32
година II број 9 2012 година Општина Центар [email protected] www.centar.gov.mk Детско едукативно списание Бесплатен примерок ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА- БАБИНО СИЛАТА НА ЗБОРОТ ХЕМИЈА ВОДА БИОЛОГИЈА- ЖИРАФА УМЕТНОСТ- НАЈПОЗНАТИ ФОНТАНИ ВО СВЕТОТ НОБЕЛОВА НАГРАДА СПОРТ- ТАНЦИ И ОРА

Списание Центар11

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Детско едукативно списание поддржано од општина Центар

Citation preview

Page 1: Списание Центар11

година II број 9 2012 година

Општина Центар

[email protected]

www.centar.gov.mk

Детско едукативно списание

Бесплатен примерок

ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА-БАБИНО

СИЛАТА НА ЗБОРОТ

ХЕМИЈАВОДА БИОЛОГИЈА-ЖИРАФА

УМЕТНОСТ-НАЈПОЗНАТИ ФОНТАНИ ВО СВЕТОТ

НОБЕЛОВА НАГРАДА

СПОРТ-ТАНЦИ И ОРА

Page 2: Списание Центар11

СОДРЖИНА

Издавач: ОУ „11 Октомври“ Скопјеул.„Мирче Ацев“ бр.102 Издавачки совет:Глaвен и одговорен уредник: Ристо БојчевТехнички уредник: Ирина ИвановаУредник: м-р Билјана Лалчевска СерафимовскаУредник: Звонимир АтанасовЛектор: Ристо БојчевСоработници од општина Центар: Јулијана Шалева - ВД раководител на Одделение за образование, спорт и култура, Лидија Неделковска - раководител на Одделение за односи со јавност, Вера Новакова - Одделение за односи со јавност, Тинка Маневска-Одделение за информатичко технички работиСоработници: Катица Ставрова, (ОУ „11 Октомври“), Виолета Крстевска Васиќ (ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“), Аида Петровска (ОУ „Димитар Миладинов“), Драган Станојковски (ОУ„Св. Кирил и Методиј), Филип Стојковиќ (ОУ„Коле Неделковски“), Соња Илиевска-Гоџирова (ОУ„Гоце Делчев“), Менка Трепалковска (ОУ„Кочо Рацин“) e mail: [email protected]Ова списание е финансиски поддржано од општина Центар.Печати: Европа 92 Тираж: 2100 Министерството за образование и наука на Република Македонија со известување број 11-4508/4, дава одобрение за дистрибуција на списанието „Центар 11“ во основните училишта.

СЕЛО БАБИНО4-5

СИЛАТА НА ЗБОРОТ

6

ОД ПОДНЕБЈЕТО НА

МАКЕДОНИЈА7

НАЈПОЗНАТИ ФОНТАНИ ВО СВЕТОТ

10-11

ЖИРАФА9

ВОДА8

МАТЕМАТИКА8

НАЈДОБРОТО ОД НАС

12-21

ЗАНИМЛИВОСТИ29

КАКО ДА СЕ ОДБЕРЕ БЕЗБЕДНА ШИФРА

27ОД ОПШТИНАТА

22-23

ТАНЦИ И ОРА24-25

ДА СЕ НАСМЕЕМЕ28

ЗАБАВА30

ТОП

ЛИСТА & ХОРОСКОП

31

КАКО ДА СЕ УЧИ3

RAINBOW26

Почитувани ученици! Започна новата учебна година, а со неа и втората сезона на вашето и наше, Детско едукативно списание „Центар 11“ кое во целост е поддржано од Општина Центар. Како минатата така и оваа учебна година примерок од списанието ќе добивате редовно и бесплатно. Во летниот преиод додека сите одмаравме, за нас одморот беше активен. Во редакцијата пристигнаа голем бројна идеи, сугестии препораки, јавувања од бреговите на нашите прекрасни езера, планини и излетнички места. Секако дека меѓу најинтересните јавувања беше јавувањето од скопската зоолошка градина, не известија дека пристигнала жирафата. Во разговор со повеќе читатели дојдовме до сознание дека децата најмногу од се, ги сакаат животните. Затоа Редакцијата одлучи во оваа сезона да обрне поголемо внимание токму на оваа тема. Впрочем малку општини на својата територија имаат зоолошка градина, ние ја имаме таа привилегија и се надеваме дека вашите предлози за запознавање со животните „во живо“ како што пишува едно ваше другарче, ќе се реализираат. Ви посакуваме успешна учебна година, стекнување на многу нови знаења и пријателства. Вашите предлози идеи и сугестии ги очекуваме на нашата e-mail адреса: [email protected] како и на facebook.

Page 3: Списание Центар11

3

Наш советНАШ СОВЕТ - КАКО ДА СЕ УЧИ

Кој не би сакал да учи брзо и ефикасно и да има многу слободно време? Набројуваме неколку правила кои помагаат кај поголемиот дел од учениците, па ако сакаш провери ги на себе и ти :

Слушај ги предавањата на часот. Размислувај за тоа што зборува наставникот. Дома ќе ти биде потребно помалку време за учење.

Прочитај ја дома новата лекција од учебникот која е предадена тој ден без оптеретување дека ќе ја

научиш.

Учи дел по дел, од долгатата лекција.

Подвлекувај ги поважните

делови од текстот на лекцијата.

Не учи на памет. Сите термини и

поими треба да ти се јасни.

Кога учиш исклучи сè што може да ти го одвлече вниманието: мобилниот телефон,

телевизорот, компјутерот и сл.

Распореди го учењето. Ако наставната содржина

има многу нови податоци кои треба да ги меморираш, организирај

го учењето во повеќе денови или повеќе пати на

ден.

Еднаш наученото треба редовно да се

повторува

Page 4: Списание Центар11

СЕЛО

4

БАБИНО

Во библиотеката една од собите привлекува посебно внимание. Тоа е етно собата која е со површина од 16 m2

и во неа се наоѓаат повеќе експонати изработени од најразлични материјали. Централно место во етно собата зазема огништето кое е симбол на просветлувањето, обновувањето и продуховеноста.

Тука некаде се наоѓа и манастирот „Св. Никола Топлички“ кој своето име го добива по месноста „Топлица“. Овој топоним пак е добиен според местото кое е оградено со планини и секогаш зимите тука се топли. Манастирот има необичен изглед и е во форма на впишан крст од стеснет тип.Интересно е да се спомене дека на западната врата од манастирот има ктиторски натпис кој јасно кажува дека истиот е подигнат во 1536/1537 година. Првобитната манастирска црква на Топличкиот манастир била изградена во 14 век, а од неа е зачуван само западниот ѕид со два слоја фрески. Фреските се од 16 век и се многу значајни според својот тематски и иконографски спектар. Овде се сочувани и два портрета од Св. Климент Охридски. Во овој манастир се одвивала преведувачка, препишувачка и оригинална книжевна дејност, а исто така работело и ќелијно училиште во кое наставата се одвивала на народен македонски јазик. Манастирот бил и свратилиште на реонските војводи, а значаен е податокот дека токму овде е одржан состанок на кој е донесена одлука за дигање на Брсјачкото востание.

