32
МАЛИОТ ПРИНЦ Антоан де Сент-Егзипери ЛИЦА: ПИЛОТОТ МАЛИОТ ПРИНЦ ЦВЕЌЕТО ЦАРОТ ВООБРАЗЕНИОТ ПИЈАНИЦАТА БИЗНИСМЕНОТ ФЕНЕРЏИЈАТА ГЕОГРАФОТ ЗМИЈАТА ЛИСИЦАТА СПРОВОДНИКОТ НА ВОЗОВИ ТРГОВЕЦОТ

Малиот Принц

Embed Size (px)

Citation preview

МАЛИОТ ПРИНЦ

Антоан де Сент-Егзипери

ЛИЦА:

ПИЛОТОТ

МАЛИОТ ПРИНЦ

ЦВЕЌЕТО

ЦАРОТ

ВООБРАЗЕНИОТ

ПИЈАНИЦАТА

БИЗНИСМЕНОТ

ФЕНЕРЏИЈАТА

ГЕОГРАФОТ

ЗМИЈАТА

ЛИСИЦАТА

СПРОВОДНИКОТ НА ВОЗОВИ

ТРГОВЕЦОТ

1

1.

ПИЛОТОТ: Кога имав шест години, еднаш, во една книга за прашумата, видов

чудесна слика на која беше претставена змијата боа како голта

еден шумски ѕвер. Во книгата пишуваше: “Змиите боа својот

плен го голтаат цел, без да го џвакаат. Потоа тие не можат да се

помрднат од место, се додека трае варењето.“

Јас тогаш многу размислував за разните доживувања во џунглата и успеав, со

боица да го направам својот цртеж број 1. Тој изгледаше вака: (покажува)

Им го покажав своето ремек-дело на возрасните и ги прашав дали мојот

цртеж им влева страв.

ВОЗРАСЕН: А зошто да ни е страв од една шапка?

ПИЛОТОТ: Мојот цртеж воопшто не претставуваше шапка, туку една змија

боа, која што беше голтнала еден слон. Тогаш ја нацртав внатрешноста на

змијата боа, за да можат да ме разберат возрасните. На возрасните треба

секогаш да им објаснуваш. Мојот цртеж бр. 2 изгледаше вака: (покажува)

ВОЗРАСЕН: Слушај, престани да црташ змии и почни да се занимаваш со

сериозни работи, на пример со географија, историја, сметање, граматика...

ПИЛОТОТ: Така, на возраст од шест години, јас ја напуштив прекрасната

сликарска кариера. Требаше да изберам друга професија и јас се научив да

управувам со авион. Летав по малку на секаде по светот. Во животот имав

многу средби со многу возрасни луѓе. Сум ги гледал од многу блиску. Тоа не

ме натера да имам поубаво мислење за нив. Кога ќе сретнев некој кој што ми

изгледаше малку побистар, јас го проверував со мојот цртеж бр. 1.

ВОЗРАСЕН: Тоа е шапка!

ПИЛОТОТ: Тогаш, не му раскажував ниту за змиите боа, ниту за прашумите,

ниту за ѕвездите. Се приспособував на него. Му зборував за голф.

ВОЗРАСЕН: О!

2

ПИЛОТОТ: За бриџ.

ВОЗРАСЕН: У!

ПИЛОТОТ: За политика и за вратоврски.

ВОЗРАСЕН: Да, да се разбира.

ПИЛОТОТ: И возрасниот беше задоволен.

ВОЗРАСЕН: Каков паметен и симпатичен човек – ист како мене.

ПИЛОТОТ: Живеев така, сам, без да имам со кого вистински да разговарам,

додека не ми случи едно принудно слетување во пустината Сахара. Немав

ниту механичар, ниту патници, а се подготвував да извршам една многу

тешка поправка на својот авион. За мене тоа беше прашање на живот или

смрт. А вода за пиење имав одвај за осум дена. И така: првата ноќ на

песокта, илјади и илјади километри далеку од секакво населено место.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Те молам, нацртај ми една овца!

ПИЛОТОТ: Што?

МАЛИОТ ПРИНЦ: Нацртај ми една овца!

ПИЛОТОТ: Што бараш ти тука?

МАЛИОТ ПРИНЦ: Нацртај ми една овца!

ПИЛОТОТ: Јас не знам да цртам.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Ништо, нацртај ми една овца!

ПИЛОТОТ: (ги вади цртежите од џебот)

МАЛИОТ ПРИНЦ: Не, не сакам слон во боа.

ПИЛОТОТ: Ха!

МАЛИОТ ПРИНЦ: Боата е нешто опасно, а слонот зафаќа многу место. Таму,

кај мене, се е многу мало. Ми треба овца. Нацртај ми една овца.

3

ПИЛОТОТ: Добро. (црта) Еве!

МАЛИОТ ПРИНЦ: Не! Оваа е болна. Нацртај друга!

ПИЛОТОТ: (црта)

МАЛИОТ ПРИНЦ: Ете, гледаш... Тоа е овен, има рокчиња...

ПИЛОТОТ: (црта) А, оваа?

МАЛИОТ ПРИНЦ: Таа е стара. Сакам овца која ќе живее долго време.

ПИЛОТОТ: (црта) Овцата е внатре...

МАЛИОТ ПРИНЦ: Е, токму тоа ми требаше. Мислиш дека за оваа овца ќе

треба многу трева?

ПИЛОТОТ: Зошто?

МАЛИОТ ПРИНЦ: Таму, кај мене, се е многу мало...

ПИЛОТОТ: Сигурно нема да и треба многу. Јас ти дадов многу мала овца.

МАЛИОТ ПРИНЦ: (го забива носот во цртежот) Па, и не е толку мала... Гледај!

Шшшшт!

ПИЛОТОТ: Зошто?

МАЛИОТ ПРИНЦ: Таа заспа...

ПИЛОТОТ: Ете така се запознав со Малиот Принц...

2.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Што е ова?

ПИЛОТОТ: Тоа е авион. Мојот авион. Тој лета.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Што? Ти си паднал од небото?

ПИЛОТОТ: Да.

4

МАЛИОТ ПРИНЦ: Смешно... Значи и ти доаѓаш од небото? Од која планета

си?

ПИЛОТОТ: Ти, значи, доаѓаш од друга планета?

МАЛИОТ ПРИНЦ: Навистина, со ова не би можел да дојдеш од многу

далеку...

ПИЛОТОТ: Од каде доаѓаш ти? Каде е тоа – „таму кај мене“? Каде сакаш да ја

однесеш мојата овца?

МАЛИОТ ПРИНЦ: Добро е тоа што ми го даде сандакот, тој ќе и служи ноќе

како куќарка...

