28
берзНИК - GODINA III - BROJ 69 - 13 APRIL 2009 GODINA (PRILOG NA TENDERNIK) www.berznik.com.mk Сите политики во иста насока -стабилен девизен курс Сите политики во иста насока -стабилен девизен курс

БЕРЗНИК 0069 од 13.04.2009 г. на Македонски - MKIBN20090413-0069L

  • Upload
    berznik

  • View
    294

  • Download
    5

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Светот се заморува со кризата, Македонија со тоадали и треба аранжман со ММФ или пак не? Иседмицата што измина, македонската јавност бешебомбардирана од информациите што и како требаВладата да се задолжи за, наводно да излеземе одкризата. Повторно на сцена или ако сакате во игра ММФ.Јавноста пак ни се подели. Се разбира не толку порадиекономијата, туку секој гледано низ призмата на својотполитички приврзок, а за тоа каква економија ни епотребна за спас од стопанскиот колапс или летаргичнатадолгогодишна монетарна политика ... не е баш јасно. Воигра се стабилниот девизен курс - да или не?... пораст надефицит.., пораст на каматните стапки... Се на се, какосега стојат работите, ниту една мерка моментно не е воприлог на сиромашните граѓани....Впрочем за тоа колку е среќен нашиот граѓанин говоратклучните наоди на извештајот: Граѓански заснованианализи, спроведен од Универзитетот на ЈИЕ, а поддржанод УНДП. Истражување кое покажа дека Македонците сенајнесреќни луѓе во регионот, ги мачи сиромаштијата,нерамноправната положба во општеството, а одреденисоцијални и етнички групи се дискриминирани.Истражување според кое се гледа нееднаквоста во односна приходот кај граѓаните и тоа во соооднос: 20 отсто,најбогатите од населението имаат 42 отсто од вкупниотприход, а најсиромашните 20 отсто примаат само петотсто. Од друга страна има и голема регионалнанееднаквост во квалитетот на животот на граѓаните воМакедонија и потреба за преземање политики заподигнување на животот во најсиромашните региони наземјата...Во меѓувреме, тие најбогатите, бидејќи се сити, убавооблечени, прошетани и да не кажам, збеснати одзадоволства на сметка на сиромашните кои имаат самопет отсто од вкупниот приход, се занимаваат со тоа далиВладата скапо се задолжува. Не убедуваат дека Владатамора да побара и кредит од Меѓународниот монетаренфонд за да ја спаси државата од економски колапс. Но,никако не наведуваат ниту една мерка што самите можатда ја понудат за благосостојбата на граѓаните... Ако ништодруго, барем поголем дел од нив редовно да гиисплатуваат и онака малите плати... А, колапсот како дани е од вчера, од економската криза ( и тоа до некаде ќене стаса, ама понатаму)... па ние сме во колапс откаковладите ни дозволија да се создаде вештачка елита-капиталисти кои го украдоа и народниот дел од колачот,па сега ни мудруваат како треба да сеработи....Форсираат тези, се разбира, пак преку нас,медиумите, дека е опасно растечкиот дефицит воплатниот биланс и во буџетската каса да се покриваат сокредити од странски комерцијални банки и од домашнотостопанство. Како тоа да го разбира народот... Зошто сетие платени, па да најдат решение без да ги инволвираатлуѓето кои тоа воопшто не го разбираат, а не да се кријатзад нивната сиромаштија... А токму поради загубите вобуџетската каса и во тековната сметка, сега и дел одекспертската ( економисти приклонети кон една политичкаопција)и меѓународната јавност ја предупредија Владатадека треба итно да побара кредит од ММФ.Во тој контекст, Берт ван Селм, постојан претставникна Фондот во Македонија, ја потсети Владата дека и сеотворени вратите на ММФ во облик прифатлив исоодветен за барањата на Владата. Селм на трибинатапосветена на кризата не пропушти да и препорача наВладата да ја стегне фискалната политика и да гиограничи неразумните трошења. -Има потреба за итнаревизија на македонскиот буџет, а тоа произлегува одфактот што буџетот за 2009 година е проектиран врзпретпоставка за пораст на приходите од 13 отсто, ноподатоците од крајот од првото тримесечје говорат за падна приходите, изјави Ван Селм.-Неопходно аранжманско врзување со ММФ, но пред сепоради рационализирање на јавната потрошувачка, а имерки во областа на намалувањето на трговскиотдефицит и дефицитот во платниот биланс, сорационализација и поскапување на луксузниот увоз,стимулирање на извозот, одржување и зголемување надевизни

Citation preview

Page 1: БЕРЗНИК 0069 од 13.04.2009 г. на Македонски - MKIBN20090413-0069L

ббееррззННИИКК

-- GGOO

DDII

NNAA

IIIIII

-- BB

RROO

JJ 6699

-- 11

33 AA

PPRR

IILL

220000

99 GGOO

DDII

NNAA

((PP

RRII

LLOO

GG NN

AA TT

EENN

DDEE

RRNN

IIKK

))

wwwwww..bbeerrzznniikk..ccoomm..mmkk

Сите политики во иста насока -стабилен девизен курс

Сите политики во иста насока -стабилен девизен курс

Page 2: БЕРЗНИК 0069 од 13.04.2009 г. на Македонски - MKIBN20090413-0069L
Page 3: БЕРЗНИК 0069 од 13.04.2009 г. на Македонски - MKIBN20090413-0069L

BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI 3Data 13. 04. 2009 broj 69 берзНИК

До следниотпонеделник

Makedonka BaldazarskaGlaven i odgovorenurednik na берзНИКe-mail:[email protected]

Светот се заморува со кризата, Македонија со тоадали и треба аранжман со ММФ или пак не? Иседмицата што измина, македонската јавност беше

бомбардирана од информациите што и како требаВладата да се задолжи за, наводно да излеземе одкризата. Повторно на сцена или ако сакате во игра ММФ.Јавноста пак ни се подели. Се разбира не толку порадиекономијата, туку секој гледано низ призмата на својотполитички приврзок, а за тоа каква економија ни епотребна за спас од стопанскиот колапс или летаргичнатадолгогодишна монетарна политика ... не е баш јасно. Воигра се стабилниот девизен курс - да или не?... пораст надефицит.., пораст на каматните стапки... Се на се, какосега стојат работите, ниту една мерка моментно не е воприлог на сиромашните граѓани....

Впрочем за тоа колку е среќен нашиот граѓанин говоратклучните наоди на извештајот: Граѓански заснованианализи, спроведен од Универзитетот на ЈИЕ, а поддржан

од УНДП. Истражување кое покажа дека Македонците сенајнесреќни луѓе во регионот, ги мачи сиромаштијата,нерамноправната положба во општеството, а одреденисоцијални и етнички групи се дискриминирани.Истражување според кое се гледа нееднаквоста во односна приходот кај граѓаните и тоа во соооднос: 20 отсто,најбогатите од населението имаат 42 отсто од вкупниотприход, а најсиромашните 20 отсто примаат само петотсто. Од друга страна има и голема регионалнанееднаквост во квалитетот на животот на граѓаните воМакедонија и потреба за преземање политики заподигнување на животот во најсиромашните региони наземјата...

Во меѓувреме, тие најбогатите, бидејќи се сити, убавооблечени, прошетани и да не кажам, збеснати одзадоволства на сметка на сиромашните кои имаат самопет отсто од вкупниот приход, се занимаваат со тоа далиВладата скапо се задолжува. Не убедуваат дека Владатамора да побара и кредит од Меѓународниот монетаренфонд за да ја спаси државата од економски колапс. Но,никако не наведуваат ниту една мерка што самите можатда ја понудат за благосостојбата на граѓаните... Ако ништодруго, барем поголем дел од нив редовно да гиисплатуваат и онака малите плати... А, колапсот како дани е од вчера, од економската криза ( и тоа до некаде ќене стаса, ама понатаму)... па ние сме во колапс откаковладите ни дозволија да се создаде вештачка елита-капиталисти кои го украдоа и народниот дел од колачот,па сега ни мудруваат како треба да сеработи....Форсираат тези, се разбира, пак преку нас,медиумите, дека е опасно растечкиот дефицит воплатниот биланс и во буџетската каса да се покриваат сокредити од странски комерцијални банки и од домашнотостопанство. Како тоа да го разбира народот... Зошто сетие платени, па да најдат решение без да ги инволвираатлуѓето кои тоа воопшто не го разбираат, а не да се кријатзад нивната сиромаштија... А токму поради загубите вобуџетската каса и во тековната сметка, сега и дел одекспертската ( економисти приклонети кон една политичкаопција)и меѓународната јавност ја предупредија Владатадека треба итно да побара кредит од ММФ.

Во тој контекст, Берт ван Селм, постојан претставник

на Фондот во Македонија, ја потсети Владата дека и сеотворени вратите на ММФ во облик прифатлив исоодветен за барањата на Владата. Селм на трибинатапосветена на кризата не пропушти да и препорача наВладата да ја стегне фискалната политика и да гиограничи неразумните трошења. -Има потреба за итнаревизија на македонскиот буџет, а тоа произлегува одфактот што буџетот за 2009 година е проектиран врзпретпоставка за пораст на приходите од 13 отсто, ноподатоците од крајот од првото тримесечје говорат за падна приходите, изјави Ван Селм.

-Неопходно аранжманско врзување со ММФ, но пред сепоради рационализирање на јавната потрошувачка, а имерки во областа на намалувањето на трговскиотдефицит и дефицитот во платниот биланс, сорационализација и поскапување на луксузниот увоз,стимулирање на извозот, одржување и зголемување надевизните резерви, одржување на макроекономската

стабилност и стабилен курс на денарот, заедно со меркикај стопанските субјекти за нивно рационално однесувањеи преструктурирање, предочи и Хари Костов, прв човек наКомерцијална банка. И тој, како и ММФ, препорачувадрастично намалување на целата јавна потрошувачка иелиминирање на проекти кои не се неопходни моментно...

Соработката со ММФ Владата како варијанта се уштене ја потврдува, но ниту ја отфрла, како што го правешетоа до скоро. Иако министерот за финансии, ТрајкоСлавески, убедува дека Македонија сама може да сесправи со кризата. А за волја на вистината, и зад оваатеза, според мнението на медиумите, стојат голем бројекономски приврзаници....Тој вели дека иако лани гозавршивме аранжманот со ММФ, Владата продолжиларедовно да се консултира со нив за економскипрашања.... Тој ја поздрави важната улога која на ММФ муја дадоа меѓународната заедница и светот, но сепакспоред него ММФ не може да не спаси од буџетскиотдефицит, бидејќи Фондот не дава поддршка на буџетот,туку на платниот биланс.

Инаку, на средбата што ќе се одржи кон крајот на априлсо новиот шеф на мисијата на ММФ во Македонија, ќе серазгледаат економските можности и ќе се предложатсоодветни мерки за да се надминат проблемите водржавата, изјави Ван Селм. Владата, пак, најави дека ќеја преиспита стапка на економски пораст, која придонесувањето на буџетот беше планирана на 5,5проценти на годишно ниво, односно на еден процент запрвиот квартал, според најновиот извештај на Народнабанка.

- Ќе се коригираат макроекономските показатели, восогласност со реалната состојба во Македонијапредизвикана од глобалната криза... По алармот одбизнисмените кои бараат Владата итно да реагира и даму помогне на стопанството, и вицепремиерот Ставрескиуверува дека ќе има ребаланс на буџетот до средината намај, но не кажува од каде ќе се крати. За десетина дена ќепресметува од кои ставки во буџетот ќе се намалуваатсредства без да се загрози макроекономската стабилностна земјата.

ММФ, сиромаштија или економски раст?

Page 4: БЕРЗНИК 0069 од 13.04.2009 г. на Македонски - MKIBN20090413-0069L

4 BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMIберзНИК broj 69 Data 13. 04. 2009

- Министрите за надворешни работи наИталија, Полска, Словенија, Унгарија,Словачка, Естонија, Летонија и наЛитванија, викендов испратија писмо доЕвропската комисија со кое гопотврдуваат прогресот на Македонија идругите земји од Западен Балкан воисполнувањето на условите за визналиберализација и бараат одлуката засимнување на шенгенската визнабариера да биде донесена безодложување.

- Според наша проценка прогрес епостигнат во сите четириобласти утврдени со патоказот за визналиберализација. Значајни реформи сеспроведуваат во правосудството,човековите слободи и права ибезбедноста. Веруваме дека неопходнитеодлуки за безвизен режим треба да бидатдонесени без одложување штом земјитеги исполнат критериумите утврдени ворегулативата на Советот. Потребно е дасе забрза процесот на носење наодлуката, имајќи ги предвид претстојнитеизбори за Европскиот парламент иноминацијата за новиот состав наЕвропската комисија, се наведува возаедничкото писмо на Франко Фратини,Радослав Сикорски, СамуелЖбогар, Кинга Генц, Мирослав Лајчак,Урмас Пает, Марис Риекстинс и ВигаудасУшацкас, упатено до потпретседателот наЕК Жак Баро, еврокомесарот запрширување Оли Рен и до чешкотопретседателство со ЕУ.

Шефовите на дипломатиите на осумтеземји ја повикуваат ЕК до мај да гоподготви извештајот за постигнувањатана земјите од Западен Балканво процесот на визната либерализација.Ако биде позитивен, Комисијата требабез одложување да му предложи наСоветот на ЕУ укинување на визите. Тиевоедно искажуваат поддршка за намератана чешкото претседателство да го држиова прашање високо на својата агенда соцел да се постигне напредок во текот налетото.

Првите луѓе на дипломатиите наИталија, Полска, Словенија, Унгарија,Словачка, Естонија, Летонија иЛитванија, веруваат дека целатапроцедура околу симнувањето на визнатабариера за граѓаните на државите одЗападен Балкан може да биде завршенадо крајот на годината, а безвизниотрежим да почне да се применува од 2010година.

Вицепремиерот за европски прашањаИвица Боцевски денеска го поздравизаедничкото барање на шефовите надипломатиите на осум земји од ЕУ зазабрзување на процесот на целоснавизна либерализација за државите одЗападен Балкан.

- Шенгенскиот ѕид кон земјите одцелиот регион, вклучително и Македонијане произведе ниту една предност и ниту

еден позитивен резултат.Напротив, само за деценија и пол гопродолжи владеењето на ситнитебалкански автократи и наместо европскидемократии, стабилни цивилни општестваи пазарни економии произведехибридни режими, илибералнидемократии и компетитивниавторитаризми. Овој период можемеслободно да го наречеме една изгубенадеценија за Западниот Балкан. Од овиепричини Владата на РМ и сите влади ворегионот се надеваат дека со визнаталиберализација ќе се постигне отворенаможност за патување на нашите граѓани,за соработка со нивните врсниции бизнис партнерите од ЕУ, ќеовозможи граѓаните да се изложат навлијанието на ЕУ и со тоа да сепостигне темелна преобразба на нашитеопштества, изјави Боцевски.

Македонските граѓани, како штопосочи, годишно плаќаат пет милиониевра за шенген визи, на што треба дасе додадет и грчките визи, а 70 процентиод младите во Македонија никогаш непосетиле земја од ЕУ. Се создаваи генерациски јаз меѓу младите инивните родители кои слободнопатуваа во Источна и во Западна Европа.

- Ќе продолжи интензивнотолобирање за да овозожиме македонскатаприказна односно реформската ѕвездакако што ја нарекуваа РМ во процесот навизна либерализација да продре во ситесфери и сите институции на ЕУ иво земјите членки, а во таа активност ќебиде вклучен и новоизбираниотпретседател, премиерот министрите воВладата, изјави вицепремиерот заевропски прашања.

Република Македонија, споредоценките во Брисел, демонстрираше јаснаполитичка волја за заокружување на

процесот на визна либерализација имајќиго предвид Иницијалниот извештај занапредокот на земјата од ноември,минатата година, како и првичнитеизвештаи од трите оценски мисии штоексперти од земји-членки на ЕУ гиизвршија во февруари и март.

Македонија се посочува каконајнапредна земја во процесот на визнаталиберализација бидејќи, постигна големнапредок во сите сфери утврдени вопатоказот на Европската комисија заукинување на визната бариера -безбедноста на документите, борбатапротив криминалот и корупцијата,воведувањето на системот за интегрираногранично управување во делот за азил имиграција, како и во однос нафундаменталните човекови права.Особено се потенцира фактот декадосега се издадени над 400.000биометриски пасоши, процес што еобврска и за земјите од ЕУ кои требада го завршат до јули годинава, а некоиод нив воопшто го немаат почнато.

Во исполнувањето на условите завизна либерализација како комплексенпроцес, покрај Секретаријатот заевропски прашања, се вклучении министерствата за внатрешни работи,за надворешни работи, за правда, какои други институции. За сите преземениактивности и спроведениреформи СЕП ажурно со нон-пејпери насекои две недели, односно месечно, гиинформираше Брисел и земјите-членкина ЕУ.

Покрај осумте држави, кои сезаложија за побрзо укинување навизите, континуирана поддршка за овапрашање Македонија добива и од другидржави во ЕУ меѓу кои и од Франција,Германија и од актуелниот претседавачЧешка.

ОСУМ ЗЕМЈИ ОД ЕУ СО ЈАВНА ПОДДРШКА ЗА НАШАТА ЗЕМЈА

Шенгенскиот визен ѕид за Македонија се руши?Прогрес е постигнат во сите четириобласти утврдени со патоказот за визналиберализација. Значајни реформи сеспроведуваат во правосудството, човековитеслободи и права и безбедноста. Поради тоанеопходните одлуки за безвизен режимтреба да бидат донесени без одложувањештом земјите ги исполнат критериумитеутврдени во регулативата на Советот

Page 5: БЕРЗНИК 0069 од 13.04.2009 г. на Македонски - MKIBN20090413-0069L

BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI 5Data 13. 04. 2009 broj 69 берзНИК

2. TOP VESTI - RELEVANTNOST PO BROJ NA OBJAVI 1. РАСТ НА ПРОМЕТОТ НА БЕРЗАТА (*****) 2. ИЗБОРИТЕ ЗАВРШИЈА - СЕГА СЕРИОЗНО ЗА СОРАБОТКА СО ММФ (***)

6.04.2009 g. PONEDELNIK1. KRATOK PREGLED NA NASTANI

ДНЕВНИКс.6 РАСТ НА ПРОМЕТОТ НА БЕРЗАТА с.6 КОНТРОЛА ВО КОМЕРЦИЈАЛНА ЗА ФРЛЕНИТЕ КАРТИЧКИ

с.6 НОВА АУКЦИЈА ЗА ЕДНОМЕСЕЧНИ ДРЖАВНИЗАПИСИ

с.7 ФАРМЕРИТЕ НЕМААТ ПАРИ ДА ЈА ОСИГУРААТСТОКАТА

БИЗНИСс.3 МАКЕДОНИЈА СО НАЈГОЛЕМИ БЕНЕФИТИ ОДЕДИНСТВЕНИОТ ТРГОВСКИ ДОГОВОР

с.7 НА МЕНУВАЧКИОТ ПАЗАР НАМАЛЕН ПРИЛИВОТ НАДЕВИЗИ

с.8 КУПУВАЊЕТО АКЦИИ МОЖЕ ДА БИДЕПРОФИТАБИЛНО ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ

с.9 ПРОМЕТОТ ОД ТРГУВАЊЕТО 21,5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

с.10 ВОДЕЧКИТЕ ИНДЕКСИ НА ВОЛСТРИТ – ПОЗИТИВНИ

с.12 АМЕРИКАНСКИОТ ДОЛАР ПОТОНА ПОРАДИСАМИТОТ Г-20

УТРИНСКИ ВЕСНИКс.7 ИЗБОРИТЕ ЗАВРШИЈА - СЕГА СЕРИОЗНО ЗА ММФ с.7 „БАРГАЛА” ГИ СКЛУЧИ ДОГОВОРИТЕ СО СТРАН-СКИТЕ ПАРТНЕРИ

ВРЕМЕс.7 БЕРЗАТА ЖИВНА ВО МАРТ

с.7 ИГРА СО КАМАТИТЕ

с.7 СЕКОЈ ПЕТТИ ДЕНАР ВО ДРЖАВНАТА КАСА Е ЗАЈМЕН

ВЕЧЕРс.6 СТИГНУВААТ ПОЕВТИНИ КРЕДИТИ!

