46
СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ Преподобен Наум Охридски Чудотворец бил еден од најблиските ученици и соподвижници на светите рамноапостолни Кирил и Методиј (спомен на 11/24 мај). Од својата младост тој ги следел учителите во Великоморавија и Панонија, каде што во текот на многу години (863-885) подвижнички живот им го проповедал Божјото слово на словенските народи на нивниот роден јазик. Споменот на светиот рамноапостолен Наум се твори на 20 јуни/3 јули, 23 декември/05 јануари и 27 јули/9 август заедно со светите Климент, Сава, Горазд и Ангелариј. .1 Кратко житие За животот и дејноста на св. Наум Охридски постојат оскудни податоци. Иако животниот пат на светите Климент и Наум Охридски во одредени периоди течат речиси идентично, св. Наум е во сенка во однос на св. Климент. Изворите од кои се црпат податоци за него се: двете словенски житија, грчкото житие, Панонските легенди и Пространото Климентово житие. Овие расположиви извори овозможуваат реконструирање на неговата животна врвица како просветител, духовник и мисионер. „Светиот и голем отец Наум излезе од Мизија. По воспитанието што го доби од благородните [родители], просуди дека благородството и богатствата се плевел и се присоедини кон Константин Филсософот и неговиот брат Методиј, кои се рамни на апостолите.” Преподобен Наум Охридски бил еден од најблиските ученици и соподвижници на светите рамноапостолни Кирил и Методиј

Свети Наум Охридски

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Свети Наум Охридски

СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ

Преподобен Наум Охридски Чудотворец бил еден од најблиските ученици и

соподвижници на светите рамноапостолни Кирил и Методиј (спомен на 11/24 мај).

Од својата младост тој ги следел учителите во Великоморавија и Панонија, каде што

во текот на многу години (863-885) подвижнички живот им го проповедал Божјото

слово на словенските народи на нивниот роден јазик. Споменот на светиот

рамноапостолен Наум се твори на 20 јуни/3 јули, 23 декември/05 јануари и 27 јули/9

август заедно со светите Климент, Сава, Горазд и Ангелариј.

1.1 Кратко житие

За животот и дејноста на св. Наум Охридски постојат оскудни податоци. Иако

животниот пат на светите Климент и Наум Охридски во одредени периоди течат

речиси идентично, св. Наум е во сенка во однос на св. Климент. Изворите од кои се

црпат податоци за него се: двете словенски житија, грчкото житие, Панонските

легенди и Пространото Климентово житие. Овие расположиви извори овозможуваат

реконструирање на неговата животна врвица како просветител, духовник и

мисионер.

„Светиот и голем отец Наум излезе од Мизија. По воспитанието што го доби

од благородните [родители], просуди дека благородството и богатствата се плевел и

се присоедини кон Константин Филсософот и неговиот брат Методиј, кои се рамни

на апостолите.”

Преподобен Наум Охридски бил еден од најблиските ученици и

соподвижници на светите рамноапостолни Кирил и Методиј (спомен на 11/24 мај).

Од својата младост тој ги следел учителите во Великоморавија и Панонија, каде што

во текот на многу години (863-885) подвижнички живот им го проповедал Божјото

слово на словенските народи на нивниот роден јазик. Преподобен Наум ги обучувал

словените во писменоста, ги распространувал богослужебните книги, кои

рамноапостолните браќа ги превеле од старогрчки јазик на словенски. Во 868 г. во

Рим, папата Адриан II (867-872) го ракоположил преподобниот за ѓакон, а потоа тој

го примил и чинот презвитер. Папата Адриан II го признал како богоугодно делото

на Словенските учители, ги осветил словенските книги и благословил да се служи

литургија на словенски јазик.

Page 2: Свети Наум Охридски

Најтешки искушенија поднеле свети Наум и другите ученици на свети

Методиј по преставувањето на свети Методиј во 885 г., кога епископ Моравски

станал дамнешниот непријател на словенската просвета – германот Вихинг.

Проповедниците биле фрлени во темница, приковани во окови, подложени на

мачење. По нивните молитви Господ јавил чудо: настанал земјотрес, ѕидовите на

затворот паднале, оковите се скинале. Народот, кога го видел тоа, поверувал во

светоста на затворениците, но Вихинг го прогласил Божјиот знак за ѓаволско дејство

и го прогонил свети Наум со неговите соподвижници од Великоморавија.

Светите проповедници, движени од Божјата Промисла, творејќи многу чуда,

стигнале до Дунав. Таму тие се разделиле на групи. Некои од нив тргнале кон

Мизија, други во Дакија и Илирија, „Божјото слово умножувајќи го насекаде

стократно.”

Преподобен Наум заедно со светите Климент и Ангелариј отпатувале во

Бугарија. Светиот бугарски цар Михаил (Борис) со радост ги примил учениците на

светите Кирил и Методиј.

Тој го испратил свети Климент како учител во Македонија, а св. Наум

останал во престолнината Плиска. Наум организира словенски просветен и

книжевен центар, но не во престолнината Плиска, каде што била резиденцијата на

византискиот архиепископ на Бугарија, туку во блискиот словенски град Преслав.

Преподобен Наум почнал да учителствува и проповеда во манастирот изграден во

чест на свети Пантелеимон, близу Преслав (886-893).

Во 893 г. на црковно-народен собор св. Климент бил ракоположен за епископ

Белицки/Велички. Тогаш на негово место за учител бил назначен св. Наум. Цар

Симеон Велики го испраќа преподобниот Наум во Кутмичевица. „Наум и Климент

дојдоа во пределите илирски и лихнидски.” Тука свети Наум го возглавил

просветителското дело, кое седум години го извршувале заедно со свети Климент.

Додека свети Климент во Охрид ги вршел светителските/епископските

трудови, преподобен Наум изградил манастир во чест на Светите Архангели, на

јужниот брег на Охридското езеро, кој станал извор на благочестие и прибежиште за

бедните. Околу него се собрале многу монаси, бидејќи тој бил мудар учител, строг

подвижник, чудотворец и молитвеник. Тој неуморно се трудел над преводот на

Светото Писмо на словенски јазик. Заедно со светителот Климент тие биле наречени

„нови Мојсеј и Арон.” Таму тој е подвизувал десет години и го завршил својот земен

пат во 910 г, примајќи пред смртта монашки постриг.

Page 3: Свети Наум Охридски

Светата Црква набргу го вброила преподобен Наум во соборот на светите, а

манастирот што тој го оснавал станал познат меѓу народот како манастир на свети

Наум. Таму и досега почиваат неговите свети мошти, лекувајќи – со силата на

Христовата благодат – душевни слабости и болести.

http://mk.orthodoxwiki.org/%D0%A1%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B8_

%D0%9D%D0%B0%D1%83%D0%BC_%D0%9E

%D1%85%D1%80%D0%B8%D0%B4%D1%81%D0%BA%D0%B8

СВЕТИ КЛИМЕНТ И СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ

И Свети Климент Охридски најверојатно потекнувал од околината на Солун!

Култот на Свети Наум Охридски како народен лекар сè уште живее во

Македонија!

Штом веќе пишуваме за познати личности со македонско етничко потекло,

несомнено дека треба да ги спомнеме и Свети Климент и Свети Наум Охридски, но

и уште некои Македонци, кои оставиле траен белег во христијанството.

Ќе почнеме со Свети Климент Охридски.

Неговиот празник се слави и на неговиот именден на 25 ноември (стар стил)

т.е. 8 декември (нов стил).

Свети Климент Охридски е еден од најпознатите македонски светители, чиј

култ трајно се вгнездил во народното помнење и во фолклорот.

За Свети Климент Охридски досега многу е пишувано во нашата и во

странската наука, па овде ќе ги спомнеме само најважните моменти од неговиот

живот и дејност.

ДЕЈНОСТА НА СВЕТИ КЛИМЕНТ

Свети Климент се родил околу 840 година некаде во Македонија.

Некои историчари сметаат дека се родил во Солун или во неговата околина, а

тоа го поврзуваат со фактот што уште како млад бил повикан од Светите браќа

Кирил и Методиј во нивната мисија (што значи дека најверојатно живеел во нивна

близина).

Page 4: Свети Наум Охридски

Свети Климент ги придружувал Светите браќа за време на нивната мисија во

Венеција и во Рим, каде што бил ракоположен за свештеник.

По смртта на Свети Методиј, неговите ученици Климент, Горазд, Наум и

Ангелариј биле прогонувани и малтретирани од страна на латинското свештенство

во Моравија.

Прво биле затворени и мачени, а потоа биле прогонети од државата.

Така, преку Белград, тие дошле кај бугарскиот кнез Борис, кој многу добро ги

примил и ги искористил за ширење на писменоста.

Во 886 година Свети Климент бил испратен во областа Кутмичевица во која

главни места биле Девол, Главиница и Охрид.

Тука Свети Климент останал 23 години и за тоа време го ширел Божјото

Слово и описменил околу 3.500 луѓе преку Охридскиот универзитет, кој го основал

и го водел. Овој универзитет е еден од првите во Европа и во светот.

Во 893 година Свети Климент бил поставен за епископ на новосоздадената

епархија Велика, каде што останал сè до смртта.

Пред смртта Свети Климент й завештал дел од својот имот на епархијата, а

дел на црквата, која ја изградил во Охрид.

