27
СОДРЖИНА АПСТРАКТ ВОВЕД......................................................... .............................................................. .5 1. АНИМАЦИСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ ЗА СОВРЕМЕНИОТ ТУРИСТ...............6 2. ПРИРОДНИТЕ ВРЕДНОСТИ.................................................... .........................7 3. ГЕОМОРФОЛОШКИ ТУРИСТИЧКИ ВРЕДНОСТИ И АНИМАЦИСКИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ............................................. ................................................9 3.1. ГЕОМОРФОЛОШКИ ПРИРОДНИ ВРЕДНОСТИ НА МАКЕДОНИЈА....10 3.2. РЕЛЈЕФНИ ПРИРОДНИ ВРЕДНОСТИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА АНИМАЦИСКИ АКТИВНОСТИ................................................. ................14 4. КЛИМАТСКИТЕ ВРЕДНОСТИ И АНИМАЦИСКИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ...15 4.1. КЛИМАТСКИТЕ ВРЕДНОСТИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА АНИМАЦИСКИ АКТИВНОСТИ............................................... .....................16 5. ХИДРОГРАФСКИТЕ ПРИРОДНИ ВРЕДНОСТИ............................................17 5.1. ХИДРОГЕОГРАФСКИТЕ ВРЕДНОСТИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА АНИМАЦИСКИ

Анимации во туризмот-ПРИРОДНИТЕ ВРЕДНОСТИ И НИВНИТЕ АНИМАЦИСКИ

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Анимации во туризмот-ПРИРОДНИТЕ ВРЕДНОСТИ И НИВНИТЕ АНИМАЦИСКИ

СОДРЖИНА

АПСТРАКТ

ВОВЕД........................................................................................................................5

1. АНИМАЦИСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ ЗА СОВРЕМЕНИОТ ТУРИСТ...............6

2. ПРИРОДНИТЕ ВРЕДНОСТИ.............................................................................7

3. ГЕОМОРФОЛОШКИ ТУРИСТИЧКИ ВРЕДНОСТИ И АНИМАЦИСКИТЕ

КАРАКТЕРИСТИКИ.............................................................................................9

3.1. ГЕОМОРФОЛОШКИ ПРИРОДНИ ВРЕДНОСТИ НА МАКЕДОНИЈА....10

3.2. РЕЛЈЕФНИ ПРИРОДНИ ВРЕДНОСТИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА

АНИМАЦИСКИ АКТИВНОСТИ.................................................................14

4. КЛИМАТСКИТЕ ВРЕДНОСТИ И АНИМАЦИСКИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ...15

4.1. КЛИМАТСКИТЕ ВРЕДНОСТИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА

АНИМАЦИСКИ АКТИВНОСТИ....................................................................16

5. ХИДРОГРАФСКИТЕ ПРИРОДНИ ВРЕДНОСТИ............................................17

5.1. ХИДРОГЕОГРАФСКИТЕ ВРЕДНОСТИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА

АНИМАЦИСКИ АКТИВНОСТИ....................................................................18

6. БИОГЕОГРАФСКИТЕ ПРИРОДНИ ВРЕДНОСТИ.........................................18

6.1. БИОГЕОГРАФСКИТЕ ВРЕДНОСТИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА

АНИМАЦИСКИ АКТИВНОСТИ....................................................................19

7. ЗАКЛУЧОК.........................................................................................................20

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА.........................................................................21

Page 2: Анимации во туризмот-ПРИРОДНИТЕ ВРЕДНОСТИ И НИВНИТЕ АНИМАЦИСКИ

Природните вредности и нивните анимациски карактеристики

АПСТРАКТ

Анимацијата зазема едно од најважните хуманистички места во

туризмот. Со оглед на тоа што анимацијата е еден од најважните сегменти на

туристичката понуда, истата се наметнува како императив. Самото

прилагодување на понудата кон туристичката побарувачка подразбира

истражување на тековите, правците во современиот меѓународен туризам и

истражување на карактеристиките на туристичката клиентела т.е. нивните

потреби и интереси. Потребите на посетителите се ориентирани спрема се

поголемата диверзификација и барање што поширока лепеза потенцијални

услуги.

Низ целата семинарска работа имаме можност да ги разгледаме

задоволувањата на потенцијалните туристи преку природните вредности кои

може да ги понуди одредена туристичка дестинација, како и анимациските

карактеристики.

Се повеќе меѓу посетителите постојат такви кои за време на

туристичкиот престој ќе бараат можности за различни активности: спортско –

рекреативни, културно – забавни како и излети и прошетки, за кои посетители

ќе избираат места чија туристичка понуда ќе овозможува такви активности.