ПИЛОТОТ: Се разбира. И ако си добар, ќе ти дадам и едно јаже, за да ја

врзуваш дење...

МАЛИОТ ПРИНЦ: Да ја врзувам? Каква смешна идеја!

ПИЛОТОТ: Ако не ја врзуваш, таа ќе замине којзнае каде...

МАЛИОТ ПРИНЦ: (се смее) А, каде би отишла?

ПИЛОТОТ: Сеедно. Право пред себе...

МАЛИОТ ПРИНЦ: Таму кај мене, се е сосем мало. Ако одиш право пред себе,

нема да стигнеш многу далеку...

ПИЛОТОТ: (кон публиката) Така го запознав второто важно нешто, дека

неговата планета, не беше поголема од куќа...

МАЛИОТ ПРИНЦ: Вистина ли е дека овците јадат грмушки?

ПИЛОТОТ: Да, вистина е.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Јас сум сега задоволен. Според тоа, тие јадат и баобаби.

ПИЛОТОТ: Баобабите не се грмушки, туку дрвја големи колку цркви и ако

однесеш цело стадо слонови, тие одвај ќе изедат еден баобаб.

5

МАЛИОТ ПРИНЦ: Но, пред да пораснат, баобабите се мали.

ПИЛОТОТ: Точно. Но, зошто сакаш твојата овца да јаде мали баобаби?

МАЛИОТ ПРИНЦ: Добро. Ќе видам.

3.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Многу го сакам залезот на сонцето. Да одиме да видиме

како заоѓа сонцето...

ПИЛОТОТ: Но треба да чекаме...

МАЛИОТ ПРИНЦ: Што да чекаме?

ПИЛОТОТ: Сонцето да зајде.

МАЛИОТ ПРИНЦ: (се смее) Јас секогаш мислам дека сум си кај мене!

ПИЛОТОТ: На твојата толку малечка планета тебе ти беше доволно само да го

повлечеш твоето столче за неколку чекори. И си можел да го гледаш залезот

секогаш кога ти се присакувало...

МАЛИОТ ПРИНЦ: Еден ден го видов зајдисонцето четириесет и три пати...

Знаеш... кога сме многу тажни го сакаме залезот...

ПИЛОТОТ: Значи, оној ден со четириесет и трите залези ти си бил толку

многу тажен?

(Малиот Принц не одговори)

4.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Штом овцата јаде грмушки, таа исто така ќе јаде и

цвеќиња?

ПИЛОТОТ: Овцата јаде се што ќе најде.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Дури и цвеќиња кои што имаат боцки?

ПИЛОТОТ: Да, дури и цвеќиња кои што имаат боцки.

6

МАЛИОТ ПРИНЦ: Тогаш, зошто им служат боцките?

ПИЛОТОТ: Не знам.

МАЛИОТ ПРИНЦ: За што служат боцките?

ПИЛОТОТ: Боцките не служат за ништо, цвеќињата со нив си јапокажуваат

злобата.

МАЛИОТ ПРИНЦ: О! Не ти верувам! Цвеќињата се нежни и наивни. Тие се

заштитуваат како што можат. И мислат дека се страшни со своите боцки...

ПИЛОТОТ: Ако овој винт не се отвори, ќе го извадам со еден удар на чеканот.

МАЛИОТ ПРИНЦ: И ти мислиш дека цвеќињата...?

ПИЛОТОТ: Не, не, не! Јас ништо не мислам! Ти одговорив како што ми

дојде... Јас сум зафатен со сериозни работи!

МАЛИОТ ПРИНЦ: Со сериозни работи!?!...

ПИЛОТОТ: Да!

МАЛИОТ ПРИНЦ: Ти зборуваш како возрасните! Ти се испобрка... ти се

испомеша! Знам една планета на која живе еден сино – црвен господин. Тој

никогаш не помирисал цвет. Никогаш не погледнал некоја ѕвезда. Никогаш

не сакал некого. Никогаш не правел ништо друго, само сметки. И цел ден

повторува како тебе: - Јас сум сериозен човек! Јас сум сериозен човек!

И тоа го тера да се надуе од гордост. Но, тој не е човек, туку печурка!

ПИЛОТОТ: Што?

МАЛИОТ ПРИНЦ: (со гнев) Печурка!... Милиони години цвеќињата

произведуваат боцки. Милиони години, овците сепак ги јадат цвеќињата. И

не било сериозно да сакаш да разбереш зошто цвеќињата се мачат да

произведуваат боцки кои што не служат за ништо. Не била важна војната

меѓу цвеќињата и овците? Тоа не е посериозно од сметките на некој дебел

сино – црвен господин?

7

ПИЛОТОТ: Но...

МАЛИОТ ПРИНЦ: Ако јас познавам едно цвеќе, кое што не постои на ниедно

друго место освен на мојата планета, а една мала овца може туку – така, без

да знае, да го уништи одеднаш – тоа не е важно, така?

ПИЛОТОТ: (се издишува)

МАЛИОТ ПРИНЦ: Ако сакаш едно цвеќе, кое што е единствено меѓу милиони

и милиони ѕвезди, доволно ти е да го погледнеш небото за да бидеш среќен.

Си мислиш: „Моето цвеќе е таму некаде.“ Но, ако овцата го изеде цвеќето –

за тебе сите ѕвезди ќе згаснат! И тоа не било важно! (плаче)

ПИЛОТОТ: Цвеќето што го сакаш не е во опасност... Јас ќе нацртам заштитен

оклоп за твоето цвеќе... ќе... (на публиката) Не знаев што уште да му кажам.

Се чувствував несмасен. Не знаев како да стигнам до него, како да му станам

близок... Толку е таинствена земјата на солзите!

Мрак.

5.

ПИЛОТОТ: Наскоро успеав подобро да го запознаам тоа цвеќе. На планетата

на Малио Принц имало многу едноставни цвеќиња. Тие се појавувале наутро

во тревата и овенувале навечер. Но, тоа цвеќе беше никнало од некакво

семе, донесено од којзнае каде.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Грмушката брзо престана да расте во височина и започна

да се подготвува цвет. Тоа си стави една огромна пупка и јас чувствував дека

од неа ќе излезе нешто чудесно. Тоа грижливо ги одбираше своите бои.

Сакаше да се појави само во целосниот блесок на својата убавина. О, да, тоа

беше многу кокетно! И потоа, едно убаво утро, точно во мигот кога сонцето

изгрева, тоа се покажа во сета своја убавина.

ЦВЕЌЕТО: Ах, одвај се разбудив! Ве молам да ми извините. Целата сум

разбушавена.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Колку сте убава!

8

ЦВЕЌЕТО: Нели? И се родив истовремено со сонцето!

МАЛИОТ ПРИНЦ: Веднаш забележав дека не беше многу скромно, но сепак

предизвикуваше толкава возбуда!

