56
Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ за локални избори 2013-2017 НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРО ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО! ДАРКО ШЕХТАНСКИ

Програма за иднината 2013-2017

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Победничка програма 2013-2017 на идниот градоначалник на Делчево Дарко Шехтански

Citation preview

Page 1: Програма за иднината 2013-2017

Изборна програмана ВМРО-ДПМНЕ

за локални избори

2013-2017

НОВИ ДЕЛАЗА НОВ НАПРЕДОК,

НОВИ ДЕЛАЗА ПОДОБРО ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО!

ДАРКО ШЕХТАНСКИ

Page 2: Програма за иднината 2013-2017
Page 3: Програма за иднината 2013-2017

Ф Е В Р У А Р И 2 0 1 3

Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ

ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО2013-2017

Page 4: Програма за иднината 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Page 5: Програма за иднината 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО! 5

6 А. ВОВЕД7 I. ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО-ДПМНЕ

9 II. ОБРАЌАЊЕ НА КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК

11 Б. ПОЛИТИКИ И ВИЗИИ ЗА РАЗВОЈОТ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА

15 В. ПРОГРАМА15 I. ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

19 II. ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

23 III. СПОРТ И МЛАДИ

25 IV. ИНФОРМАТИЧКИ РАЗВОЈ

27 V. УРБАНИЗАМ И ЖИВОТНА СРЕДИНА

29 VI. КОМУНАЛНИ РАБОТИ

33 VII. ЗЕМЈОДЕЛСТВО

35 VIII. ТУРИЗАМ

37 IX. КУЛТУРА

41 X. МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

43 XI. БЕЗБЕДНОСТ И ПРОТИВПОЖАРНА ЗАШТИТА

47 XII. СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

49 XIII. ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА

51 XIV. ТРАНСПОРТ И ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА

55 XV. ИДЕИ ОД ГРАЃАНИ

Page 6: Програма за иднината 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Page 7: Програма за иднината 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО! 7

I. ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани граѓани,

Изборите се врвно демократско право. Тие се празник за демократијата, можност граѓаните давајќи го својот глас да ја креираат својата иднина. Секој од вас ја има мож-носта за избор. Иако некој сака да ги потцени овие ло-кални избори, тоа не е така, таквиот пристап не е прави-лен ниту, пак, има оправдување. Токму од вашата одлука ќе зависи за каква иднина ќе се решите и во какво место сакате да живеете. Изборот не е никогаш едноставен, ниту лесен, но тој е препознатлив и е секогаш резултат на промислено и мудро однесување. Во изминатите четири години максимално се вложивме за изградба на совреме-

ни општини. Нашата цел беше да ги придвижиме работите, да почне да се решаваат напластените проблеми со кои се соочуваа граѓаните преку вложување во инфра-структурата, изградба на патишта, водоводна и канализациска мрежа, решавање на сообраќајниот хаос. Нашата цел беше облагородување на просторот со нови пар-кови, шеталишта, спортски терени, забавни паркови за најмладите, со содржини за народот и за неговите потреби, за секој дел од населението. Создаваме повеќе прос-тор каде што нашите деца безгрижно ќе растат и ќе се развиваат, ќе напредуваат и ќе остваруваат успеси во својот живот. Јас, искрено, верувам дека секој од вас го препознава тој чесен и одговорен пристап кон работата. Знам дека има и уште многу да се работи, но работите се придвижија и ние го вложуваме секој атом од својата сила за да овозможиме натамошен прогрес. Секој од вас е одговорен пред самиот себе и пред своето семејство. И знам дека го посакувате најдоброто. На локалните избори што ни претстојат ја имате можноста за избор, да ги поддржите напредокот и развојот. Директно да донесете одлука за тоа во какво место сакате да живеете.

Ние не ветуваме дека преку ноќ ќе направиме чуда, но тоа што го ветуваме го испол-нуваме, со напорна и посветена работа, со беспоштедно вложување во решавањето на проблемите на граѓаните. Ние не говориме за измислени работи, туку за конкрет-ни проекти, голем дел од нив предложени од самите граѓани, видливи, со прецизна динамика на нивна реализација, со рокови кон кои се обврзуваме. Така ќе биде и овој пат. Тоа е тоа што нè прави поинакви од другите. Оценувајте нè според тоа што го имаме во нашите програми, кои се реален одраз на потребите на граѓаните. Дадени-от збор за нас е закон. Нашата вредност, во која јас цврсто и непоколебливо верувам, е ветеното. Од овој принцип нема отстапување ниту милиметар. Ние сè што ветуваме го има во нашите програми. Програмите што ви ги нудиме се такви какви што им се потребни на граѓаните. Вие може да ги видите и оцените и, тоа што е најбитно, да знаете дека тоа што го има во нив ќе се оствари затоа што сме докажале дека ние реализираме. Тие се нашата визија за развој на местото во кое живеете. Таа визија е гаранцијата за развој, визија што е преточена во стотици конкретни проекти, кои треба да се реализираат.

Јас не сум човек што ветува сè и сешто. Дадениот збор е голема работа. Од него нема отстапки ниту колебања. Тоа е тоа што јас го барам и од моите соработници, тоа е тоа што ќе го барам и од кандидатот за градоначалник, за кој при одлуката за избор

Page 8: Програма за иднината 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

беше пресудно тој да биде чесен и одговорен човек, да ги споделува вредностите на нашата работа и да си стои не ветеното. Тие личности што се кандидати на овие избори, а кои и досега беа градоначалници, направија конкретни работи што го по-добрија секојдневието, а тие што се кандидираат за првпат имаат богато професио-нално и лично искуство и сработени проекти во нивната кариера што е гаранција за нови резултати и токму овој личен кредибилитет на кандидатите беше значаен услов за да се здобијат со партиската поддршка затоа што тие мора да постапуваат во согласност со нашите вредности, кои по секоја цена ги браниме и од кои не от-стапуваме, а тоа се искреноста, чесноста, работливоста, посветеноста и блискоста со народот. Можам да ви ветам дека нивната главна задача ќе биде да го реализи-раат тоа што е во програмите, а моја главна цел ќе биде постојано и постојано да ги потсетувам на обврските што ги преземале спрема граѓаните и да обезбедам да ги исполнат ветувањата што ги дале.