КЛУЧНИ ЗБОРОВИ: природни вредности, анимациски карактеристики,

геоморфолошки, климатски, хидрографски, биогеографски и пејсажни.

2

Page 3: Анимации во туризмот-ПРИРОДНИТЕ ВРЕДНОСТИ И НИВНИТЕ АНИМАЦИСКИ

Природните вредности и нивните анимациски карактеристики

ABSTRACT

The animation takes one of the most important tourism places in the

humanities. Given the fact that animation is one of the most important segments of

the tourism offer, it is imposed as an imperative. Simply adjust the offer to the tourist

demand streams research implies, directions in contemporary international tourism

and research the characteristics of tourist clientele that is their needs and interests.

The needs of visitors are oriented towards increasing diversification and

seeking wider range of potential services.

Throughout the paper work we have the opportunity to consider the

satisfactions of potential tourists through the natural values that can offer a tourist

destination and features of the animation.

More visitors are among those who travel during the stay will seek

opportunities for different activities: sports - recreational, cultural - entertaining as

well as picnics and walks, for which visitors will choose places which tourist offer will

enable such activities.

KEY WORDS: natural values, animation features, geomorphological, climatic,

hydrographic, landscape and biogeographical.

3

Page 4: Анимации во туризмот-ПРИРОДНИТЕ ВРЕДНОСТИ И НИВНИТЕ АНИМАЦИСКИ

Природните вредности и нивните анимациски карактеристики

ВОВЕД

Со оглед на тоа дека туризмот претставува современ начина на живот

туристичките вредности постануваат негова незаобиколна компонента. Затоа

се јавува потреба од поимно согледување и нивно дефинирање. Исто така

карактеристично е дека во туризмот се јавуваат нови вредности што

имплицира потреба од перманенетно следење на туристичкиот развој.

Во туризмот вредностите се јавуваат како идеал кој бара реализација

или почитување. Туристичката вредност се манифестира во објектите или во

однесувањата кои се изразуваат на конкретен или симболичен начин.

Современиот туризам воспоставува различни цели и идеали.

Туристичката потреба е вредност која содржи различна природа.

Разликата која е во неа содржана претставува вредност за посебни групи и

слоеви. Туристичката вредност треба да се дефинира и како се она што ги

задоволува потребите на човекот, а невредност е она што врши опструкција

при реализацијата на човековата стварност.

Туристите не го менуваат основниот систем на стекнати вредности. Но

карактеристично е нивното надоградување.

Пред туристите се јавуваат нови идеали како вредности кои треба да се

остварат.

4

Page 5: Анимации во туризмот-ПРИРОДНИТЕ ВРЕДНОСТИ И НИВНИТЕ АНИМАЦИСКИ

Природните вредности и нивните анимациски карактеристики

1. АНИМАЦИСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ ЗА СОВРЕМЕНИОТ ТУРИСТ

Средствата што ги задоволуваат човековите потреби за севкупна

реализација на личноста, според теоретичарите на слободното време, се

игрите и разонодите. Овие вредности, што како извор на задоволство на

креативните и естетските можности на личноста свој начин на изразување

наоѓаат и во туристичкиот концепт, лежат во силната потреба но секое човечко

суштество да се рекреира.

Како фокусна активност тие се вградуваат во концептот на анимација на

гостите. Овој концепт сè повеќе го окупира слободното време на туристите,

канализирајќи го во тековите што гостите ги распознаваат и со својата

слободна волја ги прифаќаат. Во иднина, одлуката на туристот сè повеќе ќе

зависи од понудениот концепт на анимации.

Уште од прапочетоците, па до денес, туризмот поминувал разни развојни

фази, со што се менувале и спецификите на туристичката понуда на

туристичките дестинации. Од друга страна, „незаситените“ желби и потребите

на туристите сè повеќе се зголемуваат. Секој турист повеќе не се задоволува

само со основните елементи што ги нуди еден туристички капацитет, како на

пример, луксузно опремена соба, највкусна кујна со посебни специјалитети,

добро уредени плажи или пространи базени.

Современиот турист сè повеќе сака и има потреба од содржински и

квалитетен одмор што опфаќа најразлични игри и разоноди. Сето ова ја

принудило современата туристичка дестинација и туристичките капацитети да

се стави во една бурна и жестока борба со конкуренцијата и да воведе игри и

разоноди за анимирање на туристот. Помина времето кога туристите ја

посетуваа дестинацијата само поради морето и капењето. Тие сега бараат

многу повеќе. Еден од начините како да се задоволат туристите се анимациите.