Легендата за Змејовата пештера

Недалеку од с.Бабино кај Павлов Рид, се наоѓа пештерата Змејова дупка. За оваа пештера низ Демирхисарско се раскажува ваква легенда: „ Пред многу векови кај црквичето Свети Атанас, на неговата летна слава, се развиорело оро големо. На орото се фатила најубавата девојка, која била од фамилијата Дамјановци од селото Доленци. Таа го повела орото и во еден миг ја подигнал змејот, ја дигнал кон небесните височини. Вечерта змејот ја внел во својот дом, змејовата Дупка.Змејот дење спиел, ноќе излегувал и крадел, а влезот го затварал со голем камен. Тој многу ја засакал убавицата од Доленци. Но мајката на девојката не се откажувала од својата ќерка. Многу плачела и жалела и секоја вечер одела до влезот на пештерата да разговара со ќерка си. Една ноќ ја замолила ќерка си да го праша змејот од што се плаши и од што може да умре?Вечерта кога се вратил змејот, таа љубезно го прашала од што се плаши во животот? Тој со силно смеење гласно одговорил дека од ништо не се плаши. Љубовната игра продолжила. Занесен, змејот и ја открил најголемата тајна дека може да умре само од солена вода. По неколку дена мајката на девојката и однела сол. Изморениот змеј вечерта побарал вода. Убавицата му дала солена вода. Змејот, кога почувствувал дека е надмудрен и ја губи силата, ја проколнал девојката која веднаш се скаменила. Змејот ја прегрнал и до неа останал скаменет. И денес тие се скаменети во прегратка.“

Бабино е село кое се наоѓа во срцето на општината Демир Хисар, Македонија. Денес има само 15-тина жители, а оние кои се родум од тука овде се враќаат во лето. Бабино е село со најмногу учители по жител и со најмногу книги по жител на светот, бидејќи во просек за секој жител има по 1.330 книги што претставува светски феномен. Библиотеката е еден мултифункционален културен и информативен центар која дава ретки можности за откривање на нови и возбудливи вистини, факти и настани во најразлични подрачја на човечкиот дух.

Истражи ја Македонија

Page 5: Списание Центар11

5

НЕ ГИ ЗАМЕНУВАЈТЕ КНИГИТЕ СО КОМПЈУТЕРИТЕЦентар11: Од кога постои библиотеката?Оваа година се навршуваат 130 години од постоењето на библиотеката, што ќе рече дека е формирана во 1882 година од мојот прадедо Јован, кој како војник во време на Отоманската империја како и другите војници, во недостаток на пари во државната каса, често биле исплатувани со книги наместо со пари. За среќа заради неговите понагласени културни потреби, зачувал голем дел од ова книжно богатство. Станува збор за книги печатени во Истанбул, Анкара, Багдад, Техеран, Дамаск и други културни центри на отомански, арапски и персиски јазик. Таа традиција грижливо е пренесувана од поколение на поколение, така што книгата ни стана столб на нашето семејство.Центар11: Како се распоредени книгите во библиотеката со оглед на тоа дека истата се наоѓа во куќа?Библиотечниот фонд е сместен во семејна куќа изградена во 1952 година. Во тек е адаптирање на дополнителен простор за сместување на нови наслови кои се прибираат по различни основи. Посебно возбудливи импресии кај илјадниците туристи и корисници предизвикува етно собата со своите 120 експонати кои го отсликуваат ова поднебје, со целата негова естетска и музејска вредност. Во дворното место на библиотеката изграден е првиот приватен амфитеатар во РМ на кој се негуваат истите духовни вредности уште од времето на Еврипид како што се:промоции, предавања, трибини, литературни читања, музичко - сценски настапи итн.Центар11: Што според Вас е највредно што се чува во библиотеката?Во фондот на библиотеката се чуваат преку 20.000 наслови на книги и друг библиотечен материјал. Она што ја чини библиотеката посебно значајна е тоа што во неа се чуваат првите македонски изданија меѓу кои се: првиот примерок на македонскиот правопис, Македонскиот буквар, оригиналот на Волшебното самарче, Македонската граматика, Зборникот на Миладиновци печатен 1891 година во Софија, примерок на весникот Нова Македонија печатен 1944 година во село Горно Врановци, преку 338 фотографии од Првата светска војна направени на тлото на Македонија од непознат германски известувач, како и поголем број патописи за Македонија кои зборуваат за нејзиниот народ, географијата, картографијата, границите, етнографијата, нејзиниот јазик, името и традицијата, народното творештво, туѓите влијанија, црквите и училиштата итн. Покрај овие изданија, во фондот на библиотеката се чуваат книги со неутврдена старост и место на печатењето, како и поголем број октоиси, часослови, литургии, ретки речници како и книги со високи научни вредности. Центар11: Какви се Вашите планови за во

иднина?Најдобрата работа во врска со иднината е тоа што доаѓа ден по ден. Така и ние ден по ден ја градиме нашата семејна реликвија, низ која доколку поминеш, како да си поминал низ повеќе векови и како да си понел од неа цели епохи. Ќе ја заокружиме физиономијата на овој мултидисциплинарен центар со збогатување на медицинскиот и ботаничкиот оддел на библиотеката и со идејата за изградба на ботаничка градина која би имала пред сè едукативна цел и би била во функција на младата популација, учениците и студентите. Ќе продолжиме со доуредување на просторот со спортски реквизити и привлекување на што е можно повеќе посетители, пред сè ученици како и претворање на библиотеката во идно дипломатско свратилиште.

Центар11: И секако една порака од Вас до читателите на Центар 11?Сакам да ви кажам дека децата кај мене ги разбудуваат најубавите чувства и се моја најголема радост. Затоа најдобронамерно би ви порачал современите компјутерски технологии да ги ставите во функција на книгата. доколку книгите ви станат семејна религија, ќе имате онолку животи колку што ќе посакате. Учењето да ви биде прв чекор дури и пред животот!

Интервју со ...

Стево Степановски сопственик на првата приватна библиотека АЛ-БИ во село Бабино

Page 6: Списание Центар11

Силата на зборот

6

За неверојатно талентираниот, ценетиот и најзначајниот човек на македонскиот дваесетти век може бескрајно да се зборува. Сè што би можеле да кажеме за овој автор и кодификатор кој исклучително треба да се цени, би било неисцрпно и недоволно. За крај, само би му дозволиле да продолжи да ја ткае македонската мачна историја низ своите дела и да ги учи младите генерации тоа да го почитуваат.

Детска редакција: Ема Димзова 8одд.

Заврши 51. издание на Струшките вечери на поезијата

Со врачувањето на Златниот венец на годинашниот лауреат Монгани Вали Сероте од Јужна Африка и наградите „Браќа Миладиновци“, „Мостови на Струга“ и „Иселеничка грамота“ на 26 август во Струга се означи крајот на 51. Струшки вечери на поезијата. Наградата “Браќа Миладиновци“ му беше врачена на македонскиот поет Милош Линдро за делото „Основите на небото“. Признанието „Мостови на Струга“, кое се доделува од страна на УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата за најдобар поет - дебитант, го доби Франсоа Зарие Мегло, додека „Иселеничката грамота“ за најдобар македонски поет во дијаспората ја понесе Ивица Челиковиќ од Гетеборг, Шведска. Покрај добитниците на наградите, на овој поетски собир шанса да настапат добија и многу други поети од разни страни на светот. Гостуваа поети од Азербејџан, Индија, Куба, Франција, Ирак, Сирија и Мароко.

Творештвото на Блаже Конески e нераскинлива

врска помеѓу македонската историја и јазик

Додека се зборува за македонската литературна историја и јазик, неизбежно се споменува најголемото име на македонската нација - Блаже Конески. Роден помеѓу двете војни во 1921-та, овој деец потекнува од Небрегово, Прилепско, каде го завршува своето основно образование. Подоцна, како најдобар ученик и стипендист во средното училиште, заминува во Крагуевац и Софија. Со своите многубројни дела, Конески има оставено печат врз македонскиот јазик - тој е вечниот македонски борец кој со македонски литературен збор се крева на востание за

зачувување на македонскиот народ и јазик кој како пиреј се раѓал повторно и повторно низ неговата тешка борба, сè до денес. Конески, освен како кодификатор и втемелувач на нашиот јазик, во македонската литературна историја се јавува и како исклучително талентиран поет, есеист, прозаист и ценет професор на Филолошкиот факултет во Скопје, каде бил ректор и за првпат ја отворил македонистичката катедра. Негови најзначајни дела се „Тешкото“, „Речник на македонскиот јазик“ во три тома, „Правопис на македонскиот литературен јазик“, но и неповторливата „Везилка“ во која Конески со црн и црвен конец „ја везе“ мачната историја на својот народ. Со црниот тој ја обележува таа мачна борба за опстанок, а со црвениот - вкрвавената зора. Кога и да ја прочитамe, со оваа извондредна поетска творба Блаже Конески успева да ни ги наполни очите со солзи, бидејќи само преку неа модерниот Македонец може да почне да ја разбира и цени историјата на својот измачен народ. Секое негово дело е напишано со искрени чувства и е црпено од македонската традиција која ги обележува сите дела на овој ценет македонски литературен деец, заштитник на јазикот и пионер кај уметниците кои пишувале и пишуваат на македонски литературен јазик.

