21
Што да правам, што да чинам (Кандисуј бре лудо младо) Голем мерак мила мајко скоро јас ќе умрам два мерака два севдаха скоро одат во гроба. Што да правам, што да чинам кога е лоша мајка ми не ми дава да заљубам од личните ергени. Кандисуј бре лудо младо што ти дава мајка ми мама дава, лудо младо три санд'ка бовчалок. Кандисуј бре лудо младо што ти дава татко ми тато дава лудо младо триста лири жолтици. Немој Ратке, немој душо голем мерак да фрлаш, два мерака, два севдаха скоро одат во гроба.

Што да правам Народна поезија

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Што да правам Народна поезија

Што да правам, што да чинам

(Кандисуј бре лудо младо)

Голем мерак мила мајкоскоро јас ќе умрамдва мерака два севдахаскоро одат во гроба.

Што да правам, што да чинамкога е лоша мајка мине ми дава да заљубамод личните ергени.

Кандисуј бре лудо младошто ти дава мајка мимама дава, лудо младотри санд'ка бовчалок.

Кандисуј бре лудо младошто ти дава татко митато дава лудо младотриста лири жолтици.

Немој Ратке, немој душоголем мерак да фрлаш,два мерака, два севдахаскоро одат во гроба.

Page 2: Што да правам Народна поезија

Не си го продавај Кољо чифликот

Не си го продавај Кољо чифликотмама не ме дава Кољо за тебе. [2х]По меани одиш Кољо, рујно вино пиеш,дома рано не си одиш да спиеш. [2х]

Колку ти чини Кољо чифликот,толку ми чини Кољо лицето. [2х]По меани одиш Кољо, рујно вино пиеш,дома рано не си одиш да спиеш. [2х]

Не си го продавај Кољо трлото,мама не ме дава Кољо за тебе. [2х]По меани одиш Кољо, рујно вино пиеш,дома рано не си одиш да спиеш. [2х]

Колку ти чини Кољо трлото,толку ми чини Кољо грлото. [2х]По меани одиш Кољо, рујно вино пиеш,дома рано не си одиш да спиеш. [2х]

Page 3: Што да правам Народна поезија

.

Сношти поминав, заминав покрај битолските касарни

Сношти поминав заминавпокрај битолските касарнибен сени северим, чок сени северимпокрај битолските касарни.

Сите момчиња там' беасамо мој'то момче не бешебен сени северим, чок сени северимсамо мојто либе не беше.

Стори ме Боже престориедно сиво голабчебен сени северим, чок сени северимедно сиво голабче.

Да летнам Боже прелетнамна рамо да му застанамбен сени северим, чок сени северимна рамо да му застанам.

На рамо да му застанамдо две-три думи да прозборамбен сени северим, чок сени северимдо две-три думи да прозборам.

Page 4: Што да правам Народна поезија

Три биљбиља појет

Три биљбиља појет, мори, на једно дрво,Први биљбиљ поје, море, за вечерање.

Други биљбиљ поје, море, за легнување,трети биљбиљ поје, море, за станување.

О, да знам, да знам, мори, кој биљбиљ појекој биљбиљ поје, море, за вечерање,би го ранела, мори, со суво грозје.

О, да знам, да знам, мори, кој биљбиљ појекој биљбиљ поје, море, за легнување,би го појела, мори, со рујно вино.

О, да знам, да знам, мори, кој биљбиљ поје,кој биљбиљ поје, море, за станување,би га ранела, мори, црна отрова.

Three nightingales sing

Three nightingales sing in a tree.The first nightingale sings about suppertime.

The second nightingale sings about bedtime.The third nightingale sings about waking up.

Oh, if I only know which nightingale singswhich nightingale sings about suppertime,I'll feed him raisins.

Oh, if I only know which nightingale singswhich nightingale sings about bedtime,I'll give him red wine to drink.

Oh, if I only know which nightingale singswhich nightingale sings about waking up,I'll feed him black poison.

Page 5: Што да правам Народна поезија

Ајде дали знаеш, паметиш Милице

Ајде дали знаеш, паметиш Милицекога си бевме малечки, декога си бевме малечки Милицеај кога се двајцата љубевме.

