37
УНИВЕРЗИТЕТ “ Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ЕКОНОМСКИ ИНСТИТУТ - СКОПЈЕ ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ ОД ОБЛАСТА НА ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ seminarska rabota od predmetot Управување со обртни средства и нивните извори тема: Девизниот пазар во Република Македонија како извор на финансирање на тековните средства Студент : Драган Дурлевиќ Надица Тодорова Досие број:978 и 996 Наставници 1

девизен пазар во рм како извор на финансирање на тековните средтсва.do

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: девизен пазар во рм како извор на финансирање на тековните средтсва.do

УНИВЕРЗИТЕТ “ Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ЕКОНОМСКИ ИНСТИТУТ - СКОПЈЕ

ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ ОД ОБЛАСТА НА

ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ

seminarska rabota od predmetot Управување со обртни средства и

нивните извори

тема: Девизниот пазар во Република Македонија како извор на

финансирање на тековните средства

Студент : Драган Дурлевиќ

Надица Тодорова Досие број:978 и 996

Наставници

Проф. Д-р Татјана Петковска-Мирчевска Доц. Д-р Неда Петроска-Ангеловска

Скопје, април 2011 година

1

Page 2: девизен пазар во рм како извор на финансирање на тековните средтсва.do

Девизниот пазар во Република Македонија како извор на финансирање на тековните средства

Содржина:

Вовед_______________________________________________________________________3стр

1.Девизен пазар_______________________________________________________________4 стр

2.Девизен курс и Формирање на девизниот курс___________________________________6 стр.

3.1 Видови девизни курсеви__________________________________________________10 стр

3.2 Предности и слабости на фиксните и флуктуирачките девизни курсеви_____________16 стр

3.3 Предности кај националната валута во режимот на фиксните и флуктуирачките девизни курсеви_______________________________________________________________________17 стр

4. Девизен пазар во Република Македонија и курсот на денарот во Република Македонија___________________________________________________________________20 стр

4.1.Политика на девизниот курс и на девизните резерви_______________________21стр.

4.2. Менувачки пазар и девизи на граѓаните_________________________________21 стр.

4.3. Девизните резерви и платниот промет со странство_______________________22 стр.

Заклучок_____________________________________________________________________23 стр.

Summary_____________________________________________________________________24 стр.

Користена литература__________________________________________________________25стр.

2

Page 3: девизен пазар во рм како извор на финансирање на тековните средтсва.do

Вовед

Цел и предмет на истражување на овој труд е Девизниот пазар во Република

Македонија како извор на финансирање на тековните средства. Девизниот систем на

секоја држава, па и на Р.М. е непосредно поврзан со надворешно трговскиот систем. Тие

заедно прават една целина. Имено, во врска со увозот и извозот на стока настанува платен

промет, односно плаќања и наплатувања. Токму тие правила за вршење на платниот

промет со странство се и најбитниот елемент на девизниот систем. Имајќи го предвид ова,

девизниот систем може да се дефинира како збир на правни прописи и мерки со кои

државата го регулира платниот промет со странство, стекнувањето и располагањето со

странски средства за плаќање и начинот на купување и продажба на странски платежни

средства. Покрај тоа, како посебен комплекс на регулатива, девизниот систем ги опфаќа

прописите и мерките во врска со одржувањето на девизниот курс, одржувањето на

рамнотежата на платниот биланс, девизниот пазар, девизните резерви и прометот со

благородни метали.

Исто така многу често се мешаат поимите на изразите валута и девиза. Под валута

се подразбира секое странско платежно средство. Девизата е основната категорија

поврзана со функционирањето на девизниот систем. Во потесна смисла девизи се само

кракторочните побарувања од други земји кои ги опфаќаат побарувањата по основ на

чекови, меници и други харитии од вредност кои гласат на странски валути. Во

поширокото значење, кое практично е и прифатено во нашата девизна регулатива, но и во

секојдневниот живот, под девизи, покрај кратокорочните побарувања од странство, се

опфаќаат и ефективните странски пари, освен кованите пари.1

Методолошки приоди при изработка на овој труд е методот на синтеза и методот на

анализа.

1 Кандикјан, проф.др. Владимир, Гроздановски проф.др. Томислав, (2002) Макроекономика издадена од

Просветно дело Скопје стр.97-112;

3

Page 4: девизен пазар во рм како извор на финансирање на тековните средтсва.do

1.Девизен пазар

Девизниот пазар го опфаќа купувањето и продавањето на девизи за домашната

валута или за други девизи помеѓу банките, потоа помеѓу банките и други лица на една

земја, како и помеѓу банките на разни земји. Понудата и побарувачката на девизи по

правило не е концентрирано на едно место туку по писмен пат или со телекомуникациски

средства помеѓу банките, девизните побарувачи и девизните трговци.

Купувањето и продавањето на девизи се врши на девизниот пазар,а на ефективни

странски пари, на чековите и кредитните писма во менувачници под услови утврдени по

закон. Пропорциите на извозот на стоки и услуги, финансиските и другите економски

трансакции мегу домашните и странските лица се утврдуваат со проекцијата на платниот

биланс на Република Македонија.Со тоа девизниот пазар не смее да се свати како берза во

права смисла на зборот, туку како механизам со помош на кој купувачите и продавачите

на девизи секогаш контактираат.

Само во некои земји постојат и постојани дневни врски на девизни посредници на

поедини девизни берзи. Така во Германија постојат неколку девизни берзи, меѓу кои таа

во Франкфурт завзема посебно место, бидејќи со неа се во врска сите берзи и ја утврдува и

објавува минималниот и максималниот дневен курс за валутите кои на нејзи котираат.