Во туристичката пракса сретнуваме два вида анимации:

Едната, што ја организираат хотелите за забава на гостите во

хотелите, како разни видови игри (томбола, карти, шах), потоа шоу-

програми – игри без граници, квизови, натпревари во танцување,

забави, гастрономски презентации, креативни работилници (сликање,

моделирање, изработка на разни предмети од хартија); и

5

Page 6: Анимации во туризмот-ПРИРОДНИТЕ ВРЕДНОСТИ И НИВНИТЕ АНИМАЦИСКИ

Природните вредности и нивните анимациски карактеристики

Другата, што ја организираат туристичките агенции во вид на

екскурзии, излети и други факултативи, како организирана вечера,

посета на изложби, концерти, посета на фабрики за парфеми, кожни

производи.

И едната и другата имаат иста задача, а тоа е пополнување на

слободното време на туристите. Поточно, слободно време е она што туристите

никако не смеат да го имаат за време на својот годишен одмор.

Постоењето на слободното време води кон негативни последици од два

аспекти. Од една страна, може да предизвика монотоност кај туристите, поради

неквалитетно поминат одмор, што може да се рефлектира во незадоволство, и

од друга страна, намалена потрошувачка во туристичката дестинација.

Спротивно на тоа, водејќи се по правилото „задоволен турист – повторно

турист“, квалитетниот концепт на анимации значи голема веројатност престој

на туристот во истиот хотел, доколку неговиот избор е повторно истата

туристичка дестинација, па дури и повторен избор на таа туристичка

дестинација. Исто така, квалитетно реализираниот концепт на анимации, води

кон консумирање нови и нови анимации, што преку зголемената потрошувачка

во хотелите, туристичките локалитети и посетените објекти, се подобруваат и

економските ефекти на само во туризмот, туку и останатите стопански дејности

во туристичката дестинација.

2. ПРИРОДНИТЕ ВРЕДНОСТИ

Природните карактеристики на едно подрачје претставуваат збир на

вредности и обележја создадени од природата, а без учество и влијание на

човекот. Во нив спаѓаат географската и геопрометната положба на подрачјето,

рељефните карактеристики, геолошки, сеизмички, педолошки, хидрографски и

климатски карактеристики, како и обележјата на флората и фауната.

Проучувањето на сите природни обележја и класификација и валоризација на

определените вредности и погодности и нивното конфронтирање или синтеза

на вредностите создадени од човекот, претставува основа за организација,

односно разместување на човековите активности и дејствија на најрационален

начин.

6

Page 7: Анимации во туризмот-ПРИРОДНИТЕ ВРЕДНОСТИ И НИВНИТЕ АНИМАЦИСКИ

Природните вредности и нивните анимациски карактеристики

Во делот на анализата за погодностите на природната средина се врши

валоризација на потенцијалите на природните ресурси, што воедно е и

појдовна основа за планирање на локалниот економски развој.

При тоа компонентите на природната средина се третираат како извори на

природното богатство на определен простор чија експлоатација зависи од

нивото на развој на производните сили, од потребите на човекот и степенот на

свесни и плански акции.

Валоризацијта на погодностите на природната средина претставува

појдовна основа за планирано и рационално користење на природните

потенцијали за потребите на развојот на стопанството и за обезбедување на

хумани услови за живеење, и тоа не само од аспект на нивното искористување,

туку и врз активно делување врз природните фактори и модификација на

дадените природни услови по пат на разни зафати. Тој процес во својата

вкупност претставува основа за креирање на планот за искористување на

природната средина како еден од мошне важните аспекти за стратешко

планирање на локалниот економски развој.

Од квалитетот на просторот (богатство на туристичките вредности),

зависи дали одредено подрачје ќе е посетено, во која мера, во кој временски

период од годината и какви економски ефекти ќе се постигнат. Природните

вредности претставуваат појави и предмети во природата, кои имаат својство

да ги привлекуваат посетителите. Тие се одраз на геопросторот и според

потеклото се делат на: геоморфолошки (релјефни), климатски, хидрографски,

биогеографски и пејсажни.

7

Page 8: Анимации во туризмот-ПРИРОДНИТЕ ВРЕДНОСТИ И НИВНИТЕ АНИМАЦИСКИ

Природните вредности и нивните анимациски карактеристики

3. ГЕОМОРФОЛОШКИ ТУРИСТИЧКИ ВРЕДНОСТИ И

АНИМАЦИСКИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ

Геоморфолошките туристички вредности претставуваат такви вредности

чие атрактивно дејство и карактер произлегува од релјефните особености на

појавите и процесите во просторот. Релјефот, како комплекс на

геоморфолошки појави, делува не само со атрактивноста на поедини форми,

туку со своитеособености влијае и врз другите природни фактори:

географската разместеност на населението, начинот на живеење, видови

активности и слично.

