35
Економски факултет Семинарска работа по предметот ревизија Тема: Ревизијата во Република Македонија

Ревизија-во-РМ

Tags:

Embed Size (px)

DESCRIPTION

семинарска

Citation preview

Page 1: Ревизија-во-РМ

Економски факултет

Семинарска работа по предметот ревизија

Тема:

Ревизијата во Република Македонија

Page 2: Ревизија-во-РМ

Содржина:

1.Вовед.............................................................................................................................3

2.Совет за унапредување и развој на ревизијата.........................................................3

3.Институт на овластени ревизори на Република Македонија...................................5

4.Лиценца за работа на друштва за ревизија и уверение за овластен ревизор........6

5.Конфликт на интереси и повреда или нарушување на независноста....................8

6.Државен завод за ревизија во Република Македонија..............................................9

7.Интерната ревизија во Република Македонија.........................................................15

8. Користена литература................................................................................................18

1.Вовед

Page 3: Ревизија-во-РМ

Ревизијата во Република Македонија е уредена со Законот за ревизија донесен

од Собранието на РМ на 6 декември 2010 година. Со тој закон се уредуваат условите за

вршење на ревизија во правните лица кои вршат дејност во Република Македонија.

Ревизијата е независно испитување на финансиските извештаи или

консолидираните извештаи и на финансиските информации, со цел да се изрази

мислење во врска со нивната вистинитост и непристрасност и нивната усогласеност со

прифатената рамка за финансиско известување.

Ревизија можат да вршат друштва за ревизија или овластен ревизор - трговец

поединец под услови и на начин утврдени со овој Законот за ревизија или Законот за

трговските друштва.

Покрај одредбите од законот кои главно се однесуваат на екстерната

комерцијална ревизија во Република Македонија за која е и посветен првиот дел од

овој семинарски труд, во натамошниот текст е вклучен и дел кој ја разработува

државната ревизија на РМ и нејзиното функционирање. Третиот дел пак ја опфаќа

интерната ревизија како еден посебен и одвоен вид на ревизија која не е предмет на

регулирање на законот за ревизија.

2.Совет за унапредување и развој на ревизијата

Page 4: Ревизија-во-РМ

Еден од основните органи во Република Македонија врзан со ревизијата е

советот за унапредување и развој на ревизијата. Заради унапредување и надзор над

вршењето на ревизијата, Владата на Република Македонија на предлог на министерот

за финансии основа Совет за унапредување и надзор на ревизијата, со седиште во

Скопје, како самостојно и независно регулаторно тело, со јавни овластувања утврдени

во законот за ревизија.

Предмет на надзор од страна на Советот се Институтот за овластени ревизори

на Република Македонија, сите друштва за ревизија и овластен ревизор - трговец

поединец. Некои од работите кои ги врши овој совет се да дава насоки на Институтот

за овластени ревизори на Република Македонија за прашања за кои е надлежен

согласно со законот за ревизја,да дава согласност на Статутот и актите на Институтот

за овластени ревизори на Република Македонија, во врска со контролни и

дисциплински постапки, да врши контрола над Институтот за овластени ревизори на

Република Македонија во спроведувањето на контролните и дисциплинските постапки

согласно со укажувањата и препораките на Советот, да дава согласност на годишната

програма и годишниот извештај за работа на Институтот на овластени ревизори, да го

следи спроведувањето на годишната програма за контрола на квалитет на ревизија на

Институтот на овластени ревизори, да ја проверува потребната документација за

издавање ревизорски лиценци, да ја следи постапката што ја спроведува Институтот за

овластени ревизори на Република Македонија за признавање на квалификација за

ревизор стекната во странство, по барање на лицето кое ги исполнува потребните

услови Советот издава лиценца за овластен ревизор, по предлог на Институтот за

овластени ревизори на Република Македонија, издава лиценца за работа за вршење на

работи на ревизија на друштвата за ревизија и на овластен ревизор - трговец поединец

кои ги исполнуваат потребните услови од законот за ревизија и воспоставува

соработка со релевантни меѓународни институции.

Советот го сочинуваат седум члена. Владата на Република Македонија ги

именува претседателот и членовите на Советот. Претседателот на Советот го предлага

министерот за финансии, а другите шест члена ги предлагаат следниве институции:

еден претставник од Народната банка на Република Македонија, вработен во Секторот

за супервизија, еден претставник од Агенцијата за супервизија на осигурувањето, еден

претставник од Комисијата за хартии од вредност, еден претставник од редовите на

големите трговски субјекти и двајца овластени ревизори предложени од Институтот.

Page 5: Ревизија-во-РМ

Претседателот раководи со Советот и го застапува во односите со трети лица.

Мандатот на претседателот и членовите на Советот е пет години, со можност за

повторен избор уште за еден мандат

За член на Советот може да се избере лице кое ги исполнува следниве услови:

да е државјанин на Република Македонија, да има завршено високо образование од

областа на економијата или правото, да не е вработен во Институтот за овластени

ревизори на Република Македонија и да не е член на ниедно извршно тело на истиот,

да има најмалку пет години работно искуство во областа на сметководството, правото,

ревизијата и финансиите, да не е правосилно осудуван за кривично дело против јавните

финансии, платниот промет, стопанството и службената должност и да не му е

изречена забрана за вршење професија, дејност или должност.

