24
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ Издание: јуни 2014

ˆˇ ˚˛ˆ˝˙˘ ˇ ˝ · 2 ˜˚˛˝˙ˆˇˆ˚ 3 1. ˘ ˆˇ ˚ ˇ ˆ˝ ˛ ˇ ˛ 4 1.1. ˝ ˙ ˆ ˇ ˆ ˛˙ˇ ˝ ˇ 4 1.2. ˛ ˙ ˚˝ ˇ˛ ˙˝

  • Upload
    others

  • View
    8

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: ˆˇ ˚˛ˆ˝˙˘ ˇ ˝ · 2 ˜˚˛˝˙ˆˇˆ˚ 3 1. ˘ ˆˇ ˚ ˇ ˆ˝ ˛ ˇ ˛ 4 1.1. ˝ ˙ ˆ ˇ ˆ ˛˙ˇ ˝ ˇ 4 1.2. ˛ ˙ ˚˝ ˇ˛ ˙˝

1

КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕИздание: јуни 2014

Page 2: ˆˇ ˚˛ˆ˝˙˘ ˇ ˝ · 2 ˜˚˛˝˙ˆˇˆ˚ 3 1. ˘ ˆˇ ˚ ˇ ˆ˝ ˛ ˇ ˛ 4 1.1. ˝ ˙ ˆ ˇ ˆ ˛˙ˇ ˝ ˇ 4 1.2. ˛ ˙ ˚˝ ˇ˛ ˙˝

2

Предговор 3

1. Основни правила на однесување 4

1.1. Правно и етичко однесување 4

1.2. Одговорност за угледот на Групацијата Синлаб (Synlab) 4

1.3. Меѓусебно почитување, искреност и чесност 5

1.4. Лидерство, одговорност и супервизија: специјални обврски на менаџментот 5

1.5. Имплементација и мониторинг на усогласеноста на Кодексот на однесување 5

1.6. Организација за усогласеност 6-7

2. Општествено однесување во рамки на компанијата: Интеракција со колегите и со другиот персонал 8

2.1. Правичен и еднаков третман 8

2.2. Лично достоинство 8

2.3. Слика/имиџ пред јавноста 9

2.4. Заштита на лични податоци 9

3. Справување со клиенти, пациенти, бизнис партнери и јавни службеници 10

3.1. 10

3.2. Правна антикорупциска рамка

Специјални правила за однесување со владини претставници и јавни службеници

11

3.3. 11

3.4. Подмитување на вработените во приватните претпријатија е незаконско 11

3.5. Покани и подароци и потрошувачи од приватниот сектор – водич за прифатливо однесување 12-13

4. Справување со набавувачите и надворешните даватели на услуги 14

4.1. Општи правила за справување со набавувачите и надворешните даватели на услуги 14

4.2. Забранета е дискриманција на снабдувачите

Забрането е прифаќање бенефиции за себе или за трето лице

14

4.3. 14

4.4. Прифаќање покани 14

5. Конкуренција и услови на законот против монопол 15

6. Забрането е вклучување во перење пари 16

7. Заштита на капиталот на компанијата и финансискиот интегритет 17

7.1. Точни и целосни податоци, документи и извештаи 17

7.2. Заштита на капиталот на Групацијата Синлаб (Synlab) 18

7.3. Интелектуална сопственост и авторски права на трето лице 18

7.4. Примена и безбедност на ИТ-системите 19

8. Омбудсман 20

Без посебни бенефиции и добивки за потрошувачите и нивните претставници

Page 3: ˆˇ ˚˛ˆ˝˙˘ ˇ ˝ · 2 ˜˚˛˝˙ˆˇˆ˚ 3 1. ˘ ˆˇ ˚ ˇ ˆ˝ ˛ ˇ ˛ 4 1.1. ˝ ˙ ˆ ˇ ˆ ˛˙ˇ ˝ ˇ 4 1.2. ˛ ˙ ˚˝ ˇ˛ ˙˝

3

Кодекс на однесување

Аугсбург, 27 јуни 2014 год.

е.х. е.х. е.х.д-р Бартл Вимеризвршен директор

Маркус Стотерфинансов директор

Александер Хофмануправувачки директор

Лојалноста и интегритетот станаа клучни концепти во современото корпоративно управување, бидејќи

одржливиот развој на бизнисот е возможен само кога компанијата може да верува во постојаноста на нејзините

акционери, потрошувачи, набавувачи и вработени – на локално и на глобално ниво. А стекнувањето на таа

доверба може да се оствари само со постојано одржување и придржување до високи стандарди на

општественото и етичкото однесување. Овој Кодекс на однесување е наменет за воспоставување јасни

стандарди за сите вработени во Групацијата Синлаб.

Ефикасната имплементација на Кодексот на однесување претставува врвен приоритет за менаџментот на

Синлаб. Овој Кодекс на однесување е обврзувачки, без исклучоци. Сите вработени се должни да се

придржуваат до одредбите на Кодексот.

Кодексот на однесување ги изразува нашите верувања и вредности. Тој е одраз на нашето заедничко сфаќање

за интегритетот во секојдневното одвивање на бизнисот. Тој нагласува како се имплементираат овие принципи

и како се применуваат во секојдневните ситуации.

Секој вработен може да контактира со неговиот или нејзиниот менаџер за надзор, одговорното лице за

усогласеност, Комитетот за усогласеност или со Одборот за усогласеност за прашања што се однесуваат на

Кодексот на однесување, како и за можни пријавувања за негово прекршување. На чело со извршниот

финансиски директор, Одборот за усогласеност е составен од претставници од одделите за човечки ресурси,

групно контролирање, благајна, контрола на инвестиции, група за внатрешна ревизија и правниот оддел, како

и претставници од Комитетот за усогласеност. Одборот и Комитетот за усогласеност ќе ги чуваат строго во

тајност извештаите за прекршување на Кодексот што се поднесени до нив. Нема санкции и репресалии како

резултат на консултирање со одговорните лица за усогласеност, Комитетот и Одборот за усогласеност.

По воведувањето на овој Кодекс на однесување, секој од нас прифаќа лична одговорност за осигурување дека

Групацијата Синлаб секогаш ќе го одржува добриот углед низ светот и ќе се смета за партнер со етика и

интегритет.

