59
КОМПЈУТЕРСКИ УПРАВУВАЧКИ УРЕД ПРИРАЧНИК Скопје, 2010 PRIMARY EDUCATION PROJECT

Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Primena na novi tehnologii vo nastavata po TO

Citation preview

Page 1: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

КОМПЈУТЕРСКИ УПРАВУВАЧКИ УРЕД

ПРИРАЧНИК

Скопје, 2010

PRIMARY EDUCATION PROJECT

Page 2: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

2

Податоци за USAID – PEP проект. Проектот на УСАИД за основно образование е петгодишен проект насочен кон сите државни основни училишта во Македонија и има за цел подобрување на квалитетот на наставата и унапредување на вештините на младите за вработување.

Главните задачи на ПЕП се:

• зголемување на користењето на ИКТ, за да им се помогне на учениците да успеат на пазарот на трудот;

• реновирање на училиштата и подобрување на средината за учење, со цел да се стимулира учењето и креативноста;

• соработка со наставниците и МОН за развивање на квалитетни дигитални наставни материјали потребни за активно учење преку истражување;

• унапредување на наставата по математика и природни науки преку подобрување на наставните програми и методите на проучување;

• подобрување на оценувањето на ниво на училиште за да се поттикне и подобри квалитетот на учењето.

• унапредување на наставата по техничко образование преку воведување на нови технологии

• унапредување на претприемничките вештини и вештините за вработливост кај учениците

Атроника ДОО е млада компанија, нова на пазарот на опрема за едукативни цели. Во соработка со УСАИД ПЕП проектот го изработи Компјутерскиот управувачки уред, кој претставува помагало за изведување на предметна настава по предметот техничко образование иако може да се користи и во други предмети како пример за практична имплементација на диоди, отпорници, микроуправувачи, кондензатори, алгоритми на управување и

слично.

За подетални информации во врска со АТРОНИКА ДОО или прашања во врска со примената и работата со Компјутерскиот управувачки уред ве молиме посетете ја нашата веб страна www.atronika.com.

Page 3: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

СОДРЖИНА

I. ВОВЕД ................................................................................................................................... 1

II. СОСТАВНИ ДЕЛОВИ ......................................................................................................... 2

II.2 Компјутерски управувачки уред ....................................................................................... 3

II.3 Напојување и кабли за поврзување со компјутер ........................................................... 3

II.3-1 Напојување .................................................................................................................. 3

II.3-2 Кабел за поврзување со компјутер ............................................................................ 4

II.4 Дигитални влезни и излезни елементи ............................................................................ 5

II.4-1 Дигитални влезни елементи ....................................................................................... 5

II.4-2 Дигитални излезни елементи ..................................................................................... 7

II.5 Аналогни влезни и излезни елементи .............................................................................. 8

II.5-1 Аналогни влезни елементи ........................................................................................ 8

II.5-2 Аналогни излезни елементи ....................................................................................... 9

II.6 Диск со софтвер за инсталација и програмирање на уредот ........................................ 11

III. СОФТВЕРСКИ ПАКЕТ ЗА РАБОТА СО КОМПЈУТЕРСКИОТ УПРАВУВАЧКИ УРЕД - EDUPLC ......................................................................................................................... 12

III.1 Работен прозорец ............................................................................................................ 17

III.1-2 Главно мени/Лента со алатки ................................................................................. 18

III.1-3 Лента со алатки ........................................................................................................ 20

III.1-4 Работна површина и мени со елементи за програмирање ................................... 20

III.1-5 Поврзување со Компјутерскиот управувачки уред и негово програмирање..... 21

IV. ПРОГРАМИРАЊЕ НА КОМПЈУТЕРСКИОТ УПРАВУВАЧКИ УРЕД................... 23

IV.1 Пример 1 – Активирање (поставување) на дигиталните излези ................................ 23

IV.2 Пример 2 – Сетирање (поставување) на аналоген излез на соодветна вредност ..... 28

IV.3 Пример 3 – Семафор ....................................................................................................... 33

IV.3-1 Жолто трепкачко светло ......................................................................................... 33

IV.3-2 Класичен семафор ................................................................................................... 35

IV.3-3 Комбинирање на два семафори со помош на прекинувач .................................. 36

IV.4 Пример 4 - Управување со интензитет брмчалка ........................................................ 37

IV.4-1 Задавање вредност на аналоген излез ................................................................... 38

IV.4-2 Комбинирање на дигитални влезови со аналогни излезни елементи ................ 40

IV.5 Пример 5 - Управување со интензитет брмчалка ........................................................ 41

IV.5-1 Комбинирање на аналогни влезни елементи со аналогни излезни елементи ... 41

IV.6 Пример 6 – Пример за употреба на сензорот за детекција на присуство .................. 43

Page 4: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

2

IV.7 Пример 7 – Пример за употреба на сензорот за интензитет на светлина ................. 45

IV.8 Пример 8 – Пример за употреба на сензорот за температура .................................... 46

IV.9 Пример 9 – Проверка на состојба на дигитален излез ................................................ 47

V. РЕЖИМ НА НАДГЛЕДУВАЊЕ ....................................................................................... 52

VI. ЗАКЛУЧОК ..................................................................................................................... 53

VII. ПРИЛОГ ........................................................................................................................... 54

Page 5: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

I. ВОВЕД

Компјутерски управувачки уред претставува помошна алатка која може да се користи во процесот на техничко образување на ученици од основните училишта.

Изработен е во рамките на соработката „Развој на управувачки пакети за проекти во училиштата“ , помеѓу АТРОНИКА Д.О.О. од Скопје и проектната канцеларија за Развој на основните училишта на УСАИД. Во рамките на овој проект се изработија деведесет компјутерски управувачки уреди наменети за работа на основните училишта во Република Македонија.

Подолу ќе бидат опишани составните делови на уредот, функцијата на уредот и начинот на работа, софтверскиот пакет со кој истиот може да се програмира, а на крајот се дадени кратки примери со чија помош корисникот полесно ќе ги совлада основите за користење на уредот.

Page 6: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

2

II. СОСТАВНИ ДЕЛОВИ

Комплетот (Слика 1) со кој доаѓа Компјутерскиот управувачки уред се состои од шест делови:

1. Компјутерски управувачки уред;

2. Напојување и кабел за поврзување со компјутер;

3. Влезни и излезни дигитални елементи;

4. Влезни и излезни аналогни елементи;

5. CD со софтвер за работа со пакетот;

6. Упатство за инсталација и работа

Слика 1 Компјутерски управувачки уред со сите составни елементи

Page 7: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

3

II.2 КОМПЈУТЕРСКИ УПРАВУВАЧКИ УРЕД

На Слика 2 е даден уредот кој учениците ќе го користат за време на вежбите.

(а) (б)

Слика 2 (а) Компјутерски управувачки уред (б) Распоред на влезови и излези на компјутерскиот управувачки уред

На неговата горна страна (Слика 2) се наоѓаат шест порти за влезните елементи, и шест порти за излезните елементи. Влезовите (дигитални и аналогни) се наоѓаат на левата страна од уредот (гледајќи од горе), при што дигиталните се означени со ознаките DI1 до DI4, а аналогните се наоѓаат под нив и се означени со ознаките AI1, AI2 и AI3. На десната страна од уредот се наоѓаат три транзисторски дигитални излези означени со DO1 до DO3, два релејни излези означени со RO1 и RO2, а под нив се наоѓа аналогниот излез кој е означен со AO1(1).