Ај кога се двајцата љубевме Милицево чичовото градинче, дево чичовото градинче Милицеај кај шарените цвеќиња.

Ај кај шарените цвеќиња Милицетрендафил цвеќе цутеше, детрендафил цвеќе цутеше Милицеај на скутот ти ми спиеше.

Ај кога те тебе целував Милицелице ти беше спотнато, делице ти беше спотнато Милицеај од очи оган ти фрлаше.

Page 6: Што да правам Народна поезија

Сношти минав крај рајската градина

Сношти минав, сношти минавкрај рајската градинатам' си најдов, там си најдов,два букета рајски цвет. [х2]

Не ми биле, не ми биледва букета рајски цвет,тук ми биле, тук ми биледвајца млади вљубени. [х2]

Јас ги питам, јас ги питамшто е мило на светотдали пари или имотили искрена љубов. [х2]

Ак' ме питаш, ак ме питашшто е мило на светотниту пари ниту имот,само искрена љубов. [х2]

Page 7: Што да правам Народна поезија

С' каменички фрлат мамо

С' каменички фрлат мамона нашите ќерамидидејгиди мила мајко морина нашите ќерамиди.

Дал' да одам мила мамојас да му отворамдејгиди мила мајко моријас да му отворам?

Немој душо немој ќерковечера немаме,оф мори ќерко, ќерко моривечера немаме.

Негова вечера мамо мојте слатки думи,оф мори мајко, мајко моримојте слатки думи.

Немој ќерко, немој душопостела немаме,дејгиди мила ќерко морипостела намаме.

Негова постела мајкомојта рамна снага,оф мори, мајко, мајко моримојта рамна снага.

Page 8: Што да правам Народна поезија

Охрид, Охрид убав мил

Охрид, Охрид убав мил,ти за мене рај си бил.Јас ќе одам далекуне знам дал' ќе се вратам пак.

Езерото ми убаво,јас со солзи го оставив.Со кајчето од Вистераво Албанија се најдов јас.

Збогум мајко, збогум вечјас ќе одам далеку.Јас ќе одам далекуне знам дал' ќе се вратам пак.

Охрид, Охрид убав мил,град на Климент, Самуил.

Една од најубавите и најизведувани староградски песни “Охрид,Охрид”, пред речиси осум децении на млади години ја компонирал познатиот охридски трубадур Сотир Димитроски-Sингл. Песната е испеана во невообичаени околности, под силен емотивен набој на нејзиниот автор поради оддалеченоста од Охрид, во затворската ќелија во Подградец, Албанија. ”Затворен во тесната ќелија, далеку од моите најдраги луѓе,од мојот град, во очај и во состојба на беспомошност, одеднаш во мојата глава почнаа да ми се редат зборовите на идната песна. Првите ноти ги испишав на sидот од затворската соба во Подградец”, ни ја раскажуваше својата дамнешна одисеја во Албанија пред некоја година Сотир Димитроски - Sингл, кој за жал повеќе не е меѓу живите. Сотир Димитроски-Sингл, кој заедно со Кузман Поп Стефанија, Бајрам Адем, Душко Мареноски, Ташко Петроски и Томче Луканоски го создале познатиот ансамбл “ Билјана”, бил меѓу ретките охриѓани кој бил музички образуван. Работел како учител по музика во Охридската гимназија и во Музичкото училиште. Оние што го познаваа велат дека неговиот музички талент дошол до израз токму во затворот во Подградец, невообичаено место за што тој додека беше жив често

