13
В О Д А Штедење на вода и нејзино значење

Штедење на водаи нејзино значење

Embed Size (px)

DESCRIPTION

www.oukocoracinku.mk

Citation preview

Page 1: Штедење на водаи нејзино значење

В О Д А

Штедење на водаи нејзино значење

Page 2: Штедење на водаи нејзино значење

Водата покрива 71% од површината на планетата Земја. На Земјата, најчесто се наоѓа во океаните и другите големи водни тела, со 1,6% вода под површината во водоносни слоеви и 0,001% во воздухот како пареа, облаци (оформени од цврсти и течни водни честици кои лебдат во воздухот) и кондензација. Океаните содржат 97% од површинската вода, глечерите и поларните ледени капи 2,4% и другите површински води како реки, езера и езерца 0,6%. Многу мала количина од Земјината вода се содржи во биолошките тела и во вештачки изработените производи.

Водена површина

Page 3: Штедење на водаи нејзино значење

Водата во сите три агрегатни состојби

Page 4: Штедење на водаи нејзино значење

Некои истечни води се заробени за одреден период на време, како што е на пример водата во езерата. На голема надморска височина, снегот се собира на ледените капи, снежните бали и глечерите. Водата се впива во земјата и се движи до водоносните слоеви. Овие подземни води подоцна повторно избиваат на површината во изворита или поспектакуларно како топли извори и гејзери. Подземните води можат да се извлечат и вештачки со бунари. Складирањето на водата е важно, бидејќи чистата, свежа вода е неопходна за човекот и другите копнени форми на живот. Во многу делови на светот таа е во недостаток.

Page 5: Штедење на водаи нејзино значење

Водата во сите форми

Page 6: Штедење на водаи нејзино значење

Проблеми со водата Чистата, свежа вода за пиење е неопходна за човекот и

другите форми на живот. Пристапот до безбедна вода за пиење во последнава декада сигурно и значително се подобрува скоро во секој дел на светот. Но, некои набљудувачи предвидуваат дека до 2025 повеќе од половина од светското население ќе се соочи со ранливост поврзана со вода. Во извештајот од ноември 2009 се предвидува дека до 2030, во некои региони на светот кои се во развој, побарувачката за вода ќе ги надмине резервите за 50%.

Page 7: Штедење на водаи нејзино значење

Загадување на водата Под загадување на водата се подразбира секоја промена

на физички и биолошки својства и составот на водата. Морињата, реките, езерата се помалку ги задржуваат своите природни својства.Повеќето од реките течат во повеќе земји и проблемот на загадување на речните текови станува меѓународен. Загадувањето може да се категоризира и како: урбано, индустриско и слично. Индустриски отпадни води стануваат сè поголем проблем и се сè поголеми загадувачи на површинските и подземните води.

Page 8: Штедење на водаи нејзино значење

Во зависност од големината на човечкото тело, истото се состои од 55% до 78% од вода. За да функционира правилно, на телото му се потребни меѓу еден и седум литри вода дневно за да се избегне дехидрација. Водата од телото се лачи на повеќе начини: преку урина и фецес, преку потење и преку издишување на водни испарувања во здивот. Со физичко исцрпување и изложување на топлина, губитокот на вода ќе се зголеми и дневните потреби за вода исто така ќе се зголемат.

Водата во човековото тело

Водата е извор на човековата енергија

Page 9: Штедење на водаи нејзино значење

Најважна употреба на водата во земјоделството е за наводнување, што е клучен фактор за производство на храна.

Наводнувањето зазема до 90% од повлечената вода во некои земји во развој и значајни размери во земји со поголем економски развој.

Водата како извор за наводнување

Page 10: Штедење на водаи нејзино значење

Вкус и мирис Водата може да раствори различни материи, што и дава

различни вкусови и мириси. Луѓето и другите животни имаат развиено сетила, кои повеќе или помалку им овозможуваат да проценат дали водата е погодна за пиење, па според тоа избегнуваат вода која е пресолена. Луѓето, исто така, предпочитаат ладна вода наместо млака, бидејќи ладната вода содржи помалку микроби. Вкусот на изворската вода или минералната вода зависи од минералите кои се растворени во неа. Чистата вода (H2O) е без вкус и мирис. Чистотата на изворската и минералната вода зависи од неприсутноста на токсини, загадувачи и микроби.

Page 11: Штедење на водаи нејзино значење

Луѓето ја користат водата за многу рекреациони цели, како и за вежбање и за спорт. Денес, многу познати водени спортови се пливање, скијање на вода, веслање, сурфање и нуркање. Некои спортови како хокеј и лизгање се одвиваат на мраз. Езерските брегови, плажите и водните паркови се популарни места за одмор и рекреација. Многу луѓе звукот и изгледот на водата што тече го сметаат за смирувачки. Некои чуваат риби и други видови на водни суштества во аквариуми или езерца за украс, забава или за друштво. Луѓето ја користат водата и за спортови на снег, како на пр. скијање, санкање, моторно санкање или за сноуборд за кои водата треба да е замрзната. Водата може да се искористи и за борбени игри, како што се гаѓање со снежни топки, пушки на вода и балони полни со вода.

Водата служи и за рекреација

Page 12: Штедење на водаи нејзино значење
Page 13: Штедење на водаи нејзино значење

Изработиле ученичките од VII1 одд:Елеонора СтојковскаМила Бојковска