36
Одговори на испитните прашања по Интелектуална сопственост By Stole Jovanowsky in Delovno pravo - Master studii'11 · Edit Doc 1. 1. Што се подразбира под концептот право на интелектуална сопственост? Креациите на човечкиот ум, односно интелект, се објект на заштита на интелектуалната сопственост. Земајќи го предвид објектот на сопственоста, сопственоста би можела да се категоризира во три групи: 1) сопственоста врз подвижни ствари, 2)сопственоста врз недвижни права, 3) интелектуална сопственост. Интелектуалната сопственост ги опфаќа правата што се однесуваат на: литературните, уметничките и научните дела, изведби на уметниците-изведувачи, фонограмите и радио- телевизиските станици, пронајдоците од сите полиња на човековата активност, научните откритија, индустрискиот дизајн, трговските и услужните марки, комерцијалните имиња и ознаки, заштита против нелојалната конкуренција и сите други активности поврзни со интелектуалната активност во индустриската научната, книжевната и уметничката област. Интелектуалната сопственост се дели на две големи групи и тоа: индустриска сопственост и авторско право и сродни права. Во последно време кон овие две групи се додава и правото на нелојална конкуренција. 1. 2. Што подразбира модерната доктрина и практика под поимот индустриска сопственост Модерната доктрина и практика под индустриска сопственост подразбираат збир на права чиј предмет на заштита се патентите, корисните модели, индустирскиот дизајн, фабричките трговски марки, услужните марки, трговското име, ознака за географското потекло и елиминирањето на нелојалната конкуренција. Во поново време во индустриската сопственост се инкорпорираат и know-how т.е знаењето и искуството кое не е заштитено со исклучително право, бидејќи имателот на тоа знаење и искуство располага со него се додека не го отстапи на другите. Во најширока смисла, know-how се однесува не само на техничкото знаење и искуство туку и на знаењето и искуството од комерцијален, организационен, фискален и сличен карактер што може да се примени во стопанското работење. 1. 3. Кои творби се штитат со авторско право? Авторското право се однесува на уметничките креации, односно на делата кои по правило се оригинални интелектуални креации во литературата, науката и уметноста. Всушност сите национални закони за авторско право обезбедуваат заштита на: литературни творби, музички творби, уметнички творби, карти и технички цртежи, фотографски дела, кинематографски дела и компјутерски програми. Како сродни права се сметаат правата на уметниците- изведувачи над своите изведби и правата на фонограмите, филмските и сценските продуценти, на РТВ организациите и на изведувачите на нивните фонограми, видеограми, сценкски дела, емисии или изданија 1. 4. Кои творби се штитат со сродни права Како сродни права се сметаат правата на уметниците-изведувачи над своите изведби и правата на фонограмите, филмските и сценските продуценти, на РТВ организациите и на изведувачите на нивните фонограми, видеограми, сценкски дела, емисии или изданија

Одговори на испитните прашања по Интелектуална сопственост

  • Upload
    -

  • View
    381

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Одговори на испитните прашања по Интелектуална сопственост

Одговори на испитните прашања по Интелектуална сопственостBy Stole Jovanowsky in Delovno pravo - Master studii'11 · Edit Doc

1. 1.      Што се подразбира под концептот право на интелектуална сопственост?

 Креациите на човечкиот ум, односно интелект, се објект на заштита на интелектуалната сопственост. Земајќи го предвид објектот на сопственоста, сопственоста би можела да се категоризира во три групи: 1) сопственоста врз подвижни ствари, 2)сопственоста врз недвижни права, 3) интелектуална сопственост.Интелектуалната сопственост ги опфаќа правата што се однесуваат на: литературните, уметничките и научните дела, изведби на уметниците-изведувачи, фонограмите и радио-телевизиските станици, пронајдоците од сите полиња на човековата активност, научните откритија, индустрискиот дизајн, трговските и услужните марки, комерцијалните имиња и ознаки, заштита против нелојалната конкуренција и сите други активности поврзни со интелектуалната активност  во индустриската научната, книжевната и уметничката област. Интелектуалната сопственост се дели на две големи групи и тоа: индустриска сопственост и авторско право и сродни права. Во последно време кон овие две групи се додава и правото на нелојална конкуренција. 

1. 2.      Што подразбира модерната доктрина и практика под поимот индустриска сопственост

 Модерната доктрина и практика под индустриска сопственост подразбираат збир на права чиј предмет на заштита се патентите, корисните модели, индустирскиот дизајн, фабричките трговски марки, услужните марки, трговското име, ознака за географското потекло и елиминирањето на нелојалната конкуренција.Во поново време во индустриската сопственост се инкорпорираат и know-how т.е знаењето и искуството кое не е заштитено со исклучително право, бидејќи имателот на тоа знаење  и искуство располага со него се додека не го отстапи на другите.  Во најширока смисла, know-how се однесува не само на техничкото знаење и искуство туку и на знаењето и искуството од комерцијален, организационен, фискален и сличен карактер што може да се примени во стопанското работење. 

1. 3.      Кои творби се штитат со авторско право?

 Авторското право се однесува на уметничките креации, односно на делата кои по правило се оригинални интелектуални креации во литературата, науката и уметноста. Всушност сите национални закони за авторско право обезбедуваат заштита на: литературни творби, музички творби, уметнички творби, карти и технички цртежи, фотографски дела, кинематографски дела и компјутерски програми. Како сродни права се сметаат правата на уметниците-изведувачи над своите изведби и правата на фонограмите, филмските и сценските продуценти, на РТВ организациите и на изведувачите на нивните фонограми, видеограми, сценкски дела, емисии или изданија 

1. 4.      Кои творби се штитат со сродни права

 

Page 2: Одговори на испитните прашања по Интелектуална сопственост

Како сродни права се сметаат правата на уметниците-изведувачи над своите изведби и правата на фонограмите, филмските и сценските продуценти, на РТВ организациите и на изведувачите на нивните фонограми, видеограми, сценкски дела, емисии или изданија 

5.      Зошто нелојалната конкуренција се издвојува како посебна правна дисциплина?

 Со правото против нелојалната конкуренција се регулираат оние општествени односи кои настануваат на пазарот по повод однесувањето на пазарните субјекти со што се кршат добрите деловни обичаи и се создава атмосфера за нефер натпревар.Правото против нелојалната конкуренција заедно со антимонополското право го чини предметот на изучување на конкурентското право како посебна гранка од областа на економското право. Цепкањето на конкурентското право и вградување еден негов дел во рамките на правото на интелектуалната сопственост би било секако неоправдано од системски аспект. Дотолку повеќе што за изучување на мерките кои што се преземаат за борба против нелојалната конкуренција е потребно детално познавање на целокупниот систем од мерки на конкурентското право. Поради тоа правото на интелектуална сопственост треба да се разгледува како една единствена област која се состои од авторско право и сродните права  и  правото на индустриска сопственост. 

1. 6.      Од каде води потекло терминот авторско право и кои се проблемите со кои се судираме при неговата употреба?

 Терминот авторско право потекнува од латинскиот збор аuctor, што значел создавач, множител, творец, основач, втемелувач, зачетник и др. Со авторското право се уредени односите во сферата на книжевноста науката и уметноста, а во поново време и односите кои произлегуваат од изведувањето на делата. За авторското право се употребувал и терминот книжевна и уметничка сопственост. Овој термин настанал под влијание на теоријата дека книжевните и уметничките дела се резултат на трудот на авторот и како такви се нивна сопственост. Во овој термин е содржана и разликата помеѓу правата кои се однесуваат на интелектуалната сопственост и потекнуаваат од уметничката и книжевната сопственост, од оние кои се од областа на индустирската сопственост.Вторатат тешкотија при определување на поимот авторско право е што сопственоста во авторското право не е право на сопственост од стварното право. Овој термин сопственоста ја проширува и врз нематеријалните – интелектуалните креации на човечкиот ум, иако сопственоста по дефиниција преставува апсолутно право на телесни, движни  и недвижни предмети. терминот авторско право го прифати и нашата правна доктрина а со тоа и македонскиот законодавец. 

1. 7.      Кои се основните значења на поимот авторско право? 

 Поимот авторско право има повеќе значења: авторско право во објективна смисла, во субјективна смисла, како правна наука и  како правна доктрина.Во објективна смисла авторското право може да се дефинирак како збир на правни правила коишто ги нормираат правните односи во поглед на интелектуалните творби во областа на

Page 3: Одговори на испитните прашања по Интелектуална сопственост

книжевноста, науката и уметноста. Збирот на тие правила е содржан во изворите на авторското право во формална смисла.Во субективна смисла може да се дефинира како право на авторот на конкретно авторско дело во областа на книжевноста, науката и уметноста, признато од објективното право. Авторското право во субјективна смисла ги опфаќа: а) имотните; б) моралните или личните права. 

1. 8.      Кои односи се уредуваат со авторско право?

 Со авторско право се уредуваат правото на авторите над своите авторски дела, правата на уметниците - изведувачи, на произведувачите на фонограми, на произведувачите на видеограми , на радио-телевизиските организации, на издавачите и наизготвувачите на бази на податоци 

1. 9.      Кој е односот на авторското право со облигационото право?

 10.  Кој е односот на авторското право со трудовото право? Врската помеѓу авторското право и трудовото право се огледа  преку создавањето авторски дела и пронајдоци и индустирски дизајн во работен однос. Овие односи се регулираат со договор помеѓу работодавецот и работникот. Во случај кога авторското дело е создадено од работник при исполнување на неговите работни обврски или по упатство на работодавачот се смета дека материјалните права на авторот на тоа дело, исклучиво му се пренесени на работодавачот за време од пет години по завршувањето на делото, доколку со колективен договор, односно со договор за работа поинаку не е определено.   11.  Кој е односот на авторското право со кривичното право? Во случај на повреди на правата од интелектуалана сопственост одредбите предвидуваат и казнено правни санкции и тоа како во некои посебни законици така и во  посебното казнено право. При остварување на казнено судска заштита се применуваат одредбите на казненото право и казненото процесно право. 12.  Кој е однос на авторското право со управното право? За односот помеѓу авторското право и управното право карактеристично е дека барањето за добивање на одобрение и надзорот врз работата над колективните организации се поднесува пред надлежен управен орган. Според нашата регулатива тоа е Министерството за култура, како и признавањето на регистратибилни права пред Заводот за интелектуална сопственост, Завод за патенти, трговски марки итн. 13.  Како се разграничува авторското право во субјективна смисла со другите субјективни права?Разликување од правотот на сопственостПравото интелектуална сопственост како и правото на сопственост се однесува спрема сите, но разликата е во тоа што правото на интелектуална сопственост се однесува на интелектуални творби, прозиводи на човечкиот интелект а правото  на сопственост се однесува на стварите.За разлика од другите објекти на сопственоста, интелектуалните креации не се ствари во материјална смисла на зборот и не се истрошуваат со една манифестација. Репродукцијата употребата, користењето на интелектуалните творби е можна секогаш  одново и насекаде во светот. Правото на интелектуалната творба е независно од правото на сопственоста во однос на стварите на кои таа творба е фиксирана. Правото на интелектуална сопственонст на авторите им

Page 4: Одговори на испитните прашања по Интелектуална сопственост

обезбдува апсолутни временски ограничени права да го контролираат производстовото и употребата на производите.       Разликување од авторското право и правата на индустриска сопственостРазликата помеѓу правата од индустриска сопственост и авторското право е во тоа што авторското право се однесува на интелектуални творби од литературна,научна и уметничка област, а правата од индустриска сопственост се однесуваат на техничките пронајдоци, техничките унапредување, know-how и индустриско обликување.       Разграничувањи од сродните (соседски) праваПоимот на сродни права не е единтсвено одреден. Тој ги опфаќа: правата на изведувачите,филмските сценските фонограмски продуценти, правата на радио телевизиските организации, правата на изведувачите и други лица, како и изготвувачите на бази на податоци. Титуларите на овие права имаат права над нивните изведби и предмети на сродни права, а творците имаат права над нивните интелектуални творби.       Разграничување од правото на научно откритиеПравото на интелектуална состојба се однесува и на интелектуалните творби од областа на науката. Таквите дела не уживаат ни авторско правна заштита во однос на научната содржина, туку заштита во однос на обликот во кој таа содржина е изразена.       Разраничување од личните праваРазликата помеѓу моралните (лични)права на титуларите на право на интелектулана сопственост и личните права е во тоа што  моралните права на титуларот на правото на интелектуална сопственост се однесуваат на заштитата на личните интереси на лицата кои имаат својство на титулари на определено право, личните права во смисла на граѓанското право се однесуваат на заштитата на личните добра на кое било лице како што е на пр. правото на живот. 14.  Објаснете го авторското право во периодот пред издавачките и авторските привилегии? Во античко време не постоело право на индустриска сопственост ниту авторско право иако сознанието за нивно постоење води потекло уште од тоа време. Уште во стариот Рим постоело сознанието и разбирањето дека интелектуалниот труд треба да биде одвоен од стварта на која е изразен. Во стариот Рим биле развиени односоите помеѓу авторите и издавачите од една страна и помеѓу авторите и приредувачите на престави. Книжевните дела биле пишувани за награди кои ги плаќале организаторите кои сакале да ги искористат делата. Во ова време не се разликувало правото на сопственост на ракописот и правото на негово копирање. Правото на умножување  и издавање се извдедувало  од правото на сопственост. Правото на издавање и правото на прикажување на делото било инкорпорирано во правото на сопственост врз стварта на кое делото било фиксирано. 15.  Објаснете го авторското право во периодот на издавачките и авторските привилегии Овој период се каректиризира со цеховскиот режим кој довел до големо ограничување во работењето со немање слобода во производството, слободна конкуренција а со тоа се стеснуавал и просторот а инвентивни поединци.Прв правен извор за заштитата на пронајдоците со привилегии е најден во млетачките архиви од 1474 со кој е воведено општо правило за давање  привилегии за заштитата на пронајдоците. Заради развојот на издавачката и печатарската дејност почнале да се издаваат индивидуални привилегии на издавачите кои се стекнувале со монополско право на печатење и продажба на книгите. Со добивањето на паричниот надоместок авторите го губеле правото на сопственост на ракописот, а сопственици станувале издавачите. Покрај издавачките привилегии почнале да се издаваат и авторски привилегии. Тие се давале на одделни познати автори како награда признание за нивната работа.16.  Објаснете го авторското право во периодот појава на меѓународните договори и конвенции?Во овој период доаѓа до значајно законско уредување на материјата на авторското право како и склучување на бројни договори на ова поле. Прва била англија со законот за заштита на авторското право кој му давал на авторот право своето дело да го користи преку  умножување во период од 14 години. Потоа следува данска која во 1741 носи закон за авторско право со кој се утврдува дека повторното печатење на книга мора да биде во согласност со првиот издавач. Потпа следува франција со донесувањето на законот во 1793 па после тоа следуваат и другите

