11
МАЛИОТ БИЗНИС И ВРАБОТУВАЊЕТО ВО НЕКОЈ ОД РАЗВИЕНИТЕ ИНДУСТРИСКИ ЗЕМЈИ Малите претпријатија беа и останаа, се до денес, главниот генератор за нови работни места за младите и старите генерации.Ова, меѓу другото го потврдува и сегашната практика во сите земји кои порано беа со централистичка управа и контрола на своите економии.Според извештај на СБА (смал бизнис администрејшн) малиот бизнис вклучувајќи го овде и самовработувањето ангажира 58% од вкупната работна сила на САД и учествува во создавањето на БНП од 40%. Според податоците од истражувањата (ладер анд глобер, 1996), стои дека 98% од сите деловни активности во САД се реализирани од мал бизнис.Од друга страна, друго истаривање (Давид Бирџ, 1977 ) сугерираат дека од сите ново нето работни места во периодот 1976 – 1984 год. Се создадени токму од малиот бизнис. Повеќе од 40 мил. Работат во мали канцеларии или дома и секоја год. повеќе од 1 мил. Нови поединци претприемачи им се придружуваат и повеќе од 29 мил. Како самовработени. Денес големите претпријатија ги прати карактеристика на отпуштање од работа.Од вкупно 19,8 мил. Претпријатија од САД приближно 19,4 мил. Или 98% можњ да се сметаат како мали. Малите претпријатијаја генерираат во просек 8 пати повеќе работни места споредбено со големите фирми. Земено во целост, малите претпријатија директно или индиректно обезбедуваат егзистенција за преку 100 мил. Американски граѓани. Помалите претпријатија често се игнорираат старосните граници. Покрај вработувањето малиот бизнис во овие земји значајно го зголемува придонесот во создавањето на националниот дохот на земјата. Така во 1990 год. 20 мил. Мали бизниси во САД претставуваа 39% од БНД и создаваа 52 % од вкупниот промет на оваа земја. Во 1993 год. податоците покажуваат пораст на 21,5 мил. Мали бизниси, со вработување кои изнесуваа 54 % од работната сила. Периодот ‘86–‘88 малиот бизнис создаваше 45% од новите вработувања во САД. Со своте карактеристики малиот бизнис овозможува интезивни развојни потфати на така наречени фамилијарен бизнис, притоа обезбедувајќи истовремено вработување на членови на 3 генерации истовремено. Меѓутоа фамилијарниот бизнис е секогаш под контола на еден или сосема мал

Малиот бизнис и вработувањето во некој од развиените индустриски земји

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Малиот бизнис и вработувањето во некој од развиените индустриски земји

МАЛИОТ БИЗНИС И ВРАБОТУВАЊЕТО ВО НЕКОЈ ОД РАЗВИЕНИТЕ ИНДУСТРИСКИ ЗЕМЈИ

Малите претпријатија беа и останаа, се до денес, главниот генератор за нови работни места за младите и старите генерации.Ова, меѓу другото го потврдува и сегашната практика во сите земји кои порано беа со централистичка управа и контрола на своите економии.Според извештај на СБА (смал бизнис администрејшн) малиот бизнис вклучувајќи го овде и самовработувањето ангажира 58% од вкупната работна сила на САД и учествува во создавањето на БНП од 40%. Според податоците од истражувањата (ладер анд глобер, 1996), стои дека 98% од сите деловни активности во САД се реализирани од мал бизнис.Од друга страна, друго истаривање (Давид Бирџ, 1977 ) сугерираат дека од сите ново нето работни места во периодот 1976 – 1984 год. Се создадени токму од малиот бизнис. Повеќе од 40 мил. Работат во мали канцеларии или дома и секоја год. повеќе од 1 мил. Нови поединци претприемачи им се придружуваат и повеќе од 29 мил. Како самовработени. Денес големите претпријатија ги прати карактеристика на отпуштање од работа.Од вкупно 19,8 мил. Претпријатија од САД приближно 19,4 мил. Или 98% можњ да се сметаат како мали. Малите претпријатијаја генерираат во просек 8 пати повеќе работни места споредбено со големите фирми. Земено во целост, малите претпријатија директно или индиректно обезбедуваат егзистенција за преку 100 мил. Американски граѓани. Помалите претпријатија често се игнорираат старосните граници.