Page 4: ˆˇ ˚˛ˆ˝˙˘ ˇ ˝ · 2 ˜˚˛˝˙ˆˇˆ˚ 3 1. ˘ ˆˇ ˚ ˇ ˆ˝ ˛ ˇ ˛ 4 1.1. ˝ ˙ ˆ ˇ ˆ ˛˙ˇ ˝ ˇ 4 1.2. ˛ ˙ ˚˝ ˇ˛ ˙˝

1.1. Правно и етичко однесувањеКодексот на однесување на Групацијата Синлаб се базира врз основни правила. Тие претставуваат основен

водич за нашите постапки, дефинирајќи ги најважните правила за придржување кон законите и стандардите за

етика, а исто така претставуваат и цели кон кои сите се стремиме за интересите на компанијата, вработените и

бизнис-партнерите. Овие основни правила на однесување претставуваат сигурен водич за соодветно

однесување во случај на недоумица.

Овој Кодекс на однесување се однесува на Групацијата Синлаб низ целиот свет, вклучувајќи ги вработените од

сите филијали. Фирмите-партнери што работат за нас или во наше име, мора преку договор да се обврзат дека

ќе се придржуваат до овие принципи. Со консултантите и со другите соработници со кои Групацијата Синлаб

има потреба за трговски и услужни активности, може да се склучи договор само по внимателна селекција и

строго според правилата на Кодексот на однесување, со цел да се спречи дури и најмала појава на

прекршување на правилата. Лицето што ќе ги вработи или ќе им зададе задачи на консултантите или

соработниците, е лично одговорно да им дава инструкции и да ги набљудува нивните активности.

Угледот на Групацијата Синлаб и перцепцијата на јавноста и потрошувачите за нас зависи од однесувањето на

секој од нас. Несоодветното однесување дури само на еден вработен, може негативно да се одрази врз

компанијата. Секој вработен треба да биде свесен за неговата одговорност за угледот на компанијата и мора да

постапува согласно со Кодексот, особено при извршување на обврските одредени со договорот.

4

Page 5: ˆˇ ˚˛ˆ˝˙˘ ˇ ˝ · 2 ˜˚˛˝˙ˆˇˆ˚ 3 1. ˘ ˆˇ ˚ ˇ ˆ˝ ˛ ˇ ˛ 4 1.1. ˝ ˙ ˆ ˇ ˆ ˛˙ˇ ˝ ˇ 4 1.2. ˛ ˙ ˚˝ ˇ˛ ˙˝

5

--

Групацијата Синлаб и нејзините вработени го почитуваат личното достоинство и правата и различноста на

поединецот, во рамки на компанијата и надвор од неа. Групацијата Синлаб и нејзините вработени осудуваат

секаква форма на дискриминација, вознемирување (вклучувајќи и сексуално вознемирување) и навредување.

Групацијата Синлаб и нејзините вработени се отворени и чесни и ги исполнуваат своите обврски како партнери

од доверба, во рамки на компанијата и надвор од неа.

Усогласеност со Кодексот на однесување се обезбедува преку прифаќање на овие принципи од страна на сите

вработени во Групацијата Синлаб. Менаџерите имаат особена одговорност како модели на однесување. Сите

вработени мора да бидат запознати со овие правила на однесување, мора да ги прифатат и да ги применуваат

како основа за нивните постапки, доколку сакаат Групацијата Синлаб да остане компанија достојна за

признанието и угледот што ги уживаме веќе долги години.

Групацијата Синлаб разви детална програма за информирање на сите вработени за Кодексот на однесување

преку писмо, преку порталот на персоналот и преку придружни настани, а одржува и семинари за негова

практична примена.

Секој менаџер е одговорен за вработените, кои одговараат пред него/неа. Тие претставуваат примери за

однесување. Почитта од вработените треба да се стекне преку беспрекорно лично однесување, достигнувања,

чесност и општествена компетентност. Менаџерите треба да имаат јасни цели за вработените, амбициозни, а

сепак реалистични. Тие го унапредуваат кариерниот развој на вработените и се отворени да ги чујат нивните

проблеми.

Секој менаџер има обврски кон организацијата и надзорот во својата област и има обврска да ја набљудува

усогласеноста со законите и Кодексот на однесување.

Менаџерите избираат соодветни лица за вработување, според нивните професионални вештини и лични

карактеристики, земајќи ја предвид важноста на одредени задачи и способноста на вработениот за нивно

извршување.

На вработените им се даваат јасни, комплетни и задолжителни инструкции. Менаџерите треба да се осигураат

дека вработените не дејствуваат незаконски и дека постапуваат според инструкциите.

Активностите на вработените треба да се набљудуваат постојано и секое несоодветно дејство треба да се

препознае и да се прекине.

Не се толерираат правни прекршувања. Вработените треба да бидат известени за можните последици од

прекршување на нивните обврски. Треба системски да се постапи при прекршување на законите или Кодексот

на однесување, така што ќе се одбранат интересите на Групацијата Синлаб. Пријавите за такви прекршувања

внимателно ќе се разгледуваат.

Кодекс на однесување

Page 6: ˆˇ ˚˛ˆ˝˙˘ ˇ ˝ · 2 ˜˚˛˝˙ˆˇˆ˚ 3 1. ˘ ˆˇ ˚ ˇ ˆ˝ ˛ ˇ ˛ 4 1.1. ˝ ˙ ˆ ˇ ˆ ˛˙ˇ ˝ ˇ 4 1.2. ˛ ˙ ˚˝ ˇ˛ ˙˝

6

• •

Единицата за усогласеност со повеќе филијали е организирана за информации за персоналот и усогласеност во

врска со Кодексот. Единицата е организирана на следниов начин:

Извршниот одбор назначува Претседавач со Комитетот за усогласеност и децентрализирани одговорни лица за

усогласеност, чиишто должности се следниве:

понатамошен развој на системот за усогласеност на Групацијата Синлаб, вклучувајќи обука на персоналот,

имплементација на системот за усогласеност согласно со спецификациите на Извршниот одбор, во

консултација со членови на Одборот за усогласеност и Комитетот за усогласеност,

процесирање на сите работи поврзани со усогласеност што не се одговорност на Одборот и Комитетот за

усогласеност,

редовно известување на Извршниот одбор во врска со проблемите со усогласеноста.

Сите вработени во Групацијата Синлаб и нејзините филијали се должни да испратат информации (усни и

писмени) во врска со проблемите со усогласеноста, до лицето одговорно за усогласеност или до агентот за

усогласеност.

По примање на информациите во врска со активностите што се сметаат за потенцијални сериозни нарушувања

на усогласеноста, и кои претставуваат ризик од големи граѓански и кривични казни за Групацијата Синлаб и

нејзините вработени, одговорните лица за усогласеност имаат овластување да ги запрат сите активности што се

сомнителни и да се повикаат на одлука од одговорниот извршен сениор („право на вето“).

Извршниот одбор ги назначува членовите на Одборот за усогласеност (Додаток 1). Одборот за усогласеност се

состои од извршен финансов директор, шефовите на човечки ресурси, групна контрола, благајна, контрола на

инвестиции, група за внатрешна ревизија и правни оддели, како и претседавачот со Комитетот за усогласеност.

