27
УНИВЕРЗИТЕТ “СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” – СКОПЈЕ ФИЛОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ “БЛАЖЕ КОНЕСКИ” – СКОПЈЕ ДОДИПЛОМСКИ АКАДЕМСКИ СТУДИИ Марјан Костов ТЕМА: Ракописката традиција во Лесновскиот манастир Истражувачка работа

Марјан Костов-Лесновски манастир

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Марјан Костов-Лесновски манастир

УНИВЕРЗИТЕТ “СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” – СКОПЈЕ

ФИЛОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ “БЛАЖЕ КОНЕСКИ” – СКОПЈЕДОДИПЛОМСКИ АКАДЕМСКИ СТУДИИ

Марјан Костов

ТЕМА: Ракописката традиција во Лесновскиот манастир

Истражувачка работа

Скопје, 2011

Page 2: Марјан Костов-Лесновски манастир

Ментор: Проф. д-р Добрила Миловска Филолошки факултет “Блаже Конески”

Скопје

Page 3: Марјан Костов-Лесновски манастир

Меѓу народот познатиот Лесновски манастир чие целосно име е "Свети Архангел Михаил и пустиножител Гаврил Лесновски", се наоѓа во мошне впечатливиот предел на селото Лесново, на падините на планината Осогово. 

Неговите конаци кои со години наназад чекаат да бидат целосно обновени, се подигнати во XIX век, а црквата е изградена во XIV век. Деспотот Оливер (некогашниот господар на Овче Поле и Лесново) ја подигнал црквата "Св Архангел Михаил" во 1341 година врз темелите на некоја постара базилика што постоела за време на пустиножителот Гаврил Лесновски, кој во XI век се населил во Лесновската Гора и го основал манастирот. 

Во историјата на оваа крстообразна црква се издвојува и XV век, кога српскиот цар Душан ја назначил за седиште на некогашната Злетовска епархија, а во тој век била и доѕидувана. Се смета дека нејзиниот фрескоживопис го изработиле четворица мајстори, од кои познати се само имињата на Севесто, Марко и Михаил. Од раскошниот живопис кој и денес плени со својата убавина, се издвојуваат претставите на "Архангел Михаил", композициите од животот на Христа и Светителите, илустрациите на Давидовите псалми и др. Тука се и монументалните претстави во средновековното фрескосликарство, портретите на царот Душан и царицата Елена. Раскошниот иконостас, кој во 1814 година го изработил Петре Филиповски - Гарката, се смета за прво дело на Мијачката копаничарска школа. 

Во Лесновскиот манастир во XVIII век била формирана познатата книжевна школа, чие постоење ќе одигра голема улога во ширењето на словенската писменост. Од 1998 година во него е обновен монашки живот.

Во ова истражување ќе се задржам главно на ракописите коишто настанале во овој манастир.

Page 4: Марјан Костов-Лесновски манастир

Св. Гаврил Лесновски

Page 5: Марјан Костов-Лесновски манастир

Св. Архангел Михаил

Page 6: Марјан Костов-Лесновски манастир

Со сигурност можеме да кажеме дека Лесновскиот манастир е еден од позначајните скрипторски центри во Македонија. Самата добра економска положба на манастирот придонела во манастирот да почнат да се населуваат многу монаси. Со самото доселување на монасите, се развил монашкиот живот, па за богослужбената дејност монасите започнале да заземаат своја активност. Што значи во манастирот започнала препишувачка дејност од сите жанровски форми, но, постоеле и моменти кога се пишувале и оригинални дела ( житија, служби за Св. Гаврил Лесновски, разни творби со поучителна содржина и др).

Официјално книжевната дејност на овој манастир започнува во XI век. Првобитно оваа активност била многу скромна, односно во почетокот главно се работело на житието и химнографијата на светецот (Св. Гаврил Лесновски).

Во двете житија коишто се напишани за Св. Гаврил Лесновски покрај животот на светецот, стојат и доста драгоцени податоци за манастирот.

Пролошкото житие на Св. Гаврил Лесновски е направено од страна на Станислав Лесновски. Според тоа што може да се види од страна на пишувачот житието е завршено во 1330 година во “ лесновската гора ” , односно во манастирот посветен на Св. Архангел Михаил, на местото каде што почиваат моштите на Св. Гаврил Лесновски.

Во одност на Пространото житие, тоа е напишано подоцна, односно за него дознаваме главно од преписот којшто е направен во 1847 година.

Во првото (постарото житие) се кажува јасно дека самиот манастир е посветен на Архангелот Михаил, и дека местото претставува вистински култ за Св. Гаврил Лесновски.