ЦВЕЌЕТО: Ги гледате овие боцки?

МАЛИОТ ПРИНЦ: Да!..

ЦВЕЌЕТО: Сега слободно можат да дојдат тигрите со своите канџи!

МАЛИОТ ПРИНЦ: На мојата планета нема тигри.

ЦВЕЌЕТО: О!?

МАЛИОТ ПРИНЦ: Освен тоа, тигрите не јадат трева.

ЦВЕЌЕТО: Јас не сум трева!

МАЛИОТ ПРИНЦ: Извинете...

ЦВЕЌЕТО: Јас не се плашам од тигрите, но ме фаќа ужас од ветрот.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Да се плашиш од ветрот... Тоа не им личи на цвеќињата.

ЦВЕЌЕТО: Имате ли параван?

МАЛИОТ ПРИНЦ: Параван? Ова цвеќе е со многу комплициран карактер...

ЦВЕЌЕТО: Навечер ќе ме покривате со стаклено ѕвоно. Овде кај Вас станува

многу студено. И лошо е уредена околината. Таму од каде што идам јас...

МАЛИОТ ПРИНЦ: Но, Вие дојдовте во форма на семе. Не можете да знаете

ништо за другите светови.

ЦВЕЌЕТО: (кашла) Кха, кха... А параванот?

МАЛИОТ ПРИНЦ: (збунет) Ќе Ви го донесев, ама Вие ме зазборувавте!

ЦВЕЌЕТО: Ах, Господи!.. Кха, кха...

9

МАЛИОТ ПРИНЦ: И покрај љубовта, јас почнав да се сомневам во него. Ги

сфатив сериозно безначајните зборови и тоа ме натажи. Но, не требаше да го

слушам. Човек никогаш не треба да ги слуша цвеќињата. Треба само да ги

гледа и да ги мириса. Моето цвеќе ја исполни со пријaтен мирис целата моја

планета, но јас не знаев да му се радувам. Зад наивните итрини, требаше да

ја разберам неговата нежност. Цвеќињата се исполнети со толку многу

противречности! Но, јас бев млад и не знаев како треба да го сакам! Затоа

решив да избегам. (кон цвеќето) Збогум!

ЦВЕЌЕТО: (тивко се накашлува) Кха, кха...

МАЛИОТ ПРИНЦ: Збогум.

ЦВЕЌЕТО: Бев глупава. Те молам да ми простиш.

МАЛИОТ ПРИНЦ: (збунет) Но...

ЦВЕЌЕТО: Да, се разбира дека јас те сакам... Моја грешка е дека не си знаел

за тоа. Но, сега тоа не е важно. А, и ти беше исто така будала, како мене.

Сакам да бидеш среќен...

МАЛИОТ ПРИНЦ: Да... го донесам стакленото ѕвоно?..

ЦВЕЌЕТО: Остави го тоа глупаво стаклено ѕвоно на мира. Не го сакам повеќе!

МАЛИОТ ПРИНЦ: А, ветрот?..

ЦВЕЌЕТО: Не сум толку настината... Свежиот ноќен воздух ќе ми помогне. Јас

сум цвеќе.

МАЛИОТ ПРИНЦ: А, животните?..

ЦВЕЌЕТО: Ако сакам да видам пеперутки, ќе треба да поднесам две – три

гасеници. Изгледа пеперуткитесе многу убави. Ако не се тие, кој ќе ме

посети? Ти? Ти ќе бидеш далеку. А, од големите животни не се плашам. И јас

имам канџи.

МАЛИОТ ПРИНЦ: И наивно ги покажа четирите боцки.

10

ЦВЕЌЕТО: Не одолговлекувај, непријатно е. Реши да си заминеш – оди!

МАЛИОТ ПРИНЦ: Затоа што не сакаше да видам дека плаче. Тоа беше многу

гордо цвеќе...

6.

(Малиот Принц заминува и оди на друга планета, врз чија што скромна

површина, се извиткал царскиот плашт на нејзиниот единствен жител –

Царот)

ЦАРОТ: А! Еве еден поданик. Приближи се да те видам поубаво.

МАЛИОТ ПРИНЦ: (се проѕева)

ЦАРОТ: Да се проѕева човек во присуство на Царот е спротивно на правилата.

Ти забранувам такво нешто.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Не можам да го запрам проѕевањето. Идам од долго

патување и воопшто не сум спиел...

ЦАРОТ: Тогаш, ти заповедам да се проѕеваш. Со години немам видено некој

да се проѕева. Ајде! Проѕевни се пак. Тоа е заповед.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Тоа е плаши... не можам повеќе...

ЦАРОТ: Тогаш, ти заповедам ту да се проѕеваш, ту да не се...

МАЛИОТ ПРИНЦ: Може ли да седнам?

ЦАРОТ: Ти заповедам да седнеш.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Господару, ве молам да ми извините, што Ве прашувам...

ЦАРОТ: Ти заповедам да ме прашаш.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Господару, над кого царувате Вие?

ЦАРОТ: Над се.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Над се?

11

ЦАРОТ: Над сето ова... (прави широко движење)

МАЛИОТ ПРИНЦ: И над ѕвездите?

ЦАРОТ: И над ѕвездите.

МАЛИОТ ПРИНЦ: А, тие... Ви се потчинуваат?

ЦАРОТ: Се разбира. Тие веднаш се потчинуваат. А, јас не поднесувам

непотчинување. Јас сум апсолутен монарх.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Сакам да видам едно зајдисонце... направете ми го тоа

задоволство... заповедајте Сонцето да зајде...

ЦАРОТ: Ако му заповедам на некој генерал да лета од еден цвет на друг,

како пеперутка или да напише трагедија, или да се претвори во морска птица

и ако генералот не ја исполни мојата заповед, кој од двајцата – тој или јас –

ќе биде виновен?

МАЛИОТ ПРИНЦ: Вие.

ЦАРОТ: Точно. Од секој човек треба да се бара она кое што тој може да го

даде. Власта треба да се темели на разумот. Јас имам право да барам

потчинување, затоа што моите заповеди се разумни.

МАЛИОТ ПРИНЦ: А, моето зајдисонце?

ЦАРОТ: Ќе го имаш. Јас ќе го побарам. Но, според мојата наука за

управување ќе почекам додека не се исполнат условите.

МАЛИОТ ПРИНЦ: А, кога ќе биде тоа?

ЦАРОТ: Тоа ќе биде... (гледа во својот календар)... хм... ќе биде вечерва

околу седум часот и четириесет минути! И ќе видиш како убаво ќе слушаат.

МАЛИОТ ПРИНЦ: О, немам време! Треба да одам.

