20
Упатство за пишување 1. Разгледај ги сите материјали (обележани се со бројки по редослед) и размисли за тоа што го прочита. 2. Потоа на ливчиња испланирај си ги ликовите, локацијата и заплетот. Во тоа најмногу ќе ти помогне документот со бр 1. 3. Отпечати си го формуларот (документ бр.5 - План-форма) 4. Внеси си си ги најважните податоци од ливчињата. Е ова е важно: Расказот треба да е од 250 - 500 збора; маргините да се изедначени (justified margins) и наместени на 2 cm од сите страни (горе-долу, лево-десно); Дозволени фонтови се Arial 12 и TimesNewRoman 12 и двата во normal/regular; Не се дозволени македонски фонтови (на пр. MacCSwiss, MacCTimes итн.), туку само македонска поддршка. (ако не знаеш како, прашај...ама сигурна сум дека знаеш); Не заборавај на нов ред, тој е вовлечен во пасусот; И.....Најважно од сѐ, забавувај се замислувајќи си дека си голем и важен писател. Последен рок за испраќање на проектите е 28. IV 2011 г. (петок) 12:30 часот За сите прашања што ги имаш, се гледаме на училиште. Поздрав

Проект - Креативно пишување

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Ова е проект што со генерации го работам во VII и VIII одд. Учениците добиваат точно одредени задачи што им помагаат да пишуваат. Крајниот резултат е РАСКАЗ. И самите се видно изненадени со резултатот и бараат уште. Проектот е предвидено да заврши за еден месец, а расказите ми ги испраќаат на email. Критериумите за оценување ги создаваме заедно со учениците на подготвителниот час, кога го започнуваат проектот.

Citation preview

Page 1: Проект - Креативно пишување

! Упатство за пишување

1. Разгледај ги сите материјали (обележани се со бројки по редослед) и размисли за тоа што го прочита.

2. Потоа на ливчиња испланирај си ги ликовите, локацијата и заплетот. Во тоа најмногу ќе ти помогне документот со бр 1.

3. Отпечати си го формуларот (документ бр.5 - План-форма)4. Внеси си си ги најважните податоци од ливчињата.

Е ова е важно:• Расказот треба да е од 250 - 500 збора;• маргините да се изедначени (justified margins) и наместени на 2 cm од сите страни

(горе-долу, лево-десно);• Дозволени фонтови се Arial 12 и TimesNewRoman 12 и двата во normal/regular;• Не се дозволени македонски фонтови (на пр. MacCSwiss, MacCTimes итн.), туку само македонска поддршка. (ако не знаеш како, прашај...ама сигурна сум дека знаеш);

• Не заборавај на нов ред, тој е вовлечен во пасусот; • И.....Најважно од сѐ, забавувај се замислувајќи си дека си голем и важен писател.

' Последен рок за испраќање на проектите е 28. IV 2011 г. (петок) 12:30 часот

. За сите прашања што ги имаш, се гледаме на училиште.

Поздрав

Page 2: Проект - Креативно пишување

Креативно пишување За добар лик треба: телефонски именик, молив, хартија

За да го креираш ликот:1. Име и возраст;2. Сака - не сака;3. 6 придавки што го опишуваат;4. 3 најголеми желби;5. Најважно нешто со што би се пофалил.

За добар заплет треба: речник, молив, хартија

Како да создадеш добар заплет???

1. Одбери 3 глаголи и 3 именки од речникот. Напиши три реченици што ги поврзуваат (не мора да ги содржат глаголите). Одбери ги почетокот и крајот, и напиши ги првите и последните неколку зборови. За да го заплеткаш уште малку, одреди ја и локацијата на збиднување.

Пример:3 глаголи: крие, слика, штипе3 именки: камен, рак, апарат3 реченици што ги поврзуваат: Иван сака да учествува на фото натпреварот, но нема идеја што да слика. Со сестра му игра криенка и таа го наоѓа кога рак ќе го штипне каде што се крие. Сестра му го фотографира и Иван победува на натпреварот токму со таа фтографија.

Почеток:

Крај:

првите неколку збора: - Оф колку е досадно, - промрмoре Иван, шетајќи со фотоапаратот по плажата.

последните неколку збора: - Погледни го изразот на лицето на Иван! - се смееше гласно мајка му, гледајќи во фотографијата во весникот.

место: На плажа.

vale
Typewritten Text
Документ 1
Page 3: Проект - Креативно пишување

ЛИКОВИПред да започнеш со пишувањето, замисли си јасна слика од не повеќе од 3 лика. Најдобро е да се два, еден машки и еден женски лик, па можеш во текстот да им се обраќаш со „тој“ и

„таа“.

vale
Typewritten Text
Документ 2
Page 4: Проект - Креативно пишување

МЕСТОТвојата приказна може да се случува на место што ти си си го замислил

(најдобро е да ја сместиш на место кое ти е добро познато) или на место што

е веќе однапред одредено од наставникот.

vale
Typewritten Text
Документ 2
Page 5: Проект - Креативно пишување

ЗАПЛЕТЗаплетот не мора да е многу

комплициран за да биде интересен. Добро срочен едноставен заплет е подобар од многу комплициран, но

лошо раскажан заплет.

vale
Typewritten Text
Документ 2
Page 6: Проект - Креативно пишување

ВРЕМЕВремето потребно да се случи твојот заплет не мора да биде долго. Добро раскажани настани што се случиле во едно претпладне е подобра приказна од настани што се провлекуваат во

неколку недели.

vale
Typewritten Text
Документ 2
Page 7: Проект - Креативно пишување

ПОЧЕТОК•Интересен;•Привлекува внимание;•Предизвикува желба да се чита.

