92
РегистаР нA студентски оРганизации

Регистер на младински организации

  • Upload
    -

  • View
    142

  • Download
    2

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Регистер на младински организации

Citation preview

Page 1: Регистер на младински организации

Р е г и с т а Р н aс т у д е н т с к ио Р г а н и з а ц и и

Page 2: Регистер на младински организации

Име на организација:

Издавач:

Здружение на граѓани „Младински образовен форум“ул. Дренак 34а, 1000 СкопјеТел.: + 389 2 31 39 692www. [email protected]

За издавачот:Марјан Забрчанец, Извршен директор

Уредник:Моника Божиноска

Истражувачи:Огнен ЈакасановскиИскра Манојлоска

Лектура:Абакус

Дизајн и графичка обработка:КОМА

Тираж:1000 примероци

2012 година

Page 3: Регистер на младински организации

Содржина

СТуДенТСКИ пАрлАМенТ нА ГрАДежнИОТ фАКулТеТ (СпГф)

СТуДенТСКИ пАрлАМенТ нА ШуМАрСКИ фАКулТеТ – СКОпЈе

СТуДенТСКИ пАрлАМенТ нА ТехнОлОШКО-МеТАлурШКИОТ фАКулТеТ – СКОпЈе

СТуДенТСКИ пАрлАМенТ нА фАКулТеТОТ ЗА ДИЗАЈн И ТехнОлОГИИ нА МеБел И енТерИер

СТуДенТСКИ пАрлАМенТ нА фАКулТеТОТ ЗА елеКТрОТехнИКА И ИнфОрМАцИСКИ ТехнОлОГИИ – СКОпЈе (СпфеИТ – СКОпЈе)

СТуДенТСКИ пАрлАМенТ нА фАрМАцевТСКИОТ фАКулТеТ

СТуДенТСКИ пАрлАМенТ нА фИлОлОШКИОТ фАКулТеТ

(AEGEE-SkopjE): АСОцИЈАцИЈА нА еврОпСКИ СТуДенТСКИ СТруКТурИ прИ унИверЗИТеТОТ „Св. КИрИл И МеТОДИЈ“ – СКОпЈе

СТуДенТСКО АрхеОлОШКО ЗДруженИе АКСИОС – СКОпЈе

ЧуМу реГИСТАр? СТуДенТСКИ пАрлАМенТ нА унИверЗИТеТ „Св. КИрИл И МеТОДИЈ“ – СКОпЈе

16

22

18

24

20

26

10 12

8

14

7

Page 4: Регистер на младински организации

BEST – СКОпЈе ЗДруженИе нА СТуДенТИ нА ШуМАрСКИОТ фАКулТеТ Дрен – СКОпЈе

еврОпСКО ЗДруженИе нА СТуДенТИТе пО прАвО вО репуБлИКА МАКеДОнИЈА – елСА

ИАеСТе МАКеДОнИЈА ММСА – МАКеДОнСКА МеДИцИнСКА СТуДенТСКА АСОцИЈАцИЈА

МАКеДОнСКИ пОлИТИКОлОШКИ фОруМ – СКОпЈе (Мпф-СКОпЈе)

унИверЗИТеТСКО рАДИО СТуДенТ фМ 92.9 – рАДИО нА уКИМ

AIESEC – лОКАлен КОМИТеТ, СКОпЈе

ЗДруженИе нА ГрАѓАнИ СКОпСКО АСТрОнОМСКО ДруШТвО

ерАЗМуС СТуДенТСКА МрежА – МАКеДОнИЈА

еСТИеМ лГ СКОпЈе ИСТрАжувАЧКО ДруШТвО нА СТуДенТИ БИОлОЗИ

ЗДруженИе нА ГрАѓАнИ КлуБ нА ОрАТОрИ – СКОпЈе

ДеБАТнИ КлуБОвИ нА уКИМ МлАДИнСКИ ОБрАЗОвен фОруМ

СТАр-СТАр СКОпЈе еКО–лОГИК – ОрГАнИЗАцИЈА ЗА ЗАШТИТА И унАпреДувАње нА жИвОТнАТА СреДИнА

еМСА – МАКеДОнИЈА (еврОпСКА МеДИцИнСКА СТуДенТСКА АСОцИЈАцИЈА нА МАКеДОнИЈА)

феДерАцИЈА нА МлАДИ – СКОпЈе херА – АСОцИЈАцИЈА ЗА ЗДрАвСТвенА еДуКАцИЈА И ИСТрАжувАње

ЗДруженИе нА МлАДИ КреАКТИв

28

34

42

48

54

60

66

30

36 38

44

50

56

62

68

32

40

46

52

58

64

Page 5: Регистер на младински организации

ЗДруженИе нА ГрАѓАнИ МлАДИТе МОжАТ

МлАДИнСКА КулТурнА АСОцИЈАцИЈА нА БОШњАцИТе вО рМ ШАДрвАн

СеКОЈ СТуДенТ

ЗДруженИе нА ГрАѓАнИ еКОнОМСКО ОБрАЗОвАнИе нА МлАДИ МенАџерИ – СКОпЈе

ИСлАМСКИ МлАДИнСКИ фОруМ – СКОпЈе

КрИеЈТИв еЈТ / CrE8IvE8 YouTh MEdIA produCTIon

рОМАверЗИТАС пОлИТИЧКА АКАДеМИЈА ЗА СОцИЈАлнА ДеМОКрАТИЈА

ИЗлеЗ

ЗДруженИе нА леЗБИЈКИ, ГеЈ, БИСеКСуАлцИ / -КИ И ТрАнСрОДнИ лИцА (LGBT unITEd)

ееСТеК лК СКОпЈе (ELECTrICAL EnGInEErInG STudEnTS’ EuropEAn ASSoCIATIon LoCAL CoMMITTEE SkopjE)

72

78

84

74

80

86

70

76

82

88 90

Page 6: Регистер на младински организации
Page 7: Регистер на младински организации

Членувањето во студентските организации помага во развивањето на активното граѓанство кај студентите и на критичкото размислување за општествените промени. Зависно од нивниот интерес, студентите имаат можност да учествуваат во спроведување активности кои им помагаат да ги развијат нивните способности и да стекнат искуство кое понатаму ќе им помогне во процесот на вработување. Со ова, во иднина, студентите активно учествуваат во сите општествени процеси и во донесувањето одлуки. И покрај големиот број придобивки, денес во Македонија се среќаваме со пасивна младина, која не е дел од студентското организирање.

Според резултатите добиени од истражувањето перцепција на студентите за студентското организирање, 83% од студентите не се членови на ниту една студентска организација. Згора на тоа, како една од најчестите причини поради која не членуваат, студентите ја наведуваат неинформираноста за целите, за активностите и за начините за вклучување во организациите.

поттикнат од ваквата состојба, Младинскиот образовен форум иницираше креирање на регистар на студентски организации на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Идејата на оваа иницијатива е креирање база на податоци за постоечките студентски организации. целта на оваа база на податоци е да ги информира сите заинтересирани студенти за целите и за активностите на организациите, како и за тоа во кои нивни конкретни активности можат да се вклучат.