На дигиталните влезови може да се приклучуваат елементи како копчиња и прекинувачи. На аналогните влезови се приклучуваат уреди кои ја менуваат својата отпорност во зависност од некои надворешни услови (на пример, потенциометар, фотоотпорник). На дигиталните излези можат да се приклучат сијалици и други елементи кои сакаме да работат на принципот вклучено/исклучено, додека на аналогните излези се приклучуваат елементи кои можат да работат под променлив напон (електромотор, вентилатор, брмчалка и сл.).

II.3 НАПОЈУВАЊЕ И КАБЛИ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ СО КОМПЈУТЕР

II.3-1 НАПОЈУВАЊЕ

На предната страна од овој уред се наоѓаат приклучокот за напојување, и поrтaтa за USB-во-RS232 комуникација со компјутерот. Сите приклучоци се соодветно означени. За

1 DI означува Digital Input; DO означува Digital Output; AI означува Analog Input; AO означува Analog Output, RO означува Relay Output

Page 8: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

4

уредот да работи мора да биде приклучен на напојување од 12 V. Уредот за напојување кој е дел од пакетот е прикажан на Слика 3.

Слика 3 Напојување

II.3-2 КАБЕЛ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ СО КОМПЈУТЕР

Доколку сакате да го поврзете уредот со компјутер потребен ви е кабелот за комуникација преку USB портот (на компјутер) во RS232 (на самиот уред). Изгледот на овој кабел е прикажан на Слика 4. Едниот крај од кабелот се поврзува на компјутерот, додека другиот крај на уредот.

Слика 4 Кабли за поврзување со компјутер: USB во RS232 кабел

Напомена

Доколку приклучувате некои елементи кои не се дел од овој пакет, потребно е да знаете дека максималниот напон кој можете да го добиете на излез од пакетот е 5 V на транзисторски базираните дигитални излези, додека најголемата јачина на струја е 20 mА (за истите излези). Приклучувањето на надворешни елементи е можно доколку се користат релејните излези RO1, RO2, кои не даваат напон на излез туку само прават вклучување/исклучување на некоја надворешна затворена контура1.

Page 9: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

5

II.4 ДИГИТАЛНИ ВЛЕЗНИ И ИЗЛЕЗНИ ЕЛЕМЕНТИ

Дигиталните влезни и излезни елементи се најчесто користените делови од овој уред. По правило за дигитални или дискретни влезни елементи се сметаат сите елементи кои како резултат на дејството кое го спроведуваат враќаат еден или нула (односно има дејство или нема дејство). Типот на дејство зависи од типот на влезниот дигитален уред. Во случајов имаме три дигитални влезни елементи кои се поделени во 2 групи.

• Дигитални влезни елементи за интеракција со корисник/управувач;

• Дигитален сензор за детекција на присуство на објект на дадена позиција;

Во продолжение ќе го објасниме начинот на функционирање на овие дигитални влезни уреди.

II.4-1 ДИГИТАЛНИ ВЛЕЗНИ ЕЛЕМЕНТИ

Во пакетот се наоѓаат два типови на дигитални влезни елементи и тоа: прекинувач и притисно копче (за интеракција со корисник/управувач) и сензор за детекција на присуство. Истите се прикажани на Слика 5.

б)

а)

Слика 5 а) Прекинувачи и Притисни копчиња б) Сензор на детекција на присуство

Напомена

При првото поврзување на компјутер со уредот, потребно е да го инсталирате драјверот од дискот со софтвер кој се наоѓа во пакетот. За инсталација на драјверот потребно е само да ги следите упатствата кои ќе ви се појават на екранот и да изберете автоматска инсталација на драјверот, доколку работите под оперативниот систем Windows. После ова можете да се поврзете со апликацијата и да работите со компјутерскиот управувачки уред.

Page 10: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

6

Прекинувачи

Прекинувачите имаат две работни позиции. Во едната позиција тие кусо ги спојуваат двете страни на влезот додека во другата позиција прават прекин во колото, што всушност значи дека во едната позиција влезот на кој е приклучен прекинувачот е активен додека во другата е неактивен. Со менување на позицијата на прекинувачите се симулира некаков надворешен услов. Инженерската ознака за прекинувач е прикажана на Слика 6.

Слика 6 Инженерска ознака на прекинувач

Притисни копчиња

Притисните копчиња, од друга страна, кусо го врзуваат влезното коло само кога корисникот ги држи во состојба на притиснато, додека во нормалната (отпуштена) положба тие симулираат прекинато коло. Инженерската ознака за прекинувач е прикажана на Слика 7.

Слика 7 Инженерска ознака на притисно копче

И прекинувачите и притисните копчиња се користат за интеракција со корисник. Најчеста нивна примена е за стартување или за запирање на програмата (На пример: ако е притиснато копчето 1 програмот да работи, во спротивно програмот да не работи) или за менување на текот на програмата (На пример: додека е притиснато копчето 1 активирајго излезот 1, кога не е, нека се активира излезот 2).

Сензор за детекција на присуство

Сензорот за детекција на присуство во принцип се сведува на еден прекинувач, само што за тој да работи не е потребна активна интеракција со корисник. Тој претставува електронски склоп о диода и фото-транзистор. Истиот враќа активна вредност кога на растојание од 10 см пред него се наоѓа некој објект (човек, уред, предмет и сл.)

За да се користи овој сензор потребно е да се поврзе на Дигиталниот влез DI4 и да се постави на место каде треба да се очекува некакво движење.

Еден едноставен пример за употреба на ваков сензор е при правење на лабораториска вртелешка. Ако правилно се постави, сензорот може да се искористи за да детектира кога има вагон (кошничка) за луѓе на најниската позиција и да ја запре вртелешката за одредено време, за да можат луѓето да се симнат и да се качат на истата.

Насоката на детектирање на присуство е прикажана на Слика 8.

Page 11: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

7

Слика 8 Насока на детекција на дигиталниот сензор за присуство

II.4-2 ДИГИТАЛНИ ИЗЛЕЗНИ ЕЛЕМЕНТИ

Дигитален излез во првата верзија на овој пакет претставува еден семафор составен од три сијалици. Семафорот е прикажан на Слика 9 и тој се состои од три сијалици, црвена, жолта и зелена. За секоја сијалица постои пар од приклучоци означени со соодветната боја. Приклучоците од црвената сијалица се означени со црвена боја и сл.

Слика 9 Дигитален излезен уред – семафор

Напомена

Кај дигиталните излези, многу е важно да се внимава на тоа како се приклучуваат. Поточно црвениот дел од секој пар приклучоци ја означува позитивната страна на излезот и мора да биде приклучен на левиот приклучок од кутијата (означен со црвена боја). Доколку приклучоците се постават спротивно, сијалицата нема да свети кога излезот ќе биде активиран.

Page 12: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

8

II.5 АНАЛОГНИ ВЛЕЗНИ И ИЗЛЕЗНИ ЕЛЕМЕНТИ

Аналогните влезни и излезни елементи за разлика од дигиталните, кои даваат вредности од типот на исклучено/вклучено, можат да ја менуваат својата вредност помеѓу две крајни точки. Во таа смисла со нив може да се мери интензитетот на некоја појава или да се менува јачината на некое дејство кое го управуваме.

II.5-1 АНАЛОГНИ ВЛЕЗНИ ЕЛЕМЕНТИ

На почеток да го разгледаме потенциометарот, кој е претставен на Слика 10. Со помош на потенциометарот може да се менува интензитетот на влезното дејство. Овој елемент се приклучува едноставно на еден од приклучоците за аналогни влезови (AI1 или AI2).

Покрај Потенциометарот во овој комплет доаѓаат уште два аналогни сензори и тоа сензор за интензитет на светлина (Слика 11) и сензор за температура (Слика 12).

