18
Пресвета Богородица односно нејзиниот живот, дело, значење а воедно и празниците 1 коишто се чествуваат во нејзино име, оттсекогаш биле од голема важност за мене. Читајќи ја литературата неможам да останам рамнодушен бидејќи изобилува со огромна љубов. Затоа решив да ја истражувам оваа проблематика односно да напишам еден есеј во чест на Пресвета Богородица. Во текот на овој есеј ќе се задржам главно на празниците (коишто ги чествуваме во нејзино име) а исто и на нејзиниот живот и дело. Рожденство на Превета Богородица 2 . Раѓањето на Пресвета Богородица е од огромно значење за целиот човечки род и затоа овој ден свечено се празнува и се почитува во Соборната Црква. Новороденчето Марија била небесен дар од Бога испратен на праведните Јоаким и Ана. Самото Раѓањето на Пресвета Дева било исклучително, необично дело на Божјата Промисла. Ако пророкот Јеремија бил осветен од Бога уште во утробата на својата мајка (Јер. 1:5), а за Предтечата Господов Јован било предскажано, дека тој уште во мајкината утроба ќе се исполни со Светиот Дух (Лк. 1:15), тогаш со какви ли благодатни дарови била преисполнета Пресветата Дева уште во утробата на својата мајка, светата и праведна Ана. Значи, со Раѓањето на Пресвета Богородица започна она чудесно Божјо дело на земјата, кое може со еден збор да се нарече спасение, а поточно боговоплотување. Раѓањето на Пресвета Богородица Марија претходело пред јавувањето на Господ Исус Христос на земјата во тело. Нејзиното раѓање го означило приближувањето на времето кога ќе биде уништена силата на гревот, осудата и смртта. Раѓањето на Пресвета Богородица овозможило наскоро да започне божјото дело за откупување на светот и да засвети Божјиот благослов и вечниот живот на земјата. Наближувало соединувањето на Творецот со созданието, започнувало помирувањето на Бога со човекот. Истовремено, на земјата почнал да слегува 1

Марјан Костов- Св. Богородица

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Марјан Костов- Св. Богородица

Пресвета Богородица односно нејзиниот живот, дело, значење а воедно и празниците1 коишто се чествуваат во нејзино име, оттсекогаш биле од голема важност за мене. Читајќи ја литературата неможам да останам рамнодушен бидејќи изобилува со огромна љубов. Затоа решив да ја истражувам оваа проблематика односно да напишам еден есеј во чест на Пресвета Богородица. Во текот на овој есеј ќе се задржам главно на празниците (коишто ги чествуваме во нејзино име) а исто и на нејзиниот живот и дело.

Рожденство на Превета Богородица2. Раѓањето на Пресвета Богородица е од огромно значење за целиот човечки род и затоа овој ден свечено се празнува и се почитува во Соборната Црква. Новороденчето Марија била небесен дар од Бога испратен на праведните Јоаким и Ана.

Самото Раѓањето на Пресвета Дева било исклучително, необично дело на Божјата Промисла.

Ако пророкот Јеремија бил осветен од Бога уште во утробата на својата мајка (Јер. 1:5), а за Предтечата Господов Јован било предскажано, дека тој уште во мајкината утроба ќе се исполни со Светиот Дух (Лк. 1:15), тогаш со какви ли благодатни дарови била преисполнета Пресветата Дева уште во утробата на својата мајка, светата и праведна Ана.

Значи, со Раѓањето на Пресвета Богородица започна она чудесно Божјо дело на земјата, кое може со еден збор да се нарече спасение, а поточно боговоплотување. Раѓањето на Пресвета Богородица Марија претходело пред јавувањето на Господ Исус Христос на земјата во тело. Нејзиното раѓање го означило приближувањето на времето кога ќе биде уништена силата на гревот, осудата и смртта. Раѓањето на Пресвета Богородица овозможило наскоро да започне божјото дело за откупување на светот и да засвети Божјиот благослов и вечниот живот на земјата. Наближувало соединувањето на Творецот со созданието, започнувало помирувањето на Бога со човекот. Истовремено, на земјата почнал да слегува Божјиот благослов. Задувал првиот ветер на спасението, и ако земјата со сето создание сѐ уште не можела да ја доживее полната радост на спасението, сепак ја претчувствувала таа света и голема радост. На празничната сцена во сета своја праведност настапуваат и богоотците т.е. родителите на Пресвета Богородица: Јоаким и Ана. Ова чудесно раѓање што му донесе добрини на целиот свет, меѓу другото, било и награда за нивната праведност. «Непорочно живеејќи за Бога, ја родиле среќата на сите» – се пее во црковната песна.