Page 7: Списание Центар11

7

Од поднебјето на Македонија

Т Е Ш К О Т О

Тешкото оро се смета за едно од најпознатите ора. Потекнува од мијачкиот крај, Северозападна Македонија. На печалба не се заминувало без „Тешкото“. Го играле на крајот од селото каде печалбарите се разделувале од своите најмили. Орото започнува со удари на тапанот и со пискотот на зурлите. Играорците се движат многу бавно и создаваат круг. Ороводецот дава знак со шамивчето и играорците се фаќаат за раце. Смирено ја подигнуваат десната нога и го подвиткуваат коленото. Највозбудливо е кога ороводецот ќе се качи на тапанот. Играта забрзува. Секој играорец за миг е ороводец, го прима шамивчето, го води орото а потоа го предава на следниот.Тешкото било и останало, не само оро, туку и вечна и неисцрпна инспирација на поетите, режисерите, композиторите. Антологиска е поемата „Тешкото“ на Блаже Конески како и хорската композиција „Македонско оро“ на Тодор Скаловски.

О тешкото! Зурли штом диво ќе писнат,штом тапан ќе грмне со подземен екот-во градиве зошто жал лута ме стиска,во очите зошто ми навира рекаи зошто ми иде да плачам ко дете,да превијам раце, да прекријам лик-та гризам јас усни, стегам срце клето,да не пушти вик.

Блаже Конески

МАКЕДОНСКИ ФОЛКЛОРВо својата ризница од огромно културно наследство, македонскиот народ создал и развивал една ретко богата материјална и духовна култура во облик на музика и игра, народен вез, народна поезија и сл. Македонскиот народен гениј низ вековите ги пренесувал од поколение на поколение стекнатите умеења од областа на фолклорот. Огромен придонес кон зачувување на македонскиот фолклор даваат и бројните фолклорни асамбли ширум државата - Танец, Мирче Ацев, Орце Нколов, Ѓердан, Бисери, Отекс и бројни други.

МАКЕДОНСКИ ОРА

Македонските народни ора имаат важно место во македонскиот фолклор и музичка традиција и се неразделен дел од животот на народот. Нивните имиња се изведени од имиња на места, лични имиња, занаети, животни, инструменти, видот на орото, начинот на држење и обичаите. Ората обично се играат за време на (Петровден, Божиќ, Водици, Велигден, Ѓурѓовден, Спасовден), државни празници, венчавки, обично на сред село, пред црквите, училишта и куќите. Зависно од стилот, кореографијата и обичаите поврзани со нив, македонските ора можат да се поделат во пет регионални групи-западни, југозападни, јужни, северни и источни.

Page 8: Списание Центар11

8

ХемијаВ О Д А

ШТО Е ДЕХИДРАЦИЈА? Дехидрација е состојба која се јавува кога некој ќе изгуби повеќе течност од што прима, со што ја пореметува рамнотежата на минерали во телото. Се јавува аномалија со која клетките на телото се без потребната количина на вода.

Водата е неопходна за живот. Луѓето можат многу подолго да преживеат без храна отколку без вода. Единственото нешто кое ни е попотребно за живот од водата е воздухот. Водата претставува околу 60-70% од нашата телесна тежина. Затоа, секое делче од нашето тело има потреба од неа за правилно да функционира. Недоволното внесување на вода води до дехидратација, а во таков случај нормалното функционирање на телото е невозможно. Дури и слабата дехидратација, веднаш носи негативни последици како намалување на енергијата, главоболки, замор.

H2O

АНОМАЛИЈА НА ВОДАТАНа температура од + 4°С, водата има најголема густина. На пониска температура, волуменот на водата се зголемува, а густината се намалува. Така, мразот има поголем волумен од иста маса течна вода, што значи помала густина. Сите други супстанци се однесуваат обратно (во цврста состојба супстанците имаат поголема густина отколку кога се во течна). Поради тоа ова својство на водата се вика аномалија на водата. Како полесен (со помала густина), мразот плива на површината на водата и не дозволува водата под него да замрзне. Ова својство на водата е многу важно за одржување на животот во природните води, при ниски температури. Од друга страна, оваа неправилност е причина за ронењето (ерозија) на карпите и пукањето на водоводните цевки. Водата го забрзува метаболизмот, го зголемува нивото на енергија, ја навлажнува кожата и му помага на телото да се ослободи од штетните токсини.

ВОДОРОДНИ ВРСКИРазликите во јачината на водородните врски во течната вода и во мразот се причина за аномалијата на водата. Течната вода има поголема густина од мразот, поради што мразот плива на површината на водата. Ова се должи на послабите водородни врски во мразот во однос на течната вода, што значи дека молекулите во мразот се на поголемо меѓусебно растојание отколку во течната вода. Тоа, пак, од друга страна значи дека иста маса мраз во однос на течната вода зафаќа поголем волумен , односно има помала густина.

Page 9: Списание Центар11

9

ЖИРАФА Жирафа е животно кое потекнува од Африка и е највисокото животно со најдолг врат. Мажјаците се високи од 4,5 до 5,5 метри и тежат околу 1000 килограми. Женките се 70-100 сантиметри пониски. Жирафата се движи со брзина од 6-7 км на час, а кога трча нејзината брзина достигнува и до 60 км на час. Од сите цицачи, жирафата има најмалку потреба од сон - во просек помалку од 2 часа во деноноќие. Може да помине неколку недели без вода. Тоа е единствено животно кое се раѓа со рогови. Живее самотнички или во лабави групи (непрекинато се одвојува од една и се приклучува кон друга група). Жирафата е животно со најголемо срце - поголемо дури и од она на слонот или китот. Тоа може да биде тешко и над 20 килограми. Има многу развиено чувство на мирис и слух и може да насети опасност на многу голема оддалеченост. Интересен е и фактот дека жирафата е скоро сосема нема. Велиме „скоро“ затоа што некои жирафи кои се набљудувани во зоолошките градини можеле да создаваат некој тип на звук, но со оглед на тоа што делот во кој се сместени неговите гласни жици скоро е потполно неразвиен, слободно можеме да кажеме дека жирафите немаат глас. Бременоста кај жирафата трае помеѓу 14 и 15 месеци по што се раѓа едно новороденче. Новородената жирафа приближно е висока 1,8 метри и веќе по неколку часа од неговото раѓање е способно да трча наоколу. Така претставува лесен плен за хиените, лавовите, леопардите и афричките диви кучиња. Смртноста на малите жирафи е голема - до 70 % во првата година од животот. Животниот век на жирафата е приближно 25 години во дивина, а околу 30 години во заробеништво. Од нападите на ѕверовите успешно се брани силно удирајќи со своите предни нозе. Со еден единствен удар со копитото може да му ја скрши кичмата на лавот. Поради нивната големина но и способноста за самоодбрана, нападите врз нив се многу ретки. Жирафата ја штити и бојата на нејзиното тело. Таа извонредно се вклопува во шаренилото на природата каде што живее. Па и покрај нејзината големина, тешко е да се распознае кога притаено стои во шума.

Хемија Биологија

ДАЛИ ЗНАЕВТЕ? По 40 години, во Скопската зоолошка градина пристигна жирафа. Таа има само 2 години и се вика ОРКА.