КАКО?

vale
Typewritten Text
Документ 3
Page 8: Проект - Креативно пишување

а) опис на локација„Б еш е с т уд е н а в еч е р н а

почетокот од октомври. Лисјата веќе жално паѓаа од дрвјата и крцкаа и стенкаа под моите нозе во темницата додека одев кон куќата на мојата најдобра другарка. Одеднаш…“

vale
Typewritten Text
Документ 3
Page 9: Проект - Креативно пишување

б) сопствен опис„Здраво! Се викам Миле. Имам

13 години и ја мразам својата коса! Таа е црна и многу остра и без оглед колку вода и гел ставам на неа за да ја сплеснам, секогаш стрчи нагоре како боцките од некој еж!“

vale
Typewritten Text
Документ 3
Page 10: Проект - Креативно пишување

в) акција„Вратата од банката се отвори

со тресок и двајца маскирани излетаа надвор удирајќи се во другарка ми Еми . Таа врисна и падна на тротоарот, а јас им се развикав да гледаат каде одат.“

vale
Typewritten Text
Документ 3
Page 11: Проект - Креативно пишување

г) дијалог„- Побрзај, таксито само што не

стасало пред зградата. – викаше мајка ми од ходникот.

- Добро, добро, идам! Само да ја закопчам торбава. – нервозно се одзвав од мојата соба.“

vale
Typewritten Text
Документ 3
Page 12: Проект - Креативно пишување

КРАЈ•Ги сврзува сите дејства;•Ги разрешува сите конфликти;•Ги комплетира сите настани;•Го задоволува интересот на читателот.

vale
Typewritten Text
Документ 4
Page 13: Проект - Креативно пишување

а) заклучок - Ги отсликува сите натани во еден заеднички заклучок.

б) висечки - Го остава читателот во неизвесност, прашувајќи се што се случило понатаму.

vale
Typewritten Text
Документ 4
Page 14: Проект - Креативно пишување

в) директен говор – Еден од ликовите зборува во директен говор.

г) рефлективен – Авторот размислува за тоа што се случувало во приказната.

vale
Typewritten Text
Документ 4
Page 15: Проект - Креативно пишување

1) „Во авионот размислував за тоа колку убаво си поминав на одмор, за сè што направив, сè што видов и сè што ми се случи. Едвам чекав да ги развијам филмовите и да ги покажам на мојата најдобра другарка.“

(рефлективен)

vale
Typewritten Text
Документ 5
Page 16: Проект - Креативно пишување

2) „По неколку месеци двајцата крадци се најдоа зад решетките . Беа п р о гл а с е н и з а в и н о в н и п о обвинението дека ограбиле банка и беа осудени на по десет години затвор.“

(заклучок)

vale
Typewritten Text
Документ 5
Page 17: Проект - Креативно пишување

3) „Влегувајќи во автомобилот и закопчувајќи го појасот, татко ми се сврте кон мене и со предупредувачки глас ми рече:

- Следниот пат обиди се да направиш нешто помалку „возбудливо“ ... на пример, скок со падобран.“

(директен говор)

vale
Typewritten Text
Документ 5
Page 18: Проект - Креативно пишување

4) „Подоцна се смеевме и се задевавме за тоа колку се исплашивме од звукот на дрвото што крцкаше во дворот, кога одеднаш, од кујната се слушна страшен звук на кршење на стакло и нешиј вресок од кој се смрзнуваше крвта во жилите.“

(висечки)

vale
Typewritten Text
Документ 5
Page 19: Проект - Креативно пишување

Мојот прв расказ(планирање)

автор одд.Мојот прв расказ(планирање) наслов предм.

ОУ „Лазо Ангеловски“, Аеродром предметен наставник: Валентина Петрова учебна 2008/09

лик 2:

возраст: пол:

време:

траење:

место на настаните: заплет

план на дејството

почеток

крај

сака:

не сака:

6 придавки што го опишуваат:

3 желби:

најважно што му се случило:

сака:

не сака:

6 придавки што го опишуваат:

3 желби:

најважно што му се случило:

почеток крај

опис на местото заклучок

опис на ликот висечки

акција рефлексивен

дијалог дијалог

дел наслов на точкатанаслов на точката

вовед 1

гл.

дел

2гл.

дел3

гл.

дел

4

закл. 5

лик 1:

возраст: пол:

vale
Typewritten Text
план-форма
Page 20: Проект - Креативно пишување

Мојот прв расказ(планирање)

автор одд.Мојот прв расказ(планирање) наслов предм.

ОУ „Лазо Ангеловски“, Аеродром предметен наставник: Валентина Петрова учебна 2008/09

I.

• Креирај ги ликовите според барањата од

другата страна.

• За добар лик ти треба телефонски

именик, молив и хартија

IV.

• одбери соодветен почеток

✴опис на место

✴опис на лик

✴акција

✴дијалог

V.

• одбери соодветен крај

✴заклучок

✴висечки

✴рефлексивен

✴дијалог

III.

• одреди го времето

• одреди го местото

II.

• Смисли добар заплет.

• За добар заплет ти требаат 3 глаголи, 3

именки, 3 реченици што ги поврзуваат

(глаголите не мора да бидат употребени

во речениците)

Мојот расказ

(план)

1.

2.

3.

4.

5.

пример:

• вовед

(1 пасус)

• главен дел

(3 пасуси минимум)

• завршен дел

(1 пасус)

vale
Typewritten Text
vale
Typewritten Text
план-форма