1. Празниците се делат на Господови, Богородични и Светителски.

Богородничните празници се посветени во чест и спомен на Пресвета Богородица.

2. Денот кога се прославува овој празник е 8 (осми) септември.

1

Page 2: Марјан Костов- Св. Богородица

Денешната празнична радост има длабока основа, зашто прославуваме вековечен настан. Вековечен настан – во смисла дека раѓањето на земјата на Богомајката се подготвувало со векови, но и дека неговото влијание нема да престане во сите идни векови. Црквата во ризниците на својот дух нашла многу, што можела да му посвети токму на овој настан. Во негова чест посветила ден како еден од своите најголеми празници.

“ Света Дева Марија се родила од своите стари родители, Јоаким и Ана. Татко и бил од племето Давидовов, а мајка и од родот Аронов. И така таа била по татко од царски род, а по мајка од родот архиерејски, и со тоа веќе Го претскажувала Оној, Кој од Неа ќе се роди како Цар и Првосвештеник. Нејзините родители били веќе стари, а немале деца. И затоа била посрамена пред луѓето и скршувани пред Бога. И во својата скршеност се молеле на Бога со плач да ја израдува нивната старост со дарување на едно чедо, како што некогаш го израдувал старецот Аврам и старицата Сара, дарувајќи им го синот Исаак. И Бог семоќен и севидлив ги израдувал со радост што далеку ги надминала сите можни очекувања и сите најубави соништа. Затоа им се дарувало не само ќерка туку и Богомајка; ги озарил не само со привремена радост, туку и со вечна. “*

i

Иконописец Јован- втора половина на 19-век.

*извор: Епископ Николај ;Охридски пролог 1 дел, (јануари-јуни) стр. 254. Охрид-2001 година.

2

Page 3: Марјан Костов- Св. Богородица

Воведување на Пресвета Богородица во храмот3. Голем и знаменит во животот на Богомајката е денот кој стана предзнак за тоа, дека Пресвета Дева ќе биде поставена повисоко, не само од светите, туку и од Ангелите, Херувимите и Серафимите. Воведувањето на Пресвета Богородица во храмот – според Преданието – било на следниот начин: Родителите на Дева Марија, праведните Јоаким и Ана, молејќи се за разрешување од неплодноста, дале ветување, дека – ако им се роди дете – ќе го посветат на служење на Бога. Кога Пресвета Дева наполнила три години , Јоаким и Ана во Назарет ги повикале своите роднини, пријатели и назаретските девојки, сите заедно да се подготват за заминување во Ерусалим, каде што нивното чедо требало свечено да го воведат во храмот и да ја предадат за служва на Бога. Тие ја облекле убавата Дева како царица, со блескави облеки, ја помажали со миризливи масла и ја закитили со кринови и се што им било потревно земале за пат, се помилиле и тргнале пешки во Градот на мирот со поклонишка поворка. Напред оделе девојки со запалени свеќи налик на ѕвезди, по нив Јоаким и Ана со своето чедо, а нив ги следеле роднините и пријателите, сите во побожен ред. Одејќи пред Причестата како пред духовна светилка, девојките со свеќи и духовни молитви на усните ја најавувале зората на таинствениот ден, која ќе им засвети на луѓето тогаш кога во неа, својата Богоневеста , ќе се всели Господ, и по целиот пат побожната поворка ја следеле Божјите ангели. Таму Богородителката ја пречекал првосвештеникот со многу свештеници. До храмот воделе петнаесет високи степенеци. Изгледало дека Марија не ќе може сама да се искачи по степениците. Но, тукушто ја поставиле на првиот степеник, поткрепувана од Божјата сила, таа бргу поминала и по наредните степеници. Потоа првосвештеникот, по вдахновение од горе, ја вовел Пресвета Дева во Светињата на светињите, каде што од сите луѓе само еднаш годишно влегувал првосвештеникот со очистителна жртва. Сите присутни во храмот му се восхитувале на необичниот настан. Праведните Јоаким и Ана, откако го предале детето на волјата на Небесниот Отец, се вратиле дома. Преблагословената Марија останала во одделот за девојки при храмот. Околу храмот, како што сведочи Светото Писмо (Изл. 38; 1 Цар. 1, 28; Лк. 2, 37) и историчарот Јосиф Флавиј, имало многу простории за сместување во кои престојувале посветените на служење на Бога.

