36

„Револуција“ онлајн магазин број 105

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Неделен магазин за политика, економија и култура

Citation preview

Page 1: „Револуција“ онлајн магазин број 105
Page 2: „Револуција“ онлајн магазин број 105

REVOLUCIJAMAGAZINBR.105

MAGAZIN REVOLUCIJA22 dekemvri 2012

2

Page 3: „Револуција“ онлајн магазин број 105

REVOLUCIJA MAGAZINBR.105

MAGAZIN REVOLUCIJA

3

22 dekemvri 2012

ИМПРЕСУМ

OСНОВАЧ:М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

АСИСТЕНТ НА ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР Славе Ангелов, e-mail: [email protected]

СОРАБОТНИЦИ-АНАЛИТИЧАРИ:Наташа Димеска, Елена Павловска, Кристина Димовска, Емилија Петреска, Соња Ничевска, Анета

НАДВОРЕШЕН СОРАБОТНИК:Д-р. Себастијан Рајнфелдт, Виена, Австрија

ДИЗАЈН:Славе Ангелов, e-mail: [email protected]

МАРКЕТИНГ:М-р Митко Јованов Е- mail: [email protected]

моб.: +389 (0) 76 52 93 89

Iseleni~kata recesija pravi zagubi vo milijardi evra

Dr`ava na koja i begaat gra|anite

Intervju so Sa{i Mangarov (26), iselenik vo Kanada

Pe~albarstvoto se transformira vo semejno iseluvawe

Iseleni~kata golgota na makedoncite prodol`uva

Potresna prikazna na edno od 25.000-te deca-begalci od Egejska Makedonija

Intervju so Xejms Balog za filmot „Chasing Ice“

„Markoviot manastir“ na Bla`e Koneski - vizija za melanholi~en svet

105MAGAZIN

REVOLUCIJA

5

8

12

17

19

23

28

31

Page 4: „Револуција“ онлајн магазин број 105

REVOLUCIJAMAGAZINBR.105

MAGAZIN REVOLUCIJA22 dekemvri 2012

4

„Револуција“ - онлине магазин за политика, економија и култура ISSN 1857- 7458

АДРЕСА:Востаничка 67б-7

1000, Скопје Република Македонија

[email protected]://mkrevolucija.com/

00 389 76 52 93 8900 389 75 63 44 94

ИЗДАВАЧ:МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА

Непрофитна организација за демократија и креирање јавно мислење Жиро сметка: 210066747120154

Даночен број: 4058011508300 Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

Тазманиски Ѓавол - Даниел Муњоз

Page 5: „Револуција“ онлајн магазин број 105

REVOLUCIJA MAGAZINBR.105

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

5

Iseleni~kata recesija pravi zagubi vo milijardi evra

Едно неодамнешно истражување на Барометар,

покажа дека 50% од средношколците не се гледаат себеси за 10 години во

Македонија.

Луѓето отсекогаш се селеле од едно место на друго, барајќи подобра иднина. Но, во Македонија ситуацијата станува алармантна, повеќе не ме зачудуваат сè позачестените изјави, како на мојата соговорничка-26-годишна девојка, која изјави:

„Завршив машински факултет и веќе три години барам работа, но неупешно. Секаде бараат ми бараат да имам искуство. Моментално работам како келнерка во кафе-бар, колку да можам да преживеам. Тетка ми од Канада ми испрати документи за иселеничка виза и ми ја одобрија. Таму ќе се запишам на пост-дипломски студии, за да се доквалификувам, не планирам да се вратам.”

Македонија веќе две децении е заглавена во постојана транзиција, граѓаните живеат во најсиромашна држава во Европа. Граѓаните немаат доверба во државните раководства дека може состојбата да се поправи, дополнително тие се соочуваат со политичка дискриминација-вработување со партиска книшка.

Сето ова резултира со создавање на послушни, наместо прогресивни и способни кадри и неможност да се развијат потенцијалите на многумина поединци. Токму овие состојби предизвикуваат незадоволство кај граѓаните и тие размислуваат да „бараат чаре” на друго место.

Штанцањето дипломи ја зголеми невработеност

Како што истакнува Верица Јаневска од Економскиот институт за Телевизија Телма: „Во последната деценија бројот на невработени со универзитетско образование забележа голем раст. Тој во периодот 1999-2010 година се зголеми за три пати, а стапката на невработени од 14 % се зголеми на 22 %.

Овие промени се особено нагласени во последните години, со приливот на новите генерации на дипломирани

студенти. Тоа го потврдува и растечкото учество на младите под 29 години во вкупниот број на невработени со универзитетско образование, кое во 2010 година изнесува повеќе од 60 %”.

Page 6: „Револуција“ онлајн магазин број 105

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

6 BR.105

Малолетни а сакаат да заминат од Татковината

Едно неодамнешно истражување на Барометар, покажа дека 50% од средношколците не се гледаат себеси за 10 години во Македонија. Тоа значи дека секој втор средношколец сака да си замине од земјата, што претставува загрижувачки податок.

Во изјавата на психологот Станислав Петковски за Алфа Телевизија, тој вели:

„Фрустрациите со кои се соочуваат младите не се без основа и затоа не е потребно само знаење, туку во образовниот процес треба да се воведе и вистинско менторство. Младите да се насочуваат да ги развиваат своите вештини, за да го подобрат квалитетот на својот живот и да веруваат во успех”.

Кои кадри ја напуштаат земјата?

Истражувањето на Економскиот институт во Скопје покажа дека најголем дел од младите заминуваат на магистерски или докторски студии во странство и не се враќаат. Најпосакувана дестинација е САД, а најголем дел од нив се од техничко – технолошките науки и медицината. Како главна причина за нивното напуштање на земјата ја наведуваат неможноста да најдат соодветно вработување.

Ниедна институција нема точна бројка колку стручни кадри емигрирале или биле преземени од странски компании, но претпоставките се дека станува збор за десетици илјади високообрзовани кадри во последниве 20 години.

Загуби во милијарди евра

Според изјавата на универзитетскиот професорот Димитар Ефтимоски за Алфа Телевизија: „Ако се земе стапката на невработеност од 32 % и вредноста на БДП, излегува дека годишно од неискористен човечки потенцијал земјава губи 1,9 милијарда евра. Од таа сума, преку одливот на мозоци, што е дефиниција за заминување на високообразовен кадар, милиони се одлеваат во странство.“

„Ако се знае точната бројка на човечки потенцијал што заминува од земјата и со 1,9 милијарда евра кои стојат како неискористен потенцијал, може да се пресмета колку пари чини одливот на мозоци, според просечните плати за одредени категории образование“, вели Димитар Ефтимоски.

Page 7: „Револуција“ онлајн магазин број 105

REVOLUCIJA MAGAZINBR.105

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

7

Како да се спречи?

Економската ситуација во земјава е неразвиена-со тоа ништо ново не сме кажале, тоа се должи во голем дел на фактот што Македонија нема јасно формулирана економска стратегија. На тоа придонесува и податокот што постојано опаѓа бројот на инженери, доктори, научници и специјалисти, а истовремено се зголемува нивната побарувачка на пазарот на трудот во земјава.

Наскоро ни се заканува и опасност да останеме без стручни и способни кадри и ќе се соочиме со потребата од увоз на квалификуван кадар од странство. Затоа не смееме да дозволиме да заминат најдобрите. Можеби треба да се следи примерот на дел од компаниите од информатичката индустрија, кои вработуваат директно од факултетите и кои се свесни за профилот на вработени кои им се потребни.

Овие компании соработуваат директно со универзитетот и бараат специфични наставни програми, за да студентите го имаат соодветното знаење и да можат директно да бидат вработени по дипломирањето.

Министерството за образование и наука, пак, заедно со УСАИД, започна изработка на национална стратегија, со која на систематски начин и со конкретни мерки ќе се пристапи кон решавање на проблемот со емиграцијата на високообразовниот и стручен кадар. Стратегијата треба да биде финализирана на почетокот на 2013 година.

Потребни се и поголеми инвестиции,

јакнење на универзитетите и образованието, повеќе стипендии за одличните студенти, но и целокупно подобрување на општите услови за живот, така што талентираната младина да има доволно причини да остане во земјата.

