116

Проекти ЦРППР 2010-2013

Embed Size (px)

DESCRIPTION

 

Citation preview

КАТАЛОГ НА ПРОЕКТИ 2010-2013 со РОКОВНИК ЗА 2014

За издавачотЦентар за развој на Пелагониски плански регионулица Томаки Димитровски 7, 7000 Битолател: 047/232-800 факс: 047/203-818е-пошта [email protected]

УредникЕмилиа ЃероскаРаководител на Центар за развој на Пелагониски регион

ПечатиПечатница Графопром Битола

Тираж300

Оваа публикација не е за комерцијална употреба. Истата е произведена за промотивни цели. Сите права се задржани. Публикацијата или делови од публикацијата не смеат да се копираат, репродуцираат или пренесуваат без писмена дозвола од издавачот.

Почитувани,

Ми претставува особено задоволство што на почетокот на 2014 година Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион (ЦРППР) со полн успех ги привршува првите четири години од своето активно работење.

Во периодот што е зад нас, тимот на ЦРППР фокусот на своето дејствување го стави, пред се, во идентификација, подготовка и имплементација на развојни проекти и иницијативи, водејќи се од една и единствена цел – посеопфатна реализација на Програмата за развој на Пелагонискиот регион која го покрива периодот од 2010 до 2015 година.

Следејќи ги своите законски надлежности и својот мандат, ЦРППР и стратешки ја планираше иднината, креираше сопствено портфолио на услуги за различни клиенти кое ќе му обезбеди одржливост во работењето, континуирано обезбедуваше услуги за сите чинители на регионалниот развој и активно учествуваше во домашни и меѓународни иницијативи.

Со цел да ги промовира и унапреди ресурсите, потенцијалите и вредностите на Пелагонија, ЦРППР оствари значајна меѓународна соработка преку членството во Собранието на Европските Региони, имплементацијата на прекугранични проекти и учеството на повеќе од 30 интернационални конференции, семинари и обуки.

Специфичноста на работењето на ЦРППР се темели на улогата која оваа институција ја има -а тоа е да биде главната алка помеѓу реалните потреби и проблеми кои стојат на патот на регионалниот развој и институциите кои се одговорни за реализација на националните регионални политики.

За успешно извршување на својата улога, ЦРППР континуирано работеше на реализација на потребите на различни целни групи: институции, невладин сектор, бизнис сектор, граѓани. Градоначалниците, односно општините-основачи на институцијата се и нејзините главни засегнати страни и клиенти за чии потреби се развиваат проекти и се реализираат активности. Притоа, за да обезбеди максимален ефект, ЦРППР редовно ангажира надворешни експерти од соодветната област.

Изворите за финансирање на своите активности, ЦРППР ги идентификува кај различни донатори, домашни но и меѓународни: Министерствата на РМ, Амбасадите во РМ, Европските претпристапни фондови, приватниот сектор.

Резимирано, успехот на ЦРППР се рефлектира прекуповеќе од 80 подготвени проектни апликации, од кои повеќе од 30 се одобрени и имлементирани. Вкупната вредност на реализираните и тековни проекти надминува 1 500 000 евра.

Би сакала да ја искористам оваа прилика и да искажам огромна благодарност до вработените во ЦРППР, сите наши партнери, заинтересирани страни, поддржувачи и соработници, без кои постигнатиот успех немаше да биде возможен.

Искрено се надевам и очекувам дека со заеднички напори успешната работа на ЦРППР ќе продолжи и во иднина, и дека визијата на Пелагонија: да бидеме регион со брендирана автентичност, со висок квалитет на живеење, перспективна иднина за нашите жители, економски раст и одржлив развој по европски критериуми ќе биде целосно исполнета.

Со почит,Емилиа ЃероскаРаководител на ЦРППР

ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

ПРОЕКТИ 2010-2013

Рубин Николоски раководител на одделение за имплементацијана проекти и меѓународна соработка(прв од лево)

Емилиа Ѓероскараководител на ЦРППР(втора од лево)

Бојан Бојкоскираководител на одделение за регионален развој и меѓуопштинска соработка(втор од десно)

Наташа Христовараководител на одделение за административнофинансиски работи(прва од десно)

УСЛУГИ ЗА ПОДДРШКА НА СОВЕТОТЗА РАЗВОЈ НА ПЕЛАГОНИСКИ РЕГИОНПоддршка на работата на Советот на регионот

УСЛУГИ ЗА ОПШТО ИНФОРМИРАЊЕИнтернет странаИнформирање преку директен контактЕ-билтенПоддршка на Платформа за развој на туризамПоддршка и одржување на порталот www.visitpelagonia.mkПодршка - оддржување на Пелагонија бизнис портал www.pelagonijabiznis.mkБаза на активни организации од Пелагонискиот регион

КОНСУЛТАНТСКИ УСЛУГИ ЗА ПОДГОТОВКА И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТИИнформирање за достапни фондови и отворени повици, како и за апликацискиот процесПодготовка на предлог проектиРеализација на проектиФасилитирање партнерстваСоветување при имплементација на проект

СОВЕТУВАЊЕ НА БИЗНИС СЕКТОРОТАнализа на пазаротАнализа на барања за реализација на проектиТехничка помош при толкување на законска регулатива

ОБУКИ И УСЛУГИ ПОВРЗАНИ СО ИЗРАБОТКА НА АНАЛИЗИРеализација на обукиНастани за градење свесност за Регионален развојИзработка на извештаи и анализиза регионален развоjОрганизација и менаџирање на настани и обуки од трети лица

ПОРТФОЛИО НА УСЛУГИ НА ЦЕНТАР

ЛОБИРАЊЕ ЗА ДРУГИ ЗАСЕГНАТИ СТРАНИЛобирање за различни програми за други засегнати страни од регионотЗастапување на сопствени интереси (регионален развој)

УСЛУГИ ЗА ПРОМОЦИЈАОрганизирање на промотивни настани и учество на саеми во име на регионотОрганизирање на Информативни деновиПодготовка на промотивни материјали за регионотБрендирањеПоддршка при учество на саемиОрганизација на саеми

УСЛУГИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА КООРДИНАТИВНИ НАСТАНИОрганизација на средби помеѓу засегнати страни од регионот и надвор од негоМедијатор помеѓу општините и државните институции

ПОДДРШКА НА МРЕЖИ И РАБОТНИ ТЕЛАУправување со отпад -во функција на Регионален Центар за управување со отпадПоддршка на работна група за идентификација на потреби и развивање проектни идеиПоддршка на работата на Локалните Акциони Групи во ПелагонијаПоддршка на Мрежа за развој на културата во Пелагонија

Портфилиото на услуги на ЦРППР е достапно на веб страната www.pelagonijaregion.mk

ЗА РАЗВОЈ НА ПЕЛАГОНИСКИ РЕГИОН

www.pelag

onijaregion.m

k

Јануар

и |Ја

nuar

y

„ЗОО ИНОВАТИВА”РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЗООЛОШКА ГРАДИНА БИТОЛА

ПРОEKT: ИНОВАТИВНИ ЕДУКАТИВНИ ПРОГРАМИ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА

ПРИРОДНИТЕ РЕСУРСИ ВО ПРЕКУГРАНИЧНИОТ РЕГИОН ПЕЛАГОНИЈА/

ЛЕРИН – ЗОО ИНОВАТИВА

Главната цел на проектот е да придонесе во подобрување на природните ресурси во прекуграничниот регион

Пелагонија/Лерин преку креирање и менаџмент на иновативни производи и услуги со цел подигање на општата

свест на населението во прекуграничниот регион за важноста во учеството на заштитата и унапредувањето на

животните ресурси.

На многу директен и непосреден начин, проектот ќе ја засили соработката помеѓу двата региона Пелагонија

и Лерин во делот на заштитата на животната средина, ќе помогне при реконструкцијата на двете зоолошки

градини во Битола и Лерин и на истите тие ќе им даде модерна содржина.

Проектот, во текот на својата имплементација ќе ја информира јавноста за начините, можностите и алатките за

заштитата на животната средина а на најмалите жители на Пелагонија и Лерин преку едукација ќе им ја објасни

потребата од заштита на прекуграничниот биодиверзитет.

Што ќе се постигне со реализацијата на проектот:

• Воведување на иновативни образовни програми за подобрување на еколошките ресурси во

прекуграничниот регион;

• Градење на капацитетите на зоолошките градини во Битола и Лерин, локалните самоуправи во Пелагонија и

Лерин и населението во овие два региони во однос на заштитата на биолошката разновидност;

• Ќе се подобри инфраструктурата во Зоолошката Градина во Битола со цел да се поддржат

институционалните капацитети за подобрување на животната средина;

• Ќе се имплементира кампања за подигнување на свеста во прекуграничниот регион, преку развој на

дигитални - медиа пакети.

Конкретни резултати од имплементацијата на проектот:

• Изградени се 8 нови живеалишта во Зоо Битола;

• Изградени се 2 нови комплементарни објекти во Зоо Битола;

• Воведен е и функционален волонтерски систем со 10 волонтери во Зоо Битола;

• Развиени и функционални се најмалку 5 едукативни тури во Зоо Битола;

• 240.000 жители на Пелагонискиот регион се информирани за важноста на ресурсите на животната средина;

• Реализирано е Студиско патување за 10 волонтери во Зоо Љубљана, Словенија;

• Реализирани се обуки за студенти и државни службеници од Пелагонискиот регион;

• Набавени се 10 комплети облека за волонтерите во Зоо Битола;

• Изградени се институционалните капацитети за заштита на животната средина и заштитата на

биодиверзитетот во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин

Буџет на проектот

43 028 905 МКД

Финансиран од:

Инструмент за претпристапна помош на Европска Унија, Програма за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција

ИЗГРАДЕНО ЖИВЕАЛИШТЕ ЗА ЛИСИЦА И РАКУН

Ново живелиште за ЛАВ И ТИГАР во Зоолошка градина - Битола

Нов објект ФАРМА во Зоолошка градина - Битола

Ново живелиште за ЛИСИЦА И РАКУН во

Зоолошка градина - Битола

ПРОEKT: ИЗРАБОТКА НА ТЕХНИЧКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА

НА ЗОО ГРАДИНА БИТОЛА

Изработена е техничка документација за реконструкција на Зоолошката Градина во Битола. Во неа се предвидени

26 живеалишта, едукативен центар, ресторан, детски парк, нова административна зграда, видиковци и останата

комплементарна инфраструктура. Работната група формирана за потребите на проектот вклучи претставници на

Европска Асоцијација на Зоолошки Градини и Аквариуми - ЕАЗА (www.eaza.net),како најрелеватна организација

на територијата на Европа во која членуваат повеќе од 300 Зоолошки Градини и Аквариуми и домашни експерти од

Зоолошката Градина во Скопје. Истата, оствари Студиска посета на Зоолошката Градина во Љубљана и Будимпешта

(членки на ЕАЗА) а беа искористени и искуствата од Зоолошките Градини во Јагодина и Скопје со цел трансфер на знаење

и примена на барањата на ЕУ директивата од оваа област.