Со длабока тајна е покриен земниот живот на Пресвета Богородица од детството до вознесувањето на небо. Скриен бил и нејзиниот живот во Ерусалимскиот храм. Ако некој би ме прашал мене – вели блажен Јероним – како го минувала детството Пресвета Дева – јас би одговорил: тоа Му е познато Само на Бога и на Архангел Гавриил, нејзиниот неотстапен чувар.

3.Овој празник се чествува на 21 (дваесет и први) ноември.

3

Page 4: Марјан Костов- Св. Богородица

Но, во Црковното предание се зачувале сведоштва, дека во времето на престојот на Пречиста Дева во Ерусалимскиот храм, таа се воспитувала во друштво на благочестиви девојки, го читала Светото Писмо, се занимавала со ракоделие, постојано се молела и возрастувала во љубовта кон Бога. За споменување на Воведението на Пресвета Богородица во Ерусалимскиот храм, Светата Црква од древни времиња установила торжествен празник. Укажувања за извршување на празникот во првите векови на христијанството се наоѓаат во преданијата од палестинските христијани, во кои се говори дека светата царица Елена изградила храм во чест на Воведението во храмот на Пресвета Богородица.

За празнуваниот настан дознаваме од древно црковно предание, кое е одразено во црковните песни. За воведението на Пресвета Дева во храмот по достигнувањето на тригодишна возраст спомнуваат, антиохискиот епископ Еводиј (I в.), блажен Јероним (IV в.), свети Григориј Нисаски (IV в.), Герман и Тарасиј, патријарси Константинополски (VII в.). Времето кога е установен праздникот во чест на овој настан – не може точно да се определи. На Исток праздникот бил широко распространет уште во VIII-IX век. Во IX век Георгиј митрополит Никомидиски го составил канонот на празникот („Отверзу уста моя…”) и неколку стихири, а во Х век Василиј Пагариот архиепископ Кесариски, составил и втор канон на празника („Песнь победную…”). Овиестихири и канони Црквата ги пее на празничната богослужба.

i

4

Page 5: Марјан Костов- Св. Богородица

Собор на Пресвета Богородица5. На вториот ден Божиќ Христијанската Црква и оддала слава и пофалба на Пресвета Богородица која Го родила Господа и Спасителот наш Исус Христос. Нејзин совор се нарекува ова празнување затоа што на тој ден се собираат верниците за да ја прослават неа, Мајката Богородица и многу свечено и соборно се служи во нејзина чест. Во Охрид од старини имало обичај во пресрет на вториот ден на Божиќ, вечерна да се служи само во цркавата Св. Богородица наречена Челница. Свештенството со народот овде соборно ја прославувало Пречистата Богородица.

Куманово - црква Св. Никола

На иконата Богородица е насликана со малиот Христос кој со десната рака благословува, а во левата има отворена книга (Лука, 4, 18). Во горниот дел на иконата има два ангели со отворени свитоци, а во долниот дел се претставени св. Никола, Св. Бесребреници Кузман и Дамјан и Св. Стилијан. До Богородица се претставени Св. Харалампиј и Св. Прохор Пчински со свиток, кои стојат од двете страни до неа.

Богородица со Христос и други светители, трета четвртина на XIX век. Изработена е од дрво и темпера во работилницата на зограф Дичо од с. Тресонче.

5

Page 6: Марјан Костов- Св. Богородица

5. Овој празник се празнува на 26 (дваесет и шести) декември.

Св. Благовештение6. Благовештeнието е ден на добрата вест за тоа, дека во целиот човечки свет се нашла девојка која толку му верувала на Бога, која била толку длабоко способна за послушност и за доверба, што од неа ќе може да се роди Божјиот Син. Воплотувањето на Божјиот Син, од една страна, е дело на божјата љубов, на крстната, љубовната и спасителна љубов, и на Божјата сила. Но, истовремено, воплотувањето на Божјиот Син е дело на човековата слобода: свети Григориј Палама вели дека; „воплотувањето би било исто толку неможно без слободната човекова согласност на Божјата Мајка, како што тоа би било неможно без творечката Божја волја.” И во овој ден на Благовештението, ние во Божјата Мајка ја созерцуваме Дева, која со сето срце, со целиот ум, со сета душа, со целата своја сила умеела да му се довери на Бога до крај.

Добрата вест била навистина страшна: појавата на ангелот, оној поздрав; „Благословена си ти меѓу жените и благословен е плодот на твојата утроба” - не можеле да не предизвикаат, не само восхит, не само трепет, туку и страв во душата на Дева која не познала маж – како тоа можело да биде?