Слика 10 Аналоген влезен елемент – потенциометар

Напомена

Кај сите влезови и излези многу е важно да не се комбинираат приклучоците од различни влезови/излези (не смеете да го врзувате едниот крај од сијалицата на DО1, а другиот на DО2). Секој елемент да се поставува соодветно на само еден излез.

Page 13: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

9

Слика 11 Сензор за интензитет на светлина

Слика 12 Сензор за температура

II.5-2 АНАЛОГНИ ИЗЛЕЗНИ ЕЛЕМЕНТИ

Во овој пакет се наоѓаат три аналогни излезни елементи. Истите се прикажани на Слика 13. Кај овие елементи со помош на соодветно напишана програма, може да се менува интензитетот на излезната величина. На пример, кај моторот може да се менува брзината на вртењето, додека кај брмчалката, може да се менува јачината на звукот кој таа го произведува.

a) б)

Слика 13 Аналогни излезни уреди – а) мотор б) брмчалка

Во табелата на Слика 14 е даден списокот на влезно излезните елементи кои се наоѓаат

Page 14: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

10

во комплетот, и соодветните места за поврзување со компјутерскиот управувачки уред.

Влезови Тип Место за поврзување

Прекинувач Дигитален влез DI1; DI2; DI3;

Притисно копче (тастер) Дигитален влез DI1; DI2; DI3;

Сензор за присуство Дигитален влез DI4 (специјален влез)

Температурен сензор Аналоген влез AI1; AI2;

Сензор за светлина Аналоген влез AI1; AI2;

Променлив отпорник Аналоген влез Вграден на уредот

Излези Тип Место на поврзување

Семафор Дигитални излези DO1; DO2; DO3;

Брмчалка Аналоген излез AO1;

Слика 14 списокот на влезно излезните елементи и соодветните места за поврзување со компјутерскиот управувачки уред

На Слика 15 е претставен распоред на влезовите и излезите на компјутерскиот управувачки уред.

Слика 15 Распоред на влезови и излези кај компјутерскиот управувачки уред

Page 15: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

11

II.6 ДИСК СО СОФТВЕР ЗА ИНСТАЛАЦИЈА И ПРОГРАМИРАЊЕ НА УРЕДОТ

Покрај другите елементи во овој пакет се наоѓа и диск со софтвер за работа со пакетот. За да можете да работите со овој уред потребно е да се копира датотеката од овој диск на вашиот компјутер и да се изврши со двојно кликнување на неа.

Page 16: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

12

III. СОФТВЕРСКИ ПАКЕТ ЗА РАБОТА СО КОМПЈУТЕРСКИОТ

УПРАВУВАЧКИ УРЕД - EDUPLC

EduPLC претставува софтверски пакет со чија помош може да се изработуваат сите програми кои треба да се извршуваат на Компјутерскиот управувачки уред, а после тоа програмите треба да се префрлат на уредот по што тој може да работи самостојно. Бидејќи Компјутерскиот управувачки уред заедно со сите придружни електронски елементи и софтверот за програмирање ќе се користи за едукативни намени во школството, истиот треба да биде едноставен за работа. Од досегашните начини на опишување на процеси, графичкиот модел со користење на дијаграми на тек нуди доволна функционалност за практични изведби на управување со системи и е еден од најблиските за восприемање од страна на човекот. Еден дијаграм на тек се состои од чекори и врски помеѓу чекорите. При извршувањето на програмата, претставена со дијаграм на тек, само еден чекор е активен во даден момент. Чекорите се претставуваат графички со помош на блокови, поврзани помеѓу себе со насочени линии кои ги означуваат врските и насоката на тек на програмата. Од барањата на дизајнот на Компјутерскиот управувачки уред, т.е. од расположливите периферни уреди произлегоа блокови коишто се соодветни на општо користените блокови во дијаграмите на тек, и истите се дадени во продолжение.

ОСНОВНИ БЛОКОВИ

Блок за СТАРТ

Овој блок го означува почетокот на програмата, т.е. претставува почетна точка на извршување во дијаграмот. Секоја програма мора да содржи еден (и само еден) блок за старт. После поставувањето на овој блок на работната површина со десен клик на него се добива контекстно мени прикажано на сликата подолу.

Блок за КРАЈ

Овој блок го означува крајот на програмата и тој ретко се користи бидејќи вообичаено програмите во PLC-то се извршуваат постојано, а не еднократно. Доколку се користи, по доаѓањето во овој блок програмата запира со извршување. Можно е да се употребат повеќе вакви блокови во една програма. После поставувањето на овој блок на работната површина со десен клик на него се добива контекстно мени (прикажано на сликата подолу.

Page 17: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

13

Блок за ПАУЗА

Блок кој го паузира дејството на програмата за одреден број на секунди. Доколку сакаме да задржиме некоја состојба на уредот подолго време, потребно е да се користи овој блок. После поставувањето на овој блок на работната површина со десен клик на него се добива контекстно мени (прикажано на сликата подолу.

БЛОКОВИ ЗА АКТИВИРАЊЕ НА ИЗЛЕЗИ

Блок за ДИГИТАЛНИ ИЗЛЕЗИ

Овој блок ги означува состојбите на дигиталните излези. Можни состојби се: вклучен, исклучен, непроменет. Непроменет означува да се зачува претходната вредност за дигиталниот излез. Со вклучување, односно исклучување на даден излез истиот се активира во зависност од типот на излезот. Поточно доколку се работи за DI1, DI2, DI3, се носат 5 волти на излезот, а доколку се работи за RO1 или за RO2, се вклучува надворешно коло. После поставувањето на овој блок на работната површина со десен клик на него се добива контекстно мени прикажано на сликата подолу.

После притискање на копчето Својства се појавува следното мени за дигиталните излези. Во дадениов случај се активира излезот 1, се исклучува излезот 2 а останатите излези се оставаат непроменети.

Значењето на квадратчето пред секој од излезите во оваа мени е претставено на слика 16 и се однесува за соодветниот излез за кој е поставено.

Page 18: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

14

Слика 16 Можни состојби на излезите во блокот ДИГИТАЛНИ ИЗЛЕЗИ

Блок за АНАЛОГЕН ИЗЛЕЗ

Со овој блок се овозможува промена на вредноста на аналогниот излез. Бидејќи се можни два поларитета на излезот, негативни броеви означуваат негативен поларитет (обратна страна на вртење на моторот, доколку тој е врзан на овој излез). Вредноста на самиот излез може да се менува од -5 волти до +5 волти, во зависност од интензитетот и поларитетот. После поставувањето на овој блок на работната површина со десен клик на него се добива контекстно мени прикажано на сликата подолу.

После притискање на копчето Својства се појавува следното мени за аналогните излези. Во дадениов случај се активира аналогниот излезот со вредност од 2.5 (+2.5 волти).

Напомена

Состојбата „Непроменет“ значи излезот да ја задржи состојбата која ја имал пред да се изврши соодветниот блок „дигитални излези“, односно, доколку претходно е вклучен и по извршувањето на овој блок тој ќе остане вклучен, а доколку пак е исклучен по извршување на блокот останува исклучен. По правило состојбите во блокот „дигитални излези“ се нагодени на „непроменет“.

Page 19: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

15

БЛОКОВИ ЗА ТЕСТИРАЊЕ НА СОСТОЈБА И ГРАНЕЊЕ

Блок за ЛОГИЧКО ОДЛУЧУВАЊЕ врз основа на ДИГИТАЛНИ ВЛЕЗОВИ и ИЗЛЕЗИ

Овој блок претставува одлучувачки блок во кој се проверува состојбата на специфицираните дигитални влезови и излези, со коњукциска (логичко И) логичка поврзаност. Во зависност од вредноста на логичката функција за проверка на влезовите и излезите се постигнува потребното гранење на текот на извршувањето на програмата. После поставувањето на овој блок на работната површина со десен клик на него се добива контекстно мени прикажано на сликата подолу.