ЦАРОТ: Немој да си одиш! Немој да си одиш! Јас те назначувам за министер!

МАЛИОТ ПРИНЦ: Министер за што?

12

ЦАРОТ: За правда!

МАЛИОТ ПРИНЦ: Ама овде нема кого да судиме!

ЦАРОТ: Тоа не се знае... Ќе си судиш самиот себе си. Тоа е најтешко. Многу

потешко е да си судиш самиот себе си, отколку на другите. Ако можеш

правилно да си судиш себе си, значи дека си вистински мудрец.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Јас можам да си судам себе си кај и да сум. Нема потреба

да останам тука. Ако Вашето Височество сака да му се потчинуваат може, на

пример, да ми заповеда да си одам по една минута. Ми се чини дека

условите се поволни... Збогум!

ЦАРОТ: (вика по него) Те назначувам за мој амбасадор!

МАЛИОТ ПРИНЦ: Возрасните се многу чудни!

7.

(Малиот Принц оди на планетата на која што живее вообразениот човек)

ВООБРАЗЕНИОТ: О! Еве еден обожавател, кој што доаѓа да ме посети.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Добар ден. Имате чудна шапка.

ВООБРАЗЕНИОТ: За да можам да поздравувам, кога ми ракоплескаат. За

несреќа никој не поминува наваму.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Навистина?

ВООБРАЗЕНИОТ: Удри со едната рака во другата.

МАЛИОТ ПРИНЦ: (удира) Вака?

ВООБРАЗЕНИОТ: Така. (поздравува со кревање на шапката)

МАЛИОТ ПРИНЦ: Ха, ова е посмешно отколку кај Царот! (плеска повторно)

ВООБРАЗЕНИОТ: Ти навистина си восхитен од мене?

МАЛИОТ ПРИНЦ: Што значи – восхитен?

13

ВООБРАЗЕНИОТ: Тоа значи да признаеш дека јас сум најубавиот, најубаво

облечениот и најпаметниот човек на целата планета.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Ама, ти си сам на твојата планета!

ВООБРАЗЕНИОТ: Ако! Восхитувај ми се! Направи ми го тоа задоволство!

МАЛИОТ ПРИНЦ: Јас ти се восхитувам, ама што значи тоа за тебе?

ВООБРАЗЕНИОТ: Ах, јас сум среќен!

МАЛИОТ ПРИНЦ: Возрасните луѓе навистина се чудни!

8.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Што правиш тука?

ПИЈАНИЦАТА: Пијам.

МАЛИОТ ПРИНЦ: А, зошто пиеш?

ПИЈАНИЦАТА: За да заборавам.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Што да заборавиш?

ПИЈАНИЦАТА: Да заборавам дека се срамам.

МАЛИОТ ПРИНЦ: А од што се срамиш?

ПИЈАНИЦАТА: Се срамам оти пијам!

МАЛИОТ ПРИНЦ: Возрасните луѓе навистина се многу чудни.

9.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Добар ден. Ви се изгаснала цигарата.

БИЗНИСМЕНОТ: Три и два се пет. Пет и седум – дванаесет. Дванаесет и три –

петнаесет. Добар ден. Петнаесет и седум – дваесет и два. Дваесет и два и

шест – дваесет и осум. Немам време пак да ја запалам. Дваесет и шест и пет

14

– триесет и еден. Уф! Тоа е значи, петстотини и еден милион шестотини

дваесет и две илјади седумстотини триесет и еден.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Петстотини милиони, што?

БИЗНИСМЕНОТ: Ти, уште си тука? Петстотини и еден милион... веќе не знам

што... толку многу работа имам! Јас сум сериозен човек, не се занимавам со

празни приказни! Два и пет – седум...

МАЛИОТ ПРИНЦ: Петстотини и еден милион, што?

БИЗНИСМЕНОТ: Во текот на педесет и четири години откако живеам на оваа

планета, само три пати бев вознемирен. Првиот пат беше пред дваесет и две

години. Тоа беше еден мајски бумбар кој падна тука којзнае од каде. Толку

ужасно брмчеше што направив четири грешки во сметањето. Вториот пат

беше пред единаесет години, кога имав криза на ревматизам. Тогаш бев

лишен од вежбање. Зашто јас немам време за талкање. Јас сум сериозен, да.

Третиот пат... еве, сега!

МАЛИОТ ПРИНЦ: Милион, што?

БИЗНИСМЕНОТ: Милиони, милиони од оние малечки нешта, кои што се

гледаат понекогаш на небото.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Муви?

БИЗНИСМЕНОТ: Не. Малечки нешта, кои што светкаат.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Пчели?

БИЗНИСМЕНОТ: Не, малечки златни нешта, за кои што фантазираат

мрзливите. Но, јас сум сериозен човек, немам време за фантазирање.

МАЛИОТ ПРИНЦ: А! Ѕвезди?

БИЗНИСМЕНОТ: Точно така, ѕвезди.

МАЛИОТ ПРИНЦ: И што правиш ти со петстотини милиони ѕвезди?

15

БИЗНИСМЕНОТ: Петстотини и еден милион шестотини дваесет и две илјади

седумстотини триесет и една. Јас сум сериозен човек, јас сум прецизен.

МАЛИОТ ПРИНЦ: И што правиш со тие ѕвезди?

БИЗНИСМЕНОТ: Ништо, ги поседувам.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Ги поседуваш ѕвездите?

БИЗНИСМЕНОТ: Да.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Но, јас видов еден Цар, кој што...

БИЗНИСМЕНОТ: Царевите не поседуваат. Тие само „царуваат“. Тоа е друго.

МАЛИОТ ПРИНЦ: А, за што ти служи да ги поседуваш ѕвездите?

БИЗНИСМЕНОТ: За да бидам богат.

МАЛИОТ ПРИНЦ: А, зошто ти е да бидеш богат?

БИЗНИСМЕНОТ: Ако некој открие други ѕвезди, јас ги купувам.

МАЛИОТ ПРИНЦ: А, како можеш да ги поседуваш ѕвездите?

БИЗНИСМЕНОТ: А, чии се тие?

МАЛИОТ ПРИНЦ: Не знам. Ничии.

БИЗНИСМЕНОТ: Тогаш, се мои, затоа што јас прв се сетив на нив.

МАЛИОТ ПРИНЦ: А, што им правиш?

БИЗНИСМЕНОТ: Ги распоредувам. Ги бројам, ги бројам по втор пат. Тоа е

напорно. Но, јас сум сериозен човек. (брои)

МАЛИОТ ПРИНЦ: Јас поседувам едно цвеќе, кое што го полевам секој ден. За

моето цвеќе е корисно да го поседувам. Но, ти не си корисен за ѕвездите...

