Eксплозив

Preview:

Citation preview

Експлозив е секоја материја која во допир со кислород, без или во присуство на искра или оган, согорува за многу кратко време, при што ослободува големо количество на топлинска и кинетичка енергија

• Според начинот на употреба експлозивите се делат на иницирачки и бризантни• Во главно, овие експлозиви се произведуваат во вид на прашкеста агрегатна состојба и се користат во вид на патрони

Иницирачки

Експлозиви кои се користат за активирање и многу се осетливи на пламен и удар. Поради својата активност се користат исклучиво за правење на иницијални каписли и запалки

Бризантни • Овие експлозиви хемиски се многу стабилни и

разорната моќ им е многу силна. Тие најчесто се користат за воени цели (бомби,ракети, гранати, итн.) или во за стопански цели – рударство, градежништво итн. Постојат голем број на вакви експлозиви, а најпознати се: дијамант, тротил, нитроцелулоза, динитрогликол и амон -нитрат

Постојат и т.н. пластични експлозиви кои се во облик на желатин, а најпознати се: пентрит, хексоген, тетрил, екразит и октоген

Овие експлозиви хемиски се многу стабилни и разорната моќ им е голема, при што се користат и во воени и во стопански цели

Често пати се прават смеси од различни експлозиви со специфични карактеристики, бидејќи сите досега наведени експлозиви претставуваат чисти хемиски супстанции

Поим за експлозијаЕксплозија претставува брзо и ненадејно

избувнување на гасови од одредено центар во останатиот простор придружено со топлина (високи температури), удар и силен звук

Експлозиите можат да бидат причини за пожар, но многу чести се случаите тие да се одвоени од пожарите и претставуваат специфичен начин на деструкција која е често пати поопасна од пожарот

Процесот на настанување на експлозијата зависи од видот на експлозивните материи. Според тоа експлозиите може да се поделат на :

- Хемиски (брзо претварање на цврста или течна експлозивна супстанција во гас)

- Физички (зголемување на притисокот - односно котел) и нуклеарни (фисија - цепење на атомот, фузија - составување на атом)

Меѓутоа, експлозиите како последица на хемиски реакции се сметаат за прави, вистински експлозии, додека експлозиите кои настанале како последица на физички промени спаѓаат во експлозивни појави

Хемиски експлозивни супстанциХемиски експлозивни супстанци се оние супстанци

кои под дејство на одредена надворешна причина (пламен, искра, удар) хемиски се активираат, притоа ослободувајќи голема количина на топлина и гасови за краток временски период што е резултат на експлозивното хемиско разложување

Кај експлозиите со хемиско потекло се раликуваат три вида :- експлозии на експлозивни материи-експлозии на лесно запаливи пареи и гасови - експлозии на прашина

Експлозивни материиВо експлозивни материи спаѓаат:

- експлозиви и средства за активирање на експлозиви, пиротехнички смеси- барут и суровини за производство на експлозиви кои имаат експлозивни својства

За некоја материја да се смета за експлозив мора да задоволува три основни услови:

при експлозијата да развива енергија која предизвикува механичка работа

нејзините продукти да бидат во гасовита агрегатна состојба

експлозијата да се одигра во кратко време