10
Марко Цепенков Марко Костов Цепенков ( Прилеп , 7 ноември 1829 - Софија , 29 декември 1920 ) е најголем собирач на македонски народни умотворби, кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, за лингвистиката, за националната историја, за правото и за моралот на Македонците [ белешка 1] . Тој е автор на неколку публикации напишани на македонски јазик.

Марко Цепенков

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Prezentacijaza Marko Cepenkov

Citation preview

Page 1: Марко Цепенков

Марко Цепенков • Марко Костов Цепенков (

Прилеп, 7 ноември 1829 - Софија, 29 декември 1920) е најголем собирач на македонски народни умотворби, кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, за лингвистиката, за националната историја, за правото и за моралот на Македонците [белешка 1]. Тој е автор на неколку публикации напишани на македонски јазик.

Page 2: Марко Цепенков

Биографија• Роден е во Прилеп во сиромашно семејство, кое води потекло од прилепското

село Ореовец. Заради тешката материјална состојба, основно образование учел само една година, а потоа продолжил да го учи терзискиот занает. Во периодот 1856-57 почнал да собира народни умотворби, поттикнат од, како што самиот вели, Димитар Миладинов.

• Работел седум месеци во Народното собрание на Бугарија по статистиката на народното население, подоцна работи и во финансискиот оддел, по што е администартор во печатницата на браќата поп Спиркови.Тој дал голем придонес на македонскиот народ. Покрај тоа, придонесот на Цепенков во македонската литература е големо значење и важност, како и за при развојот на македонската етнографија и култура.

• Изнемоштен, напуштен, заборавен, во крајна беда, Марко Цепенков умрел на 29 декември 1920 година во Софија, кадешто е и погребан.

• Целокупната оставина на Марко Цепенков се чува во Архивниот институт на Бугарската академија на науките во Софија. Во современа Македонија, делаа на Марко Цепенков за прв пат биле реиздадени во 1954 година од Блаже Конески во „Сказни и сторенија“.Во 1957 творештвото на Цепенков биле прекажано во вид на филм од Кирил Пенушлиски, кој една година подоцна започнало со неговото издавање.

Page 3: Марко Цепенков

Собирачка Дејност• Од сите собирачи на македонското народно творештво, Марко Цепенков има

временски најдолга запишувачка практика - повеќе од 40 години собирал народни умотворби. Освен тоа, за разлика од другите најистакнати собирачи на македонските народни умотворби - браќата Миладиновци, Кузман Шапкарев, Стефан Верковиќ, кои во својот фонд собрани фолклорни материјали имаат и такви што ги добиле од други запишувачи, Марко Цепенков лично самиот ги запишал своите фолклорни и етнолошки материјали. И по вкупниот фонд на собраните народни умотворби, како и по жанровската разновидност на собраните фолклорни материјали, Марко Цепенков е најзначајниот собирач на македонските народни умотворби.

• Во вкупниот број на публикувани и непубликувани негови дела можат да се набројат повеќе од 5500 пословици и поговорки, 800 приказни, 150 песни, 100 гатанки, 400 верувања и клетви, 300 благослови, 350 баења, 2900 соништа и нивни толкувања, 70 детски игри, јазичен и етнолошки материјал (речник, тајни јазици, описи на занаети, обичаи, обреди, реквизити од домашниот материјален живот и народната аргономија и сл.). Во финалната песна од својата автобиографија, Цепенков вели дека ги напишал, за да остави вечен спомен на својот мил бугарски народ. Своите запишани фолклорни и етнолошки материјали Марко Цепенков ги собрал претежно од Прилеп и неговата околина, но и од Битолско, Скопско, Штипско, Велешко и Дебарско. Соодветно на обемниот фонд собрани народни умотворби, голем е и бројот на интерпретаторите од кои Цепенков ги слушал и запишувал своите фолклорни материјали.

• Автор е на драмското дело „Црне Војвода“, а неговата автобиографија претставува богат извор за проучување на целокупниот живот во Прилеп.

