Download pdf - Porta3 170

Transcript
Page 1: Porta3 170

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БР

ОЈ

170

/ ПЕТ

ОК

18.1

1.20

11 г

один

а VI

I

Тоше заслужува паметник, а не споменик

Мимоза Несторова

Томиќ: „Не копирајте,

бидете уникатни“

Македонските компании вложуваат во енергетска ефикасност

Page 2: Porta3 170
Page 3: Porta3 170

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БР

ОЈ

170

/ ПЕТ

ОК

18.1

1.20

11 г

один

а VI

I

Тоше заслужува паметник, а не споменик

Мимоза Несторова

Томиќ: „Не копирајте,

бидете уникатни“

Македонските компании вложуваат во енергетска ефикасност

БРОЈ 170 ПЕТОК 18.11.2011 ГОДИНА Vii

28

Македонските архитекти Дејан Секуловски, Дејан Спасеновски и Илија Божиновски од скопското „Синдикат студио“, се добитници на првата награда во категоријата People’ s Choice Award, на Меѓународниот фестивал за архитектура во Барселона, за проектот Спомен куќа на Тоше Проески. Повеќе од повод за разговор со нив и претставување на нивното дело. Тие велат: „Тоше не заслужува споменик, туку паметник“. Архитектката Мимоза Несторова Томиќ е добитник на наградата „Андреја Дамјанов“ за животно дело и особени достигнувања во областа на архитектурата и градителството. Нејзината порака до архитектите е „Не копирајте, бидете уникатни“. Во овој број на списанието имаме ексклузивен допис од Сао Паоло, Бразил, од Интернационалното биенале на архитектура. Темата „Архитектура за сите: градителско

граѓанство“ е повод како приоритет на ова Биенале да биде прикажувањето на обичниот граѓанин, односно начинот на кој живее, комуницира, создава во просторот каде што архитектурата и урбанизмот се постојано присутни. Во една реченица, граѓанинот во контекст на урбаниот пејзаж. Соларните кули со вертикално струење на воздух се идеални за земјите од третиот свет што имаат на располагање огромни слободни површини земја, но исто така и скромни барања во однос на потрошувачката на електрична енергија. Станува збор за една новина која им е помалку позната на поширокиот круг читатели. Токму тоа е повод да ве запознаеме со соларните постројки на иднината.

од редАКцијАтА

ИНФО 10OТВОРЕНО ПИСМО ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА

ОПШТИНА ЦЕНТАР

ГРАДЕЖНИШТВО 12ОДГОВОР НА СÈ ПОГОЛЕМАТА

ПОТРЕБА ЗА ПАРКИРАЊЕ

ИНТЕРВЈУ 22МИМОЗА НЕСТОРОВА ТОМИЌ:

„НЕ КОПИРАЈТЕ, БИДЕТЕ УНИКАТНИ“

АРХИТЕКТУРА 269. ИНТЕРНАЦИОНАЛНО БИЕНАЛЕ ПО АРХИТЕКТУРА ВО САО ПАОЛО

ПРИЗНАНИЈА 28„ТОШЕ НЕ ЗАСЛУЖУВА

СПОМЕНИК, ТУКУ ПАМЕТНИК“

ЕНЕРГЕТИКА 52СОЛАРНИ ПОСТРОЈКИ

НА ИДНИНАТА

ЕКОЛОГИЈА 54НЕРАЗВИЕНИТЕ ДА ПРЕЗЕМАТ ИТНИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД

КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

ХОРТИКУЛТУРА 58ИДЕАЛНИ ТРЕВНИЦИ ЗА КРАТКО

ВРЕМЕИ РУРАЛНИ ТКИВА 52

Насловна страница: СпоМен КуќА нА тоше проеСКи, КРУШЕВО

автори: „СиндиКАт Студио“, СКОПЈЕ

2212

58

дрАги читАтели,Редакција:

главен и одговорен уредник:Дејан БУЃЕВАЦ

новинари:Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

надворешни соработници:Ангел СИТНОВСКИАлександар АНДОВСКИБилјана САВИЌБојана ФИЛИПОВИЌВесна КОСТОВСКАВладимир Б. ЛАДИНСКИ (АНГЛИЈА)Даниела МЛАДЕНОВСКАДраган РИСТОВЃорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА)Игор РИСТОВСКИ Кире КИПРОСКИЛеонида Пенка БАШАМихаил ТОКАРЕВНикола НЕШКОСКИСандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВАСашо КУЗМАНОВСКИТрајче СТОЈАНОВФилип ФИЛИПОСКИФранческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)

графички уредник:Дејан ДАВИТКОВ

фоторепортер:Кире ПОПОВ

лектор:Костадинка СОЛЕВА

Издавачки совет:Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседателпроф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА,дипл.град.инж.Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх.Сања ВЕЛИЧКОВСКА, дипл.инж.арх.Александра ПЕТРОВСКАдипл.инж.арх.

Издавач:„Биропрес“ ДОО СкопјеУл. Васил Ѓоргов број 21,влез 2, локал 9, 1000 Скопје

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924e-mail: [email protected]

Печати: Европа92 - Кочани

Маркетинг:Биро Проект[email protected]@porta3.com.mkТел: 3243 790; 3243 797Fax: 3243 796Моб: 072 248 796

www.porta3.com.mk

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден.

жиро с-ка: 300000001995035 воКомерцијална банка АД СкопјеЕДБ: 4030004528485

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

Page 4: Porta3 170

ПОРТА 18 ноември 201134

4

рубрика

Page 5: Porta3 170
Page 6: Porta3 170

инфо

ПОРТА 18 ноември 201136

6

АСК - АрхитеКтурА СКопје 2011

првАтА нАгрАдА зА ЃорЃи МојСов и оливијА МојСовАВо музејот на град Скопје, по 13-ти пат, вчера беше отворена традиционалната Манифестација АСК - Архитектура Скопје 2011, која се одржува по повод 13 Ноември, Денот на ослободување на Скопје.На отворањето беше доделена главната награда за Архитектура на Град Скопје, на архитектите Ѓорѓи Мојсов и Оливија Мојсова за проектот Сан Марко бизнис центар. Втората награда ја земаа архитектите Мишо Арсов и Снежана Арсова, за проектот Технички преглед со салон за моторни возила и сервис, а за проектот Градска плажа, третата награда ја добија архитектите Бетим Зеќири и Бекир Адеми. На годинешната манифестација АСК 2011, архитектите понудија 50 проекти и реализации, а комисијата селектирала 46 проекти. В.К.

три нАгрАди зА АгенцијАтА зА плАнирАње нА проСторотАгенцијата за планирање на просторот од Република Македонија доби признанија за три различни трудови, во различни категории, на јубилејниот 20. меѓународен Салон за урбанизам кој се одржа во Ниш, под покровителство на Градот Ниш, а во организација на ЈП Завод за урбанизам, Друштво на урбанисти во Ниш и Здружение на урбанисти на Србија. Во категоријата Примена на информатички технологии, Агенцијата за планирање на просторот доби прва награда за интегрирање на DMS (Document Menagment System) и GIS (Geographic Information System). Основната цел на проектот е воспоставување стандардизирана и структуирана база на документи и податоци во максимална систематизација на повторливите работни процеси. Врз основа на стандардот ISO 9001, се изработени модели на сите документи и планови, се дефинирани групи на корисници и привилегии за пристап до централната база на податоци. Во категоријата Детални регулациски планови, со Деталниот урбанистички план за нов Универзитетски клинички центар, Агенцијата ја освои втората награда. Планот е во Нацрт фаза и е изработен во 2011 година. Тој се изработува на локација која е во согласност со Генералниот урбанистички план на Скопје (2001-2020), а е изразена и погодноста на Greenfield локација која беше во препораките од Физибилити

студијата изработена од Европската банка за обнова и развој. Локацијата овозможува чиста, брза и сукцесивна дислокација на постојниот Универзитетски клинички центар согласно зацртаната динамика за дислокација, со што ќе се овозможи несметано функционирање на постојниот, се до комплетно оформување на новиот Универзитетски клинички центар. Агенцијата доби признание и во категоријата Публикации, за публикацијата за Просторниот план на Охридско-Преспански регион, издадена во 2011 година. Публикацијата претставува кратка популарна верзија на Просторниот план на Охридско-Преспанскиот регион, кој е разработка на Просторниот план на Република Македонија, а

го усвои Собранието на Република Македонија. Салонот за урбанизам беше почестен со присуството на Joao Teixerira, претседател на European council of spatial planners, кој изјави дека одржувањето по 20-ти пат на оваа значајна манифестација е показател на виталноста во планирањето во Србија, како и на заедничката работа и соработка на српските урбанисти. Во изминатите години Агенцијата има освоено повеќе награди меѓу кои најзначајни се втората награда за Просторниот план на Охридско-Преспанскиот регион во 2009 година во конкуренција од 120 различни трудови, и прва награда и највисока оценка за Просторниот план на Националниот парк Галичица.

20. јубилејно издАние нА САлонот зА урбАнизАМ - ниш

Page 7: Porta3 170

инфо

18 ноември 2011 ПОРТА3 7

7

По изградбата на трибините и зголемувањето на капацитетот на некогашниот Градски стадион, Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор ги почна работите за поставување нова трева и модерен систем за одржување на фудбалски терен, како и целосна реконструкција на атлетските патеки, во согласност со прописите на спортските федерации. „По ископите на теренот ќе се поставува

глина, чакал, нова мрежа за дренажа, современи инсталации за греење и бусени со трева. Ќе има поинакви, „ролни“ трева. Притоа, ќе се работи и на атлетската патека, со што ќе се добијат осум патеки. Со овие зафати ќе овозможиме многу подобри услови и поквалитетни фудбалски натпревари. Има само неколку терени во Европа со вакви инсталации и со систем на греење. Ќе има и ефикасно одржување и подготвување на теренот пред и

по секој натпревар, со можност да се одмрзне за само 15 минути“, вели Цветан Грозданов, директорот на акционерското друштво. Грозданов информираше дека вториот дел од реновирањето на арената „Филип Втори“ ќе чини 3,5 милиони евра и, доколку дозволат временските услови, треба да заврши до крајот на март или до почетокот на април идната година. Ќе следи и реновирање на фасадата на стадионот.

реновирАње нА теренот и АтлетСКАтА пАтеКА нА АренАтА „Филип втори“

индуСтриСКи ФоруМ

терен по СветСКи терК

Во Стопанската комора на Македонија се одржа индустриски форум организиран во рамките на проектот „Зајакнување на капацитетите на Министерството за животна средина и просторно планирање за интегрирана контрола на загадувањето и управувањето со опасен отпад“, a финансиран од Владата на Кралството Норвешка. Организатор на форумот беше Центарот за климатски промени „Норт Енерџи“, како локален партнер на норвешката асоцијација за корисници и добавувачи на енергија, а во соработка со Стопанската комора на Македонија и Македонската енергетска асоцијација. Овој проект е од големо значење за Македонија, бидејќи фирмите ќе научат како да управуваат со отпадот и како да се финансира целиот процес, а банките ќе помогнат за спроведување на проектот, со што ќе понудат меки кредитни линии со цел намалување или спречување на загадувањето. Форумот го отвори министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми, кој во своето обраќање пред присутните гости од големите индустриски компании во Македонија ја истакна важноста за ефикасно и успешно решавање на проблемите од животната средина што се појавуваат во текот на остварување на секојдневните активности во индустрискиот сектор. Тој ја нагласи потребата од модернизација на

индустријата, на ниво на компанија и на национално ниво, и доследно спроведување на политиката на интегриран пристап, кој ги вклучува решавањето на проблемите поврзани со енергетика, расположливи ресурси, транспорт, трговија и финансирање. На форумот присуствуваше и амбасадорот на Кралството Норвешка, Кјетил Паулсен, кој истакна дека Норвешка го поддржува овој проект од самиот почеток. „Норвешка ја поддржува Македонија во евро-атлантските интегративни напори и напорите на земјата да ги исполни условите за членство со Европската Унија.

Норвешка не е членка на ЕУ, но се применуваат многу од договорените стандарди на Унијата, вклучително и во областа на животната средина. Ние го правиме ова бидејќи е добро за нашата земја, а не затоа што бараме членство во ЕУ, кое не е на агендата на норвешката влада. „Норт Енерџи“ е партнер на Македонија подолго време, а норвешката влада е задоволна од ова партнерство, бидејќи сме уверени дека заедничките приоритети и активности во областа на енергетиката и животната средина се добри за вашата земја, регионот и за Европа“, рече норвешкиот амбасадор.

В.К.

инвеСтиции во животнАтА СрединА

Page 8: Porta3 170

ПОРТА 18 ноември 201138

8

инфо

Заштедата на енергија e светски тренд. Енергијата денес сè помалку ја има и станува сè поскап ресурс. Затоа компаниите што совесно размислуваат пронаоѓаат начини да обезбедат

пристап во финансирање на проекти кои се однесуваат на применување на практики за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија со кои ќе ги намалат трошоците за енергија, а со тоа ќе го зголемат нивниот профит и конкурентноста. Додека компаниите во Европа се насочуваат кон енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија,

за македонските компании ова е сè уште предизвик. Во Македонија компаниите најчесто се соочуваат со проблеми во финансирањето на енергетски ефикасни објекти кои ќе им обезбедат сигурно снабдување со енергија, конкурентна економија и одржлив развој. Проблемот на македонските компании со користењето на стара, неефикасна опрема, технологии и објекти, може да се реши преку програмата за финансирање на одржлива енергија за Западен Балкан (WeBSEFF), кредитна линија овозможена од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската комисија (ЕК). Македонските компании може да обезбедат

кредити до два милиони евра кои ќе им помогнат на стопанствениците да ги намалат трошоците на енергија и да ја зголемат својата конкурентност. „Цените на енергија наскоро ќе се зголемат, а европските бизниси се веќеконкурентни со користење на помалку енергија по единица производ. Ова бешедоволна причина за ЕБОР и ЕК да понудат кредитна програма со цел да импомогнат на бизнисите да заштедат енергија, пари и да остварат пораст набизнисите“, изјави за „Порта3“ регионалниот директор на програмата Едвард Ла Фарж. Кредитната програма е на располагање во три земји (Босна, Србија и Македонија), а се состои од насочени кредитни линии кои обезбедуваат фондови за понатамошно задолжување преку банките учеснички во овие земји од страна на мали и средни претпријатија за проекти дизајнирани за зголемување на енергетската ефикасност и развој на извори за обновлива енергија. Во Македонија финансирањето преку WеBSEFF е достапно преку Охридска банка, Тутунска банка и Халкбанк. Освен кредити до два милиони евра, тим од инженери и финансиски аналитичари се на располагање преку WeBSEFF, бесплатно да им помогнат на фирмите и банките учеснички во проценка и развој на проекти.Експертите на WеBSEFF можат да ви помогнат да утврдите каде можете да заштедите енергија и на кој начин, и онаму каде што банката ќе каже „да“ или „не“ на проектот, тие ќе ви помогнат во унапредување на проектот преку оптимизација на енергетските заштеди, намалување на периодот на отплата и подобрување на бизнисот во целост.

МАКедонСКи иСКуСтвАДека заштедата на енергија ќе биде во фокусот наредните години во нашата земја говорат и податоците од теренот, кои укажуваат дека

енергетСКАтА еФиКАСноСт е неопходнАМакедонија минатата година ја усвои и осумгодишната Стратегија за енергетска ефикасност. Според неа, со инвестиции од 400 милиони евра во следните седум години земјава треба да стане енергетски поефикасна. Рационалното користење и заштедата на енергија е обврска која треба да се исполни. Приватните компании, граѓаните и државата мора да ги применуваат мерките на енергетска ефикасност, што е обврска од Европската Унија, според која до 2018 година Македонија мора да заштеди 9 проценти од потрошената енергија во последните пет години. „Фактот што Македонија може да понуди најдобри практики во доменот на заштеда на енергија во резиденцијални и индустриски објекти, зборува за повисоко ниво на свест кај граѓаните, за придобивките од мерките за енергетска ефикасност и улогата на градежните материјали и новите технологии во намалување на трошоците за енергија. Овие пионери, ќе претставуваат стимул за останатите и доказ дека заштедите се можни и инвестициите се исплаќаат. Но, постои уште поголем предизвик, а тоа е реплицирање на овие примери“, вели експертот од областа на енергетиката, Константин Димитров.

Вкупната инвестиција на Конти Хидропласт изнесува 949.500 евра

Во Македонија компаниите најчесто се соочуваат со проблеми во финансирањето на енергетски ефикасни објекти кои ќе им обезбедат сигурно снабдување со енергија, конкурентна економија и одржлив развој

зАштедa нА енергијА и поголеМА КонКурентноСт преКу прогрАМАтА нА WеBSEFF

Македонските компании вложуваат во енергетска ефикасност

Весна КостоВсКа

Page 9: Porta3 170

18 ноември 2011 ПОРТА3 9

9

инфокај македонските компании постои интерес за користење на средствата од програмата на WеBSEFF, а со тоа да си обезбедат поголема конкурентност на домашниот и на странскиот пазар. Македонските менаџери во индустријата се многу заинтересирани, а на тоа укажува и одобрувањето на 12-от проект од страна на една банка учесничка во Македонија. Од летото 2011 година, сведоци сме на значителен интерес за програмата во Македонија од страна на македонските компании, со цел да ја намалат потрошувачката на енергија, да ги намалат стакленичките емисии, а следствено на тоа да ја зголемат конкурентноста. Ова не е факт кој изненадува. До денес во Македонија има одобрени четири инвестиции во доменот на ОИЕ, седум кои своите зголемени профити ги бележат преку примена на мерки за ЕЕ, а во компанијата „Тинг Инокс“ од Кочани имаме комбинација на мерки за ЕЕ и обновливи извори на енергија. Скопската фабрика за кондиторски производи „Европа“ е првата компанија во Македонија која искористи кредит од оваа програма. Инвестицијата на оваа компанија за реализирање на проектот за енергетска ефикасност изнесува околу еден милион евра, а износот на кредитот е 770.000 евра, кој е земен преку Охридска банка. Со цел да ги намали трошоците за енергија, компанијата инвестирала во постројка за производство на технолошка пареа, енергетски ефикасен паро - кондезен систем, опрема за производство на чоколадни производи заедно со машина за пакување и опрема за производство на бонбонска маса. Повратот на инвестицијата е различен кај различни постројки и се движи од 1,2 до 4,4 години. „Нашите пресметки покажаа дека ќе имаме заштеда на енергија.Тоа за нас е многу важно бидејќи цените на енергенсите се во состојба на пораст и учеството на енергијата во вкупните трошоци се зголемува. Од друга страна, намалувањето на потрошувачката на енергија не се манифестира во намалување на квалитетот на готовиот производ, што би бил случај на пример при штедење во репроматеријали. Напротив, помалата потрошувачка на енергија резултира само со помалку потрошени пари и придонесува во заштита на човековата околина, што за нас како општествено одговорна фирма е многу значајно. Со оваа инвестиција секако очекуваме бенефит поради намалената потрошувачка на енергија, но колку тоа ќе се одрази на големината на профитот ќе зависи од повеќе околности: цените на енергенсите кои како што е познато се во постојан пораст, конкурентската способност да бидат вградени во нашите продажни цени, како и големината на останатите трошоци“, изјави за „Порта3“ директорката на „Европа“ Савка Димитрова. Средства и беа одобрени и на компанијата „Конти Хидропласт“ од Гевгелија преку WеBSEFF програмата за намалување на енергетската потрошувачка и зголемување на енергетската ефикасност за дел од машинскиот парк.„Вкупната инвестиција на Конти Хидропласт

изнесува 949.500 евра, од кои 700.000 евра се обезбедени како кредит од WеBSEFF програмата и истите се реализирани и пласирани преку НЛБ Тутунска Банка. Повратот на инвестицијата се очекува за период од три години, а предвидена е вкупна годишна заштеда од 314.836 евра“, изјави за „Порта3“, Зорица Лозановска од Конти Хидропласт. Компанијата има инвестирано во опрема со која се зголемува енергетската ефикасност и тоа во замена на шприц машина, замена на спирална машина и замена на екструзиона линија. Согласно пресметките на компанијата, е планирано годишно да се заштедат 92.980 евра за намалување на потрошувачката на електрична енергија, намалување на трошоците за тековна работа и одржување во износ од 51.967 евра и намалување на создавање отпад во износ од 169.880 евра по тон.

