Download pdf - pretpriemac br.11

Transcript
Page 1: pretpriemac br.11

7ДОКОЛКУ СИТЕ НИЕ

ДОНЕСЕМЕ ДОБРИ ЕТИЧКИ ОДЛУКИ, НЕМА ДА БИДЕМЕ

ЗАГРИЖЕНИ ЗА КОРУПЦИЈАТА

BESPLATEN ПРИМЕРОК

2

4

6

8

ПРЕТПРИЕМАЧ.МКНекомерцијално издание Година 1 Број 11 Ноември 2010Излегува еднаш месечно

ГЛОБАЛНИТЕ ПРОБЛЕМИ

БАРААТ ГЛОБАЛЕН

ПРИСТАП

КРЕИРАЊЕ КУЛТУРА НА

АНТИКОРУПЦИЈА ВО ПРИВАТНИОТ

СЕКТОР

Останете чесни и така ќе останете во бизнисот!

[2]

Одговорно претприемништво за

млади [4]

КОРУПЦИЈА ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ

НЕМАМЕ ЕФИКАСЕН СИСТЕМ ЗА

БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА

“Претприемачите не се раѓаат, тие се создаваат. Претприемништвото е вештина која може да се научи како секоја друга. Затоа Глобалната недела на претприемништвото е од витално значење токму сега. Да ги инспирира илјадниците луѓе да ги извршуваат своите идеи, да креираат нови работни места, и да се изгради глобална амбиција како помеѓу младите луѓе, така и помеѓу сопственици на бизниси. “ - Питер Џонс, претприемач и претседател на Entreprice UK.

Саше ДИМОВСКИ, новинар

Во Законот за спречување на корупцијата само во два члена е спомената корупцијата во приватниот сектор и можеби тука треба да се бара одговорот зошто не е детално регулирана областа за да може да зборуваме и за конкретни случаи. Пријави нема и очекувано е да нема, бидејќи станува збор за два трговски субјекти на кои не им одговара да го пријават случајот и премолчено се согласуваат со таквиот начин на

работа. Во таква ситуација новинарите немаат сигурен начин и можност да дојдат до соодветни докази и документи, што е услов за пишување или за истражување одреден случај. За корупција во приватниот сектор може да се добијат одредени сознанија само во случај доколку акционери или содружници во одредена компанија алармираат за незаконско постапување на нивните партнери. Но таквите случаи се толку ретки и тие немаат голема јавност.

Важен сегмент зошто во медиумите не се појавуваат извештаи и за овој вид корупција е прашањето на финансиска зависност на медиумите токму од рекламирањето на големите и моќни компании. Една од целите на маркетинг-соработката помеѓу финансиски моќните компании и медиумите е и делот на премолчен договор за ненапаѓање.

За жал, во овој дел на Европа огласувачите сè уште закупуваат простор во медиумите за да ја обезбедат својата комоција за ненапаѓање во јавноста, отколку вистинска намера својот производ да го направат подостапен за пошироката публика преку соодветниот медиум.

Во такви случаи не може да стане збор за храбри новинари што би истражувале корупција во приватниот сектор. Нераскинливата моќ помеѓу огласувачите и зависноста на информацијата што не смее да се пласира за нив, односно

hДали е корупција ако одредена компанија

плати, уцени или на друг начин издејствува во

одреден маркет, кафуле, продажен штанд да се продаваат или служат

само нејзини производи и ниту на една друга

конкурентска компанија?

g

против нив, ги уништува креативниот дух, истражувањето, владеењето на правото, пазарот и пазарната моќ.

ПР-стратегиите на приватните компании се насочени кон купување медиумски мир, а не кон нудење на своите производи.

Секое чепкање во оваа тема обично завршува со пријави против новинарите. И тука се затвора кругот. Нема иницијатор што ќе прозбори за корупцијата помеѓу приватниот сектор, просторот за истражување и пласирање информации е максимално стеснет, а новинарите се соочени со моќта на компанијата, која ги притиска со судски постапки.

Во такви услови ситуацијата може да ја променат само даночните инспекции, кои треба да утврдат од каде потекнуваат црните пари што во готово се исплатуваат во корупциски случаи. Или, пак, истите формално се покриваат со разни договори за „интелектуални” договори. И да не заборавиме, и во приватниот сектор за корупција се потребни двајца. Едниот секогаш има поголем ќар, а другиот помал зијан. А за колективната штета може да зборуваме откако ќе станеме свесни дека проблемот навистина постои. Дотогаш честењето, процентот и провизиите во приватниот сектор и натаму ќе ги гледаме како нормална работа! n

Дали е корупција ако одредена компанија плати, уцени или на друг начин издејствува во одреден маркет, кафуле, продажен штанд да се продаваат или служат само нејзини производи и ниту на една друга конкурентска компанија? Дали монополската позиција на одредена компанија на пазарот не е плод на одредени корупциски однесувања? Дали не е корупција

кога една фирма & плаќа одреден надомест на друга само за да се откаже од постапките на јавни набавки и тендери или да не се жали?

Секако во овие, но и во многу слични македонски примери можеме да зборуваме за корупција во приватниот сектор, и тоа многу поголема од таа што е предмет на колективна перцепција и е насочена кон државните и јавните службеници и носителите на функции.

Но ниту законски е доволно покриен овој аспект на проблемот што би можел да се санкционира, ниту перцепцијата на јавноста е насочена во тој дел дека има корупција во приватниот сектор, која може да има исто така големи последици. Кај нас, сè уште се смета дека е нормално бизнисмените да платат, да „подмачкаат”, да подмитат само за да дојдат до одредена повластена позиција и поголем профит.

Истрагата на германското обвинителство за корупција во Македонија од страна на Дојче телеком, со што би си обезбедиле монополска позиција, јасно покажува на што сè се подготвени големите компании што парите ги насочуваат кон функционери, но и кон поединци и фирми што во одреден период одлучуваат за важни прашања, прават ревизии, финансиски извештаи.

Но зошто не се зборува јавно и за овој феномен на корупцијата и не се пишува на оваа тема?

Глобална недела на претприемништвото е свет-ско движење на претприемачи, на која милиони луѓе ги ослободуваат своите претприемнич ки таленти и ги претвараат своите идеи во реалност. Глобалната недела на претприемништво е најголемиот светски настан за промоција на претприемништвото помеѓу младите луѓе. Во текот на една недела, од 15-21 ноември 2010, милиони луѓе ќе учествуваат во настаните организирани од илјадници организатори во

стотици градови во светот. Целта е да се создаде новата генерација на претприемачи во светски рамки, со тоа што ќе се инспирираат младите преку активности во своите училници, работни средини и на интернет. Минатата година имало над 32.000 настани спроведени во 88 земји, на кои присуствуваа повеќе од 7,5 милиони луѓе.

Глобалната недела на претприемништво е првата интернационална прослава на претпри-емништвото воопшто. Претприемачите се актив-ни кога сите други спијат. Тоа се луѓето кои ќе креираат компании, кои создаваат нови работни места и прават се економијата постојано да се движи.

Илјадници активности, стотици настани, во повеќе од 75 земји во светот – сe со цел да се инспирираат младите луѓе да бидат иновативни, имагинативни и креативни и да се охрабрат да размислуваат за „големата слика”, да ги претворат своите идеи во реалност и да остават свое обележје во светот. Да бидат оние кои ќе прават нешто, ќе создаваат, а не оние кои само ќе набљудуваат.

Во 2008, кога Глобалната недела на претпри-емништво беше организирана за прв пат, тоа беше најголемиот настан поврзан со претприемништвото некогаш организиран во Македонија. 70 настани, во 10 градови, за само

Нема или не ја гледаме корупцијата во приватниот сектор?

ЧЕСТЕЊЕТО Е „НОРМАЛНА“ РАБОТА ВО БИЗНИСОТ

една недела, направија Македонија да биде дел од семејството составено од 75 земји во светот, организатори на Глобалната недела на претприемништво. Во 2009 година, Глобалната недела на претприемништво го зголеми бројот на настани и да донесе успешни лица од бизнис секторот од Македонија и странство, со што допре до голем број на луѓе и успеа да привлече преку 10.000 посетители, промовирајќи се како еден од најуспешните настани одржани во Македонија.

Глобална недела на претприемништво почна како недела на претприемништво во Велика Британија назад во 2004 година. Кога веста за феноменален успех на Недела на претприемништво во Велика Британија се прошири низ светот, многу други земји се возбудија на потенцијалот на водење слични иницијативи во сопствените земји.Така во 2008 година, Enterprise UK и на Фондацијата Kauffman (најголемата прет приемничка фондација во светот со седиште во САД) ја основа првата Глобална недела на претприемништвото. “Успешните и иновативните бизниси се извор на енергија на секоја заедница. Време е во Македонија да работиме активно и континуирано на развојот на идната претприемничка генерација која ќе биде двигател на општиот економски развој “ - Љупчо Деспотовски, Извршен директор на ПСМ Фондација (локален организатор на Глобалната недела на претприемништво). n

Глобална недела на претприемништво 2010ПСМ Фондација

Page 2: pretpriemac br.11

2 Број 11 | Ноември 2010

Емилија Тасева, магистер по меѓународно и европско право при Универзитетот во Амстердам, Холандија, раководител на одделение за ЕУ во Министерството за правда

Глобалните проблеми бараат глобален пристап - меѓународни стандарди за превенција на корупцијата во приватниот сектор

Глобализацијата на економските, политичките и на социјалните односи генерира развој на меѓународни правни акти за спречување на корупцијата. Како резултат на препознавањето на корупцијата од страна на државите како проблем кој им штети на демократските институции, правната држава и економскиот развој и кој е поврзан со други форми на организиран и економски криминал се утврди и потребата од глобален и мултидисциплина-рен пристап за справување со истиот. Активностите во Европската Унија за јакнење

на единствениот заеднички пазар, придонесоа за зголемување на прекуграничната трговија со добра и услуги, а со тоа и транснационалниот криминал. На корупцијата во приватниот сектор во земјите-членки на ЕУ престана да се гледа како национален проблем, туку веќе како на проблем што треба да биде предмет на заедничка акција на Европската Унија.

Превенцијата и борбата против корупцијата долго време претставуваат приоритет за ЕУ. Голем број правни инструменти за справување со корупцијата беа усвоени од страна на заедницата од 1995 година до денес, во кои спаѓаат: Конвенцијата за заштита на финансиските интереси на Европските заедници од 1995 година и дополнителните протоколи, Конвенцијата за борба против корупцијата на службени лица на Европските заедници или службени лица на земјите-членки на ЕУ од 1997 година. Постепено, вниманието се свртуваше кон приватниот сектор како резултат на што беше усвоена Заедничка акција за корупција во приватниот сектор од 22.12.1998 (98/742/ЈНА), која претставуваше прв чекор за справување со ефектите од корупцијата врз единствениот внатрешниот пазар и меѓународната трговија. Оваа акција подоцна се замени со Рамковна одлука на Советот на Европската Унија 2003/568/ЈНА од 22.7.2003 за борба против корупција во приватниот сектор. Земајќи предвид дека рамковните одлуки на Советот се обврзувачки за државите-членки само во поглед на резултатот што треба да се постигне, додека им се остава на националните влади да ги изберат формата и методите на имплементација, ваквите акти не имплицираат директен ефект и нивното спроведување се покажа како бавен процес со разлики во примената во различни земји-членки. Ваквата слабост е констатирана и од страна на Европската комисија во извештајот од 18.6.2007, во кој имено се наведува дека четири години по донесувањето на Рамковната одлука на Советот

„транспонирањето на одлуката е сé уште во рана фаза на имплементација”. Во извештајот се поддржуваат земјите-членки да продолжат со активностите за борба против корупцијата, особено поради значењето што му се придава на овој проблем и во Кривичната конвенција против корупција од 1999 година на Советот на Европа и Конвенција против корупција од 2003 година на Обединетите нации кон која подоцна пристапи и Европската заедница со одлука на Советот на Европска Унија од 25.9.2008 (2008/801/ЕЦ).

