58

Револуција магазин бр. 57

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Revolucija magazin br. 57

Citation preview

Page 1: Револуција магазин бр. 57
Page 2: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 24 ДЕКЕМВРИ 2011 ГОДИНА страна 2

Page 3: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 РЕВОЛУЦИЈА-МАГАЗИН страна 3

Содржина Неделна панорама .......................................................................... 04

Приватно или државно .................................................................... 09

Татичко сакам да бидам судија ........................................................ 15

И ајварот ми се одмили ................................................................... 17

ЕУ на пат кон пропаст или кон заедничка победа .............................. 19

Новиот самит на ЕУ закажан за 30 јануари ........................................ 23

Левица VS десница ......................................................................... 25

Блажената состојба е фикција ......................................................... 28

Хавел – легендата на револуцијата .................................................. 31

Плач и хистерија во Пјонгјанг .......................................................... 35

Свети Никола – празникот на Градот под кулите ............................... 38

Сексуална едукација - кога? ............................................................ 40

HANNA (2011) ................................................................................. 54

Импресум

Oсновач и главен и одговорен уредник

М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

Заменик на главниот и одговорен уредник и администратор Славица Ѓоргиева, e-mail: [email protected]

Помошник на главниот и одговорен уредник и администратор

Елена Павловска, e-mail: [email protected] Уредник за филмска уметност, стрип и уметнички анимации:

Владимир Неделковски, e-mail:[email protected]

Соработници-аналитичари: Светлана Пеншовски, Атанас Величков, Елена Николовска, Сања Алексовска, Владимир Неделковски, Симе

Симовски, Елизабета НАјдоска – Величкова, Стаменче Серафимова, Симона Митровска

Надворешен соработник:

Д-р. Себастијан Рајнфелдт, Виена, Австрија

Технички уредник:

Миланчо Ристовски e-mail: [email protected]

Маркетинг:

Славица Ѓоргиевa Е- mail: [email protected]

моб.: +389 (0) 75 63 44 94

Page 4: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 РЕВОЛУЦИЈА-МАГАЗИН страна 4

Автор:

Влатко Неделковски

„Револуција“, магазин за политика, економија и култура

ISSN 1857- 7458

Адреса:

Востаничка 67б-7 1000, Скопје

Република Македонија

[email protected]

http://mkrevolucija.com/

00 389 76 52 93 89 00 389 75 63 44 94

Издавач:

МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА Непрофитна организација за демократија и

креирање јавно мислење

Жиро сметка: 2704953485006

Даночен број: 4058011508300

Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

Адреса:

Востаничка 67б-7 1000, Скопје

00 389 76 52 93 89

00 389 75 63 44 94

Page 5: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 5

Во лобизмот е тајната Австрија, Унгарија, Романија,

Словачка, Чешка, Словенија и уште некои европски држави,

се сметаат за најголеми

лобисти на Македонија во

Европскиот парламент. Македонија по објавувањето

на пресудата од

Меѓународниот суд во Хаг е во

подобра позиција, но земјата

треба сепак напорно да работи на реформите. Во исто време

таа треба да покаже волја за

изнаоѓање компромис со

Грција по прашањето за името, порачуваат

европарламентарците, откако

известувачот Ричард Ховит во

Европскиот парламент го претстави предлог-извештајот

за напредок на Република

Македонија во однос на

европската интеграција.

Предлог-резолуцијата на Ховит, која се смета за

избалансирана и која

повторно ја враќа придавката

„македонски“, но и гласно предлага почнување

преговори за членство меѓу

Брисел и Скопје, сега ќе биде

отворена за поднесување амандмани.

Пресудата од Хаг и донесе

нови лобисти на Македонија,

но проблемот останува. Унијата не попушта и едно е

јасно, ако сакаме да им се

придружиме на членовите на

овој клуб, треба да ја играме играта според нивните

правила. Успех за Македонија

е фактот дека во новиот

предлог-извештај на Ричард Ховит е вратена придавката

„македонски“. Наша основна

задача во перспектива е да ја

зацврстиме позицијата на Македонија и да ги натераме

европските земји да

поверуваат дека нашиот влез во ЕУ нема да ѝ донесе

проблеми на Унијата.

Лобизмот е многу важен. Кажано на поедноставен

начин, ако немаме пријатели

меѓу високите европски

службеници, тешко дека ќе се поздравиме со било каков

успех.

Ако прифатиме дека потрагата

по лобисти е работа на

македонската влада, тогаш наша работа како општество е

да започнеме да се

Page 6: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 6

однесуваме европски. Нели

сепак сме тргнале да

влегуваме во Европската Унија?

Некој ако има друга идеја за

наша интеграција и иден

развој, нека ја презентира и образложи јавно. Сè додека

нема друга алтернатива освен

ЕУ, ние сме должни и на дело,

а не само на зборови да бидеме Европјани.

Скопје - за парајлии Апаратите за домаќинство,

гардеробата, обувките и ред други производи се поевтини

во Лондон, Москва и во

Софија отколку во Скопје!

Иако е за неверување, со оглед на македонскиот

стандард и куповната моќ на

граѓаните, простото

пребарување по понудите на

интернет-страниците на светски познатите марки

покажува неверојатни

податоци - Македонците

плаќаат највисоки цени за исти производи во споредба со

соседите и со граѓаните на

европските земји. Експертите

се децидни дека трговците ги одраа граѓаните со

превисоките маржи. Трговците

не признаваат дека нудат

марки кои во соседството може да се набават за пониска

цена. А граѓаните се очајни

поради тоа што, како што

велат, се принудени да им ги

полнат џебовите на поединци што сакаат максимален

профит.

Знаев дека Скопје има посебна

магија. Еве гледате и сами,

преку некакви неразбирливи причини, во Скопје е поскапо

во споредба со изброените

погоре - европски метрополи.

Замислете само, во Лондон одредени добра се со далеку

пониски цени, ако се споредат

со тие во Скопје... Да беа и

платите наши по лондонските стандарди, супер ќе беше, ама

нејсе, не ни било пишано.

Друго нешто што уште повеќе

ме чуди е - како е можно во Скопје да е поскапо во

споредба со Москва? Па нели

градот Москва на неколку пати

беше објавуван за најскапиот

град за живеење во Европа, ако не се лажам (а можно е да

беше и во светски рамки). Но

сепак мислам дека нема место

за паника... Видете во какво убаво друштво нè ставија -

Лондон, Москва и Софија...

Ние сме пред нив...Кул... Како

што се вели: „Има сè - може сè“.

Page 7: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 7

„Веце со пет ѕвезди“ Проектот „Веце со пет ѕвезди“

на Министерството за образование и наука заедно со

Ранко Петровиќ - сопственик

на „Радио Буба Мара“ ќе

финансира со дел од 40-те милиони евра заем, што ги

доделил Советот на Европа за

реконструкција на

училиштата, изјави Панче

Kралев, министер за образование.

Заемот треба да се искористи

до крајот на следната година,

па како што велат од Министерството, со донациите

на бизнис-елитата во

Македонија ќе се

стандардизираат сите тоалети

во училишните згради. Во финансирањето на

проектот ќе се вклучат и

општините и установи -

пријатели на иницијативата. Со проектот ќе се воведат

највисоки стандарди за

чистота во тоалетите во

основните и во средните училишта. Ќе опфати нивно

целосно реновирање и

адаптирање, замена на

санитарните јазли и

опременост со хигиенски

средства. Па, добро, во 21-ви

век сме, па не е дека бараме

премногу. Дојде време да сфатиме дека хигиената е

одлика на културниот човек,

по сите епидемии. Порано во

училиштата важеше правило секој од дома да си носи

крпче, сапун и хартиени

марамчиња. Порано и ноктите

се проверуваа. Порано и вошките значеа нешто, а од

денешна перспектива тие се

без никакво значење во

споредба со мутирани сипаници, заушки...

Внимавајте на хигиената,

затоа што во спротивно таа ќе

„внимава“ на вас.

Добредојде на

паметните водомери Паметните водомери го

положија приемниот испит и

по пробниот период на користење ЈKП „Дервен“ и

корисниците во Велес се

задоволни од нив. По шест

месеци примена, првите резултати се со високи

оценки. Kорисниците на вода

се задоволни што нема повеќе

да го чекаат инкасантот.

Page 8: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 8

Со воведувањето на овој

систем ќе се овозможи читање

на сметките секој месец, а не како досега, три пати во

годината. Исто така, ќе се

заштити приватноста на

корисниците заради тоа што, нема да има потреба да се

влегува во становите и таму да

ја утврдуваат состојбата со

потрошената вода. Уште една предност е тоа што во случај

на оштетена инсталација и

постојан проток на вода, овие

механизми веднаш ќе дадат сигнал, по што инкасантите ќе

можат да ги алармираат

корисниците дека нешто не е

во ред со нивната куќна

инсталација и ќе се постигне да се намали непотребно

потрошената количина на вода

кај корисниците – вели

Тодорка Пенкова-Андреевска, портпарол на ЈKП „Дервен“.

Претпријатието, во зависност

од финансиските можности, во

иднина има намера да продолжи со неговата изведба

и кај останатите реони од

градската водоводна мрежа.

Не ми е јасно, како само Велес

е одбран за овој пилот проект, или се сожалиле поради

топилницата, па да

компензираат им рекле, -еве

ви даваме мерачи на вода. Не е тоа воопшто лош проект, но

фалба е кога ќе направиш

нешто со 10 % од

популацијата, а другите се оставени на чекања. Во ред,

тестирале, успешно е сè, сега

ајде да примениме нешто, ајде

да бидеме прагматични.

Евтина прослава на

скопскиот плоштад Новогодишната програма се

состои од новогодишен маркет, забава за најмладите

и голем бесплатен

новогодишен концерт за сите

граѓани на Република Македонија.

Во рамките на новогодишниот пазар, кој ќе биде отворен од

25 декември 2011 до 01

јануари 2012 година, во

центарот на Скопје пред трговскиот центар Лумикс, ќе

бидат поставени девет мали

дрвени куќички, во кои

годинава ќе се продаваат

автентични производи за унгарската и германската

култура. Граѓаните ќе можат

да дегустираат храна, пиво,

варено вино, разновидни пецива и слатки. Портите на

новогодишниот пазар ќе бидат

отворени за сите посетители,

секој ден од 10 часот наутро до 1 часот по полноќ.

Page 9: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 9

Новогодишната празнична

еуфорија ќе биде крунисана

со голема прослава на плоштадот „Македонија“ на 31

декември, каде сите граѓани

на Р. Македонија ќе можат да

ја дочекат Новата 2012 со песната и изведбата на

македонските музички ѕвезди

Каролина Гочева, Лаура

Крлиу, Влатко Илиевски, Фул Стоп бенд, Елена Ристеска,

Ламбе Алабаковски, Гаро

Тавитјан, Есма Реџепова,

Владо Јаневски и Тони Зен.

Музичката програма ќе почне

во 20 часот и ќе трае до

раните утрински часови на 01 јануари 2012 година. Доколку

немате каде, оваа опција ја

користат многу граѓани на

светските метрополи. Облечете се топло, оставете го

паричникот дома- нема да му

биде студено- и упатете се на

колективно славење. Со себе понесете панцири (да не

наиде некој куршум залетан

од радост), работнички

ракавици поради петардите и огромен шлем за да не ви ја

запалат косата. Сето останато,

оставете им го на

организаторите.

Page 10: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 10

Елена Павловска

Приватно или државно?

Меѓу приватните и државните институции секогаш постоел

голем расцеп и секогаш биле

дијаметрално спротивни и

различни. Кога ќе кажеме државно, тоа нè асоцира на

нешто што е попристапно,

поевтино, но кое со себе носи

мизерни и бедни услови, додека приватното, асоцира на нешто

што е помодерно,

пософистицирано, но за кое што

треба позначителна сума на

пари, па затоа во денешниве услови и во денешново

општество е одалечено од

ниските и средни слоеви на

општеството.

Така е и со образованието, така

е и со приватните и државни

училишта. Но, дали и тука работи принципот: „Колку пари

- толку музика“?! Дали

огромната сума издвоена за

приватните училишта навистина носи поквалитетно образование

и поквалификувани кадри?

Плати за диплома? „Како со двојки да одам на државен универзитет? Нема да

ме примат, ги немам потребните

поени. Ќе се запишам на приватен!“- оваа изјава

изречена од еден

средношколец, при

анкентирање на матурантите за нивните планови, највпечатливо

го искажува мислењето на

учениците за приватните

факултети. Во нашето општество се верува дека

изборот на приватен факултет

(ако имаш доволно финансии,

се разбира) е полесниот пат да

се дојде до диплома.

Се верува дека приватното

образование (како и сите други приватни институции)

функционираат на принципот на

парите, а не на знаењето. Кога

ќе ги здогледаме студентите од приватните факултети со

нивните беспрекорно чисти и

средени униформи и со нивните

лаптопи како задолжителен училишен материјал, секој ќе си

помисли „Секоја им чест!“, сите

мислиме дека лесно доаѓаат до

своите оцени, знаења и

дипломи. Приватното образование стана заштитен

знак за оние побогатите, а не за

поталентираните.

