стереотипното прикажување на жената во рекламите

Preview:

Citation preview

стереотипното прикажување на жената

во рекламитенејзината улога во нив

Сексистички реклами од 50-тите години во ХХ век

Нема гајле, испрскајте ја со вода, на нејзе не и е грижа. Реклама за памук

Мажите се подобри од жените! Освен внатре, тоа е пожелно.

Изненадени се поради тоа што мажот и дозволил да вози

Што се стереотипи?

Стереотипите претставуваат слика заснована на предрасуда или полувистина која му се придава на „другиот“ или себе си врз основа на припадност на група. Стереотипот може да биде позитивен или негативен, но речиси секогаш, кога ќе се примени на ниво на единка, е невистинит.

Стереотипизацијата претставува процес во кој категоризираните припадници на групата добиваат групни социјални или психолошки својства и со тоа се избегнува напорот да се размислува за поединечни примери

Тука стеротипите играат моќна улога на воспоставувањето на комуникациски протокол преку кој се обезбедува пораката на испраќачот да биде примена што е можно попрецизно од страна на примателот

=помага во економизирање на

изразот

Стеротипите се историски форми и претставуваат производ на колективна свест, па обично за нив не се размислува кога се употребуваат туку се прифаќаат како вечно дадени вистини

Формирањето на стеротипот е двонасочен процес и се одвива врз основа на социјална динамика во која и групата што е предмет на стеротипизацијата и оној кој што го формира стереотипот меѓусебно влијаат врз неговото дефинирање

Медиумите и стереотипите

Медиумското изразување налага краток израз и економизирање на јазикот.

ˇупотребата на стеротипот го растеретува

авторот од натрупани изрази и претерано детализирање

ˇ медиумот се појавува како зацврстувач на

стеротипот преку репетитивната употреба или преку негова јавна официјализација.

Несвесна и свесна употреба

При несвесната употреба на стеротипот, во медиумот се јавува како креатор на стереотипот,

Се употребува свесно со цел да се постигне одредена перцепција кон одредена група.

Стереотпното претставување на жената како домакинка е присутен и денес

Други примери на сретеотипно прикажување:

Жената како мајка: Жената треба да биде и добра мајка. Тато

работи додека мајката останува дома да се грижи за децата. Ова влијателно рекламирање, често ги прикажува мајката и нејзиното дете.

Денес, стереотипното претставување на мајката е помалку застапено во рекламирањето, иако сè уште ги има често.

Жените како објект

Стереотипот на жената како објект бил помалку присутен меѓу 1950-1960 години, но денес (пре)често се користи.

Целта е да се привлече машкиот погледот на производот, додека жената да се идентификува со женскиот лик покрај производот.

-најчесто не ја одразуваат реалноста. - деградирани се.

Се појавуваат во две форми:

Како илустрација на производот, особено ако самите жени се цел на рекламирањето.

Во асоцијација со производот

Како илустрација на производот

Пример: жените се прикажуваат во реклама за правосмукалка, машина за перење, како традиционални потрошувачи -стереотипен приказ на овие производи. Тие, исто така илустрираат во реклами за парфем, гардероба, автомобили -како корисници на овие производи, за да се постигне целта - потрошувачот да се идентификува со овие модели.

Во асоцијација со производот:

Врската помеѓу производот и женскиот лик не е јасно објаснета, но сликата на жената се користи како сликовна потпора, како инструмент на провокација. Целта е да се привлече внимание на производот, но не мора да се идентификува со женскиот лик на производот

Фатална жена

 Фатална жена е објект чија моќ во

рекламата е заведувањето на мажи. Во рекламирањето често жените се користат како атрактивен објект. Стереотипот на фатална жена е нов стереотип. Жената на рекламат секогаш е атрактивна, елегантна,заводлива.

Независна жена

Како што се подобрувала позицијата на жената во општеството, се еманципирала и се здобивала со исти права како и мажите, во рекламите почнала да се претставува и во улога на незавизна на неколку начини: професионална автономија, сексуално ослободување, жените бараат право слободно да располагаат со своите тела. На пример жената која работи во рекламирањето се појавила по 1970 година, но сè уште тие реклами се ретки.

Жената почнува да се појавува како нов вид на потрошувачка. Како смела и во потрага по забава. Таа повеќе не троши само за нејзиниот сопруг и децата, но, исто така, троши за својата благосостојба. Тоа е честа појава во денешно време за да ја видите жената во центарот на рекламирање за производи како што парфем или шминка

Реакција за експлоатирањето на женското тело и фидбек

Во поразвиените западни земји, особено од 2000тата година се појавиле многу движења кои строго го осудуваат користењето и експлоатирањето на женското тело во рекламите, па така некои рекламни агенции пародично ги прикажуваат социо-културните теми, особено социјалниот статус на жените и феминистичките движења. Оваа стратегија е релативно нова и произлегува главно од растечките критики за рекламирањето.

Ниедно женско тело не беше експлоатирано на оваа реклама

нијјјј

Прво прикажување на реалноста

Во рекламирањето во 2000-тите години, жените се претставуваат поприродно од било кога предходно, иако имиџот на секс-симбол и објект се уште се користи.

Кампањата на брендот за козметички производи Дав означила почеток на прикажувањето на нормалната жена во кампањите. Нивната кампања наречена Вистинска(реална) убавина ја отсликуваат жената во сите видови: кафеава, руса, заоблена, витка, млада или стара, претпочитајќи да ја претставуваат природната слика

Идејата и иницијативата за рекламната кампања на Дав потекната врз основа на истражувате на Универзитетот Харвард и на Лондонската школа за економија, која покажала дека по анкетата 68% од жените веруваат дека сликата на жените во рекламирањето е премногу далеку од реалноста.

Општествено толкување на убавината

Од почетокот до средината на дваесеттиот век , жените биле сметани за убави, ако имале исончана кожа и целосно заоблен фигура. Исончаниот тен на кожата значел дека е поминато многу време надвор, кои асоцирало со работничката класа. Крупноста и облините на телото претставувале плодна и здрава жена

Како што минувале годините, убавината на жените постепено се препознавала во истенчуваањето на фигурата. Во денешното општество, убавината е речиси токму спротивното од што било во почетокот на дваесеттиот век. Тенкото тело се почитува повеќе.

Жените и девојките не доаѓаат со сопствена одлука за убавина, со овие принципи, сами. Медиумите и рекламирањето играат огромна улога во влијанието како жените, девојките и девојчињата се перцепираат (и како се перцепирани) како убави.

Ако одредена слика се повторува доволен број пати преку телевизијата, печатени магазини, филмови, рекламни спотови, музички спотови, билборди, итн , општеството ќе ја прифатат оваа слика како норма и ќе ја следи

како се преобразуваат и променува сликата за убавина со текот на времето во општество и нашата слика на убавината ќе се променува.

ЗАКЛУЧОК

Време е да се подигне свесноста за негативната слика која се создава за жените во изложувањето рекламни постери и рекламни спотови. Останува надежта дека во текот на годините јавноста ќе го смени вкусот, како и вредностите во однос на тоа што им го привлекува вниманието, а креаторите на реклами ќе го променат начинот на рекламирање, бидејки медиумите најдиректно влијаат за обликување на општеството во кое живееме.

Која е иднината на рекламирањето и жените во нив?

Многумина прогнозираат дека сексизмот и стереотипизацијата во рекламирањето уште има светла иднина пред него.

Но, дали сме ги достигнале границите

или може да одиме уште понатаму?

БЛАГОДАРАМ НА ВНИМАНИЕТО

Recommended