Свети Климент се смета за првиот македонски средновековен поет.

Тој составил низа беседи, молитви, химни, пофални слова и други

псалмоподобни творби во чест на Господ Исус Христос, Света Богородица, Свети

Јован Крстител и други светители.

Сепак, негово најзначајно дело е создавањето на кирилицата.

Денес со ова писмо пишуваат неколку десетици народи, меѓу кои:

Македонците, Бугарите, Србите, Црногорците, Русите, Украинците, Белорусите,

Татарите, Чечените, Чувашите, Абхазите, Молдавците, Туркменците, Узбеците,

Јакутите, Осетите, Казахстанците, Гагаузите, Карелците, Киргистанците и други.

Постојат голем број преданија и легенди за чудата кои ги правел Свети

Климент, за кои досега многу е пишувано во нашата наука.

Овој светител денес е прифатен како патрон на Македонската православна

црква. Огромна е неговата улога во ширењето на христијанството и на писменоста

меѓу Македонците, но и пошироко, а неговиот култ извршил големо влијание и во

градењето цркви и манастири.

Големината на Свети Климент Охридски се гледа и преку неговите

активности како духовник, мисионер, беседник, проповедник, богослов, учител,

Page 5: Свети Наум Охридски

просветител и писател. За подетални информации за неговото дело ја препорачуваме

книгата

"Библијата во делата на Свети Климент Охридски" од протоѓакон д-р

Ратомир Грозданоски (Скопје, 2001).

Во оваа книга на повеќе од 400 страници студиозно е направен преглед на

најзначајните дејанија на овој познат македонски светител.

СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ

Свети Наум е еден од најпознатите македонски светители.

Воедно тој бил просветител и лекар.

Свети Наум бил современик на Свети Климент Охридски и ученик на Светите

браќа Кирил и Методиј, кои ги следел за време на Моравската мисија.

Во Рим Свети Наум се прочул со неговата чудотворна моќ и голема ученост.

По враќањето од Рим, заедно со Свети Климент Охридски, заминале за

Бугарија, каде што со радост биле примени од кнезот Борис Михаил.

Свети Наум одредено време престојувал во бугарските престолнини Преслав

и Плиска, а подоцна се населил крај брегот на Охридското Езеро.

На јужниот брег на езерото основал манастир, кој до денес се наоѓа таму.

Тоа е познатиот манастир "Свети Наум" (кој порано бил посветен на Свети

Архангели). Мнозина монаси од цел Балкан доаѓале кај Свети Наум за да ги слушаат

неговите мудри поуки и проповеди. За време на десетгодишниот престој во

манастирот, Свети Наум се занимавал и со преведувачка дејност на црковни книги

од грчки на средновековен македонски јазик.

Пред крајот на животот се замонашил и како монах му ја предал својата душа

на Исус во 910 година.

Неговиот култ како лекар останал и по неговата смрт.

Споменот за него се чува во голем број македонски народни преданија и

легенди.

И денес многумина одат во посета на неговиот гроб, кој се наоѓа во

манастирот "Свети Наум", каде што се лекуваат од разни здравствени проблеми.

Свети Наум Охридски дејствувал во време кога голем дел од Македонија се

наоѓал под бугарска власт.

Но, тогашниот бугарски хан (а подоцна кнез) Борис (инаку и самиот

припадник на турко-монголските Бугари т.е. припадник на жолтата раса), го примил

Page 6: Свети Наум Охридски

христијанството и затоа благонаклонето ги пречекал Свети Климент и Свети Наум

со нивните придружници.

Во 893 година средновековниот македонски јазик, познат во науката и како

старословенски јазик, бил прогласен за официјален јазик во Бугарија.

Тоа бил трет официјален јазик во оваа држава, по турко-бугарскиот и

грчкиот. Мнозинството од турко-монголските Бугари сè уште не знаеле словенски,

па биле принудени да го учат овој јазик.

Да зборува словенски учел дури и бугарскиот хан т.е. кнез Борис, а

словенскиот говорен јазик го учеле и членовите на семејстото на цар Симеон (кој

бил син на ханот т.е. кнез Борис).

ГОЛЕМИОТ МАКЕДОНСКИ СВЕТИТЕЛ ПРЕПОДОБЕН НАУМ ОХРИДСКИ ЧУДОТВОРЕЦ

ЧУДОТВОРНАТА СИЛА НА "ЛЕКАРОТ НАД ЛЕКАРИТЕ" ГИ КРЕВА ЛУЃЕТО ОД СМРТНА ПОСТЕЛА

Главниот празник на Свети Наум Охридски се одбележува на 23 декември по

стар календар или 5 јануари по нов календар, а 20 јуни по стар или 3 јули по нов

календар е летниот празник или Собор на светителот.

На овој датум колони поклоници од Македонија и од цел свет доаѓаат во

манастирот, кој тој го изградил, за да се поклонат и да го бакнат неговиот гроб, да му

оддадат почит и слава.

Во манастирот се одржува голем Собор на народот.

Многу болни доаѓаат (или ги носат) и преку верата и молитвата го добиваат

излекувањето над неговите мошти.

Сесилниот Бог ни остави големо богатство, неизмерно богатство,

непроценлив дар, светите мошти на силниот и неуморен Светител, чудотворните

мошти кои живо дејствуваат, чесните мошти на чудотворниот лекар, Свети Наум

Охридски.

Многу векови наназад и во векот во кој живееме, не само во охридскиот крај,

туку и во цела Македонија и пошироко, во целиот христијански свет постои еден

славен лик, еден голем светец, еден мит кој ги зближувал луѓето и во духот на

христијанската религија ги учел да се сакаат со љубовта со која Христос го засака

светот и се жртвува за него.

Page 7: Свети Наум Охридски

http://my.opera.com/ancientmacedonia/blog/show.dml/585427

СВ. КЛИМЕНТ И СВ. НАУМ ОХРИДСКИ

1.2 * Свети Климент и Свети Наум

Да не беше мисионерската, учителската и просветителската дејност на св.

Климент и св. Наум во Охрид ќе беше речиси загубено и незамисливо

мисионерското дело на Светите Браќа. Овие ученици на Св. Кирил и св. Методиј ги

ставија темелите на христијанството и на македонско-славјанската писменост во

својата татковина Македонија. Свети Климент е првиот македонски духовник,

учител и книжевник. Оваа негова дејност била цврсто поврзана со вистинското

сестрано христијанизирање на македонците, како и основањето и организирањето на

првата македенска епископија во Охрид и областа Кутмичевица. Свети Климент

продолжи со преведувањето на светите книги на јазикот на македонците и го

основал Охридскиот универзитет, со што отишол чекор понапред од своите учители.

Тој извршил и корекција на некои букви од македонската азбука, и ја нарекол

кирилица, во чест на својот учител св. Кирил Солунски. Во Светиклиментовиот

Охридски универзитет (кој бил и прв универзитет во Европа) се школувале околу

3.500 ученици, од кои многумина биле ракоположени за свештеници, ѓакони и

ипоѓакони. Голем број од нив биле испратени на свештенослужителска и

проповедничко-мисионерска работа кај повеќето славјански народи, како кај :

бугарите, србите, црногорците, чесите, словаците, русите, украинците и кај други

народи кои имале сличност со славјанскиот јазик. Во 893 година Свети Климент бил

хиротонисан за епископ. Тој е првиот славјански епископ во македонската - Величка

епархија. Оваа македонска епископија од страна на црковните историчари со право

се смета за прва организирана Црква на Балканскиот Полуостров. Тогашната

Бугарска црква, која била организирана по покрстувањето на Бугарите во 864

година, имала латински висок клир.

1.3 * Свети Наум Охридски

По враќањето од Велика Моравија, Свети Наум бил задржан од бугарскиот

кнез Борис во манастирот св. Архангел кај Плиска. Таму бил проповедник на

христијанството на славјанскиот јазик седум-осум години. Дури, кога Свети

Page 8: Свети Наум Охридски

Климент е избран за епископ на Дремвицко-величката епархија, тој го условил

прифаќањето на ова високо црковно достоинство со доаѓањето на Свети Наум во

Македонија за свој соработник. Барањето на Свети Климент царот Симеон, кој што

дошол на Бугарија по кнезот Борис, во 893 година го исполнил. Свети Наум по

враќањето во Македонија се оддал на испоснички и монашки живот. Го изградил

манастирот посветен на Светите архангели Гаврил и Михаил, на другата страна од

Охридското езеро - од манастирот св. Пантелемон, во кој служел свети Климент.

Овој манастир е изграден во 895 година, а го осветил Свети Климент. Тогаш Свети

Наум прима монашки чин. Манастирот подоцна е посветен на него и го носи и денес

неговото име. Свети Наум е познат како препишувач и преведувач на проповедничка

и друга богословска литература. Со оваа дејност одиграл видна улога во развојот на

македонско-славјанската литература и култура. Познат е како голем молитвеник,

духовен учител и раководител на монасите. Се смета за основоположник на

мастирскиот и монашкиот живот во Македонија и пошироко. Свети Наум бил

погребан во својот манстир. Тука и денес се наоѓаат неговите свети мошти. И по

својата телесна смрт тој е наш силен молитвеник и чудотворец. Неговите свети

мошти се чудотворни. На гробот во манстирот Свети Наум, во Охрид, се случуваат

чуда. Светителот и денес му помага и му прави добрини на својот македонски народ

и на сите кои со вера му се обраќаат. Лекува болни од разни болести, особено од

душевни. Црковната и просветителската дејност била високо оценувана и длабоко

почитувана од свештенислижителите и од верниците, така што кон крајот на Џ век

Свети Климент и Свети Наум се канонизирани за светители. Не случајно денешната

обновена Охридска архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква

се нарекува Светилкиментова и го има Свети Климент за свој молитвеник и патрон.