Page 5: Одговори на испитните прашања по Интелектуална сопственост

европски држави. И америка во 1786 12 од 13 сојузни земји носат закон за авторско право. Меѓутоа бидејќи овие закони биле само со територијално важење и не ја исполнувале потребата за меѓународа заштита, склучени се и бројни меѓународни договори. Првите договори биле билатерални. Прусија склучува 32 договори со германските земји. Следат договори меѓу австрија и сардинија, италија и германија, франција и италија, велика британија и франција итн. Во овие договори се вметнати многу принципи кои подоцна сер најдоја во меѓ. Конвенции и договори. Бидејќи овие договори не дадоја очекувана меѓународна заштита се пристапи кон подготовка на конвенции. Така во 1886 год беше потпишана конвенцијата за заштита на книжевните и уметничките дела.  17.  Кои се битните компоненти на развојот на авторското право во Република МакедонијаМакедонија во составот на кралството југославија до 1945Македонија во составот на сфрј од 1945 до 1991Р. М. По осамостојувањето  18.  Кои се карактеристиките на развојот на авторското право во Република Македонија (од 1991)По осамостојувањето на Р.М. во 1991 е донесен уставот. Со него се гарантираат правата што произлегуваат од научното, уметничкото или друг вид интелектуално творештво. Исто така по осамостојувањето се увиде дека примената на старите сојузни закони нема да биде доволна па така беше донесен и Законот за авторското право и сродните права во 1996. Воедно Македонија стана членка и на светската организација за интелектуална сопственост во 1993 година со што го искажа својот позитивен став кон севкупниот комплекс на авторското право и неговата заштита. До денес се направени бројни измени во законот за авторското право и другите сродни права за на 31 август 2010 да биде донесен нов закон. 19.  Како меѓународните извори на авторското право влијаат на правото на Република МакедонијаВлијаат на тој начин што поставуваат стандарди во поглед на остварувањето и заштитата на авторското право. Р. М. Е потписничка на бројни конвенции од оваа област, со што одредбите на тие конвенции се полноважен извор на правото. Меѓу најзначајните се: бернската конвенција за заштита на книжевните и уметничките дела, светската конвенција за авторското право, договорот на СОИС за авторските права, договорот на СОИС за изведби и фонограми, европската конвенција за копродукција во кинематографијата, сателитската конвенција итн.  20.  Кои се принципите поставени со Бернската КонвенцијаСо бернската конвенција се поставени следните принципи: принцип на национален третман, принцип на асимилација, принцип на минимални права. 21.  Што значи правилото на национален третманОва правило значи дека државјаните на земјите членки на бернската унија ќе ги уживаат истите права и обврски како и домашните државјани во другите земји на унијата, кога станува збор за заштитата на авторските права. Притоа не смее да се бара како услов ниту домицил ниту место на седиште во земјата во која се бара правна заштита. Исто така делата кои потекнуваат од една од државите членки чиј државјанин е или каде што за прв пат е објавено делото, добиваат иста заштита во која било од земјите членки. Со ова начело се обезбедува еднаков третман и рамноправност на припадниците на странските земји со домашните дравјани.   22.  Кои се минималните права поставени со бернската конвенција Минималните права се однесуваат на делата и  правата кои се заштитуваат и на траењето на заштитата. Минималните права  се однесуваат  на сите  авторските дела ,       на правото на превод  на правото да се направат адаптации и преработки на авторско дело, право на изведување во јавност драмско музичко уметничко дело.Право на радио – телевизиско пренесување, правото на репродукција на кој било начин или форма. На моралните прав и на рокот на нивна заштита.

Page 6: Одговори на испитните прашања по Интелектуална сопственост

 23.Кои се изворите на авторското право во ЕУ?  Европската унија за разлика од правото на индустриска сопственост каде што најчесто интервенира со регулативи затоа што тежнее кон унификација на законодавството во таа област во рамките на авторското право тоа го прави само со директиви, каде што е евидентно дека тежнее кон хармонизација на законодавството.Директиви за биотехнолошки пронајдоци, директива за апроксимација на законите на државите членки во врска со трговските марки, директива за правна заштита на дизајните, директива за правна заштита на топографиите на полупровдничките производи, директиви за законска заштита на компјутерските програми, директивни за правото на закуп и правото на послуга и за определени аспекти поврзани со авторското право на полето на интелектуалната сопственост, директиви за рокот на заштита на авторското право, директиви за заштита на базите на податоци, директива за хармонизација на одредени аспекти на АП и СП во информативното општество, директива за правото на препродажба на авторот на оригинално уметничко дело, одлуките на европскиот суд на правдата.               24.Кои се извори на авторското право на СОИС Договор за авторско право и договор за изведбите и фонограмите.             25.Како со ТРИПС се уредува авторското право и сродните права? Што се однесува до уредувањето на авторските права со ТРИПС договорот напредокот во однос на претходните меѓународни документи се состои пред се во изричното предвидување на заштита на компјутерските програми и базите на податоци затоа што ТРИПС смета дека компјутерските програми ќе се заштитуваат како книжевни дела.  Друго значајно отстапување е направено кај компјутерските програми и аудио визуелните дела членката мора да им обезбеди на авторите и на нивните наследници право да одобрат или да забранат комерцијално изнајмување на јавноста, на копиите на авторските дела или на оригиналите.  Во однос на рокот на заштита на делата со исклучок на фотографските дела и делата на применетата уметност кога се пресметува врз друга основа а на врз основа на животниот век на физичкото лице тој рок да не биде покус од 50 години од крајот на календарската година во која е одобрено објавувањето или доколку во рокот од 50 години од настанувањето на делото не е дадено такво одобрување, 50 години од крајот на календарската година во која настанало делото. Во однос на сродните права ТРИПС ги уважува одредбите на римската конвенција. На изведувачите има ја дава можноста во поглед на снимањето на нивната изведба на фонограм да забранат снимање на нивните неснимени изведби и репродукција на таквите снимки. Изведувачите можат да забранат емитување преку безжични средства и јавни преноси на нивните изведби ви живо. Продуцентите на фонограми имаат право да дозволат или забранат директно или индиректно репродуцирање на нивните фонограми. Радио-дифузиите организации имаат право да ги забранат следните постапки: кога се превземаат без нивна дозвола снимање, репродукција на снимки и реемитување на снимки преку јавно прикажување во јавноста на истите.  Заштита којашто има се дава на изведувачите и продуцентите на фонограми трае најмалку до крајот на периодот од 50 години, сметајќи од крајот на календарската година во која се случила изведбата или е направена снимката. Рокот кај радио-дифузните организации трае најмногу 20 години од крајот на годината во која се случило емитувањето.             26. Кои се карактеристиките на теориите со кои се објаснува авторското право Теорија за интелектуални права: Според оваа теорија покрај личните, стварните и облигационите права треба да се прифатат и четвртиот вид на субјективните граѓански права- интелектуалните права. Оваа теорија тргнува од фактот дека нематеријалните добра имаат своја самостојна вредност дури и кога се одделени од создавачот, креаторот или авторот и не се зависни од времето или просторот. Тие можат да се реализираат а притоа битно да не се изменат (авторско право на роман – нематеријално добро, отпечатена книга на романот – материјално добро). Оваа теорија ги изедначува нематеријалните добра со бестелесните ствари зашто трпи критика. Оваа теорија смета дека правото на индустриска сопственост има исклучително апсолутно дејство врз

Page 7: Одговори на испитните прашања по Интелектуална сопственост

основа на закуп и дека заедно со авторското право формира посебна категорија право – нематеријално право.Теорија за нематеријални права: (истото е со теорија за интелектуална сопственост) Теорија за природно право: оваа теорија тргнува од стојалиштето дека пронаоѓачот има неограничено право на сопственост на резултатите од својот интелектуален труд. Морално право на општеството е да го признае ова природно право и да им се спротивстави на активностите на трети лица да го користат пронајдокот, дизајнот, марката, ознаката и сл  без согласност на пронаоѓачот односно носителот на правото. Теорија за лични права (напишана е погоре) Теорија за сопственост: (напишана е погоре) Монополска теорија: Според оваа теорија и договорниот однос помеѓу пронаоѓачот и општеството, пронаоѓачот доброволно ја објавува содржината  на својот пронајдок а за возврат општеството му гарантира исклучително право за искористување на пронајдокот за определено време. По истекот на тоа време пронајдокот е слободен за користење и е сопственост на целото општество, односно преставува јавно добро. Договорна теорија: тргнува од фактот дека патентот е договор помеѓу пронаоѓачот и општеството што за возврат му дава на пронаоѓачот временски ограничена можност за искористување на пронајдокот.Оваа теорија се заснова на неколку принципи и тоа: договор помеѓу државата и пронаоѓачот, ограничено траење на пронајдокот од страна на пронаоѓачот и слободно користење на пронајдокот по истекот на заштитниот рок. Теорија за стимулација и теорија за награда: тргнува од фактот дека на пронаоѓачот/авторот треба да му се признаат одредени погодности кои ќе го поттикнат на истражување и создавање иновации, пронајдоци, авторски дела и сл. Тоа се решава на начин што проаѓачот/ авторот има исклучително право на експлатација на авторското дело, односно на пронајдокот за одреден период.Теоријата за награда пак тргнува од интересот на општеството за напредок и најдобар начин да се постигне тоа е да овозможи заштита на правата од страна на државата. Теорија за клиентела: тргнува од економската функција на правото на интелектуална сопственост и сметка дека заедничко за сите права од интелектуална сопственост а особено на правото од индустриска сопственост дека се насочени кон зголемен промет и зголемена добивка. Дуалистичка и монистичка теорија за АП се објаснети погоре.  27.  Објаснете ја теоријата за авторското право како право на сопственост ? Оваа теорија поаѓа од становиштето дека авторот/пронаоѓачот/креаторот/ како творец на интелектуалната творба има апсолутно и исклучително право на сопственост врз творбата. Оваа теорија е критикувана затоа што правото на интелектуална сопственост се разликува од правото на сопственост  по објектот на сопственоста што е ствар, додека предметот на ова право е интелектуална творба. Овие права се разликуваат и по времетраењето.                     28.  Објаснете ја теоријата за авторското право како лично право? Според оваа теорија пронајдоците моделите и марките ги смета за бестелесни ствари кои се сврзани со личноста што ги создала со својот интелект и способност. трпи критика затоа што ги изедначува нематеријалните добра со поимот бестелесни ствари кој преставува дел од граѓанското право. 29.  Кои се основните карактеристики на дуалистичката теорија на авторското право

Page 8: Одговори на испитните прашања по Интелектуална сопственост

 Според оваа теорија авторското право е составено од две различни права имотно и лично право. Двете права смета дека имаат извор во личноста на авторот и покрај тоа што се две различни права. Имотното право е право на сопственост ,кое што е апсолутно и за свој предмет ја има творбата на човековиот ум нетелесно добро кое нема материјална смисла а пак личното право е  моралното право односно облик на својата чест и углед 30.  Објаснете ја монистичката теорија на авторското право Според оваа теорија авторското право е  единствен посебен вид субјективно граѓанско право составено од лично правни и имотно правни овластувања, кои настануваат во моментот на настанувањето на авторското дело. Нашиот ЗАПСП ја прифаќа оваа теорија оваа теорија кој исто така смета дека А.П е единствено и неразделно со авторското дело кое содржи лично правни (морални) имотно правни (материјални права) и други права на авторот како два елементи на неговата единствена неделива целина.             31. Зошто теоријата на нематеријалните права е широко прифатена во светот и како според неа се објаснува правната природа на авторското право? -            Теоријата на нематеријалните права е најшироко прифатена во светот врз основа на тоа што тргнува од фактот дека нематеријалните добра имат своја самостојна вредност, дури и тогаш кога се одделени од создавачот, креаторот, пронаоѓачот, авторот и не се зависни од времето или просторот. Тие можат да се реализираат, а да не се изменат. Ваквата природа на правата од интелектуална сопственост ги доведува многу често да бидат објект на злоупотреба и повреда и да бидат изложени на нелојална конкуренција. 32. Кој може да биде автор и како според ЗАПСП на Р.М се дефинира авторот? -           Автор може да биде секое лице кое го создало авторското дело, лице кое е духовен творец, лице кое при создавањето внесува индивидуалност и оригиналност. Според ЗАПСП за автор се смета творецот на авторското дело, она лице на кое според Законот му се гарантира авторско-правна заштита. 33. Кои се носители на авторското право? -           Носител на авторско право може да биде физичко или правно лице.(издавачка кука, театар, факултет, радиотелевизија, галерија, компјутерска фирма) 34. Колкава е заштитата на авторите на анонимните дела и на делата означени со псевдоним? -           Авторското право на анонимните дела и на делата под псевдоним трае 70 години од нивното објавување. 

35. Какви права имаат авторите на делата створени во работен однос и на делата по нарачка? -           Во случај кога делото е создадено од работник при исполнување на своите работни обврски, се смета дека материјалните права и другите права на авторот (освен правото на изнајмување) исклучително му се пренесуваат на работодавачот за време од 5 години по завршување на делото, доколку со договорот за работа поинаку не е определено, а за секое изнајмување авторот има право на правичен надомест. Кај делата по нарачка нарачувачот се стекнува со правото на сопственост -но не и со авторското право, значи авторот ја задржува слободата на научното и уметничкото творештво, а авторското право може да се пренесе единствено доколку тоа е определено со договор. 

