000

80000

100000

120000

140000

160000

БРОЈ НА ЧЛЕНОВИ И ВРЕМЕНО РАСПРЕДЕЛЕНИ ЛИЦА ВО КБ Пз ОТВОРЕН ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ФОНД- СКОПЈЕ

19

Page 20: za investiciski fondovi

1.3.7 ПРИНОС ОД ИНВЕСТИЦИИ

 Остварениот просечен годишен принос на Задолжителниот пензиски фонд за периодот од

01.01.2008 до 31.12.2010 година изнесува 3,97 %.

Остварени резултати од инвестирањето 

 

Споредба на остварен просечен годишен принос на задолжителните

пензиски фондови

ПериодКБ

ПрвНПФ Период

1.1.2008 – 31.12.2010 3,97%2,67

%1.1.2008 – 31.12.2010

Наплатувани надоместоци 1:      

Наплатуван надоместок од придонеси

периодКБ

ПрвоНПФ период

Јануари 2008 7,90%6,90

%

Јануари 2008 - Декември

2008

Февруари 2008 - Декември

20086,80%

6,90

%Јануари 2009 - Април 2009

Јануари 2009 - Декември 2009 6,80%6,50

%Мај 2009 - Декември 2009

Јануари 2010 - Декември 2010 5,50%5,50

%

Јануари 2010 - Декември

2010

Наплатуван месечен надоместок од вкупни нето средства на фондовите

периодКБ

ПрвоНПФ период

Јануари 2008 - Декември 2010 0,05% 0,05 Јануари 2008 - Декември

20

Page 21: za investiciski fondovi

% 2010

 

1.3.8 НАДОМЕСТОЦИ

 Надоместоци што ги наплаќа КБ Прво пензиско друштво АД Скопје: 

тип на тековно наплатуван

надоместок износ

 

Надоместок од месечно

уплатени придонеси 4,5%

Надоместок од вкупни нето

средства на Фондот 0,05%

 

Надоместок за премин

 

Број на денови ≤ 720 15 Евра

Број на денови > 720 Не се наплатува надоместок

 

Појаснување:

 

Надоместокот за премин, е определен врз основа на бројот на денови од датумот кога членот се

стекнал со статус на член во постојниот задолжителен пензиски фонд до крајниот рок до кој

членот треба да достави до Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско

осигурување формулар и доказ за платен надоместок.

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје започна да го применува наведениот надоместок за

премин од 26.07.2008 година.

 Приносот на Вашата индивидуална сметка е променлив и зависи од приносот на Вашиот

задолжителен пензиски фонд и од надоместоците наплатени од Вашето друштво кое управува

со задолжителниот пензиски фонд.

 

21

Page 22: za investiciski fondovi

 Од надоместоците што ги наплатува како процент од уплатените придонеси и месечниот

надоместок за управување од нето средствата на Задолжителниот фонд, КБ Прво пензиско

друштво АД Скопје има обврска да плати:

 Надоместок на Агенцијата за супервизија на капитално финасирано пензиско осигурување  -

0,8% 

 Надоместок на Фондот на ПИОМ – 0,1%

 Исто така, Друштвото плаќа и:

 Надоместок на банка чувар на имот – 0,069% годишно од вкупните средства на

задолжителниот пензиски фонд*

 

* Наведениот надоместок ќе се наплатува до достигнување на вкупната вредност на КБ Прв

отворен задолжителен пенизки фонд – Скопје од 200.000.000 Евра. Надоместокот е променлив

и истиот се намалува со зголемувањето на вкупната вредност на средствата на Задолжителниот

пензиски фонд

22

Page 23: za investiciski fondovi

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА:

1. www.mapas.gov.mk 2. www.kbprvo.com.mk 3. www.npf.com.mk

23