по спроведената анализа на Статутот на универзитетот, увидовме дека универзитетот ги препознава како студентски организации само СпуКМ и матичните парламенти на факултетите. Освен тоа, не постои никаков акт

кој го дефинира студентското организирање. Земајќи ја предвид значајноста на активностите наменети за студентите реализирани од страна на невладините организации, увидовме потреба од проширување на ваквата дефиниција. Така, во регистарот на студентски организации ги вклучивме сите невладини организации, здруженија, неформални групи и клубови чии активности се наменети за студентите или, пак, чие членство е составено од студенти. Сепак, при сумирањето на добиените апликации и при анализата на активностите, на целите и на членството на организациите, кои аплицираа да бидат дел од регистарот на студентски организации, се соочивме со тешкотии при правењето дистинкција кои сè организации можат да се наречат студентска организација. Оттука, овој регистар го отвора прашањето за идно дефинирање на поимот „студентска организација“.

За да дојдеме до што е можно поголем број од целните организации, беше отворен јавен повик. покрај тоа, користејќи верижна методологија, постоечките контакти препраќаа контакти од нивни соработници. поради фокусот на студентски организации, кои имаат седиште на уКИМ, до сите факултети беа испратени барања за слободен пристап до информации од јавен карактер. Од нив се бараше да достават контакти од сите организации, здруженија, клубови кои функционираат на нивните факултети. притоа, директно беа контактирани сите матични парламенти, како и СпуКМ. Од нив, одбија да учествуваат 13 студентски парламенти и СпуКМ.

Сите организации, кои не се дел од регистарот на студентски организации, а кои сакаат да бидат дел од него, може да го направат тоа со пополнување на апликацијата која може да се најде на studentski.org.mk.

Чуму регистар на студентски организациии?

7

Page 8: Регистер на младински организации

Контакт:Адреса Мит. Теодосиј Гологанов 28/13, 1000 Скопјеe-mail [email protected] site http://www.spukm.org.mk/

Матични Парламенти

Студентски парламент на факултетот за ветеринарна медицинапретседател Александар Гиновскиe-mail [email protected]Студентски парламент на факултет за Земјоделски науки и хранапретседател Стевче Тополчанецe-mail [email protected]Студентски парламент на Машински факултетпретседател Горан Трајковскиe-mail [email protected]Студентски парламент на педагошки факултет Св.Климент Охридскипретседател назиф неџипиСтудентски парламент на природно Математички факултетпретседател Андријана пејковскаe-mail [email protected]

Студентски парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје

Page 9: Регистер на младински организации

Студентски парламент на правен факултет Јустинијан први - Скопјепретседател филип неданоскиe-mail [email protected]Студентски парламент на Стоматолошки факултетпретседател Трајче Митрев e-mail [email protected]Студентски парламент на економски факултетпретседател Спасе Симјановскиe-mail [email protected]Студентски парламент на филозофски факултетпретседател Бобан Трајчевскиe-mail [email protected]Студентски парламент на факултет за Музичка уметностпретседател Гоце цоневскиe-mail [email protected]Студентски парламент на факултет за физичка културапретседател румен Амповскиe-mail [email protected]Студентски парламент на Медицински факултетпретседател Душко Димитриевски e-mail [email protected]Студентски парламент на фИнКИпретседател Димитар Чукалиев Студентски парламент на факултет за дизајни технологии на мебел и ентериерпретседател Симе Тодоровски Студентски парламент на факултет за ликовна уметност/

9

Page 10: Регистер на младински организации

Име на организација:

За нас:Оваа организација нуди инволвирање во сферата на градежништвото преку дружење и преку разни активности, како помагање за секој можен проблем во рамките на факултетот и наставата, организирање трибини, разни екскурзии и теренски запознавања со проблематиките на нашата струка, зближување на професорите со студентите и сл.

078412474 [email protected]

Градежен факултет - Скопје, бул. „партизански одреди“ бр. 24 1000 Скопје

СтУдентСКи ПарлаМент на Градежниот фаКУлтет (СПГф)

Page 11: Регистер на младински организации

11

Page 12: Регистер на младински организации

Име на организација:

Шумарски факултет – Скопје (просторија број 35), бул. едвард Кардељ бб , 1000 Скопје

СтУдентСКи ПарлаМент на ШУМарСКиот фаКУлтет – СКоПје

За нас:ние се залагаме за подобрување на студентскиот стандард, за застапување и лобирање на студентските права, за меѓународно афирмирање на студентското движење, како и за реформи во високото образование. нашата мисија е заштита на студентските права и интереси, како и нивно застапување, работејќи во корелација со универзитетот, со професорите, со владиниот и со невладиниот сектор.

072641568 [email protected]

Page 13: Регистер на младински организации

Членство:во паралментот на Шумарскиот факултет членуваат 200 студенти и постдипломци.

Каде можам да се вклучам?Секој заинтересиран може да нè посети во нашите простории, а за точното време на активностите, може да нè контактира на нашата веб-страница или на Facebook Fan page.

13

Page 14: Регистер на младински организации

Име на организација:

За нас:во склоп на нашата организација се разгледуваат сите интереси и барања на студентите. Се одржуваат редовни седници на кои се разгледуваат сите проблеми на студентите. Се организираат посети на наставничкиот совет и на различни компании. парламентот редовно учествува на Технологијадата и на Меѓународниот собир на студенти

Технолошко - металуршки факултет - Скопје: ул. „руѓер Бошковиќ“ бр. 16 1000 Скопје

СтУдентСКи ПарлаМент на технолоШКо-МеталУрШКиот фаКУлтет – СКоПје

075947070 [email protected] Studentski parlament TMF

Page 15: Регистер на младински организации

Членство:во парламентот на Технолошко-металуршкиот факултет членуваат 17 студенти и постдипломци.

Каде можам да се вклучам?Секој заинтересиран студент може да се вклучи во различни проекти во склоп на факултетот.

Што можам да научам? Комуникациски вештини

практични знаења

Спортски активности

15

Page 16: Регистер на младински организации

Име на организација:

факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер, Бул. „Александар Македонски“ бб п.фах 8, 1130 Скопје

СтУдентСКи ПарлаМент на фаКУлтетот За диЗајн и технолоГии на Мебел и ентериер

[email protected]

За нас:Во Парламентот членуваат 26 студенти од сите студиски години и насоки на факултетот.

Page 17: Регистер на младински организации

17

Page 18: Регистер на младински организации

Име на организација:

За нас:Мисијата на СпфеИТ – Скопје е подобар студентски стандард и почитување на нашите студентски права, а целта, студентите да бидат обединети и заеднички да се изборат за правата кои им следуваат, притоа наоѓајќи заеднички јазик со професорите. покрај обезбедување услови за подобра комуникација и студирање на факултетот, студентите, како млади интелектуалци, треба да се залагаат и за усовршување како на своето образование така и на образовниот процес. СпфеИТ е посредник и поддржувач на ваквите идеи и е тука да обезбеди договор со факултетот, а ако е можно, и поддршка.

