56
09 Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата во домаќинствата перцепции на граѓаните за природата на кризата и нејзиното влијание

Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Embed Size (px)

DESCRIPTION

 

Citation preview

Page 1: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

09

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата во домаќинствата перцепции на граѓаните за природата на кризата и нејзиното влијание

Page 2: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

2 | P a g e

Содржина

Резиме....….……………………………………………………………………………………………………………………..3 Перцепцијата на граѓаните за финансиската криза и ефектите од неа....………...4 Вовед...........…………………………………………………………………………………………………………………….4 Влијанието на кризата врз македонската економија........………………………………………………….6 Индекс на надеж.......................………………………………………………………………………………………12 Заклучок (Прв дел)………………………………………………………………………………………………………….15 Влијанието на кризата врз процесот на натамошното раслојување и зголемување

на социјалните нееднаквости во земјата..……………………………………………………………….15 Заклучок (Втор дел)….…………………………………………………………………………………………………….22 Природата и силината на основните стравови и грижи на граѓаните во услови на

криза...................................................…………………………………………………………………………..23 Заклучок (Трет дел)….…………………………………………………………………………………………………….25 Социјалните димензии во услови на криза.........................……………………………………27 Пазар на труд...……………………………………………………………………………………………………………..27 Социјална заштита………………………………………………………………………………………………………….31 Образование.…………………………………………………………………..………………………………………….…34 Здравје……………………………………………………………………………………………………………………………36 Заклучоци (Четврти дел)….…………………………………….………………………………………………………38 Препораки ...........................................................................................................40 Довербата на граѓаните во институциите и политичките партии во услови на

криза............................................................................………………………………………….41 Постои ли политичка алтернатива? ...................................................................................45 Заклучок (Петти дел)…………..…………………………………………………………………………………………47

Заклучни согледувања и препораки.....……………………………………...………………………….48 Користена литература…………………………………………………………………………………………………….51 Методолошка рамка (Appendix 1)…………………………………………………………………………………..51 Примерок (Appendix 2).......………….………………………………………………………………………………..53

Page 3: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

3 | P a g e

Агенцијата за испитување на јавното мислење и комуникации- ,, Рејтинг,, со седиште во Скопје, за потребите на Фондацијата Фридрих Еберт- Канцеларија во Скопје, спроведе теренско испитување на јавното мислење во Македонија во периодот од 5-15 септември, на тема Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз

состојбата во домаќинствата.

Со истражувањето спроведено по моделот фејс то фејс интервју, беа опфатени 1068 домаќинства на репрезентативен примерок од населението во Македонија. Основната цел на истражувањето беше, преку испитување на јавното мислење, со стандардизиран прашалник да се добијат информации за : 1.Степенот со кој граѓаните, односно домаќинствата, ги чувствуваат последиците од глобалната финансиска криза во Македонија. 2. Влијанието на кризата врз процесот на натамошното социјално раслојување и зголемување на социјалните нееднаквости во земјата. 3.Природата и силината на основните стравови и грижи на граѓаните во услови на криза 4. Очекувањата и надежите на граѓаните за излез од кризата. 5. Довербата во институциите и субјектите со најголема моќ за совладување на кризата или за намалување на нејзините последици. Во тимот беа вклучени експерти за испитување на јавното мислење (Никола Спасов), експерти за економските движења и политики во Македонија (Мр. Никола Поповски) експерти за политички систем и политички партии (Проф. Др.Ѓорѓи Спасов) и експерти за Социјалната политика во Македонија (Доц. Др. Маја Геровска). Тие се и автори на овој извештај завршен во октомври 2009.година.

Page 4: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

4 | P a g e

1.Перцепцијата на граѓаните за последиците глобалната финансиска криза во

Македонија

1.1 Вовед

Кон средината на 2008 година година кога глобалната финансиска криза се закануваше со сета своја жестина, во владините кругови во Македонија постоеше мислење дека Македонија, не само што нема да ги почувствува последиците од глобалната финансиска криза туку дека дури и ќе ”профитира” од неа.

Ваквото тврдење се образложуваше со фактот што ,,македонскиот финансиски и банкарски сектор не бил доволно интегриран во светскиот и дека неговата ликвидност се базира на стабилни извори (депозити на населението и корпоративниот сектор) па не може да дојде до значајни пореметување во македонското стопанство,,. Една година по ваквата политика на владата, Македонија веќе силно ги почувствува последиците од глобалната финансиска и економска криза и земјата влезе во рецесија. Според официјалните прелиминарни податоци од Државниот завод за статистика македонскиот БДП во првите две тримесечија во 2009. година забележи пад од 0,9% и 1,4%. Македонија е мала земја и економија со либерализирана надворешна трговија чиј обем достигнува годишно ниво од околу 100% и повеќе од годишниот БДП на земјата. Економијата е зависна од увозот на стоки кој е близу двојно поголем од извозот на земјата. Како резултат на тоа трговскиот дефицит на Македонија достигна ниво од над 25% од БДП во 2008 година со апсолутна вредност од над 2,5 милијарди долари. Високиот трговски дефицит традиционално, во значаен дел, се финансира преку дознаките од македонските работници во странство. Светската криза влијаеше на ваквите трансфери кои наспроти растот на трговскиот дефицит останаа на исто ниво. Ваквите неповолни тенденции создадоа огромен дефицит на тековната сметка во висина од 14% од БДП во 2008 година. На тој начин Македонија влезе во состојба на економска рецесија следена со силно влошување на состојбите во екстерниот сектор.

Табела 1

- во милиони долари

2005 2006 2007 2008 2009

(јан - јуни) трговски дефицит

-1.063 -1.284 -1.630 -2.552 -1.030

приватни трансфери

+987 +1.163 +1.352 +1.376 +492

тековна сметка

-158 -56 -597 -1.210 -569

Извор: НБМ, податоци за платен биланс 1993-2009 Тенденциите продолжија и во првата половина на 2009 година со исто темпо. Со кризата најпогодени беа главните извозни сектори на македонското стопанство:

Page 5: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

5 | P a g e

металургијата, текстилната индустрија и извозот на земјоделски производи. Овие сектори кои кумулативно учествуваат со над 2/3 во вкупниот извоз го намалија извозот заради падот на побарувачката за нивното производство и последователниот пад на нивните цени на светскиот пазар. Истовремено голем дел од вработените во овие индустрии остануваа без работа или заминаа на принуден одмор или минимално платени отсуства, а владата не превзема мерки да им помогне туку, даваше изјави дека ,,очекува од сопствениците и менаџерите на загрозените компании од кризата ,да не ги отпуштаат вработените туку во овој кризен период да го трошат ,,високите профити,, заработени од нивна страна во претходниот период кога цените на металите на светската берза беа високи и кога се остваруваше поволен извоз„. Кризата во светот влијаеше и онака ниското ниво на странски директни инвестиции (СДИ) во Македонија да се намали.

Табела 2 Странски директни инвестиции во Македонија 2004-2009

- во милиони долари

година 2004 2005 2006 2007 2008 2009 (јан - јуни)

СДИ 322 94 424 700 612 139 Извор: НБМ, податоци за СДИ 1993-2009

Нивото на СДИ во првата половина од 2009 е исклучително ниско и според најавите, до крајот на годината тоа нема да достигне повеќе од 250-280 милиони долари. Со својата релаксирана политика, владата на десницата во Македонија дури и придонесе за заострување а не за ублажување на кризата. Таа во последните три години го зголеми вкупното даночно оптоварување на граѓаните. Мерено преку нивното де факто учество во општиот буџет на владата, тоа изнесува дополнителни една милијарда евра, а од така зголемениот буџет ги зголеми бројот на вработените но и платите на вработените во државната администрација и пензиите. (Според податоците на државниот завод за статистика, во јули 2009 година просечната плата во Македонија била за 25% поголема од просечната плата во јули 2008.година. Ова зголемување се должи на примената на концепцијата за бруто плати со која во платата се внесени и надоместокот за храна и превоз на работниците што до тогаш се исплаќаа во вид на парични надоместоци во висина од околу 25% од просечната плата). Со тоа, владата ја обезбеди својата политичка поддршка но ја зголеми само потрошувачката на странски луксузни стоки од страна на побогатиот дел на населението и на евтини странски стоки кои во услови на криза се продаваат во Македонија. Во јули 2009 година просечната нето плата изнесувала 19.736 денари односно 315 евра а просечната бруто плата 29.720 денари. Буџетските средства наменети за капитални инвестиции во луксузни згради, коли, и споменици исто така влијае само врз зголемувањето на увозот, на трговскиот дефицит и на дефицитот на тековната сметка. Во текот на 2008 година Владата издвои 12 милиони евра за подигање споменици на Александар Македонски и на други личности од историјата и потроши

Page 6: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

6 | P a g e

17 милиони евра за рекламирање на своите проекти во медиумите меѓу кои оние за ,,трето дете,, воведување верско образование,, и сл. Во овој период владата е најголемиот клиент на рекламните агенции во Македонија и најголем закупувач на телевизиско време за акламирање. Соочена со недостиг на средства за финансирање на дефицитот и зголемената јавна потрошувачка, владата беше принудена да почне да позајмува значителни средства на домашниот пазар и од странство. На домашниот пазар владините државни записи и државни обврзници во услови на дефлација од 1% достигнаа каматна стапка од 9%. Владата беше приморана да воведе домашни записи и обврзници со девизна клаузула за да ја спушти каматата на околу 5-6%. Истовремено таа издаде евро обврзница од 180 милиони евра со камата од 10% што доведе до намалување на кредитниот рејтинг на Македонија. Каматите на едномесечните благајничките записи на НБМ се зголемени и изнесуваат 9 проценти. Со својот негативен однос кон некои веќе присутни странски инвеститори во земјата (како ЕВН Австрија, Холдингот Коч,Турција, Делта компанијата од Србија, генерално влошените односи со Грција), манипулацијата со јавните тендери( во енергетиката, јавниот превоз ) и зголемениот увоз на струја заради смалување на домашното производство, Владата во овој период, дополнително ја влошува економската состојба во Македонија. Врз основа на овие ,,инпути,, трговскиот дефицит на земјата од 1.3 милијарди долари во 2006 година за две години се зголеми за двојно на 2.6 милијарди долари во 2008 година. Девизните резерви на земјата се смалија за 450-500 милиони евра само во последните 10 месеци и ја доведоа во сериозна опасност стабилноста на домашната валута. Во август 2009 резервите се зголемија заради задолжувањето на земјата со издавање на обврзници и заради сезонското влијание на зголемени девизни дознаки од странство во летните месеци. Состојбата треба да се следи внимателно во наредните 6-8 месеци. Стапката на невработеност во Македонија е висока и изнесува околу 34%. Според податоците на ДЗС изготвени согласно критериумите на Светската банка, 28,7% од домаќинствата се сиромашни, а индексот на длабочината на сиромаштијата изнесува 9,2%. 1.2. Влијанието на кризата врз македонската економија Во вакви услови, на граѓаните им го поставивме прашањето:Општо земено дали од економската криза сте многу загрижени, загрижени, не сте загрижени многу или не сте загрижени воопшто?