После притискање на копчето Својства се појавува следното мени за одлука врз база на дигиталните влезови и излези. Во дадениов случај се врши проверка на тоа дали дигиталниот влез 1 е вклучен, дали дигиталниот влез 2 е исклучен, дали дигиталниот излез 1 е активен и дали дигиталниот излез 2 е вклучен. Доколку сите овие услови се исполнети програмот ќе продолжи по патеката означена како точна (која се поставува со Поврзи), а во спротивно ќе продолжи кон патеката означена како неточна (која се поставува со Поврзи „не точно“).

Напомена

„Не проверувај“ значи во условот да не се зема предвид, односно да не се проверува состојбата на соодветниот влез/излез. По правило состојбите во блокот „дигитални излези“ се нагодени на „не проверувај“.

Page 20: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

16

Блок за ЛОГИЧКО ОДЛУЧУВАЊЕ врз основа на АНАЛОГЕН ВЛЕЗ 1

Овој блок претставува одлучувачки блок во кој се проверува состојбата на аналогниoт влез 1 и врз основа на тоа се влијае на текот на програмата. Поточно програмот може да продолжи во две насоки, доколку условот е исполнет или доколку не е. Блок за ЛОГИЧКО ОДЛУЧУВАЊЕ врз основа на АНАЛОГЕН ВЛЕЗ 2

Овој блок претставува одлучувачки блок во кој се проверува состојбата на аналогниoт влез 2 и врз основа на тоа се влијае на текот на програмата. Поточно програмот може да продолжи во две насоки, доколку условот е исполнет или доколку не е. Блок за ЛОГИЧКО ОДЛУЧУВАЊЕ врз основа на ПРОМЕНЛИВ ОТПОРНИК

Овој блок претставува одлучувачки блок во кој се проверува состојбата на променливиот отпорник (потенциометар) и врз основа на тоа се влијае на текот на програмата. Поточно програмот може да продолжи во две насоки, доколку условот е исполнет или доколку не е.

После поставувањето на еден од трите блокови за аналогни влезови на работната површина со десен клик на него се добива контекстно мени прикажано на сликата подолу.

После притискање на копчето Својства се појавува следното мени за одлука врз база на аналогните влезови. Во дадениов пример е прикажано како може да се направи проверка на тоа дали вредноста на аналогниот влез е поголема од 24. Доколку овој услов е исполнет програмот продолжува во насоката кон „точно“, а во спротивно кон „не точно“ .

Page 21: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

17

Од погоре наведените блокови во кои се дефинирани за програмирање на Компјутерскиот управувачки уред, се гледа дека е опфатена целосната функционалност на дефинираните периферни уреди (влезовите и излезите во Компјутерскиот управувачки уред). По функционалност, дадените блокови можат да се поделат на две групи: едноставни блокови кои имаат само една излезна врска и комплексни (одлучувачки) блокови со две можни излезни врски. Комплексните блокови овозможуваат гранење во програмата.

Бидејќи програмирањето со користење на дијаграми на тек, јасно претставува графички метод на програмирање, потребно е во корисничкиот интерфејс на страната на персоналниот компјутер да се изведе едноставна и интуитивна постапка за проектирањето на вакви дијаграми. Како концепти од компјутерските кориснички интерфејси кои би понудиле едноставен и интуитивен начин на работа на корисниците тука ќе се користат концептите на работна површина и лента со алатки.

III.2 РАБОТЕН ПРОЗОРЕЦ

На Слика 17 е прикажан изгледот на главниот прозорец на програмата EduPLC, која после инсталацијата на персоналниот компјутер (види поглавје II.6), се повикува со двоен клик на иконата EduPLC, инсталирана на работната површина на вашиот компјутер.

На работниот прозорец може да се диференцираат неколку делови:

• Работна површина (најголемиот и централен дел на прозорецот),

• Главно мени (во најгорниот дел од програмата;

• Лента со алатки (поставена хоризонтално под главното мени);

• Мени со елементи за програмирање (поставена хоризонтално веднаш над работната површина);

• лента за статусот на влезовите и излезите (поставена хоризонтално, на долниот крај од работната површина);

• Мени за прикажување на конфигурацијата на елементите од работната површина (поставено вертикално на десната страна од програмот);

• Мени за статус на комуникацијата (најдолу во десниот агол).

Page 22: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

18

Слика 17 Изглед на главниот прозорец и негова структурна организираност

III.2-2 ГЛАВНО МЕНИ/ЛЕНТА СО АЛАТКИ

Лентата за работното мени со програмата е хоризонтално поставена во најгорниот дел од работниот прозорец. Истата се состои од три групи на наредби (менија) и тоа: Датотеки, Уред и Симулатор.

МЕНИ-ДАТОТЕКА

Содржината на ова мени е прикажана на Слика 18. Во ова мени се наоѓаат опциите за:

- Креирање на нова програма (Нова);

- Отворање на веќе постоечка датотека (програма) (Отвори);

- Зачувување на креираните програми (Зачувај) и

- Опцијата за излез од програмата (Излез).

Page 23: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

19

Слика 18 Мени – Датотека

Изборот на наредбите од менито датотеки е многу едноставно. На пример, по притискање на опцијата “Сними” се појавува нов прозорец за впишување на името на програмата и локацијата на која сакаме да го зачуваме (Слика 19).

Слика 19 Снимање на програма

МЕНИ-УРЕД

Следно мени кое го нуди овој софтвер е менито за работа со програмирачките уреди. Содржина на ова мени е прикажана на Слика 20.

Слика 20 Мени – Уред

Во ова мени опциите се поделени на три групи:

Page 24: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

20

- Првата група се опции за управување со работната состојба на компјутерскиот управувачки уред и тука можеме да избираме една од двете опции:

i. Вклучување на уредот (Стартувај);

ii. Стопирање на уредот (Стоп).

- Втората група се состои од една опција, и тоа опцијата Програмирај. Кога ја избираме оваа опција уредот се програмира со програмот кој моментално е активен на работната површина. После програмирањето уредот може да работи самостојно без да биде поврзан на компјутер.

- Третата група се состои од две опции и тоа:

i. наредба за почеток на режим на надгледување на уредот (Надгледувај);

ii. наредба за крај на режимот на надгледување на уредот (Прекини).

КОМУНИКАЦИЈА

Последното мени кое го нуди овој програм е менито за конфигурација, прикажано на Слика 21.

Слика 21 Мени – Комуникација

Во ова мени се наоѓаат опциите за:

- Отворање на порта за сериска комуникација (Поврзи уред);

- Затворање на порта за сериска комуникација (Исклучи уред).

- Избор на порта за сериска комуникација (Поставување).

III.2-3 ЛЕНТА СО АЛАТКИ

Покрај тоа што може да се работи со главните менија, може да се користи и лентата за алатки. Целосниот изглед на оваа лента е прикажан на следната слика.

Оваа лента се состои од три подгрупи исто како и главното мени.

III.2-4 РАБОТНА ПОВРШИНА И МЕНИ СО ЕЛЕМЕНТИ ЗА ПРОГРАМИРАЊЕ

Работната површина зафаќа централен и најбитен дел од главниот прозорец. Врз работната површина се нанесуваат чекорите од дијаграмот во вид на блокови. Во горниот

Page 25: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

21

дел, над работната површина се наоѓа менито со елементи за програмирање каде што за секој тип на блок постои соодветна слика. Со повлекување на некоја слика од ова мени на работната површина се поставува соодветниот блок. Блоковите низ работната површина можат да се разместуваат со помош на зафаќање и влечење со компјутерското глувче. Поврзувањето на блоковите е ориентирано кон создавање излезни врски. Имено со помош на контекстно мени кое се активира со кликнување на десното копче од глувчето врз површината на блокот, се нуди опцијата за создавање на излезна врска од блокот кон некој друг блок (Слика 22). На контекстното мени покрај можноста за поврзување дадени се и други опции кои зависат од избраниот блок како.