• Изработена е Едукативна програма за маркетинг и промоција на Зоо Битола со која е предвидено следното:

• Двегодишен Акциски план за зголемување на посетеноста на Зоолошката Градина преку нејзина афирмација во

основни и средни училишта, медиуми, релевантни научно-истражувачки институции и центри, помеѓу Граѓанскиот

сектор, бизнис заедницата и општата јавност, не само во рамките на регионот и Република Македонија туку и во

соседните држави преку пограничните региони.

• Брендирање на Зоолошката Градинаво Битола. Изработени се идејни решенија за:

• Лого, слоган

• Табли за означување на живеалиштата на животните

• Патоказни табли за олеснето движење во рамките на Зоолошката Градина

• Промотивни банери и флаери

• Маркетинг- анализа за користење на промотивни иновативни алатки во насока на зголемување на средствата од

самофинансирачка дејност на Зоолошката Градина во смисла на:

• Донаторски вечери, донаторски конференции

• Наградни игри

• Организирање на настани со голема видливост за бизнис секторот и сите заинтересирани физички лица, за кои

опкружувањето на Зоолошката Градина е погоден амбиент,

• Употреба на современи ИТ алатки,

Механизми за воспоставување соработка и перманентна комуникација со релевантни институции, организации и

Зоолошки Градини во регионот, државата и надвор од границите на државата, со цел обезбедување на одржлив систем

за подобрување на условите за живеење на животните и зачувување на одредени загрозени животински видови, преку

промовирање на волонтеркиот активизам, размена на релевантни информации и учество во заеднички проекти.

Во текот на изработката на Едукативната програма, ЦРППР оствари работна посета на Зоолошката градина во

Будимпешта која има современа и фунцкионална Едукативна програма, а истовремено е и членка на ЕАЗА. Искуствата

собрани од таму, успешно се инкорпорирани во Едукативната програма на Зоолошката Градина во Битола.

Буџет на проектот

2 941 545 МКД

Финансиран од

Биро за рамномерен регионален развој

Воспоставена е соработка и разменети се искуства

помеѓу Зоо Битола и Зоо Љубљана

Во менаџирањето на ЗOO Битола ќе

бидат вградени најновите европски

искуства и ќе бидат достигнати

современите европски стандарди

Изработен е мастерплан на ЗОО Битола согласно

европските стандарди

„СЕКОЈ ДЕН Е СРЕЌЕН ДЕН ВОЗОО БИТОЛА”- ПРОМО НАСТАН

Промотивниот ден во ЗОО Битола беше посетен од повеќе од 7 000 жители на Пелагонискиот регион

Волонтерскиот сервис на ЗОО Битола го пречека Претседателот на Република Македонија Д-р Ѓорѓе Иванов и му посака добредојде во Зоолошката Градина

Ламбе Алабаковски и дечињата од хорот

„Ѕвончиња” на снимањето на спотот за химната

„Место за нас” на ЗOO Битола

Претседателот

на Република

Македонија

Д-р Ѓорѓе Иванов

во посета на

Зоолошката Градина

во Битола

Јануари | Јаnuary

201420142014

Февру

ари

|Fe

brua

ry

ИЗГРАДЕНО НОВО ЖИВЕАЛИШТЕ НА НИЛСКИ КОЊ

ПРОEKT: РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЖИВЕАЛИШТЕ ЗА НИЛСКИ КОЊ ВО

ЗООЛОШКА ГРАДИНА БИТОЛА

Во рамките на проектот беа целосно имплементирани две фази од претходно изработената техничка

документација за реконструкција на живеалиштето на нилскиот коњ која исто така ја изработи ЦРППР.

Изградбата на живеалиштето е во согласност со современите стандарди на Европската Асоцијација на Зоолошки

и Аквариуми (ЕАЗА) и Директивата на ЕУ за чување на животни во заробеништво.

Со изградбата на ова живеалиште во Битолската Зоолошка градина повторно ќе има нилско коњче коешто е

донација од Скопската Зоолошка градина.

Со реализацијата на проектот се подобрија условите во Зоолошката Градина, се достигнаа современите

европски стандарди за чување на животни, а со тоа се подобри пред се, заштитата на животната средина а

секако и туристичко-едукативната понуда на Пелагонискиот регион.

Со изградбата на живелиштето, Зоолошката Градина доби нова

и современа содржина која е интересна за сите категории на

посетители – од најмлади до највозрасни.

Буџет на проектот

789 414 МКД

Финансиран од

Биро за рамномерен регионален развој на РМ

Новото живеалиште за нилското коњче опфаќа

зимски (внатрешен дел), опремен со базен со топла

вода и летен (надворешен дел) исто така со базен и

хортикултурно уредување со анимациски содржини

ПРОEKT: ВОВЕДУВАЊЕ НА ВОЛОНТЕРСКИ СЕРВИС ВО ЗООЛОШКАТА

ГРАДИНА ВО БИТОЛА

Целта на проектот беше да се подобри економскиот развој во Пелагонискиот регион преку вработување на

специфични групи невработено население во сектори со потенцијал за развој.

За време на проектот избрани и ангажирани беа 4 волонтери за работа со посетители во ЗОО Битола. Волонтерите

беа избрани врз база на критериуми и врз база на претходно подготвени работни задачи односно работни цели,

како што се давање на услуги за едукација на посетителите на ЗОО Биотла, промоција на флората и фауната на

Зоо Битола и подобрување на човечките капацитети на оваа институција.

Со цел успешно извршување на дадените задачи, за волонтерите беше организирана почетна обука спроведена

од страна на персоналот на Зоолошката градина и Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион. Обуката

опфати правила и стандарди во работењето, содржини и производи на ЗОО Битола како и однесување со гости-

посетители поединечно или во група во ЗОО Битола.

Волонтерскиот сервис успешно ја заврши својата работа и во текот на четирите месеци во кои беше ангажиран

опслужи повеќе од 1.000 посетители, и неколку десетици групи на посетители, најчесто деца од школска и

претшколска возраст.

За промоција на ЗОО Битола, во рамките на проектот беше изработена првата веб-страница (www.zoobitola.mk)

на Зоолошката Градина која има промотивно-едукативен и инфорамативен карактер. За најмалите посетители

на Градината, беа испечатени и поделени промотивно-едукативни материјали во форма на боенки и распореди

за школски часови.

Буџет на проектот

99 000 МКД

Финансиран од

Амбасада на Кралство Холандија во Република Македонија.

Амбасадорката на Кралството Холандија Н.Е Мариет

Шурман се запозна со животинскиот и растителниот свет

во ЗОО Битола

Пред Амбасадорката на Кралството Холандија беше

претставена работата на ЗОО Битола, волонтерскиот

сервис и постигнатите резултати со проектот

Февруари | February

42014

Мар

т |M

arch

„FIRESHIELD”

МОДЕРНИЗИРАН СИСТЕМОТ ЗА

ПРОТИВПОЖАРНА ЗАШТИТА

ВО ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

ПРОЕКТ: РАЗВИВАЊЕ НА ПЛАН ЗА ПРЕКУГРАНИЧНА ЗАШТИТА ОД

ПОЖАР - FIRESHIELD

Целта на проектот е да се придонесе во прекуграничната соработка во делот на заштита на животната средина

преку развивање на заеднички прекуграничен план за противпожарна заштита и зајакнување на капацитетите на

регионалните противпожарни одделенија.

Според својата содржина, цели и постигнати резултати, ова е прв ваков проект кој се имплементира на територијата на

Пелагонија и кој околу себе обединува композитна структура на целна група, корисници на резултати и крајни ефекти.

Активностите на проектот опфаќаат информирање на јавноста преку медиуми и кампања за подигнување на свеста,

изработка на прекуграничен план за заштита од пожари – прв документ од ваков вид во Република Македонија,

активности за зајакнување на капацитетите за притовпожарна заштита и секако размена на искуства помеѓу

противпожарните единици во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин.

Очекувани резултати по завршувањето на проектот:

• Набавени се и инсталирани 140 надземни хидранти во Пелагонискиот регион;

• Набавени се и доделени најмалку 76 високо софистицирани противпожарни одела;

• Набавена е компјутерска опрема за Територијалните противпожарни единици во Пелагонија;

• Изработен и инсталиран е софтвер за следење и пријавување во случај на појава на пожар во прекуграничниот

регион Пелагонија/Лерин;

• Изработени се сателитски снимки при евентуална појава на пожар во прекуграничниот регион;

• Развиен е план за заштита од пожар во прекуграничниот регион Пелагонија /Лерин;

• Потпишан е протокол за справување со пожар во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин;

• Воспоставен и опремен е волонтерски мото-тим за брзо дејствување при појава на пожар во тешко достапните

места на прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин;

• Поставени се информативни знаци за спречување на појава на пожар во прекуграничниот регион Пелагонија/

Лерин.

Партнерите и корисниците на резултатите од проектот FIRESHIELD: Градоначалниците од Пелагонија, Центарот за развој на

Пелагонискиот регион, ТППЕ од Битола и Прилеп, Регионалната развојна Агенција на Лерин, Градоначалникот на Лерин и

Претставници на Регионот на Западна Македонија (Грција)

Буџет на проектот

18 235 795 МКД

Финансиран од Инструмент за претпристапна помош на Европска Унија, Програма за

прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција

Во имплементацијата на

проектот беа вклучени

институции и експерти од

областа на противпожарната

заштита од Република

Македонија и Република Грција

Примопредавње на специјално изработен софтвер за

превенција и следење на шумските пожари за сите

противпожарни единици во Пелагонија

Со проектот FIRESHIELD се воспостави

соработка помеѓу институциите

одговорни за проивпожарна заштита

во регионите Пелагонија (Р. Македонија),

Лерин (Р. Грција) и Западна Македонија (Р.

Грција)

За противпожарните единици во Пелагонија беше

набавена најсовремена и високософистицирана

животоспасувачка опрема (90 комплети од одело, шлем,

ракавици и чизми)

Со проектот FIRESHIELD беа изработени

и поставени 50 инфо знаци за

предупредување од појава на пожар

предизвикан од човечки фактор во

планинските подрачја на пограничниот дел

на Пелагонија

slika od CDlslslslikikkkkkkkkkkkkkkkkkkaaaaaaaaaa aaaaa oooodoodododdoodooooo CCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDoddoddddddddddddddddddddddddddddddddddddddddddddddddddddd CCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCDDDDDDDDslslslslslslssssslssslslslikikkkkkkkkkkkkkkkiki aaaaaaaaaaaaaaaa aaaaaaaaaaaaaaaa oodododododododdodddddodddooddddddoddddddddddddddddddddddddddddddddddddddddddodddddddddddddoddddddddddddddddddddddodddddddddddooddddddddddddddddddodddddoodddddddddddddddddddddoddddddddddddoddddddddooddddddddddddddddddddddddddddddddoooooo CCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCCDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDD

Со проектот беа донирани

140 противпожарни

надземни хидранти коишто

се монтираа во пограничните

рурални средини односно

во планинските подножја.

