17
ЖИВОТНАТА СРЕДИНА КАКО ПРЕМИЈА ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА НА МЕЃУНАРОДНИТЕ АКТЕРИ ПРВ ПРИВАТЕН УНИВЕРЗИТЕТ - ФОН ФАКУЛТЕТ ЗА ПОЛИТИЧКИ НАУКИ ЕВРОПСКА И МЕЃУНАРОДНА ПОЛИТИКА И ДИПЛОМАТИЈА Ментор: Кандидат: Проф. д-р Нано Ружин Бојана Димитријевиќ Скопје, 2014 год.

ЖИВОТНАТА СРЕДИНА КАКО ПРЕМИЈА ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА НА МЕЃУНАРОДНИТЕ АКТЕРИ

  • Upload
    zemi

  • View
    31

  • Download
    4

Embed Size (px)

DESCRIPTION

ЖИВОТНАТА СРЕДИНА КАКО ПРЕМИЈА ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА НА МЕЃУНАРОДНИТЕ АКТЕРИ

Citation preview

Page 1: ЖИВОТНАТА СРЕДИНА КАКО ПРЕМИЈА ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА НА МЕЃУНАРОДНИТЕ АКТЕРИ

ЖИВОТНАТА СРЕДИНА КАКО ПРЕМИЈА ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА НА

МЕЃУНАРОДНИТЕ АКТЕРИ  

ПРВ ПРИВАТЕН УНИВЕРЗИТЕТ - ФОНФАКУЛТЕТ ЗА ПОЛИТИЧКИ НАУКИ

ЕВРОПСКА И МЕЃУНАРОДНА ПОЛИТИКА И ДИПЛОМАТИЈА

Ментор: Кандидат:Проф. д-р Нано Ружин Бојана Димитријевиќ

Скопје, 2014 год.

Page 2: ЖИВОТНАТА СРЕДИНА КАКО ПРЕМИЈА ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА НА МЕЃУНАРОДНИТЕ АКТЕРИ

Вовед:• Во магистерскиот труд се говори за тоа како да се воспостави една

рамнотежа помеѓу земјите кои што ги исцрпуваат ресурсите на планетата земја и притоа не водат сметка за нивната краткотрајност и изнаогање едно тело кое во меѓународна смисла ќе го води и контролира протоколарно преговарањето и поставувањето на конвенции кои ќе ја заштитат земјата од понатамошна експолоатација.

• Јас не сум борец за животна средина, посебно не доколку под сето тоа се подразбира едно застапување за заштита на природните ресурси по секоја можна цена. Од друга страна пак, не сум ниту еден слеп борец за развојот.

• Ние мора да пронајдеме начини за да го обезбедиме нивото на колективно дејствување кое што е потребно да се насочи кон идните генерации и заканите за глобалната животна средина.

• Токму поради тоа, потребни ни се значително подобрена умешност и знаење на дипломатијата на животната средина. Дипломатите, политичарите, групите составени од активисти за животна средина, научниците, бизнис лидерите, новинарите и многу други ќе мора да пронајдат некои нови начини за заедничко дејствување.

Page 3: ЖИВОТНАТА СРЕДИНА КАКО ПРЕМИЈА ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА НА МЕЃУНАРОДНИТЕ АКТЕРИ

Човекот како главен фактор за загадување на животната средина

• Познато е дека во историскиот развој на човековото население, низ периодот од пра историјата до денеска (од периодот на Адам, преку неолитската револуција, Феудалниот и Капиталистичкиот период) се менуваат екосистемите, постанувајки од природни антропогени.

• Во текот на периодот на настанокот и револуцијата на цивилизацијата може да се рече дека бројот на луѓето на планетата постојано расте, да до крајот на 20 век достигна цифра над 6 милијарди и се претпоставува дека дупло ќе се зголеми во наредните 50 години.

