74
СОЦИОЛОШКО ОБЈАСНУВАЊЕ НА РЕЛИГИЈАТА Проф. д-р Цане T. Мојаноски СОЦИОЛОГИЈА

СОЦИОЛОШКО ОБЈАСНУВАЊЕ НА РЕЛИГИЈАТА · 2020. 4. 7. · Социолошко објаснување на религијата Според Диркем

  • Upload
    others

  • View
    7

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

  • СОЦИОЛОШКО ОБЈАСНУВАЊЕ НА

    РЕЛИГИЈАТА

    Проф. д-р Цане T. Мојаноски

    СОЦИОЛОГИЈА

  • На овој час ќе се фокусираме на следниве содржини и цели

    Социолошко објаснување на религијата

    Фазите и развојот на религијата

    Составните елементи на религијата

    Влијание на религијата врз однесувањето на луѓето и врз општеството во целина

    Општествената улога и функција на религијата во општеството

  • Социолошко објаснување на религијата Терминот религија се употребува за многу

    разновидни нешта и тешко се дефинирања.

    Во социолошката литература, религијата најчесто се дефинира како систем на идеи, верувања кои суштината на светот и положбата на човекот во него ја објаснуваат со помош на надприродни сили кои не можат да се проверуваат и докажуваат, туку едноставно во нив се верува.

    Религиозната верба е подржувана и од практики (обреди, ритуали) поврзани со светите нешта (духовни и телесни) кои ги обединуваат верниците во морална заедница.

  • Социолошко објаснување на религијата

    Битна карактеристика на секоја религија е тврдењето дека постојат духовни нетелесни битија, божества кои го создаваат светот, управуваат со него и ја определуваат човековата судбина.

    По правило сите религии тврдат дека животот на човекот е бесконечен, дека смртта преставува само трансформација на телесниот во нетелесен духовен живот кој започнува со влезот во царството на вечноста.

  • Социолошко објаснување на религијата Социологијата не се занимава со прашањата дали човекот

    е создаден од Бог или обратно Бог е создаден од човекот, туку се интересира за настанокот и развојот на религијата и нејзината поврзаност со другите општествени појави.

    На микросоциолошко ниво, социолозите ги истражуваат последиците на религиозните верувања и вклученоста на поединецот во религиозниот свет, како религиозноста влијае на меѓусебните активности и ставовите на обичните луѓе.

    На макросоциолошко ниво социолозите се интересираат како општеството влијае врз религијата и како религијата влијае врз општеството.

  • Социолошко објаснување на религијата

    Диркем ќе дојде до оваа дефиниција на религијата: “религијата е цврсто поврзан систем на верувања и обичаи кои се однесуваат на светите, т.е. издвоени и забранети нешта, имено систем на верувања и обичаи кој сите свои приврзаници ги обединува во иста морална заедница наречена црква”.

  • Социолошко објаснување на религијата Според Диркем светото го карактеризираат седум квалитети:

    -прво, светото се смета за моќна сила;

    -второ, тоа се карактеризира со двосмисленост, при што тоа е двојно - и физичко и морално, човечко и космичко, корисно и опасно за луѓето;

    -трето, тоа е конкретно некорисно;

    -четврто, тоа е неискуствено:

    -петто, тоа не вклучува знаење;

    -шесто, тоа ги јакне и потпомага почитувачите и

    -седмо, тоа поставува морални барања за верниците и почитувачите.

    Диркем пишува дека во сите општества е направена дистинкција меѓу "светите" и "световните" нешта.

    Емил Диркем (дело: "Елементарни форми на религиозниот живот", 1912),

  • Современи дефиниции:

    ги има многу.

    Една од нив е онаа на Роланд Робертсон, кој религијата ја дефинира како

    “комплекс на верувања и симболи (и вредности директно изведени од нив) кои се однесуваат на разграничувањето на емпириската и суперемпириската, трансцендентална реалност; случувањата на емпириското битие му се подредени значајно на неемпириското.

    Второ, религиската акција ја дефинираме просто: како акција обликувана од признавањето на емпириско/надемириската разлика”.

  • Социолошко објаснување на религијата

    дефиницијата на Старк и Бејнбриџ:

    “Терминот религија е резервиран за решенија на прашања за ултимативното значење што ја постулира егзистенцијата на натприродно битие, свет или сила, и што понатаму постулира дека оваа сила е активна, дека настаните и условите овде на земјата се влијаени од надприродното”.

  • Социолошко објаснување на религијата • Поимното определување на религијата содржи неколку елементи кои ја

    презентираат нејзината содржина. Таа е "облик на општествена свест“ кој:

    • 1.настанува како последица на човековата зависност од природата, од неговата материјална и интелектуална неразвиеност, како и од неговата отуѓеност во општествената заедница;

    • 2.поради таквата положба на човекот, претставува фантастично, искривено и изопачено сфаќање на објективната природа и на општествената стварност, сфаќање што се обидува да си го објасни светот, придавајќи им на реалните природни и општествени сили натприродна и тајна моќ, со помош на имагинарни и нереални претстави;

    • З.се изразува преку систем од верувања, обреди и ритуали поврзани со предметот на имагинацијата и

    • 4.најчесто, таа е институционализиран вид на верувања, обреди, сфаќања и ритуали изразени преку црквата"

  • Социолошко објаснување на религијата Дефиниции кои религијата ја поврзуваат со

    надприродното. Едно од многу честите толкувања на религијата е дека “светот, со се она што содржи и што го окружува, е мистерија која бара објаснување”.