1.4 * Книжевна дејност на Свети Климент Охридски

Точниот број на сите дела и поученија на Свети Климент уште не е

востановен. Тие ни денес не се собрани во еден зборник: ги наоѓаме во преписи од

XII и XIII век, на кои често како автор се наведува Свети Јован Златоуст, иако

според содржината, јазикот и стилот може да се препознае дека автор е Свети

Климент. Највероватно тој е автор и на Панонските житија на свети Кирил и на

свети Методиј. Негов е преводот на Цветниот триод - богослужбената книга, во која

се содржани црковните песни кои се пеат од велигден до Педесетницата. Постои

Page 9: Свети Наум Охридски

веројатност дека тој е автор на Службата и на Житието на свети Климент, римскиот

папа, како и на најстарата служба на Свети Кирил и Методиј.

1.5 * Охридска книжевна школа

По смртта на Свети Климент и Свети Наум книжевната школа ја продолжиле

нивните ученици. Тие главно се занимавале со препишување на творбите на светите

учители. Многумина од нив останале анонимни, меѓу кои се и составувачите на

житијата на своите учители. Ова го навестува анонимниот биограф на Свети Наум во

Првото житие, каде се вели дека по наредба на Деволскиот епископ Марко, се

Зафатил со пишување на житијата на охидските светители и просветители. А по

повод годишнината од смртта на Свети Климент еден друг автор составил Служба,

мошне поетска, која претставува ретко убав споменик на нашата книжевност во овој

ран период. Меѓу непосредните ученици на Свети Климент и на Свети Наум е

Константин Презвитер, подоцна епископ Преславвски. Тој е познат по неговите

творби ,,Азбучна молитва,, и ,,Проглас кон Светото Евангелие,,. Негови се и

делата ,,Поучно Евангелие,, и преводите на четирите слова против аријанството од

Свети Атанасиј Александриски. ,, Катехизисот на св. Кирил Ерусалимски,,и многу

дриги. Черноризец Храбар е исто продолжувач на делото на свети Климент и свети

Наум. Негови дела се: ,, О писменах,, кое е апологија на македонската писменост,

каде ја брани македонската азбука и го заштитувал македонското културно дело. Тој

напишал уште ,, Македонските букви се посвети и се повеќе за почит, бидејќи се

обработени од свет човек, а грчките ги создале Елините, кои биле незнабошци.

http://povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?

option=com_content&task=view&id=46&Itemid=57

СЛОВО ЗА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Секој народ во сопствената историја има свои патријарси, херои и генији кои

со својот живот и со својата личност, поставиле основни критериуми на вредност, по

кои ќе се движат идните генерации. Па така и нашите патријарси светите Кирил и

Методиј, прифаќајќи ја мисијата меѓу Словените во Моравија, ги удриле темелите на

словенското просветителство, образование и воспитание.

Просветата на Словените за Светите Браќа не претставувала само бледо и

голо трупање на информации, туку како што етимолошки означува и самиот збор,

просветата за нив била осветување на човекот, негова подготовка за доблесен живот

Page 10: Свети Наум Охридски

и внесување на словенскиот човек во цивилизираниот свет. Тие, заради овие

причини ја создале глаголицата, но и ги превеле богослужбените книги на словенски

јазик. Богослужбата и пред сè Литургијата е место каде најдобро и најсигурно се

образува, воспитува и просветува човекот. На Литургијата човекот се преобразува и

учествува во Божјата благодат. Човекот овде најдиректно со Бога се соединува, со

Бога се храни и воспитува, според Бога се развива и напредува. Глаголицата, како

автентично словенско писмо, на секој човек со словенска крв му овозможува на Бога

вистински и искрено, од длабочината на своето срце, да му се обрати на својот

мајчин јазик. При тоа светите браќа Кирил и Методиј покажале како треба да се

брани својата слобода. Целосно предавајќи се на оваа мисија, тие на своите собраќа

Словени им останале верни и тогаш кога биле лажно клеветени, жестоко

прогонувани и неправедно напаѓани. Хранејќи се со Предвечниот Авторитет со

чисто срце и бистар ум, тие пред светот ја одбраниле вистината и со тоа станале

стожери не само на нас Словените, туку и на целата Европска цивилизација. На

сведоштвото нивно, денес, ние Македонците, со почит, со радост и со молитва се

сеќаваме и од нив го бараме застапништвото пред Троичниот Бог.

Ние, Македонците, можеби имаме поголема причина за радост и чествување

бидејќи од нашата средина се појавија овие свети личности кои неуморно и

самопрегорно го проповедаа Словото Божјо, ја преведоа Библијата и светите

богослужбени книги, па така ги осветлија душите на словенските народи со вечниот

факел на вистинската духовна просвета и наука Божја. Нивната божествена мисија

нè ослободи од темнината и ни даде можност за стекнување и престој во светлината.

Блесокот на нивната проповед ги осветува сите оние кои го слушаа Словото Божјо,

зашто ја проповедаа Божјата Премудрост, тајна сокриена, која Бог ја предодредил,

уште пред вековите, за наша слава. Наоружувајќи се со оваа вечна Премудрост и

облекувајќи се со силата на верата и љубовта, свети Кирил, и свети Методиј,

излегувајќи од тогашното Византиско Царство отидоа да го прослават Бога меѓу

народите, па како и Апостолите, го избраа патот на Крстот Христов и доследно го

носеа на земјата до последниот здив. Затоа, и денес, после многу векови, славата на

свети Кирил и Методиј расне и се умножува во Светата Црква Христова ширум

Европа и насекаде во светот.

Свети Кирил и Методиј длабоко и правилно ги проценија религиозните и

културните потреби на својот народ и со своето дело ги воведоа во тајните на

христијанската вера. Озарени со духот на филолошкото и философското

Page 11: Свети Наум Охридски

образование, надарени со ораторска способност, украсени со светлозарните зраци на

вечната вистина и раководени од Светиот Дух, тие со својот богоугоден и примерен

живот се вброија во редот на светите Апостоли како еднакви со нив во ширењето и

сведочењето на Воскреснатиот Спасител, па гласот за нив се разнесе по целата земја,

како мисионери на светлината. Со божествена наука, не жалејќи труд, ги учеа и

воспитуваа старите и младите, простите и непросветените, и им ги откриваа тајните

на Христовата спасоносна наука и ги напојуваа од животворниот извор на жива вода,

која беше всадена во нивната душа како дар од Бога.

Делото на свети Кирил и Методиј, силно влијаеше во текот на вековите врз

македонскиот народ и врз Македонската Црква за целосна духовна, социјална и

национална слобода. Од нивниот пример и од нивниот живот и ден денес, ние

денешните генерации Македонци, можеме на многу што да се научиме. Денешниот

живот на Македонската Православна Црква во голема мера наликува на времето во

кое живееле Светите Браќа. Проблемите и искушенијата кои денес ги трпиме, ги

трпеле и тие, во поинаква форма, но со истиот дух. И ние сега, како и тогаш светите

Кирил и Методиј, неканонски и нелогично сме обвинувани за сè освен за нашиот

живот според Догмите и Каноните на Светата Црква. Денес, некои од нас бараат да

си го смениме името исто како што тогаш барале од Светите Браќа да се служи и

зборува во Црквата само на “трите свети јазици”. Очигледно дека некој тргнал да се

поистоветува со овие безумни теории. Нашиот, пак, одговор на ова ќе треба да биде

во духот на Свети Кирил и Методиј кои на обвинувањата одговорија со голема

љубов и трпение. Ќе треба и ние, како и тие, на народите да им покажеме дека

правилно и вистинито живееме и дека и во Македонија и покрај непризнавањето на

нашата света Црква се раѓаат, живеат и се подвизуваат христијани кои одлучно

чекорат кон светоста и уподобувањето на Господа Исуса Христа. Наоружувајќи се со

ваква дипломатија, базирана врз живот и вистина, ќе треба да се поставиме и да

комуницираме со сите наши браќа христијани во светот. Ваквото постапување е

сигурниот пат кон остварување на она заради кое себеси се нарекуваме Христови

ученици.

Заради сите овие величини кои погоре ги спомнавме ќе мораме кон делото на

свети Кирил и Методиј и како Црква и како Држава достојно и со почит да се

однесуваме. Не смееме да дозволиме да ни биде префрлано за небрежност и

негрижа. Тешко нам ако за ова бидеме обвинувани. Свети Кирил и Методиј се

нашите духовни пастири и нашите духовни родители. Огрешувајќи се кон нив се

Page 12: Свети Наум Охридски

огрешуваме кон Божјите заповеди, се огрешуваме кон нашата историја, се

огрешуваме пред нашите предци и ги забораваме страдалните солзи на оние кои го

граделе зданието на нашата слобода, самостојност и самобитност. Овие денови на

чествување на делото на свети Кирил и Методиј Солунски нека ни бидат можност за

угледување на нивниот живот и потсетување и прифаќање на нивните подвизи.