Исто така, потребно е поголемо внимание кон професионалната ориентација на средношколците, да се пронајдат нивните способности и тенденции, и да им се укажат можностите за високо

образование и понатамошните шанси за кариера.

Но, пред сè од особена важност е соработката на компаниите и универзитетите, со која ќе се утврди точниот број на потребни кадри за одредени професии, за една генерација на студенти, со што ќе се избегне недостатокот на стручни кадри и уште поважно големиот број на високобразовани невработени.

Подготви: Соња Никчевска

Page 8: „Револуција“ онлајн магазин број 105

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

8 BR.105

Dr`ava na koja i begaat gra|anite

Дури 45% од младите Македонци својата иднина ја гледаат надвор од земјата, а токму овој сон прави нашата држава полека, но сигурно да станува земја на стари лица, со региони без детска смеа, без училишно ѕвонче, но и без радост и иднина.

Додека другите земји создаваат работни места за повеќе од 10 милиони млади луѓе, не можеме, а да не се запрашаме, како во нашата држава не може да се создадат еден милион работни места за достоинствен живот, за зачувување на нашата држава?

Желбата да заминат ги сплоти Македонците, Албанците, Ромите, Турците...

Државниот завод за статистика одамна го призна поразот во битката наречена континуирано иселување од државата, но никој од надлежните институции сé уште не нашол соодветен начин за запирање на овој тренд. Токму печалбата е онаа која ги сплоти Македонците, Албанците, Ромите, Турците во нашата држава во една мисла – што поскоро да се замине.

Застрашувачка е бројката на 230.000 иселени лица од нашата држава во изминатите 15 години, тоа е повеќе од 10% од вкупниот број на жители на нашата држава. Со ова ние сме на 23-то место во светот на држави на кои им бегаат граѓаните.

Ако во минатото се барало начин да се сопре миграцијата од село во град, сега не само селата што ни се празни туку и градовите полека остануваат само неми сведоци на животот кој некогаш се живеел тука. Цели региони како да се исфрлени од некој бран низ европските земји. Бранот на иселувања е карактеристичен и за Гостивар, Битола, Струга, Прилеп, Куманово и Струмица.

Вистински пример за тоа е Крушево, каде младите заминуваат во еден правец, тврдејќи дека немаат можност достоинствено да заработат ниту 10 денари во нивниот роден град. Според жителите на Крушево токму политиката и незаинтересираноста на политичарите, кои го посетуваат само кога има избори, го довело Крушево на работ на провалијата на заборавот.

Ниту Кичево не е одминато од овој иселенички бран. Дури 80% од високообразовните кадри од овој град заминале во странство.

Огромен е бројот на родители кои со насолзени очи чекаат да чујат барем глас од своите деца, кои веќе со години

Page 9: „Револуција“ онлајн магазин број 105

REVOLUCIJA MAGAZINBR.105

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

9

живеат далеку од нив во друга земја, а родителите низ солзи најчесто кажуваат дека така мора да биде, кога за децата нема среќа во нашата држава.

Бугарски пасош за подобра иднина

Сé поголемиот број на млади кои посакуваат државјанство на туѓа држава, нé доведува сигурно на работ на изумирање на нацијата, но

и им дава аргументи во ракавот на сите оние кои секој миг го негираат нашето постоење. Дури 49% од вкупно доделените државјанства минатата година во Бугарија биле за македонски државјани. Но, и Словенија не е помалку интересна и посакувана за живеење на печалбарскиот сон за цели семејства.

Со ова сигурно, се врши остварувањето на црните претпоставки на САД и Светска Банка дека до 2030 година во Македонија ќе има само 1 800 000 жители, во кои мнозинство ќе бидат токму сегашните малцинства.

Прваци во одлив на мозоци

Во последната деценија бројот на невработени високообразовни кадри нагло порасна, во периодот од 1990 до 2010 година, се зголемил за три пати, па зафатил дури 22% од вкупниот број на невработени лица во државата. Немањето на доволно слободни работни места, но и нереалната селекција при вработувањето, се отскочна даска која ги турка кон граничните премини нашите

дипломирани доктори, инженери...

Македонија на „престижното“ прво место во регионот според одлив на мозоци.

Оние кои ќе се вратат со својата европска диплома дома, многу бргу и горко се покајуваат за тоа, бидејќи и по 100 испратени биографии никој не се осмелува да ги вработи, бидејќи во нашата

сиромашна држава секој се плаши од квалитетот, знаењето,

способноста, па се труди да го минира на секој можен начин, за да нема конкуренција на својата неспособност и незнаење.

Во тесниот избор за земање на партиска книшка за вработување или земање на пасошот во рака за заминување од земјата, младите сé почесто се одлучуваат за пасошот, а како едни од омилените дестинации за покажување на своите квалитети им се САД и Германија.

Недостигот на кадри кои завршиле технолошко- металуршки факултет е познат факт, но не е познато дека од 1990

Page 10: „Револуција“ онлајн магазин број 105

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

10 BR.105

година повеќе од 20% од завршените кадри ја напуштиле државата и се познати и признати во својата работа токму во некоја од европските земји.

Фондациите од Европските земји постојано низ стипендии, натпревари и награди ги пронаоѓаат талентите во нашата земја и ги повлекуваат кај себе со нивните семејства, овозможувајќи им живот за каков не можеле да сонуваат во родниот крај.

Зошто нашето министерство за образование не ги препознава способните млади кадри? Зошто на нашите факултети не се даваат стипендии на оние кои можат да ñ се оддолжат на државата?

Напротив кај нас постојано се рекламираат стипендиите за едукација на некои странски престижни универзитети, отворајќи им ја вратата на младите за напуштање на државата.

Заминувањето на младите во нивниот најсилен период за создавање, напредок, креирање, 25 – 50 годишна возраст, ни штети долгорочно.

Не е мал ниту бројот на млади интелектуалци кои се задоволни и со работа како келнери во некоја од западноевропските држави, само за подобар живот. Исто така, голем е бројот на младите архитекти кои заминале во Авганистан, да работат на градилиштата, надевајќи се на подобро утре со заработката за која го жртвуваат својот живот.

Иако постојано се истакнува фактот дека Македонија е Швајцарија на Балканот, дека има вистинска експанзија на странски инвестиции, дека не постои никаква рецесија кај нас, токму економската состојба е главниот мотив поради кој младите заминуваат. Младите заминуваат без никакви размислување, во потрага по живеење на својот сон,

а се декларираат како храбри јунаци, кои не се покориле на сиромаштијата и немањето на доволен избор кој им е наметнат во татковината.

Но, не се иселуваат само младите како во минатото, кога мажите оделе на печалба. Сега се иселуваат цели семејства од три генерации, во потрага по подобар живот. Токму оваа семејна печалбарска треска ги пустоши Ростуше, Дебар и Виница. Во нив речиси и да не остана млад човек, а оние ретките кои може да се сретнат на улиците изјавуваат дека подготвуваат документи за заминување на „посета“ кај роднини или се дојдени само за да

Page 11: „Револуција“ онлајн магазин број 105

REVOLUCIJA MAGAZINBR.105

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

11

ги видат родителите на кратко.

Печалбарска љубов

Но, не се само високообразовните кадри оние кои заминуваат без збогум. Сé поголема е бројката на млади девојки кои своето подобро утре го гледаат во странство, со склопувањето на брак со некој жител на друга држава.

Токму овој бран на „печалбарски љубови“ во кои девојките за неколку месеци ја наоѓаат својата среќа во некоја од странските земји, ги остава нашите краеви без детски плач, без радост, а ги опустошува и училиштата.

Младите момци уверени дека новото време донело само материјална љубов, односно донело девојки, кои сакаат мажи кои може да им обезбедат материјални задоволства, заминуваат од нашата држава во потрага по брза заработка, а дел од нив остануваат сами тонејќи во депресијата која ја носи скршеното срце и немањето на надеж за утре.

Токму оваа „љубов“ полека ги затвара училиштата, занаетите, но и цели градови.

Печалбарите со „забрана“ за инвестирање

Владините стратегии ги повикуваат младите да бидат иновативни, да отворат свој бизнис, да ја реализираат тука својата замисла, но никој не ги повикува нашите иселеници да инвестираат во татковината.