Page 9: Што да правам Народна поезија

зборуваше. Сега неговата приказна ја раскажуваат помладите членови на ансамблот “Билјана”, кој и натаму успешно опстојува. Никола Георгиески, продолжувач на традицијата на охридските трубадури и член на “Билјана” многу убаво се сеќава на она што Sингал му го раскажувал за својата албанска одисеја. ”Сотир Димитроски, заедно со уште неколку негови другари,тогаш во цутот на младоста, во 1927 година решиле да го напуштат Охрид и да заминат некаде на печалба. Со таа мисла живееле долго време, но не знаеле како да ја остварат. Една тивка летна вечер во хотелот на Андон Радич во центарот на градот, кој веќе не постои, тие цврсто одлучиле да заминат од Охрид. Не можеле тоа да го направат по легален пат, па решиле во Албанија да заминат со кајче, тајно, преку езерската граница, а оттаму во белиот свет. Sингл често ни велеше дека тогаш во Охрид немало толку кајчиња како сега, но ниту во еден момент не им паѓало на ум да земат рибарски чамец, бидејќи рибарите живееле само од рибарење.Тој знаел дека по бегството во Албанија кајчето не можеле да го вратат назад во Охрид. Токму поради тоа Sингл и неговите другари го замолиле тогашниот капелник-мајстор Вистер кој работел во хотелот на Радич, да им го даде неговиот чамец.Тој не живеел од рибарење, па и ако останел без кајчето, можел да живее од музиката”, кажува Никола Георгиески. Sингл со своите другари својот неизвесен пат кон Албанија го започнал кај Свети Наум.Таму останале цел ден и пред полицајците изигрувале капачи кои се дојдени да уживаат.Тука го поминале денот, а вечерта со чамецот на Вистер се подготвувале да тргнат за Подградец. Во правец на албанската граница завеслале некаде околу полноќ истиот ден. Меѓутоа, само по половина час веслање, наеднаш, како што кажуваше Димитроски, на средина од патот кон границата со Албанија ги зафатило невреме и големи бранови.Во такви услови тие мислеле само како да спасат глава, а помалку на свето бегство преку границата. Сепак, како што започнал, ветрот нагло се смирил и тројцата охриѓани без никој да ги забележи се доближиле до брегот на Подградец. Токму овој момент Sингл надолго им го опишувал на помладите трубадури. ”Кога веќе дошле на дофат на албанскиот брег нивното кајче го осветлиле силни рефлектори. Помислиле дека е тоа албанската полиција и оти тоа е крај на нивната авантура. Сите паднале во очај, ги оставиле веслата и и се препуштиле на судбината. Светлата час се појавувале, час ги снемувало. Но, на нивна голема радост откриле дека е тоа некој камион кој по кривулестиот пат носел стока за Подградец. Sингл ми кажуваше дека пред да тргнат кон Албанија од еден морнар

Page 10: Што да правам Народна поезија

во тогашната езерска морнарица во Охрид, Германец од Војводина, добиле уверување дека вечерта нема да имало патрола на границата. Кога се појавиле светлата помислиле дека тој ги предал, но кога откриле дека станува збор само за еден обичен албански камион што носи стока, вечно му останалле благодарни на морнарот”, вели Георгиески. По слегувањето на албанскиот брег Sингл и неговите другари се скриле зад грмушка и чекале да мине ноќта. Утрината имале намера да заминат преку албанската територија кон јадранскиот брег, а понатаму во некоја странска земја. За нивна несреќа набргу биле откриени од албанската полиција и биле приведени во затворот во Подградец. Паднале во очај. “Тогаш започнала нивната голгота. Големата желба да заминат во светот им станала далечна и неостварлива, а помислата дека тука долго ќе останат сами и заборавени им го уништувала духот. Поминале неколку дена во очај, но во еден момент Сотир Димитроски-Sингл, на изненадување на неговите другари, на затворскиот sид почнал да пишува непознати ноти.Тие се ределе една по друга, а потоа во занес почнал да ја пее песната за неговиот, за нивниот Охрид. Пеел за патот за Албанија, за кајчето од Вистера, за неостварената желба, а најинспиративно за неговата тага дали уште еднаш ќе го види својот роден град. Така се родила една од најубавите и емотивно најсилни песни за Охрид, која и ден денес се пее на многу места и во многу прилики. Во затворот во Подградец Sингл и неговите другари останале еден месец, а потоа на интервенција на тогашната власт и на видни охриѓани биле ослободени. Кога се вратиле во Охрид,на градското пристаниште ги пречекал речиси целиот град”, ги пренесува кажувањата на Димитровски сегашниот член на ансамблот “Билјана” Јосиф Миленкоски. Ако во раната младост не успеал во својата намера да го види светот, Сотир Димитроски-Sингл како член на ансамблот “ Билјана” настапувал во Америка, Австралија, во многу земји во Европа. Свирел на клавир, кларинет, контрабас, дајре, а убаво и пеел. ”Билјана” неговата песна “Охрид, Охрид” за прв пат ја извела во 1972 година. Никола Георгиески во 1999 година за фестивалот Охридски трубадури ја компонира песната “Sингл, Sингл заsвони”, специјално посветена на Сотир Димитроски-Sингл. Сега неговата традиција и традицијата на охридските трубадури преку ансамблот “Билјана” ја продолжуваат