    Суштината на религијата според ова толкување се состои во “верувањето во сеприсутноста на нешто што го надминува разумот”, односно таа претставува “напор да се појми непојмливото, да се изрази она што е непознавливо, да се изрази стремежот кон бесконечното”.

  • Дефиниции кои религијата ја поврзуваат со божественото, односно кои се засновани на верувањето дека постојат духовни битија и дека човекот со нив воспоставува однос со посредство на религијата.

    Религијата претставува “одредување на човековиот живот со свеста за врската која човековиот дух го обединува со мистериозниот дух кому тој му признава дека вледее со светот и со него самиот и со кого сака да се чувствува обединет”

  • • Во социолошката литература, религијата најчесто се дефинира како систем на идеи, верувања кои суштината на светот и положбата на човекот во него ја објаснуваат со помош на над природни сили кои не можат да се проверуваат и докажуваат, туку едноставно во нив се верува.

    • Религиозната верба е подржувана и од практики (обреди, ритуали) поврзани со светите нешта (духовни и телесни) кои ги обединуваат верниците во морална заедница

  • Битна карактеристика…

    • Битна карактеристика на секоја религија е тврдењето дека постојат духовни нетелесни битија божества кои го создаваат светот, управуваат со него и ја определуваат човековата судбина.

    • По правило сите религии тврдат дека животот на човекот е бесконечен, дека смртта преставува само трансформација на телесниот во нетелесен духовен живот кој започнува со влезот во царството на вечноста

  • Елементи на религијата

    • Креација на светото

    • Воспоставување на ритуал

    • Систем на религиски вeрувања

    • Организација на верници

  • Креација на светото

    • Креацијата на светото е базичниот религиски импулс.

    • Свето е она што е ставено настрана од секојдневниот живот и што поттикнува посебно почитување. Светото има посебна моќ и не може да биде појмено со самиот разум. Како извор на доброто и злото, тоа бара од оние што го препознаваат посебно почитување и задолженија од морална природа.

  • Воспоставување на ритуал

    • Воспоставувањето на ритуалот е вториот чекор во израснувањето на религијата. Ритуалот се состои во одредени примероци на однесување кон светото. Тој пропишува одреден тек на дејноста во однесувањето кон или во дејствувањето со светото. На пример, преку изведување на одредена церемонија на брегот на Нил, Египтјаните чувствувале дека биле во сосотојба да помогнат во врска со годишната поплава која донесува вода и земја во полињата.

    • Ритуалот е и начин на заштита на светото од негово загадување од страна на обичното. На пример, светиот пехар не се употребува секој ден за пиење вода туку само во одредени денови на славење, кога се полни со посебно вино и се додава од едно лице на друго.

  • Воспоставување на ритуал

    • Ритуалот е начин на организирање на верниците од една религија; тој нив ги држи заедно во заедница. И, бидејќи е сфатен како исправниот начин за однесување кон светото, тој е начинот на кој се олеснува стравот од светото и неговата моќ.

    • На пример, преку ритуалот на славењето на крокодилот во едно африканско племе израснува чувството за себезаштитување од тоа животно.

    • Ритуалот предизвикува одредено чувство на колективно однесување, што е значаен аспект на религиското искуство. Преку заедничкото дејствување кај индивидуите се губи чувството на изделеноста и изолацијата, а се развива колективно однесување.

  • Систем на религиски вреувања

    • Системот на религиските верувања поминува низ своја развојност. Кај старите религии неговата основна функција е да ги поврзе светите објекти со религискиот ритуал и да го оправда и заштити светото. Овие системи служат и за да им ја објаснат на членовите на религиската заедница улогата на светите предмети и на тој начин да ги поврзат овие предмети со нивните животи и проблеми.

  • Систем на религиски вреувања

    • Во Стариот завет, на пример, Бог е опишан како надчовечка фигура која може да биде сфатена во човечки термини; апстрактниот поим за Бога е трансформиран во симбол кого верниците можат да го препознаат и да се однесуваат кон него.

    • Системот на верување, исто така, служи да го објасни значењето и намерата на ритуалот.

    • На пример, Муслиманите учат дека пред молитвата мора да ги измијат рацете бидејќи физичката чистота е симбол на моралната чистота, а секој пред Бога мора да истапи морално чист.

  • Систем на религиски вреувања

    • Со развојот на религиите значењето на светите објекти и ритуалите опаѓа и со тоа се намалува нивниот број. Со тоа се развива и поелабориран систем на верувања.