Со ова се овозможи

поголема ефикасност

на противпожарните

екипи при гаснењето на

шумските пожари бидејќи

надополнувањето со вода на

противпожарните возила се

врши на лице место.

„ПОЖАР - ТИ МОЖЕШ ДА ГО СПРЕЧИШ”- ОПРЕМЕНА ТППЕ ПРИЛЕП

ПРОEKT: НАБАВКА НА ОПРЕМА ЗА ТППЕ ПРИЛЕП (ГО ПОКРИВА

РЕГИОНОТ НА ПРИЛЕП, КРИВОГАШТАНИ И ДОЛНЕНИ) И ОПРЕМА ЗА

ВОЛОНТЕРСКИТЕ ЕДИНИЦИ

Во рамките на активностите на проектот набавена беше високософистицирана опрема за Територијалната

Противпожарна Единица во општина Прилеп која ги опслужува и териториите на општина Долнени и

Кривогаштани, за заштита од пожари и намалување на ризикот на вработените во извршувањето на

професионалните задачи.

Со проектот, за прв пат ТППЕ Прилеп беше целосно опремена со нова професионална опрема за заштита на

професионалните пожарникари додека ја обавуваат својата должност.

Со новата опрема, прва и единствена од ваков вид во цела Република Македонија, драстично е намален е ризикот

од повреди и изгореници на вработените во извршувањето на професионалните задачи и обврски.

Подобрената заштита и користењето на подобра опрема при противпожарните интервенции, значително

се подобри и квалитетот на интервенциите при спречувањето и заштитата од пожари. Професионалните

пожарникари, со новата опрема можат да интервенираат на побрз, поефективен и пефикасен начин. Таквиот

начин на интервенција е од огромно значење, и најчесто значи спасен човечки живот или причинета минимална

материјална штета.

Исто така, со користењето на современа опрема во работата, оперативните трошоци, односно трошоците

за корисниците на услуги се неколкукратно намалени, што на долг рок отвора можност за реинвестиции и

континуирано подобрување на работата на оваа витална јавна служба.

Буџет на проектот 3 562 000 МКД Финансиран од Биро за рамномерен регионален развој на РМ

Учениците во средните училишта во Пелагонија беа запознаени со начините и можностите за спречување на пожар

Кампањата преку видео спот за спречување на пожарите во Пелагонија беше емитувана на две регионални и една локална телевизија

Промоција на резултатите на проектот и примопредавње на новонабавената противпожарна опрема

Показна вежба на ТППЕ Прилеп за презентација на набавената противпожарна опрема пред жителите на општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани

Институциите на системот на противпожарна заштита ја презентираат својата работа пред најмладите во општина Прилеп, Кривогаштани и Долнени

ТППЕ Прилеп доби најсовремена опрема (алпинистичка опрема, хидраулични апарати и дополнителни делови) за брзи и квалитетни интервенции при појава на пожар

ПРОEKT: ИЗГРАДБА НА ХИДРАНТСКА МРЕЖА ВО ПЕЛАГОНИСКИОТ

ПЛАНСКИ РЕГИОН

Со овој проект за прв пат со странска донација набавени беа 140 надземни хидранти за потребите на

противпожарните возила во целиот Пелагониски регион. Со проектот, на интегриран и заокружен начин,

беа зајакнати капацитетите на системот на противпожарна заштита во Пелагонија, преку инсталирање на

најсовремени хидранти во секоја од деветте Пелагониски општини.

Хидрантите беа инсталирани во руралните средини, кои се најтешко достапни за противпожарните возила и

каде не постои системско решение за повторно полнење на испразнетите противпожарни цистерни.

Освен што се најтешко достапни, руралните средини едновремено се и местата каде е лоцирано најголемото

природно богатство на Пелагонија, кое, особено во текот на летните месеци е изложено на опасност од тешки и

катастрофални пожари.

Хидрантската мрежа, беше поставена и предадена на користење на јавните претпријатија од Пелагонија, со што

се обезбеди нејзина правилна инсталација и долго и правилно одржување и користење.

По завршувањето на проектот се зголеми бројот на успешни интервенции на гаснење на пожари во Пелагонија

односно се зголеми степенот на заштита на природните ресурси, животната средина, материјалните добра и

животите на луѓето во најоддалечените и рурални средини на Пелагонискиот регион.

Буџет на проектот

3 924 134 МКД

Финансиран од

Јапонска амабасада во Виена

Набавка на 140 противпожарни надземни хидранти за унапредување на противпожарната заштита во Пелагонискиот регион

Воспоставена е соработка помеѓу канцеларијата на Јапонска Амбасада во РМ и Центарот за развој на Пелагонискиот регион

Новите хидранти беа инсталирани во руралните средини на Пелагонија каде воопшто не постоеше инфраструктура за брзо и навремено реагирање при појава на пожар

Инсталираната хидрантска мрежа беше предадена во сопственост на ТППЕ и Јавните комунални претпријатија во Пелагонија со што се обезбеди нејзино правилно и долго користење

Март | March

20144

Апр

ил|

Apr

il

„ГРАДИМЕ ПАРТНЕРСТВА”

Институционална надградба и поддршка на бизнис активностите во Пелагонискиот регион е првиот проект кој

беше реализиран од страна на Центарот за развој на Пелагонискиот регион во текот на јуни 2010 -септември

2011 година.

Заради комплексноста на неговата целна група и големиот број засегнати и вклучени страни, проектот доби

слоган “Градиме Партнерства’.

Проектот се реализираше преку три проектни модули и тоа:

• Обуки за подготовка на проекти, за донаторски процедури и изнаоѓање на фондови.

• Обуки за правните и организациските аспекти на Јавно-приватно партнерство (ЈПП); Развивање на модели

и предлози за ЈПП, организирање на редовни настани за ефективна комуникација на општините и бизнис

секторот на кои ќе се идентификуваат потенцијални ЈПП.

• Обуки за бизнис вештини, развивање мрежа за размена на податоци, подготовка на промотивни материјали

и веб страна како алатка за поддршка и привлекување на нови домашни и странски инвестиции, подготовка

на редовни локални и регионални презентции за бизнис можностите во Пелагонискиот регион.

Со проектот се воспостави организиран и структуриран тим, опремен со неопходни вештини во секоја од

деветте општини во регионот и во канцеларијата на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион,

способен да ги координира и поддржи бизнис активностите во регионот што беше и генерална цел на проектот.

Покрај градењето на капацитетите на локалните самоуправи во Пелагонија, со проектот беа направени и

првиот веб портал за поддршка и промоција на бизнис потенцијалите во Пелагонискиот регион www.pel-

agonijabiznis.mk, беше подготвен и испечатен Водич за инвестирање во Пелагонија со сите инвестициони

потенцијали на Пелагониските општини кој понатаму беше претставен во државата но и во соседните држави

Албанија и Грција.

Со цел да се претстават инвестиционите потенцијали на Пелагонија пред потенцијалните инвеститори од

земјата и странство, беа организирани три регионални и две интернационални бизнис презентации во Демир

Хисар, Могила, Ресен, Корча (Р. Албанија) и Лерин (Р. Грција).

“Градиме партнерства” беше финансиски поддржан од Бирото за регионален развој како дел од Програмата за

рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа на Република Македонија.

Средствата беа обезбедени од буџетот на Република Македонија и општините во Пелагонискиот плански

регион: Битола, Прилеп, Ресен, Крушево, Демир Хисар, Новаци, Могила, Кривогаштани и Долнени.

Со активностите на проектот директно или индирекнто беа опфатени околу 350 вработени во општинските

администрации и околу 6170 правни субјекти во Пелагонискиот регион.

Буџет на проектот

9 532 500 МКД

Финансиран од

Биро за рамномерен регионален развој на РМ

ПРОЕКТ: ИНСТИТУЦИОНАЛНА НАДГРАДБА И ПОДДРШКА НА

БИЗНИС АКТИВНОСТИТЕ ВО ПЕЛАГОНИЈА

Можностите за инвестирање во Пелагонија беа презентирани пред бизнис секторот во Лерин, Република Грција

На јавниот, приватниот и невладиниот сектор во Пелагонија му беа презентирани меѓународни искуства за управување и раководење со проектен циклус

Општините во Пелагонија заедно со бизнис секторот беа главните корисници на резултатите на проектот

Можностите за инвестирање во Пелагонија беа презентирани и пред потенцијални странски инвеститори во Корча, Република Албанија

Можностите за инвестирање во Пелагонија беа презентирани и пред потенцијланите домашни инвеститори во сите 9 пелагониски општини

Изработен е првиот интерактивен веб портал за промоција на можностите за инвестирање во Пелагонија www.pelagonijabiznis.mk

Април| April

20144

Мај

|M

ay

ПРОМОТИВНА КОНФЕРЕНЦИЈА „ПЕЛАГОНИЈА ЛЕАДЕР “

ПРОЕКТ: ВОВЕДУВАЊЕ И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЕУ ЛЕАДЕР ПРИСТАПОТ

ВО ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

EУ ЛЕАДЕР пристапот е посебен метод на Европска Унија кој се користи за забрзување на руралниот развој овозможувајќи

му на населението да изнајдат нови начини на соработка и да се подобрат условите за живот.

Иницијативата ЛЕАДЕР претставува иновативен пристап во рамките на политиката за рурален развој на ЕУ преку кој се

стимулира полноправност и заедништво на сите чинители во процесите на градење на политики, донесување на одлуки

и спроведување на активности поврзани со руралниот развој.

Целта на проектот е преку иницијативи, акции и модели за соработка помеѓу јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор,

поттикнување на економскиот раст и создавање на нови работни места да се подобрат условите на живот во руралните

средини на Пелагонискиот регион.

