16
Драги Читатели, Ви благодариме што го читате нашиот втор е – билтен! Го цениме тоа што одвоивте време за да дознаете што работи Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА. Во овој е – билтен ќе најдете информации за реализираните активности на ИНФО СЕГА за периодот септември - ноември. Со овој е- билтен Ви ги честитаме престојните Новогодишни и Божикни празници и Ви посакуваме успешна и бериќетна година исполнета со многу здравје, љубов и среќа!!! Најискрени честитки од ИНФО СЕГА!!!! За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.infosega.org.mk Доколку имате било какви коментари пишете ни на: [email protected]

ИНФО СЕГА Билтен 2

Embed Size (px)

DESCRIPTION

info sega bilten 2

Citation preview

Page 1: ИНФО СЕГА Билтен 2

Драги Читатели, Ви благодариме што го читате нашиот втор е – билтен! Го цениме тоа што одвоивте време за да дознаете што работи Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА. Во овој е – билтен ќе најдете информации за реализираните активности на ИНФО СЕГА за периодот септември - ноември. Со овој е- билтен Ви ги честитаме престојните Новогодишни и Божикни празници и Ви посакуваме успешна и бериќетна година исполнета со многу здравје, љубов и среќа!!! Најискрени честитки од ИНФО СЕГА!!!! За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.infosega.org.mk Доколку имате било какви коментари пишете ни на: [email protected]

Page 2: ИНФО СЕГА Билтен 2

Тимот на ИНФО СЕГА учествуваше на семинар во Штип

Започнаа Промоциите на Младинскиот Информативен и

Советодавен Центар ИНФО СЕГА по средните општински училишта

Одржана Обука за тренери од областа на младинско

вработување на персоналот на ИНФО СЕГА

Одржана Обука за тренери за Раководење со проектен циклус на

персоналот на ИНФО СЕГА

Претставник на тимот на ИНФО СЕГА присуствуваше на

“colloquy” во Унгарија

ИНФО СЕГА го одбележа Меѓународниот ден на мирот

Организиран јавен настап „ЕВРОПСКО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА

ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА “

ИНФО СЕГА започна со одржување на едукации за превенција

на СПИ и ХИВ/СИДА и едукации за превенција од ризиците на алкохолот во средните училишта во Прилеп

Промовирање на услугата за Советување на Млади од

Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА

Обука на врснички (peer) едукатори за сексуално и

репродуктивно здравје, вклучително ХИВ/ СИДА/ СПИ

Повик за учество за снимање на ТВ спот

Бесплатни обуки за пишување на CV, мотивационо писмо и

однесување на работно интервју

ИНФО ДЕН на Економскиот Факултет во Прилеп

Page 3: ИНФО СЕГА Билтен 2

Тимот на Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА учествуваше на семинарот „Младински Информативен Центар – алатка за успешна примена на младинските политики“ кој се одржа 03 - 05 септември 2010 во Штип. Овој семинар го организираше Коалицијата на младински организации СЕГА, а целта беше да се разменат искуствата од воспоставувањето на Младинскиот Информативен Центар во Република Македонија и Младинските Информативни Центри во регионот на Долна Нормандија – Франција, како и нивната улога во имплементацијата на младинските политики. На овој настан учествуваа претставници од локални самоуправи и совети на општини од Македонија, претставници на првиот Младински Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА од Прилеп, како и гости од регионот на Долна Нормандија, претставници на Младинските Информативни центри од Франција. Оваа активност беше спроведена како дел од Акцијата Млади, образование, локално и европско граѓанство во рамките на Проектот за децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и регионот на Долна Нормандија – Франција, раководен од Асоцијацијата на Агенции за Локална Демократија (АЛДА), и имплементиран од Коалиција на младински организации СЕГА – Македонија и Европската куќа – Франција.

Тимот на ИНФО СЕГА учествуваше на семинар во Штип

03- 05, септември Штип

Page 4: ИНФО СЕГА Билтен 2

Во месец септември ИНФО СЕГА започна со промоција на услугите на центарот кој што ги нуди за средношколците по средните општински училишта во Прилеп. Овие промоции се одржуваа секој понеделник на класен час во двете смени по средните општински училишта во Прилеп. Во изминатите три месеци Младинскиот Информативен и Советодавен Центар одржа вкупно 46 презентации по сите средни училишта во Прилеп каде младите средношколци се запознаа со услугите кои ги нудиме за нив и имаа можност да се запознаат со тимот на ИНФО СЕГА. ИНФО СЕГА ќе продолжи со промоција на центарот преку презентации за средношколците во сите средни општински училишта во нашиот град и во 2011 година.