Page 7: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

7 | P a g e

Анализата на одговорите според социодемографските белези на испитаниците укажува на тоа дека кризата особено ги загрижува помалку образованите, невработените и семејствата со пониски месечни примања. Во следниот графикон се дадени процентите на оние што одговориле дека многу ги загрижува кризата: Категории граѓани што кризата многу ги загрижува

Page 8: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

8 | P a g e

На прашањето кое гласеше: Колкаво е влијанието на светската економска криза врз Македонија? добиени се следните одговори:

И кај ова прашање, граѓаните кои се повеќе загрижени од кризата, односно економски послабите, невработените и со пониско образование оценуваат дека влијанието на светската криза врз Македонија е големо. Но, исто така постојат разлики во зависност од состојбата на невработените членови во семејството и регионот во кој живеат граѓаните:

Светската криза има големо влијание врз состојбата во Македонија

Page 9: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

9 | P a g e

Независно од кризата, најголем дел од граѓаните на Македонија сметаат дека економската состојба во Македонија е лоша или многу лоша:

Оценки на граѓаните за економската состојба во Македонија

Ова е едно од прашањата на кое сите испитаници независно од нивната етничка припадност, возраст, занимање или место на живеење дале сличен одговор. Како најкритична група повторно се јавуваат социјално загрозените семејства или оние со месечни примања до 10000 денари. 35% од оние кои се наоѓаат во оваа група ја оцениле македонската економија многу лошо додека секој четврти испитаник од групите со примања од 10 до 25000 и 25 до 40000 го делат истото мислење. Прашањето: Споредено со периодот од пред 12 месеци дали би рекле дека економската состојба во Македонија денес е значително подобрена, малку подобрена, иста е како и пред 12 месеци, малку е влошена или многу е влошена: покажува дека речиси секој втор граѓанин (46%) смета дека малку или многу се влошила македонската економија. 39% сметаат дека македонската економија не претрпела никаква промина во последната година што укажува на лошо расположение меѓу граѓаните земајќи го во предвид фактот дека пред една година економската ситуација во државата беше оценета како релативно лоша. Ова уште еднаш го потврдува мислењето на јавноста каде 4 од 5 прашани даваат негативни оцени за општата состојба во македонската економија.

Page 10: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

10 | P a g e

Ова мислење генерално го делат сите групи на граѓани. Единствена разлика во мислењата може да се забележи кај испитаниците со различно ниво на образование. Најлоши оцени по ова прашање дале испитаниците со високо образование кои 54% сметаат дека ситуацијата е малку или многу влошена. По официјалното влегување на земјата во рецесија во 2009 година, владата мораше да признае дека земјата се соочува со сериозни проблеми во својот економски развој. Според нејзиното објаснување, сепак, тоа не се случува заради било какви грешки во нејзината економска политика туку е целосно резултат на влијанието на светската економска криза. Според Премиерот кој тврдеше дека Македонија нема да биде погодена од глобалната финансиска криза ,,не е можно кога БНП на една Германија опаѓа за 6% македонскиот да расте и дека фактот што опаѓањето на нашиот БДП е помало од она на Германија упатува на сознанието дека во земјата состојбата и не е така лоша„. Според податоците на владата, падот на БДП во Македонија ,во првиот кваратал од 2009 година, изнесувал само 0.9% за разлика од други земји во кои во истиот период тој пад бил многу поголем, како на пример: во Бугарија 3.5% Германија 6.4, Естонија 15,1 Шпанија 3,3 Италија 6,5 Латвија 18, Литванија 13.3 Унгарија 6,7 Холандија 4,5 Австрија 4,7 Словенија 8,5 Шведска 6,6 Велика Британија 4,9 Хрватска 6,7 , Турција 13,8 итн Иако на општата јавност не и е лесно да суди компетентно за причините на економскат криза во Македонија, во следниот графикон се поместени одговорите добиени на прашањето: Колку според вашето убедување, влошувањето на економската состојба во Македонија е предизвикано од глобалната финансиска криза?

Page 11: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

11 | P a g e

И на ова прашање, процентот на оние кои веруваат дека влошувањето на економската ситуација се должи првенствено на домашната политика е повисока кај испитаниците со високо образование. Повеќе од една третина од испитаниците веруваат дека лошата економска состојба во Македонија е подеднакво под влијание на домашната политика и на надворешните фактори (на кризи), што значи дека вкупно повеќе од 50% од граѓаните сметаат дека лошата финансиска состојба во Македонија се должи на домашните политики. Наспроти тврдењата од владата, општото мнение на граѓаните во Македонија е дека домашната политика не може да се амнестира од серозните последици што ги чуствува македонската економија во услови на глобалната финансиска криза. Критиката кон владата е најизразена во скопскиот и североисточниот регион, но исто така и во земјоделските региони, пелагонискиот и југосисточниот. Владата во Македонија сега тврди дека Македонија ќе оствари позитивен раст на БДП веќе во последниот квартал од оваа 2009 година, а според последните нејзини проекции падот на БДП во 2009година ќе биде само 0,6%. Меѓународните финансиски институции (Светска банка, ММФ, ЕБРД) и некои домашни институции (НБМ) имаат проекции за пад на македонскиот БДП во 2009 година од 2% до 2,5%. Владиниот оптимизам не го делат целосно ниту граѓаните на Македонија. Во следниот графикон поместени се одговорите на прашањето: Кога очекувате дека македонската економија ќе почне да расте?

Графикот погоре го покажува индексот на надеж за македонските граѓани во однос на економската ситуација во земјата. 12% од испитаниците не очекуваат никакви подобрување на економската ситуација некогаш и уште 32% сметаат дека ова не би можело да се случи наскоро. Тоа прави 44% од населението крајни песимисти кога станува збор за македонската економија и нејзиното подобрување. 20% од населението или еден од пет може да се сметаат за оптимисти и очекуваат дека македонската економија ќе расте, повторно, по шест месеци

Page 12: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

12 | P a g e

или максимум една година од сега. Како умерени песимисти или оптимисти може да се квалификуваат речиси една третина од населението кои веруваат дека економијата ќе расте по година и пол или максимум две години од сега. Индекс на надеж

Анализата на регионалната распространетост на оптимизмот во Македонија упатува на тоа дека највисок процент на оптимисти во поглед на брзината за надминување на кризата има во северно источниот регион на Македонија (Куманово и Крива паланка) 45% но исто така и во Југоисточниот регион на Македонија (Струмица, Владандово) 34% а најголем процент на големи песимисти има во Југозападниот регион (Охрид,Струга) 74% и во Источниот регион (Штип, Радовиш) 55%.. Меѓу Македонците има исто така поголем број на големи песимисти (46%) во однос на Албанците 35% но анализата на одговорите на ова прашање според членството во политички партии покажува дека меѓу оние кои членуваат во некоја од политичките партии (активната политичка јавност има повисок процент на оптимисти (26%) за разлика од оние кои не членуваат во ниту една партија кај која оптимисти се само 16%. Кај големите оптимисти пак оние што не членуваат во политичка партија процентот изнесува 46, а кај оние што членуваат во некој од партиите големи песимисти се 39%.

Page 13: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

13 | P a g e

Како и да е, очигледно е дека македонските граѓани знаат или очекуваат дека кризата сепак може да заврши и за една година. На следното прашање кое гласеше: Дали сметате дека во следните 12 месеци општата економска состојба во земјата ќе се подобри или влоши? Добиени се следните одговори:

Интересно е да се напомене дека иако во претходните прашање можеме да видиме големо разочарување и песимизам во однос на економската иднина на нашата земја, во една година секој трет граѓанин верува дека економијата ќе се подобри малку. Сепак, сеуште има 44% од испитаниците кои веруваат дека нема да има ниту подобрување, ниту влошување на ситуацијата. Јасно е дека Македонците знаат дека кризата полека доаѓа до крајот и дека во годината што доаѓа ситуацијата треба да биде подобра од денес. Релативно висок процент од граѓаните очекуваат дека по 12 месеци на финансиската состојба на нивните семејства ќе бидат барем малку подобро од денес.

Page 14: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

14 | P a g e

Дали очекувате дека финансиската состојба во вашето домаќинство во наредните 12 месеци ќе се подобри или влоши?

Повисок е процентот на граѓани кои очекуваат дека финансиската состојба на нивното домаќинство во следните 12 месеци барем малку ќе се подобри кај оние на возраст од 18-29 - 44%; меѓу жените - 39%, високо образовани, вработените во приватниот сектор , 41%, испитаниците од урбаните места - 40%, домаќинства со месечни примања - 25.000-40.000 ден., 47%, и меѓу оние со повисоки приходи дека 40000ден- 49%. Оптимизмот е на пониско ниво меѓу мажи - 36%, кај граѓаните постари од 65 години - 14%, пензионерите - 24%, луѓе со основно образование - 30%, на вработените во јавниот сектор - 34%, на луѓето со месечни приходи по домаќинство до 10.000 ден. - 27% Она што е важно во анализата на овие реакции е проценката на граѓаните за сопствената финансиска состојба во тоа време. Како и во слични истражувања во други земји, испитаниците ја оценуваат сопствената економска состојба подобро отколку ситуацијата во државата. Заклучок

Глобалната финансиска криза има сериозно влијание врз влошувањето на економската состојба во Македонија. Влошувањето се чуствува на општ план а над 2/3 од граѓаните се серозно загрижени од последиците на финансиската криза врз македонската економија. Загриженоста од натамошното влошување на економската состојба во Македонија доаѓа во време кога речиси 4/5 од населението општата состојба во македонскта економија ја оценува

Page 15: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

15 | P a g e

како лоша или многу лоша. Но таквата состојба не е резултат само на кризата туку на подолготрајните состојби во македонската економија. Во оваа смисла на пример, секој втор граѓанин на Македонија економскта состојба на Македонија, споредена со онаа од пред 12 месеци (или пред почетокот на глобалната финансиска криза) ја оценува како иста (39%) или како барем малку подобрена (12%). Голем број граѓани(секој четврти). Сметаат дека влошувањето на економската состојба во Македонија е исклучително резултат на Светската финансиска криза и дека владата за тоа не сноси било каква одговорност. Повеќе од секој трет смета дека влошувањето е резултата и на слабостите на домашната политика во услови на светска финансиска криза (38) а дури 36% сметаат дека влошувањето на состојбата во македонската економија во оваа година е резултат само на слабостите на домашната политика. Во однос на очекувањата за излез од кризата, граѓаните не го делат оптимизмот на владата според кој веќе кон крајот на оваа година може да се очекува излегување од рецесија и раст на БДП. Секој втор граѓанин (61% смета дека може да се очекува македонската економија да почне да расте дури по 2010 година или подоцна. За очекувањата во однос на тоа каква ќе биде економската сотојба по само една година, 44% сметаат дека ќе биде иста како сегашната а уште 16% сметаат дека ќе биде барем малку полоша и од сегашната. Овие наоди укажуваат дека граѓаните го перцепираат влијанието на Светската финансиска криза врз Македонија како силно и загрижувачко но и заради раширената свест во однос на слабостите на домашната политика за справување со последиците од кризата оптимизмот за брзо излегување од кризата не е голем. Во поглед на општите оценки нема статистички значајни разлики меѓу припаданиците на различните етнички заедници во Македонија ниту врз основа на региналната разместеност на населението. Понегативни оценки за состојбата, даваат пообразованите и членови од економски подобро стоечки семејства но оптимизмот за излегување од кризата е понизок кај помалку образованите, невработените и економски послабо стоечките семејства. Иако поголемиот дел од населението во Македонија, не гледа можности за брз излез од економската криза која е само малку потенцирана со глобалната финансиска криза, 38% од граѓаните очекуваат дека финансиската состојба на нивното домаќинство веќе по 12 месеци ќе биде барем малку подобрена. Надежта кај овој дел од популацијата произлегува веројатно од ветувањата на владата дека Македонија ќе излезе од рецесија веќе кон крајот на оваа година и од информациите дека најголемите земји во светот веќе излегуваат од рецесија. Поголеми оптимисти се домаќинствата на младите од 18-29 години (44%), вработените од приватниот сектор (41%) и оние со месечен приход во домаќинството од 25-40 илјади денари односно од 400-650 евра (47%).