    • Модерните системи на верувања одат далеку понатаму од простото подржување на другите елементи на религијата. Тие вклучуваат морални пропозиции, на пример онаа за еднаквоста на сите луѓе. Тие од страна на членовите на религиската заедница не се сфатени како свети, но за нив имаат свет квалитет. А со оглед на тоа што овие пропозиции влегуваат во уставите, политичките идеологии, образовните доктрини, тие стануваат значајни освен за религијата и за нерелигиските аспекти на општеството.

  • Организација на верници

    Организацијата на верници е неопходна за да ги обезбеди континуитетот и ефикасноста на религиското искуство. Обавувањето на ритуалите, конструирањето на места за богослужба, изборот на специјалисти кои ќе го одржуваат и заштитуваат светото, сите тие бараат одреден тип на организација.

    Во најстарите форми на религија местото на светите и световните активности е едно, какви што се и носителите на двете активности. Кај нив религиската организација не е изделена, туку е интегрален дел на тоталната заедница. Во текот на историјата доаѓа до религиска специјализација, со свештенство, цркви и други чисто религиски институции кои ја преземаат одговорноста за дејствување во врска со светото.

  • Религиската организација и односот кон општеството • Како суштествен дел од културата, како

    одржувач на нејзините традиционални правила, религиите во секојдневието постојано се соочуваат со проблемот како да се однесуваат кон светот на секојдневното искуство.

    • Нивниот однос кон светот може да има две насоки: спротивставување и прифаќање. Овој однос има битно влијание врз нивната внатершна организација. Во овој поглед религиските организации можат да се поделат во: црква, која остварува компромис со средината; и секта, која и се спротивставува на средината.

  • Религиската организација и односот кон општеството • Црквата е институционализирана религиска

    организација. Таа е долготрајна, трае со генерации, подржувана е од општествените норми и вредности и е активен дел на општеството. Нејзиното вовлекување во општеството секогаш не значи нејзино компромирање со сите негови вредности. Таа може да не се согласува со ред нешта, да протестира, но, во основа, таа е подготвена на соработка со општеството. Нејзините несоглсувања имаат за цел негово подобрување, а не отфрлање.

    • Сектата е религиска организација која ја отфрла општествената средина во која дејствува. Таа подржува норми што се битно различни од оние на основа на кои е организиран општествениот живот и затоа нејзиниот однос кон општествената средина е непријателски. Таа ги отфрла елементите на пошироката култура и е отфрлена од неа

  • Религии што личат на цркви. • Во групата религии што личат на цркви

    влегуваат: еклесии и деноминации. • Еклесијата е високо институционализирана

    религиска организација. Членувањето во неа е по автоматизам: сите новородени на родителите што влегуваат во дадена еклесија се воведуваат во неа. Таа е потполно асимилирана во општеството, така што може да постои само ниска тензија меѓу двете. Судбината на црквата и судбината на општеството се вклопени едната во другата и црквата е живо вклучена во подржувањето на виталните институции на општеството.

  • Религии што личат на цркви. • Деноминација е религиска организација која се има

    приспособено на општеството и на другите религии во него.

    • Како примери за неа би могле да се наведат повеќето големи религиски организации во Соединетите Држави, какви што се Католичката, Лутеранската, Методистичката, Епископалната. Тие заемно се сретнуваат на екуменски собири и прифаќаат да живеат заедно едни покрај други. Тие се имаат приспособено на постоечката структура на општеството. Ги подржуваат и се подржувани од другите институционални структури.

    • Нивното членство не е конфронтирано со два поредока, тоа знае дека и од световен и од свет аспект неговите активности се еднакво вреднувани. Она што е добро за општеството добро е и за деноминацијата.

  • Структура и функции

    • Еклесијата и деноминацијата се стремат да имаат формална бирократска структура со хиерархиски положби, специјализација, како и јасно дефинирано учење. Водството е остварувано од страна на професионален персонал (свештенство) кои добиваат формален тренинг во специјализирани образовни установи. Водството има своја хиерархиска структура на национално, но и на интернационално ниво. Религиските служби се формално пропишани и ритуалот се повторува без промени од генерација на генерација.

  • Структура и функции

    • Во основа луѓето се раѓаат во религиите слични на цркви, а не се конвертирани во нив. Тие обично се големи по бројот на членството, имаат добро организирани сервиси, финансиска подршка.

    • Нивните свети книги се интерпретираат на начин што е соодветен со современата култура. Затоа и тие обично се нарекуваат цркви на матичната струја.

  • Религии што личат на цркви

    • Постои голем варијабилитет на религиите што се наоѓаат во тензија со општеството. Една од поделбите, која овде ќе биде претставена е: култови (со најголема тензија), секти и воспоставени секти.

    • Сите тие покажуваат различен степен на тензија со општеството, но сите на некој начин им се спротивставуваат на неговите базични институции.

  • Религии што личат на цркви - Култ • Тоа е религиска организација која е

    независна од религиската традиција на едно општество. Примери за нив се: Скиентологијата, Црква на обединувањето (Муниевци), Харе Кришна и др.