Page 10: Списание Центар11

10

УметностНАЈПОЗНАТИ ФОНТАНИ ВО СВЕТОТ

ФОНТАНА ТРЕВИ - РИМ, ИТАЛИЈА

Фонтаната Треви (26 метри висока и 20 метри широка) е најголемата барокна фонтана во Рим. Фонтаната го означува крајот на аквадуктот “Aqua Virgine” еден од најстарите аквадукти кои го снабдувале Рим со вода. Фонтаната била сцена на бројни филмови снимени во Рим, а еден од најпознатите секако е „Празник во Рим“. Според традиционалната легенда, личноста која ќе фрли паричка во фонтаната сигурно ќе се врати во Рим. Посетителите во оваа фонтана годишно фрлаат и до 700.000 евра, во надеж дека желбата која ќе ја замислат ќе им се исполни. Дел од парите одат во градскиот буџет, а дел во меѓународната хуманитарна организација “Каритас“.

ФОНТАНИТЕ ПЕТЕРХОВ - САНКТ ПЕТЕРБУРГ,

РУСИЈА

Петерхов е комплекс палати и паркови изграден од Петар Велики 1711 година. Се нарекува руски „Версај“, тука се наоѓа и најголемиот комплекс фонтани во светот. Петерховиот парк се состои од градини во версајски стил, а посебно е познат по своите фонтани - ги има 176. Најпозната е Големата каскада која се состои од 64 фонтани и 37 позлатени бронзени скулптури. Најпознатата скулптура го прикажува Самсон како ја отвара устата на лавот од која излегува 20 метри висок млаз вода. Скулптурата ја симболизира победата на Русија над Шведска во битката кај Полтава.

Page 11: Списание Центар11

11

НАЈПОЗНАТИ ФОНТАНИ ВО СВЕТОТ

ФОНТАНА ДУБАИ - ДУБАИ Фонтаната Дубаи е најголема фонтана во свет. Дизајнирана е од истата компанија -дизајнер на фонтаната пред хотелот Белаџио во Лас Вегас. Осветлена е со 6600 рефлектори во боја и 25 проектори. Се протега во должина од 275 метри, а водениот млаз се вивнува до висина од 150 метри. За нејзината спектакуларност допринесува и „танцувањето“ во ритам со музиката, од класична и современа арапска, до модерна светска музика. Изградбата на оваа фонтана чинела неверојатни 218 милиони долари. Службено е отворена 2009. godine во склоп на отварањето на најголемиот трговски центар во светот Dubai Mall.

ФОНТАНИТЕ ПРЕД ХОТЕЛОТ БЕЛАЏИО -

ЛАС ВЕГАС, САД

Расположени на 4.645 метри квадратни, во минута се исфрлаат околу 64 илјади литри вода и чинат 50 милиони американски долари. Драматичната комбинација на музика, вода и светла, создава волшебно и спектакуларно чувство. Секојдневно од 15 часот попладне па се до полноќ на секои 15 минути фонтаната уникатно „танцува” во ритамот на музиката до-полнета со ласерските светла. Последната пес-на со која завршува светски познатото шоу на фонтаната пред Белаџио, е химната на САД.

Page 12: Списание Центар11

Најдоброто од насОУ„11 Октомври“

12

БАЗАР ПО ПОВОД „ДЕНОТ НА ЈАБОЛКОТО“

Во ОУ „11 Октомври” во рамките на проектот „Еко училиште”, на 27 септември се одржа Базар на колачиња по повод Денот на јаболкото. Настанот се одржа како иницијатива на Еко одборот во училиштето во кој што членуваат ученици, родители и наставници. Сите присутни на настанот имаа можност да ги дегустираат разновидните домашни колачиња и слатки направени од јаболко, а исто така беше приредена интересна лотарија со многу забава и дружење. Целта е да се воведат новините од програмата на Еко училиште, а собраните средства од базарот ќе бидат наменети за спроведување на стандарите за вода во училиштето ОУ „11 Октомври“.

Page 13: Списание Центар11

13

ОУ „Димитар Миладинов“

ДЕН ЗА САДЕЊЕ ДРВАНа 21 септември, Меѓународниот ден на мирот, симболично, исто како и сите ЕНО училишта од целиот свет, учествувавме во акцијата на садење дрва. По тој повод нашите ученици засадија пет дрвца и на тој начин дадовме наш допринос кон унапредувањето на животната средина. ЕНО животната средина е глобална виртуелна мрежа за образование и одржлив развој. Во оваа активност учествуваат околу 5 000 училишта во 150 земји. Првите дрвја ќе бидат засадени на пладне во Океанија. Следејќи го сонцето, новите дрвца ќе бидат засадени во Азија, Европа, Африка и на крајот во Америка.

СО СРЦЕ И МИСЛИ ЗА МАКЕДОНИЈАВо јуни 2012 година беше реализирана меѓународна мултимедијална проектна активност „Со срце и мисли за Македонија“ меѓу учениците од Public primary Carlot School- Сиднеј Австралија и учениците од ОУ „Димитар Миладинов” Скопје. Целта на овој проект беше да се воспостават комуникации меѓу учениците Македончиња во Австралија и нашите ученици преку интернет, со цел да се запознаат со татковината на нивните родители, со убавините на Македонија и Скопје, а воедно и да комуницираат на мајчин македонски јазик. Учесници беа учениците од 6в одд. со одговорниот нас-тавник по македонски јазик Митра Цилевска, од 4в одд со одговорниот наставник Снеже Тодорова и од 1а одд со одговорниот наставник Ружа Пачаџиева. Координатори на проектот беа г-ѓа Жаклина Михајлова (одговорна за просвета и образование меѓу Македонците во Австралија) и Наде Молеровиќ (наставник во ОУ „Димитар Миладинов“).Голема беше подршката од Јулијана Шалева раководителот на Одделението за образование, спорт и култура и Општина Центар кои помогнаа во обезбедување книги и весници за нашите македончиња од Австралија.Голема благодарност и до родителите кои дополнително помогнаа за успешното реализирање на оваа проектна активност. Соработката продолжува и во новата 2012/13 учебна година.

Координатор на проектотНаде Молеровиќ

Page 14: Списание Центар11

14

УСЛУЖНО УЧЕЊЕ НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДИТЕТ

На големиот настан под мотото „Дозволи ми да покажам дека можам”, на 20.09.2012г. на плоштадот Македонија беше означено успешното спроведување на проектот „Услужно учење на лицата со инавлидитет” со цел подигнување на јавната свест во поглед на заштита на правата на децата со инвалидитет. Во овој проект се вклучија и учениците од IIIа одд. со ритмичка изведба на песните „Кога си среќен” и „Облаче” во изведба на пеачката Андријана Јаневска. Потоа и со песната „Победа за Македонија” изведена на Супер Ѕвезда 2012 во изведба на нашиот соученик Беркант Мамут.

ОУ „Гоце Делчев“

ПАНОРАМСКО РАЗГЛЕДУВАЊЕ СО АВТОБУСОТ SKOPJE CITY TOUR

На 26 септември 2012 година учениците од IIIа заедно со својата наставничка Соња Илиевска Гоџирова реализираа активност – прошетка низ местото на живеење. Активноста ја реализираа со помош на ЈСП користејќи го панорамскиот автобус Skopje City Tour кој се движеше по улиците на Скопје: Тргнувањето беше од порта „Македонија“, по „Димитрија Чуповски“ се до булеварот „Климент Охридски“, потоа десно покрај Соборниот храм до Владата на Р. Македонија, по булеварот „Илинден“ до мостот „Гоце

Делчев“, по улицата „Самоилова“, таму се разгледуваше тврдината, покрај црквата „Св. Спас“, покрај Мустафа Пашината џамија, се вративме назад преку Музејот на Град Скопје и повторно дојдовме пред портата „Македонија“Учениците ги проширија сознанијата за својот роден крај, за општината во која живеат, ги видоа поважните институции. Им се продлабочија знаењата за сообраќајот во околината, им се развија навики за правилно и културно однесување во возилата на јавниот сообраќај, научија дека кога се влегува во автобус се купува и поништува билетот. Се побудија и патриотски чувства припадност кон својата земја. Среќата и задоволството од панорамското разгледување не можеше да се скрие на детските лица.