Покрај вработувањето малиот бизнис во овие земји значајно го зголемува придонесот во создавањето на националниот дохот на земјата. Така во 1990 год. 20 мил. Мали бизниси во САД претставуваа 39% од БНД и создаваа 52 % од вкупниот промет на оваа земја. Во 1993 год. податоците покажуваат пораст на 21,5 мил. Мали бизниси, со вработување кои изнесуваа 54 % од работната сила. Периодот ‘86–‘88 малиот бизнис создаваше 45% од новите вработувања во САД.

Со своте карактеристики малиот бизнис овозможува интезивни развојни потфати на така наречени фамилијарен бизнис, притоа обезбедувајќи истовремено вработување на членови на 3 генерации истовремено. Меѓутоа фамилијарниот бизнис е секогаш под контола на еден или сосема мал број на членови.Се проценува дека во САД 90% од претпријатијата се во фам.сопственост, а во Австралија тој процент се движи до 75 %.

Улогата и значењето што го имаат малите претпријатија во економија на Велика Британија ќе бидат објаснети од неколку аспекти како на пр. Дефиниција на малото претпријатие, бројот на малите прет.,вработеноста според големината на претпријатието, вработеноста и подрачја на делување на мал прет. и затворање на малите прет.и бројот на малите претпријатија според основните форми на организација.

Во 1981 година од стана на Болтон, е поднесе извештај до владата на Британија со кој се предлага мал прет.да има 3 важни карактеристики...

1. Мал прет.да биде управувано од нејзиниот сопственик2. Да има релативно мало учество на пазарот изразено преку економски термини

Page 2: Малиот бизнис и вработувањето во некој од развиените индустриски земји

3. Тоа е независно во смилса што не е формирано како дел од големо прет., а сопственишството овозможува релативна слобода од надворешна контрола при донесување одлуки.

Во текот на периодот 1986 до 1996 се регистрирани 400.000 нови претпријатија.Најголемиот дел од нив 97% вработуваат помалку од 20 луѓе а 99% имаа имаат помалку од 100 вработени.Само помалку од 1 % или 8.000 претпријатија вработуваат повеќе од 100 луѓе.Над 2/3 од претпријатието во просек имаат од 1 до 2 вработени, и покажува дека во В.Британија најголем број се мали претпријатија.Се преценува дека во периодот 1895 – 1989 год.мал прет,во В.Британија во стопанството имаат создадено 1 мил. Нови работни места што е повеќе од 2 пати одколку во големите претпријатија.

МЕСТОТО НА МАЛИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ГЕРМАНИЈА

Пред да се пристапи кон анализа на конкретните податоци, потребно е да се забележи дека разликите во критериумите за големината на претпријатијата меѓу земјите и расположливоста на податоците ја отежнуваат примената на компаративниот метод. Имено, во анализите не секогаш е можно да се биде консеквентен, или подобро кажано , да се поаѓа секогаш од исти критериуми, поради што за извлекување на одредени заклучоци за состојбата неопходно е да се дојде на индиректен начин. Исто така , потребно е да се забележи дека иако и во рамките на ЕУ и во Германија е прифатено претпријатијата да се класифицираат и врз база на бројот на вработените и остварениот промет, во анализава се користат податоци за големината на претпријатијата утврдена само врз база на еден критериум – број на вработени или остварен промет. Поради ова, во анализата се појавуваат разлики во учеството то на одделни големини на претпријатија во вк. Број на претпријатија.

Сознанијата за местото на малите претпријатија во земјите со развиени пазарни стопанства произлегуваат од состојбата во земјите на ЕУ во целина, САД и Јапонија, кон кајот на ’80 - те и почетокот на ’90 – те год. од минатиот век.