И овде ние ја согледуваме разликата помеѓу колебливата, макар и длабока вера на Захарија, таткото на Претечата, и верата на Божјата Мајка; на Захарија, исто така, му било возвестено дека неговата жена ќе роди Син, на природен начин, макар и без оглед на нејзината старост, и неговиот одговор на таа вест: „Како тоа може да се случи? Тоа не може да биде? Со што можеш тоа да го докажеш? Каква потврда можеш да ми дадеш?…” Божјата Мајка го поставува само прашањето: „Како тоа може да се случи со мене, бидејќи јас сум девствена?…” И на одговорот на ангелот дека тоа ќе се случи, таа одговорила само со зборовите на целосното себепредавање во Божјите раце, со нејзините зборови: „Јас сум слугинка господова, нека ми биде според твојот збор.”Зборот „слугинка” во неговата денешна употреба, означува поробеност. Во словенскиот јазик „слуга” се нарекувал себеси човекот што својот живот, својата волја, ги предавал на друг. И таа навистина својот живот му го предала на Бога, својот живот, својата судбина, примајќи ја со вера – односно со несфатлива доверба – веста за тоа дека токму таа ќе стане Мајка на воплотениот Божји Син. За неа праведната Елисавета вели: „Блажена е таа што поверува, зашто ќе и’ биде она што Господ и’ го кажа…” Во Божјата Мајка ние наоѓаме восхитувачка способност на доверување на Бога до крај. Но, таа способност не е природна: таква вера во себе може да се искова со подвигот на чистотата на срцето, со подвигот на љубовта кон Бога, со подвиг – како што велат отците: „Пролеј ја својата крв и ќе го примиш Духот…” Еден од западните писатели вели дека; воплотувањето станало можно, кога се нашла израилска девојка што со целото срце, со целата мисла, со целиот

6

Page 7: Марјан Костов- Св. Богородица

6. Овој празник се празнува на 25 (дваесет и петти) март.

свој живот, можела да го произнесе Божјото име така, што тоа станало плот во нејзината утроба.

Еве ја благовеста што ние сега ја слушавме во Евангелието: Човековиот род ја родил, ја принел како дар на Бога, девојката што во својата царствена човечка слобода била способна да стане Мајка на Божјиот Син, кој слободно се предаде Себеси за спасение на светот. Амин.

7

Page 8: Марјан Костов- Св. Богородица

Полагање на ризата на Пресвета Богородица влахернската црква во Цариград. За време на царот Лав Велики (458-471), царицата Верина и патријархот Генадиј, по Светата земја патувале двајца царигратски племеници : Галвиј и Кандид заради поклонување на тамошните светии. Во Назаред отседнале во куќата на некоја девица Ејврејка, која во тајна одаја ја чувала ризата на Пресвета Богородица. Многу болни и напатени добивале исцеление од своите маки со молитва и допир на таа риза. Галвиј и Кандид ја зеле таа светиња и ја пренесиле во Цариград, известувајќи го за тоа царот и патријархот. Тоа предизвикало голема радост во царскиот град. Ризата било свечено пренесена и положена во црквата во Влахерна8 и за спомен на полагањето на ризата на Пресвета Богородица во црквата Влахерснка е воспоставен овој празник.

7. Овој празник се празнува на 2 (втори) јули.

8. Оваа црква била соѕидана од царот Маркијан и Пулхерија на брегот на еден залив што се викал Влахернски, според името на некој скитски војвода Влахерна, кој бил овде убиен.

8

Page 9: Марјан Костов- Св. Богородица

Успение на Пресвета Богородица9 . Меѓу дванаесетте големи христијански празници спаѓа и празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот попознат како Голема Богородица. Поради големиот култ што го има мајката Божја меѓу верниците, овој празник се празнува многу свечено со големи народни собири.

Меѓу позначајните празници што македонскиот народ ги празнува со посебно внимание се и неколкуте празници на Пресвета Богородица, мајката на Спасителот Исус Христос. Поради тоа и повеќе цркви низ цела етничка Македонија го носат нејзиното име.