Покрај тоа на таа берза секогаш е присутен најмалку еден претставник на Бундес банката,

кој во случај на потреба би можел да интервенира.2

Од друга страна, на пример во Њујорк, девизниот пазар го сочинуваат и

комерцијални банки од кои над 20 ги одржуваат прекуморските девезни депозити,

нивните клиенти, девизните трговци и странски банки, девизните коресподенти на

американските комерцијални банки. Така комерцијалните банки делуваат во некоја рака

како место каде се пресметуваат понудата и побарувачката и меѓусебно се пребиваат.

Поради редовното појавување на вишокот и недостигот кај поединечни банки, помеѓу нив

се развива многу жив девизен пазар.

2 Кандикјан, проф.др. Владимир, Гроздановски проф.др. Томислав, (2002) Макроекономика4

Page 5: девизен пазар во рм како извор на финансирање на тековните средтсва.do

Доколку на крај останe некое салдо помеѓу вкупната понуда и вкупната

побарувачка, курсевите почнуваат да појавуваат тенденција на пораст или пад што ја става

во движење домашната и странската арбитража. Како последен фактор на стабилизирање

на курсот доаѓа интервенцијата на монетарната власт.

Како што може да видиме, Девизниот пазар е специјален вид на организиран пазар

на кој се врши купување и продажба на девизи, а на кој во купопродажбата учествуваат

Народната банка, овластените банки и други домашни лица. Курсот на денарот, како цена

на девизите, се формира според понудата и побарувачката на девизи, но и со интервенција

на Народната банка. Фирмите кои остваруваат девизи во странство, можат само во

определен временски рок, на пример, 90 дена, да ги чуваат девизите во странски банки

или на своите девизни сметки кај овластените банки. По тој рок тие се должни девизите да

ги понудат за продажба на девизниот пазар.

Народната банка не само што може да продава и купува девизи туку е овластена и

да го регулира начинот на прометот и организацијата на девизниот пазар и да го

определува курсот на денарот во однос на странските валути. Во случај на нарушувања на

девизниот пазар под влијание на нарушените интервалутните односи на странските

девизни пазари, Народната банка е овластена да го ограничи или забрани купувањето и

продавањето на девизи.

Општо кажано, Народната банка има голема улога на девизниот пазар, па затоа

може да се констатира дека девизиот пазар во Република Македонија, сепак, не е слободен

туку строго контролиран од Народната банка. На ова влијае состојбата на платниот

биланс, девизните резерви, фактот што девизниот курс е прифатен како основен двигател

на економската стабилизација, но и пред се, тоа што денарот се уште не е конвертибилен.

Во девизниот пазар спаѓа и девизната арбитража. За разлика од спекулацијата која

пресметува со временски промени курсеви на ист пазар и доваѓа во ризици, арбитражата

без ризично ја искористува едновременската разлика на курсевите на различни пазари, и

со тоа дава конечен импулс на израмнување на курсевите во светот и на тој начин во

5

Page 6: девизен пазар во рм како извор на финансирање на тековните средтсва.do

нормални прилики ги соединува сите национални девизни пазари во еден единствен

светски пазар со единствени директни и правилни вкрстени курсеви.

2.Девизен курс и Формирање на девизниот курс

Девизниот курс ја означува цената на странската валута во домашни пари. Доколку

формирањето на курсот се препушти на слободната игра на пазарните сили на понудата и

побарувачката , курсевите може неограничено да флуктуираат . Тогаш рамнотежата се

воспоставува на ниво на кое се израмнуваат цените во земјата и во странство.Ова

израмнување е воспоставување паритет на куповните сили и главна е функцијата на

девизниот курс. Монетарните власти можат со интервенција на девизниот пазар да ги

одржуваат осцилациите на курсот во одредени граници. Ако тоа се случи во релативно

ниски граници се работи за фиксни курсеви.

Автоматски фиксните курсеви се формираат помеѓу земјите со златни правила.

Бидејки курсните разлики во овој случај се одредени од односите на ковничките стапки,

курсевите можат од златниот паритет да одстапат само до износ на на трошоците

направени за носењето на златото од земја во земја , што значи во тие граници се

стабилни.

Помегу земјите со златни и земјите со сребрено важење на курсот варираат според

варирањето на цената на златото и среброто, а стабилни се во границите на трошоците за

носењето на племенитите метали од земјата во земјата, само ако постои трета земја со

биметалистичко важење, преку која златото и среброто може да се менуваат установена

законска релација. Курсевите обично се бележат во домашна валута и тоа за 100 странски

парични единици, со исклучок на фунтата и доларот која се бележи за цена од една

парична единица. Тоа е директно нотирање. 3

3 Гогоски проф.др. Ристо, (2003) Платен промет издадена во Охрид стр.275-299;

6

Page 7: девизен пазар во рм како извор на финансирање на тековните средтсва.do

Во Лондон е вообичаено индиректно нотирање по кое не се искажува колку фунти

стои некоја странска валута , туку колку странски валути може да се добијат за една

фунта. Пр.ако доларот во Лондон котира 2,80 тогаш тоа значи дека една фунта вреди

2,80 долари ( а не дека 1 долар вреди 2,80 фунти).

Во Њујорк , пак тој курс значи цена на фунтата во долари. Според тоа порасот на

курсот во Лондон значи апрецијација на домашната валута додека во останатите центри

значи пад на домашната валута.