Празниците и чествувањата затоа и постојат. Впрочем, тогаш е времето кога ќе треба

да се потсетиме, да се воспитаме и да се изградиме како вистински побожни

личности. Оваа шанса ни се дава секоја година и затоа не треба да ја пропуштиме,

кога широко и со љубов ни се нуди. Ви благодарам.

http://povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?

option=com_content&task=view&id=30

СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

Свети Климент Охридски е еден од учениците на Кирил и Методиј кој

учествувал во извршувањето на Моравската мисија. По смртта на Св. Методиj бил

истеран од Панониjа од Германците и побарал спас во Бугариjа, која управувала со

голем дел од Македонија во тоа време.

Со дозвола на бугарскиот цар Борис I оди во Охрид, во областа Кутмичевица

каде во 886 година ја формира Охридската книжевна школа или попозната како прв

словенски Универзитет, од кој како подготвени излегле 3500 ученици.

Климент Охридски е познат по тоа што ја има создадено кирилицата, која ја

прави врз основа на грчката азбука но со модифицирани букви за прилагодување кон

словенските фонетски карактеристики.

Покрај црковните и педагошките дејности, особено учителско проветителски,

Климент развил и богата книжевна дејност. Автор е на многу поучни и похвални

слова како похвалата на Кирил Филозоф, похвалата на пророкот Захариј и св. Јован

Крстител, за Кирил и Методиј, Јован Крстител, Михаил и Гаврил. Но, во неговото

творештво преовладуваат поучителните слова кои се однесуваат на

општохристијанските светители: Св.Ѓорѓи, Св.Тома, Св.Антониј, потоа слова

посветени на Богородица и слова посветени за настаните од животот на Исус

Христос.

Во чест на светецот, во Република Македонија и Бугарија многу училишта,

улици и државни институции го носат неговото име. Најголемата црква во Скопје

(соборниот храм) го носи името на Свети Климент. Исто така името на светецот го

Page 13: Свети Наум Охридски

носат бугарската антарктичка база, универзитетот во Битола и Софискиот државен

универзитет во Бугарија.

Дела

* Похвала на Кирил Филозоф

* Похвала на словенските учители Кирил и Методиј

* Од опширното житие на Кирил Филозоф

* Од опширното житие на архиепископот моравски Методиј

* Похвално слово на бестелесните Михаил и Гаврил

* Похвално слово за четиридневниот Лазар

* Поука за блудниот син

http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B8_

%D0%9A%D0%BB%D0%B8%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%82_%D0%9E

%D1%85%D1%80%D0%B8%D0%B4%D1%81%D0%BA%D0%B8

СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ

По враќањето од Велика Моравија, свети Наум бил задржан од бугарскиот

кнез Борис во манастирот посветен на Светите Архангели кај градот Плиска.

Таму, во тие краишта тој бил проповедник на христијанството околу осум

години. Кога свети Климент бил избран за епископ на Дремвицко-величката

епархија, тој го условил прифаќањето на ова високо црковно достоинство со

доаѓањето на својот собрат и сотрудник при мисионерските патувања свети Наум во

Македонија. Барањето на свети Климент од страна на царот Симеон било исполнето.

Свети Наум по враќањето во Македонија во 893 година се оддал на

испоснички и монашки живот. Го изградил манастирот посветен на Светите

архангели Гаврил и Михаил, на другата страна од Охридското езеро, на спротивната

страна од манастирот „Свети Пантелејмон”, во кој служел, живеел и се подвизувал

Свети Климент. Овој манастир е изграден во 895 година, а бил осветен од страна на

Свети Климент. Во него Свети Наум го примил монашкиот чин. Манастирот денес

го носи неговото име, а во манастирската црква се наоѓа и наумовиот гроб.

Свети Наум е познат како препишувач и преведувач на проповедничка и

друга богословска литература. Со оваа дејност одиграл видна улога во развојот на

македонската книжевност и култура. Познат е како голем молитвеник, духовен

учител и раководител на монасите и основоположник на манастирскиот

општежитеен монашкиот живот во Македонија и пошироко.

Page 14: Свети Наум Охридски

Свети Наум бил погребан во својот манастир. Тука и денес се наоѓаат

неговите свети мошти. И по својата телесна смрт тој е наш силен молитвеник и

чудотворец. Неговите свети мошти се чудотворни и на неговиот гроб во манастирот

Свети Наум, во Охрид, и ден денес се случуваат чуда. Многумина кои со вера му се

имаат обратено за негово молитвено застапништво пред престолот на Бога се имаат

здобиено со избавување од телесните и душевните страдања.

Заради својата богата црковна и просветителска дејност кон крајот на X век

свети Климент и свети Наум се канонизирани и признаени од целата Христијанска

црква за светители и наши застапници и молитвеници пред лицето Божјо. Денешната

обновена Охридска архиепископија во лицето на Македонската православна црква за

свои патрони и молитвени застапници ги има токму Светите охридски исцелители и

чудотворци Климент и Наум.

Извор: Повардарска Епархија

http://www.macedonium.org/Macedonium.aspx?

jazik=2&kid=2&pid=5&ppid=100&tid=1438

ЖИТИJA НА ПРЕПОДОБЕН НАУМ ОХРИДСКИ

Свети Наум, едeн од учениците на Константин и Методиj, повеќепати е

именуван во опширното Житие Климентово, а е спомнат и во краткото Житие

Климентово од Димитриј Хоматијан. Старословенските извори за неговиот живот и

дело биле откриени многу доцна. Прво, во шеесетите години на XIX век, било

установено помладото житие кое потекнува од XVI век . Многу подоцна, околу

почетокот на XX век, J. Иванов во Зографскиот манастир на Атон го нашол

постарото Житие Наумово, чија појава може да биде датирана околу првата

половина на X век.

Месец декември 23 [ден]

спомен на светиот и богоносен отец наш Наум,

голем чудотворец во Ливанија деволска, близу градот Охрид

Овој свет и велик отец Наум произлегол од Mизиа, а по воспитанието што го

добил од благородните [родители] просудил дека благородноста и богатството се

плевел и се сврзал со Константин Философот и неговиот брат Методиј, кои се рамни

на апостолите. Кога оделе и го учеле народот мизиски и далматски, ги следел

насекаде, дури до древниот Рим. Таму благословениот папа Адриан, по откровение

од Бога излегол да ги пресретне надвор од градот со многу избрани црковни и

Page 15: Свети Наум Охридски

градски првенци и со секоја почест. Бог покажал многу чуда и исцеленија, и ги

прославил своите свети. [Папата] исто така испеал света литургија, го пострижал

Константин Философ во монашки чин, му го дал името Кирил и го посветил за

свештеник, Методиј пак го назначил за архиепископ Моравски и на цела Панонија.

По завршувањето на литургијата им ги покажал на сите книгите преведени од

грчки на болгарски јазик, а тие книги самите се отворале и ја покажувале својата

содржина. И рекол папата: “Благословен нека е Бог, овие книги се вистинска жртва

принесена на живиот и возљубен Бог.” Тогаш ги посветил Климент и Наум со

другите за свештеници и ѓакони ракоположил, за цела служба вечерна и утринска да

се служи според болгарските книги во големиот храм на светите апостоли Петар и

Павле, а кога тоа се случило, сите служеле литургија и сите го прославиле Бога што

на таков начин покажал чуда.

Наскоро, на ден 14, месец февруари, умрел во Рим богоносниот Кирил и

неговото тело било погребено во храмот на свети Климент Римски, ученик на свети

апостол Петар. Преку свети Кирил и по неговата смрт, покажуваше Бог чуда и

знаменија и така го прослави својот вистински возљубен.

Методиј, откако жалел за својот роден брат Кирил, блажениот папа Адриан го

отпуштил и отишол со сите ученици во Панонија, до градот Моравија, кој му бил

даден како архиепископско седиште, и таму добро ја исполнувал својата должност и

поучувал.

По смртта на Методиј се јавил во архипископијата некој магесник Виглиско,

кој бил исполнет со ереста на Македониј и Аполинариј. Го расипувал целото учење

на Методиј и неговите ученици многу ги мачел и ги ставил во затвор и со тешки

окови. Кога пак светиот се помолил на Бога, настанал голем земјотрес, па дури и по

втор и трет пат, така што сите морале да избегаат од домот, а овде се отвориле

вратите на затворот и од нозете и рацете паднале оковите. Сите се восхитиле од тоа

чудо, а светиот го нарекувале голем. Но духоборците од нив изведеле ѓаволштини,

како и Евреите што му направија на мојот Христос, и тие заради големата тиранија

избегале далеку од земјата. Ја истреселе прашината од своите нозе, како што е

напишано (Mт. 10,14; Мк. 6,11, Лк. 9, 5 и 10, 11, Дела. 13,51), и отишле во земјата

дунавска. Таму на некој велмож синот единец, кој бил умрен, со молитва го

воскреснале, а го крстиле неговиот дом и многу други во тоа село. Кога од сите

добиле големи почести, бргу заминале кон големата река Дунав. Тука со молитви и

Божјо чудо врзале со лозови гранки три стебла, го повикале имаето на Света Троица

Page 16: Свети Наум Охридски

и ја препливале реката на другата страна. Пристигнале во Белград и таму добиле

големи почести од кнез Радислав, давајќи благослови и радост. Потоа се разотишле,

едни во Mизиа, други во Далмациа и Дакиа и насекаде стократно го умножувале

Божјото слово.