За туристички развој на одреден простор не е значајна секоја релјефна

форма, туку само одделни форми од крајбрежната (хоризонталната) и

планинската (вертикалната) разгранетост, потоа клисурите, кањоните,

подземните релјефни форми и вулканскиот релјеф. Од крајбрежниот релјеф

значајни елементи се: разгранетоста на брегот, капацитетот на плажите и

нивниот геолошки состав, како на плажите така и на крајбрежниот плиток дел

во кој се капачите можат да се движат, како и самата експозиција на теренот.

Од планинскиот релјеф значајни елементи се: планинските масиви, клисурите

и кањонските долини. Планинските масиви се комплексни туристички

вредности кои во себе обединуваат повеќе атрактивно – рекреативни

елементи, со можност за развој на двосезонскиот туризам (летен и зимски). Во

поглед на планинските простори, можат да се истакнат: планинските врвови,

планинските страни и зарамнетите површини. Планинските врвови, всушност

се највисоките точки од планинските масиви од кои се пружаат прекрасни

глетки и од кои места може да започне трасирањето на скијачките патеки. Со

оглед на тоа што се посетувани од посетителите, до нив се градат жичари и

други објекти. Планинските страни се значајни од аспект на терените за зимски

спортови (слалом, велеслалом, спуст и друго), а планинските зарамнети

површини за изградба на туристички комплекси. Покрај овие елементи на

зголемување на туристичката вредност на планините влијаат и подземните

форми, клисурите и кањоните.

8

Page 9: Анимации во туризмот-ПРИРОДНИТЕ ВРЕДНОСТИ И НИВНИТЕ АНИМАЦИСКИ

Природните вредности и нивните анимациски карактеристики

3.1 ГЕОМОРФОЛОШКИ ПРИРОДНИ ВРЕДНОСТИ НА МАКЕДОНИЈА

Со своите природни карактеристики (геолошкиот состав, релјефот,

климата, хидрографијата, почвата, растителниот и животинскиот свет),

Република Македонија е една од  најразновидните земји во Европа. Во текот на

изминатите пет децении, мрежата на заштитени природни обележја и реткости

постојано се прошируваше и денес опфаќа 74 природни области со вкупна

површина од 187.895 хектари или 7,3% од територијата на земјата.

Статусот на заштитена област или вид во Република Македонија е

доделен на три национални парка (108.338 хектари), четири строги национални

резервати (12.855 хектари), три области со исклучителни природни обележја

(2.338 хектари), 14 различни растителни и животински видови коишто живеат

во области надвор од природните резервати (2.709 хектари) и на 33 природни

области во категоријата на т.н. „споменици на природата“ (61.655 хектари).

Охридско Езеро, споменик на природата. Езерото се наоѓа во

југозападниот дел на Република Македонија, на надморска височина од 695

метри. Зафаќа површина од 358,2 км2, од кои 229,9 припаѓаат на Република

Македонија. Охридското Езеро се формирало во терциерниот период, пред два

до три милиони години. Најголемата длабочина изнесува 289 метри, со што

Охридското Езеро е најдлабокото езеро на Балканот. Во езерото живеат над

200 видови ендемични организми, а 70 проценти од растенијата и животните во

Охридското Езеро се од ендемичен карактер. Некои од нив се виртуелно живи

фосили кои останале непроменети од терциерниот период до денес, како што

се сунѓерот, реликтни видови на полжави (над 70 видови) стари околу 30

милиони години и чии роднини денес може да се најдат само во Бајкалското

Езеро во Русија, како и ендемични црви. Реликтниот животински свет во

езерото е нашироко познат во светот и ги вклучува летницата (Salmo letnica

Karaman) и ендемичната белвица (Salmothymus ohridanus), како и ендемичната

кркушка (Gobio ohridanus), црвеноперката (Rutilus rubilio ohridanus), скобустот

(Chondrostoma ohridanum) и ситниот крап (Paraphoxinus minutus). Охридското

Езеро е внесено во голем број учебници по зоологија поради нерешената

мистерија на тамошната јагула: таа доаѓа во езерото од Саргаското Море,

оддалечено илјадници километри, и поминува околу 10 години во длабочините

9

Page 10: Анимации во туризмот-ПРИРОДНИТЕ ВРЕДНОСТИ И НИВНИТЕ АНИМАЦИСКИ

Природните вредности и нивните анимациски карактеристики

на езерото додека да созрее полово. Потоа, водена од необјаснет инстинкт,

наесен јагулата го започнува своето патешествие кон своето родно место.