факултет за електротехника и информациски технологии – Скопје ул. руѓер Бошковиќ бб , Скопје

Од самиот почеток, студентите кои имаат желба, со многу труд успеваат да се пробијат во водите на феИТ. ние сме е отскочна штица за секој кој се труди, но и за надминување на периодот на приспособување на новата средина. Студенти сме, треба да си помагаме!

Активностите кои траат преку целата година вклучуваат промоција за нови активни членови, бруцошки забави, спорт, комуникација со феИТ, Македонски студентски игри, електријада, ад хок случувања.

СтУдентСКи ПарлаМент на фаКУлтетот За елеКтротехниКа и инфорМациСКи технолоГии – СКоПје (СПфеит – СКоПје)

072236457 [email protected] https://www.facebook.com/spfeits @SPFEIT

Page 19: Регистер на младински организации

Членство:1400 студенти на факултетот за електротехника и информатички технологии (од прв и од втор циклус студии).

Каде можам да се вклучам?Секој од студентите може да стане поактивен во нашата организација во кој било од веќе започнатите проекти и редовни задачи и ќе му биде дадена соодветна улога каде би дал најголем придонес. нема ограничување ниту, пак, забрана за одредени проекти.

19

Што можам да научам? подобрување на „меките“ вештини на секој студент

подобрување на презентациските вештини на студентот

Организација на време

Создавање контакти за вработување

Page 20: Регистер на младински организации

Име на организација:

За нас:Студентскиот парламент на фармацевтскиот факултет се залага за:

Колективен глас на студентите по фармација;

поттикнување на студентите по фармација да стекнат повеќе знаење;

Одржување и проширување на образовната програма поврзана со фармацијата и со здравствената нега;

Давање придонес кон иднината на фармацијата;

фармацевтски факултет – Скопје ул. водњанска бр. 17, 1000 Скопје

Овозможување полесно студирање на студентите;

Обезбедување услови за професионален развој.

Студентскиот парламент (поранешен Студентски фармацевтски сојуз), на почетокот на 90-тите, стана полноправна членка на европската фармацевтска студентска асоцијација – EpSA.

СтУдентСКи ПарлаМент на фарМацевтСКиот фаКУлтет

[email protected] www.facebook.com/SPFF.MPSA.Macedonia www.youtube.com/MacedoniaMPSA

Page 21: Регистер на младински организации

Членство:парламентот брои 700 членови, студенти на фармацевтскиот факултет при уКИМ, со еднакви права и должности. Член може да биде секој студент кој ќе покаже интерес активно и непосредно да учествува во организацијата и во органите на парламентот, да се ангажира во остварувањето на активностите на парламентот, да предлага и да избира и да има право да биде избран во сите органи на парламентот.

21

Page 22: Регистер на младински организации

Име на организација:

За нас:Главни цели на Студентскиот парламент на филолошкиот факултет се промовирање и одбрана на студентските права и интереси на локално, на национално и на меѓународно ниво. најважните активности на Спфф се застапување на студентите пред органите на факултетот, подобрување на студентскиот стандард и на условите за студирање, издавачка дејност, театарска дејност, соработка со невладиниот сектор во државата и надвор од неа, меѓународна соработка, спорт, забава. Студентскиот парламент на филолошкиот факултет им дава големо значење на спортските активности, како форма за меѓусебно дружење на колегите од различните катедри на факултетот

филолошки факултет „Блаже Конески” – Скопје бул. Гоце Делчев бр. 9А, 1000 Скопје

како и со колегите од други факултети и универзитети. парламентот редовно учествува во сите универзитетски студентски лиги, како и на Меѓууниверзитетските студенски игри.

ние ги застапуваме студентите, се грижиме за нивните интереси и права. редовно ги информираме за сите активности во факултетот и надвор од него (културно-забавни настани, семинари, обуки). Освен тоа, организираме спортски активности во кои студентите можат да учествуваат. Членовите ги делиме во комисии, кои засебно одлучуваат за најразлични активности на студентите во сите сфери на студирањето.

СтУдентСКи ПарлаМент на филолоШКиот фаКУлтет

023240485 [email protected]

Page 23: Регистер на младински организации

Членство:Студентскиот парламент на филолошкиот факултет брои 3000 членови, студенти на филолошкиот факултет во Скопје, од кои активно членуваат 50 членови.

Каде можам да се вклучам?Студентите можат да се вклучат во сите сфери на функционирањето на парламентот. Тука ги вклучуваме и нашите комисии за: настава, едукација, наука, културно-забавен живот и спортски активности.

23

Што можам да научам?преку овој парламент и преку разни обуки и трибини, студентите можат да стекнат најразлични знаења и вештини за кои ќе добијат сертификат. Освен тоа, со самото членување, стекнуваат најразлични комуникациски, ораторски и преговарачки вештини.

Page 24: Регистер на младински организации

Име на организација:

За нас:АеГее – Скопје е невладино, непрофитно и непартиско здружение на граѓани кое се залага за:

Ширење и развивање на идејата за обединета европа;

надминување на сите видови национализам, ксенофобија, полова, расна и дискриминација од каков било вид;

Збогатување на студентскиот живот со нови знаења, идеи и ативности;

Организирање семинари, конференции, зимски и летни универзитети и други форми на социјализирање со студенти од европа;

Соработка со други невладини организации во република Македонија;

Заштита и унапредување на интересите на република Македонија.

АеГее – Скопје (AEGEE – Skopje) претставува локална антена на разгранетата европска мрежа АеГее (AEGEE), студентска организација

077629007 [email protected] www.aegee-skopje.org.mk www.facebook.com/aegee.skopje www.youtube.com/user/AEGEESkopje

правен факултет „Јустинијан први“ бул. Крсте Мисирков бб, 1000 Скопје

аеГее – СКоПје

која промовира соработка, комуникација и интеграција меѓу младите во европа.

АеГее ја ужива поддршката на европската комисија. Има партиципативен статус во Советот на европа, статус на советодавач во Обединетите нации, а исто така, е член на европскиот младински форум и соработник на унеСКО. АеГее е европска и не функционира на сепаратистичко национално ниво. целосно се потпира на локалните групи наречени антени. Оваа структура се стреми кон бришење на постоечките ментални граници меѓу студентите од цела европа. АеГее се движи низ светот со следново мото: „Some call it Europe, we call it home“.

редовните активности на АеГее – Скопје вклучуваат организирање предавања и работилници, презентации за интернационални програми за студирање, интернационални и локални настани за зближување на македонските студенти со студентите од цела европа, размени на студенти, хуманитарни настани, како и претставување на Македонија пред европските студенти.

(AEGEE-SkopjE): аСоцијација на евроПСКи СтУдентСКи СтрУКтУри При УниверЗитетот „Св. Кирил и Методиј“ – СКоПје

Page 25: Регистер на младински организации

Членство:Организацијата има 80 членови на возраст под 30 години. најголемиот број од членовите се студенти на уКИМ, и тоа, од факултетите за општествени науки. Со последните измени на Статутот на АеГее – Скопје, во Организацијата членуваат и студенти од другите македонски универзитети.