Покрај тоа Советот има и одредени надлежности. Тука пред се спаѓаат

донесување Статут на Советот, донесување деловник за својата работа, годишна

програма, финансиски план и годишен извештај на кои согласност дава Владата на

Република Македонија, донесува тарифник за издавање лиценца за работа за вршење

на работи на ревизија на друштва за ревизија, овластен ревизор - трговец поединец и

на овластени ревизори на кој согласност дава Владата на Република Македонија,

издава лиценца за работа за вршење на работи на ревизија на друштва за ревизија

овластен ревизор - трговец поединец, го поттикнува придржувањето кон високите

професионални стандарди во ревизорската професија, ја следи примената на одредбите

од законот за ревизија и прописите донесени врз основа на него и врз таа основа му

предлага на министерот за финансии изготвување на соодветни изменувања и

дополнувања на истите, ја следи примената и дава согласност на актите на Институтот

на овластени ревизори и му предлага на Институтот на овластени ревизори нивно

изменување и дополнување, склучува меморандум за соработка со институции за јавен

надзор од други земји и врши други работи утврдени со овој закон и статутот.

Советот има и надлежност да изрекува мерки на овластените ревизори како што

се: опомена, времена забрана за вршење на работа на овластен ревизор, лиценцирано

друштво за ревизија или лиценциран овластен ревизор трговец поединец и трајна

забрана за вршење на работа на овластен ревизор, друштво за ревизија или овластен

ревизор-трговец поединец. Начинот и постапката за утврдување на повредите и

мерките ги пропишува Советот. Сите изречени мерки се објавуваат на веб страниците

на Советот и на Институтот за овластени ревизори на Република Македонија.

3.Институт на овластени ревизори на Република Македонија

Page 6: Ревизија-во-РМ

Заради промовирање на високи професионални стандарди и за подобрување на

квалитетот на ревизорските услуги овластените ревизори се здружуваат во Институт за

овластени ревизори на Република Македонија како професионално коморско

здружување. Членови на Институтот се овластени ревизори, друштва за ревизија и

овластен ревизор - трговец поединец. Институтот има својство на правно лице и е со

седиште во Скопје.

Органи на Институтот се Собранието, Управниот одбор и претседателот.

Собранието е највисок орган на Институтот и го сочинуваат сите членови.

Организацијата, надлежноста, составот, начинот на избор, правата и должностите на

органите на Институтот се уредуваат со Статутот.

Активностите кои ги врши овој институт што се воедно и негови надлежности

се бројни. Тука спаѓаат:

- води регистар на овластени ревизори и регистар на друштва за ревизија и

овластен ревизор - трговец поединец,

- донесува програма за полагање на испит за стекнување на звањето ревизор и

спроведува испит за стекнување на звањето ревизор,

- издава уверение за ревизор,

- ги разгледува и дава мислење по барањата за одобрување на квалификации за

ревизор стекнати во странство, врз основа на правила и постапки пропишани од

Институтот на овластени ревизори,

- организира проверка на знаењето од областа на законската регулатива при

одобрување на квалификации за ревизор стекнати во странство,

- организира и спроведува континуирано професионално усовршување,

- ја следи примената на МСР, Кодексот на етика за професионални

сметководители на IFAC кај друштвата за ревизија и кај овластените ревизори -

трговци поединци,

- ги спроведува Меѓународните стандарди за ревизија и Кодексот на етика на

професионални сметководители на IFAC,

- ги преведува Меѓународните стандарди за финансиско известување,

Меѓународните стандарди за финансиско известување за мали и средни претпријатија,

Меѓународните стандарди за ревизија, Кодексот на етика за професионалните

сметководители на IFAC и Меѓународните стандарди за контрола на квалитет,

Page 7: Ревизија-во-РМ

- покренува дисциплинска постапка и изрекува мерки на членовите поради

повреда на МСР, актите на Институтот и на Кодексот на етика за професионалните

сметководители на IFAC,

- спроведува проверка за контрола на квалитетот на овластените ревизори,

друштва за ревизија и овластен ревизор - трговец поединец за извршени законски

ревизии најмалку еднаш на шест години, а проверката на овластените ревизори,

друштва за ревизија и овластен ревизор - трговец поединец кои вршат ревизии на

правни лица од јавен интерес најмалку еднаш на три години,

- го известува Советот за изречените мерки од спроведената контрола на

друштвата за ревизија и/или овластените ревизори - трговци поединци,

- ја определува висината на членарината на овластените ревизори за членство

во Институтот, која обезбедува непречено функционирање на Институтот, како и

висината на членарината на друштвата за ревизија и овластениот ревизор - трговец

поединец која се определува врз основа на приходите остварени од вршење на ревизија

и услуги поврзани со ревизија,

- овластува лица или формира комисија за професионална оцена на практиката

на друштвата за ревизија и на овластен ревизор - трговец поединец, кои се однесуваат

на прегледување и правење на копии од која било книга, документ или предмет кој е

во сопственост или под контрола на друштвата за ревизија, како и заради добивање на

информации од кој било партнер или вработен на овластениот ревизор.Овластениот

ревизор или лице од друштво за ревизија е должен на барање на Институтот или на

лице овластено од него да презентира книга, документ или предмет, не смее согласно

со законот за ревизија да одбие да презентира таква книга, документ или предмет дури

и ако ревизорот е на мислење дека таа книга, документ или предмет содржи доверливи

информации за субјектот на ревизија,

- презема активности согласно со насоките дадени од Советот кои се

неопходни и соодветни за промовирање на високите професионални стандарди меѓу

друштвата за ревизија и овластените ревизори и за подобрување на квалитетот на

ревизорските услуги што тие ги нудат,

- донесува годишна програма и годишен извештај за својата работа по добиена

претходна согласност од Советот. Одобрениот годишен извештај се објавува на

веб страницата на Институтот,

- издава билтен и ги ажурира информациите објавени на веб страницата на

Институтот и

Page 8: Ревизија-во-РМ

- врши други работи согласно со законот за ревизија.