ПРВ УЧИЛИШЕН ДЕН

На 3 септември училишното ѕвонче заѕвони, посакувајќи им на учениците мирна пловидба, по морето на бројките и буквите и им посака со знаење да освојат нови светови.Ние наставниците, сме посебно радосни, бидејќи по десеттина години за прв пат во нашето училиште, во прво одделение се запишаа три паралелки. За секое прваче имаше мало, скромно изненадување за среќа и весел почеток. Максимално се ангажиравме и се се потрудивме првиот нивни ден во училишната клупа да биде незаборавен настан во нивните спомени.

Page 15: Списание Центар11

15

ОУ „Св.Кирил и Методиј“

ВО ПОСЕТА НА СМАРТ УЧИЛНИЦАТА

Учениците од ОУ„Св. Кирил и Методиј“ и нивната наставничка од одделенска настава Марина Василева, ја имаа честа да бидат специјални гости на отварањето на новата SMART училница и да бидат едно од првите училишта во РМ кои соработуваат со ФИНКИ (Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, најновиот државен универзитет, чија пасија е посветеност кон технологијата). Учениците заедно со Министерот за Образование Панче Кралев, први ја испробаа најновата технологија во училница која е опремена со Смарт табли и магичната Смарт клупа на допир од која учениците не можеа да се одвојат. Соработката на нашето училиште со ФИНКИ е од почетоците на неговата работа, од пред две години, кога пред нивните студенти ги презентиравме креативноста, и начинот на користење технолгијата во нашето училиште, а сето тоа продолжи и по освојувањето на првите места на „Бабините Игри“ во Европа и на Светскиот форум во Вашингтон.

Page 16: Списание Центар11

16

ОУ „Коле Неделковски“

ЗАЅВОНИ ЅВОНЧЕТО ЗА ПРВИОТ УЧИЛИШЕН ЧАС

Како се наближуваше почетокот на новата учебна година, така јас бев сè повозбуден. Со радост чекав да го слушнам првото ѕвонче, и да ги споделам впечатоците од летниот распуст со моите другари. 3-ти Септември во моето училиште „Коле Неделковски“ ме пречека џагорот на првачињата, кои возбудено чекаа да влезат во спортската сала и да ја проследат приредбата која се приредува за нив од постарите другарчиња. Салата беше преполна, родители, баби и дедовци, наставници,ученици а во првиот ред седеше и министерот за образование Панче Кралев и градоначалникот на општина Центар Владимир Тодоровиќ. Приредбата беше многу убава, се пееа песни, имаше и одлична кореографија, но најинтересно беше кога се слушна ѕвончето и збунетите првачиња поитаа со нивните учителки да се запознаат со училниците во кои ке ги поминат следните 9 години.

Page 17: Списание Центар11

17

ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“

ПРИЗНАНИЕ ОД КОНКУРСОТ „EURO CHILD“

Ученичките: Анастасија Петличковска од VIIб одд, Анастазија Христова, Катарина Маринковиќ, Теодора Трпоска и Вероника Попоска од VIIа одд, учествуваа на поетскиот натпревар од европски рамки „EURO CHILD“ и постигнаа голем успех. Нивните поетски творби, напишани на слободна тема и преведени на англиски јазик, се вреднувани меѓу подобрите остварувања и зазедоа свое место во Антологиската Европска збирка песни за деца.Покрај ова признание од конкурсот„EURO CHIULD“ , во организација на Ирската влада, а добиено во месец мај 2012 год.,песната на ученичката Теодора Трпоска достигна повисоки рамки. Таа аплицираше со песната „Нешто за среќата“ која беше категоризирана за влез во Шекспировата книга„Шекспирови таленти“. Тоа е големо признание за неа и награда со која таа се гордее. Истовремено тоа е и поттик за понатамошна работа и творење.Максимално ангажирани во сите активности во училиштето и надвор од него, со свои приватни ангажмани, креативни како личности, хумани во акции во училиштето и воопшто, го трасираат патот кој ги води кон успешни млади луѓе-толку потребни во нашето општество.

Наставниците по македонски јазик Ана Георгиева и Снежана Велкова

УСПЕСИ НА МАТЕМАТИЧАРИТЕ Активот на математичари и нивните ученици кои покажуваат особен интерес и талент кон математиката при ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“- Скопје, Општина Центар, ги потврди успесите кои со години наназат ги постигнуваат. Во учебната 2011/2012 година ги освоија највисоките награди во Општината, Републиката и во меѓународни рамки.Освоија преку 40 награди со кои го афирмираа училиштето на математичките натпревари организирани од страна на СММ (Сојузот на математичари на Македонија).

Сите награди се постигнати со особено вложен труд и работа и сите ни се подеднакво драги и значајни , но би ги издвоиле највисоките:1.Сребро на 16 Јуниорска Балканска матетатичка олимпијада2012 год.во Р.Грција2.Злато и Бронза на17 Јуниорска Македонска матетатичка олимпијада 2012 год.3.Две I (први)награди, на 37 Републички натпревар по математика 2012 год.4.Една I (прва)награда, Една II (втора)награда, четириIII (трети)награди регионален натпревар по математика 2012год.

Актив на математичари:Биљана Чешларова

Даниела Нацев

Page 18: Списание Центар11

18

ОУ„Кочо Рацин“

СПОРТОТ ПАТЕКА КОН СОНИШТАТАИме и презиме: Стојан ЃуроскиВозраст: 20Дата на раѓање: 06.11.1991Хороскопски знак: СкорпијаВисина: 204цмЈака страна: Упорност,верба во себе, истрајност Слаба страна: ТврдоглавостХоби : Информациска комуникациска технологија Центар11: Од кога се занимаваш со овој спорт кој е многу актуелен меѓу нас децата? – Од мојата 6 годишна возраст.Центар11: Зошто ја одбра кошарката? – Поради тоа што кошарката е наш семеен спорт и од најмала возраст бев опкружен со неа.Центар11: Овој спорт изискува многу енергија, од каде ја црпиш? – Секој тренинг е нов предизвик, со секој тренинг сум поблиску до целта зацртана од мали нозе да се биде најдобар во она што се работи, тоа е она што ми дава мотив и енергија.Центар11: Кој режим на исхрана го користиш, ако не е тајна? – Во клубот во кои што сега работам (ЛТУ) имаме специјалист по спортска медицина, нутриционист кој води грижа за хранливата вредност на производите кои ги внесуваме, а се базира на многу месо, зеленчук, овошје и житарици.Центар11: Колку време дневно посветуваш на кошарката? – Кошарката е мојот живот. Што значи дека 24 часа сум посветен на неа. Околу 6 часа поминувам во сала, а останатиот дел го посветувм на обрвските околу факултетот кој е од големо значење за мене . Центар11: Какво беше чувството да играш за твојата земја? – Во првите спортски чекори се сонува за националниот дрес, но не секој има можност да го носи. Многу труд и работа вложив за да ми биде укажана таа чест, а чувството „сонот да стане јаве” е непроценливо.Центар11: Како те доживуваат твоите пријатели? – Како ведра и комуникативна личност која цврсто стои на земја , понекогаш тврдоглав во одбрана на своите ставови и верувања посебно кога станува збор за спортот.Центар11: Личноста која те мотивира во животот? – Моите родители и семејството во целина. Без нив немаше да бидам ова што сум денес.Центар11: Омилен кошаркар: - Тони КукочЦентар11: Ти останува ли слободно време и како го користиш? – Со оглед на фактот дека спортскиот режим е строг и одговорностите кон факултетот големи, ми останува малку слободно време кое го користам за дружба со другарите, гледање добар филм, читање книга, слушање на омилената музика.Центар11: Каде се гледаш себеси за 10 години? – 10 години се навистина долг период. Независно дали ќе бидам во спортот или не , во Македонија или надвор од неа, важно е да ги задржам вистинските животни вредности , да бидам квалитетен човек и пример за околината во која ќе функционирам.Центар11: Дестинација од соништата: ЈамајкаЦентар11: Омилено катче за релаксирање: Дома во Македонија.Центар11: Дали веруваш во љубов на прв поглед? ДаЦентар11: Дали некоја девојка го има освоено твоето срце?- Да, меѓутоа не би навлегувал во детали Центар11: Бидејќи сега си во Америка, дали таму планираш да ја продолжиш својата кариера? – Наредните две годи сигурно останувам во Америка на својот Универзитет. НБА Лигата ми е предизвик посебно сега, кога сум на чекор до неа, а како ќе се одвиваат работите, ќе оставам времето да покаже.Центар11: Што ќе им препорачаш на читателите на Центар 11? – Ќе им препорачам спортот да биде нивни избор, бидејќи ќе ги научи на здрав живот, упорност, дисциплинираност , да не се откажуваат кога им е најтешко и да не престанат да итаат кон патеката на нивните соништа зошто никогаш не се знае кога тој сон ќе стане јаве.

