6
Суеверија и народни верувања во светот Суеверието е верување во натприродни дејствија, поточно, верување дека некој настан е причина што води до појава на друг, без притоа да има рационален процес или физички објаснива врска помеѓу тие два настани.Со текот на времето, во различни земји се востановувале различни народни верувања т.е. суеверија.Еве неколку интересни примери, како и сличности и разлики меѓу нив. Италија Бројот 17 е несреќен број. Кога група луѓе си честитаат нешто, ако се вкрстат рацете, тоа носи лоша среќа (во Македонија тоа значи дека наскоро ќе има свадба). Ако неоженет човек или неомажена девојка седи на агол на маса, нема да се ожени/омажи (ова суеверие постои и во Македонија и во Русија). За добра среќа, преку левото рамо се фрла сол. Ако падне виљушка на земја, ќе дојдат гости. Русија Ако птица застане на прозорец и чука со клунот или ако влезе во собата, се смета за многу лоша среќа, а некои веруваат и дека носи смрт. Ако некого го чеша десното око – ќе има среќна случка, ако го чеша левото око – тоа е несреќа. Ако заврне дожд на нечија свадба, тогаш младиот брачен пар ќе биде многу богат. Кога се има интервју за работа, или испит/тест на факултет/училиште, ако се намести наутро креветот, ако се облече нешто ново или ако се сечат нокти се смета за многу лоша среќа. Огледување во скршено огледало носи несреќа (во истото веруваат и во Македонија, во Америка и на други места).

Суеверија и Народни Верувања Во Светот

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Суеверија и Народни Верувања

Citation preview

Page 1: Суеверија и Народни Верувања Во Светот

Суеверија и народни верувања во светот

Суеверието е верување во натприродни дејствија, поточно, верување дека некој настан е причина што води до појава на друг, без притоа да има рационален процес или физички објаснива врска помеѓу тие два настани.Со текот на времето, во различни земји се востановувале различни народни верувања т.е. суеверија.Еве неколку интересни примери, како и сличности и разлики меѓу нив.

Италија

Бројот 17 е несреќен број.

Кога група луѓе си честитаат нешто, ако се вкрстат рацете, тоа носи лоша

среќа (во Македонија тоа значи дека наскоро ќе има свадба).

Ако неоженет човек или неомажена девојка седи на агол на маса, нема да

се ожени/омажи (ова суеверие постои и во Македонија и во Русија).

За добра среќа, преку левото рамо се фрла сол.

Ако падне виљушка на земја, ќе дојдат гости.

Русија

Ако птица застане на прозорец и чука со клунот или ако влезе во собата, се

смета за многу лоша среќа, а некои веруваат и дека носи смрт.

Ако некого го чеша десното око – ќе има среќна случка, ако го чеша левото

око – тоа е несреќа.

Ако заврне дожд на нечија свадба, тогаш младиот брачен пар ќе биде многу

богат.

Кога се има интервју за работа, или испит/тест на факултет/училиште, ако

се намести наутро креветот, ако се облече нешто ново или ако се сечат нокти се

смета за многу лоша среќа.

Огледување во скршено огледало носи несреќа (во истото веруваат и во

Македонија, во Америка и на други места).

Германија

Да се убие пајак, тоа ќе предизвика голема несреќа за тој што го убил.

Ако новороденчето се стави на левата страна од креветот кога првпат ќе се

донесе дома, тогаш кога ќе порасне ќе биде трапаво (слично верување има и во

Америка).

Page 2: Суеверија и Народни Верувања Во Светот

Ако наутро некој помине помеѓу две стари жени, остатокот од денот се ќе му

оди наопаку.

Ако сите дома легнат да спијат, а масата за јадење не е исчистена, тогаш

најмладиот член на семејството лошо ќе спие.

Секојпат кога некој ќе запали цигара од свеќа, еден морнар умира.

Шпанија

Солта не се подава од рака на рака, туку се остава на маса каде другиот

може да ја дофати. Ако се подаде, се расипува среќата.

Ако невеста носи нешто сино, ќе има убав брак и многу љубов (истото

верување го има и во Америка).

Вторник 13-ти (а не петок 13-ти) се смета за баксузен ден.

Чантата не се става на земја бидејќи тоа носи несреќа во однос на пари

(губење, помалку примања, недостиг на средства). Ова се сретнува како верување

и во Македонија.

Ако некој наздрави со чаша вода, ќе има лош секс 7 години.

Америка

Не е добро за се купува облека за бебе кое не е родено.

Полна месечина е знак за добар почеток на нова работа и за напуштање на

стара.

Кога се тргнува на пат не треба да се враќа назад дома ако се заборави

нешто – тоа носи лоша среќа (ова верување се сретнува и во Македонија).

Вечерта за Нова година треба да се носи бело, за да се има среќа цела

година (ова верување се сретнува и во Бразил).