Лесновскиот манастир својот најголем подем во однос на книжевната дејност добива во првата половина на XIV век. Тоа е времето кога во него работел книжевникот Станислав. Негова најголема и најценета работа претставува преписот на прологот1. Потекнува од 1330 г. пишуван со кирилско писмо, од четворица пишувачи во Лесновскиот манастир. Главниот пишувач е Станислав, учествувал и Партениј и двајца непознати пишувачи. Украсен е со мали заставки со плетенки и киноварни иницијали со фолклорни елементи. Според содржината представува нестиховен пролог од старата редакција на К.Мокисиски, со кратки житија на светители за сите денови и месеци во годината. Се вбројува меѓу цеверномакедонските ракописи. Според записот на пишувачот Станислав ракописот е пишуван по барање на Теодосиј, игумен на Лесноскиот манастир.

1. Овој ракопис денес се чува во Белград. САНУ бр. 56.

Page 7: Марјан Костов-Лесновски манастир

На л. 320 б од истиот ракопис книжевникот Станисла оставил запис испишан со неговата рака2. Покрај овој пролог, во Лесновскиот манастир се направени уште два пролози. Тие се именуваат како втор и трет лесновски пролог.

Вториот лесновки пролог (наречен Ковачевиќев) Потекнува од периодот помеѓу 1330 и 1340 г. Содржи 221+ 1 пергаментен лист. Писмото е кирилско. Украсен е со скромна орнаментика, главно изразена кај иницијалните букви. Содржинската структура е стара (нестиховна) од типот на Константин Мокински. Има и кратки житија за некои од словенските светители.

Македонскиот истражувач на оваа проблематика д-р Илија Велев, идентификува дека вториот лесновски пролог (наречен Ковачевиќев) се наоѓа во НБ-Белград, под сиг. Рс. 1753. Третиот лесновски пролог се наоѓа во старата збирка на НБ-Белград , под инв. бр. 27/Љ. Стојановиќ 390/.

Во 1342 година (тоа е една година подоцна откако Лесновскиот манастир е обновен од страна на Јоан Оливер) во Лесновскиот манастир е направен минеј, т.н Оливеров минеј. Овој минеј Станислав го направил во нарачка на Јоан Оливер, па оттаму во науката е познат како Оливеров минеј. Орнаментиката ја направил Станислав како врвен и достоен книжевниот во времето кога живеел. Самиот минеј всушност е составен од химногравски состави за месеците септември-декември. Според тоа што го вели Љ. Стојановиќ ракописот содржел 233 пергаментни листови, но тие не се целосни, односно констатира дека околу 90 се исчезнати.

Во минејот исто така се гледа големата почит на Станислав кон Св. Гаврил Лесновки. Тој ја поместува неговата служба под 15 јануари, како дополнителен состав од последните четири листа на ракописпот.

Во однос на јазикот на коишто е пишуван минејот, надобро е да дефинираме дека спаѓа во групата на т.н ракописи со мешани правописни системи.

Во 1860 година минејот е пренесен од Лесново во НБ-Белград каде што се чувал во старата збирка под инв. бр. 62. Рк. исчезнал за време на Првата светска војна. Најкомлетни извори за овој минеј дознаваме исклучиво од повеќетемина археографи.

2. МИЛОВСКА, Добрила; Древни ризници: Ракописната традиција во македонските цркви и манастири.-Скопје: Каприкорнус, 2009. Стр. 38.

3. И. Велев, Ковачевиќев лесновски пролог, ГЗФФ, Скопје, 1991, е. 189-208. Цитирано според: МИЛОВСКА, Добрила; Древни ризници: Ракописната традиција во македонските цркви и манастири.-Скопје: Каприкорнус, 2009. Стр. 39

Page 8: Марјан Костов-Лесновски манастир

Во приближно истиот период Станислав препишал уште еден минеј за месеците декември-февруари. На првиот лист од овој минеј Станислав оставил свој запис. И овој ракопис како и останатите денеска е исчезнат. Неговото исчезнување се случило во 1915 година на Нишката железничка станица, при евакуацијата на ракописната збирка.