Таму се размножува и умира, а нејзините потомци се враќаат во Охридското

Езеро.

Слика1. Охридско, Преспанско и Дојранско ЕзероPicture1. Ohrid, Prespa and Dojran Lake

Преспанско Езеро, споменик на природата. Преспанското Езеро се наоѓа

во југозападниот дел на Република Македонија, на тромеѓето со Грција и

Албанија. Езерото зафаќа површина од 274 км2, од кои 176,8 припаѓаат на

Македонија. Езерото се наоѓа на надморска височина од 853 метри, а

најголемата длабочина изнесува 54 метри. Од вкупно 13 видови риби во

езерото, шест се ендемични. Од 1995 година, Преспанското Езеро се наоѓа на

Рамсарскиот список на мочуришта од меѓународно значење.

Дојранско Езеро, споменик на природата. Дојранското Езеро е најмалото

тектонско езеро во Македонија и зафаќа површина од само 43,1 км2.

Западниот дел на езерото (27,3 км2) припаѓа на Република Македонија, а

источниот дел на Грција. Спаѓа во класата плитки езера – најголемата

длабочина изнесува десет метри – се наоѓа на надморска височина од 148

метри. Дојранското Езеро е остаток од некогашното Пеонско Море.

Животинскиот свет во езерото вклучува и без’рбетници (протозои, или

едноклеточни организми, сунѓери, црви, мекотели, членконоги и инсекти) и

’рбетници (риби, водоземци, влекачи, птици и цицачи). Во езерото се

регистрирани дванаесет ендемични животински видови. Дојранското Езеро е

познато и по традиционалниот риболов со помош на корморани кои ги тераат

рибите во мамки наречени мандри, кои се направени од трска.

10

Page 11: Анимации во туризмот-ПРИРОДНИТЕ ВРЕДНОСТИ И НИВНИТЕ АНИМАЦИСКИ

Природните вредности и нивните анимациски карактеристики

Пелистер, национален парк. Пелистер се наоѓа во југозападниот дел на

Република Македонија и зафаќа површина од 12.500 хектари. Во 1948 година,

Пелистер беше прогласен за прва заштитена природна област во Македонија.

Највисокиот планински врв е Пелистер (2.601 метри). Од релјефните облици во

овој национален парк највпечатливи се т.н. камени реки. Тоа се падини

исполнети со камени блокови со различен состав. Со посебна природна

привлечност се двете глацијални езера, Големото и Малото Езеро, познати

како „Горски Очи“. Во паркот растат вкупно 88 видови дрва, или 29% од

дендрофлората во Македонија.

Маврово, национален парк. Овој парк е прогласен за заштитена

природна област  во 1948 година и зафаќа површина од 73.088 хектари.

Средишниот дел на паркот ги зафаќа долината и коритото на преубавата

Радика. Во паркот се среќаваат голем број занимливи морфолошки облици:

речни долини, кањони, клисури, водопади, карстни полиња, ували, вртачи,

пештери, глацијални езера и разни денудациони облици. Националниот парк

„Маврово“ се одликува со голема разновидност на растителен свет: над 1.000

видови виши растенија, меѓу кои 38 видови дрва, 35 видови грмушки, како и

околу 60 ендемични, реликтни или ретки растителни видови. Животинскиот

свет во паркот вклучува 140 видови птици, од кои најраспростанет е сивиот

сокол, орелот-крстач, златниот орел, шумскиот був и ливадската еја. Се

среќаваат и 11 видови водоземци, 12 видови влекачи и 38 видови цицачи, меѓу

кои најсвојствени се мечката, рисот, дивокозата и дивата мачка.

11

ПЕЛИСТЕР (национален парк)

МАВРОВО (националиен парк)

ГАЛИЧИЦА (национален парк)

Page 12: Анимации во туризмот-ПРИРОДНИТЕ ВРЕДНОСТИ И НИВНИТЕ АНИМАЦИСКИ

Природните вредности и нивните анимациски карактеристики

Галичица, национален парк. Овој парк се наоѓа во југозападниот дел на

Република Македонија, меѓу Охридското и Преспанското Езеро, и зафаќа

површина од 22.750 хектари. Прогласен е за национален парк во 1958 година.

Галичица се одликува богат растителен свет: овој парк е единствено

живеалиште за одредени растителни видови на територијата на Македонија.