иСКуСтвА од регионотСè повеќе компании во Босна и Херцеговина во својот производствен циклус користат обновливи извори на енергија кои се докажаа како најефикасно средство за заштеда на електрична енергија и зголемување на конкурентноста. Во земјата се најавени проекти кои се однесуваат на користење на отпад, изградба на мали хидроцентрали, изградба на соларни електрани и биомаса, а иницирани се и проекти за изградба на ветерници. Добар пример се поединечни компании кои обновливите извори на енергија ги препознале како своја алтернатива и направиле големи заштеди. Така една пивара од БиХ благодарение на кредитната линија на WеBSEFF, направила значајна заштеда во својот производствен процес. Оваа компанија направила годишна заштеда од 91.900 евра, намалени се трошоците за мазут за 89.700 евра, трошоците за енергија се намалени за 1.400 евра, додека оперативните трошоци и трошоците за одржување се помали за 800 евра. Српската фабрика за вар „Јелен До“, изградена во 1928 година воопшто не била обновувана од 1962 година. Поголемиот дел од опремата бил стар, неефикасен, високоенергетски интезивен и подложен на чести расипувања и поправки. Во 1992 година оваа фабрика се приватизирала, а новите сопственици остваруваат повеќе инвестиции, и успеваат двократно да го зголемат производството на разни видови на камен и да го зголемат капацитетот за производство на вар за 50 насто. Со цел да останат конкурентни на пазарот, за фабриката од пресудно значење е да се намали потрошувачката на енергија. Во 2009 година, по поднесено барање кај локална банка им бил одобрен кредит од 2,2 милиони евра. Индикаторите од енергетската контрола потврдиле дека инвестицијата во проектот ќе придонесе за енергетски заштеди повисоки од 50 отсто и дека повратот на кредитот ќе се реализира во рок од 4,8 години како резултат на годишните енергетски и оперативни заштеди на ниво на 850.300 евра.

СКопје

„АрМ Мој виСтинСКи доМ“ Може дА почне дА Се грАди

Неколкумесечната препирка меѓу градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски и советниците околу донесувањето на Деталниот

урбанистички план за касарна „Илинден“ конечно има завршница. На седница на Советот, на изненадување на многумина, овој ДУП помина без ниту еден глас против. Со таа одлука државата конечно доби зелено светло да почне да ги гради армиските станови во касарната „Илинден“. Носител на проектот „АРМ мој вистински дом“ е Министерството за одбрана.Лани кога од Министерството за одбрана го промовираа проектот, беше најавено дека тој предвидува изградба на максимум 1.400 станови наменети за припадниците на АРМ, кои ќе можат да ги купат по поволни услови. Становите ќе имаат квадратура од 45, 51 и 68 квадратни метри. Начелно беше најавено дека заинтересираните ќе треба да уплатат 30 отсто учество од утврдената цена по квадрат, а преостанатите 70 отсто ќе може да ги плаќаат во наредните 10 години. Планирано е обврската за плаќање на каматата да ја субвенционира Министерството. Според тогаш презентираните интерни анкети во АРМ, околу 900 припадници на Армијата пројавиле интерес да учествуваат во проектот за касарната „Илинден“. Инаку, освен станбените згради од владиниот проект, Планот предвидува во околината да се изградат и индивидуални објекти за домување, амбуланта, трговско-деловни центри, а има и маркици за резиденцијални објекти.

К.с.т.

Page 10: Porta3 170

скопје

ПОРТА 18 ноември 2011310

10

Искрено се двоумев, дали на пријател со кого се познаваш многу долго е пожелно да му се обратиш со свој

став за јавна тема - писмено и јавно, или е подобро во неформален кафе муабет или на десетка со кромид, или при случајна средба со заеднички пријатели. Сепак, се одлучив за отворено писмо и искрено се надевам дека Влатко за ова нема да ми се налути.Впрочем, и ова мое обраќање го разбирам како транспарентен притисок кон институцијата градоначалник, во име на огромен процент од мојата архитектонска фела кон некои континуирани случувања од областа на урбанизмот во централниот дел на главниот град Скопје. Пред сè, еден мал човечки вовед пред главната цел. Го познавам г. Владимир Тодоровиќ од мали нозе, од нашето заедничко и сакано маало „Пролеќе“ и заедничката зграда бр.5.Го познавам растот и развојната

линија на неговата компанија „Тинекс“, и се воодушевував и го поддржував во успехот што го направи, во едно тешко и матно време. Посебно ги ценам неговите човечки особини, благ и позитивен дух и хуманист. Сè до овде, тој е мој (помлад) идол. Но, проектот „Скопје 2014“ не стави на две страни. За мене тоа е најлошото што му се случи на Скопје по 1963 година.Освен еден или два објекти (како што е проектот на филхармонијата, кој за жал, ужасно споро се гради???), сè друго во тој проект е архитектонско, а пред сè урбанистичко фијаско. Тука, мислам за левата страна на реката Вардар и уништувањето на просторот на кејот, и околу културниот центар со административни објекти. Впрочем, и во анкетата на „Порта 3“ што се случуваше во текот на 2010 година, 90 отсто од фелата се изјасни против овој проект. Но, тоа за жал бидна, и тоа е тоа. Не се поправа, а иднината ќе го потврди конечниот суд за „успешноста“

и оправданоста на проектот. Сега, следува тоа што ме предизвика да го напишам ова отворено писмо до градоначалникот на Центар, а тоа се проектите за градење административни и црковни објекти на улица „Македонија“, со уништување на прекрасните мали парковски површини спроти хотел „Бристол“, кај Дом на АРМ и на плоштадот до „Пелистер“.Сакам да кажам едно големо НЕ за овие проекти. Тоа се веќе формирани простори, мали оази, кои ја прават улица „Македонија“ поубава и поразлична од некои други светски улици.Впрочем, еве еден голем „тазе“ пример. Оваа година на 11 септември во Њујорк се отвори еден прекрасен, величествен центар „Граунд Зеро” - сите знаеме за причините и симболичниот гест на овој проект во однос на просторот. На најскапиот „м²“ во светот, се изгради композиција од два огромни базени, фонтани, водопад и плоштад со 400 прекрасни дрвца. Се креира центар, во кој илјадници њујорчани

и гости ќе уживаат секојдневно, среде околната сообраќајна џунгла. Треба ли појак пример од успешно, човечко урбано решение? Сите, а пред сè градоначалникот Блумберг, беа горди на заедничкото дело на архитектите. Сигурно никој не ги спомна „изгубените“ стотици милиони долари од ќарот, ако на тој простор се изградеа административни објекти, банки и слично. Оваа „споредба“ на Њујорк и Скопје ми ја даде желбата да Те замолам да се избориш сам со себе, а потоа и со сите што Те притискаат, да не дозволиш интересите за скапиот м² во Центар, да бидат над интересите на граѓаните на општина Центар и воопшто на гостите на град Скопје. Направената грешка ќе биде вечна и непоправлива, а улица „Македонија“ нема да ја има сегашната „ширина и душа“, а ќе стане една обична „тунелска улица“, какви што ги има во повеќето административни центри.

Љупчо атанасоВсКи, дипл.инж.арх.

отворено пиСМо до грАдонАчАлниКот нА општинА центАр

Направената грешка ќе биде вечна и непоправливаДа не се дозволи интересите за скапиот м² во Центар, да бидат над интересите на граѓаните на општината

Page 11: Porta3 170

скопје

18 ноември 2011 ПОРТА3 11

11

Направената грешка ќе биде вечна и непоправлива

Меморијален центар „Граунд Зеро”

Page 12: Porta3 170

ПОРТА 18 ноември 2011312

12

градежништво

Со порастот на бројот на возила, потребата за паркирање е поголема од кога било досега и постојано се зголемува. Градските центри се гушат, а паркирањето на зелените

површини и тротоари станува редовна појава. Ограничувањето на времето на паркирање, високите казни за погрешно или неавторизирано паркирање и ревносната работа на пајак-службата, воопшто не го решаваат проблемот (во услови на неефикасен јавен превоз возилата мора некаде да се паркираат) туку само ја зголемуваат нервозата кај возачите. Посебна „приказна“ се инцидентните, но драстично зголемени потреби за паркирање за време на јавни собири, спортски натпревари, културни и верски настани. Тогаш, во околината на тие објекти настанува вистински хаос. Решението е, паралелно со организирањето на ефикасен јавен превоз, во обезбедување на посебни простори (привремени или трајни објекти - надземни и подземни) наменети исклучиво за паркирање. Какви решенија за јавно паркирање можат да се понудат? Ги има повеќе. Отворени паркиралишта, кои се лоцираат на слободни простори во урбани средини. Но, не можат да претставуваат трајно решение во централните градски јадра бидејќи,

по правило, се организирани на атрактивни локации со висока цена на градежното земјиште. Надземните катни гаражи, според искуствата на големите градови не претставуваат долгорочно оправдано решение за градските јадра бидејќи на тие локации може да им се даде многу поквалитетна функција, а евентуалната идна пренамена за други функции (деловна, трговска) е проблематична. Подземните катни гаражи се значително поскапи (ободните ѕидови, хидроизолација, вентилирање, заштита од пожар), но имаат долгорочно економско и функционално оправдување, пред сè затоа што не зафаќаат квалитетно градежно земјиште (кое посебно во централните градски јадра се наменува за други, поатрактивни комерцијални функции и содржини) и не го пореметуваат урбаното ткиво (се градат под плоштади, паркови, јавни површини).„Компактните“ паркиралишта (надземни или подземни) се модуларни просторни системи (слични на палетните складишта) кај кои возилата се паркираат или повикуваат компјутерски (со оператор или кодирана електронска картичка), без учество на возачот. Тие се најскапи (подвижни делови, редуктори, хидраулика, електроника), но просторно најекономични. Привремените паркиралишта се градат,

најчесто, како привремени објекти, таму каде што ќе се оцени дека за тоа има потреба, а урбанистички предвидената намена на таа локација не може, од кои било причини, да се реализира во периодот кога таа локација би се користела како паркиралиште, или која во моментот се користи како отворено паркиралиште, но нема доволен капацитет. Познатите привремени паркиралишта претставуваат челични монтажно-демонтажни модуларни еднокатни конструкции со кои се удвојува расположивиот паркинг простор. Производителите на ваквите системи наведуваат дека нивната основна предност е што по истекот на предвидениот период на користење можат да се демонтираат и повторно да се монтираат на друга локација. Монтажата со примена на стандардизирани челични елементи и унифицирани монтажни врски, по правило, е брза и едноставна. Се проценува дека досега, само во земјите на Европската Унија (но и во Србија, Црна Гора и во Хрватска), се изградени повеќе стотици вакви паркиралишта со капацитет од 50 до преку 1500 паркинг места, најчесто во близина на трговски цетри, болници, аеродроми итн, со вкупен капацитет кој се оценува на преку 180.000 паркинг места.

СиСтеМ нА МодулАрни МонтАжно-деМонтАжни пАрКирАлиштА во челичнА КонСтруКцијА нА ФАКоМ

Одговор на сe поголемата потреба за паркирање

тихомир ниКоЛоВсКи, Борис тасЕВсКи

Основната причина ФАКОМ АД Скопје да развие свој сопствен систем на модуларни монтажно-демонтажни паркиралишта, покрај неспорната и сè поизразена потреба во регионот на Југоисточна Европа и пошироко, е фактот што најголем број од постоечките системи не се типично монтажно-демонтажни

`

Привремени паркиралишта од системот FastPark

Page 13: Porta3 170

18 ноември 2011 ПОРТА3 13

13

градежништво

ФАКоМ МодулАрни МонтАжно-деМонтАжни пАрКирАлиштАОсновната причина ФАКОМ АД Скопје да развие свој сопствен систем на модуларни монтажно-демонтажни паркиралишта, покрај неспорната и сè поизразена потреба во регионот на Југоисточна Европа и пошироко, е фактот што најголем број од постоечките системи не се типично монтажно-демонтажни. Имено, кај овие системи подните плочи не можат да се „демонтираат“ бидејќи се изработуваат како спрегнати, од профилирани челични лимови со конектори (чепови) заварени за главните и секундарните носачи, арматурни мрежи и бетон вграден на самото место, врз кои се изработува класична хидроизолација и слој од асфалт. За повторна изградба на нова локација, покрај неопходните поправки на челичната конструкција, треба да се изработи нова подна плоча со хидроизолација и асфалт, чии трошоци може да достигнат 50 отсто од вкупните трошоци за комплетно ново паркиралиште. ФАКОМ модуларните монтажно-демонтажни паркиралишта го немаат овој проблем. Подните плочи се готови панели изработени од тенки челични ленти (скара), експандирана алу-пена (Аl-foam) или ортотропни панели (ОТП), целосно монтажни и демонтажни. Можат да се издвојат неколку суштински предности на ваквиот пристап:

• Неограничена и повеќекратна употреба според системот „монтирај-користи-демонтирај-повторно монтирај-повторно користи на друга локација“, без никаква поправка или доработка и без никакви дополнителни трошоци освен трошоците за демонтажа и повторна монтажа;• Максимална стандардизираност на елементите (греди, столбови, спрегови, сите монтажни врски) изработени со висока прецизност на најсовремени CNC машини што овозможува неограничена изменливост на носечките елементи во рамките на една иста или различна локација;• Максимална приспособливост на габаритите и диспозиционото решение на новата локација, без оглед на габаритите и диспозиционото решение на претходната локација. Можат да се користат елементи од повеќе паркиралишта за изградба на едно ново, или обратно, а невградените елементи да се складираат за идни потреби;• Значително поекономична потпорна челична конструкција (греди, столбови, спрегови), како резултат на смалената тежина на подната конструкција од монтажни панели;• Не е потребна хидроизолација. За панелите од алуминиумска пена и ОТП

панелите горната (нагазна) површина може да биде завршна, а за панелите од челични скари не е потребно одводнување, нема лизгање, нема заледување и нема потреба од чистење на снег во зимски услови.

ФунКционАлен КонцептФункционалниот концепт на ФАКОМ модуларните монтажно-демонтажни паркиралишта се базира на минималната зафатнина на единечно место за паркирање (Слика 1.) и потребната широчина на внатрешната комуникација во паркиралиштето (Слика 2.) за двонасочно движење на возилата, преземени од меѓународните стандарди и други типови модуларни паркиралишта:

слика 1. Стандардни димензии на единечно место за привремени паркиралишта

слика 2. Типичен распоред на возила за влезен агол на паркирање од 900

Во најголем број познати системи на привремени паркиралишта е усвоен распоред на паркирање со влезен агол од 90° и квадратна модуларна диспозиција на потпорна конструкција од 5,00/5,00m. Според германски извори, полната широчина на место за гаражно паркирање со целосно отворена една врата на возилото изнесува 2,50m за VW Golf, 2,60m за Audi A4 и 2,80m за Mercedes S класа. За ФАКОМ модуларните монтажно-демонтажни паркиралишта е избран единствен модул 5,25/5,25m. Тој обезбедува нешто поширока комуникација (5,75m), поповолна ефективна широчина на рампите (5,0m) и за 12,5cm поголема широчина на секое паркинг место.

АлтернАтивни решенијАФАКОМ модуларните монтажно-демонтажни паркиралишта се развиени во два основни алтернативни под-системи: Со класични пристапни рампи, наменети за локации со соодветни габаритни димензии и, генерално, за поголем број паркинг места. Корисниците сами ги паркираат своите возила со задолжителен пристап до наплатен пункт со оператор или со читач на електронски претплатни паркинг картички (Сл.3).

сл.3 Пример на ФАКОМ модуларно паркиралиште со пристапна рампа (2х38 пм)

Со лифтовски сегменти (без пристапни рампи), наменети за локации со барем една ограничена габаритна димензија и, генерално, за помал број паркинг места. Возилото, по регистрацијата со електронски картички на наплатниот пункт пристапува на платформата на лифтот (опремена со плитки безбедносни бариери - фиксни на страниците и ротирачки на предната и задната страна) која автоматски ги затвора двете ротирачки бариери, го подига возилото на горното ниво и ја спушта предната бариера отворајќи го патот до местата за паркирање. Предвидени се два лифтовски сегменти - еден за подигнување и еден за спуштање.

сл.4 Пример на ФАКОМ модуларно паркиралиште со лифтовски сегменти (18+22=40 пм)

СиСтеМ нА МодулАрни МонтАжно-деМонтАжни пАрКирАлиштА во челичнА КонСтруКцијА нА ФАКоМ

Одговор на сe поголемата потреба за паркирање

Page 14: Porta3 170

ПОРТА 18 ноември 2011314

14

градежништво

КонСтруКтивен КонцептФАКОМ системот на модуларни монтажно-демонтажни паркиралишта се состои од неколку основни сегменти. Ќе бидат прикажани сегментите со модули 5,25/5,25m. Подни панели - се изработуваат во неколку варијанти: готови панели изработени од тенки челични ленти (скара), слични на индустриските газишта; готови подни панели ОТП (ортотропна плоча) и готови панели од експандирана Аlu-пена. Панелите се целосно монтажни и демонтажни. Во варијантите со „скара“ и Аlu-пена димензиите на панелите се 1050/1750mm (проста греда), а кај ОТП 5250/1750mm (континуирана греда преку три полиња). Сите врски на панелите за секундарните и главните носачите се изведуваат со сигурносни направи. Врските меѓу панелите се предвидени како фиксни, со што се обезбедува нивно содејство во приемот на натоварувањата, интегритет на подната конструкција и се спречува нивното независно диференцијално деформирање.

слика 5a. 3D-детаљ на подниот панел - скараи врската за носачите

Подни секундарни и главни носачи - се изработуваат како заварени или од топловалани профили. Сите врски на секундарните за главните носачи и на главните носачи за столбовите се изведени со „чешел“ за навлекување. Сите столбови имаат ист пресек од цевкаст квадратен профил, со идентични поврзни плочи на сите четири страни за приклучување на главните носачи и/или одбојната и пешачката ограда. Во зависност од диспозиционото решение, се додаваат приклучни елементи за хоризонталните и вертикалните спрегови.Распоредот на вертикални и хоризонтални спрегови во диспозиционото решение зависи од комуникациите на долното ниво, а проектирани се да примат натоварувања од девет соседни модули (од кои најмногу шест „полни“ - натоварени со возила). За притегање на вертикалните спрегови предвидени се „меро“ завртки, а за притегање на хоризонталните спрегови - „шпан“ завртки (turnbuckles).