Сепак, постојат мал број на такви кои своите тешко заработени средства сакаат да ги вложат во државата и да се

отворат иднина за себе, но и за другите. Но, брзо се покајуваат.

Иако постојано се тврди дека сме земја со најповолни можности за инвестирање, нашите печалбари кои се вратиле тука го тврдат сосема спротивното, односно тие тврдат дека откако започнале свој бизнис тука заглавиле во долгови и во судските ходници, преплашени барајќи начин да избегаат повторно од државата.

Дел од нив тврдат дека биле принудени да им плаќаат дури и на своите соседи за користење на просторот, за минување на камионите полни со стока, за легализација на земјиштето и за ситни работи кои полека им ја одземаат надежта дека може да развиваат некој бизнис во нашата држава.

Ниту државата не им е од полза на печалбарите, таа често ги става под истраги, им ја блокира сметката, не им ги рекламира бизнисите, односно им покажува дека не се толку потребни во оваа наша „хармонија на сиромаштија“.

За разлика од оваа слика, можностите за нашите луѓе во странските земји да отворат свој бизнис се многу поголеми, полесно напредуваат и секако создаваат капитал. Веројатно ние имаме „построги“ закони за инвестиции и претприемништво во споредба со САД, Германија, Италија, каде нашите можат да се пофалат со превознички компании, ресторани, конфекциски работилници, фабрики за козметика.

Автор: Наташа Димеска

Page 12: „Револуција“ онлајн магазин број 105

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

12 BR.105

Intervju so Sa{o Mangarov (26), iselenik vo Kanada

„Револуција”: Кои беа причините да си заминете во Канада?

Сашо: Прв пат дојдов во Канада на 17 години, во 2003-та. Дојдов со причина да посетам блиски роднини. Сега живеам во Канада скоро 8 години.

„Револуција“: Какви беа вашите први впечатоци за Канада и како се прилагодивте во новата средина?

Сашо: Ја напуштив Македонија релативно млад. Кога прв пат дојдов во Канада сé ми се чинеше како од вестерн филм. Структурата на зградите, возилата, мулти-етничкото опшество итн. Сето тоа ми остави убав впечаток.

Почетокот не беше најсјаен. Не познавав никого освен мојата блиска фамилија. Не го знаев добро и англискиот јазик. Тоа беше причина да тргнам во средно училиште.

Покрај напорното учење, таму стекнав и голем број пријателства и познанства, претежно Македонци или од просториите на поранешна Југославија. Со повеќето од тие луѓе сум сé уште близок.

Неколку денови по завршување на средното училиште, започнав со работа во градежништво, во фирма чиј сопственик е Македонец. За неинформираните, изреката: „Во Канада има две годишни времиња - зима и градежништво“, не е точна. Имаме и малку лето.

После неколку години поминати во градежништво, одлучив да се запишам на колеџ. Државата ми обезбеди поволен кредит и започнав двегодишна програма за детектив. Таму се пронајдов себеси.

На колеџ, исто така, запознав нови луѓе и ги проширив контактите. Англискиот јазик повеќе не ми беше пречка. Со огромна подршка од моите роднини, дипломирав за детектив. Веднаш после дипломирањето се вработив според струката.

„Револуција“: Колку сте задоволни од животот таму и која е разликата во твојот начин на живеење и оној на вашите врсници во Македонија?

„Револуција” успеа да стапи во контакт со Сашо Мангаров, македонски иселеник во Канада. Му поставивме неколку кратки прашања за неговиот живот таму, првите впечатоци и неговата адаптација во новата средина.

Page 13: „Револуција“ онлајн магазин број 105

REVOLUCIJA MAGAZINBR.105

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

13

Сашо: Со работата ми е овозможена независност. Се чуствувам корисен. Здрав, млад, амбициозен, способен да создавам, да оставам позади себе дела и да се движам напред.

Кога имав 19 години си го купив првиот автомобил, придонесував во домашните трошоци, бев на многу начини независен.

„Револуција“: Дали би се вратиле повторно да живеете во Македонија?

Сашо: Се родив и живеев во Македонија 17 години. Заљубен сум во мојата Татковина и луѓето во неа, но не би можел да се вратам и да започнам нов живот во таа средина.

Промените со селидбата ми донесоа нов стил на живот и прилично ми се допаѓа. Да би можел, би ги донел сите овде да го искусат животот на една економски стабилна земја, без политички уценувања за определби.

Всушност, ако сакате поубаво да се запознаете со начинот на живот во Канада, ви препорачувам да го прочитате стрипот „Тибам Штркот” од авторот Зоран Спасов - Ѕоф, каде што

на многу интересен начин ги пренесува своите впечатоци за овдешниот живот.

Интревјуто го водеше

Анета Димитријоска

Pe~albarstvoto se transformira vo semejno iseluvawe

Поради високата невработеност и сиромаштијата кај населението постои незадоволство и тие ја напуштаат државата. Својата иднина во странство ја гледаат особено младите и образовани луѓе. Иселувањето претставува еден од најголемите проблеми со кој денес се соочува Македонија.

Официјални и неофицијални бројки

Според информациите од Министерството за надворешни работи, македонската дијаспора во САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд, Русија и Европската Унија брои околу 900 000.

Голем број од иселениците се со потекло од Егејска Македонија и се заминати со грчко државјанство, па и покрај тоа што

Page 14: „Револуција“ онлајн магазин број 105

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

14 BR.105

се чувствуваат како етнички Македонци, тие сепак фигурираат како грчки државјани. Исто така, голем проблем се појавува со иселениците, кои имаат државно и сојузно државјанство, односно државјанство од СФРЈ и македонско. Во странство луѓето се сметаа како југословенски мигранти. Затоа бројката на македонски иселеници веројатно е многу поголема од официјалните податоци.

Во Италија постои огромен пораст на бројот на наши иселеници, затоа што во последните 18 години миграцијата на Македонците е најголема од сите земји во Европската Унија. Според властите во Италија, во оваа земја има околу 78 000 македонци, а според МНР бројката изнесува околу 100 000.

Во Австралија, има околу 250 000, додека според Австралиското биро за статистика, бројката е околу 85 000 граѓани. Во САД има околу 200 000 Македонци, а според американскиот попис од 2002 година бројот се движи околу 50 000. Според МНР, бројот на

нашинци во Канада изнесува околу 150 000, додека според канадската статистика таму живеат околу 37 000 мигранти.

Сите овие податоци, покажуваат на масoвното напуштање на нашата држава во потрага по подобар живот. Ова претставува еден од најголемите проблеми со кој денес се соочува Македонија. Поради високата невработеност и сиромаштијата кај населението постои незадоволство и тие ја напуштаат државата. Својата иднина во странство ја гледаат особено младите и образовани луѓе.

Се иселуваат со децата

Емиграцијата во Македонија особено има влијание врз опустошување на македонските села. Континуираното напуштање на селата досега било причина за целосно изумирање на дури 141 село, а пред целосно изумирање се уште 455. Бранот изумирања на селата во државава, што е тренд и во целиот регион, е предизвик за секоја влада, особено во услови на економска рецесија и на сé поголем притисок во градовите и недостиг од работа во индустријата.

Од земјоделските здруженија веќе подолго време апелираат дека македонските села изумираат, земјоделството сé уште ни е неконкурентно на пазарот, инфраструктурата во руралните средини е лоша и постојано се намалува бројот на активни земјоделци.

Од друга страна, сведоци сме дека борбата за зачувување на македонските села почна да се води последниве

Page 15: „Револуција“ онлајн магазин број 105

REVOLUCIJA MAGAZINBR.105

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

15

неколку години. Да се задржат жителите во селата, да се заштитат земјоделците, да се изгради инфраструктурата, која со децении не е обновена, а некаде никогаш и ја немало, се мерки што почнаа да се спроведуваат кај нас. И покрај тоа, засега е мал бројот на оние што размислуваат да се вратат онаму од каде што дошле.

Особено е алармантна состојбата во Источна Македонија. Алармантна е состојбата во Виница и околните села, каде што трендот на иселување на цели семејства наместо да запира, последниве години зема замав. Помал дел од младите, егзистенција бараат во градот, но поголемиот дел од нив ја напуштија државата и фамилијарно заминуваат во странство, најчесто во Италија.