Од 20-те видови виши растенија, за 12 се знае дека се локални ендемични

видови кои живеат само на планината Галичица и на крајбрежјето на

Охридското и Преспанското Езеро. Од животинскиот свет, паркот е дом на 25

ендемични видови. Во него живеат исклучително голем број пеперутки (1.664

видови), што е голема концентрација на релативно мал простор. Националниот

парк „Галичица“ е природно живеалиште на 30 видови водоземци и влекачи,

речиси колку севкупната херпетофауна на Германија, Швајцарија и Австрија, на

пример. Застапени се вкупно 266 видови птици, што претставува 84% од

вкупната орнитофауна во Република Македонија. Се среќаваат и 51 вид

цицачи, 62% од вкупната фауна на цицачи во Македонија.

12

Демиркаписка клусура

Клисура матка

Маркови кули Кокино

Page 13: Анимации во туризмот-ПРИРОДНИТЕ ВРЕДНОСТИ И НИВНИТЕ АНИМАЦИСКИ

Природните вредности и нивните анимациски карактеристики

Демиркаписка Клисура, споменик на природата. Демиркаписката Клисура

е најдолгата клисура на реката Вардар (19 километри). Клисурата всушност

претставува голем процеп во појас од варовник и вулкански карпи кој ги

разделува тиквешката и гевгелиско-валандовската котлина.

Клисура Матка, споменик на природата. Околу 15 километри југозападно

од Скопје се наоѓа величествената клисура Матка, чии морфогенетски особини

откриваат дека клисурата се создала со пробивањето на водата низ карпите, а

се протега на околу 5.000 хектари. Особено внимание во клисурата

привлекуваат карстните облици: десет пештери долги 20 до 176 метри и две

бездни чија длабочина достигнува 35 метри.

Маркови Кули, споменик на природата. Маркови Кули се наоѓа во

централниот дел на Република Македонија, во непосредна близина на градот

Прилеп. Се состои од бројни денудациони облици кои формираат

несекојдневни природни скулптури.

Кокино, село на 1.030 м надморска височина, 30 км североисточно од

Куманово, каде се пронајдени остатоци од мегалитска опсерваторија стара над

3.800 години.

3.2 РЕЛЈЕФНИ ПРИРОДНИ ВРЕДНОСТИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА

АНИМАЦИСКИ АКТИВНОСТИ

Голем број активности кои се организираат за анимација на

посетителите се поврзани со природните вености. На пример:

геоморфолошките (релјефните) природни вредности овозможуваат

организирање голем број анимациски активности како:

Скијање;

Лов на дивеч;

Излети;

Планинарење;

Посета на пештери;

Посета на вулкани и друго.

13

Page 14: Анимации во туризмот-ПРИРОДНИТЕ ВРЕДНОСТИ И НИВНИТЕ АНИМАЦИСКИ

Природните вредности и нивните анимациски карактеристики

4. КЛИМАТСКИТЕ ВРЕДНОСТИ И АНИМАЦИСКИТЕ

КАРАКТЕРИСТИКИ

Климатските вредности се еден од најзначајните фактори за развој на

туризмот. Климата претставува повеќегодишен режим на типови на време на

одреден простор. Таа непосредно влијае врз човековиот организам

(расположение, продуктивност на човекот, физичка и психичка активност).

Климатските особености се различни во различни простори, а човекот

престојува во оние простори коишто климатски најповеќе му одговараат. Од

аспект на климата, за развој на туризмот најзначајни се просторите со

средоземноморска или планинска клима и нивните вариетети.

Значењето на климата како туристичката вредност се согледува преку

нејзините елементи: температурата на воздухот, инсолацијата, релативната

влажност, ветровите и врнежите. Температурата на воздухот обично се зазема

како основен критериум за одредување на должината на сезоната (над 18°C).

Покрај овој параметар, во одредувањето на вкупната погодност на одреден

простор за развој на туризмот се земаат во предвид и температурите на

воздухот во текот на вечерните часови, како погодност за прошетки, или во

текот на ноќта, како погодност за добар сон. Релативната влажност на

воздухот, е исто така важен елемент на климата за туристичкиот развој. Во

оние простори во кои релативната влажност се движи околу 60% и

температурата на воздухот околу 23°C, се сметаат за идеални за човечкиот

организам, а според тоа и за развој на туризмот. Годишното количество врнежи

и распоредот по месеци исто така ја предодредуваат туристичката

атрактивност на просторот.