Извршниот одбор, исто така ги назначува децентрализираните одговорни лица за усогласеност за локациите на

Синлаб во Германија и за странските филијали. Извршниот одбор, исто така, назначува најмалку тројца

вработени во Синлаб за членови на Комитетот за усогласеност (Додаток 2) и го назначува и претседавачот со

Комитетот за усогласеност.

Децентрализираните лица одговорни за усогласеност за нивните локации назначуваат агенти за усогласеност

(Додаток 4).

Одборот за усогласеност и Комитетот за усогласеност дефинираат кодекси за постапка на управување со

нивните специфични работи и активности.

Сите вработени во Групацијата Синлаб се овластени и охрабрени да пријават секакви прекршувања на

Кодексот на однесување кај одворниот децентрализиран агент за усогласеност или кај одговорното лице за

усогласеност. Потоа, одговорното лице за усогласеност се обраќа до Комитетот за усогласеност, кој може да

свика состанок на Одборот за усогласеност, доколку е потребно и во зависност од сериозноста на настанот да

ги започне потребните акции во соработка со Одборот за усогласеност. Поткажувањата и пријавите се

третираат доверливо.

Page 7: ˆˇ ˚˛ˆ˝˙˘ ˇ ˝ · 2 ˜˚˛˝˙ˆˇˆ˚ 3 1. ˘ ˆˇ ˚ ˇ ˆ˝ ˛ ˇ ˛ 4 1.1. ˝ ˙ ˆ ˇ ˆ ˛˙ˇ ˝ ˇ 4 1.2. ˛ ˙ ˚˝ ˇ˛ ˙˝

• •

Групацијата Синлаб исто така назначува надворешен адвокат за омбудсман (Додаток 3). Улогата на омбудсманот

е да ги прифаќа доверливите пријави за потенцијални прекршувања на Кодексот на однесување, да ги прегледа

и да ја препрати информацијата до Комитетот за усогласеност. Погледнете го делот 8 од овој Кодекс на

однесување за повеќе детали во врска со одговорностите на омбудсманот.

Во случај на сомнеж во врска со одредени прашања, секогаш треба да контактирате со лицето одговорно за

усогласеност во вашата организациона единица или со Одборот за усогласеност преку Комитетот за

усогласеност, особено ако одговорот на кое било од овие прашања е „да“:

Дали активноста е незаконска?

Дали активноста не е во согласност со Кодексот на однесување?

Дали активноста ја изложува Групацијата Синлаб на голем економски ризик?

Дали активноста ги прекршува обврските на Групацијата Синлаб?

Дали имате интуитивно чувство дека нешто не е во ред со активноста?

Доколку вашиот одговор е „ДА“ на едно или повеќе од овие прашања, мора да го известите лицето

одговорно за усогласеност или Одборот за усогласеност за таа активност, без одложување.

7

Кодекс на однесување

Page 8: ˆˇ ˚˛ˆ˝˙˘ ˇ ˝ · 2 ˜˚˛˝˙ˆˇˆ˚ 3 1. ˘ ˆˇ ˚ ˇ ˆ˝ ˛ ˇ ˛ 4 1.1. ˝ ˙ ˆ ˇ ˆ ˛˙ˇ ˝ ˇ 4 1.2. ˛ ˙ ˚˝ ˇ˛ ˙˝

Ние ги почитуваме правата и достоинството на сите вработени. Корпоративната култура за правичен третман,

меѓусебно почитување и доверба во нашите човечки интеракции ја формира основата за успешна соработка

помеѓу сите вработени.

Исто ги почитуваме сите вработени, без разлика на нивната националност, култура, религија, етничко потекло,

пол, инвалидитет, сексуална ориентација или возраст.

Сите вработени во Групацијата Синлаб имаат право на правичен и еднаков третман и работна средина без

дискриминација и вознемирување.

Како што секој менаџер има посебна одговорност, така и секој вработен во Групацијата Синлаб мора да

придонесе за пријателски и еднаков однос со колегите, вработените и надворешните соработници, во духот на

недискриминирачко партнерство. Ова бара доста отвореност и толеранција во меѓусебните односи, што

посветено го промовира Групацијата Синлаб.

Менаџерите треба да работат на остварување на овие цели како дел од нивните вкупни одговорности, да

препознаат и веднаш да реагираат за решавање на проблематични ситуации. Вработените треба да

пријават прекршувања и да бараат совет во врска со тоа, без разлика дали станува збор за нив лично или за

друг вработен во Групацијата Синлаб.

Секој вработен има право на правичен третман, на љубезно однесување и почитување. Групацијата Синлаб го

штити личното достоинство на своите вработени и нема да толерира никаква форма на злоупотреба или

малтретирање на работното место.

Размислете за вашето однесување. Не треба да ги заплашувате, навредувате или да ги омаловажувате другите.

Воздржувајте се од секакво однесување што може да се сфати како сексуално вознемирување. Кон колегите,

соработниците и претпоставените секогаш однесувајте се со почит и достоинство. Религиските убедувања на

другите мора да се почитуваат. Никогаш не злоупотребувајте ги туѓите лични податоци. Не ширете озборувања.

Вработените во Групацијата Синлаб, кои чувствуваат дека се жртви на дискриминација или (сексуално)

вознемирување, може да поднесат жалба до лицето одговорно за усогласеност или до Одборот за усогласеност

преку Комитетот за усогласеност, без никакво ограничување. Лицето одговорно за усогласеност или Одборот

за усогласеност ќе ја испита секоја жалба, внимателно ќе го разгледа проблемот и ќе го извести подносителот

на жалбата за добиените резултати. Сепак, лицата одговорни за проблемите поврзани со човечки ресурси ги

задржуваат своите овластувања.

8

-

Page 9: ˆˇ ˚˛ˆ˝˙˘ ˇ ˝ · 2 ˜˚˛˝˙ˆˇˆ˚ 3 1. ˘ ˆˇ ˚ ˇ ˆ˝ ˛ ˇ ˛ 4 1.1. ˝ ˙ ˆ ˇ ˆ ˛˙ˇ ˝ ˇ 4 1.2. ˛ ˙ ˚˝ ˇ˛ ˙˝

Групацијата Синлаб поддржува вклучување на вработените во јавни функции на локално и на национално ниво.

Вработените во Групацијата Синлаб мора да внимаваат при своето појавување во јавноста да не го нарушат

угледот и имиџот на компанијата. Кога се изразуваат лични мислења, позицијата или улогата на вработениот во

Синлаб не треба да се споменува.