Значи системот на економски односи со странство, како важен дел на стопанскиот

систем, треба да обезбеди услови за рационално вклучување на националното стопанство

во меѓународната размена (меѓународната поделба на трудот). Тоа, пред се, значи дека

инструментите на системот треба да овозможат објективна оценка на рентабилноста на

ангажирањето на производните фактори во пооделни видови на стопанска дејност и на таа

основа идентификација на секторите во кои најдобро се користат ресурсите. Цената по

која една национална валута се разменува со друга валута се нарекува девизен курс. Од

девизниот курс треба да се разликува девизниот (валутниот) паритет, кој претставува

званично утврдена вредност на националните пари искажани во некој пошироко прифатен

именител (деноминатор): злато, специјални права на влечење - SDR, некоја стабилна и

важна национална валута (долар, марка) и сл. Во нормални прилики девизниот курс се

движи околу девизниот паритет, како основа. Секоја меѓународна трансакција се состои

од две купувања: купување на редметот на меѓународна размена и купување на валута.

Тоа значи дека увозникот од земјата А ако увезува стока од земјата Б, тој не купува само

стока туку мора да купи и валута од земјата Б. Така доаѓаме до заклучокот дека во

меѓународната размена се формираат и цени на пооделните национални валути, а не само

цени на предметот на меѓународна размена.

Тоа можеме да го прикажеме преку следниве релации:

А) - за извозот:

Ei = Qi x pi x T

7

Page 8: девизен пазар во рм како извор на финансирање на тековните средтсва.do

односно, вредноста на извозот на определена стока е еднаква на производот на количината

на стоката, цената постигната на странскиот пазар во девизи и курсот на странската

валута.

Б) - за увоз:

Ui = Qi x pi x T (1 + ti)

односно вредноста на увозот на некоја стока е еднаква на производот на количината на таа

стока со нејзината цена на пазарот на набавка и курсот на девизата со која се плаќа,

зголемена за увозните давачки - (1 + ti).

Девизниот курс воспоставува врска меѓу нивото на цени во земјата и во странство.

Со помош на него странските цени се пресметуваат во национална валута и домашните

цени се искажуваат во девизи. Девизните курсеви се формираат на девизниот пазар под

влијание на побарувачката и понудата на девизи. Понудата и побарувачката за девизи ја

отсликуваат состојбата во платниот биланс. Дефицитот во платниот биланс значи дека

побарувачката за девизи е поголема од понудата. Суфицитот во платниот биланс значи

дека понудата за девизи е поголема од побарувачката.

Покрај ваквите, да ги наречеме објективни фактори, на девизниот курс влијаат и

многу други, да ги наречеме субјективни фактори. Влијанието на ваквите субјективни

фактори врез девизниот курс се спроведува преку автономна промена на побарувачката и

понудата за странска валута (девиза), и како такви фактори би биле:

1. Основниот тренд на пазарот,

2. Временското неусогласување на плаќањата за увоз и наплатата на извозот,

3. Преговарачката вештина на учесниците во надворешната трговија,

4. Пазарните очекувања во поглед на терминските курсеви,

5. Шпекулативното движење на капиталот, предизвикано од одредена политичка и

стопанска состојба,

6. Промената во условите на пазарот на пари и пазарот на капитал,8

Page 9: девизен пазар во рм како извор на финансирање на тековните средтсва.do

7. Фискалните и монетарните мерки што ги донесуваат владите во одделни земји

заради контрола на девизните курсеви и сл.

Формирањето на девизните курсеви, како и анализата на нивното движење,

односно предвидувањето, според тоа, е доста комплексна активност зашто мора да земе

предвид многу варијабли (фактори). Но со апстракција на повеќете фактори, можеме во

теоретските разгледувања, да земеме дека функцијата на понудата и побарувачката на

некоја валута, во нашиов случај доларот, е функција на неговата цена на девизниот пазар,

според понудата и побарувачката на таа валута. Треба да се надмине претпоставката дека

девизниот курс се одредува апсолутно слободно на девизниот пазар, само со понудата и

побарувачката бидејќи многу често се случува монетарните власти да не дозволуваат

слободно флуктирање на девизниот курс (ендогено) на својата валута туку курсот го

одредуваат егзогено. Со тоа се јавуваат три системи во формирањето на девизниот курс:

- Кога нема државни финансиски трансакции од страна на централната банка,

девизниот курс е одреден само со понудата и побарувачката за долари што

произлегуваат од тековниот и капиталниот биланс, тоа е флексибилниот

(флуктуирачки) девизен курс;

- Кога државните финансиски трансакции се користат за да се задржи девизниот

курс како одредена вредност, тоа е фиксниот девизен курс;

- меѓу овие два „чисти„ системи пости низа од можни меѓуслучаи - фиксен девизен

курс што се прилагодува (adjustable peg), контролиран флуктуирачки девизен курс

(managed float). Денес се актуелни токму овие изведени форми на девизниот курс.4

4 Гогоски проф.др. Ристо, (2003) Платен промет 9

Page 10: девизен пазар во рм како извор на финансирање на тековните средтсва.do

3.1 Видови девизни курсеви

Во зависност од начинот на кој се формира девизниот курс т.е. дали се определува

низ слободното дејствување на пазарните сили , односно на понудата и побарувачката за

валути , или пак го утврдува Владата разликуваме повеќе видови девизни режими, од кои

како позначајни се:

Флуктуирачки девизни курсеви,

Фиксни девизни курсеви ,

Раководење флексибилни девизни курсеви и

Приспособливи фиксни девизни курсеви

Реален девизен курс

Равнотежен девизен курс

При изборот на одреден систем на девизен курс државата решава дали нејзината

валута ќе ја врзе за екстерна вредност или ќе плива т.е. флуктуира. Ако ја врзе за одредена

вредност тоа може да биде: за залатото,за одделна валута или корпа на валути. Оваа

одлука не е едноставна .