Во оваа програма ќе видите многу проекти што ќе го разубават вашето место, од секоја сфера на општественото живеење, а што е во рамките на финансиските мож-ности. Разгледајте ги внимателно и увидете што сè ќе се подобри и унапреди во ва-шата општина. Тоа ќе биде направено. Сакам да нагласам дека во идниот период стратегиски ќе се фокусираме на отворање нови работни места со учество на општи-ната, на отворање нови општински развојни зони во кои ќе може да се отвораат нови фабрики и капацитети, кои ќе носат нови вработувања, на можности за искористу-вање на природните ресурси за отворање капацитети во кои ќе се вработуваат луѓе, на поддршка на приватната иницијатива и развој на бизнисот, за што Владата, како ѝ досега, ќе дава огромна поддршка. Ќе се осврнеме и на инфраструктурните проекти од секој вид, кои ќе ги модернизираат општините и ќе го променат ликот на местото во кое живеете градејќи го во модерно европско населено место, а посебно ќе се фокусираме на новите можности и мерки за обезбедување домови за населението, за нови населби во кои земјиштето ќе може да се откупува по поволна цена и да се градат домови за семејствата, таму каде што е тоа изводливо и каде што има потре-ба, односно побарувачка.

Драги пријатели,

Во изминатите четири години покажавме дека успесите се достижни, понекогаш за нив треба труд и време, но кога се работи се постигнуваат резултати и, допол-нително, успесите се поголеми кога се заслужени. Покажавме дека со заеднички сили, Владата, општините и, пред сè, граѓаните знаат како, и знаат да имаат успех. Во период кога треба да продолжиме уште посилно, соочени со предизвиците на новото време, со европската должничка криза и предизвиците во евроинтеграци-ите, ние треба обединети и сплотени да ги збиеме своите редови и да продолжиме со создавањето нови дела и вредности, кои се трајни и се за народот и кои се наш најдобар одговор. Да продолжиме да чекориме по патот на успехот и да постигнеме нови достигнувања за нас и за нашите семејства, за нашата држава Република Маке-донија. Тоа е влогот на нашата генерација за кој сум сигурен дека ќе го исполниме. Со мудрост, со чесност и со работа.

Со почит,Никола Груевски

претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Page 9: Програма за иднината 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО! 9

II. ОБРАЌАЊЕ НА КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК

Почитувани сограѓани,

Голема чест е да се биде кандидат за градоначалник на Општина Делчево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, пар-тијата што е движечка сила на Република Македонија.

Да се биде градоначалник на нашата општина е голема одговорност.

За некои работи треба само малку, само да се знае, да се сака и да се сработи.

Затоа, доколку ја добијам вашата доверба на претстој-ните избори, ветувам дека ќе бидам одговорен градоначалник, целосно посветен на заложбите Делчево да го направиме уште поубаво место за достоинствен живот на граѓаните.

Ќе ги употребам сите капацитети за подобрување на вкупната слика на нашата општина

Постојано ќе бидам меѓу вас, почитувани сограѓани, за полесно да ги согледам ва-шите потреби и проблеми, вложувајќи го целото мое човечко битие, со желба, зна-ење и работење да најдеме решение за нив.

Заедно ќе работиме за локалната самоуправа да ја направиме подобра и поефикас-на, да биде вистински сервис на граѓаните.

Ќе се посветиме на сите категории граѓани, почнувајќи од најмладите, па сѐ до највозрасните, за да се чувствуваат убаво и да бидат горди на својот град.

На децата да им обезбедиме убаво и безгрижно детство.

На младите да им овозможиме по завршувањето на нивното образование поголема можност за вработување во својот град преку изградба на индустриските зони и при-влекување инвеститори во нив, со што би го намалиле одливот на млади и стручни кадри од нашиот град.

На возрасните би им создале услови за посреќен семеен живот.

На пензионерите да им овозможиме мирни и убави пензионерски денови.

Драги сограѓани, програмата што е пред вас е реална и остварлива. Реализирањето на проектите што се во неа ќе ја направи општината Делчево подобро место за жи-веење.

Со почит,Дарко Шехтански

Кандидат за градоначалник на општина Делчево

Page 10: Програма за иднината 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Page 11: Програма за иднината 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО! 11

Во изминатите четири години бевме исправени пред многу предизвици за модер-низација на општините. Во четиригодишниот период, Владата на Република Ма-кедонија спроведе амбициозна реформска агенда и доследно и посветено ги ре-ализираше ветените проекти во сите области значајни за локалната самоуправа.

Заложбите на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години резултираа со напредок во развојот на локалната самоуправа, што придонесе 99 проценти од општините да влезат во втората фаза од фискалната децентрализација.

Владата на Република Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, не стои само на ветувања за финансиска поддршка на општините. Општините добија повеќе сред-ства, кои ги управуваат на поприспособлив начин. Зголемен е обемот на трансфе-ри и на дотации во областа на образованието, културата, социјалната заштита и противпрожарната заштита. Покрај издвојувањето три проценти од средствата од персоналниот данок на доход, како ниту една друга влада досега, ВМРО-ДПМНЕ одвои 50 проценти повеќе средства од ДДВ за општините, односно од три пто-центи на 4,5 проценти од собраните приходи од данокот на додадена вредност. Со тоа голем дел од данокот платен од граѓаните повторно се враќа директно во буџетот на локалната самоуправа за да се користи за локални проекти и потреби.

На полето на образованието, основните и средните училишта веќе целосно се на-оѓаат во комплетна надлежност на локалните власти. Денес граѓаните самостојно донесуваат одлуки за образованието на своите деца водејќи се од сопствените потреби и приоритети. Навременото исполнување на финансиските обврски ја прави Владата на Република Македонија партнер во остварувањето на заеднички-те цели – современо и квалитетно образование. Покрај основните образовни пот-реби, Владата се грижи за секој ученик поединечно, со обезбедување бесплатни учебници најдоцна до 1 септември, бесплатен пристап до интернет, компјутери во образованието, се грижи градејќи спортски сали и терени... Како никогаш досега, учениците имаат можност за високо образование на некој од новоотворените фа-култети или дисперзирани студии, по завршувањето на средното училиште.

Во сферата на социјалната грижа и заштита, успешно е совладана првата фаза од децентрализацијата: грижата за најмладите и за највозрасните членови на нашата заедница сега е целосно во надлежност на општините.

Детските градинки, домовите за стари и изнемоштени лица, домовите за згрижу-вање деца без родители... ги финансира општината со поддршка на трансфери од централната власт. Локалната власт најдобро знае кои се нивните главни потреби и желби.

Со крупни чекори, во изминатите четири години, се спроведе децентрализација и во областа на културата. Не дозволивме да се препуштат на заборавот нашата тра-диција и славно минато. Владата на Република Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се погрижи да има доволно средства за финансирање на многубројни

Page 12: Програма за иднината 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

културни манифестации, проекти за зачувување на фолклорот и на народното паметење... Нашите новоизградени плоштади станаа места за културни настани, собиралишта за споделување значајни моменти од секојдневниот живот, места за одмор и за дружење, места каде што секој граѓанин наоѓа свое катче...