Овластените ревизори, друштвата за ревизија и овластените ревизори - трговци

поединци, подлежат на систем за контрола на квалитетот заради усогласеност на

работењето на ревизорите со процедурите за вршење на ревизија пропишани со

Меѓународните стандарди за ревизија, Кодексот на етика за професионалните

сметководители на IFAC и националното право. Системот за контрола на квалитетот

треба да ги исполнува следниве критериуми: да е независен од овластените ревизори,

друштвата за ревизија и овластените ревизори - трговци поединци кои се предмет на

контрола на квалитетот, да подлежи на надзор од страна на Советот, да има обезбедено

начин на финансирање и да е ослободен од какво било неповолно влијание од

овластените ревизори, друштвата за ревизија и овластените ревизори - трговци

поединци и да е овластен ревизор кој е независен од ревизорите кои се предмет на

контрола.

Лицата одговорни за контрола на квалитетот во рамките на контролата на

квалитетот вршат проверка на документацијата и ја оценуваат усогласеноста на

извршената ревизија со пропишаните Меѓународни стандарди за ревизија, барањата за

независност, износот на ревизорскиот надоместок и интерниот систем за управување

со квалитетот на друштво за ревизија.

Лицето одговорно за контрола на квалитетот доставува извештај за извршената

контрола на квалитетот до Комисијата за контрола на квалитетот во Институтот и

Советот. Во извештајот за извршената контрола на квалитетот ги наведува сите

идентификувани недостатоци и препораки за начинот и крајниот рок за нивно

отстранување.

4.Лиценца за работа на друштва за ревизија и уверение за овластен ревизор

Законски или договорни ревизии во Република Македонија може да врши само

ревизор кој поседува лиценца за овластен ревизор и е член на Институтот. Лиценца за

овластен ревизор му се издава на лице кое стекнало уверение за ревизор и има

најмалку три години искуство на работи на ревизија од кои две години под надзор на

овластен ревизор. Лице кое нема статус на овластен ревизор и кое не е член на

Институтот не може да врши ревизија во Република Македонија, или да се претставува

Page 9: Ревизија-во-РМ

како овластен ревизор или да користи каква било ознака или опис кои ќе создадат

впечаток дека лицето е овластен ревизор.

Ревизија врши друштво за ревизија основано како трговско друштво и овластен

ревизор основан како трговец поединец под услови и на начин утврден со Законот за

ревизија и Законот за трговските друштва, доколку има лиценца за работа за вршење

на работи на ревизија.

Лиценца за работа за вршење на работи на ревизија на друштвото за ревизија му

се издава ако ги исполнува следниве услови: има вработено најмалку двајца овластени

ревизори на неопределено работно време; мнозинството со право на глас во друштвото

за ревизија се во сопственост на овластени ревизори и да има полиса за осигурување од

општа одговорност во износ утврден од страна на Институтот.

Лиценца за работа за вршење на работи на ревизија на овластен ревизор -

трговец поединец му се издава под услов да поседува лиценца за овластен ревизор.

Овластен ревизор може да основа само едно друштво за ревизија. На предлог на

Институтот, Советот има право да ја одземе лиценцата за вршење работи на ревизија, и

тоа: поради повреда на законот за ревизија, Кодексот на етика за професионални

сметководители и Меѓународните сметководствени стандарди, друштвото за ревизија,

односно овластениот ревизор - трговец поединец не се осигури од одговорност за

штета која може да биде предизвикана при вршење на ревизијата, во износ утврден од

Институтот и доколку бројот на овластени ревизори се намали под бројот пропишан со

законот за ревизија, а друштвото за ревизија во рок од шест месеци од настанатата

промена, бројот на овластени ревизори нe го надополни до бројот пропишан со

законот.

Лиценцата за работа за вршење на работи на ревизијата и лиценцата за овластен

ревизор се издаваат на неопределено време.

Лицето пак кое сака да стане ревизор поднесува писмено барање до Институтот

за полагање на испит за стекнување на звање ревизор. За полагање на испитот за

стекнување на звањето ревизор лицето треба да ги исполнува следниве услови: да има

високо образование од областа на економските, правните науки, или друго соодветно

образование; да го познава македонскиот јазик; да не е осудуван со правосилна судска

пресуда во врска со работењето и да не му е изречена мерка забрана за вршење на

професија, дејност или должност. Испитот за стекнување на звањето ревизор се полага

пред испитна комисија формирана од Институтот, која го утврдува начинот на

спроведување на испитот. Испитната комисија се состои од четири члена кои се

Page 10: Ревизија-во-РМ

овластени ревизори и претседател на комисијата кој е претставник од Советот. На

лицата кои го положиле испитот Институтот им издава уверение за ревизор.

За ревизорите е карактеристично што мораат да следат континуирано

професионално усовршување. Овластениот ревизор е должен да посетува обука од

најмалку 120 часа за период од три години, односно да посетува обука од најмалку 30

часа годишно во рамките на континуирано професионално усовршување заради

надградување на знаењето во областа на сметководството и ревизијата. Обуката може

да биде организирана од Институтот или од друга акредитирана релевантна

институција во странство. На овластениот ревизор кој нема да ги посетува обуките или

нема да обезбеди доказ за завршени обуки Советот му ја одзема лиценцата за овластен

ревизор, по предлог на Институтот.