Page 11: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 11

Условите кои ги нудат за

студирање не ни можат да се

компарираат. Чистите училници збогатени со најмодерна

технологија, врвни професори

(кои не мора да ги бркаш по

ходниците за консултации), стажирање во видни фирми и

што уште не, наспороти „не дај

боже да ти се оди во тоалет“ на

државните, со мрачните и тмурни ходници и огромните

часовници (кои што не работат),

се чувствувате како да сте на

железничка станица. Но, добрите услови и не значат

поквалитетно образование!

„Таму претежно се деца на

побогатите, кои и немаат некој

интерес за образование и напредување, бидејќи нивната

иднина веќе е обезбедена, не

мораат да се борат за истата и

да се докажуваат. Низ факултетските денови

поминуваат многу лесно. А

речиси истите професори

предаваат и на државните и на приватните“ - тврдат студентите

од државните универзитети,

изјава на која остро ѝ се

спротивставуваат од

приватните. На социјалните мрежи и

интернет-форумите, исто така

се води жестока битка за тоа кој

нуди поквалитетно образование, дали приватните или државните

факултети. Мислењата се

поделени, а студенти постојано

преминуваат од државните на приватните, но и обратно. Со

цел да се разбијат табу темите

дека на приватните

универзитети до диплома се стасува многу лесно, ректорите

на истите се сложија да се

организираат натпревари на

студентите од сите

високообразовани институции. Резултатите ќе покажеле дека

таму не се учи (односно не се

плаќа) за диплома туку за

знаење.

Сомневање во

квалитетот на наставата

Проректорката за настава на универзитетот „Св. Kирил и

Методиј“, Елена Думова

Јованоска, во една своја изјава

кажа дека проблем има со

контролата на квалитетот на приватните висoкообразовни

институции, дека тие се удираат

во градите дека нудат

поквалитетно образование, но всушност никој тоа не го

проверил.

„Имаше два одбора за високото

образование, еден за

акредитација и агенција за

Page 12: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 12

евалуација, кои сега се споени

во еден, но вториот никогаш не

профункционира. Не е во ред само да дадеш дозвола за

работа, а потоа да не вршиш

контрола, дали тој го исполнил

она што го ветил“ - изјавува. Таа смета дека приватните

универзитети само делумно ги

исполниле ветувањата. Како

приватни установи, употребуваат маркетиншки

трикови, на пример, дека

автоматски ќе им важат

дипломите на студентите. Вакво нешто не постои никаде бидејќи

секоја земја има посебна

процедура за признавање на

дипломите.

Сите тие егзотични програми кои ги промовираат за нови

струки и дека лесно ќе најдат

работа, исто така не поминуваат

најдобро, бидејќи пазарот на трудот е мошне внимателен.

Ова е мала земја, сите се

знаеме, а и пазарот е познат.

Потребно е многу време да се имплементираат овие струки на

пазарот на трудот.

Приватните универзитети тврдат

дека нудат стажирање во

видните фирми со можност за вработување во истите. Ова

стои на сите нивни брошури.

Но, понесени од информацијата,

ниеден студент не се концентрира на зборот

МОЖНОСТ (што не значи

сигурност), па така од 50

студенти- ова „можност“ може да се реализира на неколку.

Но, рекламата си е реклама и

тука принципот на парата го

совладува принципот на вистинската слика.

„Наша обврска е да вршиме

контрола дали работат

законски, а не каков е квалитетот на наставата. Наши

инспектори постојано се на

терен и вршат контроли и

досега не се пронајдени нерегуларности. За квалитетот

што го нудат, не можам да

зборувам, универзитетите имаат

своја автономија, но студентите треба сами да проценат“-

изјавуваат од МОН.

А, проценката и верувањето на

нашите граѓаните е дека

поскапото е секогаш подобро и

поубаво. Но, прашањето што се поставува е колку од нив имаа

успех да се изградат и во

универзитети со светски

стандарди и дали студентите кои „дебело“ го плаќаат своето

студирање навистина добиваат

и „дебело“ знаење?

Дополнителен сомнеж врз овие образовни институции фрли и

обелоденувањето на

информацијата дека голем број

од приватните универзитети -

функционираат без дозвола и акредитација на државата. Пред

извесно време властите објавија

список на приватни

универзитети, кои вршат уписи, држат часови и предавања и

доделуваат дипломи, а сето тоа

без официјално право и дозвола

Page 13: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 13

од државата. Но, ова не ги

поколеба истите и понатаму да

продолжат со своите активности, ниту пак,

студентите да се запишуваат

таму.

Приватните

универзитети бараат

помош Двојно или тројно е намален

бројот на студенти, кои се запишале на приватните

универзитети во земјава, за

разлика од пред неколку

години, што го доведува во прашање нивното постоење.

Уписната политика на

државните универзитети, каде е намалена школарината,

дисперзираните студии, но и

беспарицата се главните

причини за оваа ситуација,

сметаат одговорните од приватните универзитети.

Поголемите приватни

универзитети и факултети

наплаќаат од 2.000 до 3.000 евра годишно - за студирање,

сума која ретко кое македонско

семејство може да си ја

дозволи, без разлика на тоа какви услови или каков

квалитет нудат.

Неофицијално дознаваме дека

дел од приватните универзитети

и факултети ги намалуваат платите на професорите,

отпуштаат наставен кадар...

Неможноста да опстојат

„приватно“ и да функционираат на начинот и со школарината

која тие ја сакаат, присили дел

од ректорите на овие

универзитети да ја обвинат

Владaта дека не се грижи за

нив. Приватните универзитети

побараа еднаков третман со државните, односно еднаков

износ на пари доделени од

буџетот на Македонија.

„Во моментов државата одвојува 0 денари за приватното високо

образование. Државата треба да

се грижи за овие студенти како

и за студентите на државните универзитети“- апелираа од

овие институции.

Но, на сите ни е јасно дека ако

државата се вмеша во приватното, тогаш тоа веќе

нема да биде „приватно“. Само

за потсетување - предлогот да

се намали школарината на приватните факултети беше

остро одбена од истите. Како

што тврдат претставниците на

приватните високообразовни институции, квалитетот што тие

го нудат се исплател за парите

што ги даваат родителите за

студирањето. Свесни за своето

нелогично барање (да добиваат иста финасиска помош како и

државните институции), истите

излегоа со поинаков став:

„Не можеме да очекуваме помош во смисла на одржување на

најосновните работи на

универзитетот, но постојат

Page 14: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 14

полиња каде што може да

помогне.

Пред сè, тука се проекти од

науката, стипендирање на

студентите и други бенефиции

за нив, какви што имаат и тие

на државните универзитети. Може да има и дополнителна

финансиска помош за одредени

студиски програми што ги нема

на државните универзитети“. Можеби зборувам пристрасно

(како студент од државниот

домен), но ако веќе ги

„пумпаат“ школарините, ако веќе се прогласуваат за

поквалитетни од другите, тогаш

нивното опстојување (или

пропаѓање) во денешното време е токму доказ за нивниот

квалитет. Епа, драги мои, не

може да не прифаќате проверка

за квалитетот од државниот

инспекторат за просвета, под изговор дека сте „приватни“ и

„независни“ од јавното

образование и да барате пари и

заштита под државната капа.

„Приватното“ или

„државното“? Кога на еден студент ќе му ги

поставиш опциите „приватен факултет“ наспроти „државен“,

тој ќе се подзамисли, но не за

квалитетот на образованието

кои истиве го имаат, туку за

длабочината на џебот на

неговите родители.

Приватните, имаат подобри услови за настава и

пренесување на знаењето, но се

потребни прилично финансиски

средства и за тоа. Поради фактот дека единствен услов да

се запишеш во ова институција

се илјадниците евра, за разлика

од успехот во средно образование и потребните

поени од матурскиот испит, кои

се задолжителни на државните

факултети, низ јавноста кружи една слика за приватните

факултети, во која парата ја

купува дипломата, наместо

знаењето да ја заслужува.

Единствен начин, на кој

приватните факултети можат да

го скршат овој стериотип е да ги

отворат своите врати кон пошироката јавност, а не само

кон селектираната

доброситуирана елита и да

воведат некои критериуми (соодветен успех) за тоа - кој

може, а кој не да се запише

тука. А државните?? Ах... од

каде да почнам? Сликата за диплома низ трнлив пат и

мизерни услови, која државните

студенти ги трансформира во

еден вид на „маченици“ мора под итно да се смени. Точно е

Page 15: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 15

дека истиве плаќаат помала

школарина (за разлика од

приватните факултети), но сепак, доволно плаќаат и

вложуваат во своето

образование и нормално е да

очекуваат колку-толку квалитет во наставата. Сума сумарум,

општата слика е катастрофална.

Потребни се итни промени и на

двете нивоа („државното“ и

„приватното“), ако сакаме денешниве студенти да се

квалифицираат и да станат

компетентни граѓани, кои ќе ја

поднесуваат и ќе се справат со тежината на утрешниот ден.

Page 16: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 16

Елена Николовска

Татичко, сакам дa бидам судија

Сакам да бидам судија или

јавен обвинител во најмала

рака. Татко ми има врски и ќе

плати ако треба. Планирам просекот да ми биде над

деветка. Мајка ми се знае со

деканот. Знам луѓе во секое

министерство. Вакви изјави и уште многу други слушав на

првиот ден од моето искуство во

приватен универзитет. Тоа за

мене беше една освестувачка

шлаканица, за тоа како функционира студентскиот

систем во нашата држава.

Се префрлив од државниот

универзитет поради несогласувања со еден од

гордите каприциозни и

дотраени професори таму. На

приватниот универзитет наидов

на учтивост од администрацијата и

професорите и на многу луѓе

кои се синови и ќерки на

моќниците во нашава Македонија. Тоа се обични луѓе,

со еден исклучок, нив никогаш

никој не им кажал „не“. Имаа

некое тивко разбирање со професорите и деканите, кое

речиси одеше вака: „Јас сум

зафатен со забави и пијанчење,

олабави ме и стави ми таму

десетка, да не свртам два - три

броја и да леташ од работа“. Овие луѓе не ги интересира да

научат нешто, тие едноставно

знаат сè.

Универзитетското образование е

повеќе од начин на стекнување

со лист хартија. Наменето е да ги образува младите луѓе да се

однесуваат онака, како му

доликува на еден академски

граѓанин, да внесат во него едно здраво размислување и

морални вредности. Само така

може да се осигураме дека во

иднина ќе имаме некое

релативно здраво општество. И кога стана нормално,

професорот да нема никаков

авторитет ниту право на почит

од своите студенти? Во останатите европски земји

приватното образование е

најценето бидејќи имаат

најдобар стручен кадар, најдобро се опремени за сите

насоки и затоа што имаат

најстрог кодекс за однесување

на студентите. И токму затоа,

Page 17: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 17

богатите родители ги праќаат своите мамини и татини мази на

ова место, во обид да ги

дисциплинираат. Во овие

установи за високо образование, непочитување на

професор се казнува со

суспензија од еден семестар до

цела една учебна година, а некогаш и со принудно

испишување од факултетот. Со

истите строги мерки се казнува

и препишувањето на тестови.

Македонија последниве неколку години произведува 99%

нездрав, некултурен и

неморален академски нестручен

кадар и само 1% академци со здрави морални вредности.

Пропастот на државата доаѓа со

колапсот на здравите вредности

на едно општество. Ние се движиме во таа надолна насока

со светлосна брзина. Решението

е просто, нешто во

образованието мора да се

смени, некој ќе мора да ја повлече првата црвена линија...

Page 18: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 18

Симона Митровска

И ајварот ми се одмили

Ако твоите родители се повлијателни и имаат пари, ти

добро ќе го поминуваш времето

по ноќни клубови, ќе спиеш

преку ден и нема да отидеш на ниедно предавање, а сепак

семестарот ќе ти биде исчистен.

Па дури и ќе имаш задоволителен

просек и ќе земаш стипендија, бидејќи мама и тато имаат моќ и

така мизерен и неписмен, ќе му

го скратуваш лебот на некој што

денот го поминува над книга. А

утре, кога ќе дипломираш, те чека удобна фотелја и стотици

луѓе кои ќе работат за тебе,

бидејќи ти си толку неписмен,

што освен потпис да напишеш, не знаеш ниту да склопиш правилно

реченица, но тоа воопшто не е

важно, кога џебот ќе ти биде

секогаш полн. А нормално, тие кои ќе работат за тебе, односно

твоите потрчковци се баш оние

кои ти беа предмет на исмев

додека беше студент, бидејќи тебе те болеше глава од

штоковите кои си ги пиел, а нив

ги болеше глава од страниците

кои ги научиле. И додека ти не

можеш да седиш повеќе дома од што ти е претопло од парното,

тие учат покриени со повеќе

ќебиња за да не трошат струја.