• Во цивилизацискиот развој со помош на технологијата дојде до нарушување односно до:

• 1.Неповратно трошење на природните ресурси;• 2.Загадување на воздухот;• 3.Загадување на површинската и подземната вода;• 4.Деградирање и загадување на земјиштето;• 5.Влошување и уништување на биодиверзитетот;

Page 4: ЖИВОТНАТА СРЕДИНА КАКО ПРЕМИЈА ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА НА МЕЃУНАРОДНИТЕ АКТЕРИ

Животната средина и појавата на климатските промени

• Познато е дека климатските промени се предизвикани од глобалното затоплување, а тоа е постепеното затоплување на целата наша планета.

• Климатските промени се една од најголемите закани со кои се соочува планетата земја. Па така доколку температурата на Земјата се покачи за повеќе од 2°C над пред-индустриските нивоа, последиците може да се несогледливи.

Page 5: ЖИВОТНАТА СРЕДИНА КАКО ПРЕМИЈА ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА НА МЕЃУНАРОДНИТЕ АКТЕРИ

Преставување на земјите кои имаат најголем удел во зголемувањето на стакленичките гасови

• Глобалното затоплување нa земјината површина последните децении е доведено до загрижувачки размери.

• Од таа причина Светската метеоролошка организација и Програмата за животна средина на Обединетите нации воспоставија Меѓувладино тело за климатски промени во 1988, а во 1992г. во Рио де Жанеиро беше потпишана Рамковна конвенција на Обединетите нации за климатски промени.

• Со неа државите потписнички се согласија да се врши идентификација и контрола на емисијата на штетни гасови во атмосферата, на ниво што би спречило потенцијална опасност врз глобалниот климатски систем.

• На оваа карта (направена од Американскиот институт за светски ресурси, USA World Resources Institute) се претставени различни региони, не според нивната географска положба туку според емисиите на стакленички гасови. Јасно се гледа дека најголемата одговорност им припаѓа на развиените земји (главно САД, Европа и Јапонија). Овие земји би требало да вложат најголеми напори за редуцирање на емисиите.

Page 6: ЖИВОТНАТА СРЕДИНА КАКО ПРЕМИЈА ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА НА МЕЃУНАРОДНИТЕ АКТЕРИ

Главни проблеми во соработката на глобално ниво- Поделбата помеѓу Северот и Југот

• Денеска постојат неколку причини за да бидеме целосно песимистички настроени за достигнувањето на нивото на соработка коешто е потребно за да се менаџира со општите ресурси како океаните, вселената, атмосферата и Антарктикот. Сето ова може да се набљудува од три гледни точки:

1. Влошувањето на поделбата помеѓу развиените земји од Северот и земјите кои се во фаза на развивање од Југот;

2. Тврдоглавата истрајност на суверената национална власт за самата себе;

3. Недостигот на стимулации кои се доволни да доведат одредени земји на преговарачка маса и да ги впуштат во сериозни дискусии во врска со природата на заканите по животната средина на глобално ниво;

Page 7: ЖИВОТНАТА СРЕДИНА КАКО ПРЕМИЈА ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА НА МЕЃУНАРОДНИТЕ АКТЕРИ

Предлози за едно законодавно тело за животна средина

• Во 1989 година, премиерите на Холандија, Норвешка и Франција во холандскиот град Хаг предложија амбициозен план за создавање на едно законодавно тело кое што ќе биде во интерес на глобалната животна средина, а истото ќе има моќ да наметнува едни нови прописи за животната средина и да преземе правни санкции против сите оние држави кои не ги спроведуваат прописите.

• Таквиот предлог пропадна, иако 24 шефови на држави прифатија една декларација која повикува на ополномоштување на нов авторитет на ООН кој ќе дејствува дури и без едногласно прифаќање на некој договор.

• Повеќето глобални договори за животната средина се постигнати преку “ад-хок” преговори коишто вклучуваат само еден слаб мониторинг и принудни одлуки.