одбојнА и пешАчКА огрАдА и СКАлиОградата се состои од вертикални „С“ столбчиња поставени во третини од распонот на модулот (1750mm) и елементи на одбојна ограда и едноставна пешачка ограда од кружни цевки. Скалите се стандардни, со конзолен пропуст, кои на долниот крај се анкеруваат во мал бетонски подест кој служи и за евентуално приспособување со котата на долната (асфалтирана) површина на паркиралиштето. Подестот и скалниците се, во сите варијанти, подни панели од типот „скара“.Пристапната рампа ги содржи истите основни елементи како и носечката конструкција на паркиралиштето. Без оглед на типот на подните панели усвоен за подната конструкција. Рампата се состои од вкупно 8 сегменти. Најниските два сегменти (со вртлив дел за приспособување на котата на долната површина - асфалтот) претставуваат конструкција со променлива височина со нагазна површина од ребраст лим, а на преостанатата должина се предвидени подни панели од типот „скара“. За да се избегнат оштетувањата од удар (гребење) на браниците, спојлерот или каросеријата под возилото со рампата или асфалтната површина, особено кај возила со нископрофилни или недоволно напумпани гуми, или во случај aко се претоварени, е предвидена рампа со преполовен наклон на првата и последната осмина од должината. Внимателниот читател веднаш ќе ја уочи разликата во димензиите на единично паркинг место и широчина на комуникацијата меѓу

основниот систем на ФАКОМ монтажно-демонтажните паркиралишта (модули 5,25/5,25m) и MK системот приспособен на одредбите на Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање, Сл.весник на РМ бр.78/2006 (модули 5,80/5,80m и 5,80/7,20m). Без намера да се дебатира за оправданоста на овие одредби, сепак треба да се потсети дека на пр. познатите производители на катни гаражи и паркиралишта (Corus, Arcelor Mital, FastPark, Intrapark, Reidsteel и др) применуваат паркинг места со димензии 2,50/5,0m или дури 2,30/5,0m со двонасочна комуникација соодветно 5,50m и 6,50m. Во текот на 2009 год, извршивме мерења на вкупно 13 отворени паркиралишта во Скопје. Одредбите на правилникот се задоволени само на две паркиралишта.Може да се заклучи дека Проектот за подни панели од експандирана алуминиумска пена (Al-foam) е сè уште во развојна фаза. Присутни се одредени дилеми, пред сè, во однос на нивното индустриско производство, кои имаат директно влијание на нивната (барем засега) неконкурентна цена споредена со цените на другите варијанти („скара“ и ортотропна плоча).

слика 5b. Поден панел од експандирана Alu-пена

(проф. д-р Тихомир Николовски е советник за развој во ФАКОМ А.Д., Борис Тасевски е градежен инженер, дизајнер во ФАКОМ А.Д.)

Page 15: Porta3 170

18 ноември 2011 ПОРТА3 15

15

градежништво

„АдорА инженеринг“ е единСтвенА грАдежнА КоМпАнијА во рМ добитниК нА три нАгрАди зА нАјдобри општеСтвено одговорни прАКтиКи зА 2010

ПРОЕКТОТ ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Е ДОБИТНИК НА ПРВАТА НАГРАДА, А „АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ“ СО ГОДИНИ ЈА ИМПЛЕМЕНТИРА ВО СВОЕТО РАБОТЕЊЕ ЗАТОА ШТО КВАЛИТЕТОТ И ДОЛГОРОЧНАТА ЗАШТЕДА СЕ НАЈДОБРО РЕШЕНИЕ.

„Адора“ е добитник на три национални награди за најдобри општествено одговорни практики за 2010. „Адора Инженеринг“ е единствената градежна компанија во РМ добитник на награда за општествена одговорност и тоа во три категории. Прва награда во категоријата Животна средина, со проектот енергетска ефикасност со кој Адора придонесува кон долгорочна заштеда на електрична енергија со имплементација на најнови типови за надворешни изолација, фотоволтажен систем и поставување на 4-сезонско стакло со што се добива заштеда од 30-40% на месечно ниво. Освен оваа награда „Адора Инженеринг“ се стекна и со дополнителни две награди и тоа: во категоријата Подобра околина и подобро општество со проектот Вложување во заедницата со донација на саат кулата на плоштадот во Струмица, и во категоријата Односи со вработените за проектот Вработените се наше богатство - долгорочна стратегија 2009-2011. Овие награди се потврда дека „Адора Инженеринг“, освен што е позната по најквалитетна градба, истовремено максимално се грижи и за животната околина.Наградите ги додели Министерството за економија на РМ во соработка со координативното тело за општествена одговорност и Конект, а ги примија генералниот менаџер проф. д-р Ванчо Чифлиганец и маркетинг менаџерот м-р Драгана Чифлиганец.

Page 16: Porta3 170

Institut für Baubiologie Rosenheim GmbH

CERTIFICATE OF AWARDBased on the excellent test results, the Seal of Approval

is hereby awarded to

Knauf Radika ADMK-1250 Debar

for the test item

gypsum board

by the Institut für Baubiologie Rosenheim GmbH.

____________________________Reimut Hentschel, Managing Director

Rosenheim, August 2011

The Seal of Approval is awarded for 2 years. In the interest of consumers, follow-up testing of the products must be performed in due time before the Seal of Approval expires. The applicant will have to reapply for these tests.

IBR Institut für Baubiologie Rosenheim GmbH D-83022 Rosenheim Münchener Straße 18 Tel. +49(0)8031 3675-0 Managing Director: Reimut Hentschel Commercial Register: HRB Traunstein 5362 VAT ID: DE 131182830

[email protected] www.baubiologie-ibr.de

градежништво

ПОРТА 18 ноември 2011316

16

што е тоА грАдежнА биологијА?Дали знаевте дека ниту една генерација претходно не поминувала повеќе време затворена дома колку што поминуваме ние? Да се живее здрав и комфорен живот дома е една од најважните потреби на секое човечко битие. Сите сакаме нашите домови да нѐ релаксираат за да можеме лесно да се повратиме во нормала после секојдневните стресови што ги носи модерниот живот. Градежната биологија е наука која ги изучува влијанијата на материјалите во домот врз здравјето на луѓето, како и сите други прашања околу темата здрав дом.

довербАтА е добрА, КонтролАтА е уште подобрАФакт е дека сѐ повеќе постои свесност и кај нашите граѓани, како и во развиениот свет, за прашања околу тоа кои материјали се добри за нашето здраво живеење дома и во работните простории. Но, од друга страна, како да склучивме примирје со сите оние мали зрачења со кои сме обиколени дома, а потекнуваат од разните материјали и други електрични, безжични и мобилни уреди и апрати. А сите знаеме дека таквите новитети и комодитети со кои ги полниме нашите домови и канцеларии, од ден на ден ќе надоаѓаат уште повеќе. Сигурно многумина од нас се прашуваат како, тогаш, да се пронајдат вистинските научни факти за градежната биологија во морето од информации во разни часописи, на Интернет и во други медиуми? За оваа намена постојат институции како IBR, Институтот за градежна биологија во Розенхајм, Германија, кој постои веќе 20 години и се занимава со тестирање производи и нивното влијание врз здравјето на луѓето. За истите издава сопствени сертификати т.н. Печати за Одобрување. На тој начин институтот ги идентификува материјалите на кои можете да се потпрете при вградување во Вашите нови домови или при реновирањето. IBR сертификатите се резултат на нивното искуство, компетентност, како и прецизните лабораториски испитувања и мерења направени според сите постоечки нормативи и стандарди, на најсовремени машини и уреди.

„Институтот за градежна биологија Розенхајм ГМБХ, врз база на одличните резултати на испитувањата, го наградува КНАУФ РАДИКА АД со овој Печат за Одобрување, за тест производот гипсена плоча. Институтот потврдува целосно отсуство на VOC (испарливи органски компоненти),

биоциди, тешки метали и радиоактивност. Рајмут Хенчел, директор, Розенхајм, август 2011“

грАдежнА биологијА

Page 17: Porta3 170

градежништво

18 ноември 2011 ПОРТА3 17

17

гипСот - беСпреКорно здрАв МАтеријАлФабриката на Кнауф во Дебар преработува една од најквалитетните руди на гипс во светот. Со милениуми наназад гипсот се користел како градежен материјал, а примената на истиот не е прекината до денес. И денес гипсот и продуктите направени од него, освен во градежништвото, се употребуваат и во медицината, прехранбената индустрија, производството на козметика и.т.н. Во стоматологијата, како и при санирање на скршеници на коските кај луѓето, гипсот е незаменлив. Неговата ph вредност, иста како човечката кожа, e причина повеќе за неговото лесно прифаќање од човекот. И покрај сето тоа, како што спомнавме погоре, довербата и традицијата се добри адути, но најдобар адут од сѐ е контролата на производите. Кнауф неколку години наназад редовно го добива Печатот за здрав материјал издаден од IBR од Германија. Најновото ресертифицирање, во август оваа година, не смее да биде неодбележано, бидејќи сите оние што сѐ повеќе ги употребуваат Кнауф гипсените плочи, заслужуваат да знаат што имаат во своите домови. За оние што сакаат повеќе да се информираат за градежната биологија и за институтот IBR во Германија, повеќе информации можат да најдат на Интернет. А овде, на кратко, ќе ги спомнеме мерењата што ги прави институтот врз производот што е предмет на испитувањата: се мерат радиоактивноста, присуството на биоциди, формалдехиди, тешки метали, терпени, кетони, алкани, аромати и голема листа на други штетни и опасни супстанции, како и можното присуство на ситни честички на прашина, кои исто така можат да предизвикаат здравствени проблеми. Гипсената плоча од фабриката на Кнауф во Дебар ги помина тие тестови и го доби печатот на IBR: ТЕСТИРАНО И ПРЕПОРАЧАНО.

Page 18: Porta3 170

ПОРТА 18 ноември 2011318

18

региони пАтот штип - МилАдиновци

Делница пријателски настроена кон животната срединаПатот Миладиновци-Свети Николе-Штип за многумина, а пред сè за инвеститорите и за бизнисмените, е шанса за намалување не само на патните трошоци туку и на времето потребно за патување до Скопје. Особено, ако се додадат честите блокирања предизвикани од разни причини, се чини, оваа инвестиција е единствената алтернатива која за регионот е од голема важност.

Во Штип беше разгледана Студијата за оцена на влијанието врз животната средина за изградбата на автопатот Миладиновци-Свети Николе-Штип, кој треба да биде во должина од околу 53

километри. Разгледувањето на Студијата е само почеток на постапката за една патна инвестиција која со нетрпение се очекува во Штип. Патот Миладиновци-Свети Николе-Штип за многумина, а пред сè за инвеститорите и за бизнисмените, е шанса за намалување не само на патните трошоци туку и на времето потребно за патување до Скопје. Особено, ако се додадат честите блокирања предизвикани од разни причини, се чини, оваа инвестиција е единствената алтернатива која за регионот е од голема важност.Сашка Богданова од Агенцијата за магистрални и регионални патишта при презентацијата истакна дека во Студијата за оцена врз животната средина е констатирано дека изградбата на автопатот Миладиновци-Свети Николе-Штип ќе нема влијание врз животната средина и другите медиуми. - Секако дека која било изградба на автопат не може да остане незабележана или незначајна во однос на животната средина. Но, овде станува збор за делница која релативно е пријателски настроена кон животната средина, а од причина што финалната траса ги избегнува сите можни влијанија врз животната средина. Трасата поминува низ земјоделско земјиште кое е со низок квалитет - објаснува Богданова. Според Студијата, Агенцијата за државни

патишта (АДП) се стреми да ја заокружи патната мрежа во Република Македонија. Покрај двата Пан-Европски коридора кои ја поврзуваат земјата со поширокото опкружување во насока север-југ (Коридор 10) и исток-запад (Коридор 8), согласно националните плански документи, ќе се иницираат проектите за секундарните оски за развој. Во прв ред, тука се мисли на поврзувањата на постојните магистрални правци со поголемите градски средини, како што се Куманово-Штип, односно Велес-Прилеп. Разгледуваната траса е дел од секундарната оска за развој на Републиката, започнувајќи од клучката Миладиновци (Коридор 10), па се до градот Штип. На автопатот што се планира, трасата се води како коловоз со две ленти во вкупна должина од 40 километри, од каде што тој продолжува како една коловозна лента паралелно со постојниот регионален пат Куманово-Свети Николе-Штип, додека постојниот пат се адаптира како една лента за автопат; од километар 40 до километар 43 новата лента се води кон полето (исток), додека после километар 43 новата лента преминува кон ридестиот дел, односно на исток од постојниот пат. Вкупната должина на истражуваното подрачје изнесува 53+500 (сметајќи ја и клучката пред влезот во градот Штип).Богданова додава дека Агенцијата за магистрални и регионални патишта забрзано работи на обезбедувањето на техничката документација за новиот автопат. Со изградбата на автопатот во должина од 53 километри, градовите од Источна Македонија и Штип, како центар на регионот,

ќе имаат посигурен и побрз транспорт на луѓето и на индустриските и земјоделски производи, оценуваат од Агенцијата. Според Студијата, реализацијата на овој магистрален патен правец ќе се одрази позитивно на остварувањето на рамномерен социјален и економски развој во централно - источниот регион. Од друга страна, заради низа промени што ќе настанат на подрачјето, можно е да се загрозат ресурси кои се од витално значење за населението, како што е ресурсот на земјоделското земјиште, површинските и подземните води итн. Паралелно со изработката на првата фаза на Оценката на влијанија врз животната средина, се анализираат податоците за измерената зачестеност на сообраќајот за патишта за периодот 2005-2008 година, за мерното место Миладиновци. Овие анализи ќе послужат при прогнозите на сообраќајот, што се користат како за целите на димензионирањето на коловозната конструкција (од аспект на нејзина носивост), така и од аспект на предвидувања за загадувањата на воздухот и создавање на бучава и вибрации во понатамошните фази на проектот.Согласно низата на податоци кои се достапни за одредени денови од месеците преку целата година во 2005, 2006, 2007 и 2008 година, просечниот годишен дневен сообраќај се движи во опсегот помеѓу 1.500 до 2.500 возила. Варијациите на сообраќајот се јавуваат во текот на денот, кога најзачестени се движењата во работното време (укажувајќи на дневни миграции), додека од 18.00 часот се јавува значително намалување на фреквенцијата.

Драган РистоВ

Page 19: Porta3 170

18 ноември 2011 ПОРТА3 19

19

региони

Page 20: Porta3 170

ПОРТА 18 ноември 2011320

20

енергетска ефикасност

Пилот проектот на УСАИД и Хабитат Македонија за енергетска ефикасност имплементиран

во 2010 година, покажа дека енергетски ефикасните мерки значително ја намалуваат употребата на енергија во домаќинствата и дека инвестирањето во енергетската ефикасност е оправдано. Проектот започна во 2009 година, и покрај подобрување на енергетската ефикасност на три станбени згради во Скопје и во Куманово, беа обучени и единаесет практиканти. Успешноста на пилот проектот доведе до нова тригодишна иницијатива - проект на УСАИД и Хабитат Македонија за енергетска

ефикасност за секторот за домување. Овој проект ќе се реализра преку низа активности, групирани во четири компоненти. Проектот цели да им помогне на домаќинствата што живеат во колективни згради да се заштитат од изложеност на климатските промени и да ги подобрат капацитетите за мерење и намалување на емисијата на јаглероден диоксид. Проектот ќе ја подобри енергетската ефикасност на 26 згради во седум општини, преку воспоставување на обновлив фонд од кој ќе се обезбедат заеми за заедниците на сопственици, со кои ќе се спроведат енергетски ефикасни градежни интервенции во зградите.

Заедниците на станари ќе имаат можност да бидат обучени за подобрување на управувањето со зградите, и во рамките на поддршката за заедниците на сопственици ќе се создаде и интернет портал кој ќе претставува ресурсен центар, но ќе им послужи на сите заедници на сопственици. Овој проект ќе поттикне

инвестиции, претприемништво и создавање на нови работни места во дејноста преку обуки за енергетска ефикасност и моделирање на компании за енергетски услуги и „зелени“ работни места, и ќе воспостави широка општествена платформа која ќе го афирмира производството и користењето на „чиста“ енергија.

по уСпешното иМплеМентирАње нА пилот проеКтот зА енергетСКА еФиКАСноСт нА хАбитАт МАКедонијА

Нова иницијатива за енергетска ефикасност за секторот за домувањеПроектот ќе ја подобри енергетската ефикасност на 26 згради во седум општини, преку воспоставување на обновлив фонд од кој ќе се обезбедат заеми за заедниците на сопственици, со кои ќе се спроведат енергетски ефикасни градежни интервенции во зградите

Зградата во Куманово е изградена во 1960 година и претставува објект за колективно домување со висина П+2 и девет стана со вкупна грејна површина од 449 м² . Енергетската ефикасност во зградата се заснова на пасивни мерки, не постојат активни енергетски уреди. Домаќинствата користат електрична енергија за регулирање на температурата, односно греалки и акумулациони печки. Застаклените отвори на зградата се со површина од 88 м² и се обновени со PVC прозорци и прозорски врати со четири комори, две гуми и термопан стакло 4/14/4 мм U=1,6 [W/m²K].Надворешните ѕидови се од тула со дебелина од 30 см, а фасадата е целосно изолирана со стиропор со дебелина од 12 см и специфична тежина од 30[kg/m³] и секако завршен акрилен малтер.Таванот со површина од 177,5 м² е изолиран со тервол со дебелина од 22 см на патосот и заштитна покривка од тер-хартија прицврстена на постојните греди.

Page 21: Porta3 170

18 ноември 2011 ПОРТА3 21

21

енергетска ефикасност

авто салон CITROEN и FIAT, скопје

по уСпешното иМплеМентирАње нА пилот проеКтот зА енергетСКА еФиКАСноСт нА хАбитАт МАКедонијА

Зградите во Скопје се изградени во раните шеесети години со различни грејни системи. Едната е изградена на почетокот на 1960 година и претставува објект за колективно домување со висина П+1, со 14 стана со вкупна грејна површина од 905 м². Енергетската ефикасност во зградата се заснова на пасивни мерки, не постојат активни енергетски уреди и домаќинствата користат централно парно греење. Во рамките на активностите за оваа станбена зграда беше направена поправка на оригиналните дрвени прозорци и балконски врати, кои се со површина од 151 м².Надворешните ѕидови се од тула со дебелина од 30 см,а фасадата е целосно изолирана со стиропор со дебелина од 12 см и специфична тежина од 30[kg/m³] и завршен акрилен малтер.Таванот со површина од 487 м² е изолиран со тервол со дебелина од 22 см на патосот и заштитна покривка од тер-хартија прицврстена на постојните греди.Другата зграда во Скопје, дел од пилот проектот, е изградена во 1963 година и претставува објект за колективно домување со висина П+5, со 34 стана со вкупна грејна површина од 1.738 м². И во овој случај енергетската ефикасност во зградата се заснова на пасивни мерки, не постојат активни енергетски уреди, но тука домаќинствата користат електрична енергија за регулирање на температурата. Во рамките на активностите на проектот беше направена поправка на оригиналните дрвени прозорци и балконски врати, кои се со површина од 318 м².Надворешните ѕидови се од тула со дебелина од 30 см, а фасадата е целосно изолирана со стиропор со дебелина од 12 см и специфична тежина од 30[kg/m³] и секако завршен акрилен малтер.