    • Можат да бидат религиски учења пренесени од едно во друго општество, во кое даденото учење е битно различно од неговата религиска традиција, или пак новооформени учења.

    • Поради нивната различност од религиското наследство на општеството тие предизвикуваат значителен степен на тензија со општеството.

  • Религии што личат на цркви - култ • Култовите обично израснуваат во периоди на

    интензивна општествена промена и општествена криза, кога воспоставените религии изгледаат несоодветни за објаснување на интензивните промени што се случуваат во животот на луѓето. Но, бидејќи се оттуѓени од општеството, култовите можат малку да им помогнат во разрешувањето на секојдневните проблеми.

    • Повеќе, тие бараат од своите членови да отстапат од дотогашната животна практика и да го отфрлат општеството. Поради радикалноста на промената што ја бараат култовите остануваат мали заедници, кои не опстануваат подолго време.

  • Религии што личат на цркви - Секта • Секта. Произлегува од религиското

    наследство на општеството, но го отфрла светот во кој живее.

    • Сектите самите себе си се согледуваат како обновувачи на правата вера, која била изопачена од страна на религиските институции што биле премногу подготвени за компромиси со општеството. За себе си мислат дека ја прочистуваат верата од нејзините световни придружби. Најчесто се јавуваат во рамките на Христијанството и поаѓаат од Библијата како основен извор на инспирација и водство.

  • Религии што личат на цркви - Воспоставена секта • Воспоставена секта. Секта што се приспособила

    на институционалната средина. • Воспоставената секта најчесто го задржува

    убедувањето дека таа е единствената права црква, но сепак е помалку антагонистична од сектите. За разлика од сектите кои во името на одржувањето на духовната чистота го отфрлаат светот, воспоставените секти се активни учесници.

    • Ова учество понекогаш е мотивирано од намерата да се прошират, да придобијат нови верници, како и да ги променат општествените институции. За да ефектуираат општествената промена тие мора да имаат лоби групи, да учествуваат во политичките, економските и образовните институции. А сето тоа значи приспособување на поширокото општество.

  • Структура и функции

    Членството во религиите слични на секти најчесто е резултат на конверзија или на емоционално искуство. Луѓето не се раѓаат во сектата, тие и се придружуваат.

    • Религиските служби овде се многу помалку формални отколку кај црквите. Водството е главно неспецијализирано. Свештеничките должности ги обавуваат лаици, на кои оваа должност им е дополнителна. Во нивните учења се нагласуваат оносветските награди.

  • Структура и функции

    • Сектите и култовите имаат многу карактеристики на примарните групи: тие се мали, неформални, лојални. Во нив се нагласени конформизмот и тие одржуваат висока контрола над своите членови. Од членовите може да се бара да се придржуваат на одредени норми поврзани со облеката, говорот, употребата на современа технологија, и сл. Овие барања се симболични потсетувачи на религискиот идентитет, како и негови засилувачи.

    • Многу од црквите во современоста започнале како секти кои во текот на времето, со растот и приспособувањето, станале дел од институционалните структури на општествата. Но, сите секти не се асимилираат. Некои остануваат воспосавени секти, антагонистични на многу институции на генералното општество.

  • Цивилна религија

    Во современите општества постои нешто што се нарекува цивина религија. Тоа е еден комплекс на ритуали, верувања, симболи поврзани со националниот идентитет, какви што се церемониите за давање заклетва, ритуалите на подигање и спуштање на знамето, пеењето на националната химна и сл.

    Цивилната религија се однесува на световниот поредок, но таа ги има функциите на религијата воопшто: таа е извор на единство и интеграција, обезбедува свет контекст за разбирање на националната историја и одговорностите кон сопствената нација.

  • Во подоцнежниот развој, со појавата на науката како духовна творба, религијата постепено се повлекува пред научните, рационални, искуствени објаснувања на светот.

    Денес, религијата зборува само за она што науката се уште не успеала да го објасни или што е воопшто необјасниво, бидејќи е надискуствено.

  • настојуваат да се вклучат во актуелните општествени процеси и дел од своите активности ги насочуваат кон проблемите на современото секојдневие.

    Станува се повеќе евидентно верските организации да се залагаат за човековите права,заштитата на животната средина и еколошките проблеми, за демократијата, мирот и толеранцијата за солидарноста и за слични содржини од животот

  • Фази во развојот на религијата

    • Се верува дека зачетоците на религијата се поврзани со ограничената сознајна моќ на луѓето во првобитните општества да ги објаснат природните појави; со потребата преку религиозни верувања да го надминат стравот од непознатото и да се помират со конечноста на животот.

    • Од тогаш па до денес религијата станала постојана придружничка на човековата развојна историја, исполнувајќи значаен дел од неговиот културен живот.

    • Паралелно со развојот и усложнувањето на општествените процеси се одвиваат и промени во религијата кои соодветствуваат на општествените прилики

    • Развојотниот пат на религијата главно минува низ неколку фази: магија, анимизам, политеизам и монотеизам

  • Магија Магијата е најстар облик на религија и воопшто на општествена

    свест.