За да има среќен и плоден брак, невестата треба да носи нешто ново,

нешто старо, нешто сино и нешто позајмено.

Македонија

Бројот 13 се смета за несреќен број.

Ако некој од домот заминува на пат, тие што остануваат дома не треба да

фрлаат ѓубре по него (сè додека не ја помине првата вода, на пример река и сл.).

Ако мувите касаат, доаѓа дожд.

Кога се влегува во нечиј нов дом или во нова канцеларија, се фрлаат

парички на земја, за да биде богато семејството/да носи пари фирмата.

Page 3: Суеверија и Народни Верувања Во Светот

Ако некој кој јаде го смени местото за време на јадењето, ќе ја смени и

сопругата/сопругот. Ако црна мачка ви го пресече патот, треба да тргнете по друг или да се

вратите неколку чекори назад, инаку нешто лошо ќе се случи (во други земји тоа се смета за среќа).Во стариот Египет божицата Баст била црна женка мачка. Црната мачка која ви го пресекува патот според христијанските верувања е демон којна вашиот пат создава злобна препрека која ве одвојува од бога и спречува влез на небото.

Среќа е... 

Ако во куќата ви влезе жаба. Ако одите кај фризер и ја скратите косата кога има невреме, животот ќе

ви биде посреќен. Одење по дожд, кршење проѕирни чаши од необоено стакло, ако на вас

слета бубамара, ако ве чеша главата на врвот на темето...

Несреќа е...

Петок 13ти - Според скандинавското верување бројот 13 е несреќен затоа што 12-те скандинавски богови ги здружил 13-тиот кој бил зол; според христијанското верување Исус бил распнат во петок, а бројот на гостите на последната вечера бил токму 13 каде 13-тиот бил предавникот Јуда.

Секако, ако сакате да ја избегнете несреќата немојте да ставате шешир на кревет, да сечете нокти во петок, да станете од кревет на лева нога, да искршите огледало, да пеете пред доручек, да отворите чадор дома, на Велигден обавезно облечете нови алишта и сл.

Останати верувања :

Ако куче јаде трева значи дека ќе врне. Стаорци кога бегаат од брод - бродот ќе потоне Прекрстени нозе додека играте карти носи несреќа. Ако ве чеша носот сигурно ќе се скарате со некого. Дете кое се раѓа со заби кога ќе порасне ќе стане себична личност. Ако додека сте живееле сте биле злобни, на гробот ќе ви расте коров. Несреќа е ако на погреб дојде бремена жена.

-Многумина ќе кажат дека 13 е несреќен број или дека 666 навестува зло.  Но, најголемиот дел од луѓето не знаат од каде водат потекло суеверијата врзани со

Page 4: Суеверија и Народни Верувања Во Светот

броевите.

4 - Бројот 4 има негативна конотација во кинеската култура. Причината за тоа е што зборот за 4 на кинески звучи многу слично на зборот за смрт. Како последица на тоа, дури и денес, голем дел од зградите немаат катови со ознака 4, 40-49 и сите броеви во кои влегува бројот 4, а со сигурност, во хотелите нема да сретнете соба на која е залепен бројот 4.

13 - Суеверието врзано со „несреќата што ја носи“ бројот 13 веројатно е најраспространето нумеролошко суеверие на светот. Постојат повеќе приказни за тоа како 13 ја добил „несреќната моќ“, меѓу кои предничат оние за исфрлањето на тринаесеттиот знак од зодијакот и бројот на присутни на тајната вечера. Како последица од ова суеверие, во многу држави во светот се избегнува бројот 13 за означување катови, соби или што и да е друго.

17 - Бројот 17 има негативна конотација во италијанската култура. Со римските бројки, 17 се пишува XVII.На латински, анаграмот од овој број е зборот VIXI, што значи „живеев“, а истиот многу често се среќава на надгробни споменици.Поради тоа, многу од хотелите во Италија немаат соба број 17 на ниту еден кат.

18 - Бројот 18 има позитивна конотација во еврејската култура. Зборот „каи“ што на хебрејски значи „живее“ се пишува со осмата и десеттата буква во азбуката. Кога ќе се соберат, се добива среќниот број. Поради тоа, паричните подароци на прославите најчесто се множат по 18!

666 - Во Библијата, бројот 666 се посочува како бројот на ѕверот. Оттаму, долго време тој стои како симбол за злото.Како последица на симболиката, еден провајдер на телекомуникациски услуги во Америка, го отфрли бројот како префикс за фиксната телефонија.

Page 5: Суеверија и Народни Верувања Во Светот

Користена литература:

http://forum.crnobelo.com/threads/%D0%94%D0%B0%D0%BB%D0%B8-%D1%81%D1%82%D0%B5-%D1%81%D1%83%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B8.1433/

http://365.com.mk/statii/razno/4970-potekloto-na-numeroloshkite-sueverija

http://www.kafepauza.mk/zanimlivosti/sueverija-i-narodni-veruvanja-vo-svetot/