Групацијата Синлаб гарантира дека личните податоци на вработените ќе бидат третирани во тајност, во

согласност со применливите закони. Личните податоци може да се собираат, обработуваат или да се користат

само за јасно определени, легитимни цели. Чувањето на таквите податоци е дозволено сè додека е потребно за

извршување на одредени задачи. Задолжителните високи стандарди за квалитетот на податоците и техничките

мерки за заштита од неовластен пристап се почитуваат. Користењето на податоците мора да биде постојано

транспарентно за засегнатите страни и мора да се почитуваат нивните права на информации и корекција на

податоците, како и на рестрикција и бришење на податоците.

Пристапот до лични податоци е ограничен за вработените што имаат соодветни овластувања и што имаат

потреба од пристап до податоците исклучиво за бизнис-цели. Поединците што имаат пристап до овие податоци

се обврзани на најстроги правила за доверливост. Резултатите од испитувањата се објавуваат само во

согласност со законите за заштита на податоци и со барањата на пациентите за тајност на податоците. Сите

вработени мора да се придржуваат до правилото за необелоденување на информациите што се доставени до

нив или се добиени во текот на вршењето на својата професија – дури и по смртта на пациентот. Забрането е да

им се праќаат овие податоци на трети лица без експлицитно одобрение во конкретен случај. Во меѓународните

случаи, законите на засегнатите земји мора строго да се почитуваат.

9

-

Кодекс на однесување

Page 10: ˆˇ ˚˛ˆ˝˙˘ ˇ ˝ · 2 ˜˚˛˝˙ˆˇˆ˚ 3 1. ˘ ˆˇ ˚ ˇ ˆ˝ ˛ ˇ ˛ 4 1.1. ˝ ˙ ˆ ˇ ˆ ˛˙ˇ ˝ ˇ 4 1.2. ˛ ˙ ˚˝ ˇ˛ ˙˝

Групацијата Синлаб има одговорност кон своите клиенти и затоа сите вработени:

го почитуваат достоинството на пациентите и нивното право на самоодлучување,

ја почитуваат приватноста на пациентите,

се чувствителни на ситуацијата на пациентите,

се однесуваат пристојно дури и во случаи на недоразбирање,

обрнуваат внимание на комуникацијата со пациентите и

објективно одговараат на критиките од пациентите.

Поточно, членовите на медицинскиот персонал на Групацијата Синлаб мора:

да ја извршуваат свесно својата професионална должност, согласно со принципите на медицинската и

хуманата етика и согласно со применливите закони и Кодексот на однесување на медицинските

професионалци;

да ја извршуваат одговорно и независно нивната медицинска должност, да не прифаќаат упатства од

немедицински лица, што се однесуваат на дијагнози или лекување, при вршењето на должноста во

нивната примарна област на медицинска експертиза;

да го почитуваат правото на пациентот на слободен избор на лекар и правото на промена на лекар;

да се консултираат со медицински експерти што не се поврзани со Групацијата Синлаб, со цел помош за

поставување дијагноза или лекување и да го почитуваат барањето на пациентот за второ мислење или

префрлување на пациентот кај друг лекар.

Чесна конкуренција помеѓу учесниците на пазарот е предуслов за развој на иновативни производи, анализи и

висококвалитетни услуги. Групацијата Синлаб учествува чесно на глобална скала и ги одбива сите форми на

пазарно влијание, особено тајни договори што влијаат на понудата, цените и пазарот.

Ние се натпреваруваме за договори со понуда на квалитет и супериорност на технички производи и локации со

висока изведба. На вработените во Синлаб им е забрането директно или индиректно да им нудат или да ги

снабдуваат клиентите или други лица со посебни бенефиции или корист што произлегуваат од нејзините

активностите.

3.1. Без посебни бенефиции и добивки за потрошувачите и нивните претставнициЗабрането е да им се дава понуда со специјални бенефиции од Групацијата Синлаб на потрошувачите или на

други лица, со цел да се обезбедат порачки или на друг начин незаконски да се обезбедат можности за Синлаб.

Не прави никаква разлика дали потрошувачот или негов претставник е јавен службеник, претставник на

владино тело или вработен во корпорација.

Ние ги одбиваме ваквите практики, бидејќи ја нарушуваат чесната конкуренција и со тоа штетно влијаат врз

бизнисот и врз економската иднина на сите вработени во Групацијата Синлаб.

10

• • •

Page 11: ˆˇ ˚˛ˆ˝˙˘ ˇ ˝ · 2 ˜˚˛˝˙ˆˇˆ˚ 3 1. ˘ ˆˇ ˚ ˇ ˆ˝ ˛ ˇ ˛ 4 1.1. ˝ ˙ ˆ ˇ ˆ ˛˙ˇ ˝ ˇ 4 1.2. ˛ ˙ ˚˝ ˇ˛ ˙˝

Зборот „корупција“ значи незаконска размена на бенефиции. Давање на посебни бенефиции или приходи на

клиент, негов претставник или на член на јавниот сектор – во Германија или во странство – со цел нечесно да се

влијае врз одлуките за купување на добра или услуги, претставува корупција, што е казниво со закон.

Незаконското влијание врз одлуките за купување преку ветување бенефиции – вклучувајќи кеш, вредни

подароци и непарични надоместоци – на донесувачите на одлуки или на поврзаните страни, претставува

кривично подмитување, без разлика дали донесувачот на одлука е јавен службеник, претставник на владино

тело или вработен во друга фирма.

Двете страни што се вклучени ќе бидат казнети и за пасивно прифаќање на поткуп и за активно давање на

бенефиции. Корупцијата е незаконски, казнив прекршок насекаде низ светот.

Незаконското влијание врз донесувањето на одлуки од јавни службеници со давање посебни бенефиции е

строго казниво во секоја земја од светот. Тоа е така затоа што има голем интерес за заштита на државните

организации од корупциски напади на нивната администрација и на интегритетот на службениците.

На пример, според германскиот закон, секој случај на поткуп на јавен службеник (односно за секој пат кога се

дадени бенефиции), што вклучува судии и лица што вршат јавна дејност за јавни власти или поврзани страни,

со цел да се добие договор, е казниво со казна затвор од три месеци и пет години, па сè до десет години во

особено тешки случаи. Слични казни се применуваат насекаде низ светот.

Често е многу тешко да се распознае дали некој има проблеми од ваков карактер со јавен службеник или

вработен во приватна фирма. Во Германија, на пример, сега постојат претпријатија што се во сопственост на

државата или што долги години извршувале јавна административна функција; претставници на овие

организации се јавни службеници, иако можеби овој статус не е очигледен за надворешните лица. Во тој случај

се повикува на максимално ограничување во односот со поединци од такви организации, што се однесува до

давањето подароци и покани. За повеќе информации во врска со односот со јавни службеници на глобално

ниво, ние се осврнуваме на нашата политика за антикорупција.