Климент и Наум тогаш дошле во крашиштата илирски и лихнидски. Во

Ливанија деволска на брегот на езерото Охридско, во меѓуречјето, Наум изградил

голем манастир и храм на водачот на небесните војски архангел Михаил и сите

ангели, со средства и распоредби од побожниот цар Михаил Борис и неговиот син

Симеон, а тоа било во 6413 г. Кога ги извршил сите овие богоугодни дела, умрел

блажениот Наум таму во длабока старост. Ја предаде душата во Божји раце на ден

23, месец декември и неговото тело било погребено од најсветите раце на Климент

Охридски, епископот Христов. Со почести било положено во гробот, во коработ на

храмот. Бог пак, него го прослави со големи чудеса, со исцеленија од секакви

болести и изгонувања на демони. // ŽIVOT NAUMŮV (MLADŠÍ)

Месец декември 23 [ден]

Спомен на светиот отец наш Наум

Така, браќа, да не остане без спомен братот на оној благословен Климент,

неговиот пријател и соработник со кого претрпел многу беди и страдања од

еретиците, свештеникот Наум.

Кога Климент бил назначен за епископ, благочестивиот цар Симеон го

испратил неговиот пријател Наум наместо него да учителствува. Тоj бил неуморен

во светото и богоугодно дејствување, останувајќи девствен од детството до смртта.

Изградил манастир на истекот на Белото езеро; црква на свети Архангел и поминал

седум години во учителствување. Откако го оставил учителствувањето, отишол во

манастирот и живеел уште десет години. При крајот на својот живот примил

монашка облека и во мир се упокоил на ден 23, месец декември.

И ова нека се знае: Наум свештеникот умрел шест години пред епископот

Климент. И тоа да им биде познато на сите читатели – како што веќе напишавме –

дека еретиците едни многу измачиле, а други продале на Евреите за пари, [меѓу нив]

свештеници и ѓакони. Тие Евреи пак, ги зеле и ги одвеле во Венеција, а кога ги

продавале, дошол, воден од Бога, во Венеција од Константинопол човек на царот, коj

извршувал царски работи. Штом царскиот човек дознал за нив, едни купил, други

зел со себе, ги одвел во Константинопол и им кажал за нив на царот Василиј. Потоа

тие беа назначени на своите должности и звања; свештеници и ѓакони, како што

Page 17: Свети Наум Охридски

биле порано. Им дале и награди, никоj не умрел во беда, туку некои умреле во

Константинопол под царска закрила, други отишле во болгарската земја и умреле

таму со големи почести.

Но, на моравската земја, како што беше предрекол светиот архиепископ

Методиj, заради нивните престапни делата, заради ереста, за прогонувањето на

правоверните отци и страдањето што го поднеле од eретиците на кои тие им

верувале, за кратко време ѝ дошла отплатата од Бога. Набргу дошле Унгарите,

панонско племе, и ја заплениле земјата и ја опустошиле. А оние кои Унгарите не ги

фатиле, бегале во Болгарија. И останала нивната земја пуста и поробена од

Унгарите.

Јас пак грешниот, браќа, многу се грижев за споменот на нашите

благословени отци, да најдам сè што е напишано за нивниот живот што би било

познато од почетокот, како и за нивниот крај, но не најдов. Го знам ова то ест малку,

колку што самите отци ми раскажаа. Се обидов да напишам, но немав смелост.

Сакав да откријам повеќе од ова што е напишано, а ако некоj најде нешто напишано

од некоj друг, нека не нè укорува нас бедните и неуките. Знам дека отците направиле

многу повеќе од ова, дека направиле многу чуда, но ни го кажаа само ова, а другите

работи ги сокрија заради своето смирение. Така значи, се принудив себеси, или уште

ме поттикна владиката, коj исто така, беше ученик на благословениот Климент,

односно епископот Марко во деволската епископија (беше четврт епископ на

словенскиот народ во Девол). Двајцата се надевавме дека ќе добиеме благодат од

овие благословени отци и простување на гревовите од нашиот милостив Бог, коj

рече: “Кој прима пророк во име на пророк, ќе прими пророчка награда; и кој прима

праведник во име на праведник, ќе прими праведничка награда. ” (Mт. 10, 41). И Бог

му рече на апостол Павле: “Помнете ги своите учители, кои ви го говореа Божјото

слово; гледајте го крајот на нивниот начин на живеење, подражавајте ја нивната

вера!” (Евр. 13,7).

А ние, браќа, да го следиме добриот живот на оние кои ја зачуваа

девственоста и целосната чистота, многу страдања и опасности претрпеа за правата

вера во Бога, за и ние со нив да го добиеме вечното блаженство во Исуса Христа,

нашиот Господ, чија е славата, на Отецот, Синот и Светиот Дух, сега и постојано и

во вечни векови. Амин. // ŽIVOT NAUMŮV (STARŠÍ)

http://ortos.wordpress.com/

2009/01/04/%D0%B6%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-

Page 18: Свети Наум Охридски

%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%BE

%D0%B1%D0%B5%D0%BD-%D0%BD%D0%B0%D1%83%D0%BC-%D0%BE

%D1%85%D1%80%D0%B8%D0%B4%D1%81%D0%BA%D0%B8/

ПРЕПОДОБЕН НАУМ ОХРИДСКИ ЧУДОТВОРЕЦ

„Светиот и голем отец Наум излезе од Мизија. По воспитанието што го доби

од благородните [родители], просуди дека благородството и богатствата се плевел и

се присоедини кон Константин Филсософот и неговиот брат Методиј, кои се рамни

на апостолите.” (ŽIVOT NAUMŮV)

Преподобен Наум Охридски бил еден од најблиските ученици и

соподвижници на светите рамноапостолни Кирил и Методиј (спомен на 11/24 мај).

Од својата младост тој ги следел учителите во Великоморавија и Панонија, каде што

во текот на многу години (863-885) подвижнички живот им го проповедал Божјото

слово на словенските народи на нивниот роден јазик. Преподобен Наум ги обучувал

словените во писменоста, ги распространувал богослужебните книги, кои

рамноапостолните браќа ги превеле од старогрчки јазик на словенски. Во 868 г. во

Рим, папата Адриан II (867-872) го ракоположил преподобниот за ѓакон, а потоа тој

го примил и чинот презвитер. Папата Адриан II го признал како богоугодно делото

на Словенските учители, ги осветил словенските книги и благословил да се служи

литургија на словенски јазик.

Најтешки искушенија поднеле свети Наум и другите ученици на свети

Методиј по преставувањето на свети Методиј во 885 г., кога епископ Моравски

станал дамнешниот непријател на словенската просвета – германот Вихинг.

Проповедниците биле фрлени во темница, приковани во окови, подложени на

мачење. По нивните молитви Господ јавил чудо: настанал земјотрес, ѕидовите на

затворот паднале, оковите се скинале. Народот, кога го видел тоа, поверувал во

светоста на затворениците, но Вихинг го прогласил Божјиот знак за ѓаволско дејство

и го прогонил свети Наум со неговите соподвижници од Великоморавија.

Светите проповедници, движени од Божјата Промисла, творејќи многу чуда,

стигнале до Дунав. Таму тие се разделиле на групи. Некои од нив тргнале кон

Мизија, други во Дакија и Илирија, „Божјото слово умножувајќи го насекаде

стократно.”

Page 19: Свети Наум Охридски

Преподобен Наум заедно со светите Климент и Ангелариј отпатувале во

Бугарија. Светиот бугарски цар Михаил (Борис) со радост ги примил учениците на

светите Кирил и Методиј.

Тој го испратил свети Климент како учител во Македонија, а св. Наум

останал во престолнината Плиска. Наум организира словенски просветен и

книжевен центар, но не во престолнината Плиска, каде што била резиденцијата на

византискиот архиепископ на Бугарија, туку во блискиот словенски град Преслав.

Преподобен Наум почнал да учителствува и проповеда во манастирот изграден во

чест на свети Пантелеимон, близу Преслав (886-893).

Во 893 г. на црковно-народен собор св. Климент бил ракоположен за епископ

Белицки/Велички. Тогаш на негово место за учител бил назначен св. Наум. Цар

Симеон Велики го испраќа преподобниот Наум во Кутмичевица. „Наум и Климент

дојдоа во пределите илирски и лихнидски.”(ŽIVOT NAUMŮV) Тука свети Наум го

возглавил просветителското дело, кое седум години го извршувале заедно со свети

Климент.

Додека свети Климент во Охрид ги вршел светителските/епископските

трудови, преподобен Наум изградил манастир во чест на Светите Архангели, на

јужниот брег на Охридското езеро, кој станал извор на благочестие и прибежиште за

бедните. Околу него се собрале многу монаси, бидејќи тој бил мудар учител, строг

подвижник, чудотворец и молитвеник. Во тој манастир се подвизувал десет години и

го завршил својот земен пат во 910 г, примајќи пред смртта монашки постриг. Таму

и досега почиваат неговите свети мошти, лекувајќи – со силата на Христовата

благодат – душевни слабости и болести. Светата Црква набргу го вброила

преподобен Наум во соборот на светите, а манастирот што тој го оснавал, станал

познат меѓу народот како манастир на свети Наум. Заедно со светителот Климент

тие биле наречени „нови Мојсеј и Арон.”