Обединетите нации исто така го воочија проблемот на корупција во приватниот сектор, меѓутоа усвоената Конвенција против корупција (UNCAC 2003) не ги обврзува државите страни да утврдат кривични дела за корупција во приватен сектор (член 12). Опсегот на конвенцијата е ограничен само на охрабрување на државите да преземат мерки за превенција на корупција во приватен сектор, да ги зајакнат сметководствените и ревизорските стандарди, да ја охрабрат транспарентноста како и да предвидат граѓански, управни или кривични санкции за нивно прекршување.

Од друга страна, Советот на Европа разви различни мерки и инструменти кои опфаќаат различни аспекти на корупцијата меѓу кои Граѓанската конвенција против корупција и Кривична конвенција против корупција од 1999 година. Кривичната конвенција вклучува одредби за корупција во приватниот сектор (активен поткуп – член 7 и пасивен поткуп – член 8). Во согласно член 7 и 8 „секоја држава-страна ќе усвои законски и други мерки неопходни за утврдување на кривични дела согласно домашното право за акти кога со умисла во рамки на бизнис-дејност, се ветува, нуди или дава, се бара, или прима, директно или индиректно каква било корист за лицата што управуваат или работат во приватниот сектор за нив самите или за некој друг со цел дејствување, воздржување од дејствување и повреда на нивните должности”.

Кога ќе се соочат со горенаведениот наслов, повеќето луѓе помислуваат на големи компании кои ги поткупуваат своите клиенти или вла-дините службеници за да добијат големи зделки. Од оваа гледна точка, обичниот прет-приемач не се гледа себеси никако поврзан со ова прашање.

Јас конкретно сум бил сведок на голема корпо-ративна корупција, каде што луѓето плаќаат мито за бизнис-зделките и каде што се поми-нува низ сите кандидати што се пријавиле на тендерот, и покрај тоа што веќе одлучиле договорот да го склучат со својот пријател.

Но сепак корупцијата во приватниот бизнис е многу повеќе одошто се дефинира на зборови. Корупцијата се однесува на низок морален стандард, недостиг на интегритет и злоупотреба на позицијата на поединецот заради лична корист. За жал, постојат сфери каде што претприемачот може да биде исто толку корумпиран колку и мултинационалната корпорација.

Кога еднаш моралот и корупцијата се напуш таат, тогаш лагата претставува норматив и желбата за лична корист, зема преседан над потребата да се обезбедат добри производи и услуги на клиентот.

Секако, секој претприемач со кој зборувам вели дека потрошувачот треба да се стави на прво место. Како и да е, еве неколку примери за тоа што направиле претприемачи што ги познавам додека сè уште тврдат дека се однесуваат етички и додека сè уште ги озлогласуваат големите бизниси како корумпирани.

Најпрво имаме финансиска корупција. Еден од големите проблеми за новите претприемачи е оној со паричните текови. Тие секогаш се опсесивни да ги соберат сите пари што некој им ги должи. Како и да е, кога доаѓа момент за плаќање на нивните набавки, тогаш доаѓаат познатите лаги од типот „чекот се наоѓа во пош-та” и слично. Ова не само што создава поинак-ва слика за компанијата, туку исто така значи и дека моралот и интегритетот се жртвувани заради измама кон чесните добавувачи.

Финансиските проблеми стануваат полоши кога се бараат парични фондови од клиентите да бидат задржани како некоја форма на идно плаќање. Знам за бизниси кои им нудат услуги за отплата на вработените на своите клиенти, а потоа им ги фактурираат даноците на доход задржувајќи ги сè додека не се намири услугата. Како и да е, за да ги олеснат паричните текови, тие ги користат тие пари за својот бизнис, така што тие пари не се слободни кога треба се плати сметката на клиентот.

Последниот и најсериозен тип на финансиска корупција е практиката на трговски банкрот. Со други зборови, вие продолжувате да набавувате репро-материјали и услуги додека сè уште прифаќате понуди за работа со своите клиенти, а знаете дека можеби нема да можете да платите за она што сте го набавиле, ниту пак да ја изведете работата за клиентот. Ова е како да играте во казино и со вашите клиенти и со добавувачите истовремено.

Пред да преминам на маркетинг-корупцијата, да погледнеме малку на прашањето во врска со митото. Колку од претприемачите ќе ја скратат цената за да го убедат клиентот да ја купи нивната услуга или производ? Со други зборови, колку од вас можат искрено да кажат дека не платиле таков тип мито, туку претпочитале да го продаваат производот врз основа на него-вите карактеристики и придобивки од него?

Маркетингот има своја форма на корупција. Многумина го гледаат маркетингот како кре-ативна уметност која охрабрува преуве личу-вање и искрени лаги. Претприемачите се винов-ни исто колку и големите маркетинг-компании за отфрлање на својот интегритет и морал и за да добијат некоја зделка. Претприемачите најпрво треба да погледнат во сопствените брошури, рекламни пораки и веб-страници и да се прашаат колку од она што го напишале би можело да помине како точно да детекторот за лаги.

Познавам компании кои јасно тврдат дека иако се нова компанија, сепак имаат години искуство во индустријата на работење. Еднаш бев предизвикан во фризерски салон на оваа тема, со тоа што фризерката тврдеше дека таа самата се потстрижува со години! Ако е така,

тогаш јас сум автомеханичар!

Друг омилен трик е да се поставуваат сведоштва во литературата или веб-страниците. Како и да е, не се сите референци оригинални, и дури иако тие можат да се однесуваат на одредени компании, тие често доаѓаат од пријатели и роднини.

Концептот за референците може да биде проширен со дозволување на луѓето да ставаат коментари на веб-страниците. Како и да е, постојат компании кои веднаш штом добијат лош коментар, тие самите измислуваат добар и го ставаат на нивната веб-страница.

Друг омилен пример за мамењето во практиката е ставањето фотографии на веб-страницата, кои подразбираат одобрување што не постои. На пример, може да се стави фотографија од некоја позната личност во јавниот домен и со тоа да се имплицираат одредени работи во врска со вашиот производ или услуга. Поради големината на Интернетот, оваа ситуација може да помине незабележано за одреден период.

Сигурно може да се сетите на уште многу вакви примери од вашата практика каде што се користат,,мали лаги”. Но веднаш штом почнете

Роxер Коудри, интернационален консултант од Англија

Останете чесни и така ќе останете во бизнисот!

Република Македонија ја ратификуваше Кри-вичната конвенција за корупција (ЕТС 173) на 28 јули 1999 година, која стапи во сила на 1 јули 2002 година и Дополнителниот протокол со што пристапи кон усогласување на националните правила со одредбите од конвен-цијата. Измени и дополнувања на Кривичниот законик1 беа усвоени во септември 2009 година со цел, меѓу другото, да се усогласат повеќе одредби што се однесуваат на корупцијата. Согласно Кривичниот законик, елементите на кривичното дело Поткуп на домашни службени лица исто така важат и за Поткуп во приватниот сектор, истите се криминализирани со членот 357 (пасивен поткуп) и 358 (активен пот-куп). Со одредбите се казнуваат делата на па-сивен и активен поткуп во приватниот сектор, односно, ако делото е сторено и се однесува на стекнување, користење или одземање права дефинирани со закон од страна на одговорни лица или лица со специјални овластувања во правното лице за да се стекне корист или да се предизвика штета на друго лице.

Во последниот извештај за евалуација на РМ од Март 2010 на ГРЕКО (Група на држави против корупција при Совет на Европа, задолжена за следење на стандардите

1 „Службен весник на Република Македонија” број 37/96, 80/99, 4/2002, 43/2003, 19/2004, 60/2006, 73/2006, 7/2008, 139/2008 и 114/2009

на против корупција) се констатира дека „Република Македонија прави важни напори за да ги пренесе стандардите од Кривичната конвенција за корупција и нејзиниот Дополни-телен протокол”. Воедно се истакнува дека во областа на корупција или поткуп во приватни-от сектор, согласно современите тенденции во меѓународното право треба да се обезбеди „законската регулатива што се занимава со пот-купот во приватниот сектор на недвосмислен начин да го опфати целиот спектар на лица што управуваат или работат во кое било својство за организации од приватниот сектор”, не само одговорните лица туку сите можни сторители на поткуп, како што се вработени на пониска позиција кои немаат управувачки овластувања или должности. Се очекува понатамошен развој на нормативната рамка во насока на ГРЕКО-препораките, но легислативата прет-ставува само основа за ефикасна борба против корупцијата. Коруптивните дејства континуирано растат во обем и комплексност и е неопходен системски пристап за справување со причините и ефектите од истата преку имплементација на законската рамка соглас-но најдобрите практики, јакнење на институ-ционалните капацитети за превенција, откри-вање и гонење дела на корупција, како и зго лемување на јавната свест и одговорност кај граѓаните за негативните последици од корупцијата и механизмите за нејзино спре-чување. n

h

Глобализацијата на економските, политичките и на социјалните односи генерира развој на меѓународни правни

акти за спречување на корупцијата

g

да го обележувате недостигот на морал и интегритет преку овој начин, почнува вашиот пат кон корупцијата. Колку една лага треба да биде голема, пред да се прогласи за неприфатлива! Може да додадеме дека, доколку сакате да имате успешен бизнис, ниедна лага не треба да биде прифатлива. Луѓето купуваат од луѓето, додека луѓето купуваат од измамниците само еднаш. Бизнисот е процес на обострана корист помеѓу продавачот и купувачот. Во случајот кога ќе почнете да применувате практики кои се само во ваша корист, деловниот однос ќе се уништи.

И за крај, едно лично искуство за тоа како за малку ќе станев жртва на корумпиран бизнис. На една веб-страница за деловно поврзување ми пристапи еден човек наводно од Дубаи. Се чинеше дека е на чело на некоја голема компанија и сакаше консултација во врска со бизнис-инкубаторите. По мојата првична реакција, бев упатен до неговиот адвокат во Велика Британија, кој побара предлог за градење бизнис-инкубатор и анализа на потребните трошоци. Веднаш добив одобрување на предлогот и финансиите, иако не поднесов анализа за потребните трошоци. Тој исто така побара детални податоци за мојата банка. По брзата проверка на Интернет, се покажа дека тој е личност која е специјалист во кражби на идентитети. Брзо го пријавив во полицијата во Велика Британија за да можат да преземат соодветни акции.

Затоа, бидете внимателни не само околу тоа што вие го правите, туку и околу она што другите можат вам да ви го направат. Моето искуство ми покажа дека лицето што многу лесно можете да го измамите е всушност измамник. Останете чесни и така ќе останете во бизнисот. n

h

Кога ќе се соочат со горенаведениот наслов,

повеќето луѓе помислуваат на големи компании кои ги

поткупуваат своите клиенти или вла дините службеници за

да добијат големи зделки. g

h

Секако, секој претприемач со кој зборувам вели дека потрошувачот треба да се стави на

прво место. g

Page 3: pretpriemac br.11

3 Број 11 | Ноември 2010

И на младите не им е сеедно! Младински движења за легалност и за антикорупција

Нина Павловска, претседател на ЗГ Младите можат, членка на ФЛАРЕ-мрежата за слободи, права и за легалност во Европа

Младите луѓе, како и сите други групи од општеството, се засегнати од нелегалност и од корупција во приватниот и во јавниот сектор. Многу често поради недостигот од искуство и знаење како да се справат во ситуација на мито и корупција стануваат жртва на помоќниот, принудени да го дадат митото или да дејствуваат на друг начин нелегално. И покрај тоа што се важен потенцијален двигател на општествените промени, младите луѓе не се гледаат себеси како активен актер, кој може

y Имаш бизнис идеја? y Разработен бизнис план? y Немаш простор за

започнување со бизнисот?