Во структурата на овој ракописот покрај другото се зборува за службата на македонските светители Св. Гаврил Лесновски (л. 204б-205а) и Св. Ѓорѓи Кратовски (257б). Опишувачот на овој ракопис Љ. Стојановиќ констатира дека овие две служби биле напишани подоцна. Многу разбирливо е подоцнешното пишување за Св. Ѓорѓи Кратовски затоа што тој е светител од XVI век, но кога станува збор за Св. Гаврил Лесновски треба да се запрашаме, затоа што во ракописите направени во тоа време, ја истакнуваат важноста на службата на Св. Гаврил Лесновски. Според тоа како е опишан овој ракопис дознаваме дека оваа служба е напишана во 2 страници. Според тоа можеме да заклучиме дека службата е многу кратка, пократко дури и од Оливеровиот минеј. Ако направиме анализа во однос на правописно-јазичните карактеристики, можеме да наведеме дека тој бил напишен со јусова македонска јзична редакција, и целосно содржел 313 листови.

Ракописот се чувал во старата збирка на НБ-Белград, под инв. Бр. 15/ Љ. Стојановиќ, бр. 209/.

За последна препишувачка активност на Станислав се смета прологот за месеците септември-ноември.

При анализа на овој пролог во науката е потврдено дека пишувачот на овој пролог е лесновски книжевник. Имено, овој пролог е пишуван од двајца пишувачи Драјко и Станислав. Првот дел го пишувал Драјко од л. 1-209, а вториот Станислав л. 210-373.

При истражувањето на овој ракопис, научниците дошле до едно многу интересно сознание. Тие откриле дека на л. 1б-2а во 1673 година скопискиот митрополит Теодосиј го препознал прологот и дека пишувањето се извело на Марковиот манстир пред 320 години односно во 1353 година. Од ова можеме да дојдеме до заклучок дека во 1353 година Станислав не бил во Лесновкиот книжевен центар, туку овој ракопис се правел во Марковиот манастир “Св. Димитар” Скопје4.

4. Илија Велев, Ковачивиќев лесновски пролог... 196; Развојот на македонската книжевност во XIV век, Докторска дизертација, Скопје 1994. Стр. 50-51.

Денес овој ракопис се чува во Софија, НБ бр. 24/1923.

Page 9: Марјан Костов-Лесновски манастир

Во скрипторискиот ценар на Лесновскиот манастир, во втората половина на XIV век работел познатиот книжевник Каленик. Негово врвно достигнување претставува преписот на Калиниково лесновско евангелие. Во својата целина овој ракопис е поврзан во две книги. При опишувањето на ракописот од страна на В. Мошин, тој не ја забележал поврзаноста на двата ракописа. До идентификување и потврдување на оваа теза дојдоа Л.П. Жуковскаја, кој што направил палеографска, акцентолошка, текстолошка, и физичко-кодиколошка анализа на двете подверзии. Ова го потврди и Ивона Бернс.

Содржинската структура на целиот кодекс покажува дека евангелието е од групата на полните апракоси, или подобро кажано од типот на Мстиславовото евангелие. Овој тип на евангелија е поретко застапен во јужнословенската ракописно наследство, односо тој повеќе е истакнат во руската средновековна книжевна традиција.

За тоа дека автор на преписот е Каланик дознаваме од неговиот потпис на л.4 : “пописа Калиник”. Исто така и во вториот дел на кодексот ( IV D 12 Михановиќ) постојат показатели кои сведочат за авторството на Калиник. Во кодакот е застапен поменот на Св. Гаврил Лесновски а исто и имињата на лесновскиот ктитор Јоан Оливер, и неговиот син Дабижив. Ракописот е пишуван со реформиран рашки правопис, со мал ер и без акценти.

Двата дела од овој ракопис денес се чуваат во Загреб, ХАЗУ,-Шв 22 (Михановиќ 9- Мошин 68) и IV d 12 (Михановиќ 8- Мошин 65).

Од овој период односно од средината на XIV век потекнува и Лесновскиот четвороевангелие. Ракописот содржи 259 пергаментни листови, но послените листови недостасуваат. Тоа се забележува по тоа што, вториот дел на ракописот е месецословот, на последната страница почнува месецот јуни, што значи дека недостасува прегледот на поминатите месеци јуни-август. На почетокот од ракописот се застапени четивата на четирите евангелисти. На л. 255а застапен е поменот на пустиножителот Св. Гаврил Лесновски а додека пак на 6 април-заедничкиот помен на Св. Кирил и Св. Медотиј.

Овој ракопис се чува во Белград, САНУ бр.1.