с.6 ЕВРОТО ЗАЈАКНА ЗА 1,5% ВО ОДНОС НА ДОЛАРОТ

с.7 БЕРЗАНСКОТО СИВИЛО ПРОДОЛЖИ И ВО ПРВИТЕДЕНОВИ ОД АПРИЛ

с.7 БЛАГОЈ ЃОРЕВ ОБЕЗБЕДИ СЕМЕ, ЌЕ СЕ ЗАСЕАТ6.500 ХЕКТАРИ

ВЕСТс.6 АЛКАЛОИД ЌЕ КУПУВА БАЛКАНСКИ КОМПАНИИ

с.6 295 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА КОСМОФОН И ЗАНЕГОВИТЕ ДОЛГОВИ

с.6 MAT ДОБИ УШТЕ 15 ДЕНА ДA ЈA СЕРВИСИРАНОГАТА НА ТРКАЛОТО

НОВА МАКЕДОНИЈАс.8 ЧЕВЛИТЕ НА „БАРГАЛА” НА СТРАНСКИОТ ПАЗАР с.8 „АЛКАЛОИД” ЌЕ КУПУВА ФАБРИКИ НА БАЛКАНОТ ‘ШПИЦс.6 БУЏЕТОТ КАКО ГЛАДНА ЛАМЈА с.6 „МАВРОВО” ВО ШТРАЈК

S O D R @ I N A

VOVEDNIK .. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .3

BERZNIK - PONEDELNIK SREDA ........................... . . . . . . . . .5-7

РЕГИОНАЛНИ БЕРЗИ............................................8-9

НА ДОМАШЕН ТЕРЕН........ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .10-13

ИНТЕРВЈУ: ТИХОМИР

ЈОВАНОВСКИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .14-15

СВЕТ ВЕСТИ..........................................................17-19

BERZNIK - ЧЕТВРТОК-САБОТА ........................... . . . . . .20-22

НЕДЕЛАТА ЈА ОДБЕЛЕЖАА................................24

БЕРЗА................ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .25-26

Izdava: INTERNACIONAL NIK AD - SkopjeMediumska biblioteka i digitalna arhivaRedakcija na берзНИКAdresa: Plo{tad MAKEDONIJA bb, p.fah 882 Skopje, 1000,

R.Makedonija Tel. 02/25.32.800 faks: 02/25.32.839Internet: www.interNIK.com.mk;e-mail: [email protected]

Izvr{en direktor: Zdravko JosifovskiMarketing: Ivona Josifovska

IKT Menaxer: Kiro VelkovskiMenaxer za delovni odnosi: Divna Pe{i}

BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENIMEDIUMI берзНИКберзНИК e osnovan 2007 godina.

BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENIMEDIUMI берзНИКBroj: 56Data: 01.12.2008

SE DISTRIBUIRA SAMO SO PRETPLATA

FOTO NASLOVNA: СИТЕ ПОЛИТИКИ ВОИСТА НАСОКА- СТАБИЛЕН ДЕВИЗЕНКУРС

Foto: Robert Spasovski

Redakcija na берзНИКInternet distributiven sistem: www.interNIK.com.mkGlaven i odgovoren urednik: Makedonka BaldazarskaNovinari: Vaska Mickoska Evoluator na vesti: Renata Tasovskaoperatori: Mare Lazarevska, Martin Arsovski, \or|e Rexi} iDarko TripunovskiFotoreporter: Robert Spasovski

Marketing, distribucija i proda`ba: INTERNACIONAL NIK AD - Skopje

I M P R E S S U M

Изборите завршија- сега сериозно за ММФ,анализира Утрински весник... Веќе од оваанедела се очекува Владата да почне сериознидискусии во своите редови околу можноста засклучување нов аранжман со ММФ... Поголемброј аналитичари веќе од поодамна предупредијадека состојбите во македонската економија селоши, во буџетот нема пари, а девизните резервисе топат, па најдобро е час поскоро Македонијада чукне на вратата на ММФ, барајќи итенаранжман. Таквото мислење го делат и дел одекономските министри во Владата на Груевски,иако засега на ниво на личен став...

А, дека земјава не треба да чека и датактизира, туку побрзо да преговара за аранжман,доволен доказ е што веќе бара итен заем, и тоапод комерцијални услови, од неколку странскибанки...

-Стигнуваат поевтини кредити, најавува иВечер.-Македонија ќе се задолжи со 50 милиониевра кај Европската Инвестициона Банка (ЕИБ)со цел да им помогне на македонскитепретпријатија во економската криза да дојдат допоевтини кредити. Ова вчера за ВЕЧЕР гопотврди министерот за финансии, ТрајкоСлавески кој потенцира дека ова е една од сетотмерки на Владата да се помогне на стопанствотово услови на глобална финансиска криза. -Сеработи за заем од 50 милиони евра. Постапката езапочната и очекуваме да заврши кон крајот наидниот месец. Средствата ќе бидат ефективнивеќе на почетокот на јуни - изјави Славески.

Нова Македонија пак објави:Со итра даночнаполитика Владата го чисти стопанството. -Итраданочна политика на намалување на даноците насметка на зголемување на даночната основа веќеизвесен период се води во Македонија.Познавачите велат дека се работи за политика сокоја Владата сака да го исчисти стопанството одфирмите што подолг период работат со загуба, aисто-времено се принудуваат компаниите да гозатегаат ременот кога станува збор занепродуктивните трошоци.

Денес ќе читате и дека Македонија е сонајголем бенефит од единствениот трговскидоговор.-Повеќе од две милијарди долариразменила Македонија, во текот на минататагодина со земјите од ЦЕФТА. Трговијата со

Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска,Црна Гора, Молдавија и со УНМИК/ Косово, во2008 година достигна 20,1 отсто од вкупнатанадворешно-трговската размена. Во рамките натаа сума, извозот изнесувал 1,41 милијардадолари, a увозното салдо се броело со 762,56милиони долари.

Во фокусот на денешните весници и веста: -Најголемата македонска фармацевтскаиндустрија Алкалоид бара да купи фармацевтскикуќи од регионот во вредност не поголема од 10милиони евра, изјавил Живко Мукаетов,генералниот директор на оваа компанија, заагенцијата Ројтерс. -Алкалоид држи 37 отсто одпазарот во Македонија, 21 отсто од пазарот воСрбија, 12 отсто во Босна и 11 отсто од пазаротво Хрватска. Компанијата лани оствариланетопрофит од 8,2 милиони евра.

-Факомци ја освојуваат Баварија-Најголематаметалопреработувачка компанија во МакедонијаФАКОМ минатата недела направи успешнапрезентација пред германските компании одобласта Регензбург. Ова беше трета презентацијана македонската компанија во Германија, која едел од новата деловна политика и стратегија нафакомци за освојување на европскиот пазар.Презентацијата се одржа под насловот -Баваријаи Македонија заеднички шанси во надворешнатаекономија.

Телеком Словенија подигна заем замакедонскиот мобилен оператор, пренесува Вест.-Телеком Словенија обезбеди 295 милиони евраза купување на Космофон и за рефинансирањена старите долгови на мобилниот оператор,информираа од словенечката компанија. Паритесе подигнати во два кредити од конзорциум одосум европски банки. Словенечкиот оператор на 5март годинава потпишал договор со конзорциумотод осум европски банки за кредит од 190 милиониевра за купување на Космофон и на Германос иза кредит од 105 милиони евра за рефинан-сирање на страите обврски на мобилниотоператор...

-Кризата ги разбуди бизнис гатачите, е насловна истражувачката сторија во Дневник.-Облечетеуспех,освојте 5.000 евра посетувајќи го бизнис-курсот плус заработете по 5 евра по секој контакт.Вакви примамливи понуди неодамна гипреплавија огласите по медиумитематеријал одфранцуската фирма Алтесе.

Page 6: БЕРЗНИК 0069 од 13.04.2009 г. на Македонски - MKIBN20090413-0069L

1. МЕГАЛОМАНСКИТЕ ТРОШОЦИ ГО ЗАГЛАВИЈА „СВЕДМИЛК” (*****) 2. ГРАДЕЖНИЦИТЕ ОД „МАВРОВО” ВО ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК (****)

2. TOP VESTI - RELEVANTNOST PO BROJ NA OBJAVI

6 BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMIберзНИК broj 69 Data 13. 04. 2009

1. KRATOK PREGLED NA NASTANI

7.04.2009 g. VTORNIK

ДНЕВНИК

с.9 МЕГАЛОМАНСКИТЕ ТРОШОЦИ ГО ЗАГЛАВИЈА „СВЕДМИЛК”

с.10 ГРАДЕЖНИЦИТЕ ОД „МАВРОВО” ЈА ПОВИКУВААТ ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА

с.10 ИНСПЕКТОРИ ВО КОМЕРЦИЈАЛНА ПОРАДИ ФРЛЕНИТЕ КАРТИЧКИ

БИЗНИСс.3 ВРАБОТЕНИТЕ БАРААТ ОДЛОЖУВАЊЕ НА СТЕЧАЈОТ

с.4 АНТИМОНОПОЛСКА ЌЕ ГО „СКЕНИРА” И ДОГОВОРОТ „АУСТРИАН„-„ЛУФТХАНЗА„

с.10 АМЕРИКАНСКИОТ ДОЛАР ПРОДОЛЖУВА ДА СЛАБЕЕ

с.11 ИЗДАДЕНА ОСМАТА ЕМИСИЈА НА ОБВРЗНИЦИТЕ ЗА ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА

с.12 ОФИЦИЈАЛНИОТ ПАЗАР ГО НАПРАВИ ПРОМЕТОТ ОД ТРГУВАЊЕТО

с.12 БЕРЗИТЕ ВО РЕГИОНОТ ВО ПЛУС

с.13 ПРОДОЛЖУВА РАСТОТ НА МБИ 10

УТРИНСКИ ВЕСНИКс.7 „ФЕНИКС” НЕ ГО ДАВА „СВЕДМИЛК”, ПАК ВЕТУВА ИСПЛАТА

с.7 ВЛАДАТА ДЕНЕС ЌЕ СЕ ОБИДЕ СО ЗАПИСИ ДА СОБЕРЕ 36 МИЛИОНИ ЕВРА

с.8 ИЗДАДЕНА ОСМАТА ЕМИСИЈА ОБВРЗНИЦИ ЗА ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА

с.8 ГРАДЕЖНИЦИТЕ ОД „МАВРОВО” ВО ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК

ВЕЧЕР

с.6 МАВРОВЦИТЕ ПРОИЗВЕДОА ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК

с.7 СВЕДМИЛК И РАМКОВСКИ СЕ КАРААТ, ФАРМЕРИТЕ ГУБАТ

с.7 ВЛАДАТА ИЗДАДЕ ОБВРЗНИЦИ ВРЕДНИ 23 МИЛИОНИ ЕВРА

с.7 ДОГОВОРОТ JAT-MAT ПРЕД ПОТПИШУВАЊЕ

ВРЕМЕ

с.6 ДА СЕ СМЕНАТ ЗАКОНИТЕ ШТО ДОЗВОЛИЈА КРИМИНАЛ

с.6 ГОЛЕМИТЕ СЕ ВРАЌААТ ВО БЕРЗАНСКА ИГРА

с.7 КОНЗЕРВИТЕ ОСТАНАА ВО ФАБРИКИТЕ

с.7 ГРАЃАНИТЕ ВO КРИЗА, ДРЖАВАТА ВО ИНВЕСТИЦИИ

ВЕСТ

с.3 ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК НА ВРАБОТЕНИТЕ ВO АДГ “MAВРОВO”

с.6 РАМКОВСКИ И ДОЛЖИ НА „СВИДМИЛК“ 1,8 МИЛИОНИ ЕВРА

НОВА МАКЕДОНИЈАс.8 РАМКОВСКИ НА „СВЕДМИЛК” МУ ДОЛЖИ 1,8 МИЛИОНИ ЕВРА

с.8 ШТРАЈКУВАЧИТЕ ВО БИТОЛСКА ШЕЌЕРАНА СЕ ЖАЛАТ НА ТОРТУРИ

с.9 ШТРАЈК НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО „МАВРОВО”

ШПИЦс.7 РАМКОВСКИ: ТВРДЕЊАТА НА „ФЕНИКС ЕНЕРЏИ” СЕ ПАРОДИЈА

с.7 23 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ОБВРЗНИЦИ

с.7 МАВРОВЦИ НА ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК

Владата за денеска повторно закажа аукции надржавни записи. Имено, ќе се одржат три аукции -на едномесечни, тримесечни и шетсмесечнидржавни записи. Аукцијата за едномесечнитезаписи е вонредна и трета веќе едноподруго,додека емисиите на тримесечните ишестмесечните државни записи се веќеиспланирани во календарот на Министерството зафинансии, објави Утрински весник....

Владата со овие три аукции ќе се обиде даприбере околу 36 милиони евра од банките,граѓаните и од фирмите. Каматите не се фиксноодредени, а во најавата за аукциите стои декакаматите ќе се одредуваат според американскитип. Во него ќе читате и предлози за кризата...-Денарот да се замени со евро е една од идеитешто во изминатиов период ја подгреваатодредени кругови, а се’ повеќе се наметнува какотема за разговор откако Македонија се соочува сосериозни економски предизвици во последниовпериод. ….

Во врска со идејата за воведување на евротово Македонија, гувернерот Петар Гошев заУтрински весник изјави дека таа е техничкинеизводлива, бидејќи Европската унија недозволува еднострано воведување на еврото,како и дека евентуален таков потег не би гирешил преку ноќ економските проблеми наземјава, иако би се елиминирал ризикот кајдевизниот курс.....

Сведмилк и денс топ тема во сите печатенимедиуми. -Феникс не го дава Сведмилк. -Фармерите-кооперанти на Сведмилк своите париќе си ги добијат оваа или наредната недела. Овае последното ветување што пристигна од новиотсопственик на млекарницата, американско-израелскиот фонд Феникс енерџи, а е реакција наразните приказни што се плетат околукомпанијата, во кои се вмешани различниинтереси на приватни и владини лица... - Мегаломанските трошоци го заглавијаСведмилк, вели Ала Ал Кафаги, еден однајгоелмеите акционери на Сведмилк исопственик на Миа бевериџис,во интервју заДневник. Парите на фармерите, вели тој,

завршија во преполните скопски магацини сомлеко што остана како резерва. Мегаломански сеработеше, се откупуваше цела количина напонудено млеко без визија што понатаму со него.Роџер Оскарсон мислеше дека ќе ги истисне ситедруги млекарници од пазарот со тоа што ќе гооткупи млекото по многу висока цена. Имавмепазар за 30 тони, а откупувавме 80. Немашепразен магацин низ Скопје каде што немашенаше млеко.....

Нова Македонија, пак објави: - Долгот наВелија Рамковски кон Сведмилк не е само300.000 евра, туку 1,8 милиони евра. ПротивХедис се поднесени две тужби, една порадинеплатен долг, а друга за прекршување надоговорот со млекарницата во кој се обврзувадека секое преземено количество млеко ќе гоплаќа авансно, што во случајов не е сторено... Гиповикуваме фармерите да не подлегнуваат нанеговите невистини и обиди за манипулација сонаводен долг од 300.000 евра, бидејќи Рамковскитреба да плати шест пати поголема сума од оваасоопштија менаџерите на млекарницата. Новитегазди на Сведмилк најавуваат дека преземаатактивни чекори за носење свеж капитал воСведмилк Македонија... Врие и во Маврово, пренесуваат дневнитеизданија на македонскиот печат....Околу 130работници вчера почнаа генерален штрајк, кој ќетрае се’ додека не ги добијат заостанатите платии придонеси за изминатите шест години..

Тие ја повикуваат финансиската полиција ианти-корупциската комисија да испитаат кадезавршил капиталот на Градежното претпријатиеМаврово, кое поради големите долгови наскоро ќеоди во стечај. Работниците штрајкуваат вомензата на претпријатието за кој најавија дека ќетрае секој ден, се’ додека раководството насегашниот мнозински сопственик, хрватскатафирма Ингра, не се сретне со нив.Градежниците бараат судот да не отвори стечајнапостапка во Маврово, туку детално да го провератработењето на компанијата за да утврдат далидел од капиталот на Маврово намерно еобезвреднет, а дел префрлен во фирмата-ќерка

Маврово инженеринг... Вечер- Министерот за труд и социјална

политика Џељаљ Бајрами, на Конференција заполитиките за вработување најави дека до крајотна годината со годинешниот акциски оперативенплан за вработување државата ќе вработи 9.500лица, за што се одвоени 593 милиони денари. Соминатогодишниот оперативен план беа опфатени6.800 лица и одвоени 290 милиони денари.

- Со оперативниот план се предвидени повеќемерки за самовработување, за вработување налица над 55 години, на самохрани родители, какои на лица кои ги напуштаат установите за кои сегрижи државата - напомена Бајрами.

Денес пооптимистички најави и од учесницитена пазарот. Македонскиот пазар на капиталконечно почна да се раздвижува. Цените наакциите престанаа да паѓаат и се стабилизираана ниво од 2005 година. Експертите велат декамакедонските компании кои котираат на Берзатаза среќа и не се реално погодени од кризата, адоказ за тоа е што тие годинава почнаа даисплаќаат дивиденди кои се повисоки од лани. Наовој список се најдоа повеќе банки и компаниимеѓу кои Гранит и Алкалоид.

Владата ја издаде осмата емисија наобврзници за денационализација, пренесуваБизнис. Како што вчера информирашеМинистерството за финансии, вкупниот износ накој се издаваат обврзниците заденационализација од Осмата емисија е 23милиони евра. Co емисијата се опфатени ситерешенија за денационализација кои станалеправосилни до 31.12.2008 година, а во кои каконадомест се даваат обврзници. Инаку,обврзниците за денационализа-ција се издавааткако дематеријализирани хартии од вредност, ана сопствениците на обврзниците Централниотдепозитар за хартии од вредност им доставува надомашна адреса известување за личниот износна емитувани обврзници. Државните обврзницисе должнички хартии од вредност со рок надостасување од една календарска година илиподолг рок од денот на издавањето.

Page 7: БЕРЗНИК 0069 од 13.04.2009 г. на Македонски - MKIBN20090413-0069L

1. KRATOK PREGLED NA NASTANI

1. ВЛАДАТА ПАК СЕ ЗАДОЛЖИ СО ОБВРЗНИЦИ (*****)

2. МОШЕ БАУМ: НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ СТЕЧАЈ ВО „СВИДМИЛК“ (****)

08.04.2009 g. SREDA

2. TOP VESTI - RELEVANTNOST PO BROJ NA OBJAVI

BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI 7Data 13. 04. 2009 broj 69 берзНИК

Државните записи вчера беа повторно вофокусот на инвеститорите, а побарувачката нааукциите беше солидна. Владата повторо позајмипари од граѓаните и од стопанството, објавијадневните весници. - На аукцијата, беше понуденизнос од една милијарда денари за државнизаписи со рок на достасување од 28 дена.Побарувачката за едномесечните државни записиизнесуваше 2,1 милијарда денари, ареализацијата една милијарда денари, од кои740.000 неконкурентни понуди. Во сопственичкатаструктура на едномесечните државни записиемитувани вчера, банките учествуваат со 80,99%,додека клиентите со 19,01%. Сос-тојбата надосега емитуваните државни хартии од вредност,заклучно со вчерашниот ден, изнесува 11,2 мили-јарди денари, од кои три милијарди денари сеоднесуваат само на досега емитуванитеедномесечни државни записи... На аукцијата натримесечни државни записи беше понуден износод 600 милиони денари за државни записи со рокна достасување од 91 ден. Побарувачкатаизнесуваше 756,8 милиони денари, ареализацијата 600 милиони денари.

Утрински весник, пак додава: Владата пак јастигна НБМ со камтите. -Владата повторно јастигна Народна банка на Македонија во трката сокаматите и продолжи скапо да се задолжува надомашниот пазар, во обид да го покриебуџетскиот дефицит. На вчерашните три аукцииВладата собра 32,5 милиони евра и тоа прекуаукција на едно-месечни, тримесечни ишестмесечни државни записи. Каматите што беапостигнати со таканаречен американски тип нанивно одредување се движеа од 8,9 до 9,1 отсто.