(Цената се однесува на метар квадратен и во неа не е вклучен ДДВ)

Шшо добиваш? -Комплетно опремена канцеларија за само

Аилицирај

за швоја канцеларија!

--

Заиочни го швојош бизнис денес!

- --

y многу ниска цена за месечна кирија

y редовни консултации со експерти во одредена област

y организирани обуки, тренинзи и семинари по бенефицирани цени

y голема промоција на твојата компанија

y остварување контакти со сите компании во инкубаторот и многу други

Која е иредносша да изнајмиш канцеларија во бизнис инкубашорош?

--

- -

desi

gn: w

ww

.kom

a.co

m.m

k

Информирај се иовеќе на

www.yesincubator.org.mk www.pretpriemac.mk

www.gew.com.mk

-

6 €

да придонесе кон борбата против криминалот и корупцијата. Особено кај нас во Македонија, едноставно, ниту самите тие ниту пак заедницата очекува од нив да превземат некаква акција. Таквите зафати им се оставени единствено на полицијата и на државата. Мислам дека ваквото потценување дека ние младите не можеме да промениме нешто кај нас во поглед на борба против криминалот и корупцијата претставува илузија. Постојат многу искуства од другите земји каде што се докажува токму спротивното, дека на младите не им е сеедно!

Сè почна со една пријателска средба во летото 2004 година, кога група млади луѓе фантазираа да отворат кафуле во својот град Палермо, Сицилија. Конструирајќи ја финансиската рамка и регуларните трошоци еден од нив рече: „Што ако тие бараат од нас пицо?”. Во Сицилија пицо (pizzo) претставува синоним на поимот рекет или мито, кое на сопствениците на малите и на поголемите бизниси им е наметнато како данок

од страна на мафијата. На ваков начин мафијата во Сицилија се стекнува со моќ и ја доведува територијата под своја контрола. Ден по оваа дискусија, Палермо се разбуди во различна состојба од претходната ноќ - по целиот град, ѕидовите, канделабрите и телефонските кабини беа залепени етикети и постери што велеа: Сите луѓе што плаќаат пицо се луѓе без дигнитет.

Младите луѓе што го направија ова, иако уплашени дека го изложуваат сопствениот живот на ризик, беа сигурни дека постапуваат правилно застанувајќи зад принципите на легалност. Не очекуваа да привлечат толку многу влијание, но реалноста резултира со

голема поддршка од локалното население. Тие ја издигнаа свесноста и го свртеа вниманието кон оваа негативна појава во нивното општество и ги допреа купувачите, муштериите со нивната порака дека доколку купуваш од локал што плаќа пицо, твоите пари завршуваат во рацете на мафијата. Така се роди комитетот Адиопицо (Addiopizzo) во Сицилија.

Откако успеаја да го привлечат вниманието на јавноста, овие млади луѓе најдоа нова стратегија да се борат против корупцијата и мафијата во својата заедница. Тие го измислија т.н. „промислено купување против пицо”. Нивната кампања Смени ги своите навики за купу вање за да спречиш пицо е насочена кон домашните и странските потрошувачи во Палермо и во регионот и застанува како промотор зад сите оние претпријатија што не наплаќаат рекет, помагајќи им да го пребродат стравот и да застанат храбро со поддршка на сите чесни граѓани пред нивните заплашувачи.

Во едно интервју за англиски медиум каде што го прашуваат младиот Едуардо Зафуто, еден од основачите на Адиопицо, дали некогаш бил уплашен за тоа што го прави, тој одговара: Во почетокот бев, сите бевме уплашени. Но сега имаме поддршка и мислам дека тоа нe штити. Работите можат да се сменат многу брзо. Доволно е една бомба или убиство од страна на мафијата и луѓето ќе бидат уплашени. Но ние имаме надеж.

Иницирано од само неколку свесни и одговорни млади граѓани, Адиопицо денес претставува

моќно движење во Палермо и во Сицилија, кое не живее само од надеж туку и од потребата за дигнитет. Ова искуство, заедно со многу други од странство, може да претставува инспирација за младите кај нас храбро да се кренат против корупцијата и нелегалноста, против прекршувањето на нивните права и слободи. Во Македонија, иако во мал број, од страна на неколку граѓански организации и неформални групи се реализираат вакви иницијативи, кои добиваат мала поддршка поради страв од помоќните, без разлика дали се тоа професори и декани, директори или надредени. Се радувам и ги поддржувам ваквите младински легални движења кај нас и ја користам оваа пригода како апел до младите за солидарност и меѓусебна поддршка. Сакам да истакнам дека токму таму лежи нашата моќ да менуваме, а не во партиските книшки. Да покажеме дека не ни е сеедно! n

h

Младите луѓе, како и сите други групи од општеството,

се засегнати од нелегалност и од корупција во приватниот и

во јавниот сектор. g

Италијанската организација ЦИСС-меѓународна соработка Југ-Југ е формирана 1985 година. Во периодот од 25 години работа реализира низа проекти и активности во Италија и во 17 земји низ светот. Проектите се поврзани со општествените движења и случувања, а едно од нив е секако корупцијата. Овде ќе пренесеме дел од искуствата во оваа сфера.

Стандардните мерења на корупцијата се поставуваат преку истражувања. Ние ја користиме мерката која се состои од разликата помеѓу мерката на физичкиот квантитет на јавната инфраструктура и цената која нарачателот ја плаќа за количеството на капиталот.

Онаму каде што разликата е поголема помеѓу потрошените пари и физичката инфраструктура, повеќе пари се одлеваат на злоупотреба, измама, мито, односно, корупцијата е поголема. Оваа мерка за 20-те региони на Италија е креирана пред десетина години, за контрола на регионално ниво на разликите во трошоците на јавната инфраструктура.

Применливоста на оваа мерка доаѓа од фактот што се заснова на податоците различни од истражувањата што обич но се користат за да се пресметаат индек-сите на корупција. Второ, оваа мерка ги операционализира преви дувањата на истражувачите на раз војот кои се занимаваат со причините за нискиот пораст кај сиромашните нации.

Се користи метод што преку користење на италијанските податоци може де-тал но да оформи индекс на инфра-структура која недостига, она што го нарекуваме корупција. Оваа мерка не ја мери директно корупцијата, туку покажува на неа. Директно мерење на корупцијата не е ни возможно со оглед на тоа дека таа е комплексна појава составена од цел еден сет варијабилни интеракции, процеси и феномени кои не се мерат просто.

Со споредбата на трошоците за из-град ба во јавниот и во приватниот

сектор, се согледува варијабилноста по географска основа. Трошоците во приватниот сектор се пониски на југот, додека јавните се поголеми на југот. Ова претставува индиректна потврда дека мерката на корупцијата што ја создаваме е валидна и дека ја одразува измамата која е вообичаена за јавниот сектор кој обично гради на југот на Италија, отколку да се однесува на неефикасноста на градежната индустрија.

Работиме во пет чекори. Прво, го дискутираме концептот на корупцијата, како обично се мери и аналитич ки слабите и јаките страни на алтерна-тивата што ја предлагаме. Второ, ги детализираме податоците што ги корис тиме и методот што се користи за создавање на нашата предложена мерка на корупцијата. Трето, нудиме информации за контролните варијабли што сме ги вклучиле во нашата мерка. Четврто, го презентираме нашиот индекс на корупција за 20-те италијански региони и нумерички и со мапа. Петто, се споредува нашиот индекс со другите видови информации кои се достапни за регионите на Италија, за да ја оцениме валидноста на нашата мерка. И на крај, ги дискутираме можните разлики во процедурата која овде е предложена за други земји.

Образложението зошто да се земе како предмет на испитување јавната инфраструктура е во тоа што градеж-ните работи за јавниот сектор се највообичаениот предмет на нелегални активности со проток на пари кај државните функционери, кај избраните и кај назначените и во бизнисот.

Корупцијата ја има во сите земји и дури и кај помалку корумпираните развиени демократии, корупцијата е видливо раширена. Иако корупцијата се појавува и во други области освен во договорите со јавниот сектор, процесот на склучу-вање договори за јавниот сектор е најподложен поради внатрешните асиметрии, ранливи системи како што покажуваат и теоријата и практиката.

На пример, во Италија, доцнењата во градба се честопати рутина, и со нив се врши повторно преговарање на ори гинално договорената цена, што резултира на крај со она што се наре-кува „варијации во тек на работата” и со тоа се зголемува профитот. Бидејќи доцнењата понекогаш и експлицитно се наведени во некои нелегални дого-варања на владини претставници и приватни претпријатија кои се дел од процесот на спроведување на тендери и склучување на договори. Доколку некој дел од неефикасноста е во функција на претходно договорена компонента на корупција, нема зошто да се прави обид да се разликуваат двете нешта во практика. Законодавството - така-наречените Закони на Мерлони, усвоени во 1990-тите години како одговор на истрагите „Чисти раце”, кои се одвиваа во почетокот на деценијата, јасно ја ограничија можноста за такви „варијации” на трошоци”.

Ваквото истражување може да се направи и за други земји, иако овој процес е тежок. Постојат податоци за големината на јавниот капитал во многу земји и може брзо да се состави од страна на лица на кои им се познати овие податоци. Податоците за физичка инфраструктура се потешки за да се соберат и стандардизираат. За други-те главни земји членки на Европската Унија, податоците што се компатибил-ни со италијанските прикажани овде постојат на регионално ниво. Сепак, за овие земји би било релативно полесно да се соберат мерките на корупција, кои се слични на оние прикажани овде. Сето она што ќе биде потребно, дополнител-но, е експертизата на земјата да собе-ре потенцијално релевантни контроли на трошоците. За други земји ќе биде потешко да се направат еквивалентни мерки. Сепак, со доволна експертиза на земјата, тие ќе бидат почетна точка за создавање интернационални мерки за корупцијата, кои се засноваат на објек-тивни податоци. n

Еден од при ста пи те за ме рење на ко руп ци ја та во Ита ли ја Го ран Бо шков, про ект-менаџер во ЦИСС-ме ѓу на род на со ра бо тка Југ-Југ

h

Стандардните мерења на корупцијата се поставуваат

преку истражувања. g

h

Онаму каде што разликата е поголема помеѓу

потрошените пари и физичката инфраструктура, повеќе пари се одлеваат на злоупотреба, измама, мито.

g

Page 4: pretpriemac br.11

4 Број 11 | Ноември 2010

На 18 декември 2009 година, ПСМ-фондација почна со имплементација на проектот „Одговорно претприемништво за млади: креирање култура на антикорупција во приватниот сектор”. Проектот е финансиран од страна на Европската комисија и е имплементиран во партнерство со Иницијативи-Србија, Инцептум-Словенија и НБР-Босна и Херцеговина. Проектот е регионален и вклучува 7 земји: Македонија, Албанија, Косово, Србија,

Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина. Главната цел е да се даде ефективен придонес во борбата против корупцијата во приватниот сектор и да се промовира култура на етички одговорно претприемништво.

„Одговорно претприемништво за млади” претставува екстензија на многубројните активности на граѓанскиот сектор во регионот што работи на полето на промоција на претприемништвото. Идејата произлегува од ставот дека за бизнисот да биде успешен не се потребни само пристап до капитал и технички вештини и способности туку исто така е потребна и негова „етичка ориентација” за да се соочи со културната рамка во која постои. Поконкретно, проектот цели кон мобилизирање на цивилното општество во борбата против корупцијата, адресирање на појавите на корупција во приватниот сектор и да се придонесе кон креирањето етички одговорна бизнис-класа, која би била промотор на правилни бизнис-практики.