Според истражувањата на „Утринси весник”, во Македонија се случува пострашна печалба од која и да е досега. За разлика од порано, кога во странство заминувале само мажите, денес тие со себе ги земаат и своите сопруги и деца. Се празнат цели региони.

Струмички дијалект во Пјаченца

Пред неколку години локалната телевизија на градот Тревизо соопштила дека само во нивната општина работат околу 12 илјади македонски граѓани. А нив ги има не само во Тревизо, туку во повеќе северноиталјански градови, во Венеција и нејзината околина, во Пјаченца која главно е собиралиште на земјоделци од струмичките села, во Асти и Канели каде што како лозари работат околу 3 илјади виничани.

Според „Утрински весник”, се

претпоставува дека во Пјаченца има околу 3.000 Македонци, од кои сигурно 2.500 се од Струмица и околните села. Насекаде, на улица, во продавница или кафеана се слуша струмичкиот дијалект. Луѓето кои со векови биле врзани за земјата станаа печалбари. Ги напуштиле нивите и заминале во Италија. Меѓутоа, познатите земјоделци не работат во земјоделската индустрија, иако овој дел на Италија важи за развиен земјоделски

крај. Се определија за градежништвото и станаа мајстори, а други се во металопреработувачката индустрија.

Во последниве години Македонците не можат легално да влезат во Италија, бидејќи италијанските власти сé повеќе ги заоструваат условите за виза. Затоа Македонците најчесто се служат со вадење на бугарски пасоши или со илегално преминување на границите, најчесто преку Хрватска и Словенија.

Кога ќе влезат во Италија, прашање е дали ќе најдат работа. Северниот дел од Италија е најпреплавен со иселеници од Македонија. Италијанската влада на секои неколку години донесува

Page 16: „Револуција“ онлајн магазин број 105

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

16 BR.105

нови закони за илегалната работна сила, и иако станува сé поригорозна, сепак Италија сé уште важи за една од најтолерантните земји од Европската Унија. Со новите закони од пред неколку години, секој кој ќе биде затекнат таму и ако исполнува оределени услови, може да добие работна виза.

Демографски, социјални и економски последици

Според извештајот „Општественото влијание на емиграцијата и рурално-урбаната миграција во Централна и Источна Европа“, порастот на стапките на емиграција и промените

во карактеристиките на мигрантите, посебно во последните две децении, имаа негативно влијание врз порастот на населението во земјата, неговата демографска и социо-економска структура.

Емиграцијата го забрза процесот на стареење на населението, бидејќи најголем дел од мигрантите се млади лица. Растечките стапки на невработеност, пак, покажаа дека емиграцијата сама по себе не може да го реши - ниту позначително да го ублажи - проблемот на невработеноста во земјата.

Учеството на жените во мигрантското население значително се зголеми, делумно под влијание на обединувањето на семејствата. „Одливот на мозоците“

меѓу образованите лица стана сериозен проблем, бидејќи учеството на мигрантите со терцијарно образование нагло се зголеми од 1990-та година и стапката на емиграција надмина 29%.

Подготви: Анета Димитријоска

Page 17: „Револуција“ онлајн магазин број 105

REVOLUCIJA MAGAZINBR.105

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

17

Iseleni~kata golgota na makedoncite prodol`uva

Пред повеќе од еден век, започна македонската иселеничка приказна. Голем број Македонци поради различни причини ја напуштија својата татковина, барајќи подобар живот и подобри можности за напредок. Причините и мотивите за ваквата одлука се многубројни, но воглавно се политички и економски нијансирани.

Денеска е многу е тешко, а можеби и невозможно да се дојде до прецизна бројка на Македонци што низ текот на историјата се иселени од матичната држава. Едни бројки се пласираат од одредени македонски институции, со други бројки калкулираат некои домашни невладини организации и аналитичари, а сосема поинакви се резултатите од пописите на населението во земјите каде што претежно има иселеници од Македонија, а на кои луѓето се произнесуваат како Македонци.

Едно нешто е јасно, со текот на годините оваа бројка стана огромна, а во денешните услови ни се закнува и драстично зголемување на истата.

Печалбарството - зачеток на иселувањето од Македонија

Традицијата на Македонците да одат на печалба, барајќи подобри можности за работа и егзистенција е многу стара, а најмногу доаѓа до израз во 18-от и 19-от век, додека Македонија била во рамките на Османлинската Империја. Во тој период, македонски печалбари најмногу има во Цариград, Анадолија, Египет, Романија, Бугарија, Србија и во земјите на Австро-унгарската империја.

Повеќето од овие печалбари биле занаетчии, кои своите семејства ги

оставале во селата, каде што се враќале од време на време, за да ги посетат, изградат куќи, да купат имоти. Тука не станува збор за иселување во буквална смисла, но факт е дека со тек на времето печалбарите се одлучуваат да останат во туѓата земја, а често со себе го повлекуваат и целото свое семејство.

Првите помасовни иселувања на Македонците од Македонија започнуваат во 19 век и тие, според сознанијата на француските претставници во Македонија и соседните балкански држави (според документите од тој период, превземени

Page 18: „Револуција“ онлајн магазин број 105

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

18 BR.105

од сајтот mk.wikibooks.org), се резултат на неподносливата економско-политичка и сигурносно-безбедносна положба под турскиот режим.

Свирепото задушување на Илинденското востание и уривањето на Крушевската Република од страна на надмоќната турска војска предизвика катастрофални последици за иднината на Македонија и македонскиот народ. Низ француската документација од тој период мошне прегледно се изнесени масовните опожарувања на населби, колежи и убиства на месното македонско население во цела Македонија. Турската војска крваво му се одмаздувала на населението за смелоста што ја поседувало да се крене на востание.

Првин Македонците се иселувале во соседните балкански земји, а потоа, особено по Илинденското востание, и во повеќе европски и прекуокеански земји „без надеж за враќање” - како што пишува во документите на француските извори. Според француската документација,

македонски колонии се воспоставени во Канада, САД, Австаралија, Аргентина, Унгарија и други земји.

Уште поаргументирани и мошне прецизни сознанија за иселувањето на Македонците се изнесуваат во француската архивска документација за градот Монастир (Битола) од 26-ти јули 1907 година. Таму се вели „...емиграцијата на Македонците во Северна и Јужна Америка во последниве години (по Илинденското востание до 1907 година) зема сé поголеми размери и претставува закана и вистинска опасност за овој регион, посебно во економски поглед..., според сигурни известувања, бројката на македонската емиграција до денес (1907 година ) изнесува 75.000 лица- од кои сега 300

се наоѓаат во Аргентина, 1000 во Тексас, 10.000 во Канада...“ Печалбарството - зачеток на иселувањето од Македонија

Традицијата на Македонците да одат на печалба, барајќи подобри можности за работа и егзистенција е многу стара, а најмногу доаѓа до израз во 18-от и 19-от век, додека Македонија била во рамките на Османлинската Империја. Во тој период, македонски печалбари најмногу има во Цариград, Анадолија, Египет,

Романија, Бугарија, Србија и во земјите на Австро-унгарската

империја.

Повеќето од овие печалбари биле занаетчии, кои своите семејства ги оставале во селата, каде што се враќале од време на време, за да ги посетат, изградат куќи, да купат имоти. Тука не станува збор за иселување во буквална

Page 19: „Револуција“ онлајн магазин број 105

REVOLUCIJA MAGAZINBR.105

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

19

смисла, но факт е дека со тек на времето печалбарите се одлучуваат да останат во туѓата земја, а често со себе го повлекуваат и целото свое семејство.

Првите помасовни иселувања на Македонците од Македонија започнуваат во 19 век и тие, според сознанијата на француските претставници во Македонија и соседните балкански држави (според документите од тој период, превземени од сајтот mk.wikibooks.org), се резултат на неподносливата економско-политичка и сигурносно-безбедносна положба под турскиот режим.

Свирепото задушување на Илинденското востание и уривањето на Крушевската Република од страна на надмоќната турска војска предизвика катастрофални последици за иднината на Македонија и македонскиот народ. Низ француската документација од тој период мошне прегледно се изнесени масовните опожарувања на населби, колежи и убиства на месното македонско население во цела Македонија. Турската војска крваво му се одмаздувала на населението за смелоста што ја поседувало да се крене на востание.