Низ разни ракописки збирки се сретнуваат и други ракописи коишто потекнуваат од XIV век. Некој од нив се смета дека се направени во овој скрипториум а додека пак за некој се смета дека настанале во други скрипторски центри, па потоа биле донесени во Лесновскиот манастир. Од тие ракописи ќе споменеме неколку:

Богданово четвороевангелие,-крај на XII и почеток на XIV век ( Загреб, ХАЗУ – IIIс. 20, Михановиќ 24); Фрагмент на житието за Св. Сава од Доментијан- околу 1340 година (Белград, УБ-Ќор. 19); Богородичник со пофалба на Св. Симеон и Св. Сава од Теодосие-

Page 10: Марјан Костов-Лесновски манастир

1340/60 години, пишувал Пафнутија ( Белград, УБ-Ќор. 19); Фрагмент од апостол-трета чет. На XIV век (Белград, УБ-Ќор. фрг. 9); Зборник со слова на Ава Доротеј-последна чет. на XIV век ( Белград, УБ-Ќор. 24); Посен триод- крај на XIV век и поч. на XV век (Москва, Државна б-ка, Попов Ф. 236/103, М-2578); Триод, XIC-X век, ( Санкт Петербург, Публичка б-ка, Вјаземски Ф. 124/5) и др.

Со почетокот на турското ропство дошло до опустошување на македонските цркви и манастири. Многу од монасите биле принудени да се иселуваат. Така, и во Лесновскиот манастир дошло до влошување на условите за живеење. Но книжевниците од Лесновскиот манастир, поради големата љубов кон својата работа, не престанеле со својата дејност. Лесновскиот манастир ја задржал својата голема културна, просветна и духовна улога во Македонија. Во манастирот имало и такви монаси кои се грижеле за орднаментиката на ракописите.

Во XV век мошне активен книжевник е Драјко. Нему му се припишува еден апостол, кој е направен во 1428 година. Во описот што е направен за овој ракопис В. Мошин кажува дека Драјко дошол од Бдин во Лесново, и таму го направил преписот на апостолот. Во однос на јазикот на коишто е напишан, има присуство на рашки правописен систем. Апостолот апракосен, а во месецословот не се застапени помените на јужнословенските светители. Според записот на л. 255б во 1519 година лесновскиот игумен Дионисиј го продал апостолот во Ново Село-Штипско. Ракописот се наоѓа во Загребм ХАЗУ- III 1б, Михановиќ 19)

Од овој период потекнува и книжевникот Радоња. Радоња направил препис на празничниот минеј за февруари-август. За тоа каде точно е пишуван овој ракопис не се гледа точна во записот на л. 17а . Со оглед на тоа што во ракописот се спомнува храмот посветен на Св. Архангел Михаил, а и самиот ракопис е пронајден во манастирската библиотека на Лесновскиот манастир, заклучуваме дека овој препис е направен таму.

Во минејот главно се зборува за службите на Господовите и Богородичните празници, како и за светителите на коишто се слават во февруари-август. Текстот е пипшуван со полууставно безјусово писмо. Ракописот се чува во Белград- УБ-Ќоровиќ 13.

Од XV век постојат и други ракописи коишто настанале во Лесново и вреди да се спомнат некои од нив. Тоа се: Цветен триод- прва чет. на XV век, (Белград, УБ-Ќор. 22) Октоих петогласник- 1434 година (Белград, УБ-Ќор. 20); Фрагмент од службен минеј (Белград, УБ-Ќор, фрг. 12) Месецослов-втора половина на XV век (Софија, НБ бр. 982) Зборник, XV-XVI век, кодекс од три различни ракописи (Белград, Стара збирка на НБ бр. 1229, Св. Матиќ 200) и многу други.

Многу од овие ракописи биле продавани за потребите на другите цркви и манастири. Како што видовме од овој период не се регистрирани книжевници. И во овој период манстирот егзистирал од помошта на имотните граѓани.

Page 11: Марјан Костов-Лесновски манастир

Во XVI век исто како и во XV век не е регистриран ниту еден книжевник. Но тоа не треба да значи дека во Лесновкиот манастир книжевната дејност згаснала. Напротив, постоеле препишувачи којшто ја вршеле својата препишувачка дејност, и можеби поради својата скромност не се потпишани.

Во овој период се смета дека е настанат Лесновскиот поменик, од којшто е сочуван само еден дел, а истиот е надополнет во XVIII век. Денес овој ракопос не е сочуван. Ракописот содржи 110 листови. Во самиот поменик се опфатени повеќе содржни.На пример во уводниот дел стојат историски податоци за Лесновкиот манастир. На л.4 се наведени имиња на на цареви, ктитори, архиепископи и др. Овој ракопис порано се наоѓал во старата збирка на НБ-Белград, и се чувал под бр. 235.