Се хранат со зимницата која им ја пратиле едвај од дома, додека ти

спиеш по сендвичари.

И додека тебе мајка ти ти го носи

индексот на факултет, да пие кафе и да ти собере некоја

оценка, тие по три часа дремат

пред канцеларијата на професорката за да си ја земат

оценката која со макотрпен труд

им е добиена и ја слушаат твојата

мајка како слатко се смее.

Но сепак, твоите потрчковци не

земаат ни половина од твојата

плата, а нивна е заслугата за секој твој заработен денар. Оваа

слика е веќе дваесетина години

прикачена на студентите во

Македонија и сè додека такви мамини синчиња се над нас,

ништо нема да се промени. Ова

мора да се промени и да се

слушне гласот на сите студенти,

кои се длабоко исфрустрирани од децата на богатите родители,

бидејќи во спротивно тоа

никогаш нема да се намали, а

никогаш нема да престане. Митото и корупцијата секогаш нè

гонеле и ќе не гонат, но можеби

бунтот е единственото решение

за овој проблем. Ако ние самите не се избориме, нема кој!!!

Page 19: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 19

Нормално, тие кои ќе работат за

тебе, односно твоите потрчковци, се баш оние кои ти беа предмет

на исмев додека беше студент,

бидејќи тебе те болеше глава од

штоковите кои си ги пиел, а нив ги болеше глава од страниците

кои ги научиле...

Page 20: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 ЕВРОПСКА УНИЈА страна 20

Стаменче Серафимова

ЕУ на пат кон пропаст или кон заедничка победа

Дали во пишувањето на историјата, датумите 8-ми и 9-ти

декември, ќе се сметаат како

пресвртница во европската

криза? Токму на овие датуми, лидерите на Европската Унија

беа повикани да се состанат на

последната од цела серија

предизвикувачки средби, на кои тие повеќепати ветуваа големи

промени во европските правила,

со цел спасување на

единствената валута, пишува

„Економист“, а пренесува Нетпрес...

Фокусот на средбата, претходно

беше јасен благодарение на

договорот постигнат на 5-ти

декември меѓу двајцата најважни

луѓе - германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот

претседател Никола Саркози. Сè

ќе биде насочено околу

зајакнувањето на фискалните правила за еврото.

Дуото „Меркози" пресуди дека

приоритет треба да биде

движење за поголема фискална

дисциплина. Ако еврото преживее, Европа ќе има потреба

од балансиран план за да се

изгради фискална и финансиска

интеграција, која ќе одговара на современиот модел на

монетарната унија. Наоѓање на

начини за контрола на владите и

спречување на фискалната разноличност, е дел од сето тоа.

Членовите на Еврозоната треба

да воведат граница за јавниот

долг и дефицитот во своите

устави. Санкциите за земјите, кои ќе ги нарушат овие граници, ќе

се активираат повеќе автоматски,

отколку што тоа се случува сега.

Прашањето дали сето тоа бара добро развиена, па дури и нагла

промена во договорите за ЕУ - е

предмет на алармантни дебати.

Претседателот на Европскиот совет, Херман Ван Ромпуј, смета

дека би можело да се постигне

многу и само со менување на

протоколот, Меркел сепак мисли дека тоа не е доволно. Од своја

страна, британскиот премиер

Дејвид Камерон веќе се претвори

во пречка. Во секој случај слични

реформи, иако целата политичка врева е околу нив, нема да бидат

доволни за да ги решат

проблемите. А непридржувањето

кон фискалните правила не е единствената, ниту дури главната

причина за проблемот.

Денешната криза е поврзана не

толку со фискалната разноликост, колку со

стравувањата на инвеститорите

Page 21: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 ЕВРОПСКА УНИЈА страна 21

за рационална употреба на

еврото.

Во краток рок, манијата за економиите може да ја влоши

ситуацијата и да ја продлабочи

рецесијата. А, без структура за

вкупно финансирање, довербата на инвеститорите нема да се

опорави.

По ова прашање планот на Меркози не нуди ништо. Меркел

го убеди Саркози да отфрли

издавање на заеднички

еврообврзници. Тој, пак, ја убеди да ја омекне идејата дека

приватните иматели на

обврзници треба да го преземат

товарот, кога земјите ќе западнат во тешкотии. Сега надеж е -

тешките преговори за

фискалната дисциплина да бидат

доволни за да ја убедат

Европската централна банка дека треба смело да се интервенира. И

навистина, претседателот на ЕЦБ,

Марио Драги, посочи дека

постигнувањето на „фискален пакт" може да победи. За

поважното прашање како и колку

далеку земјите од Еврозоната би

требало да стигнат во заедничката одговорност за

одредени долгови, сепак,

стратегија нема.

А прашањето е од суштинско значење. Изминатите десет

години ни дадоа убедлив доказ

дека фискалните правила сами

по себе не се доволни (а ако сакате навистина да се

исплашите, погледнете го

искуството на Европа од 30-тите

години на 20-от век, години на валутна вкочанетост и недостаток

на доверители од последна

инстанца). Ако сепак новите

построги правила бидат комбинирани со некаква форма

на заедничка одговорност, тогаш

би имало награда за доброто

однесување, а исто така и

сигурни санкции - секоја земја која ќе ги надмине фискалните

граници, нема да може да

искористи Еврообврзници. Но, и

тогаш би останало многу работа, вклучувајќи извршување на

структурни реформи за

зајакнување на конкурентноста и

создавање на вистински Европски банкарски систем.

Суштината на одлуката мора да

биде врската помеѓу доброто

однесување и заедничка

одговорност. Во спротивно, тоа ќе биде уште еден самит на

врвот, кој не успеа да го спаси

еврото, затоа што тоа и понатаму

тоне во криза и е на погрешен пат. Пазарите и инвеститорите се

нервозни и покрај уверувањата

од ЕУ-самитот. Во последните

седум недели, еврото загуби 8 проценти од вредноста.

Довербата во заедничката

европска валута тоне и покрај

Page 22: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 ЕВРОПСКА УНИЈА страна 22

заклучоците од последниот самит

на ЕУ, на кој беше најавено

нејзино зајакнување. Инвеститорите се нервозни и

извлекуваат пари од Еврозоната.

Понатамошното задолжување на

задолжените земји, притоа се доведува во прашање поради

рекордно високите камати, како

што беше случајот со Италија.

Тоа го става еврото под притисок. Кон крајот на октомври

едно евро вредеше 1,42 долари.

Од тогаш еврото тоне. Сега дури

и шефот на германската централна банка се заканува

дека ќе го „торпедира“ планот за

спас на еврото. Шефот на

Бундес-банката, Јенс Вајдман, се

изјасни против планираното зголемување на фондовите на

Меѓународниот монетарен фонд.

Голема е опасноста дека овие

средства ќе бидат искористени единствено за финансирање на

задолжените европски земји. На

вакви услови па и германската

Централна банка не може да се согласи.

ЕУ на пат кон пропаст или

кон заедничка победа

Европската Унија е на прагот на

пропаст, изјави полскиот премиер Доналд Таск, зборувајќи

во европскиот парламент каде се

сумираа резултатите од Самитот

на ЕУ, посветен на спасување на Еврозоната. Тој ги предупреди

евро-пратениците дека кризата

не е надмината и посочи дека ЕУ

е ставена пред избор – или сите да тргнат по заеднички пат, или

секој да оди по патот на

националниот егоизам,

алудирајќи на Британија, која

единствена се спротивстави на договорот.

- Слушнав само задоволни

коментари дека Британија

повторно е остров и дека каналот Ла Манш е поголем во

последниве неколку денови.

Искрено не можам да ја разберам

причината за ова задоволство - рече тој.

Премиерот на земјата, која е

ротациски претседавач со ЕУ,

изрази загриженост поради погрешното верување дека

иднината на Европа лежи

исклучиво во рацете на Франција

и Гер, а лидерството кое ќе ја

спаси Унијата треба да се побара во европските институции.

Истовремено, германската

канцеларка Ангела Меркел,

зборувајќи во парламентот во Берлин, напомена дека не постои

единствено решение за

европската должничка криза, но

дека Европа од неа ќе излезе и посилна и постабилна.

По минато-неделниот самит на

Европската Унија и постигнатиот

договор за поголема

федерализација на Унијата, преку воведување на заедничка

фискална политика - реакциите

не стивнуваат. Договорот кој

првенствено беше експресно одбиен од Велика Британија, во

јавноста произнесе големи

несогласувања околу идниот

концепт на Унијата. Реакциите во британскиот печат беа насочени

како кон европските членки, така

и кон премиерот Дејвид Камерон.

Page 23: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 ЕВРОПСКА УНИЈА страна 23

Камерон за својата постапка доби

и реакции дури и од својот

заменик Ник Глег. Стравот за изолација на Британија од

Европската Унија ги принуди

челниците на водечките европски

држави, Германија и Франција, да се произнесат повторно по

првичните реакции.

Како резултат на сето тоа,

германскиот канцелар Ангела Меркел, пред пратениците во

германскиот Бундестаг ја смири

топката и ги негирше сите изјави

поврзани со британска изолација. Во говорот пред пратениците таа

ја нагласи важноста на Британија

за Унијата, не само од

безбедносен план, туку и

нејзината трговска големина, значењето за заедничкиот

европски пазар и климатските

промени со кои се соочува

Европа. Со ова Меркел прави голем чекор

во односите на членките во

Унијата, давајќи и огромно

значење на Британија, покрај водечките држави како Германија

и Франција.

На крајот од својот говор

германскиот канцелар ја вложи

целата своја доверба во промена на Европската Унија, во насока

на градење на посилна Европа,

интегрирана со сите останати

континентални земји.

Нема безвизен режим

меѓу ЕУ и Русија Во следната година не се очекува

воведување на безвизен режим

меѓу Европската Унија и Русија, изјави претседателот на

Европската комисија Жозе

Мануел Баросо, цитиран од

руските медиуми. - Во следната година тоа нема да

се случи. Ја поставуваме оваа

цел за подалечна перспектива.

Нашата работа продолжува и се

надевам дека во наредните денови и месеци ќе имаме

конкретни резултати, рече

Баросо во Брисел, каде што се

оддржува средбата на врвот ЕУ-Русија.

На прес конференција по

средбата, Баросо додаде дека

двете страни утврдиле список со заеднички чекори за премин кон

безвизен режим. Практицирањето

на овие договорени чекори ќе

открие „можност за преговори за воведување на безвизен режим“,

подвлече Жозе Мануел Баросо.

Во списокот со практички чекори

се гаранциите за безбедноста на

личните документи и мерките за справување со незаконската

имиграција.

Page 24: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 ЕВРОПСКА УНИЈА страна 24

Стаменче Серафимова

Новиот самит на ЕУ закажан на 30 Јануари

Следниот самит на лидерите на Европската Унија ќе биде одржан

на 30-ти јануари идната година,

најави претседателот на Советот

на ЕУ, Херман Ван Ромпoj.

Главна тема на самитот ќе биде

економската состојба во земјите-

членки. Имено поголемиот број европски економии во наредната

година ги очекува стагнација , а

на некои од нив им се заканува и

рецесија, истакна претседателот на Советот на ЕУ, Херман ван

Ромпој. Враќањето на

финансиската стабилност во

Еврозоната и понатаму е од

клучна важност за нашата иднина, истакна Ромпoј,

додавајќи оти лидерите годинава

презеле големи одлуки за

решавање на должничката криза. Тој посочи дека се надева оти

постои излез од кризата. „Патот е

долг, подолг отколку што

очекувавме. Но, немојте да се сомневате, постои основна

политичка волја да одиме напред

како унија, со целосно

почитување на ситуацијата меѓу земјите“, посочи Ромпoј.

На ЕУ и фалат 50 милјарди евра.

Претседателот на министрите за

финансии на земјите од Еврозоната, вели : -Европската

Унија би била благодарна кога

членките на Г20, како и другите

финансиски стабилни членки на ММФ би ги поддржале напорите

за сочувување на светската

финансиска стабилност и

зголемување на фондот на ММФ. На последниот самит во

Брисел, беше донесено решение

земјите членки да достават

средства на ММФ во замена за

државите од Еврозоната што се во криза. Земјите од ЕУ се

договорија остатокот од 50-те

милијарди евра да се

надополнува од земјите што не се дел од Еврозоната. Најголем дел

од парите се од Германија,

Франција, Италија и Шпанија.