Интервјуто го реализираше Новинарската секцијаМенка ТрепалковскаФросина Ќипровска

Page 19: Списание Центар11

19

ЈУДГОЦ „13 Ноември“

ЕДУКАТИВНА ПРОШЕТКА НИЗ МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈАПо повод 8-ми септември, Денот на независноста на Република Македонија и одбележувањето

на една година од отворањето на Музејот на македонската борба за државност и самостојност, децата од градинката „13 Ноември“- Скопје ја посетија поставката во истиот. Таму кустос-едукаторот, на начин прилагоден на возраста, ги запозна со многу, за нив нови, но интересни содржини. Пред се преку оваа посета некои од децата за првпат се сретнаа со институцијата - музеј, стекнаа искуства за начинот на однесување и движење низ истиот. Ги осознаа поимите: експонат, восочна фигура, витрина и уште многу нешта, видоа голем број на автентични експонати, предмети со историска вредност. За време на разгледувањето имаа можност да ги видат и веродостојно прикажаните ликови, изработени во восочни фигури, на револуционери и историски личности за кои имаа слушнато и претходно. На големо задоволство на децата и вработените од градинката на крајот од разгледувањето се запознаа со Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, која им посака повторно да дојдат во Музејот, за да можат уште од мали нозе да ја осознаваат сопствената историја.

Page 20: Списание Центар11

2020

ЈУДГОЦ „Кочо Рацин”ДОБРЕДОЈДОВТЕ

ДРУГАРЧИЊАПочетокот на новата учебна година, во месец септември, секогаш е наменет за големиот пречек на новите другарчиња кои за прв пат доаѓаат во градинка,па по тој повод приредивме едно мало изненадување за нив т.е. им посакавме големо добредојде со мала приредба, а воедно го прославивме и роденденот на нашата татковина 8-ми Септември, под мотото: „Среќен роденден татковино и добредојдовте другарчиња”. На приредбата учествуваа воспитните групи од 4 до 5 год. и 5 до 6 год. кои се претставија со рецитали за татковината и неколку игри со песнички. По завршувањето на приредбата децата во чест на празникот на нашата татковина ги насликаа и ги нацртаа нејзините убавини.

ОПЕРА „ЈОВАНЧЕ И МАРИКА“

Во соработка со Македонската опера и балет, како една од активностите која ја реализиравме надвор од градинката, беше и следењето на операта „Јованче и Марика”. Тоа претставуваше запознавање на децата со една од позначајните институции во нашиот град, како и за развивање на способноста кај децата за правилно и културно следење на ваков вид на претстава.

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ЧИСТИ ПЛАНИНИ

Преку пораката „Важно е дрвото и секој негов лист, зошто ни дава воздух чист“, го одбележавме 26-ти септември - Денот на чисти планини, со куклена претстава подготвена од воспитувачите, со искази и цртежи од децата.

НА ТРКАЛО БЕЗ ЧАД, НИЗ ЦЕЛИОТ ГРАД

Под мотото „На тркало без чад, низ целиот град“, во Градскиот парк, на Школка, заедно со воспитувачите и негователките од нашата градинка,како и со родителите и децата, преку игри со песна, и натпревар во возење на велосипеди, го одбележавме 22-ри септември, Денот без автомобили, со цел да пренесеме порака до сите граѓани дека воздухот кој го дишеме треба да го заштитиме од секојдневните загадувања само со додавање во нашиот дневен ред ВОЗЕЊЕ ВЕЛОСИПЕД.

Page 21: Списание Центар11

2121

ДЕТСКИ УЛИЧНИ ИГРИ

Брканица, жмурка, ластик, плочка, грабни стапче, здрвена Марија, камај-камај, џамлии, „сакате ли војска?”, народна, бззззззззз, јанино, штркот бара боја рас-двас-трас....претставуваат детски улични игри кои ги играле вашите баби и дедовци, родители, а некои од нив се играат и денес. Од овој број ќе ви презентираме како се играат некои од овие малку „подзаборавени“ игри.

ШТРКОТ БАРА БОЈА

Оној кој ја води играта (всушност тој претставува „штрк“) започнува со реченицата: „Штркот бара боја…“ Останатите учесници во играта прашуваат: „Која боја?“. Тогаш „штркот“ кажува одредена боја која другите треба да ја допрат. Доколку не успеат во намерата, односно доколу штркот допре некој од играчите пред да ја допре бараната боја, тогаш тој станува штрк и играта започнува од почеток.

ГОРЕНКАГоренка е игра (слична на играта „народна“) во која двајца си ја додаваат топката, а помеѓу нив стојат другите учесници. Притоа двајцата се обидуваат при додавањето на топката да погодат некој од учесниците во средината. Оој играч кој ќе биде погоден со топката излегува од играта и стои настрана. Играта продолжува. Доколку некој од играчите кои се во средина успее да ја фати и задржи топката, тогаш за него се вели дека „лепче“. „Лепчето“ може да го даде на некој од учесниците кои стојат од страна за пак да се врати назад во игра, или да си го чува за себе, како бонус доколку евентуално биде „изгорен“ со топката. Горенка се игра се додека не останат само два играча во средина. Тогаш тие стануваат играчи кои си ја додаваат топката.

Page 22: Списание Центар11

22

Од општината

ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКИОТ МЕД 2012 И оваа година Општина Центар по 7-ми пат е покровител на манифестацијата што се одржa на улица Македонија во периодот од 27 до 29 септември 2012 година. Оваа манифестација, Општина Центар традиционално ја организира во соработка со Пчеларско Здружение „Матица“. Манифестацијата, која што имаше изложбено-продажен карактер претставуваше особено доживување за граѓаните, бидејќи опфаќа запознавање со органското пчеларење преку директен контакт со пчеларите, дегустација на пчелни производи од разни штандови. Официјалното отворање беше збогатено и со музичко-сценска програма во која зедоа учество деца од трите градинки од Општина Центар. Исто така, на отварањето беа претставени и наградени трите најдобри цртежи на тема: „Медот дар од природата“, изработени од

децата од трите градинките. Потоа, сите дечиња можеа да дегустираат мед намачкан на лепче, што специјално за нив беше подготвен од медарите и се делеше бесплатно. Медот е многу важна храна и лек за малите деца, за организми кои се развиваат и растат. Со еден збор, медот е многу корисен за секој човек. Од тие причини, Општина Центар во рамки на годинешнава манифестација, стави акцент на децата од сите градинки на Општината. Всушност целта е да се овозможи и најмладите жители на Општина Центар да ги осознаат хранливите вредности и благодетите од користењето на медот и другите пчелни прозиводи. Веднаш по завршувањето на манифестацијата за децата од трите градинки: „13 Ноември“, „Кочо Рацин“ и „Р. Ј. Корчагин“ беше реализирана презентација за корисните својства и благодетите од користењето на медот во рамки на едукативни работилници од пчелари (предавачи) од Пчеларското Здружение „Матица“. Впрочем, како и минатите години, манифестацијата „Денови на македонскиот мед“ доби и хуманитарен карактер, бидејќи беше посетена и од децата од „Дневниот центар за деца со церебрална парализа“-Скопје на кои што организаторите им подарија мед, млеч и други пчелни прозиводи. За времетраењето на „Денови на македонскиот мед“, сите дечиња можеа да го дегустираат мед од сите штандови.