-Во рецесија атрактивни каматите наЦентралната банка, пишува Томе Неновски за

Бизнис. -Понудата (количеството) на пари воекономијата ја определуваат Народна банка наРепублика Македонија и комерцијалните банки.Co користење на расположливите инструменти замонетарно регулирање, НБРМ влијае врзпонудата на пари, првенствено, зарадивоспоставување рамнотежа со побару-вачката напари во земјата и остварување на главнатамонетарна цел стабилност на цените.

Комерцијалните банки влијаат врз понудата напари преку процесот на кредитна (парична)мултипликација..... За да се спречат негативнитеефекти на кредитната мулти-пликација набанките, НБРМ ги користи своите располо-жливиинстру-менти, со кои го регулира кредитниотпотен-цијал на банките, a со тоа и обемот накредити што тие им ги одобруваат на економскитесубјекти....

Денес ќе читате и дека Моше Баум недозволува стечај на Сведмилк.-Стечајот не ерешение за Сведмилк и од него корист ќе имаатсамо банките што имаат хипотеки врзмлекарница, изјави вчера сопственикот Баум.Нема да дозволиме да се објави стечај. Имамеадвокатска куќа која се бори против тоа. Гиповикувам фармерите да потпишат нови договорисо млекарницата, бидејќи веќе имаме договори заизвоз. Според него, фармерите што постојано сесобираат на протести се само мала група што јаподдржува Велија Рамковски, а сите други сенегови кооперанти на кои им е битномлекарницата да работи.

А за тоа колку тежи Баум, анализира НоваМакедонија. - Баум во Македонија дошол да бараземјиште на кое би изградил оранжерии запроизводи што потоа би ги извезувал според ситезападноевропски стандарди. Наместо тоа, му

било понудено да ја купи шведскатамлекарница.... Има ли Моше Баум пари и дали еподготвен да вложи во Сведмилк? Едно писмо однекоја финансиска компанија од Беверли Хилс,потпишано од извесен Исак Санфир, потврдувадека Феникс енерџи е во добра кондиција и декапоради тоа има на располагање кредитна линијаод 20 милиони долари. Но засега тоа еединствениот документ што упатува нафинансиските можности на Баум. Проблемот ешто документот не е банкарски. Сепак останувадилемата колку е финансиски моќна Фениксенерџи за да го изнесе товарот што го презеде соСведмилк?

- Околу 16.000 работници во земјава вработениво 5.200 фирми се’ уште ја немаат сефтосанореформата бруто-плата бидејќи немаат земеноличен доход ниту за јануари годинава, покажуваатподатоците на Управата за јавни приходи, објавиДневник. Заклучно со крајот на минатиот месецоколу 38.000 работници од над 8.000 фирми незеле плата за февруари, иако до 15-ти вомесецов треба да бидат исплатени и за март.Според УЈП, со законот во нејзина надлежност сефирмите што не доставиле пресметки за плата донив и тие може да бидат казнети со 2.000 до3.000 евра...

-Работниците не им видоа очи на хрватскитегазди,пишува Вечер- Штрајкот на вработените воГрадежната компанија Маврово продолжи ивчера, но тие се уште не добија ветување дека ќесе сретнат со газдите на хрватска ИНГРА,компанија која лани ја купи фирмата. Тие вчерасе сретнаа единствено со Глигор Доневски, прет-седател на УО на Маврово, но не добија никаквиветувања за нивните барања исплата назаостанатите плати и придонеси. ..

ДНЕВНИКс.6 ПРОДАЖБАТА НА МЕСО ОД „ЖИТО ВАРДАР” ПАДНА ЗА 20 ОТСТО

с.7 ВЛАДАТА ПАК СЕ ЗАДОЛЖИ СО ОБВРЗНИЦИ

с.7 БАУМ НЕ ДОЗВОЛУВА СТЕЧАЈ ЗА „СВЕДМИЛК”

с.10 ЕВРОПСКАТА БАНКА ПРОТИВ ВОВЕДУВАЊЕ НА ЕВРОТО БЕЗ ПРОЦЕДУРА

БИЗНИСс.3 ВЛАДАТА ПОВТОРНО ПОЗАЈМИ ПАРИ ОД ГРАГА-НИТЕ И СТОПАНСТВОТО

с.4 „ВИП„ СО НУЛА ДЕНАРИ ВО СВОЈАТА И САМО ДЕНАР КОН ДРУГИТЕ МРЕЖИ

с.6 ВО РЕЦЕСИЈА АТРАКТИВНИ КРЕДИТИТЕ НА ЦЕНТРАЛНАТА БАНКА

с.10 ОСЛАБЕ ВРЕДНОСТА НА ДОЛАРОТ

с.11 ОСМАТА ЕМИСИЈА НА ОБРЗНИЦИ НА ОФИЦИЈАЛ-НИОТ ПАЗАР

с.12 ПАЗАРОТ НА АКЦИИ ИМ ОСТАНА НА ДОМАШНИТЕ ИНВЕСТИТОРИ

с.13 ПРОМЕТОТ НA БЕРЗАТА СЕ ПРЕПОЛОВИ

УТРИНСКИ ВЕСНИК

с.16 ВЛАДАТА ПАК ЈА СТИГНА НБМ СО КАМАТИТЕ

с.17 БЕРЗАТА ВЧЕРА ВО МИНУС

с.17 ГРУЕВСКИ ЛИЧНО ИМ РЕКОЛ НА ФАРМЕРИТЕ: „НЕМА СПАС ЗА ВАС”

ВРЕМЕ

с.6 СЕ УНИШТУВААТ МЛЕКОТО, КРАВИТЕ И ДЕТЕЛИ-НАТА

с.6 ИНСТИТУЦИИТЕ ДА ДАДАТ ОТЧЕТ ЗА ПАРИТЕ

с.6 БАНКИТЕ ЗБУДАЛЕА ПО ДРЖАВНИТЕ ЗАПИСИ СО ВИСОКИ КАМАТИ

ВЕЧЕР

с.6 ВЕЧЕР ЕКСКЛУЗИВНО ГИ ОТКРИВА КРАЖБИТЕ ВО СВЕДМИЛК

с.6 РАБОТНИЦИТЕ НЕ ИМ ВИДОА ОЧИ НА ХРВАТ-СКИТЕ ГАЗДИ

с.6 СЛУЖБЕНИЦИТЕ НЕМА ДА ЗБОРУВААТ ПРЕКУ КОСМОФОН

с.6 О ДЕНАРИ КОН ЦЕЛА МРЕЖА

ВЕСТ

с.2 ПРОДАДЕНИ ДРЖАВНИ ЗАПИСИ ОД ДВЕ МИЛИ-ЈАРДИ ДЕНАРИ

с.7 МОШЕ БАУМ: НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ СТЕЧАЈ ВО „СВИДМИЛК“

НОВА МАКЕДОНИЈА

с.8 „ЖИТО ВАРДАР” БЕЛЕЖИ ПАД НА ПРОДАЖБАТА НА МЕСО ДО 20 ОТСТО

с.8 БЕСПЛАТНИ РАЗГОВОРИ СО НОВИТЕ ПАКЕТИ НА „ВИП”

с.8 ИТАЛИЈАНЦИ БАРААТ ПАРТНЕРИ ОД ТЕКСТИЛ-НАТА И ОД КОЖАРСКАТАИНДУСТРИЈА

с.9 ВЛАДАТА ПОВТОРНО СЕ ЗАДОЛЖИ СО ПОВЕЌЕ ОД 32 МИЛИОНИ ЕВРА

с.9 КОЛКУ ТЕЖИ МОШЕ БАУМ?

‘ШПИЦс.7 ТРКАТА СО КАМАТИТЕ ПРОДОЛЖУВА

с.9 ИНГРА НЕ ГО СЛУША МАВРОВО

с.9 ИНСПЕКТОРИТЕ ДА ГО ПРОЦЕДАТ МЛЕКОТО

Page 8: БЕРЗНИК 0069 од 13.04.2009 г. на Македонски - MKIBN20090413-0069L

8 BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMIберзНИК broj 69 Data 13. 04. 2009

NAJTRGUVANI HARTII OD VREDNOST VO REGIONOT ZA PERIOD OD 2.04.- 9. 04 2009

Page 9: БЕРЗНИК 0069 од 13.04.2009 г. на Македонски - MKIBN20090413-0069L

BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI 9Data 13. 04. 2009 broj 69 берзНИК

NAJLIKVIDNI HARTII OD VREDNOST VO REGIONOT ZA PERIOD OD 2. 04- 9.04 2009

Page 10: БЕРЗНИК 0069 од 13.04.2009 г. на Македонски - MKIBN20090413-0069L

10 BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMIберзНИК broj 69 Data 13. 04. 2009

Министрите за транспорт и врски на

Република Македонија и на Република

Албанија, Миле Јанакиески и Сокол Олдаши,

во петокот на 10 април, во Охрид потпишаа

Спогодба за соработка на полето на

поштенските и електронските комуникации,

како дел од европската агенда на двете

соседни држави.

- Со Договорот двете страни се обврзуваат

да спроведуваат политики за обезбедување и

развивање на поштенските и електронските

услуги меѓу двете земји, согласно сопствените

позитивни законски прописи, но и европските

директиви, истакна по потпишувањето на

Договорот министерот Јанакиески.

Тој додаде дека со Договорот се поттикнува

билатералната соработката во насока на

разгледување научни и технички прашања од

областа на поштенската и електронската

комуникација кои можат да настанат при

имплементацијата на спогодбата за

реализација на заеднички проекти,

унапредување на соработката меѓу двете

национални пошти, олеснување на транзитот и

поголема безбедност на поштенските пратки,

како и соработката во областите на мобилната

телефонија, сателитскиот систем и поврзување

со оптички линии.

Министерот Јанакиески најави дека

одличната соработка меѓу двете ресорни

министерства ќе резултира со отварање на

директната бродска линија Охрид – Поградец

пред почетокот на престојната туристичка

сезона.

Албанскиот министер за транспорт и врски,

Сокол Олдаши, во оваа прилика истакна дека

потпишаниот документ е голем чекор напред за

продолжување на соработката меѓу двете

министерства.

- Ние разговаравме и за соработката во

други области односно за реализација на

повеќе заеднички инфраструктурни проекти,

како што е бродската линија Поградец –

Охрид, патниот правец Скопје – Дебар –

Тирана, продолжување на проектот за

изградба на железничката линија од Кичево до

границата со Албанија, активности од интерес

на двете соседни држави, истакна Олдаши.

НА ДОМАШЕН ТЕРЕН....

МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА ПОТПИШАА НОВА СПОГОДБА

Поштенските и електронските комуникации –заедничка грижа

Имплементацијата на спогодбата за реализација на заеднички проекти, епред се унапредување на соработката меѓу двете национални пошти,олеснување на транзитот и поголема безбедност на поштенските пратки,како и соработката во областите на мобилната телефонија, сателитскиотсистем и поврзување со оптички линии

- Собраниската Комисија за транспорт,

врски и екологија на минатонеделната седница

ја поддржа Предлог националната стратегија

за развој на широкопојасен интернет, со

акционен план, и препорача да биде усвоена

од Парламентот.

- Целта на стратегијата е подобрување на

сегашната состојба на развој на широкопојасен

интернет и создавање поволна околина за

транзиција кон следна генерација мрежи за

широкопојасен интернет, како што е оптика до

секое домаќинство, образложи на седницата

заменик-министерот за транспорт Љупчо

Димовски.

Тој истакна дека придобивките од

широкопојасниот брз интернет се признати низ

цел свет, неговото користење го поттикнува

зголемувањето на продуктивноста, како

предуслов за раст на БДП. На ниво на ЕУ, 25

проценти од растот на БДП и 40 проценти од

растот на продуктивнсота е резултат на

употребата на ИКТ и особено на широко

појасниот интернет.

- Се претпоставува дека постојаната

бакарна телекомуникациска инфаструктура ќе

ги задоволи потребите за брз пренос на

податоци, (интернет, видео), само за уште

неколку години, поради што е неминовна

потребата од дизајнирање, развој и

поставување брзи широкопојасни мрежи со

доволен капацитет да им одговорат на

предизвиците кои ги носи новата дигитална

вмрежена економија, рече Димовски,

псоочувајќи дека наредните години ќе бидат

клучни за транзиција на таквите брзи

широкопојасни мрежи. Според официјалните

показатели од Државниот завод за статистика

и Евростат, Македонија во користењето на

широкопојасниот интернет е лидер во

регионот. Во 2006 година само процент од

македонските домаќинства користеле

широкопојасен интернет, а во 2008, 23

проценти. Процентот на домаќинства кои

користат копјутер е во постојан пораст и во

минатата година изнесувал 46 проценти.

Заменик-министерот за транспорт вели дека

се очекува идните две години во Македонија

уште повеќе да се зголеми трендот на

побарувачка за широкопојасниот интернет, по

најавите од Македонски телеком АД Скопје

за воведување оптика до секое домаќинство

со инвестици од 90 милиони евра.

ПРЕДЛОГ СТРАТЕГИЈАТА ЗА РАЗВОЈ НА ШИРОКОПОЈАСЕН ИНТЕРНЕТ

Оптика до секое домаќинство

- Балканот да се промовира и продава како

атрактивен туристички производ, е целта на

Асоцијацијата за алтернативен балкански

туризам- Балканија што почна да функционира

од минатата недела.

- Идејата на Асоцијацијата е сите балкански

земји да се поврзат и да понудат заеднички

туристички производ, рече претседателот на

Управниот одбор на Асоцијацијата Владо

Србиновски на промотивната прес-

конференција.

Србиновски додаде дека Балканот како

туристичка понуда во иднина ќе биде многу

атрактивен.

- Многу луѓе од Европа кои го пропатувале

светот сакаат да го откријат Балканот зашто

овој регион за нив е се уште енигма, истакна

Фабио Кутифала, тур-оператор од Италија.

Туризмот, нагласи Кутифала, ги обединува

луѓето преку зачувување, промоција и

почитување на нивните култури и идентитет.

Во Асоцијацијата членуваат сите балкански

земји и Италија која беше иницијатор за

формирањето на ваков тип здружение.

БАЛКАНСКИТЕ ДРЖАВИЗАЕДНИЧКИ ЌЕ СЕ ПРОМОВИРААТ

Балканија заБалкански туризам

Page 11: БЕРЗНИК 0069 од 13.04.2009 г. на Македонски - MKIBN20090413-0069L

11Data 13. 04. 2009 broj 69 берзНИКBERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

Здравствено осигурување за сите,

реорганизација на системот на итна

медицинска помош, активности за

имплементирање на моделот на семејна

медицина, за систематска заштита на младата

женска популација од хуман папилома

вирусите, Програма за ретки болести со која се

обезбедуваат лекови во вредност од 27,8

милиони денари, воведување целосен скрининг

за рано откривање на ракот на дојката, како и

за колоректален карцином, се дел од

реализираните активности и програми на

Министерството за здравство во областа на

здравственото осигурување и здравствената

заштита.

Министерот за здравство Бујар Османи

информираше дека здравствено осигурување

за сите е крупна мерка за која ќе бидат

потребни 350 милиони денари годишно.

Од 300.000 невработени луѓе во

државата, посочи тој, околу 75.000 кои се

изјасниле дека се пријавуваат во Агенцијата за

вработување за да користат здравствено

осигурување и не се активни баратели на

работа. Од сега тие нема да се пријавуваат во

Агенцијата и ќе можат директно да ги земаат

здравствените картони во Фондот за

здравствено осигурување.

На последната седница на Владата

поминала измена на Законот за здравствена

заштита во рамки на која во првиот дел досега

лиценцата на лекарите се одземаше по

правосилна одлука за сторена грешка со што

се загрозува правото и животот на пациентите.

Османи информираше дека доколку

Собранието ги прифати измените, лиценцата

ќе се одзема и во случај на правосилна одлука

за поткуп. Станува збор за трајно одземање

лиценца. Според втората измена предвидена

во рамки на Законот и доколку ја прифати

Собранието, Републичкиот завод за

здравствена заштита ќе се нарекува Институт

за јавно здравје, а заводите за здравствена

заштита - центри за јавно здравје. Бирото за

лекови, пак, од јануари 2010 година ќе

прерасне во Агенција за лекови.

Во тек е подготовката на Законот за јавно

здравје чија потреба произлегла од новите

здравствени ризици кои го загрозуваат

здравјето на населението и се поголемата

улога на јавно-здравствениот систем во

зачувувањето и унапредувањето на здравјето

на населението. Во тек се активности за

воведување на моделот на јавно приватно

партнерство во здравството во дијализната

дејност, отворање Национален кома центар во

Македонија каде што ќе бидат згрижени сите

пациенти кои имаат потреба од подолготрајна

рехабилитација и медицинска нега.

Во врска со активностите на Министерството

за подобрување на инфраструктурата и

опременоста на јавните здравствени установи

и информатичко заокружување на

здравствениот систем, Османи укажа дека во

тек е спроведување на постапката за

доделување договор за набавка на нова

медицинска опрема во висина од околу 35

милиони евра за потребите на јавните

здравствени установи која треба да заврши во

август. Отпочната е реализацијата на проектот

за целосна реконструкција и доградба на јавни

здравствени установи во вредност од 45

милиони евра и завршена е постапката за

доделување договор за изградба на 17

амбуланти во рурални средини, проект кој е во

тек и ќе трае две години. Отпочната е изградба

на 10 амбуланти.

Завршена е постапката за доделување договор

за изработка на интегриран здравствен

информатички систем, се очекува склучување

договор со избраниот понудувач, проект кој ќе

се реализира во следните три години.

Завршена е постапката за доделување договор

за јавна набавка на електронска здравствена

картичка, проект кој ќе трае 18 месеци.

Според стратегијата 2009/2017 година на

Министерството за здравство се предвидува

реорганизација на предболничката и

болничката итна медицинска помош за

создавање три нивоа на ургентни центри -

терцијарниот во Скопје, осум регионални и

останатите локални центри. Според Законот, се

предвидува општините со помалку од 20.000

жители да имаат итна медицинска служба која

ќе биде сместена во здравствените домови.

Османи најави и отворање нов центар за

дијализа во Скопје и прелоцирање на Стариот

центар во Чаир во новата зграда на Клиниката

за гинекологија во таа општина.

Преку нов проект -Користи македонески збори, Министерството за

информатичко општество ќе спроведе

активности за поголема употреба на македонски зборови од областа

на информатичката технологија во секојдневната комуникација и на

македонски кирилични фонтови во работењето со компјутер.

Преоктот, што го најави министерот за информатичко општетсво Иво

Ивановски, опфаќа две мерки. Со првата се предвидени активности за

изработка на лексикон на зборови од ИКТ, а со втората изработка на

македонски кирилични фонтови.

- Со притисокот што доаѓа од јужниот сосоед, се повеќе се

нарушуваат нашиот идентитет и јазик и се загрозува нашата азбука.

Со проектот ќе се обидеме да ја развиеме свеста кај младите да

почнат да ги користат македонските зборови и ќе ги збогатиме

и заштититиме македонскиот јазик и писмо, оцени министерот

Ивановски на прес-конференција.

Тој информира дека работна група составена од претставници на

министерствата за информатичка технологија и за култура и од

Катедрата по македонски јазик при Филолошкиот факултет ќе врши

идентификација на термини и зборови од областа на ИКТ за кои во

комуникацијата се користат англиски термини, за да се најде нивен

соодветен превод. Работната група треба да ги класифицира

зборовите во три групи: зборови за кои треба да се најдат соодветни

македонски за постоечките англиски, зборови за кои треба да се

направи соодветен превод од англиски на македонски и трета група

англиски теримини кои се широкот прифатени и за кои нема соодветен

превод, односно ќе се прифатат во нивната оригинална форма.

Наведувајќи примери за соодветен превод на зборови за

кои граѓаните се изјасниле министерот Ивановски рече дека за

зборовите он-лајн би се користел зборот вклучен, за оф-лајн

исклучен, за сервер опслужувач, за веб страница интернет страна, за

драјвер двигател, за хард диск тврд диск, за лап-топ преносен

компјутер...

Според Ивановски, кај фонтовите кои постојано ги користиме на

македонски јазик има проблеми бидејќи некои печатни букви не се од

нашата азбука.