Слика 22 Контексно мени на десен клик на глувчето

Ваквиот блоковски ориентиран кориснички интерфејс лесно се совладува поради интуитивноста на самата постапка.

III.2-5 ПОВРЗУВАЊЕ СО КОМПЈУТЕРСКИОТ УПРАВУВАЧКИ УРЕД И НЕГОВО

ПРОГРАМИРАЊЕ

Покрај можноста за создавање на програми, корисничката програма треба да овозможува поврзување со Компјутерскиот управувачки уред и негово програмирање.

За да се поврземе со компјутерскиот управувачки удар потребно е да се притисне на копчето „Поврзи уред“. После тоа доколку комуникацијата е успешно поставена ќе се појави текстот „COMxx отворена“, при што со СОМхх се означува бројот на сериската порта која ја користи компјутерот за поврзување со уредот. Во спротивно на менито за статус на комуникација ќе стои текстот „COMxx затворена“.

Кога портата е отворено со притискање на копчето Програмирај. Доколку се е во ред уредот ќе се програмира по што се појавува порака за успешното завршено програмирање, во спротивно ќе се појави пораката од Слика 23 на вашиот екран. Ако се појави оваа порака потребно е да проверите дали кабелот за поврзување е добро прицврстен на двете страни и дали ја имате избрано точната порта за сериска комуникација од менито Поставување.

Page 26: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

22

Слика 23 Неуспешно завршено програмирање

Менито за Поставувње е едноставно и го има следниот изглед:

На ова мени треба само да се избере точната порта за комуникација која ќе се користи. Потоа се притиска на копчето ОК и уредот може да се програми и може да се набљудува неговата состојба.

Page 27: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

23

IV. ПРОГРАМИРАЊЕ НА КОМПЈУТЕРСКИОТ УПРАВУВАЧКИ

УРЕД

Во продолжение ќе бидат претставени неколку кратки програми кои ја објаснуваат работата на компјутерскиот управувачки уред, поточно како истиот да се програмира и да се пушти во работа.

IV.1 ПРИМЕР 1 – АКТИВИРАЊЕ (ПОСТАВУВАЊЕ) НА ДИГИТАЛНИТЕ ИЗЛЕЗИ

За да се направи програма за сетирање на дигитален излез, треба да се следи процедурата:

1. Се повлекува1 блокот “Старт” и се пушта на работната површина; После оваа операција, се појавува блокот “Старт” на позицијата на глувчето на работната површина.

2. Се повлекува блокот “Дигитален излез” и се пушта на работната површина; После оваа операција, се појавува блокот “Дигитален излез” на позицијата на глувчето на работната површина.

1 Доаѓа од англиското Drag and drop, и значи притискање на полето за старт, и движење со глувчето додека тоа е притиснато. Кога ќе се позиционираме на местото каде сакаме да го поставиме блокот, се отпушта левиот тастер од глувчето и блокот ќе се постави на тоа место.

Page 28: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

24

3. Стрелката од глувчето се поставува на блокот “Старт” (поставен на работната површина) и по извршување на десен клик на глувчето се појавува паѓачко мени, на кое се избира опцијата “Поврзи”.

4. На екранот не се случува ништо затоа што е потребно да извршите притискање на левото копче од глувчето на блокот “Дигитален излез” (поставен на работната

Page 29: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

25

површина), по што се појавува стрелка која ги поврзува двата блока Старт и Дигитален излез.

5. На крај се повлекува блокот „Стоп“ на работната површина и се поврзува блокот „Дигитален излез“ за блокот „Стоп“. Со овој чекор е дефиниран текот на програмот.

Page 30: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

26

6. Стрелката од глувчето се поставува на блокот “Дигитални излези”, а по десен клик на глувчето, се избира опцијата “Својства”, при што се отвора прозорец, прикажан на Слика 24 (Истиот прозорец ќе се појави и со двоен клик на блокот “Дигитален излез”).

Слика 24 Приказ на менито за селекција на излези

7. На менито се активира Излезот 1 и Излезот 3, а се исклучува Излезот 2 (како што е прикажано на сликата 24); потоа се притиска “ОК”.

8. Доколку го селектираме блокот за дигитални излези се појавува неговата конфигурација на десната страна од работната површина. Комплетната состојба на програмот е прикажана на Слика 255.

Слика 25 Изглед на програмата, по селектирање на блокот за Дигитални излези

Page 31: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

27

9. За да се префрли оваа програма на уредот потребно е да се притисне на копчето Програмирај. Се разбира, претходно треба да имаме конфигурирана комуникација и отворена комуникациска порта. Исто така потебно е да се поврзат компјутерот и уредот со кабелот кој е дел од овој компет.

Поврзувањето на Компјутерскиот управувачки уред со дигиталниот излез еден (на пример црвениот излез од семафорот поврзан на DO1) е даден на Слика 26.

Потоа потребно е да се изврши поврзување на компјутерот со Компјутерскиот управувачки уред. Тоа се прави со избирање на опцијата “Поврзи уред” од паѓачкото мени “Комуникација”. Откако ќе се напише софтверската програма (Слика 25) и ќе се изврши поврзувањето дадено на Слика 26, потребно е да се изврши префрлување1 на програмата во Компјутерскиот управувачкиот уред. Тоа се прави со кликнување на опцијата “Програмирај” од паѓачкото мени “Уред”. Последен чекор е да се активира програмата која сме ја снимиле во Компјутерскиот управувачки уред. Тоа се прави со кликнување на опцијата “Стартувај” од паѓачкото мени “Уред”.

Слика 26 Приказ на поврзување на црвеното светло на семафор со Компјутерски управуваниот уред

1 Анг. Download

Page 32: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

28

IV.2 ПРИМЕР 2 – СЕТИРАЊЕ (ПОСТАВУВАЊЕ) НА АНАЛОГЕН ИЗЛЕЗ НА СООДВЕТНА ВРЕДНОСТ

За да се направи програма за сетирање на аналоген излез, треба да се следи процедурата:

1. Се повлекува блокот “Старт” на работната површина, по што се појавува блокот “Старт” на истата.

2. Се повлекува блокот “Аналоген излез” и тој се појавува на истата.

3. Стрелката од глувчето се поставува на блокот “Старт” (поставен на работната површина) и по извршување на десен клик на глувчето се појавува паѓачко мени, на кое се кликнува опцијата “Поврзи”.

Page 33: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

29

4. На екранот не се случува ништо. Следно, кликнете на блокот “Аналоген излез” (поставен на работната површина), по што се појавува стрелка која ги поврзува двата блока “Старт” и “Аналоген излез”.

Page 34: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

30

5. На крај се повлекува блокот „Стоп“ на работната површина и се поврзува блокот „Дигитален излез“ за блокот „Стоп“.

Конечно, изгледот на работната површина е како на Слика 27.

Слика 27 Изглед на програмот Пример 2

Page 35: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

31

6. Стрелката од глувчето се поставува на блокот “Аналоген излез”, а по десен клик на глувчето, се избира опцијата “Својства”, при што се отвара прозорец, прикажан на Слика 28 (Истиот прозорец ќе се појави и со двоен клик на блокот “Аналоген излез”).