Page 9: Одговори на испитните прашања по Интелектуална сопственост

36. Кога станува збор за аудио-визуелни дела, кои се специфициките на авторството? -           Аудиовизуелно дело, во смисла на овој закон, е кинематографско или друго дело изразено во вид на поврзани подвижни слики, со или без звук, без оглед на видот на носачот што го содржи. Автори на аудиовизуелно дело, се писателот на сценариото, главниот режисер и главниот снимател.Цртачот, односно авторот на музиката, кога не се смета за автор на аудиовизуелното дело, како и сценографот, костимографот, монтажерот и авторот на маски, имаат авторско право само врз своите придонеси кон аудиовизуелното дело (автори на придонеси).Со договор за филмска продукција се уредува односот на филмскиот продуцент со авторите на аудиовизуелното дело и авторите на придонесите, како и односот меѓу самите автори. Со склучувањето на договорот за филмска продукција се смета дека авторите и авторите на придонесите, исклучиво и неограничено му ги пренеле на филмскиот продуцент сите свои материјални права на аудиовизуелното дело, вклучително и правото на превод или на синхронизација, доколку поинаку не е определено. Со склучување договор за филмска продукција, авторите го задржуваат правото на правичен надоместок од филмскиот продуцент, за секое користење, а авторите на придонесите го задржуваат правото посебно да ги користат своите придонеси кон аудиовизуелното дело, доколку со тоа не се повредени правата на филмскиот продуцент.  37. Која е разликата мегу авторите, носителите и неследниците на одделно авторско право и што е карактеристично за нивниот статус? -           Авторот одделно авторско дело е изворен носител на моралните и имотните овластувања. Со закон е предвидена можноста авторот еден дел од тие овластувања кои се преносливи да ги пренесе на друго физичко или правно лице, во тој случај тоа лице станува носител на авторското право- како и субјект на авторско-правна заштита. Со самото пренесување на некои областувања авторот го губи својството на носител на тие овластувања, но никогаш не ги губи овластувањата врзани за неговата личност. Носителот на исклучително авторско право може да го означи оригиналот или примероците на своето дело со ознака пред своето име, псевдоним и др. Носителот на авторското право не може неовластено да ги пренесува правата на трети лица, а доколку тоа го стори должен е да ја надомести штетата. Да се стане носител преку наследување можно е преку два начинa: по сила на закон- кога на законските наследници им припаѓаат сите права кои му припаѓале на авторот. Носителот на авторските права над авторските дела е дривативен носител и не може без овластување на авторот да ги пренесува овластувањата врз трети лица.  38. Какви права уживаат странците, бипатридите, апатридите и бегалците и врз основа на кој принцип/начело ? -           Странците, бипатридите, апатридите и бегалците ги уживаат истите права  и заштита како и државјаните на Р.Македонија врз основа на принципот на национален третман. 39. Какво е правото на авторското право? -           Авторското право е единствено право и е неразделно од авторското дело.    40. Какви овластувања содржи авторското право? -           Авторското право содржи исклучиви морални права, исклучиви материјални права и други права определени врз основа на Законот за авторски и сродни права.41. Кои се моралните права на авторите? -           Моралните права на авторите се: правото на признавање на авторството; правото на првото објавување; право за заштита на интегритетот на делото; право на откажување. 

Page 10: Одговори на испитните прашања по Интелектуална сопственост

42. Кои се материјалните права на авторите? -           Материјалните права на авторот се: право на умножување; право на пуштање во промет на делото; право на јавно соопштување на делото; право на преработување на делото. 43. Кои се другите права на авторите? -           Други права на авторите се: право на пристап до оригиналот и право на предавање; правото на следство ( правото на надомест од препродажба); правото на надомест од умножување на делото за приватно користење; правото на надомест од изнајмување; правото на надомест од послуги. 44. Што е содржина на правото на јавно соопштување на делото? -           Содржина на јавното соопштување е всушност- јавното изведување, јавното изложување, јавното пренесување, јавното прикажување, радиодифузно емитување, реемитување односно ставање на делото на располагање на јавноста. 45. Што е содржина на следниве права:            правото на умножување на делото;            правото на пуштање во промет на делото;            правото на преработување на делото. -           Умножување на делото е всушност запишување- снимање на авторското дело на материјална или друга соодветна полога, изработка на една или повеќе примероци на делото, целосно-делумно, времено-трајно со било какви средства и во било каков облик. Нјачесто умнозувањето се врши со графичко умножување, тридимензионално умножување, фотокопирање и др.-           Правото на пуштање во промет на делата содржи понудување на делата на јавноста за нивно продолжување или друг пренос на сопственичкото право или на правото на владение на оригиналот вклучувајќи увоз- т.е внесување на домашен пазар на оригинали или примероци на авторско дело за комерцијални цели; изнајмување- односно давање на користење на авторското дело на определено време заради непосредна или посредна имотна корист; правото на надоместок од послуга- давање на користење на авторското дело на определено време без остварување на имотна корист, преку организации до кои јавноста има пристап.-           Преработувањето всушност значи превод, приспособување вклучувајки и аудиовизуелно приспособување, музички аранжман и друго менување на авторското дело и на делото од народното творештво, како и на други писани материјали, ккао што се преводи на службени текстови кои не се направени за службено користење. 46. Кои други права ги уживаат авторите? Други права на авторот се:1) право на пристап и на предавање;2) право на следство (право на надоместок од препродажба);3) право на надоместок од умножување за приватно користење;4) право на надоместок од изнајмување и5) право на надоместок од послуга. 47. Што е содржина на правото на патернитет? Правото на патернитет значи дека изведувачите имаат морално право, при најавата на изведбата, односно на секоја снимка од тоа изведување, на вообичаен начин, да се наведе нивното име, псевдоним или друга ознака. 

48. Што е содржина на правото на објавување на делото? 

Page 11: Одговори на испитните прашања по Интелектуална сопственост

Објавување на авторското дело значи достапноста на авторското дело на јавноста, на одреден број лица кои се јавуваат како корисници на авторското дело. 49.Што е содржина на правото на почитување на личноста на авторот и целината на делото?  Авторот е единствено овластен за искористување на своето дело и го задржува тоа овластување според сите трети лица со тоа што го исклучува секое мешање на моралните овластувања во поглед на искористувањето, односно располагањето со делото. Авторот има право да се спротивстави на менување, деформирање или сакатење на делото што може да наштети на неговата личност, чест и углед, како и науништување на делото. 50.Што е содржина на правото на покајување? Чл 25 51. Што овозможува правото на надоместок од умножување за приватно користење?За умножување за приватно користење се плаќа надоместок.Надоместокот за умножување фонограми и видеограми се плаќа при прва продажба или увоз на средства за тонско и визуелно снимање и на нови неснимени носачи на тон и на тон и слика.Надоместокот за фотокопирање се плаќа при прва продажба или увоз на средства за фотокопирање и од изработка на фотокопии наменети за продажба месечно, а согласно со можниот број фотокопии.Авторот има право на дел од единствениот надоместок  за умножувањето фонограми и видеограми и од фотокопирањето на неговото дело кое се врши за приватно користење. 52. Што овозможува правото на право на надоместок од послуга?  Авторот има право на надоместок од послуга на оригинал или примероци на неговото авторско дело.Правото на послуга не се однесува на архитектонски објекти, на дела од применетата уметност и дизајнот, како и на дела што меѓусебно ги позајмуваат организациите . Надоместокот го плаќа организацијата што ја врши послугата. 53. Зошто се ограничува авторското право?  Со ограничувањето на авторското право се постигнува рамнотежа помеѓу интересот на авторот и некои општи интереси на општеството. 54. Колку траат материјалните овластувања од авторското право и како се сметаат роковите? Материјалните права траат за време на авторовиот живот и 70 години по неговата смрт. Роковите на траење на заштитата на авторското право започнуваат да течат од 1 јануари од годината што следи по настанот, што е основа за пресметување на роковите. 55. Какви ограничувања на авторско право постојат? Нашиот ЗАПСП дозволува користење на авторското дело без пренесување на соодветно материјално право, но само над објавено авторско дело. Тоа може да биде во вид на законски дозволено користење со надомест,  како законски дозволи, и во вид на законски дозволено користење без надомест како слободно користење. 56. Што се законски дозволи? Законските дозволи претставуваат случаи кога не е потребно да се побара одобрение за користење на авторското дело, но мора да се плати авторски надоместок за таквото користење. 

Page 12: Одговори на испитните прашања по Интелектуална сопственост

57. Што претставува слободното користење на авторското дело?  Слободно користење претсавува законско користење на авторското дело  за кое не се плаќа надоместок. 58. Колку траат моралните овластувања од авторското дело?  Повеќето морални права на авторот се гасат со неговата смрт.59. Колку траат правата на изведувачите? Правата на изведувачот траат 50 години од  денот  на изведбата. Доколку во тој период снимката од неговата приредба била прв пат законски изведена или јавно соопштена, правата на изведувачот траат 50 години, сметано од првото законско објавување. 60. Колку траат правата на продуцентите? Правата на филмскиот продуцент траат 50 години од денот на завршувањето на снимката. Доколку во тој период видеограмот  бил прв пат законски изведен или јавно соопштен, правата на продуцентот  траат 50 години сметано од првото законско објавување.Правата на сценскиот продуцент траат 50 години од денот на првото јавно изведување на сценското дело. 61. Колку траат првата на издавачите  ? - Материјалните изведувачки права траат 50 години од денот на изведбата.Доколку во тој период снимката од неговата изведба била прв пат издаденасогласно со закон или јавно соопштена согласно со закон, правата на изведувачот траат 50 години, сметано од нејзиното прво издавање согласно со закон, односно јавно соопштување согласно со закон. Моралните права траат и по истекот на роковите за траење на изведувачките права утврдени со Законот за авторски права. 62. Колку траат правата на изготвувачите на бази на податоци ? - Правата на изготвувач на база на податоци траат 15 години по завршувањетона изработката на базата на податоци. Доколку во тој период таа е објавенасогласно со закон, правата ќе траат 15 години од тоа објавување.Рокот за заштита утврден кој е утврден претходно, почнува од ново да течесо секоја значителна измена, проценета квалитативно и/или квантитативно, насодржините на базата на податоци вклучително и секоја суштинска измена штопроизлегува од кумулацијата на последователни дополнувања, бришења илименувања што ја квалификува базата на податоци како суштински нововложување проценето квалитативно и/или квантитативно. 63. Што е авторско дело ? - Авторско дело е интелектуална и индивидуална творба од областа на книжевноста, науката и уметноста, изразена на кој било начин и форма.За авторско дело се смета особено:

пишано дело (книга, напис, статија, прирачник, брошура, расправа и други

дела од иста природа);

компјутерска програма, како пишано дело; говорно дело (предавање, говор, беседа и други дела од иста природа); музичко дело, со или без текст;  драмско, драмско-музичко, кореографско и пантомимичарско дело;

Page 13: Одговори на испитните прашања по Интелектуална сопственост

 фотографско дело и дело создадено во постапка слична на фотографската;  аудиовизуелно дело (кинематографско и друго дело изразено со подвижни

слики);

 дела на ликовната уметност (слика, цртеж, графика, скулптура и друго);  дела од архитектурата; дела од применетата уметност и дизајнот и  картографско дело, план, скица, технички цртеж, проект, табела, пластично

дело и друго дело со ист или сличен карактер од областа на географијата,топографијата, архитектурата и науката. 64. Како настануваат авторските дела ?(стр.161) -Под авторско дело се подразбира индивидуална и интелектуална твроба од областа на книжевноста, науката и уметноста, изразена на било кој  начин и форма.Создавањето на авторското дело, претпоставува три фази : 

Идејата-претставува концепција на идното дело коешто треба да се изрази во определена надворешна форма која останува во интелектуалната форма.Оваа авторска идеја не може да биде предмет на авторско-правна заштита.

Внатрешна форма- конкретизација на идното авторско  дело, односно вообличување на идејата во нејзината конкретна надворешна форма. Во оваа фаза авторското дело ја добива својата материјална подлога и е предмет на авторско-правна заштита. Конкретизацијата на авторското дело на оваа фаза зависи од видот на авторското дело (пр. скица за роман што допрва треба да биде напишан или скица за уметничко дело)

Надворешна форма- претставува материјализиран облик на авторско дело во одредена форма. Таа претставува завршен облик на интелектуалното творештво, на авторот, во којшто облик се смета дека авторското дело е создадено, односно настанато. Во кој надворешен облик, односно форма ќе се создаде авторското дело зависи од неговиот вид и од желбата и економскиот интерес на авторот или носителот на авторско право.