- Со проектот се опфатени 20 фонтови со печатни букви, 20

со серифни букви и ракописни букви. Секој од овие фонтови содржи

по 743 карактери и овозможување пишување текстови на околу 40

светски јазици, рече Ивановски, посочувајќи дека фонтовите треба да

бидат завршени до почетокот на септември годинава.

ЗДРАВСТВЕНОТО ОСИГУРУВАЊЕ И ЗАШТИТА ЗА СИТЕ

НА ДОМАШЕН ТЕРЕН....

Крупна мерка од 350 милиони денариРепубличкиот завод за здравствена заштита ќе се нарекува

Институт за јавно здравје, а заводите за здравствена заштита -

центри за јавно здравје. Бирото за лекови, пак, од јануари 2010

година ќе прерасне во Агенција за лекови

НАЈАВЕН ПРОЕКТ ВО ИКТ ТЕХНОЛОГИЈАТА

Поголема употреба на македонски зборовиСо проектот се опфатени 20 фонтови со печатни букви, 20 со серифни букви и ракописни букви. Секој од овие

фонтови содржи по 743 карактери и овозможување пишување текстови на околу 40 светски јазици

Page 12: БЕРЗНИК 0069 од 13.04.2009 г. на Македонски - MKIBN20090413-0069L

12 BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMIберзНИК broj 69 Data 13. 04. 2009

- Според податоците од Агенцијата за

финансиска поддршка на земјоделството и

руралниот развој досега се исплатени околу

20,5 милиони евра, субвенции од

Програмата за финансирање на

земјоделството, соопшти Министерството за

земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во тек е пријавувањето во подрачните

единици на Министерството за

земјоделство, шумарство и водостопанство

за втората група мерки. Земјоделците, како

што се додава во соопштението, можат да

поднесуваат барања за пролетни жита,

индустриски и фуражни култури, за

оранжериското, градинарското на отворено

и производствотото во пластеници. Исто

така барања можат да се поднесуваат и за

подигање на нови лозови и овошни насади

како и за површини под лозови насади.

Барања за субвенции можат да поднесат и

сточарите кои одгледуваат овци, кози,

пчели, ноеви и полжави.

Во соопштението е наведено дека

советодавната услуга за пополнување на

барањата земјоделците можат да ја добијат

од советниците на подрачните канцеларии

на Агенцијата за поттикнување на развојот

на земјоделството.

- Крајниот рок за аплицирање е 31 мај.

По извршената административна и теренска

контрола ќе се реализира и исплатата.

Освен овој термин, за поднесување барања

се предвидени уште два – 25 октомври и 5

ноември за останатите култури и мерки кои

се предвидени со Програмата за

финансиска подршка во земјоделството, се

наведува во соопштението од

Министерството за земјоделство.

- Малите и средни претпријатија и

самостојните вршители на дејност можат

своите даночни пријави да ги поднесат

до Управата за јавни приходи по електронски

пат. Услугата, која во петокот ја презентираше

Управата, е достапна за овие правни лица од

јули минатата година, а за големите

даночни обврзници веќе две години.

- Ова е втора фаза од проектот е-Даноци,

дел од проектот е-Влада, финансиран од

УСАИД, кој има за цел да се олесни деловното

работење на компаниите во Македонија,

истакна Мухедин Авдиќ, раководител на

Секторот за услуги на даночни обврзници во

Управата за јавни приходи.

Тој додаде дека предности на овој систем се

заштеда на време и трошоци, намалување на

ризикот од човечки грешки при пријавување на

данокот, побрза и поефикасна обработка на

голем број податоци и безбедност на

податоците.

Потребното време, според искуството во

УЈП, за поднесување на даночните пријави по

електронски пат е 15 минути, со можност таа

да се прати дури и една минута пред истекот

на крајниот рок за нејзиното доставување.

Авдиќ потенцира дека од јули минатата

година, кога системот е ставен во функција,

доставени се 284 даночни пријави по

електронски пат и ги повика сите правни лица

да го користат поради предностите што ги

нуди.

Управата за јавни приходи, потенцира Авдиќ,

има позитивно искуство од примената на овој

систем кај големите даночни обврзници и најави

дека третата фаза од проектот ќе ги опфати и

физичките лица и можноста и тие да

поднесуваат даночни пријави по електронски пат.

Од УЈП информираа дека за минатата година се

поднесени 135 илјади даночни пријави.

НА ДОМАШЕН ТЕРЕН....

ВТОРА ФАЗА ОД ПРОЕКТОТ Е-ДАНОЦИ

И малите и средни претпријатијасо електронси пријави

На 9 април, Бирото за јавни набавки и Правниот факултет заедно со

Проектот на УСАИД за деловно опкружување и Програмата за човечки и

институционален развој, го промовираа Центарот за обука во областа

на јавните набавки.

Формирањето на Центарот за обука во областа на јавните набавки ќе

создаде група на стручни обучувачи, кои подоцна на сите

заинтересирани страни во областа на јавните набавки (договорни

органи и економски оператори), ќе им обезбеди можности за

професионален развој преку подобрување на нивното теоретско и

практично знаење во областа на јавните набавки. Крајната цел е да се

изгради стабилен, транспарентен, конкурентен и етичен процес на јавни

набавки.

Транспарентноста на јавните набавки е од суштинска важност за

градењето на довербата на јавноста и инвеститорите во владата,

бидејќи тoа придонесува кон поефективно распоредување на

средствата и буџетските заштеди на даночните обврзници, изјави Мајкл

Фриц, на отворањето на церемонијата.

Почетната пет -месечна програма за сертификација, организирана од

страна на Центарот за обука, беше дизајнирана врз база на принципот -

обука на обучувачи и беше целосно поддржана од страна на УСАИД. Со

завршувањето на програмата за сертификација, идните обучувачи преку

Бирото за јавни набавки ќе продолжат со обука на сите заинтересирани

страни во областа на јавните набавки.

Покрај поддршката за формирањето на Центарот за обука во областа

на јавните набавки, УСАИД исто така помогна во подготвувањето на

нацртот на новиот Закон за јавни набавки, зголемување на

капацитетите на Бирото за Јавни набавки и воведувањето на модерен

електронски систем за јавни набавки.

ПРОГРАМАТА ЗА ФИНАНСИРАЊЕНА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

Субвенциите течат- исплатени околу20,5 милиони евра

УСАИД, БИРОТО ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ И ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ СО ЕДЕН ПОТФАТ

Центарот за обука во областа на јавните набавкиКрајната цел е да се изгради стабилен, транспарентен, конкурентен и етичен процес на јавни набавки

- Проектот техничка помош за поддршка на

политиката за вработување фаза III, кој се

спроведува од ноември 2007 и ќе заврши во

мај 2009 година, поддржан од Европската

унија и КАРДС-програмата, во Кочани на 9

април оваа година ја имаше регионалната

конференција на која присуствуваа

претставници од локалната самоуправа и

Агенцијата за вработување од општините од

источниот регион. Проектот е финансиран од

Европската унија, а го имплементира

германско-шведски консултантски

конзорциум.

Целта на проектот е да ја подготви земјата

за прифаќање на насоките на политиката за

вработување кои произлегуваат од Европската

стратегија за вработување и интегрираните

насоки за раст и работни места.

Реализацијата на проектот е поддржана од

Министерството за труд и социјална плитика,

Агенцијата за вработување, како и

организациите на социјалните партнери во

Македонија.

Во проектот се вклучени и локалните

самоуправи преку изработка на локални

акциони планови за вработување при што

беа изготвени вкупно 11 пилот-планови преку

кои во текот на оваа година ќе бидат

вработени 9.500 невработени во Република

Македонија.

Конференцијата за политика за вработување,

што се одржа денеска во мотелот „Градче“

крај Кочани, претставува завршен настан за

овој проект, по што следуваат уште две

регионални конференции во Гостивар и во

Кавадарци.

Преку 11 пилот –проекти до 9.500 вработувања

РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПОЛИТИКИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Page 13: БЕРЗНИК 0069 од 13.04.2009 г. на Македонски - MKIBN20090413-0069L

13Data 13. 04. 2009 broj 69 берзНИКBERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI

-Пазарните економии под притисок -дали има светлина на крајот од тунелот?беше тема на која минатата недела воСкопје дебатираа претставници наВладата, на банки, меѓународниинституции и компании од повеќесектори. Тркалезната маса ја организирааФондацијата, Конрад Аденауер иЕвропската бизнис асоцијација.

Според организаторите, целта наконференцијата е на едно месторелевантните фактори да дадат предлозии решенија за кризата кои лесно ќе сеимплементираат, како и да сепродискутира за тоа кои сеперспективите на пазарната економија икапиталистичкиот систем.

Според гувернерот на Народнатабанка на Република Македонија ПетарГошев, македонскиот банкарски систем гоиздржа првиот удар на кризата, останастабилен и сигурен, но оти реалниотсектор е силно погоден, најтешкитеденови допрва претстојат.

- Негативната повратна спрега меѓуреалната економија и финансискиотсектор може да произведе сериознипроблеми затоа мора да бидеме постојанобудни, и банките и Централната банка иВладата на Република Македонија, речеГошев.Тој посочи на мерките што ги презелаНБМ заедно со банките за зачувување иунапредување на стабилноста и занамалување на негативните ефекти одфинансиската криза. Гувернерот порачадека сите политики треба да бидатнасочени кон одржување фиксниотдевизен курс.

Министерот за финансии ТрајкоСлавески потенцира дека ќе се презематмерки за подобрување на состојбите вотрговскиот и платниот биланс и одбранана девизниот курс.

- Владата е решена да ја одржиекономската стабилност во соработка соЦентралната банка. Владата јаподдржува НБМ во нејзините со законодредени цели, истакна министеротСлавески. Тој посочи дека во овие условитреба да се обрне внимание на веќеприсутниот процес на дефлација и да севидат инструментите и мерките во подолгвременски период дали е добро земјатада прејде во состојба на стагфлација,како феномен на 21- век кој е поопасенод депресијата во 30-тите години одминатиот век.

Славески најави дека порадикризата, Владата веќе правиприспособување на растот на Брутодомашниот производ и на инфлацијата. -Владата е свесна дека треба да сенаправи приспособување на растот наБДП и на инфлацијата кои ќе имаатвлијание на приходната страна наБуџетот, рече министерот за финансии и

додаде дека Владата почнала веднаш соприспособување затоа што е свесна декатоа треба да се направи до крајот нагодината.

Со препорака за одржување наполитиката на стабилен девизен курсбеше и Бер ван Селм постојанпретставник на Меѓународниот монетаренфонд во Македонија.

Тој посочи дека треба да се направиревизија на проекциите, расходите требада бидат на ниво на приходите, какои макроекономска политика што ќеоневозможи намалување на девизнитерезерви. Според него, Меѓународниотмонетарен фонд ќе и помогне наМакедонија доколку има потреба од тоа.Селм ја предупреди Владата дека вовреме кога даночните приходи паднаа за5 отсто споредено со лани водинеодржлива фискална политика.Девизните резерви во последнитенеколку месеци се намалија. Тоа епоказател дека во Македонија нема големпростор за експанзивна политика сметаСелм. Тој потсети дека за осум месецидевизните резерви се намалиле за околу400 милиони евра. Нив ги ситнешемеѓународната криза, но и Владата.Резервите паѓаа затоа што паричнитепратки од иселениците лани се намалијаза околу 10 отсто споредено со 2007година. Странските директни инвестицииза само половина година паднаа од 4отсто од бруто домашниот производ на2,5 отсто. Побогатите веќе се задолжијаПритиснати од светската криза, неколкуземји од Источна Европа, па и членки наЕУ, веќе склучија аранжмани со ММФ.Унгарија доби кредит од 15,7 милијардиевра, а Романија 20 милијарди евра. ММФги кредитира и Украина, Латвија,Белорусија, Исланд и Турција. СоседнаСрбија склучи аранжман за заем од 3милијарди евра, а главна карактеристика

на договорот се намалувањето надржавната потрошувачка иприспособувањето на обемот набуџетските приходи. Босна и Херцеговинапобара кредит од една милијарда евра,се очекува и Црна Гора да се обрати запомош. Хрватската влада засега неразмислува за нов аранжман со фондот.И банкарите сметаат дека е неопходноаранжманско врзување со ММФ. -Битребало да се склучи соодветен аранжмансо ММФ. Тој, пак, во себе би вклучил,освен рационализирање на јавнатапотрошувачка, мерки во областа нанамалувањето на трговскиот дефицит идефицитот во платниот биланс, сорационализација и поскапување налуксузниот увоз, стимулирање наизвозот, одржување и зголемување надевизните резерви, одржување намакроекономската стабилност и стабиленкурс на денарот, заедно со мерки кајстопанските субјекги за нивнорационално однесување ипреструктурирање”, истакна вчера ХариКостов, прв човек на Комерцијалнабанка, кој исто така, како и ММФ,препорачува драстично намалување нацелата јавна потрошувачка иелиминирање на проекти кои не сенеопходни моментно.

На конференцијата беше поосоченодека прогнозите за Македонијапокажуваат дека најреално е да има растод еден процент. Бешесугерирарно Владата да излезе со реалнипроекции за да може компаниите дапланираат, како и дасе намали буџетското трошење. Присутните пројавија интерес за меркитеза поттикнување на извозот, занамалување на дефицитот, како и за тоаколкави инвестиции се очекуваатгодинава во земјава.

ПАЗАРНИТЕ ЕКОНОМИИ ПОД ПРИТИСОК - ДАЛИ ИМА СВЕТЛИНА НА КРАЈОТ ОД ТУНЕЛОТ?

Сите политики во иста насока -стабилен девизен курс

Владата е решена да ја одржи економската стабилност во соработкасо Централната банка.... Со препорака за одржување на политикатана стабилен девизен курс беше и Бер ван Селм постојан претставникна Меѓународниот монетарен фонд во Македонија. Значи: фиксендевизен курс, приспособување на трошењето и проекциите,препораки за справување со кризата

Page 14: БЕРЗНИК 0069 од 13.04.2009 г. на Македонски - MKIBN20090413-0069L

14 BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMIберзНИК broj 69 Data 13. 04. 2009

Откако меѓународната заедница и светот му

дадоа важна улогата на ММФ, со зголемување на

буџетот на оваа институција на 750 милијарди

долари, за помош на земјите за полесно

пребродување од глобалната криза, во земјава

повторно се разгореа страстите. Пак се наметна

дилемата дали Македонија ќе се впушти во нов

аранжман со Фондот, или пак, Владата ќе се

одлучи за поинакво водење на економијата во

земјава. Мислењата меѓу експертите се

поделени: едни сметаат дека сега е вистинскиот

момент да се побара помош од ММФ, а други

дека тоа само уште повеќе ќе влијае на

забавувањето на економскиот раст.... Кои се

придобивките и последиците од досегашното

користење на кредитните аранжмани со ММФ и

што би ни донело впуштањето во нови

аранжмани со нив, разговаравме со професор

доктор Тихомир Јовановски, човек кој ја следи

работата на ММФ од формирањето до денес,

како и неговото влијание и одраз врз

националните економии во земјите во кои

дејствуваат...

Деновиве јавноста е под пресија на

информации за тоа колку е оправдана или не,

повторна соработка со ММФ. Лани ни

завршија долгогодишните аранжмани со

Фондот и Владата се изјасни дека во иднина

оваа организација ќе има само советодавна

функција... Вие и при склучувањето на

минатите аранжмани со ММФ сметавте дека

тоа не е баш најдобрата одлука за

македонската економија. Зошто?

-За да одговорам на ова прашање, би сакал

да објаснам некои работи. Република

Македонија, како составен дел на СФРЈ, е една

од земјите основачи на ММФ. Според тоа, би

било илузорно да се зборува дека РМ, како и

сите други поранешни републики во Југославија,

има нешто против ММФ. Тој како меѓународна

финансиска институција (не кредитна) е

добредојдена за секоја национална економија, не

само заради авторитетот на Фондот, туку и

заради тоа што земја, која што соработува со

ММФ, има привилегија во смисла на одржување

на нејзиниот бонитет и авторитет во однос на

другите земји. Гледано од тој аспект, секоја

соработка на било која земја, вклучувајќи ја и

Македонија, со ММФ е добредојдена. Меѓутоа,

концепциски, во последните 30-ина години се

случува нешто друго со она што беше ММФ. Од

страв да не дојде до некоја ескалација со

инфлацијата, особено во неразвиените и земјите

во развој, ММФ почна да применува поинаков

пристап во своето однесување – да го сугерира и

да го контролира остварувањето на динамиката

на стопанскиот развиток. Плашејќи се да не

отиде до инфлација, концептот на ММФ во

последните години е да се одржува, што е можно

повисок степен на стабилност во националните

економии на штета на стопанскиот развиток и тоа

што подолго. Ова мое гледање, во еден подолг

временски период се покажа дека е вистинито,

односно дека сум во право. Имено, во периодот

од 1952 до 1988 г. РМ во рамки на Југославија

остваруваше просечен годишен растеж на БДП

од 4,6 отсто. Но, и тоа беше малку. Според моето

согледување би се остварувало од 7, па 8, дури и

9% на растеж на БДП, ако Југославија не беше

под некое туторство од ММФ, кој што одржуваше

стабилност и договорен стопански раст. Значи, на

индиректен начин беше ограничувана

динамиката на стопанскиот развиток. Кога

станавме самостојна држава ваквите

ограничувања беа уште полоши, веројатно затоа

што ММФ мислеше дека ќе имаме голема

инфлацијата. Можеби за тоа беше пресуден и

фактот што при распаѓањето на СФРЈ

инфлацијата ескалираше и Македонија се

осамостои со висока стапка на инфлација.

Како започна самостојното договарање на

Македонија со ММФ?

-По една, две години од осамостојувањето,

Македонија по автоматизам на претходното

членство, стана членка на ММФ и Светската

банка. На почетокот тие аранжмани беа

ригорозни во однос на стапката на стопанскиот

раст, односно во однос на одржувањето на

степенот на стабилноста на националната

економија и во исто време на одржувањето на

степенот на стабилноста на девизниот курс. Тоа

значи дека сите аранжмани што РМ ги имаше со

ММФ, од првиот по осамостојувањето до

последниот, во себе содржеа еден релативно

висок степен на рестриктивност. Всушност, тие се

залагаа за рестриктивна макроекономска

политика посебно во рамки на тоа за

рестриктивна монетарна политика. Или

практично според нив монетарната политика

секогаш требаше да биде во функција на

одржувањето на висок степен на стабилност на

девизниот курс.

Кои беа последиците од таквата ригорозна

политика?

-Последиците од тоа се јасни. Од 1. јануари

1991г. до 31.12. 2006 г. врз основа на мои

истражувања дојдов до податок дека во тој

временски период , просечната стапка на пораст

на БДП беше 1,6%. Податок од кој се исплашив,

дури и се посомневав да не сум користел некоја

погрешна методологија. Но, на моја радост,

резултатите од моите истражувања се потврдија

со студијата на хрватскиот економист Бранко

Хорват, според чие истражување за економиите

на поранешните југословенски републики, беше

потврден истиот процентен раст на БДП од 1,6

отсто на сите дотогашни републики на СФРЈ. Врз

база на овие истражувања, кажав во јавноста

дека Македонија полека но сигурно оди во

рецесија после која ќе дојде дефлација и ние ќе

мора со инфлациони мерки да ја отстраниме

дефлацијата. Објавив статија во зборникот на

Економскиот факултет во Скопје во која

заклучокот упатуваше на тоа дека Македонија

оди од инфлација кон инфлација...

Кога ја објавивте ваквата анализа, пред да се

реализира или потоа?

-Тоа беше интенција (прогноза), која подоцна

се потврди и оствари. Оттука, пак ќе повторам

дека соработката на Македонија, како и

соработката на било која друга земја, со ММФ и

Светска банка е добредојдена, но не на овој

начин. Јас не сум против соработката, туку

против рестриктивниот пристап во однос на

динамиката на растот на БДП и во однос на

одржувањето на висок степен на стабилност на

девизниот курс, проследен со висок степен на

нереалност.

Јавноста е поделена. Едни ја обвинуваат

владата зошто не соработува со ММФ, а бара

скапи кредити од странски комерцијални

банки, а други ја охрабруваат да не склучува

нови аранжмани со ММФ. Според вас, што е

најдобро да се стори во моментот?