Несоодветното влијание на донесувањето одлуки со давање бенефиции на донесувачите на одлуки или

поврзаните страни е незаконско, дури и ако овие донесувачи на одлуки се вработени во приватно

претпријатие.

Ова се однесува на влијанието врз вработените во германска фирма и вработените во странски фирми.

11

Кодекс на однесување

Page 12: ˆˇ ˚˛ˆ˝˙˘ ˇ ˝ · 2 ˜˚˛˝˙ˆˇˆ˚ 3 1. ˘ ˆˇ ˚ ˇ ˆ˝ ˛ ˇ ˛ 4 1.1. ˝ ˙ ˆ ˇ ˆ ˛˙ˇ ˝ ˇ 4 1.2. ˛ ˙ ˚˝ ˇ˛ ˙˝

Дискусијата подолу се однесува исклучиво на потрошувачите од приватниот сектор или исклучиво на

претставници од фирмите клиенти што не се службеници во владина организација или не постапуваат во

нејзино име.

Поканите до такви лица и подароците може да помогнат во зајакнување на деловниот однос. Сепак, треба да се

осигура дека содржината и вредноста на поканите и подароците се соодветни и вообичаени, односно дека

нема да се сфатат како обид за влијание или поткуп.

Значењето на „покани и подароци“ се проширува за да се вклучи сè што има економска вредност за клиентот,

како покана за настан и слична услуга, на пр. транспорт и сместување, како дополнување на

бизнис-гостопримството и подароците.

Поканите мора да бидат умерени, кога станува збор за вредноста на клиентот и важноста на Групацијата

Синлаб, како израз на благодарност кон нашиот клиент. Истовремено мора да бидеме сигурни дека целта на

поканата, односно зајакнувањето на врските со Групацијата Синлаб е исполнето. Ова е само во случај кога

клиентот е придружуван и за него се грижи вработен од Групацијата Синлаб за настанот за кој се однесува

поканата.

Подароците се израз на почит што ја има Групацијата Синлаб за клиентите. Бидејќи подароците им се даваат

директно на клиентите, во случај на сомнеж нивната вредност треба да биде заштитена за да се избегне

создавање на впечаток за обид за влијание.

Следствено на тоа, секоја форма на плаќање кеш и давање подароци од значителна вредност се забранети,

како и давање на надоместоци што не се во пропорција со важноста на клиентот, што би можело да доведе до

оправадано сомневање за обид за влијание. Повеќедневни патувања со клиентите, исклучиво за туризам, не се

сметаат за соодветна форма за однос со клиентот. Ова е особено случај кога има патувања што не се поврзани

со бизнисот на трошок на Групацијата Синлаб и без придружба од претставник на Групацијата. За повеќе

информации и барања за одобрение во врска со делењето покани и подароци се осврнуваме на нашата

политика за антикорупција.

Попуст претствува намалување на цената за клиенти од општата или официјалната цена или призводна цена.

Попуст може да се даде и преку снабдување со дополнителни производи или услуги или на друг начин.

Попустите се даваат исклучиво помеѓу договорни страни, односно Групацијата Синлаб и клиентот/партнерот

по договор. Вака, страните надлежни и одговорни за попусти се претставници на компанијата што се одговорни

за склучување на основниот договор. Внатрешните политики на компанијата, кои овластуваат само неколку

менаџери да даваат попуст, остануваат непроменети.

Добитник на попуст е секогаш другата страна од договорот. Забрането е давање на попуст во форма на

економска бенефиција за трето лице, како на пример вработено лице кај договорната страна, а не директно на

договорниот партнер.

12

Третирање на попусти, провизии и консултантски договори

a)

Page 13: ˆˇ ˚˛ˆ˝˙˘ ˇ ˝ · 2 ˜˚˛˝˙ˆˇˆ˚ 3 1. ˘ ˆˇ ˚ ˇ ˆ˝ ˛ ˇ ˛ 4 1.1. ˝ ˙ ˆ ˇ ˆ ˛˙ˇ ˝ ˇ 4 1.2. ˛ ˙ ˚˝ ˇ˛ ˙˝

Провизија е плаќање за посредување при трансакција. Ние му плаќаме провизија само на трето лице (примател

на провизија) за посредување на договорна трансакција со клиент што е од наш интерес.

Примателот на провизија не мора да биде акционер, извршен член или вработен кај клиентот/договорниот

партнер во боркерската трансакција, ниту да работи за клиентот/договорната страна како законски вработен

(на пр. хонорарец, консултант на клиентот).

Особено во меѓународните бизниси, соодветноста на провизијата мора внимателно да се набљудува за да се

избегне незаконско праќање на провизии до донесувачите на одлуки во организацијата на клиентот.

Во деловната практика треба внимателно да се разграничат поимите давање попуст и плаќање провизија, кои

секогаш мора да бидат одделни; попуст на плаќањето за клиентите нема да се карактеризира повторно како

провизија за трети лица или да претставува потајна провизија, и обратно, жалбите на комисионерите не можат

да се искористат за намалување на продажните цени или други преговори според договорот.

Кога се зема предвид износот на договорениот попуст или провизија, се повикуваме на сумите вообичаени во

трговската практика во соодветната бизнис-област, фактичкото значење на вкупната трансакција и за клиентот

и за Групацијата Синлаб. Кога се преговара за провизија, треба да се земе предвид важноста и очекуваното

количество напор од агентот што посредува за можната трансакција. Кога се преговара за попусти и провизии,

треба да се внимава на применливите закони, вклучувајќи ја потребата за документирање на таквата

трансакција и почитувањето на границите на соодветност.

Консултантски договори може да се склучат само со лица или компании за работа за Групацијата Синлаб и во

нејзин интерес. Исто како со провизијата, мора внимателно да се разгледа соодветноста на цените на

консултантот за да се отфрли можноста дел од давачките да бидат испратени до акционер, извршно лице,

вработен или друг претставник на клиентот. Даночниот закон налага документирање на процесот и

дефинирање на примателот на давачката по име, особено во меѓународните зделки.

13

b)

c)

Кодекс на однесување

Page 14: ˆˇ ˚˛ˆ˝˙˘ ˇ ˝ · 2 ˜˚˛˝˙ˆˇˆ˚ 3 1. ˘ ˆˇ ˚ ˇ ˆ˝ ˛ ˇ ˛ 4 1.1. ˝ ˙ ˆ ˇ ˆ ˛˙ˇ ˝ ˇ 4 1.2. ˛ ˙ ˚˝ ˇ˛ ˙˝

Набавувачите и вршителите на услуги играат важна улога во нашето работење и можноста да им обезбедиме

анализи и услуги на нашите клиенти. Според тоа, ние избираме набавувачи/вршители со посебно внимание.