Овие три фази во создавањето на авторското дело можеме да ги упростиме, и можеме да констатираме дека авторското дело го сочинуваат два елементи:   идејата и формата. 65.  Под кои услови насловот на делото ужива авторско-правна заштита? -Во врска со заштитата на насловот, постојат 3 основи според кои тој може да се штити:1.тој се штити во состав на целината на авторското дело, незвисно од тоа дали тој самиот за себе му одговара на поимот авторско дело; или со други зборови, авторско-правната заштита за делото се проширува и на неговиот наслов(несамостојна заштита)2.тој се штити како авторско дело само за себе, доколу му одговара на општиот поим за авторско дело;3.независно од тоа дали ја ужива заштитата врз основа на претходните две точки,насловот на авторското дело има правен третман на ознака со која се обележува делото како материјална вредност(особено кога е опредметено во вид на телесни примероци-стока). 66. Кои се спецификите на авторско дело создадено во работен однос или по нарачка? -          Во случај кога авторско право е создадено од работник при исполнување на неговите работни обврски или по упатство на работодавецот, се смета дека материјалните и другите права на авторот на тоа дело, освен правото на изнајмување, исклуцително му се пренесени на работодавецот за време од 5 години по завршувањето на делото, доколку со соодветен колективен договор, односно договор за работа не е поинаку определено. Авторот

Page 14: Одговори на испитните прашања по Интелектуална сопственост

неможе да се откаже од правото на надомест за изнајмување и има право на правичен надоместок за секое изнајмување.-          Договорот за нарачка е договор за идно дело. При нарачката на авторско дело, авторот ја задржува слободата на научното и уметничкото творештво која му е загарантирана според Уставот на РМ. Со договорот за нарачка, авторот се обврзува да го создаде нарачаното авторско дело и да му го достави на нарачателот, а нарачателот се обврзува да му исплати надомест. Авторот го задржува авторското право врз нарачаното дело, доколу со закон или договор не е поинаку определено. Според ЗАПСП, авторот може да му го пренесе авторското право на нарачателот.      67.  Кои се пишани дела?           -Пишани дела се дела што авторот напишани во писмена форма. Тие може да бидат забелезани(напишани) на хартија своерачно,со машина за писување, преку компјутерски печатар, на магнетофонска лента или касета, на CD или на друг медиум или начин на фиксирање на делото...Во пишани дела спаѓаат : книжевни дела, написи, статии, прирачници,брошури,научни трудови, расправи и слично.  68. Кои се спецификите на компјутерската програма како авторско дело ? (стр.182-185) -Компјутерските програми заземаат посебно место во категоријата на авторски дела заради специфичноста на објектот на заштита.Тие се софистицирани креации кои се резултат на работата на цели тимови стручњаци, во чие знаење, односно наобразба се потрошени многу финансиски средства.Според ЗАПСП, ком.програми се програми во било која електронска изразена форма, вклучувајќи го и подготвителниот материјал за нивна изработка, доколку се индивидуални и интелектуални творби на нивниот автор. Авторот на ком.програма има исклучиво материјално право да ја користи  програмата и да дозволува или забранува користење на програмата за:

Репродуцирање; Преведување,адаптирање или било каква друга преработка; Дистрибуирање на оригиналот на ком.програма или нејзини копии во било каква форма.

 Законскиот корисник на компјутерската програма може без дозвола на авторот, да репродуцира најмногу две копии на програмата од кои едната е резервна, долколку е тоа потребно за нејзино користење.Се смета дека некое лице ги повредува исклучителните права според ЗАПСП, кога знаело или можело да знае дека дистрибуира или поседува за комерцијални цели која било технологија,средства или нивни составни делови чијашто цел е неовластено отстранување или мрнување на технолошки мерки,користени за да ја заштитат ком.програма.  69. Што е говорно дело?-Под говорни дела се подразбираат сите авторски дела коишто се изразуваат со помош на јазикот.Без значење е јазикот на кој тоа дело е напишано. Според областите во кои се јавуваат говорните дела можат да се поделат во три групи:

Книжевни(литературни)дела; Научни дела; Други видови на говорни дела(сликовници,илустрации,стрипови,каталози и сл).

 70. Што е музичко дело? 

Page 15: Одговори на испитните прашања по Интелектуална сопственост

-Музичките авторски дела се дела во кои авторот т.е композиторот  ги изразува своите чувства и мисли со помош на звук односно тонови. Музичкото дело има три основни составни делови и тоа:

Мелодија-се состои од низа тонови коишто ја одразуваат инспирацијата на композиторот,така што тоа претставува суштина на музичкото дело;

Ритам-однос на разновидни тонови и звуци со различно времетраење и усогласување; Хармонија-складно истовремено звучење на сите тонови.

 71. Кои авторски дела се јавуваат кај операта? Објаснете !(стр.171) -Операта спаѓа во категоријата на драмско-музички дела, односно дела во кои се споени две дела, драмски и музички, коишто претставуваат една единствена целина .Освен операта во оваа група на драмско-музички дела спаѓаат: оперета, мјузикл,и други.72. Што се ликовни дела? -Делата од ликовната уметност, се дела од областа на сликарството, графиката и вајарството што се создаваат на површината или во просторот. Делата на ликовната уметност се карактеризираат со просторност, индивидуалност и оргиналност. Делата од ликовната уметност не можат да постојат без да бидат фиксирани на некаква подлога/медиум (хартија, платно, дрво, текстил, стакло, метал, камен, бронза).За подлогата бидејќи е ствар,важи правниот режим на стварното право.Матријалната подлога на која е нанесено авторско дело-слика или склуптура,претставува уникат(кај нас “оригинал на уметничко дело”). 73.  Кои се карактеристиките на делата на применетата уметност и дизајнот? -Како дела на применета уметност и дизајн се сметаат уметнички творби, што се наменети за задоволување на практичните потреби на луѓето, како и дела со кои се користи индустријата. Тоа се индустриските или занаетчиските производи коишто може да ги изработува самиот автор или друго лице според скиците, калапите или сл направени од самиот автор. За да узиваат правна заштита мораат во себе да содржат елементи на уметничко оригинално и интелектуално творештво и да се разликуваат од другите производи со иста или слична намена. 74. Што не се смета за авторско дело? - Како авторско дело, во смисла Законот за авторско право и сродни права, не се сметаат:

идеите, теориите, концептите, методологиите на работа или математичките

концепти, независно од начинот на објаснувањата или изразувањата;

службените текстови од политичка, законодавна, административна и судска

природа и нивните службени преводи;

дневните и други вести кои имаат карактер на обични - медиумски

информации, едноставни факти и податоци и

идеите и концепциите што претставуваат основа за кој било елемент на

компјутерска програма, вклучувајќи ги деловите од програмата што овозможуваатповрзување и интеракција меѓу елементите на програмската и машинскатаопрема (интерфејси). 75. Каков е правниот режим на преработките на авторско дело?(стр. 180)

Page 16: Одговори на испитните прашања по Интелектуална сопственост

 -Преработките уживаат заштита како самостојни дела, доколку се оригинални интелектуални дела на нивните автори, кои имаат индивидуален карактер. Заштитата на преработките не влијае на правата на авторот на изворното дело. 76. Кои се авторски дела можат да се најдат на една веб-страница? Авторски дела кои што може да се најдат на една  веб страна се :- пишано дело (напис, статија, научен труд, расправа);- комјутерска програма;- говорно дело (говор, беседа, предавање);- музичко дело со или без текст;- фотографско дело;- аудиовизуелно дело (филмско дело)- ликовно дело како слика или графика ,- дело од дизајн;- картографско дело, план, цртеж, скица, проект, табела. 77. Каков е правниот режим  на базите на податоци? Правниот режим на базите на податоци подразбира дека :Изготвувач  на  базата  на  податоци  има  исклучиво  право  да  дозволува  илизабранува  умножување (извлекување)  и/или  пуштање  во  промет  на  примероци, ставање на располагање на  јавноста или други форми на  јавно соопштување на целината или битните делови на базата на податоци (повторно користење).Заштитата на правата на изготвувачот на базата на податоци ги опфаќа:-целата содржина на базата на податоци;- суштинските  делови  од  нејзината  содржина,  проценети  квалитативно  и/или квантитативно и- несуштинските  делови  од  нејзината  содржина,  кога  тие  се  користатповторувано  и  систематично  и  спротивно  на  редовното  користење,- Заштитата на базата на податоци не се применува на компјутерска програмакористена  за  изработка  или  за  работа  на  базата  на  податоци  достапна  преку електронски средства. 78. Според кои критериуми се врши класификација на преносот на авторското право? Пренесувањето на материјалното право се врши исклучиво или неисклучиво. Со исклучивото пренесување на материјалното право се дозволува само едно лице да го користи делото при што од користење се исклучени авторот и кое било друго лице. Со неисклучивото пренесување на материјалното право се дозволува лицето да го користи делото при што од користењето не се исклучени авторот или кое било друго лице. 79. Кое начело преовладува кај аворските договори? Авторски договори се договори со кои авторот или друг носител на авторско право го пренесува своето право на искористување на авторското дело на друго лице. Принцип на договорна слобода како израз на автономија на страните на договорот е карактеристика и за авторското право, а како најважен принцип е принципот за заштита на послабата страна. Договорите исто така се подведуваат и под принципот пацта сунт серванда  и ги обврзуваат страните кои го склучиле договорот. 80. Во каква форма се склучуваат аворските договори и кои се последиците од непочитување на формата? За да може да произведува правно дејство договорот за пренос на материјалните и другите авторски права мора да биде склучен во писмена форма. Тоа е форма ад солемнитатем  што значи дека нејзиното непочитување повлекува ништовност на договорот. Санкцијата за

Page 17: Одговори на испитните прашања по Интелектуална сопственост

непочитување на задолжителната писмена форма е пропишана и во ЗОО каде се нормира дека договорот кој не е склучен во пропишаната форма нема правно дејство. Меѓутоа како и кај сите така и кај авторските договори може да се случи страните да изразиле својата согласност на волја само за некои елементи на договорот во писмена форма, а за друите елементи да се спогодиле усно. Непостоење или ништовност на договор не настапува кога за споредни, небитни елементи на авторскиот дог. е дадена усна согласност на страните. И покрај задолжителноста на писмената форма кај авторските договори може да се докажува дека по грешка во писмениот дог. нешто е напишано поинаку отколку што била вистинската волја на страните. 81. Што ја сочинува содржината на издавачкиот договор?  Содржината на издавачкиот договор го сочинуваат видот на правата што се пренесуваат , нивниот обем, исклучиво или неисклучиво , територијата на која се однесува пренесување на правата , времетраење на пренесување и авторски надоместок. Покрај овие општи елменти овој договор содржи и рок за предавање на раскописот заради издавање , број на посебни изданиа и број примероци (тираж) на секое посебно издание. Надоместокот во издавачкиот договор може да биде определен во паушален износ или во процент од малопродажната цена на примерок на изданието .  Во случај кога надоместокот е договорен во процент од малопродажната цена на продадените примероци на делото , издавачот е должен да му овозможи увид на авторот во документацијата за продадените примероци.  82. Што ја сочинува содржината на договорот за нарачка на авторско дело? Со овај договор авторот го создава нарачаното авторско дело и му го доставува на нарачателот.Обврски на авторот сеА)да го создаде нарачаното авторско дело и  б)да му го достави на нарачателотОбврски на нарачателот сеА)Да му плати надомест на авторотНарачателот има право да ја надгледува работата и да дава упатства,доколку со тоа не навлегува во правото на авторот за слободно творештво.Авторот го задржува авторското право врз нарачаното дело,доколку со закон или договор поинаку не е определено.   83. Што ја сочинува содржината на дог.за јавно изведување? Содржината на издавачкиот договор го сочинуваат видот на правата што се пренесуваат , нивниот обем, исклучиво или неисклучиво , територијата на која се однесува пренесување на правата , времетраење на пренесување и авторски надоместок. Покрај овие општи елменти овој договор содржи и правото на авторот на увид во јавното изведување на делото и обврска на корисникот тоа да му овозможи како и да обезбеди соодветни технички услови за изведување.  84.  Што ја сочинува содржината на дог. За создавање на авторско дело во работен однос? Во случај кога авторското дело е создадено од работник при исполнување на своите работни обврски или по упатство на работодавецот,се смета дека материјалните права и другите права на авторот на тоа дело,освен на правото на изнајмување,исклучиво му се пренесени на работодавецот за време од пет години по завршувањето на делото,доколку со соодветен колективен договор,односно со договор за работа не е поинаку определено.По истекот на рокот од пет години по завршувањето на делото,материјалните права и другите права му припаѓаат на работникот,со тоа што работодавецот може да побара нивно повторно исклучително пренесување,доколку му плати на работникот правичен надомест за секој вид материјално право.Авторот не може да се откаже од правото на надомест за изнајмување и има право на правичен надомест за секое  изнајмување. 85.Што ја сочинува содржината на дог.за филмска продукција? 

Page 18: Одговори на испитните прашања по Интелектуална сопственост

Со договорот за филмска продукција се уредуваат односите на филмските продуценти со аворите на аудовизуелното дело и авторите на придонесите,како и односите помеѓу самите автори.Со склучувањето на договорот за филмска продукција се смета дека авторите и авторите на придонесите,исклучиво и неограничено му ги пренеле на филмскиот продуцент сите свои материјални права на аудовизуелното дело,вклучително и право на превод со титлување или надсинхронизација,доколку со договорот поинаку не е определено.Со склучување на договорот за филмска продукција,авторите ги задржуваат правото на правичен надоместок од филмскиот продуцент,за секое користење,а авторите на придонесите го задржуваат правото посебно да ги користат своите придонеси кон аудовизуелното дело,доколку со тоа не се повредени правата на филмскиот продуцент.Филмскиот продуцент е должен најмалку еднаш годишно да им доставува на авторите на аудовизуелното дело извештај за остварениот приход,посебно за секој вид користење на делото. 86.  Како се создава организацијата за колективно остварување на правата? Колективното  управување  со  авторското  право  и  сродните  права  може  да врши  правно  лице  основано  од  носители  на  правата (физички  и /или  правни лица) за колективно управување со правата кое работи во свое име, а за сметка на носителите на правата и врз основа на дозвола од Министерството за култура (во натамошниот текст: организација). Организацијата работи со непрофитна цел врз принципите на рационалност и транспарентност и со почитување на правилата за конкуренција. Може  да  биде  основана  за  одредени  видови  права  или  за права што припаѓаат на одделни носители. Дозвола за колективно управување се издава по барање на организацијата.Кон барањето организацијата приложува решение за  упис  во  Централниот  регистар  на  Република  Македонија,  статут,  односно договор за основање и друга документација, определена со ЗАПСП.Договорот за основање, покрај елементите определени со друг закон,  треба  да  содржи  и  одредби  за  остварување  на  обврските  на организацијата утврдени со овој закон, а особено:-видови и обем на правата што се остваруваат;-органи на организацијата, нивна надлежност, отчетност, одговорност, начин наработа,- услови и начин за стекнување статус на член на организацијата;- начин и учество на членовите на организацијата во органите на организацијатаи нивни права, должности и одговорности;-  постапка за изземање (забрана) од колективно управување право од страна наносител  на  правото,- постапка за заштита на правата на членовите;- постапка за донесување општи акти;-  начин на прибирање на надоместоците и начела за нивна распределба;- утврдување  постапка  и  начела  за  склучување  договори  со  соодветниорганизации  во  странство ,- начин  и  услови  за  обезбедување  внатрешна  контрола  и  надзор  врзработењето;- начин и услови на обезбедување  јавност на работењето кон членовите, конкорисниците и кон пошироката јавност и-  услови за престанок на организацијата и распределба на имотот. Министерството  за  култура,  во  рок  од 60  дена  од  денот  на  добивањето  набарањето, донесува решение  за давање дозвола или  за одбивање на барањето. 87. Кои права се остваруваат колективно? Права што може колективно да се управуваат се:-  јавно соопштување на несценско музичко и  на несценско книжевно дело;- право на авторот на надоместок од правото на следство;-  право на авторот на надоместок од јавна послуга;- право  на  надоместок  на  автор  и  изведувач  за  изнајмување  фонограми  или