Бугарија, Романија и Унгарија кои се во ЕУ, а не се дел од

еврозоната, нема да доставуваат

финансии за ММФ. Близу 6

Page 25: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 ЕВРОПСКА УНИЈА страна 25

милијарди евра ќе донираат

Полска и Данска, иако не се

членки на Еврзоната, а Велика Британија се изјасни дека нема

да учествува во фондот со дополнителни средства. Европската

Унија бара 30.9 милијарди евра спас од

Велика Британија. Европската Унија

бара помош од Британија. Oд

британскиот премиер Дејвид

Камерун ќе биде побарано да

учествува со 30.9 милијарди евра

помош за критичните земји во Еврозоната. Министрите за

финансии ќе треба да се

усогласат околу новиот заем од

ММФ во вредност од 200 милијарди евра се со цел да го

спасат еврото. Министрите за

финансии официјално ќе

побараат Британија да обезбеди 30.9 милијарди евра со што

покрај Франција и Германија таа

ќе има најголемо учество во

донациите за спас на Еврозоната.

Резултатите од тестирањето на

институтот ИЦМ покажуваат како повеќето Британци сакаат

референдум за да се изјаснат

дали сакаат да останат членка на

Европската Унија.

Според тоа истражување, 35% од

тестираните сакаат референдум

за членство во Европската Унија

во текот на годината, 16% сакаат референдум пред распуштањето

на парламентот за четири години,

а уште 8% пред крајот на

следното истекување на парламентот. Само 25% од

тестираните се противат на

референдуот додека пак 16%

немаат мислење. Премиерот

досега ги стопирал барањата за референдумот за членство во

Европа кои доаѓале од

евроскептиците од неговата

партија. Конзервативната партија на власта е засилена со

отстапувањето на премиерот на

Европскиот самит:

конзервативците според испитувањето добиваат 40%

поддршка, што е нивни најголем

резултат по порламентарните

избори во 2010 година. Истражувањето е правено врз

1008 возрасни лица.

Page 26: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 ПОЛИТИКА страна 26

Ана Николова

Левица VS десница Често пати слушаме за битката

меѓу левицита и десницата во политичкиот живот на секоја

земја, прашувајќи се дали тоа

се единствените позиции во

спектарот на политички ставови.

Како секој поединец може да се најде групиран во грубата

поделба на левица и десница,

и што ако за едно прашање

размислуваме левичарски, а за друго десничарски?! Не

паничете! Честа појава е да се

имаат вакви недоумици од

неколку причини. Пред сè, прашањата за кои се однесува

поделбата на левица и

десница, се прашања од

општествен карактер, а не егзактна наука. Се работи за

теми кои се однесуваат на

социјална правда,

редистрибутивна функција на

државата, црквата, управувањето на економијата,

т.е. теми кои ги толкуваме

преку интерпретација на

минатото или сегашноста,

повеќе отколку преку точно определени факти и тврдења.

Второ, станува збор за

прашања, за кои не постои

точен или неточен одговор, туку само начин на гледање,

кој не мора да биде еднаш за

секогаш непроменет. Трето,

оваа поделба иако е прифатена насекаде, таа

претставува начин за

поедноставно да се групираат

политичките ставови, како

резултат на потребата на човекот да делува во систем

на вообличени правила, со цел

да може да ги групира

појавите кои ги осознава. Четврто, секое прашање во

себе содржи „про“ или

„контра“ одговор. Така,

мнозинството на одговори дадени за низа прашања,

може да ја прикаже позицијата

на поединецот на политичкиот

спектар, иако неговите

одговори може да се разликуваат - за едни

прашања да бидеме левичари

за други десничари. Која е

отприлика Вашата позиција на спектарот може да проверите

во овој квиз-

http://www.politicalcompass.org

/test. Во крајна линија,

конзистентноста не е ни

одлика на делувањето на

политичките партии, кои се

Page 27: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 ПОЛИТИКА страна 27

првобитни носители на оваа

поделба - често пати

левичарски партии се однесуваат десничарски или

обратно.

Повторно, нема потреба од паника. Не се работите такви

само кај нас. Земјите кои ни

служат за пример - западно

европските земји, Америка и слично, покажуваат исти

симптоми. Највпечатлив

пример се американските

партии, кои се всушност партии без идеолошка

кохезија. Кохезијата на

Републиканците или

Демократите доаѓа до израз за

време на избори - бидејќи ниту една од партиите нема

цврсто вообличена идеологија,

партиите ги усвојуваат

политичките платформи на секои четири години. Во таа

смисла, станува збор за

платформи кои се резултат на

компромиси, кои се прават во таа пригода. Европа,

генерално, се чини дека е

емотивно повеќе поврзана со

поимот идеологија и поделбата на лево и десно, поради што

на американски партии често

се гледа со недоверба на

начинот на кој

функицонираат. Тоа пак, од

своја страна не значи дека

Европа конзистентно делува, согласно со определбата на

позицијата на политичкиот

сепектар. Често пати,

поделбата на левица и десница може да се доживее и

едноствено како потреба

политичките партии да бидат

спротивставени меѓу себе, т.е. да имаат еден легитимен извор

на конфликти. Но, иако

левицата или десница - не

значи цврсто определен систем на вредности и

верувања, ни овозможува да

ги симплифицираме (или ако

ништо друго оправдаме)

постапките на политичките партии, подредувајќи ги под

иделогијата која ја

промовираат.

И ако за одредување на

позицијата на поединецот

постои тест(ови), кои горе

долу ја одредува(ат) нашата позиција на полтичкиот

спектар, таков тест (барем во

формата на оној погоре) за

делувањето на политичките

Page 28: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 ПОЛИТИКА страна 28

партии - нема. Единствен тест

е тестот на времето.

Она што останува е да ги

следиме нивните постапки, да си сместуваме лево или десно.

И ако резултатите од овој тест

се контрадикторни, треба да

имаме на памет дека, како што е случајот со поединецот, кој

често пати се разликува во

своите ставови по одредени

прашања (за едни е левичар за друго десничар), така и

политичките партии може да

отстапуваат во своите

постапки од „официјалната“ страна, која ја имаат

заземено.

Page 29: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 ПОЛИТИКА страна 29

Светлана Пеншовски

Блажената состојба е фикција Ги едуцираат младите дека треба да му дадат право на новиот

живот, се трошат државни пари

за неколку монтирани и

фотошопирани сценарија полни

со црвена боја, додека апчињата за контолирање на бременоста

т.е. контрацепцијата никако да ја

спроведат на позитивната листа

на лекови, кои би се издавале со рецепт. Па која девојка,

стартувајќи од тинејџерство, има

повеќе од 10 евра за секој месец

во континуитет – да си дозволи безбеден сексуален однос?

Стратегија за расплод Ете, се сети Министерството за

труд и социјална политика да направи анализа за нивната

добро позната стратегија. Чунки,

сакале да се родат повеќе

бебиња. Сфативме сите дека ситуацијата со природниот

прираст во Македонија – е

навистина критична. Го знаеме

тоа, живееме со тоа,

размислуваме за тоа, но ништо не преземаме, а всушност по тоа

и сме познати, затоа што, има

летаргични Македонци колку ти

душа сака. Промените во структурата на

населението, секогаш настанува

поради природно влијание (однос

меѓу наталитет и морталитет) и поради механичкото (миграцијата

во „ветената земја“). За таа цел

се користат: матичните книги за

евиденции, регистри, акти од

судови, пријави - одјави за

престој... Сепак, да признаеме

искрено, електрониката во овие

сфери не ни е најјаката страна. Можеби не знаеме како да се

справиме со бројкиве?

Аспекти за разгледување Стапувањето во брак во

денешна смисла би значело, дека

просечната возраст за овој чин е

25.2 години за девојките и 28 години за момчињата. За овој

просек, најмногу влијаат

нееманципираните поединци, кои

првиот сексуален однос го

поистоветуваат со брачна заедница, инаку суштината е

уште пострашна. Зголемениот морталитет доаѓа

од пресметката дека минатата година бил зголемен за 0,3% во

однос на претходната година.

Наспрема морталитетот,

природниот прираст бележи опаѓање од 4,5 промили во

2000г.- на половина (2,5) во

2010-та. Овој процес е

карактеристичен за запуштените

Page 30: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 ПОЛИТИКА страна 30

села, меѓутоа сега тој се

пренесува и во урбаните градови.

Битола, Демир Хисар, Ресен и Kратово имаат повеќе починати

лица отколку родени и тоа: 120,

62, 73 и 20. Бројкиве се

алармантни, колку и да сакаме да вртиме глава и да глумиме дека

не нè интересира. Стравот е

дека, наскоро, критичниве места

ќе ја доживеат судбината на Галичник, каде што последниот

вистински жител- починал пред

2-3 години.

Финасискиот стандард е далеку од поднослив. Денешните

млади, едвај се издржуваат

самите себе си со малите

приходи, со осигурувањата на

минимално работно време, со ненавремен личен доход, а

најважено е дека ниедно работно

место не е загарантирано дека ќе

биде временски подолготрајно. Сите наброени предуслови важат

и за двата пола, но за женскиот

има уште еден плус бонус. Да не

заборавиме, правото на додаток значи симболично одложување

на сиромаштијата, но не и

нејзино решавање.

Половата дискриминација,

бидејќи, статистички повеќе женски лица се со договор на

дело, откако ќе бидат во блажена

состојба, стручните служби во

компанијата/фирмата/гранапчето соломонски одлучуваат дека нема

да го продолжат договорот за

боледување, кога може да

примат нова вработена, која ќе си го заработи лебот со пот.

Младата мајка се наоѓа во

недоумица, дали да го подари

животот на детето, за кое ќе нема

никаков месечен приход за да го

одгледа, или во дијаметралните случаи - да абортира, сакајќи да

го заштити нероденото суштество

од казните, со кои ќе биде

приморано да се соочи. Да, сурово е сето ова, но не ги

правиме ние законите и дупките

во нив, туку само играме како

што ни свират, затоа што и онака секојдневно ни велат дека сите

сме заменливи. И, тогаш ќе се

најде некој паметен, кој верува

во утопија и кој ќе предложи дека може да се тужи фирмата.

Меѓутоа, веќе сите се доволно

паметни, уште при стартот на

осигурувањето, да ги

принудуваат вработените да потпишуваат бланко документ

(да, буквално бланко) за заемна

согласност при прекинување на

работниот однос. На тој лист, недостига само датум, за кога да

стапи во сила. И немојте да

кажете дека прв пат слушате и

дека тоа е мобинг, затоа што при очи сите глумиме дека сме

ослепени и им ги подаваме

конците за да нè играат како

марионетка.

Кампањите против абортус се подвид на горенаведениот

аспект. Ги едуцираат младите

дека треба да му дадат право на

новиот живот, се трошат државни пари за неколку монтирани и

фотошопирани сценарија полни

со црвена боја, додека апчињата

за контолирање на бременоста т.е. контрацепцијата никако да ја

спроведат на позитивната листа

Page 31: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 ПОЛИТИКА страна 31

на лекови, кои би се издавале со

рецепт.

Па која девојка, стартувајќи од тинејџерство, има повеќе од 10

евра за секој месец во

континуитет – да си дозволи

безбеден сексуален однос? По линија на помал отпор, се

одлучуваат кај поевтин

нестручен „доктор“- да ја спречат

бременоста, а при тоа ризикуваат

да бидат засекогаш отпишани од листата на родилки. Колку бедни

правила на игра...

Форсирањето за трето дете

беше владина кампања, што ги переше мозоците на сите, но на

крај „со ѕвездичка“ беше

посочено дека паричните

надоместоци ќе бидат за места како Мариово и сличен тип. Сите

добија впечаток дека почнаа да

се раѓаат трети деца во исти

семејства, но дали тоа е

навистина така? Се обративме во скопското

породилиште „Чаир“, каде што ни

кажаа дека родилки со трето дете

оваа година има 2,1%, но според статистиките во последните девет

години, таа бројка била 2,8.

Значи трето дете се раѓало

повеќе во минатото, но ние сега

поради влијание на

нискобуџетниот маркетинг - имаме впечаток дека дури сега се

случува тоа, што е чиста

невистина.

Заклучоци од нормален човек Не треба овие бројки и

статистики да нè асоцираат на

банкарски салда, па уште и на

позитивни и негативни вредности. Животот на бебињата

има повеќе смисла, доколку

сакате да ги создадете искрено,

во вистински спонтан и природен момент. Одложувањата значат

мала декадентност за нас, но

голема за нашата држава во

целина. Ако бидат ставени

младите во приоритетната листа за подобра иднина, можеби оваа

ситуација ќе се менува на

подобро, затоа што во спротивно

– ништењето на нашето битисување е неминовно.

Оптимистички, доколку мајката

се заштити повеќе, отколку сега,

доколку признаеме дека не се фрла вината на тие што само

чувствуваат последици, можеби

работите ќе тргнат на подобро.

Page 32: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 ПОЛИТИКА страна 32

Хавел- легендата на револуцијата

Во оние денови на еуфорија,

кога Вацлав Хавел се претвори од поранешен затвореник во

претседател на Чехословачка,

тој им кажува на своите

пријатели: „се чувствувам како измамник“. И долго време потоа

очекува тајната полиција

повторно да се појави и да го

фрли повторно во затвор. Но, не беше пишано тие темни

прогнози да станат реалност.

