3

Click here to load reader

ТЕОФИЛ ПАНЧИЌ ОДИ ВО МАКЕДОНИЈА

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Текст/ колумна објавена на think.mk

Citation preview

Page 1: ТЕОФИЛ ПАНЧИЌ ОДИ ВО МАКЕДОНИЈА

Теофил Панчиќ оди во МАКЕДОНИЈА

Текстот на првото перо ( ок. ова е фразичка,ама од оние малку поинвентивните) на екс југословенското новинарство за Македонија, го најдов, а каде на друго место, ако не на ФБ.

Не требаше многу памет, а ниту пак време за да се разбере дека коментарот Прометеј по гаќи во локалната ни јавност, е интерпретиран како уште една голема социјал – демократска победа за Македонија. Секако за оние блажени душички кои што уште веруваат во можна/ скора победи на рада - зајевиот СДСМ.

Елем, ( србо – турцизам кој кај нас се одомаќи благодарение на некритичкото превземање на белградскиот сленг, најмногу по заслуга на разубавената ни престолнина) текстот не го доживувам како напад врз мојата земја. За тоа нема потреба. Прво, премногу добро го знам човекот. Искрено, физички најмногу се имам доближено до овој полу – бог на пишаната реч, некаде мислам во 2006, додека заедно на еден новосадски Егзит, минута – две, чекавме ред пред пластичните кабини за вршење на светата должност на мала нужда. Веројатно ми беше срам да му пријдам и набрзина да му ја изрецитирам онаа фасцинантна босанска максима – Теофиле ти си мене Тито! Мислам, во доцните 90 – ти, како млад &надежен слушател на курсот за новинарство, инаку наменет за глупите деца при Правниот факултет Јустинијан Први ( оти со декрет е кажано дека паметните одат на правен/ политички студии ) редовно се дружев со белградско ВРЕМЕ и текстовите на актуелниот патеписец. Сосем доволно за да знам дека не е автор кој би влегов во србијанското клише според кое секој Македонец генетски е предодреден да печи леб у белиградску чаршију, ката ден да јади гравче, погрешно викано од екс југословените на тавче и секако стереотип Но 1; ако веќе не можеме сите да бидеме Тоше Проески, тогаш секој припадник на родот на цепенковите штркови, со малку труд, пожртвуваност и ентузијазам може да се приближи до народскиот шарм на Селимова – Желчевски.

Второ, тешко е некој кој се занимава со новинарство уште од времето кога браварот беше бог, да биде преведен жеден преку вода и набрзина да му се смести дувачки инструмент насочен кон опозициската тиква.

Трето, не можам да приложам некој посериозен аргумент кон тоа дека покрај гламурот на Скопје 2014 и се она што се подразбира под истиот, во Македонија се живее бедно.

Page 2: ТЕОФИЛ ПАНЧИЌ ОДИ ВО МАКЕДОНИЈА

Но самиот текст има еден поприлично голем недостаток, да го речам, во перцепирањето на општата слика. Што и да значи ова последново. Ако си речиме правина, против ова најмалку јас можам да се бунам, оти како автор на повеќе од педесетина патеписи од Саранда до Осло, и назад, кој знае какви глупости имам тропнато. Чисто за пример, своевремено мечето Ушко го прогласив за живо битие од чешка националност, и ќути арно шо не ме разбраа Пољаците.

Прометеј по гаќи ме мотивира да поставам едно прашање до прогресивните сили од нашата уличка, кои се архетипски анти –под на лошите конзервативци кои во 2006 ја киднапираа жална Македонија. Па и до Теофил Панчиќ. Кои се тие прогресивни, по дефиниција млади луѓе ( лично јас во тинејџерството никогаш не бев радикален, од пусти страв дека на старост ќе бидам екстремно конзервативен) кои што бараат да се покориме на волјата на посилниот? Зошто дваесет години на една селанска и мала земја in the middle of the nowhere и се оспорува правото да го користи своето име? Какви се тие левичари, либерали, прогресивци, ме разбираш ти мене мој Таофиле, кои што во еден ваков бизарен спор, со кој секоја грчка влада со амин на големите сили не малтретира, еве веќе јубилеј дваесет години дадовме, веднаш си го наоѓаат своето место на страната на посилниот? Па тераат трибинчиња, не просветлуваат преку веле учени дебати и трујат на 24 вести дека треба да се пазариме со името, во полза на општото добро кое Македонија ќе ја одведе во светла иднина.

Белким финтата е ако си напред со времето, секогаш да се ставаш на страната на послабиот! Иако, идеологијата барем во локалнава верзија, повеќе е некој вид на религија за луѓе што впишале 8 семестри на општествени науки во индексот и чекаат ухлебие ја кај Груевски, ја на проект со сомнителни парички пуштени од цивилизираниот запад. Во крајна линија, кој вели дека сте добар христијанин ако два пати годината, во правилни интервали од по 40 дена јадите само зелка и компири, и сркнувате винце од лајче во форма на свечен чин?

Има во тоа Скопје 2014 и мегаломанија, национална фрустрација, па белким некаде се провлекол и кич. Но тоа е во исто време и сосем логичен одговор на волјата на Брисел, и неговата потреба да му угодува на шовинистичките страсти во форма на државна политика, на своето медитеранско чедо, со кое господ не усреќи да ни биде јужен сосед.

Кога боговите го оковале Прометеј на некоја кавкаска планина, тој велат, воопшто не се покајал затоа што на луѓето им го дал огнот. – Подобро цел живот ќе бидам окован на карпа, отколку да им бидам покорен слуга на боговите. Така велат, рекол еден од последните титани, додека берел душа таму негде џенем во Азија. Ова секако може да

Page 3: ТЕОФИЛ ПАНЧИЌ ОДИ ВО МАКЕДОНИЈА

биде интерпретирано и како бајка за возрасни& наивни. Ама во едно сум сигурен – добар е Фром!

Константин Петровски