    Магијата е верување дека со одредени постапки, односи. ритуали (како на пример напивки, изговарање на одредени зборови, посебни односи кон предмети, животни, делови од облека и слично) може да се влијае врз текот на природните и општествените процеси и настани.

    Co магијата обично се занимаваат поединци и во неа не учествува верската заедница.

    Луѓето најчесто прибегнуваат кон магија кога се во неволја или опасност.

    Порано магиите биле поврзани со најразлични активности кои имаале егзистенцијално значење за луѓето.

    Се правеле магиски обреди пред опасни пловидби, пред тргнување во војна, пред лов, магии за спречување на суша, за плодност на земјата и слично

  • Магија

    • Некои теоретичари магијата ја издвојуваат од религијата како предрелигиозна или како посебна свест од религијата, со аргументација дека нема во целост карактеристики својствени за религијата: не дава некоја потполна слика за светот, не дава утешни објаснувања својствени за религијата, туку е првенствено систем на упатства во практична цел да се влијае врз појавите да го добијат саканиот тек.

  • Магија

    • Сепак. "магиската" свест е основата врз која почнуваат да се развиваат посложените облици на религијата.

    • Таа била силно психолошко средство со чија помош примитивните луѓе го совладувале природниот страв и несигурноста предизвикана од непознавањето на природните и општествените сили“.

    • Во современото општество магиите речиси непостојат, иако за одредени услови на опасност, нарушено здравје, нарушени брачни односи, неплодност на мажот или жената и слични ситуации постојат и се практикуваат различни магии и астролошки празноверија

  • Анимизам и тотемизам

    • Анимизмот е верување дека сите предмети и појави што го опкружуваат човекот имаат дух или душа која живее во нив и има пресудно влијание врз нивната појава и развој.

    • Co помош на таквите верувања човекот во примитивните општества си објаснувал многу непознати појави: сонот, сликите во водата, сенките, движењето на водата, растењето на дрвата, дувањето на ветерот, грмотевиците и другите слични појави.

  • Анимизмот

    • Анимизмот е верување дека душата во човекот е нешто посебно што останува да егзистира и по смртта на телото. Анимизмот е основа на религиозниот концепт за задгробниот живот, вграден во секоја религија.

    • Посебен вид на анимизам претставува тотемизмот како верување дека духот на предците е населен во некое растение или животно. Скоро секоја племенска заедница или клан во рамките на примитивните општества си има свој тотем и за него се врзани разни обреди и верувања за неговата моќ да влијае врз тотемската заедница

  • Анимизмот

    • Анимизмот е една од најшироко распространетите определби.

    • Таа како првобитен облик на религискиот живот ги зема анимистичките верувања и обичаи, и притоа нив ги поврзува со идејата за душата која откако била откриена постепено пораснала во идеја на духот, или на духовните битија.

    • Ним им се припишуваат посебни моќи во однос на човечката егзистенција.

  • Анимизмот

    • Според анимистите луѓето прво доаѓаат до свест за душата како нешто што постои во човекот, но што може да се издели од него.

    • Поимот на душата израснува преку сликите од соновите - душата се сфаќа како двојник на човекот, онаков каков што нему самиот му се укажува во текот на сонувањето.

    • Духовите и боговите, понатаму, израснуваат како сублимати на душата.

  • Натуризмот

    • Натуризмот, школа со доминирачка положба во општествената теорија, религијата ја засновува врз искуството поврзано со надворешниот свет.

    • Според натуристите првите предмети кон кои се појавило религиско чувство биле природните тела. Природата со своите сили и изненадувањата што тие ги предизвикувале, непознатото и стравот и оддушевувањето што тоа ги разбудувало, дале поттик за израснување на религиската мисла.

    • Поттикнати од љубопитство, луѓето размислувале за природните сили. За нив почнале да оформуваат чувства кои прво биле нејасни, но кои постепено станувале се појасни, односно се преточувале во идеи и поими.

  • Натуризмот

    • Тие стануваат покомплексни, односно стануваат поими за боговите. Понатамошното креаторство на мислата овие поими ги збогатува - се измислуваат нивни биографии, се исцртува природата на нивните личности итн.

    • На тој начин боговите се повеќе се изделуваат од нештата кои го поттикнале нивното оформување

  • Политеизам

    • Политеизмот е верување во повеќе богови. Старите народи верувале во многу богови кон кои покажувале голема почит, поклонетост. но и страв и ставопочит.

    • Се јавуваат богови на сонцето, месечината, земјоделието, ловот, љубовта. морето, војната, убавината, правдата, итн.

    • Најразвиена политеистичка религија се среќава кај старите Грци.

    • Тие верувале во повеќе богови меѓу кои најголем бил богот Зевс. Toj бил бог на небото и земјата, на бурите и громовите грмотевиците, татко на боговите и луѓето. Во оваа фаза од развојот на религијата боговите се повеќе добиваат човечки својства и белези

  • Политеизам

    • Политеизмот претставува верување во повеќе богови од кои еден е главен (Зевс, Амон Ра, и други).

