Download doc - Deskvamativen Gingivitis

Transcript
Page 1: Deskvamativen Gingivitis

Семинарска работа

Орално мукозно мембранозноОрално мукозно мембранозно заболување – Десквамативензаболување – Десквамативен

гингивитисгингивитис

Стоматолошки факултет – Скопје

Ментор :проф. д-р Златанка Белазелкоска

Изработиле : - Бојана Стефановиќ 6175 - Сандра Таневска 6190

Page 2: Deskvamativen Gingivitis

Февруари, 2013 Десквамативниот гингивитис не претставува специфичен ентитет на некоја болест, туку повеќе е дескриптивен термин користен за неспецифични гингивални манифестации на неколку заболувања и тоа :

1. Дерматози – вклучувајќи :

- Lichen planus- Pemphigoid- Pemphigus vulgaris- Dermatitis herpetiformis- Epidermolysis bullosa- Линеарна Ig – A болест

Интензивно црвена гингива кај десквамативен гингивитис.Клиничките особини се неспецифични.Овој пациент има MMP.

Десквамативен гингивитис- Може да се забележи дека пациентот има добра орална хигиена , но припојната гингива ја изгубила способноста за кератинизација, станувакќи поранлива на десквамација со траума

Гингивален лихен планус без патогномонични гингивални особености, но асоциран со букален ретикуларен лихен планус

2

Page 3: Deskvamativen Gingivitis

Десквамативен гингивитис кај пациент со пемфигоидна була. MMP е потврден со имунофлуоресценција.

2. Локални хиперсензитивни реакции на различни супстанции како водички за плакнење, дентални материјали, медикаменти, козметика, мастики за џвакање и сл. Натриум лаурил сулфат, кој е компонента што ја содржат забните пасти , може да се јави како причина кај некои пациенти.

3. Други потенцијални причини за гингивална улцерација и еритематодни дамки – на пример плазма клеточен гингивитис , SLE, DLE, хроничен улцеративен стоматитис и грануломатозни нарушувања, како орофацијална грануломатоза. Овие заболувања често се презентираат со заеднички и слични клинички манифестации во оралната празнина, така што е неопходна дијагноза врз основа на хистолошки промени на ткивата со биопсија и имунофлуоресценција. Податоците укажуваат дека главно се јавува кај возрасни и тоа кај жени од 5-тата до 6-тата декада од животот, иако ретки случаи се забележани во пубертетот и кај деца. Сигнификантни субјективни сензации се :- топлина,- напнатост , дискомфорт во устата,- чешање,- горење,- болка. Клинички, десквамативниот гингивитис се карактеризира со :- еритема и едем на маргиналната и припојната гингива , предоминантно лабијално и букално ;- карактеристичен знак е десквамација на епителот со болни ерозивни лезии или елевација со субсеквентно формирање на хеморагични були по масирање, односно притисок на гингивата. Така, Nisengard и Levine (1995) го истакнале следното како стандард за клиничката појава на десквамативен гингивитис :

3

Page 4: Deskvamativen Gingivitis

Гингивална еритема која не е резултат на плак, Гингивална десквамација, Други интраорални и некогаш екстраорални лезии и Субјективен исказ за болки, особено после јадење на зачинета

храна Гингивалните лезии може да бидат локализирани ( 50%) или дифузни. Сепак, клиничката презентација на десквамативниот гингивит е претставена со три форми :

1. Блага – дифузна еритема на маргиналната гингива , интерденталната папила и прикрепената гингива, а се јавува меѓу 20-25 години.2. Умерена – дифузни и сиви ареи на прикрепената гингива; површината е мазна и сјајна; на притисок останува трага, а епителот не е цврсто припоен за подепителното ткиво; на притисок покажува тенденција за раслојување,подепитено крварење; пациентите чувствуваат жарење ,болки при дишење на уста и четкање на забите; оваа слика се гледа на возраст меѓу 30-40 години.3. Тешка – расфрлени ирегуларни ареи во кои гингивата е денудирана; површниот епител на места е одвоен, раскинат, црвен, модар, наликува на мрамор; може да се видат везикули и були кои прскаат; состојбата е многу болна и пациентите не можат нормално да се хранат.Етиологијата на заболувањето е непозната.Порано се сметало дека десквамативниот гингивитис е предизвикан од хормонски дизбаланс токму поради неговата почеста презентација кај жени во средни или поодминати години.Но, современите дијагностички процедури со имунолошки техники укажуваат дека десквамативниот гингивитис е најчесто асоциран со мукокутани заболувања, од кои се издвојуваат LP, MMP, PV.Идентификација на главното заболување се врши врз основа на следните критериуми :

Детална клиничка егзаминација на сите интраорални и екстраорални лезии,

Хистопатолошко испитување на биоптични примероци од гингива,

Индиректна имунофлуоресценција за докажување серумски епителни антитела.