Активностите на проектот вклучуваат:

• Конференција за отворање на проектот

• Дизајн и печатење на промотивно –едукативни материјали за населението во Пелагонија

• Организирање на 3 инфо денови во Пелагонискиот регион

• Организирање на 3 работилници во Пелагонискиот регион

• Организирање на 12 тренинзи во Пелагонискиот регион

• Организирање на 3 состаноци за формирање на ЛАГ-ови во Пелагонискиот регион

• Регистрирање во Централен регистар на РМ на 3-те Локални Акциони Групи формирани во Пелагонискиот регион

Што се постигна со проектот:

• Подобрување на информираноста во Пелагонискиот регион за ЕУ ЛЕАДЕР пристапот

• Мобилизирање на лидерите од приватниот, јавниот и граѓанскиот сектор, кои се спремни да посветат време и енергија на

процесот

• Зголемување на капацитетите на локалните заинтересирани страни за подготвување и имплементација на проекти

• Подготвување на анализи и студии за проценка на локалните потреби и капацитети

• Зајакнување на капацитетите за управување со Локални Акциони Групи

• Воспоставување и регистрирање на три Локални Акциони групи

Со овој проект, во Пелагонија како прв регион во Македонија, се создадоа сите предуслови за искористување на

средствата на Европската Унија предвидени во ИПАРД инструментот за поддршка на руралниот развој.

Регистрираните ЛАГови во кои членуваат општините, јавниот сектор, невладиниот сектор и граѓанството, можат да

аплицираат за средства на ЕУ и да имплементираат проекти кои се од исклучително значење за локалната заедница.

Во следната фаза на проектот која ЦРППР ќе ја имплементира во 2014 година, ќе бидат изработени Стратегиите за

рурален развој на секоја од локалните акциони групи и ќе се реализираат Студиски патувања за размена на искуства

што ќе доведе до максимално искористување на достапните средства за оваа намена во рамките на ИПАРД програмата.

Буџет на проектот

1 145 745 МКДФинансиран од Карана Корпорација

Проект за експанзија на мали бизниси

Размена на искуства за воведување на ЛЕАДЕР пристапот помеѓу Градоначалниците на Пелагонискиот и Задарскиот регион

Доделени Сертификати за успешно помината обука за воведување на ЛЕАДЕР пристап

Презентирање на ПеЛАГонија ЛЕАДЕР проектот и неговото значење за поддршка на МСП во регионот

Претставници од јавен, приватен и граѓански сектор, членови на Локална Акциона Група

Работилница за воведување на ЛЕАДЕР пристап

Посета на амбасадорот на САД Пол Волерс на една од обуките за ЛЕАДЕР

ЦРППР со проектот одговори на Стратегијата за развој на енергетиката на Република Македонија за период

2008-2020 година со визија до 2030 година каде приоритет е делување за заштита на животната средина преку

енергетска ефикасност, искористување на обновливи извори на енергија, зајакнување на јавната свест за нивно

искористување и промовирање на позитивни примери.

Употребата на обновливите енергии е од големо значење од аспект на заштита на животната средина. Употребата

на биомасата за добивање на енергија значително ги намалува трошоците на енергија на руралната популација и

придонесува за одржливост на животната средина.

Во Пелагонискиот регион има голем потенцијал за производство на електрична и топлинска енергија од

земјоделскиот отпад- биомаса. Секоја година се произведуваат големо количества отпад од земјоделството

(слама од пченица, јачмен, овес,рж, потоа лисја од кочанка и стебло од пченка, од градинарски и овошни насади

итн ). Експертите објаснуваат дека отпадната биомаса сега се затрупува во земјата со орање на површините, се

спалува или се распаѓа по нивите, а голем дел од неа може да се обработи во цврсти,течни или гасни горива за

добивање на енергија.

Интервенцијата на проектот беше токму во таа насока, па со неговата реализација се постигнаа следните

резултати:

Се зголеми учеството на земјоделскиот сектор во заштитата на животната средина преку искористување

на биомасата во процесот на добивање на енергија, населението во руралните средини се запозна со

фундаменталните законитости за користење на енергијата на биомасите и критериумите за искористување на

биомасите како обновливи извори на енергија и му се зголеми свеста за влијанието на обновливата енергија од

биомасата врз зачувувањето на животната средина.

Во текот на вкупно одржаните шест работилници низ руралните средини на Пелагонија, нивното население од

Пелагонискиот регион имаше прилика да ја осознае можноста за искористување на биомасата за добивање на

енергија а со тоа да си ги намали трошоците за енергија во нивните домаќинства и фарми.

За време на проектната имплементација, повеќе од 100 фармери, земјоделци и граѓани се стекнаа со нови знаења

за современите модели и алатки на искористување на биомасата како значаен ресурс при производството на

енергија.

Буџет на проектот

296 880 МКД

Финансиран од

Министерство за животна средина на РМ

ПРОЕКТ: ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО РУРАЛНИТЕ

СРЕДИНИ ВО ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕ НА

БИОМАСА ЗА ДОБИВАЊЕ НА ЕНЕРГИЈА

Жителите на руралните средини во Пелагонија слушнаа нови и разменија постоечки искуства поврзани со биомасата и нејзините потенцијали како ресурс за добивање на енергија

Презентација на современите искуства во областа на искористувањето на биомасата за добивање на енергија

Обуки за искористувањето на биомасата за добивање на енергија во Пелагонискиот регион организирани со поддршка на ЕЛС

ПРОEKT: ПАКУВАЊЕ БЕЗ ЗАГАДУВАЊЕ 1

Целта на проектот „Пакување без загадување“ беше насочена кон презентација на фактот дека отпадот не е

ѓубре туку ресурс, односно пари. ЦРППР со проектот придонесе кон зголемување на разбирањето за тоа што

треба да се случува со отпадот врз основа на законските решенија и да се бара одржлив пристап кон почист и

поздрав Пелагониски регион.

ЦРППР со поддршка од Амбасадата на Кралството Норвешка инвестираше во знаењата и во зголемувањето

на свеста кај сите чинители на развојот во регионот со крајна цел производство на помалку отпад, поголем

обем на рециклирање и барање нови технологии за отпадот кој не може да се рециклира.

Со проектот, директно беа опфатени сите засегнати страни во процесот на управување со отпад согалсно

законската регулатива: општини, бизнис сектор, јавен сектор и невладин сектор.

Проектот, преку непосредна презентација од страна на експерти од обалста, на сите вклучени во управувањето

со отпад им ги презентираше новините во изменетиот Закон за управување со отпад и отпад од пакување и

ги подготви за новопропишаните обврски.

Со проектот директно беа офпатени 9 единици на локална самоуправа, повеќе од 40 компании и 20 невладини

организации.

Буџет на проектот

180 000 МКД

Финансиран од

Амбасада на Норвешка во РМ

Локалните самоуправи и бизнис секторот во Пелагонија беа запознаени со новите измени на Законот за управување со отпад и отпад од пакување

Менаџирањето со отпад според европски стандарди беше презентирано пред сите вклучени во системот за негово управување

Локалните самоуправи во Пелагонија се запознаа со своите обврски околу управувањето со отпад и отпад од пакување

Граѓанскиот сектор се здоби со знаење за своите права и обврски во системот за управување со отпад

ПРОEKT: ПАКУВАЊЕ БЕЗ ЗАГАДУВАЊЕ 2

Целта на проектот „Пакување без загадување“ беше да покаже дека отпадот не е ѓубре туку пари и да се

зголеми разбирањето за тоа што треба да се случува со отпадот врз основа на законските решенија но и да

бара одржлив пристап за почист и поздрав Пелагониски регион.

ЦРППР со поддршка од Канцеларијата на УСАИД во Република Македонија инвестираше во знаењатата и во

зголемувањето на свеста кај сите чинители на развојот во регионот со цел производство на помалку отпад,

поголем обем на рециклирање и барање нови технологии за отпадот што не може да се рециклира.

Отпадот е ресурс, отпадот е пари. За поздрава и почиста средина секој треба да врши селекција на отпадот

уште во својот дом, односно од отпадот да го оддели стаклото, дрвото, хартијата, пластиката, најлонот и металот.

Во рамките на овој проект беа организирани три семинари на кои директно беа информирани вкупно 103

учесници со што е покриена комплетно таргет групата во Пелагонискиот плански регион. Повеќето од

учесниците за првпат се информираа во врска со одредбите од Законот и воедно ги разбраа своите права и

обврски.

Реализацијата на овој проект помогна во зачувувањето на животната средина во регионот преку креирање

поврзување меѓу 3-те сектори: општини, бизнис и нво-и на конкретната тема.

Буџет на проектот

120 000 МКД

Финансиски поддржан од:

Мисијата на УСАИД во РМ

Начините на заштита на животната средина согласно Законот за управување со отпад и отпад од пакување беа презентирани пред јавниот сектор, бизнис секторот и граѓанскиот сектор

Со проектот се воспостави соработка помеѓу сите институции вклучени во системот за управување со отпад во Пелагонија и Министерството за животна средина чии експерти беа ангажирани како предавачи во проектот

Мај | May

20144

Јуни

| J

une

ЗДРАВА И ЧИСТА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ ВО с. ДЕБРЕШТЕ

Со проектот беше изградена и опремена Хлорна станица за потребите на општините Долнени, Кривогаштани и Крушево како и пристапен асфалтиран пат во должина од 800 метри

Со проектот, беше целосно дозавршена хлорната станица во с. Дебреште, Општина Долнени. Изградбата

на хлорната станица беше претходно започната од страна на Регионалната Развојна Агенција ПЕЛАГОНИЈА

ПРЕДА, со проектот на ЦРППР опремена и ставена во функција.

Во рамките на проектот беа изработени термичка фасада, изработена и вградена ПВЦ дограма, високо

квалитетни киселоотпорни керамички-клинкер плочки, беше набавена и монтирана ограда, а станицата беше

и опремена со мебел и санитарија. Покрај изградбата на самата хлорна станица, изграден беше и пристапен

пат до неа со цел непречено работење и безбеден дотур на боци со хлор.

Резултати кои беа постигнати со проектот:

• Комплетно е изградена хлорната станица во с. Дебреште;

• Зголемен е бројот на жители кои се приклучени на

водоводната мрежа;

• Намален е бројот на заразни болести како резултат

на подобрените услови за лична и санитарна

хигиена и квалитетна вода за пиење;

• Минимизирни се можностите за појава на

епидемии;

Буџет на проектот

1 960 251 МКД

Финансиран од

Биро за рамномерен регионален развој на РМ

ПРОEKT: ВТОРА ФАЗА ЗА ИЗГРАДБА НА ХЛОРНА СТАНИЦА ВО

с. ДЕБРЕШТЕ

Министерот за локална самоуправа на РМ, г-дин Невзат Бејта на отворањето на хлорната станица која ќе опслужува повеќе од 30.000 жители на трите рурални општини Долнени, Кривогаштани и Крушево

ЗДРАВА И ЧИСТА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ ВО с. ДЕБРЕШТЕ

Состојбата на изворот пред изградбата на базенот

ПРОEKT: РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТ ЗА ЗАШТИТА (ФИЗИЧКА И БИОХЕМИСКА) НА

РЕГИОНАЛЕН ПРИРОДЕН ИЗВОР ДЕБРЕШТЕ

Остварената проектна цел е заштитата (физичка и биохемиска) на регионалниот извор во с.Дебреште, општина Долнени.