Од анализираните земји во земјите од Европската Унија микро претпријатијата ( во кои има до 9 вработени) имаат најголемо учество односно 92% од тотал бтој на претпријатија, во Германија се 87.2 % , Јапонија се 83%, а во САД учеството на претпријатија кои вработуваат до 20 работени е 86.9%. Со оглед на фактот дека најчесто како мали претпријатија се сметаат со број на вработени до 50, ако се претпостави дека само 20% од претпријатијата од групата до 100 вработени се мали тогаш учеството на малите претпријатија во ЕУ би била 93.5%, а во Германија 89,6 % , во САД 89,1% и во Јапонија 86.2%. Оттука може да се каже дека малите претпријатија апсорбираат најголема работна сила во Јапонија каде што се вработени 40,1% од тотал вработени ви стопанството. Во ЕУ изнесува 34,5%, во САД 32,1%, а во Германија 30%.

Состојбата во одделни земји од ЕУ секако се разликува од состојбата на ЕУ во целост. Така, додека учеството на микро претпријатија (до 9 вработени) во ЕУ е 92% во Германија е 87.3% до

Page 3: Малиот бизнис и вработувањето во некој од развиените индустриски земји

95% во Португалија. Во овие претпријатија се вработени во Белгија – 17,25%, Италија до 45% од вработените во сите претпријатија, а се остварува промет од 11,2% во Велика Британија до 39,9% во Италија. Од вк. промет во земјата. Во Јапонското стопанство малите и средните претпријатија се застапени особено во дејноститекако што се рударството, градежништво, преработувачка индустрија, трговија ( продажба на големо и мало), банки и осигурување , транспорт и врски, услуги итн. Учеството на малите претпријатија на планот за вработување во однос на вкупните вработувања во приватниот сектор по дејности е:

- Рударство 88%- Градежништво 95 %- Преработувачка индустрија 67 %- Трговија (големо и мало) 84%- Банки и осигурување 86%- Реална имовина ( реал естате) 97 %- Транспорт и врски 88%- Утилитиес 73%- Услуги 63%

o Тотал: 77%

Меѓу сите дејности, градежништвото и недвижности имаат највисоко учество во вработувањата во малиот бизнис. Особено голем број на вработувања се вршат во преработувачката индустрија која е можне раширена во Јапонија и истата апсорбира односно создава нови работни места што придонесува 7 од 10 нови вработувања да се случат токму во оваа дејност од малиот бизнис.

Сопствениците на малиот претпријатија настојуваат да ја поттикнуваат средината во која работат нивните вработени, мотивирајќи ги притоа на заедништво во остварувањето на личните цели, кои во случајот најчесто се поклопуваат со институционалните. Основата на приодот во малиот бизнис може да се пронајде во повеќе сегменти кои ја одразуваат неговата суштина. Самата дефиниција за него, притоа, со одредувањето на неговите карактеристики и подрачјата во кои тие се најпродуктивни се едни од првите, кои треба да се истакнат. Проблемите кои ги прават малите бизнис, неуспесите и замките како и специфичните предности и слабости, се исто така, карактеристики кои се препознатливи и посебни за нив. Кога се зборува за малиот бизнис треба да се напомене дека тој не е ексклузивитет на современото општество, или економска политика. Малите бизниси постоеле од секогаш, но интересот за нив како категорија, која е неопходна, во современото економско живеење е од поново време. Односот кон малиот бизнис како кон голем бизнис со сиот респект на неговите ефекти и зафисноста на современите економски текови е од поново време. Затоа и теоријата за Менаџментот гради соодветен однос кон овој бизнис ставајќи го на пиедесталот над големиот. Во прилог на ваквата констатација зборува фактот што токму мноштвото мали бизниси ги прават економиите на развиените индустриски држави да бидат економки моќни.