Слика 28 Изглед на менито за аналоген излез

7. На менито за Аналоген излез постои опција за нагодување на излезната моќ на аналогниот излез AO1. На прозорецот се наоѓаат неколку опции и тоа: “Назад”, “Исклучен” и “Напред”. Со опциите “Назад” и “Напред”, силата на аналогниот излез се поставува на максималната вредност нанапред и наназад, соодветно (аналогнииот излез може да работи и во двете насоки доколку уредот кој го поврзувате на нив го подржува тоа). Опцијата “Исклучи” го исклучува аналогниот излез. Со помош на глувчето може да се движи стрелката по скалата и да се менува интензитетот на дејството. Истото може да се направи и со внесување на конкретна вредност во полето десно. Во нашиот случај ќе го приклучиме аналогниот излез еден (AО1), и неговата сила ќе ја поставиме на 4.0 волти од вкупната сила (за да работи под полна сила потребно е да се активира со помош на 5.0 волти). За да завршиме со едитирање

8. Доколку се селектира блокот за Аналоген излез на работната површина, може да се воочи дека на десната страна од работната површина може да се погледаат конфигурацијата на блокот, како што е прикажано на Слика 29.

Page 36: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

32

Слика 29 Изглед на програмата, по избирање на вредноста 688 за интензитет на аналогниот излез

9. За да се провери начинот на работса на програмата потребно е да се програмира уредот (со наредбата „Програмирај“) и да се пушти во режим на надгледување (со наредбата „Надгледувај“).

Page 37: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

33

IV.3 ПРИМЕР 3 – СЕМАФОР

IV.3-1 ЖОЛТО ТРЕПКАЧКО СВЕТЛО

На почеток ќе се запознаеме со неколку варијанти на програм за управување со семафор. Наједноставната верзија на семафорот е да се направи програм кој ќе содржи само жолто трепкачко светло. За да реализираме ваков програм потребно ни е само да ја приклучиме жолтата сијалица од семафорот на еден од дигиталните излези (Во случајов дигитален излез 2) и потоа треба да се напише соодветниот програм. Јасно е дека од софтверските аспекти потребни ни се само блокови за дигитален излез и часовникот. Реализираната програма изгледа како на Слика 30.

Слика 30 Семафор – жолто трепкачко светло

Од дијаграмот се гледа дека програмата започнува од блокот старт, после што во првиот блок го активира излезот 2 (можете да проверите со отворањето на програмата од директориумот diagrams), после тоа прави пауза од една секунда, после што го деактивира излезот еден. Повторно после пауза од една секунда, процесот започнува од првиот блок и продолжува да се извршува циклично, бесконечно долго време. Се разбира оваа програма ќе работи само доколку сијалицата е поврзана на вториот дигитален излез.

Кога веќе зборуваме за излезите важно е да се напомени дека врз нив може да се применуваат три акции. Менито за манипулирање со нив се добива со двоен клик на блокот или пак со десен клик и избирање на опцијата „Својства“. Излезите можеме да ги активираме, да ги исклучуваме или да не превземаме акции врз нив. На Слика 31 е прикажан прозорецот за манипулација со излезите и тука забележуваме дека во конкретната ситуација се активира излезот 2, се исклучуваат излезите 1 и 3, додека излезите 4 и 5 не се афектираат (ја задржуваат состојбата која ја имале пред активирањето на овој блок).

Page 38: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

34

Слика 31 Манипулирање со дигиталните излези

Со едноставна симулација можете да потврдите дека програмот се однесува како што сме очекувале. Сега можете да го снимите програмот под произволно име и да го програмирате уредот. После програмирањето на уредот програмот би требало да ја пали и гасне жолтата сијалица на период од една секунда, со напомена дека сијалицата мора да е поврзана на дигиталниот излез два (DО2).

Page 39: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

35

IV.3-2 КЛАСИЧЕН СЕМАФОР

Следен чекор е да се направи програм за класичен семафор кој ги менува боите во неколку фази. Класичниот семафор се однесува според следниот алгоритам:

1. црвено - 2. жолто - 3. зелено - 4 зелено/жолто, и повторно: 1. црвено - 2. жолто, ...

Од алгоритамот се гледа дека се потребни четири различни блокови за излез кои ќе се менуваат на одреден временски интервал. Програмот кој го реализира ова е прикажан на Слика 32 (лево), на десната страна се прикажани својствата на дигиталните излези, според редоследот на извршување.

Слика 32 Стандарден семафор

Доколку добро го отворите програмот ќе забележите дека црвената сијалица треба да биде поврзана на дигиталниот излез еден (DО1), жолтата на дигиталниот излез два (DО2), додека зелената на дигиталниот излез три (DO3). Останатите излези, како и аналогните и дигиталните влезови не се користат во оваа програма.

Следниот чекор во програмирањето на уредот е вклучување на дигиталните влезови.

Page 40: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

36

IV.3-3 КОМБИНИРАЊЕ НА ДВА СЕМАФОРИ СО ПОМОШ НА ПРЕКИНУВАЧ

Често гледаме семафори кои во дел од времето работат стандардно а во друг дел работат во режим на жолто трепкачко светло. Бидејќи ги програмиравме и двата режими на работа сега да пробаме да ги комбинираме во еден. Изгледот на програмот кој треба да се добие е прикажан на Слика 33. Тој работи едноставно со тестирање на влезот еден . Доколку влезот еден е активен се извршува левата гранка од програмот (жолто трепкачко светло), во спротивно семафорот работи нормално (црвено – жолто - зелено).

Слика 33 Семафор – комбиниран

При работа со блокот за одлучување, можни се три варијанти. Првата е да се активира нешто доколку влезот/излезот е активен, втората доколку влезот/излезот не е активен и третата е да не се разгледува влезот/излезот при логичкото одлучување. Изгледот на менито е прикажан на Слика 34. За да работи семафорот според нашите очекувања потребно е да се поврзе еден прекинувач на дигитален влез на позиција DI1 и со негово менување да се управува со работата на семафорот.

Page 41: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

37

Слика 34 Мени за одлучување по логички влезови

Според поставеноста на својствата на Слика 34, програмот од блокот „одлука“ ќе се движи во насока „поврзи точно“ доколку е вклучен прекинувачот на влез 1 (DI1), односно во насока „поврзи неточно“ доколку прекинувачот на DI1 е исклучен. Освен состојбата на влез 1, состојбите на останатите влезови и излези нема да се проверуваат, со што нивните состојби нема да влијаат при донесување на одлуката во која насока да продолжи извршувањето на програмата.

Сега можете да го снимите програмот под произволно име и да го програмирате уредот. После програмирањето на уредот програмот би требало да работи како жолто трепкачко светло доколку влезот еден е активен, во спротивно семафорот работи нормално (црвено – жолто - зелено).

Page 42: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

38

IV.4 ПРИМЕР 4 - УПРАВУВАЊЕ СО ИНТЕНЗИТЕТ БРМЧАЛКА

IV.4-1 ЗАДАВАЊЕ ВРЕДНОСТ НА АНАЛОГЕН ИЗЛЕЗ

За да прикаже како се активираат аналогните излези, потребно е да се направи едноставна програма како што е прикажано на Слика 35.

Слика 35 Програм за активирање на аналоген излез

Со помош на оваа програма, после стартувањето на програмата, брмчалката (Слика 13) приклучена на аналогниот излез еден се активира со 3.8 волти од вкупната сила, потоа следи пауза од 2 секунди, па нејзиниот интензитет се менува на 4.5 волти. За да работи под полна сила потребно е да се активира со помош на 5.0 волти. Со двоен клик на блокот “Аналоген излез” или со десен клик и избор на опцијата „Својства“ се добива прозорец како на Слика 36.