Page 23: Списание Центар11

23

ВО ТЕК Е ИЗГРАДБАТА НА ФИСКУЛТУРНА САЛА ВО ОУ

“ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” За прв пат откако постои училиштето започна изградба на фискултурна сала во училишниот двор со цел правилно воспитување на учениците и нивнo формирање во здрави личности. Со изградбата на фискултурната сала, секојдневно ќе се совладуваат разни спортски содржини. На тој начин ќе се создаваат трајни спортски навики за физичкото вежбање да се вгради во секојдневниот живот кај младите генерации. Новата сала ќе биде со површина од 450 метри квадратни, а за таа цел веќе се завршени повеќе градежни активности.

МИНИ ФУДБАЛСКИ ИГРАЛИШТА ЗА НАЈМЛАДИТЕ ЖИТЕЛИ ВО ЦЕНТАР

Општина Центар им овозможи на најмладите жители да го развиваат спортскиот дух, со цел да ги негуваат спортските навики за здрав и правилен психо-физички развој. Имено, за прв пат во населбата Капиштец (во зеленилото помеѓу улиците Васил Ѓоргов и Народен фронт, до посточките детски реквизити) се направи мини игралиште за мал фудбал. Најмладите жители на населба Капиштец веднаш се впуштија во акција да го испробаат новото мини фудбалско игралиште поставено во нивната населба. Ова e прво од неколкуте мини фудбалски игралишта кои што Општина Центар одлучи да ги постави на неколку локации низ општината, а се наменети за деца до девет годишна возраст. На истите е поставена вештачка трева и заштитна ограда од метален и дрвен дел. Целта на проектот, како што велат од Општината, е да се поттикне спортскиот дух кај најмладите жители на населбата. Во моментов се градат мини игралишта од овој тип: во Паркот на Франкофонија, на плочникот зад Агромеханика, во Дебар маало 1 и на плочникот до објектот на ССМ. Набрзо, следни на ред со изградба се локации во дворот на ОУ „Ј.Х. Песталоци“ и во Урбан парк. Во Центар се предвидуваат и во: населба Пролет, Крњево и две во Капиштец на потегот кон Водно.

Од општината

Page 24: Списание Центар11

24

Спорт

ОД РИЗНИЦАТА НА НАРОДНИТЕ ТАНЦИ ВО НАСТАВАТА ПО ФИЗИЧКО ВОСПИТАНИЕ

Народните танци се една од мошне богатите придобивки на народната култура, една од највредните културни ризници на народите и народностите. Нужно е да се сфати насушната потреба од чување на изворната традиција, зошто народниот танец е приказна за чувствата на обичниот човек кој уште од далечно минато низ него ги изразувал копнежите, развеселеноста, радоста. Народните игри од ваков вид се популарни и пристапни за секој, без разлика на пол и возраст. Особено се корисни како активности во наставата по физичко образование во училиштата. Нивниот воспитен и образовен момент има висока и непроценлива вредност. Кај учениците се развива општата физичка способност во функција на здравјето, психорелаксацијата, позитивни емоционални ефекти како и соработка со мини-социо средината. Истотака ученикот развива способност за естетско, елегантно држење на телото, грациозност, слух и координација на движењата со ритамот на музиката, способност за игра во група и простор. Во деновите на реализација на програмското градиво на народните танци, учесниците нестрпливо очекуваат да дојде часот по физичко образование, за да поведат оро или коло. Во народниот танец усогласувањето на поединци во однос на останатите играчи е спонтано. Во него речиси идеално е разбрана потребата за секој поединец да се вклопи во заедничкиот ритам и темпо. Тоа се моменти кои упатуваат на тврдење дека танецот на своевиден начин ги привлекува и сврзува луѓето, гради пријателства и другарства. Делувањето на народните танци врз развојот на одделни психомоторни особини кај училишната младина е различно. Но, познато е дека секој танец освен влијанието на срцево-садовниот, нервниот и дишниот систем позитивно влијае врз развивање на брзо реагирање и зголемување на обемот на мускулите на долните екстримитети кои се здобиваат со специфична мускулна сила. Во рамките на сите форми на физичкото воспитување, народниот танец е прекрасно освежување. Тоа е речиси еликсир или многу пријатно средство за релаксација.

Детска редакција: Марија Трпчевска 7 одд.

Page 25: Списание Центар11

Спорт

СО ГОРДОСТ ИГРАЈТЕ ГИ МАКЕДОНСКИТЕ ОРАЦЕНТАР11: Што Ве поттикна да ја изберете токму оваа професија?Отсекогаш сум сакала да одам на играорна и балет. Меѓутоа, мојата прва љубов е спортската гимнастика. Работам латино и американски танци.

ЦЕНТАР11: Од каде водат потело македонските ора и дали постои поделба во таа смисла?Пет регионални групи - исток, запад, север, југ и југозападни. Имињата ги добиваат на најразличен начин-според оној што го измислил инструментот, поводот,ороводецот, местото, пејачот.

ЦЕНТАР11: Како се делат македонските народни ора ?Машки, женски и мешани. Како машки ора познати се: Осоговка, Калајџиско, Тешкото, во женски спаѓаат Вардарско и Невестинско и др. Носијата од Галичник тежи 50 кг.Постои и глувонемо оро без никакво следење на музикалност, и предмет на музикалноста е накитот на девојките.

ЦЕНТАР11: Од кога народните ора се имплементирани во наставата и која е целта на нивното имплементирање ?Отсекогаш, откако се знае за танц и игра. Конкретен датум нема. Последниве години е позастапено. Целта е да се претстави државата надвор од границите, како и да се добие на знаење кај учениците за сопствената земја.

ЦЕНТАР11: Дали во детството сте учествувале во некои манифестации поврзани со народните танци?Уште во забавиште мојата учителка ме забележа дека имам талент. Потоа почнав со глума, пробав во пионерски дом Карпош, одев во секција хармоника, настапувавме пред сè за училиштето.

ЦЕНТАР11: Дали мислите дека во иднина ќе има повеќе заинтересирани млади луѓе што ќе сакаат да му се посветат на фолклорот?Мислам дека има напредок во последниве години. Повеќе не ценат надвор отколку тука. Но, сепак, сметам дека со ансамблот Танец и нивниот директор Зоран Џорлев добро се покажавме.

ЦЕНТАР11: Дали сте учевствувале на манифестации надвор од земјата, а можеби и сте добиле некое признание?Сега за сега не. Претежно сум насочена кон спортската гимнастика и моментално го подготвувам докторатот.

ЦЕНТАР11: И за крај, една Ваша препорака до читателите на Центар 11.Не се откажувајте никогаш, патеката е секогаш поплочена со камења, но од врвот најубаво се гледа. Со гордост играјте ги народните ора.

Детска редакција: Марија Трпчевска 7 одд. Ема Димзова 8 одд. Ивана Павлова 8 одд.

25

ИНТЕРВЈУ СО ...

КАТЕРИНА МИТРОВИЌ СПАСОВСКА, професорка на Факултетот за физичка култура

Page 26: Списание Центар11

26

Заедно учиме англиски

Colours of the Rainbow

Once upon a time the colors of the world started to quarrel: all said that they were the best, the most important, the most useful, the favourite. Green said: “Clearly I am the most important. I am the sign of life and of hope. I was chosen for grass, leaves, trees--without me, all animals would die.” Blue interrupted: “You only think about the Earth, but consider the sky and sea. The sky gives space and peace. Without my peace, you would all be nothing.” Yellow said. “You are all so serious. I bring laughter and warmth to the world. The sun is yellow, the moon is yellow, and the stars are yellow. Every time you look at a sunflower, the whole world starts to smile.” Orange started: “I am the color of health and strength. I carry the most important vitamins. Think of carrots, pumpkins, oranges... but when I fill the sky at sunrise or sunset, my beauty is so great that no one gives another thought to any of you.” Red shouted out: “I am the ruler of all of you. I am blood! Life’s blood. I am the color of danger and of bravery. I bring fire to the blood! I am the color of love and red rose. Without me, the earth would be as empty as the moon!” Purple stood up to his full height. He was very tall and spoke with great pomp: “I am the color of royalty and power. Kings, chiefs, and bishops have always chosen me because I am a sign of authority and wisdom.” Finally, Indigo spoke, much more quietly than all the others but with just as much determination: “Think of me. I am the color of silence.