Првин Македонците се иселувале во соседните балкански земји, а потоа, особено по Илинденското востание, и во повеќе европски и прекуокеански земји

„без надеж за враќање” - како што пишува во документите на француските извори. Според француската документација, македонски колонии се воспоставени во Канада, САД, Австаралија, Аргентина, Унгарија и други земји.

Уште поаргументирани и мошне прецизни сознанија за иселувањето на Македонците се изнесуваат во француската архивска документација за градот Монастир (Битола) од 26-ти јули 1907 година. Таму се вели „...емиграцијата на Македонците во Северна и Јужна Америка во последниве години (по Илинденското востание до 1907 година) зема сé поголеми размери и претставува закана и вистинска опасност за овој регион, посебно во економски поглед..., според сигурни известувања, бројката на македонската емиграција до денес (1907 година ) изнесува 75.000 лица- од кои сега 300 се наоѓаат во Аргентина, 1000 во Тексас, 10.000 во Канада...“

Иселување за време на Балканските војни

Иселувањето на Македонците од својата земја добило засилени димензии во периодот по поделбите на Македонија во Балканските и Првата светска војна, што според сознанијата на француските претставници е резултат, пред сé, на

Page 20: „Револуција“ онлајн магазин број 105

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

20 BR.105

неподносливата политичко-економска, социјална и безбедносна положба на македонското население.

Меѓу причините за иселувањето од Македонија, низ француската документација се нагласува и спроведуваната колонизација во сите три дела од поделената Македонија, малтретирањето, притисоците, репресијата, што ги имале од страна на новите „господари“, кои првично се прогласиле за „ослободители на Македонија“.

Мошне сликовито и реално е изнесена економско-социјалната положба на македонското население во извештајот на францускиот конзул во Скопје, од 5 септември 1932 година, под наслов „Економската ситуација во Вардарската Бановина”, при што се нагласува дека економската состојба во Вардарска Бановина (денешна Македонија) е многу сериозна.

Покрај неподносливата економско-социјална положба во Макеоднија, според оценките на францускиот дипломатски претставник во Белград, Рајмон Бругер, изнесени во неговиот

извештај од 16 октомври 1939 година, под наслов „Реперкусиите од актуелната ситуација во Македонија” (испратен до Едуард Даладје – претседател на Советот на Министерството за надворешни работи на Франција), се нагласува дека „Македонците веднаш по војната (се мисли на Првата светска војна) беа објект на една политичка србизација“.

Позасилено емигрирање во прекуокеанските земји има по Балканските војни, а тоа особено е застапено во Егејска Македонија. И оваа појава има главно политички причини. Овој тип на емиграција се нарекува присилна, бидејќи тоа бил единствениот начин да се преживее. Само ако Maкедонците заминале далеку, тие ќе можеле да опстојат.

Кон крајот на Првата светска војната и особено по крајот на Грчко-турската војна и силниот прилив на грчка имиграција од Мала Азија во Егејска Македонија, емигрирањето повторно се јавува во засилена форма. Овој пат се појавува нов бран на емигрирање и тоа најмногу во Канада и Австралија.

Приливот на македонските иселеници во овие земји особено се зголемува по воведувањето на Метаксасовата диктатура од 4 август 1936 година, кога се зголемува и теророт врз Македонците дури до таа мера да грчките власти го забрануваат употребувањето на македонскиот јазик и во нивните домови.

Се зголемува и бројот на затворени и измачувани

Page 21: „Револуција“ онлајн магазин број 105

REVOLUCIJA MAGAZINBR.105

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

21

Македонци, особено поради нивните национални чуства. Овој процес на иселување на македонскиот народ од Егејска Македонија во прекуокеанските земји трае до Втората светска војна, практично до објавувањето на Грчко – италијанската војна, на 28 октомври 1940 година.

Важно е да се напомене дека од Македонија не се селат само Македонците. Напротив, овој феномен е изразен и кај Албанците и кај Турците и кај Ромите, кои живееле во Македонија. Најчестите дестинации на емигрирање се диференцираат за секоја етничка заедница посебно.

На Северноамериканскиот континент, во Австралија како и во Нов Зеланд, најчесто емигрираат Македонците. Европските земји, како Германија, Швајцарија, Австрија, Италија, Шведска се најчеста дестинација на албанската етничка заедница. Истото важи за турската со една тенденција на нивно враќање во матичната земја, Турција, изразена по завршувањето на Втората светска војна. Во последно време, пак, независно од етничката застапеност, нашите граѓани се селат во Италија и Словенија.

Иселување по Втората светска војна

Кон крајот и непосредно по Втората светска војна иселувањето на Македонците продолжло со истото темпо. Како за предвоениот така и за повоениот период, од сите три дела на Македонија најмногу се иселувале Македонците од егејскиот дел на интегрална Македонија.

Според извештајот на францускиот конзул од Солун, од 27 февруари 1952 година, под наслов „Грчко-македонските

односи”: „подолго време е засилен процесот на напуштање на Егејска Македонија од Македонци во европските и прекуокеанските земји. Македонците немаат во Грција ни елементарни права, затоа што не се Срби или Хрвати”.

Следниот бран на иселување на Македонците се случил во 70-те и 90-те години, поради економски причини. Повоената земја и „тазе“ формираната независност, носела со себе транзициски период кој што бил економски неподнослив за голем број на Македонци.

Според некои податоци, ако во периодот 1920-1940 година преку 74.000 лица го промениле местото на живеење од Македонија, во наредните 20 години, 1940-1960, нивниот број е зголемен за пет пати и изнесува 363.000 лица, а извештајот од 1964 година наведува дека има околу 580.000 македонски иселеници.

И покрај тоа што не може да се дојде до прецизна бројка, јасно ни е дека во периодот од 1960 до 2000 година, значаен број жители се иселија од Македонија и отидоа во Австралија, Канада, САД и во Западна Европа. Според податоците повеќе од 230.000 македонски граѓани

Page 22: „Револуција“ онлајн магазин број 105

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

22 BR.105

се иселиле од земјава од 1998 до 2011 година во Европската Унија и во САД. Тоа е повеќе од 10% од населението во државата.

Еден податок калкулира со број од 30.000 семејства што денес живеат во Австралија, 30.000 семејства во Канада, 20.000 семејства во САД и 20.000 семејства што живеат во Западна Европа.

Значи, станува збор за околу 450.000 поединци, што или се имаат иселено од Македонија или, пак, се родени надвор од Македонија, но се потомци на родители што своевремено се иселиле од државата. Но, морам да напоменам дека ова е минималниот број со кој располагаат институциите и здруженијата, бидејќи секој од нив вели дека во реалноста бројот всушност е многу поголем.

Зошто Македонците се иселуваат денеска

Процесот на иселување и ден денеска е актуелен кај Македонците. Сега не станува за збор за војни или присила од поробувачите, туку проблеми на економско и егзестенцијално ниво.

Денеска, голем број од населенитето, а посебно младите, сметаат дека веднаш би ја напуштиле државата, само ако им се појави можност за тоа, бидејќи својата иднина не ја гледаат во татковината. Денеска печалбата значи трајно иселување, но за разлика од минатато кога воглавно занаетчиите и работничката класа ја напуштале земјата, денеска профилот на иселеникот вели дека тој е млад, образован и интелекуалец, кој едноставно не може

да си го најде своето место тука.

Ова покажува дека иселувањето од Македонија е големо и застрашувачко. Немањето работа, безбедносната нестабилност и лошите услови за живот се клучните причини за иселување.

Причините за денешното иселување на младите генерации е претежно од социјална природа. Ова е најопасниот период во историјата на селењето на Македонците од Македонија и затоа би требало да се сврти големо внимание кон оваа проблематика од страна на властите, бидејќи ова е само почетокот.

Посебно загрижувачки е што се очекува забрзување на процесот на иселување од Македонија. Огромниот број лица кои живеат во странство со сигурност ќе им помогнат на поблиските да најдат подобар живот. Тоа значи дека за неколку години бројката од 450.000 иселени лица драстично ќе се зголеми.