Владата на Република Македонија, предводена од ВМРО- ДПМНЕ, континуира-но ги поддржува напорите на општините за поттикнување на локалниот развој. Проектот за модернизација на локалните и на регионалните патишта е само еден од нив. Во многу блиска иднина, сообраќајот ќе се одвива побрзо и побезбедно, што ќе ги олесни нашите секојдневни потреби, а особено потребите на локалниот бизнис. Подобрувањето на инфраструктурата во многу општини беше и останува еден од главните приоритети. Со изградба на инфраструктурата, општината не-посредно му помага на деловниот сектор имајќи предвид колку е тој важен дел од развојната стратегија.

Во иднина продолжуваме со работа и понатаму посветени на развојот на локална-та самоуправа преку заокружување на процесот на децентрализација и на поли-тиката на рамномерен регионален развој низ целата држава со цел надминување на развојниот диспаритет. Тоа значи поголема самостојност и одговорност на ло-калните власти и поголема вклученост на граѓаните во донесувањето одлуки за прашања што за нив се од суштинско значење.

Фискалната децентрализација бележи напредок во последните пет години, од ас-пект на зголемување на капацитетите на општините за собирање и за менаџирање на локалните даноци и такси, на грантовите од централната власт, како и зголему-вање на изворите на финансирање по основа на концесии, продажба на државно градежно земјиште и др. Така, успеавме да ја подобриме наплатата на даноците од имот за повеќе од 50 проценти на ниво на Република Македонија, со што сега можеме да финансираме идни проекти од локално значење.

Општините денес, по четиригодишното успешно засилување на фискалната авто-номија, се самостојни во донесувањето одлуки и во распределбата на општински-те финансиски средства. Секоја општина сама донесува одлуки за финансирање на локалните приоритети, според желбите и искажаните сугестии од вас, граѓа-ните.

Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, од 1 јули 2011 година им го даде правото на управување на државното градежно земјиште на општините. За нас, управу-вањето на градежното земјиште е одговорност кон идните генерации, со што се отвора патот за реализација на нови инвестиции и за подобрување на економска-та благосостојба.

Искрениот и партнерски однос на Владата на Република Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, при пренесувањето надлежности и финансиското засилување на општините е препознатлив во низа други чекори што ги презеде.

Во согласност со економската програма на ВМРО-ДПМНЕ за следните четири го-дини, ќе се реализира проектот „поволни заеми за општините“. Со него ќе се обез-бедат поволни кредити за општините наменети за подобрување на општинските услуги и услови за спроведување дополнително финансирање со општински об-врзници. Ќе се обезбедат финансиски средства за низа капитални проекти за кои граѓаните и локалната деловна заедница имаат голема потреба.

Page 13: Програма за иднината 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО! 13

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со иницирање дополнителни мерки за унапредување на развојот на локалната самоуправа што, несомнено, ќе придонесе кон созда-вање услови за економски, културен и за социјален напредок на општините, како и за зацврстување на демократијата воопшто.

ВМРО-ДПМНЕ ќе остане посветена на соработката меѓу централната и локалната власт и на соработката меѓу општините како услов за обезбедување поквалитетни и поекономични услуги за граѓаните, но и на соработката за подготовка на заед-нички проекти, кои ќе бидат конкурентни во обезбедувањето средства од фондо-вите на Европската унија.

ВМРО-ДПМНЕ ќе се посвети на спроведување конкретни мерки за поттикнување на локалниот економски развој преку кој би се подобрил квалитетот на живеење во општините. Со тоа ќе се обезбеди поголема финансиска стабилност на општи-ните, намалување на диспаритетот во планските региони, поттикнување на учест-вото на граѓаните во процесот на донесување одлуки на локално ниво и воспоста-вување партнерства како меѓу општините така и меѓу општините и граѓанскиот сектор.

Како и досега, ВМРО- ДПМНЕ во остварувањето на својата програма на локално ниво целосно и недвосмислено ќе се води од принципите на одговорност, чесност и на транспарентност во работата. Транспарентноста и отчетот на органите на општините се препознаени како основни начела во работењето.

Бевме, сме и ќе бидеме во постојана комуникација со вас. Вложен е огромен на-пор за да им се излезе в пресрет на приоритетните општински потреби. Но, не застануваме тука, сакаме да внесеме што поголема демократија и свежина во ло-калното донесување одлуки.

Денес во нашата општина е отфрлен стереотипниот начин на донесување од-луки во канцеларии и во кабинети. Локалните претставници се секојдневно на терен, меѓу вас, граѓаните, спроведувајќи една од најдобрите светски практики за подобрување на распределбата на локалните буџетски средства. Тоа е пар-тиципативното буџетирање. Со него СИТЕ граѓани имаат еднакви можности да бидат вклучени во донесувањето одлуки за намената на општинските финансии. Преку партиципативното донесување одлуки, граѓанинот го добива местото што го заслужувал отсекогаш: тој е централна клетка, од која поаѓаат и се разменуваат информации меѓу креаторите на локалната политика и корисниците на услугите.

За сето тоа што е ветено, остварено, потрошено, општините полагаат и ќе пола-гаат отчет, но не само пред централната власт, туку, многу поважно, пред ВАС, граѓаните. Тоа се врши на најтранспарентен начин, при што секој може бесплатно да пристапи кон информациите за донесените одлуки, акти и буџет.

Општините во Република Македонија, предводени од градоначалниците од редо-вите на ВМРО-ДПМНЕ, покажаа дека со ентузијазам и со посветеност се постигну-ваат резултати, кои граѓаните високо ги ценат и вреднуваат.

Горди сме на постигнатото, но имаме уште многу идеи и иницијативи, кои ќе ги оствариме со ваша помош.

Ни претставува чест и задоволство во продолжение да ви ги претставиме нашите поединечни проекти и програми.

Page 14: Програма за иднината 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Page 15: Програма за иднината 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО! 15

I. ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Локалниот економски развој претставува одговорност на локалната само-управа. Тоа значи постојана работа во насока на економско засилување на општината, а со цел да се подобри квалитетот на живот на граѓаните. Успе-хот на општествата денес зависи од способноста на локалните средини да се приспособуваат на брзите општествени и економски промени и од спо-собноста да ја засилат сопствената конкурентност.

За да се засили конкурентноста, главниот импулс за економски пораст мора да произлезе од приватниот сектор затоа што само тој може да создаде нови работни места и економска благосостојба на долг рок. Но, исто така, на ра-ботата на приватните субјекти влијаат и поволностите за водење бизнис, од-носно условите што ќе ги обезбеди власта за нив.

Со повторно добивање на вашата доверба, локалната власт на Општина Дел-чево, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во соработка со Владата на Република Македонија, во наредниот период ќе продолжи да биде фокусирана на ло-калниот економски развој и на градење партнерство со бизнисот за оствару-вање на интересите на граѓаните.

