Програми со потпрограми (функции и процедури) Кога се проектира некој сложен програм потребен е тим на програмери од кои секој добива одредена задача. На овие задачи сите програмери работат истовремено што го забрзува времето на изработка на целиот програм. Затоа е потребно да постои можнoст на поврзување на различни модули во сложена целина. Покрај тоа, на програмериоте им стои на располагање и голема библиотека на веќе готови програми кои можат едноставно да се вметнат во основниот програм. За да се овозможи тимска работа и користење на веќе готови програми во C++ се користат потпрограми ( функции и процедури). Со нивно користење се овозможува: Различни луѓе да работат на различни делови на програмата во исто време; Исти структурен блок (функција или процедура) може да се употреби на повеќе места иако е запишан само еднаш; Програмата станува поедноставна, попрегледна и пократка. 1.Функциски потпрограми Функциските потпрограми го добиле името, бидејќи имаат само една излезна вредност , исто како и функциите во математика. Излезната вредност се пресметува од влезните аргументи, кои се нарекуваат влезни формални аргументи и се ставаат во заграда по името на функцијата. Општиот облик на функциска потпрограма изгледа вака: потпрограма Име(листа на влезни формални аргументи); почеток . . .