Постојат многу ракописи кои датираат од XVI век, ќе споменеме само неколку: Апостол- 1500 година (Белград, УБ-Ќор. 5); Апостол- почеток на XVI век (Белград, УБ-Ќор. 6); Минеј за февруари, од 1550/60 година (Белград, УБ-Ќор. 12) Лесновска библија-средина на XVI век (Загреб, ХАЗУ- IIIс 17 Михановиќ 28, Мошин 61); Пророчка книга-XVI век, напишана од Матеј Слепченски во Слепченски манастир (Москва, ДИМ, Хлудов 1); Евангелие од Матеј втора пол. На XVI век (Загреб, ХАЗУ- IIIс 11, Мих. 12, Мошин 82); Четвороевангелие-втора пол. На XVI век (Загреб, ХАЗУ- IIIв 8, Мих.1, Мошин 81); и многу други.

Во Лесновскиот скрипторски центар во XVII век се смета дека е напишан еден октоих. Во науката е утврдено дека овој октоих е направен во 1685 година од страна на хрватски научник. Октоихот е пишуван од тројца пишувачи, а во одност на редакцијата тој е пишуван на македонски. Многу впечатлива е неговата орнаментика. Научниците велат дека тој е редок октоих бидејќи е пишуван со мошне слободен избор од иконографски теми.

Денес ракописот се чува во Загребската градска народна библиотека под сигнатура Р-64.

Од периодот на XVII век се идентификувани повеќе ракописи од којшто на преден план ќе си ставиме следниве: Фрагментот од евангелието на Јоан – прва пол на XVII век (Белград, УБ-Ќор. фрг. 4); Фрагмент од посен триод- втора четв. На XVII век. (Белград, УБ- Ќор. фрг, 10); Октоих-XVII век (Белград, НБ-Стара збирка бр. 394 Љ. Стојановиќ 254) и др.

Во XVIII век книжевната дејност во Лесновскиот манастир можеме да констарираме дека целосно згаснала. Освен манастирскиот поменик којшто бил допишан, други ракописи од ова столетие не се идентификувани. Но можеби

Page 12: Марјан Костов-Лесновски манастир

книжевна дејност постоела, биле препишувани ракописи, но тие се исчезнати на некој непознат начин.

Имено интересен е фактот што во XIX век, Лесновскиот манастир повторно расцутува, оживува. За тоа сведочат многубројните преписи на службите и житијата на пустиножителите Св. Гаврил Лесновски, Св. Прохор Пчински и Св. Јоаким Осоговски. Се правеле разни зборници, се изготвувале творби за Св. Гаврил Лесновски и др.

Во XIX век Лесновскиот манастир го посетуваат многу слависти, историчари колекционери, и ниту еден од нив не си отишол со празни раце. Многу од ракописите исто така и биле продавани, и подарувани. Тоа доведува, до тоа што денес во Лесновкиот манастир “Св. Архангел Михаил и Св. Гаврил Лесновски”, не е сочуван ниту еден лист од долговеговната писмена и препишувачка традиција.

Денес игумен на Лесновскиот манастир е отец Дамаскин. Во манстирот живеат деветмина монаси. Далеку од цивилизацијата, тие му служат на Бога. Преку секојдневните литургии тие ја искажуваат љубовта кон Бога, и ја слават силата Божја.

Page 13: Марјан Костов-Лесновски манастир
Page 14: Марјан Костов-Лесновски манастир
Page 15: Марјан Костов-Лесновски манастир
Page 16: Марјан Костов-Лесновски манастир
Page 17: Марјан Костов-Лесновски манастир
Page 18: Марјан Костов-Лесновски манастир
Page 19: Марјан Костов-Лесновски манастир
Page 20: Марјан Костов-Лесновски манастир
Page 21: Марјан Костов-Лесновски манастир
Page 22: Марјан Костов-Лесновски манастир
Page 23: Марјан Костов-Лесновски манастир

Користена литература:

Македонски житија IX-XVIII век. Предговор и избор: Добрила Миловска; превод од стартословенски: Јован Таковски; Табернакул 1996г.

ВЕЛЕВ, Илија; Свети Гаврил Лесновски во книжевната традиција. – Скопје : Менора 1996 г. – 302.: илустр. 24 см.

ПОП-АТАНАСОВ, Ѓорѓи; ВЕЛЕВ, Илија; ЈАКОМОВСКА-ТОШИЌ, Maja; Скрипторските центри во средновековска Македонија 9-18 век. –Скопје Менора. 1997.

СТЕФАНОВСКИ, Стојан; 1000 години Лесново; Дом на култура “Злетовкси рудар”, 2003 год.

МИЛОВСКА, Добрила; Древни ризници: Ракописната традиција во македонските цркви и манастири.-Скопје: Каприкорнус, 2009.