Хавел беше познат како поет, во 1989 година, застана на чело

на „кадифената револуција“,

што го симна од власт еден од

најголемите источноевропски режими во Студената војна.

Хавел беше претседател на

демократска земја, вечераше во

Белата куќа, во Прага им посака

добредојде на рок ѕвезди како „Ролинг Стоунс“, на духовниот

лидер на тибетанците Далај

Лама и на британскиот принц

Чарлс. Токму во тоа време чешката престолнина се

претвори во духовниот центар

на една нова Источна Европа.

Вацлав Хавел почина на 18 декември на 75-годишна

возраст. Човекот што напиша

драми, преку кои ги исмејуваше

бруталните комунистички слуги,

управувале со неговата земја и целиот Советски блок, имаше

сериозни здравствени проблеми

со години. Хавел успеа да го

дочека времето за да види како „Прашката пролет“ и неговите

десидентни движење и дела ги

инспирираат кинеските

активисти за човекови права, како Ли Ксијабао. Хавел беше

сведок како неговите лични

искуства се реинкарнираа за

време на „Арапската пролет“,

кога дел од Арабите се кренаа против режими, речиси толку

тоталитарни, разбојнички и

малоумни, како оној за чие

симнување, тој помогна пред 20 години. Последниот

претседателски мандат на Хавел

истече во 2003 година. Тој

остана како икона на промените, дури откако

реформатори и други десиденти

како Михаил Горбачов во СССР

и Лех Валенса во Полска го загубија својот сјај. Чесите

загубија незаменлив морален

водач. Тој ги изведе од

тоталитаризмот кон

демократијата. Тој го натера светот да се вљуби во неговата

земја, а самиот стана совест на

еден разбуден европски регион,

што побара нов, посткомунистички јавен

поредок. На прв поглед Вацлав

Хавел не се издвојуваше како

светилник на добродетели. Не се однесуваше ниту подмолно,

ниту грубо. Во разговор

мрмореше, во одење ги

влечкаше нозе. Ја

Page 33: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 ПОЛИТИКА страна 33

изневеруваше првата сопруга

Олга и беше страстен пушач.

Но, за еден народ, што беше згрозен од лагите на власта,

неговиот глас беше симбол на

чесноста. Кога Хавел им велеше

на Чесите дека „треба да живеат

според Вистината" и да се противат на обидите да бидат

претворени во делови од

тоталитаристичката машина, тие

му веруваа, бидејќи тој го заложи својот живот позади

овие зборови.

Хавел го поминал поголемиот

дел од својот живот со чувството дека е аутсајдер.

Како дете бил повлечен,

загрижен поради преголемиот

имот на неговото семејство. „Додадете го кон целосната

слика и фактот дека бев смотан

и децата со право ми се

потсмеваа“, признава самиот

Хавел. Откако бил повикан во војска, ја пишува својата прва

драма, посветена на неговата

чета. Првично Хавел бил

поздравен од неговите офицери, така било сè додека тие не

почувствувале дека овој

буцкаст и комуникативен војник

ги исмејува. По касарната, Вацлав Хавел наоѓа работа како

сценски работник во „Театарот

позади оградата" во Прага. Таму

тој ја сретнува остроумната

редарка Олга Сплихалова, која

ќе стане негова сопруга. Пишува саркастични претстави,

што ја тераат публиката да го

види смешното во

тоталитарниот свет.

Ова се случува во релативно

мирните, во политичка смисла,

денови пред Прашката пролет

во 1968 година, кога комунистите дозволуваа

одредена доза на критика.

Драмскиот писател Хавел го

опишува животот како апсурд,

граѓанинот Хавел има решение на проблемот: Не ја

повторувајте глупоста! Оние кои

живеат според вистината, ја

имаат огромната моќ да го срушат системот што се потпира

на лаги. Откако советските

тенкови, ќе ја смачкаат

Прашката пролет, властите му забрануваат на Хавел да

пишува и постојано ги

малтретираат неговите

пријатели. За Хавел следуваат осамени години... Хавел се

противи на депресијата и

пишува сè повеќе претстави,

создава нелегална печатница и

ја основа групата за заштита на човековите права „Повелба 77“.

Поради тие активности на

неколку пати е затворан од

Page 34: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 ПОЛИТИКА страна 34

комунистите, а во 1979 година

ја добива и најдолгата

затворска казна од четири и пол години. Нервозниот Хавел е

меѓу „најтешките“ затвореници.

Во затворот, тој ги пишува

познатите писма до неговата сопруга, објавени подоцна во

книга насловена „Писма до

Олга“.

Во тие писма Вацлав Хавел ја

критикува жена му дека не е

способна да го реновира

нивниот дом, ја критикува и

поради фактот дека таа не му пишува доволно писма и дека

не оди на фризер. Комунистите

му нудат шанса да се одрече од

своите убедувања и слобода, но тој одбива. Откако ќе биде

ослободен од затвор, тој

продолжува да ги извршува

своите револуционерни активности и повторно е уапсен

на неколку пати - за последен

пат само неколку месеци пред

„кадифената револуција“.

Вацлав Хавел не ја започна

револуцијата – таа започна

тогаш, кога група полицајци, претепаа група невооружени

студенти на 17 ноември 1989

година. Вацлав Хавел беше

душата на револуцијата. Тој ги убеди угнетените Чеси, дека

можат да победат. Тие му

поверуваа и го следеа со

неочекувана храброст. Хавел беше поддржан од оние луѓе,

кои себе си се мислеа за

без'рбетници, но открија дека

сепак имаат 'рбет и ги победија комунистите.

Автори: Џејмс О’Џексон; Масимо

Калабрези Извор: The Times

Подготви: Атанас Величков

Page 35: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 МЛАДИ СО СТАВ страна 35

Page 36: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 БАЛКАНСКИ ДОПИСИ страна 36

Атанас Величков

Плач и хистерија во Пјонгјанг Тишина, одеднаш

комунистичка хистерија, испорачана директно од

престолнината на династијата

Ким, престолнината на теророт

и корењата, што можат да се јадат... Тоа е Пјонгјанг,

градот на балсамираното тело

на „омилениот водач“ на

Северна Кореа Ким Јонг Ил.

Гладна Северна Кореја ќе даде

над 1 милион долари, о

сатано, долари ли напишав? Да да, токму така, 1 милион

долари за да го балсамира

телото на својот „бог“. Во

држави како Северна Кореа, каде според официјалната

политка, царува атеизмот, се

верува во натприродните моќи

на водачот. Водачот, во случајот дечкото со очила тип

„тегли“ и фризура „мамо никој

не сака да ме дружи“ имал

повеќе натприродни моќи дури и од единствениот Чак Норис.

Чак Норис, според извори

блиски на севернокореанската

државна телевизија, на

неколку пати одел инкогнито

до северниот дел на

полуостровот Кореа, за да го праша веќе покојниот Ким Јонг

Ил, како успева последниов да

се воздржи од одење по

голема нужда? Сигурно веќе разбравте за тоа. Замислете

Ким Јонг Ил, не потрошил ни

една ролна тоалет хартија во

неговиот живот... Чак Норис може вода да му носи! Ќе му

носи, ама нашиот другар Ким,

водата ја користел само за

туширање. „Пиуцкал“ коњаче

од шише со цена неколку илјади евра. Потоа, оние

„покварени“ капиталисти ќе

ми јадат бурек дека во

Северна Кореа се живеело лошо... Алал да Ви е, ако уште

им верувате на Американциве.

Зарем не видовте, како

работниот севернокореански народ излезе во хистерија по

веста за смртта на другарот

Ким? Зар не ги слушнавте

нивните крици?

Сè е документирано и

плеснато на Youtube како

Page 37: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 БАЛКАНСКИ ДОПИСИ страна 37

женски гаќи на сушење. Ги

гледав видеата од жалопојките

за првиот човек на комунистичкиот дел од

полуостровот Кореа и си

велам: „море мајката, а бе

овие навистина се отидени...“ Ало, друштво, немате ли вие

за читање некоја брошурка за

тоа „кои корења од кои

растенија може да се јадат?“ Слушнав дека во Северна

Кореа таквите брошури имале

најголем тираж, потоа се

разбира книгите на Ким Јонг Ил и неговиот татко, творецот

на Северна Кореа, Ким Ил

Сунг.

Кога сме веќе кај книгите,

починатиот „водач“ за време

на своето студирање успеал да

напише 1500 книги, а студирал 3 години... Според

моите скромни познавања во

областа на математиката,

разбирам дека Ким Јонг Ил пишувал просечно по 500

книги на година, годината има

365 дена, тоа значи дека

другарот Ким пишувал по 1,36

книги на ден! Па ќе напише, многу јасно, кога не губи

време во веце по голема

нужда... Изворите од

кореанската државна

телевизија тонат во молк за тоа колку дебели биле

книгите, што „брилијантниот

политичар“ ги пишувал... Јас

како убеден почитувач на ликот и делото на другарот

Ким, верувам дека пред

неговите книги, ремек делото

на Лав Толстој „Војна и мир“ изгледа како „нотесче“ за

запишување на телефонски

броеви. Но, да не забораваме

дека не е сè во дебелината, важна е и содржината.

Верувам дека никој од нас

нема да се посомнева во

тежината на пораките на Ким

Јонг Ил, што преку пишаниот збор стигнуваат до читателите.

Сепак, кога можат 24 милиони

Севернокореанци да веруваат

во големината на писателот Ким, кои сме ние 2 милиони

Македонци, да не веруваме?

Па ние, во споредба со

братскиот севернокореански народ, сме „мачкина

кашлица“, да не кажам нешто

повулгарно. Големиот водач

Ким, почина од преголемиот

замор додека макотрпно се трудеше да ја исправи

Северна Кореа на нозе. Тоа

беше официјалната верзија, за

причината за смртта на Ким Јонг Ил, соопштена од

тамошните официјални

медиуми. Од замор... Психички

и физички... Човеков многу се има посветено на својот

народ, па нормално дека сега

неговите сонародници ќе

Page 38: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 БАЛКАНСКИ ДОПИСИ страна 38

паѓаат во транс и ќе плачат

како за крај. Овие,

капиталистиве тврдат дека додека Ким, се „џиткал“

натаму-наваму со својот

блиндиран воз, сакал да си

поткаснува скапи манџички. Ги ценел најмногу тие, што му

ги носеле со авион и чинеле

стотици евра за една

порција... Тоа, се разбира, се информации од

јужнокореански извори и

треба да се земат со голема

доза на недоверба. Според идеологијата „чучхе“ (творба

на Ким Ил Сунг), Северна

Кореа, можела да опстане без

трговска размена со

надворешниот свет. Демек, немало потреба од трговија со

странциве, туку само од

работа и „кркање“ на домашни

производи, е тоа, викам јас дека е патриотизам. Никакви

капиталистички сокови и брза

храна, ориз, корења, ориз и

лепче и тоа ако има, ако нема, само корења ќе се јадат.

Ј***га матни времиња, што да се прави... Затоа плачеа

Севернокореанците, затоа си

ги маваа рацете во асфалтот и

паѓаа во транс - поради загубата на идеологот на

корењата за јадење! Колку ли

треба да си тероризиран за да

плачеш за таква небулоза? За крај, би сакал да му

посакам на Ким Јонг Ун, синот

на Ким Јонг Ил и негов

наследник, да си најде добар фризер, затоа што тој што во

моментов се грижи за неговата

фризура, ама воопшто не го

бидува... Инаку малиов, ќе управува со Северна Кореа, со

помош на својот чичко Јанг

Сонг Таек и се разбира

армијата. Автоматски тоа

значи дека севернокореанскиот народ го

чека еден перверзен „генг-

бенг“, но за тоа во некоја од

следните мои колумни... Засега, ќе ги оставам

испраните мозоци од Северна

Кореа да си „хистеришат“

слободно, а јас ќе си кулирам... Ќе си пуштам

некоја „трака“ на Рамштајн и

ќе медитирам. Ќе си замислам

дека сум лидер на некоја,

заборавена од Господ, земја и можам да правам сè што ќе

посакам... Типично по

комунистички начин...

Верувам дека ќе ми биде убаво и покрај фактот дека не

сум симпатизер на

левичарските движења...

Page 39: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 РЕПОРТАЖА страна 39

Елизабета Најдоска Величкова

Свети Никола- празникот на Градот под кулите

Градот Прилеп на 19 декември годинава, традиционално го

чествуваше денот на својот

патрон свети Никола. Празникот

беше отворен со свечена литургија отслужена од

архиепископот Охридски и

Македонски г. г Стефан и

митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар во

параклисот што го носи името

на патронот.

Своите пораки до прилепчани за

добро здравје, среќа, бериќет и

мир ги упатија и годинешниот

домаќин на чествувањето Стопанска банка АД - Скопје и

кумот на следната слава,

конфекцијата „Конфи Ангел“.