Каде можам да се вклучам?покрај активно вклучување во организација на настаните организирани од АеГее – Скопје, членовите може да се вклучат и во следниве работни групи:

CWG (Cultural Working Group);

FrWG (Fund raising Working Group);

prWG (public relations Working Group);

hrWG (human resources Working Group);

ErWG (External relations Working Group);

ITWG (Information Technology Working Group);

pWG (political Working Group).

Што можам да научам? Организациски и лидерски способности

Тимско работење

Комуникациски способности на мајчин и на странски јазик

вештини за управување со проекти и решавање проблеми на креативен начин

25

Page 26: Регистер на младински организации

Име на организација:

078 366 110 [email protected], [email protected]

филозофски факултет, Институт за историја на уметност и археологија, бул. К.п. Мисирков бб, 1000 Скопје

СтУдентСКо археолоШКо ЗдрУжение

аКСиоС – СКоПје

За нас:Студентското археолошко здружение АКСИОС е основано во 2001 год. со цел да ги здружува студентите по археологија на филозофскиот факултет во Скопје, за остварување на заедничките интереси. преку организирање разни настани и иницијативи, печатење пропаганден материјал и брошури, да придонесе за подигнување на јавната свест за заштитата на културното наследство на р. Македонија, како и за негово промовирање. преку реализирање разни едукативни проекти, студентите да стекнат дополнително знаење

и стручно усовршување. АКСИОС е дел од меѓународна мрежа СТАрКО.

Здружението досега има реализирано голем број проекти кои, пред сè, се однесуваат на едукација и стручно усовршување на членовите. некои од позначајните проекти се: летен археолошки камп „Амфакситида“, едукативна работилница за изработка на мозаици, истражување на регенеративниот контекст кај женските и детските погребувања од прасторијата до средниот век итн.

Page 27: Регистер на младински организации

Членство:во АКСИОС членуваат околу 30 лица. Здружението го сочинуваат студенти на додипломски или постдипломски студии на филозофскиот факултет во Скопје, односно, студенти на Институтот за историја на уметност и археологија.

27

Каде можам да се вклучам?Сите заинтересирани можат да се вклучат во секој сегмент од работењето на Здружението. Можат да иницираат, да организираат и да раководат со различни настани и проекти чии цели се едукација и стручно усовршување на членовите на Здружението, како и проекти кои се однесуваат на промоцијата и на заштитата на културното наследство.

Page 28: Регистер на младински организации

Име на организација:

комплексот факултети феИТ/фИнКИ/МфС/ТМф, барака бр. 5 прва канцеларија од десно

BEST – СКоПје

За нас:визијата на BEST е поттикнување на различностите, нивно прифаќање и унапредување на личниот развој преку нивно акцентирање. Мисијата BEST е развој на студентите преку комплементарно образование. BEST – Скопје е дел од големото семејство на BEST интернационал, во кое членуваат 92 универзитети од 32 земји во европа.

Сe залагаме за развој на студентите, за развој на образованието и за понуда на поквалитетна, пообразована работна сила. Меѓу главните настани на BEST се Саемот за вработување и кариера, Инженерски натпревар и летниот академски курс.

(борд на евроПСКи СтУденти По технолоГија)

077602170 [email protected] www.best.org.mk/ www.best.org.mk/ @BESTSkopje www.youtube.com/ BESTSkopje

SKOPJESKOPJE

Page 29: Регистер на младински организации

Членство:во BEST членуваат околу 45 лица на возраст од 19 до 25 години, студенти од сите факултети на уКИМ. Доминантни профили на нашата организација се електротехничката, машинската и економската струка.

Каде можам да се вклучам?Членовите на BEST – Скопје можат да се вклучат во активности поврзани со организирање на многуте настани кои спаѓаат во годишната агенда на BEST – Скопје, како и да учествуваат на голем број интерни настани коишто се случуваат во текот на целата година. во рамките на BEST – Скопје функционираат повеќе тимови, кои помагаат при организацијата на секој од настаните. Можете да се вклучите во: Fr (Fundraising), тимот чија задача е да соработува со компаниите кои го поддржуваат BEST – Скопје, маркетинг и pr (public relations) тимот, кој подразбира дизајнирање на сите промотивни и маркетинг материјали, осмислување на маркетинг стратегијата и односи со јавноста и медиумите кои го поддржуваат BEST – Скопје, и IT тим, кој е одговорен за веб-страниците на BEST – Скопје, како и за сите онлајн активности.

Што можам да научам? Социјални вештини

презентациски вештини

лидерски способности

Контакт со многу важни луѓе од бизнис светот и од академскиот свет

познавања од области како: бизнис, трговија, маркетинг, компјутерски вештини, дизајн

29

Page 30: Регистер на младински организации

Име на организација:

Шумарски факултет: бул. „едвард Кардељ“ б.б., 1000 Скопје

За нас:нашата организација се залага за: поттикнување активности кај студентите од шумарство; озеленување и унапредување на животната средина; збогатување на нивните стручни познавања и искуства; обезбедување и дистрибуција на информации до студентите од областите шумарство и животна средина; претставување на нивните професионални интереси на меѓународен план, како и размена

на студенти преку меѓународна соработка со сродни факултети и стручни невладини организации. Дрен има учествувано во повеќе проекти, размени на студенти, натпревари и научноистражувачки тури. Освен тоа, Дрен е членка на Меѓународната организација на студенти од шумарството (IFSA).

ЗдрУжение на СтУденти на ШУМарСКиот фаКУлтет дрен – СКоПје

023135033 лок. 143 [email protected] http://www.sf.ukim.edu.mk/dren.htm http://tinyurl.com/9h7qpyw

Page 31: Регистер на младински организации

31

Членство:Членовите на Дрен се студенти од сите години на студии, како и постдипломци (на Шумарскиот факултет во Скопје и надвор од земјава).

Каде можам да се вклучам?во бројни активности од сферата на: екологијата, шумарството, подигнувањето на јавната свест и едукацијата за заштита на природата и на животната средина.

Што можам да научам? Тимска работа

Изработка на проекти

нови знаења од областа на екологијата, на животната средина и на шумарството

Page 32: Регистер на младински организации

Име на организација:

правен факултет „Јустинијан први“ бул. Крсте петков Мисирков бб, 1000 Скопје

За нас:Дел од целите на елСА се:

Да го унапредува правото преку поврзување и преку соработка на студентите по право од земјава и од странство;

Да ги подготвува студентите по право за идниот професионален живот;

Да придонесува во образовниот процес на студентите, со обезбедување можности за нивна надградба и за развивање на нивните потенцијали;

Да придонесува во реализацијата на визијата за праведен свет и за демократски вредности;

Да ги охрабрува заемното разбирање и почитување и да промовира општествена одговорност на студентите по право, со респект на човековото достоинство и на културната различност.

редовните активности на елСА вклучуваат: организирање тренинзи и обуки, институционални посети, натпревари во пишување есеи, студентска размена, обезбедување информации за своите членови за пракси, конференции и летни школи во земјава и во странство, изработка на проекти и слично.

