Природните науки и технолошките откритија

Preview:

DESCRIPTION

Проект на ќерка ми VI/9 одделение

Citation preview

Природните науки и

технолошките откритија

Научници

☻ Роберт Хук

Роберт Хук е англиски биолог кој ја открил

клетката. Под микроскоп ставил парчиња плута,

забележал дека имаат слична форма и ги нарекол

клетки. Со микроскопот тогаш не можеле да се

видат сите делови на клетката.

Роберт Хук

☻ Чарлс Дарвин

Чарлс Дарвин е британски биолог кој ја поставил

основата за модерната теорија на еволуцијата

според која сите живи форми се развиени со

природна селекција. Со бродот „Бигл“ и со тим од

биолози тргна во научна експедиција низ целиот

свет.

Чарлс Дарвин

☻ Грегор Мендел

Грегор Мендел е автриски биолог кој се смета за

осноположник на класичната генетика. Со употреба

на различни видови на грашок и следење на

одредени својства ги утврдил основните правила

на наследување.

Грегор Мендел

☻ Луј Пастер

Луј Пастел е француски микробиолог и хемичар.

Експериментално потврдил дека бактеријата може

да предизвика болест и кај човекот и кај

животните. Со проучување на болестите на

виновата лоза открил дека бактериите можат да се

уништат топлина. Луј развил метод за заштита на

храната, кој е именуван по него: пастеризација.

Пастер пронашол вакцини против многу заразни

болести, ги подобрувал методите за вакцинација и

пронашол вакцина против бесниол, со користење

на сушен р`бетен мозок од заболени зајаци.

Вкацината прв пат била употребена кај момче, кое

било каснато од бесно куче.

Луј Пастер

Алберт Ајнштајн

Алберт Ајнштајн е германски физичар и

математичар, по потекло евреин. Тој ги поништил

утврдените концепти на времето и просторот,

енергијата и материјата. Тој е татко на Теоријата на

релативитетот и квантната теорија. Ајнштајн бил

теориски физичар-неговите единствени конкретни

алатки биле молив и хартија.

Алберт Ајнштајн

Никола Тесла

Никола Тесла е српски физичар. Тој е познат по

своите револуционерни откритија во областа на

електро-магнетизмот од крајот на 19-ти и почетокот

на 20-ти век. Патентите на Тесла и неговата и

неговата теоретска работа стануваат основа за

формирањето на целокупниот систем на

наименична струја. По неговата демонстрација на

безжичната комуникација и радио, прогласен е за

победник во „Војната на струите“. Тој станува еден

од најпочитуваните и најголемите светски

научници. Тесла остава свој печат и во областа на

роботиката, конструирањето на далечинскиот

управувач и радарот, како и во развивањето на

компјутерската наука.

Никола Тесла

Исак Њутн

Исак Њутн е англиски физичар и математичар, кој

од многумина се смета за најголем физичар на

сите времиња. Неговите најпознати придонеси во

физиката се: законот на гравитацијата и законите

за движење.

Исак Њутн

Димитриј Иванович Менделеев

Менделеев е руски хемичар и основовположник на

периодниот систем на елементите. Во периодниот

систем на Менделеев имало 68 елементи. Во тоа

време, тој веќе знаел за постоењето на други

елементи кои сеуште не биле откриени.

Димитриј Иванович Менделеев

Јохан Кеплер

Јохан Кеплер е германски астроном. Го измислил

телескопот - направа со која можел подобро да ги

набљудува планетите и ѕвездите. Со математички

пресметки ги открил законите според кои се

движат планетите. Спред Кеплеровите закони,

планетите се движат во елиптични орбити (патеки)

околу Сонцето.

Јохан Кеплер

Галилео Галилеј

Галилео Галилеј е италијански математичар,

физичар и астроном. Ги открил сончевите дамки и

одредил дека ѕвездите се многу оддалечени од

Земјата. Докажал дека Млечниот пат не е облак,

туку маса од ѕвезди. Поради своите теории бил

осудуван од црквата. Позната негова реченица е

„Сепак (Земјата) се движи“ која ја искажал по едно

судење на кое морал да се откаже од теоријата на

Коперник.

Галилео Галилеј

Аристотел

Аристотел еживеел од 384-322 година п.н.е. Тој е

еден од најголемите антички мислители кои се

занимавал со филозофија, но се посветувал и на

биологијата, медицината, фисиката, и

астрономијата. Тврдел дека „Земјата е топка што

мирува во вселената и е центар околу кој се вртат

други планети, ѕвезди, Месечината и Сонцето“. Го

напишал делото „За небото“ кое е од областа на

астрономијата.

Аристотел

Recommended