Page 16: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

16 | P a g e

2.Влијанието на кризата врз процесот на натамошното социјално раслојување и

зголемување на социјалните нееднаквости во земјата

Процесот на транзицијата во Македонија доведе до сериозно зголемување на стапката

на невработеност во земјата, до опаѓање на животниот стандард и до зголемување на процентот на населението кое живее под прагот на егзистенцијата. Продуктивноста на трудот на годишно ниво, мерена преку БДП по вработен во долари, мерена според методологијата на паритетот на куповната моќ покажува дека во периодот од 1990 година до 2006/7 година е намалена од 3 972 долари на 3 538, односно за околу 10%. Тоа е огромна загуба, бидејќи во меѓувреме е намален и бројот на вработените, а невработеноста од 18 проценти во 1990 година се искачи на денешните 34%. Истовремено анализите на распределбата на доходот и на потрошувачката во земјата покажуваат дека богатите се збогатуваат уште повеќе а сиромашните осиромашуваат побрзо. Според последните истражувања од пред 4 години, верификувани и објавени од Светска банка, најсиромашните 20% од населението во Македонија (400.илади луѓе) кое се на дното на социјалната пирамида, располагаат само со 6.1% од доходот на земјата а најбогатите 20% од врвот на пирамидата со 45.5%. Соодносот е поголем од 7:1 и е можен извор за социјални немири во земјата. Соодносот пак на богатството меѓу најбогатите и најсиромашните е поголем од 12:1. Но трендот се влошува и натаму. Со право може да се претпостави дека светската криза и домашната рецесија влијаат овие состојби уште повеќе да се влошат. Ова го поставува прашањето каква е социјалната структура, односно социјалното раслојување во Македонија денес. Ги имаме ли и ние оние 20% во најнеповолна економска положба, 70% средна класа и 10% привилегирани, како во некои земји на ЕУ или пак освен 10% привилегирани имаме општество со уништена средна класа и една третина од населението кое не може да преживее без социјална помош? Второто прашање е што се случува со оваа структура во услови на економска криза и како таа влијае на зголемувањето на нееднаквостите? Во рамките на ова истражување беше направен обид за самоидентификација на социјалната положба на населението. Од испитаниците беше побарано да го оценат животниот стандард на своето домаќинство на скала од 1 до 10 при што еден значи најнизок, а 10 највисок стандард за македонски услови.

Page 17: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

17 | P a g e

Оваа самопроценка во голема мера е компатибилна со статистичките податоци за распределба на доходот меѓу населението. Така на пример, според податоците од Државниот завод за статистика во 2008 година, процентот на сиромашни лица во Македонија изнесувал 28.7%. Од нив 57.7% живеат во домаќинства со 5 и повеќе членови, стапката на сиромаштија кај невработените изнесува 38.4, односно 43% од сите сиромашни се невработени, а 56.6 % од сите сиромашни лица живеат во домаќинства кај што носителот на домаќинството нема образование или има завршено максимум основно училиште. (извор: Државен завод за статистика.)

И според самооценката на граѓаните за нивниот стандард се покажува дека како многу низок, односно со оценка од 1 до3 својот стандард го оцениле 35% од граѓаните со завршено до основно образование, 45% од граѓаните што изјавиле дека месечниот приход на нивното семејство изнесува до 10 илјади денари (165 евра), 44% од оние што одговориле дека сите во семејството се невработени и 30% од оние што живеат на село. Меѓу граѓаните со средно

Page 18: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

18 | P a g e

образование кои својот стандард го оцениле како низок(со оценка од 1- 3) има 28% од населението во Македонија, а кај граѓаните со високо образование процентот на оние што својот стандард го оцениле како многу низок е 20%.

Слична слика за социјалната структура на Македонија денес се добива од одговорите на прашањето во ова истражување кое гласеше: Дали и колку може да се заштеди од месечните приходи на домаќинството?

И врз основа на одговорите на ова прашање произлегува дека 16% од населението е во групата која од месечните приходи може да заштеди по подмирувањето на месечните потреби, речиси секое второ семејство успева со приходите само да врзе крај со крај во месецот а 37% ги трошат резервите или се задолжуваат за задоволување на своте егзистенцијални потреби. Во вакви услови , на постојано зголемување на задолжувањата на граѓаните кај банките, кое според најновите статистички податоци ја достигнува сумата од една милијарда и триста илијади долари, не е чудно што само банките во Македонија, кои вистина не се интегрирани во глобалните финансиски ситеми, во 2008 година искажаа големи профити и поделија дивиденди. Истражувањето на маркетиншката агенција ГФК направено во септември 2008 година,(точно една година пред ова) во Македонија, Хрватска, Бугарија, Чешка, Полска и Романија, упатува на многу слични односи во социјалната структура на овие земји. Според тоа истражување во овие земји 41% од домаќинствата едвам врзуваат карај со крај во месецот, 34% успеваат да заштедат малку а 14% се принудени да позајмуваат или да ги трошат порано заштетдените пари за да се справат со трошоците.

Page 19: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

19 | P a g e

Се поставува прашањето, како финансиската криза влијае врз различните социјални слоеви и на социјалното раслојување воопшто? Дали во кризата богатите стануваат побогати, а сиромашните уште посиромашни и што се случува со средниот слој на населението. Ова истражување покажува дека само за една година во Македонија речиси двојно е намален бројот на домаќинствата што сметаат дека можат од своите месечни приходи по малку и да заштедат (од 38% на 16% ), за 4% е зголемен бројот на домаќинствата кои успеваат едвај да врзат крај со крај во месецот, два пати е зголемен (од 10 на 20 % бројот на семејствата што мора да трошат од своите заштеди за справување со трошоците и за три пати ( од 4 на 17%) е зголемен бројот на семејствата што се принудени да се задолжуваат за да го преживеат месецот.

Поаѓајќи од фактот што во Македонија постојат статистички показатели за распределбата на бруто националниот доход по региони, ова истражување ни овозможи да се направи увид во односот меѓу објективната и субјективната сиромаштија на населението според регионите во Македонија. За потребите на својот плански регионален развој Македонија е поделена на 8 региони со следниве карактеристики:

Page 20: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

20 | P a g e

регион км2 жители

(во 000)

БДП/жител РМ = 1000

Учество во

создавање на БДП

% на невработ.

(попис2002)

Македонија 25.713 2.040 100,0 100 38,2 1 Вардарски 4.042 154 103.6 7,8 43,5 2 Источен 3.537 181 73,3 6,5 33,8 3 Југозападен 3.340 222 63,9 6,9 42,4 4 Југоисточен 2.739 172 91,9 7,7 34,4 5 Пелагониски 4.717 236 97,2 11,2 39,9 6 Полошки 2.416 310 46,4 7,1 49,9 7 Североисточен 2.310 174 49,9 4,2 48,6 8 Скопски 1.812 590 167,0 48,5 30,4

Извор: Стратегија за регионален развој на Македонија 2009-2019, Собрание на Р.М

Податоците упатуваат на тоа дека од аспект на распределбата на доходот (БДП по жител) само два региони живеат подобро од просекот на земјата - Скопскиот и Вардарскиот, а другите 6 се под просекот. Скопскиот регион има БДП по жител што е за 2/3 поголем од просечниот, а двојно поголем од сите други. Најмал БДП по жител има Полошкиот регион каде што преовладува население од Албанската заедница. Слично е и со невработеноста по региони. Анализата на одговорите на граѓаните за прашањето колку им стигнуваат месечните приходи до крајот на месецот и дали можат да заштедат или се принудени да се задолжуваат укажува на сличните тенденции. Процент на граѓаните што се принудени да ги трошат старите заштеди или да се задолжуваат, според региони:

Овој графикон за субјективната сиромаштија во голема мера ја одразува објективната распределба на бруто домашниот производ по региони во Македонија. Влошувањето на состојбата во пелагонискиот регион е веројатно резултат на пропаѓањето на млекарницата

Page 21: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

21 | P a g e

Сведмилк, влошувањето на положбата на производителите на млеко додека влошувањето на положбата во Југоисточниот регион резултат на ниските откупни цени на грозјето и проблемите со пласманот на другите земјоделски производи. И истражувањето направено за потребите на УНДП во Македонија, во јули 2008 година ги потврдува овие сознанија за односот меѓу објективната и субјективната сиромаштија во Македонија (извор: www.undp.org.mk Нивото на евентуалното подобрување или влошување на економската состојба на домаќинствата во Македонија во периодот од изминатите 12 месеци во ова испитување беше мерено и со прашањето кое гласеше: Дали финансиската состојба на вашето домаќинство, споредена со онаа од пред 12 месеци е значително подобрена, малку подобрена , иста е како пред 12 месеци, малку е влошена или значително е влошена? Податоците од следниот графикон укажуваат на тоа дека во семејствата на граѓаните со пониско образование, понизок месечен приход, и со поголем број на невработени состојбата во услови на криза побрзо се влошува. Финансиската состојба на семејството, споредена со онаа од пред 12 месеци, според образованието

Во споредба со состојбата од пред 12 месеци финансиската состојба се влошила малку или значително кај 38% од невработените, 39% од вработените со месечни примања до 10 илјади денари, кај 46% од домаќинствата со месечен приход од 10 илјади денари, кај 33% од

Page 22: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

22 | P a g e

Скопскиот регион, 34% од североисточниот, 45% од Пелагонискиот, 28% од Полошкиот, кај 17% од Југозападниот во кој уште 75% оцениле дека состојбата им останала иста како пред една година, 27% од Источниот во кој 62% оцениле дека финансиската состојба не им се променила во однос на периодот од пред една година, 48% во Југоисточниот и 34% во Вардарскиот. Периодот од една година е секако мошне кус да се забележат некои значајни промени во финансиската состојба на семејството, но тој е сепак индикативен со оглед појавата и манифестирањето на глобалната финансиска криза и во Македонија. Заклучок

Влошувањето на економската состојба во Македонија во изминатиот период не се одразило драматично врз промените во социјалната структура на населението. Според податоците од ова истражување околу 10% од населението во Македонија спаѓа во групата привилегирани, 27-30% во групата сиромашно население според критериумите на светската банка, и од 50-60 % во она што би можело да се нарече среден слој. Дури 52% од граѓаните на Македонија во ова истражување одговориле дека ,, би можело да се каже дека финансиската состојба на нивното семејство е добра 32% ја оценуваат како лоша а 12% како многу лоша. Покрај сите мерки на владата на Македонија за ублажување на последиците од кризата(со одржување на нивото на пензиите, зголемувањето на платите преку промена на системот за исплата на плати,зголемените субвенции за земјоделството и држењето на инфлацијата и порастот на цените под контрола), бројот на семејствата кои во септември 2008 година можел дури нешто и да заштеди од своите месечни приходи по подмирувањето на основните трошоци за една година е смален за половина а бројот на семејствата што живеат од постојано зголемување на својот долг е зголемен од 4 на 17%. Според податоците од банките задолженоста на граѓаните на Македонија веќе изнесува еден милион и 300 илјада долари. Ова упатува на сознанието дека кризата сепак доведува до натамошно осиромашување, но особено на веќе социјално загрозените слоеви кои пред се ја губат перспективата за подобрување на нивниот статус. Истовремено пак кризата доведува и до натамошно зголемување на нееднаквостите кои во Македонија достигнуваат однос на 12:1. Социјалните нееднаквости доведуваат до доброволно социјално исклучување на најбогатиот слој(10%) и принудно социјално исклучување на најзагрозените(30%) со што се зголемува кризата на партиципацијата. На претседателските избори во Македонија никогаш не иззлегуваат повеќе од 52% а на парламентарните бројот на излезените гласачи е секогаш околу 60%. Ако се има пред вид дека кризата ги погодува повеќе етничките Албанци и Ромите во Македонија кои живеат во региони со понизок БДП, тогаш може да се претпостави дека зголемувањето на социјалните нееднаквости и конфликти може да се трансформира во заострување на меѓуетничките конфликти.