Покрај сеопфатната заштита, регионалниот извор во с. Дебреште беше и партерно уреден, а со тоа се придонесе кон

исполнување на потребата од подобрување на квалитетот на живеење преку инвестиции во комуналната инфраструктура.

Со резултатите од проектот, на населението кое живее во општина Долнени им се даде нова рекреативно-туристичка

содржина која ќе им послужи како достапно катче за одмор, релаксација и социјализација.

Најважно од се, изворот кој има исклучително значење за здравјето и добросостојбата на целото население во општина

Долнени, беше заштитен и саниран, со што му се даде трајност, искористливост и одржливост и за генерациите што идат.

Буџет на проектот

905 660 МКД

Финансиран од

Биро за рамномерен регионален развој на РМ

Јуни | June

201440000

Јули

|Ju

ly

ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН - РЕГИОН НА ЕКСТРЕМНИ СПОРТОВИ

Пред реализацијата на проектот, на територијата на Пелагонија не постоеше професионална мото-крос патека на

која можеа да се одржуваат мото-крос натпревари од национален и интернационален карактер.

На територијата на Пелагонискиот регион постојат повеќе од 100 активни мото-крос возачи и повеќе од 1000

потенцијални мото-крос возачи кои би се занимавале со овој спорт доколку за истиот постојат соодветни услови.

Главната цел на овој проект беше изградба на првата професионална мото-крос патека во Пелагонискиот регион.

По неговото завршување, мото-крос патеката успешно беше изградена во близина на општина Прилеп, на локација

специјално предвидена за оваа намена.

Локацијата е соодветно одбрана да биде пристапна за сите - домашната и меѓународната публика на овој екстремен

спорт.

Резултати од проектот:

• Професионална патека за мото-крос натпревари во Пелагонискиот регион е изградена и функционална,

• Спортската и туристичката понуда на Пелагонија е подобрена,

• Бројот на домашни и странски туристи во Пелагонискиот регион е зголемен.

Со спроведување на проектот целосно се реализира изградбата на првата професионална мото-крос патека во

Пелагонија. Тоа претставува зголемување на културно-туристичката понуда на регионот, можност за генерирање

на поголеми приходи на туризмот како гранка, пред се поради зголемената конкурентност и севкупно забрзање на

економскиот развој на Пелагонија во целина.

Понатаму, реализацијата на овој проект ќе го подобри квалитетот на живот на жителите на Пелагонискиот регион

благодарение на зголемениот број на туристи (посетители на натпреварите кои ќе се одржуваат на патеката),

зголемената економска активност и зголемените приходи на општина Прилеп по основ на даноци.

Бидејќи мото-крос патеката е изградена согласно постоечките интернационални стандарди (широчина од 10 метри

и должина од 1650 метри), на неа можат да се организираат интернационални натрпревари со што атрактивните

меѓународни спортски случувања ќе станат лесно достапни за сите жители на Пелагонискиот регион.

Можноста за организирање на интернационални натпревари во Прилеп носи и можност за зголемување на бројот на

странски туристи во целиот Пелагониски регион што директно би придонесло за негов економски раст.

Буџет на проектот

1 000 000 МКД

Финансиран од

Биро за рамномерен регионален развој на РМ

ПРОEKT: ИЗГРАДБА НА РЕГИОНАЛНА МОТО-КРОС ПАТЕКА

Пелагонискиот регион доби патека за одржување на мото-крос натпревари по современи европски и светски стандарди

Во изградбата на Мото-крос патеката учествуваа и јавното комунално претпријатие „ Комуналец“ и јавното претпријатие „Водовод“ од Прилеп.

Oфицијалното отворање на патеката беше проследено со интернационална мото-крос трка

При изградбата на патеката беа користени современи и квалитетни материјали за да се продолжи нејзиното користење но и да се осигура максимална безбедност на сите натпреварувачи

Патеката е примопредадена на општина Прилеп која истата ќе ја одржува и управува

Патеката е сместена на локација на која со урбанистичко решение во иднина е предвидено да се изгради спортски комплекс

Со реализацијата на овој проект подобрена е патната сигнализација на локалните патишта во Пелагонискиот

регион, подобрена е меѓусебната поврзаност на населените места во општините Новаци, Могила и Битола,

подобрена е поврзаноста на руралните и урбаните средини во Пелагонискиот регион a зголемена е и

безбедноста на учесниците во сообраќајот во општините Новаци, Битола и Могила.

Со проектот, на територијата на Пелагонискиот регион беше поставена нова и современа сообраќајна

сигнализација, поточно 68 патоказни табли изработени од издржливи материјали кои ги достигнуваат

најригорозните стандарди од оваа област.

Со знаците-патокази за прв пат во модерната историја на Македонија, се обележаа нејзините најоддалечени

места и локации кои во себе кријат големо културно-историско наследство, природни богатства но и објекти и

знаменитости поврзани со традицијата и идентитетот на македонскиот народ.

Сите тие, сега се лесно достапни и обележани за сите патници-добронамерници, туристи и посетители на

најјужните делови на Пелагонија.

По реализацијата на проектот, целосно беше постигната неговата цел подобрување на патната сигнализација

на локалните патишта кои ги поврзуваат општините Новаци, Битола и Могила.

Буџет на проектот

699 990 МКД

Финансиран од

Биро за рамномерен регионален развој на РМ

ПРОЕКТ: ПОДОБРУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈНАТА ПОВРЗАНОСТ ПОМЕЃУ

ОПШТИНИТЕ НОВАЦИ, БИТОЛА И МОГИЛА

На територијата на општина Новаци беа обележани со нова патна сигнализација сите населени места

Со поставувањето на знаците беа означени дел од туристичките потенцијали, културното и природното наследство на Пелагонија кои се лоцирани во општина Новаци

Со проектот сообраќајно беа облежани најоддалечените делови на Пелагонија

Јули |July

20144

Август |

Aug

ust

МАНАСТИРСКИ ТУРИЗАМ

ПРОEKT: ИЗРАБОТКА НА СТУДИЈА ЗА ПОВРЗУВАЊЕ И ПРОМОЦИЈА НА

МАНАСТИРСКИОТ ТУРИЗАМ НА БАБА ПЛАНИНА (ОПШТИНА БИТОЛА И

ОПШТИНА РЕСЕН)

Со овој проект за првпат беше изработена научна студија за поврзување и промоција на културното богатство

на Баба Планина а со тоа и креирање на одржлив туристички производ наменет за сите љубители на природата,

културата и чистата животна средина.

Со проектот беа опфатени селата кои се на територијата на Баба Планина или граничат со неа, а кои припаѓаат

на една од двете општини: Битола или Ресен.

Во рамките на подготовката на Студијата, беа посетени и земени во предвид повеќе од 30 рурални средини на

Баба Планина и повеќе од 50 цркви, манастири и свети места на нејзината терторија.

По изработката на Студијата, според нејзината содржина, беа дефинирани 4 пешачки патеки вдолж Баба

Планина кои поврзуваат свети места на нејзината територија а се наменети за различни типови на планинари,

спортисти, вљубеници во природата, рекреативци. Па така, по завршувањето на проектот, на Баба имаме патеки

кои Ве носат по нејзините подножја од преспанска или битолска страна, патеки кои ве носат до врвот Пелистер,

но и патеки кои можат да Ве однесат од Преспа во Битола и обратно преку самата Баба Планина.

Патеките, со сите свои детали се ставени на интерактивни мапи кои според кажувањата на искусните, се

најкористената алатка за квалитетен престој во природа. Мапите, покрај содржината на патеките, во себе

вклучуваат и детали за квалитетен туристички престој додека се движите по нив: места за ноќевања, храна и

пијалок, контакти за посета на црквите и манастирите и детали за најинтересните детали на природата околу Вас.

Со тоа, на одржлив начин беше обмислена, креирана и промовирана нова содржина на туристичката понуда на

Пелагонискиот регион.

За оние пак, кои сакаат да ги продлабочат своите знаења за духовното и материјалното наследство на Баба,

подготовен и испечатен беше Каталог со црквите и манастирите на Баба Планина кој на постручен начин ги

опишува најзначајните претставници на ова културно наследство.

Буџет на проектот

1 105 339 МКД

Финансиран од

Биро за рамномерен регионален развој на РМ

На територијата на Баба Планина создадени беа четири нови планинарски патеки наменети за сите категории на туристи-вљубеници во природата и тоа: Патека по Светите води, Патека Виа Игнациа, Патека Маловишта- Сливница и Патека Нижеполе - Брајчино

Планинарските патеки ги поврзуваат и промовираат културните потенцијали на оваа природна граница помеѓу општините Битола и Ресен

Планинарските патеки беа ставени на двојазични интерактивни мапи кои можат да ги користат домашните и странските туристи

Резултатите од проектот беа презентирани во присуствуво на високи претставници на Министерство за локална самоуправа, општините во Пелагонија и туристичкиот сектор и јавниот сектор

Резултатите од проектот можат да ги користат најразлични чинители: понудувачи на туристички услуги, јавен и невладин сектор, стручна јавност

Со патеките опфатени се повеќе од педесет цркви, манастири и свети места, односно сите природни, културни и туристички потенцијали лоцирани во триесетина села околу Баба Планина

СУБВЕНЦИОНИРАНИ МАЛИТЕ ТУРИСТИЧКИ БИЗНИСИ

Главната цел на проектот беше да се имплементира важечката законска регулатива во делот на туризмот и

угостителството и да се достигнат постоечките стандарди за категоризација на сместувачки објекти од мал обем.

Проектот беше имплмементиран во целиот Пелагониски регион бидејќи сите локални самоуправи имаат

надлежност врз категоризацијата на сместувачки објекти од мал обем.

Што се постигна со проектот:

• Бројот на категоризирани сместувачки капацитети во Пелагонискиот регион се зголеми,

• Туристичката понуда на Пелагонија се подобри,

• Законската регулатива во делот на туристичкото работење во Пелагонискиот регион се имплементира,

• Категоризираните објекти во Пелагонискиот регион се промовирани пред потенцијалните туристи,

• Комисиите за категоризација на угостителски објекти се формирани и функционални во 9 општини во

Пелагонискиот регион,

• Бројот на туристи во Пелагонија е зголемен.

За време на проектот, беше одржана работилница наменета за општините и туристичките работници во Пелагонија

на која од експерти предавачи беше објаснета законската регулатива за категоризирање на мали туристичи

капацитети (до 20 легла управувани од физички лица) кои се во директна надлежност на Градоначалниците

односно локалните власти.

Исто така, за време на проектот, за прв пат во Пелагонија беа поддржани три понудувачи на услуги од три различни

општини (Битола, Ресен и Крушево) со финансиска помош за достигнување на постоечките стандарди во нивното

работење. Со поддршката, стандардот на туристичката понуда на Пелагонија беше значително поткренат.