-Изјавите на моите колеги гледано од

економски аспект, се многу различни. Ако се

погледнат кои се причините за тие разлики, ќе се

види дека во основа лежи политичкиот пристап.

Секој економист, член на една партија, кога е во

опозиција е против активностите на Владата, а

кога се на власт, се разбира, ги оправдуваат

нејзините постапки. Така за жал, ние имаме еден

сепаратен пристап кај економистите во однос на

повеќе прашања, а не само кон ММФ.... Тоа не

чини... Напишав и една статија во моето

списание, Економија и бизнис, што значи однос и

судир помеѓу економијата и политиката... Имено,

во Република Македонија еден подолг период (од

осамостојувањето до сега ) се остварува

политизирана економија наместо економизирана

политика. Секоја национална економија мора да

се базира на економијата. А се друго е

надградба...

Дали ова значи дека завршувањето на

аранжманите со ММФ во секој случај е

позитивно од економски аспект или... ?

-Во тој поглед, како што веќе кажав, а и ќе

ПРОФЕСОР ТИХОМИР ЈОВАНОВСКИ

Не ни треба меѓународна поддршказа фиксен девизен курс

Јас не сум против соработката со ММФ, туку

против рестриктивниот пристап во однос на

динамиката на растот на БДП и во однос на

одржувањето на висок степен на

стабилност на девизниот курс, проследен со

висок степен на нереалност

Page 15: БЕРЗНИК 0069 од 13.04.2009 г. на Македонски - MKIBN20090413-0069L

BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI 15Data 13. 04. 2009 broj 69 берзНИК

повторам, бидејќи партиски не припаѓам никаде,

слободен сум да зборувам за моето гледање на

економијата. Социјалдемократите ја почитуваа

соработката со ММФ и остваруваа рестриктивна

макроекономска и монетарна политика. Владата

од коалицијата, каде носител е ВМРО-ДПМНЕ

веднаш разви динамичен стопански раст, што

според мене е голем чекор во позитивна насока.

Всушност, јас во целото мое работење, во сите

книги и статии сум познат дека се залагам за

остварување на динамизиран стопански развиток

(не динамичен).

Што значи тоа?

- Тоа значи, секоја година да се оди степен

погоре, односно стопанскиот развиток скалесто да

оди нагоре. И, од тоа не се откажувам, а има и

една плејада на економисти коишто ме

подржуваат во овој мој став ...

За разлика од нас, има претставници кои

сметаат поинаку. Апсурдот е и тој што некои

економисти, додека беше претходната власт

(социјалдемократска) беа за соработка со ММФ,

но беа свесни дека тоа значи рестриктивна

монетарна и макроекономска политика. Значи, и

економијата на земјава е подредена на

партиската линија ... затоа што единствен спас за

македонската економија е динамизирање на

стопанскиот развиток, кое според мене се сведува

перманентно зголемување на БДП од година во

година; зголемување на директните странски и

домашни инвестиции; намалување на одливот на

домашниот капитал наменет за развој итн.

Како ја оценувате моментната политиката

околу стабилноста на курсот на денарот?

- За разлика од голем број економисти во

земјава, јас имам поинакво гледање. Мислам

дека девизниот курс на денарот е зрел за

девалвирање. Предлагам еден модел на

излегување од оваа состојба.- Владата да

поднесе во Собранието закон за измена на

законот за девизно работење во кој ќе нагласи

дека од одреден датум Македонија пристапува

кон флексибилно раководен девизен курс. Тоа би

значело, во првите шест месеци да се одреди

динамика со плус/минус до 5%. Во наредните

шест месеци да биде +/-10 % , па во наредниот

полугодишен период +/-15% и така додека не се

израмни курсот со реалниот девизен курс. Тогаш

ќе се појават промени во зголемување на

извозот, а намалување на увозот.

Што според вас е реален девизен курс?

-Реален курс е оној девизен курс што одржува

рамнотежа во билансот на плаќање. Второ,

девизен курс каде што националната валута е

примарна, а не секундарна. Девизен курс каде

девизните резерви се чуваат, а не се одржуваат...

И, што е многу значајно, реалниот девизен курс е

еден вид аршин со којшто се мерат вредностите

на сите стоки коишто доаѓаат во Македонија и на

сите стоки коишто излегуваат надвор од

државата. Тоа сега го немаме. Ние може да

увеземе што сакаме под поволни услови, а да

извеземе многу потешко... Значи, нереалниот

девизен курс не создава услови за динамика во

стопанството.

Формирањето на фиксен девизен курс и

одржувањето на таков курс во подолг временски

период во една права линија е смрт за

националната економија... А ние тоа го држиме..

Дали ова значи дека треба да се прибегне кон

флексибилен девизен курс?

- Во прилог на ова што го гледам што се

случува во реалноста, голем процент на

договорите меѓу фирмите, меѓу приватни лица и

фирмите и меѓу приватни лица и приватни лица,

клаузулата денарска противвредност на евра е

неизбежна. Банките исто така користат таква

клаузула... Тоа значи дека постои страв дека е

можно еден ден да рикне девизниот курс, па тие

за секој случај да бидат заштитени...

Секое девалвирање на девизниот курс по

дефиниција претставува плаќање на стари

гревови. Од тој аспект јас сум бескомпромисно

против девалвирање, и затоа сум предлагач.

Можеби и единствен, за скалесто, постепено

одење на курсот нагоре. Знам дека пред две

години курсот на српскиот динар, беше 62 динари

за едно евро, а сега е 93 до 95. Во тоа време

девизниот курс на денарот беше 61,5 и сега е пак

исто. Оттука нема што да не чуди што Србија

има подинамичен стопански раст. Нормално,

таквиот раст носи одредена опасност за

инфлационо влијание, меѓутоа има инструменти

со кои тоа може да се регулира.

Во фокусот на јавната критика се и високите

каматни стапки. Што мислите за ваквата

каматна политика?

-Мислам дека нема никакви спорови, барем за

оние кои ја знаат економијата и којшто не се

партизирани- да гледаат од партиски агли. НБМ

кога ќе почувствува дека постојат услови за

остварување на висока стапка на инфлација,

растење..., презема мерки и влече од кредитните

потенцијали на комерцијалните банки (да одат во

НБРМ) за да не се финансира забрзан стопански

раст ... нешто што би довело кон инфлација. Тоа

е оправдано. Ако смета дека има потреба да го

динамизира стопанскиот раст, таа треба да ги

намалува каматите на благајничките записи за да

ги натера и банките да ги намалат каматите и да

кредитираат стопански развиток, а не

потрошувачки... Најголем процент од добивката

комерцијалните банки во Македонија ја

остваруваат по пат на емисија на потрошувачки

кредити и кредитни картички. Мислам дека

банките треба да се вратат на основната задача

- да кредитираат развиток, а не потрошувачка...

Но не оправдувам кога стопанството оди во

рецесија, некој да остварува високи профити...

Секоја влада кога ќе осети врз база на реални

податоци дека одреден временски период нема

очекувани приливи, а не сака да побегне од

динамичен стопански развиток, оправдано е да

бара кредит од НБМ, но на база на одлука на

Собрание... Владата може да се задолжи кај

НБМ со одлука на Собрание, а може и

надворешно да се задолжува од финансиски

институции и комерцијални банки...

Експертите деновиве реагираа на

информацијата дека Владата почнала да бара

заем кај странски деловни банки од стотина

милиони евра?

-Ако некој сака крах на буџетот во РМ, крах на

стопанскиот развиток, тогаш нека мислат така...

ДАЛИ ја оправдувате тезата на Славески дека

ММФ нема да го спаси буџетскиот дефицит,

туку го подржува само платниот биланс?

-Ако ММФ и натаму инсистира да формираме

фиксен девизен курс којшто доведува до висок

дефицит, зошто ни е меѓународната поддршка.

Ако ние се откажеме од фиксен девизен курс, и

одиме кон реален, дефицитот ќе се намали. И

нам економски гледано соработка со ММФ не ни

треба. Тоа е економска страна. Секоја влада има

право да се задолжи кај централната банка, но

на крај на годината мора позајмените пари да ги

врати. Кај комерцијални банки исто така може да

се задолжи и во Македонија и во странство и на

пазарот на капитал.

Владата беше критикувана и за високите

камати на аукциите на месечните записи?

- Секој пазар формира цена на база на понуда

и побарувачка. Ако Владата има потреба од тие

пари, формира каматна стапка ...

Ако Централната банка ја намали каматната

есконтна стапка на хартиите од вредност што таа

ги продава, од 9 на 6 %, нема и каматната стапка

на обврзниците што ги продава Владата да биде

поголема од 6,5%. Основна каматна стапка во

секоја земја е есконтната каматна стапка, која кај

нас за жал е многу висока и треба да се намали.

Ако сака владата да добие (а мора да добие

средства на база на продажба на нејзини хартии

од вредност,за разни видови) мора да го

почитува нивото на есконтната стапка. И тука е

трката. Таа не смее да оди нагоре, туку надолу...

На Македонија не и треба нереална висока

потрошувачка, покажување дека имаме некаков

живот. На Македонија и треба макотрпно

работење, уште помакотрпно штедење да се

видиме каде сме и да се рамниме со другите

колку струја произведуваме, а не по тоа колку

увезуваме. Да се рамниме на тоа колку штедиме

и работиме, на база на тоа колку добиваме

плата, на база на тоа колку извезуваме и каде, а

колку увезуваме и што извезуваме и увезуваме.

До минатата година имавме висок процент на

увоз на прехранбени производи, што е срам за

Македонија...Нашата перспектива е во

прехранбената индустрија...

Информирани сме и дека сте предложени за член на МАНУ. Кој ве предложи и што

очекувате?

Ме предложија од Економски факултет, Европски центар за меѓународен развој од Белград

и Македонско научно друштво од Битола. Јас очекувам од МАНУ реална верификација на

моите научни истражувања до сега за да можам да видам дали сум на право место или не, и

натаму да работам. И второ, ако веќе бидам примен, верувам дека ќе придонесам за

натамошниот развој на науката во Македонија.

Тихомир Јовановски досега има објавени

486 библиографски единици, од кои околу

280 статии во домашни и надворешни

списанија и 18 книги. Во текот на оваа

недела професорот Јовановски промовира

уште едно свое научно истражување,

делото: Економија на менаџери.

Промоцијата се одржува во организација на

Стопанската комора на Македонија...

Page 16: БЕРЗНИК 0069 од 13.04.2009 г. на Македонски - MKIBN20090413-0069L

16 BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMIберзНИК broj 69 Data 13. 04. 2009

- Во првииот квартал од годината даночните приходи иприходите од акцизи се за 9,5 проценти помали одпланираните со Буџетот за 2009 година.

Во период од 1 јануари до 31 март оваа година вкупнитеприходи се 15,163 милијарди денари, а според планиранототребало да се приберат 16,755 милијарди денари, апланираните вкупни средства за цела година се 77,247милијарди денари.

Според податоците од Управата за јавниприходи, најголемо потфрлање во прибирањето наприходите има кај данокот на додадена вредност кадеприходите се за 11,38 отсто помали од планираното. За овојпериод прибрани се 8,175 милијарди денари. Кајперсоналниот данок на доход собрани се помалку средстваза 9,01 процент. Од овој данок во Буџетот се слеани 2,028милијарди денари. Кај данокот на добивка има потфрлање за9,25 отсто, односно прибрани се 1,996 милијарди денари, акај акцизите има помалку приходи за 5,21 отсто, односноприбрани се 2,964 милијарди денари.

Во УЈП истакнуваат дека во споредба со првите три месециод минатата година прибраните средства од даноци и акцизисе помали за 10,3 проценти. Ваквото помало остварување гообразложуваат со тоа што во првиот квартал од минататагодина имало поголема наплата и оти таа била причина и занаправениот ребаланс на буџетот за 2008 година.

Клиентите на ИК Банка, корисници на картичката Visa,можат да ги ползуваат бенефициите од он-лајн купувањето.Се работи за многу едноставен систем, кој може да гокористи секој, без оглед на возраста, и притоа, без воопштода се грижи за финансиска или идентификациска кражба.

Co цел да се обезбеди максимална безбедност за обетестрани, купувачот и продавачот, Visa имплементираше новсистем наречен VbV Verified by VISA. ВбВ ги запознаваклиентите со веб-продавницата на трговецот и банката какоавтентичен Visa сопственик, за да спречи лажнаидентификација и да го заштити трговецот од измама. Овојсистем, исто така, им овозможува на клиентите да креираатпресонална лозинка, со што можат да го заштитат нивниотидентитет и Visa картичката додека ги извршуваатплаќањата преку интернет.

Единствен предуслов за заинтересирните трговци иуслужни претпријатија, да располагаат и да ја нудат овааможност како начин за подостапна и поефикасна продажба,е да имаат веб страница, на која ќе ја претстават можноста,покрај она што го продаваат, и да аплицираат во ИК Банказа склучување договор за користење на овој сервис. ИКБанка досега има издадено 44.000 нови чип платежникартички во изминатите неполни две години, при штообезбедува брзи, сигурни и флексибилни можности заклиентите. Од април лани, па досега, инсталирани се 1.000ПОС терминали во трговијата за процесирање на Виса.Предвидено е до крајот на годинава, бројот да достигне2.000 инсталирани апарати.

Врз основа на одредбите од Законотза трговски друштва и член 7 oд Законотза хартии од вредност, како иПравилникот за формата и содржинатана актот за издавање на хартии одвредност по видови на хартии одвредност, а во согласност со Статутот наТетекс АД Тетово, Собранието наакционери на Друштвото на својатаседница одржана на 10.април оваагодина донесе одлука за продажба насопствени акции од основачката емисијапо пат на јавна понуда. Според одлукатана акционерите, средствата одпродажбата на акциите ќе се искористатза зголемување на вредноста натековната актива на Друштвото.

На продажба по пат на јавна понуда сенудат и се продаваат17. 656 обични акции, сопственост наТетекс АД Тетово од првата –основачка емисија.Номиналнатавредност на сопствените акции кои сепродаваатизнесува 3.095 денари по акција.Продажната цена на хартиите одвредност ќе биде споредпазарнатавредност на Македонска берза. Се

овластува Одборот на директори наТетекс АД Тетово да ја утврдиконкретната вредност нацената предподнесувањето на Барањето доКомисијата за хартии од вредност....Запишувањето за откуп на акциите ќезапочне 15 дена пообјавувањето напоканата за запишување на хартиите одвредност во дневен весник и на вебстрана на Македонската берза и ќе трае30 дена.Запишувањето ќе се врши прекуТТК банка АД Скопје, овластен учесникна пазарот на хартии од вредност,овластен од компанијата

Покана за продажба на сопствениакции по пат на јавна понуда ќе бидеобјавена во Дневен весник и на вебстрана на Македонската берза.Проспектот за јавна понуда ќе бидеобјавен на веб страна на Македонскатаберза и ќе биде на располагање назаинтересираните лица во просториите наиздавачот и на местото на запишување иуплата.

Во случај да бидат запишани и уплатени

повеќе акции од понудените,распределбата на акциите ќе биде попринцип на претходно запишан....Продажбата на сопствените акции по патна јавна понуда ќе се смета за успешнадоколку процентот на запишани иуплатени акции изнесува најмалку 60% одпонудените акции. Во случај нанеуспешност на јавната понуда запродажбата на сопствените акции,средствата уплатени од страна нафизичките и правни лица ќе им бидатвратени во рок од 15 дена на местото науплатата на истите во ТТК Банка АДСкопје....

Причини поради кои се стекнатисопствените акции се заради заштита наДруштвото од флуктуација на Берзата.Причините поради кои се продаваатсопственита акции сезголемување на тековна актива икапиталот на Друштвото. Сопственитеакции што се продаваат и се предмет напонуда за продажба преставуваат 3,87%од основната главнина на Друштвото.

ТЕТЕКС АД ТЕТОВО

Јавна понуда на 17.656 акцииСопствените акции што се продаваат и се предмет на понуда за

продажба преставуваат 3,87% од основната главнина на друштвото

ИК БАНКА

Е-commerce закорисниците на Visa

ВО ПРВИОТ КАВРТАЛ БУЏЕТСКИТЕ ПРИХОДИОД ДАНОЦИ И АКЦИЗИ НАМАЛЕНИ

Буџетот помал за 9,5проценти од планираното

Page 17: БЕРЗНИК 0069 од 13.04.2009 г. на Македонски - MKIBN20090413-0069L

BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI 17Data 13. 04. 2009 broj 69 берзНИК

ВЕСТИ... СВЕТ...

Над три четвртини од Американците - околу

76 проценти, сметаат дека Владата треба да

ги остави автомобилските производители кои

се во финансиски тешкотии како Џенерал

моторс и Крајслер да пропаднат, наместо да

ги спасува со државно

финансирање, покажуваат резултатите од

испитувањето на јавното мислење. Во

изминатите неколку месеци Владата на

САД инјектира милијарди долари за

стабилизирање на двата автомобилски

гиганти од Детроит. И покрај помошта од 17,4

милијарди долари, меѓутоа, тие се уште се на

работ да банкротираат.

Кон крајот на март претседателот Барак

Обама ги отфрли нивните планови за

реструктуирање и им нареди да претстават

реалистични решенија, за да добијат дополнителна помош, јасно алудирајќи оти може да ги остави да

пропаднат.

Според испитувањето на јавното мислење, изготвено по нарачка на телевизијата Си-Ен-Ен, само

37 проценти од Американците се наклонети да купат возило од пропадната компанија. Тие меѓутоа,

стануваат 57 отсто, доколку државата дава државна гаранција при купувањето на автомобил.

Јапонската технолошка компанија Sharp

оствари нето загуба од 130 милијарди јени (1,3

милијарди долари) во минатата година, бидејќи

заради падот на побарувачката за електроника

мораше да се затворат погони и да се прави

отпис на имотот. Нето загубата инаку е за 30

отсто поголема од очекуваната и е прва загуба

од излегувањето на акциите на Sharp на

берзата во Токио во 1956 година.

Приходите од продажбата во минатата

фискална година изнесуваа 2,85 билиони јени,

а оперативната загуба на компанијата (приход

од продажбата минус трошокот на продадената

стока и административните трошоци) беше 60

милијарди јени или двапати повеќе од

очекувањата на компанијата. Sharp ќе

прокнижи дополнителни 9 милијарди јени од

еднократните отписи поврзани со затворање

на производните линии за ЛЦД и четири

милијарди јени како отпис на вредноста на

опремата. Компанијата исто така ќе отпише

дополнителни 6,4 милијарди јени заради

пониската вредност на нејзините акции.

SHARP

Загуба од 1,3 милијарди долари

Актуелната глобална економска криза и

се заканува на еврозоната, пишува

лондонски Тајмс, предупредувајќи дека

најголемата закана за светското

стопанство сега е претстојната бура во

зоната на заедничката европска валута.

Весникот наведува дека земјите на

Европската Унија сега се наоѓаат во

самиот центар на кризата, дури можеби и

повеќе отколку САД и Велика Британија,

предвидувајќи дека доколку се случи во

следните месеци светот да доживее удар

сличен на оној по крахот на

американската инвестицискна банка

Лиман брадерс, тоа ќе создаде големата

криза во зоната на еврото.

На земјите од централна и на источна

Европа им се заканува финансиски крах, а

економиите на Ирска, Грција и Португалија

бележат забрзан пад во својот економски

раст. Кон овие три држави во еврозната,

би можеле мошне брзо да се приклучат и

Шпанија, но и Италија, која е шампион во

буџетскиот дефицит во Европа, наведува

лондонскиот весник.Тајмс смета дека само

една земја, а тоа е Германија би можела

да се најде од помош во една ваква

ситуација.

Но, големо прашанје е дали оваа земја

и ЕУ во целина ќе можат да бидат

поефикасни во санирањето на

последиците од евентуалниот удар во

еврозоната, отколку што беше

американската Влада при нејзиното

гаснење на пожарот предизвикан од

банката Лиман брадерс, заклучува

весникот.

ЕВРОПСКА УНИЈА

Еврозоната воцентар на кризата

На 7. мај во Прага ќе се одржи самит на кој

ќе биде промовиран проектот за источно

партнерство на ЕУ со шест поранешни

советски републики, соопшти денеска чешкото

претседателство со Унијата.