Page 23: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

23 | P a g e

3.Природата и силината на основните стравови и грижи на граѓаните во услови на

криза

Иако според статистичките показатели во текот на 2008 година, беше зголемена јавната потрошувачка, висината на платите се зголемила во просек дури за 25%(со новиот начин на пресметување) па денес просечната плата во Македонија изнесува 320 евра, според изјавите на учесниците во оваа анкета, дури 71% од граѓаните во изминатите 12 месеци биле принудени на смалување на потрошувачката. На што штеделе граѓаните?

13% изјавиле дека во изминатите 12 месеци биле принудени да ги откажат плановите за купување стан или да се преселат во помал, а

19 % од оние што планирале, го одложиле планираното купување кола.

42% од граѓаните ги промениле плановите за годишен одмор заради кризата односно 13% летувале во странство, 17% во земјата а 70% останале дома за време на годишниот одмор или не го користеле. 51% според свое признание, штеделе на облека

37% на потреби за домаќинството

27% на храна 24% и на користење здравствени услуги и лекови. Што најмногу ги загрижува граѓаните?

Денес граѓаните на Македонија, најмногу се загрижени од опаѓањето на животниот стандард и од високата невработеност односно неможноста да се најде работа за себе или за член на своето семејство. Како што може да се види од резултатите на ова истражување, веднаш зад овие два големи проблеми се наоѓа, несигурноста за своето работно место, можното замрзнување на платите и пензиите, опасноста од останување без доволно пари да се платат основните здравствени услуги и лекови, опасноста од останување без доволно пари за да се плати сопственото школување или школувањето на своите деца, смалените можности за натамошно задолжување но и опасноста дека ќе секнат или ќе се смалуваат и натаму дознаките од членови на семејствата вработени во странство.

Page 24: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

24 | P a g e

Што најмногу ги загрижува граѓаните на Македонија

Официјално во Македонија во првите девет месеци од оваа година (јануари - септември) измерена е дефлација од 2,5%, а на годишно ниво (септ 2009/септ 2008) дефлацијата изнесува 1,4%. Просечниот годишен индекс на трошоците на животот (официјална дефиниција за инфлацијата) изнесува 99,6, односно дефлацијата е 0,4. Според ова не постојат реални тенденции за раст на цените и паѓање на стандардот по тој основ. Светските движења на цените исто така не даваат право на вакви очекувања. Меѓутоа високата загриженост на граѓаните од зголемувањето на цените и опаѓањето на стандардот, веројатно се должи на случувањето од 2008 година кога Македонија по долги години со инфлација од 1% до 2% годишно, првпат се соочи со инфлација од 9%. Големите дефицити и финансиската нестабилност на буџетот веројатно причина за ваквите гледања на испитаниците.

На прашањето, колку ги загрижува можното смалување на дознаките од нивни роднини

во странство, како што може да се види од следната табела, станува јасно дека тоа е значително поголем проблем за домаќинствата во Македонија од албанска националност од кои според истражувањето на агенцијата Рејтинг значително поголем процент, имаат дополнителни месечни приходи од нивни роднини вработени во странство.

Page 25: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

25 | P a g e

Загриженост од смалување на дознаките од странство (според етничката структура)

Во име на објективноста, мора да биде споменато дека проблемот на невработеноста и на нискиот стандард, односно сиромаштијата се проблеми што ги загрижуваат граѓаните на Македонија веќе во мошне долг период. Тоа е и причината што сите политички партии во Македонија, во периодот на транзицијата победуваа на изборите со ветувањето дека ќе ја искоренат сиромаштијата и дека ќе ја смалат стапката на невработеност во земјата.

Заклучок

Невработеноста и стравот на граѓаните од смалувањето на можностите за вработување (свое или на член на своето семејство) се и натаму на прво место од нештата што ги згрижуваат граѓаните (77%). Во услови на криза се зголемува и бројот на оние што стравуваат од можноста за губење на работното место (свое или на член на неговото семејство 59%). Третата најголема грижа на граѓаните е можност и стравот од опаѓање на стандардот до ниво на кое не ќе можата да си ги платата трошоците за комунални услуги, за образование, за здравствени услуги и лекови ниту пак да ги враќаат на време земените кредити со кои се задолжени.

Голем број граѓани на Македонија стравуваат и дека дознаките од странство кои го пополнуваат нивниот семеен буџет со речиси една милијарда долари годишно ке се смалат. Домаќинствата на етничките Албанци во Македонија кои во двојно поголем процент се корисници на овие дознаки од припадниците на другите етнички заедници во Македонија се и

Page 26: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

26 | P a g e

во двојно поголем број загрижени од оваа можност (62%) за разлика од етничките Македонци на пример меѓу кои 31% се загрижени од таквата можност. Во изминатите 12 месеци огромен број од граѓните (71%) биле според нивното признание принудени да го смалат нивото на нивната потрошувачка во некоја област во однос на претходната година. Од нив дури 51% изјавиле дека ја смалиле потрошувачкта при купувањето нова облека, 27% штеделе на храна а 24% и на лекови.

Page 27: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

27 | P a g e

4. Социјалната димензија на светската финансиска криза – перцепција на граѓаните

Вовед:

Иако глобалните финансиски институции го означуваат крајот на финансиската криза во 2010 година, нејзините ефекти сé уште се очигледни. Економскиот пад предизвикан од финансиската криза од 2008/09 година има видливи последици врз индивидуалната благосостојбата на граѓаните, но, исто така, претставува предизвик за постојните јавни мерки за поддршка и нивната ефективност. Според тоа, од особен интерес за ова поглавје се перцепциите на граѓаните за социјалната димензија на кризата. За таа цел, анализата ќе се фокусира на ставовите на граѓаните, но, исто така, и на нивниот статус и пристап на пазарот на труд, социјалната заштита, образованието и здравството во текот на изминатите 12 месеци (вклучувајќи го периодот до септември 2009 година). Пазар на труд

Дури и пред сегашната економска криза, условите на македонскиот пазар на труд беа тешки. Официјалната статистика покажува дека во последните месеци на 2008 година и првата половина на 2009 година, имаше тренд на намалување на стапката на невработеност, стапката на регистрирани невработени лица, како и зголемување на бројот на корисниците на помош заради невработеност. Според податоците на Државниот завод за статистика, стапката на невработеност во 2008 година изнесуваше 33,8%. Според Агенцијата за вработување, првиот запис на невработеност забележително се зголеми во ноември 2008 година. Постојаното зголемување на бројот на невработени лица продолжува од јануари, до март 2009 година, кога достигна 351.278 невработени (март). Споредбата на стапката на невработеноста во земјата, меѓу првиот квартал од 2009 година (32,7%) и 2001/2002 години, кога земјата, исто така, беше соочена со внатрешни (етнички) кризи, покажува дека сегашниот број невработени е повисок од оној во 2001 и 2002 година (кога стапката на невработеност изнесуваше 29,5%, за 2001 и 31,7%, за 2002). Според етничката припадност на регистрираните невработени лица, може да се забележи дека во периодот јануари - април 2009 година, порастот на невработеноста е најмногу евидентен меѓу етничката група на Бошњаците (9,09%), како и меѓу Албанците (1,85%). Образовниот статус на регистрираните невработени лица, покажува дека порастот на невработените од јануари, до април 2009 година беше најмногу забележлива кај: оние без образование, оние со 3 годишно средно образование, а, исто така, и меѓу оние кои се невработени со високо образование. Возраста на регистрираните невработени лица покажува дека порастот на невработеноста најмногу доаѓа до израз кај постарите работници, т.е. кај оние кои се во старосната група над 60 години (пораст од 4,19% во април, во споредба со јануари 2009 година), како и меѓу оние од возрасната група од 55, до 59 (со растот на невработеноста од 1,56% во истиот период). Бројот на примателите на помош заради невработеност се зголеми во декември 2008 година за 300 луѓе, во споредба со претходниот

Page 28: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

28 | P a g e

месец, што вкупно изнесува 23.565 корисници на помош за невработеност. Најголем дел од корисниците се луѓе кои ги загубија своите работни места поради технолошки вишок. Резултатите од првичното истражување преземено за целите на оваа студија, покажуваат загрижувачки трендови. Репрезентативното истражување вклучи 1.038 испитаници, од кои во 2009 година, 48% не беа вклучени во пазарот на работна сила (односно: невработени, пензионери, студенти или домаќинки). Состојбата на невработеност во домаќинствата на испитаниците е уште потешка, бидејќи 66,7% од нив живеат во домаќинства каде што има најмалку еден невработен. Од овој број, 3,9% од испитаниците живеат во семејство каде што сите членови се невработени. Економската криза придонесе кон губењето работа (во последните 12 месеци) за 19% од испитаниците, меѓу кои мнозинството се луѓе од етничко албанско потекло. Бројот на изгубени работни места кој преовладува во западниот регион на Македонија, ги вклучува, претежно, оние со средно образование, како и домаќинствата со месечни примања до 10.000 денари (164 евра). Од сите испитаници, 57% одговориле дека знаат барем еден кој ја изгубил својата работа како резултат на економската криза. Профил на лица кои ја изгубиле работата во текот на економската криза

Забелешка: Горниот графикон ги дава резултатите само за оние испитаници кои ја изгубиле работата во изминатите 12 месеци. На пример, 18% од етничките Македонци ја изгубиле работата (додека 82% не ја изгубиле).

Page 29: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

29 | P a g e

Очигледно е дека оние со статус на пониско образование, постарите работници (50 до 65 години), како и жените, најмногу настрадале за време на економската криза во Македонија. Ова не е изненадување, бидејќи кризата најмногу се почувствува во индустриите, каде што поголем дел од луѓето беа со понизок степен на образовние, во индустриите, каде што се вработени големи групи жени (т.е. текстилот) а, исто така, преовладува бројот на постарите работници (рударство и метална индустрија). Повисокиот процент на изгубените работни места кај Албанците, во споредба со другите етнички групи, може да се толкува како резултат на зголемениот број на повратниците од странство, кои ги изгубиле работните места како резултат на кризата додека работеле во повеќе развиени европски земји. Безбедноста на граѓаните на пазарот на трудот за време на економската криза, исто така, е многу ниска. Меѓу оние испитаници, кои работеле за време на истражувањето (53%), мнозинството - 43%, не се чувствува сигурно дека лесно ќе најде работа од кој било вид, доколку би ја изгубиле својата сегашна работа. Поголем процент, 46%, не се чувствува сигурно дека лесно ќе најдат работа со еднакви плати и бенефиции. Перцепциите на граѓаните покажуваат дека најранливите групи во однос на економската криза се невработените (62%), следени од страна на приватните сопственици (15%). Резултатите од истражувањето, покрај другото, покажуваат дека значењето на заштитата за невработеноста во периодот на економската криза е големо, бидејќи 11% од испитаниците (од 19% кои ја изгубиле работата во текот на изминатите 12 месеци) се пријавиле за овој надомест. Од овој број, 3% се со одбиени апликации, а меѓу нив, преовладува бројот на оние со основно образование, според занимањето, главно се домаќинки, живеат во руралните места, потекнуваат од југоисточниот регион и припаѓаат на категоријата на домаќинства со месечни примања до 10.000 денари (164 евра). Оваа студија покажува загрижувачки сигнал во врска со недостигот на информации и знаење за правата на надоместоци и услуги кои се достапни од центрите за вработување, бидејќи 7% од сите испитаници не биле свесни за можноста за користење на надоместок за невработеност, а нивниот социо-демографски профил е сличен како оној на испитаниците со одбиени апликации. Користењето на услугите за обука/ преквалификација во периодот на кризата е помало од побарувачката на надоместот за невработеност, бидејќи само 8% од испитаниците се пријавиле за оваа можност. Меѓу нив, мнозинството се од возрасната група од 30-49, имаат само основно образование, припаѓаат на албанското етничко потекло, живеат во руралните места и се наоѓаат во западниот регион на Македонија. Повторно, значителен број - 12%, не беа свесни за ова право, што укажува на поголемата потреба за унапредување на можностите за обука кои ги нудат центрите за вработување во земјата.