Туристичките простори се поатрактивни во лето и во зимам бидејќи

посетителите можат подобро да го користат одморот (активности на вода и

копно во текот на летото и активности на снег во текот на зимата). Покрај

гореспоменатото важни елементи се и времетраењето на сончевиот сјај

(инсолацијата), облачноста, атмосферскиот притисок и друго.

14

Page 15: Анимации во туризмот-ПРИРОДНИТЕ ВРЕДНОСТИ И НИВНИТЕ АНИМАЦИСКИ

Природните вредности и нивните анимациски карактеристики

4.1 КЛИМАТСКИТЕ ВРЕДНОСТИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА

АНИМАЦИСКИ АКТИВНОСТИ

Климатските вредности овозможуваат организирање на следниве

анимациски активности:

Прошетки;

Спортско – рекреативни активности;

Излети;

Други активности кои се одвиваат надвор од туристичкиот објект.

Планинскиот и езерскиот туризам иако се најатрактивни во земјата, се

сметаат за посебно чувствителни на климатските промени, бидејќи сите

туристички активности на отворено се зависни од климатските услови.

Летната сезона би можела да се продолжи како резултат на порастот на

температурата на воздухот, но се очекува и пораст на потребите за вода на

туристите, кои се најголеми на сливот на Црн Дрим. Зголеменото времетраење

на највисоките вредности и топлотните бранови се очекува да имаат негативни

влијанија врз квалитетот на водата. Поголемата потрошувачка на вода ќе

наметне потреба за обезбедување нови извори на вода за пиење и изградба на

нови системи за отпадните води и од домаќинствата и од индустријата,

посебно во туристичките дестинации. Неизбежно ќе порасне и потрошувачката

на енергија, поради неопходната потреба од разладување на туристичките

капацитети, наметната од зголемените температури.

Зголемувањето на зимските температури, проследено со помала снежна

покривка и одложен почеток на скијачката сезона, негативно ќе се одрази врз

скијањето како главна зимска туристичка дејност. Поради скусувањето на

скијачката сезона можни се загуби, освен ако не се практикува создавање

вештачки снег.

Со цел да одговори на климатските промени, туристичката индустрија ќе

треба да се сврти кон нови продукти како што се планинарење во текот на

зимата, доколку не е можно скијање, но исто така и јавање, унапредување на

бањскиот туризам, како и активности поврзани со културните и природните

наследства во текот на другите сезони.

15

Page 16: Анимации во туризмот-ПРИРОДНИТЕ ВРЕДНОСТИ И НИВНИТЕ АНИМАЦИСКИ

Природните вредности и нивните анимациски карактеристики

Се проценува дека климатските промени ќе имаат негативен ефект врз

квалитетот на водите, во однос на следниве три аспекти:

намалените водни ресурси ја намалуваат моќта за разблажување на

загадувањето, што доведува до влошен квалитет на водата;

повисоките температури го намалуваат растворениот кислород во

водните тела и

во услови на климатски промени, искористувањето на водата,

посебно за земјоделството, може да го зголеми загадувањето на

водата.

5. ХИДРОГРАФСКИТЕ ПРИРОДНИ ВРЕДНОСТИ

Хидрографските вредности имаат големо значење, бидејќи поседуваат

рекреативно – атрактивни својства. Исто така поседуваат и естетски и

куриозитетни карактеристики, а воедно се и најатрактивни затоа што најголем

дел од туристичките движења се насочени кон водените басени. Имено,

просторите кои се наоѓаат покрај поголемите (океани и морињата) или

помалите водени површини (тектонските езера), а воедно имаат поволни

климатски услови, претставуваат најатрактивни места за развој на туризмот и

пружаат најповолни услови за одмор, рекреација и забава.

Освен природните карактеристики

(температурата на водата, прозирноста, бојата, бранувањето и квалитетот на

водата), врз атрактивноста влијаат и квалитетот на опкружувањето и

оддалеченоста од емитивните подрачја. Како позначајни за туристичката

понуда, од другите хидрографски објекти можат да се посочат: глацијалните,

речните, вулканските и вештачките езера, реките, големите извори (врела) и

минералните извори.

16

Page 17: Анимации во туризмот-ПРИРОДНИТЕ ВРЕДНОСТИ И НИВНИТЕ АНИМАЦИСКИ

Природните вредности и нивните анимациски карактеристики

5.1ХИДРОГЕОГРАФСКИТЕ ВРЕДНОСТИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА

АНИМАЦИСКИ АКТИВНОСТИ

Хидрогеографските вредности овозможуваат организирање голем број

анимациски активности како:

Пливање – капење;

Ватерполо;

Едрење;

Скијање на вода;

Риболов;

Нуркање под вода;

Прошетка со брод;

Возење со глисер;

Едрење на штица;

Летање над вода и друго.