Набавувачите и вршителите на услуги се избираат врз основа на нивната изведба, цена, соодвеност за работа

со Групацијата Синлаб и нивниот интегритет.

Секој набавувач што нуди/бара договор очекува отворен, чесен и непристрасен процес на разгледување на

понудите. Вработените во Групацијата Синлаб, кои се вклучени во доделувањето на договорот, мора да ги

следат следниве правила:

сите снабдувачи што се во конкуренција за добивање на договорот не смеат да бидат дискриминирани,

разговорите, преговорите и другите контакти со снабдувачите мора внимателно и целосно да бидат

документирани,

вработените во Групацијата Синлаб мора навремено да го известат нивниот претпоставен менаџер за

секакви лични контакти во рамки на организацијата на снабдувачот, што може да има важна улога во

изведбата на нивната работа,

снабдувачите мора веднаш да бидат известени дека Групацијата Синлаб очекува од своите договорни

партнери да се усогласат со законите и да се придржуваат до високи етички стандарди, во согласност со

овој Кодекс на однесување.

14

Вработените во Групацијата Синлаб не можат да ги користат своите работни места за да нудат или да добиваат

договори или да прифаќаат бенефиции за себе или за трети лица, особено во врска со одлуките за купување.

Одредени вработени може да бидат казнети за прифаќање бенефиции (за земање поткуп), што во секој случај

и штети на угледот на компанијата и создава потчинетост за примачот, што на крај доведува до конфликт на

интереси.

Набавувачите може да ги поканат вработените од Групацијата Синлаб на активности, како деловни оброци што

може да помогнат во негување на добри деловни односи.

Во секој случај, мора да биде сигурно дека ваквите настани се поврзани со бизнис, дека домаќинот е лично

присутен на настанот и дека се почитуваат принципите на соодветност. Инаку, поканите треба да се одбијат,

повикувајќи се на правилата од Кодексот на однесување. За повеќе информации и барања за одобрување во

врска со делењето покани, се повикуваме на нашата политика за антикорупција.

Page 15: ˆˇ ˚˛ˆ˝˙˘ ˇ ˝ · 2 ˜˚˛˝˙ˆˇˆ˚ 3 1. ˘ ˆˇ ˚ ˇ ˆ˝ ˛ ˇ ˛ 4 1.1. ˝ ˙ ˆ ˇ ˆ ˛˙ˇ ˝ ˇ 4 1.2. ˛ ˙ ˚˝ ˇ˛ ˙˝

Групацијата Синлаб е во согласнот со сите закони за конкуренција и со законите против монопол, кои се

спроведуваат за да се осигура слободна и чесна деловна конкуренција. Овие закони забрануваат практитки

што ја дебалансираат конкуренцијата, како тајни договори во врска со цените, испораката или услугите.

Сите земји членки на ЕУ, САД и многу други модерни нации имаат такви закони, кои често се применуваат за

меѓународни активности на компании што имаат седиште во Германија.

Во ЕУ се поставуваат големи парични казни за бизнисите што се вклучени во нефер конкурентско однесување,

кои може да се движат до 10% од прекршочните приходи на фирмата. Во Германија паричната казна може да

биде наметната во износ соодветен на профитот на транскацијата, плус дополнителна санкција. Во САД

приватни поединци може да добијат дури и затворска казна. Притисокот за казнување на вакви прекршоци

бележи значителен пораст.

Според тоа, потребна е претпазливост со обвиненијата за „заедничка практика“, кое веќе може да се смета за

доказ, доколку регулаторното тело верува дека однесувањето на конкурентите дејствува премногу

координирано и познато.

Затоа, никогаш не разговарајте со конкурентите и никогаш не споделувајте информации, во врска со:

одредување цени,

структурирање на рамковните услови или условите на испорака,

поделба на пазарот, купопродажни територии или клиенти/набавувачи,

координација на капацитетот или

влијание врз поканите за тендер (вклучително преку поднесување фиктивни понуди).

Оваа листа на забранети активности е неисцрпна, но оние што имаат познавања од проблематиката ќе бидат

свесни што ја преминува линијата на дозволеното. Во случај на сомнеж, треба да се контактира со правниот

оддел.

15

• • •

Кодекс на однесување

Page 16: ˆˇ ˚˛ˆ˝˙˘ ˇ ˝ · 2 ˜˚˛˝˙ˆˇˆ˚ 3 1. ˘ ˆˇ ˚ ˇ ˆ˝ ˛ ˇ ˛ 4 1.1. ˝ ˙ ˆ ˇ ˆ ˛˙ˇ ˝ ˇ 4 1.2. ˛ ˙ ˚˝ ˇ˛ ˙˝

Перењето пари е активност на поединци или организации што се обидуваат да ги сокријат парите или имотот

стекнати на илегален начин и/или да ги вратат овие пари или имот во циркулација преку активности коишто

изгледаат како да се легални. Групацијата Синлаб е строго против секаков вид на перење пари и таа ќе спречи

секаков вид на вмешаност на Компанијата или на нејзиниот персонал во таквите активности. Треба да знаете

дека перењето пари и вмешаноста во таквите активности се злодела. Само мал број од вработените лица во

Групацијата Синлаб би можеле да се најдат во ситуации во коишто одредбите на Законот за перење пари

стапуваат на сила, како што се обработка на уплата и доаѓање во контакт со клиенти или други деловни

партнери коишто се вмешани во трансакции што изгледаат сомнително. Перењето пари веднаш не се

препознава како такво. Поради тоа, мора да се инсистира да се добијат јасни информации како за идентитетот

на партнерот, така и за начините за плаќање, плата или идентитет.

Потребно е зголемена претпазливост и напори за пронаоѓање на факти при следниве настани:

извршена е трансакција на уплати од страна на трети лица кои не се партнери,

извршена е уплата од сметка која не ни е позната како сметка на клиент,

уплатата е на рати или

се прашува дали е можна поголема сума од назначената.

Банкарската индустрија донела регулативи против перењто пари коишто лесно можат да се применат во

Групацијата Синлаб: „Познавај го клиентот“, значи дека ние влегуваме во трансакции само со партнери коишто

ги задоволуваат нашите стандарди за интегритет. Ова особено бара:

секогаш да го потврдувате идентитетот и интегритетот на идните клиенти,

да ги советувате сите клиенти во однос на нашите очекувања и да проверите како одговараат на нив,

да не обработувате трансакции со клиенти што се под сомнеж дека спроведуваат несоодветни активности

поврзани со трансакциите со Групацијата Синлаб.