Институтот води регистар на ревизори, регистар на овластени ревизори и

регистар на друштва за ревизија и овластени ревизори - трговци поединци. Регистарот

ги содржи главно следниве податоци: име и презиме, адреса и регистарски број на

ревизорот; статусот кој го има ревизорот во друштвото за ревизија; називот и

седиштето на друштвото за ревизија во кое е вработен овластениот ревизор; датум на

издавање на лиценцата за ревизор и изречени дисциплински мерки.

Институтот податоците од регистарот на друштвата за ревизија ги става на

располагање на јавноста на веб страницата на Институтот и во билтенот на

Институтот.

5.Конфликт на интереси и повреда или нарушување на независноста

Овластениот ревизор е независен и самостоен во вршењето на работата на

ревизијата во рамките на овластувањата утврдени со закон, а во согласност со

Меѓународните стандарди за ревизија на IFAC и Кодексот на етика за

професионалните сметководители на IFAC.

Друштвото за ревизија кое е назначено за законски ревизор на субјектот на

ревизија има обврска да изврши ревизија со професионален интегритет и независност

инаку ревизијата би била неважечка.

Ревизија не може да врши:

- друштво за ревизија кое е акционер, вложувач на средства или основач на

субјектот кај кој се врши ревизијата;

Page 11: Ревизија-во-РМ

- друштво за ревизија, кај правно лице кое е акционер, вложувач на средства

или основач на тоа друштво за ревизија;

- друштво за ревизија чиј основач истовремено е и основач на субјектот кај кој

се врши ревизија;

- овластен ревизор и/или друштво за ревизија кој/кое поседува 3% или повеќе

од акционерската или сопственичката главнина на субјектот кај кој се врши ревизија;

- овластен ревизор кој во субјектот кај кој се врши ревизијата и во годината чии

финансиски извештаи се предмет на ревизија, бил законски застапник, член на

Управниот, односно Надзорниот одбор на тој субјект или учествувал во водењето на

неговите деловни книги и изготвувањето на финансиските и даночните извештаи;

- овластен ревизор кој е во брачна врска, директно сродство или индиректно

сродство до второ колено, или е поврзан со посвојување, старателство или туторство

со овластениот застапник, членот на Управниот и Надзорниот одбор на субјектот кај

кој се врши ревизијата;

- овластен ревизор кој е партнер, вработен или службеник на субјектот кај кој се

врши ревизијата;

- овластениот ревизор или друштво за ревизија кое има директна или

индиректна деловна врска или финансиски интерес кај субјектот кај кој се врши

ревизијата или кој било од неговите службеници, членови на управата или акционери и

- друштво за ревизија кое прифаќа процена за цели на финансиско известување

од поврзана страна.

Овластениот ревизор или друштвото за ревизија додека врши ревизија кај

субјектот, во исто време не смее да му ги обезбедува следниве услуги:

1) сметководствени или други услуги поврзани со сметководствената

евиденција, годишните сметки или годишните консолидирани сметки на субјектот кај

кој се врши ревизија;

2) изготвување и имплементација на финансиски информациски системи;

3) услуги на внатрешна ревизија како надворешен изведувач;

4) учество во економски интерес, директно или индиректно, во субјект или

каков било поврзан субјект за кој тој бил ангажиран да врши надворешна ревизија;

5) процена за цели на финансиско известување и

6) други активности пропишани со актите на Институтот.

Page 12: Ревизија-во-РМ

6.Државен завод за ревизија во Република Македонија

Државниот завод за ревизија (ДЗР) како Врховна ревизорска институција е

основан со акт на Собранието на Република Македонија и со Законот за државна

ревизија (донесен 1997 година), односно со неговите дополнувања (2003 и 2004

година). Според Законот за државна ревизија, Државниот завод за ревизија е

ревизорска институција.

Значи за практикување на фискалната (државната) ревизија во нашата држава е

моделирана посебна институција која е наречена Државен завод за ревизија.

Функционирањето на Државниот завод за ревизија на Р. Македонија практично

започнува на почетокот на 1999 година со 9 вработени коишто пак вработени биле

земени од Дирекцијата за економско-финансиска ревизија во институцијата што тогаш

постоела и се нарекувала Завод за платен промет.

Хронологијата на ревизорската проблематика датира од периодот по

завршувањето на Втората светска војна. Податоците покажуваат дека првите

ревизорски институции што почнале да се занимаваат со државната ревизија се

формирани во 1945 година. Во понатамошниот период тие институции еволуираат и

претрпуваат повеќе видови на реформи се до формирањето на Државниот завод за

ревизија кој има третман на Врховна ревизорска институција. 

Главен државен ревизор и овластени државни ревизори

Со ДЗР раководи Главниот државен ревизор . Мандатот на главниот државен

ревизор е 10 години кого го избира Собранието на Р. Македонија. Тој има и свој

заменик кој го избира исто така Собранието на Р. Македонија и неговиот мандат е 10

години. Собранието на Р. Македонија има функција да го избира и да го разрешува

како главниот државен ревизор така и неговиот заменик.

Собранието ги разрешува во следните случаи:

-ако тие самите го бараат тоа;

-доколку ги исполнуваат условите за старосна пензија;

-ако се осудени за кривично дело на безусловна казна затвор најмалку шест месеци;

-поради потешка дисциплинска повреда што ги прави неподобни за вршење на својата

професија.

Page 13: Ревизија-во-РМ

Главниот државен ревизор и неговиот заменик не смеат да вршат јавна

функција ниту да бидат членови на некоја политичка партија, потоа не смеат да бидат

исто така членови на управен одбор,надзорен одбор итн.

Главниот државен ревизор именува овластени државни ревизори кои раководат

со посебни сектори од ДЗР. Фискалната државна ревизија во ДЗР ја спроведуваат по

налог на Главниот државен ревизор Овластените државни ревизори коишто се во

редовен работен однос во ДЗР.