    • Оваа фаза јавуваат богови на сонцето, месечината, земјоделието, ловот, љубовта, морето, војната, убавината, правдата, итн.

    • Најпознат и најразработен модел на политеистичка религија во историјата на човештвото е оној на античка Грција.

    • Во него постоел општ култ на тнр. "дванаесет олимписки божества", кои биле групирани во парови:

    • Зевс и Хера, Посејдон и Деметра, Аполон и Артемида, Арес и Афродита, Хермес и Атина, Хефест и Хестија.

  • Политеизам

    "Громогласниот" Зевс бил, пред се', бог на небото, на бурата и дождот, ги контролирал небеските појави, а особено молњите кои биле негово најстрашно оружје. Тој сeдел на златен трон на небото или на Олимп. Тој бил на чело на "олимпиското семејство".

    Хера била сестра и сопруга на Зевс, царица на олимписките богови. Таа била покровителка на бракот, семејството, мајчинството и жените воопшто. Се сметало дека е господарка на луната и ѕвездите.

    Посејдон според митологијата не живеел на Олимп, туку имал свој дворец на дното на Егејското море. Тој предизвикувал морски бури и земјотреси

    Името на Деметра буквално значи "Земјата мајка". Деметра била богиња на земјата, на плодородноста и на земјоделството,

    Младоликиот бог на сонцето и на светлината Аполон спаѓа во редот на најпопуларните грчки богови. Тој бил сметан за бог на убавината, мудроста и уметноста; носител на здравје и благодaт, покровител на стадата и овчарите, чувар на полињата, бог-закрилник и лекувач.

  • Политеизам

    Младоликата Артемида е несомнено најпопуларната божица во грчкиот свет. Според митологијата таа е сестра на Аполон. Таа била божица на светлината и на луната Селена.

    Арес (синот на Зевс и Хера) бил бог на војната, уништувањето и силата.

    Афродита била ќерка на Зевс и богиња на љубовта и убавината, на пролетта, на плодородноста и зачнувањето. Нејзин постојанен придружник и помошник бил Ерос.

    Хермес според преданието бил носител на вести меѓу боговите, бог на богатството, покровител на трговците и сите патници, но и на скитниците, крадците.

    Атина била родена од главата на Зсвс. Таа е богиња на разумот, мудроста и брзината. Исто така, била заштитничка на градовите, занаетите, науката и уметностите.

    Хефес бил бог-ковач, бог на огнот и на сите занаети што се сврзани за огнот, особено на ковачкиот занаст. Грците сметале дека вулканите се ковачниците на Хермес, во кои при работата му помагале огромни киклопи.

    Хестија била богиња на домаќинството (домашното огниште).

  • Политеизам (Атина –Рим)

    Грчко име Римско име Бог/Божица на...

    ЗЕВС ЈУПИТЕР Крал на боговите и владетел на Олимп; бог на небото, бурата и правдата.

    ХЕРА ЈУНОНА Кралица на боговите и владетелка на небото; заштитничка на жените, бракот и мајчинството.

    ПОСЕЈДОН НЕПТУН Господар на морето; бог на морињата, земјотресите и создател на коњите.

    ДЕМЕТРА КАЛКЦЕВЕРА Божица на плодноста, полјоделството, природата и годишните времиња.

    ХЕСТИЈА ВЕСТА Божица на срцето и домашното огниште (се повлекува од дванаесетката и му го отстапува местото на богот Дионис).

    АФРОДИТА ВЕНЕРА Божица на љубовта, убавината, страсните желби и плодноста.

    АПОЛОН АПОЛОН Бог на сонцето; бог на светлината, исцелувањето, музиката, поезијата, пророштвата, стреларството и вистината.

    АРЕС МАРС Бог на војната, бесот, омразата и крвопролевањето.

    АРТЕМИДА ДИЈАНА Божица на ловот и месечината, заштитничка на младите девојки и новороденчињата.

    АТЕНА МИНЕРВА Божица на мудроста, човечките занаети и стратешките борби.

    ХЕФЕСТ ВУЛКАН Ковач на боговите; бог на огнот и коваштвото.

    ХЕРМЕС МЕРКУР Гласник на боговите; бог на трговијата, брзината, крадците и занаетот.

  • Монотеизам

    Монотеизмот е верување во еден Бог како врховно суштество кое управува со целиот свет и воедно го создал светот. Политеистичките религии постепено се заменуваат со монотеистички.

    Во монотеизмот целото верување во надприродната сила се поврзува со единствениот Бог кој е семоќен управувач со светот Единствениот Бог е семоќен, творец и управувач на светот.

    Најпознати монотеистички религии се Еврејската религија (Јудеизмот), Христијанството, Мухамеданството (Исламот), Будизмот и други

  • Деизам

    Деизмот, општо речено, е верување во идеја. Имено, во современото развиено индустриско

    граѓанско и демократско општество претставата за бог со човечки лик постепено се губи.

    Тоа е последица на крупните промени што се случија во современиот свет под влијание на научно-технолошкиот развој и на новата позиција на човекот во општествените односи во кои тој се' повеќе ја презема сопствената судбина во сопствени раце.