Page 4: Малиот бизнис и вработувањето во некој од развиените индустриски земји

МАЛИОТ БИЗНИС И ЕКОНОМСКИТЕ ОСТВАРУВАЊА ВО ЗЕМЈИТЕ ВО РАЗВОЈ [ЗВР]

Започнувањето на поинтензивен развој на малиот бизнис во ЗВР датира од ’70 те год. од минатиот век, што коинцидира со започнувањето на ваквиот процес и во развиените земји со пазарно стопанство. Сознанијата дека големите јавни и приватни претпријатија не можат да одговорат на предизвикот што значи апсорбирање на одвишокот на работната сила, ги насочија стремежите кон развој на малите претпријатија.

Со оглед на предностите на малите п-ја и средните п-ја во ЗВР во почетните стадиуми на индустријализацијата на овие земји можат да одиграат динамичка и водечка улога во п-вото за домашната потрошувачка, а подоцна и во извозот на земјата. Овие п-ја обично имаат незначителни т-ци за одржување на техниката и мали административно режиски расходи, а нивната големина добро е одмерена спрема апсорционата моќ на националниот пазар. Затоа на вакви капацитети, за разлика од крупните не име потробно скоро никакво субвенционирање и штитење од државата. Овие мали п-ја обично стартуваат со попроста техника и технологија која бара мал капитал и ја користи обилната работна сила во поволни размери.

Малите п-ја го потпомагаат и стимулираат развој на крупната индустрија: црната металургија, електоопремата, машините алатки, транспортната индустрија итн.

Во Малезија најважните стопански дејности се во п-вото, услугите, земјоделството, рударството, рибарството, шумарството и градежништвото. Во извозот е доминантно учеството на суровините: Палмино масло, дрвена граѓа , сурово земно масло и гума, потоа електрични и електронски, хемиски, текстилни производи, облека и др. Колку големи се надежите и очекувањата од секторот на малиот бизнис во Малезија, може да се види од фактот што за подршка на овој сектор постојат околу 30 владини агенции во 13 министерства. Вистински бум се случува во оваа земја на планот на развојот на малиот бизнис. Регистрирани се околу 126.200 п-ја во 1995 год. во сите стопански области, освен во земјоделството. Класифицирајќи ги според критериумот на вработеност состојбата во оваа земја е следната:

ОБЕМ БР. НА П-ЈА ВРАБОТЕНОСТ

Микро п-ја ( под 5 лица) 95.000 (74.9%) 202.000 (19%)

Мали п-ја ( од 5-49 лица) 28.700 (22.6%) 346.000 (32%)

Средни п-ја ( од 50-199 лица) 2.500 (2%) 232.000 (22%)

Големи п-ја ( над 200 лица) 600 (0,5%) 287.000 (27%)

o ТОТАЛ: 126.200 (100%) 1.067.000 (100%)

Во ф-ја на подршка на развојот на малиот бизнис формирана е национална корпорација за продуктивност во чии рамки се одвива едукативен процес преку организирање на курсеви за претприемачи во определени сектори на стопанството. Во секторот на п-вото, курсевите за техничка обука обезбедува Малезискиот институт за стандарди и индустриски истражувања, како

Page 5: Малиот бизнис и вработувањето во некој од развиените индустриски земји

и Малезискиот институт за истражувања и развој на земјоделството. Малезискиот центар за развој на претприемништвото врши обука за повисоки квалификации на претприемачите, со цел да изврши обука за разрешување на проблемите, како и за нивна поголема спремност за прифаќање на предизвиците на ризиците работењето.

Обуката на претприемачите има за цел да ги оспособи и доближи до новите технологии за п-во на

пластишни маси, керамика, автомобилски делови, до биотехнологијата, конзервирањето на храна

и сл. Она што е заеднички именител и карактеристика на малиот бизнис, во ЗВР, како меѓу

поголемите проблеми е недостаток на капитал за започнување на бизнис. Финанирањето преку

деловните банки и финансиските институции не е соодветно и прифатливо без обезбедување на

гаранции. Преку 80% од Малезиските стопанственици на мал бизнис користат свој капитал за

започнување на бизнис.