Овие препораки претставуваат само општа ориентација. Тие не даваат никаков изговор за неспроведување

одговорна и претпазлива истрага на идентитетот на клиентот, како и за соодветност на активностите на

клиентот во случај на сомнеж. Без исклучок мора да стапите во контакт со правната служба секогаш кога имате

сомнеж во релациите со клиенти или со бизнис-партнери.

16

• •

Page 17: ˆˇ ˚˛ˆ˝˙˘ ˇ ˝ · 2 ˜˚˛˝˙ˆˇˆ˚ 3 1. ˘ ˆˇ ˚ ˇ ˆ˝ ˛ ˇ ˛ 4 1.1. ˝ ˙ ˆ ˇ ˆ ˛˙ˇ ˝ ˇ 4 1.2. ˛ ˙ ˚˝ ˇ˛ ˙˝

17

Не само што сите ние сме одговорни за заштита на материјалното и интелектуалното наследство на Групацијата

Синлаб заедно со сите други средства на компанијата, исто така имаме и правна обврска да го направиме тоа.

Ние се повикуваме на применливи закони и регулативи, вклучувајќи ги правилата за сметководство на

Меѓународните стандарди за финансиски извештаи како и на националните закони што се на сила во

поединечните земји. Во основата на нашите извештаи за активностите и резултатите се транспарентноста и

точноста, коишто овозможуваат податоците да се секогаш соодветно зачувани и објавени. Треба да се управува

разумно со нашите средства и ресурси.

Сите финансиски и нефинансиски извештаи, документи и податоци подготвени од страна на Групацијата

Синлаб мора да обезбедат вистински и точен преглед на трансакциите и настаните. Ова е неопходно за да се

задржи кредибилитетот и репутацијата на Групацијата Синлаб и интерно и екстерно, да се задоволат правните

барања и да се исполнат обврските кон нашите акционери, вработени и деловни партнери. Финансиските

податоци мора да бидат во согласност со правните барања и задолжителните сметководствени правила и

стандарди низ целата Групацијата Синлаб. Празнините и неточностите не само што ги нарушуваат стандардите,

туку би можеле да ги нарушат и општоприфатените сметководствени принципи и/или законите што се на сила.

Никогаш не може да има какво било оправдување за лажирање на факти или за фалсификување на податоци

или документи. Против сите прекршители без исклучок ќе бидат поднесени прекршочни пријави и тие ќе се

соочат и со дисциплински мерки и со казни за криминал. Согласно со ова, секогаш мора да бидете сигурни дека:

сите трансакции се соодветно дозволени и целосно и точно зачувани,

не се спроведени или не се создадени неофицијални трансакции или сметки,

секогаш им се даваат комплетни и точни информации и пристап до сите барани документи (дозволени со

закон) на внатрешните и надворешните ревизори,

самите вие како вработен/а покажувате финансиски интегритет, како на пример кога доставувате или

потпишувате трошковници.

Под никакви околности:

не ви е дозволено намерно да зачувате лажни податоци во извештај, досие или во трошковник,

не ви е дозволено да фалсификувате какви било документи,

да имате пристап до средствата на компанијата без потребната документација и дозвола,

да се обидете да ги натерате вработените во компанијата да дејствуваат на начин што би можел да има

спротивен ефект врз точноста на документите или врз пресметките.

Кодекс на однесување

7. Заштита на капиталот на компанијата и финансискиот интегритет

Page 18: ˆˇ ˚˛ˆ˝˙˘ ˇ ˝ · 2 ˜˚˛˝˙ˆˇˆ˚ 3 1. ˘ ˆˇ ˚ ˇ ˆ˝ ˛ ˇ ˛ 4 1.1. ˝ ˙ ˆ ˇ ˆ ˛˙ˇ ˝ ˇ 4 1.2. ˛ ˙ ˚˝ ˇ˛ ˙˝

Сите вработени во Групацијата Синлаб се одговорни за да обезбедат дека средствата на компанијата нема да се

злоупотребат или да се потрошат. Овие средства се однесуваат на имотот, работното време на вработените,

информациите за имотот (вклучувајќи ја и „интелектуалната сопственост“), бизнис-можностите,

бизнис-ресурсите и опремата што се обезбедува за користење од страна на вработените во Групацијата Синлаб.

„Интелектуалната сопственост“ на Групацијата Синлаб вклучува патенти, авторски права, трговски марки и сите

други форми на доверливи бизнис-информации, како што се архиви на компанијата, маркетиншки стратегии и

планови, податоци од истражувања, технички податоци, бизнис-идеи, процеси и понуди (за клиенти и од

набавувачи), трошоци за производство, конкурентни цени, развој на нов производ, внатрешен софтвер, како и

информации и стратегии наменети за комерцијални активности за пазарот и клиентите. Заштитата на

интелектуалната сопственост на Групацијата Синлаб е важна за да и се обезбеди успешен бизнис на

компанијата и според тоа таа претставува посебна обврска на сите вработени. Секој вработен мора да помогне

во заштитата на интелектуалната сопственост, деловните тајни, други документи и носачи на податоци од

недозволен пристап на трети лица. Според тоа, никогаш не ја користете интелектуалната сопственост,

информациите или положбата на Групацијата Синлаб за да се стекнете со лична корист. Никогаш не смеете да ги

злоупотребувате бизнис-врските со добавувачите, клиентите или другите бизнис-партнери за да си обезбедите

приватна добивка. Никогаш не треба да користите какви било бизнис-информации, записи или копии за

приватни цели ниту пак да водите приватен бизнис поврзан со вашата работа во Групацијата Синлаб. Морате да

ги штитите средствата на компанијата, особено вклучувајќи ги финансиските ресурси, од злоупотреба, измама

или кражба.

18

Како што ги штитиме нашите сопствени бизнис-информации (видете дел 7.2.), исто така ние сме обврзани да ја

почитуваме интелектуалната сопственост и заштитените податоци на другите странки. Според ова, никогаш не

треба да прифаќате доверливи информации од трети лица или да ги користите, освен ако тоа не е договорено

на транспарентен начин со договор и документ. Никогаш не користете материјали и податоци што се со

авторски права или заштитени на друг начин, освен ако немате дозвола за тоа.