БИЗНИСМЕНОТ:(брои со шепот)

МАЛИОТ ПРИНЦ: Возрасните луѓе се навистина необични!

16

10.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Добар ден. Зошто го изгасна фенерот?

ФЕНЕРЏИЈАТА: Таква е наредбата. Добровечер. (го пали фенерот)

МАЛИОТ ПРИНЦ: Каква е наредбата?

ФЕНЕРЏИЈАТА: Добар ден. Да го изгаснам фенерот. Добровечер. (го пали

фенерот)

МАЛИОТ ПРИНЦ: Но, ти сега пак го запали!

ФЕНЕРЏИЈАТА: Таква е наредбата. Добар ден. (го гасне фенерот)

МАЛИОТ ПРИНЦ: Чудно. (го потсетува) Добровечер.

ФЕНЕРЏИЈАТА: Добровечер. Благодарам. Тешка е мојата работа овде. Добар

ден. Поарно ова имаше смисла. Добровечер. Го гаснев фенерот наутро.

Добар ден. А, навечер одново го палев. Добровечер. Останатото време од

денот можев да се одморам. Добар ден, а останатото време од ноќта да

поспијам. Добровечер.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Се смени наредбата?

ФЕНЕРЏИЈАТА: Добар ден. Не се смени наредбата. Во тоа е несреќата.

Добровечер. Од година во година мојата планета се врти се побрзо и побрзо.

Добар ден. А, наредбата не се смени. Добровечер.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Што тогаш?

ФЕНЕРЏИЈАТА: Тогаш... Добар ден! – Штом таа почна да се врти еднаш во

минута, јас немам ни секунда одмор. Добровечер! Палам и гаснам еднаш на

секоја минута!

МАЛИОТ ПРИНЦ: Значи на твојата планета деновите траат поедна минута!

ФЕНЕРЏИЈАТА: Добар ден! Нема тука ништо чудно. Отакако разговараме,

помина цел месец.

17

МАЛИОТ ПРИНЦ: Помина цел месец?

ФЕНЕРЏИЈАТА: Да. Триесет минути, триесет дена! Добровечер!

МАЛИОТ ПРИНЦ: Гледај... Јас знам еден начин за да се одмориш. Треба само

да одиш многу бавно, истовремено со планетата и секогаш ќе бидеш на

сонце.

ФЕНЕРЏИЈАТА: Јас најмногу сакам да спијам.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Значи, немаме среќа.

ФЕНЕРЏИЈАТА: Немаме среќа. (брза да го надокнади пропуштеното) Добар

ден, добровечер, добар ден!

МАЛИОТ ПРИНЦ: Добар ден! (за себе) Овој човек е единствениот кој што би

го избрал за пријател, затоа што не се занимава со себе, туку со нешто друго.

Но, неговата планета е навистина многу мала. Нема место за двајца.

11.

ГЕОГРАФОТ: Еве еден пронаоѓач! Од каде доаѓаш ти?

МАЛИОТ ПРИНЦ: Каква е таа дебела книга? Што правите тука?

ГЕОГРАФОТ: Јас сум географ.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Што е тоа географ?

ГЕОГРАФОТ: Тоа е научник кој знае каде се наоѓаат морињата, реките,

градовите, планините и пустините.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Тоа е многу интересно. Конечно една вистинска професија!

Многу е убава вашата планета! Дали на неа има океани?

ГЕОГРАФОТ: Тоа не можам да го знам.

МАЛИОТ ПРИНЦ: А планини?

ГЕОГРАФОТ: Ни тоа не можам да го знам.

18

МАЛИОТ ПРИНЦ: А, градови, реки, пустини?

ГЕОГРАФОТ: Исто така, ни тоа не можам да го знам.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Но вие сте географ!

ГЕОГРАФОТ: Тоа е точно, но јас не сум пронаоѓач. Географот не оди да ги

брои градовите, реките, планините, морињата, океаните и пустините.

Географот е многу важна личност и тој нема време за скитање. Тој не ја

напушта својата канцеларија. Но тој ги прима пронаоѓачите. Ги распрашува,

ги бележи нивните раскажувања. И ако раскажувањата му се видат

интересни се прави испитување за неговото откритие.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Се оди на самото место да се види?

ГЕОГРАФОТ: Не. Се бара од пронаоѓачот да донесе докази. Ако, на пример,

се работи за откривање на некоја планина, од него се бара да донесе големи

камења. Но, ти гледам, доаѓаш оддалеку! Ти си пронаоѓач! А сега опишими ја

твојата планета! (пауза) ...Па?

МАЛИОТ ПРИНЦ: Кај мене не е многу интересно, бидејќи се е многу мало!

Јас имам три вулкани. Два од нив се активни, а третиот е изгаснат. Но

никогаш не се знае.

ГЕОГРАФОТ: (пишува) Никогаш не се знае.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Исто така имам и едно цвеќе.

ГЕОГРАФОТ: Цвеќињата не ги бележиме.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Зошто? Тоа е најубаво!

ГЕОГРАФОТ: Бидејќи цвеќињата се привремени.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Што значи „привремени“?

ГЕОГРАФОТ: Географиите се најскапоцени од сите книги. Многу ретко се

случува некоја планина да си го смени местото. Исто така ретко се случува

еден океан да се испразни. Ние ги запишуваме вечните нешта.

19

МАЛИОТ ПРИНЦ: Што значи „привремени“?

ГЕОГРАФОТ: Тоа значи – „она на кое му се заканува блиско исчезнување“

МАЛИОТ ПРИНЦ: Дали тоа значи дека и на моето цвеќе му се заканува

блиско исчезнување?

ГЕОГРАФОТ: Секако.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Моето цвеќе е привремено и има само четири боцки за да

се одбрани од светот, а јас го оставив сосем само на мојата планета! (пауза)

Што ме советувате да посетам?

ГЕОГРАФОТ: Планетата Земја. Таа има најголем углед...

12.

И така следната планета беше Земјата. Земјата не е каква било планета. На

неа живеат сто и единаесет кралеви, девтстотини илјади бизнисмени, триста

и единаесет милиони вообразени луѓе. Пред откривањето на електриката, на

сите шест континенти постоела вистинска армија од четиристотни шеесет и

две илјади петстотини и единаесет фенерџии. Движењата на таа армија биле

подредени како во балет. Прво доаѓал редот на фенерџиите од Нов Зеланд и

од Австралија. Откако тие ќе ги запалеле своите лампиони, оделе на

спиење.Тогаш во игра влегувале фенерџиите од Кина и до Сибир. Потоа тие

исто така се повлекувале зад кулисите. По нив им доаѓал редот на

фенерџиите од Русија и од Индија. Потоа на оние од Африка и од Европа.

Следувале фенерџиите од Јужна Америка, потоа оние од Северна Америка.