Целна група на овој проект се млади претприемачи од сите земји од Западен Балкан, а исто така ги вклучува и граѓанските организации што работат на полето на промоција на претприемништвото и развој на бизниси и државните институции. Во рамките на проектот се одржаа 25 семинари во вид на панел-дискусии во Македонија, Албанија, Косово, Хрватска и во Босна и Херцеговина, на кои учествуваа повеќе од 500 млади луѓе, претставници од бизнис и граѓанскиот сектор и повеќе од 75 гости-спикери ги елаборираа сопствените ставови и ставовите на нивните институции/организации во врска со корупцијата во приватниот сектор. По секој изминат семинар беше изработен извештај на кој беа изведени заклучоците од дискусиите и евентуалните решенија што беа предложени од страна на учесниците. Генералниот став на речиси сите учесници на семинарите во регионот беше дека граѓаните сè уште не се подготвени да го пријават

тој што е корумпиран, кој им бара мито, затоа што не се убедени дека државата има механизам со кој ќе го казни виновникот, а ќе ги заштити нив. Исто така, често беше присутен и ставот дека корупцијата е дел од културата: „...Таа е наполно всадена. Ви требаат врски за на доктор, па дури и за свештеник... Таа е наполно вкоренета во нашата култура; дури и наставникот од основно училиште кога ве оценува, дури и тоа се прави селективно, таа е дел од нашата култура и не

треба да мислиме дека можеме тукутака да ја уништиме... Треба време за тоа, но мислам дека во регионов таа нема да биде уништена ниту за 1.000 години... таа е системска, вткаена; не можете ништо да направите без корупција...”

Сепак, не може да се очекуваат резултати и во борбата со корупцијата, доколку секој не тргне од себе, индивидуално да направи одредени чекори, а дури тогаш да бара и да очекува поширока општествена акција: „...Никој не треба да биде изземен од борбата против корупција; сите треба да бидат вклучени; индивидуи, политички партии, невладини организации, приватен сектор... Транспарентноста секако може да биде од корист и она што е особено важно е издигнување на свеста кај луѓето... “

Во текот на октомври следуваат уште 10 панел-дискусии, кои ќе бидат спроведени на територија на Република Србија и Република Црна Гора, на кои се очекуваат уште минимум 200 учесници и 30 спикери, кои релевантно би зборувале за

темата што е специфична и малку застапена, како што изјави г. Цветко Мојсоски, член на државната антикорупциска комисија во Македонија:

„Оваа тема првпат се отвора на ваква работилница и е нешто ново и за Државната комисија за спречување на корупцијата, нешто сосем различно од сите предавања и обуки што ги правела ДКСК. Корупцијата во приватниот сектор е многу важна тема, но досега ДКСК немала

пријави за случаи во приватниот сектор. Во некои пријави што се поднесени по друга основа патем се спомнати и вакви примери”.

Паралелно со спроведувањето на семинарите во Македонија беше спроведено и регионално истражување за перцепциите кај младите претприемачи за степенот на корупција во приватниот сектор. Во просториите на ПСМ-фондација, 9 анкетари извршија околу 3.000 телефонски анкети со менаџери, сопственици на мали бизниси и млади луѓе (студенти на економија, менаџмент, бизнис и сл.) за нивните перцепции за нивните ставови и перцепции за состојбата со корупцијата во приватниот сектор.

Според резултатите од истражувањето, најголемиот дел испитаници (43,8%) сметаат дека корупцијата во последната година расте, особено издвојувајќи се Босна и Херцеговина, со 64,7%, и Албанија, каде што 31,8% од испитаниците сметат дека степенот на корупција во последната година опаднал.

На прашањето за тоа која е најважната причина за непријавување на корупцијата како најчести одговори се јавија стравот од можните последици (42,9%) и сомневањето во резултатите од тоа (27,1%).

Изненадувачки резултати се забележани на прашањето дали испитаниците или, пак, некој што го познаваат дале мито во која било форма (пари, подарок, услуга итн.), каде што дури 86% се изјасниле дека ниту тие ниту некој што го познаваат досега не платиле мито.

Истражувањето исто така вклучуваше и 133 квалитативни интервјуа со младите претприемачи, кои подетално одговараа на поставените прашања и нивните ставови во голема мера се совпаѓаа. Нивниот став е дека корупцијата почнува од власта и секако борбата против неа треба да

Наташа Петкова, Проектен координатор, ПСМ-фондација

Одговорно претприемништво за млади:

креирање култура на антикорупција во приватниот сектор

hСите активности поврзани со проектот може да бидат

проследени на веб-порталот www.beresponsible.biz, кој е наменет токму за промоција на проектот

не само на регионално туку и на глобално ниво, поврзувајќи се со голем број организации

што работат на полето на антикорупција надвор од

регионот на Западен Балкан..

g

hВо просториите на ПСМ-фондација, 9 анкетари извршија околу 3.000 телефонски анкети со менаџери,

сопственици на мали бизниси и млади луѓе (студенти на економија, менаџмент,

бизнис и сл.) за нивните перцепции за нивните ставови и перцепции за

состојбата со корупцијата во приватниот сектор.

g

Оваа тема првпат се отвора на ваква работилница и е нешто ново и за Државната комисија за спречување на корупцијата, нешто сосем различно од сите предавања и обуки што ги правела ДКСК

Корупцијата е вкоренета во културата; луѓето веруваат дека мора да „подмачкаат“ за да завршат работа

1

КОРУПЦИЈАТА Е ВКОРЕНЕТА ВО КУЛТУРАТА; ЛУЃЕТО ВЕРУВААТ ДЕКА МОРА ДА „ПОДМАЧКААТ“ ЗА ДА ЗАВРШАТ РАБОТА

9,5 8,6 12,7 19,5 49,7

22,2 5,6 13,9 9,0 49,3

8,6 7,5 11,5 15,8 56,6

37,7 16,4 17,6 10,7 17,6

11,7 8,3 14,4 24,4 41,2

10,4 2,8 9,3 14,9 62,6

17,7 14,1 20,7 27,3 20,2

14,3 8,5 13,7 18,6 44,9

0% 10% 20% 30% 40% 50% 60% 70% 80% 90% 100%

СРБ

ЦГ

МАК

КОС

ХРВ

БиХ

АЛБ

ВКУПНО

Впппштп не се спгласувам(0-1) Не се спгласувам(2-4) Ниту се спгласувам, ниту не се спгласувам (5) Се спгласувам (6-8) Completely agree (9-10)

Page 5: pretpriemac br.11

5 Број 11 | Ноември 2010

почне од таму: „... Доколку започнете од самиот врв, ќе продолжите надолу и на тој начин ќе немате дури и најмала форма на корупција; но ова не би успеало доколку корупцијата на врвот се толерира... Потребни се јавни службеници што се подготвени да се борат против корупцијата; потребно е и самите луѓе да станат свесни за ситуацијата; но без силна волја од владата, едноставно борбата против корупција е невозможна...”

Мислењата за тоа како и кој треба да се бори против корупцијата дадоа увид во перцепцијата на претприемачите за проблемот и насоките на дејствување. Генерално, овие мислења претставуваат општоприфатено знаење, но нивниот интензитет е показател за она што мислат луѓето во врска со критичните области што треба да се разгледуваат. Во комбинација со претходните мислења за аспектите на корупцијата, овие мислења може да послужат како насока за креирање ефективни активности.

Âèäåòå êàäå êóïóâààò äðóãèòå!

.mk.mk

ww w: .p eo xh .ms- ke

Ðàáîòíî âðåìå 24/7 Áðçà èñïîðàêà Îíëà¼í ïëà�àœå

Øèðîêà ïàëåòà íà ïðîèçâîäè

02/3103 663 [email protected]

www.ex.mkwww.ex.mk

Êóïóâàœåòî íèêîãàø íå áèëî ïîëåñíî...

Äîñòàâà äî äîìà íèç öåëà Ìàêåäîíè¼à

Ïëà�àœå ñî

hПаралелно со спроведувањето на семинарите во Македонија

беше спроведено и регионално истражување за перцепциите кај

младите претприемачи за степенот на корупција во приватниот сектор..

g

Дали сметате дека корупцијата во вашата земја во изминатата деценија...

2

ДАЛИ СМЕТАТЕ ДЕКА КОРУПЦИЈАТА ВО ВАШАТА ЗЕМЈА ВО ИЗМИНАТАТА ДЕЦЕНИЈА...

Не знам/без пдгпвпр Е непрпменета Опада Расте

ВКУПНО

АЛБ

БиХ

ХРВ

КОС

МАК

ЦГ

СРБ

100% 80% 60% 40% 20% 0%

6,4 34,7 15,1 43,8

2,5 30,3 31,8 35,4

2,8 25,3 7,3 64,7

5,6 38,3 12,0 44,1

2,5 25,2 5,7 66,7

7,9 36,2 20,1 35,8

11,8 35,4 21,5 31,3

10,8 43,2 13,5 32,4

Бизнис секторот е беспомошен пред корупцијата, затоа што корупцијата произлегува од владата

3

БИЗНИС СЕКТОРОТ Е БЕСПОМОШЕН ПРЕД КОРУПЦИЈАТА, ЗАТОА ШТО КОРУПЦИЈАТА ПРОИЗЛЕГУВА ОД ВЛАДАТА

8,9 14,4 16,5 27,5 32,7

6,5 6,5 65,2 17,4 4,3

11,5 6,4 21,8 39,7 20,5

10,6 7,0 7,7 19,7 54,9

6,1 12,7 18,3 33,8 29,1

9,3 13,2 14,0 23,3 40,1

12,3 10,7 20,5 28,7 27,9

9,3 11,7 18,3 28,5 32,3

0% 10% 20% 30% 40% 50% 60% 70% 80% 90% 100%

СРБ

ЦГ

МАК

КОС

ХРВ

БиХ

АЛБ

ВКУПНО

Впппштп не се спгласувам (0-1) Не се спгласувам (2-4) Ниту се спгласувам, ниту не се спгласувам (5) Се спгласувам (6-8) Пптпплнп се спгласувам (9-10)

Кпрупцијата е вкпренета вп нашата култура; лудетп веруваат дека треба да"ппдмачкаат" за да ја завршат

рабптата

Оснпвнипт инструмент вп

бпрбата прптив кпрупцијата е ефективната

пплитика за нејзинп

идентификуваое и казнуваое

Бпрбата прптив кпрупцијата е првенственп пбврска на властите

Бпрбата прптив кпрупцијата е првенственп пбврска на граданите

Секпја индивидуа и прганизација

мпже да направи гплем

придпнес вп бпрбата прптив

кпрупцијата

Впппштп не се спгласувам(0-1))

Не се спгласувам (2-4)

Ниту се спгласувам, ниту не се спгласувам (5)

Се спгласувам (6-8) Пптпплнп се спгласувам (9-10)

Самото истражување беше основа за изработка на модул за „Одговорно претприемништво за млади”, каде што може да се најдат разновидни совети за младите, почнувајќи од тоа како да ја препознаат корупцијата во приватниот сектор, кои се последиците што таа ги предизвикува, како може да се борат тие против неа на индивидуално и институционално ниво и секако како група на земји што целат кон влегување во Европската Унија, претставени се принципите на Европската комисија за борбата против корупцијата. Врз основа на модулот, исто така беше изработена брошура што претставува скратена верзија на самиот модул.