Нашите најважни проекти во функција на остварување на споменатите цели во следниот четиригодишен период ќе бидат:

Проект: Основање технолошко-индустриска развојна зона покрај меѓуна-родниот пат, кон преминот „Црна скала“

Рок: 2014 година

Проект: Изградба на нов градски пазар по пат на јавно-приватно партнер-ствоОпштина Делчево, преку соодветна форма на јавно-приватно партнерство ќе го понуди за реализација проектот за изградба на нов градски пазар. Ре-ализацијата на овој проект ќе зависи од интересот на потенцијалните инвес-титори од приватниот сектор.

Рок: 2017 година

Проект: Изградба на инфраструктура за индустриска зона „Долни Бавчи“Инфраструктурата во индустриската зона „Долни Бавчи“, во континуитет ќе се доизградува, а во согласност со интересот на новите потенцијални инвес-титори и со динамиката на изградба на нови капацитети.

Рок: 2013-2017 година

Page 16: Програма за иднината 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Проект: Донесување ДУП за „Јужна индустриска зона“ (покрај регионални-от пат на излезот од Делчево кон село Ѕвегор)

Рок: јуни 2014 година

Проект: Изработка на техничка документација за водоснабдување на земјо-делските површини од река Брегалница на потегот Делчево - село Тработи-виште

Рок: 2014 година

Проект: Изградба на систем за водоснабдување на земјоделските површини на потегот од Делчево до с. Тработивиште на река Брегалница

Рок: 2016 година

Проект: Санирање на Гумена брана во централното градско подрачје и ре-конструкција на каналниот водоснабдителен систем за наводнување на земјоделските површини на потегот Делчево - Долни Бавчи

Рок: 2014 година

Page 17: Програма за иднината 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО! 17

Page 18: Програма за иднината 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Page 19: Програма за иднината 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО! 19

II. ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

ВМРО–ДПМНЕ докажа дека се грижи за развојот на образованието со зголе-мување за 60 проценти на буџетот за образование во Македонија, при што за реализација на капитални инвестиции се издвојуваат трипати повеќе сред-ства. Како резултат на инвестициите во образованието, значително се подо-брија условите за учење и во нашата општина. Така, учениците во општината добија можност уште од најрана возраст да работат со компјутери, при што се користат како алатка во наставните програми. Подигнувањето на инфор-матичката писменост гарантира дека младите ќе ја зголемат својата конку-рентност и полесно ќе го реализираат своето прво вработување.

ВМРО–ДПМНЕ се залага за образование достапно за сите. ВМРО–ДПМНЕ знае дека вложувањата во образованието се вложувања во иднината на на-шите деца и во нивно формирање како здрави личности - подготвени за со-времените предизвици.

Затоа и во иднина ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво, во општина Делчево, ќе се стреми кон тоа локалните образовни институции да станат побезбедни пре-ку дисциплинирана средина во која учениците ќе доаѓаат со задоволство, а наставата ќе биде посовремена, ефикасна, поквалитетна и приспособена на потребите и на интересите на учениците, наставниците, локалната средина и на државата. Ќе се залагаме за континуирано усовршување и развивање на наставниот кадар со цел постигнување на образовната и училишна визија, која ќе го одржува партнерскиот однос со семејството на ученикот, како и меѓусебното почитување и примената на принципот за заемно почитување и толеранција.

Нашите најважни проекти, во функција на остварување на споменатите цели, во следниот четиригодишен период ќе бидат:

Проект: Бесплатни учебнициСо средства од централната власт континуирано ќе обезбедуваме бесплат-ни учебници за сите ученици од основно и од средно образование.

Рок: континуирано

Проект: Општината ги стипендира најдобритеСо цел да ги поттикнеме најдобрите ученици, средношколци и студенти, општинската администрација, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во согласност со капацитетите и со можностите на единиците на локалната самоуправа, во соработка со приватниот сектор и со странски донатори, и понатаму ќе обез-бедува средства за стипендирање на најдобрите ученици, средношколци и спортисти. Со овој проект ќе го поттикнеме зацврстувањето на свеста кај граѓаните на локално ниво за значењето на образованието.

Континуирано зголемување на бројот на стипендии за учениците од СОУ „ММ - Брицо“.

Page 20: Програма за иднината 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Континуирано зголемување на бројот на стипендии за студенти на универ-зитетите во РМ.

Континуирано зголемување на бројот на стипендии за студенти од Делчево на универзитети во странство.

Рок: континуирано

Продолжување на проектот за доделување награда за најдобриот ученик од ромска припадност од СОУ „ММ - Брицо“

Рок: континуирано

Продолжување на проектот за доделување награда за најдобриот ученик од ромска припадност од двете основни општински училишта

Рок: континуирано

Проект: Уредување и опремување на училиштатаВо насока на обезбедување квалитетна практична настава и поттикнување на претприемачкиот дух и конкуренција, која создава нов квалитет, со сред-ства од централната власт ќе продолжиме со опремување на училиштата и на училишните кабинети во СОУ „ММ - Брицо“, ООУ „Ванчо Прке“, ООУ „Св. Климент Охридски“.

Рок: континуирано

Проект: Реконструкција на училиштаСо цел обезбедување просторни услови за одвивање квалитетна настава во основните и во средните училишта на територијата на Република Македо-нија, во соработка со Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе продолжиме со реконструкција на училишната инфраструктура.

Со овој проект предвидуваме реконструкција на:

покрив и прозорци во ООУ „Ванчо Прке“ спроведување на принципи за енергетска ефикасност

Рок: 2014 година

подови во ООУ „Ванчо Прке“покрив и прозорци во ООУ „Св. Климент Охридски“

Рок: 2015/2016 година

реконструкција на ПОУ во село РазловциРок: 2013 година

Проект: Дисперзирани студииСо цел да овозможиме континуирано образование и достапност на високото образование до сите, во населените места продолжуваме со отворање дис-перзирани студии од факултетот за информатички технологии од Скопје.

Рок: континуирано

Проект: Практична настава за поконкурентно образованиеВоспоставување програма за практична настава за учениците од техничките струки при СОУ „ММ - Брицо“, во соработка со деловниот сектор.