Page 8: ЖИВОТНАТА СРЕДИНА КАКО ПРЕМИЈА ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА НА МЕЃУНАРОДНИТЕ АКТЕРИ

Неадекватна правна структура и недостатоци во протоколарниот пристап

• Во последните години, Програмата за животна средина при ООН беше главниот иницијатор, а од неа произлегоа:

Конвенцијата за озонската обвивка (1985 година); Базелската конвенција за контрола на прекуграничните пренесувања на

опасните отпади и нивно депонирање (1988 година); и др..• Повеќето од интернационалните преговори за животната средина

следат пристап во два чекора;• Овој протоколарен пристап има произведено извесен број на договори:1. Конвенцијата за климатски промени;2. Конвенцијата за биолошка разновидност;• Целиот овој протоколарен пристап им овозможува на земјите да ги

стават своите потписи уште на почетокот, дури и во случаите кога не постои никаков договор за специфични акции кои мора да бидат преземени.

Page 9: ЖИВОТНАТА СРЕДИНА КАКО ПРЕМИЈА ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА НА МЕЃУНАРОДНИТЕ АКТЕРИ

Постоење на Закон за животна средина• Законот за животна средина е изготвен според принципите на

животната средина, вклучувајќи ја и екологијата, заштитата, раководството, одговорноста и одржливоста.

• Законите за контрола на загадувањето генерално се наменети (често за заштита и зачувување на природната и животната средина и здравјето на луѓето.

• Законите за заштита на ресурсите и управување воглавно ги балансираат (повторно, често со различен интензитет) придобивките од заштитата и економска експлоатација на ресурсите.

• Од економски аспект законите за животната средина можат да бидат сфатени дека се однесуваат на навремена заштита на моменталните и идните ефекти на прелевање и заштита на заедничките ресурси од индивидуалните исцрпувања.

Page 10: ЖИВОТНАТА СРЕДИНА КАКО ПРЕМИЈА ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА НА МЕЃУНАРОДНИТЕ АКТЕРИ

Улогата на Обединетите нации во поглед на заштита на животната средина

• Во рамките и под покровителство на ОН, одржани се повеќе меѓународни научни и стручни средби .

• Ја издовјувам Конвенцијата за граѓанската одговорност за штетите настанати од активностите кои се опасни за животната средина (позната уште и под името Лугано конвенција).

• Основните цели кои треба(ше) да ги оствари Лугано конвенцијата се следните:

1. Остварување на поголемо единство помеѓу државите членки на Советот на Европа

2. Подобрување на квалитетот на животот на луѓето, посебно промовирањето на здрава и пријатна животна средина

3. Неопходност од спроведување на граѓанска одговорност и обезбедување на соодветна надокнада на штети кои ќе бидат предизвикани од активностите кои се опасни за животната средина

4. Усвојување на принципот “загадувачот плаќа” како основа за објективната одговорност

5. Потребата да се предвидат одредени средства и мерки со кои ќе се спречат активностите кои се опасни за животната средина и кои ќе обезбедат животната средина да се врати во претходната состојба

Page 11: ЖИВОТНАТА СРЕДИНА КАКО ПРЕМИЈА ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА НА МЕЃУНАРОДНИТЕ АКТЕРИ

Институции надлежни за креирање и спроведување на политиките и правата на животната средина во

ЕУ• Поголем број на различни институции на ЕУ имаат одредени надлежности во

областа на животната средина или мора да бидат од значајност за областа на животната средина. Некои од нив имаат општ карактер со формално дефинирање на надлежностите во Лисабонскиот договор како што се, на пример,

1. Европскиот парламент;2. Советот на Европската унија (или Советот на министри);3. Европската комисија;4. Европската инвестициона банка;5. Судот на правдата на ЕУ;

додека некои од нив првенствено се занимаваат со прашањата на животната средина.6. Европска агенција за животна срединаЕвропската агенција за животна средина (EEA) е основана во 1990 година, и нејзината улога е поддржување на одржливиот развој и постигнување на значаен и мерлив напредок во зачувувањето на животната средина во Европа, давајќи притоа важни и доверливи информации на институциите кои ја креираат политиката и донесуваат одлуки, но и најшироката јавност.