За модулот да допре до целната публика е планирано да се спроведат повеќе од 30 презентации во регионот, а дел од нив сè уште се во тек на организација. Модулот беше презентиран во бизнис-инкубаторите во регионот пред група млади луѓе, сопственици на бизниси, студенти и помал дел претставници од локалните државни институции. Досега се спроведени 8 презентации во

Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора, а процесот на презентирање на модулот се предвидува да се заврши со голем настан во Скопје, каде што ќе биде најавена и регионалната конференција за проектот.

Истражувањето исто така беше појдовна точка за изработка на голем регионален извештај, кој се очекува да ја добие својата конечна форма на крајот од октомври. Покрај резултатите од истражувањето, извештајот ќе ги вклучува и сите резултати од изминатите панел-дискусии и дополнително деск-истражување. Извештајот ќе ги претставува искуствата на активностите во борбата против корупцијата во земјите од регионот, ќе идентификува добри практики и ќе содржи препораки за институциите, цивилното општество и бизнис-заедницата. Овој извештај е планирано да биде отпечатен во 1.000 примероци и понатаму испорачан до сите заинтересирани страни: невладини организации што работат на полето на антикорупција и развој на бизнис, државните институции и, секако, најкритичната целна група на проектот - сопствениците на мали бизниси во регионот.

Завршна активност за проектот ќе биде големата регионална конференција во Мултибизнис-центарот на Скопскиот саем, на 16 и 17 ноември. На конференцијата ќе присуствуваат повеќе од 80 гости од регионот (Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска) и како говорници ќе се појават релевантни луѓе од регионот посветени на борбата против корупцијата и едукација на младите како да ја запрат оваа негативна појава. Меѓу нив можете да ги забележите имињата на г. Илми Селами, претседател на Државната комисија за спречување корупција; г. Зеф Преци, универзитетски професор во Тирана; г. Мунир Подумлјак, претседател на Партнерство за социјален развој од Загреб; г. Авни Зогиани, претседател на новинарската антикорупциска агенција Коху од Приштина. Целта на конференцијата е да даде регионална димензија на досегашните истражувања, перцепции и ставови за темата корупција во приватниот сектор и преку дискусија и размена на мислења да се дојде до конкретен предлог за идните активности на граѓанскиот и приватен сектор во борбата против корупцијата.

Сите активности поврзани со проектот може да бидат проследени на веб-порталот www.beresponsible.biz, кој е наменет токму за промоција на проектот не само на регионално туку и на глобално ниво, поврзувајќи се со голем број организации што работат на полето на антикорупција надвор од регионот на Западен Балкан. На порталот, покрај информациите, може да се најдат и сите публикации во електронска верзија, кои произлегоа како производ од проектот: регионалните извештаи од истражувањето со фокус на секоја одделна земја, модулот и брошурата за „Одговорно претприемништво за млади” и секако големиот регионален извештај по комплетирањето на неговата содржина.

Оваа публикација е изработена со помош на Европската Унија, и во ниту еден случај не може да се поврзе со ставовите на Европската Унија.

Page 6: pretpriemac br.11

6 Број 11 | Ноември 2010

Кои се механизмите за ограничување на корупцијата во бизнисот?На корупцијата, во принцип, треба да се гледа како на секоја друга економска трансакција на пазарот каде што се применуваат законите на понудата и побарувачката. Меѓу овие две категории се наоѓа заедничкиот интерес на оние што даваат (бизнисмените) и оние што примаат поткуп (јавните службеници). Бизнисмените плаќаат поткуп од разни причини. Соочени со бавност и со неефикасност на бирократијата, тие даваат поткуп за забрзување на постапките за добивање разни дозволи, одобренија и други документи неопходни за вршење на дејноста. На овој начин бизнисмените се јавуваат во двојна улога - тие се и учесници во корупцијата и жртви од неа. Но можат ли бизнисмените, особено помалите претприемачи, да се борат против корупцијата за да можат нормално да ја вршат својата дејност? Институционално, постојат решенија што промовираат лојална пазарна конкуренција и кои, во услови на функционирање на правната држава, би требало на фирмите да им обезбедат натпревар под јасни и еднакви услови. Учеството на приватниот сектор во борбата против корупцијата е од клучно значење. Најефикасните антикорупциски програми што се усвоени во некои земји го вклучуваат бизнис-секторот во институционалните рефор-ми што промовираат конкурентни пазари и „добро однесување”. Бизнис-заедницата може и мора да преземе позитивни чекори како на јавната сцена, преку поттикнување на транспарентноста, правни и регулаторни реформи, така и преку подобрување на корпоративното управување, подобро инфор-мирање и волунтарни стандарди. Некои од мерките што се покажале како успешни во оваа насока се отворената дискусија за корупцијата и за штетните последици од неа врз водењето на бизнисот и идентификување на корените на корупцијата, болните точки за корупција и механизмите преку кои се појавува таа. Бизнис-секторот во напорите за справување со корупцијата треба да се раководи од следните принципи:

} Забрана на поткупот во која било форма, директно или индиректно;

} Обврзување дека ќе се спроведуваат антикорупциските програми и стратегии и

} Усвојување програми за добри бизнис-прак тики и стратегии за ризичен менаџмент, заради справување со корупцијата.

За да може да се почитуваат овие принципи, освен што треба да & се помогне на бизнис-заедницата, неопходно е да се мобилизираат сите фактори и да се изгради поширока анти-корупциска коалиција, како и да се промо вира дијалог меѓу бизнис-секторот и власта за да се осигури дека дизајнираните поли тики за борба

против корупцијата ќе ги вклучат вистинските потреби на бизнис-заедницата. Освен тоа, треба да се изработи и план за акција со специфични антикорупциски политики што би се фокусирале врз областите најранливи на корупција. Треба да се спроведат антикорупциски политики во кои бизнис-секторот ќе ја има водечката улога во промовирање транспарентни односи со државните институции и во усвојување интерни контроли врз трансакциите. Одредени активности треба да се преземат и на полето на легислативата, со што би се елиминирале или би се измениле нејасните и контрадикторните законски решенија. Особено внимание треба да се обрне на тоа да се усвојат антикорупциски кодекси на однесување, заради обезбедување транспарентност и интегритет во јавните договори и лојална конкуренција. Посебна улога во мониторинг на овој план треба да има граѓанскиот сектор. Натаму, една од мерките е и интегрирањето на неформалниот сектор преку одредени олеснувања за малите бизниси. Неформалната економија е резултат на несоодветна примена на прописите поради бариерите или сложените критериуми за вршење бизнис. Поедноставување на законите за даноците може да ја намали корупцијата на два начини: преку ограничување на дискрециските права на јавните службеници при примена на даночните закони или преку помали даночни зафати што би му помогнале на бизнис-секторот, а би ги ограничиле можностите за поткуп. Во оваа насока е потребно внимателно да се утврдат овластувањата на инспекциските служби од аспект на намалување на можностите за злоупотреба и самоволие. Посебно внимание да се посвети на промовирањето јасни правила за спречување конфликт на интереси во јавниот сектор, вклучувајќи и изземање на службените лица од носење одлуки за одредени фирми во случаи кога постои конфликт на интереси. Исто така, потребно е да се ограничи трансферот на јавните службеници на позиции во фирми што имаат деловни врски со државната институција во која се вработени. Вклучувањето на граѓанскиот сектор (преку разни форми - тинк-тенк, бизнис-здруженија и други невладини организации) во процесот на реформите е од

Со пријавувачи (Whistleblowers) против корупцијаИако има основа во неколку закони, пријавувањето на корупцијата не функционира во македонската практика. Се смета дека е слаба довербата на евентуалните пријавувачи во институциите дека овие навистина ќе преземат нешто, но постои и страв од последици за пријавувањето, иако е предвидена заштита за овие „информатори”.

Глобализацијата и брзиот пораст на т.н. еко ном ски криминал, во кој спаѓаат коруп-цијата, перењето пари, финансиските измами, финансирањето на тероризмот и слични дела ја натераа меѓународната заедница да се организира, да се координира и да предложи нови мерки поради поефикасна борба против овој вид криминал. Покрај стандардните методи, се бара и соработка од граѓаните, од службените лица и од институциите. Така, Конвенцијата на ООН, како најзначаен документ за борба против корупцијата, бара од земјите во своето законодавство да предвидат соодветни мерки против неоправдан третман на лице, кое со добра намера и врз основа на разумни основи, до надлежните органи пријавува факти кои укажуваат на кривично дело. Тргнувајќи од

обврските од Конвенцијата, Македонија на 19 мај 2005 година донесе Закон за заштита на сведоците. Со Законот се уредуваат постапката и условите за заштита и помош на сведоците, а се дефинираат и мерките за нивна заштита. Исто така, со Законот се уредува постапката и начинот на заштита на соработниците на правдата и на жртвите кои се јавуваат во својство на сведоци, а кои имаат информации за извршување на кривично дело, за неговиот сторител и други важни податоци и информации од значење за кривичната постапка, неопходни и решавачки за докажувањето на кривичното дело.

�Законска регулатива што упатува на пријавување

Со Законот за спречување на перењето пари и други приноси од казниво дело, како и финансирање тероризам, е воспоставена обврска за конкретни субјекти да преземаат мерки и дејства за спречување на перењето пари и финансирањето тероризам. Меѓу нив спаѓаат: финансиските институции и нивните подружници и филијали, правните и физичките лица кои вршат промет со недвижности, ревизорски и сметководствени услуги, нотарски, адвокатски и други правни услуги што се однесуваат на купопродажба на подвижни предмети, недвижности, содружнички удели или акции, тргување и управување со пари и хартии од вредност, отворање и располагање со банкарски сметки, приредувачи на игри на среќа, здруженија на

граѓани и фондации, друштва за финансиски консалтинг, берза за хартии од вредност и други. Законот ги задолжува субјектите да воспостават процедура и да ја известат Управата за спречување на перењето пари и финансирањето тероризам за поврзани трансакции над определен износ (15.000 евра), за секое сомневање за перење пари или финансирање тероризам, без оглед на износот на средствата, за сомневање за вистинитоста или адекватноста на добиените податоци за идентитетот на клиентот, за невообичаено големи трансакции извршени на невообичаен начин и за слични сомнителни трансакции. Субјектите имаат обврска да ѝ ги достават на Управата собраните податоци, информации и документи во случај на сомневање или кога имаат основи за сомневање дека било или е извршено перење пари или финансирање тероризам, или е направен/се прави обид за перење пари или за финансирање тероризам.За непочитување на овие обврски се предвидени парични казни. Треба да се напомене дека обврската за пријавување сомнителна трансакција произлегува од Законот и не е на доброволна волја, или „бона фиде”. И Законот за спречување на корупцијата содржи одредби со кои се поттикнува соработката со надлежните органи за борба против корупцијата и им обезбедува заштита на лицата кои пријавиле корупција или работат на нејзиното уништување. Така, во Законот стои дека не може да се преземе казниво гонење или да се повика на каква и да е одговорност лице што открило податоци што

Младински образовен форум (МОФ) веќе подолг период работи на полето на антикорупција во високото образование. Со големиот број активности и акции што се преземени, МОФ е веќе и јавно препознаен како невладина организација што се бори против корупцијата во високообразовните институции.

Во изминатиот период МОФ развиваше алатки и методологии за 2 теми во полето на корупцијата, и тоа: „Мамење” и „Студентски домови”.

Како членка на регионалната студентска мрежа за антикорупција, МОФ ги избра овие теми како исклучително важни, бидејќи свеста за постоењето на ваквите форми на корупција е најмалку развиена кај студентите. Најчесто зборот корупција се поврзува со плаќање мито кај професорите или со користење непотизам. Сепак, една од најраспространетите форми на корупција на нашите факултети е мамењето.