евроПСКо ЗдрУжение на СтУдентите По Право во реПУблиКа МаКедонија – елСа

071518470 [email protected] www.elsa-rm.org.mk ELSA Republic of Macedonia

Page 33: Регистер на младински организации

Членство:во елСА членуваат 100 студенти по право од сите државни и приватни факултети во република Македонија, дипломци и постдипломци.

33

Каде можам да се вклучам?Членовите може да учествуваат на многубројните тренинзи и обуки, Moot Court натпревар за човекови права, натпревар за најдобар есеј, правничко истражување, учество на дебати и тркалезни маси и сл.

Што можам да научам? практични вештини и знаења од областа

на правото

Page 34: Регистер на младински организации

Име на организација:

факултет за електротехника и информациски технологии (феИТ) Машински факултет – Скопје (МфС)

За нас:целта на ИАеСТе е да врши меѓународна размена на студенти од факултетите опфатени со ИАеСТе програмата за да им се овозможи надвор од земјата да стекнат техничко искуство од области блиски до нивните студии и да ги развива меѓународното разбирање и добрата волја помеѓу студентите од сите нации. Активностите на ИАеСТе се поделени во три периоди. првиот период е период на апликација на македонските студенти за пракса во странство и обратно. вториот период е летната рецепција, односно

периодот во кој доаѓаат најмногу странски студенти, и во тој период, ние ги организираме секојдневните активности за сите практиканти (обично повеќе од 20 во исто време) кои се одвиваат во текот на целото лето. Третиот период претставува периодот во кој ИАеСТе ги контактира компаниите за да добиеме пракса за странски студент и да им овозможиме шанса на нашите студенти да добијат пракса во странство. ИАеСТе Македонија е дел од интернационалната мрежа на ИАеСТе.

иаеСте МаКедонија

023065069 [email protected] http://iaeste.org.mk www.facebook.com/IAESTEMacedonia twitter.com/iaestemacedonia

Page 35: Регистер на младински организации

Членство:во организацијата членуваат 150 студенти од универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ –Скопје, „Св. Климент Охридски“ – Битола, „Гоце Делчев“ – Штип и „Св. „Апостол павле“– Охрид.

Што можам да научам? професионални вештини од полето на

техничките науки

Организациски вештини

35

Page 36: Регистер на младински организации

Име на организација:

Медицински факултет – Скопје, ул. „50 Дивизија“ бр. 6, 1000 Скопје

За нас:наша цел и визија се студенти по медицина едуцирани по највисоки eвропски стандарди. Организираме разни едукативни и истражувачки вонкурикулумски активности, студентски

размени итн. ММСА – Македонија е членка на Интернационалната федерација на медицински студентски асоцијации (ИфМСА)

ММСа – МаКедонСКа МедицинСКа СтУдентСКа аСоцијација

+38970459691 [email protected] hwww.facebook.com/mmsaofficial

Page 37: Регистер на младински организации

Членство:во ММСА членуваат 2000 студенти.

Што можам да научам? Организациски вештини

работење во тим

професионални вештини

37

Каде можам да се вклучам? Одбор за медицинска едукација [SCoME]

Одбор за јавно здравје [SCoph]

Одбор за човекови права и мир [SCorp]

Одбор за репродуктивно здравје и СИДА [SCorA]

Одбор за професионални размени [SCopE]

Одбор за истражувачки размени [SCorE]

Спортски клуб МеДИСпОрТ

Одбор за публикации МеДИКуС

Одбор за културно-забавен живот.

Page 38: Регистер на младински организации

Име на организација:

Булевар Крсте Мисирков бб 1000 Скопје, република Македонија, правен факултет „Јустинијан први“ – Скопје

За нас:Македонски политиколошки форум, претставува студенска организација на студентите на политички науки при правниот факултет „Јустинијан први“ – Скопје, активен член на Интернационалната асоцијација на студенти на политички науки – IApSS.

нашата мисија е подигнување на нивото на високо образование на студентите на политички науки преку организирање на вон наставни активности од типот на Академски конференции, посета на семинари организирани од наши пријателски организации од регионот и од европа, како и активно учество во работата IApSS, на нивните состаноци и генералните собранија. во соработка со правниот факултет „Јустинијан први“ и универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Мпф – Скопје, има организирано

различни настани меѓу кои и двете меѓународни академски конференции во Охрид. Мпф е активен член на Интернационалната асоцијација на студенти на политички науки IApSS, од самиот почеток на основање на истата во 1998 година.

нашите активности опфакаат организирани посети на институциите од Извршната власт во република Македонија, делегациско претставување на симпозиуми, конференции и семинари во организација на сродни организации од регионот и од Интернационалната асоцијација на политички науки, како и организација на меѓународни академски конференции во соработка со правниот факултет „Јустинијан први“ и универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

МаКедонСКи ПолитиКолоШКи форУМ – СКоПје (МПф-СКоПје)

02 3 181 571, 070 691 627 [email protected] Mpf Skopje

Page 39: Регистер на младински организации

Членство:повеќе од 100 членови, студенти и постдипломци од областа на политичките науки, а свое место во организацијата имаат и членовите на алумни асоцијацијата во која активно членуваат дел од асистентите и професорите од правниот факултет „Јустинијан први“ во Скопје.

Што можам да научам?Мпф, како организација, на своите членови им мнуди големи можности за проширување на академските хоризонти преку активното учество на различните вон-наставни активности, а воедно и запознавање на колеги од оваа бранша од целиот свет и взаемно споделување на искуства.

39

Каде можам да се вклучам?прием на нови членови се врши во канцеларијата на Мпф, која се наоѓа на правниот факултет „Јустинијан први“ секој работен ден од 12 – 13 часот, со пополнување на апликација за членство и еднократен надомест во износ од 300 денари кои се уплаќаат на нашата ж-ска.

Page 40: Регистер на младински организации

Име на организација:

палата Кузман, 3 кат, ул. Теодосиј Гологанов бр. 27, 1000 Скопје

За нас:СТуДенТ фМ 92.9 е радио на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје. неговата главна цел е да биде медиум за студентите во секоја смисла на зборот – за идните новинари, место за практикување на знаењата стекнати за време на студиите; за студентите од техничките факултети, можност за стекнување искуство во функционирањето и во опремувањето на еден медиум. За сите студенти на уКИМ, СТуДенТ фМ 92.9 е радио што информира, едуцира и забавува, притоа, почитувајќи ги професионалните и етички елементи на новинарството. програмата на радиото ја одликуваат вкусно одбраната музика, како и емисиите со силен креативен и авторски печат.

Студентите од студиите по новинарство имаат медиум каде што можат наученото од студиите да го применат во практика. Тука ги совладуваат новинарските стилови, жанрови и тимски подготвуваат емисии, односно 24-часовна програма Студентите од техничките факултети се задолжени за техничката поддршка, за реализиацијата и за професионалното звучно обликување на програмата. редакцијата е отворена за сите студенти на уКИМ, па во тимот има и колеги од други факултети, кои понесени од магијата на радиото, заедно со нас креираат програма за различните вкусови на нашата млада публика.