Флуктуирачки девизни курсеви како што рековме се оние кои се формираат низ

слободната игра на пазарните сили, односно под дејство на понудата и побарувачката на

валути. Антипод на флуктуирачките девизни курсеви се фиксните девизни курсеви.Кај

фиксните девизни курсеви Владата го определува курсот и ги презема неопходните мерки,

односно интервенира на девизниот пазар за да го одржи на иницијално определеното

ниво.

Фиксниот девизен курс за време на златниот стандард (1717-1914, 1933) се

одредува на основа на златен паритет - количина злато на една земја во однос на количина

злато на друга земја. Количината пари во оптек е одредена со количина злато и како таков

курсот бил фиксен.

10

Page 11: девизен пазар во рм како извор на финансирање на тековните средтсва.do

Почетокот на Првата Светска Војна го означува крајот на чистиот златен стандард.

Тогаш во поединечните земји во кратки временски интервали функционирале хибридни

системи. Златно-полужни ( парите можеле да се конвертираат за злато во минимален

износ од една полуга и обратно) и златно - девизни.Со крајот на светската економска

криза (1929-1933) престануваат да важат и хибридните системи. Ваквиот начин на

одредување на девизниот курс се напушта бидејки промените на новчаните маси

неминовно воделе до дефицит или суфицит на платниот биланс. Поради присутноста на се

поголемата невработеност , а Владата и Централната банка не можеле да ја сузбијат

кризата со мерките на кредитно-монетарната и фискалната политика. Позитивна страна на

фиксниот курс е непостоењето инфлација.

На мегународната конференција во Бретон Вудс на 22 јули 1944 год., во САД се

основа ММФ и се постигнува договор за нов златно доларски стандард за одредување на

девизниот курс. Американскиот долар постанува централна резервна светска валута.

Курсот не бил фиксиран но неговата девалвација или ревалвација морала да биде

одобрена од страна на ММФ и тоа само во одредени граници. Централната Банка можела

да се служи со фискалната и кредитно-монетарната политика како би ја спречила пред се

инфлацијата и невработеноста. Регулираниот курс се укинува од страна на тогашниот

американски претседател Никсон. Постојат повеќе меѓувидови како раководените

флексибилни и приспособливи фиксни девизни курсеви.

Раководените флексибилни девизни курсеви во основа се пазарно детерминирани,

со што Владата го задржува правото да интервенира на девизниот пазар со цел да ги

спречи екстремните флуктуации во курсот.

Приспособливи фиксни девизни курсеви Владата повремено го менува нивото на кое

е фиксиран девизниот курс, особено во случаи на поголеми и потрајни дефицити или

суфицити на платниот биланс.

Реален девизен курс - е оној девизен курс кој го изедначува општото ниво на цените

во земјата со општото ниво на цените во странство. Овој девизен курс овозможува паритет 11

Page 12: девизен пазар во рм како извор на финансирање на тековните средтсва.do

на куповната сила и може да биде флуктуирачки и фиксен во една ситуација на

девалвација или ревалвација и флуктуирачки или фиксен во депресијација или

апресијација .

Равнотежен девизен курс- е девизен курс со кој се урамнотежува платниот биланс

односно се израмнува понудата и побарувачката на девизи.

Во зависност од тоа дали се применуваат повеќе или само еден девизен курс кој важи за

сите економски трансакции во земјата со странство постојат повеќестрани

(диференцијални) и единствени девизни курсеви. Диференцијалните девизни курсеви се

присутни само кај земји со девизни ограничувања и девизна контрола.

3.2 Предности и слабости на фиксните и флуктуирачките девизни курсеви

Изборот помеѓу двата система на девизни курсеви е тешка дилема за која е

потребно добро познавање на теоријата и као и националното стопанство и меѓународното

опкружување.

1. Главни предности на фиксните девизни курсеви се: извесноста,

дисциплирањето на домашните производители и намалување на

спекулативните дејства.

Фиксните девизни курсеви даваат сигурност поради нивната стабилност и

непроменливост, т.е. тие се добра основа за донесување долгорочни деловни

одлуки.Фиксните девизни курсеви ја поврзуваат економската политика и

националното стопанство со странство во услови на отворена економија. 5

5 Андревски проф.др. Бојо (2006) Мегународна трговија издаена во Скопје стр. 57-68;

12

Page 13: девизен пазар во рм како извор на финансирање на тековните средтсва.do

Овој девизен курс исто така дејствува дисциплинирачки врз економските

субјекти да ги одржуваат производствените трошоци и цените барем на ниво на

странските конкуренти, бидејки во спротивно би ја загубиле својата конкурентска

позиција на странските пазари.

На долг рок земјите со фиксни девизни курсеви мораат да настојуваат

стапката на инфлација да ја одржуваат на ниво еднакво на она кое преовладува во

земјите кои им се главни трговски партнери.

Конечно, се смета дека тие ги елиминираат спекулативните дејства од

причина што е беспредметно да се купуваат странски валути денес за да се

продадат во иднина ако нивната цена е непроменета. Практиката покажува дека

овој аргумент е само делумно точен.