Мамењето се смета за форма на корупција бидејќи во голем степен ја намалува вредноста на дипломата. Но сè уште во нашите високообразовни кругови, мамењето не се спомнува како еден од видовите корупција. Најчесто студентите го гледаат како лесен начин да го положат испитот и да се стекнат со диплома. Крајно време е да почне да се гледа на корупцијата како двостран процес. Досега само професорите беа „корумпирани”. Но во иста мера се виновни и студентите. Дел алатки што МОФ во процесот на истражувањето ги користеше се: прашалници, фокус-групи и

Корупција во високото образование

Георги Велковски, Младински образовен форум

барања за пристап до информации од јавен карактер. Резултатите што ги добивме преку истражувањето велат дека речиси една третина од студентите и кога се фатени при мамење, многу ретко се отстранети од испит поради тоа. Исто така, доколку биде забележано мамењето од страна на професорите, тоа во голем дел случаи се толерира и многу ретко повлекува понатамошни дисциплински мерки. Оваа појава е резултат на тоа што само една шестина од испитаните факултети имаат дисциплинска комисија за решавање на овие проблеми.

Студентските домови во Македонија се смета дека се под контрола на политичките партии и во голема мера корумпирани. Честите написи од медиумите, поплаките на студентските форуми и неформалните дискусии со студентите само го потврдуваат ова тврдење. Вклученоста на студентскиот парламент во процесот на доделување легла само ја намалува вербата на студентите во фер-поставеноста и транспарентноста на системот. Главните проблеми може да се идентификуваат во неправилностите во дистрибуцијата на леглата и изнајмувањето легла на лица што не се студенти или не ги исполнуваат условите за да добијат легло. За да можеме да ги разбереме и идентификуваме коруптивните механизми, направивме неформални интервјуа со студенти што престојуваат во студентски домови. Овие интервјуа ни помогнаа во процесот на креирање прашалници, кои понатаму беа поделени во фокус-групите.

Проблемите на корупција што се појавуваат во високообразовните институции се резултат на несоодветната поставеност на студентите во однос на нивниот статус како студент. Доколку секој студент што ќе добие шанса да реши прашање преку коруптивен метод одбие да го направи тоа, нивото на корупција на нашите факултети ќе биде многу помало. Важно е студентите да сфатат дека корупцијата не се појавува сама по себе. Неа ја создаваат самите учесници во процесот. Дали тоа е мамење, купување студентско легло или плаќање испит, корупцијата постои во високообразовните институции и бара сериозна борба за да се отстрани. n

h

На корупцијата, во принцип, треба да се гледа како на секоја друга економска

трансакција на пазарот каде што се применуваат законите на понудата и побарувачката.

g

h

Мамењето се смета за форма на корупција бидејќи во голем степен ја намалува вредноста

на дипломата. g

укажуваат на постоење корупција. На лицето што дало изјава или сведочело во постапка за дело на корупција му се обезбедува заштита. Лицето има право на надоместок на штетата што може да ја претрпи тој или член на неговото семејство поради дадената изјава или сведочењето. Законот предвидува целосна заштита и независност на лицата вработени во органите за откривање и за отстранување на корупцијата, поради ефикасно извршување на нивните овластувања и должности, и упатува дека врз нив не смее да се врши притисок во работата или при преземање конкретни мерки. За извршениот притисок, лицата ја известуваат

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). �Како е во македонската практика?

Сепак, мора да се признае дека се ретки случаите кога граѓаните пријавуваат корупција или службените лица што работат врз откривање и отстранување на корупцијата ја известуваат ДКСК дека врз нив е вршен или се врши притисок поради тоа што откриле или имаат сериозни сомневања за коруптивни практики. Причината за ова главно треба да се бара во отсуството на доверба во институциите кај пријавувачите – дека ќе бидат преземени какви било мерки против сторителите. Од друга страна, постои стравување дека ќе се соочат со последици од откривањето на податоци за корупција, и покрај предвидената законска заштита. Во прилог на ова зборува и фактот што иако во Етичкиот кодекс за државните службеници е предвидено дека доколку државните службеници имаат сознанија за неетичко и непрофесионално однесување, за злоупотреба на службената положба или за вмешаност во корупција од страна на вработени во органот, тоа да го пријават кај претпоставениот или кај надлежните органи, во практиката, според сознанијата со кои се располага досега, не е забележан случај на пријавување корупција од страна на државни службеници за нивни колеги. n

Извор: www.ccc.org.mk/images/stories/_br6_final.pdf, мак. месечник за антикорупција бр. 6 јуни 2010 г.

клучно значење за намалување на корупцијата. Ваквите здруженија треба да бидат клучни играчи во промовирањето одговорност во јавниот и приватниот сектор. Подобрувањето на пристапот до информации за постојната регулатива и за измените што се планираат, како и едуцирање на претприемачите за нивните права и одговорности, треба да ги поттикне бизнисмените да ги почитуваат законите и да им велат „не” на нелегалните барања од страна на службените лица. Промовирањето независни медиуми е од извонредно значење за намалување на корупцијата како бариера за вршење на бизнисот. Ова подразбира обука на економските новинари за анализирање на состојбите и за откривање злоупотреби и корупција во овој сектор. Слободниот пристап до информации треба во голема мера да им помогне на медиумите во извршување на нивната улога на „куче-чувар” во општеството.

Актуелната состојба во Македонија

Последниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата укажува на „широкораспространета корупција, која останува да биде сериозен проблем во многу области”, на потребата „да се осигури независно и непристрасно судство” (кое, пак, според анкетата спроведена од ОБСЕ, е под силно влијание на извршната власт), на кабеста, бавна и партизирана администрација со несоодветно изградени капацитети, на правна несигурност поради честото менување на легислативата. Сето ова негативно влијае врз бизнис-секторот и врз економскиот пораст во земјата. Оттука се наметнува и прашањето колку во вакви околности може да се очекуваат развивање на бизнис-секторот и инвестиции, особено странски. Ова прашање се наметнува уште повеќе имајќи го предвид, од една страна, нискиот обем на странски инвестиции во минатата година (109,86 милиони евра за првите девет месеци во 2009 година), а од друга интензивните и скапи кампањи, поволностите што им се нудат на инвеститорите и скапо платените „ловци” на странски инвестиции (економски промотори). Притоа, глобалната криза не би требало да се користи како целосно оправдување, бидејќи во истиот период странските инвестиции во поширокиот регион се бројат во милијарди евра. Во однос на критериумите за креирање позитивна бизнис-клима како предуслов за привлекување директни странски инвестиции, Македонија добива најниски оценки токму во делот на правната несигурност и корупцијата. Произлегува дека овие се поважни фактори за одлуката дали ќе се вложи во одредена земја отколку ниските даночни стапки и ниските плати, кои не се одлучувачки ако постојат слабости во функционирање на правната држава, што подразбира и подобар и еднаков третман на државата кон сите инвеститори, правна сигурност и ефикасна заштита на нивниот капитал. Како една од мерките за подобрување на состојбата сепак му останува на бизнис-секторот, особено на помалите претприемачи, преку нивните здруженија да се организира и да преземае мерки против корупцијата, како и за креирање подобри услови за работа. n

Преземено од: www.civicamobilitas.org.mk, мак. месечник за антикорупција - февруари 2010

h

Студентските домови во Македонија се смета дека се под контрола на политичките

партии и во голема мера корумпирани.

g

Page 7: pretpriemac br.11

7 Број 11 | Ноември 2010

Електронски владини системи и услуги како механизам за намалување на корупцијатаИма многу причини за сè почестото воведување електронски системи во давањето владини услуги преку Интернет. Но за да ја намали корупцијата, овој процес мора да опфати целосна реформа, а не да се сведе само на копирање на дел од хартиената процедура и нејзино дигитализирање.

�Зошто владините органи воведуваат електронски системи и услуги?

Граѓаните и компаниите добиваат услуги од владините органи, исто онака како што добиваат услуги од пазарните субјекти, со таа разлика што услугите што ги даваат владините органи се од монополски карактер – ниту еден друг субјект не може да ги обезбеди. За да нема недоразбирање, под услуга не се подразбира нешто за што власта им излегува во пресрет на граѓаните, па затоа сите треба да им бидеме благодарни. Станува збор за обврски на владините органи, кои произлегуваат од нивниот делокруг при работењето (законски надлежности). Тоа е единствениот начин преку кој граѓаните и компаниите може да ги остварат своите законски права и да ги реализираат своите интереси. Тие услуги се даваат преку различни административни постапки, кои до неодамна се спроведуваа единствено во хартиена форма и преку физичко комуницирање.

Но во последниве години почнува нивно „дигитализирање”. Постојат повеќе причини за сè почестото воведување електронски системи во работењето на органите, односно давањето на владините услуги преку Интернет.

Прво, тоа е неминовност која произлегува од современиот начин на живеење на граѓаните и работење на деловниот сектор. Државните органи не може по секоја цена да настојуваат на традиционалниот хартиен и физички начин на работење, кога фактите говорат дека компјутерската писменост и интернет-пристапот се на високо ниво. Граѓаните и компаниите се подготвени и бараат онлајн-достапност на услугите.

Второ, електронските системи ја зголемуваат ефикасноста на органите кои ги даваат услугите. Ако за добивање одредена услу-га (остварување на некое право) на традиционалниот хартиен начин се потреб ни денови и недели, при користење на електрон-ски систем што е достапен онлајн тој период повеќекратно се намалува. Класичната дво на -соч на поштенска комуникација, па и директ-ното (лично) доставување документи, трае и по неколку дена. Онлајн-комуникацијата се одвива во неколку минути. Обработката на барањето добива во брзина, бидејќи нема потреба од мануелна проверка на податоците содржани во барањето и нема потреба од нивно пречукување – штом се еднаш внесени во системот, органот ги има на понатамошно располагање.

Трето, електронските системи овозможуваат повисок степен на безбедност на податоците кои се содржат во документите и кои се разменуваат меѓу граѓаните или деловниот сектор и органите на власта. За жал, и понатаму постои верување дека ставањето своерачен потпис на хартиен документ, ставањето на хартиениот документ во затворен плик и доставувањето на пликот преку пошта или директно на рака на примателот обезбедуваат високо ниво на безбедност и неможност за злоупотреба. Се изразува скептицизам дека тоа ниво на безбедност не може да биде обезбедено од електронски системи. Ваквите верувања се резултат на незнаење и немаат реална основа. Имено, еден просечен електронски систем, кој е направен да им биде достапен на корисниците и на јавноста преку Интернет, мора да задоволува одредени безбедносни стандарди и процедури. Строгата физичка и информатичка заштита на околината во која е поставен серверот (базата на податоци), ограничениот пристап, користењето сложени кориснички имиња, лозинки и сертификати за идентификација, записите (логовите) содржани на серверот за секое преземено дејство и слично се само дел од мерките кои ги исполнува еден систем и кои ја зголемуваат неговата безбедност. Дали е полесно неовластено да се отвори плик во архива или во пошта или шифрирано досие на сервер?

�Дали со електронските системи може да се зголеми транспарентноста и да се намали корупцијата?

Доаѓаме до последната и најдискутабилна причина, која воедно е тема на подлабок осврт во овој текст. Дали електронските системи ја зголемуваат транспарентноста и со тоа ја намалуваат или целосно ја елиминираат корупцијата?