Овластениот државен ревизор исто како и главниот државен ревизор не смее да

биде член на управен, надзорен одбор, политичка партија или кој бил друг орган кај

други субјекти. Тоа е лице коешто поседува уверение за овластен државен ревизор и

исполнува услови кои се со закон пропишани.

Ова лице во спроведување на постапката на фискалната ревизија има

неограничен пристап во службените простории и имотот како и право на увид во

деловните книги, обрасците и целата документација, и има право да бара објаснување

од претставниците кај кој се врши фискалната ревизија за сите значајни прашања кои

им се потребни за спроведување на ревизијата. Сите податоци до кој ќе дојде имаат

карактер на деловна тајна и овластениот државен ревизор не смее да ги соопштува

неовластено на други лица.

Овластениот државен ревизор не смее да врши ревизија доколку:

- е акционер или вложувач н а некој капитал кај субјектот кај кој се врши ревизијата;

- претходно бил во редовен работен однос кај субјектот најмалку 5 години пред

вршењето на фискалната ревизија;

- учествувал во водењето деловни книги кај субјектот на фискална ревизија.

Овластениот државен ревизор мора да ги исполнува следниве услови:

1. да е државјанин на Р.Македонија

2. да има високо образование 7-1 степен дипломиран економист или правник

3. да има положено испит за Овластен Државен ревизор

4. да има стекнато уверение за Овластен Државен ревизор

5. да не е осудуван за кривични дела

По извршената фискална ревизија Овластениот Државен ревизор составува

ревизорски извештај кој го доставува до субјектот на ревизијата. Субјектот на

ревизијата е должен во рок од 15 дена да состави забелешки доколку ги има по овој

извештај. По овој рок ревизорот го составува конечниот извештај а против овој

субјектот може да поднесе приговор во рок од 30 дена.

Page 14: Ревизија-во-РМ

Организација на ДЗР на РМ

Организацијата на ДЗР опфаќа организациски целини, конституирани како

сектори. Секторите за финансиска ревизија кои се организирани и разграничени според

содржината на дејностите и функциите на институциите како што се секторот за

ревизија на успешноста и секторите за поддршка, се носечки дел во организацијата на

ДЗР.

Како што кажавме веќе на чело на ДЗР стои главен државен ревизор којшто има

свој заменик. Главниот државен ревизор има свои советници. Тој е поделен на неколку

сектори и тоа:

Сектор А:

Ревизија на буџетот на Р.М, органи формирани со Уставот на Р. М,

министерство за финансии, и органите во состав, народна банка на РМ, политички

партии, други корисници на средства од буџетот, корисници на средства од ЕУ, и

други меѓународни институции.

Сектор Б:

Ревизија на државните органи, единките корисници на буџетот на РМ и другите

корисници на средства од буџетот на РМ ( Централен Буџет ).

Сектор В:

Ревизија на фондовите и корисниците на средства на фондовите(Буџет на

фондовите), судскиот буџет и корисниците на средства од судскиот буџет.

Сектор Г:

Ревизија на јавните претпријатија, институции кои се основани со закон,

претпријатијата во кој државата е доминантен акционер и други институции

финансирани од јавни средства.

Сектор Д:

Ревизија на државниот орган надлежен за следење на развојот на ЕЛС, буџетите

и корисниците на средства од буџетите на ЕЛС.

Други сектори коишто се во склоп на ДЗР се следните: Сектор за ревизија на

успешност и Сектор за развој, стратешко и планирање и меѓународна соработка, како и

одделенијата:Одделение за развој,стратешко планирање и стручно усовршување,

Одделение за планирање,анализи и извештаи, Одделение за меѓународна соработка и

соработка со ВРИ, Одделение за внатрешна ревизија, Одделение за информатичка

Page 15: Ревизија-во-РМ

технологија и ревизија, Одделение за правни работи и човечки ресурси и Одделение за

финансиски и сметководствени работи.

Исто така во ДЗР постои и ревизорско тело за претпристапни фондови на ЕУ во

РМ, единица за поддршка на ревизијата како и следните сектори:

Сектор – компонента 1 – институционална надградба

Сектор – компонента 2 – прекугранична соработка

Сектор – компонента 3 – регионален развој

Сектор – компонента 4 – развој на човечки ресурси

Сектор – компонента 5 – рурален развој

ДЗР не е територијално дисперзиран туку работи како една интегрална целина

чиешто седиште се наоѓа во Скопје.

Во ДЗР согласно „Правилникот за систематизација на работните места во ДЗР “

и според „Правилникот за внатрешна организација и работа на ДЗР “ се вработени 93

луѓе и тие се распределени според следнава структура и звања: 1 главен државен

ревизор, 1 заменик главен државен ревизор, 7 помошник на главниот државен ревизор,

3 советник на главниот државен ревизор, 3 раководител на одделение, 7 самостоен

ревизор, 20 виш ревизор, 12 ревизор, 20 помлад ревизор, 1 внатрешен ревизор, 3

самостоен соработник за ревизија, 1 виш соработник за ревизија, 2 соработник за

ревизија, 1 самостоен соработник, 3 виш соработник, 2 соработник, 2 помлад

соработник и 4 референти.

ДЗР како врховна ревизорска институција

Според Законот ДЗР како врховна ревизорска институција за надворешна

фискална ( државна ) ревизија е независен од извршната власт и за својата целокупна

работа одговара пред Собранието на Република Македонија. Главниот државен

ревизор е избран од Собранието на Република Македонија со мандат од 10 години. Во

практична примена Законот за државна ревизија со своите овластувања му обезбедува

на ДЗР независност и самостојност во извршувањето на определени активности.