УниверЗитетСКо радио СтУдент фМ 92.9 – радио на УКиМ

+3893222909 +3893222907 [email protected] http://goo.gl/r7bGh www.facebook.com/StudentFM92.9?ref=ts&fref=ts

Page 41: Регистер на младински организации

Членство:СТуДенТ фМ 92.9 брои околу 30 членови.

Каде можам да се вклучам?редакција е отворена за сите љубопитници кои имаат афинитети кон радиото како медиум; секој креативец и секоја идеја се добредојдени. предизвик е идејата добро да се реализира и да се пушти во етерот.

Што можам да научам? вештини на правоговор

Однос пред микрофон

Техники за дишење и за читање

пишување вест, сценарио за емисија, снимање интервју, дебатна емисија, тематски прилози

Аудиомонтажа

Интеракција со: соговорници, гости и слушатели

41

Page 42: Регистер на младински организации

Име на организација:

економски факултет – Скопје, бул. Крсте Мисирков бб, 1000 Скопје

За нас:Мисијата на AIESEC е креирање интернационална платформа која ќе им овозможува на младите луѓе да го откријат и да го развијат нивниот лидерски потенцијал. визијата на Организацијата е peace & Fulfillment of humankind’s potential. AIESEC е дел од мрежата AIESEC International

редовни активности:

работа по функционални области;

Организација на проекти (united for Tomorrow, Career direction, AgriBusiness Forum, Career days);

Организација на настани и на обуки на размена;

Интернационална програма на размена.

AIESEC – лоКален КоМитет, СКоПје

023286851 [email protected] www.aiesecskopje.org.mk www.facebook.com/

AIESECSkopje/ @AIESEC_Skopje www.youtube.com/aiesecskopje

Page 43: Регистер на младински организации

Членство:во AIESEC членуваат 150 студенти на возраст помеѓу 18-23 години.

Каде можам да се вклучам? неформално образование

лидерски потенцијал

Менаџмент на време

проектен менаџмент

Менаџмент на промена и криза

Што можам да научам? вештини на правоговор

Однос пред микрофон

Техники за дишење и за читање

пишување вест, сценарио за емисија, снимање интервју, дебатна емисија, тематски прилози

Аудиомонтажа

Интеракција со: соговорници, гости и слушатели

43

Page 44: Регистер на младински организации

Име на организација:

ул. Доситеј Обрадовиќ бр. 14, ½, Скопје

За нас:целите и определбите на Друштвото се ширење и популаризација на астрономијата како наука и обединување на сите љубители на астрономијата во нивната заедничка потрага по повеќе знаење, дружење и ведро небо. Скопското астрономско друштво има редовни состаноци секој понеделник од 20:00 часот во просториите на електротехничкиот и Машинскиот факултет во Скопје. Друштвото редовно организира курсеви по астрономија, циклуси предавања од

областа на астрономијата, астрономски кампови, теренски набљудувања за членовите на Друштвото, отворени набљудувања за јавноста, а остварува и активна соработка со медиумите преку константно информирање за вселенските феномени и случувања, како и за активностите на Друштвото. вклучено е во организацијата Astronomers Without Borders, а соработува и со многу аматерски астрономски друштва од Балканот и со неколку од европа.

ЗдрУжение на Граѓани СКоПСКо аСтроноМСКо дрУШтво

070498345 [email protected] www.astronomija.com.mk www.facebook.com/SkopskoAstronomskoDrustvo twitter.com/AstroSkopje

Page 45: Регистер на младински организации

Членство:во Друштвото членуваат 60 студенти на годишно ниво.

Каде можам да се вклучам?редовни состаноци се одржуваат секој понеделник од 20:00 часот во просториите на електротехничкиот и Машинскиот факултет во Скопје.

Што можам да научам? работа со телескопи и со друга астрономска

опрема

вештини на набљудување на објектите на небото

Астрофотографија

45

Page 46: Регистер на младински организации

Име на организација:

1. економски факултет (еСМ Скопје) 2. универзитет фОн (еСМ универзитет фОн) 3. универзитет Американ колеџ, Скопје (еСМ уАКС)

За нас:еСМ работи на обезбедување помобилна и пофлексибилна образовна политика заради поддршка и развивање на студентската мобилност на сите нивоа и заради овозможување меѓукултурно искуство на оние студенти кои се оневозможени да одат на размена (интернационалнизација дома). еСМ е дел од интернационалната еразмус студентска мрежа (Erasmus Student network).

EСМ активно работи на образовни политики и е еден од соработниците и поддржувачите на политиките на европската комисија. Акцентот е ставен на проектите кои се работат во рамките

на Мрежата (Social Erasmus, Exchange Ability, ESn Cards, ESn Survey, prIME- problems of recognition in Making Erasmus, Erasmus in Schools и други).

покрај официјалните проекти, секциите на еСМ главно се фокусирани на поддршка на интернационалните студенти и на студентите дојдени на размена. во интерни рамки, активностите со кои се занимава еСМ се статутарните и нестатутарните состаноци низ европа на кои можат да учествуваат сите членови на еСМ.

ераЗМУС СтУдентСКа Мрежа – МаКедонија

+ 38972253536president.

esnmacedonia@ gmail.com

еsn.mk / esn.orgwww.facebook.

com/esnmacedonia@ESNMacedonia

www.youtube.com/user/esninternational?feature=results_main

Page 47: Регистер на младински организации

Членство:еСМ брои околу 50 активни членови, студенти од сите нивоа на студии (додипломски, постдипломски и докторски), со познавање англиски јазик, без предрасуди, флексибилни, со лидерски способности и визионери.

Каде можам да се вклучам?во сите проекти и активности, кои се дел од оваа Мрежа: Social Erasmus, Exchange Ability, ESn Survey, Erasmus in Schools, како и проекти и активности кои се дел од нив. покрај тоа, можна е вклученост во сите активности на локално, национално и интернационално ниво (Eduk8, работилници, национални и регионални платформи).

47

Што можам да научам? Образовни политики и студентска мобилност

Јазични способности

IT вештини

финансии, комуникации, односи со јавност

вештини на професионален тренер – реторика, одржување презентации

Page 48: Регистер на младински организации

Име на организација:

Машински факултет – Скопје; Карпош II бб

еСтиеМ лГ СКоПје

078726731 [email protected] www.facebook.com/pages/ESTIEM-LG-Skopje

еСТИеМ лГ Скопје работи на организирање семинари, курсеви, работни групи, студентски размени и слични проекти во соработка со многу македонски и странски компании. еден од најважните проекти е проектот TIMES (Tournament in Mаnagement and Engineering skills) каде што компаниите даваат реални проблеми со кои се соочуваат, а ние, како студенти, им помагаме во нивното решавање.

За нас:еСТИеМ лГ Скопје е здружение на студенти по индустриско инженерство и менаџмент и претставува непрофитабилна, неполитичка организација водена од студенти. нашата цел е овозможување неформално образование за студентите од оваа насока и обединување на сите студенти по индустриско инженерство и менаџмент од европа. еСТИеМ е организација на студенти на европско ниво, а нашата локална група е дел од таа европска мрежа од 2002 година.

