5
АЛПИНИЗАМ Алпинизам е комплекс на активности кои во основа се сведуваат на движење по непристапни и неуредени планински предели и карпи исклучително од „спортски“ (во смисла на сила, брзина и достигнување), естетски и контемплациски т.е. духовни потреби.“

алпинизам презентација

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: алпинизам презентација

АЛПИНИЗАМ

Алпинизам е комплекс на активности кои во основа се сведуваат на движење по непристапни и неуредени планински

предели и карпи исклучително од „спортски“ (во смисла на сила, брзина и

достигнување), естетски и контемплациски т.е. духовни потреби.“

Page 2: алпинизам презентација

Алпинизмот можеме да го дефинираме како екстремен вид на

планинарење. Алпинистите се истовремено и планинари.

Разликата помеѓу обичниот планинар и алпинистот е во тоа што алпинистите се качуваат по потежок пат за да стигнат

до врвот.

Page 3: алпинизам презентација

Покрај вообичаената планинарска опрема во алпинизмот се користат и специјални видови

јажиња, појаси, чекани, клинови и друго.

UIAA (Union Innternationale Des Associations D’Alpinisme)

е меѓународна асоцијацијазадолжена за промовирање на Алпинизмот како спорт, запознавање на младите со Алпинизмот,

како и за поставување на стандардите за сигурносна опрема и контрола на правилна

употреба на истата во овој спорт.

Page 4: алпинизам презентација

Македонската алпинистичка асоцијација

е највисока форма на организирање на алпинизмот во Република Македонија. Асоцијацијата ја сочинуваат

друштвата, клубовите и секциите кои се занимаваат со алпинизам. Основна цел на асоцијацијата е омасовување и

развивање на алпинистичката активност во Македонија, преку едуцирање алпинистички кадар, уредување

алпинистички локалитети, издавање стручна литература, организирање врвни алпинистички акции и насочување на

организациските активности во алпинизмот.

Page 5: алпинизам презентација

Првата организирана алпинистичка активност регистрирана на територијата на Македонија е

за време на кралска Југославија.Така забележано е дека тоа се случува на

10.IX.1934 год. со организирано искачување на Нежиловската Карпа под Солунска Глава (2540

м.) на планината Јакупица.

По II светска војна македонските алпинисти почнуваат веднаш со организирана

алпинистичка активност со стручна помош од тогашните загребски алпинисти од Р. Хрватска.