Реконструирана станбена зграда во Автокоманда, Скопје

Реконструирана станбена зграда во Чаир, Скопје

Page 22: Porta3 170

интервју

ПОРТА 18 ноември 2011322

22

Асоцијацијата на архитекти на Македонија во црквата Пресвета Богородица во Скопје, ја додели

дваесет и втората по ред награда „Андреја Дамјанов“ за животно дело и особени достигнувања од областа на архитектурата и градителството на Мимоза Несторова Томиќ, која со овој чин воедно станува и член на Архитектонската Академија на ААМ. Според образложението на комисијата (составена од

архитектите Викторија Еремеева, претседател, Вера Ќосевска, Гоце Аџи-Митревски, Марјан Шокуроски и Кристијан Јорданов), творештвото на Мимоза Несторова Томиќ е обемно и комплексно, и опфаќа проекти и реализации од сите области на архитектонската пракса. Во творештвото на добитничката се открива не само програмска повеќеслојност туку и аргументирана интердисциплинарност на пристапи и методологии. Умешноста да ги спои локалните традиционални култури со западните влијанија и

интернационалниот стил резултира во автентични моќни градби, кои ја толкуваат современоста преку близок и разбирлив јазик и стил.

Дали сметате дека наградата „андреја Дамјанов“ доаѓа задоцнето. Кој би бил вашиот придонес со оваа награда во академијата при асоцијацијата на архитекти на Македонија? Точно е тоа дека доцна ја примам наградата. Но, јас на доделувањето напомнав дека многу ми е мило што произлегува од помлади архитекти – колеги

кои го процениле мојот труд и ми ја доделија таа награда, со убава рецензија и многу убави зборови.

Кои се вашите први работни искуства по дипломирањето? Прво се вработив во Институтот за народна архитектура при Техничкиот факултет во Скопје. Во 1954 година бев примена на катедрата за станбени згради кај проф. Јован Ранковиќ како асистент, а во текот на 1954година исто така имав двомесечна практика во Бирото на архитектот

МиМозА неСторовА тоМиќ, добитниК нА преСтижнАтА нАгрАдА „АндрејА дАМјАнов“

Не копирајте, бидете уникатни„Идејата на Кензо Танге за модерен градски ѕид произлегуваше од тврдината Кале, а таа идеја се појави и кај другите конкуренти, но неговата идеја беше добро разработена. За жал, идејата на славниот архитект не е до крај изведена, таа е сведена на нашите можности.“Весна КостоВсКа

Page 23: Porta3 170

интервју

18 ноември 2011 ПОРТА3 23

23

Драго Галиќ во Загреб. Како студент мојата работа беше опсежна, но добив големо искуство и сфатив дека имаме многу мала документација за нашата архитектура. За историските споменици на Македонија поголемиот дел од литературата ја имаа изработено српски автори, а токму тие професори мене ми предаваа и ми создадоа голема љубов кон оваа професија. Искуството што го стекнав од професорите, кои беа поканети од странство, беше огромно со оглед на нивното знаење. Ние бевме млади кадри и како „сунѓери“ го примавме нивното знаење и нивниот начин на работа. Веќе во 1963 година бев ангажирана во тимот, што го работеше основниот

урбанистички план на град Скопје. Две години подоцна се вработив во Градскиот завод за урбанизам и архитектура на град Скопје како самостоен проектант и раководител на ателјето.

Дел од вашите проекти ги имате работено со вашиот сопруг проф. Љубомир томиќ. Како ќе ја опишете вашата професионална соработка со него? Јас сум белградски студент, а тој е студент на Загребската школа, која беше поавангардна, но соработката со него беше коректна, а секоја иницијатива за работа беше заедничка. Во 1960 година, ние ја добивме првата награда за комплекс на техничките факултети. Секако дека постоеја дискусии меѓу

нас двајца. Кога му го претставив проектот за стоковната куќа „Беко“, тој ми сугерираше дека не прифаќа стоковна куќа која внатре има столбови. Тој е „виновникот“ што при конструирањето на овој објект, носечките делови се лифтовите, каналите за инсталација и скалите, и на тој начин се создаде чист простор во објектот. Ова можам да го наречам конструктивна ревизија. Инаку, во принцип немаме многу различни мислења во однос на движењата во архитектурата, естетското обликување и теоријата на архитектурата. на кое ниво беа вашите контакти со Кензо танге, во планирањето на градското подрачје и старата скопска чаршија?

Директно немав контакти со екипата на познатиот јапонски архитект. Имав контакти со Јамамото, кој беше раководител на тимот. Танге е голем архитект, а јас бев поборник неговиот проект да се реализира. Многу архитекти сметаат дека неговиот проект за Скопје е претерано футуристички, но тој според мене и ден-денес е модерен и авангарден. Некои сметаат дека нам не ни се потребни мегаструктури.Со специјален декрет на Обединетите нации беше донесена одлука да се направи проект за централно градско подрачје. Од 10 јуни 1964 година почна да се изработува програмата. Тогаш соработував со Тихомир Арсовски и со други колеги, за

1968 г. - Реконструкција и ревитализација на срушениот објект „сули ан“ во старата скопска чаршија

Page 24: Porta3 170

ПОРТА 18 ноември 2011324

24

да ја комплетираме содржината за централното градско подрачје. На конкурсот учествуваа четири конкурентски фирми од странство и четири југословенски. Меѓународно жири на архитекти и урбанисти и четири домашни асоцијации на архитекти едногласно ја донесоа одлуката да се одбере проектот на Танге. Неговиот проект беше прогласен за најдобар, бидејќи тој сакаше да структурира во градбата, да прави комплекси или мегаструктури, кои по сродност се поврзани. Во неговиот проект, културниот центар има опера, филхармонија, и е збогатен со конзерваториум. Тоа е таа мегаструктура, која има свој паркинг, техника и контрола.

според вас, како основната идеја на танге за модерен градски ѕид се реализира по земјотресот? Неговата идеја произлегува од тврдината Кале, а таа идеја се појави и кај другите конкуренти, но неговата идеја беше добро разработена. Идејата на славниот архитект не е до крај изведена, таа е сведена на нашите можности. За жал, голем број од проектите што Танге ги предложи останаа нереализирани. Еден од нив е проектот, кој го работев заедно со Банчотовски, Димитров, Гелевски и Минчев. Ние изработивме идеен и главен проект за „Бизнис“ центарот на комплексот „Градска Порта“, кој беше разработка на идејното конкурсно решение на познатиот Јапонец.

Како идејното решение за „скендер бег“ се вклопи во суштината на амбиентот на старата скопска чаршија? Старата скопска чаршија е дел од старо Скопје. Тоа е една компактна урбана структура која има свој план уште од турско време. За архитектите, што работат на овој проект, можам да кажам дека се талентирани. Но, овој проект е предимензиониран и бара нови зафати. Јас ја следам Старата скопска чаршија и сметам дека е архитектонски нарушена. Тука има самоволие, нема вклопување во амбиентот и нема почитување на постојната архитектонска визија. Ако градите нешто ново може да се разликува, но не до тој степен кој ќе го наруши амбиентот. Асоцијацијата на архитекти на Европа дава награда кога ќе се вклопите во амбиентот и ги почитувате своите соседи.

од свеченото доделување на наградата „андреја Дамјанов“ во црквата св. Богородица во скопје

1977-1978 г. - Комплекс Музеи на Македонија

интервју

Page 25: Porta3 170

18 ноември 2011 ПОРТА3 25

25

Како тим имате учествувано на голем број конкурси, како успевавте да ги ускладувате ставовите за конечната верзија? Пред сè, работата во тим бара меѓусебно почитување и хиерархија. Јас имам работено со многу млади луѓе, но без разлика дали работите со помлади или постари колеги, мора меѓусебно да се почитувате. Најголемиот квалитет кај луѓето е да се одржува комуникацијата на највисоко можно ниво, не да се расправате, туку стручно да дебатирате и на крај да најдете заедничко прифатливо решение. Ако се поставите арогантно кон тимот, тогаш тие се само технички соработници. Работев многу проекти во тим, во урбанизмот не можете сами да работите, урбанизмот бара тимска работа.

Кажете ни за односот на модерното кон традиционалното? Зависи од архитектите колку тие сакаат да ја почитуваат традицијата. Јас лично ја почитувам традицијата и многу учев од неа. Во моите проекти немам ништо копирано, во нив сакав да ги вметнам оние елементи кои се конструктивни, декоративни, естетски и апликативни. Така, во однос на модерното, со чисти линии со многу современи елементи е обликувана Спомен куќата на Тодор Проески. Овој објект е толку современ и со ништо не се поврзува со крушевската архитектура, но теренот му дозволува да се изрази и вклопи. Скопје во иднина треба да се развие во културен центар со висока технологија и информатика, бидејќи така се развиваат другите европски градови.

Дали може да се постигне национална архитектонска идентификација преку интеграција на националното и меѓународното? Во архитектурата има движења кои директно се врзани за техничко-технолошките можности. Оваа архитектура позната по името хај-тек, сака да се промовира себеси во друго светло и со други елементи. Од народното можеме да учиме, можеме да создаваме нови проекти, но постојните објекти треба да се почитуваат. Новиот бран на градби е неминовен следејќи ги новите потреби на современиот човек. Ние немаме монументални објекти како палатите и црквите во Италија, ниту пак дворци како во Франција и Германија. Нашата архитектура е скромна, но и припаѓаме на зоната на Медитеранот. Кај нас е очигледно влијанието од Истокот.

1968 г. - Комплекс Караорман, занаетчиско-трговски дуќани

1978 г. - станбени згради-блокови во населбата „Капиштец“ во скопје

интервју

Page 26: Porta3 170

ПОРТА 18 ноември 2011326

26

архитектура

„АрхитеКтурА зА Сите: грАдителСКо грАЃАнСтво“ под ово мото се отвори 9. Интернационално архитектонско Биенале во Сао Паоло, Бразил. Целосната презентација на проектите е со тенденција да се нагласи дидактичкиот аспект, насочен кон усовршување во одредена архитектонска и урбанистичка област, како и мислењето на креативната публика. Концептот е основан на дијалогот и на присуството на предлози и решенија, кои во себе содржат разновидни теми во однос на градот. Како препознатлив елемент на Биеналето во Сао Паоло се

негува продукцијата на знање. Оваа карактеристика продолжува и во ова издание на интернационалните архитектонски проекти. Целта на ова Биенале е да ги отвори и прошири видиците, и да создаде динамично биенале, кое се карактеризира со дијалози, со дебати на одредени теми, интерактивни предлози со публиката, и решенија кои можат да бидат аплицирани во реалноста. Исто така, целта е да се антиципираат одредени теми кои му помагаат на општеството во студиите на одредени теми поврзани со архитектурата и урбанизмот. Како веќе препознатливо

архитектонско Биенале во Сао Паоло, тоа е, исто така, и генератор на знаење и образование. Приоритет на ова Биенале е да се прикаже обичниот граѓанин, односно начинот на кој живее, комуницира, создава, се образува, работи, продуцира, каде се шета, и како се чувствува во пејзажот каде што архитектурата и урбанизмот се постојано присутни. Проектите се посветени на единката, на дефинирање на човекот и неговиот квалитет на живеење во урбаниот пејзаж. Од работното место до местото на живеење, од брзата авенија до плоштадот за релаксација, од училиштето

до местото каде што треба да се сретнете со девојката/момчето, од болницата до транспортната станица, постојат експлицитни нераскинливи врски помеѓу архитектурата и урбанизмот.Приоритет претставува богатиот процес на симултани изложби, семинари, работилници и дебати, кои ги надминуваат корпоративните граници, формирање на мислења, продуцирање на знаење и освојување на градовите. Самите организатори истакнуваат дека организирањето на биенале со ваков формат и со одредена тема, претставува единствен начин да се постигне ефективност

9. интернАционАлно биенАле по АрхитеКтурА во САо пАоло, брАзил

Граѓанинот во контекст на урбаниот пејзажПриоритет на ова Биенале е да се прикаже обичниот граѓанин, односно начинот на кој живее, комуницира, создава во просторот каде што архитектурата и урбанизмот се постојано присутни

александра ШЕКутКоВсКа, дипл.инж.арх. (специјално за Порта3 од Бразил)

Page 27: Porta3 170

18 ноември 2011 ПОРТА3 27

27

архитектура

на интернационалниот карактер на проектите. Граѓанинот како протагонист, треба да се препознае и да се пронајде себеси во секој прикажан проект, во секоја публикација, во секоја посета, каде самиот може да стане свесен за можностите што архитектурата и урбанизмот ги нудат за да ги организираат нивните места за живеење. Од објектите за домување до јавните простори, во кои граѓаните секојдневно се движат и комуницираат, и каде што можат да го почувствуваат своето постоење во контекст на градот. Можностите на архитектонските претпоставки, она што се случува при прикажувањето

на овие проекти, може да ја зацврсти важноста на конструкцијата на фер и солидарно општество, општество кое може да постои во убав, ефикасен и самодоволен град. Биеналето ќе биде отворено до 4 декември оваа година. Во рамките на Биеналето се презентирани следниве архитектонски проекти: „Баукултур - градителска култура“ (Германија), „Градови и знаци“ (Аргентина), „Конструкција и реконструкција за граѓанинот“ (Чиле), „Архитектура за сите“ (Колумбија), „Што го прави градот жив?“ (Данска), „Нови пракси за Нујорк“ (САД), „Метрополис ?“ (Франција), „Случајна архитектура“

(Холандија), „Модерните движења во Тел Авив“ (Израел-Србија), „Италијанска архитектура и урбано заздравување“ (Италија), „Современи простори“ (Мексико), „Архитектура без архитект: јас, граѓанинот, остварувајќи се себеси“ (Мозамбик), „Современа архитектура во Норвешка“ (Норвешка), „Традицијата е иновација“ (Португалија). Покрај официјалната изложба на проектите, каде што секоја земја ја додава можноста за директна комуникација и размена на идеи помеѓу архитектите и посетителите, во распоредот се предвидени и дизајн работилници, форуми со дебати, архитектонско кино,

семинари и интервенции на различни места во градот. Маршутата, предвидена во градот на различни точки, е наменета да ги нагласи историските, современите, јавните и приватните простори во рамките на Сао Паоло. Посетителите се повикани да ја зголемат листата на овие архитектонски точки со свои предлози, за да се нагласи и природата на самиот контекст на Сао Паоло како метропола или модерниот Менхетн на Јужна Америка, кој без разлика на бескрајното урбано ткиво од облакодери, сè уште го има зачувано домашниот концепт кон граѓаниот што живее во него.

Page 28: Porta3 170

ПОРТА 18 ноември 2011328

28

архитектура

Проектот на архитектонското биро „Синдикат студио“ од Скопје за Спомен куќата на

македонската музичка икона Тодор Проески го освои првото место на Меѓународниот фестивал за архитектура во Барселона, во категоријата People’ s Choice Award.Проектот на младите архитекти Дејан Секуловски и Дејан Спасеновски, во соработка со Илија Божиновски, со повеќе од 15 илјади гласови, убедливо ги победи најголемите конкуренти „Музејот на сеќавањата и толеранцијата“ во Мексико Сити, Мексико, и „Атмосфера“ во Калкута, Индија.Проектот на младите и креативни архитекти ја освои стручната

јавност, но и луѓето од целиот свет, кои за првпат оваа година можеа да гласаат преку Интернет. На конкурсот беа пријавени над 1.000 проекти, а право на учество добија 704. Објектите можеа да бидат од разни категории, а главен критериум да влезат во гласањето беше да се завршени оваа година. Спомен куќата на Тоше уште во месец август влезе меѓу фаворитите.Нивната победа претставува чест и задоволство за сета македонска културна јавност и, пред сè, голем придонес за афирмација на македонската модерна архитектура.

Дали вие како релативно млади архитекти, со самото пријавување на овој значаен светски натпревар, се надевавте на некој висок пласман,

особено што беа пријавени над 1.000 објекти во конкуренција? Пријавувањето на овој светски натпревар некако ни дојде како логичен редослед на сето она што сме го работеле во изминативе години. Откако нашето студио во последните 6-7 години учествуваше на десетина конкурси, на кои освоивме многубројни награди, природно беше да конкурираме на слични такви меѓународни натпревари. Желбата ни беше да видиме како би се вреднувало нашето видување на архитектурата и малку пошироко од локалниве рамки. Со оглед на големината на овој фестивал и пријавените професионални имиња на автори, самото прифаќање на нашиот труд беше голема сатисфакција. Сето

останато што следуваше беше во буквална смисла награда за нас.

секако, да се влезе во натпревар од светски рамки, е потребна голема храброст, самодоверба, но и познавање на универзалните вредности на архитектурата. со кое образование и искуство ги стекнавте овие значајни квалитети? Образованието што го стекнавме на Архитектонскиот факултет при УКИМ како една од врвните образовни институции во регионот, но и искуствата преку учество на конкурсите и при градежната пракса во периодот по завршувањето на студиите, имаа подеднакво влијание да стекнеме доверба дека тоа што го работиме може да биде нешто поинакво, нешто што

МАКедонСКото „СиндиКАт Студио“, победниК нА PEoPlE’ S ChoiCE aWard, зА проеКтот „СпоМен КуќА нА тоше проеСКи“

Тоше заслужува паметник, а не споменик

„Целта на овој меморијален центар е да се искаже почитта кон една од најсаканите личности во скорешната историја на Македонија. Најголемиот предизвик поставен пред овој проект (освен вклопувањето во околината што содржи во себе историско наследство) беше да пронајде форма која ќе соодветствува со светлината на целиот простор, односно да се усогласи со цврстата структура на микроамбиентот, внесувајќи елементи кои нема да го нарушат мирот и спокојот на околината.“Весна КостоВсКа

Page 29: Porta3 170

18 ноември 2011 ПОРТА3 29

29

архитектура

можеби може да остави некаква вредност во архитектурата и во секојдневното живеење. Наши трудови се натпреваруваа на конкурсите за избор на идејно решение за Чешката национална библиотека во Прага, Музејот на современа уметност во Нови Сад, Спомен дом за Мајка Тереза...

тоше беше голема ѕвезда на балканските простори и очекувано беше дека голем број обожаватели ќе гласаат за неговата спомен куќа, меѓутоа вие добивте најмногу гласови и од стручното жири. според вас, кои беа пресудните архитектонско- уметнички аргументи за таквиот голем успех? Покрај гласовите од публиката за која немаме никакво сознание од кој профил и од која земја потекнува, тричленото жири од еминентни архитекти (Џереми Мелвин од Англија, Кен Тадаши Ошима од Јапонија и Санџаи При од Индија) го имаа завршниот збор за потврда на добиената награда, што претставува

уште една потврда за нашиот авторски труд. Задоволството ни беше уште поголемо бидејќи членовите на стручното жири во потполност ги препознаа главните карактеристики и елементи на кои ни се базираше целиот концепт на објектот, а тоа е ненаметливост и вклопеност во топографијата и околината на теренот.

со вашата градба од 870 метри квадратни, потврдивте дека големината на архитектонското дело произлегува пред сè од идејата. Како успеавте да ја поврзете спомен куќата со побожноста на тоше од една страна, а истовремено да воспоставите релација со културно- историскиот амбиент на Крушево? Познато е дека стаклената структура во форма на крст ја искористивме како асоцијација на вербата на Тоше во Бога, но од друга страна релацијата со културно - историските споменици како и традиционалната архитектура на Крушево беше предизвик сам по

себе кој требаше соодветно да се реши. Во самата презентација на проектот во Барселона, по почетното запознавање со Македонија и Крушево како историски така и архитектонски, акцентот беше ставен токму на вклопеноста на објектот во таквиот контекст. Крушево кое го нарековме ,,Музеј на отворено“ го претставивме со споменикот Македониум и со Спомен куќата на Тодор Проески како скулптури кои не си парираат една на друга, туку како скулптури во простор, во музејот на отворено кои се надополнуваат.