Page 12: ЖИВОТНАТА СРЕДИНА КАКО ПРЕМИЈА ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА НА МЕЃУНАРОДНИТЕ АКТЕРИ

Потребата од системска реформација

• Кластерите на земјите со заеднички еколошки интереси секогаш треба да се охрабруваат да одржуваат состаноци доволно време пред почетокот на формалните преговори за формирање на одредени сојузи, се со цел да се истражат нивните интереси

• Бидејќи ОН и УНДП имаат претставништва низ целиот свет, во некои региони овие канцеларии може да ја извршуваат функцијата на посредници

• Најефективниот начин за соочување со проблемот на размена на информации е изградбата на еден процес на регионални собири

• Најефективниот начин за соочување со проблемот на размена на информации е изградбата на еден процес на регионални собири

• Генералното собрание на ОН исто така мора да инсистира на што поголема координација во рамките на системот на Обединетите нации.

Page 13: ЖИВОТНАТА СРЕДИНА КАКО ПРЕМИЈА ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА НА МЕЃУНАРОДНИТЕ АКТЕРИ

Климатска дипломатија и (не) успешноста на конвенциите до денес (Со посебен преглед на Кјото

протоколот)

• Протокол од Кјото кој Соединетите Американски Држави и другите развиени земји го отфрлија овој нацрт договор, а неколку држави во развој исто така укажаа дека не можат да прифатат некои негови параграфи, што ни зборува за длабоката поделеност која ги карактеризираше овие преговори уште од нивниот почеток.

• Едно од клучните несогласувања беше она околу парите. • САД никогаш не се придружија на Протоколот од Кјото, додека Јапонија, Нов

Зеланд, Канада и Русија не сакаа да бидат дел од продолжението на договорот, а сето тоа значи дека истиот би покривал скоро околу 15% од светските емисии на гасови со ефект на стаклена градина. Државите од светот поставија рок до 2015 година за постигнување на еден поширок договор кој би ги вклучил и развиените држави и оние кои се во развој и кои сега произведуваат мнозинство од светските емисии.

• Кјото протоколот генерално се гледа како првиот важен чекор кон вистинскиот глобален режим за намалување на емисијата која ќе ги стабилизира емисиите на гасови на стаклената градина и ќе даде една основна структура на идниот меѓународен договор за климатските промени.

Page 14: ЖИВОТНАТА СРЕДИНА КАКО ПРЕМИЈА ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА НА МЕЃУНАРОДНИТЕ АКТЕРИ

Улогата, влијанието, функциите и потребата од постојано активирање на еколошкиот Секретаријат

• Самиот Секретаријат треба да биде почетната точка за контакт на невладините учесници коишто утврдуваат дека нивните национални лидери немаат волја да ги слушнат нивните проблеми, односно нивните идеи.

• Истите тие бараат формирање на:1. Поширок консензус којшто ќе има потреба од

ефикасно презентирање на сите акционери;2. Меѓусебно влијание на интереси;3. реален компромис насочен кон

максимизирање на заедничките бенефиции;4. Олеснување преку соодветни неутрални

учесници во различни делови од процесот;• На табелатаможе да се види дострелот на

улогите кои може да го има еден активен секретаријат во секоја од процесните фази

Фази од изработка на договор

Функции

Претпреговарање - Предвидувања и утврдувања на конфликтите- Почетни консултации помеѓу членовите и

релативните вложувачи- Почетна идентификација на вложувачите; активно

избирање на претставници и потенцијални вложувачи

- Потпомагање на преговарањето и обука на членовите, вложувачите и на службениците во секретаријатот во врска со дискусијата за резолуцијата

- Потпомагање на работилниците за решавање на проблемите

- Потпомагање на заедничките напори за утврдување на фактите

- Извршува интервенција, ако е потребно

ПреговарањеСоздадена опција - Извршува интервенции, доколку е потребно

- Потпомагање на употребата на опциско – генеративниот процес со членовите и вложувачите во поглед на спојувањето на проблемите, стимулации/компензација/согласување