Проектот има позитивно влијание врз забрзувањето на економскиот развој во целиот регион затоа што со него се

зголеми квалитетот на постоечката туристичка понуда, таа стана поконкурентна и профитите што се

генерираат се повисоки од постоечките.

Проектот, исто така го подобри и квалитетот на живот на жителите на Пелагонискиот регион, пред се во руралните

средини, затоа што со категоризацијата на активните туристички објекти се зголеми економската активност во

овие средини а тоа во иднина ќе ги зголеми приходите на локалните самоуправи и ќе им овозможи реализација

на поголем процент на инвестиции.

Буџет на проектот

1 199 900 МКД

Финансиран од

Биро за рамномерен регионален развој на РМ

ПРОЕКТ: ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА ЗА

КАТЕГОРИЗАЦИЈА НА ТУРИСТИЧКО-УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ ВО

ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

Проектот овозможи директна поддршка на три туристички бизниси од мал обем во Пелагонија и тоа на: „Вила Дихово“ во вредност од 300 000 денари, „Вила Сани“ во вредност од 200 000 денари и пансион „Стара чешма“ во вредност од 100 000 денари

За време на проектната имплементација беше подобрена туристичката понуда на регионот и истата беше промовирана преку двојазичен каталог на поддржаните туристички бизниси

Единиците на локална самоуправа во Пелагонија беа обучени за законските обврски при категоризацијата на туристички капацитети од мал обем

Проектот овозможи услови за забрзан развој на економијата во руралните средини на Пелагонискиот регион преку развој на туризмот

Претставниците на туристичкиот и јавниот сектор имаа можност да се запознаат со своите права и обврски во работењето преку искуствата и знаењата на најдобрите експерти-предавачи од оваа област

Со правилната и целосна категоризација на туристичките потенцијали на Пелагонија ќе се создадат нови конкурентски предности на регионот со што очекувано ќе се зголеми и бројот на домашни и странски туристи

ПРОЕКТ: ПАТОКАЗИ КОН ПОТПЕЛИСТЕРСКИТЕ СЕЛА ЗА

УНАПРЕДУВАЊЕ И ПРОМОЦИЈА НА ТУРИСТИЧКИТЕ ПОТЕНЦИЈАЛИ НА

ОПШТИНИТЕ БИТОЛА И РЕСЕН

Проектот придонесе за унапредување и промоција на туристичките потенцијали во подножјето на Баба

Планина, преку одбележување на туристичките, традиционалните, културните и природните вредности.

Имплементацијата на активностите на проектот создадоа услови за унапредување на туристичките услуги кои

се нудат во подножјето на Баба Планина, а во функција на развој на туризмот и зголемувањето на квалитетот на

живот на жителите во руралните подрчја лоцирани во подножјето на Баба Планина.

Конкретни резултати постигнати со реализацијата на проектот се:

• Поврзување на културните, историските и туристичките вредности во подножјето на Баба планина;

• Зачувување и унапредување на квалитетот на животната средина во подрачјата кои се наоѓаат во подножјето

на Баба Планина;

• Промоција на туристичките потенцијали и туристички услуги (сместување, рекреација, храна) на Баба

Планина со цел зголемување на квалитетот на животниот стандард на жителите во руралните подрачја.

Со имплементацијата на проектот, постигнато е следното:

• Поставени се 98 патокази и 11 инфо табли на шумските патеки на Баба планина кои ги промовираат

потпелистерските села;

• Промовирани се одбележаните туристичко-рекреативни патеки за поврзување на руралните подрачја на

Баба Планина.

Проектот има големо регионално значење и придонесе за зачувување на традиционалните вредности во

руралните средини, одбележувајќи и промовирајќи ги црквите, манастирите (повеќе од 50 цркви и манастири

мапирани во “ Студијата за манастирски туризам на Баба Планина”), сместувањето и исхрана во автентичните

угостителски објекти во руралните села, со што се отвори можност за диверзификација на занимањата

на селаните во руралните села, кои покрај сточарство и земјоделството имаат можност да обезбедуваат и

дополнителни приходи.

Инфо таблите и патоказите се поставени согласно важечкиот Правилник за маркирање на планинарски патеки.

Буџет на проектот

1 188 733 МКД

Финансиран од

Биро за рамномерен регионален развој на РМ

На територијата на Баба Планина поставени се 11 инфо-табли кои го претставуваат биодиверзитетот и постоечките планинарски патеки

Поставените патокази на туристите-планинари и рекреативци им нудат корисни информации за тоа како и за колку време можат да стигнат до саканата дестинација

Туристичките потенцијали на Баба Планина се обележани со вкупно 98 патокази наменети за посетители планинари и рекреативци

ЗАЧУВУВАЊЕ НА КУЛТУРНОТО

НАСЛЕДСТВО-ЦРКВА Св. ЃОРЃИ

с. КУРБИНОВО

Партерното уредување на манастирот беше направено согласно принципите за заштита на животната средина односно поставената урбана опрема и изградените скалила се од природни материјали од опкружувањето на манастирот

Просторот околу манастирот Св. „Ѓорѓи“ во с. Курбиново беше оплеменет и уреден согласно потребите и барањата на неговите посетители

Со поставувањето на урбаната опрема и олеснувањето на пристапот до манастирот се овозможи помасовно прославување на верскиот празник Ѓурѓовден - изјави градоначалникот на општина Ресен М-р. Ѓоко Стрезовски

Август | August

2014201420144

Сеп

тември|

Sept

embe

r

РАЗВОЈ НА КУЛТУРАТА ВО

ПЕЛАГОНИЈА

ПРОEKT: ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ РЕГИОНОТ ДОЛНА

НОРМАНДИЈА И РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Во рамките на оваа соработка, во периодот 2010-2013 година, беа реализирани три студиски патувања во

Регионот Долна Нормандија на делегации од Пелагонискиот регион составени од Градоначалници, Советници,

уметници, и директори на културни установи. Исто така, во рамките на соработката беа реализирани и три

работилници за зајакнување на капацитетите на засегнатите страни во културниот сектор.

Во рамките на програмата, користејќи ги искуствата во делот на културниот менаџмент во Регионот Долна

Нормандија, формирана е првата Мрежа за развој на културата во Пелагонискиот регион, составена од

претставници на општинските администрации, независни уметници, невладиниот сектор и директори на

национални културни установи. Целта на оваа мрежа е да се унапредат состојбите во секторот култура во целиот

регион, преку засилена координација и комуникација на сите важни чинители во овој сектор.

Децентрализираната соработка, на крајот на тригодишната перспектива 2011-2013 година, резултираше и со

развивање на првата Стратегија за развој на културата во Пелагонија, која е комплементарна со Националната

Стратегија за развој на културата во РМ и со Програмата за развој на Пелагонискиот плански регион.

Во креирањето на Стратегијата, процес кој траеше три години, директно беа вклучени сите засенати страни во

културните политики: јавен сектор како носител на политиките, приватен сектор, невладин сектор и независни

уметници сите тие како чинители и корисници на резултатите од самите културни политики.

Крајниот резултат кој се очекува да се постигне во рамките на оваа соработка е унапредување, промоција

и одржлив развој на културата а со тоа и на развојот на Пелагонискиот региони како територија со посебни

карактеристики, потреби и потенцијали.

Соработката е финансирана од Регионот Долна Нормандија и АЛДА – Асоцијација на Локални Агенции за

Демократија.

Изработена е стратегија за развој на културата во Пелагонискиот регион - прв ваков документ во Република Македонија

Во подготовката но и во имплементацијата на овој стратешки документ учествуваа различни засегнати страни: носители и креатори на политики, јавен и невладин сектор, независни уметници

Во иднина Пелагонија и Долна Нормандија соработката ќе ја продолжат и на полето на туризмот како гранка нераскинливо поврзана со секторот култура

За време на тригодишната имплементација на проектот претсавници од двата региони имаа можност на повеќе работилници и семинари да ги споделат искуствата поврзани со развојот на културата во Пелагонија и Долна Нормандија

Формирана е првата Мрежа за развој на културата во Пелагонија составена од претставници на јавниот, невладиниот и независниот сектор во регионот

Воспоставената соработка помеѓу двата региони (Пелагонија и Долна Нормандија) е на највисоко политичко ниво

РЕГИОНАЛНИ ДЕНОВИ НА

КУЛТУРА ВО ПЕЛАГОНИСКИОТ

РЕГИОН

ПРОЕКТ: РЕГИОНАЛНИ ДЕНОВИ НА КУЛТУРАТА ВО ПЕЛАГОНИЈА

Настап на хорот „Стив Наумов“ од Битола во црквата Св. Недела во Крушево

Со проектот за прв пат беше воведен настан Регионални денови на културата во Пелагонија кој имаше за цел да ја

доближи културата непосредно до секоја поголема средина во Пелагониските општини.

Проектот беше финансиски поддржан од страна на Министерството за култура на РМ во рамките на програмата за

финансирање на проекти од национален интерес. Проектната имплементација опфати организација на миграција

на културни настани од една во друга Пелагониска општина.

За време на проектот беа прикажани три детски и една претстава за возрасни во Долнени, Кривогаштани, Новаци

и Демир Хисар, беше остварено гостување на хор со црковна програма во Крушево, беа отворени две изложби на

домашни и странски автори во Ресен и Битола, беше прикажана Битолската градска носија од XIX век во Прилеп а

во Могила беше остварено гостување на Хрватско фоклорно друштво.

По завршувањето на проектот, во текот на 20 дена, вкупно беа остварени културни гостувања во девет општини,

беа прикажани повеќе од 10 културни производи и најважно од се, беше создадена нова културна публика.

Буџет на проектот

250 000 МКД

Финансиран од

Министерство за култура на РМ

Битолскиот театар „Бабец“ настапи пред најбројната и најмладата публика во општина Новаци

Македонскиот фолклор со своите уникатни карактеристики беше дел од Регионалните денови на културата во Пелагонија - настап во Прилеп

Делата на традиционалната уметничка колонија Дрен од Прилеп за прв пат беа презентирани пред ресенската и битолската публика

Во рамките на проектот беше воспоставена директна соработка помеѓу руралните општини во Пелагонија и регионот Долна Нормандија (Франција)

Битолските градски носии за прв пат беа промовирани пред прилепската публика

Проектот креираше одржливи партнерства помеѓу релевантните национални и регионални институции задолжени за развој на културата во Пелагонискиот регион

Септември| September

20144

Октом

ври

|O

ctob

er

ПРОEKT: ИЗРАБОТКА НА ТЕХНИЧКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

ЗА ИЗГРАДБА НА ПАРКИНГ ЗА СТОЧЕН ПАЗАР ВО КРИВОГАШТАНИ

Сточниот пазар во Кривогаштани претставува регионален пазар со значајно место во економијата на целиот

регион. Немањето техничка документација оневозожи изградба на соодветен паркинг простор наменет за

моторни и товарни возила како и придружна земјоделска механизација. Со проектот се изработи техничка

документација со што се создадоа услови за изградба на паркингот во текот на 2013 година.