Рок: континуирано

Page 21: Програма за иднината 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО! 21

Проект: Волонтери - подарок за заедницатаПродолжување на практиката за воспоставување волонтерска соработка, во согласност со законската регулатива, меѓу млади високообразовани кадри од Делчево и институции и приватни компании од општина Делчево, во на-сока на вклучување на овие човекови потенцијали во општествените текови во Делчево

Рок: континуирано

Page 22: Програма за иднината 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Page 23: Програма за иднината 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО! 23

III. СПОРТ И МЛАДИ

Проект: Изградба на повеќенаменско спортско игралиштеЗа развој на масовниот спорт и на спорт за сите, најдобар начин да се соз-дадат услови е преку изградбата на повеќенаменско игралиште. Повеќена-менското игралиште ќе им биде ставено на располагање на сите граѓани за спортување, рекреирање и за натпреварување. Игралиштето ќе може да се користи деноноќно и ќе бидат место за собирање и за дружење на младите генерации, како и основа за создавање здрава младина и одлична превенти-ва од пороците на модерното живеење.

Рок: 2016 година

Проект: Изградба на еден двоен терен за тенисСо изградбата на 100 тениски терени, на нашите млади тениски таленти им овозможуваме да се развиваат во идни професионални тенисери, но исто-времено им овозможуваме на сите рекреативци, кои се во сѐ поголем број, да се занимаваат со овој интересен спорт.

Тениските терени се современи, целосно инфраструктурно поврзани, со ос-ветлување за ноќни натпревари, пристапни патеки, жичана ограда и, што е најважно, најсовремена подлога според сите стандарди на Светската тени-ска асоцијација.

Рок: 2017 година

Младински културно-едукативен центарОсновање и заживување младински културно-едукативен центар е приори-тетна оска за проектите за млади. Младински културно-едукативен центар претставува вонинституционална програма за културно воздигнување, еду-кација и за забава на децата и на младинците од општина Делчево и место за развој и за промоција на вистинските вредности кај најдрагоцената попу-лација.

Рок: континуирано

Проект: Училишни лиги Во општина Делчево ќе се воведе постојана практика на организирање учи-лишни лиги во различни спортови (фудбал, кошарка, ракомет, одбојка и др.), со цел најнапред да се одиграат натпревари меѓу различните одделенски екипи во едно училиште, по што најдобрите екипи ќе се квалификуваат за меѓуучилишни натпревари. Со воведувањето на училишните лиги ќе се пот-тикне натпреварувачкиот дух кај најголем дел од учениците и на ваков на-чин ќе се селектираат најдобрите спортисти во училиштата.

Рок на реализација: 2013-2017 година

Page 24: Програма за иднината 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Page 25: Програма за иднината 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО! 25

IV. ИНФОРМАТИЧКИ РАЗВОЈ

Континуиран прогрес на информатичкиот сектор и модернизација на секој сегмент од човековиот живот, тренд што го наметнува и следи целиот свет, се разбира, претставуваше и ќе претставува неминовен предизвик за Општи-ната.

Нови компјутери, дигитализација, поедноставен и брз пристап до информа-ции, брза и квалитетна услуга за граѓаните, значи прогрес и задоволство во функционирање на институциите и на деловниот сектор.

ВМРО-ДПМНЕ инвестираше во информатичкиот развој, во развојот на обра-зованието и на науката, а целта е да се следат новите трендови што го оку-пираат секој млад човек, да не се дозволи престан на процесот на напредок на кој ВМРО-ДПМНЕ макотрпно работеше и останува посветена.

Високиот степен на информатичка едуцираност на жителите на Општината ѝ овозможува перспектива за натамошен забрзан развој на ова поле, а исто-времено ВМРО-ДПМНЕ се задолжува и во иднина да ги продолжи тековите на модернизација.

Проект: Бесплатен интернетСо средства од централната власт, ќе продолжиме со обезбедување беспла-тен интернет во сите основни и средни училишта во Делчево.

Рок: континуирано

Организирање бесплатни курсеви за работа со компјутерВо насока на зголемување на користењето на информатичката технологија и на интернетот во следниот период, во рамки на Општина Делчево, ќе се организираат бесплатни курсеви за работа со компјутери, кои ќе можат да ги посетуваат сите заинтересирани лица, без оглед на возраста.

Рок: 2013 година – континуирано

Проект „Е-општина“Општина Делчево постојано ќе се грижи за надградба на постојниот и за воведување нов софтвер во рамките на општинската самоуправа, со цел по-добрување на е-услугите што им се нудат на граѓаните. На веб-страницата на Општината ќе бидат поставени сите примероци на документи што ги издава и за кои треба да се поднесува соодветна документација во ЕЛС на Општина Делчево, како и начинот, постапката и процедурата за добивање на доку-ментацијата од ЕЛС. Исто така, граѓаните на веб-страницата или директно на линија ќе имаат можност да пријават проблем од комунална природа во oпштина Делчево и во рок од 48 часа ќе им се реши проблемот.

Рок на реализација: континуирано

Page 26: Програма за иднината 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Page 27: Програма за иднината 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО! 27

V. УРБАНИЗАМ И ЖИВОТНА СРЕДИНА

Изработка на нов Генерален урбанистички план за градот Делчево и урба-нистички планови за 21 населено место во општина Делчево

Рок: 2013-2017 година

Довршување на проектот за уредување на прифатни депонии за комунален смет за руралните населени места

Рок: 2014 година

Продолжување на проект Меѓуопштинско јавно претпријатие за регионал-но излегување на крај со отпад во рамки на Источниот плански регион

Рок: 2013-2017 година

Page 28: Програма за иднината 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Page 29: Програма за иднината 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО! 29

VI. КОМУНАЛНИ РАБОТИ

Општината претставува сервис на граѓаните, па оттука и нејзините обврски за подобрување на комуналната инфраструктура. Во овој мандат ќе продол-жиме со решавање на проблемите на граѓаните и со дореализација на веќе почнатите проекти во областа на комуналните дејности, како снабдувањето со вода за пиење, одведувањето на отпадните води, јавната чистота, уреду-вањето на јавните површини, јавното осветлување, асфалтирањето патишта и улици.