Четирите Азиски тигри ( Сингапур, Хонг Конг, Тајван и Република Кореа ) постигнаа

извонреден економски развој на малите п-ја. Во Тајван во 1992 год.од вк. 818.000 п-ја 97%

влегуваат во групата на мали и средни п-ја.Тие учествуваат со повеќе од 60% во извозот на

земјата. Развојот на Репубика Кореја во голема мера се засноваше на експанзија на нивните

конломерати-чибуси. Секторот на мали и средни п-ја во оваа земја почна брзо да расте. Тие имаат

своето учество во вк. индустриска вработеност на земјата од 37,6% во ‘76год, на 51,2% во ‘88год.

МАЛИОТ БИЗНИС ВО ЗЕМЈИТЕ ВО ТРАНЗИЦИЈА

Во земјите во транзиција карактеристично е што во почетокот на процесот доминираат мали и

средни п-ја кои претежно биле во државна сопственост а малиот бизнис од идеолошки побуди,

играше маргинална улога. Процесот на отворање према секторот мал бизнис е интензивиран во

1990 год.кога е започнат процесот на стопанско преструктуирање, со што развојот на мали и

средни п-ја се инаугурира во динамичен елемет во развојот на вкупната економија.

Во Полска најголем успех во трансформацијата на полската економија е направен на почетокот на

создавањето на секторот на мали и средни п-ја. Бројката од преку 2.000.000 регистрирани мали и

средни п-ја на крајот од‘95год. во оваа земја зборува за размерите кои ги достигнс развојот на

малиот бизнис во Полска. Приватните п-ја во учествуваат со 44% во индустриското п-во, 87% во

градежништвото, 92% трговија на мало,17% извозот и 70% увозот. Малиот бизнис денес остварува

58% од Бруто Опш. П-вод во Полска а во вк. вработеност учествува со 63% т.е. со 9.000.000 луѓе.

Page 6: Малиот бизнис и вработувањето во некој од развиените индустриски земји

Во Словачката Република – развојот на малото стопанство се одвива неколку години, паралелно со

процесите на трансформација во стопанството. Во ’93 е донесена програма за развој на малите и

средни п-ја со која се дефинирале институционална, финансиска и законска рамка. Во ’95 и ’96 год

донесени се повеќе одлуки за подршка на малиот бизнис. Учеството на секторот на малите и

средните п-ја во извозот постојано се зголемува. Во ’95 год. беа регистрирани 248.204 п-ја.

Динамичниот пораст на бројот на малите и средните п-ја е континуиран (17,6% во однос на ‘94г.), а

поради либерализацијата, односно приватизација на здравствените услуги, бр. на

индивидуалните сопственици е зголемен за 200%. Бројот на државните п-ја покажува тенденција

на постојано опаѓање. Имено доминантни се уште во областа на автомобилскиот превоз,

товарниот превоз, градежништвото и прехранбената индустрија. Секторот на мали и средни п-ја,

бележи најголем пораст во ’95 г. Во однос на ‘94г. и тоа во индустријата и во трговијата 92,1%.

Речиси без исклучок развојот на малиот бизнис секаде низ светот позиотивно влијае врз

стопанскиот развој и во зголемување на вработеноста. Во големите п-ја бројот на вработените

опаѓа за 0,8%, а кај малите п-ја бројот на вработените се зголеми за 46,8%. Малите п-ја се најмногу

концентрирани во дејностите како што се трговијата, услугите, сообраќајот, индустриското п-во со

11% и градежништвото со 21%, 33,6% услугите а 57,4% трговијата итн.

Чешка Република – развојот на приватниот сектор во стопанството на оваа земја доживеа

вистинска експанзија. На крајот од ‘98год. регистрирани се 1.591.000 п-ја и тоа: 99.7% се мали и

средни п-ја со 60% од вкупниот број на вработени со учество од околу 53% од вкупното п-во.

Основните проблеми за решавање во областа на малото стопанствоо се врзани со

обезбедување на почетен основен и обртен капитал, немање на гаранции, тежок пристап до пазар

и до обука, недостаток на деловно искуство, на технички знаења, беспоштедна конкурентска

борба со големите п-ја и со увозот.