Page 49: Регистер на младински организации

49Каде можам да се вклучам?Со пристапување кон нашата организација, на членовите им се нудат разни обуки и семинари поврзани со областа на инженерството и на менаџментот. во соработка со нашите и со странски компании при решавање на Case Study, членовите имаат можност да се докажат пред нив и да добијат понуда за пракса или работа. Исто така, како дел од европското еСТИеМ семејство, на членовите им се нудат размени (студирање 1-2 семестри на некој од 66-те универзитети во европа каде еСТИеМ има свои локални групи).

Членство:нашата студентска организација брои 50 членови и е отворена за студенти на Машинскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ запишани на прв, втор или трет циклус на студии.

Page 50: Регистер на младински организации

Име на организација:

природно математички факултет: „Гази Баба“ б.б., 1000 Скопје

За нас:Истражувачкото друштво на студенти биолози ја промовира научноистражувачката работа како еден од најефективните начини за постигнување основна биолошка едукација кај студентите по биологија и пошироко. воедно, Друштвото се залага да ги истражи природните вредности на Македонија и да ги објави во форма на трудови во „Билтенот на Истражувачкото друштво на студенти биолози“. преку овие активности, неминовен е придонесот во заштитата на животната средина преку подигнување на јавната свест за природните реткости присутни во републикава, односно, проширување на знаењето за уникатноста и за реткоста на дадени организми, екосистеми итн. – информации до кои ретко кој во државава е обучен да дојде. ИДСБ може да се пофали со поддршка од едни од најдобро обучените специјалисти во различни области од биологијата во државата, а со тоа,

и да го гарантира квалитетот на обуката на студентите што ја нуди.

Активностите на ИДСБ вклучуваат организација на теренска истражувачка работа во форма на 2 еднодневни теренски активности напролет и една 15-днeвна теренска активност налето. Теренските активности се главниот медиум за едукација на студентите во нивното поле од интерес. Обликување на податоците добиени од терен во годишни извештаи на ниво на секции и понатамошно објавување на податоците во форма на трудови во „Билтенот на Истражувачкото друштво на студенти биолози“. повремена организација на студентски собири, како што се симпозиуми и конгреси, каде може да биде презентирана научната работа. вршење студентска размена со слични организации од поранешните југословенски земји и пошироко.

иСтражУваЧКо дрУШтво на СтУденти биолоЗи

070390956 [email protected] www.facebook.com/pages/Истражувачко-Друштво-на-Студенти-Биолози/139332376128667?fref=ts

Page 51: Регистер на младински организации

Членство:ИДСБ брои од 50 до 200 членови, сегашни студенти по биологија при Институтот за биологија на природно-математичкиот факултет. Дополнително членуваат и дипломирани биолози, професори и асистенти од Инстиутот во форма на раководители и ментори на секциите. Членството, како и да е, не е ограничено на студентите по биологија, туку е отворено за сите граѓани на Македонија, ентузијасти за проучување и за заштита на природата.

Каде можам да се вклучам?присуство на теренски активности, лабораториска работа, подготовка на извештаи и трудови, присуство на симпозиуми, конгреси и состаноци и нивна организација.

51

Што можам да научам? Методи и материјали за работа со одредена

група организми во нивните природни опкружувања или, пак, во лабораторија

пишување извештаи

пишување научни трудови

вршење на орални и постер презентации на конгреси и на симпозиуми

Page 52: Регистер на младински организации

Име на организација:

правен факултет „Јустинијан први“, бул. Крсте Мисирков бб

За нас:цели и задачи на Клубот на оратори се:

Откривање, поттикнување, анимирање, обучување и афирмирање на идните потенцијални ретори;

поттикнување и развој на есеистиката и на говорништвото;

промовирање на принципот на етичност во говорењето;

развивање индивидуални стилови во говорењето и ослободување и развој на мислата;

Афирмирање на младиот човек во сферата на општествениот живот;

промовирање на натпреварувачкиот дух на домашен и на меѓународен план.

Активностите на Клубот на оратори вклучуваат обуки по реторика и по јавно говорништво на правниот факултет и низ средните училишта, организација на oраторската вечер „Иво пухан“ на правниот факултет, трибини, панел-дискусии, работилници за совладување реторски вештини, како и семинари на најразлични теми низ Балканот, заедно со мрежата од партнери од другите балкански држави.

ЗдрУжение на Граѓани КлУб на оратори – СКоПје

070777591 [email protected] Forum Oratores

Page 53: Регистер на младински организации

Членство:во Клубот на оратори членуваат околу 400 студенти и средношколци, но и повозрасни луѓе од сите профили кои имаат желба, амбиција или потреба за совладување на вештините на реториката и јавното говорење.

Каде можам да се вклучам?Сите заинтересирани можат да се вклучат во сите тековни активности на Клубот на оратори. Можат да посетат некоја од нашите обуки и да добијат сертификат, да учествуваат на ораторски натпревари, да бидат дел од трибините и панел-дискусиите кои ги организира Клубот, како и да посетат некој од семинарите кои ги организираме.

Што можам да научам? Техники на јавно говорење

Совладување на тремата

подобрување на дикцијата и на правилниот изговор

развивање на способноста за пишување (говори, тези, есеи)

подготовка на Cv и претставуање на интервју за работа

53

Page 54: Регистер на младински организации

Име на организација:

правен факултет / филозофски факултет / економски факултет, бул.Крсте Мисирков бб 1000 Скопје

За нас:Дебатните клубови се неформални здруженија на студенти кои функционираат на економскиот факултет, Скопје; на филозофскиот факултет, Скопје и на правниот факултет „Јустинијан први“. нивната цел е да ги обучат студентите за компетитивно дебатирање во форматот британска парламентарна дебата, како и

да ја прошират идејата за аргументирано комуницирање и изразување во академската средина. Дебатните клубови се дел од дебатната програма на Младинскиот образовен форум, организација која се занимава со спроведување на средношколска и на студентска дебата на територијата на република Македонија.

дебатни КлУбови на УКиМ

+38923139692 [email protected] mof.idebate.org www.facebook.com/MOFdebata twitter.com/debatamk

Page 55: Регистер на младински организации

Членство:право на членување во дебатните клубови имаат сите заинтересирани студенти, независно од кој факултет или универзитет доаѓаат или од степенот на студии.

Каде можам да се вклучам?редовните средби на факултетите се одржуваат:

правен факултет – секој понеделник во 16 часот во амфитеатар 4;

економски факултет – секој четврток во 16 часот во предавалница 8;

филозофски факултет – секој четврток во 16 часот во предавалница 7.

пријавувањето се одвива онлајн на следниов линк:

http://mof.idebate.org/news-articles/debata-za-studenti

Што можам да научам? Британска парламентарна дебата – формат

и улоги

Аргументација

Анализа на тези

Одговарање и поставување прашања

побивање на противничките аргументи

55

Page 56: Регистер на младински организации

Име на организација:

Mладински образовен форум, ул. Дренак 34А, 1000 Скопје

За нас:Младински образовен форум [МОф] е младинска невладина организација формирана во 1999 година, која работи на полето на образованието и на човековите права.