Page 19: Одговори на испитните прашања по Интелектуална сопственост

видеограми;- право на надоместок на изведувач за радиодифузно емитување и друго  јавносоопшување  на  својата  изведба  што,  сама  по  себе,  е  радиодифузна  или  енаправена од снимка;-  право  на  надоместок  на  изведувач  и  на  произведувач  на  фонограми  одединствениот  надоместок  од  јавно  соопштување  на  фонограми  со  изведбииздадени за комерцијална цел;- право  на  надоместок  на  автор  и  издавач  од  умножување  на  хартија  или  на сличен носач на запис, по пат на фотокопирање или која било слична техника со слични ефекти, за приватно користење;- право  на  надоместок  на  автор,  изведувач  и  произведувач  на фонограмот  од умножување на фонограм за приватно користење;-   право  на  надоместок  на  автор,  изведувач  и  произведувач  на  видеограмот(филмски продуцент) од умножување на видеограм за приватно користење и- право на кабелско реемитување авторски дела и предмети на  сродни правакое, како исклучиво право, задолжително се управува колективно, освен на делаи  на  предмети  на  сродни  права  што  ги  реемитува  радио-телевизискаорганизација, независно дали се работи за нејзино сопствено право или правотоза реемитување и е пренесено од друг носител на правото. 88. Како се врши поделбата на авторскиот надомест? Организацијата  донесува  општ  акт  за  распределба  на  надоместоците  восогласност со закон и статутот, односно со договорот заосновање. Распределбата на надоместоците се врши согласно евиденците  и  податоците  за  користење  на  делата,  односно  предметите  на сродните  права,  а  паушално  кога  не  е  можно  или  предизвикува  неразумни трошоци според принципот на правичност.При определување висината на надоместоците се земаат предвид:-правата, видовите и обемот на нивно користење; бројноста на потенцијалните корисници;  категоријата и големината на просторот; времетраењето и бројот на користењата;   разликата  на  цените  во  работењето  на  корисникот  поради  користењето  на делата, односно предметите на сродните права; структурата и природата на програмата (форматот на радиодифузниот сервис), согласно  со  издадената  дозвола  за  вршење  радиодифузна  дејност (кај радиодифузно емитување); религиозните,  културните,  општествените  и  социјалните  интереси  на корисниците и  интересите на младите и лицата со посебни потреби. Висината на надоместоците за користење се определуваат со:-општ  договор  меѓу  организацијата  и  здруженијата  на  одделни  категориикорисници,-поединечен договор меѓу организацијата и поединечен корисник-општ  акт на организацијата  за определување  за  висината на надоместоци  закористење. 89.Кога се појавува потребата од заштита на сродните права? Кога некое право определено со овој закон е повредено, секој од носителитена  тоа  право  може  од  трето  лице  да  побара  заштита  на  правото  како  да  еединствен  носител.  Кога  лицето  кое  го  повредило  правото  ќе  ги  исполнибарањата на еден од носителите на истото право, неговата обврска престанува испрема другите носители на правото. Доколку се работи за судска постапка која е во тек носителите на истото право се сметаат за единствени сопарничари.Кога  постојат  повеќе  сторители  на  повредата  на  некое  право  од  овој  законсекој од нив солидарно одговара за повредата. Правото  на  заштита  ги  содржиследниве барања за:1) престанок на дејствието на повреда;2) надоместок на материјална штета;3) надоместок на нематеријална штета;4) зголемен надоместок;5) означување на авторот;

Page 20: Одговори на испитните прашања по Интелектуална сопственост

6) враќање на користите стекнати од недозволеното користење;7) отстранување од промет на предметите од повредата на правото и8) објавување судската пресуда.Авторското  право  и  сродните  права  уживаат  кривична,  граѓанска  ипрекршочна заштита. Кривичната  заштита  на  авторското  право  и  сродните  права  се  остварува според одредбите на КЗ и прописите за кривична постапка.Граѓанската  заштита  на  авторското  право  и  сродните  права  се  остваруваспоред  прописите  за  парничната  постапка,  за  обезбедување  побарувања,  заоблигационите односи и овој закон.  Прекршочната  заштита  на  авторското  право  и  сродните  права  се  остварува според прописите за прекршоци и овој закон. Заштитата на авторското право и сродните права  ја вклучува и заштитата на технолошките мерки од повреда на правата. 90. По што се разликуваат авторските права од сродните права?Сродните права се разликуваат од авторското право особено во поглед на носителот, предметот на правото и траењето на правото. 91. Кога и како за прв пат се уредени сродните права ?Сродните права за прв пат се појавуваат на крајот од 19 век. Како резултат на новите пронајдоци (фонограф, грамофон, кинематогравскиот апарат). Нашата држава по осамостојувањето за прв пат со ЗАПСП целосно ги регулираше сродните права.92. Кои се основните карактеристики на правото на изведувачите ? Изведувачите имаат исклучителни  права да ја користат или да дозволуваат  или забрануваат користење на својата изведба за: радиодифузно емитување на изведбата, освен кога изведбата сама по себе е радиодифузна, односно се емитува како снимка; пренесување на живата изведба преку звчник, екран или слична направа, надвор од просторот или местото на изведување;снимање на изведба во живо; репродуцирање на снимката на изведбата на фонограми и видеограми; дистрибуирање  вклучувајќи и изнајмување на фонограми и видеограми, дистрибуирање вклучувајќи и изнајмување на фонограми и видограми со изведбата; ставање на располагање на јавноста на снимката.

93. Кои се основните карактеристики на правата на фонограмските продуценти?Материјалните права на фонограмските продуценти се апсолутни и по правило исклучителни права на искористување на своите фонограми, тие можат да се пренесуваат помеќу живи и во случај на смрт и временски се ограничени.Фонограмскиот продуцент има исклучитени материјални права да користи или да дозволува или забранува користење на своите фонограми за: репродуцирње, дистрибуирање вклучувајќи и изнајмување, издавање како и ставање на располагање на јавноста.94. Кои се основните карактеристики на правата на филмските продуценти ?филмски продуцент е физичко или правно лице што води или организира изработка на видеограм и е одговорно за неговото довршување.Предмет на заштита е нематеријално добро во вид на видеограм, односно аудио-визуелна снимка.ЗАПСП ги регулира правата на филмскиот продуцент како сродни права на авторското право. Тоа се правата репродуцирање; дистрибуирање вклучувајќи и изнајмување; издавање; јавно соопштување на своите видеограми.95. Кои се основните карактеристики на правата на сценските продуцентиСценските продуценти имаат исклучителни материјални права да ја користат или да дозволуваат или забрануваат користење на сценските дела за: радиодифузно емитување на сценското дело; пренесување на сценското дело преку звучник, екран или слична направа надвор од просторот или местото на изведување; снимање на сценското дело во живо; преработка на снимка на фонограм или видеограм; репродуцирање на снимката на сценското дело на фонограми или видеограми; дистрибуирање фонограми и видеограми на сценското дело; изнајмување фонограми и видеограми со сценското дело. 96. Кои се основните карактеристики на правата на РТВ организации РТВ организацијата има исклучителни материјални права да ги користи или да дозволува или забранува користење на своите емисии за: радиодифузно емитување и реемитување; јавно пренесување, доколку истото е направено во места достапни на јавноста со наплата на влез; ставање на располагање на јавноста, вклучувајќи и дистрибуција преку електронски комуникациски мрежи (кабелски реемитување); снимање, репродуцирање на снимките и

Page 21: Одговори на испитните прашања по Интелектуална сопственост

дистрибуирање на снимките; дистрибуирање сигнали на програмата пренесени преку комуникациски сателити од страна на други емитувачи, кабелски и др.дистрибутери.97. Кои се основните карактеристики на правата на издавачитеИздавачот има исклучително право да дозволува или забранува неговите изданија да бидат репродуцирани од друго правно или физичко лице, под име на лицето по пат на фотографирање, копирање и кој било друг начин на умножување.98. Кои се основните карактеристики на правото на изготвувачите на бази на податоциОсновните карактеристики на правата на изготвувачите на бази на податоци може да биде различна од библиогравски податоци преку цели или само изводи од авторско дело, до разни именици, адресари и сл.99. Какви видови правана заштита на авторското право постојат?-кривична, граѓанска и прекршочна заштита.100. Што опфаќа граѓанскоправната заштита на авторско право ?-Граѓанскоправната заштита се остварува според прописите за парничната постапка, за обезбедување побарувања, за облигационите односи и законот за авторско право и сродни права.101. Какви повреди на имотните интереси на авторот постојат и како се постапува по нив?-право на признавање на авторството, право на прво објавување, право на заштита на интегритетот на делото и право на откажување.102. Какви повреди на материјалните права на авторот постојат и како се постапува по нив ?-право на умножување на делото, право на пуштање во промет на делото, право на јавно соопштување на делото, право на преработување на делото. На нив се постапува како на законски дозволено користење со надомест како законски дозволи и во вид на законски дозволено користење без надомест како слободно користење.103. Кои привремени мерки може да се употребат за заштита на авторското право?– спречување на непосредно повредување на правото.         - времено да забрани повредување на правото или да го услови со плаќање паричен износ во висина на пропишана парична казна, односно глоба за тој вид повреда на правото, или со положување гаранција со која ќе се обезбеди надоместок за тој вид користење.         - запленување или нерастурање на примерок за кој се сомнева дека го повредува правото заради спречување на негов увоз и пуштање во промет за комерцијална цел и         -  донесување други слични мерки согласно со закон.104. Што опфаќа казненоправната заштита на авторското право?- Глоба на правно лице, Глоба на трговец поединец и на поединец кој врши самостојна дејност или професија, глоба на физичко лице, забрана на вршење на одделна дејност, професија или должност.105. Што значи граѓанска казана  ( зголемен надомест) ?                                                                         -   Доколку правата се повредени со намера или крајна небрежност, носителот на правото може да побара исплата на вообичаениот надоместок зголемен до 200 % независно дали заради повредата претрпел имотна  штета во тој износ.   106. Какви царински мерки може да се преземат за заштита на авторското право и сродните права ? Царинските органи дејствуваат врз основа на поднесено барање или по службена должност. Кога имаат оправдани причини за сомневање дека со стоката се повредува право на интелектуална сопственост може да го одложат пуштањето на стоката или да ја задржат.Оваа стока останува под царински надзор, а понатаму постои можност да се спроведе постапка за уништување на стоката.Тие веднаш го известуваат носителот на правото и лицето кое ја поседува стоката. Можат и од носителот да побараат да им ги даде сите информации кои им се потребни за потврдување на нивните причини за сомневање.Стоката која е утврдено дека повредува право на интелектуална сопственост, не смее да се :-внесе во царинското подрачје на РМ-пушти во слободен промет-изнесе од царинското подрачје на РМ

Page 22: Одговори на испитните прашања по Интелектуална сопственост

-извезе-повторно извезе-стави во одложувачка постапка-внесе во слободна зона или слободен склад 107. Кои се основните значења на поимот индустриска сопственост?   - Поимот "право на интелектуална сопственост" има повеќе значења: право на интелектуална сопственост во субјективна смисла, интелектуална сопственост во објективна смисла, како правна наука и како правна практика.Право на интелектуална сопственост во објективна смисла може да се дефинира како збир на правни правила коишто ги нормираат општествените односи во поглед на интелектуалните творби во областа на патентите, корисните модели, трговските марки, индустрискиот дизајн, ознаката на потеклото на производот и географската ознака, топографија на интегрални кола, новите растителни сорти, спречување на нелојална конкуренција, книжевност, наука , уметност и изведувањето на делата. Право на интелектуална сопственост во субјективна смисла може да се дефинира како право на творецот на кокретна интелектуална творба, на полето на индустријата, односно во областа на науката, книжевноста и уметноста, во однос на неговата творба признато со објективното право. 108. Од каде води потекло терминот право на индустриска сопственост и кои се проблемите со кои се судираме при неговата употреба? -Терминот интелектуална сопственост води потекло од француското право и се користи теминот "propriete intellectuelle", во англо-американското право "intellectual property", во шпанското право ''propriedad intelectual". Една гранка на правото ја карактеризира , пред се, предметот т.е. видот на општествените односи што ги регулира. Втората тешкотија при определувањето на поимот право на интелектуална сопственост е што "сопственост" во интелектуална сопственост не е право на сопственост од стварно право. Овој термин сопственост ја проширува и врз нематеријаните-интелектуалните креации на човековиот ум, иако сопственоста по дефиниција претставува апсолутно право на телесни, движни и недвижни предмети. 109. Кои односи се уредуваат со право на индустриска сопственост? -Со правото на интелектуална сопственост се уредени односите во сферата на патентите, корисните модели, трговските марки, индустрискиот дизајн, ознаката на потекло на производот и географската ознака, топографијата на интегрални кола, новите растителни сорти, спречувањето на нелојалната конкуренција, книжевноста, науката и уметноста, а во поново време и односите кои произлегуваат од изведувањето на делата. 