Генералниот директор на Стопанска банка АД-Скопје,

Глигор Бишев им посака на

присутните на славата

бериќетна и успешна година и

секако многу здравје. Сопственичката на

конфекцијата „Конфи Ангел“,

Ирена Јакимоска истакна дека е

среќна поради фактот дека таа ќе биде следниот домаќин на

славата и им посака на

прилепчани, многу радост,

љубов и духовен мир.

Градоначалникот на Прилеп,

Марјан Ристески, по повод на оваа шеста традиционална

градска слава им упати пораки

на своите сограѓани,

истакнувајќи дека е уверен во тоа дека токму светецот-

заштитник на градот му дава

благослов на Прилеп да

напредува. Во чест на градската

слава домаќините организираа и забава за граѓаните.

Page 40: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 РЕПОРТАЖА страна 40

За доброто расположение на гостите на славата се погрижија

музичките ѕвезди Миле

Кузмановски и Елена Петреска.

Светиниколската трпеза им понуди на гостите на празникот

65.000 посни сарми, 200

килограми риби, 100 килограми

грав, 100 литри ракија, маслинки, два тона вино и други

безалкохолни пијалоци.

Светиниколските сарми, што се карактеристични со големина од

еден сантиметар ги подготвија

домаќинките од здружението на

жени „Преродба“, кои секоја година доброволно ја

извршуваат оваа задача.

Рецептата за подготвувањето на

специфичните и вкусни

сармички, жените од друштвото „Преродба“, ја научиле од

своите мајки и баби.

Во 2009 година градот Прилеп влезе во книгата за светски

рекорди Гинис, откако за

празникот Свети Никола, беа

завиткани 85 илјади мали сармички. Тогаш домаќин на

славата беше министерот за

транспорт и врски, Миле

Јанакиески, кој исто така е и прилепчанец по потекло. Овој

верски празник е меѓу

најрадосните денови за градот

кога со желби за мир, среќа и

бериќет во годината што доаѓа се сплотуваат граѓаните

сеќавајќи се на некогашните

добри времиња.

Page 41: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 МЛАДИ СО СТАВ страна 41

Сексуална едукација – кога? (Продолжува од минатиот број)

Младите луѓе добиваат

информации за сексот и

сексуалноста од широкиот опсег

на извори, вклучувајќи ги медиумите со рекламирањето,

телевизијата и списанијата,

исто така и брошурите, книгите

и интернетот, кои се наменети

како извори на информации за сексот и сексуалноста.Некои од

нив се точни, некои не.

Обезбедувајќи информации

преку сексуалното воспитување, младите утврдуваат што е

правилно, а што не.На пример

младите можеби имаат слушнато

дека кондомите не се ефикасни против ХИВ или дека има лек за

СИДА.Најважно е да се дадат

информации кои ги корегираат

погрешните верувања. Без

правилни информации младите можат да се изложат на голем

ризик.

Младите луѓе треба да имаат информации на следниве

теми:

Сексуално развивање и

репродукција-физичките и емотивните промени поврзани

со пубертетот и сексуалната

репродукција,вклучувајќи ги

оплодувањето и контрацепцијата,како и

сексуалните преносливи

болести и ХИВ.

Контрацепција и одбегнување

на несакана бременост- што се контрацептивите, како

делуваат, како да ги користат

младите, како да одлучат што

да користат, што не, и како да се добијат.

Врски-каков вид на врски има,

љубовта и обврската, бракот и

партнерството, и законот што се

однесува на сексуалното однесување и врските, како и

опсегот на религиозни и

културни погледи на сексот и

сексуалната разновидност.

Кога сексуалното

воспитување би требало

да почне? Ефикасното сексуално

воспитување почнува рано, пред да дојдат младите во

пубертет, и пред да утврдат

модели на однесување. Точната

возраст зависи од физичкиот, емоционалниот и

интелектуалниот развој на

младите и нивното ниво на

разбирање. Исто така зависи и од тоа кој дава сексуално

воспитување, кога, во кој

контекст и од младата личност

која сака да знае за тоа. Давањето на основните

информации на младите луѓе од

рана возраст создава основа врз

која со тек на време се добива

комплексно познавање. На

Page 42: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 МЛАДИ СО СТАВ страна 42

пример, младите се запознаваат

со тоа како растат луѓето, како

се менуваат, како бебињата стануваат деца па подоцна

возрасни, така и добиваат

информации за пубертетот во

пред-тинејџерските години. Добиваат информации за

вирусите и бактериите кои го

напаѓаат телото, и за

инфекциите кои можат да се добијат при сексуалниот

контакт.

Дали сексуалното

воспитување ги

поттикнува младите на

секс? Некои луѓе се загрижени дека

сексуалното воспитување ги

поттикнува на сексуални

експерименти. Но по истражувањата, евидентирано е

дека не поттикнува на

сексуална активност.Напротив е

намалена, и зголемена е

употребата на кондоми и контрацепцијата.

Кога возрасните би

требало да почнат да разговараат со младите

за сексот? Понекогаш им е тешко на

возрасните да постават

прашања во врска со тоа, но

важно е да воспостават

отворена врска со младите, за

младите да имаат можност слободно да прашаат за се што

ги интересира. Нормално, некои

родители и деца чувствуваат

срам да разговараат на оваа тема. Затоа сексуалното

воспитување овозможува

запознавање на вредностите,

однесувањето и прашањата, објаснувајќи ги фактите.

Докажано е дека во земји како

Холандија, каде е голема

одговорноста во врска со сексуалното воспитување, и

каде возрасните имаат отворен

однос со младите, има

подобрување во сексуалното

здравје на младите луѓе.

Кој треба да обезбеди

сексуално образование?

Сексуално образование може да

се одржи во и надвор од училиштето. Во овие различни

контексти, различни луѓе имаат

можност и одговорност да

обезбедат сексуално образование за младите луѓе.

Родителите / старателите

Дома, младите луѓе лесно може

да имаат разговор со родителите или старателите и

да се фокусираат на конкретни

прашања или проблеми. Тие

може да имаат дијалог за нивните ставови и погледи.

Сексуалното образование дома,

исто така, има тенденција да се

одржува долго време, и да се вклучат многу кратки

интеракции помеѓу родителите

и децата. Може да има и период

кога младите нема да сакаат да

зборуваат, но важно е било

Page 43: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 МЛАДИ СО СТАВ страна 43

каква скромност од нивна

страна да не се толкува како да

нема за што да се зборува. Преку некоја реклама на

телевизија поврзана со сексот

на пример, се создава можност

да се иницира разговор. Постојат докази дека

позитивната комуникација

помеѓу родителот и детето за

сексуалните прашања може да доведе до поголема употреба на

кондоми од страна на младите

мажи и употреба на

контрацепција од страна на младите жени.

Наставниците

Во училиштата со интеракцијата

помеѓу наставникот и младите луѓе е поинаква формата на

сексуалното образование и тоа

често се одвива во

организирани блокови од часови. Тоа не е толку добро

прилагодено за советување на

поединец, туку на тој начин се

обезбедуваат информации од непристрасна гледна точка.

Најефективно сексуално

образование се училишните

програми кои вклучуваат родители, известување за она

што се учи и кога можат

родителите да го започнат

дијалогот дома. Родителите и

училиштата треба да ги

применуваат и пораките од медиумите за да се отвори

полесна можност за дискусија

со младите луѓе.

Младите луѓе

Во некои земји, младите луѓе

кои се во развој се вклучуваат

во програми, кои што обезбедуваат сексуално

образование, каде што ги

оформуваат своите ставови и

однесување.

Ефикасно сексуално

образование во

училиштата

Во училишта преку сексуалното

образование може на ефикасен начин младите да ги подобрат

своите знаења, ставови и

однесување.

Постои широка согласност дека

формалното образование треба да содржи и сексуално

образование.

Ефективните училишни

програми ќе ги вклучуваат следниве елементи:

-Фокусирање на намалувањето

на одредени ризични

однесувања; -Основа во теории кои го

објаснуваат она што влијае на

сексуалниот избор на луѓето;

-Обезбедување на точни

информации за, ризиците поврзани со сексуалната

активност, за контрацепција и

за контрола на раѓањето, како и

за начините да се избегне или одложи сексуалниот чин;

-Справување со социјални

притисоци врз младите;

Page 44: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 МЛАДИ СО СТАВ страна 44

-Обезбедување на можности да

се практикува комуникација и

преговарање ; -Пристапи кон наставата и

учењето, кои што се соодветни

на возраста на младите луѓе,

искуство и културно потекло; -Пристап до поддршка во форма

на обука и консултации со

едукатори од спротивниот пол;

Сите овие елементи покажале зголемување на нивото на

знаење на младите за сексот и

сексуалноста.

Ефикасното сексуално образование треба да биде

поддржано и од здравствените

установи кои што поблиску ќе

ги упатат младите луѓе за сите

ризици на болести кои што можат да се добијат при

незаштитени сексуални односи.

Во 2010 година Велика Британија пропушти важна

можност да се воведе

структуриран, задолжителен

предмет за сексот и врските во

сите англиски државни училишта. Оваа мерка, која што

беше дизајнирана од страна на

владата за да се обезбеди

сексуално образование за сите

млади од 15 годишна возраст,

од многумина се сметаше за контроверзна.

Сексуално образование

е важно! Обезбедувањето на ефикасно

сексуално образование може да изгледа застрашувачки, бидејќи

тоа значи справување со

потенцијално чувствителни

прашања и вклучување на различни луѓе - родителите,

училиштата, групи во

заедницата и здравствени

услуги. Меѓутоа, поради тоа што

сексуалното образование се

состои од многу индивидуални

активности, кои се одвиваат во широк спектар на подесувања и

периоди на време, постојат

многу можности да се придонесе

за едукација на младите.

За крај треба да се посвети поголемо внимание на

потребата за сексуална

едукација на одредени групи на

млади луѓе како млади родители, млади лезбејки, геј и

бисексуалните луѓе, како и на

социјално ранливите луѓе, се со

цел за поголема заштита и создавање на правилни ставови

и односи за врските и сексот.

Извор: Averting HIV and AIDS

Подготви: Елизабета Најдоска

Величкова

Page 45: Револуција магазин бр. 57

Конвенција на ОН за правата на лицата со хендикеп

ОПШТИ ОБВРСКИ НА ДРЖАВИТЕ (1)

Набљудувањето и следeњето на

примената на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со

хендикеп, што го прави

граѓанското општество, е

третиот столб во нејзината примена на национално ниво.

Лицата со хендикеп и нивните

репрезентативни организации

треба да бидат активно

вклучени и да бидат консултирани во сите процеси

на одлучување, кои се

однесуваат на нив, вклучувајќи

го и целосното учество во процесот на мониторинг.

Создавањето рамка за

националниот механизам за

мониторинг, овозможува континуирана примена и

следење на примената на

Конвенцијата. Тоа ќе помогне

да се обезбеди и спроведување на активностите на национално

ниво за следење на

препораките на Комитетот за

права на лицата со

хендикеп. Организациите на лицата со хендикеп би требало

да бидат активно вклучени во

работата на сите механизми за

примена и следење на национално ниво, за државата-

членка континуирано да ја

следи примената на

Конвенцијата и заради нејзина целосна примена.

Улогата на Комитетот за

права на лицата со

хендикеп Конвенцијата овозможува постепено спроведување на

економските, културните и

социјалните права, но бара од

државата-членка да преземе мерки во согласност со

средствата со кои располага

максимално, вклучувајќи и во

рамките на меѓународната соработка. Без оглед на

средствата со кои располагаат,

државите-членки никогаш не

смеат да вршат дискриминација

по кој било основ, вклучувајќи го и хендикепот; мора веднаш

да обезбедат минимално ниво

на економски, социјални и

културни права и мора постапно да ги остваруваат економските,

социјалните и културните права

истакнати во Конвенцијата.

„Полиоплусовци“ на 3-тиот Ад-хок Комитет за

Конвенцијата (ООН, мај 2004)

Регресијата не е дозволена.

Page 46: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 РЕВОЛУЦИЈА-СОРАБОТНИЦИ страна 46

Членот 34 од Конвенцијата за

правата на лицата со хендикеп

предвидува основање на Комитет за права на лицата

со хендикеп. Надлежноста на

овој Комитет е да го разгледа

секој извештај од оние држави кои се потписнички на

Опциониот протокол при

Конвенцијата, поднесен во

согласност со членот 35 од Конвенцијата. Кога се во

прашање држави кои го

ратификувале овој документ,

надлежност на Комитетот е да прима и разгледува

индивидуални претставки

против државата-членка и да

спроведува истрага врз основа

на дадените информации кои укажуваат дека односната

држава-членка сериозно и

систематски ја крши

Конвенцијата, во согласност со одредбите од Опциониот

протокол. Комитетот, во

моментов, се состанува два пати

годишно во Женева, Швајцарија, во период од две

недели за секоја сесија.