2.Слабости на фиксните девизни курсеви се тоа што во златниот стандард

автоматизмот во одржувањето на девизните курсеви подразбирал прилагодување

на националното стопанство кон условите на светскиот пазар со користење на

цените или доходот.

Фиксните девизни курсеви биле константа, а цените и доходите променливи

големини. Но, денес со повторна појава на протекционизмот и неомеркантилизмот,

тежиштето на економската политика се префрла врз обезбедувањето на домашната

вработеност и стопански раст, по цена дури и да се наруши надворешната

рамнотежа. Во овие услови фиксниот девизен курс добива слабости од две

причини:а)стопанството кое сака да го одржи фиксниот девизен курс на својата

валута мора да се прилагоди кон меѓународното опкружување со промените на

домашните цени или доход.

Во спротивно постои ризик земјата да акумулира висок трговски дефицит .

б)Денес не може да се зборува за флексибилност на цените надолу.

Други слабости на фиксните девизни курсеви се: неможноста за водење

независна монетарна политика, потребата од одржување на високи нивоа на

13

Page 14: девизен пазар во рм како извор на финансирање на тековните средтсва.do

девизни резерви и помала можност за справување со екстерните шокови.бидејки во

услови на фиксни девизни курсеви главна преокупација на монетарните власти е

одржување на курсот тоа практично значи дека и инструментите на монетарната

политика се подредени на ова, а не на реализирање на домашните макроекономски

цели.

Кога во услови на фиксни девизни курсеви се зголемува побарувачката на

девизи, за да не дојде до појава на недостиг од девизи, централната банка може да

интервенира на пазарот со понуда на дадената валута од своите девизни резерви.

Оттаму за да може во секое време да одговори на потребите на економските

субјекти, во услови на фиксни девизни курсеви централната банка треба да чува

релативно повисоко ниво на девизни резерви. Конечно во режимот на фиксни

девизни курсеви при појава на некои екстремни шокови како што е на

пр.зголемување на цената на нафтата, земјата треба да прибегнува кон користење

на девизните резерви или кон користење на екстерни кредити бидејки е исклучено

автоматското приспособување на девизниот курс, како што е тоа случај кај

флуктуриачките девизни курсеви.

2.Предностите на флуктуирачките девизни курсеви се:

А) Флуктуирачкиот курс овозможува урамнотежување на платниот биланс, со

оставање на деловен простор, односно слобода на земјата да води интерна политика на

вработеност, цени и доход како што одговара на целите на внатрешната економска

политика. Ова е аргументот за изолација на земјата од екстерните влијанија.

Б) Втор аргумент е стопанскиот раст односно слободата што на стопанството му ја

дава пливачкиот девизен курс во изборот на стапката на инфлација и нивото на

вработеност.

В) Монетарните власти не мора да го изнаогаат реалниот девизен курс.

14

Page 15: девизен пазар во рм како извор на финансирање на тековните средтсва.do

Г) Флуктуирачките девизни курсеви ја елиминираат потребата од монетарни

резерви затоа што ако курсот е реален монетарните резерви ја губат својата економска

функција.

Д) Земјата е ослободена од проблемот на увоз на инфлација.

Ѓ) Шпекулативните движења на жешките пари се помалку присутни во системот на

флуктуирачки девизни курсеви.

Истражувањата покажуваат дека аргументите за флуктуирачките курсеви во однос

на платниот биланс не се така ефикасни како што се прикажуваат од поборниците.

Еластичностите на увозот и извосот кон цените иако присутни не се толку обемни

ниту брзи за да може со промена на девизниот курс да се дојде до прилагодување

на платниот биланс за краток рок. И аргументот на изолација тешко може да се

прифати од аспект на елиминирање на трансмисијата на светската инфлација во

националното стопанство. Имено значителниот пораст на светските сцени не може

да се негира во услови на висока увозна зависност на земјата.

Значи најчести аргументи во прилог на флуктуирачките девизни курсеви се:

делумно автоматско платнобилансно урамнотежување, елиминирање на потребата

од чување девизни резерви, можност од водење автономна монетарна политика.

При постоење на флуктуирачки девизни курсеви, појавата на

платнобилансна нерамнотежа на пример на дефицит во трговскиот биланс, влијае

врз депрецијација на националната валута. Намалувањето на вредноста на

националната валута од своја страна го прави увозот поскап, а извозот

поатрактивен што се заедно придонесува за подобрување на состојбата во

трговскиот биланс. Поради дејството на автоматскиот механизам на

платнобилансното приспособување, се елиминира односно редуцира и потребата

од чување високи девизни резерви.6

6 Андревски проф.др. Бојо (2006) Мегународна трговија15

Page 16: девизен пазар во рм како извор на финансирање на тековните средтсва.do

4) Главни слабости на флуктуирачките девизни курсеви се : поизразената

спекулација и зголемената неизвесност.За разлика од непроменливоста на

фиксниот девизен курс кај флуктуирачките девизни курсеви промените на курсот

можат да бидат секојдневни и значајни. Тоа ги стимулира економските субјекти да

купуваат или да продаваат странски валути во очекување на промена на девизниот

курс во скора иднина.

