Upload
nela-najdoska
View
175
Download
3
Embed Size (px)
Citation preview
Водоземци - amphibia
Карактеристично за водоземците е тоа што имаат двоен начин на живеење.
Поточно, тие се приспособиле на живот во вода и на копно. Преминот на копно придонесува за појава на белите дробови кои не се добро развиени.
Кај оваа класа кожата е тенка и лигава и учествува во размената на гасовите. За разлика од возрасните единки, ларвата живее исклучиво во вода и дише со жабри.
Телото на водоземците е поделено на глава, труп и два пара екстремитети. Во главата се наоѓа усниот отвор изграден од две вилици, најчесто без заби. Во устата имаат јазик кој е леплив и служи за ловење на пленот. Странично на главата има еден пар добро развиени очи, пред нив носни отвори, а екстремитетите завршуваат со прсти меѓу кои има пловни кожички.
РазвитокОплодувањето кај жабите е надворешно а кај други водоземци внатрешно.
Развитокот е преку метаморфоза
Oваа класа ја делиме во две групи:
oпашести и безопашести водоземци.
Познати претставници кои живеат кај нас се обичната крастава жаба и дождовникот со карактеристични жолти дамки.