110.  Кој е односот на право на индустриска сопственост со облигационото право?  -Општите одредби на договорното право како и одредбите за надомест на штета, како дел од облигационото право служат за дополнување на специфичните одредби на правото на интелектуална сопственост што се однесуваат на договорите за пренос на правата и надомест на штета. Во случај на смрт на авторот/пронаоѓачот или титуларот на определено право, неговите права се преносливи. 111.  Кој е однос на право на индустриска сопственост со стварното право? -Објект на заштита на стварното право се стварите како материјални делови од природата кои се под власт на човекот, додека предмет на заштита на правото на интелектуална сопственост се нематеријалните добра. Понатаму, се оспорува erga omnes дејството на правата на интелектуална сопственост поради фактот што некои права се стекнуваат во управна постапка и потребна е нивна регистрација во соодветен регистар, додека правото на сопственост се стекнува со засновањето на власт врз стварта врз полноважна правна основа.Исто така, се тврди дека стварите имаат неограничен рок на заштита, додека правата од интелектуална сопственост

Page 23: Одговори на испитните прашања по Интелектуална сопственост

имаат ограничено траење. Ова е начелно точно но и кај стварите имаме ограничен рок на траење, а кај правата од интелектуална сопственост можеме да зборуваме за неограничен рок на заштита.Кокнретниот заклучок е дека правата на интелектуална сопственост не се стварни права, правото на интелектуална сопственост не е стварно право. 112. Кој е односот на право на индустриска сопственост со трудовото право? -Врската на правото на интелектуална сопственост со трудовото право се согледа преку создавањето авторски дела и пронајдоци и индустриски дизајн во работен однос. Во светот општоприфатена е практиката овие односи да се регулираат со договор помеѓу работодавецот и работникот. Во Република Македонија, во Законот за работни односи, не постои конкретна одредба која укажува дека во содржината на договорот за работа треба да бидат поместени и одредби кои кои ќе ги регулираат правата и обврските на работодавецот и работникот во случај на создавање интелектуални творби во работен однос. 113. Кој е односот на право на индустриска сопственост со кривичното право? -Во случај на потешки повреди на правата од интелектуална сопственост одредбите предвидуваат и казнено-правни санкции и тоа како во некои од посебните закони така и во посебното казнено право. При остварување казнено-правна судска заштита на правата од интелектуална сопственост се применуваат одредбите од казненото право и казненото-процесно право. 114.  Кој е однос на право на индустриска сопственост со управното право? -Карактеристично е дека барањето за добивање на одобрение и надзорот врз работата на колективните организации за остварување на авторските права се поднесува до надлежен управен орган. Според нашата регулатива, тоа е Министерството за култѕра на Република Македонија. Администрацијата ги врши управните работи според начелата на управната постапка. Истовремено, регистрабилните права се признаваат од страна на посебна администрација олицетворена во Завод за интелектуална сопственост, Завод за индустриска сопственост, Завод за патенти и трговски марки и сл., во посебна управна постапка. 115. Кој е односот на право на индустриска сопственост со трговско право? Со развитокот на правото на интелектуална сопственост во последната деценија се повеќе се доближува со трговското право. Правата на интелектуална сопственост стануваат највреден и најценет имот на правните субјекти, а трговијата со нив станува предмет на билатерални меѓудржавни спогодби за трговија, регионални и мултилатерални договори и конвенции. 116.Како се разграничува право на идустриска сопственост во субјективна смисла со другите субјективни права ? Разграничување од правото на сопственост- Право на интелектуална сопственост во субјективна смисла е право на авторот, титуларот, пронаоѓачот на интелектуална творба во однос на определната творба.Тоа дејствува спрема сите erga omnes исто како и правото на сопственост. Но правото на интелектуална сопственост се однесува на интелектуални творби, производи на човечкиот интелект кои не се ствари во материјална смисла на зборот, а правото на сопственост се однесува на ствари кои се материјални.-Разграничување од правото на научно откритие- Правото на интелектуална сопственост се однесува и на интелектуалните творби од областа на науката. Во одредени правни системи се признава и правото на научно откритие или правото на научниците. Тоа право се однесува на научно востановување на постојните но се уште непознати природни закони или состојби а не на производ на човековиот интелект.-Разграничување од лични права-  Содржината на правото на интелектуална сопственост опфаќа покрај имотни и морални( лични) права на титуларите. Моралните права на титуларот на правото на интелектуална сопственост се однесуваат на заштита на личните интереси на лицата кои

Page 24: Одговори на испитните прашања по Интелектуална сопственост

имаат својство на титулари на определено право, а личните права во смисла на граќанското право се однесуваат на заштита на лчните добра на кое било лице.117.Како право на индустриска сопственост се разграничува со авторското право и правото на нелојална конкуренција? Разликата помеѓу правата на индустриска сопственост и авторското право се состои во тоа што авторското право се однесува на интелектуалните творби од литературна, научна и уметничка област, а соседските или сродните права на правата на уметниците и изведувачите, правото на производителите на фонограми и правото на организациите за радиодифузија, додека пак правата на индустриска сопственост се однесуваат на техничките пронајдоци, техничките унапредувања, know – how(знаење и искуство) и индустриското обликување. 118.Каде се зачетоците на правото на индустриска сопственост?Историскиот развој на индустриската сопственост започнал многу одамна а пронајдокот и другите форми на творештво се појавиле со почетокот на цивилизацијата, а општествената свест за нивно значење се појавила многу подоцна, всушност историските зачетоци на правото на индустриска сопственост се јавиле во стара грција и античкиот рим. 119.Објаснете го периодот до донесување на првите закони за индустриска сопственост? Средниот век се карактеризирал со цеховскиот режим кој довел до ограничување на слободата на производството и слободната конкуренција. На крајот пак на средниот век и почетокот на новиот со проширувањето на стоковното производство и економската свест на луѓето, газдите стремеле да ги придобијат способните и инвентивни поединци, а за таа цел им давале посебни привилегии – за одредено време да се користат со својот пронајдок и да остваруваат материјална корист, потоа со пронаоѓањето на печатарската преса и со печатењето на библијата се појавила и издавачката дејност, а бидејќи процесот на печатење бил долг и скап потребно било издавањето да се заштити одредено време и конкуренцијата да се исклучи, заради тоа се појавиле индивидуални издавачки привилегии кои на издавачот му овозможувале монопол, а покрај овие кон крајот на 15-ти век почнале да се издаваат и авторски привилегии на познати автори како признание за добрата работа. Од 16-ти век се јавуваат територијалните привилегии, тоа биле специјални привилегии со кои на определени групи на лица им се забранувало да вршат препечатување за определен период на време. 120. Кои се првите закони со кои се обликува индустриската сопственост и како се прави тоа? Првиот закон за заштита на авторското право се појавил во англија 1709 и претставува зачеток на модерното авторско право, а првиот вистински патентен закон е донесен во 1790 во САД, а во европа во 1791 во франција. Првиот закон за наштита на модел и мостра се појавил подоцна и тоа во 1787 во франција а првиот пропис за трговска марка во 1802 во франција. Законски прописи за нелојална конкуренција се појавиле во минатиот век исто во франција, а поради тоа што ови закони важеле само за одредени држави се појавила потребата од потпишување на билатерални договори и конвенции. Првиот билатерален договор е склучен помеѓу Прусија и Германските држави, а првата конвенција која воедно претставува и камен темелник на модерниот свет на правото на индустриска сопственост е Париската конвенција во 1883.   

121.Како и кога започнува меѓународниот развој на правото на индустриска сопственост -Најправин повеќето закони од областа на правото од интелектуална сопственост биле со важење само за доносителите и со тоа се оневозможувало  меѓународна заштита и признавање на правата од интелектуална сопственост и се појавила потребата од склучување на меѓународни

Page 25: Одговори на испитните прашања по Интелектуална сопственост

договори. Тоа се правдало со фактот дека мегународниот промет нема територија .Но и тие договори биле билатерални кои не ја задоволиле потребата за меѓународна заштита.Како зачетоци би ги зеле првите мегународни изложби  во Виена 1874г. И Париз 1878г.Потоа следи нацртот на Париската Конвенција работен од француската влада 1880г. И донесувањето на Конвенцијата во 1883г.Во 1893 г. Се основани и Заедничките бироа за заштита на интелектуалната сопственост.Така е започнат посериозниот мегународен развој на правото на индустриска сопственост.     122.Кои се битните компоненти на развојот на правото на индустриска сопственост во РМ -Во развојот на правото на индустриска сопственост во РМ значајна улога имаше специфичните економски,историски,политички и правни услови а со тоа и специфики во развојот.Значајно е дека на територијата на денешна РМ-до 1945 била во состав на Кралството Југославија (во тој период најзначајни акти се Париската Конвенција по основ на сукцесија,Кралска уредба за заштита на индустриската сопственост 1920г. И врз основа на тоа е формирана управата за заштита на индустриската сопственост,Закон за заштита на индустриската сопственост 1922г.);-потоа од 1945-1991г. Е во состав на СФРЈ ( карактеристично е дека има стари правни правила,Закон за пронајдоци и технички унапредувања 1948г,Закон за патенти и технички унапредувања 61г.Закон за модели и мостри61г,Закон за стоковни и услужни жигови61г.значи има влијание на стари правила но и современи решенија);-РМ по осамостојувањето (Закон за ИС 1993г,Закон за заштита на ИС во рамките на Мин. За развој 1993г,Закон за заштита на топографија на интегрални кола 1998г и 2006,Закон за семенски, саден материјал и заштита на сорта2006 и 2008,Закон за индустриска сопственост 2002г и 2009г)        123.Што се подразбира под правно дејство на индустриската сопственост согласно начелото на територијалност. Не сум сигурен  за ова прашање не можев да го најдам одговорот    - Правното дејство според начелото на територијалност се огледува во тоа што се бара поведување на соодветни постапки пред органи кои се надлежност на таа територија за која се бара заштита.Значи заштитата на правата од индустриската сопственост се остварува со соодветна пријава до надлежен државен орган.Заштита на правото со поднесување тужба пред судот кој е надлежен зарешавање на споровите за правата од индустриска сопственост.    124.Што се подразбира под меѓународна заштита на правата на индустриска сопственост-постапка на заштита според мегународните договори пред мегународни организации за таа намена  125.Како правната наука и судската практика се јавуваат како извор на ПИС -Судската практика и правната наука ги пополнуваат правните празнини,бидејки правните акти не можат секогаш да бидат во тек со актуелните случувања во животот.Судските одлуки на

Page 26: Одговори на испитните прашања по Интелектуална сопственост

повискоите судови не се формално обврзувачки за пониските но сепак пониските судови треба да водат сметка за нив.Овде го споменуваме авторитетот на правните мислења и начелни ставови на Врховниот суд.Значи судската одлука не е де јуре туку де факто извор на правото.Додека пак значењето на науката се гледа во авторитетот на толкувањето и ставовите на науката.Правната наука т.е нејзините претставници се често вклучени во изработката на правните правила од оваа област.Посредно може да влијаат и преку нивните научни трудови кои може да послужат како методологија во изравотка на правните правила. 126.Со кои закони се уредува ПИС во РМ- ЗАКОН ЗА ИНДУСТРИСКАТА СОПСТВЕНОСТ 2009- ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ТОПОГРАФИЈАТА НА ИНТЕГРАЛНИТЕ КОЛА 98 и 2006-ЗАКОН ЗА ЦАРИНСКИТЕ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВАТА ОД ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ2005-Закон за авторско право и сродни права2010г-ЗОО 2008-Закон против нелојалната конкуренција 99-Закон за заштита на конкуренцијата 2007-Закон за семенски и саден материјал за земјоделски растенија 2006-Закон за извршување 2005-ЗПП 2005-ЗКП 2010 и др.  127.Кои се извори на комунитарни права на ПИС-Директиви и регулативи на ЕУ ,директивите се донесуваат на полето на авторското право и сродни права,а регулативите претежно за регулирање на полето на индустриската сопственост.Значи кај авторското и сродните права зборуваме за аспекти на нивната хармонизација а кај правата на индустриска сопственост зборуваме за нивната унификација. 128.Според кои меѓународни извори се прави класификација на правата на индустриска сопственост -Локарнски договор за меѓународна класификација на индустрискиот дизајн,-Ничански диговор за меѓународна класификација на стоките и услугите за регистрација на марки 129.Кои се основните белези на Париската конвенција-најважен и најстар извор на меѓународното право на индустриска сопственост1начело на национлен третман-значи државјаните на земјите членки на Париската унија ке ги уживаат истите права и обврски како и домашните државјани на другите земји членки.Се обезбедува еднаквост и рамноправност на припадниците на странските земји со домашните државјан.2начело на асимилација-припадниците на земјите членки се изедначуваат со државјаните на земји кои не се членки под услов ако се физички лица да имаат престојувалиште или правни лица со вистинско деловно седиште во земја членка на Унијата.3начело на минимални права-кои се предвидени со текстот на Конвенцијата независно од тоа дали се опфатени со соодветните национални закони.Иако обични се опфатени во националните закони.    130.Што уредува ТРИПС-тој претставува акт за хармонизација и имплементација на правата од интелектуална сопственост на мултинационално рамниште е Договорот за трговските аспекти на правата од интелектуална сопственост      - со ТРИПС се  дозволува домашниот закон да признае и поширока заштита од онаа што ја бара ТРИПС, но под услов таа одредба да не ги крши одредбите на ТРИПС.¡        Одредбите на ТРИПС се однесуваат на повеќе права на интелектуалната сопственост

Page 27: Одговори на испитните прашања по Интелектуална сопственост

авторското и сродните права правата на индустриска сопственост правата во поглед на интегралните кола заштита на необјавените информации.