Народот верува дека Богородица е заштитничка на леунките и на жените им помага при породувањето. Исто така и жените што немаат деца веруваат дека со милоста на Пресвета Богородица ќе добијат рожба поради што ги посетуваат нејзините цркви, изведуваат некои обичаи, се молат и принесуваат дарови. Македонскиот народ со повеќе свечености но и со народни собири, панаѓури и сл. што траеле и по неколку денови ги прославувал празниците на Пресвета Богородица како што се Мала и Голема Богородица, Собор на Пресвета Богородица, Воведение на Пресвета Богородица (празник познат уште и под името Света Пречиста), Свето Благовештение, Богородичин појас, Покров на Пресвета Богородица, Собор на Пресвета Богородица и сл.

По раѓањето на Исус Богородица живеела уште 48 години, извесен период кај свршеникот (старател) Јосиф, кај синот Исус, а по неговото распетие и Воскресение кај неговиот ученик и апостол Свети Јован Богослов. За сето тоа време таа била директен сведок на многу важни настани што се од значење за христијанската црква.

Кога Исус бил распнат Богородица стоела покрај крстот и плачела како секоја мајка над судбината на својот син. Од крстот Исус и порачал во иднина да живее кај апостолот Јован и да го има за свој син, а нему му порачал да ја има за своја мајка. Светото евангелие псоред Јован за ова сведочи: „А Исус штом ја виде мајка си, и ученикот кого го љубеше како стои и рече на мајка си: „Жено, ете ти син”! Потоа му рече на ученикот: „Ете ти мајка!” И од тој час ученикот ја зеде при себе” (Јован 19/26, 27) Се поставува прашањето зошто Исус од крстот на мајка си и се обратил со „Жено” а не со „Мајко”? Истражувачите на оваа проблематика сметаат дека со тоа сакал да ја заштити од своите непријатели: „Околу крстот Христов се наоѓале неговите најголеми непријатели и Он така и се обратил за да ја заштити од нивната дрскост и злоба, оти тие ако знаеле дека тука е неговата мајка, можеби ќе и нанеле и нејзе некое зло”.

За време на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите со нив била и Богородица така што и врз неа слегол Светиот Дух и и таа ги примила неговите дарови. Потоа апостолите останале во Ерусалим уште 10 години, а за тоа време Богородица живеела кај Свети Јован 9..Овој празник се празнува на 12 (дванаесети) август.

9

Page 10: Марјан Костов- Св. Богородица

Богослов. Но кога Ирод ги започнал своите големи прогони на христијаните апостолите со ждрепка решиле кој каде да оди и да го проповеда Евангелието. Јован со Богородица9отишол во Ефес, од каде што таа ги посетила Св. Игнат Богоносец во Антиохија, Св. Лазар воскреснатиот од Исуса кој бил епископ на Кипар и Света Гора која што во таа прилика и ја благословила. И по враќањето во Ерусалим Богородица живеела во домот на апостолот и евангелист Свети Јован Богослов и ги посетувала местата на кои за време на животот на Исус се случиле важни настани како што се Голгота, Витлеем, Гетсиманија, Елеонската Гора, потоа гробот на Исус и тн. А во овие посети некои истражувачи гледаат зародиш на христијанскиот аџилак.

Особено Богородица често го посетувала гробот на својот син и го молела што побргу да ја земе кај себе. Набргу Господ Исус Христос и пратил вест дека е скоро часот кога таа ќе умре. Истиот оној архангел Гаврил што и ја соопштил благата вест дека ќе го роди Спасителот, сега и кажал дека е дојдено времето кога таа ќе се пресели кај својот син. И предал рајска палмова гранка како победа на животот над смртта со барање да ја носат пред одарот за време на погребот. Богородица не се исплашила од оваа вест туку се израдувала што наскоро ќе биде кај својот син. Му кажала на Свети Јована, му ја предала рајската гранка и започнала да се подготвува за напуштање на овој свет. Посакала да ги види сите апостоли кои поради прогоните на Ирод, но и поради своите обврски да го шират христијанството биле растурени по светот. Носени од некоја таинствена сила сите апостоли веднаш пристигнале, со исклучок на Тома кој бил многу далеку и во тој момент не можел да дојде.

На 15-тиот ден во месецот, во третиот час од денот Богородица била легната во ковчегот, многу свеќи ја осветлувале просторијата, а апостолите пееле и го славеле Господа Исуса Христа. Богородица го очекувала својот син да ја поведе на небото. Одеднаш силна светлина ја исполнила просторијата, Исус слегол од небото со многу светци и анѓели, а Богородица гледајќи го него извикнала: „Мојата душа го велича Господа, и мојот дух се зарадува во Бога, Спасителот мој, оти ја погледна смиреноста на слугинката Своја, и ете, отсега ќе ме ублажуваат сите родови“, (Лука, 1/46-48) по што без болки ја предала својата душа во рацете на својот син. Тогаш ангелите го запеале поздравот од Благовештение: „Радувај се благодатна! Господ е со тебе! Благословена си ти меѓу жените“. (Лука, 1/28) Во тој момент апостолите виделе како со оваа песна ангелите, заедно со Исус, ја носат душата на Богородица кон небото. Лицето и светело како сонце, а од телото се ширел пријатен мирис од кој се излечиле многу болни.