    Во ваква ситуација се менува и претставата за богот.

    Богот со човечки лик е потиснуван од богот сфатен како апстракција, како сама идеја, како судбина.

    Затоа, овој вид религија се нарекува деизам.

  • Составни елементи на религијата

    Социолозите главно ги истакнуваат следните основни елементи на религијата:

    замисла за надприродното

    религиозни чувства

    религиозни обреди, ритуали и симболи

    специфична, религиозна организација

  • Замислата за надприродното

    се изразува како институционализиран систем од верувања во врска со надприродното светото. во врска со ритуалите и симболите.

    Религиозните верувања речиси секогаш вклучуваат божествени суштества кои се дел од овоземниот свет

    Тоа се верувања, митски приказни за боговите, хероите и славните предци кои имале способност да чувствуваат, да размислуваат и да прават надприродни, надчовечки нешта.

    Во многу религии "содржината на верувањата во надприродните суштества има човечки белези божествата се лутат и ги казнуваат луѓето или ги возвишуваат и штитат верниците начините на верување се различни како и самите верувања. Некои луѓе веруваат во божјото учење како во апсолутна вистина, некои веруваат од наивност, други од двосмисленост.

  • Религиозните чувства

    • се содржина на секоја религија a се манифестираат како емотивно доживување на религиозното учење на религиозната организација што се посетува и на која се припаѓа, и посебно на обредите и ритуалите во кои се учествува

    • Религиозните содржини предизвикуваат најразлични чувства кај своите верници: чувство на преданост, на спокојство и душевен мир, на покорност, на стравопочит и слично

  • Обредите и ритуалите и симболите

    • во религиозниот свет се најразлични. Обредите се изразуваат низ молитви, црковно пеење, земање на одредена храна или воздржување од храна, постење во одредени денови од неделата или одредени периоди од годината, палењето на свеќи и слично.

    • Обредните чинови обично верниците ги извршуваат поединечно, a како појава видно се разликуваат од навиките и попстапките во секојдневниот живот

  • Обредите и ритуалите и симболите

    • Во сите религии постојат ритуали церемонии во кои верниците учествуваат колективно и се изведуваат во посебни места, цркви, храмови и слично

    • Свеста вербата за некоја надприродна божја сила ја изразува само теоретската, појмовната страна на религијата a преку обредите и ритуалите се изразува практичната страна на религијата.

    • Тие се чин на воспоставување на однос меѓу верниците и светото. Тие на верниците исто така им овозможуваат посилно меѓусебно да се интегрираат го зацврстуваат моралниот код на групата го интензивираат чувството на религиозна приврзаност и слично

  • Религиозните симболи

    • се присутни во секоја религија, го изразуваат надприродното и овозможуваат преку нив верникот да се доближи, да воспостави врска со него.

    • Според Шушњиќ, симболите имаат моќ да влијаат врз несвесното.

    • Религиозните симболи и обреди се вклопени во материјалната и уметничката структура на општеството, во музиката, во сликарството, во резбата, игрите, бајките, литературата

  • Религиозна организација

    • Религиите најчесто се многу добро организирани во организации наречени цркви, со сложена организација, со разгранета хиерархија, со прецизно разработени норми за однесувањето на своите членови и со строги санкции (со световен и духовен карактер) за прекршувањето на нормите државата

    • Таа е долготрајна, трае со генерации и претставува интегрален дел на општеството.

    • Процесот на секуларизација во современото општество подразбира отргнување на црквата од одделни сектори во општеството државата, науката, образованието

  • Религијата и однесувањето

    • Како најстар облик на свест, религијата опфаќа голем дел од луѓето верници и врши силно влијание врз нив.

    • Вербата во задгробниот живот во "рајот" како награда за добро поведение и "пеколот" како казна за грешките и во други верски вистини, иако мистични и недокажани, претставува силен механизам за контрола на човековото однесување

  • • Механизмите за влијание врз човековото однесување во религиозните групи се многу посилни од етичкиот механизам кој се базира на односот "добро лошо" и државниот механизам заснован на односот "законито незаконито".

    • Така, поведението на верникот со кое се загрозуваат религиозните верувања, создава чувство на грев, вина и страв со што се нарушува душевниот мир и спокој.

    • Преку молитви, постови и други религиозни механизми, верникот се обидува да се ослободи од тоа чувство и да го поврати нарушениот душевен мир

  • религиозното однесување во секојдневниот живот • Во секојдневниот живот религиозното однесување

    има различни димензии. Одредени парцијални истражувања покажуваат дека голем процент од населението се религиозни, но од нив само мал број веруваат дека Бог има значајна улога во нивниот живот, мал број веруваат во задгробниот живот, мал број посетуваат редовно верски објекти и ритуали и веруваат дека црквата обезбедува решенија за моралните, семејните и социјалните проблеми.