Започнаа Промоциите на Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО

СЕГА по средните општински училишта

13, септември Прилеп

Page 5: ИНФО СЕГА Билтен 2

Во Младинскиот Информативен и Советодавен центар

ИНФО СЕГА беше одржана обука за тренери од областа

на младинско вработување (Пишување на CV,

мотивационо писмо и однесување на работно

интервју). Тимот на ИНФО СЕГА и останатите учесници на

оваа обука се стекнаа со потребното знаење и вештини за

пишување на CV, мотивационо писмо и однесување на

работно интервју за понатаму самостојно да одржуваат

обуки од ваков вид.

Одржана Обука за тренери од областа на

младинско вработување за персоналот на ИНФО

СЕГА

08 - 10, септември Прилеп

Page 6: ИНФО СЕГА Билтен 2

Во текот на месец септември беше одржана обука за тренери за Раководење со проектен циклус. На оваа обука учесниците се стекнаа со знаење и вештини за менаџирање со проектен циклус на следните сесии: проценка на потреби, анализа на проблеми, хиерархија на цели, конструирање на индикатори, логичка рамка, планирање на имплементација, техники за евалуација и анализа на податоци, типови на евалуација, мониторинг и евалуација. Овие одржани обуки наменети за персоналот на МИСЦ се

со единствена цел за остварување на програмата на

нашиот центар за испорачување обуки и стекнување на

персоналот со потребните вештини и знаења за

горенаведените теми.

Одржана Обука за тренери за Раководење со

проектен циклус за персоналот на ИНФО СЕГА

17 - 19, септември Прилеп

Page 7: ИНФО СЕГА Билтен 2

Претставник на тимот на ИНФО СЕГА имаше можност да

присуствува на овој значаен настан и да учествува во

процесот на креирање на препораки за младинско

информирање на ниво на Европа како и да сподели и добие

искуство од 18 останати држави од Европа кои работат во

доменот на младинското информирање.

Претставник на тимот на ИНФО СЕГА

присуствуваше на “colloquy” во Унгарија

20 - 25 септември, Унгарија

Page 8: ИНФО СЕГА Билтен 2

Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА го одбележа Меѓународниот ден на мирот се со цел младите да се запознаат со значењето на овој ден и да се запознаат со пораката за глобално прекинување на огнот и ненасилството. Уште во 1981 година Генералното собрание на Обединетите нации прогласи Меѓународен ден на мирот. Во 2001 година за Меѓународен ден на мирот беше прогласен 21 септември. Резолуцијата вели: „Меѓународниот ден на мирот е ден за глобално прекинување на огнот и за ненасилство, покана до сите нации и луѓе на тој денот да ги прекинат сите непријателства...“ „Ги повикува сите земји членки, организации во системот на Обединетите нации и невладините организациии, сите лица на соодветен начин да го одбележат Меѓународниот ден на мирот, вклучувајќи образовни активности и подигање на јавната свест, како и соработка со Обединетите нации во воспоставување на глобално прекинување на огнот.“ Овој ден нуди можност поединците, организациите и нациите на ист ден да изведат практични активности за мир. На овој ден, милиони луѓе учествуваат на настани како што се концерти, работилници и собири за мир. Денот на мирот е воспоставен во 1981 година, а првпат е одбележан следната година, но својата суштинска улога ја добива дури во 2001 година, кога Генералното собрание на ОН, со посебна резолуција, го прогласи Меѓународниот ден на мирот.

ИНФО СЕГА го одбележа Меѓународниот ден на мирот

21, септември Прилеп

Page 9: ИНФО СЕГА Билтен 2

Во организација на Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА и Локалната Самoуправа на Општина Прилеп на плоштадот Методија Андонов Ченто, на 09 октомври 2010 се одржа јавен настап на кои младите беа запознаени со можностите кои ги нуди формалнотo и неформалното образование, како и позитивните промени во образованието. На повеќе штандови, со свој рекламен материјал се претставија средните и основните училишта од Прилеп, факултетите, невладиниот сектор, студентскиот дом, се со цел на младите да им се презентира европската перспектива од образованието. -На Европа и требаат образовани, едуцирани кадри, така да младите во Македонија, стремејќи се кон европското интегрирање знаат дека образованието е клуч кон Европа. Покрај редовното образование, невладиниот сектор како Коалицијата СЕГА, со своите членки Младински Совет и Младинска Меѓукултурна Заедница од Прилеп, нуди и можности за неформално образование, со што младите се стекнуваа со нови едукативни вештини и комуникации – нагласи извршниот директор на Коалицијата СЕГА, Зоран Илиески. На настанот говореа, градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески и Советникот за образование Марјан Матракоски.