Набавка на ново возило за собирање комунален сметРок: 2015 година

Проект: Изградба на нови и реконструкција на постојните тротоари и пар-кинг-местаСо овој проект е предвидено:

Изградба на тротоар по должина на улицата „Индустриска“Рок: октомври 2013 година

Изградба на тротоар на улицата „Светозар Марковиќ“ од детската гра-динка до спојот со улицата „Индустриска“

Рок: октомври 2015 година

Изградба на нов паркинг-простор зад новата црква „Св. Кирил и Методиј“ во центарот на градот

Рок: декември 2013 година

Изградба на нов тротоар по должината на улицата „Св. Кирил и Методиј“ во Милково Брдо

Рок: декември 2014 година

Изградба на тротоар по должината на улицата „Кеј на ослободување“ на потегот од новата црква до спортскиот центар во Делчево

Рок: декември 2014 година

Изградба на нов тротоар по должината на улицата „Маршал Тито“ на по-тегот касарна - Таушанско маало

Рок: 2015 година

Реконструкција на тротоар на улиците „Светозар Марковиќ“, „Орце Нико-лов“ и „Маршал Тито“

Рок: 2015 година

Проект: Изградба на нова и реконструкција на постојната водоводна мрежаИзградба на нова јавна чешма во село Стар Истевник

Рок: декември 2013 година

Реконструкција на водоводната мрежа и водоводни зафати во Црквенец, Драмче и во Нов Истевник

Рок: 2015 година

Page 30: Програма за иднината 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Изградба на првична филтер-станица на браната „Лошана“Рок: 2017 година

Продолжување на реконструкција на водоводната мрежа во населбата Ново Делчево

Рок: 2014 година

Продолжување на реконструкција на водоводната мрежа во населбата Милково Брдо

Рок: 2015 година

Изработка на студија и на идеен проект за водоснабдување на туристич-киот центар „Голак“

Рок: 2014 година

Проект: Изградба на фекална канализација и на пречистителна станица во населено место Вирче, со поддршка од Владата на Република МакедонијаИзградбата на фекална канализација ќе овозможи враќање на многу жите-ли што го напуштиле селото поради лошите основни услови за живеење и немањето можности за вработување. Проектираната канализација е во дол-жина од 3.876 метри и ќе опслужува 495 жители. Средствата во износ од 23 милиони денари се обезбедени преку кредит од Европската инвестициска банка во форма на грант од Владата на Република Македонија за Општина-та.

Рок: 2014 година

Проект: Изградба на фекална канализација и на пречистителна станица во село Град, со поддршка од Владата на Република МакедонијаИзградбата на фекалната канализација ќе овозможи враќање на многу жи-тели што го напуштиле селото поради лошите основни услови за живеење и немањето можности за вработување. Проектираната канализација е во дол-жина од 6.280 метри и ќе опслужува 534 жители. Средствата во износ од 28 милиони денари се обезбедени преку кредит од Европската инвестициска банка во форма на грант од Владата на Република Македонија за Општината и од буџетот на Општина Делчево.

Рок: 2014 година

Проект: Изградба на фекална канализација за село СтамерРок: 2015 година

Проект: Доизградба на канализација во новата населба „Пролет“Рок: 2016 година

Проект: Изградба и уредување на јавни површиниИзградба на капела на градските гробишта

Рок: 2015 година

Регулација на река Габровчица во урбанистичкиот опфат на градот Делчево Рок: ноември 2015 година

Регулација на река Брегалница од Гумена брана до Долен мостРок: 2015 година

Page 31: Програма за иднината 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО! 31

Page 32: Програма за иднината 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Page 33: Програма за иднината 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО! 33

VII. ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Земјоделството и аграрната политика се предвидени како еден од главните приоритети на ВМРО-ДПМНЕ, која како народна партија својата политика ја заснова на традицијата и на вредностите на обичниот македонски човек. Селото отсекогаш било стожер и чувар на нашите темелни вредности. Земјо-делството има и сериозно економско значење и потенцијал за поголем ната-мошен развој.

На голем дел на граѓаните од општина Делчево земјоделството им е основно или дополнително занимање и тие се сведоци дека денес може да се раз-вие квалитетен и одржлив агробизнис преку комбинирање на понудените можности на поддршка, почнувајќи од добивање поволен почетен кредит за почнување на бизнисот, поддршка за набавка на живи животни, подигање насади, набавка на опрема и на механизација, потоа редовна годишна ис-плата на значителни субвенции по хектар, грло или производ, поволно со-цијално осигурување и ниска стапка на персонален данок.

Отворање канцеларија за поддршка на земјоделците и на земјоделските стопанства за бесплатна техничка помош и подготовка на апликации за средствата од програмите ИПАРД и ИПА.

Рок: 2013 година

Поддршка на земјоделците и поврзување со партнери од странство.Рок: континуирано

Проект: Полски патСо изградба на повеќе полски патчиња на територијата на општината значи-телно ќе се олесни пристапот на земјоделците до обработливите површини.

Рок: 2013-2017 година

Page 34: Програма за иднината 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Page 35: Програма за иднината 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО! 35

VIII. ТУРИЗАМ

Република Македонија располага со богат фонд автентични, природни, тра-диционални и културни ресурси, кои се значајни предуслови за развојот на туризмот во земјата. Имајќи ја предвид големата улога што ја игра туризмот за локалниот економски развој, општините својата економска предност сѐ повеќе ја препознаваат во збогатувањето на туристичката понуда и во поди-гнувањето на стандардите за квалитет во овој сектор. Во наредниот период Општината ќе биде посветена сѐ повеќе да ги искористува своите конку-рентски предности и максимално ќе се залага да ги развива и промовира најразличните видови туризам, особено планинскиот, езерскиот, спортски-от, рекреативниот, здравствениот, културниот, руралниот и други алтерна-тивни форми на туризам. Со тоа ќе ги задоволиме очекувањата и вкусовите на туристите, а ќе настојуваме нашата општина да ја направиме погодна и препознатлива дестинација на туристичката мапа на Македонија.

Донесување нов Детален урбанистички план за туристичко-рекреативна населба кај локалитет Средновековна Кула, во атарот на село Чифлик

Рок: 2014 година

Изградба на етно еконаселба во село ГрадРок: 2016 година

Изработка и одржување туристички портал за ДелчевоРок: 2013 година

Уредување туристички локалитет Кукуље во село Нов ИстевникРок: 2014 година

Уредување туристички локалитет Свети Води во село ТработивиштеРок: 2015 година

Уредување туристички локалитет Кулата кај село ЧифликРок: 2014 година

Page 36: Програма за иднината 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Page 37: Програма за иднината 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО! 37

IX. КУЛТУРА

Културата е неодвоив сегмент во изградбата на европскиот модел на сора-ботка на земјите и сила што спојува бидејќи со насочување на културата про-тив дискриминацијата и заштитата на националните културни вредности се допира до глобалните вредности на Европа. Културата не може сама да ги реши проблемите, но може да биде одличен начин на комуникација, особе-но во разбирањето, толеранцијата и во почитувањето на различните верски и етнички разлики на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ ќе настојува општината да биде препознатлива пошироко како позната културна дестинација, во која ќе може да се види и доживее духот на македонското вековно културно и идентитетско опстојување.

Проект: Реализација, развој и поддршка на сите тековно воспоставени кул-турни настаниРеализацијата на овој проект предвидува:

Одржување Голачки фолклорни средбиПијанечко-малешевска свадбаГоцеви деновиВелигденски празнувањаОдбележување годишнини од Разловечкото востаниеОдбележување на 7 Септември (Ден на ослободување на Делчево) и на 24 Мај (Денот на општината)Создавање и развој на манифестацијата „Делчевско културно лето“ на високо ниво

Рок: континуирано

Проект: Заштитување на изворното оро „Копачка“Довршување на процесот на заштитување на изворното оро „Копачка“ од с. Драмче како светско културно наследство во рамки на УНЕСКО.