Корупцијата најмногу доаѓа до израз онаму каде што се вршат некакви распределби на бенефиции. Поточно, секогаш кога поради ограниченоста на средствата или на квотите потенцијалните корисници се принудени да „водат борба” за добивање на тие бенефиции. Во такви ситуации, најчесто бројот на баратели на бенефициите е повеќекратно поголем од бројот на оние на кои можат да им бидат доделени. Во Македонија не е мал бројот на бенефициите, субвенциите, поволностите што владините органи им ги нудат на одредени категории граѓани и субјекти од приватниот сектор. Нивната распределба се спроведува преку еден вид натпревар, кој предизвикува интерес не само кај потенцијалните корисници, туку и кај пошироката јавност. За да се спроведе натпреварот, се поставуваат правила на игра во вид на услови и критериуми и се избираат судии во форма на комисија за евалуација. Досегашната практика покажа дека или не е лесно или, пак, не постои желба кај функционерите да се направи објективен и непристрастен систем за распределба. Сепак, под влијание на светските трендови и под притисок на засегнатите страни, почнаа да се бараат механизми за ставање ред во распределбите. Се пристапи кон воведување електронски системи и автоматизирање на распределбите. n

Извор: www.ccc.org.mk/images/stories/_br6_final.pdf, мак. месечник за антикорупција бр. 6 јуни 2010 г.

Доколку сите ние донесеме добри етички одлуки, нема да бидеме загрижени за корупцијата

Некои мерки за спречување на корупцијата

Корупцијата е феномен, кој доколку не се спречи благовремено, се карактеризира со брзо проширување во форма на социјална епидемија. Според некои автори, тргнувајќи од заедничките карактеристики на резултативните мерки, а што се однесува на организирана борба против корупцијата, поради ефектот на ова проучување, ќе ги собереме во следново:

} мерки од законодавен карактер,

} организациски мерки,

} зголемување на јавната информација и охрабрување на граѓанското општество,

} промовирање транспарентност и интегри-тет во бизнис-операциите,

} менаџирање на јавните финансии,

} меѓународна соработка, промовирање тран спа рентност и интегритет во опера-циите.

Корупцијата сериозно им се заканува на демократијата и социјално-економскиот развој, затоа вклучувањето на јавноста на страната на оние што ја попречуваат е ангажирање колку граѓанско толку и посакувано, за да се биде демократска држава и цивилизирано општество. Меѓународната заедница ги оценува ширењето и високата социјално-политичка опасност на корупцијата и последиците што доаѓаат од тоа, за што станува збор и во Конвенцијата од Стразбур на Советот на Европа со наслов „За кривичната одговорност во борбата против корупцијата”, каде што меѓудругото се вели: „Корупцијата им се заканува на законските норми, на демократијата, на човековите права и слободи, го минира системот на државното управување, социјал-ната правда и чесноста, ја деформира чесната конкуренција, го кочи економскиот развој и моралните основи на општеството” (Конвенција на Советот на Европа „За кривична одговорност во борба против корупцијата”), Стразбур, 17.1.1999 г., стр.1 параграф 4).

Корупцијата е феномен што ја минира политичката стабилност, вербата на луѓето во политичкиот и во судскиот систем, во правна

држава, економскиот развој, странските инвес-тиции и интегрирањето на земјата.Значи, главен стремеж е спречување, контро-ла и борба против корупцијата поради максимал на редукција на корупцијата врз вербата на јавноста во политичкиот судскиот систем во правната држава, економскиот развој, странските инвестиции и европското интегрирање. Значајна улога во борбата против корупцијата треба да одигра и кривичното законодавство. Особено натамошното подоб-рување на постоечкото законодавство за форми и можности на употреба на техники кои се однесуваат на корупцијата. Професионалните анализи направени за одредбите на Кривичниот законик, бараат дебата и пошироко учество со цел Законот да се применува во целост. Колку и да им одговара кривичното законодавство на потребите на практиката, законските одредби не можат да бидат ефективни против корупцијата без нивна примена во практиката.Остварувањето на Законот на кривична процедура има моментално големо значење во спречувањето на корупцијата. Примената на современите криминалистички методи, исто така, има големо значење за откривањето на корупцијата. Посебното организирање на органите за откривање, прогонување и казнување на корупцијата е една од неопходните мерки во борбата против овој вид криминал. Освен борбата против корупцијата во државните органи, регионалната и меѓународната соработка, специјализираните полициски акции во разни региони и во различно време се приспособливи мерки за откривање и спречување на корупцијата. Корупцијата не може да се спречи без издржливи криминолошки проучувања за да се запознае нејзината феноменологија и етиологија, затоа што само така ќе можат да се преземат мерки на спречување што ја сочинуваат основната алка. Некои од мерките што се преферираат за попречување и борба против корупцијата се:

} Законодавството во економско-финансиската сфера не само што ги регулира односите што се создаваат во соодветната администрација, туку максимално ја намалува можноста за појава и развој на корупцијата во таквите финансиски сектори кои лесно се инфицираат од корупцијата, како што се даноците и царините, секторот

за распределба на буџетските средства, тендерите, развојот на неформалната економија итн.

} Исто така и слободниот печат во една земја може да одигра значајна улога во борбата и спречувањето на корупцијата, особено специјализираните ревии и весници кои даваат информации во ова насока.

} Изработка на антикорупциска стратегија во областа на царините, судството, администрацијата, здравството, образова-нието итн. без сомнение ќе помогне во борбата и спречувањето на корупцијата.

} Отворање телефонски линии за пријаву-вање корупција и мито за сите случаи каде што граѓаните ќе се соочат со корупција, ќе помогне во спречувањето на корупцијата. Особено борбата против ова појава успешно ќе се надмине само ако оштетените страни благовремено ќе се јават на овие телефони, пријавувајќи го лицето со име и презиме.

} Организирање тркалезни маси, конферен-ции, семинари за корупцијата итн. ќе придонесе во голема мера за спречување на истата.

} Подобрување на работните услови и зголемување на примањата во администра-цијата, образованието, здравството, суд-ството, без сомнение ќе ја намалат коруп-цијата итн.

Македонија, во насока на борба против коруп-цијата, го донесе и Законот против корупција, со кој се регулирани мерките за спречување на корупцијата во државните органи, усвоен на 18 април 2002 година.

Мислам дека проблемот не е во законите, дали законите се добри или не, туку во самата нивна имплементација. Мислам дека законите треба да се применат во практиката, а не да останат само поради декор и поради оправдување пред Советот на Европа. Инаку, антикоруптивните политики консистираат во нивната подготовка и ставање во сила од страна на државата во соработка со граѓанското општество на серија мерки за елиминирање или намалување на причините и условите кои ја појавуваат или хранат корупцијата, за да се задржи под контрола или, пак, да се намали под границата на прифатливост. Исто така, и недостигот на искуство и професионална неподготвеност за да се бори против корупцијата во редовите на државната администрација, како и во редовите на царината, здравството и даночните служби, не оставајќи ја настрана и корупцијата во судството, обвинителството и образованието, влијае во зголемувањето на корупцијата. Уште поголема опасност за постојано зголемување на корупцијата е токму натамошното останување на корумпираните луѓе во овие органи. n

Извор: www.civicamobilitas.org.mk, мак. ме-сеч ник за антикорупција бр.7 јули 2010 г.

Џоан Гилман, Школа за бизнис при Универзитетот во Висконсин

Бев замолена да напишам статија за корупција. Морам да кажам дека не знам речиси ништо во врска со корупцијата, освен дека е присутна низ целиот свет. Јас лично ја немам искусено, ниту, пак, бизнисот за кој работам ја има доживеано. Барем јас немам добиено такви податоци. Не сум сигурна дека можеме да најдеме решение за корупцијата, но знам дека можеме да се смениме ние самите и да одбереме да не учествуваме во неа. За мене тоа е прашање на етиката. Пред неколку години поминав многу време размислувајќи за етиката. Работев со Џери Зандстра, во тоа време директор на

Центарот за претприемачко управување на Актон-институтот во Мичиген. Тој се фокусира на седум прашања:

�Кој сум јас?

�Која е мојата работа?

�Која е мојата одговорност кон мојата заедница?

�Може ли да се направи добро и прави добро во исто време?

�Дали постои врска помеѓу мојот успех и мојата значајност?

�Како ги балансирам барањата на времето?

�Колку е доволно?

Прашањата обично не се наоѓаат во учебниците или студиите по деловна етика. Сфатив дека ми требаше доста време да ги разберам смислата и целта на овие прашања. Како што работев преку нив, сфатив дека со разбирањето на моите вредности, она што претставува важно за мене, ми помага да донесам подобри одлуки. Можеби сум безнадежен оптимист, но мислам дека доколку сите ние донесеме добри етички одлуки, нема да бидеме загрижени за

корупцијата. Како што влегуваме во деловниот свет, треба да ги испитаме нашите вредности и да живееме според нив.

Да почнеме со најтешкото. Знам дека немам доволно простор да поминам низ сите седум, тоа би било материјал за цела книга, но со разгледување на прашањето „Кој сум јас?” се надевам дека ќе ги добиете главните обележја. Кога се соочив со ова прашање сфатив дека она што сум јас зависи од оние со кои сум. Не се работи за поседување повеќе личности, но различни луѓе ме доживуваат на различен начин. Доколку ги прашам моите деца која сум јас, тие ќе кажат дека јас сум нивната мајка. Сите мои колеги ме гледаат поинаку, често и поинаку отколку што јас се гледам себеси, па затоа почнав да ги прашувам и при тоа им кажав дека правам истражување по етика на тема „Која сум јас?”. Добиените одговори беа фасцинантни и ми помогнаа да научам многу за тоа како ме доживуваат другите луѓе. Мора да знаете дека во етиката не постојат апсолутно точни одговори, сите тие се релативни и во степени.

Д-р Зандстра напиша: „Кој сум јас?” е крајното прашање на човековата личност. Тоа е

h

Корупцијата е феномен, кој доколку не се спречи

благовремено, се карактеризира со брзо

проширување во форма на социјална епидемија.

g

h

Корупцијата сериозно им се заканува на демократијата и

социјално-економскиот развој.

g

h

Можеби сум безнадежен оптимист, но мислам дека доколку сите ние донесеме

добри етички одлуки, нема да бидеме загрижени за

корупцијата. g

уникатно за секој поединец. Ние, луѓето, сме единствените суштества на Земјата што се способни да размислуваат за тоа кои сме и што сме. Па така соодветно прашање со кое треба да почнеме е со она што ние мислиме за себе. Што е она што го заслужуваме и она што не го заслужуваме. Што е она што другите ни го должат и што ние им го должиме на другите. Без разлика на статусот или позицијата за кои веруваме дека ги поседуваме во средината на човечкото општество, мора да вклучиме и други луѓе околу нас и да го прошириме тој круг на луѓе.

Доколку верувате дека луѓето се достојни да бидат третирани со почит, бидејќи тие се човечки суштества, тогаш тоа е добро место за да почнете. Луѓето се важни за нашиот бизнис. Мораме да постапуваме со луѓето со почит, да ја кажуваме вистината и да бидеме чесни и искрени. Потсетете се на прашањето „Кој сум јас?”, дали ние ги цениме достоинството, животот, вистината или можеби имотот.

Мислам дека во крајна линија е важен изборот што го правиме. Разбирањето на тоа кои сме ние е многу важно. Џери вели: „Секогаш кога правиме некаков избор ние се обликуваме себеси како личност. Доколку веруваме дека ова е вистина, ќе се стремиме да правиме избори што негативно ќе го обликуваат нашиот морален карактер”.

Доколку сакате да дознаете повеќе во врска со другите прашања, слободно испратете ми електронска пошта – [email protected]. Можеме да ги разгледаме сите други прашања. Посебно би го издвоила последното „Колку е доволно?” и што би направиле за тоа. Дали вие сте наредниот Бил Гејтс. Дали би го подариле вашето богатство за му да направите некое добро некому? n

Page 8: pretpriemac br.11

8 Број 11 | Ноември 2010

Фондација ПСМ Ул.Архимедова бб (реон 60)Тел 3103 660Е-пошта: [email protected]

www.pretpriemac.mkwww.yesincubator.org.mkwww.gew.com.mkДизајн на изданието: кома лаб.