Никогаш не грешеле во редоследот на влегувањето на сцената. Само

фенерџијата на единствениот фенер на Северниот Пол и неговиот побратим

од Јужниот Пол живеат живот во денгуба и во безгрижност: тие работат два

пати во годината.

Но, штом стапна на Земјата, Малиот Принц не виде никого...

13.

20

МАЛИОТ ПРИНЦ: Еј! Добар ден!

ЕХОТО: Добар ден... добар ден... добар ден...

МАЛИОТ ПРИНЦ: Кои сте вие?

ЕХОТО: Кои сте вие... кои сте вие... кои сте вие...

МАЛИОТ ПРИНЦ: Бидете ми пријатели. Јас сум сам!

ЕХОТО: Јас сум сам... јас сум сам... јас сум сам...

МАЛИОТ ПРИНЦ: Каква чудна планета. Целата е сува, а луѓето немаат

фантазија. Тие го повторуваат она што ќе им се каже... На мојата планета

имав едно цвеќе: тоа секогаш прво почнуваше да зборува.

14.

ЗМИЈАТА: Добровечер.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Добровечер. На која планета сум паднал?

ЗМИЈАТА: На Земјата, во Африка...

МАЛИОТ ПРИНЦ: Ах, значи на Земјата нема никој?

ЗМИЈАТА: Ова е пустина. Во пустините нема никој. Земјата е голема.

МАЛИОТ ПРИНЦ: (ги гледа ѕвездите) Гледај ја мојата планета. Таа е точно

над нас!

ЗМИЈАТА: Убава е. Зошто си дошо овде?

МАЛИОТ ПРИНЦ: Имав проблеми со едно цвеќе.

ЗМИЈАТА: А, а, а...! (пауза)

МАЛИОТ ПРИНЦ: Каде се луѓето? Во пустинава човек се чувствува по малку

осамен.

ЗМИЈАТА: Човек е осамен и меѓу луѓето.

21

МАЛИОТ ПРИНЦ: (се загледува во неа) Ти си чудно животно. Танка си колу

прст.

ЗМИЈАТА: Ама сум посилна од прстот на некој цар.

МАЛИОТ ПРИНЦ: (се смее) Не си многу силна... немаш ни нозе... не можеш

да патуваш...

ЗМИЈАТА: Јас можам да те однесам подалеку од секој брод. Секој што ќе го

допрам, го враќам во земјата од каде што дошол. Но, ти си чист и доаѓаш од

една ѕвезда... Жал ми е за тебе, толку си слаб врз оваа земја од гранит...

Некој ден, ако зажалиш за твојата планета, јас можам да ти помогнам.

Можам...

МАЛИОТ ПРИНЦ: О! Те разбрав многу добро, но зошто цело време зборуваш

со загатки?

ЗМИЈАТА: Јас ги решавам сите загатки! (се крие)

15.

(Малиот Принц ја помина пустината и виде само едно цвеќе. Едно цвеќе со

три ливчиња, сосема безначајно цвеќе.)

ЦВЕЌЕТО: Добар ден.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Каде се луѓето?

ЦВЕЌЕТО: Луѓето? Никогаш не се знае каде се. Нив ги носи ветрот. Тие немаат

корење...

МАЛИОТ ПРИНЦ: Збогум.

ЦВЕЌЕТО: Збогум.

16.

(се појавува Лисицата)

ЛИСИЦАТА: Добар ден.

22

МАЛИОТ ПРИНЦ: Добар ден. (се врти но не може да ја види)

ЛИСИЦАТА: Јас сум овде, под јаболкницата...

МАЛИОТ ПРИНЦ: Која си ти? Многу си убава...

ЛИСИЦАТА: Јас сум лисица.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Дојди да си играме. Многу сум тажен.

ЛИСИЦАТА: Не можам да играм со тебе. Не сум припитомена.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Извини... Што значи „припитомена“?

ЛИСИЦАТА: Ти не си одовде, што бараш наваму?

МАЛИОТ ПРИНЦ: Ги барам луѓето... Што значи „припитомена“?

ЛИСИЦАТА: Луѓето имаат пушки и одат на лов. Тоа е многу непријатно! Тие,

исто така, одгледуваат кокошки.Само тоа ги интересира. Да не бараш

кокошки?

МАЛИОТ ПРИНЦ: Не. Барам пријатели. Што значи „припитомена“?

ЛИСИЦАТА: Тоа е нешто одамна заборавено. Тоа значи – да се поврзеш со

другите.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Да се поврзеш со другите?

ЛИСИЦАТА: Се разбира. За мене ти си сега само обично момче кое што

воопшто не се разликува од сто илјади други момчиња и не ми требаш. А, и

јас не ти требам. За тебе јас сум една лисица која што воопшто не се

разликува од сто илјади други лисици. Но, ако ти ме припитомиш, ние ќе си

бидеме потребни еден на друг. За мене ти ќе бидеш единствен на светот. За

тебе јас ќе бидам единствена на светот.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Почнувам да разбирам. Има едно цвеќе, мислам дека ме

припитоми.

ЛИСИЦАТА: Можно е. На Земјата можат да се видат најразлични работи...

23

МАЛИОТ ПРИНЦ: О, тоа не е на Земјата.

ЛИСИЦАТА: На друга планета?

МАЛИОТ ПРИНЦ: Да.

ЛИСИЦАТА: Има ли ловџии на таа планета?

МАЛИОТ ПРИНЦ: Не.

ЛИСИЦАТА: Гледаш, тоа е интересно. А, кокошки?

МАЛИОТ ПРИНЦ: Нема.

ЛИСИЦАТА: Ништо не е совршено на светот. Животот ми е здодевен. Јас

одам во лов на кокошки, а луѓето одат во лов на лисици... Сите лисици личат

една на друга и сите луѓе личат едни на други. Но, ако ти ме припитомиш, во

мојот живот ќе угрее сонце. Звукот на твоите чекори ќе ме вика како музика,

да излезам од дупката. А, освен тоа, погледни! Ги гледаш ли онаму житните

полиња? Јас не јадам леб. За мене житото е бескорисно. Житните полиња не

ме потсетуваат на ништо. А тоа е тажно! Но, ти имаш коса со боја на злато и

кога ќе ме припитомиш ќе биде чудесно! Житото, кое што е златно, ќе ме

потсетува на тебе и шумолењето на ветрот во житото ќе ми биде убаво... Те

молам... припитоми ме!

МАЛИОТ ПРИНЦ: На драго срце, но немам многу време... Треба да побарам

пријатели и да научам многу работи...

