2
ЗНАЧЕЊЕ ПОИМ И ДЕФИНИЦИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕТО Осигурувањето претставува институциај која ги надоместува настанатите штети во општеството, во неговото стопанство или кај луѓето, под дејство на природните сили или несреќни случаеви. Таа всушност ја обезбедува економската заштита на осигурениците од штетните дејствија и економските растројства кои можат да дојдат кога ќе настане осигурен случај, односно кога ќе се реализира ризикот во сите фази на општествената репродукција или секојдневието на луѓето. Осигурувањето всушност преставува здружување на сите оние кои се изложени на истатата опасност со цел заеднички да ја поднесуваат штетата која ќе им се случи само на некои од нив. Основата на осигурувањето е во начелото на взаемност и солидарност. Преку осигурувањето се изедначуваат и израмнуваат ризиците на прифатливо мошне ниско ниво, се атомизира. Атомизацијата на ризикот, преку неговото распоредување на мноштво осигуренци, т.е раситнување на големите штети на безброј мали претставува техничка суштина на осигурувањето. Осигурувањето се појавува во три вида, односно допира три области: - економска - техничка (статистичко – математички т.е. актуарски) и - правна Економскиот вид се манифестира преку целта што се постигнува во осигурувањето тоа се функциите на осигурувањето. Техничката функција се огледа преку тоа како се уредува функционирањето на осигурувањето како специфичен механизам за изедначување на ризикот, и третиот појавен облик правниот претставува уредувањето на мошне големиот број на правни односи кои нужно настануваат во осигурувањрто преку здружување на средства за обештетување на сите осигуреници на кои навистина ќе им се случи штета. Дефиниции на некои основни поими во осигурувањето - Бруто премија – претставува вкупната премија пресметана според соодветна тарифа од соодветната класа на осигурување со предвидените додатоци и попусти

ЗНАЧЕЊЕ ПОИМ И ДЕФИНИЦИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕТО

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: ЗНАЧЕЊЕ ПОИМ И ДЕФИНИЦИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕТО

ЗНАЧЕЊЕ ПОИМ И ДЕФИНИЦИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕТООсигурувањето претставува институциај која ги надоместува настанатите штети во општеството, во неговото стопанство или кај луѓето, под дејство на природните сили или несреќни случаеви. Таа всушност ја обезбедува економската заштита на осигурениците од штетните дејствија и економските растројства кои можат да дојдат кога ќе настане осигурен случај, односно кога ќе се реализира ризикот во сите фази на општествената репродукција или секојдневието на луѓето.Осигурувањето всушност преставува здружување на сите оние кои се изложени на истатата опасност со цел заеднички да ја поднесуваат штетата која ќе им се случи само на некои од нив.Основата на осигурувањето е во начелото на взаемност и солидарност.Преку осигурувањето се изедначуваат и израмнуваат ризиците на прифатливо мошне ниско ниво, се атомизира. Атомизацијата на ризикот, преку неговото распоредување на мноштво осигуренци, т.е раситнување на големите штети на безброј мали претставува техничка суштина на осигурувањето.Осигурувањето се појавува во три вида, односно допира три области:

- економска- техничка (статистичко – математички т.е. актуарски) и- правна

Економскиот вид се манифестира преку целта што се постигнува во осигурувањето тоа се функциите на осигурувањето. Техничката функција се огледа преку тоа како се уредува функционирањето на осигурувањето како специфичен механизам за изедначување на ризикот, и третиот појавен облик правниот претставува уредувањето на мошне големиот број на правни односи кои нужно настануваат во осигурувањрто преку здружување на средства за обештетување на сите осигуреници на кои навистина ќе им се случи штета.

Дефиниции на некои основни поими во осигурувањето- Бруто премија – претставува вкупната премија пресметана според соодветна

тарифа од соодветната класа на осигурување со предвидените додатоци и попусти- Функционална премија - преставува премија за извршување на функционално

осигурување. Според новиот закон за супервизија на осигурувањето функционалната премија е заменета со техничка премија која претставува дел од премијата наменет за исполнување на обврските од договорите за осигурување

- Полисирана премија – претставува премија која е наведена на полисите за осигурување и таа е еднаква на бруто премијата за осигурување

- Фактурирана премија – претставува премија што се фактурира на осигуреникот- Наплатена премија – претставува премија која е наплатена било да е фактурирана

одеднаш да се плати или на дефинирани рати.- Технички резерви – технички резерви претставуваат резерви во чиј состав

влагуваат преносните премии и резервираните штети и истите не влегуваат во составот на гарантираните резерви и резервите на сигурност.

- Резерви на сигурност – претставуваат средства наменети за покривање на обврските од договорите за осигурување во подолг временски период. Секое

Page 2: ЗНАЧЕЊЕ ПОИМ И ДЕФИНИЦИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕТО

друштво за осигурување е должно во резервите на сигурност да издвојува најмалку една третина од остварената добивка, ако добивката не се користи за покривање на загубите од претходните години.