Page 19: ˆˇ ˚˛ˆ˝˙˘ ˇ ˝ · 2 ˜˚˛˝˙ˆˇˆ˚ 3 1. ˘ ˆˇ ˚ ˇ ˆ˝ ˛ ˇ ˛ 4 1.1. ˝ ˙ ˆ ˇ ˆ ˛˙ˇ ˝ ˇ 4 1.2. ˛ ˙ ˚˝ ˇ˛ ˙˝

ИТ-системите и податоците што се зачувуваат и се обработуваат на овие системи се од особена важност за

Групацијата Синлаб и затоа мора да се свесни сите корисници. ИТ-системите служат за собирање и заштита на

интелектуалната сопственост на Групацијата Синлаб. ИТ-системите се користат за внатрешна и надворешна

комуникација, како и за зачувување и за примена на сите податоци и информации што ги бара Групацијата

Синлаб за секојдневни бизнис-цели. Значи, од особена важност се правењето на безбедносни копии на

податоците и одржување на работата на системот. Ефективната безбедност бара соработка и поддршка од сите

вработени во Групацијата Синлаб што се во контакт со овие системи. Никогаш немојте да ги користите

ИТ-системите на компанијата за да препраќате без дозвола:

доверливи податоци на приватни поединци,

доверливи бизнис-информации или

материјали со авторски права.

Никогаш немојте да отворате датотеки или да зачувувате или да прикачувате датотеки што:

се од порнографска или од друга сексуално експлицитна природа,

поттикнуваат насилство, омраза или нетолерантно однесување или

се од навредлива, омаловажувачка или дискриминирачка природа.

Мора да го известите одделот за ИТ, доколку некој ви пратил таков материјал на непосакувана основа.

19

Кодекс на однесување

Page 20: ˆˇ ˚˛ˆ˝˙˘ ˇ ˝ · 2 ˜˚˛˝˙ˆˇˆ˚ 3 1. ˘ ˆˇ ˚ ˇ ˆ˝ ˛ ˇ ˛ 4 1.1. ˝ ˙ ˆ ˇ ˆ ˛˙ˇ ˝ ˇ 4 1.2. ˛ ˙ ˚˝ ˇ˛ ˙˝

Групацијата Синлаб назначува надворешен адвокат како правен бранител, чијашто улога е да прифати

доверливи предупредувања за можни нарушувања на Кодексот на однесување, да ги прегледа и по потреба да

препрати информации до Комитетот за усогласеност.

Омбудсманот ја застапува Групацијата Синлаб, примајќи задачи и инструкции единствено од Комитетот за

усогласеност. Како адвокат, омбудсманот е подложен на строга статутарна доверливост кон клиентот.

За да се обезбеди доверливост помеѓу омбудсманот и која било личност што дава информации, Групацијата

Синлаб има неотповиклив предвремен договор со омбудсманот дека нема да се откријат никакви имиња или

какви било индикативни информации, со цел да се заштити идентитетот на оние што даваат информации и што

бараат анонимност.

Омбудсманот ја добива информацијата за можни прекршоци на Кодексот за однесување преку телефон, писмо,

е-пошта и преку лични состаноци. Омбудсманот ја прегледува логичноста на предупредувањата, потоа ја

одредува понатамошната насока на дејствување, која се заснова на кредибилитетот на информациите и на

оној/онаа што ги дава информациите, природата и сериозноста на прекршокот и можното влијание врз трети

лица и врз Групацијата Синлаб.

Омбудсманот потоа ги препраќа информациите до Одборот за усогласеност, ја изложува ситуацијата и

обезбедува почетно правно мислење и според тоа му овозможува на Одборот за усогласеност да започне со

понатамошни постапки. По завршувањето на прегледот од страна на Одборот за усогласеност, омбудсманот ја

известува личноста што ја дала информацијата за одлуката на Одборот за усогласеност. Мора да се заштитат

интересите на сите засегнати поединци коишто заслужуваат заштита. Омбудсманот е адвокат со лиценца, а

неговото/нејзиното име им се кажува и на вработените и на јавноста. Омбудсманот спроведува соодветни

технички и кадровски мерки преку кои овозможува информациите што се поднесени да стигнат лично до

него/неа или до еден/една од неговите/нејзините адвокати во неговата/нејзината канцеларија до следниот

работен ден. Со правниот бранител можете да контактирате или на германски или на англиски јазик.

20

Page 21: ˆˇ ˚˛ˆ˝˙˘ ˇ ˝ · 2 ˜˚˛˝˙ˆˇˆ˚ 3 1. ˘ ˆˇ ˚ ˇ ˆ˝ ˛ ˇ ˛ 4 1.1. ˝ ˙ ˆ ˇ ˆ ˛˙ˇ ˝ ˇ 4 1.2. ˛ ˙ ˚˝ ˇ˛ ˙˝

Претседавач: Маркус Стотер (извршен финансов директор)

Членови: Маркус Јункер (раководител на финансиската група и претседавач со Комитетот за усогласеност)

Алфонс Краблер (раководител на благајната)

д-р Петер Мацхеинер (раководител на правниот оддел)

Микаел Рохлоф (раководител на Одделот за персонал)

Мартин Вуртел (раководител на Одделот за внатрешна ревизија)

Кодекс на однесување

Page 22: ˆˇ ˚˛ˆ˝˙˘ ˇ ˝ · 2 ˜˚˛˝˙ˆˇˆ˚ 3 1. ˘ ˆˇ ˚ ˇ ˆ˝ ˛ ˇ ˛ 4 1.1. ˝ ˙ ˆ ˇ ˆ ˛˙ˇ ˝ ˇ 4 1.2. ˛ ˙ ˚˝ ˇ˛ ˙˝

Претседавач: Маркус Стотер (извршен финансов директор)

Членови: Маркус Јункер Барем еден член од Одделот за внатрешна ревизија, зависно од проблематиката

Page 23: ˆˇ ˚˛ˆ˝˙˘ ˇ ˝ · 2 ˜˚˛˝˙ˆˇˆ˚ 3 1. ˘ ˆˇ ˚ ˇ ˆ˝ ˛ ˇ ˛ 4 1.1. ˝ ˙ ˆ ˇ ˆ ˛˙ˇ ˝ ˇ 4 1.2. ˛ ˙ ˚˝ ˇ˛ ˙˝

Омбудсман: адвокат д-р Винфрид Пул

Ернст-Реутер-Платз 4

Д-86150 Аугсбург

Германија

E-Mail: [email protected]

Тел: +49 821 9064485

Факс: +49 821 9064470

Кодекс на однесување

Page 24: ˆˇ ˚˛ˆ˝˙˘ ˇ ˝ · 2 ˜˚˛˝˙ˆˇˆ˚ 3 1. ˘ ˆˇ ˚ ˇ ˆ˝ ˛ ˇ ˛ 4 1.1. ˝ ˙ ˆ ˇ ˆ ˛˙ˇ ˝ ˇ 4 1.2. ˛ ˙ ˚˝ ˇ˛ ˙˝

www.synlab.mk

Коде

кс н

а од

несу

вањ

е