Директен корисник на резултатите од проектот се околу 120 000 жители на општините Кривогаштани, Долнени,

Демир Хисар, Крушево и Прилеп.

Буџет на проектот

576 316 МКД

Финансиран од

Биро за рамномерен регионален развој на РМ

Финансиран од

Биро за рамномерен регионален развој на РМ

ПРОEKT: ИЗГРАДБА НА ЈАВЕН ПАРКИНГ ПРОСТОР ДО СТОЧЕН ПАЗАР

КРИВОГАШТАНИ

Со проектот, Центарот за развој на Пелагонискиот регион изгради јавен паркинг до сточниот пазар во Општина

Кривогаштани со вкупна површина од 500м2, согласно претходно подготвената техничка документација, исто така од

страна на ЦРППР.

Проектот создаде услови за економски развој во Општините Кривогаштани, Долнени и Кривогаштани преку

подобрување на функционирањето на сточниот пазар во Кривогаштани кој има регионално значење и кој дава

значителен придонес во трговијата со стока како извор на заработка кај земјоделското население во овој микрорегион.

Финансиран од

Биро за рамномерен регионален развој на РМ

Вкупен буџет на проектот

638 000 МКД

Проектот имаше за цел изработка на техничка документација за изведба на водовод за индусриската зона

Макази. Изработката на оваа планска документација во голема мера ќе придонесе кон исполнување на

регионалниот приоритет поттикнување на економскиот раст во Пелагонискиот регион.

Проектот директно го таргетрира подрачјето на општините Ресен, Битола, Новаци, Могила, Демир Хисар,

Кривогаштани, Долнени.

Постигнатите резултати од изработката на техничката документација се:

1. Создадени услови за привлекување на домашни и странски инвеститори

2. Создадени услови за изградба на индустриски капацитети

3. Создадени услови за зголемување на постојните земјоделски насади

4. Создадени услови за зголемување на бројот на нововработени

Преку создавање на услови за изградба на индустриската зона со изработената техничката документација

во голема мера ќе се подобри квалитетот на животот на населението преку отворање на нови работни места,

зголемено производство на земјоделски производи, полесен и подобар пласман на произведените земјоделски

производи.

Со реализацијата на проектот кој како резултат ќе креира техничка документација за изведба на водовод,

ќе се зајакне и капацитетот на локалната самоуправа во Ресен за реализација на проекти од областа на

инфраструктурата како и во изнаоѓањето на потенцијални инвеститори.

Буџет на проектот

179 149 МКД

Финансиран од

Биро за рамномерен регионален развој на РМ

ПРОEKT: ИЗРАБОТКА НА ТЕХНИЧКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗВЕДБА НА

ВОДОВОД ЗА ИНДУСТРИСКА ЗОНА МАКАЗИ ВО ОПШТИНА РЕСЕН ЗА

ДИСТРИБУТИВЕН ЦЕНТАР

ПРОEKT: ИЗРАБОТКА НА ТЕХНИЧКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА

НА ПАТ ОД НАСЕЛЕНО МЕСТО ЗАПОЛЖАНИ, ОПШТИНА ДОЛНЕНИ ДО

НАСЕЛЕНО МЕСТО СЛАВЕЈ, ОПШТИНА КРУШЕВО

Основна цел на проектот е изработка на техничка документација за изградба на пат од населено место Заполжани до

населено место Славеј (непробиен земјен пат во должина од 4,5 км) кој ги поврзува општините Долнени и Кривогаштани.

Проектот има регионално значење и се простира на подрачјето на општините Долнени и Кривогаштани.

Постигнат резултат со проектот е комплетно изработена техничка документација за изградба на овој патен правец,

што значи исполнување на првиот чекор за негова изградба.

Проектот создаде услови за изградба на патот со што ќе се подобри сообраќајната комуникација помеѓу населените

места во двете општини, а со самото тоа ќе се даде и придонес кон подобрување на можностите за социјален и

економски развој на овој дел од Пелагонија.

Доколку патот се изгради, а основна претпоставка за тоа беше изработката на техничката документација, ќе се подобри

пристапот до услугите од областа на здравството (брза помош), противпожарната заштита и условите за транспорт на

учениците во основните училишта во овие општини.

Со создавањето услови и со изградбата на патот, ќе се намали и степенот на амортизација на возилата и земјоделските

машни а тоа значи финансиска заштеда на сите оние кои ќе го користат овој патен правец.

Буџет на проектот

973 176 МКД

Финансиран од

Биро за рамномерен регионален развој на РМ

Проектот има големо регионално влијание бидејќи резултатите од неговото спроведување имаат импакт во

решавањето на проблемите на териториите на повеќе општини.

Низ Oпштина Кривогаштани минува магистрална сообраќајница која претставува делница од регионалниот пат

Р 513 Прилеп (врска со Р526 )-Македонски брод -Кичево (врска со М4) со вкупна должина од 2.100,00 метри.

Со непостоењето на тротоар на пешачка патека на оваа магистрална сообраќајница секојдневно беа загрозени

животите на жителите и учениците кои секојдневно поминуваат на улицата. Со изградбата на тротоарот, нивната

безбедност е гарантирана а протокот на стоки и патници низ општината е поефикасен.

Целна група на проектот се жителите на општина Кривогаштани кои секојдневно се движат низ оваа магистрална

сообраќајница а кои некогаш достигнуваат и бројка поголема од илјада бидејќи истата поминува низ самиот

центар на општината Кривогаштани токму во непосредна близина на основно училиште и сточниот пазар.

Според кажувањата на жителите на општина Кривогаштани но и другите учесници во сообраќајот кои

почнаа да го користат изградениот тротоар со овој проект, нивната безбедност е во огромна мера подобрена,

сообраќајната комуникација во општината е со зголемен квалитет додека пак, паралелно со тоа, естетскиот и

инфраструктурниот изглед на централниот дел на општина Кривогаштани е видливо подобрен.

Буџет на проектот

53 337 МКД

Финансиран од

Биро за рамномерен регионален развој на РМ

ПРОЕКТ: ИЗГРАДБА НА ТРОТОАР НА МАГИСТРАЛНА СООБРАЌАЈНИЦА

ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ КОН ОПШТИНА КРУШЕВО

Цел на проектот е изработка на ЛУПД за индустриска зона Петилеп во општина Могила и зголемување на

бројот на домашни и странски инвеститори во Пелагонискиот регион.

Со изработката на ЛУПД за индустриската зона Петилеп се придонесе кон исполнување на стратешките

приоритети на Пелагонискиот регион а тие се однесуваат на создавање на услови за развој и привлекување на

инвеститори преку подготовка на урбанистичко-планска и техничка документација.

Локацијата за која е предвидено да се изработи ЛУПД се наоѓа во општина Могила, на регионалниот пат

Битола-Могила-Прилеп, во непосредна близина на железничката пруга Битола-Скопје која исто така води кон

Европската Унија, односно нашиот јужен сосед Грција.

Локалната урбанистичка документација е неопходен предуслов за целосна реализација на капацитетите на

индустриската зона Петилеп, која недвосмислено ќе ја подобри регионалната економија преку отворање на

нови работни места, ангажирање на градежниот сектор но и влез на свеж капитал во недоволно развиените

подрачја на Пелагонија.

Буџет на проектот

210 760 МКД

Финансиран од

Биро за рамномерен регионален развој на РМ

ПРОЕКТ: ИЗРАБОТКА НА ЛУПД ЗА ИНДУСТРИСКА ЗОНА МОГИЛА

Проектот има за цел да даде придонес кон развојот на културниот туризам и образовниот процес во Пелагонискиот

регион, посебно во руралната средина с.Слоештица, која е родно место на Академик Петре М. Андреевски, во која

не постои објект од ваков или сличен тип.

Со предлог-проектот целосно се уредија и опремија една соба и една училница во која писателот Академик Петре

М. Андреевски го започнал своето образование и ги напишал првите стихови.

Во спомен просторот се изложија дел од ракописите и книгите на писателот, негови фотографии и лични

предмети. Посетителите на спомен-собата на Академикот ќе можат да го почувствуваат автентичниот амбиент

во кој започнал да твори овој наш истакнат литерат но и во детали да се запознаат со неговиот лик и дело.

Со адаптацијата на спомен - просторот не се нарушува амбиентот и животната средина на селото. Со новата

столарија, се очекува училиштето да ги намали трошоците за греење за околу 20% што ќе даде придонес во

заштитата на животната средина (помалку испуштени штетни гасови, помалку исечени дрвја за огрев).

Со реализацијата на предлог-проектот се постигна следното:

Подобрување на туристичката понуда на Пелагонискиот регион,

Валоризирање и промовирање на ликот и делото на еден од најголемите македонски дејци, Академик Петре М.

Андреевски.

Се создадоа просторни услови за реализирање на дел од активностите на културниот настан со регионално

значење “Славење на Пирејот” која се одржува секоја година на селската слава на Слоештица - празникот “Голема

Богородица”, во спомен и чест на писателот Академик Петре М. Андреевски;

Се подобрија просторните услови за реализација на образовниот процес на учениците во ПУ “Браќа Миладиновци”

во с.Слоештица.

Буџет на проектот

400 000 МКД

Финансиран од

Биро за рамномерен регионален развој на РМ

АДАПТАЦИЈА НА ОБЈЕКТ ОД ИСТОРИСКО И КУЛТУРНО ЗНАЧЕЊЕ

ВО ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН - ОПРЕМУВАЊЕ НА СПОМЕН-

МУЗЕЈ НА ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ

ПРОЕКТ: ИЗРАБОТКА НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО

ЗА ИЗГРАДБА НА ТУРИСТИЧКО РЕКРЕАТИВЕН КОМПЛЕКС ГОЛЕМО

ИЛИНО ВО ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Цел на проектот е изработка на урбанистички план за изградба на туристичко рекреативен комплекс во Големо

Илино, општина Демир Хисар.

Со изработката на урбанистичка планска документација во голема мера ќе се придонесе кон постигнување на

приоритетот за развој на подрачја со специфични развојни потреби во Македонија, односно во Пелагонија.

Комплексот Големо Илино овозможува трансформација на традиционалниот тип на домување и сместување

преку проширување на неговата основна функција односно, преку градење на капацитети кои се за зимски,

летен и верски туризам.

Проектот е од големо регионално значење бидејќи станува збор за локалитет од историско и културно значење

кој освен за општина Демир Хисар, со своите атрибути има и непроценливо значење за сите Пелагониски

општини.