131.Како во ЕУ е уредено спроведувањето на правата на индустриска сопственост       -правото на индустриска сопственост е регулирано со регулативи кои создаваат единствени правила од една област и се применуваат како супранационално право во однос на правото на земјите членки.Значи тоа е инструмент на унификација на правото од оваа област.Ова се правда со фактот дека правото на индустриска сопственост се позначајни во изработката на единствен внатрешен пазар.При производството на секое добро или пружањето на услуги срекаваме инкорпорирање на правото од индустриска сопственост било да е тоа патент,индустриски дизајн,трговска марка,ознака на потеклото,географска марка или пак топографија на интегрални кола. 132.Кои се основите карактеристики на меѓународните извори на патентното право      -Основни карактеристики на овој систем се:-секоја меѓународна пријава е подложна на меѓународен решерш кој резултира со извештај каде што е цитирана претходната состојба на техниката која може да биде земена предвид при одлучувањето дали пронајдокот е патентибилен или не;                -обезбедување централизирано меѓународно публикување на меѓународните    пријави со нивните меѓународни решершни извештаи како и нивно доставување доназначените заводи;-обезбедува можност за прелиминарно меѓународно испитување на меѓународната пријава која му овозможува на подносителот на пријавата, но и на националните патентни администрации, да одлучат дали да го признаат пронајдокот како патент или не, при што извешатајот содржи мислење дали патентните барања, односно пронајдокот, ги исполнуваат меѓународните критериуми за патентибилност.     -како најважна карактеристика на Договорот за соработка во областа на патентите (ПЦТ) е забрзувањето и олеснувањето на пристапот на индустријата и другите сектори кои се заинтересирани за информации за патентите и помош и поедноставен пристап до новите технологи. 133.Објаснете ја теоријата на природното право во контекст на ПИС -Ова свакање е дека пронаогачот има неограничено право на сопственост на плодовите од неговиот интелектуален труд и се појавува во Германија 19век.Подоцна е имплементирана и во француското закондавство.Значајно влијаела врз теоријата на лични права значи пронајдоците,марките и моделите се бестелесни ствари кои се врзани за личноста што ги создала со својата способност.-критика на оваа теорија е дека ги изедначува поимите на нематеријални добра кои се предмет на заштита со бестелесни ствари кои се дел од граганското право.Значи не прави разлика помеѓу сопственоста на телесните и правото на располагање со бестелесните. 134.Кои се основните карактеристики на договорната теорија -Значи се третира како договор меѓу пронаогачот и општеството,-ограничено време на заштита,-на пронаоѓачот временски ограничена можност за искористување на правото-слободно користење по истек на време на заштита,-слична на моноплската теорија,-актуелна е на англоамерикански простори,- противниците на оваа теорија ја критикуваат дека правната заштита не е договор,сепак недостасува слобода на договарање.  

Page 28: Одговори на испитните прашања по Интелектуална сопственост

135.Објаснете ја теорија за ПИС како лично право -Личните права се морални права на својата чест и углед додека пак имотното право е право на сопственост, На пример авторското право е единствено и неразделно право од авторското дело кое содржи лично правни овластувања (морални права),исклучиви имотно правни овластувања (материјални права) и други овластувања на авторот.- лични права значи пронајдоците,марките и моделите се бестелесни ствари кои се врзани за личноста што ги создала со својата способност.    151. Кои се апсолутни причини за одбивање заштита на трговска марка              Апсолутни се:                 Знак чие објавување или употреба е спротивна на јавниот поредок или на моралот; кој не може графички да се прикаже; кој не е дистинктивен, односно подобен за разликување на стоките и услугите во прометот; кој го означува само видот на стоките, односно услугите , нивната намена, времето или начинот на производството, географското потекло, калитетот, цената, количеството и тежината; кој станал вообичаен во секојдневниот говор или во востановената трговска практика за означување на определен вид стоки, односно услуги; кој се состои исклучиво од форма која произлегува од видот на стокките или форма на стоките потребна за постигнување на определе технички резултат, или форма која им дава суштествена вредност на стоките; кој со својот изглед може да создаде забуна во прометот, а особено да го доведе во заблуда просечниот потрошувач во поглед на географското потекло, видот, квалитетот или другите својства на стоките или услугите; кој содржи или се состои од географска ознака која служи за означување на вина или жестоки алкохолни пијалаци, доколку пријавениот знак се однесува на вина и жестоки алкохолни пијалаци кои не се од тоа географско подрачје; кој содржи печат или штембил, официјални знаци или пунци за контрола и гаранција на квалитетот или ги имитира; кој содржи дрѓавен или друг јавен грб, знаме или амблем, назив или кратенка на називот на некоја меѓународна организација, како и нивна имитација, освен со дозвола на надлежниот орган на државна управа; кој содржи или имитира лик или име на историска или умрена знаменита личност од Р. М. Освен со дозвола на надлежен орган на државна управа; кој содржи или имитира име, облик, или друг препознатлив дел на заштитеното културно наследство на македонија, освен со дозвола на надлежен орган на државна управа; и кој содржи религиозни симболи или ги имитира. 152. Кои се релативни причини за одбивање заштита на трговска марка Член 178 од закон за индустриска сопственост.Со трговска марка не може да се заштити ниту знак:1. кој е идентичен со порано пријавена или регистрирана трговска марка надруго лице за ист вид стоки или услуги и2. кој е идентичен или сличен со порано пријавена или регистриранатрговска марка на друго лице за ист или сличен вид стоки, односно услугидоколку таа сличност може да создаде забуна кај просечниот потрошувач,вклучително и можност од асоцијација со порано пријавената или поранорегистрираната трговска марка.(2) Порано пријавената трговска марка ќе биде причина за одбивање восмисла на ставот (1) на овој член само доколку биде регистрирана.(3) Под поимот порано пријавена или регистрирана трговска марка сеподразбираат:1. трговските марки кои уживаат право на првенство според одредбите наовој закон;2. порано меѓународно регистрираните трговски марки со дејство воРепублика Македонија и3. трговските марки кои во време на поднесување на пријавата на трговскамарка за знакот од ставот (1) на овој член се добро познати во РепубликаМакедонија во рамките на значењето на членот 6-бис од Париската конвенција,односно членот 16 (2) од ТРИПС Договорот.

Page 29: Одговори на испитните прашања по Интелектуална сопственост

(4) Со трговска марка не може да се заштити ниту знак кој е идентичен илисличен со порано регистрирана трговска марка на друго лице, за стоки,односно услуги кои не се идентични, ниту слични со стоките, односноуслугитеза кои знакот е пријавен, доколку порано регистрираната трговска марка имарепутација во Република Македонија и доколку употребата на тој знак безоправдана причина би претставувала нелојална конкуренција или би мунаштетила на дистинктивниот карактер или на репутацијата на трговскатамарка.(5) Со трговска марка не може да се заштити ниту знак со кој сеповредуваат порано стекнатите права на:1. носителот на трговска марка регистрирана во некоја земја членка наПариската унија или на СТО, за која во Република Македонија неговиотзастапник, односно претставник поднел пријава без негова согласност;2. физичко лице чие име, презиме или лик е идентичен или сличен сообјавениот знак;3. носителот на порано заштитено право од индустриска сопственост, акопредметот на тоа право е идентичен или сличен со објавениот знак и4. лицето кое има авторско право на дело кое е идентично или слично сообјавениот знак.(6) Со трговска марка не може да се заштити ниту знак кој е идентичен илисличен со трговската марка чија важност престанала поради поминатиот рок наважење, а носителот на правото во предвидениот рок не поднел барање запродолжување на важењето и не го платил пропишаниот надоместок, доколкупријавата на трговска марка е поднесена пред истекот на девет месеца,сметајќи од денот на престанокот на важноста на трговската марка, освен акозаштита на тој знак не бара носителот на чие име трговската марка биларегистрирана или неговиот правен следбеник. 153. Што е предмет на заштита кај географските називи  Географскиот назив се штити со ознака на потеклото на производот и географска ознака. Со географски назив се одбележуваат производите кои ги произведуваат физички или правни лица на определено географско подрачје. 154. Кое е стопанското значење на географските називи Дечки ова појма неам кај да го барам J 155. Што подразбирате под право на заштита од нелојална конкуренција Со правото против нелојалната конкуренција се регулираат оние општествени односи коишто настануваат на пазарот по повод однесувањет на пазарните субјекти со што се кршат добрите деловни обичаи и се создава атмосфера на нефер натпревар, спротивна на уставната гаранција на слобода на пазарот и претприемништвото. 156, Кои се носители на права од индустриска сопственост Подносителите на пријавите за патент, трговска марка, индустриски дизајн и топографија на интегрални кола во постапка утврдена со закон можат да се стекнат со статус носители на правата од индустриска сопственост. Односно кога ДЗИС ќе донесе решение за признавање на конкретното право тогаш настанува промена на статусот и подносителите на пријавите стануваат носители на правата. Како носители на правата најчесто се јавуваат правни лица кои вложувале во истражувањето и развојот кои довеле до новата технологија или призвод. Носителите на правата од инд. сопственост имаат исклучително право да го го користат правото, да пушта во промет производи, да забрани трето лице неовластено да го користи правото и да располага со правото. 157, Која е разликата меѓу пронаоѓач, носител на права и наследник и кој е нивниот правен статус Како пронаоѓач се смета физичко лице кое со својот пронаоѓачки труд го создало пронајдокот, доколку тоа лице поднесе пријава до ДЗИС по донесувањето на решението од страна на заводот ќе стане и носител на правата од патентот. Но тоа најчесто не се случува бидејќи пријавите

Page 30: Одговори на испитните прашања по Интелектуална сопственост

најчесто ги поднесуваат правните лица кои вложиле средства во истражувањетокои довеле до настанувањето на тој пронајдок. Значи како пронаоѓач може да се јави само физичко лице а како носител на права и наследник на овие права може да се јави и физичко и правно лице. Физичкото лице кое е пронаоѓач но не и носител на правата од пронајдокот ги задржува своите морални права кои се сведуваат на тоа да биде наведен како пронаоѓач во пријавата и исправите кои се однесуваат на патентот. Носителот на правата и наследникот ги имаат материјалните права т.е. исклучително право да го го користат правото, да пушта во промет производи, да забрани трето лице неовластено да го користи правото и да располага со правото.            

158, Што ја сочинува содржината на првата на индустриска сопственост во објективна смисла? Чл27 мислам(дечки вакви права во објективна смисла не сретнав во учебникот и мислам дека се однесува на имотните права, бидејќи моралните права на едно место ги нарекуваат субјективни права)Содржината на правата на индустриска сопственост во објективна смисла ја сочинуваат материјалните права кои по правило се исклучиви права на авторите/ конструкторите /пронаоѓачите односно носителите на правата кои се состојат од право на располагање, право на искористување, право на надомест и право на забрана на трети лица неовластено да го користат соодветното дело/пронајдок. 159. Кои се моралните права на титуларите на права на ИС? Моралните (неимотни) права на титуларите на правата на индустриска сопственост се оние субјективни права кои се врзуваат за личноста на пронаоѓачот и го штитат неговиот однос со пронајдокот. Според ЗИС од 2009 година морално право на пронајдувачот и на авторот на инд. дизајн е да бидат назначени пријавата и исправите, што се однесуваат на патентот и индустрискиот дизајн. 160. Како започнува постапката за заштита на првата на ПИС Во РМ надлежен орган за стекнување и заштита на правата од индустриска сопственост е Државниот завод за индустриска сопственост. За да можат да се заштитат правата од индустриска сопстевеност прво мора да бидат стекнати од некое лице, а признаени од државата. Постапката за заштита на правата од индутриска сопственост започнува со поднесувањето на соодветна пријава запризнавање и заштита во Заводот.             161. Што значи право на првенство и какви видови право на првенство постојат? Подносителот на пријавата има право на првенство од денот на приемот на уредна пријава во ДЗИС, кон секое друго лице кое за истиот пронајдок подоцна ќе поднесе пријава. Правото на првенство значи дека оној кој прв ќе поднесе пријава нему ќе му биде признаено право на патент – национално право на првенство. Постојат уште саемско право на првенство, униско право на првенство, повеќекратно право на првенство.Саемско право на првенство има лицето кое на официјално призната меѓународна  изложба илисаем во РМ или во некоја од земјите членки на СТО и Париската унија изложи пронајдок, тоа лице може во рок од 90 дена од денот на затворањето на саемот со пријава да побара право на првенство од првиот ден на излагањето.Униско право на првенство во РМ ќе му се признае на она лице кое во земјите членки на СТО или ПУ поднело уредна пријава за патент, ако во рок 12 месеци од денот на поднесувањето на првата пријава тоа право на првенство го побара во РМ.Подносителот на пријавата на патент може во барањето за признавање да се повика на повеќекратното право на првенство врз основа на повеќе претходно поднесени пријави во една или повеќе земји-членки на ПУ или СТО.

Page 31: Одговори на испитните прашања по Интелектуална сопственост

             162. Зошто велиме дека правата на индустриска сопственост се просторно, временски и стварно ограничени?(???) Правата на индустриска сопственост се просторно ограничени бидејќи нивна заштита постои само на определената територија на државата во која е побарано признавање и заштита, се вели дека временски се ограничени поради тоа што секое право има свое времеско ограничување кое е определено со закон,             163. Колку траат правата на индустриска сопственост? Патентот трае 20 години сметајќи од денот на поднесувањето на уредна пријава до ДЗИСИндустрискиот дизајн важи 5 години сметајќи од денот на поднесување на уредна пријава за индустриски дизајн, тој може да се продолжува за период од по 5 години, но најмногу до 25 години.Трговската марка важи 10 години од денот на поднесувањето на пријавата и можи да се продолжува неограничен број пати.Заштитата на географскиот назив важи неограничено. Правото на користење на заштитениот географски назив важи 5 години од денот на донесувањето на решението и може да се продолжува неограничен број пати за времетраење од по 5 години.Времетраењето на заштитата на топографијата на интегрални кола трае 10 години.Трговската тајна нема временско ограничување, таа трае се додека носителот има бизнис интерес за тоа.           