ЛИСИЦАТА: Само работите кои што си ги припитомил можеш вистински да ги

научиш. Луѓето немаат време да научат нешто. Тие од трговците купуваат

готови работи. И затоа што кај трговците нема пријатели, луѓето веќе немаат

пријатели. Ако сакаш да имаш пријател – припитоми ме!

МАЛИОТ ПРИНЦ: Што треба да направам?

ЛИСИЦАТА: Треба да си многу трпелив. За почеток ќе седнеш малку

подалеку од мене, еве вака, на тревата. Јас ќе те гледам со крајот од окото и

ти нема да зборуваш ништо.

24

МАЛИОТ ПРИНЦ: Зошто?

ЛИСИЦАТА: Пссст! Јазикот е извор на недоразбирања. И секој пат ќе

седнуваш малку поблиску... (мрак)

(другиот ден)

ЛИСИЦАТА: Ќе беше подобро ако дојдеше во истото време. Ако доаѓаш, на

пример, во четири часот попладне, јас уште од три часот ќе почнам да бидам

среќна. И колку повеќе време ќе изминува, јас ќе се чувствувам се посреќна.

А ако доаѓаш во било кое време, никогаш нема да знам кога да се радувам...

Обичаите се потребни.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Што е тоа „обичаите“?

ЛИСИЦАТА: Тоа е исто така една работа на која се заборавило. Тоа е она што

се разликува од другите денови. Моите ловци имаат еден обичај. Во

четврток тие играат в село со девојките. Тој ден е, значи, чудесен. Јас тогаш

одам да шетам дури до лозјата. А ако ловците танцуваат во било кој ден ,

тогаш сите денови ќе бидат исти, и јас никогаш ќе немам одмор.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Така јас ја припитомив Лисицата. И кога дојде моментот за

заминување Лисицата рече...

ЛИСИЦАТА: Јас ќе се расплачам!

МАЛИОТ ПРИНЦ: Ти си виновна, јас не сакав да ти сторам ништо лошо, но ти

посака да те припитомам.

ЛИСИЦАТА: Се разбира.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Но со тоа не добиваш ништо!

ЛИСИЦАТА: Добивам... Бојата на зрелото жито ќе ме потсетува на твојата

коса. Оди да си ги видиш ружите. И ти ќе разбереш дека твојата ружа е

единствена на светот. Ти ќе се вратиш да ми речеш збогум и јас ќе ти

подарам една тајна.

25

Малиот Принц оди повторно во градината со ружи.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Тие воопшто не личат на мојата ружа, тие уште не се

ништо. Нив уште никој не ги припитомил, и тие никого не припитомиле. Тие

се каква што беше ти. Обична лисица какви што ги има со стотици илјади. Јас

те направив моја пријателка и ти си сега единствена на светот. Тие се убави,

но се празни, и за нив не може да се умре. Мојата ружа за еден обичен

минувач ќе личи како нив, но таа е единствена зашто таа е моја ружа. Збогум.

ЛИСИЦАТА: Збогум. Еве ја мојата тајна. Најубавото се гледа само со срцето.

Најважното е невидливо за очите.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Најважното е невидливо за очите.

ЛИСИЦАТА: Ти си одговорен за твојата ружа.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Јас сум одговорен за мојата ружа...

17.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Добар ден.

СПРОВОДНИКОТ: Добар ден.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Што правиш тука?

СПРОВОДНИКОТ: Испраќам патници и ги насочувам возовите што ги носат де

надесно, де налево...

(поминува воз)

МАЛИОТ ПРИНЦ: Многу им се брза. Што бараат тие?

СПРОВОДНИКОТ: Тоа не го знае ниту машиновозачот.

(поминува друг воз во спротивен правец)

МАЛИОТ ПРИНЦ: Зар тие веќе се враќаат?

СПРОВОДНИКОТ: Овие се други.

26

МАЛИОТ ПРИНЦ: Зар не се задоволни од местото каде што биле?

СПРОВОДНИКОТ: Човек не е задоволен таму каде што е. Единствено децата

ги лепат носевите на стаклата од прозорците.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Само децата знаат што бараат.

СПРОВОДНИКОТ: Тие се среќни.

18.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Добар ден.

ТРГОВЕЦОТ: Добар ден.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Што е тоа што го продаваш?

ТРГОВЕЦОТ: Апчиња за гаснење на жедта. Ако испиеш едно апче неделно,

повеќе нема да бидеш жеден. Тоа е голема заштеда на времето, вака се

заштедуваат педесет и три минути неделно.

МАЛИОТ ПРИНЦ: А што се прави со тие педесет и три минути?

ТРГОВЕЦОТ: Се прави она што се сака...

МАЛИОТ ПРИНЦ: Кога би имал на располагање педесет и три минути, би

тргнал многу полека кон еден извор...

19.

ПИЛОТОТ: Твоите спомени се многу убави, но јас уште не сум го поправил

мојот авион, немам ништо повеќе за пиење и би бил многу среќен кога би

можел полека да тргнам кон некој извор.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Зошто?

ПИЛОТОТ: Затоа што ќе умреме од жед...

27

МАЛИОТ ПРИНЦ: Многу е убаво да се има пријател, па макар и да се умре.

Јас сум среќен што Лисицата ми е пријателка...

ПИЛОТОТ: Јас го зедов на раце.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Ѕвездите се убави затоа шт имаат едно цвеќе што не се

гледа...

ПИЛОТОТ: Се разбира.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Пустината е убава.

ПИЛОТОТ: И тоа е вистина.Јас секогаш сум ја сакал пустината. Затоа што

може да се седне на некоја песочна дина. Ништо не се гледа. Ништо не се

слуша. А сепак нешто зрачи во тишината.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Пустината е убава затоа што некаде има скриен бунар.

ПИЛОТОТ: Да, за што и да се работи, за куќа, за ѕвезди или за пустина, она

што ги прави убави е невидливото!

Она што најмногу ме возбудува кај тој мал заспан принц, е неговата верност

кон едно цвеќе – ликот на ружата кој што свети во него, како пламенче од

ламба, дури и кога спие... Ламбите треба добро да се чуваат, оти еден здив

на ветрот може да ги угасне...

(Стигнуваат до бунарот. Пијат вода.)

МАЛИОТ ПРИНЦ: Луѓето меѓу кои што живееш одгледуваат пет илјади ружи

во една градина и пак не го наоѓаат она што го бараат.

ПИЛОТОТ: Не го наоѓаат.

МАЛИОТ ПРИНЦ: А, она што го бараат може да се најде во една единствена

ружа или во малку вода.

ПИЛОТОТ: Се разбира.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Но очите се слепи. Треба да се бара со срцето.

28

ПИЛОТОТ: Дишев лесно. Песокот во мугрите има боја на мед. Зошто да

бидам несреќен?..

МАЛИОТ ПРИНЦ: Треба да го исполниш ветувањето.