Д-р Слаѓана Тасева, Транспарентност нулта корупција

Немаме ефикасен систем за борба против корупцијата

За жал, после една деценија организирани и повеќестрани активности за подигнување на јавната свест, подобрување на правната и институционална рамка за превенција и борба против корупцијата, таа сè уште претставува мошне широко распространет проблем, вели д-р Слаѓана Тасева, поранешен прв претседател на Антикорупциската комисија, а сега на чело на „Транспарентност нулта корупција”, партнерска организација на „Транспаренси интернешенл” во Македонија.

�Според вашето мислење, кои се најчестите форми на корупција во приватниот сектор? Како се случува корупцијата?

� Корупцијата во приватниот сектор сè повеќе се препознава како проблем. Сфаќа-њето дека корупцијата е феномен што егзис-тира единствено во јавниот сектор и во држав ната администрација и дека е поврзан единствено со извршување службена должност

или функција веќе се надминува и останува во сферата на класичниот третман на овој проблем. Денес постојат неколку меѓународни документи кои го третираат проблемот на корупцијата во приватниот сектор, а дејствата од овој вид се вградуваат и во националните законодавства. На овој начин се настојува да се обезбеди непречено гонење за коруптивните дејства во приватниот сектор во меѓународни рамки.

Покрај поткупот, присутни се и други форми на коруптивни однесувања, кои во најголем дел се поврзуваат со меѓународните бизнис-активности, со тендерите, склучувањата бизнис-договори во услови на судир на интереси и непотизам, тргување со влијанија, преку таканаречените поттикнувачки плаќања, со лобирањето и друго.

�Додека некои луѓе сметаат дека корупцијата е лоша за економскиот развој, други пак сметаат дека мала доза на корупција е корисна за бизнисот. Што мислите вие?

� Меѓународното право не познава „мала доза” на корупција. Секоја корупција, од кој било вид или сторител се смета за недозволена и најчесто е казнива. Исти такви норми се вградени и во македонските закони. Мојот став е дека треба да се инсистира на востановување на принципот „нулта толеранција” за корупцијата во бизнисот. Ризиците од корупцијата обично почнуваат со поткуп и понатаму се шират, за што е неопходен интегриран пристап кон корпоративниот интегритет.

�Кои (типови) компании сметате дека се најчесто инволвирани во корумпирани бизнис-практики и зошто?

Бизнисот игра доста истакната улога во коруп-тивните исплати за државни службеници, чле-нови на влади и политички партии. Митото се бара активно, се изнудува или се нуди проактивно. Без разлика на степенот на принуда што постои, и понатаму важи правилото дека

поткупот негува култура на неказнување и повторување на корупцијата, го поткопува функционирањето на јавните институции и поттикнува верување кај јавноста дека владите и бирократиите можат да бидат купени од оној што ќе понуди најмногу.

Според глобалниот извештај за корупцијата на „Транспаренси интернешенл”, нивото и опсегот на поткупот во бизнисот се запрепастувачки. Речиси на два од пет директори на бизниси, кои биле предмет на истражување, им било побарано да платат поткуп во контактите со јавите институции. Половина од нив проце-ниле дека корупцијата ја зголемува цената на проектот за најмалку 10 проценти. Еден од петмина тврдел дека го изгубил бизнисот поради поткупот што го плаќала конкуренцијата.

Последиците се драматични. Само во земјите во развој и транзиција корумпираните политичари и државни службеници примаат поткуп за кој се верува дека достига вкупна вредност некаде меѓу 20 и 40 милијарди долари годишно - што е еднакво на околу 20-40 проценти од официјалната помош за развој. Трошоците не се мерат само во пари. Кога корупцијата ќе им дозволи на бескрупулозни компании да не го почитуваат законот, последиците се движат од недостиг на вода во Шпанија, експлоататорски услови за работа во Кина или незаконско сечење на шумите во Индонезија, па сè до небезбедни лекови во Нигерија и лошо изградени згради во Турција што се рушат со смртоносни последици.

�Дали сметате дека корупцијата се намалува или се зголемува во последната деценија во Македонија? Каков сметате дека ќе биде идниот тренд?

� Би било многу подобро да зборуваме на основа на релевантни статистички податоци, но корупцијата е вид на криминалитет кај кој темната бројка е највисока. Ова е поради фактот дека се казнуваат и двете страни или сите учесници во коруптивниот настан. Сепак, сознанијата засновани на секојдневните актив-ности на „Транспарентност нулта коруп ција” укажуваат на тоа дека корупцијата делум но ги менува областите во кои се зголемува, но не се намалува во оние што се сметаат за класични форми на коруптивни зделки. Така, на пример, сè уште постои многу високо ниво на корупција во јавните набавки и тендерите, потоа во градежништвото, кон цесиите, лиценцирањето и други договорни активности. Но корупцијата денес сè повеќе се јавува и во сферата на политиката, приватното образование, при-ватното здравство, европ ските проекти.

�Луѓето сметаат дека Балканот е корумпиран, но исто така може да забележиме дека огромни европски компании се вклучени во сериозни коруптивни скандали (на пример Сименс во Грција). Кое е вашето мислење за ова?

� Корупцијата постои насекаде во светот, а земјите од Балканот се наоѓаат некаде на средина на листата на држави кои се рангирани во Индексот за перцепција на корупцијата. Фактот дека е разоткриена корупцијата во неколку големи европски компании се должи, пред сè на ефикасноста на механизмите за откривање, пријавување и гонење на овој вид криминално однесување. Исто така, обја-

вувањето на коруптивните трошења и зделки за компаниите во Европа предизвикува непри-јатности поради губење на угледот и бизнис-партнерите. Во тоа е разликата. Кај нас сè

уште не постои ефикасен систем за откривање на корупцијата, а спрегата помеѓу бизнисот и политиката го оневозможува ефикасното гоне-ње и санкционирање.

Што сметате дека треба да се направи за ефективно да се намали корупцијата во Македонија?

Неопходно е да се преиспитаат постоечките механизми кои не ги даваат очекуваните резултати, како што се Законот за спречување на корупцијата и за судирот на интереси, неопходно е да се обезбеди непречено и заш-титено пријавување на коруптивните одне-сувања, како и зајакнување на неселек тивната казнено-правна реакција за откривање и санкционирање на корупцијата. Треба да се воспостават критериуми и правила кои ќе бидат транспарентни и мерливи, а во нивната примена треба да се вклучат сите засегнати страни. Во оваа смисла неопходно е да се развие свеста за корпоративниот интегритет и потребата од создавање на таканаречените острови на чесност.

�Кој треба да биде инволвиран во борбата против корупцијата во бизнисот? Дали тоа во основа треба да биде Владата, самиот бизнис...?

� Работата на корупцијата во глобалните бизниси бара глобален пристап, вклучувајќи ја и прекуграничната соработка на агенциите што работат на спречување на корупцијата, властите што работат на конкуренцијата и даночните власти, како и финансиските пазарни регулатори. Финансиската криза претставува моќен потсетник дека непрегледните делови во однос на транспарентноста и надзорот можат да ја дестабилизираат целата глобална економија. Владите треба да го искористат импулсот за реформа во смисла на посилна соработка меѓу регулаторите и органите на прогон - за сите земји, пазари и актери на пазарот. n

Филип Момировски

Проект на Здружението на граѓани - Економско образование на млади менаџери

Недостигот од јасни регулативи за водење бизнис доведуваат до голем број негативни последици за бизнисите во Р. Македонија. Оваа практика е типична за сите стопански субјекти во земјата, вклучувајќи ги и домашните и странските. Во Македонија доминира сфаќањето дека во земјата сè е дозволено, непочитување на законите, отсуство на казнени мерки, злоупотреба на монополска и политичка позиција, недостиг од транспарентност во јавниот и комерцијалниот сектор, како и нејасни процедури, кои се применуваат во комерцијалниот, технолошкиот сектор, приватизацијата и инвестициите. На нашите компании ќе им биде потребно подолго време да ги применат меѓу-народните стандарди.

Здружението на граѓани „Економско образование на млади менаџери”, или попознато како Junior Achieve-ment, е компанија што има искуство во работењето со млади луѓе. Оваа компанија се стреми кон креирање млада работна сила, која ќе ја подобри иднината на нашата земја. Исто така оваа компанија се стреми кон едукација за етиката уште во раната училишна возраст, бидејќи само на тој начин зборот БИЗНИС ќе звучи како и во другите развиени земји.

Оваа организација спроведува проект наречен „Етиката во бизнисот”, за кој повеќе информации можат да се најдат на сајтот www.ja-global.org. Проектот е достапен за 112 земји-членки на Junior Achievement Worldwide.

Проектот е планирано да се одвива помеѓу часовите кога учениците имаат пристап до компјутер и да го анализираат проблемот, а потоа да

разговараат со својот глобален партнер за таа недела.

Сите групи се поделени на подгрупи од по 3-5 ученици, кои избираат лидер, кој ќе им помага на другите во нивната глобална комуникација. Интернет-бази-раната програма автоматски � доделува глобален партнер на секоја група од друга земја, а на крајот на програмата на секој ученик му е овозможено да комуницира со своите врсници од најмалку 12 земји.

Комуникацијата со глобални партнери им овозможува на учениците да откријат сличности и разлики меѓу различни култури, и да ги прошират своите перспективи за етиката и разбирањето меѓу различни култури.

Наставата ја држат обучени наставници во присуство на ментор, а на секој ученик му е дадено да разговара со својот глобален партнер на одредена тема за конкретната недела. Преку оваа комуникација учениците можат да ја увидат етиката во акција и да донесуваат соодветни решенија за конкретни проблеми. Уште еден битен елемент на овој проект е тоа што на групите им е дадено да дискутираат на одредени проблеми и да разменат мислења и идеи.

Преку овој курс учесниците ќе бидат поттикнати да ги анализираат своите лични уверувања, вредности и карактер со решавање нови случаи. Можноста учениците од различни култури да се соочуваат едни со други, да ги разменуваат своите гледања во различни етички ситуации, ќе им овозможи на учениците да ја уочат разликата помеѓу различните култури.

Така на пример на една меѓународна ученичка конференција еден ученик од Германија навел дека помеѓу другите етички принципи е и принципот „да

се биде навреме”. Според неговото размислување, доколку личноста не дојде навреме на закажаниот состанок претставува израз на непочитување. Според толкувањето, друг ученик од Бразил навел дека во неговата земја времето се зема како многу флексибилна категорија и ретко кој пристигнува навреме на закажан состанок. Ова укажува како универзалните вредности можат да варираат од една земја до друга.

Етиката во бизнисот денес е дел од модерниот бизнис-менаџмент и дел од општеството во целост. Поради важноста на етиката во бизнисот, таа ќе се изучува како етика помеѓу стопанските ентитети и етика помеѓу бизнисите и Владата, опфаќајќи ги следниве програмски подрачја: што е етика, универзални вредности, лични вредности, корупцијата - проблем на општеството, транспарентност на јаваната администрација, етиката - како превентива за корупцијата, конфликт на интереси, медиумите и нивната улога во спречувањето на корупцијата, контролата и нејзината улога во борбата против корупцијата. n

Етиката во бизнисотh

Етиката во бизнисот денес е дел од модерниот

бизнис-менаџмент и дел од општеството во

целост.

g

hМеѓународното право не познава „мала доза” на

корупција.

g