Честите промени на девизниот курс исто така ја зголемуваат и неизвесноста

кај економските субјекти околу неговото ниво во иднина. За да се обезбедат од

евентуалните субјекти околу непожелните движења во девизниот курс , тие се

приморани да склучуваат посебни девизни аранжмани кои им овозможуваат

поголема извесност околу реалната вредност на валутите стекнати од извоз, на

пример.Но ваквите девизни аранжмани ориентирани кон иднината имаат своја цена

изразена преку зголемените трансакциони трошоци.

3.3 Предности кај националната валута во режимот на фиксните и

флуктуирачките девизни курсеви

Кај флуктуирачките девизни курсеви се среќаваме со поимите апрецијација

и депрецијација на домашната валута. До апрецијација на домашната валута доага

ако пазарните сили предизвикаат поефтинување на странските валути. Обратно,

кај депрецијацијата на националната валута пазарните сили доведуваат до

поскпување на странските валути. За разлика од флуктуирачките девизни курсеви,

каде што промената на вредноста на националната валута е резултат на дејството

на пазарните сили , кај фиксните девизни курсеви промените настануваат со

официјална одлука на централната банка. Кога националната валута добива во

вредност во однос на некоја странска валута, тогаш централната банка пристапува

кон ревалвација. На пример ако пред ревалвацијата еврото чинело 62 денари, по

ревалвацијата тоа ќе чини 55 денари. 7

7 Стонхил Артур И., (проф.на Универзитетот во Калифорнија) Ејтман Дејвид К. ( Универзитетски профес. Во Орегон И Хаваи) , Мајкл Х.Мофет.(2009) Меѓународни Бизнис Финансии стр.100-110

16

Page 17: девизен пазар во рм како извор на финансирање на тековните средтсва.do

Обратно во случај на девалвација централната банка официјално објавува

дека се намалува екстерната вредност на домашната валута. Во нашиот пример со

девизниот курс на еврото тоа би значело наместо 62 денари за едно евро, по

девалвацијата еврото да се купува за 70 денари на пр.

4.Девизен пазар во Република Македонија и курсот на денарот во

Република Македонија

Девизниот пазар како што рековме, го сочинуваат сите купувања и продавања на

девизи кои се одвиваатр меѓу овластените банки и другите домашни лица , меѓу

овластените банки непосредно и меѓу правните лица со посредство на овластена банка и

меѓу овластените банки и Народната банка. Купопродажбата на девизи се врши секој

работен ден. Народната Банка го пропишува начинот и организацијата на работа на

девизниот пазар.

Мегубанкарскиот состанок на девизниот пазар, претставува посебен дел од

девизниот пазар и функционира како однапред договорен и организиран состанок на кој

учествуваат овластените банки и Народната Банка. Курсот на денарот на девизниот пазар

се формира слободно, согласно со понудата и побарувачката на девизи. Народната Банка

го пропишува начинот и условите за формирање на курсот на денарот.Народната Банка го

одредува видот на девизите кои се предмет на купување и продавање на девизниот пазар.

Доколку дојде до пореметување во меѓувалутните односи на странските девизни

пазари, Народната Банка може привремено да го ограничи или забрани купувањето и

продавањето на одредени девизи. На девизниот пазар купувањето и продавањето на

девизи може да се врши промптно и на термин. Кај промптната купопродажба преносот на

девизите на сметка на овластената банка - купувач и преносот на денарите на сметка на

продавачот на девизите, се врши веднаш, а најдоцна во рок од два дена работни, сметано

од денот на потпишувањето на заклучницата за купопродажба на девизите.8

8 www.nbrm.gov.mk

-www.nbrm.gov.mk17

Page 18: девизен пазар во рм како извор на финансирање на тековните средтсва.do

Под купопродажба на девизи на термин се подразбира купувањето и продавањето

на девизи на рок до 90 дена.Како купувачи на девизи на термин може да се јават само

овластените банки и Народната Банка. Народната Банка купува и продава девизи на

Меѓубанкарскиот состанок на девизниот пазар заради одржување на општата ликвидност

во плаќањата спрема странство, остварување на стабилен курс на денарот, влијание на

неговото ниво и обезбедување на девизни резерви на Република Македонија. Заради

премостување на временското несовпаѓање на девизниот прилив и одлив и извршување на

утврдените пропорции со платниот биланс, Народната Банка интервенира на

Меѓубанкарскиот состанок на девизниот пазар со девизи од тековните девизни резерви со

кои таа ракува, водејки притоа сметка да не дојде до нарушување на нивото на тие резерви

под утврдениот минимум со одлуката за девизната политика. Овластените банки за работа

со странство можат на странските девизни пазари да купуваат и продаваат девизи, под

услови кои ќе ги утврди Народната Банка. Овластената банка за работа со странство,

може да купува девизи на девизниот пазар, доколку уредно ги извршува сите свои обврски

спрема другите банки било девизни или денарски и ако не е прогласена за неликвидна од

страна на Народната Банка. Врз основа на дневните курсеви по кои се заклучени работи на

купување и продавање на девизи на девизниот пазар, Народната Банка ги утврдува

средните курсеви на странските валути за наредниот ден. Врз основа на средните курсеви

на странските валути се формираат куповните и продажните курсеви со додавање ,

односно одземање на маржите утврдени со прописи. Република Македонија треба да има

монетарна девизна политика која ке обезбеди одреден маневарски простор во периодот на

транзиција кон единствената европска валута. Во исто време таа политика мора да

обезбеди поголема конверегенција кон ЕВРО-то како идна валута.