Со европското партнерство, што е еден од

приоритетите на Чешка за време на нејзиното

претседавање со ЕУ, се предвидува

воспоставување врски на Унијата со

Азербејџан, Белорусија, Грузија, Ерменија,

Молдавија и Украина.

Според чешкиот вицепремиер задолжен за

европски прашања Александар Вондра, ниту

една од овие шест земки не ги исполнува

условите за челнство во ЕУ, па предвиденото

партнерство -ќе функционира како мост се до

денот на отпочнување на преговорите за

членство.

Вондра нагласи дека Прага засега се уште

не решила дали на самитот ќе го покани и

белорускиот претседател Александар

Лукашенко, кого ЕУ го обвинува за

авторитарно владеење и задушување на

слободата на медиумите.

- Засега европската политика (во однос на

Белорусија) даде делумни резултати, но се

уште не можеме да кажеме дека ситуацијата е

драматично подобрена, потенцира Вондра.

ЧЕШКА

Самит за источно партнерство на ЕУ

САД

Владата да не ги спасува автомобилскитекомпании

Над половина од

Америкаците или 53 % изјавиле

дека капитализмот е најдобар

економски систем, покажуваат

резулатите од анкетата на

Расмусен рипортс. Од

испитаниците, 20 % одговориле

дека го преферираат

социјализмот како економски

систем, а 27 % воопшто не

одговориле на прашањето. Во

анкетата од крајот на декември,

70- Фактот дека слободниот пазар

добива многу поголема поддршка

од капитализмот доведува до

одреден скептицизам дека

капитализмот во САД е заснован

на слободниот пазар, наведуваат

авторите на анкетата.

АНКЕТА:

Капитализмот –најдобар систем

Page 18: БЕРЗНИК 0069 од 13.04.2009 г. на Македонски - MKIBN20090413-0069L

18 BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMIберзНИК broj 69 Data 13. 04. 2009

ВЕСТИ... СВЕТ...

Најголемата европска банка HSBC прибра

17,7 милијарди долари преку понуда на права

на удели, а инвеститорите купија 97 отсто од

акциите понудени на досега најдолемата

британска докапитализација со право на

предност, пренесува Блумберг. Акциите се

продаваа по цена од 254 пени, што е 41 отсто

пониско од крајната цена што банката ја

постигна на берзата во Лондон на 3 април.

HSBC успеа да избегне земање помош од

британската влада, иако имаше за покривање

лоши кредити од околу 53 милијарди долари

во последните три години. Со собраните пари

Банката ќе го зголеми капиталот и

финансиските аквизиции, кои се поклопуваат

со стратегијата на банката за експанзија на

пазарите во развој.

HSBC

Со докапитализација до17,7 милијарди долари

ING, најголемата холандска компанија за

финансиски услуги, планира да прибере помеѓи

шест и осум милијарди евра преку продажба на

имотот, пренесува Bloomberg News.

ING има намера да продаде 10 до 15

деловни единици во следниот период, зависно

од тоа колкудозволуваат пазарните услови, се

вели во соопштението од компанијата. Се

работи за група мали бизниси, кои немаат

можности да станат водечки на пазарот, а

голтаат несразмерно голем капитал. Со

растоварување од тие делови, ING ќе добие на

располагање капитал во висина до четири

милијарди евра.

Компанијата, чии корени датираат од 1743

година, оствари загуба од 3,7 милијарди евра

во четвртиот квартал. Компанијата инаку веќе

прибра 1,4 милијарди евра во февруари, со

продажба на 70% од капиталот во ING Canada.

Исто така, банката од холандската влада доби

финансиска инјекција во висина од 10

милијарди евра во октомври минатата година.

ING

Преку продажба на имот до шест милијарди евра

Британскиот кредитор, Royal Bank of

Scotland, најави дека е можно во наредните

две години да бидат укинати 9.000 работни

места, вклучително и 4.500 места во Велика

Британија.

Како што пренесува Ројтерс, од Банката

тврдат дека бројот на работни места што би

можеле да бидат укинати сепак на крајот би

бил помал од наведениот. Делумно

национализираната банка истовремено

најавува нова стратегија за враќање на

претходната моќ, која вклучува кастрење на

сите трошоци на сите нивоа на работење.

RBSминатата година забележа загуба од

24,1 милијарди фунти (34,2 милијарди

долари), што претставува најголема годишна

загуба во британската корпоративна

историја.

ROYAL BANK OF SCOTLAND

Укинување на 9.000 илјади работни места

Преговорите на IBM за купување на

помалиот компјутерски и софтверски ривал,

Sun Microsystems, пропаднаа, откако Sun ја

одби понудата на IBM вредна седум

милијарди долари. Пропаста на преговорите,

доколку биде конечна, веројатно ќе им

наштети на акциите на Sun, бидејќи на

купувањето се гледаше како на прилика за

опстанок на некогаш познатата компанија од

Силиконската долина, која сега го губи

местото на пазарот. Спогодбата пак би му

помогнала на IBM многу поефикасно да се

бори со конкурентите, како што е Hewlett-

Packard.

Според изворот на овие информации, Sun не

бил задоволен од понудата на IBM во

висина од 9,40 долари за акција или

помалку, и не е јасно дали преговорите ќе

продолжат. Се коментира дека пропаста на

преговорите повеќе би му наштетила на Sun,

бидејќи IBM, најголемиот светски давател на

технолошки услуги, релативно добро се

држаи во услови на пад на активностите на

светската економија, и тоа благодарение на

давањето работа на производителите и

преминување од хардвер на продажба на

поскап софтвер.

Рускиот премиер владимир Путин во

своето обраќање во Долниот дом на

рускиот парламент минатат недела изјави

дека Владата подготвува 90 милијарди

долари вреден пакет од стимулациски

мерки за помош на стопанството да ја

преброди годинава. Околу половина од тој

износ ќе бидат буџетски средства, а

остатокот се однесува на даночни

олеснувања, заеми од централната банка и

останати извори. Пути истакна дека

успеале да го избегнат најлошото сценарио,

но без оглед на тоа, 2009 ќе биде многу

тешка година. Државата ќе ја зголеми

потрошувачката за војската и

инфрасттруктурни проекти и дополнително

ќе ги потпомогне комерцијалните банки, кои

мора да овозможат нормално

функционирање на кредитниот пазар.

Владата се откажа од трогодишниот

буџетски палн, одобрен лани, и сега

единствена цел и е да ги минимализира

негативните ефекти од најголемата

економска криза во последниве десетина

години. Руската влада и централната банка

веќе започнаа со реализација на помош на

финансисикиот сектор со 150 милијарди

долари брзи кредити. Вториот бран на

проблеми, министерот за финансии Кудрин

го очекува заради проблемите на рускките

компании да ги отплатат добиените

кредити. Државата веројатно нема да ди

спасува сите компании, бидејќи Путин

истакна дека ревидираниот државен буџет

мора да осигура оптимална комбинација на

антикризни мерки и долгорочни планови на

развој, и дека давањето поддршка на

неконкурентните индустриски сектори би

било расфрлање на парите на даноичните

обврзници.

IBM

Пропаднаа преговорите за преземање на Sun?

РУСИЈА

Стимулациски пакет од 90милијарди долариКанада ќе му пружи дополнителна помош на

домашниот автомобилски сектор во рамките на

подготовките за можен банкрот на американски

гиганти Џенерал моторс и Крајслер. Канадскиот

министер за индустрија Тони Клемент изјави дека

владата во Отава ќе издвои 700 милиони канадски

долари (560 милиони американски долари) за

осигурување на извозот на производителите на

автомобилски делови, во случај нивните американски

клиенти да го запрат производството.

КАНАДА

Помош за автомобилскатаиндустрија

Во првиот квартал од годинава, Варшавската берзареализираше шест јавни понуди на акции, со штостана европски лидер, надминувајќи го дури ирегионалниот џин – Лондонската берза.Вкупниотизнос прибран со јавните понуди на акциите наВаршавската берза изнесуваше дури 6 милијардиевра, многу повеќе отколку на останатите европскиберзи, покажуваат резултатите од истражувањето наPricewaterhouseCoopers.

ВАРШАВСКА БЕРЗА

Лидер по јавни понуди на акции

Page 19: БЕРЗНИК 0069 од 13.04.2009 г. на Македонски - MKIBN20090413-0069L

BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI 19Data 13. 04. 2009 broj 69 берзНИК

ВЕСТИ... СВЕТ...

Wells Fargo, една од

водечките банки во САД,

минатата недела објави дека

во првото тромесечје очекува

рекордна добивка од 3

милијарди долари, што е над

очекувањата на

аналитичарите. За последниот

квартал од 2008., Wells Fargo

извести дека има загуба од 2,3

милијарди долари и беше

меќу банките кои примија

помош од владата, за спас од

светската финансиска криза.

Од почетокот на мандатот

на владата на чело со

претседателот Обама,

потрошени се 235 милијарди долари за стабилизација на американскиот финансиски систем и

одмрзнување на кредитниот пазар, што вклучува и 25 милијарди долари кои беа доделени на

банката Wells Fargo. За возврат, валдата добиа акции од банката. Целосните банкарски извештаи

за првиот квартал ќе бидат објавени на 25 април. Wells Fargo виедно е и првата голема банка што

ја објави проценката за првите три месеци од годинава, а нејзината неочекувано оптимистичка

најава веднаш го подигна пазарот на термински договори во САД.

Берзата одговори секавично, кревајќи ја цената на акциите на Wells Fargо во електронската

трговија пред отворањето на Волстрит за 32,7%, на 19,76 долари.

WELLS FARGO

Најавена рекордна добивка

Европската комисија минатата недела

предложи државните власти да станат пример

во поглед на исполнување на финансиските

обврски, и како правило да се воведе

подмирување на обврските во рок од 30 дена.

Паралелно, ЕК се обврза дека ќе го забрза

плаќањето на стоките и услугите, а во низа

случаи дури и ќе ги скрати актуелните законски

рокови за плаќање, се наведува во

соопштението од ЕК.

Наспроти одредени подобрувања во текот на

изминатите години, во ЕУ се уште се случува

да се доцни со плаќањето, како во

комерцијалните трансакции помеѓу

компаниите, така и меѓу компаниите и

државните управни тела, утврдила ЕК.

Со тоа се штети на развојот на малото и

средно претприемништво во ЕУ, а причина е и за

одење на многубројни, инаку здрави компании,

во стечај и тоа најмногу ако се работи за мали и

средни компании, предупредуваат од Брисел.

ЕК утврдила и дека, за жал, културата на

подмирување на обврските кога се во прашање

државните власти, засега често не заслужува

пофалби.

Согласно обврските кои произлегуваат од

законот за мало и средно претприемништво,

ЕК сугерираше усвојување на нов пристап во

решавањето на проблемот со доцнење на

плаќањето и предложи значителни измени на

ЕУ директивата за доцнење со плаќањата од

2000 година.

-Доцнењето со плаќањето на обврските на

државната администрација повеќе не смее да

се толерира. Овој предлог дава значаен поттик

за совладување на економската криза, со тоа

што ќе спречи нови стечаи и ќе ги подобри

паричените текови во компаниите, со цел за

јакнење на конкурентноста на европските

претпријатија во следниот период, истакна

еврокомесарот за претприемништво и

индустрија, Гинтер Верхојген.Со оглед на

кризата која го тресе светот, неколку земји

членки на ЕУ вече почнаа да го решаваат тој

проблем на национално ниво.

ЕВРОПСКА КОМИСИЈА

Навремено плаќање на финансиските обврски

Европската комисија ја обвини компанијата

Виза Јуроп, која се занимава со издавање на

кредитни картички, за кршење на правилата на

стопанска конкуренција.

Одлуката ги потврдува претходните

сомневања на ЕК дека системот на

повеќекратни банкарски провизии на Виза

негативно влијае врз конкуренцијата меѓу

банките, ги зголемува трошоците на трговците

при плаќањето со кредитни картички, а сето

тоа резултатира со зголемување на

потрошувачките цени, се наведува во

извештајот на Комисијата. Виза, според ЕК, и

натаму ги крши правилата на конкуренција и

покрај тоа што неодамна објави дека ќе ги

намали провизиите при трансакциите со

кредитни картички на просечни 0,61 проценти.

ЕК смета дека со укинувањето или

намалувањето на тие провизии потрошувачите

можат да заштедат стотици евра годишно.

Виза платежните картички, според

Брисел во Европскиот стопански простор (ЕУ,

Норвешка, Лихтенштајн и Исланд) се користат

во 36 проценти од сите плаќања.

ЕК

Виза Јуроп гикрши правилата на

конкуренцијата

Германската влада минатата недела

објави понуда за преземање на

кредиторот Hypo Real Estate по цена од

1,39 евра за акција, или вкупно 290

милиони евра, пренесува Bloomberg

News. Тоа е уште еден чекор кон првата

национализација на банка во оваа земја

од триесеттите години од минатиот век.

Германската влада веќе обезбеди 102

милијарди евра преку кредитни линии и

гаранции за да го одржи Hypo Real

Estate, откако оваа банка дојде на чекор

до банкрототзаради недостаок на пари во

нејзината подружница Depfa Bank Plc, со

седиште во Даблин.

Владата минатиот месец презеде 8,7

отсто од Hypo Real Estate, што беше прв

чекор кон преземање на контролата.

Американската инвестициска

компанија J.C. Flowers & Co, која е на

чело на групата инвеститори кои имаат

вкупно 24-отстотен дел во Hypo Real

Estate, минатата недела соопшти дека

постои можност да покрене судска

постапка со цел да ја блокира

национализацијата.

Премиерот на Јапонија Таро Асо изјави дека

неговата Влада има за цел во наредните три години да

создаде 1,4 до два милиони работни места, во рамките

на новиот долгорочен план за поттикнување на

стопанскиот раст.

Со акцискиот план се предвидува Јапонија до 2020

година да ја зголеми вредноста на реалниот бруто

домашен производ (БДП) за 120 билиони јени (1, 2

билиони долари) и да создаде четири милиони нови

работни места, наведе премиерот.

Значаен дел од стратегијата за стопански раст се

совпаѓа со големиот пакет мерки за спас на

стопанството, вреден 15,4 билиони јени (154,5

милијарди долари).

ЈАПОНИЈА

Планирани околу двамилиони нови работни места

ГЕРМАНИЈА

Владата нуди 290 милиони евра

за Hypo Real Estate

Page 20: БЕРЗНИК 0069 од 13.04.2009 г. на Македонски - MKIBN20090413-0069L

20 BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMIберзНИК broj 69 Data 13. 04. 2009

1. ТЕШКО СО ММФ, ПОТЕШКО БЕЗ НЕГО (*****) 2. ИК БАНКА ВОВЕДЕ ЕЛЕКТРОНСКО ТРГУВАЊЕ (***)

2. TOP VESTI - RELEVANTNOST PO BROJ NA OBJAVI

1. KRATOK PREGLED NA NASTANI9.04.2009 g. ЧЕТВРТОК

ДНЕВНИК

с.6 БАНКИТЕ КУПИЈА ЗАПИСИ ОД НБМс.6 ТЕШКО СО ММФ, ПОТЕШКО БЕЗ НЕГО с.6 МЛЕКАРИТЕ НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД ПАРИТЕ с.7 ВЛАДАТА ЈА ХРАНИ КРИЗАТА с.7 ИК БАНКА НУДИ ОН-ЛАЈН КУПУВАЊЕ СО „ВИСА”

БИЗНИСс.3 „E-COMMERCE„ ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА „VISA„с.3 РЕАЛИЗИРАНИ БЛАГАЈНИЧКИ ЗАПИСИ ВО ВРЕДНОСТ ОД 3,8 МИЛИОНИДЕНАРИ с.3 ДРЖАВАТА ДА ТРОШИ - КОЛКУ ШТО ИМA с.6 ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ЛИКВИДНОСТ ПРЕКУ ПОВИСОКИ КАМАТИ с.8 АКЦИИТЕ НА КОМПАНИИТЕ СРАМЕЖЛИВО ЈА ЗГОЛЕМУВААТ ВРЕДНОСТА с.9 ИНДЕКСИТЕ ВО ОПАЃАЊЕ -ПРОМЕТОТ ВО ПОРАСТ с.12 ЈАКНЕ ВРЕДНОСТА НА АМЕРИКАНСКИОТ ДОЛАР с.12 ЦЕНАТА НА НАФТАТА ПРОДОЛЖУВА ДА ПАЃА

УТРИНСКИ ВЕСНИКс.8 ВЛАДАТА ГО ОМЕКНУВА ТВРДИОТ СТАВ ЗА ММФ с.8 НЛБ ТУТУНСКА БАРА ПРОДАЖБА НА „СВЕДМИК”с.9 БАНКАРИТЕ ГИ ИСКАРАА ВЛАДАТА И НБМ ЗА РИВАЛСТВОТО с.10 НАД 80 ОТСТО ОД ВРАБОТЕНИТЕ СО ПЛАТА ДО 260 ЕВРА с.10 ИК БАНКА ОВОЗМОЖУВА ПЛАЌАЊЕ СО „ВИЗА” ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ

ВЕЧЕРс.6 КУРСОТ НА ДЕНАРОТ ЌЕ СЕ ОДРЖУВА СТАБИЛЕН с.6 ДОНИРАН МЕБЕЛ ВО ЦРКВИ, БОЛИИЦИ И УЧИЛИШТА с.6 ОСИГУРУВАЊЕ НА ВОЗИЛА И ИМОТ СО ПОПУСТ ОД 20 ОТСТО с.6 IPHONE 3G И ВО ПРИПЕЈД ПОНУДА

ВРЕМЕс.6 НОЖИЦИ ЗА ПОРАСТОТ ВО ЕКОНОМИЈАТА с.6 ИК БАНКА ВОВЕДЕ ЕЛЕКТРОНСКО ТРГУВАЊЕ с.6 СИТЕ БАРАМЕ ПАРИ, НЕМАМЕ ВРЕМЕ ЗА ЧЕКАЊЕ

ВЕСТс.3 ФАРМЕРИ: МОШЕ БАУМ ИТНО ДA НAЈДE ПАРИ ЗА ПРЕДАДЕНОТО МЛЕКО

НОВА МАКЕДОНИЈАс.2 МАКЕДОНИЈА НА ЕНЕРГЕТСКАТА ОПАШКА НА ЕВРОПА с.8 НАМАЛЕНА ПОТРОШУВАЧКА ЗА ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД КРИЗАТА! с.8 ЕЛЕКТРОНСКО ТРГУВАЊЕ СО ИК БАНКА с.8 ЕВРOИНС НУДИ ВЕЛИГДЕНСКИ ПОПУСТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ИМОТ И ВОЗИЛА

ШПИЦ

с.8 БИЗНИС-КРИК ОД ТУНЕЛОТ с.10 CO ИК БАНКА ПЛАЌАЊЕ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ с.11 ТУТУНСКА БАНКА ЈА ПРОДАВА „СВЕДМИЛК”

-Ќе побара ли Владата помош од ММФ илине?- прашање кое се повеќе се наметнува војавноста, а кон кое се фокусираа и експертите ијавноста со надеж дека помошта од оваамеѓународна финансиска институција ќе гиублажи ударите од финансиската криза...- Тешкосо ММФ, потешко без него е еден од ставовитешто произлезе од јавната дебата на експертите,банкарите, бизнисмените и Владата, пренесеДневник. -Македонија ќе мора да прифатиаранжман со ММФ, предупредуваат експертите воземјава, но и странските дипломати. Една одможностите за покривање на финансиските дупкиво земјава е токму задолжувањето кај ММФ.Некои процени што ги пренесе агенцијата Ројтерссе дека треба да се размислува за заем однајмалку 500 милиони евра кај монетарците.

Соработката со ММФ Владата како варијантасе’ уште не ја потврдува, но ниту ја отфрла, какошто го правеше тоа до скоро. Омекнување наставовите за ММФ кај министерот за финансии,Трајко Славески, се забележува и во неговиотоднос спрема функцијата и улогата на ММФ восветски рамки. ... тој ја поздрави важната улогакоја на ММФ му ја дадоа меѓународната заедницаи светот, но не одговори дали земјава ќе севклучи во тој глобален тренд на соработка соММФ... Сепак според него ММФ не може да неспаси од буџетскиот дефицит, бидејќи фондот недава поддршка на буџетот, туку на платниотбиланс.