And so all the colors went on quarreling, becoming louder and louder. Suddenly a rain started to pour down . Rain began to speak: “You foolish colors, fighting amongst yourselves, each trying to dominate the rest. Don’t you know you were each made for a special purpose, unique and different? Join hands with one another and come to me. From now on, when it rains, each of you will stretch across the sky in a great bow of colors as a reminder that you can all live in peace. The rainbow is a sign of hope for tomorrow.” And so, whenever a good rain washes the world and a rainbow appears in the sky, let us remember to appreciate one another.

based on an Indian legend

Page 27: Списание Центар11

27

Компјутерско катчеКАКО ДА СЕ ОДБЕРЕ БЕЗБЕДНА ШИФРА???

Денес безбедноста на Интернет претставува сериозен проблем. Безбедна шифра претставува основа на безбедноста, а воедно и најслаба алка во секој систем. За жал голем број на луѓе користат слаби шифри често и не сфаќајќи колку лесно таа шифра може да се пробие. Во овој број, нудиме неколку наши совети до кои би требало да се придржуваш при креирање на твојата шифра.

Избегнувај ги личните податоци

Не користи иста шифра на повеќе места

Шифрата

треба да е

комбинација

од букви,

бројки и

знаци

Шифрата

треба да се

менува

1. Шифрата никако не смее да биде твојот телефонски број, датумот на раѓање, името на куќното милениче, името на твојот дечко, девојка и слично како и зборови кои асоцираат на тебе. Докажано е дека во најголем број луѓето бираат вакви шифри кои лесно се хакираат.

2. Најмалку безбедна е шифрата која се состои од еден збор. Шифрата мора да има барем по една: буква, број, специјален знак.

3. Основно правило е дека за секој сајт шифрата треба да биде различна. Обиди се да смислиш некое правило по кое ќе ги памтиш различните шифри. Џабе шифрата да ти е безбедна ако постојано ја забораваш :)))))))))))

4. Како времето минува, така и безбедноста на твојата шифра опаѓа. Затоа препорака е менување на шифрите кои ги користиш (вообичаено на шест месеци).

Пет најкористени лозинки на сите времиња: 1. 123456 2. 12345 3. 123456789 4. Password 5. iloveyou

Page 28: Списание Центар11

28

Да се насмееме . . .

Малиот Трпе дискутира со татко му:

- Тато, кои се попаметни, татковците или синовите?

- Татковците. – убедено одговара татко му.

- А кој ја измислил парната машина?

- Џемс Ват!- А што не ја измислил

татко му?

Тато, тато, вистина ли е тоа дека Тихиот Океан е тивок?

Сине, можеш ли да поставиш некое поглупаво прашање?

Можам тато, кога умрело Мртвото Море?

Тато бе, шо ќе праам со 50 денари у град?

- Потроши ги бе, сине, еднаш се живее!

Наставничката ги прашува децата:

- Деца, зошто сега во Америка е ладно?

Малиот Трпе дига рака и вика:- Затоа што Колумбо ја открил, а

никој не ја покрил.

Наставничката му вели на Трпе:- Кажи го во сегашно време

глаголот оди.- Јас одам, ти одиш, тој оди…

- Побрзо бе Трпе.- Јас бегам, ти бегаш, тој бега…

Трпе му вика на својот школски другар Столе од иста

клупа:-Слушај, оваа наша наставничка

не знае ништо!Столе изненаден: -Како мислиш?

Трпе:-Секогаш за се не прашува нас!

Трпе и Столе прават муабет:- Ќе одиме на фудбал или на

дополнителна?- Ајде ќе фрламе паричка,

ако остане во воздух одиме на дополнителна.

Page 29: Списание Центар11

ЗанимливостиНОБЕЛОВА

НАГРАДА

Првата Нобелова награда е

доделена во 1901 година.

Постои строго правило наградата да не се доделува на повеќе од три лица во исто време. Доколку наградата треба да се додели за достигнување остварено од тим кој се состои од повеќе од три соработника, неизбежно е еден или повеќе од нив да биде испуштен.

Адолф Хитлер на тројца германски лауреати, Ричард Кун, Адолф Бутенанд и Герхард Домаг им забранува да ја примат наградата. Сите тројца подоцна можеле да ја добијат дипломата и медалот, но не и паричната награда.

Најстар лауреат е Леонид Хурвиц, добитникот на наградата за економија во 2007 година, имал 90 години.

Најмлад лауреат е Лоренс Браг, кој имал само 25 години кога со својот татко во 1915 ја добил Нобеловата награда за физика.

Досега само 34 жени ја добиле наградата. Прва е Марија Кири, а последна Дорис Лесинг.

Сите награди се доделуваат во Стокхолм, освен наградата за мир, која се доделува во Осло (Норвешка), бидејќи така пишува во тестаментот на Алфред Нобел.

Наградите се доделуваат на 10

декември – денот кога умрел

Алфред Нобел.

Семејството Кири е носител на најмногу Нобелови награди:Марија и Пјер Кири за физика во 1903 година.Марија Кири за хемија во 1911 година. Нивната ќерка Ирена Жолио Кири за хемија во 1935 година.

Нобеловата наградa е шведска награда која според тестаменот на шведскиот хемичар и изумител Алфред Нобел се доделува за најголеми достигања во областа на физиката, хемијата, медицината, книжевноста, мирот и економијата.

Ви претставуваме неколку занимливости поврзани со истата.

29

Page 30: Списание Центар11

ЗабаваЕсен е. Пристигна сезоната на вируси. Во минатото па и денес, луѓето за заштита користат вкусни чаеви.Во конечното решение на крстозборот ќе добиете имиња на две билки од кои се прават многу вкусни топли напивки. За да го добиете решението најпрвин решете ги зададените загатки.На здравје.

12

3

4

5

6

7

Руски космонаут Алексеј

Вид прекршок во фудбалот

2. АНАГРАМЕН ПОЛЖАВ

7. АНАГРАМЕН ПОЛЖАВ

Стара скопска рок група

1. Р Е Б У С

Б Р=ЗО

Ф

СА

Ј

Д

Вид занаетчија

3. Р Е Б У С

Р100

Инструмент за работа Грутка сол

6. АНАГРАМЕН ЛАВИРИНТ

Времето што доаѓа

4. КРИПТОГРАМ11 17 5 11 17 1

5. КРИПТОГРАМ13 6 18 16 18 2

30

Р

У

Д

ИЕ

О

13

2125 31

728

Page 31: Списание Центар11

31

ТОП ЛИСТА

1.Gangnam Style -PSY2.One More Night -Maroon 53.We Are Never Ever Getting... -Taylor Swift4.Some Nights -fun.5.Whistle -Flo Rida6.Too Close -Alex Clare7.Call Me Maybe -Carly Rae Jepsen8.Blow Me (One Last Kiss) -Pink9.Clique -Kanye West, JAY Z, Big Sean, Cocaine 80’s10.As Long As You Love Me -Justin Bieber

„Ултимејтчарт“ е веб-сајт кој листата ја градат според популарноста на песната и авторот на Јутјуб, Фејсбук, Твитер, Ајтјунс, Мајспејс, Емтиви и други слични сервиси, сајтови и социјални мрежи.

според „Ултимејтчарт“

Хороскоп

Музика

подготви се за

испрашување

дружи се содругарите

внимавај на здравјето

не ризикувај

не заборавај домашна

слушај музика

внимавај на однесувањето

среќа

слушај гиродителитенова љубов

спортувај

те озборуваат

телефонскиповикОВЕН

БИК

БЛИЗНАЦИ

РАК

ЛАВ

ДЕВИЦА

ВАГА

СКОРПИЈА

СТРЕЛЕЦ

ЈАРЕЦ

ВОДОЛИЈА

РИБИ

Page 32: Списание Центар11

32

Coldplay

ISSN 1857- 7849

Michel Telo‘