Слика 36 Прозорец за подесување на сила на аналогни излезни елементи

На прозорецот се наоѓаат неколку опции и тоа назад, исклучи и напред. Со опциите назад и напред, силата се поставува на максималната вредност нанапред и наназад, соодветно (аналогниот излез може да работи и во двете насоки доколку уредот кој го поврзувате на нив го подржува тоа). Опцијата исклучен го исклучува уредот при активирањето на блокот.

Со помош на глувчето може да се движи стрелката по скалата и да се менува интензитетот на дејството. Истото може да се направи и со внесување на конкретна вредност во полето -

Page 43: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

39

десно, за секој излез соодветно. После нагодувањето на блокот за да ги зачувате промените потребно е само да го притиснете копчето “ОК”.

Page 44: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

40

IV.4-2 КОМБИНИРАЊЕ НА ДИГИТАЛНИ ВЛЕЗОВИ СО АНАЛОГНИ ИЗЛЕЗНИ

ЕЛЕМЕНТИ

Во продолжение е објаснета малку посложена програма со чија помош ќе се менува силата на вртење на вентилаторот во зависност од состојбата на дигиталните влезови еден и два (DI1, DI2). За таа цел, прво треба да се поврзе едно прекинувачко копче (Слика 5) на дигиталниот влез еден (DI2), а брмчалката (Слика 13-б) на аналогниот излез. Програмот, прикажан на Слика 37, проверува дали влезот DI2 е активен и влезот DI1 не е активен. Доколку условот е исполнет, програмот го стартува аналогниот излез 1 еден (AO1) со 5.0 волти, во спротивно го стартува со 3.5 волти. Во двата случаи брмчалката ќе зуи со различен интензитет..

Слика 37 Менување на интензитет преку дигитален влез

Page 45: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

41

IV.5 ПРИМЕР 5 - УПРАВУВАЊЕ СО ИНТЕНЗИТЕТ БРМЧАЛКА

IV.5-1 КОМБИНИРАЊЕ НА АНАЛОГНИ ВЛЕЗНИ ЕЛЕМЕНТИ СО АНАЛОГНИ

ИЗЛЕЗНИ ЕЛЕМЕНТИ

Откако се даде опис за тоа како се користат аналогните влезни елементи со аналогните излезни елементи, може да состави една програма која ќе управува со брмчалката во зависност од некој аналоген влез, во случајов потенциометарот. Блокот за условување на аналоген влез има сопствено мени кое е прикажано на Слика 38.

Од сликата јасно се гледа дека може да направат неколку типови на условување, и тоа „поголемо од“, „ еднакво на “ и „помало од“. Типовите на условување работат на тој начин што ја споредуваат моменталната прочитана вредност од аналогниот влез (или од десниот панел доколку се работи за симулација без поврзан уред) и го прават типот на споредување со вредноста зададена во менито за условување. Во конкретниот случај, прикажан на Слика 38, проверуваме дали аналогниот влез еден (AI3) е поголем од вредноста 90.

Слика 38 Мени за условување на аналоген влез

Програмот кој спроведува вакво управување е прикажан на Слика 39.

Слика 39 Управување на аналоген излез со помош на аналоген влез

Page 46: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

42

На кратко е даден опис на работата на оваа програма. На почетокот, програмата преминува од блокот за “Старт” во блокот за “Пауза” при што чека една секунда. После тоа, се проверува дали аналогниот влез има вредност поголема од 90 (аналогните влезови можат да се менуваат од 0 до 100). Доколку вредноста е поголема од 90 се активира брмчалката со излезен напон од 4.0 волти и програмот се враќа во почетната положба од каде, после една секунда, повторно започнува со правење на проверките. Доколку вредноста на аналогниот влез не е поголема од 90, програмот прави уште една проверка дали аналогниот влез е поголем од 50 (ова всушност значи дека влезот е помал од 90, од претходниот услов и поголем од 50 од сегашниот). Доколку е поголем од 50 се активира брмчалката со напон од 3.5 волти, а во спротивно (доколку е помал од 50) се активира брмчалката со сила 4.5 волти. По извршување на било кој од двата случаи, програмата се враќа на почетниот блок за пауза од каде, после една секунда, продолжува со нормалниот тек на извршување и со правење на истите проверки.

Доколку се префрли програмот на уредот и се поврзе брмчалката на аналогниот излез (AO1), тогаш со менување на потенциометарот се менува интензитетот на звукот од брмчалката.

Page 47: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

43

IV.6 ПРИМЕР 6 – ПРИМЕР ЗА УПОТРЕБА НА СЕНЗОРОТ ЗА ДЕТЕКЦИЈА НА ПРИСУСТВО

Сензорот за детекција на присуство се разликува од останатите елементи во овој комплет по тоа што истиот се поврзува со помош на три конектори (црвен, црн и зелен) за компјутерскиот управувачки уред. Според тоа тој не може да се замени или забуни со другите елементи и за него е резервиран дигиталниот влез 4. Овој сензор не може да се поврза на друго место, и на дигиталниот влез 4 не смее да се поврзува ниту една друга компонента.

Како краток пример за користење на овој сензор ќе презентираме програма која прави детекција на пешаци на даден пешачки премин. Секогаш кога ќе се детектира пешак, потребно е да се исклучи зеленото светло за колите, да се запали црвеното за пешаците да можат безбедно да ја преминат улицата. За да го реализирате овој пример потребен ви е сензорот за присуство и семафорот. Семафорот се поставува на следниов начин:

• Црвена диода – DO1 • Жолта диода – DO2 • Зелена диода – DO3

Погоре опишаниот програм е прикажан со следниот дијаграм (Слика 40):

Слика 40 Пример за користење на сензорот за присуство

За да стане појасно сега малку подетално ќе го опишеме овој пример.

На почеток започнува програмата со блокот за Старт. После овој блок се извршува блокот за Дигитални Излези кој е конфигуриран за го активира само дигиталниот излез 3 (зелената диода од семафорот). Потоа програмот преминува во блокот Пауза, каде прави пауза од 5 секунди. Потоа во блокот за Одлука се проверува состојбата на дигиталниот

Page 48: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

44

влез 4. Ако тој не е активен (значи нема пешаци пред пешачкиот премин) повторно се поставува овој излез и се чека дополнителни 5 секунди (ова е направено со затворената јамка на левата страна на програмот). Ако сензорот за присуство е активен (значи има пешаци пред пешачкиот премин), се започнува со секвенцата за запирање на сообраќајот, односно се пали жолтото светло, па се чека 1 секунда, па се пали црвеното светло и се чека 10 секунди за да поминат пешаците. Кога ќе поминат пешаците се активира црвено+жолто светло во траење од една секунда, по што се активира зеленото светло и се затвора јамката.

Вака напишаниот програм се извршува без прекин се додека уредот е во работен режим.

Page 49: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

45

IV.7 ПРИМЕР 7 – ПРИМЕР ЗА УПОТРЕБА НА СЕНЗОРОТ ЗА ИНТЕНЗИТЕТ НА СВЕТЛИНА

Сензорот за интензитет на светлина претставува аналоген сензор кој може да се поврзе на една од двете слободни порти за аналогни влезови (AI1 или AI2). Овој сензор работи на принципот на промена на отпорот во зависност од интензитетот на светлината која паѓа на него. Овој сензор најчесто се употребува за детектирање на дел од денот, односно дали е ден или ноќ, или за детектирање на светлината во смисла дали надвор е сончево или облачно.

Како предизвик во овој комплет е откривањето на тоа за кои вредности (од 0 до 100) имаме какво однесување, односно која е вредноста на сензорот кога тој е во темно, а која на дневна светлина?