Последици од иселувањата

Денеска сме сведоци дека многубројни села, а и помали градови останаа буквално празни и опустошени по масовното иселување на населението од истите. Постојат места во руралните делови на Македонија, каде што со децении се нема слушнато детски глас. Дали истава „чума“ ќе се појави и низ нашите поголеми градови?

Денеска државата треба да сфати дека со масовното иселување на младите не само што губи идни ресурси, туку и губи средства кои ги инвестирала во развојот и во образованието на тие млади луѓе. Бидејќи очигледно емиграцијата не запира, на долг рок ќе се соочиме

Page 23: „Револуција“ онлајн магазин број 105

REVOLUCIJA MAGAZINBR.105

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

23

не само со демографско стареење на населението, туку со екстремност на целосно стара држава, која ќе почива на стари лица.

Денеска, очигледно е дека интелектуалците и младите лица во најголем дел бараат работа во странство, а со оваа постапка едниствено губи Македонија. Од една страна губи голем процент од младото население, кое е движечката основа на секоја држава, а од друга страна губи квалитетни и

квалификувани кадри.

Неодамна САД и Светската банка дадоа црни претпоставки дека до 2030 година Македонија ќе има одвај 1.800.000 жители.

Ако работите драстично не се сменат во Македонија, дали оваа црна прогноза ќе се реализира? Што мислите вие?

Aвтор: Елена Павловска

Potresna prikazna na edno od 25.000-te deca-begalci od

Egejska Makedonija

По тесните трнливи патчиња, боси и без храна, Марија Касапова, едно од децата бегалци за време на Граѓанската војна во Грција, заедно со нејзината помала сестра, мајка и нејзините внучиња од поголемата сестра, во 1948 година се упатија кон границите на Македонија.

Во раната пролет 1948 година, Комунистичката партија на Грците донесе програма според која се изврши евакуација на 25 000 македонски и грчки деца од партизаните. Нивна

крајна дестинација е Источна Европа, каде требаше да бидат згрижени и да го продолжат своето образование, додека не се вратат во своите домови, откако ќе заврши Војната.

„Оправдувањето за преземањето на таа акција според КПГ беше од хуманитарни причини односно „спасување на децата од ужасите на војната“, но префрлањето на децата од борбените зони им одговараше на нивните политички и воени интереси. Со нивното заминување останаа помалку цивили за хранење, а жените, ослободени од одговорноста да се грижат за децата, можеа лесно да се мобилизираат и да и се придружат на партизанската кауза.

Но, она што беше трагично беше фактот, што некои од евакуираните деца беа враќани назад во Грција за да се борат во редовите на Демократската армија, контролирана од комунистите,“ – рече Тодор Чепреганов, директор на Институтот за национална историја во

Page 24: „Револуција“ онлајн магазин број 105

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

24 BR.105

Скопје.

Приказната ја раскажува нејзината ќерка, Борка Петреска, која се сеќава на времињата кога нејзината мајка покрај топлиот огин им ја раскажувала потсетувајќи се на она низ што поминала.

„На 10 годишна возраст, мајка ми беше принудена под рака да ги фати своите внуци, едногодишното дете кое поради студот почина и десетгодишниот Петрос, а пред неа да ја води нејзината помала сестра и мајка, која била инвалид и да ги одведе надвор од нејзиното родно место, Логунци. Со маки тие пристигнале во Неготино каде полека почнале да оформуваат ново семејство. Но, неволјите на нејзиното семејство не престанале овде,“ – рече таа.

Откако почнале да живеат во Неготино, некои од нивните соседи го наклеветиле момчето на полицијата дека било нелегално населено, по што веднаш било депортирано со воз во тогашната Чехословачка без знаење на неговото семејство. Оттогаш трагата на Петрос Чембис се губи.

„Заедничко и за децата евакуирани во Источна Европа и децата во Грција е тоа што: и едните и другите беа сместени во Институции што беа многу слични, иако биле водени од дијаметрално спротивставени политички идеологии.

Додека повеќето од децата евакуирани во детските домови во Грција прилично брзо се вратија дома, децата кои беа евакуирани во Источна Европа останаа во странство подолг временски период. Многу од нив никогаш не се вратија дома. И едните и другите поминале

низ ужасни страдања затоа што биле одделени од своите семејства“ – изјави Чепреганов.

Поради лошата состојба во која се наоѓало семејството во тоа време, морале да се снаоѓаат на различни начини за да стигнат до корка леб, па дури и да просат, но тој режим не може да го издржи и малото едногодишно дете.

„Откако мајка ми виде дека не може да продолжат со истата ситуација секој ден, повторно и повторно, таа на 17 годишна

возраст се омажи за татко ми, кој не ги сакаше Егејците,“ – изјави Петреска.

„Фактот што се омажи толку млада беше причина нејзиното првородено чедо да почине,“ – додаде таа.

За правата и слободата

Во 1948 година во Егејска Македонија, интензивно почнало да се шири партизанството како начин на самоодбрана. Оваа судбина не го заобиколила ни Данчо Чембис, младо момче со борбен жар. Тој уште на

Page 25: „Револуција“ онлајн магазин број 105

REVOLUCIJA MAGAZINBR.105

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

25

млади години се здобил со титулата на командир на една од партизанските чети во својот крај.

Борејќи се за правдата и слободата, се заљубил во Менка, која била најстарата сестра и која се грижела за целото нејзино семејство. Исто борбена и мотивирана за слобода, таа неколкупати му помагала на својот иден сопруг во акциите, каде го ризикувала нејзиниот и животот на целото нејзино семејство.

Така, еден ден Менка во договор со веќе нејзин сопруг, Данчо со кој имала две деца, решила да ја прати својата помала сестра Марија до шумата да го пренесе оружјето, кое им било потребно на партизаните.

Ја облекле во фустанче, го натовариле магарето со ѓубре под кое се криело големо количество на оружје и ја испратиле во мисија.

„Поминував како ништо да не се случува. Си потсвирнував и го галев магаренцето, кое како да сфаќаше што е работата, па не ми правеше проблеми. Германците во своите униформи само ме погледнаа и бидејќи сум дете не ми направија ништо. Се насмеаа на глас и прокоментираа

нешто,“ – им раскажувала Марија на своите деца.

„Неколкупати го направив истото, без да имам некаков проблем, но една вечер кога се вратив од игра, забележав дека корпата која беше натоварена со оружје на магарето беше целата расфрлана. Кога влегов во куќата

забележав многу луѓе од кои едни беа Бугари, а други

наши Македонци кои ја накодошиле сестра ми и зет ми. Бев сведок на нејзиното малтретирање, но сестра ми не попушти.

Истата вечер, зет ми Данчо, дојде и ја скришум ја пренесовме во шумата, од каде веќе никогаш повторно не ја видов“.

Од историска гледна точка, Чепреганов вели дека комплексноста на настанот и предизвиканите последиците ја прават исклучително тешка достапноста на целосната историската вистина, предизвикувајќи го впечатокот дека таа во одредени аспекти ќе остане „вечна тајна”. По неколку години преку Црвен Крст, Марија успеала да дознае дека нејзината сестра и зет биле убиени, а дека Петрос, нивното дете денес се наоѓа во Чешка.

Што велат новите извештаи на независните експерти од странство?

Марија Касапова служи само како еден пример кој ја покажува тешката судбина на лицата кои во тој период живееле во северозападните делови од

Page 26: „Револуција“ онлајн магазин број 105

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

26 BR.105

Грција. Секојдневно нивните приказни се откриваат во јавност и се формираат здруженија кои ја подржуваат иницијативата Македонците од Егејска Македонија да ги добијат еден ден своите права.

Неодамна, на Денот на чоековите права се огласи со свој извештај, независниот експерт од Обединетите нации, Мегдауел, која вели дека Владата на Грција не треба да спори околу тоа дали има македонско малцинство или турско малцинство, туку целосно да се фокусира на заштитата на правото на самоидентификација, слободата на изразување и слободата на здружување на овие заедници.

„Грчката влада треба да се согласи со пресудите на Европскиот суд за човекови права дека на овие здруженија треба да им се дозволи да го користат зборот „македонски” или „турски” во своите имиња и слободно да ја изразуваат својата етничка припадност. На овие здруженија, кои во минатото беа негирани, мора веднаш да им се

дозволи официјална регистрација. Мора да се почитуваат понатамошните нивни права за заштита на малцинствата според Декларацијата за малцинствата и основните меѓународни договори за човекови права“ – изјави таа.