Page 4: Марко Цепенков

Глигор Прличев• Григор Ставрев Прличев (Охрид, 18 јануари 1829 - Охрид, 6

февруари 1893) бил поет, преведувач, беседник, хроничар, прозаист, просветител, народен деец, борец, јазикознаец и еден од најголемите творечки гении од Македонија во 19 век. Автор е на неколу дела, меѓу кои Сердарот, Скендербег, Автобиографија и препев на Хомеровата Илијада.

• На 25 март 1860 година, Григор Прличев со поемата Сердарот, ја однел првата награда за најдобра поема на традиционалниот книжевен конкурс што се одржувал секоја година во Атина. Тој станал овенчан поет и бил наречен Втор Хомер, подвиг кој дотогаш никој не го направил.

Page 5: Марко Цепенков

Биографија• Прличев се родил во Охрид и потекнувал од сиромашно

семејство. Уште како мал останал без татко му Ставре, а за фамилијата која се состоела од од три машки и едно девојче се грижеле неговата мајка Марија и неговиот дедо.

• Бедата на неговото семејство била толку голема што поради немање обувки дедо му на грб го носел до училиште. Мајката на Прличев за да го прехрани семејството работела како аргатка по туѓи куќи и од неа тој ја слушнал поговорката: Работата е здравје и чест.

• Но, во својата Автобиографија со тага истакнува дека кога ја видел мајка си како го носи тешкиот ќилим на глава и кога никој не сакал да и помогне:

„... јас плачев, како некој да беше ја убил мајка... Како ќе се живеј? - си мислев јас и таа мисла остана царица на сите мои мисли

Page 6: Марко Цепенков

Родната куќа на Глигор Прличев

Page 7: Марко Цепенков

Школување• Школувањето во ОхридПрвата писменост ја добил од својот дедо и од него го научил да чита грчко писмо.

Грчкото писмо, култура, јазик и просвета од тогаш ќе бидат повеќе од четвртина век постојано присутни во животот на Прличев и под нивно влијание се развил како интелектуална и поетска личност.

Откако го совладал основното читање неговиот дедо го запишал во грчко келијно училиште и го помагал сè додека можел. За своето прво образование Прличев истакнува:

Бев едвај четриригодишен, кога дедо ми достави еден грчки буквар по најстарата метода и ме изучи на имињата од буквите алфа, вита и др., што ги распознав за неколку дена. Но кога почна да ме учи на срицање вита - алфа = ва, вита - епсилон = ве, таквото учење ми се виде сосема чудно и си мислев со слабиот мозок како е можно два цели збора да се рамни на еден слог?.

Пред да умре дедото на Прличев целиот свој имот го оставил на неговата мајка која морала да даде заклетва дека нема да му дозволи на Прличев да работи и дека ќе го школува. Така Прличев сè до својата осумнаестта година е во Охрид и се школува кај неколку учители.

Школувањето во Охрид неколкупати го прекинувал за да ѝ помага на својата мајка така што тој продаваал муренки, препишуваал грчки ракописи за богатите гркомански чорбаџии и им помагал на богатите деца во учењето.

Во последните годинии од школувањето во Охрид негов учител станува Димитрија Миладинов.

Page 8: Марко Цепенков

Јазикот на ПрличевВо поглед на неговиот мајчин јазик и јазик

за секојдневна комуникација, Григор Прличев го користел македонскиот јазик и охридскиот говор, дијалект кој го користел и во своето литературно творештво и социјално општење.Што се однесува за литературното творештво, Прличев творел на грчки јазик и бугарски јазик. Ваквото шаренило во поглед на јазикот се должи на неколку причини, пред се во недостатокот на стандарден македонски литературен јазик и неговото отсуство од училиштата.

Така, прв литературен јазик со кој се сретнал Прличев бил грчкиот јазик кој го користел до објавувањето на Сердарот, , кога ја согледува грчката фанариотска политика и се откажува од тој јазик.Бидејќи желбата за творење не му згаснала Прличев имал потреба и понатака да пишува, тој бил принуден да користи и стандарден словенски јазик покрај родниот. Бидејќи немало македонски стандарден јазик во образованието, тој нашол спас од фанариотите во словенството преку најблискиот во тоа време стандарден јазик, бугарскиот.