6. БИОГЕОГРАФСКИТЕ ПРИРОДНИ ВРЕДНОСТИ

Биогеографските вредности се исто така значајни за туризмот и во оваа

група спаѓа разновидната флора и фауна, кои претставуваат мошне значајна

вредност за туристичките движења кон одредени простори. Флората, со својата

разновидност и убавина, создава посебни амбиентални целини и во голема

мера влијае врз здравјето и расположението на човекот. Од овие вредности

како посебно привлечни и значајни за туризмот се шумите кои претставуваат

привлечни амбиентални целини (свежината и поднебјето, карактеристичниот

шумски мирис и слично).

Посебно интересни се разновидните ендемични растенија, шумските

плодови, цветови и друго. Фауната е исто така значајна туристичка вредност.

Таа создава услови за лов и риболов, кои, во современи услови, претставуваат

мошне популарни спортови и фактор за развој на ловниот и риболовниот

туризам.

17

Page 18: Анимации во туризмот-ПРИРОДНИТЕ ВРЕДНОСТИ И НИВНИТЕ АНИМАЦИСКИ

Природните вредности и нивните анимациски карактеристики

6.1 БИОГЕОГРАФСКИТЕ ВРЕДНОСТИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА

АНИМАЦИСКИ АКТИВНОСТИ

Биогеографските вредности овозможуваат организирање на следниве

анимациски активности:

Излети во шумски комплекси;

Кратки и долги прошетки;

Собирање ендемични плодови и цвеќиња кои можат да имаат

лековито дејство и пријатен мирис;

Лов на дивеч (крупен и пернат);

Риболов и друго.

Под поимот пејсаж се подразбира дел од просторот кој се карактеризира

со специфичности во релјефот, хидрографијата, флората и фауната. Овие

елементи со нивното заемно присуство и надополнување, формираат

интересни пејсажни целини кои даваат карактеристичен белег, зголемувајќи ја

туристичката атрактивност.

Пејсажните вредности овозможуваат да се организираат следниве

анимациски активности:

Организирање на прошетки за набљудување на изгревот и

залезот на сонцето;

Панорамно набљудување и друго.

18

Page 19: Анимации во туризмот-ПРИРОДНИТЕ ВРЕДНОСТИ И НИВНИТЕ АНИМАЦИСКИ

Природните вредности и нивните анимациски карактеристики

7. ЗАКЛУЧОК

Македонија располага со доста атрактивен туристички потенцијал, пред

се со единствена природна и културна историја. Тој потенцијал може, и треба,

интезивно да варира со цел да се создаде препознатлив идентитет на

туристичката понуда на Македонија, со што би се зголемила конкурентноста, а

би се намалила позицијата на пазарот. Структурата на побарувачката за

Македонија во последната деценија е значајно изменета. Единствен начин

Македонија да се репозиционира е прилагодување на динамичниот развој и

квалитетната побарувачка на пазарите, со запазување на природните и

културните ресурси кои се темел на нејзината атрактивност.

Туризмот е една од просперитетните гранки на новиот милениум и со

сите можни видови туристички активности добива значајно место во локалната

и националната економија и претставува лидер во стопанската структура.

Со се поголемото ниво на образование на посетителите, туристичкиот

престој станува се поактивен, без разлика за какви активности станува збор.

Овој факт е многу значаен за создавањето на туристичката понуда, бидејќи

истражувањата покажуваат дека во туристичките движења се вклучуваат се

поголем број луѓе со повисок степен на образование. од ова може да се

заклучи дека се повеќе меѓу посетителите ќе има такви, кои за време на

туристичкиот престој ќе бараат можности за разни активности: спортско –

рекреативни, културно – забавни, како и излети и прошетки, за кои посетители

ќе избираат места чија туристичка понуда ќе овозможува такви активности.

19

Page 20: Анимации во туризмот-ПРИРОДНИТЕ ВРЕДНОСТИ И НИВНИТЕ АНИМАЦИСКИ

Природните вредности и нивните анимациски карактеристики

КОРИСТЕНА ЛИТЕРТАУРА:

1. Јаковлев З., (2010)., Анимација во туризмот, Богданци

2. Мариноски Н., (2006)., Основи на туристичката теорија и практика,

Факултет за туризам и угостителство, Охрид

3. http://www.mfa.gov.mk

4. http://ruralnet.mk/wp-content

5. http://www.protectedareas.mk

6. http://mn.mk/kultura/

7. http://www.makedonskibiser.com.mk/

20