Page 30: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

30 | P a g e

Подносители на барања за надомест за невработеност и услуги за обука за време на економската криза според региони

Забелешка: Горниот графикон ги дава резултатите само за оние испитаници кои поднеле барање, или користеле услуги за невработеност, или обука во изминатите 12 месеци. На пример: во зпадниот регион, 35% од испитаниците поднеле барање за надомест за невработеност (додека 65% не поднеле барање, или го користеле ова право од различни причини).

Резултатите во врска со заштитата од невработеност покажуваат дека паричните трансфери, или пасивните мерки за невработеноста се поважни и повеќе барани за време на економската криза, во споредба со активните мерки за вработување, како што се обуката и преквалификацијата (со исклучок на североисточниот регион). Важно е да се спомене дека во регионите каде овие надоместоци најмалку се барани (т.е. пелагонискиот), во исто време се региони со поголем број лица кои немаат знаење и информации во врска со ова право. Затоа, од особено значење е подобрување на јавната свест, особено за време на економска криза, во врска со можностите кои се нудат преку осигурувањето и заштитата при невработеност, кои, во исто време, би можеле да претставуваат важен инструмент за подобрување на условите на пазарот на трудот. Стратегиите на справување на луѓето во Македонија за време на економската криза вклучуваат барање на привремена работа - 38% од испитаниците, проследено со задолжување (пари) од роднини и пријатели - 16%. Потпирањето врз социјална помош, како стратегија на справување, е значајна само за 5% од испитаниците, што значи дека оваа придобивка и нејзиниот износ не е доволен за време на периодот на економската криза.

Page 31: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

31 | P a g e

Стратегии за справување за време на економската криза, според етничка припадност

Забелешка: Претходниот графикон дава резултати според етничката припадност, групирани според секоја стратегија. На пример, кај Македонците, 40% бараат привремена работа, 37% немаат потреба за стратегија за справување, се позајмуваат 16%, 2% се потпираат врз социјалната помош, 2% врз нешто друго, и 3% одбија да одговорат = 100%.

Перцепциите за пазарот на трудот и учеството во економската криза покажуваат дека постои поголема потреба за подобрување на сегашните механизми за поддршка, како што е овозможувањето на пристап до сите групи кои немаат поддршка (односно, земјоделските работници, како што се оние кои, главно, се во пелагонискиот регион), како и за поенергично унапредување на мерките за вработување (како активните, така и пасивните), така што луѓето ќе можат да ги ублажат негативните ефекти во текот на невработеноста. Покрај тоа, јавните мерките на пазарот на трудот во периодот на економска криза, исто така, треба да се фокусираат на обезбедувањето поголема мотивација за работа со скратено работно време, флексибилни работни односи кои може да претставуваат замена за изгубените работни места со полно работно време. Покрај тоа, за времетраењето на постојната поддршка од осигурување при невработеност треба да биде продолжена и, најверојатно, да овозможи повисоки износи на бенефиции (во текот на одреден временски период), така што да може да ги поддржи своите корисници во текот на намалена побарувачка на работна сила и намалени приходи во домаќинството. Социјална заштита

Системот на социјална заштита во Македонија ги вклучува бенефициите и услугите врз основа на придонеси, како и оние финансирани врз основа на оданочување. За целите на оваа студија, ќе се фокусираме само на социјалната парична помош (даночно финансирана ), и многу кратко, на пензиите (финансирани врз основа на придонеси). Социјалната парична помош е надоместок од последна опција, што значи дека по користењето на сите други достапни ресурси од системот за социјална заштита, поединците можат да поднесат барање за ова право. Законот за социјална заштита (2009 година) истакнува дека

Page 32: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

32 | P a g e

социјалната парична помош имаат право да ја користат работоспособни лица и домаќинства кои не се финансиски обезбедени и кои не се во можност да се здобијат со финансиски средства за живот преку други правни акти. Според официјалните податоци за домаќинствата кои примаат социјална парична помош, може да се види дека од 2005 година има намалување на домаќинствата кои ја добиваат оваа социјална парична помош. Меѓутоа, ова не може да се толкува како намалена потреба за социјална помош, туку, пред сé, како зголемување на крутоста во условените правила, како и позасилени процедури за проверка при доделувањето на помошта. И покрај намалувањето на домаќинствата кои примаат социјална парична помош, во декември 2008 година, имаше 53.105 домаќинства/семејства корисници на социјална парична помош, што изнесува 9,4% од сите домаќинства во државата. Спецификите на корисниците на социјална парична помош укажуваат дека околу 97,2% од примателите се регистрирани како невработени. Ова е нето зголемување во споредба со 1998 година, кога само 77,5% беа регистрирани како невработени. Над една третина од главите на домаќинствата кои се приматели на оваа корист се без квалификации, 23,6% имаат само основно образование и 16,1% имаат средно образование. Речиси 36% од корисниците го добиваат надоместот повеќе од шест години. Уделот на македонски корисници е во опаѓање во текот на изминатите десет години од 46,8%, во 1998 година, на 33,5%, во септември 2007 година, додека уделот на Албанците се зголемува од 25,4%, на 37%. Уделите на другите етнички групи не се значително изменети. Општини со најголем број корисници се: Тетово, Куманово, Прилеп и Скопје - Чаир (податоци од проектот на Светската банка, ССЗ проект, 2007 година). Пензиските бенефиции во Македонија се дел од системот на придонеси за социјална заштита и тие се плаќаат преку првиот столб врз основа на системот тековно финансирање или дополнително можат да се платат преку вториот столб, односно целосно финансирани пензии преку индивидуална штедна сметка. Според статистичките податоци од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, во април 2009 година Фондот имаше 273.092 корисници на пензија. Износот на просечната пензија за сите три вида пензии (старосна, инвалидска и семејните пензии) е 9.862 денари (159 евра). Во 2008 година, мнозинството од оние кои примаат старосна и инвалидска пензија, или 64,8%, припаѓаат на возрасната група од 60, до 75, а 1/3 од примателите живеат во Скопје. Споредбените статистички податоци за бројот на пензионери во земјата покажуваат дека постои постојан пораст на корисниците на пензија, почнувајќи од 166.224, во 1990 година, пораст на 241.221, во 2000 и 273.092, во април 2009 година (Борнарова, С. и Геровска - Митев, М., 2009 год.). Нашите резултатите од истражувањето покажуваат дека од 1.038 испитаници, само 7% се приматели на социјална помош. Меѓу нив, преовладуваше бројот на машки, кои припаѓаат на возрасната група над 50 години, кои имаа само основно образование, мнозинството од нив се невработени, припаѓаат на албанската етничка заедница, живеат во руралните места, во западниот регион и припаѓаат на домаќинства со месечни примања до 10.000 денари (164

Page 33: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

33 | P a g e

евра). Социо-демографските карактеристики на нашите испитаници кои примаат социјална помош е еднаков како и профилот на примателите на социјална помош даден во официјалните статистички податоци. Во однос на висината на социјалната помош, 6% од испитаниците кои добиваат социјална помош наведоа дека ова е крајно низок надомест и не го задоволува нивниот основен животен стандард. Социо-демографски карактеристики на примателите на социјална помош во текот на економската криза Забелешка: Горниот графикон ги дава резултатите само за оние испитаници кои користеле социјална помош во последните 12 месеци. На пример, меѓу машката популација, само 8% го користеле овој надомест, додека 82% не го користеле.

Page 34: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

34 | P a g e

Според одговорот на 70%, или мнозинствоto од нашите испитаници, се согледува дека економската криза има негативно влијание и врз социјалната помош и пензиите. Сличен, висок процент испитаници - 61%, сметаат дека во време на финансиската криза износот на социјалната помош треба да се зголеми, додека 24% сметаат дека таа треба да остане иста. Мнозинството од оние кои веруваат дека социјалната помош треба да се зголеми, припаѓаат на возрасната група над 65, биле ангажирани со скратено работно време, главно се од албанско етничко потекло, а живеат во регионот на Западна Македонија. Негативно влијание на кризата врз пензиите и социјалната помош:

Резултатите од нашата студија во поглед на користењето на социјалната заштита (на пример, социјална помош) за време на економската криза укажува дека не постои поголема побарувачка за овој надомест од вообичаеното. Таквиот тренд се јавува, најверојатно, заради нискиот износ на социјалната помош, кој не помага за покривање на основните потреби на ранливото население. Затоа, не е изненадување дека мнозинството од испитаниците веруваат дека во текот на економската криза овој надомест треба да биде зголемен. Сегашното зголемување на социјалната помош за време на периодите на криза, исто така, е дел од социјалниот пакет на ЕУ во однос на кризата, во која земјите-членки се охрабрени да го продолжат времетраењето и висината на надоместоците за намалените приходи на ранливите групи. Конечно, социо-демографските карактеристики на примателите на социјална помош за време на криза претставуваат значаен показател за тоа кон која од ранливите групи и од кое потекло (економско, социјално, етничко, географско) треба да се насочат услугите на социјалната помош во време на економски кризи. Образование

Системот на формалното образование во Македонија е составен од: предучилишно воспитување, основно образование, средно образование и третостепеното - универзитетско образование. И покрај последните трендови на воведување задолжително средно образование, како и зголемување на високообразовни установи во целата земја (од кое

Page 35: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

35 | P a g e

ефектите, најверојатно, ќе се покажат на долгорочен рок), бројот на образовните постигнувања сé уште е низок. Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2008 година, образовната структура на населението покажува дека од вкупниот број лица на возраст од над 15 години, повеќе од половината, или 46,4%, се лица кои немаат никакво, или имаат ниско ниво на образование (неписмени, со нецелосно основно, или само со основно образование). Исто така, кај лицата со најниско образовно постигнување, постои највисока стапка на невработеност. Во 2008 година, кај оние без образование имаше стапка на невработеност од 53,2%, кај оние со незавршено основно и средно образование имаше помала стапка на невработеност, од 35,1%, додека кај оние со основно и средно образование стапката на невработеност изнесуваше 41,8%. Овие податоци говорат дека образовниот статус, исто така, е од големо значење за статусот на лицето на пазарот на трудот. Според нашето истражување, во 2009 година, 27,2% од лицата се невработени. Според нивото на нивното образование, 56,9% од невработените лица во нашето истражување беа со средно образование, 25,9% се невработени, со основно образование, а 17,2% биле невработени, со висок степен на образование. Овие броеви се слични со официјалната статистика, според која невработените доаѓаат од групи со понизок статус на образование. Перцепциите на граѓаните во однос на образованието покажуваат дека економската криза има значително влијание врз трошоците на домаќинствата за образование, посетата на училиштето, постигнувањето на повеќе нивоа на образование, како и воопшто, на намалувањето на владини инвестиции во образованието. Од вкупно 1.038 испитаници, 46% не беа вклучени во образованието (ниту членовите на нивните семејства). Оттука, анализата ќе се фокусира на перцепциите од преостанатите 54% од испитаниците. Меѓу оние кои учествуваат, или имаат член на семејството кој посетува одредено ниво на образование, 28%, или мнозинството кое преовладува, рекле дека трошоците за образованието во нивното домаќинство се зголемени во изминатата година, 19% одговориле дека останале исти, додека само 5% се изразиле дека нивните образовни трошоци се намалени. Ова го наметнува заклучокот дека и покрај интензивирањето на владините активности во врска со субвенционирањето на образовните трошоци во 2009 година (односно бесплатни учебници, превоз), сè уште семејствата во Македонија во текот на економската криза се соочуваат со тешкотии во однос на обезбедувањето на нивното образовние. Меѓу оние 28%, чии трошоци за образование се зголемиле, повеќето се студенти, главно се од албанско етничко потекло, најмногу живеат во руралните места, во југозападниот регион. Посетата на училиштето, исто така, се покажа како тешка во текот на минатата, или оваа година, за 28% од испитаниците, додека 25% не искусиле таков проблем. Главни причини за тешкотиите за посетување на образованието во текот на економската криза беа: скапото образование, воопшто - 19%, трошоците на материјалот за студирање - 7% и трошоци за патување - 2%. Еден загрижувачки аспект сигнализиран во ова истражување е намалениот капацитет, или тешкотиите во овозможувањето на продолжувањето на натамошното образование, или за оние кои веќе се во образованието. Значи, 29% велат дека тие ќе бидат соочени со финансиски тешкотии за да обезбедат натамошно образование за себе, или за членовите на своето семејство, додека 7% рекоа дека тие нема да можат воопшто да го