Отпрвин го сочинуваа 12

членови, но во јануари годинава

беше проширен на 18. Членовите на Комитетот мора да

имаат високоморални квалитети

и признаени компетентност и

искуство во областа на правата на лицата со хендикеп. Иако

членовите на Комитетот ги

номинираат и бираат државите-

членки, тие се независни експерти и не претставуваат

ниту една влада. Членовите на

Комитетот за права на лицата со

хендикеп би требало да бидат бирани, така што ќе се води

сметка за рамноправната

географска застапеност,

застапеноста на различни

облици на цивилизација и најважните правни системи,

урамнотежената застапеност на

половите и учеството на

експертите за хендикеп. Мандатот на членовите е четири

години, со можност за еден

повторен избор. Тие ги

извршуваат своите должности на волонтерска основа и

добиваат надомест само за

своите дневни трошоци, во

текот на заседанието на Комитетот. Поддршка и совети

на Комитетот му дава малиот,

постојан Секретаријат во

Канцеларијата на високиот

комесар за човекови права.

Циклус на известување Секоја држава-членка се

обврзува да поднесе

сеопфатен (иницијален) извештај до Комитетот за

права на лицата со хендикеп во

рок од две години, од денот

кога Конвенцијата стапила во сила во таа држава.

Иницијалниот извештај е

сочинет од општ документ, кој

дава општи информации, заеднички за сите тела за

следење на инструментите за

човекови права и од посебен

дел од извештајот, кој содржи информации, специфични за

спроведувањето на

Конвенцијата за правата на

лицата со хендикеп.

По поднесувањето, извештајот го разгледува Комитетот,

обично по редот по кој

пристигаат извештаите.

Извештајот потоа се преведува на официјалниот јазик на

Page 47: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 РЕВОЛУЦИЈА-СОРАБОТНИЦИ страна 47

Обединетите нации (англиски,

француски, шпански, арапски,

кинески и руски), во достапни и пристапни формати. Потребно е

да помине најмалку една година

од моментот кога извештајот се

поднесува, до моментот кога Комитетот го разгледува.

Комитетот за права на лицата со

хендикеп поднесува

прелиминарна анализа на извештајот од државата-членка

и подготвува листа со прашања,

со која се дополнуваат и

обновуваат информациите дадени во иницијалниот

извештај. Од државите-членки

се бара да одговорат на листата

со прашања, во пишувана

форма, во одреден временски рок.

Извештајот и одговорите на

листата со прашања потоа се

разгледуваат на следната пленарна сесија. Државата-

членка е повикана да учествува

на пленарното заседание за да

одговори на прашањата што ги поставиле членовите на

Комитетот и да му даде

дополнителни информации. На

крајот од дијалогот, Комитетот

издава завршни препораки што ги истакнуваат позитивните

аспекти, фактори и потешкотии

што ја отежнувале примената на

Конвенцијата, основните прашања што Комитетот ги

смета за значајни и,

конкретните сугестии и

препораки за следните активности.

Од државата-членка се бара да

поднесува периодични

извештаи најмалку на секои четири години, или почесто,

ако така бара Комитетот.

Периодичните извештаи не би

требало да ги повторуваат

информациите дадени во иницијалниот извештај, туку да

дава информации за мерките

што се усвоени заради

спроведување на заклучоците и препораките на Комитетот во

текот на анализата на

иницијалниот извештај.

Периодичниот извештај би требало да даде и информации

за каков било поголем напредок

од разгледувањето на

иницијалниот извештај.

Претставници од Полио Плус на 3-тиот Ад-хок Комитет за Конвенцијата (ООН, мај 2004)

Подготовка на

државните извештаи Процесот на подготовка на

извештајот е можност да се разгледа статусот на заштитата

на човековите права во

државата-членка. Државите-

членки би требало да спроведуваат општ преглед на

мерките преземени за

усогласување на националниот

закон и стратегиските документи и политика, со

одредбите од оваа Конвенција.

Подготовката на извештајот и

овозможува на државата-членка

да го следи напредокот што е постигнат кога станува збор за

уживањето на правата

Page 48: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 РЕВОЛУЦИЈА-СОРАБОТНИЦИ страна 48

пропишани со Конвенцијата, и

да ги идентификува проблемите

и недостатоците во својот пристап во нејзиното

спроведување. Процесот на

известување исто така може да

и помогне на државата-членка да испланира и да развие

соодветна политика за да ги

постигне своите цели.

Од државата-членка се бара да поднесе иницијален

извештај две години откако

Конвенцијата ќе стапи во

сила, што го покрива периодот помеѓу стапувањето во сила и

поднесувањето на извештајот од

државата-членка. Извештајот се

состои од општ документ и

посебен дел од извештајот.

Општиот документ е извештај

од 60-80 страници кој содржи

општи и фактички информации за спроведувањето на сите

инструменти за човекови права,

што ги ратификувала државата-

членка. Се проследува во ист формат до сите тела за следење

на инструментите за човекови

права на државата-членка, а

таа самата би требало редовно

да го обновува, за информациите да бидат

актуелни. Општиот основен

документ, значи, не се однесува

исклучиво на прашањата поврзани со хендикепот.

Општиот документ содржи

факти и статистички податоци,

какви што се демографските, социјалните и културните

карактеристики и, информации

за уставната, политичката и

правната структура. Исто така би требало да содржи и

информации за општата рамка

за заштита и унапредување на

човековите права, каква што е

ратификацијата на меѓународни инструменти за човекови права,

резервите, општата правна

рамка на национално ниво и

како се подготвуваат извештаите на телата за

следење на спроведувањето на

Конвенцијата. Општиот

документ би требало да содржи и информации за

спроведувањето на значајните

прописи за човекови права,

заеднички за сите, или за некои инструменти за човекови права,

какви што се забраната на

дискриминација и еднаквоста.

Посебен дел од извештајот е самиот извештај од најмногу 60

страни и би требало да содржи

специфични информации за

спроведувањето на членовите од Конвенцијата - во законот и

во практиката. Извештајот би

требало да даде детални

информации за значајните преземени мерки и за

постигнатиот напредок, и

анализа на Конвенцијата, член

по член, во согласност со

насоките за известување. Тие насоки ги усвоил Комитетот во

октомври 2009 година, заради

усогласување на формата и

содржината на иницијалниот извештај, а извештаите да бидат

сеопфатни и претставени на

стандардизиран начин.

Оваа Конвенција бара вклучување и целосно учество

на граѓанското општество, а

особено на организациите на

лицата со хендикеп, во процесот на следењето на

нејзината примена. Таа ги

Page 49: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 РЕВОЛУЦИЈА-СОРАБОТНИЦИ страна 49

повикува државите да ги

подготват своите извештаи за

нејзиното спроведување на отворен и видлив начин (член 4

(3) како и 35 (4)) според кои,

подготовката на извештајот би

требало да биде отворен и видлив процес, а лицата со

хендикеп, вклучувајќи ги и

децата со хендикеп, да бидат

консултирани и активно вклучени во подготовката на

овие извештаи, преку нивните

организации. Ова, со цел

подобрување на квалитетот на извештајот на државата-членка

и за тој да го промовира

уживањето на правата

заштитени со оваа Коневнција.

Комитетот го истакнува и значењето на консултациите со

организациите на лица со

хендикеп во подготовката на

извештајот на државата-членка, за извештајот да ја „рефлектира

реалноста на лицата со

хендикеп во државата-членка“.

Иако одговорноста за известување лежи кај самите

држави, јасно е дека

организациите на лицата со

хендикеп имаат улога во

подготовката на тој извештај и би требало да бараат

одржување на национални

консултации, за државата-

членка да има придонес од граѓанското општество, во

согласност со одредбите од

Конвенцијата. Националните

консултации може да се прават со граѓанското општество, за да

се согледаат нивните ставови

или за да се расправа по

предлог-извештајот. Во некои случаи, државата-членка може

отворено да се консултира, така

што секој заинтересиран може

да даде информации или

коментар по нацрт-извештајот. Организациите на лицата со

хендикеп би требало заедно со

државата да учествуваат во

подготовката на државниот извештај, за да дадат

информации и резултати од

правени истражувања, да ги

утврдуваат значајните прашања и да понудат препораки за

следните активности.

Важно е да се напомне дека

придонесот од организациите на лицата со хендикеп, можат но

не мораат да бидат вградени во

извештајот на државата-членка.

Бидејќи обврска на државата е

да го подготви извештајот, тој би требало точно да го

рефлектира ставот на владата, а

граѓанското општество може но

не мора да се согласи со сите дадени информации или со

начинот на кој се дадени. Од

тие причини, се советуваат

организациите на лицата со хендикеп да даваат совети, да

информираат и да се

консултираат со државата-

членка при подготовката на

извештајот. Тие би требало да ја задржат својата

самостојност и да имаат

улога на некој кој самостојно

прави мониторинг преку поднесување на паралелен

извештај, откако ќе биде

поднесен извештајот на

државата-членка. Организациите на лицата со

хендикеп во државите кои

доцнат со своите извештаи, би

требало да ги потсетат на нивната обврска да поднесат

извештај на време и да бараат

Page 50: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 РЕВОЛУЦИЈА-СОРАБОТНИЦИ страна 50

да се одржат јавни расправи (на

национално ниво) за

извештајот. Задоцнетиот извештај би требало да го

анализира периодот од

стапување во сила на

Конвенцијата, до времето кога е поднесен до Комитетот, што

значи дека може да покрие

период подолг од две години.

Комитетот за права на лицата со хендикеп има надлежност да

ја разгледа ситуацијата во

државата-членка дури и ако

нема извештај. Ако државата-членка доцни со поднесувањето

на извештајот, Комитетот може

да ја разгледа примената на

Конвенцијата врз основа на

„доверливите информации“ со кои располага Комитетот. Во

државите кои ја

ратификувале Конвенцијата,

а чии извештаи „значително доцнат“, организациите на

лицата со хендикеп би

требало по писмен пат да го

замолат Комитетот, ситуацијата во нивната

држава-членка да се

разгледа дури и ако нема

извештај од државата. Ако

Комитетот се согласи да го направи тоа, организациите на

лицата со хендикеп би требало

да поднесат сеопфатен извештај

за спроведувањето на Конвенцијата во нивната

држава, за Комитетот да може

ефикасно да ја разгледа

ситуацијата. Комитетот не може да се

занимава со ситуацијата во

државите кои не ја

ратификувале Конвенцијата.

Наши две успешни интервенции во нацрт-

Конвенцијата (6-тиот Ад-хок Комитет при ООН,

август 2005)

Известување во рамките

на националните

механизми за

мониторинг Конвенцијата бара од секоја држава-членка да воспостави

рамка за унапредување,

заштита и следење на нејзината

примена. Рамката може да се состои од едно независно тело,

каква што е националната

институција за човекови права,

или од повеќе тела. Рамката

мора да вклучи најмалку еден независен механизам и да ги

има во вид Париските начела.

При поставувањето рамка за

мониторинг, би требало да се консултираат и организациите,

и експертите кои се лица со

хендикеп. Една од нејзините

главни функции е следење на примената на Конвенцијата, а

тоа може да се постигне преку

спроведување на истражување,

развивање на индикатори и стандарди, или преку

прибирање на информации за

прекршувањето на човековите

права. Извештаите обично им се

поднесуваат на владините тела. Националниот механизам за

мониторинг може да одбере да

поднесе свој извештај до

Page 51: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 РЕВОЛУЦИЈА-СОРАБОТНИЦИ страна 51

Комитетот за права на лицата со

хендикеп за примената на

Конвенцијата на национално ниво.

Организациите на лицата со

хендикеп би требало да го

поттикнат механизмот да поднесе извештај и да се

консултира за примената на

Конвенцијата, а би требало

активно да учествуваат и во секој консултативен процес.

Во некои држави, националните

институции за човекови права

се избрани како механизам за мониторинг. Овие институции се

креирани за да ги промовираат

и да ги мониторираат

човековите права, а може да

бидат во најразлични форми: комисии за човекови права,

омбудсман (народен

првобранител), институции,

канцеларии на народните правобранители и советодавни

институти за човекови права.

Иако ги основала државата-

членка, националните институции за човекови права

кои се во согласност со

Париските одредби (Ниво А), се

независни тела. Обично имаат

широка надлежност која е јасно одредена со закон, имаат

доволен буџет и

инфраструктура што не е

предмет на контрола на Владата и можат да работат независно.

Во некои земји пак, може да

постојат национални институции

за човекови права кои се делумно во согласност со

Париските одредби (ниво Б) или

не се во согласност со овие

Одредби (ниво В). Иако Париските одредби ги

поттикнуваат националните

институции да придонесуваат со

извештаите на државите за

спроведувањето на меѓународните инструменти за

човекови права, исто така ги

поттикнуваат и да ги

искажуваат своите ставови кога тоа е неопходно.

Во државите во кои

националната институција за

човекови права не е избрана да биде механизам за мониторинг,

таа и понатаму може да

поднесува свој извештај до

Комитетот за права на лицата со хендикеп, за да го искаже

својот став за спроведувањето

на Коневенцијата во

конкретната држава-членка.