Рок: 2013 година

Проект: Фестивал на староградски песни „Серенада“Подигање на нивото на организација и на значење на Фестивалот на старо-градски песни „Серенада“ во реализација на НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“.

Рок: континуирано

Page 38: Програма за иднината 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Проект: „Голачки фолклорни средби“Секоја година во континуитет се зголемува нивото на квалитет на манифес-тацијата „Голачки фолклорни средби“, кои традиционално се одржуваат на планината Голак, благодарение на финансиската поддршка од Министер-ството за култура. Зголемувањето на содржините и на понудата во рамки на фестивалот и негово етаблирање во меѓународни рамки.

Рок: континуирано

Проект: Пијанечко-малешевска свадбаПијанечко-малешевската свадба се одржува по шестипат и е во функција на туристичката понуда на регионот, а е во организација на КУД „Гоце Делчев“ од Делчево.

Рок: континуирано

Page 39: Програма за иднината 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО! 39

Page 40: Програма за иднината 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Page 41: Програма за иднината 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО! 41

X. МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Интензивирањето на меѓународната соработка е едно од приоритетните прашања во рамките на заложбите за динамичен развој на Општина Делчево.

Поддржувајќи ги напорите на Македонија за приближување на општеството и на граѓаните кон Европската унија, приоритет на локалните власти е да се вклучат во проекти и во активности за интензивирање на меѓународната соработка со цел развој на локалната економија и надминување на клучниот проблем - невработеноста.

Во таа насока ќе се заложиме за поголема афирмација на општината со про-моција на нашите позитивни вредности во меѓународни рамки, но, исто така, ќе пристапиме и кон размена на искуства преку продолжување и проширу-вање на соработката со општини од соседните и од европските земји.

Негување на односите со збратимените општини преку интензивна соработ-ка за заедничко конкурирање за фондовите на ЕУ и проширување на сора-ботката во рамки на деловниот сектор.

Збратимување со нови општини од земји што се членки на ЕУ.

Продолжување на соработката со европски мрежи за рурален развој каде што општина Делчево е веќе членка и зачленување во нови мрежи.

Организирање меѓународни манифестации во Општина Делчево, кои се од областа на економијата, руралниот развој, културата и спортот.

Рок: континуирано

Page 42: Програма за иднината 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Page 43: Програма за иднината 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО! 43

XI. БЕЗБЕДНОСТ И ПРОТИВПОЖАРНА ЗАШТИТА

Проект: Набавка на возило за потребите на ТППЕ ДелчевоРок: 2016 година

Проект: Заштита на животот и на здравјето на граѓаните во општинатаЗголемен обем на конкретни активности на органите за безбедност, ПС, БПС, КТ, ПС за КПДГ, ТППЕ, посебен осврт на работата на СГГ и на Одделот за превенција при ПС, здравствените и социјални установи. Во тој контекст, наброените фактори, секој во својата област на работење, треба да изра-ботат оперативни планови со конкретни мерки и активности по квартали, кои ќе влезат во рамки на Акцискиот план на Програмата за безбедност на Општината. Опфатена популација, употребени средства, буџет и на крајот сумирани резултати за секој квартал и анализа (квартална, полугодишна и годишна).

Општина Делчево и градоначалникот, покрај логистичката поддршка на ре-алноостварливите планови, ќе биде главен носител на буџетскиот и марке-тиншки дел од плановите, а ќе врши и редовна контрола на квалитетот на преземените активности и настани, како и на веродостојноста на добиените резултати.

Популаризација на сите активности на факторите и на целите преку сите средства за јавно информирање, преку посебно обучени групи млади луѓе за контакти и за информирање на луѓето, сѐ до степен на здобивање навика кај граѓаните за прифаќање одредено поведение, кое би го зголемило сте-пенот на нивната безбедност и заштита.

Зголемување на средствата за изработување летоци, постери, рекламни знаменца и спотови со соодветна содржина. Одржување трибини, дебати на ниво на Општина, УЗ и на МЗ. Формирање стручен тим за спроведување на овие активности.

Отворени денови за информирање на граѓаните за новите облици на овој вид криминал и за начините за заштита (одржување јавни тематски триби-ни, непосредно контактирање со граѓаните и нивно информирање преку УЗ и МЗ. Изработување летоци, плакати, брошури, рекламни спотови со оваа содржина (појавни облици и заштита).

Рок: континуирано

Проект: Безбедносна заштита на децата и на адолесцентите како посебна ранлива категоријаОпштина Делчево со својата сообраќајна инфраструктура генерално е по-делена со меѓународниот пат М5, кој води до границата со Р. Бугарија. Во градската траекторија овој пат е со булеварско уредување и со една крстос-ница, регулирана со хоризонтална, вертикална и со светлосна сообраќајна сигнализација, а во чијашто непосредна близина се лоцирани едно основно

Page 44: Програма за иднината 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

и едно средно училиште. Другите градски улици во најголем дел се солидно обележани со соодветна сообраќајна сигнализација. И покрај ова, постојат прикриени опасности, кои можат да ги загрозат животот и здравјето на граѓаните како во градот, така и во селските населби од подрачјето. Од тие причини, градоначалникот и Општината , во соработка со Одделот за БПС при ПС-Делчево ќе изработи План на мерки и активности со кој ќе се зголеми безбедноста на граѓаните во сообраќајот, односно ќе се намали ризикот од незгоди во сообраќајот на подрачјето.

Посебно внимание ќе биде посветено на едукативните активности на самите граѓани со цел подигање на колективната свест, самокултура и на сообраќај-ната самодисциплина на сите учесници во сообраќајот. За таа цел ќе органи-зираме трибини, јавни расправи, дебати, работилници, вежби на општинско ниво и на ниво на УЗ/МЗ. Сето тоа ќе биде поткрепено со летоци, брошури и со кратки филмови со поучна содржина, која ќе биде пласирана на начин што е прифатлив, разбирлив и интересен за сите профили на граѓани.

Категории граѓани што ќе бидат опфатени со проектот:

деца во предучилишна возрастУченици во двете ООУ во Општинатаученици во средно училиште (адолесценти)деца и малолетници од социјалнозагрозени семејства

Рок: континуирано

Page 45: Програма за иднината 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО! 45

Page 46: Програма за иднината 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Page 47: Програма за иднината 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО! 47

XII. СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

Социјалната заштита е организирана дејност од страна на републиката за спречување и за надминување на основните социјални ризици на кои е изло-жен граѓанинот, семејството и различните групи население во текот на жи-вотот. Искуството од спроведување на социјалната политика на централно ниво ќе се спроведе и на локално ниво, со што ќе се поттикне и спроведе социјалната превенција, ќе се изработат програми за социјална заштита и ќе се води евиденција за корисниците на социјална заштита.