Целата постапка на испитување и дијагноза треба да биде изведена во чекори и внимателно. Во широкиот дијапазон на знаци и симптоми може да се сретнат голем број варијации.Некои пациенти може да бидат асимптомни, но повеќето во текот на земањето на анамнезата даваат податок за постоење на болка, особено при конзумирање на зачинета храна и алкохол, како и крварење и дискомфорт при четкање.Може да има историја на орални були, кои може да се хеморагични или пак екстензивни

4

Page 5: Deskvamativen Gingivitis

орални улцерации.Релевантните прашања треба да вклучат историја на окуларни, назални и фарингеални симптоми, кожни или генитални лезии и детали за скорешна медикаментозна терапија или промена на терапија пред појавата на симптомите.Фамилијарната медицинска историја може да открие некои наследни состојби како на пример SLE. Оралната егзаминација може да открие лезии кои повеќе ја инволвираат букалната или лабијалната гингива или пак може да постои генерална засегнатост на гингивата.Присуството на беличасти плаки, бели стрии, папули, везикули и улцери на други места во оралната празнина може многу да помогне во поставувањето на клиничката дијагноза.Позитивен тест на Nikolsky , каде доаѓа до формирање или ширење на була при аплицирање на притисок на мукозата, може да биде индикативно за везикуло-булозни заболувања.Специфичноста на тестот на Nikolsky е повисока (96,3%) од сензитивноста (45.7%), што значи може да се искористи како едноставна алатка за прелиминарно дијагностицирање. Дефинитивното дијагностицирање често бара биопсија за хистопатолошко испитување и, таму каде постои сомнеж за автоимуно везикуло-булозно заболување како што е пемфигоидот, DIF (директна имунофлуоресценција), за да се идентификуваат автоантитела кон епидермалните антигени.

Гингивалните биопсии се често тешки за хистолошка интерпретација и се со лимитирана вредност заради присуството на генерализирани инфламаторни промени асоцирано со плак-индуцирано воспаление кое може да ги прикрие знаците на специфично, не-плак индуцирано воспаление.

5

Page 6: Deskvamativen Gingivitis

Со DIF се утврдува страната на депонирање на антитела и комплемент во зоната на базалната мембрана , кај состојби каде постои формирање на субепителијална и интраепителијална була.

Директна имунофлуоресценција кај пемфигус вулгарис која покажува интрацелуларна депозиција на антитела

Директна имунофлуоресценција која прикажува антитела насочени кон базалната мембрана кај пемфигоидот

Циркулирачки антитела може да се докажат серолошки со индиректна имунофлуоресценција кај автоимуните булозни состојби и се позитивни во 75% од случаите со MMP и кај 90% од пациентите со пемфигус.

6

Page 7: Deskvamativen Gingivitis

Кога постои сомнеж за алергиска етиологија, patch тестот за одложени хиперсензитивни реакции може да биде од помош, особено кога суспектните антигени се дентални материјали.

Диференцијална дијагноза : - Некротизирачки улцеративен гингивитис ,- Плазма клеточен гингивитис ,- Хронична механичка гингивална траума,- Орална псоријаза.

Терапијата на десквамативниот гингивитис зависи од видот и третманот на основната болест.Се состои од две фази : Локален третман Системски третман

Локалниот третман се состои од : Инструкции за орална хигиена (со меки четки , неопходно со цел

да се елиминира плак – индуцираното воспаление ) Оксидирачки течности за плакнење ( 3 % водороден пероксид) Топични кортикостероиди – како 0,1 % триамцинолон, 0,05%

флукоцинамид, 0,05% дезонид.Системски третман : Избегнување на суспектни или познати алергени и иританси, Системски кортикостероиди во умерени дози, Преднисолон може да се употребува секој ден или секој втор

ден во дози од 30-40 мг со постепено намалување до доза на одржување од 5-10 мг.

7

Page 8: Deskvamativen Gingivitis

Користена литература :

1. Color atlas od oral diseases – George Lascaris2.Desquamative gingivitis : Investigation, Diagnosis and Therapeutic management in practise – Andrea Richards 3. Journal of IMAB4.Google image search

8