Организациите на лицата со хендикеп според тоа, би

требало да ги поттикнуваат

националните институции за

човекови права да поднесат свои извештаи и да

спроведуваат консултации,

заради добивање информации

за спроведувањето на Конвенцијата на национално

ниво.

Организациите на лицата со

хендикеп особено се

поттикнуваат активно да учествуваат во консултациите

со националниот механизам за

мониторинг и институциите за

човекови права. Сепак, овие организации би требало да

спроведуваат свој мониторинг и

да поднесуваат извештај до

Комитетот, за да обезбедат Комитетот да добива

нефилтрирани информации

директно од организациите

на лицата со хендикеп. Организациите на лицата со

хендикеп можат, сепак, да

Page 52: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 РЕВОЛУЦИЈА-СОРАБОТНИЦИ страна 52

посакаат да ги координираат

своите поднесоци со поднесокот

на националниот механизам за мониторинг и националните

институции за човекови права,

за да ги истакнат клучните

прашања значајни за граѓанското општество, и за да

избегнат поголеми

преклопувања помеѓу овие

извештаи.

Национална примена и

следење Како што е спомнато погоре,

Комитетот за права на лицата со хендикеп на национално ниво ја

следи примената на

Конвенцијата разгледувајќи ги

извештаите на државите-членки и давајќи сугестии и препораки

за тоа како подобро таа да се

примени. Членот 33 од

Конвенцијата бара од државите-членки да направат структура

за примена и следење на

Конвенцијата на национално

ниво. Член 33(1): „ државите-членки

ќе одредат, во согласност со

својот систем на организација,

едно или повеќе тела - во

рамките на својата влада - за прашањата што се однесуваат

на оваа Конвенција и, со

задолжително внимание ќе ги

разгледаат можностите за воспоставување или

одредување на координациски

механизам во рамките на

владата, за полесно преземање на соодветните акции во

различните сектори и на

различни нивоа“.

ОПШТИ ОБВРСКИ Членот 4 од Конвенцијата бара од држава-членката да го унапреди целосно остварувањето на човековите права и основните слободи за сите лица со хендикеп, без дискриминација од каков било вид, преку: - Усвојување на законодавни, административни и други мерки за реализација на правата признаени во оваа Конвенција;

- Усвојување на законодавни, административни и други мерки за забрана на дискриминација на лицата со хендикеп; - Заштита и унапредување на човековите права на лицата со хендикеп во рамките на сите стратешки документи, политики и програми; - Воздржување од сите постапки или практики кои не се во согласност со оваа Конвенција, како и гарантирање дека државните органи и институции дејствуваат во согласност со оваа Конвенција; - Преземање мерки за отстранување на дискриминацијата по основ на хендикеп; - Спроведување или поттикнување на истражување и развој на нови технологии, соодветни на лицата со хендикеп;

- Давање информации за асистенција, за службите за поддршка и услугите, достапни за лицата со хендикеп; - Поттикнување обуки на стручните кадри и персоналот кој работи со лицата со хендикеп; и - Активно вклучување на лицата со хендикеп во изработката и примената на прописите и политиките, како и во други процеси на одлучување во врска со прашањата што се однесуваат на лицата со хендикеп.

Член 33(2): „ државите-

членки, во согласност со своите

правни и управни системи, ќе

одржуваат, зајакнуваат, одредуваат или воспоставуваат

рамка во која ќе бидат вклучени

еден или повеќе независни

Page 53: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 РЕВОЛУЦИЈА-СОРАБОТНИЦИ страна 53

механизми, по потреба, за

унапредување, заштита и

следење на примената на оваа Конвенција. При одредувањето

или воспоставувањето на

таквиот механизам, државите-

членки ќе ги земат предвид начелата кои се однесуваат на

статусот и функционирањето на

националните институции за

заштита и унапредување на човековите права“.

Член 33(3): „Граѓанското

општество, особено лицата со

хендикеп и нивните организации кои ги застапуваат,

ќе бидат вклучени и во целост

ќе учествуваат во процесот на

следење на примената“.

Секоја држава-членка ќе одреди едно или повеќе тела

во рамките на својата влада

за прашањата што се

однесуваат на примената на оваа Конвенција и кои ќе ја

координираат националната

политика за Конвенцијата.

Телата може да бидат поставени на различни рамништа во

владата, но треба да се утврди

општо тело за координирање на

владините акции поврзани со

известувањето, следењето, подигањето на свеста и

комуникацијата со други

национални и меѓународни тела

за примена и следење. Од државите се очекува да

формираат некаков механизам

за координирање во рамките на

владата, заради развивање

политика, расправа и подигање

на свеста за правата на лицата со хендикеп. Спомнатото тело

и механизмот за

координирање се владини

тела кои ќе се фокусираат на примената на Конвенцијата.

Конвенцијата исто така бара од

државите-членки да постават

рамка за промовирање, заштита и следење на

нејзиното спроведување.

Рамката мора да опфати

најмалку еден независен механизам кој ги има предвид

Париските одредби. Таа би

требало да ги спроведува

активностите за подигање на

свеста, да ги анализира постојните закони и нацрт-

закони, заради нивно

усогласување со Конвенцијата,

да им дава совети на владините агенции за примената и да

спроведува проценки на

влијанијата релевантни за

човековите права. Рамката исто така би требало да ги

разгледува жалбите, да

спроведува истраги и да издава

извештаи. Би требало и да

развива индикатори за следење на напредокот и за прибирање

информации за кршењето на

Конвенцијата.

(продолжува...) Полио Плус –

движење против хендикеп

Page 54: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 АРТВИЗОР страна 54

Page 55: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 АРТВИЗОР страна 55

Од перото на Владимир Неделковски

HANNA(2011) улоги: Saoirse Ronan, Eric Bana,Cate Blanchett режија: Joe Wright сценарио: David Farr, Seth Lochhead продуцент: Leslie Holleran, Marty Adelstein (За да не се наруши автентичниот стил на авторот, текстот не е редактиран)

Друг вид на модерна

тинејџерка ХОЛИ Ш . Д! Одкаде дојде ова?

Филмче-громче, без помпезна реклама и фанфар, ами само со

квалитетот што може да се

оствари со вистински талент. Со

други зборови, овој филм не е од

Холивуд и неговата стриктно зацртана, шаблонска шема. Се

работи за, германско-

американски, копродукциски,

акционен трилер за, како што пишува во насловот, Хана. Таа е

млада, таа е убава; таа е

синоока, тин-плавуша, која е

тренирана да убива уште од самото раѓање (веројатно). Таа е

Хана Хелер. Родена во

лабораторија со генетски

инжењеринг, порасната и

навежбана во шумите на снежно-

забелената, Финска; Хана е

тренирана и туторина од

нејзиниот татко Ерик, кој и

самиот бил врвна, човечка, машина за убивање, платен од

владата (не кажуваат во филмот

која влада, но се сугерира

америчката, нормално).

Шестнаесетгодишната Хана, незнае за телевизија, интернет,

СТРУЈА, како ни за други

„благодети“ на цивилизацијата

кои ги имаат сите нејзини врснички, како на пр. шминки,

парфеми, тампони (хе-хе), коли,

штикли, миничи, пирсови и

другите шитови по кои се траскаат денешните женски (па и

машки, се почесто). Благодарејќи

на таткото кој не ја пуштил да ја

учат „стручњаци“ т.н. наставници, ниту па врсници т.н.

спонзоруши во раст, туку сам ја

превзел таа одговорност, Хана,

поседува неверојатно познавање

на Географија, Хемија, Физика, Биологија, Историја, Генетика

итн. Зборува шест светски јазици

и е способна за борба гради-в-

гради, употреба на ладно и огнено оружје од секаков

калибар и најважното, има воља

и одлучност, за која, денешните,

разгалени тинејџерки можат само да сонуваат. Единствена животна

цел за која Хана се стреми е да ја

Page 56: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 АРТВИЗОР страна 56

најде и убие жената од владата,

која е одговорна за смртта на

нејзината мајка. И токму кога во еден момент, Хана ќе се

почуствува подготвена за да ја

изврши задачата, татко и Ерик ќе

и даде радио, кое има директна врска со нивната цел, Мариса

Виглер. Манипулативна и зла,

Мариса, ќе ја искористи својата

државна функција да испрати воен тим да ја собере Хана и

нејзиниот татко и да ги одведе во

заробеништво во тајна, подземна,

милитарна база, во Мароко. Мариса, планира да ја искористи

Хана за свои цели и да направи

од неа она што го планирала

уште од нејзиното, вештачко

зачнување, да создаде војска од генетски изменети, супер

војници. Но, таткото, Ерик, ќе

тргне по друг пат да ја убие

Мариса, а самата Хана, ќе дозволи да биде заробена, за да

може да и се приближи на

Мариса. Работата се компликува,

кога Хана ќе убие една агентка, која се претставува дека таа е

Мариса, после што, Хана ќе

побегне од тајната база, убивајќи

се што ќе и застане на пат.

Мариса организира потера по неа, користејќи ги сите владини

средства (убијци) на

располагање, правејќи грешка и

запоставувајќи го таткото на Хана, Ерик, кој полека, но

сигурно се приближува кон

американското седиште на

Мариса. Хана, во меѓувреме во Мароко, ќе се зближи со едно

британско семејство туристи, со

цел да се скрие од агентите кои

ја гонат. Она што Хана

неочекувано ќе го открие, ќе

бидат чувства на наклоност кон децата од семејството, ќерката

тинејџерка и нејзиното помало

братче...

Причата, признаено, не е најоригиналната, со сите оние

причи за супер војници и

генетски инжењеринг и све...

Али, изведбата, мислам, нејзината нарација... АУ! ЧОЕЧЕ!!

ГРОМ!!! Која брзина, која

динамика... Еден момент ја

гледам Хана у бегство и за пола секунд, веќе се тепа со тројца

лошковци, а во следна половина

од иста секунда, сите тројца

лежат мртви! Хана е како

црвенкапа со црн појас во карате и златна медаља од стрелаштво.

Значи нешто од типот: „Ти-дам,

ти-дам, ти-дам; Го закљав о-оној.

Ти-дам, ти-дам, ти-дам; Го упуцав о-овој.“ Значи, брзо,

сурово, брутално. Хана нема

милост. И целата маестрална

кореографија е доловена совршено од одличната камера,

така да, на гледачот му

преостанува само да се навали во

троседот и да зјапа, повремено

земајќи и по некој здив.

Page 57: Револуција магазин бр. 57

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 57 АРТВИЗОР страна 57

Секоја акциона сцена (а тоа се

99% од филмот) е пропратена со

модерна техно музика, која само дополнително го качува

адреналинот. Интересното нешто,

што го забележав во филмот,

нешто само уште повеќе го одвојува од филмовите на

денешен Холивуд, е тоа што иако

има убивање на секој чекор,

количеството крв е минимално. Да, озбилно. Нема тука да

сретнете црева, мозок или

внатрешни органи. Умирања има,

али гадарии и крвавици, слабо или ич. Очигледно е дека

авторите сакале да се

сконцентрираат да изгледа

уверливо и да биде брзо, а не

морбидно, што е уште еден плус според мене. Всушност, во

филмот нема ни ронка голотија, а

не пак секс, така да, иако се

работи за хардкор акција, може да го гледаат и помлади. Инаку,

ако се прашувате „а зошто па тоа

го нема“, одговорот е повторно,

за да биде динамично, а не развлечено и разлигавено

дејството (нема време за

„Титанички романси“ во овој

филм). Уште треба да се

напомене за уверливата изведба на актерите. Тука се, веќе

докажаната Кејт Бланшет, која

беше кралицата на Англија во

филмот Елизабета: златниот период на Англија и која тука е

главната негативка. Потоа,

хрватскиот актер, Ерик Бана кој

беше Брус Банер во филмот за Хулкот и кој е тука во улога на

таткото/менторот на Хана, Ерик;

И уште новата млада ѕвезда,

Сеирис Ронан, која сигурно ќе се прослави сега, во улогата на

смртоносната Хана.

Па, што уште да се каже, освен,

гледајте. Верувајте, ќе ве забавува, особено кога ќе видите

колкава е разликата меѓу Хана и

нејзините

врснички кај нас. Хана на пр. не оди во „Седмица“ по јадење, туку

го зема лакот со стрелите и право

в шума, а снег до појас. Хана не

оди на Фејсбук да бара „другари“

и дечковци, туку иде у непријателска територија/база за

да изврши задача т.е. да уцмека

некого. Хана не се грижи дали

сите нокти и се еднакво лакирани, туку дали има доволно

куршуми у шаржер. Хана не

гледа романтични серии по цел

ден на кауч, пошо не видела ни струја у живот! Хана не е

материјалистка или спонзоруша,

пошо све шо и треба или ќе го

улови или изработи од дрво и

камен. Абе, гледајте за да видите.

Конечна оценка 8,5/10

Се читаме!

Page 58: Револуција магазин бр. 57