Page 36: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

36 | P a g e

поддржат своето лично образование, или натамошното образование на член на домаќинството. Во оваа категорија (7%) спаѓаат, претежно, оние лица кои работат со скратено работно време, или домаќинките, но, исто така, и невработените, лица од албанската етничка припадност, лица кои живеат во северозападниот и западниот регион, како и оние со месечни примања до 10.000 денари. Финансиската способност на граѓаните за обезбедување натамошно образование за време на економската криза:

Забелешка: Резултатите во овој графикон се однесуваат само за 54% од испитаниците кои се во образовнието

Конечно, во однос на влијанието на кризата врз владините инвестиции во образованието, 60% од сите испитаници (1.038), сметаат дека кризата ќе има негативно влијание врз владините инвестиции во образованието. Меѓу оние кои се плашат од ваквото намалување не постојат разлики според етничката припадност, пол или регион на местото на живеење. Негативните перцепции за трошоците за образованието за време на криза значи дека владата треба да биде проактивна и транспарентна (конкретна) во спроведувањето на веќе промовираните образовни кампањи (како што се бесплатни учебници и превоз), со цел да се подобри сигурноста на граѓаните во однос на нивното основно право на образование. Здравство

Пристапот до здравствената заштита и здравственото осигурување во Македонија, согласно Уставот и законите, е еден од основните социјални права на граѓаните, што значи дека покриеноста на здравствениот систем треба да биде универзална. Сепак, некои проценки наведуваат дека околу 150.000 граѓани на Македонија, од една или од друга причина, не се покриени со здравствено осигурување. Претставниците на некои етнички заедници, како и други ранливи групи, се меѓу неосигурените. Со цел да обезбеди основни здравствени услуги

Page 37: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

37 | P a g e

за некои од ранливите групи, Владата преку посебна програма обезбедува средства од Буџетот за покривање на трошоците за здравствената заштита на оваа група. Меѓутоа, во практиката, овие средства кои се обезбедени од страна на Владата не се доволни за исполнување на обврската (Доневска, Геровска, Ѓорѓев, Каловска 2007 год). Резултатите од нашето истражување, исто така, укажуваат дека пристапот до здравственото осигурување не е универзален. Од сите испитаници, 9% воопшто немаат осигурување. Нивните економски и социо-демографски карактеристики укажуваат дека профилот на оние кои се исклучени од здравственото осигурување во Македонија е претежно составен од: оние со основно образование, невработените, како и оние со работа на определено време, оние кои потекнуваат од етничка припадност различна од македонската и албанската, живеат во руралните места, најчесто се наоѓаат во пелагонискиот регион и имаат месечни примања до 10.000 денари. Покрај тоа, од оние кои имаат здравствено осигурување, 11% имаат искусено нередовно плаќање на нивниот придонес за здравство, предизвикувајќи проблеми за нивниот редовен пристап до здравството. Перцепциите на граѓаните дадени во нашата анкета, сигнализираат дека преовладува мнозинството на граѓаните - 96%, кои поддржуваат бесплатно здравствено осигурување за сите граѓани на земјата. За жал, овие перцепции се далеку од сегашната реалност. Одговорите на граѓаните во однос на користењето на, односно дали се задоволни од јавните здравствени установи, откриваат дека и покрај тоа што имаат здравствено осигурување, 58% ретко ги користат јавните здравствени установи, додека 6% воопшто не ги користат. Слично на тоа, 45% го изразија своето незадоволство од услугите во јавните здравствени установи, додека огромното мнозинство - 88%, веруваат дека без поткуп не можете да добиете добра и навремена услуга. Запрашани дали тие можат финансиски да си дозволат услуги на приватни здравствени институции, 51% се изјасниле дека не можат да платат за сите услуги од приватните здравствени, а 37% велат дека во ретки прилики тие можат да си дозволат приватно здравствено осигурување. Мнозинството од испитаниците кои не можат да пристапат до приватниот здравствен систем заради финансиски причини, припаѓаат на категоријата лица на возраст над 50 години, имаат понизок образовен статус, според нивното занимање, главно, се домаќинки, пензионери или невработени, нивното етничко потекло е различно од македонското и албанското, претежно живеат во југоисточниот регион и имаат месечен приход на домаќинството до 10.000 денари. Овие резултати покажуваат многу негативна слика за здравствениот систем во Македонија, според кој пристапот не е единствениот проблем, туку, исто така, неговиот квалитет и одговарањето на задачите. Користењето на приватната здравствена заштита сигнализира дека мнозинството лица, особено социјално ранливите групи, не можат да имаат корист од овој систем.

Page 38: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

38 | P a g e

Потреба за зголемена финансиска распределба на здравствената заштита за најранливите граѓани за време на економската криза:

Конечно, во однос на економската криза, перцепциите на поголемиот број граѓани ни кажуваат дека во изминатите 12 месеци условите во рамките на системот на здравствена заштита не се изменети (како што е истакнато од 52% од населението), додека 20% сметаат дека кризата придонесе за влошување на состојбата во системот на македонското здравство. Пристапот до здравствената заштита за оние кои се најранливи, во периодот на кризата треба да биде субвенциониран од страна на Владата. Имено, 96% од испитаниците се изразиле дека во време на финансиска криза, државата мора да одвои повеќе пари наменети за здравствена грижа на ранливите групи граѓани. И покрај оваа универзална перцепција, не сме сведоци на било каква посебна владина мерка за здравството, како одговор на кризата. Дури и оние што се планирани и најавени, како што е програмата за условени парични трансфери за социјална помош (Верме, 2008 год.), чија цел е подобрување на имунизацијата, како и пренаталната здравствена заштита, говорат дека Владата ќе спроведе селективен пристап и ќе поддржи подобрена здравствена заштита само за одредени групи население. Меѓутоа, доколку тоа не се направи во текот на оваа година, достапноста до здравствената заштита на оние кои најмногу им е потребна, нема да биде подобрена. Заклучоци

Оваа статија покажа дека глобалната економска криза ја влоши состојбата на одредени групи во општеството во однос на нивниот пристап и учество во пазарот на трудот, социјалната заштита, образованието и здравството. Учеството на пазарот на трудот, кое и пред кризата беше на многу ниско ниво, уште повеќе се намали во последните 12 месеци. Резултатите од студијата покажаа дека 19% од испитаниците ја изгубиле својата работа во 2009 година. Земајќи ја предвид веќе високата стапка на невработеност во државата (33,8% во 2008 година), придружена со новиот број

Page 39: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

39 | P a g e

невработени лица за време на кризата, се добива загрижувачка слика и за економијата и за општеството како целина, но, исто така, и за личните шанси и индивидуалната благосостојба на населението изложено на ризик. Профилот на лицата кои ја изгубиле работата укажува дека најранливата популација во време на кризата се: лицата со пониска образовна структура, жени, работници постари од 50 години, како и припадници на албанската етничка заедница. Евентуалното натамошно продолжување на економската криза може да предизвика поголема стапка на невработеност и натамошно влошување на животниот стандард на оние кои се најранливи. Студијата открива дека побарувачката за заштита заради невработеност за време на кризата не се зголеми драстично (со повисока побарувачка за пасивни, отколку активни мерки). Ова може да се должи на построгите правила за осигурување при невработеност, како и заради неодржливоста на работните места обезбедени за време на програмите за обука. Меѓутоа, студијата, исто така, истакнува дека постојат региони во државата (т.е. пелагонискиот), со многу ниско, или без никакво барање за пристап кон активните мерки на пазарот на труд. Во време на економска криза, кога активните мерки треба да дејствуваат како основни инструменти за ублажување на негативните социјални влијанија, нискиот степен на употреба на овие мерки наметнуваат натамошно намалување на можностите на граѓаните за нивниот побрз влез на пазарот на трудот. Перцепциите на граѓаните за социјалната заштита (социјална помош и пензии) покажаа дека 70% очекуваат дека кризата ќе има негативно влијание врз неа. Судејќи според недостатокот на преземени социјални мерки од страна на Владата за време на криза, овие перцепции, секако, се вистинити. Студијата открива низок степен на користење на социјалната помош (7% во 2009 година), како и низок степен на склоност кон социјална помош, како стратегија за снаоѓање за време на кризата. Овие резултати не се изненадувачки, имајќи го предвид нискиот износ на социјалната помош, како и построгиот пристап и условеност поврзани со нивната употреба. Како што е правилно изразено од мнозинството испитаници -61%, за време на финансиската криза износот на социјалната помош треба да се зголеми со цел да служи како значаен ресурс за задоволување на намалената куповна моќ на своите корисници. Влијанието на кризата врз образованието, како што е наведено од страна на мнозинството испитаници кои се, или кои имаат член во семејството кој посетува образование, придонесе кон зголемување на трошоците на домаќинствата за образование во изминатата година. Слично на тоа, посетувањето училиште се покажа како тешко во текот на минатата, или на оваа година, за дел од населението, заради скапото образование, воопшто, трошоците на материјалите за студирање, како и трошоците за патување. За мнозинството од испитаниците најзагрижувачкиот аспект беше проблематичното продолжување кон натамошните нивоа на студии заради намалените финансиски можности. Ова сигнализира дека владините напори на сите нивоа на образование се фокусира само на подолг рок и не ги ублажува сегашните негативни ефекти на кризата. Конечно, студијата покажува дека пристапот до здравствената заштита и осигурувањето не е универзален. Покрај тоа, мнозинството кое преовладува не е задоволно со здравственото обезбедување и укажува дека неформалните плаќања се единственото средство за квалитетна

Page 40: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

40 | P a g e

здравствена заштита. За време на кризата, 96% од испитаниците се изразија дека државата треба да додели повеќе пари за здравствената грижа кои треба да се насочат кон ранливите групи граѓани. Резултатите од студијата за социјалната димензија на економската криза треба да се земат како значаен показател за оценување на најранливата популација во земјата за време на економската криза, како и релевантен извор за тоа како да се подобрат одредени јавни мерки кои може да ублажат некои од негативните последици што произлегуваат од економската криза.

Препораки

Зголемување на должината и висината на надоместоците за невработеност во периоди на економска криза. Таквата мерка може да го подобри стандардот на невработените, и истовремено да ги зголеми нивните можности на пазарот на труд. Про-активна промоција и достапност на мерките за обука и преквалификација во периоди на економска криза, особено за одредени категории, како: жените кои се надвор од пазарот на труд, постарите работници, како и земјоделците. Обуките треба да бидат усогласени со образовниот профил на невработените, како и со актуелната побарувачка на пазарот на труд. Зголемена должина и висина на социјалната помош во периоди на економска криза, како и намалување на административните трошоци и процедури кои претставуваат пречка за барателите кои имаат најголема потреба од помошта. Обезбедување бесплатен пристап до здравствена заштита во места и региони каде здравствените индикатори укажуваат на критични состојби (пр. помала стапка на имунизација, висока стапка на смртност кај доенчињата, зголемен број на професионални заболувања и сл.). Бесплатниот здравствен пакет треба да вклучи и субвенционирање на неопходните лекарства за оние кои не се покриени со националното здравствено осигурување.