Преподобен Наум неуморно се трудел над преводот на Светото Писмо на

словенски јазик. Автор е на „Канон на апостолот Андреј”. Со неговото книжевно

дело се поврзуваат уште два канона: „Канон на Архангел Михаил” и„Канон на

пренесување на моштите на Јован Златоуст.”

Црковниот спомен на свети рамноапостолен Наум се твори на 20 јуни/3 јули,

23 декември/05 јануари и 27 јули/9 август заедно со светите Климент, Сава, Горазд и

Ангелариј.

Тропар, глас 4.

Page 20: Свети Наум Охридски

Светот го остави, откако се соедини со Христа,/ телото го распна, живеејќи за

Духот,/ Науме себлажен,/ се трудеше да се подвизуваш со апостолскиот тек/ и си

уловил за верата неброен мизиски народ./ Затоа, со твоите молитви / избави нè од

искушенија.

Кондак, глас 3.

Пречесниот спомен на твоите светли подвизи,/ како големо сонце, на сите им

свети,/ лицата на тие што те воспеваат ги просветува,/ демоните и секоја болест ги

изгонува,/ заради тоа, откако се собравме, со љубов верно да го восфалиме.

http://ortos.wordpress.com/2008/07/02/%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%BF

%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D0%B5%D0%BD-%D0%BD

%D0%B0%D1%83%D0%BC-%D0%BE

%D1%85%D1%80%D0%B8%D0%B4%D1%81%D0%BA%D0%B8/

СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

sv_kliment_ohridskiНа 27 јули/9 август и на 27 ноември/8 декември

Православната Црква го слави споменот на најистакнатиот просветител Словенски,

рамноапостолниот епископ Охридски Климент. Тој е соподвижник на свети Методиј

и го утврдил христијанството меѓу словените на Балканот.

За детството и младоста на Климент речиси ништо не е познато. Се

претпоставува дека се родил во 840 година. „Краткото житие на Св. Климент”

составено, најверојатно, во почетокот на 13 век од епископот Охридски Димитриј

Хоматијан, укажува дека Климент родум бил «од европските мизијци, под кои

многумина ги подразбираат болгарите». Но, тоа значи само дека свети Климент бил

словен од Болгарското царство. Точното потекло на неговото семејство не е

установено. Сепак, многумина истражувачи претпоставуваат дека семејството на

Климент било од Македонија. Подоцна болгарскиот цар го испратил Климент токму

во Македонија за да создаде словенска Црква. Македонското потекло на Климент се

потврдува и од фактот дека тој одлично го владеел и грчкиот јазик (за што сведочат

неговите преводи); во тоа време Македонија била во состав на Болгарското царство

и била двојазична провинција.

Според спомнатото „Кратко житие”, свети Климент «од младоста се

проникнал со Божествениот закон, живеел строго, како што заповеда Евангелието».

Таму се говори и за тоа дека тој го засакал «монашкото и девствено живеење». Во

друг извор «Опширното житие» составено во почетокот на 12 век од архиепископот

Page 21: Свети Наум Охридски

Охридски Теофилакт, се кажува дека Климент «го зел за себе како образец за

подражавање великиот Методиј, бидејќи го знаел неговиот живот како никој друг и

го следел од својата рана младост и со свои очи видел сè што правел неговиот

учител». Оттука може да се заклучи, дека соработката на Климент со Методиј

започнала уште од крајот на 60-ите години на 9 век. Во тоа време Методиј, како што

се претпоставува, се наоѓал во северо-западниот дела на Мала Азија, во манастирот

Полихрон. Таму изгледа се наоѓал и Климент. Наскоро во манастирот пристигнал и

братот на Методиј, Кирил (во тоа време тој сè уште го имал името Константин).

Средбата со Кирил, кој веќе ја имал славата на истакнат научник и дипломат, на

Климент оставила силен впечаток. Подоцна, во пофалното слово на Кирил, Климент

се обраќа кон него како кон свој учител.

Кирил и Методиј поминале во манастирот неколку години, не сметајќи ги

периодите на дипломатски мисии, на пример, во Хазарија. Во тоа време тие,

најверојатно, и работеле на создавањето на словенската азбука и на преведувањето

на византиските богослужбени книги на словенски јазик. Во полза на оваа теза

говори и фактот дека во 863 година, ако не и порано, словенскиот алфавит веќе

постоел. Меѓу помошниците со кои работеле Кирил и Методиј, очигледно, бил и

Климент, кој ги знаел и словенскиот и грчкиот. Се искажуваат претпоставки дека

Климент ги придружувал Кирил и Методиј во нивната мисија во Хазарија.

За периодот на животот на Климент од 863 до 868 година, изворите ништо не

кажуваат. Потоа се спомнува дека тој ги придружувал Кирил и Методиј на

патувањето во Рим, каде тие на Папата му ги предале моштите на свети Климент

Римски. Во Рим ним им бил укажан почесен прием и во март 868 година, учениците

на Кирил и Методиј, меѓу кои е и Климент, биле ракоположени за свештеници од

два римски епископи. Во следната, 869 година, Римскиот Папа го ракоположил

Методиј за архиепископ на Панонија и го испратил таму во својство на папски легат.

Со него отпатувал и Климент. Сепак, во Моравија Методиј не бил добродојден за

франкиските свештеници кои се плашеле да не ја изгубат својата исклучителна

положба. Освен тоа, тие во Символот на верата во врска со исходењето на Светиот

Дух, веќе ја применувале додавката «и од Синот». (Патем кажано, Рим таа догма ја

утврдил дури во 11 век.) Прашањето за таа додавка во Символот на верата постепено

станала главен проблем во догматските спорови меѓу Византиската и Латинската

Црква.

Page 22: Свети Наум Охридски

За една од полемиките по тоа прашање, која се одржала по смртта на Методиј

во 885 година, соопштува «Опширното житие». Византиската Црква ја

претставувале преемникот на Методиј - Горазд и Климент. Тие го изложиле

православното гледиште за Бог Света Троица; прво - во обраќање кон франкиското

духовништво, а потоа – во обраќање кон кнезот Светополк. Света Троица, според

свети Климент, се три ипостаси на едната субстанција, «Бог е еден во три ипостаси».

Бог нема ни почеток, ни крај. Тој е бескраен, независен од времето, неизменлив

според битието; Тој суштествува вечно. Учењето на западните богослови дека

Светиот Дух исходи од Отецот и Синот, свети Климент го смета за обид да се

разложи едната субстанција на две начела. «Светиот Дух, – тврди Климент – не

происходи од две начела: тој – е еден и од едното Начело. Отецот е Начелото и Тој

стои над секое предвечно Начело».

Во полемиката, победила, но не со вистината, туку со насилство, франкиската

партија. Учениците на Методиј (околу 200 свештеници и ѓакони) тогаш биле

подложени на државен прогон. Оние помладите од нив биле продадени во ропство и

испратени во Венеција, други биле ѕверски претепани и изгонети. Петте главни, меѓу

кои бил и Климент, биле фрлени во затвор. Впрочем, наскоро и ним им било

заповедано да ги напуштат пределите на Моравија. Зимата 886 година Климент

пристигнал во Белград, кој тогаш припаѓал во Болгарското царство.

Прогонувањето на Климент и неговите соподвижници од Моравија го

означувал крајот на кирило-методиевската традиција во тоа кнежество. Сепак,

словенската богослужба имала иднина во други краишта. Преку свети Климент

блесна Христовата светлина од Охрид до краиштата на словенските земји, за другите

народи кои припаѓаа на единствената култура на Византискиот комонвелт.

Болгарскиот цар Борис бил радосен на доаѓањето на словенските

проповедници во Плиска, каде што од Белград пристигнале Климент и другите со

него. Борис ги сместил како важни велможи и често ги примал во својот дворец.

Климент организирал и школа при царскиот дворец. Но, наскоро тој, како македонец

и искусен проповедник, бил испратен да проповеда во Македонија. Дејноста на

Климент се одвивала воглавно во градовите Охрид, Девол и Главеница.

Документ од Ватиканската библиотека посочува два неспорни факта:

седиштето на св. Климент по 906 г. и датата на неговата смрт. Во документот стои

следното:

Page 23: Свети Наум Охридски

„Епископија на Велаград или Велеград (Берат) и Канина, Северен Епир. Град

во Албанија, сега Берат. Епископија прво при Драчката митрополија, нарекувана

Пулхериуполска, потоа Велеградска митрополија при Охридската архиепископија, а

од 1767 г. при Цариградската патриаршија со митрополитска титула „Пречестен и

Егзарх на цела Албанија… Епископи: 1. Филарет, непознато кога, 2. Серафим, исто

непознато, 3. Сергиј 16 април 878, 4. Даниил, 5. Климент 906 25 јули 916 г.”

Според овие податоци појасно се разбира зашто во неговото титулирање се

спомнуваат две епархии: Тивериополската и Величката, односно дека св. Климент на

два пати примал епископски катедри. По 7 години од пристигнувањето во

Македонија, Климент на соборот одржан во Преслав (893 г.), предложен од

владетелот Симеон, добил чин епископ и светителствувал веројатно во Струмица

(Тивериопол) до 906 година. Епископ Климент ја добил Величката епископија во 906

г. и како епископ велички останува до крајот на својот живот.