ПИЛОТОТ: Кое ветување?

МАЛИОТ ПРИНЦ: Па знаеш... нарилникот за мојата овца... Јас сум одговорен

за моето цвеќе!

ПИЛОТОТ: Ти имаш некакви планови за кои што јас не знам?

МАЛИОТ ПРИНЦ: Утре ќе биде една година, откако паднав на Земјата...

Паднав многу блиску одовде...

ПИЛОТОТ: Значи не беше случајно што она утро, кога те запознав, ти шеташе

сам илјадници километри далеку од секаква населба! Ти, значи, се враќаше

на местото на твоето паѓање?

Се плашам.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Ти сега треба да работиш. Треба да се вратиш кај твојот

авион. Дојди утревечер... Јас ќе те чекам овде...

(мрак)

ПИЛОТОТ: Следната вечер, кога се вратив после работата го видов оддалеку

Малиот Принц и го слушнав како разговара со некого.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Ќе треба да ме почекаш таму. Јас ќе дојдам вечерва. Имаш

ли убав отров? Сигурна ли си дека нема многу да се мачам? Сега оди си...

сакам да слезам.

ПИЛОТОТ: Каква е оваа работа? Сега разговараш и со змиите?

МАЛИОТ ПРИНЦ: Мило ми е што го поправи авионот. Сега ќе можеш да се

вратиш дома...

ПИЛОТОТ: Од каде знаеш дека...

29

МАЛИОТ ПРИНЦ: Јас исто така, денеска ќе се вратам дома... Тоа е многу

подалеку... Многу потешко...

ПИЛОТОТ: Ти се плашиш?

МАЛИОТ ПРИНЦ: Вечерва ќе се плашам уште повеќе...

ПИЛОТОТ: Сакам да ја слушам твојата смеа...

МАЛИОТ ПРИНЦ: Оваа ноќ, мојата ѕвезда ќе биде точно над местото каде

што паднав минатата година. Ти ноќе ќе ги гледаш ѕвездите. Мојата е многу

малечка за да можам да ти ја покажам. Подобро е така. Мојата ѕвезда за

тебе ќе биде една од ѕвездите. Тогаш ти ќе сакаш да ги гледаш сите ѕвезди. И

после, јас ќе ти направам еден подарок...

(Малиот Принц се смее)

ПИЛОТОТ: Сакам да слушам како се смееш.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Тоа ќе биде мојот подарок.

ПИЛОТОТ: Што сакаш да кажеш?

МАЛИОТ ПРИНЦ: За луѓето ѕвездите не се исти. За едни што патуваат,

ѕвездите се водилки. А за други, тие не се ништо друго туку малечки

светулки. За оние што се учени – тие се проблеми. За мојот бизнисмен тие

беа злато. Но сите тие ѕвезди молчат. Ти, ти ќе имаш ѕвезди како никој што ги

немал...

ПИЛОТОТ: Што сакаш да кажеш?

МАЛИОТ ПРИНЦ: Кога ноќе ќе го гледаш небото, тебе ќе ти се чини како да

се смеат сите ѕвезди, оти јас ќе живеам на една од нив, оти јас ќе се смеам. И

ти, ти ќе имаш ѕвезди што ќе знаат да се смеат. И кога ќе се утешиш, ќе

бидеш среќен што си ме запознал. Ти секогаш ќе бидеш мој пријател. Ти ќе

сакаш да се смееш со мене.

Оваа ноќ... знаеш... не доаѓај.

30

ПИЛОТОТ: Јас нема да те оставам.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Јас ќе се преправам дека ми е лошо... Ќе изгледам како да

умирам. Така е. Не доаѓај да гледаш...

ПИЛОТОТ: Јас нема да те оставам.

МАЛИОТ ПРИНЦ: Јас ти велам така... заради змијата. Оти таа може да те

касне и тебе. Змиите се лоши. Може да те касне туку – така.

Тебе ќе ти биде тешко. Јас ќе изгледам како мртов. Но тоа нема да биде

вистина...

Знаеш... Моето цвеќе... јас сум одговорен за него! Тоа е толку слабо! Има

четири бедни боцки, за да го заштитат од целиот свет...

(станува)

Ете... Тоа е се. Остави ме сега... сам.

(Змијата го каснува Малиот Принц)

ПИЛОТОТ: Не можев да се помрднам. Само нешто како жолта молња му

блесна до глуждот – и ништо друго. Еден миг тој остана неподвижен. Не

викна. Падна пополека, како што паѓаат дрвјата. Од песокот, немаше дури ни

звук.

(мрак)

20.

ПИЛОТОТ: Поминаа години оттогаш... Никогаш не су раскажувал за оваа

случка. Другарите, кои што ме најдоа, беа многу задоволни што ме гледаат

жив. Јас бев тажен, но им велев: „Тоа е од замор...“. Сега сум колку – толку

утешен. Всушност... не сосема. Но знам, дека тој се врати на својата планета,

затоа што на разденување не го најдов неговото тело. И, ете, се случи нешто

необично. На нарилникот, кој што го нацртав за Малиот Принц, заборавив да

ставам кожно ремче! Тој никогаш нема да може да го стави на овцата.

31

Се прашувам што станало со неговата планета? Многу е веројатно овцата да

го изела неговото цвеќе... Но, веднаш потоа си велам: „Сигурно не! Малиот

Принц секоја ноќ го покрива своето цвеќе со стаклено ѕвоно и добро

внимава што прави овцата...“ И тогаш сум среќен. И сите ѕвезди тивко се

смеат.

Друг пат си велам: „Човек понекогаш е расеан и тоа е доволно! Некоја вечер

го заборавил стакленото ѕвоно или пак овцата излегла тивко...“ Тогаш, сите

ѕвончиња се претвораат во солзи! Тоа е една голема тајна.

За вас, кои што како мене го сакате Малиот Принц, ништо во вселената не е

исто штом, таму некаде, не се знае каде, една овца, која што не сме ја

виделе, го изела или не го изела едно цвеќе... Погледнете го небото.

Прашајте се: го изела или не цвеќето една овца? И ќе видите како се ќе се

смени... И никој возрасен човек никогаш нема да дознае од колкаво значење

е тоа! Разгледајте го внимателно овој пејсаж, за да можете да го познаете,

ако патувате накогаш во Африка, во пустината. И ако ви се случи да поминете

оттаму, ве молам, не брзајте, почекајте малку, точно под ѕвездата! И ако

тогаш, некое дете дојде до вас, ако се смее, ако има златна коса, ако не

одговара кога го прашуваат, ќе одгатнете кое е тоа. Тогаш, бидете љубезни!

Не оставајте ме да бидам толку тажен: пишете ми веднаш, дека тој се

вратил...