Локацијата за која треба да се изработи урбанистички план за изградба на туристичко рекреативен комплекс

е во Општина Демир Хисар во близина на регионалниот пат Р - 416 Битола-Кичево, и одлично е поврзана со

централниот, јужниот и западниот дел од Република Македонија

Резултатите постигнати со проектот се:

1. Создадени се услови за привлекување на домашни и странски инвеститори

2. Создадени се услови за зголемување на бројот на ново вработени

3. Зголемување на бројот на домашни и странски туристи

Реализацијата на урбанистичкиот план за изградба на туристичко-рекреативен комплекс во голема мера ќе ги

подобри условите за економски развој бидејќи на локалитетот Големо Илино се предвидува туристичка населба

со манастирски комплекс (Св.Илија) спортски терени и викенд куќички кој ќе биде во функција на поттикнување

на локалната економија .

Изработката на урбанистичкиот план за изградба на туристичко-рекреативен комплекс во значителна мера ќе

го унапреди користењето на природните предели, амбиентите и пејсажите во просторот пред се, во насока на

нивна зачувување и одржливост.

Буџет на проектот

180 000 МКД

Финансиран од

Биро за рамномерен регионален развој на РМ

Октомври | October

201420144

Ноем

ври

|N

ovem

ber

ИЗРАБОТКА НА ШЕСТ ТЕХНИЧКИ

ДОКУМЕТНАЦИИ ЗА ИЗГРАДБА НА

ИНФРАСТРУКТУРНИ ОБЈЕКТИ ВО ВРЕДНОСТ

ОД НЕКОЛКУ МИЛИОНИ ЕВРА

Почнувајќи од јуни 2013 година, Центарот за развој на Пелагонискиот регион започна процес за учество во

Грантова шема базирана на резултати која беше отворена во рамките на Програмата за регионален развој на

Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ РЕД).

Грантовата шема е финансиски инструмент наменет за поддршка на Центрите за развој на регионите во РМ при

подготовката на техничка документација за инфраструктурни проекти со регионален карактер за кои однапред

се знаат потенцијалните извори на финансирање.

Следејќи ги правилата и условите на грантовата шема, ЦРППР започна со низа чекори чија цел беше преку

партиципативност и транспарентност најпрво да се идентифукуваат проектни идеи а потоа истите да се

приоретизираат и развијат до ниво на проектна апликација.

За таа цел, најпрво беа одржани состаноци за идентифукување на потенцијални предлози со претставници

на јавниот сектор, невладиниот сектор и експерти од различни области. По завршувањето на првичната

идентификација, беа собрани повеќе од 100 проектни идеи со регионален карактер од области како: економски

развој, патна инфраструктура, заштита на животната средина и култура.

Понатаму, за потребите на процесот, во соработка со Советот за развој на Пелагонискиот регион беше формирана

работна група која идентификуваните идеи првично ги оцени согласно содржината и насоките на грантовата шема,

со што беше извршена првична пред-селекција на проектите со кои ЦРППР би аплицирал во овој финансиски

инструмент.

Работната група разви предлог-критериуми за оценување на 15-те квалификувани проектни идеи кои беа во

согласност со барањата на донаторот но и со развојните приоритети на Пелагонија. Предложените критериуми му

беа доставени на Советот за развој на Пелагонискиот регион кој на својата трета Седница едногласно ги прифати

и ги користеше како алатка за евалуација.

По завршената евалуација, во присуство на еден регионален координатор на ГИЗ РЕД, Советот

одлучи да се развијат проектни апликации за следните проекти:

1. Изградба на обиколница околу градот Крушево

2. Изградба на пат од Рапеш до Старавина

3. Изградба на индустриска зона Славеј

4. Изградба на пристаниште во туристичка населба Претор

5. Изградба на пречистителна станица во Демир Хисар

6. Изградба на пат Стровија – Богомила

Во првиот квартал на 2014 година, ЦРППР потпиша со ГИЗ РЕД договор за реализација на овие проекти, а до

крајот на третиот квартал на истата година, се очекува да заврши нивната реализација.

Вкупната вредност на одобрените проекти изнесува максимално дозволени 3 000 000 МКД.

ПРОЕКТ: УЧЕСТВО ВО ГРАНТОВА ШЕМА БАЗИРАНА НА РЕЗУЛТАТИ

На тринаесетта Седница на Совет за развој на Пелагониски

регион на која присуствуваше и Министерот за животна средина

и просторно планирање на РМ , г-дин Абдилаќим Адеми, беше

донесена Одлука за воведување на систем на регионално

управување со отпад во Пелагонија со помош на средствата на

Инструментот за претпристапна помош на ЕУ

Во 2012 година, на својата тринаесетта Седница, Советот за развој на Пелагонискиот плански регион донесе

Одлука за воспоставување на регионален систем за управување со отпад во Пелагонискиот плански регион

преку ЕУ ИПА инструментот со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање.

По донесувањето на Одлуката, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион го формираше

Меѓуопштинскиот Одбор за управување со отпад, односно беше формирана административно техничката служба

за негова поддршка составена од 8 претставиници од општините во Пелагонискиот регион и 1 претставник од

Центарот за развој на Пелагониски плански регион. За Претседавач на Меѓуопштинскиот Одбор беше избран

Градоначалникот на Општина Новаци г-дин Лазар Котевски со мандат од две години.

Со формирањето на Меѓуопштинскиот Одбор, Центарот за развој на Пелагониски плански регион влезе во

Програмата на Министерството за животна средина и просторно планирање а потоа ова Министерство поднесе

и апликација до Делегацијата на ЕУ во РМ за изработка на план за управување со отпад во Пелагонискиот плански

регион финансиски поддржан преку ИПА инструментот.

Во рамките на надлежностите на Министерството за животна средина и просторно планирање а со цел зајакнување

на капацитетите на формираните меѓуопштински одбори за управување со отпад, беше организирано студиско

патување во Холандија за Пелагонискиот, Скопскиот и Југозападниот регион.

Во рамките на студиското патување беа посетени 3 регионални депонии во Холандија и беа разменети искуства

за тоа како Холандија се справува со управувањето на отпадот а воедно беа посетени и регионални депонии кои

се управувани од страна на јавни претпријатија, приватни компании преку моделот на јавно приватно партнерство.

ПРОЕКТ: ВОВЕДУВАЊЕ НА РЕГИОНАЛНО УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД ВО

ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

Ноември | November

201420144

Декем

ври

|D

ecem

ber

СОВЕТ ЗА РАЗВОЈ НА

ПЕЛАГОНИСКИ РЕГИОН СО

МАНДАТ 2013-2017 ГОДИНА

Советот за развој на Пелагонискиот регион доби нов состав почнувајќи од 2013 година. Неговиот мандат ќе

истече во 2017 година.

Согласно резултатите од локалните избори во 2013 година и Законот за рамномерен регионален

развој, во новиот состав на Советот за развој на Пелагонискиот регион членуваат:

1. Д-р Владимир Талески – Градоначалник на Општина Битола

2. Г-дин Марјан Ристески – Градоначалник на Општина Прилеп

3. Г-дин Ѓорѓи Дамчевски – Градоначалник на Општина Крушево

4. М-р Ѓоко Стрезовски – Градоначалник на Општина Ресен

5. Г-дин Љупчо Блажевски – Градоначалник на Општина Демир Хисар

6. Г-дин Стево Пивковски – Градоначалник на Општина Могила

7. Г-дин Боше Милошевски – Градоначалник на Општина Долнени

8. Г-дин Лазар Котески – Градоначалник на Општина Новаци

9. Г-дин Тони Заткоски – Градоначалник на Општина Кривогаштани

На својата конститутивна Седница, Градоначалникот на Општина Битола, Д-р Владимир Талески, беше едногласно

избран за Претседател на Советот за развој на Пелагонискиот регион, со што го започна својот трет мандат на

оваа функција.

Во својот трет состав, Советот за развој на Пелагонискиот регион има одржано вкупно 4 седници на кои, меѓу

другото, беа донесени и следните Одлуки:

Одлука за формирање на Меѓуопштински Одбор за управување со отпад во кој членуваат осум Градоначалници

од Пелагонија

Одлука за избор на Претседател на Меѓуопштински Одбор за управување со отпад

Одлука за формирање на техничка служба за поддршка на меѓуопштински одбор за управување со отпад во кој

членуваат стручни лица од Пелагониските општини

Одлука за регионални проекти кои ќе се аплицираат во рамките на Програмата за развој на Пелагонискиот регион

во 2014 година

Одлука за годишен финансиски план на ЦРППР за 2014 година

Одлука за учество во Грантова шема базирана на резултати на ГИЗ РЕД

СОВЕТ ЗА РАЗВОЈ НА ПЕЛАГОНИСКИ ПЛАНСКИ РЕГИОН 2013-2017

СОВЕТ ЗА РАЗВОЈ НА

ПЕЛАГОНИСКИ РЕГИОН СО

МАНДАТ 2009-2013 ГОДИНА

Советот за развој на Пелагонискиот регион во својот претходен состав ги имаше следните членови:

1. Д-р Владимир Талески – Градоналаник на Општина Битола

2. Г-дин Марјан Ристески – Градоначалник наОпштина Прилеп

3. Г-дин Михаил Волкановски – Градоначалник на Општина Ресен

4. Г-дин Василчо Дамчевски – Градоначалник на Општина Крушево

5. Г-дин Тони Анѓелевски – Градоначалник на Општина Демир Хисар

6. Г-дин Лазар Котевски – Градоначалник на Општина Новаци

7. Г-дин Славко Велески - Градоначалник на Општина Могила

8. Г-дин Абдула Бајрамовски – Градоначалник на Општина Долнени и

9. Г-дин Гоце Дуртаноски – Градоначалник на Општина Кривогаштани

Со едногласна одлука на членовите на Советот, за негов Претседател беше избран Д-р Владимир Талески.

Во текот на својот мандат, Советот одржа вкупно 16 Седници на кои беа донесени некои од најважните Одлуки во

работењето на ЦРППР и регионалниот развој на Пелагонија:

Одлука за организацијата,делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата во ЦРППР

Одлуката за измени и дополнувања на Програмата за развој на Пелагонискиот регион (2008 – 2013)

Одлуки за финансирање на развојните проекти на Пелагонискиот регион во 2010, 2011, 2012 и 2013 година во

рамките на годишните Програми за регионален развој на РМ

Одлуки за донесување на четири годишни Акциски планови за реализација на Програмата за развој на

Пелагонискиот регион 2010-2015 година

Одлуки за учество во Програми за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција и

Република Македонија и Република Албанија

Одлука за воведување на регионално управување со отпад во Пелагонискиот регион финансирано од ИПА

фондовите

Одлука за формирање на Меѓуопштински Одбор за управување и формирање на техничка служба

СОВЕТ ЗА РАЗВОЈ НА ПЕЛАГОНИСКИ РЕГИОН СО МАНДАТ

2009-2013 ГОДИНА

Декември |December

20144