Во продолжение ќе покажеме како може да се искористи овој сензор за палење и гасење на светло (во случајов диодите од семафорот) во зависност од интензитетот на светлина.

Слика 41 Пример за користење на сензор за интензитет на светлина

Page 50: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

46

IV.8 ПРИМЕР 8 – ПРИМЕР ЗА УПОТРЕБА НА СЕНЗОРОТ ЗА ТЕМПЕРАТУРА

Сензорот за температура претставува аналоген сензор кој може да се поврзе на една од двете слободни порти за аналогни влезови (AI1 или AI2). Овој сензор работи на принципот на промена на отпорот во зависност од температурата на мерната сонда. Во овој случај бројките кои се појавуваат за работа со температурен сензор се изразени во температура во степени Целзиусови. Значи доколку сакате да проверите дали температурата е поголема од 30 степени, потребно е да споредувате со 30.

Во продолжение е дадена пример програма кога вклучува мотор (со вентилатор) поврзан на RO1 секогаш кога температурата од сондата е поголема од 30 степени, а го исклучува кога таа е помала.

Слика 42 Пример за управување со вентилатор во зависност од надворешната температура

Page 51: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

47

IV.9 ПРИМЕР 9 – ПРОВЕРКА НА СОСТОЈБА НА ДИГИТАЛЕН ИЗЛЕЗ

Софтверот за програмирање на компјутерскиот управувачки уред нуди уште една дополнителна можност а тоа е проверка на состојбата на дигиталните излези. За да ја илустрираме оваа можност ќе прикажеме еден едноставен пример за тестирање на тоа дали одредено светло е запалено или згаснато.

Во овој пример во зависност од тоа дали некој прекинувач поврзан на DI1 е активен или не се активира DO1. Во следниот блок за одлука се проверува состојбата на излезот 1 (DO1) како што е прикажано на Слика 44. Доколку излезот 1 е активен се активира аналогниот излез со интензитет до 5 волти. Во спротивно се исклучува аналогниот излез 1. На овој начин може да се прават голем број на сложени програми со комбинирање на различни блокови и елементи во една програма.

Слика 43 Пример за одлука врз база на состојбата на дигиталните излези

Page 52: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

48

Слика 44 Контекстно мени на блок за Одлука со кое се проверува дали дигиталниот излез 1 е активен и програмата се грани како резултат на оваа операција

Page 53: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

49

IV.10 ПРИМЕР 10 - ЛОГИЧКО И:

Да се направи програма која со помош на температурниот сензор ќе проверува дали температурата е поголема од 20 а помала од 25 степени.

Доколку овој услов е исполнет треба да се запали зеленото светло од семафорот (поврзано на дигитален излез 3), во спротивно треба да свети црвеното светло (поврзано на дигитален излез 1). Овој пример всушност претставува практична реализација на „и“ условот со помош на аналогните влезови во КУУ.

Решение:

Во првиот блок за аналоген влез 1 се проверува дали температурата е поголема од 20 степени. Нагодувањата на овој блок се прикажани на следната слика.

Доколку првиот услов не е исполнет, програмата не го проверува вториот туку веднаш ја пали црвеното светло. Доколку првиот услов е исполнет, во вториот блок за аналоген влез 1 се проверува дали температурата е помала од 30 степени. Нагодувањата на овој блок се прикажани на следната слика.

Page 54: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

50

Доколку и овој услов е исполнет значи дека треба да се запали зеленото светло бидејќи температурата е поголема од 20 степени и температурата е помала од 30 степени. Ако ова го запишеме со помош на математичките изрази за логика се добива условот за логичко И:

(Ако Т>20) И (Ако Т<30) тогаш (Запали зелено светло)

IV.11 ПРИМЕР 11 - ЛОГИЧКО ИЛИ

Да се направи програма која со помош на сензорот за интензитет на светлина ќе проверува дали интензитетот на светлината е помал од 10 или е поголем од 90.

Доколку овој услов е исполнет треба да се запали црвеното светло од семафорот (поврзано на дигитален излез 1), во спротивно треба да свети зеленото светло (поврзано на дигитален излез 3). Овој пример всушност претставува практична реализација на „или“ условот со помош на аналогните влезови во КУУ.

Решение:

Во првиот блок за аналоген влез 1 се проверува дали интензитетот на светлината е помал од 10. Нагодувањата на овој блок се прикажани на следната слика.

Page 55: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

51

Доколку првиот услов е исполнет, програмата не го проверува вториот туку веднаш ја пали црвеното светло. Доколку првиот услов не е исполнет, во вториот блок за аналоген влез 1 се проверува дали интензитетот на светлина е поголем од 90 степени. Нагодувањата на овој блок се прикажани на следната слика.

Доколку и овој услов не е исполнет значи дека треба да се запали зеленото светло бидејќи интензитетот на светлина не е поголем од 90 и не е помал од 10. Ако ова го запишеме со помош на математичките изрази за логика се добива условот за логичко ИЛИ:

(Ако Светлина>90) ИЛИ (Ако светлина<10) тогаш (Запали црвено светло)

Page 56: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

52

V. РЕЖИМ НА НАДГЛЕДУВАЊЕ

Покрај тоа што програмата може да се извршува на компјутерскиот управувачки уред независно од се друго, оваа алатка нуди можност за активирање на режимот на набљудување со помош на наредбата „Надгледувај“, како што е прикажано на Слика 45.

Слика 45 Активирање на режим на надгледување на компјутерскиот управувачки уред.

Во овој режим на менито за надгледување, поставено во долниот дел од прозорецот (под работната површина), се прикажуваат измерените вредности за сите елементи на компјутерскиот управувачки уред.

Page 57: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

53

VI. ЗАКЛУЧОК

Во упатството за користење на Компјутерскиот управувачки уред, на кратко е прикажана работата на компјутерскиот управувачки уред кој е изработен од АТРОНИКА ДОО, во Скопје. Примерите кои се објаснети овде се тестирани на уредот од страна на производителот. Со нивна помош предавачот добива јасна слика за можностите за работа со овој уред. Секако, предавачите и учениците кои ќе го користат овој уред се охрабрени да смислуваат и пишуваат нови и посложени програми од оние кои се предложени тука.

За сите забелешки, пофалби и поплаки, можете да го контактирате произведувачот, на електронската адреса [email protected].

Page 58: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

54

VII. ПРИЛОГ

Начин на поврзување на надворешни елементи со помош на дигиталните релејни излези.

RO1 Вклучен

RO1 Исклучен

Управувачки сигнал

од компјутер

M

Клема 1 Клема 2

Буксна

црвена

Буксна

црна

Слика 46 Шема на поврзување на надворешен уред (во случајов мотор) преку еден од релејните излези на компјутерскиот управувачки уред

За да се поврзе било кој надворешен уред со помош на релејните излези 1 и 2 (RO1, RO2) потребно е да се поврзе уредот на редните клеми кои излегуваат од адаптерот и да се нагоди напонот и поларитетот на адаптерот соодветно на потребите на извршниот елемент кој се поврзува. На Слика 46 е дадена општата шема на поврзување на надворешни елементи на Компјутерскиот управувачки уред.

Напомена

При користење на релејните излези, треба да се внимава при програмирање на уредот да не се постави во една јамка без пауза да се вклучува и исклучува релето. Доколку се забележи тоа (при стартување на уредот се слуша брзо „штракање“ на релето) уредот треба веднаш да се исклучи, грешката од програмот да се отстрани и уредот повторно да се програмира. Во спротивно релето може неповратно да се оштети.

Page 59: Прирачник за употреба на компјутерски управувачки уред

55

Слика 47 Начин на поврзување на мотор на релејниот излез 1