Обединетата македонска дијаспора која е формирана во 2004 година, си има поставено цел да се бори за правата на сите жртви за време на војната и враќање на државјанствата и имотите на Македонците. Тие ги повикаа Обединетите нации и Европската Унија да го насочат својот притисок кон владите на Албанија, Бугарија, Грција, Косово и Србија за да обезбедат почитување на меѓународните стандарди за човековите права, вклучително и за македонските заедници во нивните држави.

Автор: Емилија Петреска

Page 27: „Револуција“ онлајн магазин број 105

REVOLUCIJA MAGAZINBR.105

MAGAZIN REVOLUCIJA

27

22 dekemvri 2012

Page 28: „Револуција“ онлајн магазин број 105

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

28 BR.105

Intervju so Xejms Balog za filmot „Chasing Ice“

Џејмс Балог, фотограф и страстен планинар, порано имаше обичај да верува дека климатските промени се премногу експлоатирани и премногу

политизирани.

Но, по посетата на Арктикот, со цел да ги фотографира глечерите во 2005-та, тој се убеди дека влијанието е неоспорно.

„Пред мене се распростреа пејзажи кои физички ми евоцираа чувство на смртност, на повлекување и на огромна промена,“ рече тој. „Претходно, во неколку наврати, имав шанса да ги набљудувам глечерите, но морам да признаам дека досега не сум видел места каде што тие се толку силно изразени.“

Во 2007-та, тој го започна истражувањето наречено „Екстрим Ајс“ („Екстремни мразови“),

долгорочен визуелно-уметнички и научен проект насочен кон испитување на намалувањето на бројот на глечери, преку користење

на десетици камери со посебна намена, поставени на 16 локации каде што има глечери ширум светот (како што се Аљаска, Гринленд и Хималаите на пример).

„Chasing Ice“ („Бркајќи го мразот“), новиот филм на режисерот Џеф Орловски, го документира овој проект. Филмот го следи Балог и неговиот тим

низ Арктикот во нивното фотографирање и следење

на промените и ги илустрира драматичните промени на околината во последните пет години.

Балог зборуваше со „The Economist“ за предизвиците на овој проект и зошто ние луѓето ќе мораме да се соочиме со климатските промени.

„Бркајќи го мразот“ јасно покажува дека истражувањето наречено „Екстремни мразови“ беше игра на случајот. Вие навистина не можевте да знаете дали идејата ќе биде функционална.

Кога сега се навраќам на идејата – на опремата, на локациите, - си мислам „па ова се чини совршено едноставно“. Но, ова воопшто не беше очигледно

Page 29: „Револуција“ онлајн магазин број 105

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

29

Artvizor

BR.105

на почетоците кога почнувавме со истражувањето пред пет и половина години.

Тоа беше гигантски чин на случајности. И беа потребни навистина огромни средства за да се финансира овој проект и за да се изградат сите тие камери со посебни намени. Беше огромен предизвик да се преобразат овие обични камери во системи кои можат да опстојат на температури пониски од 40 степени, да им се спротивстават на урагански силните ветрови, на поројните дождови и на снежните виулици.

Има еден сегмент во филмот кога вие дознавате дека една од камерите во Аљаска е нефункционална, при што прснувате во плач од фрустрација.

Она што не е претставено во филмот е дека најголемиот дел од притисокот што го чувствувавме, беше поради сознанието дека веќе имавме

десетина камери од истиот систем, сместени на еден авион на Воздухопловните сили на САД, кој требаше да прелета до Гринленд. Имавме финансиска обврска вредна шест бројки за теренско поставување на тие камери во неделите што доаѓаа и половина дузина луѓе вклучени во теренската програма.

Увидот за сите трошоци и за сите тие хеликоптери – додека стоев на работ на еден од глечерите – не ми даде да

верувам дека на крајот навистина ќе успеам во потфатот.

Кога се гледаат снимките на кои времето е забавено, нешто што моравте да го сторите за да го евидентирате повлекувањето на глечерите, станува јасно со колкава брзина овие глечери се намалуваат. Дали ваквите резултати ви беа шокантни?

Беше сосема зачудувачки што го видовме сето тоа речиси веднаш. И

Page 30: „Револуција“ онлајн магазин број 105

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

30 BR.105

тоа продолжува да биде исклучително искуство за мене како набљудувач, како научник, како фотограф, да се отворат тие камери и да се има пристап до овие визуелни податоци. Јас се стресувам секој пат кога чекаме на нови слики.

Се случува навистина брзо, зарем не?

Апсолутно. Ми падна на памет дека на овие места нема да има многу што да се види за околу три години. Па дури и тогаш, ако сè се одвива како што тргнало. Но, да бидете во позиција по еден или по два или по три или четири месеци да ги видите овие епски активности, навистина има причина да се биде шокиран.

Зошто сметате дека климатските промени сторија ваков раздор?

Климатските промени не треба да се гледаат како принципиелно политички или партиски прашања, но од неодамна истите беа претворени во такви, главно од негирачите на овие промени кои вложија напори ситуацијата да остане на статус кво. Тука се вклучени и одредени индустриски, финансиски и политички интереси. Постои огромна тежина и заткулисна моќ чија цел е да се одржат нештата онакви какви што се. Тие луѓе

или политички работи успеаја во нивната ефективна работа на сеење на неинформираност, на збунетост и на скептичност.

Филмот, со опседнувачката убавина на мразот, изгледа како елегија за крајот на една ера. Дали и Вие се чувствувавте така додека бевте таму?

Постојано. Постои акутно чувство за изминувањето на времето, акутно

чувство за смртноста, акутно чувство за историјата, за време на работењето на овој проект. А, историјата е токму во снимките. Овие пејзажи се менуваат додека јас и вие зборуваме. А луѓето на иднината, на децениите, па и на вековите што ќе дојдат, ќе ги гледаат овие снимки и ќе се чудат на ова што постоело, а што повеќе ќе го нема во таа нивна доба.

Другото нешто што ќе се случи е што тие, додека ќе ги гледаат овие снимки, ќе се прашуваат зошто луѓето од технолошко-индустрискиот свет не посветиле поголемо внимание на овој проблем кога ги имале сите тие докази при рака. А, тука не станува збор само за моите снимки.

Доказите доаѓаат и од илјадници други научници од десетици други дисциплини ширум светот кои имале шанса да го проучуваат овој проблем. А сите докази посочуваат во истата насока. Ние ги имаме доказите, знаеме што се случува, но немаме оправдување. Не смееме да си дозволиме туку-така да го заобиколиме ова битно прашање.

Подготвила: Кристина Димовска

Извор: The Economist

Page 31: „Револуција“ онлајн магазин број 105

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

31

Artvizor

BR.105

„Markoviot manastir“ na Bla`e Koneski - vizija za

melanholi~en svet

Народна легенда

Направив манастир на скришно место,Да стои долго самотен,

Да кажува некогаш за мене.Рушители, нема да најдете во него злато и

сребро,А само студена полутемнина

Како во таговна душа.

Кога го престапив првпат прагот од папертата,Плочите болно екнаа под моите нозе

Што дури запрев —И темна тишина потоа до последна жилка ме

полазиКако морници што лазат.

Двајца светци, од двете страни на црковната врата,

Со исплашени погледи,Со дланки испружени пред себе,

Ме предваруваа возбудено да не одам понатаму.

Но јас жедно стапив под сводовите на кубетоКако да се запознавам веднаш самиот себе.

Погледав наоколуИ ѕидовите се раздвижија —

Нејасни прилики, притаени во полумракот,Како што одам ме пречекуваат,

Ми пристапуваат молчаливо и грозно:Лица со израз на безумно страдање,

Мрачни воини со испрекрстени копја и мечови,Тажачки крај мртовечки одар,

Тела прободени со стрели на издишување,Згрчени во најврховната мака,Деца загубени во врволицата

Со врбови гранчиња во раката.

Одам, несвесно, наоколуА целото тоа мноштво ме обиколува,Ме испреплетува во кошмарен јазол,

Молчаливо ме следи и чека нешто од мене.