Претпријатијата и другите правни лица побарувањата и обврските во девизи ги

утврдуваат по правило, на крајот на секој месец, а најдоцна до крајот на секој

18

Page 19: девизен пазар во рм како извор на финансирање на тековните средтсва.do

пресметковен период и ги искажуваат во билансот на состојбата во денари по средниот

курс кој важи на последниот ден од месецот.

Пресметувањето на царина и други увозни давачки се врши со примена на средните

курсеви на странските валути утврдени од страна на Народната Банка претпоследниот ден

во неделата која ни претходи на неделата во која се утврдува износот на царината и

другите увозни давачки во согласност со одредбите од Законот за царините.

Искажувањето на вредностите на остварениот извоз, увозот и другите финансиски и

економски трансакции со странство се вршат по тековниот курс на денарот.

За потребите на статистиката се применува курсот по кој е утврдена проекцијата на

платниот биланс. Податоците за плаќањата и наплатувањата по основ на увоз и извоз се

искажуваат по истиот курс и истата вредносна единица по која се искажани вредностите

во проекцијата на платниот биланс.

Народната банка на Република Македонија на девизниот пазар учествува заради

остварување на целите утврдени со монетарната и девизната политика.Средните курсеви

на Народната банка на Република Македонија се користат за книговодствено искажување

на побарувањата и обврските изразени во странски платежни средства согласно со

прописите за сметководствено работење и за потребите на платниот биланс. За потребите

на царинење на увозот се користи средниот курс од курсната листа која Народната банка

на Република Македонија ја утврдува во последниот работен ден од последниот месец.9

4.1.Политика на девизниот курс и на девизните резерви

9 Закон за девизно работење сл.весник 34/200119

Page 20: девизен пазар во рм како извор на финансирање на тековните средтсва.do

Девизниот пазар е специјален вид на организиран пазар на кој се врши купување и

продажба на девизи, а на кој во купопродажбата учествуваат Народната банка,

овластените банки и други домашни лица. Курсот на денарот, како цена на девизите, се

формира според понудата и побарувачката на девизи, но и со интервенција на Народната

банка. Фирмите кои остваруваат девизи во странство, можат само во определен временски

рок, на пример, 90 дена, да ги чуваат девизите во странски банки или на своите девизни

сметки кај овластените банки. По тој рок тие се должни девизите да ги понудат за

продажба на девизниот пазар.

Народната банка не само што може да продава и купува девизи туку е овластена и

да го регулира начинот на прометот и организацијата на девизниот пазар и да го

определува курсот на денарот во однос на странските валути. Во случај на нарушувања на

девизниот пазар под влијание на нарушените интервалутните односи на странските

девизни пазари, Народната банка е овластена да го ограничи или забрани купувањето и

продавањето на девизи.

Општо кажано, Народната банка има голема улога на девизниот пазар, па затоа

може да се констатира дека девизиот пазар во Република Македонија, сепак, не е слободен

туку строго контролиран од Народната банка. На ова влијае состојбата на платниот

биланс, девизните резерви, фактот што девизниот курс е прифатен како основен двигател

на економската стабилизација, но и пред се, тоа што денарот се уште не е конвертибилен.

Пресврт во политиката на девизен курс се случи на почетокот на 1994 г., кога

централната банка започна да го одржува девизниот курс на стабилно ниво од 27 денари

за една германска марка. Оттогаш, централната банка започна да води политика на de facto

фиксен девизен курс, како основно номинално сидро за стабилизирање на цените.

Подоцна, во октомври 1995 г., НБРМ официјално ја усвои стратегијата на таргетирање на

девизниот курс, со што девизниот курс стана посредна цел на монетарната политика.

Импресивната стабилност на девизниот курс на марката продолжи до 9 јули 1997 г., кога е

извршена девалвација на денарот од 16%. Потоа, централната банка продолжи да го

одржува девизниот курс во тесни рамки околу нивото од 31 денари за една марка, а

ваквата политика се задржа и по воведувањето на еврото. Во целиот овој период,

20

Page 21: девизен пазар во рм како извор на финансирање на тековните средтсва.do

централната банка се покажа како исклучително ефективна во контролата на девизниот

курс, успешно неутрализирајќи ги сите притисоци за депрецијација или апрецијација на

денарот. Притоа, почнувајќи од јануари 2002 г., формулирањето на политиката на девизен

курс беше законски ставено во надлежност на НБРМ, меѓутоа, со измените на Законот за

НБРМ, кон крајот на 2010 г., режимот на девизниот курс е ставен во заедничка

надлежност на централната банка и владата.

4.2. Менувачки пазар и девизи на граѓаните

Менувачкиот пазар е пазарот на кој се врши купопродажба на ефективни странски

пари, чекови и кредитни писма, а на кој како учесници се јавуваат граѓаните.

Граѓаните можат да располагаат со девизи и можат слободно да отвораат девизни

сметки или девизни книѓки во банките. За девизите банките плаќаат камата во девизи.

Тајноста на имателите и состојбата на сметките и книшките е загарантирана. Граѓаните

можат да купуваат и продаваат девизи преку банките и менувачниците и можат слободно

да располагаат со девизите, да плаќаат увоз на стока, за сообраќајни, туристички и други

услуги во странство и други потреби.