Во Македонија Климент развил активна дејност. Тој ги воспитувал

христијаните, но голем дел од времето тој посветувал и за проповедање на

Евангелието на незнбошците. Климент исто така, ги обучувал децата со словенската

писменост. Забележително е дека, обучувајќи ги децата, тој можел истовремено и да

чита и «да пишува книги». Најспособните од децата ги избирал за свои ученици. Тој

им предавал и богословски знаења, подготвувајќи ги за ракоположување.

«Опширното житие» говори дека општиот број на неговите ученици бил околу 3.500.

Во Охрид Климент основал манастир на свети Пантелејмон. Во последните

години од животот, изморен од епископските задолженија, тој често престојувал во

него. Првиот епископ словен за своја главна цел го сметал подготвувањето на

местното свештенство за извршување на богослужбите на словенски јазик. Срдечно

и ревностно, „не давајќи им одмор на своите очи,” ги исполнувал своите должности,

не заборавајќи и за својот проповеднички повик.

Во «Краткото житие на Св. Климент» има нејасна фраза која до денес

предизвикува спорови; имено, дека Климент «вешто изнашол други облици на

буквите, за да ги направи поразбирливи од оние кои мудриот Кирил ги создаде». И

со тие букви тој го «запишал целото Свето Писмо, и пофалните слсова, и житијата на

мачениците и светите, и уште свештените химни». Дали Климент изнашол нов

алфавит или само го упростил веќе постоечкиот? Ова прашање добива особено

значење во врска со тоа, дека раните Црквено-словенски ракописи се напишани со

две сосема различни видови писма – глаголица и кирилица. Глаголицата е –

Page 24: Свети Наум Охридски

посложена, таа е сосема самостоен пронајдок. Кирилицата пак – е преработка на

грчкиот алфавит со додавање на неколку нови знаци. Денес е општоприфатено

мислењето дека глаголицата ја пронашол Кирил, а кирилицата е плод на трудот на

учениците на Методиј. Затоа многу научници претпоставуваат дека автор на вториот

словенски алфавит (кирилицата) би можел да биде Климент.

Во староста свети Климент сакал да ја остави епископската служба, на што се

противел болгарскиот цар Симеон. Тогаш Климент се населил во Охрид, во

манастирот на свети Пантелејмон, од каде што управувал со својата епархија. Таму

тој и се упокоил во Господа, во 916 година, на 80-годишна возраст. Охрид, кого

Климент го направил центар на словенското христијанство, неразделно е поврзан со

неговото име. Бидејќи неговите свети мошти се чуваат во неговиот Охридски

манастир и твореле и творат чуда, св. Климент е познат како „Охридски

чудотворец.”

Свети Климент Охридски имал непроценливо голема улога во духовното

преродување на словенството. Благодарение на него словените «влегле во бројот на

големите народи кои Му вознесуваат фалба на Господа на својот роден јазик». Затоа

рамноапостолниот епископ Охридски Климент се слави со особено голема почит, а

оние што го почитуваат „се збогатуваат на небото со застапник и молитвеник пред

Бога.”

http://ortos.wordpress.com/

2008/12/07/%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B8-%D0%BA%D0%BB

%D0%B8%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%82-%D0%BE

%D1%85%D1%80%D0%B8%D0%B4%D1%81%D0%BA%D0%B8/#more-1479

КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ - РОДОНАЧАЛНИК НА МАКЕДОНСКАТА ПИСМЕНОСТ

За изградувањето на животниот пат и делото на Климент Охридски

послужиле повеќе извори, кои според јазикот на кој се сотавени се делат на:

словенски, грчки и латински. Во случајов зачуваните грчки извори даваат најцелосна

слика за Климента. На прв план доаѓа „Опширното житие на Свети Климент

Охридски” составено од охридскиот архиепископ Теофилакт, по потекло Грк, познат

писател и автор во Византија во 11. век. Неговиот состав претставува вистинска

уметничка хагиографија, градена по високите критериуми на византиската

хагиографска литература. Меѓутоа, се смета дека овој богат извор, секако, го имал

Page 25: Свети Наум Охридски

пред себе и словенското опширно житие на Климента. Во еден словенски извор од

„Краткото житие на св. Наум”се наоѓа податокот дека постоеле словенски опширни

житија на Климент и Наум Охридски, но до нив не можел да дојде анонимниот

автор. Најверојатно, Теофилакт ги имал пред себе словенските житија. Исто така, во

13. век охридскиот архиепископ Хоматијан го составил на грчки јазик „Краткото

житие на Свети Климент”.

За родоначалникот на старата македонска книжевност немаме достатно

податоци во врска со неговото потекло, место на раѓање, со младешките години . Се

смета дека е роден околу 840 година, а се знае дека починал на 27 јули 916 година,

во сопствениот манастир во Охрид. Повеќе слависти сметаат дека и местото на

раѓање е неговиот сакан град Охрид. Оваа претпоставка се базира заради

определеноста на Климента да живее и работи најчесто во Охрид, каде што заминал

од бугарскиот центар во 886 година. Од неговото книжевно творештво. а и од

вестите што ни ги оставил Теофилакт, се заклучува дека стекнал солидно

образование во некоја византиска школа. Учествувал заедно со сопатникот Наум

Охридски во Моравската Мисија, како млади ученици на Кирил и Методиј.

Учениот и талентиран хагиограф Теофилакт не препушта да ги истакне

сликите на учениците по смртта на Методиј. Германските епископи веднаш се

погрижиле да ги сотрат трагите од Кирилометодиевската дејност. Горазд не го

заменил Методија а сите ученици биле жестоко измачувани и протерани од

Моравија: „Војниците, луѓе жестоки, Германци, и по природа жестоки, а сега

жестокоста им се зголемила и заради наредбата, според која ги изведоа светците од

градот, каде што ги свлекоа и голи почнаа да ги влечат. И со една постапка им

нанесува две лошотии: бесчастие и страдање од студената магла која секогаш се

надвивала над дунавските земји...” Измачувани и протерани, некои од нив умреле,

други биле продавани по европските пазаришта како робови, трети се упатиле долж

Јадранското крајбрежие, а посебна група, меѓу кои се наоѓале Климент и Наум

Охридски, ја минале реката Дунав со сплав и пристигнале во Белград. Оттаму

заминале во бугарската престолнина на кнезот Борис, каде што биле убаво

пречекани и сместени во најбогатите благороднички куќи, бидејќи кнезот одамна

посакувал образовани луѓе, кои ја усвоиле словенската писменост.

Животниот пат на Климент Охридски изворите го започнуваат со одисејата

по Методиевата смрт. Меѓутоа, познато е дека Климент од младите години го следел

Методија, а со тоа што патот на Браќата бил речиси заеднички, и Кирила. Тој

Page 26: Свети Наум Охридски

учествувал во Моравската мисија и таму се развил во доследен и образован

мисионер, кој ги следел сестрано Учителите. Сигурно е дека во Рим, стекнал

свештенички чин и го добил името Климент. Истата година 886, кога стигнал кај

кнезот Борис, заминал во Западна Македонија и во градот Охрид ја основал

значајната Охридска школа. Мнозина слависти сметаат дека Климент Охридски е

роден во Охрид, заради големата љубов што ја носел кон овој град. Документите тоа

не го откриваат, како и годината на неговото раѓање и потекло. Но, она што тој го

направил со својата дејност останува како трајна придобивка на македонската

историја и култура.

Во 886 година Климент Охридски во Охрид ги удрил темелите на Охридската

книжевна школа, во која тој станал и првиот нејзин учител. Тој сигурно сфатил и

знаел колку е неграмотно населението во Македонија и започнал интензивна работа

на описменувањето на млади и стари во формираната школа. Во неа учрниците ја

изучувале глаголската азбука. Дури во славистиката се смета дека Климент

Охридски намерно заминал во Западна Македонија, која тогаш влегувала во составот

на средновековната бугарска држава, за да може таму да ја спроведе мирно целата

наследена кирилометодиевска традиција. И додека во Охрид се ширела глаголицата,

во Источна Бугарија , во Преславската книжевна школа, загосподарила кирилската

азбука. Факт е дека во Охридската книжевна школа, уште цели два века и по смртта

на Климента, била употребувана глаголската азбука. Како очевиден пример на

ракопис што настанал токму во Охридската школа е Асемановото глагослко

евангелие, напишано со типична тркалезна охридска глаголица. Овој споменик е

зачуван во Ватиканската библиотака. Во него се наоѓа и синаксар, кој открива дека

меѓу канонизираните светци се наоѓаат имињата на: Св. Кирил, Св. Методиј. Св.

Климент. Со оглед на тоа што ракописот настанал во крајот на 10. век, станува јасно

дека е оваа трага најстара за споменувањето на нашите светци. Паралелно со

глаголицата се ширела и полесната кирилска азбука, но како глаголски центар во

средниот век се затврдил Охрид и Охридската Школа. Теофилакт соопштува дека од

оваа школа излегле 3.500 ученици. Умниот Климент распоредувал по 300 од нив во

сите делови од Македонија , и на тој начин успевал да ја шири и негува писменоста

пошироко. Тие исти ученици се занимавале и со организирање на македонските

цркви, според напатствијата на учителот Климент. Не случајно Охрид и Охридско се

прочуле со бројните црковни градби, како и цела Македонија, и сите места до кои

допирале учениците на Климента.