Независноста и самостојноста на ДЗР подразбираат исклучување на секакви

влијанија на извршната власт во програмирањето, планирањето и водењето на

ревизиите се со цел да се зачува неутралниот пристап кон ревизорските одговорности.

Page 16: Ревизија-во-РМ

Преку своето дејствување ДЗР треба да обезбеди надзор и контрола меѓутоа и

да ја поддржува како и унапредува јавната одговорност на правните лица и единките

кои управуваат со јавните средства.

За да може ДЗР да ги извршува своите функции независно од извршната власт

од особено значење е неговите овластувања и статус да бидат разбрани и прифатени од

општеството.

Државниот завод за ревизија на Република Македонија врши:

-ревизија на законитоста и одговорноста во употребата на буџетите донесени од

Собранието на Република Македонија и надлежните органи на другите субјекти;

-ревизија на квалитетот на употребата на буџетските средства од аспект на

економичноста,ефикасноста и ефективноста односно ревизија на успешноста;

-врз основа на резултатите од ревизијата предлага мерки и препораки за

отстранување на неправилностите и неусогласеноста на некои законски решенија со

цел да се подобри управувањето и употребата на јавните средства.

ДЗР е самостојна и независна институција што работи врз основа на однапред

утврдена годишна програма и применува методологија која е во согласност со

меѓународните ревизорски стандарди.

Стратегија за развој на Државниот завод за ревизија

ДЗР е врховна ревизорска институција во РМ која има за цел навремено и

објективно да го информира Собранието, Владата, другите носители на јавни функции

и јавноста за ревизорските наоди од спроведените ревизии.

ДЗР обезбедува поддршка на Собранието на РМ во исполнувањето на неговите

надлежности преку идентификација и презентација на неправилностите, случаите на

противзаконско работење и можни случаи на корупција и злоупотреба на функцијата.

Преку јасните и ефективни програми ДЗР обезбедува поддршка на државните

институции и корисници на државните средства за унапредување на управувањето на

истите. На тој начин придонесува за подобрување на животот на граѓаните на РМ.

За успешно исполнување на целта на ДЗР, водење на грижа за јавните средства

и да придонесува за унапредување на управувањето со истите, визијата на ДЗР е дека

треба континуирано да обезбедуваме квалитет во работењето со што би го задржале

епитетот на независен и професионален партнер со висок интегритет којшто

истовремено е носител на напредокот во управувањето со државни средства,

отчетноста и транспарентноста во користењето на истите.

Page 17: Ревизија-во-РМ

Основни принципи во работењето на ДЗР

Независност - Стремеж за обезбедување функционална и организациска

независност од законодавната власт и обезбедување доволно средства како услов за

ефикасно остварување на овластувањата на ДЗР.

Објективност - Стремеж ревизорите да бидат објективни при практикувањето

на работите на државната ревизија, интелектуално чесни и ослободени од

неусогласеност на интересите и давање мислења засновани исклучиво на докази кои се

обезбедени и оформени согласно ревизорските стандарди на ИНТОСАИ

Компетентност - Стремеж за поседување знаење, искуства, објективност и

авторитет при изразување на ревизорското мислење,препораки и заклучоци од страна

на ревизорите посветувајќи големо внимание на ревизорските стандарди на

ИНТОСАИ.

Професионалност - Стремеж за континуирано следење на новините од областа

на работите на државната ревизија,надградба и унапредување на умешноста и

вештините на ревизорите како и применување на најнови и врвни ревизорски техники

и помагала.

Тимска работа - Стремеж за континуирано практикување на колегијална,

конструктивна и креативна соработка на ревизорите со доследно почитување на

поединецот, совесност и професионалност, јакнење на чувството на одговорност како

услов за остварување на визијата, мисијата и стратешките цели на ДЗР.

Транспарентност - Стремеж за континуирано обезбедување транспарентност

во работењето и презентирањето на резултатите пред Собранието на РМ и другите

надлежни институции и јавноста.

Функционирање на ДЗР

ДЗР е формиран со Законот за државната ревизија кој е донесен во 1997 година,

како врховна ревизорска институција во Република Македонија и е една од најважните

институции во системот на финансиската контрола на јавниот сектор во РМ.

Законот за државна ревизија е донесен врз основа на принципите на

Декларацијата од Лима и по својата содржина овозможува ревизија на субјекти од

јавниот сектор, утврдува независност на ДЗР во планирањето, извршување и

известувањето за ревизијата и независност на ДЗР во поглед на организација на

работите и задачите. Законот обезбедува транспарентност во работењето со објавување

на годишниот извештај и конечните ревизорски извештаи на ВЕБ страницата на ДЗР.

Page 18: Ревизија-во-РМ

ДЗР работи согласно меѓународните ревизорски стандарди кои се усвоени за

примена во Република Македонија. Согласно овие стандарди и одредби на Законот за

државна ревизија, ДЗР врши финансиска ревизија и ревизија на успешност. Тој врши

ревизија на финансиските извештаи со цел изразување на мислење дали финансиските

извештаи вистинито и објективно ја искажуваат финансиската положба и резултатот од

финансиските активности во согласност со прифатените сметководствени стандарди.

Исто така државната ревизија опфаќа и постапка на наменско и законско

користење на средствата во финансиските трансакции кои претставуваат државни

расходи како и давање на оцена за користењето на средствата од аспект на

постигнатата економичност, ефикасност и ефективност.