Дали едноставноста на архитектонските форми и скромниот избор на материјали (бетон и стакло) е поврзан со личноста на тоше? Како формата така и одбраните материјали и бои се составен дел од целокупната слика која ја имавме за Тоше, и тоа како треба да изгледа неговиот паметник. Едноставно, ништо не смееше да се истакнува или да доминира во однос на

чувствата што ги имате при посетата на овој музеј, односно желбата да уживате во сликите и звуците на неговиот глас, кој ве следи насекаде во нејзината внатрешност.

очигледно е дека објектот не доминира над неговата околина, туку со неа воспоставува добрососедски односи, како кон конфигурацијата на теренот, така и кон околните потпросечни, па и тривијални објекти. Дали таквиот пристап исто така е поврзан со некоја карактерна особина на тоше? Секако. Тоше со сите свои човечки карактеристики требаше соодветно да се рефлектира и во самата архитектура на објектот. Со својата едноставност, скромност и ненаметливост, мислам дека доби и таков објект. Објект, кој достојно ќе го носи сеќавањето на него, објект кој никако не смее да доминира или глорифицира сам по себе. Тоше не заслужува споменик, туку паметник за сето што го направил за време на својот живот. Мислам дека тоа е и

МАКедонСКото „СиндиКАт Студио“, победниК нА PEoPlE’ S ChoiCE aWard, зА проеКтот „СпоМен КуќА нА тоше проеСКи“

Прв од лево, Дејан Спасеновски, трет од лево, Дејан Секуловски и Илија Божиновски

Page 30: Porta3 170

ПОРТА 18 ноември 2011330

30

архитектура

најголемиот успех во нашето решение, а кое секојдневно се потврдува од сите критики и коментари кои ги имаме добиено откако објектот се отвори.

актуелните современи творци денес создаваат т.н. архитектура на информатичко општество, не заборавајќи ги поуките од големите мајстори на модерната. Во таа смисла, како би можеле да го дефинирате архитектонскиот израз на вашиот објект? На наше големо изненадување, но и задоволство, помеѓу наградените трудови во придружните категории на Фестивалот (ги имаше десетина во специјализирани категории и функции), немаше ниту една која ги користи благодетите на информатичкото бесконечно или компјутерско проектирање, каде оставате компјутерот да ви го нацрта проектот. Сите овие проекти имаа некоја душа, значење или ситна иновативност во себе. За наша среќа, таквиот пристап беше препознаен од страна на жирито што ни беше потврдено и во нивната критика по нашата презентација. Во таа смисла, веројатно би можеле да кажеме дека ги почитуваме и практикуваме поуките на модерната и дека во тие води најдобро ,,пливаме“.

Ентериерот на објектот претставува нераскинлив дел од општиот просторен концепт, но сепак за неговото внатрешно уредување е потребен особен креативен пристап. Врз кои основи и цели се темели вашиот пристап? Ентериерот на објектот во овој случај е нераскинливо поврзан со целокупната замисла при проектирањето на објектот, кое го имавме од самото конкурсно решение. Без него целата приказна за Тоше ќе беше недокажана. Можеби и тој е најзаслужен за комплетниот архитектонски израз на објектот. Иако некој вели дека ентериерот е само надополнување на архитектурата, јас сметам дека во нашиот случај делумно е обратно, сакајќи да ги пратиме примерите од минатото кога архитектите, како Френк Лојд Рајт, Антонио Гауди или Мис Ван де Рое, беа исто толку фокусирани на секој детаљ од ентериерот или парче на мебел, колку и на самата архитектура.

со кого соработувавте додека го уредувавте ентериерот? Освен истражувањата, што ги имавме во процесот на проектирањето, а кои се однесуваа за животот

Page 31: Porta3 170

18 ноември 2011 ПОРТА3 31

31

архитектура

Page 32: Porta3 170

ПОРТА 18 ноември 2011332

32

архитектура

Page 33: Porta3 170

18 ноември 2011 ПОРТА3 33

33

архитектура

на Тоше, сите асоцијации и симболики кои требаше или мораше да ги искористиме при обликувањето на просторот, а кои ги добивме од сознанијата од семејството, неговиот менаџерски тим и многубројните обожаватели, целокупното ентериерно решение е резултат на нашата желба ентериерот да продолжи како составен дел од самата архитектонска замисла.

нашите читатели би ги интересирало на каков начин и во каква атмосфера се одвиваше фестивалот во Барселона? Самиот фестивал во Барселона беше организиран на највисоко можно ниво, од самиот избор на стручното жири составено од 69 члена, па преку многубројните предавања, семинари и презентации на селектираните трудови, како и свеченото затворање на фестивалот и прогласувањето на победниците. Тука треба да се спомене и медиумската покриеност и поддршка на настанот. На наше огромно задоволство и изненадување, организаторот на фестивалот успеа на крај да нè ,,награди“ и со свечен прием и вечера за победниците во еден од најпрестижните архитектонски објекти на светот, павилјонот на Мис ван де Рое во Барселона. За еден архитект тоа претставува огромна чест и несекојдневно задоволство.

Кои светски познати архитекти беа членови на жирито, дали и какви професионални контакти воспоставивте за време на фестивалот? Помеѓу многубројните признати имиња од нашата архитектонска практика, би можел да ги издвојам Мајкл Соркин, членот на УН студиото Бен ван Беркел, теоретичарот на архитектура Чарлс Џенкс и Вил Алсоп. Што се однесува до нашите контакти можам да кажам дека покрај честитките што ги добивме и интересирањето за нашиот труд од страна на нашите колеги и посетители на фестивалот, можеби многу позначајна прилика ни се укажа со можноста да се претставиме во многубројни специјализирани, професионални публикации, медии и Интернет страници, до кои тешко се пристапува. Со добиената награда сите овие врати ни се отвораат на најдобар можен начин, со што ќе го претставиме и македонското творештво на глобален план.

Дали во овој момент, вашето „синдикат студиo“ работи некоја интересна задача и кога би можеле да го очекуваме вашиот следен проект? Во овој момент во „Синдикат студио“ работиме на изведба на неколку проектирани резиденцијални објекти, кои почнаа да се градат пред неколку месеци и кои би требало да се завршат во текот на наредната година, но и на проектирање на еден поголем изложбен простор, кој е сè уште во фаза на идеен проект.

Дали како резултат на новостекнатата популарност очекувате зголемен број на нарачки за изработка на архитектонски проекти, или и понатаму имате намера да го негувате натпреварувачкиот дух преку учество на конкурси? Наградата сама по себе може, но и не мора да донесе популарност. Резултатите на овој наш успех можеби ќе ги почувствуваме наредниот период, но тоа нема многу да смени од досегашната наша практика. Можеби задачата што ја добивме со ова признание е уште поголема, и нè обврзува со несмалено темпо да работиме и да го потврдиме нашето гледање за архитектурата, барајќи го нашето место во современата архитектура, како во земјата така и надвор.

Page 34: Porta3 170
Page 35: Porta3 170

архитектура инфо

18 ноември 2011 ПОРТА3 35

35

Page 36: Porta3 170

проекти

ПОРТА 18 ноември 2011336

36

Page 37: Porta3 170

архитектура инфо

18 ноември 2011 ПОРТА3 37

37

рАбАт

Мароканско културно чудоМинатата година, архитектонското биро на Заха Хадид и Агенцијата за развој на Боурегрег, долина од Мароко, објавија планови за изградба на Големиот театар во Рабат. Заха Хадид ја освои првата награда на меѓународниот архитектонски конкурс за дизајн на Големиот театар во Рабат. Зградата е во фаза на изградба. Големиот театар ќе биде сместен во долината Боурегрег, на локација од 6.000 хектари во самиот центар на мароканската престолнина. На површина од 47.000 квадратни метри и со вкупна бруто површина од 27.000 квадратни метри, Големиот театар во Рабат ќе биде културно место со највисоките стандарди. Во рамките на објектот ќе бидат вклучени: театар со 2.050 седишта, помал театар со 520 места, креативни студија, надворешен амфитеатар со капацитет од 7.000 луѓе. Цената на изградбата се проценува на околу 120 милиони евра. До крајот на 2014 година, во долината ќе бидат изградени голем број на станбени, комерцијални, рекреативни и болнички комплекси, со што Рабат ќе се претвори во една од најатрактивните дестинации во Медитеранот.`

МилАно

вертикална шумаИталијанскиот архитект Стефано Боери го дизајнира „Bosco Verticale“, облакодер од 27 ката, кој ќе стане првата архитектонска вертикална шума во светот. За разлика од другите слични концепти, објектот не е само концепт, туку навистина се гради во Милано. Дрвјата и растенијата ќе ги заштитат станарите од бучава и нечистотија, а со тоа на ефективен начин ќе се заштеди на енергија. Ова е само почеток на проектот BioMilano, кој има за цел да го зазелени работ на градот и да го врати на заедницата.

пеКинг

најбезбедна спирална градба во светотОбјектот се наоѓа во близина на Националниот центар за водни спортови, каде што се одржаа Олимписките игри 2008 година во Пекинг. Опкружена со зеленило и јавни патишта, опфаќа повеќе од 200.000 квадратни метри. Се работи за спектакуларна спирална структура и заради својата ширина спаѓа во една од најбезбедните градби во светот. Во еден дел од зградата ќе биде сместена една од најголемите кинески телевизиски компании, Phoenix Television. Вториот дел од зградата е наменет за јавноста, во кој ќе бидат сместени продавници и голем број ресторани. Завршувањето на оваа фасцинантна зграда се предвидува за 2012 година.

подготви: Дејан БуЃЕВаЦ

Page 38: Porta3 170

www.gim.com.mk

ПОРТА 04 ноември 2011338

38

архитектура

Создаваме

Живот на

Покривите!

[email protected] www.zepekomak.com.mk070 216 945

www.zinco.de

Page 39: Porta3 170

18 ноември 2011 ПОРТА3 39

39

рубрика

www.gim.com.mk

ГРАДЕЖЕН ИНСТИТУТ “МАКЕДОНИЈА“Tel.: + 389 02 30 66 816; + 389 02 30 66 833Fax: + 389 02 30 66 828e-mail: [email protected] [email protected]

■ Санација на материјали и конструкции■ Испитување на конструкции■ Проектирање, надзор, ревизии, инженеринг, заштита на човековата околина и др

■ Истражување, испитување и атестирање на градежни материјали■ Истражување и испитување од областа на геомеханиката, хидрогеологијата,геофизиката и инженерската геологија

Тел.+389 2 2460 458, [email protected]Факс.+389 2 2460 459 www.rehau.com.mk

Page 40: Porta3 170

40

40 ПОРТА 18 ноември 20113

ентериер

Убаво е кога домаќините имаат вкус. Поточно, кога знаат точно што е тоа што им се допаѓа во уредувањето на еден

ентериер. Само тогаш ќе се успее во постигнувањето на хомогена целост од повеќето различни позиции во уредувањето. Водечката идеја во уредувањето на домот на ова семејство беше мебелот, кој може да се вметне во оној карактеристичен стил познат под името ,„арте повера“, широко прифатен кај нас особено од оние што од сопственото уредување бараат и сакаат топлина, домашен амбиент и по малку рустикален кантри израз. Инаку, корените на овој стил се традиционално италијански во изработка на мебелот од масивно дрво, кој се одликува со непретенциозен, ненаметлив

дизајн ,,осиромашен“ од декор. Особено овој стил е актуелен во последно време, кога се додава во модерните и рафинирани ентериери, макар едно парче, една комода или масичка, колку да послужи како „доказ“ од традицијата, однос дека и покрај потребата за модерното, во нас сепак тлее некоја романтична идеја. Во европската литература честопати на стилот „арте повера“ му се додава придавката непогрешлив, токму поради неговата непогрешлива адаптибилност на сите амбиенти. Во овој стил во куќава се изработени мебелот за кујната, дневната, претпросторот, спалната, па дури и бањата. Мебелот се изработува комплетно од масивно дрво, внатрешно и надворешно. И тоа од буков масив и буков фурнир, масивот

најнапред е добро исушен, потоа завршно обработен, а самата завршница е тајна. Тајна која се пренесува од генерација на генерација и која до ден денешен подразбира исклучителна завршна обработка на површините. Во севкупниот амбиент убаво се вклопуваат и природните материјали како што се на пример: каменот, македонска буња поставен врз каминот, на столбот, потоа преубавата италијанска керамика на подот со груба рапава завршница, теракотните ламби, лустери кои во просторот на дневната чинат еден сет, крзното на подот, деталите од бакар, корнизите и рачките на мебелот, грубата плетка на малите декоративни предмети, и гарнитурата софи и фотелја изведени во грубо ленено, крупно ткаено платно,

со перници во теракота. Воопшто оваа завршница е неверојатно допадлива, асоцира на традиција, далеку од модерните технократски решенија, па автоматски нуди своевидна топлина во уредувањето. Од друга страна, станува збор за сосема модерна дневна зона со сите атрибути, кои овој факт ќе ни го потврдат, како на пример, комотните софи со нагласено лежерен едноставен дизајн.Практично и декоративно е изведен парапетниот ѕид како бариера за студениот воздух, но и за погледите кон влезот и ходникот. А трпезарискиот дел не само визуелно туку и функционално е дел од дневната. Но, неговата најсилна страна се четирите застаклени врати, кои се отвораат кон терасата што

Арте повера во современ амбиентЕнтериер кој генерира домаќински топла атмосферата

Page 41: Porta3 170

3

41

има иста широчина како и дневната, а длабочина од пет метри. На тој начин, кога ќе се отворат вратите се добива една дневна просторија на отворено со длабочина од околу 13 метри. Кујната во ова куќа е како од списание - сон, мислам дека нема ниту една домаќинка на која нема да и се допадне.Кога во еден проект ќе вклучите цел професионален тим почнувајќи од архитектот преку реализаторот на мебелот и сиот инженеринг во след се добива квалитетен простор. Дизајн Фантазија се единствени по нивниот карактеристичен комплексен однос со клиентите, но и со архитектите, поради кој резултатите се сосема очекувани.

доц. д-р Елена ниКоЉсКи ПанЕВсКи,

дипл.инж.арх.

фото: Владимир сЕКуЛоВсКи

18 ноември 2011 ПОРТА 41

Љубовта за добра кујна живее тука. Гледате овој модел е последната експресија на Дизајн Фантазија филозофијата за постојаноста на кујнскиот мебел. Им ја предлагаме на оние кои се способни да направат сопствен, рационален избор и на оние кои уживаат во сопствените кујни. Затоа што Уметноста на готвењето е поедноставна во доброорганизирана кујна.

Page 42: Porta3 170

42

42

ПОРТА 18 ноември 20113

Б

наука

Алдо Роси со музејот Бонефантен во Мастрихт, Холандија (1990-1994) го докажува своето доследно спроведување на монументалниот пуризам од тула, збогатен со додавање на купола покриена со лим, која со својата јајцевидна форма потсетува на онаа од Брунелески. Големиот углед на Алдо Роси му овозможува да гради голем број значајни објекти ширум светот, од САД преку Европа до Јапонија. Во Орландо, Флорида, САД, тој го подига седиштето за развој на компанијата Дизни (започнато 1991), кое претставува ансамбл од три објекти со постмодерен неокласичен израз и со препознатливите елементи на неговата архитектура. Станбено-деловниот објект на Шиценштрасе во Берлин (1992) претставува комплексен зафат, со кој се конзервираат и адаптираат

стари објекти и се градат нови до нив. Со новите објекти Алдо Роси ја почитува ,,мерата на градот“ и ги трансформира карактеристиките на старите берлински улици, создадени според сугестивната Шинкелова традиција и според академските модели. Хотелско-трговскиот ансамбл во Моџи, Јапонија (1993), е сместен на едно плато кое навлегува во пристаништето, а главниот објект наликува на ајкула или на закотвен прекуокеански брод. Неговиот архитектонски израз претставува спој на робусните јапонски форми со италијанските ренесансни мотиви, присутни во овој пристаништен град. Повикот на Алдо Роси за архитектонска редукција, Џорџо Граси доследно го спроведува до ниво на монументален пуризам од тула. Во почетокот, соработувајќи со Едвардо Гвацони,

тоа го прави кај проектот за градска вила во Берлин (1982-1984), а потоа самостојно со предлогот за изложбата Берлин утре (1991). Џорџо Граси (1935) слично како и Алдо Роси ги разработува принципите на рационализмот, користејќи ги искуствата на класичната и ренесансната архитектура. Тој, на мајсторски начин, функцијата ја приспособува на современите потреби со максимално почитување на економските фактори. На таков начин и во соработка со Антонио Монестироли ги создава студентските домови во Киети (1979), каде во центарот на композицијата се наоѓа една улица во вид на агора. Високите тремови на двете страни од улицата се оформени со едноставни колосални редови, со што е создадена атмосфера на академска строгост.

итАлијА (10)МихАил тоКАрев: 100 години МодернА АрхитеКтурА (121)

КНИГА 2: ДОСТИГНУВАЊАТА НА ОДДЕЛНИТЕ ЗЕМЈИ - РЕЗИМИРАНИ ИЗВАДОЦИ

А. Роси. Музејот Бонефантен, Мастрихт. Изглед

А. Роси. Седиштето на компанијата Дизни,

Орландо

Џ. Граси и А. Монестироли. Проект за студентски дом во Киети

А. Роси. Хотелско-трговскиот ансамбл, Моџи

А. Роси. Музејот Бонефантен,

Мастрихт. Внатрешност

Page 43: Porta3 170

18 ноември 2011 ПОРТА3 43

43

рубрика

Б

Page 44: Porta3 170

ПОРТА 18 ноември 2011344

44

рубрика

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалдруштво за производство

канцелариски материјалканцелариски материјалканцелариски материјалдруштво за производстводруштво за производство

канцелариски материјалДруштво за

инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®

ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНАУВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40С

ЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

www.alchimica.mk

Тел.: 02 3122284

ДООЕЛ ТАТЈАНА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалдруштво за производство

канцелариски материјалканцелариски материјалканцелариски материјалдруштво за производстводруштво за производство

канцелариски материјалДруштво за

инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

Mob: 071 673 895e-mail: [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА

УВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40СЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

Тел.: 02 3122284

ДООЕЛ ТАТЈАНА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

Орце Николов 93/8

Покрив кој трае со генерации.ТОНДАХ Македонија АДИГМ Пролетер бр. 1МК- 2310 Виницае-маил: offi [email protected] www.tondach.com.mk

Телефони: ++389 / (0)33 361 332 ++389 / (0)33 362 152Факс: ++389 / (0)33 361 780

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

29ти Ноември бр.60

ww

w.p

ort

a3.

co

m.m

k

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

Page 45: Porta3 170

18 ноември 2011 ПОРТА3 45

45

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалДруштво за

инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®

ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНАУВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40С

ЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

www.alchimica.mk

Тел.: 02 3122284

ДООЕЛ ТАТЈАНА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалдруштво за производство

канцелариски материјалканцелариски материјалканцелариски материјалдруштво за производстводруштво за производство

канцелариски материјалДруштво за

инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

Mob: 071 673 895e-mail: [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА

УВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40СЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

Тел.: 02 3122284

ДООЕЛ ТАТЈАНА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

Орце Николов 93/8

Покрив кој трае со генерации.ТОНДАХ Македонија АДИГМ Пролетер бр. 1МК- 2310 Виницае-маил: offi [email protected] www.tondach.com.mk

Телефони: ++389 / (0)33 361 332 ++389 / (0)33 362 152Факс: ++389 / (0)33 361 780

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

29ти Ноември бр.60

ww

w.p

ort

a3.

co

m.m

k

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

спортски храмови„Спорт Сити“ - дохА, КАтАр

Се гради најскапиот и комплетно климатизиран стадион!