Проект: Доградба на детската градинка „Весели цветови“ во ДелчевоИзградба на четири нови училници, реконструкција на покривот и на фаса-дата и набавка на реквизити.

Рок: 2014-2016 година

Проект: Бесплатна градинкаОбезбедување бесплатна градинка за деца од социјалнозагрозени семејства и за други ранливи категории граѓани.

Рок: континуирано

Проект: Дневни центриОтворање нов дневен центар за пензионери за дневен престој, одмор и за рекреација. Дневниот центар е место за организирање на животот на по-возрасната популација, кое нуди забава, организирање спортски и културни манифестации, презентација на вредностите и на потенцијалите на возрас-ните лица и место што ќе нуди можност за подолг живот и соживот.

Рок: 2016 година

Проект: Финансиска поддршка на секое новороденчеПродолжување на проектот за доделување еднократен паричен надомест за секое новороденче во општина Делчево, како и награда за прво новороден-че од секоја тековна година.

Рок: континуирано

Проект: Делчево - град без физички пречкиЌе бидат изградени пристапни рампи за лица со инвалидност на јавните ин-ституции во општина Делчево и на други јавни места и површини.

Рок: 2014 година

Page 48: Програма за иднината 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Page 49: Програма за иднината 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО! 49

XIII. ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА

ВМРО-ДПМНЕ во континуитет спроведува реформи за подобрување и за унапредување на квалитетот на здравствената заштита на граѓаните на РМ.

Во соработка со Владата на РМ, ќе работиме на континуирано унапредување на системот на здравствена заштита, со што ќе се овозможи корисниците на здравствените услуги да бидат задоволни, а нивните проблеми брзо и ефи-касно решени.

Основен приоритет ќе биде подигнување на квалитетот на здравствените услуги на сите нивоа на здравствена заштита.

За постигнување на оваа цел ќе инвестираме во модернизација на инфра-структурата преку реализација на проекти за реконструкција, доградба и за приспособување на јавните здравствени установи.

Наша трајна определба е секој граѓанин да добие квалитетна здравствена заштита.

Проект: Реконструкција на здравствениот домПроект за реконструкција на здравствениот дом во Делчево опфаќа рекон-струкција на итната медицинска помош.

Рок: 2014 година

Проект: Патронажни лекарски прегледиВршење патронажни основни лекарски прегледи на населението во рурал-ните места во општината и во градот, пред сѐ за постарите и изнемоштени лица, но и за другите, доколку има потреба.

Рок: континуирано

Проект: Вршење ортопедски прегледи за граѓаните на општина ДелчевоЌе продолжи реализацијата на поддршка за реализација на ортопедски пре-гледи за граѓаните од општина Делчево во просториите на Здравствениот дом „Гоце Делчев“

Рок: континуирано 2013-2017 година

Page 50: Програма за иднината 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Page 51: Програма за иднината 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО! 51

XIV. ТРАНСПОРТ И ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА

Инфраструктурната поврзаност меѓу населените места претставува значаен сегмент за подобар и поквалитетен живот на граѓаните.

Добрата инфраструктура е основа за забрзан економски развој на општи-ната, придонесува за непречена комуникација на граѓаните, а со тоа и за полесно остварување на секојдневните обврски.

Вложувањето во изградба и во одржување на патната инфраструктура е наша долгорочна стратегија, за што говори и бројот на реализирани проекти во изминатиов период.

Изградба на пешачки мост на река Брегалница во централно градско под-рачје

Рок: 2014 година

Проект: Реконструкција на постојни патишта и улициРеконструкција и изградба на хоризонтална и на вертикална сигнализа-ција на улиците во градотРеконструкции на улиците „Светозар Марковиќ“, „Орце Николов“ и „Мар-шал Тито“

Рок: 2015 година

Реконструкција на улиците „Питу Гули“ и „Голачка“ Рок: 2013 година

Реконструкција на улиците „Велко Влаховиќ“, „Вера Јоциќ“Рок: 2014 година

Изградба на нов пристап од улица „М. Тито“ до улица „Острец“ и споју-вање на улица „Плачковица“ со улица „Острец“

Рок: 2014 година

Проект: Изградба на нови улициИзградба на улици во село Габрово

Рок: 2013 година

Изградба на улица во с. РазловциРок: декември 2013 година

Изградба на улици во с. ЗвегорРок: 2014 година

Изградба на нова улица покрај кејот на река Брегалница до новиот град-ски пазар

Рок: 2014 година

Пробивање улица од новопроектираниот пешачки мост до детската гра-динка

Рок: 2014 година

Page 52: Програма за иднината 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Пробивање улици во населбата „Пролет“Рок: 2014 година

Изградба на улици во населба СтрелиштеРок: 2015 година

Изградба на локален пат од село Трстија до село ТуријаРок: 2014/2015 година

Изградба на улиците „Разловечко востание“, „Сервисна 2“, „Сервисна 4“ и „Сервисна 5“

Рок: 2017 година

Проект: Реконструкција на патишта со поддршка на Владата на Република Македонија

Реконструкција на регионалниот пат Делчево - планина Голак во должи-на од 10 км

Рок: 2015 година

Реконструкција на локален пат Р-523 – Балабанска маала во должина од 800 м, со вредност од 4,6 милиони денари.

Рок: декември 2013 година

Реконструкција на локален пат М-5 – Димовска маала во должина од 892 м, со вредност од 5,1 милиони денари.

Рок: декември 2013 година

Реконструкција на локален пат Р-522 – с. Косово Дабје – с. Шопје, во дол-жина од 1.224 м, со вредност од седум милиони денари.

Рок: јуни 2014 година

Реконструкција на локален пат за Балабанска маала во должина од 545 м, со вредност од 3,4 милиони денари.

Рок: јуни2014 година

Page 53: Програма за иднината 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО! 53

Page 54: Програма за иднината 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Page 55: Програма за иднината 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРA ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО! 55

XV. ИДЕИ ОД ГРАЃАНИ

Доградба на пет училници во „М.М. - Брицо“ со што ќе се обезбеди едно-сменско работење и заштеда на електрична енергија

Рок: 2014 година

Изградба на водопоило во село ЧифликРок: 2013 година

Организирање ден на слива и на сливова ракија (Пијанечка марка)Рок: континуирано

Саем на стари занаетиРок: континуирано

Page 56: Програма за иднината 2013-2017

www.vmro-dpmne.org.mk