    • Религиозноста на луѓето се зголемува во кризни општествени ситуации, особено кога се соочуваат со несреќа. пораз, фрустрации. Исто така луѓето се ориентираат кон религијата и за одбележување на среќните и весели моменти во животот

  • Позитивна улога на религијата

    • Колку и да нагласуваме дека религијата е изопачено, искривено, фантастично, нереално, имагинарно сфаќање на светот, сепак самото нејзино постоење од најстари времиња до денес, како најстар облик на свест е потврда дека таа е потреба и на современиот човек. Toj не е неписмен, необразован и зависен од природата како неговите предци, но сепак религијата исполнува многу аспекти од етдржината на неговиот живот. Религијата е извориште на многу значајни етички хумани принципи кои надоврзани со стравот за грев кон Бога преставуваат коректив кој на нашите постапки и односи особено внатре во религиозната група заедница, ја зацврснуваат интеграцијата и моралноста и имаат други позитивни социјални ефекти

  • Откривање на смислата на животот • Научната и рационалната мисла, како што вели Е.

    Гиденс, останаа неми по прашањата за смислата на животот, наспроти религијата која со своите митови, ритуали обреди и други елементи му помага на човекот да ги надмине најкритичните состојби со кој се соочува во животот.

    • Религијата, давајќи такви објаснувања, му овозможува на човекот да ги надминува критичните a особено непомирливите ситуации. Таа овозможува утеха на човекот пред едно исконско чувство пред стравот од смртта, со тоа што ветува живот по смртта што кај човекот создава илузија дека може да се случи и невозможното. Затоа религијата постои и во современото општество, ги опфаќа и многу образованите и културните луѓе.

  • Религијата разработува воспоставува и посебно разработен систем на обреди и култови низ кои верниците веруваат дека доаѓаат во допир со надискуствените духовни сили

    Здружување на луѓето во групи Поддржување на моралните вредности во

    групата Поддржување на социјалните односи во

    групата (заедницата) Создавање на колективна свест за

    имагинарното u надприродното

  • Диркем следниве функции

    • Кога се зборува за функциите на религијата, социолозите најчесто поаѓаат од Диркемовиот теоретски концепт за религијата и најчесто ги нагласуваат следниве функции на религијата:

    • Функција на социјална солидарност

    • Функција на објаснување на значењето на нештата во светот

    • Функција на социјална контрола

    • Функција на психилошка поддршка

  • Диркем следниве функции

    • Функција на социјална солидарност ги зацврснува односите на религиозната група Религијата функционира како општествен "цемент". Таа ги обединува верниците преку редовно изведување на заеднички ритуали, како и преку делењето на заеднички вредности и верувања кои ги поврзуваат верниците во заедница.

    • Функција на објаснување на значењето на нештата во светот. Религијата на луѓето им нуди одговори за сите прашања во општеството и светот. Таа има свои објаснувања за нештата и настаните во светот кои на верниците им изгледаат логични и прифатливи. Во некои општества религијата дури има и монопол врз одговорите на непознатите прашања.

  • Диркем следниве функции

    Функција на социјална контрола. Позначајните вредности и норми на општеството, на пример оние што се поврзани со човековиот живот, однесување и сопственоста, се вградуваат не само во правото туку и во религиозната доктрина. Учењата што се содржани во Библијата или Коранот ќе имаа помала снага ако беа сметани како мисли на обични смртници. Преку моќното нагласување на круцијалните вредности и норми, религијата помага да се обезбеди социјална контрола врз индивидуалното однесување.

    Функција на психилошка поддршка. Религијата им обезбедува емоционална поддршка на поединците во несигурниот свет. Таа им помага на луѓето за време на најзначајните настани во нивниот живот. Раѓањето, бракот и смртта се обележени со религиозни ритуали како што се крштевањето, венчавката и закопот

  • Негативна општествена улога Како цврст догматски систем на верување,

    религијата, во еден долг временски период, a особено во средновековието го отежнува ослободувањето на човекот од тие илузии, го попречува и се спротиставува на вистинското спознавање на светот со помош на науката.

    Co своите искривени погледи за природната и општествената стварност, религијата имала улога на инструмент на власта и се јавувала како средство за духовно угнетување на народот, како опиум за народот, кој ги учи покорените народни маси на помирлив однос кон бедата, сиромаштијата, угнетувањето и другите неподносливи општествени состојби.

  • Негативна општествена улога Религиозноста исто така го отежнува дијалогот меѓу

    припадниците на различни религии. Прогресивното човештво денес е сериозно

    загрижено за конфликтните односи врз религиозни односи кои го загрозуваат развојот на многу земји во кои егзистираат две или повеќе религии.

    Особено загрижува конфронтацијата на дел од исламскиот свет со западниот свет. Оваа конфронтација според проценките на повеќе експерти може да се претвори во потенцијална опасност за светски судир на цивилизациите. Од тука едно од значајните прашања кое треба да се надмине во процесот на глобализација на човештвото е воспоставување на дијалог меѓу цивилизациите, меѓу кои постојат големи разлики по религиозна припадност.

  • БЛАГОДАРАМ ЗА ВНИМАНИЕТО.

    ?