Зборнете! — реков, —Но мојот глас ја урна тишината меѓу сводовитеИ ме остави сам пред привидот на мојата свест,

Зашто тие бешумно се повлекоаИ пак се притаија по ѕидовите.

Запрев пред олтарот како да ќе се помолам Богу,

Уште несмирен.И тогаш дочув јасно женско липање од сводот:

Тоа Рахила ги кренала очајно рацете,Крши прсти

И плаче над мртвите младенци,Тажи во вселената.

Јас излегов избезумен од цркватаИ зачекорив надолу.

И ми се причини како моите удови да стануваат столбови во одот,

Како сум да засводен со кубе,Како да ја носам во себе студената празнина на

манастирот,Но за сето време знам —

Темните прилики молчат во мојот мрак,Нема бегство, нема прошка и нема оставање

спомен.

Јас викам — запалете кандило! —Но моето срце е изгаснато огниште, пепел по

тланикот,Одам и чувствувам:

Го носам манастирот в гроб.

Пред да се нурнеме во длабочините на епски насликаниот свет, пронижан со фолклорни елементи, кој Конески го претставува во оваа песна, треба на почетокот да се укаже на извадокот од народната легенда на почетокот од песната.

Page 32: „Револуција“ онлајн магазин број 105

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

32 BR.105

Тоа е дел од една народна легенда која во случајов безмалку служи како прелудиум, па и сигнал кој поетот го остава, за полесно разбирање на песната. Со самиот факт дека наидуваме на друг текст во рамките на текстот кој го веќе го анализираме, можеме да си дозволиме слобода да зборуваме за интертекстуален однос.

На прв поглед можеби оваа согледба делува малку необично, бидејќи како по некаков автоматизам, навикнати сме да говориме за интертекстуални односи најчесто меѓу прозни текстови. Но, во овој случај, сепак, имаме средба на една лирска творба остварена преку комуникацијата со една легенда и двата текста, кои очигледно постојат во еден заемно-зависен однос.

И секако дека извадокот од народната легенда не е сосема случајно лоциран пред почетокот на самата песна. Тој

служи како едно помошно средство за полесно чекорење низ светот на песната и очигледно е дека без него, песната би добила сосема друга конотација (за да се увериме навистина во тоа, можеме да пробаме да ја прочитаме песната без да посветуваме внимание на н а р о д н а т а легенда. Така ќе забележиме дека песната малку губи

од својата длабочина и дава основа за едно

друго нејзино читање и перципирање).

Преку воведните стихови: „Направив манастир на скришно место (...)”, се насетува длабока, исповедна димензија, која како што ќе забележиме подоцна, ќе провејува во рамките на целата песна. Служејќи се со народната легенда, читателот воочува дека во песната настанува двојна идетификикација на лирскиот субјект со предметот на воспевањето (од една страна: лирскиот субјект се поистоветува со фигурата на Крале Марко/ Крал Марко, кој во случајов е лишен од својата херојска хиперболизација; од друга страна: наидуваме на поистоветување на субјектот со самиот манастир). Тоа може да се сфати како една алегорична персонификација.

Исповедната страна на првите три стихови, како што беше и погоре

Page 33: „Револуција“ онлајн магазин број 105

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

33

Artvizor

BR.105

споменато, се насетува и преку зборот „самотен”:

„Направив манастир на скришно место,

да стои долго самотен,

да кажува некогаш за мене”,

небаре би можело да се насети поврзување или подобро претопување на субјектот и опишаниот објект (како што манастирот е „самотен“, така е самотен и лирскиот субјект кој зборува/пишува за него). Ова размислување може да се надополни и со наредните стихови каде што лирскиот субјект им се обраќа на рушителите на манастирот, велејќи им да не бараат во него злато и сребро, оти ќе наидат на:

„(...) само студена полутемнина

како во таговна душа.”

Оваа „засега привидна“ таговност која провејува во првата строфа, говори за една силна меланхолија, која го заробила лирскиот субјект, таква која ја труе неговата душа со несреќни визии и претчувства на лошото, кое допрва ќе се случи.

Заводливи во песната на Конески се и описите на манастирскиот ентериер и сосема малку од екстериерот. На влезот од црквата, двајца светци вознемирено „го набљудуваат” оној кој сака да го наруши мирот на манастирот.

Нивните испружени дланки и исплашени погледи се немо предвестие, беззборовен апел и предупредување кон самиот (лирски) субјект, небаре тие однапред ја „гледаат“ и „знаат“ неговата

судбина. Меѓутоа, опишаните ликови на светците не се единствените ликовни согледби кои провејуваат во песната. Таа изобилува со живописни перцепции

на манастирските слики кои се нижат како своевиден флешбек во главата на лирскиот субјект. Тој ги доживува како испреплетување на филмски кадри:

„лица со израз на безумно страдање

мрачни воини со испрекрстени копја и мечови,

тажачки крај мртовечки одар,

тела прободени со стрели, на издишување, (...)

деца загубени во врволицата

со врбови гранчиња во раката.”

И сите овие слики како да имаат една цел: да говорат за потиштеноста на оној кој ги гледа, оној кој е притиснат од сеќавањата на своите гревови. А, за тие гревови е соопштено во народната

Page 34: „Револуција“ онлајн магазин број 105

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

34 BR.105

легенда на почетокот на песната.

Меѓутоа, најинтересниот дел бездруго се среќава во шестата строфа, во која „како од никаде” се појавува фигурата на Рахила:

(…) „И тогаш дочув женско липање од сводот:

тоа Рахила ги кренала очајно рацете,

крши прсти

и плаче над мртвите младенци,

тажи во вселената.“

Токму во симболот на оваа жена настанува претопување на легендата на почетокот и очајанието од гревот кој го притиска лирскиот субјект. Рахила е библиски лик, една од жените на Јаков која се појавува во делот „Прва Книга Мојсеева“, глава 29.

Нејзината трагедија е содржана во сознанието што таа не може да му подари потомство на Јаков и сите нејзини обиди завршуваат безуспешно - со умирање на нејзините младенчиња. Според тоа, ова е идеален момент да се навратиме на народната легенда на почетокот:

„За гревот, за седумдесетте деца што умреа кога го ѕидаше калето, Марко направи седумдесет цркви.”

И во мигот кога е осветлен симболот на Рахила и кога сме се потсетиле на народната легенда (а и на библиската приказна), се чувствуваме ентузијастички настроени, бидејќи пред нас лежи едно можно решение за дофаќање на една (од многуте) пораки на песната.

Лирскиот субјект одеднаш станува Крале Марко, но оној Марко лишен од силата која му ја припишувала народот со

векови, ослободен од стегите да остане секогаш запаметен како бестрашен херој.

Овој Марко е потиштен страдалник, надвиснат од маката за она што го сторил, а очајува бидејќи минатото не се враќа и сè што било сторено, не може да се поправи. Меѓутоа, не би требало да останеме само на ова рамниште на сфаќањата, туку напротив - треба да си поставиме цел да копаме уште подлабоко.

Поетот Конески ја користи фигурата на Крале Марко не со некакви претензии да го потсети читателот на фолклорните

Page 35: „Револуција“ онлајн магазин број 105

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

35

Artvizor

BR.105

богатства на Македонија, ниту пак да се да докаже со сопствената ерудиција и фолклорна експертиза. Токму напротив - тој го користи овој лик за да укаже на конфликтите кои се одигруваат во секој човек како индивидуа.

Именката „човек” во случајов не само како едно обично битие, туку и како човек со дејноста на уметник, човек кој е едновремено и интелектуалец кој честопати е пречекан од онаа „студена празнина” за која говори Конески.

Вистинска умешност е да ја имаме моќта да проникнеме подлабоко во сликите кои ни ги претставува поетот. Целта е

да се дофати суштината зад нив, нешто што можеби на теориски план делува едноставно, но на практичен речиси секогаш се поставува како тешко изводливо.

Па така, појаснувањата на душевната меланхолија на лирскиот субјект во песната на Конески, можат да бидат само еден мал обид да се фрли светлина врз самата творба и истата да се толкува како личен, дневнички запис на секој меланхоличен читател кој ќе си го пронајде местото во неа.

Автор: Кристина Димовска

Page 36: „Револуција“ онлајн магазин број 105