По сопствена желба Богородица била погребана во Гетсиманската градина, каде што биле гробовите на нејзините родители Јоаким и Ана и на свршеникот (старателот) Јосиф. За време на погребот Светиот апостол Јован ја носел рајската гранка пред

10

Page 11: Марјан Костов- Св. Богородица

погребната поворка, апостолите го носеле телото на Богородица, а над нив се слушало пеењето на ангелите.

Светол облак ја завиткувал поворката и непријателите не можеле да се приближат, иако постојано ја следеле и се обидувале поворката да ја растурат, а телото на Богородица да го запалат. Во еден момент на едно место малку се поткренал облакот и се видел ковчегот во кој била Богородица. Тогаш еден од еврејските свештеници се затрчал кон него, го фатил со рацете за да го преврти. Но во тој момент невидлив ангел со меч му ги отсекол рацете и дланките останале залепени на ковчегот. Свештеникот се покајал за тоа што сакал да го направи и заплакал, а апостолот Петар му рекол да ги допре рацете до пресечените дланки. Кога тоа го направил се случило чудо, рацете зараснале како никогаш да не биле пресечени. Сите што виделе се увериле дека Исус навистина е синот Божји и на тој ден многумина се крстиле и го примиле христијанството.

Телото на Богородица било положено во гробот во Гетсиманската Градина и врз отворот бил ставен голем камен. Три дена апостолите пееле псалми, а од воздухот се слушало пеењето на ангелите. Третиот ден по погребот пристигнал апостолот Тома кој што многу жалел затоа што не присуствувал на погребот на Божјата мајка и побарал апостолите да му го отворат гробот за да се поклони пред телото на Богородица. Апостолите му ја исполниле желбата, го отвориле гробот но на општо изненадување телото не било внатре. Имало само некои погребни платна од кои се ширел пријатен мирис. Тогаш се јавила Богородица и им соопштила дека на третиот ден по погребот Исус ја воскреснал кревајќи ја на небото. Кога се упокоила Богородица имала 63 (според други 72) години.

Празникот Успение на Пресвета Богородица меѓу народот познат како Голема Богородица се празнува на 28 август според новиот (односно на 15 август според стариот) календар. За подостоинствено празнување на овој празник му претходи двенеделен пост што започнува на 14/1 август, односно на празникот Св. седум маченици Макавејски. Иако култот на Пресвета Богородица имал значајно место во христијанскиот свет уште од најстари времиња сепак празникот на нејзиното успение не се празнувал од почетокот. Во почетокот се празнувал празникот Собор на Пресвета Богородица, веднаш по Божик, а подоцна од овој општ празник на мајката Божја како и другите нејзини празници се одделил и празникот на нејзиното Успение.

На иконата Успението на Пресвета Богородица е насликано на овој начин: На одарот е поставено телото на Богородица. Околу неа се народот и апостолите. До одарот во средината е нејзиниот син Исус кој во рацете го држи нејзиниот дух во форма на новороденче или нејзиното тело во минијатурна форма. На некои фрески меѓу апостолите што го носат ковчегот со телото на Богородица насликан е и свештеникот со пресечените раце.

11

Page 12: Марјан Костов- Св. Богородица

Низ цела етничка Македонија во манастирите или црквите што го носат името на Пресвета Богородица на празникот Мала Богородица се одржуваат масовни народни собири. Во прилог можете да ги погледнете фотографиите.

Црква Света Богородица (пештанска цркава). Црквата Св. Богородица (тетовско)

12

Page 13: Марјан Костов- Св. Богородица

Црквата Св. Богородица Перивлепта-Охрид

Користена литература :

*Епископ Николај; Охридски пролог 1 дел. (јануари-јуни), Охрид-2001

*Епископ Николај; Охридски пролог 2 дел. (јули-декември), Охрид-2001

*Животот и чудата на Пресвета Богородица- Охрид: Канео . 2006.- 179 стр.

*Добрила Миловска; Житија на жени светици.-Скопје: Каприкорнус, 2008-161 стр.

* http://ortos.wordpress.com/

13