Page 41: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

41 | P a g e

5. Довербата во институциите и политичките партии

Оценките за улогата на владата во справувањето со последиците од кризата во овој момент се поделени. Интензивните кампањи на владата во Македонија, придонесуваат за тоа речиси една половина од населението да верува дека сегашната влада главно ги презема потребните мерки за да ги спречи негативните ефекти од глобалната финансиска криза во Македонија и дури 40% веруваат во тоа дека Македонија во овој момент е водена од луѓе од кои повеќето се способни да се справат со кризата.

Дали владата ги превзема сите потребни мерки за да се справи до негативните ефекти од глобалната финансиска криза?

Во време на криза и тешка финансиска ситуација во домаќинствата и воопшто во Македонија, јавното мислење е поделено меѓу оние кои ја поддржуваат Владата во нејзините акции и оние кои не. Главната поддржувач на владините мерки во време на кризи се пензионерите и постарото население на возраст од 65 + и на граѓаните на Пелагониски регион. Луѓе кои не сметаат дека владата презема сите потребни мерки се главно Албанци од западниот дел на земјата и Македонците од Вардарски регион. Исто така постои и разочарување во превентивното дејствување на владата меѓу побогатите испитаниците што живеат во домаќинства со приход поголем од 60.000 денари. Слични се добиените одговори на прашањето: Дали може да се каже дека Македонија денес е предводена од луѓе способни за справување со финансиската криза? - иако на довербата во способноста на најголемите политичари во владата е нешто помал.

Page 42: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

42 | P a g e

Дали Македонија е водена од луѓе способни да се справат со кризата?

Дипломираните студенти и ученици го прават повисок процентот од оние кои не мислат дека владата има способни луѓе да се справи со кризата. Исто како и на претходните прашања, негативните оценки се дадени во северозападниот дел на земјата во Вардарскиот региони, и во Скопје. Синдикатите

Граѓаните во Македонија не се задоволни од заштитита што вработените можат да ја добијат од нивните синдикати. Во услови на висока невработеност социјалното партнерство меѓу владата, работодавците и синдикатот функционира најчесто на штета на синдикатите. Граѓаните во ова истражување имаа можност да ја оценат заштитната улога на синдикатите во Македонија на скалата од 1 (најслаба) до 5 (најдобра). Во следниот графикон се преставени одговорите на граѓаните на прашањето: Оценете ја со оценки од 1 (слаба) до 5 (одлична) улогата на синдикатот во заштитата на правата на работниците.

Page 43: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

43 | P a g e

Како што може да се забелеши над 70% од оние кои сметале дека можат да дадат оценка за работата на синдикатот,го оцениле со чиста единица или со едвам преодна оцена. Лоши оценки се претежно дадени од страна на возрасната група од 50-65, приватни сопственици и дипломираните студенти. Поголемо разочарување во работата на синдикатите е присутна во Пелагониски регион (72%), Југоисточен (69%) и Југозападен (70%) Медиуми

Речиси една половина од населението во Македонија смета дека медиумите во овој период прилично реално ја прикажуваат економската состојба во Македонија. Секој четврти смета дека тие ја прикажуваат во подобра светлина одошто е, а секој петти смета дека медиумите ја прикажуваат економската сотојба во Македонија во полоша светлина одошто е. Како медиумите ја прикажуваа економската сотојба во Македонија?

Граѓаните со пониско ниво на образование и помал приход веруваат дека медиумите ја презентираат општата состојба подобро отколку што навистина е. Имајќи го во предвид фактот дека овие групи, живеат под нормалниот животен стандард ова се очекува. Во западниот дел на земјата, главно луѓето веруваат дека медиумите ја претставуваа ситуацијата полошо отколку што навистина е.

Page 44: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

44 | P a g e

Политичките и финансиските институции

Во однос на улогите што ги играат во време на кризата граѓаните на Македонија најпозитивно ја оценуваат улогата на претставниците на меѓународните политички и економски организации во Македонија, па потоа на министерствата за економија и финансии на владата а најлоша на директорите на големите компании и на банките. Каква улога играат следниве субјекти во процесот на справувањето со кризата во Македонија?

Се чини дека Македонците имаат далеку поголема доверба во меѓународните политички и финансиски институции отколку во домашните. ММФ, Светска банка, претставници на НАТО и на ЕУ во земјава се оценуваат како покомпетентни кога станува збор за финансиската криза. Меѓународните институции добиваат најголема поддршка сепак, од Албанците во земјата, луѓе со пониско образование и од западниот дел на земјата. Кај домашните институции, особено банките и директорите на големите компании нивото на доверба е двојно помало отколку во меѓународните претставници. Повторно, Владата на Македонија ја ужива довербата на 46%, кога станува збор за финансиски прашања која совршено се поклопува со претходните оцени за нејзините активности. Нејзини најголеми поддржувачи се пензионерите и луѓето од Пелагониски регион на земјата.

Page 45: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

45 | P a g e

Постои ли политичка алтернатива?

Во услови на криза и зголемено незадоволство од власта, секогаш се поставува прашањето постои ли политичка алтернатива за земјата. Како граѓаните гледаат на партиите и на нивните експерти за решавање на економските прашања, колку партиите ги штитат интересите на граѓаните и колкава е подршката на граѓаните за поедини политички партии и лидери во земјата. Ова е од особено значење за македонските социјалдемократи кои се веќе три години во опозиција. На оваа тема од ова истражување заслужува да се види одговорот на прашањето колку граѓаните на Македонија имаат доверба во економските експерти од редовите на власта а колку во економските експерти од редовите на опозицијата? Како што може да се види од резултатие ,презентирани во следниот графикон, македонските граѓани во овој момент имаат пониска довреба во економските експерти од опозицијата (социјалдемократите) отколку во економските експерти на партиите во власта (конзервативците).

Доверба во економските експерти од партиите

Page 46: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

46 | P a g e

Page 47: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

47 | P a g e

Последните испитувања на јавното мислење во Македонија упатуваат на тоа дека 55% од граѓаните немаат доверба во ниту еден политичар во Македонија, подршката на партиите во власта и на нивните лидери опаѓа но не се зголемува подршката за партиите и лидерите од опозицијата. Сепак, и покрај лошите економски показатели, се уште поголем број граѓани веруваат дека десницата во Македонија, поуспешно од опозицијата може да се справи со проблемите што најмногу ги загрижуваат како што се смалувањето на невработеност и подигањето на животниот стандард. Определен број од нив исто така верува дека споредено со периодот од пред две години корупцијата во Македонија е за малки намалена но најголемеиот број се уште мислат дека е на исто ниво како и пред две години па дури и дека е зголемена. Дали нивото на корупција во Македонија, споредено со она од пред 12 месеци, е зголемено, исто или намалено?

Заклучок

Владата на Република Македонија. Во вакви услови одржува висок степен на подршка кај населението во врска со мерките што ги презема за самалување на последиците од кризата. Речиси една половина од граѓаните 44% веруваат дека таа ги презема потребните мерки за спарвување со негативните последици од кризата, а 40% сметаат и дека во овој момент Македонија е водена од луѓе кои се способни да се справат со кризата. Слични оценки од страна на граѓаните добиваат и Министерството за економија и Министерството за финансии и економските експерти на партиите што се на власт. Овој процент на подршка за владата се јавува и кај прашањето за тоа дали корупцијата (споредна со периодот од пред две години) е намалена во земјата или зголемена. И кај ова

Page 48: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

48 | P a g e

прашање 41% од граѓаните одговориле дека според нив корупцијата во овој период била барем за малку намалена. Ваквото ниво на доверба во владата и во институциите што располагаат со инструменти за справување со кризата, произлегува, веројатно, во извесна мера и од она што би можело да се нарече недостаток на подобра политичка алтернатива во земјата. Според оценките на граѓаните само 31% од нив имаат доверба во економските експерти од партиите што се наоѓаат во опозиција а 65% немаат доверба. На прашањето каква оценка заслужуваат синдикатите во Македонија за нивната активност во заштитата на работничките права и интереси 57% од граѓаните има дале оценка еден или два. Околу 30% од граѓаните сметаат дека корупцијата во однос на периодот од пред две години останала иста а 25% дека се зголемила во меѓувреме. Политичката опозиција во земјата, споерд овие податоци може да смета на одршка од 25-30% во време кога подршката на владата е околу 40%. Ако се има пред вид разединетоста и разновидноста на опозицијата во Македонија, тогаш станува јасно дека таа не преставува во овој момент реална и видлива политичка алтернатива. Економската криза и според наодите на ова истражување дополнително ќе влијае врз зголемувањето на политичката апатија во земјата и врз смалувањето на довербата во главните политички актери.

Заклучни согледувања и препораки

Социјалдемократијата и во Македонија во овој период минува низ криза на својата консолидација. За неа како и за европските социјалдемократи можат да бидат од значење забелешките и препораките на белгискиот професор Rik Coolaet.

Тој во својата анализа за состојбата во социјалдемократијата на светско ниво, ги анализира периодите во историскиот развој на светот кога социјалдемократијата станувала реален одговор на барањата и на потребите на мнозинството па дури и на глобалните економски и политички кризи. Во време на индустриската револуција ,во доцниот 19 век, ќе потсети тој, социјалдемократијата беше одговор на социјалните потреби од два аспекта: Прво, таа ја изрази моралната огорченост во однос на континуираното осиромашување на огромното мнозинство во време кога едно малцинство ги уживаше благодетите на ,,Убавата епоха,,. Но истовремено тоа беше рационален револт кон нелогичната природа на либералниот економски модел кој со своите периоди на економски бумови и ломови водеше кон уништување на националното богатство, човечката енергија и самопочитувањето. Првите жртви на тоа беа послабите припадници на општеството. Тогаш, според проф. Кулит, социјалдемократскиот

Page 49: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

49 | P a g e

проект понуди повеќе од само одбрана на послабите. Нудејќи им на загрозените во тоа време, перспектива за рамноправен статус во буржоаското општество и унапредување на нивните позиции во сегашноста и за идните генерации. Таа на 19 век му ја подари својата идеја за прогрес, инспирирана од темелните вредности за еднаквост и за солидарност. Тогаш, вели авторот, социјалдемократијата научи дека за да се реализира ваков проект е потребна моќ. Стратегијата во обезбедувањето на моќта беше да се мобилизира мнозинството против привилегираното малцинство и соодветно на тоа да се организира државата. Втората успешна приказна на социјалдемократијата, забележува овој автор беше развојот на државата на благосостојба по втората светска војна. Тоа се случи благодарение на повоената доктрина на проф. Кејнс според која слободниот пазар создава нестабилност. Оставен само на своите инструменти слободниот пазар периодично влегува во кризи кои можат во поедини периоди целото општество да го загрозат. Интервенцијата на државата се покажа како спас. Социјалдемократите одново ги понудија вредностите на еднаквост и солидарност. На национално ниво државата на благосостојба беше воспоставена врз основа на коалицијата помеѓу најголемите социјални групи. Работништвото на една страна, бизнисот на друга и државата како посредник меѓу нив. Овој нов општествен договор на страните со различен интерес понуди остварување на заеднички цели: економска политика за задоволување на побарувачката, вработеност и економски раст, но и задоволување на социјалните потреби, систем на осигурување кој обезбедува корекција на слабостите на слободниот пазар. По 80тите години забележува овој автор, во секоја земја во светот се забележува силно зголемување на нееднаквоста. Покрај енормното зголемување на националното богатство, делот кој останува за работната сила е мал а делот кој оди како профит на сопствениците на капиталот значително поголем. Всушност, тие што денес живеат од својот труд (изнајмувањето на својата работна сила) добиваат значително помалку од оние кои имаат добивки од капитал. Платите се зголемуваат побавно од продуктивноста и цената на работната сила се смалува а на капиталот расте. (Види: Rik Coolsaet-The Social Democratic Malaise and World Politics 2009 9 www.fes.de/ipa) Се зголемува бројот на губитниците на една страна како резултат на овие процеси но и како резултат на глобализацијата и либерализацијата во светската трговија, како резултат на технолошкиот развиток и модернизацијата која ја смалува потребата од недоволно образована работна сила и создава нова маса губитници. Светот никогаш не бил побогат но и понееднаков од денес- ќе напише Економист од Лондон. Екстремната сиромаштија се смалува во светот но нееднаквоста се зголемува. Според податоците на Светската банка, повеќе од две децении се зголемува нееднаквоста на распределбата на доходот во светот, а вредноста на Џини коефициентот (Gini coeficcient) расте во најголем број на држави во светот. Кај голем дел од населението овие процеси се манифестираат со зголемен стрес, несигурност на работното место и болести, како срцеви напади , депресија и други симптоми на стресот.