Организиран јавен настап „ЕВРОПСКО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА “

09, октомври Прилеп

Page 10: ИНФО СЕГА Билтен 2

Во рамките на активностите на проектот „Младински Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА“ тимот на ИНФО СЕГА започна да спроведува едукации во средните училишта во општина Прилеп. Целта на овие едукации кој што ги спроведува Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА е да им помогне на младите да се едуцираат како да се заштитат од сексуално преносливите инфекции (СПИ ) и ХИВ/СИДА како и да стекнат знаење за ризиците од алкохол. Во текот на овие три месеци одржани се 13 едукации за СПИ, ХИВ/СИДА каде се опфатени 328 ученици од сите средни општински училишта, исто така одржани се и 12 едукации за штетните поледици од Алкохолот каде се опфатени околу 300 ученици од сите средни општински училишта. Овие едукации од областа на здравството ќе продолжат да се одржуваат и во текот на целата учебна година, но предидени се нови теми во текот на второто полугодие.

ИНФО СЕГА започна со одржување на едукации за превенција на СПИ и ХИВ/СИДА и едукации за

превенција од ризиците на алкохолот во средните училишта во Прилеп

26, октомври Прилеп

Page 11: ИНФО СЕГА Билтен 2

Во текот на месец октомври е изработена електронска брошура и поставена на нашата веб страна во која се опишува каков е процесот на советување наменето за младите, кои методи се користат и по кои правила и принципи се остварува оваа услуга. Советувањето за младите е бесплатна услуга која ја нуди ИНФО СЕГА и опфаќа повеќе теми како што се насилство, проблеми со семејството, пороците на младите дрога, алкохол и цигари, врсничко насилство и секојдневни проблеми со кои се соочуваат младите. Основната цел за изработката на оваа брошура е да се прекрши табу темата на младите за самиот процес на советување.

Промовирање на услугата за Советување на Млади од Младинскиот Информативен и

Советодавен центар ИНФО СЕГА

Октомври Прилеп

Page 12: ИНФО СЕГА Билтен 2

Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА во малата сала во Општина Прилеп одржа Обука на врснички (peer) едукатори за сексуално и репродуктивно здравје, вклучително ХИВ / СИДА / СПИ. На обуката присуствуваа 13 учесници од сите средни општински училишта од Прилеп. Обуката имаше за цел да се запознаат младите со моделот на врсничката едукација, техниките на врсничката едукација, вештини за презентирање пред група, факти за СПИ / СИДА / ХИВ. Обучените пиер едукатори ќе помагаат при одржувањето на едукациите за СПИ / СИДА / ХИВ и штетното влијание на алкохолот во нивните училишта заедно со тимот на ИНФО СЕГА. Оваа обука е од големо значење за МИСЦ затоа што е прва

обука од ваков вид одржана од тимот и се оцени како

одлична од страна на учесниците кои имаат интерес за

понатамошна соработка.

Обука на врснички (peer) едукатори за сексуално

и репродуктивно здравје, вклучително ХИВ/

СИДА/ СПИ

30 - 31, октомври Прилеп

Page 13: ИНФО СЕГА Билтен 2

Во месец ноември започна снимањето на ТВ спот за Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА. За таа цел беа повикани сите млади кои сакаа да земат учество во спотот. Снимањето на спотот е во тек и се очекува да биде обајвен во медиумите во средината на месец декември.

Повик за учество за снимање на ТВ спот

09, ноември Прилеп

Page 14: ИНФО СЕГА Билтен 2

Младински Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА започна со одржување на бесплатни обуки за професионална ориентација (CV, мотивационо писмо и однесување на интервју). Повикот е отворен за сите заинтересирани млади лица кои сакаат да ги надоградат своите вештини за пишување на CV, мотивационо писмо и како треба да се однесуваат на интервју. Целта на обуките е да се обучат младите за да бидат поконкурентни на пазарот на трудот со што ќе се намали невработеноста на младите во општина Прилеп. До сега Центарот успешно испорача две обуки на кои присуствуваат повеке од 20 млади лица.

Бесплатни обуки за пишување на CV, мотивационо писмо и однесување на работно

интервју

19, ноември Прилеп

Page 15: ИНФО СЕГА Билтен 2

Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА на 25 ноември 2010 одржа ИНФО ДЕН на Економскиот Факултет во Прилеп. Целта на овој настан беше запознавање на студентите со услугите кои ИНФО СЕГА ги нуди, бесплатните обуки за CV и мотивационо писмо, информации за студентите за стипендии кај нас и во странство, програмите за волонтирање, стажирање и патување. Во фоајето на факултетот се поставија 4 штандови со промотивен материјал каде на студентите им беа поделени флаери и бележници за книги од тимот и волонтерите на ИНФО СЕГА. Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА ќе продолжи да одржува ИНФО ДЕНОВИ за студентите и во наредниот период.

ИНФО ДЕН на Економскиот Факултет во Прилеп

25, ноември Прилеп

Page 16: ИНФО СЕГА Билтен 2