Пакет – договор - Подготвување на пакет – опциите, консултирајќи се со членовите и совложувачите

Скицирање договор - Го потпомага развојот на единствениот текст за преговарање

- Обезбедување на вклучување на менаџментот со спорот и правилата на дискутирање за конфликтната резолуција

Потпишување договор - Шатл консултација

Ратификација - Шатл консултација и/или интервенција- Менаџерска помош за да се соочи со проблемите

коишто излегуваат во текот на овој период

ИмплементацијаМониторинг - Определува тело одговорно за мониторинг на

договорот(ите) според целите/предопределување на критериумите развиени во текот на раните етапи

Согласување - Надгледување на придржувањето до мониторингот- Извештаи за прекршувања за целата група- Имплементирање на усогласената процедура за да

се соочи со прекршувањата

Повторно преговарање

- Прв момент за контакт, ако е неопходно повторното преговарање

Page 15: ЖИВОТНАТА СРЕДИНА КАКО ПРЕМИЈА ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА НА МЕЃУНАРОДНИТЕ АКТЕРИ

Заклучок

ПРЕПОРАКИ:

Обединетите нации и нејзиното Генерално собрание да создаде и прифати нов пристап во создадвањето на еколошки спогодби, кој не само што ке ги систематизира преговорите за еколошките спогодби туки ке направи и синхронизација на глобалните очекувања.

Сите суверени земји треба да имат еднаква можност да се потпрат на фактот дека, преку создавањето на еколошки спогодби ќе се направи процес кој што во определени рамки ќе создаде и гласачки одредби и на тој начин секој ке има подеднаков удел во глобалната еколошка политика

Да се направи дефинирање прво на опфатот на заканата и клучните принципи како што е принципот “загадувачот плака”, принципот на одржливост, па потоа да се применат во формулирањето на светскиот однос кон специфичниот проблем.

Кога ке дојде до констатација дека постои одреден проблем од светски рамки, ако 50 проценти од земјите –членки на ОН се согласат дека треба да се реагира на определен начин и со одредени мерки, треба да се пристапи кон процеост на создавање спогодба преку координација на Административниот комитет за координација на ОН и ова треба да се ограничи на 6-10 месеци и секако со потпишување на документ кој што ке биде цел за вршење на краток преглед на научна база, за да се сватат ризиците посериозно и во тој документ ке се набројат оние принципи кои ке го водат глобалното истражување кон одредена реакција која што ке даде резултат.

Page 16: ЖИВОТНАТА СРЕДИНА КАКО ПРЕМИЈА ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА НА МЕЃУНАРОДНИТЕ АКТЕРИ

ПРЕПОРАКИ:

Клучна е улогата на националната дипломатија, затоа е потребно добро совладување на преговарачките вештини во поглед на секој дипломатски претставник кој ќе ги застапува интересите на својата земја. Во поглед на тоа, важно е да се користат проверени, образовани, исклучително перцептивни дипломати кои што ја познаваат зелената дипломатија и би се вклучиле во процесот на преговарање веднаш по стапувањето на функција.

Конечната идентификација на приоритетните проблеми, целите и мерките да се потпираат на опсежни анализи, стручни совети, анализа на клучни стратешки документи на земјите како и консултации со другите субјекти, органи на управа,релевантни институции и надворешни заинтересирани страни.

Човекот е тој што треба да предземе се за да ја спаси земјата. Преговорите, новите чекори на одржлив развој, имплементацијата на законите и директивите донесени на конвенциите, треба да се водич за секоја земја, доколку се сака да се предземе вистински чекор за успешна дипломатија на животната средина.

Page 17: ЖИВОТНАТА СРЕДИНА КАКО ПРЕМИЈА ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА НА МЕЃУНАРОДНИТЕ АКТЕРИ

ВИ БЛАГОДАРАМ НА ВНИМНИЕТО

Бојана Димитријевиќ