Патот до светското фудбалско првенство во 2022 година во Катар е долг, но дизајнот за

стадионите на кои треба да се играат средбите на Мундијалот е скоро готов. Дури и финансиските пресметки се подготвени, а Катарците стартуваа со изградба на најмодерните и најскапите спортски, фудбалски арени во историјата. Прв на листата на стадиони кои ќе го понесат товарот на Мундијалот по 11 години е стадионот „Спорт Сити“. Тој полека почнува да се издигнува во Доха, но не само како спортска арена, туку како еден грандиозен мулти-комплекс, досега невиден во светски рамки. Иако стадионот не е со импозантен капацитет (првичниот план бил 46.800, а дополнетиот по добивањето на организацијата на СП 2022 година вклучува капацитет од 65.000 места), сепак проектот „Спорт Сити“ е најскапиот во

историјата на спортските стадиони. Катарците за комплетирање на овој стадион ќе издвојат сума од близу две милијарди долари. „Спорт Сити“ ќе биде лоциран на источниот брег на крајбрежниот град Доха и е само еден од 12-те концептуални стадиони вклучени во понудата на Катар за организација на СП 2022. Овој објект е технолошки најсофистициран и економски најодржлив од кој било друг спортски комплекс изграден на планетава. Дизајниран е да се приспособи на најразлични намени, па дури и на најразлични спортови, за кои се потребни сосема различни објекти за одржување на натпреварите. Дизајнот е инспириран од богатата традиција на номадските племиња, Бедуините, а како што велат самите автори на проектот, тој во најголем дел потсетува на бедуински шатор. Самиот изглед на комплексот

му дава одлична можност за функционално вклопување во постоечката животна средина. Особена специфика на „Спорт Сити“ му дава и подвижниот покрив, како и лесната трансформација на трибинскиот простор од јужната страна, кој може лесно да се трансформира во подигната трибина за крикет средби. Комплетната покривна конструкција обезбедува осветлување, греење и ладење, а згора на тоа соларниот систем инсталиран на покривот ќе обезбедува и 75 отсто од електричната енергија потребна за нормално функционирање на стадионскиот комплекс, но и на сите останати придружни капацитети. За борба против екстремно високите температури на Блискиот Исток, „Спорт Сити“ ќе има систем на централно ладење, кое дефинитивно ќе обезбеди „европски температурни услови“ за

време на сите фудбалски средби на СП 2022. Студениот воздух ќе се испумпува од самиот терен до секој ред на трибинскиот простор, а потоа ќе се филтрира за да им обезбеди максимална удобност на играчите на централниот терен. „Спорт Сити“ ќе биде комплетно енергетски ефикасен комплекс кој ќе постигне нулта емисии на јаглерод. Последните информации велат дека Катарците ќе можат најмодерниот стадион на светот да му го претстават веќе во 2015 година. Дотогаш се очекува да бидат покриени 80 отсто од комплексот, а воедно треба да биде инсталиран и комплицираниот систем за ладење. Покрај стадионот, комплексот „Спорт Сити“ ќе добие и три хотели, од кои два ќе бидат со големи СПА центри, потоа два големи бизнис-шопинг центри, административен дел, музеи, фан-шопови и други комерцијални објекти.

ФаКти за „СПОРТ СИТИ“ - Дохаседишта: 65.000Период на изградба: 2010 - 2015Цена на градба: 2 милијарди долариПридружни објекти: 3 хотели, 2 бизнис-центри, административен дел, музеи, фан-шоп...Дизајнери: Albert Speer & Partner GmbHПроект менаџер: Raheem Mazinизведувач: Dream Builders

сашо КуЗМаноВсКи

Page 46: Porta3 170

технологии

ПОРТА 18 ноември 2011346

46

Apple Store на Петтата авенија во Њујорк, САД, е најпосетуваното место на интерес во градот. Изгледа

невозможно - Њујорк изобилува со мноштво знаменитости. Зарем е можно една продавница да привлече повеќе посетители отколку Empire State Building или Statue of Liberty? Така тврди истражувачот Ерик Фишер, кој анализирал милиони

фотографии поставени на www.flickr.com. Фишер всушност ги истражувал обрасците/шемите на интерес во градот, а го искористил сервисот Flickr за да ги спореди/анализира географските податоци на фотографиите, датумот и времето кога биле направени. На изненадување, прв на листата се нашол Apple Store. Apple Store е уникатна градба, вистински архитектонски бисер, стаклена коцка во вид на

атриум, преку која се влегува во подрумскиот простор каде што се наоѓаат содржините. Во основа, тоа е продавница за производите на Apple, иако верувам дека да беше Џобс жив, ќе имаше многу забелешки на таквата констатација. За Стив, Apple Store е клуб на обожаватели и тоа е филозофијата на десетиците такви низ целиот свет. Гледано наназад, кога Apple ја обзнани идејата за отворање на малопродажен синџир

продавници, јавноста сметаше дека тоа е хир на Џобс кој ќе заврши неславно. Впрочем, и покрај огромните напори, дури и познатите малопродажни синџири со години се соочуваат со негативен раст и загуби. Зошто? Луѓето сè повеќе го користат Интернетот за порачки-онлајн директно од производителот. Затоа Џобс не сакаше да создава продавници, туку клуб на обожаватели, место каде важат поинакви правила. Правила

Завештанија на новото време

Архитектите се присетуваат

дека Џобс секогаш велел да

постигнат повеќе со помалку, интервенирајќи во

дизајнот со цел да се упрости конструкцијата и формата без

притоа да се одземе од убавината трајче стојаноВ, дипл.инж.арх.

Стив ЏобС – незАпишАни поуКи зА АрхитеКтурАтА

Page 47: Porta3 170

технологии

18 ноември 2011 ПОРТА3 47

47

кои архитектите ќе ги протолкуваат како завештанија на новото време. Apple Store е место каде се задоволуваат потребите на обожавателите на Apple. Се е во нивна функција. Клубовите работат 24/7/365, односно нонстоп во текот на целата година. Секој клуб има таканаречен Genius Bar, место каде посетителите добиваат практични совети и одговори на сите прашања, поврзани со Apple продуктите. Остатокот од клубот се однесува на

изложбен простор, каде може да се видат и искусат сите продукти. Во изјава за CNBC, Џобс потенцираше дека Apple Store е целосно посветен на посетителите. Дури доколку некој „обожавател“ заглави со некој проблем во два часот пополноќ, Apple Store е местото каде ќе добие помош. Ваквата ултимативна посветеност никого не остави рамнодушен. Архитектите препознаа повик архитектурата да се врати кон корисниците. Да служи. Џобс често велел дека луѓето не знаат што сакаат додека не го видат тоа. Поради тоа ги избегнувал стереотипите, рушејќи ги бариерите на веќе познатото/виденото. Неговиот истенчен вкус и размислување “outside the box”, создадоа продукти достојни на вистински уметнички дела. Со дизајнот поставен на почесно место, Џобс им даде сосема поинаква димензија на технолошките изуми. Но, со Apple Store тој отиде ниво погоре. За него Apple Store беше кутија во која се спакувани неговите производи, и со таа филозофија и пристап ги украде воздишките на јавноста. Сите Apple Store низ светот, особено онаа на Петтата авенија во Њујорк, САД, се прилично впечатливи и восхитувачки. Архитектите се присетуваат дека Џобс секогаш велел да постигнат повеќе со помалку, интервенирајќи во дизајнот со цел да се упрости конструкцијата и формата без притоа да се одземе од убавината. Архитектот Peter Bohlin од архитектонското биро

Bohlin Cywinski Jackson, особено го ценел Стив Џобс бидејќи бил целосно вклучен во дизајнот, со конструктивни идеи и препораки. Со тоа Џобс внел свој печат на објектот. И покрај тоа што комерцијалната архитектура важи за досадна и прилично ограничувачка, со Apple Store ситуацијата е драстично поинаква. Објектите чинат многу, бидејќи не се штеди на дизајн или на функција/комфор согласно филозофијата на компанијата. Додека светски малопродажни синџири го губат тлото под нозете, продавниците Apple Store се исклучително профитабилни, но и популарни. Затоа нему му се препишуваат заслуги за ревидирање на позицијата на комерцијалната архитектура и продажбата воопшто. Но внимавајте, Џобс успеа да изгради силна емотивна врска со своите потрошувачи/Apple обожаватели. Таа врска се гледа во посетеноста на Apple Store објектите, посебно во САД, продажбата на производи и особено фактот што уште не стивнуваат реакциите од неговата смрт. Токму во последната активност се вклучија и видни личности и компании од архитектонската фела. Сер Норман Фостер ја објави својата почит кон Џобс во списанието Architectural Record. Тоа го направија и многу други архитекти и реномирани архитектонски списанија. Тие препознаа поучни совети и во делот на функцијата, но и во формата. За својата работа при соработката со Apple Inc., архитектонското биро

Bohlin Cywinski Jackson е добитник на 46 награди од областа на архитектурата, додека лично Peter Bohlin е добитник на AIA (American Institute of Architects) Златен медал 2010, највисоката награда што ја доделува оваа реномирана институција на поединци кои со својата работа извршиле влијание врз архитектонската теорија и пракса. Соработката со Џобс започнува од далечната 1985 година кога тој ја напушта Apple Inc., и ја формира NeXT. Тогаш Bohlin бил најмен да дизајнира мали канцеларии. Во 2001 година го дизајнира седиштето на уште една успешна фирма на Џобс, „Пиксар“, сега во сопственост на Дизни. Првиот Apple Store се гради во 2001 година, а досега се изградени над 30-ина. Иако Bohlin (74-годишен) е компјутерски необразуван архитект, успеал „од прва“ да го разбере Џобс како технолошки модул и да испорача дизајн согласно очекувањата. Интересно, токму Bohlin претходно ја дизајнирал куќата на Бил Гејтс, идентификуван како најголем конкурент на Џобс. Но за разлика од Џобс, Бил Гејтс не се прослави како градител. Градителските потфати на Apple Inc., продолжуваат и без Џобс, но со неговата визија. Поради совршенството на дизајнот, особено иновативната и дистинктивна употреба на стаклото како материјал, се шушка дека Apple Inc. ќе ги заштити правата за дизајнирање со стакло на тој начин. На повидок е нова ера.

Page 48: Porta3 170

експерт

ПОРТА 18 ноември 2011348

48

КОГА ПОДАРОКOT НЕ Е ПОДАРОК?Од вработените секогаш се очекува да не ја користат својата позиција или работно место за лични придобивки, да ја сочуваат репутацијата на работната организација, како и да покажат беспрекорно однесување по однос на непристрасност и интегритет во своето дејствување. Во овој контекст од нив се очекува да се однесуваат кон понудените подароци и гостопримство според правилото за однесување, кое вели дека „перцепцијата скоро секогаш е поважна од фактите“.

д-р Владимир Б. ЛаДинсКи,

дипл.инж.арх.(Велика Британија)

Роковник, календар, молив, пенкало, линијар, размерник, бонбониера, шише пијалок, карта за спортски натпревар

или концерт, спонзорство за конференција или курс, покана за ручек или вечера, годишен одмор, стипендија за член на семејството, наследство? Дали знаете кој од наведените подароци, не е подарок?

прАвилА нА однеСувАњеЗа да можат вработените што е можно поточно да одговорат на ова прашање, работните организации

во Велика Британија се обидуваат да им помогнат на своите вработени преку изработка на правилници за подароци (gifts) и гостопримство (hospitality), во кои е објаснето како треба да постапат во деликатни ситуации кога некој ќе им понуди подарок или гостопримство. Се разбира, соодветното однесување на вработените во однос на подароци и гостопримство е уште поважно кога станува збор за вработените во јавните служби, со оглед на тоа што од нив се очекува највисоко ниво на однесување и потреба за одржување на добри работни односи со сите физички и

правни лица во текот на работата. Според британските правила на однесување, обично се смета дека е во рамките на дозволеното однесување ако вработените примат промотивен подарок, кој е пожелно да биде обележан со името на донаторот, но само доколку подарокот има мала парична вредност, и доколку се користи на работното место. Во оваа група на подароци спаѓаат роковници, календари, моливи, пенкала, линијари, размерници, подметачи за компјутерски глувчиња и слични промотивни предмети. Вообичаено се смета за неприфатливо, и од

вработените се очекува учтиво да ги одбијат сите подароци кои им се даваат за лична употреба, без оглед на тоа колку е мала нивната парична вредност. На пример, доколку некој од персоналот во дом за грижа на возрасни лица добие мала бонбониера како знак на благодарност од корисникот на услугата или од член на неговото семејството, ваквиот подарок може да се прими само ако се сподели помеѓу вработените во домот или пак се приложи како подарок за лотарија. Во вториот случај, од сите заинтересирани за учество во лотаријата се очекува да купат

Page 49: Porta3 170

експерт

18 ноември 2011 ПОРТА3 49

49

лоз, при што преку извлекување ќе се избере добитникот на бонбониерата, а собраните пари од лотаријата ќе се донираат на некоја добротворна организација, или пак ќе се искористат за купување на нешто што ќе го користат лицата што живеат во домот.

пАрични вредноСтиВо најголемиот број на случаи, работните организации во своите правилници ги дефинираат максималните парични вредности за промотивен подарок, кој можат да го примат нивните вработени. Тие приближно се движат во границите на две до четири загарантирани минимални парични надоместоци, кои се исплаќаат во државата за еден час. На пример, доколку загарантираната минимална плата по час е 50 денари, тогаш максималната парична вредност на промотивен подарок кој би можел да го прими вработениот, би бил во границите помеѓу 100 до 200 денари. Сите понудени подароци со поголема парична вредност од онаа што е максимално пропишана треба пристојно да се одбијат. Но, што доколку некој од вработените добие шише пијалок, или друг сличен подарок, кој ќе се испорача по пошта или пак по доставна служба. Во ваквиот случај, од вработениот се очекува задолжително да го пријави пристигнатиот подарок на својот претпоставен, кој треба да го регистрира во регистарот на подароци, при што ќе се запише од кого на кого е испратен подарокот, што се случило со него... Во вакви случаи, се очекува од задолжено одговорно лице ваквиот подарок да го донира на добротворна организација, која треба да го употреби за собирање на пари преку лотарија, во која подарокот ќе биде една од наградите. За да може да се следи што се случило со подарокот во рамките на една организација или јавна служба, од нив се очекува да водат регистар за подароци. Овие регистри, и тоа особено оние во рамките на јавните организации, се подложни на побарувањата за информации од јавен интерес. Така, по барање на новинар, приватно или друго лице, може да се побара од јавната организација кои подароци точно ги има добиено и што точно се случило

со нив. Правилата на однесување се такви што вообичаено се евидентираат дури и подароците што му се вратени на донаторот за да се обезбеди максимална транспарентност во однесувањето. Во никој случај не е дозволено да се примат пари како подарок. Кога станува збор за понуда на гостопримство, правилата на однесување се уште покомплицирани. На пример, дали е во ред да се прифати карта за спортски натпревар од страна, да речеме, на претставник на општина? Ако натпреварот се игра надвор од општината и на него не учествува локален тим од општината, се смета дека понудата е неприфатлива, со оглед на тоа што нема вистинско оправдување за да се прифати понудата за гостопримство и понудената карта за спортски натпревар. Доколку натпреварот се игра во рамките на општината, тогаш е прифатливо да се оди на натпреварот, бидејќи претставникот на општината ќе посети локален натпревар во кој учествува локалниот тим, а истовремено ќе биде и претставник на локалната заедницата. Честопати понудата за гостопримство се однесува на понуда за посета на стручна конференција или курс. Ваквите понуди за гостопримство вообичаено се сметаат за прифатливи ако се службени, а не приватни, и се разбира, доколку предметот на конференцијата или курсот е од деловен интерес за

организацијата што ќе ја прифати понудата за гостопримство. Како и да е, овие понуди за гостопримство секогаш треба да се гледаат во поширокиот контекст. Имено, доколку се добие понуда за гостопримство во период кога се разгледува тендер за одредена јавна набавка во кој учествува и организцијата што го нуди гостопримството, тогаш би било крајно неприфатливо ваквата понуда да се прифати. Ако понудата за гостопримство е поврзана со посета на фабрика за да се види нов модел на опрема или машина која можеби ќе се нарача, во вакви случаи се очекува организацијата што го прифатила гостопримството сама да си ги плати патните трошоци, за да не се создаде ситуација во која ќе се смета дека е нарушен интегритетот на последователното купување на опрема - со оглед на тоа што од организацијата што го прифатила гостопримството се очекува да ги почитува правилата за јавни набавки вклучувајќи ја и потребата од компетитивност. Понудите за гостопримство сврзани со деловниот живот на една организација како на пример свечени отворања, годишни прослави, може да се сметаат за прифатливи доколку се одобрат од одговорното лице во организацијата што ќе го прифати гостопримството и доколку нема други аспекти кои можат да го направат прифаќањето на понудата за гостопримство неприфатлива.

Од вработените во јавните служби се очекува највисоко можно ниво на однесување. Така на пример, Законот за локална влада од 1972 година (Local Authority Act 1972) предвидува казна во износ до 2.800 евра доколку вработениот во рамките на своето службено дејствување прими каков било надомест или награда од трето лице освен својата плата. Исто така, вработен во рамките на јавна служба не може да има дополнително вработување или дејност, освен доколку истата не е формално одобрена од јавната организација во која работи. Ваквиот пристап е од два аспекти - да се спречи индиректно плаќање за услуги направени во рамките на својата редовна работа, но и да се обезбеди вработениот да не биде преморен од обавување дополнителна дејност и тоа да се одрази на неговата работа во јавната служба. Од вработените секогаш се очекува да не ја користат својата позиција или работно место за лични придобивки, да ја сочуваат и надградат репутацијата на работната организација, како и да покажат беспрекорно однесување по однос на чесност, непристрасност и интегритет во своето дејствување. Во овој контекст од нив се очекува да се однесуваат кон понудените подароци и гостопримство според правилото за однесување, кое вели дека „перцепцијата скоро секогаш е поважна од фактите“.

Page 50: Porta3 170

ПОРТА 18 ноември 2011350

50

еко инфо

пеКинг

Кина е новиот светски лидер за хидро и ветерна енергијаКина стана новиот светски лидер во производство на електрична енергија од ветерот, со 42,3GW инсталирана моќност. Со тоа успеа да го преземе лидерството на САД кои имаат инсталиран капацитет од 40,2GW. Вкупниот инсталиран капацитет во светот на енергијата од ветерот изнесува 194,4GW. Според најновиот извештај на холандската Агенција за оценка на влијанието врз животната средина, во моментот Кина е светски лидер и во производство на електрична енергија од големи хидроелектрани, со учество во глобалното производство од 21%.