Page 50: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

50 | P a g e

Оваа состојба во земјите во транзиција е уште подраматична. Според најновите податоци на светската здравствена организација, во Македонија умираат двојно повеќе луѓе од срцеви удари отколку во Европа. (Стапката на смртност од кардиоваскуларни болести во Европа е 250 лица на 10 илјади жители а во Македонија 553 лица на 10 илјади жители. Во вакви услови, социјалдемократијата може одново да стане релевантен политички фактор во Македонија само ако е способна да понуди подобар одговор за наведените проблеми на нееднаквоста и развојот од своите политички опоненти. Тоа значи да излезе со убедлив политички проект, и препознатлив и прифатлив нов социјален договор кој ќе ги обедини луѓето повторно нудејќи им перспектива и прогрес. Ова истражување покажа дека постои поддршка за политика на солидарност со послабите. Мнозинството ја подржува и зголемената улога на државата во економските процеси. Социјалдемократијата мора да најде начини преку својата политика да ја зголеми сигурноста на најслабите, да ја смали несигурноста на средната класа и да не ги демотивира привилегираните туку да ги убеди дека солидарноста со послабите ја јакне социјалната кохезија и општиот просперитет на земјата. Проектот треба да понуди начин за извлекување на најзагрозените од позицијата на нивната социјална исклученост, и преку проектот на вклучување во идејата за заеднички прогрес а го обезбедува прогресивното мнозинство во земјата. Заедничката тема на социјалдемократите треба да биде ,,Ние нема никого да оставиме далеку зад нас,,. Но, секако на тој пат тие ќе морат да решат бројни проблеми. Еден од нив се опонентите во вид на десни или леви популистички движења и партии. Овие движења и партии, како што ќе забележи проф. Иван Крастев од Бугарија доаѓаат на власт со реторика на левицата но се обидуваат да останат на власт со методите на десницата водејќи често политика на отворен национализам, прикриена ксенофобија и евроскептицизам. Тие умеат дури подобро од социјалдемократите да го артикулираат автентичниот револт на осиромашените против политичката елита и олигарсите, но немаат програми за решавање на тие прашања по нивното доаѓање на власт. Таквите движење воспоставуваат власт која е арогантна кон своите политички противници во земјата и агресивна кон надвор (особено кон соседите). Во земјите со мултиетнички состав ги заоструваат меѓуетничките односи и ја зголемуваат дискриминацијата по основа на етничка и религиозна припадност. Затоа на социјалдемократите им е потребна политика и лидерство способно да ги менува состојбите врз основа на базичните вредности од социјалдемократијата и да ја стекнува довербата на мнозинството од граѓаните со проекти кој нудат просперитет и вклученост за секого во општеството. Секоја криза е истовремено и прилика за нов исчекор. Дали и како таа прилика ќе биде искористена зависи од нивото и способноста на политичките актери.

Page 51: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

51 | P a g e

Appendix 1. Методолошка рамка

Постапката за избор на примерок беше врз основа на принципот за правење на национално и регионално репрезентативен примерок што ќе го дефинираат регионот во согласност со дефиницијата од Државната канцеларија за статистика на Република Македонија (NUTS3 ЕУ, 16). Бројот на испитаници во секој регион е пропорционално распореден од вкупната популација во секој регион, со користење на официјалната статистика од националниот попис од 2002. Реализираниот вкупен примерок се состои од 1.068 домаќинства, секое претставено од страна на испитаникот од 18 + години. Примарниот критериум на селекција беше решен земајќи ги во предвид специфичната природа на гео-демографска структура на Македонија. Според најновата општинска поделба на Македонија, на првите три најнаселени општини во регионот се содржи 70,5% од населението на 18 + години (со исклучок на Скопскиот регион). Различни карактеристики на урбанизација на општините им дозволат подобриле регрутирањето на испитаници кои живеат во различни видови на урбанизацијата и различни типови на живеалишта. Како резултат на применетата методологија, 41 општина учествуваа во истражувањето, што претставува 50% од вкупниот број на општини во земјата. Методологијата на случаен примерок која овозможува да се изберат повеќе лица околу назначен центар на составување примерок беше применета затоа што постоеше временска ограниченост за собирање, контролирање и процесирање на податоците. Изборот на испитаници во градските области беше направен на таков начин што лицето кое го водеше анкетирањето беше задолжено да ја избере секоја петта куќа, почнувајќи од домаќинставата на општината кои се сметаа за почетна точка. Во случај кога домаќинствата за живеење се ненаселени или кога граѓанинот не сака да партиципира во анкетата поради било која причина, лицето кое го води анкетирањето треба да го избере домаќинството кое следи потоа. Во руралните области изборот на домаќинства беше изведуван на двете страни на главната улица. Во домаќинството се избираше за разговор лицето кое е возрасно и чиј роденден доаѓа прв сметано од денот на анкетирањето.

Работа на терен Интервјуата беа спроведени лице в лице во домовите на испитаниците, користејќи хартија и молив, (ПАП). Осум групи на анкетари беа формирани, секоја активна во одредена општина во одреден регион, а вкупниот број на ангажирани анкетари беше 46. За секоја група е назначен за координатор со задача да ги координира и ја надгледува теренската работа преку следење на спроведувањето на основните критериуми, како што се патишта, изборот на домаќинствата, итн. Работата на терен започна на 5 септември, 2009 година, а траеше до 15-ти септември. На процентот на луѓе кои се согласија да учествуваат во истражувањето беше 70%. Просечната времетраење на едно интервју беше 15 минути.

Page 52: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

52 | P a g e

Внесување и обработка на податоци

Базата на податоци се состои од една датотека од домаќинствата. Датотеката ги содржи сите информации кои се однесуваат на домаќинствата и информации од испитаникот, кој одговара на прашања во врска со лични перцепции како и за прашања од групата А, кој се однесува на домаќинствата. Бројот на набљудувачите во датотеката е 1.068. Република македонија е поделена на осум региони: Скопски, Вардарски, Полошки, Пелагониски, Североисточен, Југоисточен, Југозападен и Источен. Списокот на општини во региони е спроведен. Вредности за сите критериуми за анкетата беа преземени од пописот во 2002, со мали корекции на неодамнешните резултати од Државната канцеларија за статистика на Р. Македонија.

Page 53: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

53 | P a g e

Appendix 2. Примерок

Општина Населено

место

Број на

испитаници

место на живеење

Аеродром општина бр 1

Аеродром 38 град

Бутел општина бр 2

Бутел 11 град

с.Љубанци 8 село

Гази Баба општина бр 3

Гази Баба 14 град

с.Јурумлери 10 село

с.Сингелич 11 село

Ѓорче Петров општина бр 4

Ѓорче Петров 15 град

с.Волково 5 село

с.Ново Село 5 село

Карпош општина бр 5 Карпош 31 град

Кисела Вода општина бр 6

Кисела Вода 20 град

с.Драчево 10 село

Сарај општина бр 7

Сарај 11 село

с.Шишево 10 село

Центар општина бр 8

Центар 24 град

Чаир општина бр 9

Чаир 34 град

Шуто Оризари

општина бр 10 Шуто Оризари 11 град

Арачиново општина бр 11 с.Арачиново 7 село

Илинден опттина бр 12 с.Миладиновци 11 село

Студеничани ошптина бр 13 с.Батинци 12 село

Чучер Сандево

општина бр 14 с.Бањане 7 село

Скопски регион Вкупно: 305

испитаници

Page 54: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

54 | P a g e

Општина Населено

место

Број на

испитаници

место на живеење

Куманово

општина бр 15

Куманово 40 град

с.Бедиње 11 село

с.Лопате 5 село

Липково

општина бр 16

с.Липково 9 село

с.Оризаре 9 село

Крива Паланка

општина бр 17

Крива Паланка 12 град с.Конопница 5 село

Општина Населено

место

Број на

испитаници

место на живеење

Штип

општина бр 18

Штип 27 град

с.Три Чешми 10 село

Пробиштип

општина бр 19

Пробиштип 9 град

с.Злетово 7 село

Виница

општина бр 20

Виница 8 град

с.Истибање 7 село

Кочани

општина бр 21

Кочани 18 град

с.Оризари 10 село

Општина Населено

место

Број на

испитаници

место на живеење

Струмица

општина бр 22

Струмица 20 град

с.Вељуса 14 село

Гевгелија

општина бр 23

Гевгелија 10 град

с.Негорци 7 село

Радовиш

општина бр 24

Радовиш 10 град

с.Ораовица 7 село

Василево

општина бр 25 с.Радичево 11 село

Ново Село

општина бр 26 с. Зубово 11 село

Североисточен регион Вкупно испитаници: 91

испитаници

Источен регион Вкупно испитаници: 96

Југоисточен регион Вкупно испитаници: 90

Page 55: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

55 | P a g e

Општина Населено место Број на

испитаници место на живеење

Велес општина бр 29

Велес 28 град

с.Горно Оризаре 10 село

Кавадарци општина бр 30

Кавадарци 17 град

с.Сопот 10 село

Неготино општина бр 31

Неготино 9 град

с.Пепелиште 7 село

Општина Населено

место

Број на

испитаници место на живеење

Битола

општина бр 33

Битола 41 град

с.Буково 20 село

Прилеп

општина бр 34

Прилеп 37 град

с.Канатларци 15 село

Ресен

општина бр 35

Ресен 7 град

с.Дрмени 6 село

Општина Населено

место

Број на

испитаници место на живеење

Охрид

општина бр 36

Охрид 30 град

с.Велгошти 15 село

Струга

општина бр 37

Струга 10 град

с.Октиси 18 село

с.Франгово 14 село

с.Враниште 8 село

Кичево

општина бр 38

Кичево 15 град

с.Лазаровци 7 село

Вардарски регион Вкупно испитаници: 81

Пелагониски регион Вкупно испитаници:

126

Југозападен регион Вкупно испитаници:

117

Page 56: Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата

56 | P a g e

Општина Населено

место

Број на

испитаници место на живеење

Тетово

општина бр 39

Тетово 27 град

с.Мала Речица 15 село

с.Порој 8 село

Гостивар

општина бр 40

Гостивар 20 град

с.Дебреше 13 село

с.Чегране 20 село

Врапчиште општина бр 41

с.Неготино - полошко

6 село

с.Градец 9 село

Боговиње општина бр 42

с.Камењане 9 село

с.Боговиње 7 село

Желино

општина бр 43 с.Желино 13 село

Брвеница

општина бр 44 с.Брвеница 13 село

Западен регион Вкупно испитаници: 160