Page 11: Што да правам Народна поезија

Никола Георгиески, Душко Мареноски, Бајрам Адем, Јосиф Миленкоски, Бајрам Иса и Илија Зороски. Овие музичари со голем занес ги пеат сите стари охридски песни, но се чини дека срцата им треперат кога ќе ја засвират “Охрид, Охрид”. Во чест на Сотир Димитроски-Sингл.Д.Чубриќ

(Збогум мила дојде време)

Збогум мила дојде времејас од тебе да се разделам.Јас пак беден роден сум без к'сметсè со мака, тага голема.

Тешка беше нашата разделба,кога тргнав од својот роден крај.Мојте солзи патот го топеа,по патот за непознат крај.

Дојдов тука како јабанџија,далеку од својот роден крај.Срце плаче нигде среќа нема,тежок гурбет тага голема.Срце плачe нигде среќа нема,тежок гурбет в' туѓа туѓина.

Ако бог дај јас да се вратамтебе Стојне да те прегрнам.Да ти кажам мојте маки,мојте маки, таги големи.

Page 12: Што да правам Народна поезија

Билбил пее во планина

Билбил пее во планина,моме седи во градина.

Билбил моме наговара:- Ајде моме да пееме.

Ако мене ти натпеешќе ти дадам планината.Ќе ти дадам планината,со се гранки, сосе буки.

Ако тебе јас натпеамќе ти земам градината.Ќе ти земам градината,сосе цвеќе, сосе тебе.

Билбил моме натпеало,му ја зеде градината.Му ја зеде градината,сосе цвеќе, сосе моме.

Page 13: Што да правам Народна поезија

ТЕ ВИДОВ ТЕБЕ И СЕ ЗАЉУБИВ

Те видов тебе

и се заљубив

би сакал да те имам јас.

Но и срцето да ти го подарампак не можам сè да искажам.

Гласот твој

е ангелски

а думите ти се нежни.

Тешко ми е да те слушам јасоти срце имам но ќе изгаснит.

Твојата убава

руса коса

сплетена е со мека коприна.

Ах, не си вода да те испијам,a ни река да те препливам.

Page 14: Што да правам Народна поезија

Дење и ноќе

на тебе мислам јас,

Ох, ангел мој за тебе умирам.

И светот кога би се изменилти да бидеш моја

пак моја.

Page 15: Што да правам Народна поезија

Ој Месечино, новино

Ој Месечино, новиној, леле,јасно да грејеш мори, вечерва.Јасно да грееш вечервај леле,по бела Јана, леле, ќ' одиме.

Кога по Јана ојдовме, лелеј,вишни ем црешни, леле, ц'теја.Вишни ем цреши цатеја, леле,бели пченици леле, класеја.

Бели пченици класеа, леле,и в' зори вода, мори, течеја.Кога се назад враќавме, леле,вишни ем цреши, леле, обрале.

Вишни ем цреши обрале, леле,бели пченици, леле, ожнале.Бели пченици ожнале, леле,и в' зори вода, леле, секнале.

Page 16: Што да правам Народна поезија

Градел Илија манастир

Градел Илија манастир,градел Илија манастир,градел Илија манастир, оф аман, аман,на врв на Пирин Планина.

Оздола иде Ирина,оздола иде Ирина,оздола иде Ирина, оф аман, аман,и на Илија говори:

Земи ме батко Илија,земи ме батко Илија,земи ме батко Илија, оф аман, аман,во твојта тесна ќелија.

Калуѓерица да станам,калуѓерица да станам,калуѓерица да станам, оф аман, аман,црно морасо да носам.

Не можам моме Илино,не можам моме Илино,што ти се руси косите, оф аман, аман,и ти играат очите.

Косите ќе ги исечам,косите ќе ги исечам,Косиве ќе ги поцрнам, оф аман, аман,очиве ќе си ги скротам.

Page 17: Што да правам Народна поезија
Page 18: Што да правам Народна поезија