(Green Optimistic)

вАшингтон

Кризата ја спасува климатаЗа намалувањето на глобалните емисии на јаглероден диоксид може да ѝ се заблагодари на економската криза, но не може да се очекува таков тренд и во иднина, објави Меѓународната Агенција за енергија (IEA). Глобалната економска рецесија во 2009 година доведе до првото намалување на емисијата на јаглероден диоксид по 1990 година. IEA очекува дека податоците за 2010 година ќе покажат скок во емисиите поради делумното оптоварување на стопанството.

(UPI)

единбург

„обновлива” шкотскаAlstom ја претстави новата ветерна турбина ECO122 со моќност од 2,7 MW. Се работи за турбина која е наменета за копнени ветерни паркови и која има дијаметар на роторот од 122 метри, и најголемо подрачје на зафаќање што обезбедува максимално производство и побрзо враќање на инвестицијата. Инаку, досега Alstom (вклучувајќи ги и тековните проекти) има инсталирано повеќе од 2200 ветерни турбини на повеќе од 120 локации, со вкупна моќност од 3000 MW.

(UPI)подготви: Даниела МЛаДЕноВсКа

Page 51: Porta3 170
Page 52: Porta3 170

ПОРТА 18 ноември 2011352

52

енергетика

Замислете еден огромен стакленик или пластеник со дијаметар од 6 километри, со кула, односно оџак во центарот кој се издигнува повеќе од 900 метри во атмосферата. Звучи

неверојатно? Колку и да се чини необично и невозможно да се визуелизира оваа градба, едно е извесно – се работи за нова електрана на соларен погон, концепт на иднината. Прототипот на ваква електрана бил изграден во Шпанија во осумдесеттите години од минатиот век, но со половичен успех. Денес, овој концепт најавува свое враќање, имајќи го прeдвид сè поинтензивното фаворизирање на обновливите извори на енергија. Принципот на работа на овие електрани, наречени соларни кули со вертикално струење на воздух, е многу едноставен. Огромниот стакленик е всушност во улога на сончев колектор. Сончевото зрачење (директно и дифузно) се претвора во електрична енергија преку обединување на следните добро познати принципи: ефектот на стаклена градина, ефектот на оџак и ветерна турбина. Воздухот под стакленикот брзо се загрева и се

придвижува кон кулата, каде поради ефектот на оџак се постигнува најнизок притисок во системот. Ова овозможува континуиран проток на воздушната маса низ кулата, при што се обезбедува континуирано движење на турбините сместени во основата на кулата. За време на ноќниот период процесот не запира, разликата на температури помеѓу почвата и воздухот овозможува овој ефект да продолжи.

Кои Се бенеФитите од овој Концепт?Соларните кули со вертикално струење на воздух бараат скромно одржување и, се разбира, немаат никакви оперативни трошоци за гориво. Овој концепт е идеален за земјите од третиот свет што имаат на располагање огромни слободни површини земја, но исто така и скромни барања во однос на потрошувачката на електрична енергија. Од друга страна пак, едноставната технологија овозможува ангажирање на локални сервисни компании и работна сила во одржувањето на објектот.Се проценува дека периодот на враќање на инвестицијата е извонредно краток,

дури и кај проекти со поголема моќност. Одлична е погодноста за комбинирање со земјоделско производство, односно користење на просторот под стакленикот за засадување на земјоделски култури. Во ваков случај, од извонредно значење е задржувањето на испарената вода и нејзино повторно враќање во почвата, што обезбедува одржување на нејзината влажност во идеални граници. Од друга страна, мора да се води сметка дека во близина на основата на кулата струењето на воздушните маси е најизразено, и затоа во тој дел одгледувањето на земјоделски култури не е возможно.

АргуМенти противНајголемите аргументи против соларните кули со вертикално струење на воздух се огромните димензии и скромната ефиканост, споредено со другите постоечки соларни технологии.На пример, соларна кула со капацитет од 100MW бара огромна површина во улога на колектор, а исто така е неопходна кула или оџак со височина од 915 метри. За споредба, 828 метри е највисоката точка на Бурџ Калифа, највисоката зграда во светот.

Светот во потрАгА по нови извори нА енергијА

Соларни постројки на иднината

Соларните кули со вертикално струење на воздух се идеални за земјите од третиот свет што имаат на располагање огромни слободни површини земја, но исто така и скромни барања во однос на потрошувачката на електрична енергијаДаниела МЛаДЕноВсКа

Page 53: Porta3 170

18 ноември 2011 ПОРТА3 53

53

енергетикапроизводСтвени цени и рАзвојни плАновиВо делот на финансирањето сè уште има многу дебати и шпекулации. Пресметките за цената на произведен kWh дефинираат опсег од 0,05€/kWh до 0,25€/kWh, во зависност од големината на постројката, цената на земјиштето и сценаријата на финансирање. Многумина, пак, сметаат дека трошоците не можат да бидат пониски од 0,30€/kWh. За споредба производствените цени за веќе конвенционалните соларни термални и соларни фотоволатаични централи не се пониски од 0,20€/kWh.Компанијата Enviro Mission Ltd се надева дека ќе ги убеди инвеститорите да вложат во ваква електрана, која според нивните планови би се состоела од две соларни кули со вкупен капацитет од 200MW, а проектот би чинел 750 милиони долари. Сè уште е нејасно дали овој концепт заслужува труд и внимание. Веројатно ќе почекаме, и ќе имаме одговор на ова прашање кога вакви електрани за комерцијална намена ќе бидат изградени, а тоа наскоро може да се случи во Намибија, Австралија и Шпанија.

Локација: Манзанарес, Шпанијасопственик: поддржана од германското министерство за истражување и технологија, Бон

Период на работа: 1982-1989Kапацитет: 50kW

Височина на оџакот: 194 метриДијаметар на оџакот: 10 метриДијаметар на колекторот: 240 метри

првА СолАрнА елеКтрАнА Со вертиКАлно Струење нА воздухот

Page 54: Porta3 170

екологија

ПОРТА 18 ноември 2011354

54

извештАј зА човеКовиот рАзвој 2011 нА он

Неразвиените да преземат итни мерки за заштита од климатските промениВо Источна Европа и во Централна Азија фосилните горива учествуваат дури со 88 отсто во вкупната потрошувачка на енергенси, додека употребата на обновливи извори на енергија во двата региони е на најниско ниво во светот. Бројките за Македонија се движат во просекот на регионот.

Индустриското загадување и другите еколошки притисоци можат сериозно да го загрозат развојот на земјите

во Источна Европа и во Централна Азија, посочува новиот Извештај за човековиот развој 2011, на Програмата за развој на Обединетите нации (УНЕП), објавен на почетокот на овој месец. Документот предупредува дека, ако наскоро не се преземат драстични мерки за да се подготват земјите за влијанието на климатските промени, економскиот развој на неразвиените земји ќе забави, па дури и ќе тргне во негативна насока, до 2050 година. Годишниот извештај со наслов „Одржливост и еднаквост: подобра иднина за сите“, го обработува проблемот со климатските промени и уништувањето на животната средина од гледна точка на економскиот развој и намалувањето

на сиромаштијата, а со соодветни показатели се присутни сите земји членки на Обединетите нации, вклучувајќи ја и Македонија. „Дури и ако некој не верува во климатските промени, овој извештај вели - ставете го тоа настрана за момент. Ако верувате во морална обврска кон светската заедница и во можноста луѓето да се спасат од сиромаштијата, мора да ги решиме овие еколошки проблеми“, коментираат од Обединетите нации. Според анализата во „Њујорк тајмс“, извештајот предупредува дека до 2050 година секој регион во светот ќе се соочи со свои предизвици, од кои најголемиот број директно произлегуваат од климатските промени. Според искуството од минатото, субсахарска Африка би се соочила со најлошото сценарио. Многу Африканци директно зависат од природните ресурси во секојдневниот живот, и имаат недостиг од средства

за да се справат со еколошките проблеми, како што се проблемите со водата, загадувањето на воздухот или недостигот од санитарни услови. Недостигот од вода, загадувањето на воздухот и сушата можат да бидат погубни за земјоделството, со проекции дека производството на пченка и пченица во Јужна Африка драстично ќе опадне во текот на следните две децении, се вели во извештајот. Азија, најголемиот извор на стакленички гасови во последниве децении веќе ги чувствува ефектите од загадувањето. Емисиите на сулфурдиоксид од електраните на

јаглен во Кина придонесуваат за појава на смог и кисели дождови, за кои се верува дека се главните виновници за 300.000 смртни случаи и 20 милиони случаи на заболувања на белите дробови годишно, анализира „Њујорк тајмс“. Народите што ги населуваат крајбрежните области на Атлантскиот Океан, пак, се сметаат за најранливи пред проектираното покачување на морското ниво како последица на глобалното затоплување. На ризик се изложени повеќе од 100 милиони луѓе. До 2050 година Бангладеш може да загуби околу 11 проценти

сашо КуЗМаноВсКи

Page 55: Porta3 170

екологија

18 ноември 2011 ПОРТА3 55

55

Неразвиените да преземат итни мерки за заштита од климатските промени

од својата територија, а тоа ќе погоди околу 15 милиони луѓе. Во Источна Европа и во Централна Азија аерозагадувањето може да го нагризе тешко постигнатиот економски прогрес. Ерменија, Бугарија и Романија се водечки во светот по број на смртни случаи од надворешното загадување на воздухот. Таџикистан и Киргистан водат во регионот по број на случаи од загадување на воздухот во домовите, посочува познатиот весник. Во Источна Европа и во Централна Азија фосилните горива учествуваат дури со 88 отсто во вкупната потрошувачка на

енергенси, додека употребата на обновливи извори на енергија во двата региони е на најниско ниво во светот. Јагленот е водечки ресурс за производство на електрична енергија, дури и во Полска и во Чешка, нации обврзани од Европската Унија до 2020 година да ги намалат штетните емисии за 20 проценти од нивото во 1990 година и да користат обновливи извори. За Македонија, како дел од Европа, во табелата 6 од Извештајот со наслов „Одржливост на животната средина“, се вели дека фосилните горива во вкупната потрошувачка на енергенси учествуваат со 84,2 отсто,

а обновливите видови енергија со 8,2 отсто. Во Македонија 7,1 отсто од граѓаните живеат на деградирана почва. Од вкупниот број анкетирани во овој документ, 54,8 отсто граѓани веруваат дека човекот ги предизвикува климатските промени, а 39,8 отсто граѓани се задоволни со преземените акции за заштита на животната средина. Дури 73 отсто од граѓаните се задоволни со квалитетот на воздухот во нивните средини, а 69,7 отсто се задоволни од квалитетот на водата, пишува во Извештајот. На Арабискиот Полуостров, проблемите со водоснабдувањето ги погодуваат дури 60 отсто од сиромашните. Обединетите Арапски Емирати, Катар, Бахреин и Саудиска Арабија трошат вода во количества кои го надминуваат одржливото користење за неколку пати. Народите на полуостровот страдаат од огромно урбано загадување и најмногу во светот

зависат од употребата на фосилни горива, посочува студијата.

позитивните приМери СтАнувААт Сè побројниИзвештајот сепак нуди и позитивни вести. Во Јужна Америка и на Карипските Острови јавната свест за климатските промени е висока, дури 95 отсто од луѓето во анкета одговориле дека глобалното затоплување е сериозна закана за средината, во споредба со светскиот просек од 68 отсто. Во Јужна Америка алтернативните горива заземаат една третина во вкупното снабдување со енергија, а Бразил води во светот како производител на етанол произведен од шеќер.Индија, Кина, Бутан и Виетнам ги зголемуваат површините под шуми наместо да ги намалуваат, како што е тренд во некои делови од светот. Сечењето на шумите во Амазонската прашума се намалило за 70 отсто од 2009 година.

Page 56: Porta3 170

ПОРТА 18 ноември 2011356

56

екологија

СОНЧЕВ ГРАД?!Во нашата држава, за жал, сè почесто станува пракса употребата на префиксот еко за каква било намена. Насекаде може да се забележат екопродавници, екопроизводи, екообјекти, екоматеријали, па дури и еконаселби и екосела. Но, реалноста е дијаметрално спротивна.

Сончев град“ е проект според кој била планирана изградба на елитна еколошка населба на локација

на јужните падини на планината Водно. Било планирано еко-населбата со Скопје да биде поврзана преку тунел под Водно. Иако минатата година имаше најави дека темелите на оваа прва еколошка населба во државата ќе бидат поставени, еве и после тринаесет месеци, во село Сопиште ништо не е започнато да се гради.

Од еколошката населба нема ни трага ни глас. На овој простор требало да се изградат 604 куќи на површина од 560.000 квадратни метри, 11 згради на површина од 50.000 квадратни метри, како и два спортски терени и неколку училишта и градинки. Претпоставките се дека во оваа населба би требало да живеат околу шест илјади луѓе. Градежните работи требаше да се одвиваат во две фази. Прво, да се изведат водоводната, канализациската и електричната мрежа, гасификацијата, јавното

осветление и улиците, а потоа да почне изградбата на куќите. Но, Уставниот суд на Република Македонија ја укина одлуката за донесување урбанистички план за село Сопиште, локалитет „Сончев град“, донесена од страна на Советот на општината уште во февруари 2008 година. Судот утврдил дека согласноста од Министерството за транспорт и врски била дадена по одлуката, а не за предлог-планот, а нацрт-планот бил изработен пред да се издадат услови за планирање на просторот.

Што има еколошко во „еколошката“ населба „Сончев Град“? Во повеќето од медиумите што известуваа за оваа населба, беа посочени детали за големината на просторот, односно за типот и бројот на куќи и згради, за цената на земјиштето што требало да ја плати најуспешниот понудувач Industrial Building Corporation од Израел (3.640 000 евра). Главните два адути со кои на оваа населба и е даден епитетот „еколошка“ се: сè уште незагадениот регион на јужните падини на планината Водно,

никола нЕШКосКи, дипл.инж.на жив.средина

/еко-менаџер

Page 57: Porta3 170

18 ноември 2011 ПОРТА3 57

57

екологија

и најавата дека на дел од објектите ќе бидат поставени сончеви колектори. И...? Толку. Во нашата држава, за жал, сè почесто станува пракса употребата на префиксот еко за каква било намена. Насекаде може да се забележат екопродавници, екопроизводи, екообјекти, екоматеријали, па дури и еконаселби и екосела. Но, реалноста е дијаметрално спротивна. Еколошката населба би требало да е составена од еколошки објекти, објекти кои се пријателски настроени кон животната

средина. Една еколошка куќа треба да е изградена на начин, кој намалува потрошувачка на енергија и создавање на отпад. Екокуќите го намалуваат штетното влијание на зградите врз здравјето на луѓето и врз квалитетот на животната средина преку подобар дизајн, конструкција, операции и одржување. Екокуќите се дизајнирани и изградени во хармонија со животната средина. Овој тип на куќи се карактеризира со 0% зависност од енергија добиена од необновливи извори.

Овој тип на куќи ја претставуваат иднината на човештвото. Многу студии покажале дека зградите се најголемите загадувачи на планетата, конзумирајќи повеќе од користената енергија во развиените земји, аналогно на ова произведувајќи повеќе од половина од стакленичките гасови во атмосферата, кои се главни виновници за климатските промени и појавата на глобално затоплување. Легислативата во Македонија би требало да е поригорозна во однос на дефинирањето на тоа кој и што

може да се карактеризира како „еко“. Поентата не е во тоа нешто да се карактеризира како пријателски настроено кон средината. Некои услови треба да се исполнат, некои услови кои се од голема важност и за животната средина, но и за луѓето. Екологијата е комплексна и рационална наука, наука преку која може да се остварат многу бизниси, но, да не дозволиме екологијата да служи само како алатка за правење на пари. Здравата животна средина треба да ни е на прво место, на сите нас.

План

ина

Водн

о

Page 58: Porta3 170

хортикултура

ПОРТА 18 ноември 2011358

58

нАпредни Методи зА зАтревувАње

Идеални тревници за кратко време

Покрај класичното сеење на семето, рачно или машински, постојат и други начини на подигнување тревници кои се далеку

поевтини и поефикасни (во светот, но не и кај нас). Станува збор за подигање на тревници со веќе изготвени тревни бусени (во ролни) и хидросеење

Филип ФиЛиПосКи, дипл.шум.инж.

Во еден од претходните броеви пишував за тревниците, начинот на нивно подигање и одржување. Инспириран од промената на тревникот кај арената Филип Втори во Скопје, во овој

текст ќе се осврнам малку на начините на подигање на тревници, што во наши услови не се толку застапени поради малиот пазар, а со тоа и високата цена на чинење, иако во светот тие се практика многу поевтина и поефикасна од стандардното сеење. Покрај класичното сеење на семето, рачно или машински, постојат и други начини на подигнување тревници кои се далеку поевтини и поефикасни (во светот, но не и кај нас). Станува збор за подигање на тревници со веќе изготвени тревни бусени (во ролни) и хидросеење.

Тревните бусени (во ролни) се користат на места каде што нема време за чекање за развој на тревата, туку сакаме да добиеме тревник за многу кратко време. Тревата во ролни се одгледува на огромни плантажи на посебен целосно механизиран начин. Во поранешна Југославија главен центар за производство на тревни бусени бил на подрачјето на Војводина. Начинот на подигање на овие тревници е многу едноставен. На претходно подготвениот терен ролните само се поставуваат и се фиксираат. Предноста на овој вид подигнати тревници е тоа што за многу кратко време се добива густ, рамномерен тревник и нема потреба од борба со плевели, инсекти, евапорација и сл. Најчесто се користат за спортски терени или на косини, со фиксирање на бусените со анкери за да се спречи ерозија.

Page 59: Porta3 170

хортикултура

18 ноември 2011 ПОРТА3 59

59

Хидросеењеето претставува современо модерно средство за сеење на тревните површини заради неговиот лесен начин на употреба и ефикасност. Тоа е процес во кој семето, водата, вештачкото ѓубре и влакнестиот мулч се мешаат заедно во резервоар и се нанесуваат на теренот преку распрскувач под притисок. Семето што се користи за хидросеење не е специјално. Може да се користат сите видови на тревни смеси кои се користат и при другите начини на сеење, со тоа што самите претходно одредуваме каква тревна смеса ќе употребиме за соодветното месторастење. Водата во смесата има дејство на транспортер. Исто така ја зголемува влажноста на почвата со што своевидно

претставува гаранција за сигурено 'ртење. Составот и количината на елементите на вештачкото ѓубре се одредува врз основа на педолошките карактеристики на почвата. Азотот игра клучна улога во фотосинтезата, фосфорот го стимулира растежот, калиумот ја стимулира јонската размена на хранливите материи, а магнезиумот е особено важен за постигнување на зелена маса. Мулчот има улога да го заштите семето, пред сè да ја намали евапорацијата, да го заштити семето од ветер, сонце како и од ерозија на почвата. Откога ќе никне семето мулчот се разлага, по што служи како прихранување на почвата. Хидросеењето претставува идеална метода

за борба против ерозивните процеси кај косите терени. Оваа метода за сеење на трева, овозможува брзина, комбинирана со совршено моделирање на терените. Имајќи го предвид сето горенаведено, хидросеењето нуди значителна флексибилност и голем опсег за сеење на тревни површини, при што се овозможува заштеда на пари, време и човечки ангажман. Ако има лесен достап до вода хидросеалката може да посее 5-6 хектари за еден ден со обучен тим од тројца работници. Овој метод сè повеќе се користи во нискоградбата, при изведба на патишта и во рударството од отворен тип. Прв пат кај нас е направено во рудникот за лапор во цементарницата „Усје“ во Скопје.