ДЗР треба да обезбедува континуирана обука за своите вработени за ефикасно

извршување на работните задачи и стекнување на пракса за имплементација на

меѓународните ревизорски стандарди, други стандарди и регулативи, како и за

најновите достигнувања во ревизорската практика согласно европските стандарди и

критериуми.

Меѓународна соработка

ДЗР е член на Меѓународната организација на врховните ревизорски

институции (ИНТОСАИ) од 2001 и на Европската организација на врховните

ревизорски институции (ЕУРОСАИ) ОД 2002 година.

Од 2005 година ДЗР е член и на работната група за животна средина и на

работната група за информатичка на ЕУРОСАИ.

Од 2005 година ДЗР е активен член на мрежата на ВРИ на земјите кандидати и

потенцијални кандидати за прием во Европската унија и Европскиот суд на ревизори

од Луксембург. ДЗР соработува со Европскиот суд на ревизори и по основ на

програмата за стажирање во Судот која им се нуди на помладите ревизори од ВРИ на

земјите кандидати за членство во Европската унија.

ДЗР одржува билатерална и мултилатерална соработка со други ВРИ,

меѓународни организации и институции со цел размена на искуства и стекнување на

нови знаења од областа на ревизијата на јавниот сектор.

Во рамките на оваа соработка во фаза на имплементација се наоѓаат следните

проекти: во периодот од 2003-2005 година беше реализиран Проектот на Светската

банка за развој на ДЗР, во периодот од 2005-2008 година Холандскиот суд за ревизија

беше вклучен во твининг проект финансиран преку Холандската билатерална развојна

Page 19: Ревизија-во-РМ

поддршка. Размената на добрите пракси со Холандскиот суд за ревизија продолжува

понатаму во рамки на МАТРА Пред-пристапен проект, кој започна со имплементација

во почетокот на 2009 година и ќе трае до крајот на 2010 година со цел усвојување нови

знаења и унапредување на работата на ДЗР.

Исто така ДЗР остварува редовна соработка со СИГМА и Европската комисија

во рамките на годишните оценски мисии за функционирање на финансиската контрола

во Република Македонија.

7.Интерната ревизија во Република Македонија

Интерната ревизија како и вооШпто ревизијата во Република Македонија е

релативно нова работа која допрва треба да се развива. Со донесувањето на Законот за

ревизија е регулирано основањето на друШтва за ревизија како и предметот на работа

на ревизијата. Законот за трговски друШтва исто така регулира дека на задолжителна

ревизија подлежат годиШните сметки и извеШтаи на акционерските трговски друШтва

кои се класифицирани како средни и големи како и некои трговски друШтва со

ограничена одговорност кои надминуваат определени

параметри за големина. Доколку се котираат на Македонската берза тогаШ на ревизија

подлежат сите друШтва.

МеЃутоа во овие закони не се третира праШањето на функцијата на интерната ревизија

нити на ревизорските комитети во рамките на поголемите друШтва. ВоопШто

принципите и праШањата на корпоративното управување во чиј контекст влегува и

праШањето за интерната ревизја и интерните контролни системи не се третираат. Исто

така, интерната ревизија не е развиена и на ниво на професионални организации во

Република Македонија. Во рамките на единствената професионална организација

Сојуз на сметководителите, финансистите и ревизори не постои под-секција или оддел

за интерна ревизија. Тоа е разбирливо со оглед на тоа Што оваа професија допрво

треба да се развива.

Единствена област каде Што интерната ревизија зазема посебно место е банкарската

област каде Што со Законот за банки е предвидено задолжително организирање на

служби за интерна ревизија и контрола. Новиот закон предвидува и формирање на

ревизорски комитети на ниво на банките Што е еден чекор понапред кон добрата

пракса на корпоративното управување. Воедно и новиот Закон за Народна банка

предвидува формирање на дирекција за за интерна ревизија која непосредно е

Page 20: Ревизија-во-РМ

одговорна пред највисоките органи на Банката. Со тоа всуШност започнува еден

процес на изградување на интерната ревизија како професионална дејност и како

составен дел на еден здрав контролен систем во кој интерната ревизија Ќе биде во

функција на уверување на менаџментот во однос на ефективноста на интерните

контроли, управувањето со ризиците и доброто управување. Со тоа интерната ревизија

добива нова димензија и од интерна контрола прераснува во ревизија која главно има

превентивен и консултативен карактер, отколку контролен карактер на откривање на

греШки.

Потреба за поШироко воведување на интерната ревизија

Воведувањето и унапредувањето на интерната ревизја како посебна професија и

функција во организациите претставува една опШтествена потреба и е од интерес на

државата да има организации кои Ќе функционираат во насока на ефикасно

остварување на своите цели, Што во крајна линија е за доброто на сите граЃани.

Македонските компании неминивно се упатени на делување на поШироки пазари од

домаШниот. Тоа е така зоШто со ориентираност само на малиот домаШен пазар не

може ефикасно и економично да се опстане на долг рок во услови на либерализација на

надвореШната трговија и зголемена конкуренција. За да можат компаниите да делуваат

во услови на меЃународно опкружување мора да ги прифаЌаат стандардите на

организирање и работење прифатени во светот како најдобри за ефективно и ефикасно

остварување на целите. Интерната ревизија е таа која ги испитува, прегледува и

оценува интерните контролни системи во организацијата, ги споредува со

меЃународните стандарди и му укажува на менаџментот дали тие се соодветни за

остварување на стратеШките цели. Спрема тоа интерната ревизија е основа за добар

менаџмент во организацијата без оглед дали се работи за организација која е профитно

ориентирана или не. Доколку организацијата работи во поШирока глобална средина

дотолку повеќе и е потребна интерна ревизија за да може да се справува со

најразличните ризици кои се јавуваат во такво опкружување. Интерната ревизија е таа

која во прв ред ги има ризиците во предвид и му помага на менаџментот во справување

со нив. Ефикасната интерната ревизија прва ги согледува слабостите во организацијата

и таа прва треба да сигнализира на високото раководство Што треба да се менува.