Page 27: Свети Наум Охридски

Во Охридската школа Климент се занимавал интензивно и со книжевна

дејност. Откривајќи дека народот не е доволно верзиран во вистинската

христијанска вера, во црквите им држел христијански поуки. Тој умеел да им се

обраќа на насобраните луѓе едноставно и братски:„Пријдете чеда”, „Приближете се

до мене”, „Браќа мои и сестри”. Покрај усното обраќање до народот, Климент ги

составувал изречените беседи и писмено. Иако не целосно зачувани, многу од тие

беседи, или слова, се познати во славистиката. Главно се делат на поучителни и

похвални. Поучителните им биле наменети на широките неуки народни маси, биле

составени како лесно прифатливо четиво, или говор, за да биде разбрано од секого.

Тие се одликуваат со посебна дидактичност. Со овие слова Климент сакал на лесно

достаплив начин да им ја приближи на луѓето христијанската суштина, како и

нејзините носители. Затоа во нив следат појаснувања за значењето на Велигден,

Божиќ, за благовеста на Богородица, за Светата Троица, за Светите апостоли, за

апостолот Марко. Во похвалните слова Климентовиот стил се возвишува, зашто

пишува искрени беседи, похвали, за знаменити луѓе, како што се неговите учители

Кирил и Методиј, за Исус Христос, за Богородица, за Свети Јован Крстител, за

четвородневниот Лазар, за бестелесните Михаил и Гаврил. Во нив неговиот стил е

возвишен, авторот е вистински лирски поет, а употребува сликовити стилски изрази,

особено: епитети, компарации, хиперболи, метафори, итн. Познатиот христијански

лик на воскреснатиот Лазар е возвеличен во успешно компонирана градација,

исполнета со сликовита фигуративност:

“...Лазар, чудесна билка од божјата градина.

Лазар, медоносна капка од божјата премудрост.

Лазар, источник на духовна благодат.

Лазар, неувенлив цвет од рајската градина.

Лазар, орел што го пара вишното небо на премудроста...”

Во 893 година Климент Охридски го напуштил учителското место во Охрид и

бил назначен за прв словенски епископ во Велика, а неговото место во Охрид го

зазел неговиот сопатник и брат Наум Охридски. На оваа должност останал се до

својата смрт. Починал во 916 година, во истоимениот манастир што самиот си го

изградил уште за животот.

Page 28: Свети Наум Охридски

По Моравската мисија, истата дејност ја пренесол во Македонија, која

станува расадник на кирилометодиевската писменост и традиција. Се истакнал како

прв учител, како организатор на Македонската православна црква, како добротвор со

стремеж во се да го поучи народот, како родоначалник на средновековната

македонска книжевност.

http://preminportal.com.mk/content/view/2390/54/

СВЕТИКЛИМЕНТОВАТА ЕВАНГЕЛИЗАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

Делото на светите браќа, посеано во Моравија и Панонија, расцуте во нашите

краишта преку неуморната работа и сестраните способности на Свети Климента.

Тој, не само што не дозволи да изгине посеаното семе од неговите учители, туку,

докрај, самопрегорно работеше на тоа да го дооднегува, а на тој начин, поставувајќи

го во културната историја евангелскиот принцип:”Одете и научете ги сите народи....“

- та да може секој на својот сопствен јазик да се моли, да пишува, да комуницира, да

твори; и така, со своите духовни постигнувања да ги збогати и другите народи.

Свети Климент Охридски дошол во Македонија како Христов апостол,

пастир, мисионер и учител. Тој дошол во Македонија за да го евангелизира

македонскиот народ. Во својата дејност најмногу настојувал да всади кај луѓето

вистинско христијанство. На тој начин, луѓето биле збогатени со вечните евангелски

вистини и со светлиот христијански морал и љубов.

Свети Климент се трудел евангелските начела да ги внесе во народниот

живот. Во тоа успеал. Евангелието го всадил и во Црквата, и во просветата, и во

образованието – и во училиштето, и во книжевноста, и во уметноста, и во

државотворството и во општествентите односи. Тој на народот му дал нова

евангелска боја и ја евангелизирал неговата душа, неговата свест, мисла, волја и

чувства. Свети Климент Охридски се трудел морално да ја препороди човековата

личност и да воспостави високоморален поредок во својот народ. Во сите сегменти

од животот и во сите сфери ја всадил љубовта - тоа основно евангелско начело и

силна енергија за секакво добро. Лично тој во себе, во својата личност, ја имал во

изобилие љубовта кон Бога и кон сите луѓе и сите народи. Тој знаел дека пред Бога

нема “ни Грк ни Римјанин“, па „ни машко, ни женско“ и дека „ секој народ, (оној кој

се бои од Него, ипостапува правично, мил Му е).

Македонските Словени во почетокот живееле патријархален многубожечки

живот, поврзан со многубожечкото идолопоклонство, а далеку од духовното

Page 29: Свети Наум Охридски

христијанско културно живеење. Наоѓајќи се во тешки прилики, на тој народ му

била потребна силна, челична и чудотворна пастирска дејност којашто сите ќе ја

прифатат. Нему му била потребна Книгата на вистинскиот живот, од која ќе се учи.

Му била потребна светлина која ќе го озари. Му требала сила духовна, која ќе го

закрепне социјално и ќе го одбрани духовно. И навистина, таа светлина, во својот

полн сјај ги озари Македонците, кога го добија од Бога избраниот толкувач и

проповедник на словото Божјо, во лицето на нашиот голем патрон Свети Климент

Охридски, првиот епископ Дремвицко – велички и просветител македонски и

сесловенски. Преку него проговорило Божјото провидение за македонскиот народ.

Преку него, во народниот организам е влеан евангелскиот дух, а во душата на

нашиот народ – животворниот сок кој ја дочувал светлината и чистотата на

народниот дух низ целата наша макотрпна историја. Преку него, овој народ го нашол

“Патот, Вистината и Животот“ – Господа Исуса Христа. Во основа на сето

Светиклиментово дело е Господ Исус Христос како идеал на сите времиња и сите

векови, Кој стои пред и зад се` што правел Свети Климент. Нему Бог му ја дал

идејата за своето и за народното изградување според вечните принципи на

евангелските заповеди.

Ако Светиот апостол Павле ги остварил со животот своите зборови: „ Јас веќе

не живеам, туку Христос живее во мене. А тоа што сега живеам во тело, живеам со

верата во Синот Божји Кој ме засака и Себе се предаде за мене.“ Истото може да се

каже и за Светиот Отец Климент, кој, не само себе си што се охристовил, туку тоа го

направил и со својот народ. Тој Христа го внел во душите на луѓето, за да ја

преобрази душата на својот народ. Тој успеал од варварски пагани да создаде

благородни и кротки Христови јагниња; од груби, направил племенити души; од

тирани, направил добротвори; од осветници, направил луѓе што проштаваат;

омразата ја претворил во љубов; од непријатели направил пријатели; од слуги на

ѓаволот, направил служители на Бога, а сето тоа за да бидат сите едно во Христа

Господа и во Црквата Негова.

Тој, со Светото евангелие ги решавал сите прашања за животот, па и сите

материјални потреби и неопходности, та затоа кај него немало ни паѓања, ни

колебања, ни очајание, ни страв, ниту, пак, попуштање пред никакви опасности или

искушенија.

Page 30: Свети Наум Охридски

Тој беше се зафатил со орањето на полето на просветата и христијанизацијата

на народот во Македонија и тоа на својот мајчин, старомакедонски словенски јазик

и писмо.

Старословенскиот македонски јазик и глаголското писмо, најдобар израз

нашле во творбите на Свети Климент Охридски. Во нив се открива Божјата искра во

човечката душа и од нив тече проповедта на евангелската љубов.

Свети Климент, објаснувајќи го Светото писмо и Божјите вистини, зборува

за вистинската вредност на човекот, што ја добил со христијанството.

Така “Словото Божјо растеше и се распространуваше” меѓу народот во

Македонија.

Истовремено, со евангелизирањето, Свети Климент пристапил кон

просветување на луѓето. Знаел дека непросветен народ е лесен плен на

асимилаторски расположените соседи. Ако Македонските Словени останале

непросветени, без свое писмо, ќе останале под нивото на својот јужен сосед, кој и

онака се обидувал и се трудел да ги просвети со христијанска вера, но со свое писмо

и со своја ерархија. Нивната цел не била само покрстување, туку со помош на

покрстувањето да ги асимилираат и да им ја наметнат својата писменост и култура.

Тој тоа брзо го согледал и затоа се зафатил со евангелизација на својот народ и тоа

не негов јазик, со негово писмо, книжевност, просвета и Црква. Свети Климент бил

ретко надарена личност. Освен тоа што бил добар познавач на старомакедонскиот

црковнословенски јазик, тој е и негов научен и формален унапредувач, преведувач и

оригинален автор. Прв учител на идните учители и предавачи на Универзитетот што

го основал во Охрид.

Од книгата: Библијата во делата на Свети Климент Охридски

на протоѓакон Ратомир Гроздановски

http://preminportal.com.mk/content/view/3038/54/