Според постојаниот претставник на ММФ воземјава, Берт ван Селм, Фондот е подготвен да и’помогне на држа-вата. -Државата да троши, колкушто има. Македонија мора да одржува фиксендевизен курс на денарот, а трошењето да гоприспособи на приходите, се препораките штопроизлегоа од тркалезната маса на темаПазарните економии под притисок дали имасветлина на крајот од тунелот?, на која дебатираапретставници на Владата, на банките, намеѓународни институции и компании од повеќе

сектори, во организација на Фондацијата ,КонрадАденауер и Европската бизнис асоцијација,пренесе Бизнис.

-Курсот на денарот ќе се одржува стабилен,пишува Вечер.-Владата ќе ги искористи ситесредства за да го задр-жи стабилен курсот наденарот, ќе ја прилагоди макро-економскатаполитика и проекциите за БДП и за трговскиотдефицит.

Денес во фокусот на печатените гласила ипродажбата на записите од НБМ. Народнатабанка на Македонија вчера прибра 63,4 милиониевра од благајнички записи. Тоа е речиси двојноповеќе од тоа што завчера го прибраМинистерството за финансии од државнитезаписи. Сумата што вчера НБМ ја прибра одбанките е за половина поголема и одминатонеделната емисија на записите, кога НБМна банките им ги нудеше по новата, за двапроцентни поена поскапа каматна стапка.

-Новини од Евроинс Осигурување. -Осигурување на возила и имот со празниченвелигденски попуст на дел од своите производиод 20 проценти. Попустот, во висина од 10 до 20насто, ќе важи до крајот на идниот месец, а сеоднесува на осигурување на имот, џебно каско икаско осигурување на патничките моторни возила.Полисите склучени во текот на попустот имаатважност една година.

Евроинс осигурување, којашто на македонскиотпазар официјално постои од февруари 2008година, во моментот има шест процентен пазаренудел во осигурителниот бизнис во Македонија.

Денешните весници пренесуваат и дека ИКбанка е единствената банка во Македонија што гонуди сервисот, е-комерц (електронско тргување)за електронско плаќање преку Интернет, за ситекорисници на платежните картички виса, издадениод која било банка во светот.

-Македонија е на енергетската опашка наЕвропа анализира Нова Македонија. -Градењетоенергетски мостови е најбрзиот и најлесен начин

за влез во ЕУ. Колку земјата е енергетскипонезависна, толку таа е попосакуван партнер замеѓународната заедница. Каде е тукаМакедонија? На опашката на Европа. Спореданализите на МАНУ, Македонија е над 50 отстозависна од увоз на енергија. Рекордери сме испоред нерационалното трошење на енергијата,по единица производ. Во Европа и на Балканоттој процент е значителнопомал...

-Млекарите не се откажуваат од парите, објавиДневник.- Фармерите на кои Сведмилк им должинад 4 милиони евра вчера предупредија дека и подесет години нема да се откажат од парите.

-Утрински весник пак обелодени: Поведена епостапка за продажба на Сведмилк. Спореднеофицијални информации, НЛБ Тутунска банка,која е најголем хипотекарен доверител, повелапостапка за да ја продава млекарницата. Тутунскабанка го има правото да ја продава целатамлекарница, бидејќи кога е градена млекарницата,од ова банка е земен најголемиот кредит од 9 и полмилиони евра. Како гаранција за оваа милионскасума пари е ставањето под хипотеката нацелокупниот имот на млекар-ницата, која е ворацете на Тутунска банка како најголем доверител..

Во него ќе читате и дека во просек, минататагодина 8 отсто или околу 50.000 од сите вработенине ја примаа редовно платата. Една петтина, пак, одвкупно вработените, кои според статистиката бројат619.802 лица, имаат малку пониска плата од 200евра.

-Бугарски Литекс им го загорчи животот набитолските шеќеранци, пишува Вчер. -Раководството на битолската фабрика за шеќер, 4Ноември го ограничува правото на штрајк навработените и им се заканува дека ќе ги отпушти одработа ако не протестираат во определен простор.Околу 120 вработени, повеќето од производ-ствениот сектор од 17 март годинава, се во штрајкбидејќи нивниот бугарски газда Литекс одбива да имги зголеми платите, но и да потпише нов колективендоговор со претставниците на Синдикатот.

Page 21: БЕРЗНИК 0069 од 13.04.2009 г. на Македонски - MKIBN20090413-0069L

BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI 21Data 13. 04. 2009 broj 69 берзНИК

1. KRATOK PREGLED NA NASTANI

1. ЈАТ И МАТ ЌЕ ГО РЕШАВААТ ДОЛГОТ (*****) 2. ПРОДАДЕН ПРИЛЕПСКИОТ МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ (***)

10.04.2009 g. ПЕТОК

2. TOP VESTI - RELEVANTNOST PO BROJ NA OBJAVI

ДНЕВНИК

с.7 КОМЕРЦИЈАЛНА КАЗНЕТА СО 1.000 ЕВРА ЗА ФРЛЕНИТЕ КАРТИЧКИ

с.7 НА „СВЕДМИЛК” МУ СЕ ЗАКАНУВА ЛИЦИТАЦИЈА

с.7 СПОГОДБА MAT - ЈАТ

с.7 КАКО ДА ПОПОЛНИМЕ ДУПКА ОД 500 МИЛИОНИ ЕВРА?

с.9 ТТК БАНКА СО ЗАГУБА ОД 2,1 МИЛИОНА ЕВРА

с.9 МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ - ПРИЛЕП ПРОДАДЕН ЗА 19 МИЛИОНИ ЕВРА

БИЗНИС

с.3 СЕ БАРА НАЈДОБРО РЕШЕНИЕ ЗА РАЗДОЛЖУВАЊЕ

с.6 МОЖНОСТИТЕ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТИТЕ ДА СЕ БАРААТ ВОФИСКАЛНАТА ПОЛИТИКА с.10 ПАД НА ВРЕДНОСТА НА ЕВРОТО с.12 НА БИЗНИСМЕНИТЕ НЕ ИМ Е ДО БИЗНИС

с.13 ИСТРГУВАНИ 88,40 ПРОЦЕНТИ ОД ГЛАВНИНАТА НА МЕРМЕРЕНКОМБИНАТ - ПРИЛЕП с.14 РАСТАТ ЦЕНИТЕ НА АКЦИИТЕ НА ВОЛСТРИТ

УТРИНСКИ ВЕСНИКс.5 АКО НЕМА СТЕЧАЈ, „СВЕДМИЛК” ЌЕ СЕ ПРОДАДЕ ЗА ДВА МЕСЕЦА с.7 ЈАТ И МАТ ЌЕ ГО РЕШАВААТ ДОЛГОТ с.8 МЕРМЕРНИОТ КОМБИНАТ СО НОВИ ГАЗДИ с.9 ЗА ТРИ МЕСЕЦИ НИТУ ЕВРО СТРАНСКА ИНВЕСТИЦИЈА?с.9 ТТК БАНКА ЛАНИ СО ЗАГУБА, ПРИЧИНА РЕЗЕРВАЦИИТЕ

ВЕЧЕРс.6 ЈАТ ВЛЕГУВА И ВО МАТ?! с.7 НЛБ ТУТУНСКА БАНКА ЈА ПРОДАВА СВЕДМИЛК с.7 ИК БАНКА СО ЕЛЕКТРОИСКО ПЛАЌАЊЕ

с.7 ПРОДАДЕН ПРИЛЕПСКИОТ МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ ЗА 19МИЛИОНИ ЕВРА с.7 ЗАГУБАТА НЕМА ДА ВЛИЈАЕ ВРЗ РАБОТЕЊЕТО НА БАНКАТА!

ВРЕМЕ

с.6 „СВЕДМИЛК” НАПРАВИ ШТЕТА ОД 72 МИЛИОНИ ЕВРА с.6 ДЕФЛАЦИЈАТА ТРОПА НА ВРАТА

ВЕСТ

с.3 MAT СЕ ВРАЌА ВО JAT?

НОВА МАКЕДОНИЈАс.8 ЈАТ И MAT ПОТПИШАА СПОГОДБА с.8 ПРОДАДЕНИ 88 ОТСТО ОД „МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ”с.9 РЕГУЛАТОРНА ГИЛОТИНА 2: КАСТРЕЊЕ НА ЦАРИНСКИТЕ ПРОЦЕДУРИ

ШПИЦ

с.6 ВЛАДАТА НЕ САКА ММФ ДА И ГАЗДУВА с.6 MAT И JAT ПОТПИШАА ДА СЕ РАЗДОЛЖАТ

-Зoшто ни бегаат странските инвестиции, еедно од основните прашања чиј одговор гопосакуваат многумина во земјава, од граѓаните,бизнисмените до владините струк-тури. А,одговорот денес е главниот наслов на Бизнис: Набизнисмените не им е до бизнис. -Непочитувањетона правилата, генерално, дава слика нанесигурност, a тоа, секако, влијае врз одлукатакаде да се вложи. Дали вие би сакале некој конвас така да се однесува, вели Бети Деловска одБасме консалтинг и тренинг. Според искуствата наконсултантите, стекнати од работа на различнипроекти со домашните фирми, како и со странскиконсултанти и компании, македонските менаџери,генерално, може да се поделат во две групи: ониекои веќе работат и се однесуваат согласномеѓународните стандарди, односно се однесуваатевропски и оние кои се уште се однесуваатбалкански... Балканскиот тип на менаџери сеуште се однесуваат локал-но. Тие најчесто мислатдека се знаат најдобро, сметаат дека странците сетие кои треба да се прилагодат кон нашитеобичаи и навики, сакаат целокупната моќ иодлучување да го држат во своја рака, аинформациите ги сметаат како моќно оружје и неги споделуваат со своите соработници. Најчесто,бизнис зделките ги склучуваат во кафеана, доцнатна состаноци, бизнис разговорите ги прекинуваатсо разговор на мобилен телфон...

Ако кон оваа вест се додаде и истражувањетона Утрински весник,-За три месеци ниту евространски инвес-тиции, тогаш состојбата во земјаванавистина е загрижу-вачка. -Последните податоциза влез на инвестиции од странство се од Народнабанка. Тие се објавени лани во декември и сеоднесуваат на минатата година. Во НБМ велатдека најновите податоци за влезените инвестицииво земјава ќе ги имаат и објават нареднатанедела, а тие ќе бидат за јануари 2009 година,бидејќи официјално се објавува податокот по 75дена од влезот на инвестицијата.

Инаку, според НБМ, во минатата година воземјава влегле вкупно 598,5 милиони доларистрански директни инвестиции, при што најмногупари легнаа во банкарскиот сектор. Од нив, 322,8

милиони долари биле акционерски капитал иреинвестирана добивка од веќе постојни странскикомпании во земјава. Само во првите три месециод 2008 година, пак, имало 171,9 милиони доларидиректни инвестиции од странство.

Дневник пак анализира, - Како да пополнимедупка од 500 милиони евра. -Сега е најповолновреме да се задолжиме кај Меѓународниотмонетарен фонд, а најнепо-волно да земемекредити од комерцијални банки за да ги покриемедупките во буџетот и во платниот биланс, совету-ваат експертите.Кредитите на ММФ се двојнопоевтини од тие на комерцијалните банки, коибараат екстремно високи камати. Додека Владататврди дека не преговара за аранжман со ММФ,новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се напроцени на високи официјални извори,информира дека ни треба заем од половинамилијарда евра. Таа сума е приближно на онаашто Македонија ја изгуби од девизните резервипоради помалите приливи од инвестиции ипарични пратки од иселениците, но и за одбранана денарот. Сумата е многу поголема и од квотаташто досега можевме да ја користиме од Фондот.Определената квота за Македонија е 5,4 отсто,што е еднакво на околу 100 милиони евра. Сегакога вкупниот фонд на ММФ порасна, сезголемува и меѓународните кредитори.

-Ноќна средба кај Груевски за спас наекономијата, пренесувва Утрински весник. -Немавеќе дилема дека проблемите во одделни секторисе зовриени и итно им треба помош. Листата нанови мерки кои се’ уште се кројат во коморите сеочекува да бидат затворени наредната недела.Завчера на состанокот во Владата се разменилемислења за во наредните денови тие да сепреточат во конкретни мерки што би сепреземалеНа средбата во Владата, бизнисмените ибанкарите уште еднаш повикале дека итно требада се усогласат фискалната и монетарнатаполитика и да престане каматната трка меѓуВладата и Народна банка на Маке-донија.Банкарите побарале наместо да си конкурираатовие две клучни финансиски институции, даседнат на заедничка маса и да ги усогласат

политиките кои треба да значат позитивен импулсза приватниот сектор. Најгорливиот проблем забизнисот е отежнатиот пристап до свеж капитал.Тие побарале олабавување, како што велат, намоментно замрзнатата монетарна политика.

Денес ќе читате и дека Македонија е земја намалку богати и многу сиромашни . Најбогатите 20отсто од населението во државата поседуваат 42отсто од вкупниот расположлив приход, додеканајсиромашните 20 отсто имаат само 5 отсто одприходот... Ова го покажа вчера претст-авениотизвештај Граѓански засновани анализи науниверзитетот на Југоисточна Европа иПрограмата за раз-воја на Обединетите нации(УНДП), подготвен од истражу-вање во коеучествувале 3.000 испитаници од сите региони наземјава...Според извештајот, нискиот животенстандард е причина македонските граѓани да сечувствуваат најнесреќ-ни во регионот во однос наквалитетот на животот. Причини за несреќата налуѓето се и ниската социјална вклученост икохезија на одредени општествени групи.

Во фокусот на јавноста и веста за продажбатана Мермерниот комбинат од Прилеп. -Преку блок-трансакција на Македонската берза вчера бешепродаден Мермерниот комбинат - АД Прилеп, за1.172.860.065,99 денари, или 19 милиони евра.Мермерниот комбинат го купија холандскатафирма Стоун воркс холдинг и два инвестиционифонда...

Речиси сите денешни весници ја пренесуваатинформацијата дека ЈАТ влегува во МАТ. -Претставници на српски ЈАТ Ервајз и намакедонски MAT, вчера, во Белград потпишааспогодба за изнаоѓање најдобро деловно решениево врска со наплата на целокупниот долг со ситекамати кои ЈАТ ги побарува од македонскатанационална авиоком-панија... Co подигање напартнерството на двете компании на повисокониво, ЈАТ Ервајз уште еднаш ја потврдува својатаопределба да се развие во регионален лидер соподготвеност со свое поголемо присуство на овојпазар да даде и да ги унапреди услугите напатниците од Македонија се наведува восоопштението.

Page 22: БЕРЗНИК 0069 од 13.04.2009 г. на Македонски - MKIBN20090413-0069L

22 BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMIберзНИК broj 69 Data 13. 04. 2009

1. KRATOK PREGLED NA NASTANI

1. ВЛАДАТА ЌЕ ГО СТЕГА ДРЖАВНОТО ЌЕСЕ (*****)

2. ПРИХОДИТЕ ОД ДАНОЦИ И АКЦИЗИ ПОМАЛИ ЗА 9,5 ОТСТО (***)

4.04.2009 g. САБОТА

2. TOP VESTI - RELEVANTNOST PO BROJ NA OBJAVI

ДНЕВНИК

с.7 ВЛАДАТА ЌЕ ГО СТЕГА ДРЖАВНОТО ЌЕСЕ

с.7 „МАВРОВЦИ” ЌЕ ГО ЗАОСТРАТ ШТРАЈКОТ

с.8 ПОБАРАЛЕ ПЛАТИ, ДОБИЛЕ ОТКАЗ

с.9 ВРЕМЕ Е ЗА СОРАБОТКА НА ВЛАДИТЕ И СТОПАНСТВОТО

УТРИНСКИ ВЕСНИКс.2 РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ ДО СРЕДИНАТА НА МАЈ

с.7 ДРАМАТИЧЕН СКОК НА КАМАТИТЕ ОД ЕДЕН ДО ЧЕТИРИ ОТСТО

с.7 ШТРАЈКОТ ВО „МАВРОВО” ЌЕ СЕ РАДИКАЛИЗИРА

с.8 БАНКИ ВО СВЕТОТ ПРОПАЃААТ, КАЈ НАС СО ФАНТАСТИЧНИ ПРОФИТИ

ВЕЧЕР

с.6 ПРИХОДИТЕ ОД ДАНОЦИ И АКЦИЗИ ПОМАЛИ ЗА 9,5 ОТСТО

с.6 ВРАБОТЕНИТЕ ГИ БАРААТ ГАЗДИТЕ НА ПРЕГОВОРИ

с.7 ВО ИМБ ЌЕ ИНВЕСТИРАМЕ 30 МИЛИОНИ ЕВРА

ВРЕМЕ

с.6 ДАНОЦИТЕ ПОКУСИ ЗА 9,5 ПРОЦЕНТИ

с.6 НАРАЧКИТЕ ПРЕПОЛОВЕНИ

с.8 СЕ УШТЕ HE Е ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ

ВЕСТс.6 ВО БУЏЕТОТ НЕДОСТИГА 1,5 МИЛИЈАРДА ДЕНАРИ

с.7 ОТПУШТЕНИ 20 РАБОТНИЦИ ОТИ ТУЖЕЛЕ ЗА НЕИСПЛАТЕНИ ПЛАТИ

НОВА МАКЕДОНИЈА

с.7 ШТО СОДРЖИ МИЛИОНСКАТА ТУЖБА НА МОШЕ БАУМ ПРОТИВ РАМКОВСКИ?

с.8 НИКОЈ НЕ ЗНАЕ КОЈ ГО КУПИЛ МЕРМЕРНИОТ КОМБИНАТ ОД ПРИЛЕП

с.8 МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ ПОЛЕКА СЕ ОТВОРААТ ПРЕД ЈАВНОСТА

с.9 БУЏЕТОТ ВО МИНУС ОД 9,5 ОТСТО

ШПИЦ

с.10 ДА ПРЕСТАНЕ КАМАТНАТА ТРКА с.10 ПРИХОДИТЕ НА БУЏЕТОТ 9,5 ОТСТО ПОМАЛИ ОД ПЛАНИРАНОТО

с.11 МАВРОВЦИ ГИ ПОВИКУВААТ ГАЗДИТЕ НА РАЗГОВОР

Владата наскоро ќе го стегне ременот и ќе гинамали планираните трошоци од државниотбуџет, за што побезболно да ја пребродиекономската криза, информираат сите денешнивесници. Според изјавите на вицепремиеротЗоран Ставрески, ребаланс на буџетот ќе сенаправи до средина на мај и со него ќе се крататмногу ставки, но ќе нема намалување на платите,пензиите и на парите предвидени за социјалнитрансфери. Ова се прави со цел да не се дозволибуџетскиот дефицит да биде поголем одпроектираните 2,8 отсто од БДП. Дека пак, едоведен во прашање опстанокот на буџетотпокажуваат приливите на средства во него,регистрирани од страна на УЈП. Имено, во првитетри месеци од 2009 година, во државната каса сеслеале 9,5 отсто помалку даночни приливи одпроекциите. Се работи за помали приходи за 26милиони евра. Намалувања во наплатата наданоци е забележливо во сите ставки, но најголемпад на приходите бележи наплатата на ДДВ од11,38 отсто каде што од проектираните 9,2милијарди денари, прибрани се само 8,1милијарди денари. Помал пад на наплата езабележан кај персоналниот данок на доход кадешто наместо планираните 2 милијарди и 251милиони денари, има собрано само 2 милијардиденари, што значи намалување од 9 отсто.Според УЈП, во споредба со истиот период одминатата година, средствата прибрани од даноции акцизи се пониски за 10 отсто. Владиниот врв сеуште не открива на што државата ќе штеди,односно дали тоа значи дека ќе се одложиизградбата на нови цркви, споменици, музеи,административни згради и слични проекти штобеа најавени пред почетокот на изборнатакампања, коментира Дневник.