Интерната ревизија е катализатор за брзо менување и прилагодување во

организацијата. Таа ги испитува сите функции во организацијата, нивната

Page 21: Ревизија-во-РМ

координираност и насоченост кон остварување на крајните цели. Оттука државата со

своите одлуки и регулатива може да влијае за промовирањето на интерната ревизија

на едно Широко ниво на сите организации.

Втора заинтерерсирана институција која со своите одлуки и пракса може да влијае за

промоцијата на интерната ревизија е Македонската берза на долгорочни хартии од

вредност. Таа е заинтересирана инвеститорите во акции на компаниите кои се

котираат на берзата да бидат сигурни дека инвестираат во добри компании и дека

нивните средства нема да бидат изгубени. А за да бидат сигурни во тоа професијата на

интерни ревизори како објективна и независна функција во компаниите им дава

разумно уверување дека е тоа така. Исто така, доколку домаШните компании сакаат да

се котираат и на странските берзи системот на интерната ревизија и организација која

неминовно има ревизорски комитет е услов без кој не се може. Како Што беШе погоре

спомнато интерната ревизија е меЃународно прифатен стандард на најдобра пракса и

еден од принципите на доброто корпоративно управување на глобално ниво.

И третата и најважна категорија која треба да е најзаинтересирана за воведување на

интерната ревизија е менаџментот на организацијата. ЗоШто е тоа така веЌе е

изнесено погоре во делот на современите барања од функцијата на интерната ревизија.

За менаџментот всуШност и е наменета интерната ревизија, за да му помогне во

управувачкиот процес и да му даде разумно уверување дека целите на организацијата

Ќе бидат остварени врз основа на имплементираните интерни контролни системи или

пак Ќе му укаже дека постојат соодветни ризици кои не се адекватно третирани.

Но за да може да се има модерна, ефективна и ефикасна интерна ревизија потребна е

соодветна организација на интерната ревизија. На светско ниво тоа е Институтот за

интерна ревизија како професионална организација на интерните ревизори. На ниво на

Република Македонија сеуШте не постои таква организација или институција која Ќе

ги обединува и насочува интерните ревизори. Определени активности беа иницирани

за формирање на асоцијација на интерните ревизори, како самостојна организација или

во рамките на постојниот Сојуз, која би била во функција на унапредување на

професијата на интерни ревизори. Воедно, таа би организирала и соодветна едукација,

самостојно или во рамките на постојните програми на Институтот за интерна ревизија

од САД, со Што интерните ревизори би се здобиле со содветно образовение и

цертификат за квалитетно изврШување на нивната работа.

Page 22: Ревизија-во-РМ

Заклучоци за интерната ревизија во Република Македонија

Искуствата од работењето на интерната ревизија укажуваат на тоа дека таа има

значајна, ако не и круцијална улога особено во современи услови на функционирње на

организациите кои се карактеризираат со брзи промени.

Придонесува за унапредување на менаџерскиот процес на планирање, организирање,

управување и контролирање. Таа е значајна не само за големите организации туку и за

малите организации.

Интерната ревизија придонесува за фокусирање кон целите на постоењето на

организацијата со истовремено развивање на свесноста кај менаџерите за постоење на

ризици при остварување на тие цели. Преземањето на преголеми ризици без да се

размислува за последиците или пак неинсталирање на соодветен интерен контролен

систем кои би ги намалиле на прифатливо ниво тие ризици, често пати води кон

сломови со катастрофални последици.

Интерната ревизија е интегрален дел на еден здрав контролен систем и најдобра

пракса усвоена во светот на корпоративното управување. Природната склоност на

менаџерите за поголем профит ја условува неопходноста за надгледување на нивната

работа од страна на бордот на директори како претставници на акционерите и на сите

засегнати страни. Со тоа се потенцира и значењето на интерната ревизија и

ревизорските комитети како превентивна функција која дава уверување за

ефективноста на контролните системи.

Интерната ревизија има и консултативен карактер со тоа Што му дава

уверување на менаџментот дека новите развојни проекти и процеси се дизајнирани

за остварување на целите со сведување на ризиците на прифатливо ниво. Интерната

ревизија тоа го постигнува со тоа Што учествува во работата на проектните тимови и

уШте на почетокот ги дава своите сугестии за подобрување на интерните контролни

системи во процесите кои доминантно стануваат автоматизирани.

Интерната ревизија во Република Македонија е на самите почетоци од својот

развој. Со оглед на нејзиното значење неопходно е нејзино организирање преку

професионалните организации и едукација на интерните ревизори во насока на

современите барања на оваа професија. Засега интерната ревизија е законски

задолжителна само во банкарските организации додека во корпоративниот сектор

треба да се институционализира преку соодветни законски и други стандарди за

работа, како и од аспект на принципите на доброто корпоративно управување.

Page 23: Ревизија-во-РМ

Користена литература:

Државен завод за ревизија (http://www.dzr.gov.mk/)

Фискална ревизија - Проф. Д-р Пеце Николовски

Дирекција за интерна ревизија, НБРМ

Закон за ревизија, Службен весник на РМ, бр. 158 од 9.12.2010 година

Институт на овластени ревизори на Република Македонија,

(http://www.iorrm.org.mk)