My room 3.3.doc

Preview:

Citation preview

Методски приказ за одржување на наставен час по англиски јазик

Датум:

Одделение: II (второ)

Наставен предмет: Англиски јазик

Наставно подрачје: Јазик

Наставна тема: Theme 3

Наставна единица: My room 3.3. Обработка на вокабулар (играчки)

Тип на часот: Усвојување на нова наставна содржина

Наставни средства: учебник, табла, креда, касетофон, слики

Методи на работа: Метод на демонстрација, когнитивен метод, метод на усно

изложување, метод на разговор (аудио-лингвална), илустративен метод- метод на

цртање

Форми на работа: индивидуална и фронтална форма на работа, работа во парови

Задачи:

- усвојување на нов вокабулар;

- анализа на сликите во учебникот;

- увежбување на структура: Јас имам (I’ve got …);

- обработка на песна.

Цели:

- Усвојување на нов вокабулар;

- одговарање на поставени прашања со помош на кои ќе се анализираат сликите;

- увежбување на структура: Јас имам (I’ve got …);

- обработка на песна.

Приказ на часот:

Воведен дел:

Во воведниот дел од часот се започнува разговор со учениците со цел да се повтори

усвоениот вокабулар за собата. Се покажуваат слики и се повторува вокабуларот за мебел.

Се пее песната од предходниот час.

Главен дел:

Во главниот дел се слушаат и повторуваат новите зборови. Се анализираат сликите и се

разговара за нив. Се слуша и повторува дијалогот и се одговара на поставените прашања.

Се увежбува новата струкутра и се обработува песна.

Избор:

Преку поставување кратки прашања на почетокот од часот, со употреба на формите на

работа (фронтална, индивидуална) се утврдуваат целите кои треба да се реализираат. Се

избира вежба со слушање во која учениците ги повторуваат зборовите од предходниот

часи се повторува песната. Се усвојува нов вокабулар. Се слуша и обработува песна.

Градирање:

Се поврзува дотогашното знаење на учениците од претходните часови за поврзување со

новиот материјал. За да се усвои новиот материјал се избираат вежби со слушање,

препознавање и повторување.

Презентација:

Во главниот дел се презентира новата наставна содржина во која ќе се усвојува нов

вокабулар поврзан со играчки. Се поставуваат прашања во врска со тоа какви играчки

имаат учениците дома со цел да се поврзе нивото знаење со новиот материјал. Се

презентираат новите зборови со помош на слики, а учениците со затворени учебници ги

повторуваат. Се слушаат новите зборови на касетофон и се повторуваат повеќе пати со

цел учениците да ги запомнат. Потоа се анализира сликата во учебникот и се поставуваат

прашања со цел да се опише. Се слуша песничка на касетофон и се анализира сликата.

Потоа се поставуваат прашања за тоа што учениците слушнале во песничката. Се пушта

повторно, а потоа се објаснува со помош на сликите во учебникот. Се повторува песната

без музика. Потоа повторно се слуша. Во неа е употребен изразот од минатиот час (I’ve

got…). Се пее песната со целото одделение.

Завршен дел:

Во завршниот дел уште еднаш се пее песната заедно, и неколку ученици индивидуално ја

пеат без музика користејќи ги сликите во учебникот.

Вежбање:

Учениците ја пеат песната индивидуално при што се внимава на интонацијата и

изговорот.

Проверување:

Се проверрува изговорот и се дава повратна усна информација.

Recommended