Топ вест во денешните весници се и големитемилионски профити што ги остваријамакедонските банки во минатата година. Имено,Комерцијална банка објави бруто-добивка одрекордни 25,2 милиона евра за 2008 година,Стопанска банка објави добивка предоданочување од 24,3 милиони евра, а Тутунска

банка неодамна соопшти дека добивката заминатата година ќе изнесува околу 11 милиониевра. Се должат ли тие на нивното максималноефикасно работење или, пак, на високите каматии на нивната монополизирана позиција нафинансискиот пазар, прашува Утрински весник. Како последица на заострувањето на монетарнатаполитика во државава, а по завршувањето наизборите, банките драматично ги зголемијакаматите. Стопанска банка прва повлече нога иобјави раст на каматите за кредитите идепозитите за рекордни од 1 до 4 процентнипоени, а поскапени се сите заеми со денарскаклаузула. Куртулија само оние кредити кои севрзани со девизи. Во овој бран поскапувања сеопфатени речиси сите кредитни линии на банкатаод тековни сметки, картички виза, па се достанбените и потрошувачките кредити. Најголемскок на каматите за дури 4 процентни поени имакај потрошувачките кредити обезбедени сохипотека. Таму каматата од 10,5 отсто езголемена на 14,5 проценти. Co највисоки каматии натаму се потрошувачките заеми безобезбедување, па новите камати за нивизнесуваат 16,75 отсто. Толкава камата од вчерасе пресметува на потрошувачките кредити до300.000 денари, без обезбедување, како и наоние заеми за пензионерите, за над 61.000денари.

-Ако компаниите немаат на располагањекредити, многу од нив ќе се најдат во тешкотии, ќеги запрат инвестициите и ќе отпуштаат вработени.Најважната задача за да се надмине кризата едефинитивното решение за проблемите вофинансискиот сектор. Дури кога ќе има доволнокредити, реалната економија ќе може да растеповторно. Особено важно за справување сокризата е добрата соработка помеѓу економијатаи владите, при што улогата на државите имеѓународните организации е поголема отколкуво времето пред појавувањето на кризата – велиГинтер Офнер, претседател на Европската бизнисасоцијација и директор на ЕВН, во интервјуто заДневник. Тој прогнозира дека подолг период ќе

бидат одлагани странските инвестиции ипредупредува дека единствени победници одкризата ќе бидат оние земји што ги преземаатвистинските мерки.

Македонските акционерски друштва не можатда се пофалат со преголема транспарентност вообјавувањето на извештаите за финансискатасостојба на компанијата, информира НоваМакедонија, презентирајќи ги резултатите одистражувањето што Меѓународната финансискакорпорација, ИФЦ, ги спроведе во 73 компании,кои се согласија да учествуваат во анкетата затоа колку тие ги исполнуваат законските обврскиза информирање на малцинските акционери.Најмногу чувана тајна од очите на јавноста сезабелешките на финансиските извештаи, списокотна поврзаните лица (фирми), надоместоците зачленовите на управниот и надзорниот одбор,надоместоците на менаџментот поединечно иколективно, како и идентитетот на акционеритешто поседуваат контролен пакет акции. Што се однесува до транспарентноста, никој незнае, дури ни сегашното раководство наМермерниот комбинат, кој ги купил акциите воблок трансакција завчера на Македонската берзаза 19,2 милиони евра. Акциите се купени од Грчкиинвестициски фонд, но не се знае по чиј налог. Одактуелното раководство, велат дека немалеинформации кој купил 88,4 отсто од капиталот наКомбинатот, пренесува Нова Македонија.Вработените очекуваат побрзо да добијатинформации и да знаат кој ќе биде новиот газда,како и тоа кој ќе раководи со фирмата, односнодали ќе има промени на досегашниот менаџерскитим.

Вработените во АДГ Маврово ќе горадикализираат штрајкот ако до понеделникнивниот доминантен сопственик Ингра одХрватска не каже кои македонски јавнипретпријатија им должат и за колкава сумастанува збор. Притоа, како што информираштрајкувачкиот одбор, вработените остануваат набарањата, да се прекине стечајната постапка и даим се исплатат платите и придонесите.

Page 23: БЕРЗНИК 0069 од 13.04.2009 г. на Македонски - MKIBN20090413-0069L

BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI 23Data 13.04.2009 broj 69 берзНИК

ГЛОБУС

с.20 КРЕДИТНА ВИЈАГРА ЗА КЛЕКНАТ ПАЦИЕНТ

Некои гласови говорат дека би побарале од ММФ еднамилијарда -евра, а Ден Дончев е „поскромен” и вели дека намаса е понуда за 300 милиони

Крајот на изборите владината каса го дочекува во грогиранасостојба. Кусоците за тековното трошење се полнат со заеми воформа на државни записи. Дефицитот на тековната сметка залани достигна рекордни 850 милиони евра, а стабилноста накурсот на денарот се одржува со добро загризување во де-визните резерви таа политика на одбрана на пари-тетот коневрото последните три месеци ни однесе 200 милиони евра, адевизните резерви се смалени и за други потреби за цели 400милиони евра.

с.21ПРЕФРЛАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ ВРЗ НАРОДОТКако по некаков синхроницитет, токму кога вицепремиерот

говореше за фабриката и ОДСМ како извори на гласови забожемни контакти со ММФ, од оваа институција кај нас излезекритиката дека властите не ги користат внатрешнитезадолжувања на вообичаен начин. Имено, индиректно секритикуваше постапката министерот за финансии, Славевски,да посегнува по аукции на секои две недели на државнизаписи, чија вредност досега изнесува 45,4 милиони евра. Овиехартии од вредност се понудија на два пати еднаш со каматнастапка од 8,9, а вториот пат со камата од 8,25 проценти.

ФОКУСс.22 КАКО ЌЕ ПРАВИТЕ РУЧЕК, АКО НЕ ЗНАЕТЕ

КОЛКУМИНА ЌЕ СЕДНАТ КРАЈ ТРПЕЗАТА!?Се доцни со објавување на податоците за Бруто домашниот

производ и индустриското производство. Нема податоци забројот на иселените од државава. Нема податоци ниту заизносот на странските инвес-тиции во првите месеци одгодинава... А, сепак, се изнаслушавме разни резултати одпредизборните анкети, дијаметрално спротивни една на друга,во зависност од нарачателот. Затоа со право, поговорката декапостојат лаги, големи лаги и статистика, се повеќе добива напрактично значење во државава. Изостанува самообјаснувањето, дали фантомите од избирачките списоци иподатоците што воопшто се пласираат во јавноста,претставуваат логичен резултат на тоа што политиката се мешаво статистиката, или, пак, сите сме доброволни жртви настаистичка грешка?

КАПИТАЛс.24 ВЛАДАТА ЌЕ МОРА ДА БАРА ПОМОШ ОД ММФ!

Економските индикатори се сериозно влошени заради штоВладата, без разлика дали тоа го кажува јавно или не, ќе бидепринудена итно да најде пари за да ги реализира ветенитепроекти и да ја сочува макроекономската стабилност. Еднатаопција е да се задолжи со аранжман кај ММФ. Втората опција,како што веќе најави министерот за финансии Трајко Славеские земјата да се задолжи кај странски банки, за што повторно ќебиде потребен макар и стендбај аранжман со ММФ, какогаранција дека земјата води политики кои не го загрозуваатвраќањето на земените кредити.

с.38 КОМПАНИИТЕ ИЗГУБИЈА ДBE ТРЕТИНИ ОД ВРЕДНОСТАЗа само една година котираните компании на Македонска

берза изгубија 59,8% од вредноста. Ова е резултат надрастичниот пад на цените на нивните акции. На берзатапрактично нема купувачи повеќе од една година, а глобалнатаекономско криза уште повеќе ги доведе пазарите на капитал воочајна состојба. Дали цените уште ќе одат надолу? Берзанскитеаналитичари очекуваат цените на акциите да се спуштат

најмногу за уште 20% во рамките на цикличниот период нанаизменичен пад и раст, додека трендот не тргне нагоре.

с.46 НУДИМЕ ЕФИКАСНИ РЕШЕНИЈА ЗА ЛИКВИДНОСТА ВОВРЕМЕ НА КРИЗА!

Стојче Тасков - Регионален директор на ЕОС Матрикс заМакедонија, Србија, БИХ и Хрватска

Уникатната карактеристика нa факторингот и откупот надолгови е тоа што co овие услуги нe само што моментално серешава ликвидноста нa некоја компанија, туку истовремено сенеутрализира и ризикот од ненаплатливост на побарувањето,што нe е можно co ниту еден друг финансиски инструмент,потенцира Тасков. според нeго, македонските менаџери засеганајмногу ја бараат услугата-наплата на побарувањата

с.56 НАШ ФОКУС ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ЛОКАЛНИТЕ БРЕНДОВИ

Алекс Херд - Регионален менаџер нa Ogilvy & Mather заЦентрална и Источна Европа

Алекс Херд има богато меѓународно искуство кога станувазбор за работата во големи адвертајзинг агенции. Пред да станеодговорен за централно-источноевропските пазари вогрупацијата Ogilvy & Mather, Херд работел на развивање наканцелариите на Ogilvy во Прага, каде што под негово водствокомпанијата станала водечка адвертајзинг агенција во Чешка, aво периодот од 1994 до 1997 година, го градел бизнисот наSaatchi & Saatchi, уште една глобална рекламна агенција, воШангај, Кина. За истата агенција, претходно бил одговоренклиентот Procter & Gamble, за подрачјето на Централна иИсточна Европа.

ФОРУМс.33 КРИЗАТА СТЕГА ВО СВЕТОТ, РАСТАТ ДОБИВКИТЕ НАНАШИТЕ ФИРМИ

Комерцијална банка во 2008 г. оствари рекордна историскадобивка, a од 35 компании котирани на Офиџијалниот пазардури 27 оствариле добивка која кумулативно изнесува повеќеод 72 милиони евра. Оа тие 27 компании, дури 14 оствариледобивка од еден милион евра или поголема од тоа. Co загубаработеле 8 компании, од кои 3 во кои одлучува државата. Далиима криза?

Дури 27 македонски компании , чии акции котираат наМакедонската берза, ја завршиле 2008 г. со до-бивка.

с.36 ЛОВ НА ДИВИДЕНДИМакедонска берза - минатата неделаАналитинарите сметаат geка натамошниот развоја на

настаните во неделите што следат ќе зависи најмногу одрезултатите од работењето на компаниите за првиот квартал одоваа година, а кои ќе почнат да се објавуваат веќе оваанедела. Добрите резултати ќе придонесат за стабилизирање напазарот

Последните два дена од март и почетокот на април, односнонеделата што измина, на Македонската берза помина навистинабурно.

с.37 ЗА ЕКСПАНЗИЈАТА И КОНТРАКЦИЈАТА

Светски берзи - минатата недела

Најголема задача на сите нас по оваа криза е прекуследењето на американските економски и монетарнииндикатори, навреме да се воочуваат првите знаци намонетарна контракција и пад на економијата, и навреме да сезаштити заработеното

Како што веќе неколкупати пишувавме, веројатно целиот светво моментов навива планот на Обама и неговите соработници дабиде успешен. Станува и повеќе од очигледно дека не е можноизлегување од големата криза пред тоа да го направат САД.

1. KRATOK PREGLED NA NASTANI VO NEDELNICITE

OD 6.04 DO 13.04.2009 g. PONEDELNIK-SABOTA

Page 24: БЕРЗНИК 0069 од 13.04.2009 г. на Македонски - MKIBN20090413-0069L

24 BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMIберзНИК broj 55 Data 29.12.2008

НЕДЕЛАТА ЈА ОДБЕЛЕЖАА...

Повторно осцилации на домашниот пазар на

капитал. Индексот на десетте најликвидни

компании ја започна неделата со благ пораст, за

во средата да се спушти за 1,88% во црвената

зона. Главни виновници за ваквата состојба беа

акциите на Комерцијална банка кои паднаа за

4,88%, како и акциите на Бетон со пад од 3,07%.

Во четвртокот повторно беше забележан мал

раст, а ја затвори неделата со пад од 1.24%,

односно 1.890,54 индексни поени. Индексот на

јавно поседуваните друштва, генерално имаше

позитивен тренд, а заврши со раст од 3,17% .

Спротивно од него, индексот на обврзниците

бележеше пад во текот на целата недела.

Вкупниот неделен промет на Македонската

берза достигна вредност од 1.257.785.115,29

денари. Поголемиот дел од него, во износ од

1.197.490.208,99 денари се реализира на

Редовниот пазар, а остатокот од 60.294.906,30

денари беше реализиран на Официјалниот

пазар. Ако се исклучат блок трансакциите,

првата позиција во однос на остварен промет

минатата недела и припадна на акцијата на

Македонски Телеком, која направи промет од

неполни 14 милиони денари. Имено, откако

друштвото објави дека има обезбедено шест

милијарди денари наменети за исплата на

дивиденда на нејзините акционери, акциите на

Македонски Телеком станаа најатрактивни за

акционерите изминатава седмица. Со неделен

промет од осум милиони денари заврши и

Реплек Скопје, чија цена се движеше во

интервал помеѓу 45.600 и 48.000 денари по

акција.

На неделно ниво најголем раст доживеа

акцијата на Европа Скопје со пораст од дури

35,50 проценти. Најниската цена за оваа акција

во последниов период изнесуваше 3.690

денари, но последната цена по која се тргуваа

во средата изнесуваше 5.000 денари.

Местото на најголем губитник неделава и

припадна на акцијата на Трансбалкан Гевгелија,

чија цена се спушти на 310 денари по акција при

тргувањето во четвртокот, што претставуваше

пад од 27,91 процент кај оваа акција.

Во четвртокот за прв пат почна тргувањето со

обврзниците од осмата емисија од

денационализација. Вкупниот износ на емисијата

е 23.000.000,00 евра. Датумот на достасување на

обврзницата е 01.06.2019 година, каматната

стапка е 2% годишно, исплатата ќе биде еднаш во

годината, на секој 01.06, почнувајќи од 01.06.2010

година. Во првите два дена од тргувањето, со нив

се направи промет од 9 милиони денари, а

нивната цена се движеше помеѓу 79,00 и 80,00

проценти од номиналната вредност.

Иако европските индекси неделава ја започнаа

во црвената зона, кон крајот на неделава дојде до

нивна стабилизација, па така неделата ја завршија

во зелената зона. И тоа лондонскиот ФТСЕ во

позитива од 1,48 проценти, германскиот ДАКС

порасна за 3,06 проценти, а францускиот ЦАЦ 40

забележа пораст од 1.82 проценти. Во зелено

светкаа и индексите на американските берзи.

Акцијата на Европа во подемНа неделно ниво најголем раст

доживеа акцијата на Европа

Скопје со пораст од дури 35,50

проценти. Местото на најголем

губитник неделава и припадна

на акцијата на Трансбалкан

Гевгелија, чија цена се спушти

на 310 денари по акција при

тргувањето во четвртокот, што

претставуваше пад од 27,91

процент кај оваа акција

З а преку 19,2 милиона евра на Македонската

берза во блок трансакција е продаден 88,4

отсто од капиталот на прилепскиот ФХЛ

Мермерен комбинат. На редовниот пазар на

берзата се истргувани преку 4 милиони и 143

илјади акции по цена од 283 денари.Засега

никој официјално не соопштува кој ги купи

акциите што досега ги имаше грчкиот

бизнисмен Илијас Киријакидис, иако

недвосмислено е дека станува збор за

Инвестицискиот фонд на Грчката национална

банка со седиште во Лондон, за кој се

најавуваше дека ќе биде нов сопственик.

Раководниот тим на комбинатот не е достапен,

а дека продажбата поминала потврдуваат

официјалните податоци на интернет

страницата на Македонската берза.

Инаку, грчкиот бизнисмен Киријакидис пред

осум години купи 98,5 отсто од Мермерниот

комбинат за тогашни 22 милиона германски

марки. Пред четири години тој својот удел го

сведе на 88,5 отсто, продавајќи и 10 проценти

од капиталот на Пиреус банка.ФХЛ Мермерен

комбинат спаѓа во редот на најуспешните

македонски компании, со годишна

експлоатација од рудникот Сивец од околу

20.000 метри кубни мермер, од кои 40 отсто се

преработуваат во мермерни плочки. Најголем

дел од ова производство е наменето за

странските пазари, при што доминантен е

кинескиот, но тука се и традиционалните

пазари во Италија, Шпанија и земјите на

Блискиот исток. Бидејќи мермерот не е

берзански производ, во компанијата не

очекуваат да бидат зафатени од глобалната

криза.

На 06.04.2009 година Одборот на директорина Македонската Берза донесе одлука закотација на Осмата емисија на обврзници заденационализација на Официјалниот пазар наМакедонската берза почнувајќи од 09.04.2009година.Осмата емисија на обврзници заденационализација е издадена од РепубликаМакедонија и е во дематеријализиранаформа, гласи на име и е неограниченопренослива. Вкупниот износ на емисијата е23.000.000 евра, номинална вредност на еднаобврзница е 1 евро. Датумот на издавање наобврзницата е 06.04.2009 година а датумот надостасување на обврзницата е 01.06.2019

година.Каматна стапка на купонот изнесува 2%годишно и се пресметува на остатокот нарасположивата главнина за отплата. Камататана првиот купон се пресметува од 06.04.2009година. Каматата се исплатува еднашгодишно, на секој 01.06. започнувајќи од01.06.2010 година. Главнината се отплатува во10 еднакви годишни рати, на секој 01.06.започнувајќи од 01.06.2010 година.На Официјалниот пазар на Македонскатаберза Осмата емисија на обврзници заденационализација ќе се тргува под шифра затргување РМДЕН08 а ИСИН бројот наемисијата е MKMINF200D84.

ФХЛ МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ ПРИЛЕП

Блок трансакција вредна 19,2 милиони евра

Топлификација сака да и ја вратилиценцата за дистрибуција на топлинскаенергија на Регулаторната комисија заенергетика и од оваа причина минатиотмесец доставила барање за одземање надозволата. Топлификација, инаку, е монополво бизнисот со парно греење и вршипроизводство, дистрибуција и снабдување.Од компанијата барањето го објаснуваат созголемувањето на цените на енергенсите,заострувањето на еколошките норми припроизводство на енергија и релативнонискиот стандард на населението коинајмногу го погодуваат енергетскиот сектор.Затоа од таму сметаат дека поделбата ќерезултира со целосна демонополизација напазарот. Со овие промени ќе се реализирамерењето на потрошувачката на топлинскаенергија на ниво на стан, со што ќе сеовозможи секој корисник да ја регулираколичината на топлина која ќе ја добие, асоодветно на тоа и да штеди.

Инаку, лани Топлификација поднесебарање да престане да важи и лиценцатаза снабдување со топлинска енергија. ОдРегулаторната комисија за енергетика велатдека токму најголемиот проблем е којакомпанија ќе го врши снабдувањето оти воиднина таа ќе ги има најголемите обврскикон граѓаните. Засега велат дека ќе гиразгледуваат барањата на Топлификацијадали да ги одземат лиценците заснабдување и дистрибуција и дали ќераспишат нов тендер.

Котација на Осмата емисија на обврзнициза денационализација

ТОПЛИФИКАЦИЈА А.Д. СКОПЈЕ

Барање задемонополизација

на пазарот

Page 25: БЕРЗНИК 0069 од 13.04.2009 г. на Македонски - MKIBN20090413-0069L

BERZANSKI PREGLEDNIK NA NASTANI VO PE^ATENI MEDIUMI 25Data 13. 04. 2009 broj 69 берзНИК

N E D E L E N P R E G L E D N A M A K E D O N S K A B E R Z Aza period od 6.04. - 10.04. 2009 godina

PREGLED ZA NAJTRGUVANI AKCII NA OFICIJALEN PAZAR

VKUPEN PROMET NA MAKEDONSKATABERZA AD SKOPJE U^ESTVO NA ODDELNI PAZARNI

SEGMENTI VO VKUPNIOT PROMET

10 NAJTRGUVANI HARTII OD VREDNOST NA OFICIJALEN PAZAR

Page 26: БЕРЗНИК 0069 од 13.04.2009 г. на Македонски - MKIBN20090413-0069L

26 OFICIJALEN PAZAR ZA PERIOD OD 6.04. D0 10.04. 2009берзНИК broj 69 Data 13. 04. 2009

Page 27: БЕРЗНИК 0069 од 13.04.2009 г. на Македонски - MKIBN20090413-0069L
Page 28: БЕРЗНИК 0069 од 13.04.2009 г. на Македонски - MKIBN20090413-0069L