4.3. Девизните резерви и платниот промет со странство

21

Page 22: девизен пазар во рм како извор на финансирање на тековните средтсва.do

Девизните резерви се многу важен инструмент на Народната банка за одржување на

ликвидноста на плаќањата спрема странство. Но, исто така можат да се користат и за

интервенција на девизниот пазар. Со нив се влијае и врз одржувањето на курсот на

денарот, што кај нас е честа практика. Еден дел од резервите се чуваат како постојани. Тоа

е делот од девизните резерви сокој се обезбедува минимум едномесечна општа

ликвидност во плаќањата спрема странство, а друг дел се тековни резерви, со кои се

обезбедува тековната ликвидност во плаќањата спрема странство. Обемот на постојаните

и тековните резерви се утврдува секоја година со посебен документ кој го донесува

Собранието, а непосредно со нив располага Народната банка.

Според девизниот систем, девизните резерви на Македонија ги сочинуваат,

побарувањата во странство и хартиите од вредност кои гласат во странски парични

единици, а кои ги имаат и со кои располагаат, Народната банка, овлатените банки и

другите домашни економски субјекти. Во девизните резерви се сметаат и ефективните

странски пари и монетарното злато.

Како што беше речено, Народната банка е одговорна за општата ликвидност во

плаќањето спрема странство. Платниот промет со странство се врши преку Народната

банка, посебно кога се работи за плаќања за потребите на Републиката, и преку

овластените банки. Државата го определува рокот во кој претпријатијата се должни

остварените девизи од извезената стока или услуги, да ги внесат на своите девизни сметки

кај овластената банка за платен промет со странство и рокот во кој тие мора да ги понудат

девизите за продажба на девизниот пазар. Тој рок е поголем, на пример, 90 дена кога има

добра понуда на домашниот девизен пазар, но, се скратува, на пример на 60 дена, кога е

намалена понудата на девизи на домашниот девизен пазар.

Во прометот со странство може да се јави и злато во ковани монети или во

непреработена форма. Но, таквиот промет може да го врзи само Народната банка, или по

нејзино одобрение и претпријатијата кои произведуваат злато, во непреработена форма.

Девизниот систем посебно внимание се посветува на одржувањето на рамнотежа во

билансот на плаќањата со странство, што се остварува преку два многу значајни

22

Page 23: девизен пазар во рм како извор на финансирање на тековните средтсва.do

документа кои ги донесува Собранието. Проекција на билансот на плаќања и Одлука за

девизната политика, кои се однесуваат на наредната календарска година.

Заклучок

Значајни новини и напредок е направен во измените на девизниот систем на

Република Македонија. Одредбите на Законот за девизно работење пред се се усогласени

со директивите и стандардите на ЕУ и се во согласност со Спогодбата за стабилизација и

асоцијација меѓу Република Македонија и Европска Унија. Со тоа е предвидена поголема

либерализација на работењето со странство, односно целосно ослободување од

ограничувањето кај тековните трансакции и постепена либерализација кај капиталните

трансакции. Во Република Македонија се создадоа услови за поефикасно функционирање

на девизниот пазар,целосно пазарен и транспарентен пристап во утврдувањето на цената

на девизните средства (девизниот курс), поголема конкуренција и поврзаност на

девизниот пазар со останатите финансиски пазари. Со девизните резерви се стимулираат

стопанските субјекти за поголем трансфер на девизен прилив во домашните банки ,

поголема конкурентност на претпријатијата на странскиот пазар, поедноставување на

процедурите на склучување кредитни работи, вршење на платен промет со странство и сл.

Девизната политика претставува дејност која ги утврдува целите и ја образува правната и

економската структура во границите на тргувањето со девизите. Утврдувањето на целите е

задача на монетарните власти ( сфатени во широка смисла на зборот) , додека

спроведувањето на девизната политика е препуштено на централната банка во соработка

со останатите финансиски институции, посебно банките.

Девизната политика е дел од општата валутна политика која мора да биде во согласност со

истата така да пединечни инструменти на првата едновремено инструменти и на втората.

Драган Дурлевиќ

Надица Тодорова

23

Page 24: девизен пазар во рм како извор на финансирање на тековните средтсва.do

The foreign exchange market in the Republic of Macedonia as a source of financing current assets

Summary

This artcle elaborates about The foreign exchange market in the Republic of

Macedonia as a source of financing current assets. The foreign exchange market (forex, FX, or

currency market) is a global, worldwide decentralized over-the-counter financial market for

trading currencies. Financial centers around the world function as anchors of trading between a

wide range of different types of buyers and sellers around the clock, with the exception of

weekends. The foreign exchange market determines the relative values of different currencies.

The foreign exchange market in the Republic of Macedonia has been operating successfully

more than a decade, showing some weaknesses in its operations not typical for markets in

advanced economies such as:

-          low level of concluded transactions of purchase and sale of foreign exchange among

banks

-          high bid-ask spread of the banks

-          excessive presence of the central bank on the foreign exchange market

24

Page 25: девизен пазар во рм како извор на финансирање на тековните средтсва.do

Koristena literatura:

- Андревски проф.др. Бојо (2006) Мегународна трговија издадена во Скопје стр. 57-

68;

- Гогоски проф.др. Ристо, (2003) Платен промет издадена во Охрид стр.275-299;

- Закон за девизно работење сл.весник 34/2001;

-Кандикјан, проф.др. Владимир, Гроздановски проф.др. Томислав, (2002)

Макроекономика издадена од Просветно дело Скопје стр.97-112;

- Стонхил Артур И., (проф.на Универзитетот во Калифорнија) Ејтман Дејвид К.

( Универзитетски профес. Во Орегон И Хаваи) , Мајкл Х.Мофет.(2009)

Меѓународни Бизнис Финансии стр.100-110 ;

-www.nbrm.gov.mk

25