Поради тоа, тој често кажувал за јазикот со кој доаѓал во пресрет дека ужасно го нервирале граматичките грешки во говорот на неговите професори и дека му се чинело како да паѓа небото и таквите грешки ги поправал. Увидувајќи дека бугарскиот јазик се користи во општествените институции во Македонија.Односот на Прличев кон јазикот е, од една страна е специфичен. Тој се приврзува за јазик што е сосема надвор од неговото словенско потекло, за грчкиот јазик но не докрај и не на некој ексклузивен начин. Не треба да се заборави дека Прешерн има германско – латински фази, и дека Бранко Радичевиќ пишува стихови на германски. Грчкиот јазик е јазик на кој Прличев се школувал, интелектуално созреаал и бил во тек со балканските книжевни случувања. Потоа го отфрлил грчкиот јазик, а според некој научници тоа бил единствениот јазик на кој можел да го искаже своето книжевно определување и јазик на неговата книжевна судбина. Откако го напуштил панхелинизмот тој се приклонил кон пансловенизмот и неговото јазично определување има таква подлога.

Page 9: Марко Цепенков

Прличев во своето размислување сам себеси си дава забелешка оти употербува стари зборови секому достапни, како што е плот. Приото тој дава одговор истакнувајќи дека ако некој не знае нека праша кого сака во Македонија и овој ќе му каже што значи. И не само за тие зборови туку и за формите во трето лице еднина сегашно време што свршуваат на т: молет, носет, лежит, да престанет, да поет ( од Рабов освободитељу). Оваа општословенската и руска карактеристика лежи во охридскиот говор.

Дека не го знел добро книжевниот бугарскиот јазик Прличев и самиот тоа го истакнува во својата авобиографија со следните зборови:

„и бидејќи не можев да пишувам на бугарски, пишувах на Старобугарски... Во дуќанот на Ангела Групчев, кој служеше како читалиште, се научив на бугарско читање и јазик... (Бев, и како и денес сум уште слаб со бугарскиот јазик)... преведував на бугарски не како сакав, туку како можев... Знаев дека тој превод не мирисаше многу на бугарски, но кога сум слаб со бугарскиот, тој не можеше да стане поинаков.“

Тоа значи дека при изградбата на единиствен пансловенски јазик секогаш пред него стоел јазикот на Македонија, Охрид, Битолско, Овче Полско односно јазикот и песната од тие краишта.

Прличевиот панславизам за историјата на македонскиот јазик и народна мисла означува степен понапред во развојот на идејата за самостоен македонски јазик, како една од тенденциите за македонски литературен јазик во минатото.

Таа не значела само опозиција спрема бугарското туку и спрема другите посегања во јазиците на другите народи .– види:Спор за обликот на македонскиот литературен јазик

Page 10: Марко Цепенков

Творештво• РомантизамПериодот во кои Прличев книжево се формирал и период кои на тоа формирање му

претходело во пошироки рамки се означува со термините класицизам, предромантизам, патријахален романтизам, сентиментализам, неразвиен романтизам, проторомантизам, класичен романтизам и др.

Во македонската наука за овој период се користи терминот Преродба.Меѓутоа треба да се истакне дека според некиј научници овој термин не е сосема

адекватен за модерната периодизација во кижевноста бидејќи терминот Преродба се врзува само за националното движење.

Од друга страна се смета дека терминот Романтизам може поточно да ја одреди стилската формација.

Во книжевниот опус на Прличев се гледа дека тој извонредно ги познавал: античкото, средновековното (византиско и словенскао), македонското и грчкото усно народно творештво како и современата грчка книжевност.

Постојат извесни разлики во творечките периоди но факт е дека главни естетски виланија, особено во стилот и јазикот се Хомеровите Илијада и Одисеја како и македонското народно творештво.

Нивното влијание се гледа пред се во начинот на транспозиција на тематиката и мотивите во Прличевото творештво.

И покрај тоа што во творештвото на Прличев има извесни елементи на класицизмот и сентиментализмот но според некои научници творештвото на Прличев во целост спаѓа во Романтизмот.