КАРАКТЕРИСТИКИ НА МАЛИОТ БИЗНИС ВО ЗЕМЈИТЕ ВО ТРАНЗИЦИЈА

По однос на развојот на малиот бизнис во земјите во транзиција од Централна, Јужна и Источна

Европа во изминатиот период може да се извлечат некои заеднички карактеристики:

1. Забележано е различното ниво на развој напретприемаштвото во овие земји,

односно нивно класифицирање во три основни групи:

Page 7: Малиот бизнис и вработувањето во некој од развиените индустриски земји

А. Земји кои забележуваат нагласен пораст, како земјите од т.н. ВИШЕ-ГРАДСКАТА ГРУПА или

земјите на ЦЕФТА – договорот: Чешката Република, Словачката Република, Република Полска и

Република Унгарија, придодавајќи ги Естонија и Словенија.

Б. Земји ви среден степен на транзиција, Бугарија,Хрватска, Романија, Латвија, Литванија,

Киргистан и Узбекистан

В. Земји со забележливо бавен раст, Албанија, Македонија и поголем дел од земјите во

транзиција.

2. Следна карактеристика на претприемаштвото во овие земји е недостаток на институционална

структура.

Како една од најголемите пречки за развој на малиот бизнис во земјите во транзиција е

недостаток на финансиски с/ва и тешкиот пристап до нив, особено за почетните стопански

активности.

Развојот на секторот на малиот бизнис во земјите во транзиција станува императив поради фактот

што развојот на овој сектор ќе создаде можности за прифаќање на работна сила , од преголемиот

контингент на невработени во овие земји, околу 17,6 мил луѓе.

Економската комисија за Европапри ОН за потребите на пратењето на развојот на

претприемништвото воведе нова терминологија ИНДЕКС ЗА РАЗВОЈ НА МАИЛТЕ И СРЕДНИТЕ

ПРЕТПРИЈАТИЈА, како потполно нов економски индикатор, кој го вклучува учеството на целиот

сектор на малите и средните п-ја во вк. Стопанство, што базира на:

- Дел од приватната сопственост

- Дел од малите и средните п-ја (МСП) во БДП

- Дел на работната сила од МСП во вк. Вработеност.

Според оваа комисија, индексот на равој на МСП може да се изрази во % и како БДП по глава на

жител. Индексот за развој на МСП во ВИШЕГРАДСКИТЕ ЗЕМЈИ или земјите на ЦЕФТА – Полска,

Чешка, Словачка и Унгарија на крајот нод ’97г. изнесува:

Полска Чешка Словачка Унгарија

Page 8: Малиот бизнис и вработувањето во некој од развиените индустриски земји

Приватен сектор 75 75 65 75

vs. ВК.стопанство [%]

МСП vs. БДП [%] 40 56.8 40 58

МСП vs.ТОТАЛ[%]

вработеност 43.6 45,9 60.6

59.4

БДП по глава на жител 5050 4462 3512 3624

Индекс на развој МСП жител 0.1308 0,1955 0,1575 0.2584

660 862 553 936

Клучни бариери кои се испречени на патот на развојот на малиот бизнис во земјите во транзиција

се за различните стадиуми, од пазарните реформи кои ги спроведуваат овие земји, различни се и

видот на бариерите, како во табелата,

Пазарни реформи – селектирани клучни бариери

Почетна или рана фаза – бирократска регистрација и финансиски услови, неадекватна законска

рамка и институции, неадекватни финансиски институции, високи даночни товари и промени во

даночната легислатива, високи инфлациони стапки, бавно прифаќање на п-јата од стр. на владата,

корупција на локалните службеници.

Подоцнежна фаза - финансиската инфраструктура се уште се прилагодува на потребите на

приватните п-ја, ограничена снабденост со инвестициони финансии, недостаток на поширока

инфраструктура за подршка на бизнисот , растечка конкуренција од др. Домашни МСП или од

увоз.