Page 60: Porta3 170

ПОРТА 18 ноември 2011360

60

арт инфо

лондон

цртежи на Силвија платЧетириесетина цртежи на познатата писателка Силвија Плат за прв пат ќе бидат изложени во јавноста во рамки на изложбата „Mayor Gallery” во Лондон. Силвија Плат во текот на целиот живот работела на бројни скици работени со хемиско пенкало и мастило. Колекцијата што ја наследила нејзината ќерка Фрида Хјуз, ја покажува нејзината страст и талент за сликање, како и релацијата меѓу нејзините песни и цртежи. Оваа врска особено се огледува на нејзината скица на пар чевли наречена „Стаклено ѕвоно“ која може да се поврзе со нејзиниот истоимен роман.

зАгреб

Сјајот на Франческа вон хабсбург Изложбата „Симболи на луксузот“, дел од збирката Тисен-Борнемиса, е отворена во Музејот на уметност и трговија во Загреб. На изложбата се претставени златарски ремек-дела, дел од приватната колекција на Франческа вон Хабсбург.Станува збор за 39 примероци од златарството помеѓу 15 и 19 век, односно од готскиот период, па сè до историцизмот. Изложени се и дела изведени во рококо стил. Збирката Тисен-Борнемиса настанала во текот на 4 генерации, чиј зачетник е Август Тисен, а во Загреб ќе биде поставена до 5 февруари следната година.

СКопје

реализмот на радмило поповскиВо Музејот на град Скопје е отворена изложбата „Ликовното творештво на Радмило Поповски“. На изложбата се презентирани над 40 цртежи, графики, акварели и масла на платно работени во периодот 1950-1986 година. Оваа изложба претставува ретроспективен преглед на едно долгогодишно творештво, кое досега не било презентирано на ниту една самостојна изложба. Радмило Поповски многу концентрирано работел во контекстот на сопственото ликовно уверување кое можеме да го определиме во рамките на реализмот. Поповски завршил Академија за ликовни уметности, отсек сликарство и графика, во Љубљана. Најповеќе се занимавал со графика, цртеж, сликарство, илустрација и дизајн на учебници, благодарници, плакети и значки. Учествувал во НОБ, за што добил орден „Заслуги за народ“. После завршувањето на студиите се посветува на едукативната дејност. Предавал историја на уметност и ликовно образование во периодот 1953-1980 во Учителската школа и гимназиите „Цветан Димов“, „Јосип Броз“ и „Орце Николов“.

подготви: Дејан БуЃЕВаЦ

Page 61: Porta3 170

3 61

61

18 ноември 2011 ПОРТА

занимливости

ПОДЗЕМНА ЗГРАДА ВО МЕКСиКО СиТиBNKR Arquitectura (Bunker arquitectura) е мексиканско студио за архитектура, урбанизам и просторно истражување, кое ја проектира првата подземна зграда во светот. Овој неверојатен проект треба да се реализира на главниот градски плоштад во Мексико Сити, Мексико. Зградата ќе биде со димензии 240х240 метри, ќе содржи 55 ката, ќе достигнува длабочина до 300 метри под површината на земјата, а плоштадот „Зокало“ под кој ќе се наоѓа, спаѓа во еден од најголемите плоштади на светот со површина од 57.600 м2. Содржински, зградата ќе биде поделена на 35 ката за канцеларии, десет за станбено домување, а останатите десет ката за музеј (Pre-Columbian museum). Кровот на подземната зграда всушност ќе претставува плоштад поплочен со стакло, преку кој ќе се овозможи продор на дневна светлина, и на него ќе може да се одржуваат концерти и други јавни настани. Исто така, чекорејќи по стаклениот под на плоштадот, луѓето ќе можат секојдневно да уживаат во артефактите што ќе се гледаат под стаклото. Основачот на BNKR Arquitectura, Естебан Суарез го објаснува создавањето на овој проект како недостиг на слободни површини во централното градско подрачје, забрана за уништување на историските градби, како и забраната за изградба на нови згради, кои ќе имаат повеќе од 8 ката. Па така, како единствено решение останува да се креира зграда под површината на земјата. „Со подземната зграда ќе биде сочуван плоштадот и постоечките згради околу плоштадот. Станува збор за пирамида превртена наопаку, чија внатрешност ќе понуди простор за вселување, природно осветлување и вентилација“, вели Суарез. И пирамидалната форма на подземната зграда не е случајна. Пирамидите се значаен дел од историјата на Мексико, и до ден-денес се зачувани дел од пирамидите на старите цивилизации. Всушност, Мексико Сити е како масивна повеќеслојна торта, модерна метропола изградена на темелите на старите колонијални градови, кои биле градени на врвовите од антички пирамиди втемелени во езеро.„Подземната зграда поминува низ остатоци од старите градови и на тој начин се откриваат нашите корени“, заклучува Суарез. Инаку, BNKR Arquitectura е релативно младо проектантско студио основано во 2005 година од страна на Естебан и Себастијан Суарез и освен овој неверојатен проект, можат да се пофалат со повеќе интересни реализирани проекти.

подготви: александра ПЕтРоВсКа,

дипл.инж.арх.

Page 62: Porta3 170

ПОРТА 18 ноември 2011362

62

совети

ПРЕГРАДЕН ПЛАКАР КАКО РЕШЕНИЕ

Мојот сопруг, ќерката тинејџер и јас живееме во комфорен трособен стан. Сопругот е универзитетски професор и бидејќи му е неопходна работна соба во која никој нема да му пречи и е поизолирана од бучниот дел на станот, нашата спална соба ја адаптиравме во работна, но сега не знаеме каде да ја сместиме спалната соба. Ве молиме за совет.

Семејство Николови, Скопје

Навистина, вашиот стан е комфорен, а делот за дневен престој е доволно голем за таму да се смести и мала спална соба. Решението треба да се бара во транспарентни лесни прегради кои нема да го оптоварат и деестетизираат просторот. Она што интензивно треба да се доживее во овој ентериер е решението

на преградната ѕидна површина меѓу дневната и спалната соба. Имено, просторијата за дневен престој преградете ја со плакар, кој ќе го дели просторот на спална и дневна соба, а воедно ќе се користи од двете страни. Од делот на спалната соба плакарот ќе се користи како гардеробен, а ќе биде со лизгачки врати во комбинација со огледала заради заштеда на просторот. Тој нема да завршува до таваницата туку ќе има надсветло. Од другата страна се прават полици и се остава место за телевизорот. За спалната соба изберете кревет со фиоки, со што ќе обезбедите дополнителен простор за складирање. Ѕидот во собата наспроти влезната шибер врата, прекријте го со релјефни тапети, кои оставаат впечаток на толчено стакло нанесено во подебел слој на ѕидот, така што под зраците светлината ќе сјае и необично ќе се прекршува.

Билјана стЕВКоВсКа-саВиЌ, дипл.инж.арх.

[email protected]

потоа

пред

Page 63: Porta3 170

18 ноември 2011 ПОРТА3 63

63

најчудни градби

МАЛЕЗИСКО ЕДРО КОЕ ЛЕБДИ НА СИНОТО НЕБО

Знаеме дека Азија е локација која го презема приматот кога е во прашање градежништвото. Без оглед дали се длабоко во внатрешноста или на перифериите, бројни држави

во континуитет нудат практични докази за човечката имагинација. Можеби религијата прокламира едни вредности во Малезија, но затоа технологијата и градежништвото ја воздигаат оваа земја насекаде во светот. Во главниот град Куала Лумпур, се наоѓаат најчудните кули-близнаци (Петронас), но тие не се тема на пишување. Напротив, во категоријата на најчудни градби влегува објект, кој е познат како Телеком Малезија. Официјалното име е Менара Телеком. Дизајнот е на архитектите од студиото „Хиџас Кастури Асосиатес“, a привлекува внимание бидејќи е работен според плодот на бамбусот. Плодовите се познати како „бамбу шотс“, поточно еден вид дебел и скратен клас, кој има широко тело,

а остар завршеток. Таква е и зградата на малезискиот телеком или Менара. Таа е висока310 метри и има 55 катови. Почнала да се гради во 1998 година, на прагот на новиот милениум, со цел да биде вовед во еден нов возбудлив период од развојот на Малезија. Тоа е воедно и златно време на напливот на модерната технологија во производните капацитети на оваа земја, заради што и врвот на самата компанија одлучил да направи објект кој ќе биде спој на традиционални обележја и модерна архитектура. Објектот е дизајниран така што претставува еден вид комбинација на три големи структурни површини, кои опфаќаат помеѓу 15 и 19 катови. Страничниот комплекс на основната оска на зградата го илустрира расцветаниот лист на плодот бамбу шот, а истото е поврзано со 22 огромни спој-тераси, на кои има парковски површини. Овие тераси се наоѓаат подеднакво од обете страни на објектот што наликува на ротирачко едро. За туристите и посетителите што не се запознаени

со инспирацијата за дизајнот, целата кула наликува на брод со две едра, од кои едното е скратено на врвот, бидејќи завршува со кружна платформа за хеликоптери.На некој начин, ова е една од првите градби која го најави еко-гарденинг моментот во архитектурата што сè повеќе зема замав. Суштината е на огромни облакодери да се прават градинарски структури, кои ќе бидат во функција на разубавување, но и промовирање на зелени зони во стаклено-челичните гиганти.Облакодерот е завршен во рок од три години, но сепак официјалното пуштање во употреба било дури во 2003 година. Во приземјето на објектот е лоциран и огромен кино театар со 2.500 седишта, огромна сала за молитва наречена „сурау“, и спортски центар. Карактеристично за овој облакодер е што спроти него се наоѓа најголемиот електричен преносен столб во Малезија наречен Керинчи пилон, кој е висок 210 метри, а е напревен како сингл структура различна од вообичаените столбови.

Драган РистоВ

Page 64: Porta3 170

ПОРТА 18 ноември 2011364

64

излогизлогНевообичаени

дизајни на мијалници во

форма на чаши од Artceram.

Page 65: Porta3 170

18 ноември 2011 ПОРТА3 65

65

подготви:сандра ДонЧЕВа тЕоХаРоВа,дипл.инж.арх.

Две фотелји, софа или кревет... Sosia ги претставува сите овие работи, спремна да се приспособи на секојдневните различни ситуации. Дизајнот е на Emanuele Magini.

Page 66: Porta3 170

ПОРТА 18 ноември 2011366

66

јавни набавки

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 150/2011

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА

ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ДОНЕСУВАЊЕ

ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА

ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИ СО НАМЕНА Б-1 “МАЛИ КОМЕРЦИЈАЛНИ И

ДЕЛОВНИ ЕДИНИЦИ“ КО ДОЛНА БЕЛИЦА, ОПШТИНА СТРУГА

ПРОГРАМАЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ГОДИШНАТА

ПРОГРАМА ЗА ИЗГРАДБА, РЕКОНСТРУКЦИЈА, ОДРЖУВАЊЕ

И ЗАШТИТА НА ДРЖАВНИТЕ ПАТИШТА ВО РЕПУБЛИКА

МАКЕДОНИЈА ЗА 2011 ГОДИНА

ЈАВЕН ПОВИКЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО ЗА ИЗГРАДБА НА АДМИНИСТРАТИВНО

– ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ И ПОДЗЕМЕН ПАРКИНГ ПРОСТОР

Податоци за јавниот партнер: Општина Ѓорче Петров, со седиште на ул. “Ѓорче Петров“ бб 1060 Скопје, Република Македонија.Контакт тел/факс: 00389 2 2039-307, 00389 2 2045-658, лице за контакт: Димитар Руменов.Јавно отворање на понудите на ден 10.01.2012 год.

ОБЈАВАЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ЛЕСНА И

НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА, ВО ОПШТИНА ВАСИЛЕВО

Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 29.11.2011 година на адреса на министерството за транспорт и врски: ул. “Црвена Скопска Општина“ бр. 4, во Скопје.Јавното наддавање ќе започне на 07.12.2011 година, во 11:00 часот.

ОБЈАВАЗА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ДАВАЊЕ

ПОД ДОЛГОТРАЕН ЗАКУП ЗА ПЕРИОД ОД 20 ГОДИНИ НА ГРАДЕЖНО НЕИЗГРАДЕНО

ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 29.11.2011 година на адреса на министерството за транспорт и врски: ул. “Црвена Скопска Општина“ бр. 4, во Скопје.

ОБЈАВАЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА ПРОБИШТИП

Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 28.11.2011 година на адреса на Општина Пробиштип, ул. “Јаким Стојковски“ бр. 1 во Пробиштип.

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 18/2011Назив на договорниот орган:БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје, бул. “8-ми Септември“ бб, 1000, Скопје.

ПРЕДМЕТ:Изработка на основен и изведбен проект за изградба на рекреативен аква парк во состав на Пливачкиот базен во комплексот на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје.Контакт тел/факс: 071 248-951, лице за контакт: Роберта Теова.Јавно отворање на понудите на ден 22.11.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 151/2011

УРЕДБАЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА ЗА

МЕТОДОЛОГИЈА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ВРЕДНОСТА НА СТАНОТ, КАКО И МЕТОДОЛОГИЈАТА ЗА УТРВДУВАЊЕ

НА ВИСИНАТА НА ЗАКУПНИНАТА, ВИСИНАТА НА НЕПРОФИТНАТА

ЗАКУПНИНА, НАЧИНОТ НА ПЛАЌАЊЕ НА ЗАКУПНИНАТА, ПРОСТОРНИТЕ НОРМИ, НАЧИНОТ НА КОРИСТЕЊЕ

НА СТАНОТ, ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НЕПРОФИТНИ

СТАНОВИ, СТАНОВИ ЗА СЛУЖБЕНИ ПОТРЕБИ, ЗА ПРИВРЕМЕН ЗАКУП

И ЗАКУПОТ НА СТАНОВИ ЗА ОПРЕДЕЛЕНА НАМЕНА

ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ

ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА УРБАНИСТИЧКИ

ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО ЗА ИЗГРАДБА НА СТОПАНСКИ КОМПЛЕКС-КОМЕРЦИЈАЛНИ И

ДЕЛОВНИ НАМЕНИ, ПРОИЗВОДСТВО И СЕРВИСИ, КО БАШИНО СЕЛО, ОПШШТИНА ВЕЛЕС

ПРОГРАМАЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА

ПРОГРАМАТА ЗА ИЗГРАДБА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ОСНОВНИ

УЧИЛИШТА ЗА 2011 ГОДИНА

ПРОГРАМАЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА

ПРОГРАМАТА ЗА ИЗГРАДБА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СРЕДНИ УЧИЛИШТА ЗА 2011 ГОДИНА

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 25-2298/4/2011Назив на договорниот орган:Општина Кочани, ул. “Раде Кратовче“ бр. 1, 2300, Кочани.ПРЕДМЕТ:Изградба на фонтана во трговски центар во општина Кочани.Контакт тел/факс: 033 274-001, 033 273-542, лице за контакт: Силвана Благонова.Јавно отворање на понудите на ден 28.11.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 153/2011

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА

ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА

ДРЖАВНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА 110 КВ ДАЛНОВОД ТС СКОПЈЕ 1-ТС ЈУГОХРОМ –ТС ТЕТОВО 1-ОПШТИНА

БУТЕЛ, ШУТО ОРИЗАРИ, ЧУЧЕР САНДЕВО, ЃОРЧЕ ПЕТРОВ, САРАЈ,

ЈЕГУНОВЦЕ, ЖЕЛИНО И ТЕТОВО

ОБЈАВАЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО

ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

Пријавите за учество на јавното наддавање за градежната парцела бр. 3.01 м.в “Смрека“ КО Богородица, можат да се достават дп 15.12.2011 година на адреса на општина Гевгелија, ул. “Димитар Влахов“ бр. 4, во Гевгелија.

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 01-192/2011Назив на договорниот орган:АД Електрани на Македонија – Скопје, ул. “11 Октомври“ бр. 9, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изработка на физибилити студија за развој на скијачкиот центар Крушево.Контакт тел/факс: 02 3149-162, 02 3111-309, лице за контакт: Соња Наумоска.Јавно отворање на понудите на ден 28.11.2011 год.

БРОЈ: 35/2011 Назив на договорниот орган:ЈП Улици и Патишта – Скопје, ул. “Коле Неделковски“ – 38, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Реконструкција на работни простории.Контакт тел/факс: 3162-317, 3162-744, лице за контакт: Василка Николовска.Јавно отворање на понудите на ден 28.11.2011 год.

БРОЈ: 38/2011Назив на договорниот орган:Радовиш – орган на општината, бул. “Александар Македонски“ бб, 2420, Радовиш.ПРЕДМЕТ:Набавка за изградба на парапетни ѕидови покрај ивичњаците на зелениот појас на бул “Александар Македонски“ во град Радовиш.Контакт тел/факс: 032 635-098, 032 630-290, лице за контакт: Елизабета Кирилиева Коцева.Јавно отворање на понудите на ден 28.11.2011 год.

БРОЈ: 03-147/2/2011 Назив на договорниот орган:ЦСНО “Здравко Чочковски“ – Дебар, ул. “Урфи Аголи“ бр. 5, 1250, Дебар.ПРЕДМЕТ:Изградба на објект на Гимназијата ЦСНО “Здравко Чочковски“ – Дебар.Контакт тел/факс: 046 831-625, лице за контакт: Ќамил Марку.Јавно отворање на понудите на ден 28.11.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 154/2011

ИСПРАВКА НА ОБЈАВИЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО

ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ

ИСПРАВКА НА ОБЈАВИЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО

НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ВИНАРИИ ВО ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 155/2011

ОБЈАВАЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО

ЗЕМЈИШТЕ, СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Пријавите за учество на јавното наддавање за градежно земјиште со намена за изградба на објекти за индивидуално домување (табела бр. 1) можат да се достават до 30.11.2011 година на адреса на општина Кочани.

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 63/2011Назив на договорниот орган:Министерство за образование и наука, ул. “Мито Хаџи Василев Јасмин“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Вршење на квалитативен и квантитативен стручно технички надзор од прва плоча (0,00) на инвестициона градба на ново основно училиште во населено место Реонски центар, Општина Аеродром, Скопје.Контакт тел/факс: 02 3220-113, 02 3118-414, лице за контакт: Игор Николоски.Јавно отворање на понудите на ден 02.12.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 156/2011

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 29/2011Назив на договорниот орган:Служба за општи и заеднички работи на Владата на Репбулика Македонија, ул. “Кузман Јосифовски Питу“ бр. 17, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изведување на градежни работи за изградба на подземна гаража.Контакт тел/факс: 2465-225, лице за контакт: Соња Полизовска.Јавно отворање на понудите на ден 01.12.2011 год.

БРОЈ: 01-202/2011Назив на договорниот орган:АД Електрани на Македонија – Скопје, ул. “11 Октомври“ бр. 9, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изработка на геодетски елаборат со нумерички податоци за премер на габарит и етаж за објектите на ХЕЦ Маврово со површина од 50 211 м2.Контакт тел/факс: 02 3149-138, 02 3111-309, лице за контакт: Наде Андонова.Јавно отворање на понудите на ден 06.12.2011 год.

БРОЈ: 167/2011Назив на договорниот орган:Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изработка на инвестиционо техничка документација на ниво на основен проект за подземна сообраќајница од мостот “Гоце Делчев“ до “комплекс банки“, заедно со потребните сообраќајници за влез и излез.Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска.Јавно отворање на понудите на ден 03.01.2012 год.

Page 67: Porta3 170

18 ноември 2011 ПОРТА3 67

67

рубрика

Page 68: Porta3 170