 164, Што е дополнителен сертификат за заштита и зошто се издава Дополнителен сертификат за заштита е сертификат кој се издава за да се продолжи важноста на правото на патентот но не повеќе од 5 години во случај кога предмет на патентот е медицински производ, производ за заштита на растенијата или постапка за нивно добивање, за кои пред пуштање во промет е потребно да се изведе со закон пропишана управна постапка за одобрување. 165.  Кои се карактеристики на постапката за заштита на патент? (???) Постапката за заштита на патент е уредена со законот за индустриска сопственост, таа е посебна управна постапка која се поведува со поднесување на пријава на патент. Во текот на постапката заводот врши формално испитување на пријавата и непотполно испитување на патентнот за условите за патентабилност. 166.Што доведува до престанок на патент     -Правото на патентот престанува со истекот на рокот на признавање но признаеното право престанува и пред истекот на рокот ако носителот се откаже од правото, не се платат пропишаните такси и трошоци врз основа на судска олука односно акт на дзис и ако престанало правното лице односно ако умрело физичкото лице кое е носител на правото.Ако со присилната лиценца неможе да се постигне целта поради која лиценцата била издадена по барање на заинтересиранотот лице може да се донесе решение за престанок на патентот.А барањето за престанок на патентот неможе да се поднесе пред истекот на 2 години од денот на давањето на првата присилна лиценца. 167.Што доведува до престанок на дизајн 

Page 32: Одговори на испитните прашања по Интелектуална сопственост

    -правото на индустрискиот дизајн престанува да важи ако истече рокот на важењето во согласност зис , врз основа на писмена изјава на носителот на правото со која се одрекува од правото на индустрискиот дизајн и тоа наредниот ден од денот на поднесувањет да заводот и ако правното лице кое е носител на правото на индустриски дизајн престанало да работи- со денот на престанувањето односно ако е физичко лице носител на правото на индустриски дизајн - со денот на смрта или ако е исчезнато лице кое е носител на правото на индустрискиот дизајн е прогласено за умрено со денот на правосилноста на решението. 168.Што доведува до престанок на трговска марка    -Трговската марка престанува да важи со истекот на рокот на важење, но може да престане да важи и пред истекот на рокот ако носителот се откаже од правото ако не се платат пропишаните такси и прописи врз основа на судска одлука или акт на дзис и ако престанало правното лице кое е носител на правото односно ако е умрело физичкото лице кое е носител на правото. Трговската марка престанува да важи и со решението за престанок што го денесува дзис  по барање на заинтересирано лице, ако носителот на правото без оправдана причина не ја користи трговската марка подолго од 5 години од денот на уписот во регистарот. 169.Како престануваат правата на користење географски назив    -?       170.Како престанува правото на топографија на интегрално коло    -Правата на топографија на интегрално коло престануваат со истекот на рокот на трање кој изнесува 10 години.Доколку топографијата на била комерционално експлоатирана исклучителните права истекуваат по 15 год. Од нејзиното фиксирање или декодирање. Исклучителните права можат да истечат и пред периодот на важење во случаите кога носителот на правото не ја плати предвидената такса или пак се откаже од заштитата.  171. Кои се карактеристиките на прометот на права на индустриска сопственост -Правниот промет на правата од индустриската сопственост кој што ја изразува динамиката на односите од доменот на правата од индустриска сопственост е битна карактеристика од овие права.Ова се однесува на т.н. патентно право иако предмет на пренесување може да биде индустриски дизајн –марка или пак знаење искуство. Правниот промет на правата од индустриска сопственост се врши со договор меѓу носителот на правото и заентерисираното лице кое може да биде правно или физичко лице домашно или странско.во однос на обемот на правата кои може да се пренесуват моралните права на афторот се непреносливи,но може да се пренесуват сите имотни права или да остапи само едно право-правото на користење.во првиот сличај станува збор за договор за пренесување на право-цесија,а во вториотсличај се склучува договор за лиценца. 172.според кои критериуми се врши класификацијата на начините на пренос на права на индустриска сопственост? Објаснете ги!       -правниот промет на правата од индустриска сопственост се врши со договор       меѓу носителот на правото и заентерисираното лице кое може да биде правно или физичко лице домашно или странско.во однос на обемот на правата кои може да се пренесуват моралните права на афторот се непреносливи,но може да се пренесуват сите имотни права или да остапи само едно право-правото на користење.во првиот сличај станува збор за договор за пренесување на право-цесија,а во вториотсличај се склучува договор за лиценца.кај лиценцата се пренесува правото на користење на предметот на договорот,со тоа што стекнувачот на лиценцата не е правен сукцесорна давателот на лиценцата,а кај договорот за пренесување на правото-цесија,се пренесува правото на индустриската сопственост од остапувачот на стекнувачот.значи кај договорот за лиценца пренесувањето има конститутивно дејство а кај дог.за пренесување на правата пренесувањето има транслативно дејство.  

Page 33: Одговори на испитните прашања по Интелектуална сопственост

173. Договорниот пренос на првата на индустриска сопственост е уреден со Законот за индустриска сопственост и Законот за облигациони односи.        174 . Наследувањето на првата на индустриска сопственост се уредува со Законот за наследување, а во согласност со Законот за авторско право и сродни права и Законот за интелектуална сопственост.        175.Постојат два вида на лиценца и тоа присилна лиценце и јавно понудена лиценца.Присилната лиценца односно правото  на котристење на пронајдокот да му се даде на друго лице ,може да се додели ако носителот на патентот самиот или преку друг не го користи пронајдокот заштитен со патент,или го користи во обем кој не е доволен за задоволување на потребите на македонскиот пазар.Јавно понудената лиценца е посебен вид на договорна лиценца која се карактеризира со ограничена слобода на договарање помеѓу давателот и титуларот на лиценцата.Таквата лиценца се заснова на јавна понуда на имателот на патентот,дека на секој интересент ќе му даде неисклучителна лиценца.        176.договорот за лиценца се склучува во писмена форма.Писмената форма е задолжителна форма,бидејки со еден ваков договор се засноваат сложени и специфични правни односи меѓу договорените страни.        177.Како страни на договорот за лиценца се јавуваат давателот на лиценцата и стекнувачот на лиценцата кои можат да бидат домашни и странски, физички и правни лица.Па како една од карактеристиките на договорот за лиценца е дека тој е двостран облигационен договор.Договорот за лиценца е договор intuitiu personae ,што значи дека за негово склучување е потребно заемно познавање на договорените страни и однос на меѓусебна доверба.За овој договор е пропишана задолжителна писмена форма.Договорот за лиценца добива апсолутно дејство спрема трети лица со негово запишување во соодветен регистар. 178.Како битни елементи во содржината на договорот за лиценца можеме да ги наброиме следниве:времето на траење на договорот за лиценца,обемот на лиценцата, дали лиценцата е исклучителна и висината на надоместокот за отстапеното користење ако надоместокот е договорен.179. 334 стр. 180.Доколку договорот за лиценца не е запишан во регистарот на ДЗИС тој не произведува апсолутно правно дејство, туку само дејство меѓу договорените страни.   181. Што е присилна лиценца?-ЗИС нормира кога може да се даде присилна лиценца, т.е. нормирани се основите за нејзино давање.Според ЗИС, мозе да се додели присилна лиценца(правото на користење на пронајдокот да му се даде на др. Лице) ако носителот на патентот самиот или преку друг не го користи пронајдокот заштитен со патент или го користи во обем кој е недоволен за задоволување на потребите на македонскиот пазар.Исто така е нормирано дека лицето на кое со присилна лиценца му е даден патент на користење има обврска да му плаќа надомест на носителот на патентот.Значи титуларот на патентот е обврзан да трпи ограничување на своето право т.е користење на пронајдокот од страна на лицето на кое му е дадена присилна лиценца во границите на лиценцата,а за возврат да добие надомест.

182. Што е службена лиценца?

183. Кога може да се востанови службена лиценца

-за службена лиценца немам врска кај да најдамL

184. Какви видови заштитата на првата од индустриска сопственост постојат во РМ?

Page 34: Одговори на испитните прашања по Интелектуална сопственост

-Постојат следниве видови на правата од индустриска сопственост: граѓанско правна заштита,казнено-правна и управно-правна заштита.

185.Што опфаќа граѓанско-правата заштитата на правата од индустриска сопственост постојат во РМ-Според законите со кои се регулира правото на индустриска сопственост,лицето кое ќе повреди некое право уредено со законот,одговара за штета според општите правила за надоместување на штетата(право на надомест како на материјална така и на нематеријална штета) во согласност со ЗОО.Правна основа на одговорноста за штета е претпоставената вина која е битен елемент како за договорната така и за вондоговорната одговорност.Не е важно дали сторителот знаел или можел да знае дека со забранетото дејство повредува нечие право.Барањето за надомест на штета може да се поднесе заедно или по барањето за утврдување на повреда на правото.Граѓанско правната заштита опфаќа повреда на авторското право и сродните права,повреда на правото на патент,индустриски дизајн,трговска марка,топографија на интегрално коло,ознака на потекло на производ и географска ознака.

186,Кои се повредите на материјалните (имотни) права на патент-Како повреда на пријавените и признатите права на правото на патент се сметаат секое неовластено користење,располагање,ограничување,имитирање,асоцијација,вознемирување на правата и слично што е спротивно на одредбите на од ЗИС.

187.Кои се повредите на материјалните (имотни) права на трговска марка-Како повреда на материјалните права на трговска марка се смета секое неовластено користење,располагање,ограничување,имитирање,асоцијација,вознемирување на правата  и слично што е спротивно на одредбите на ЗИС.За да постои асоцијација не е потербно да постои сличност во изговорот кај трговската марка или сличноста на изгледот.Доволно е името кое доминира на трговската марка со што се повредува правото на др трговска марка да биде сосема различно но според распоредот на елементите ,бројот и видот на боите бројот на елементите,димензиите на елементите и сл. несомнено да потсетува,односно да создава визија на др трговска марка.За имитирање во смисла на ЗИС се смета ако просечниот купувачна стоки или услуги без оглед на видот на производите може да ја согледа разликата само ако обрне посебно внимание, а кај трговската марка станува збор за превод или транскрипција или транслитерација.Транскрипцијата е пишување,односно сличност по писмо,вклучително кирилско\латинско\арапско,а транслитерацијата значи сличност по изговор.

188.Кои се повредите на материјалните (имотни) права на индустриски дизајн-Како повреда на пријавените и признатите права на  правото на индустриски дизајн се сметаат секое неовластено користење,располагање,ограничување,имитирање,асоцијација,вознемирување на правата и слично што е спротивно на одредбите на од ЗИС.

189.Како може да се повреди правото на географски назив- Како повреда на пријавените и признатите права на  правото на географски назив се сметаат секое неовластено користење,располагање,ограничување,имитирање,асоцијација,вознемирување на правата и слично што е спротивно на одредбите на од ЗИС.

190. Кои се повредите на правата на топографија на интегрално коло- Како повреда на пријавените и признатите права на правата на топографија на интегрално коло  се сметаат секое неовластено користење,располагање,ограничување,имитирање,асоцијација,вознемирување на правата и слично што е спротивно на одредбите на од ЗИС.191. Дали е можна и ако е кои се повредите на моралните права од правото индустриска сопственост во РМ

-Како повреда на моралното право се смета повреда на одредбите од ЗИС,односно доколку пронаѓоачот и авторот не се назначени во пријавите и исправите што се однесуваат на патент или индустриски дизајн.При повреда на моралното право судот може да му досуди на пронаоѓачот односно на авторот да му се исплати соодветен надоместок за претрпената повреда

Page 35: Одговори на испитните прашања по Интелектуална сопственост

на неговата личност,чест и углед односно за неимотна штета под услов основата за ваквото барање да е поткрепена со доказ односно причинско-последична врска дека дејството е направено од сторителот намерно или од небрежност и дека степенот на повредата и нејзиното траење ја оправдуваат моралната сатисфакција за повредата на материјалното право.Како повреда на моралното право во вид на претрпената неимотна штета може да се јави како намалување на угледот на еденх познат дизајнер во стручната јавност,нарушување на доброто име,губење на клиенти,намалувањее на обемот на работа како резултат на нарушување на честа,угледот и неговата личност.

192.Кои привремени мерки може да се употребат за заштитата на правата од индустриска сопственост во РМ?

-Доколку носителот на правото пријави дека дошло до повреда на неговото исклучително право судот на негов предлог,може да определи привремени мерки на обезбедување на побарувања според овој Закон, а особено 1)да се запленат,исклучат од промет и сочуваат примероци,средства,опрема и документи ви врска со нив 2)да се забранат дејствија на евентуални повреди или нивно продолжување и 3)да се донесат други слични мерки.

193.Што опфаќа казнено-правната заштита на правата од индустриска сопственост во РМ?

-Казнено-правните санкции се предвидени за потешки повреди, а казнено-правната заштита на правата од индустриска сопственост се води во согласност со Законот за кривична постапка.Во КЗ се предвидени повеќе кривични дела а како најзначајни се: повреда на авторското право и сродни права, повреда на правото на дистрибуторот на технички посебни заштитен сателитски сигнал,пиратерија на аудио-визуелно дело,пиратерија на фонограм,неовластена употреба на туѓа фирма и заштитен знак и неовластена употреба на туѓ пронајдок или софтвер.

194.Што опфаќа управно-правната заштита на правата од индустриска сопственост во РМ?

-Управно-правната заштита се манифестира прку надзор и прекршочна постапка.Надзор врз спроведувањето на одредбите на ЗАПСП и прописите донесени врз основа на овој закон врши Министерството за култура,а надзор врз спроведувањето на ЗИС врши министерството за економија.Инспекциски надзор за остварување на одредбите на ЗИС и ЗАПСП врши Државниот пазарен инспекторат а во одредени случаи и МВР.Во случај на прекршок се предвидени четири вида на прекршочни санкции 1)казни. 2)прекршочни опомени,3)мерки на безбедност и4)воспитни мерки.

195.Кој може да се јави како застапник во постапката за заштита на правата од индустриска сопственост во РМ и кога застапувањето е задолжително

- Во постапките за заштита на правата од индустриската сопственост,застапувањето на странките пред Заводот можат да го вршат физички и правнилица кои се впишани во Регистарот што го води Заводот, и тоа:1. физичко лице:- државјанин на Република Македонија;- кое е регистрирано за вршење дејност застапување од областа наиндустриската сопственост;- со завршен правен, еден од техничките факултети и фармацевтскифакултет;- кое има положено посебен стручен испит положен во согласност соодредбите од овој закон и- кое има познавање на најмалку еден од официјалните јазици наорганизациите од областа во кои Република Македонија е членка;2. адвокат кој е впишан во Адвокатската комора на Република Македонијаи кој ги исполнува условите од точката 1 на овој став и адвокатско друштво илиадвокатска канцеларија кои се впишани во Адвокатската комора на РепубликаМакедонија и кои имаат вработено лице кое ги исполнува условите од точката 1 наовој став и

Page 36: Одговори на испитните прашања по Интелектуална сопственост

3. правно лице:- со седиште во Република Македонија;- кое е регистрирано за застапување во областа на заштита наиндустриската сопственост и- кое има вработено барем едно лице кое ги исполнува условите од точката1 на овој став.Застапувањето од ставот (1) на овој член може да го врши застапникод друга држава под услови на реципроцитет, доколку:- е застапник во својата држава и- го познава македонскиот јазик