Мисијата на МОф е да обезбеди позиционирање на младите како релевантен општествен фактор кој ќе ги унапредува внатрешната и надворешната политика на република Македонија.

Активностите на Организацијата се реализираат во рамките на три програми: неформално образование (Дебата, учиме право и обуки за млади); Истражување, анализа и креирање младински и образовни политики и Младински активизам.

МОф е активен на национално ниво, спроведувајќи ги своите програмски активности

во 12 градови во Македонија (Скопје, Тетово, Кичево, Дебар, Струга, Битола, велес, Куманово, Кратово, Делчево, Штип и Гевгелија). во МОф членуваат повеќе од 100 полнолетни членови на Собранието на Организацијата, кои се активни на програмски и на проектни активности, а 20 од нив се вработени со полно или половично работно време во Организацијата. во младинските клубови на МОф, на годишно ниво, членуваат повеќе од 1000 корисници на програми, активни во програмските области Дебата, учиме право и Медиа – арт.во рамките на Организацијата, функционираат и првото младинско интернет-радио во Македонија, радио МОф (www.radiomof.mk), како и центарот за промоција на образовни програми.

МладинСКи обраЗовен форУМ

023139692 [email protected] www.mof.org.mk www.radiomof.mk

www.facebook.com/MOF.eduwww.facebook.com/RadioMOF

@MOFedu@RadioMOF

www.youtube.com/ youtheduforum

www.youtube.com/RadioMOF

Page 57: Регистер на младински организации

Членство:во Младинскиот образовен форум членуваат млади од целата земја, а активностите се водени, пред сè, од студенти и од млади. Собранието на Организацијата го сочинуваат 80-тина членови, додека во клубовите и во центрите членуваат околу 1500 средношколци, студенти и млади од земјава.

Каде можам да се вклучам?Дебатни клубови на уКИМ за британска парламентарна дебата (економски факултет, Скопје; филозофскиот факултет, Скопје и правен факултет „Јустинијан први“). [email protected] Тим на обучувачи учиме право Обучените тренери реализираат предавања за средношколци за запознавање со правото низ интерактивни методологии[email protected]

Медиа – арт клубови во Скопје, Штип, Струга и Тетово нови медиуми, видеопоткасти и аудиопоткасти, онлајн активизам и граѓанско новинарство во соработка со радио МОф, јавни настани, флеш мобови и креативни јавни акции за промоција на младинските права и интереси. [email protected]

57

Што можам да научам?преку програмата неформално образование, можете да научите како да дебатирате и да се натпреварувате во студентскиот дебатен формат британска парламентарна дебата, да станете предавач по методологијата на учиме право, да стекнете вештини од областите јавно говорење, менаџирање проектен циклус, застапување, комуникација со јавноста, нови медиуми, активизам и други теми. низ програмата Истражување, анализа и креирање младински

и образовни политики, можете да се запознаете со повеќе истражувачки методологии и да спроведувате истражувања, но и да научите повеќе за младинските и за образовните политики во Македонија и во странство. низ програмата Младински активизам, можете практично да се запознаете со процесите на водење настани и организирање младински иницијативи, додека преку радио МОф, можете повеќе да се запознаете со граѓанското новинарство и со мултимедијалните алатки.

Тим студенти истражувачиМетодологии за истражувања, за анализи и за креирање младински и образовни политики. [email protected]

радио МОфСтудентите по новинарство или оние кои се пронаоѓаат себеси во сферата на граѓанското новинарство и на веб-медиумите, можат да се приклучат на тимот на радио МОф како новинари, водители, фотографи, видеопродуценти или аудиопродуценти.

Обуки за младиМладински активизам, младински права и слободи, онлајн активизам, нови медиуми, аргументирано изразување, организација на настани, застапување и други. [email protected]

Page 58: Регистер на младински организации

Име на организација:

СТАр-СТАр, ул. никола Карев 9/3-17, 1000 Скопје

За нас:СТАр-СТАр е здружение за заштита, за промовирање и за унапредување на маргинализираните професии, со посебен интерес кон сексуалните работници, кон подобрување на нивниот социјален и здравствен статус, како и кон подигнување на свеста кај општата популација во насока на нивно прифаќање и на почитување на нивните човекови права и слободи.

целта на СТАр-СТАр е да ги заштитува и да ги промовира правата на сексуалните работници во социјалниот, правниот и здравствениот систем во општеството, преку активна и блиска соработка со државните институции, со граѓанскиот сектор и со медиумите, на локално и на меѓународно ниво. СТАр-СТАр ги реализира своите цели преку организирање семинари, конференции, едукативни работилници и кампањи, со активно вклучување и учество на лицата од целната група.

цели на СТАр-СТАр се:

подобрување на законските мерки кои се однесуваат на сексуалните работници;

подобрување на социјалната средина во која живеат и работат сексуалните работници;

подобрување на знаењата во врска со сексуалното и со репродуктивното здравје на сексуалните работници;

Интервенција и превентива против насилството врз сексуалните работници;

промовирање на сексуалната работа како работа која често претставува слободен избор на професија и нема допирни точки со прашања поврзани со трговијата со луѓе.

СТАр-СТАр е член на три меѓународни мрежи: SWAn (Sex Workers’ Advocacy network), nSWp (network for Sex Workers projects) и ICrSE (International Committee of Sex Workers’ rights).

Стар-Стар СКоПје

023232411 [email protected] www.starsexwork.org https://www.facebook.com/starsexwork

Page 59: Регистер на младински организации

Членство:124 полнолетни граѓани на република Македонија, без разлика на нивната родова, етничка, верска или професионална ориентација, кои ги поддржуваат визијата и мисијата на СТАр, воедно давајќи сопствен придонес во нивната реализација.

Каде можам да се вклучам?Секое ново членство во СТАр-СТАр подразбира вклучување на членот во промоција, во унапредување и во заштита на правата на сексуалните работници во општеството, со изразување поддршка на јавни настани, на кампањи, на трибини и слично.

59

Што можам да научам? Знаења во однос на тоа како е регулирана сексуалната работа кај нас и во регионот

Знаења за сексуалната индустрија кај нас и во светот

Знаења за иницијативите на сексуалните работници на меѓународно и на локално ниво

во некои од поважните активности на СТАр-СТАр спаѓаат: информативната линија за помош и за поддршка на сексуалните работници „Од нас за нас“, месечниот весник изработен од сексуалните работници, за сексуалните

работници, кој има едукативен и информативен карактер, теренската работа на местата каде што работат сексуалните работници, работилници и други неформални активности преземени од лица од целната група за мобилизација на нови членови од целната група.

Page 60: Регистер на младински организации

Име на организација:

За нас:еКО–лОГИК е организација посветена на заштитата и унапредувањето на животната средина, на промовирање современи еколошки практики, како и на следење и промовирање на принципот на одржливост.

Главните цели на Организацијата вклучуваат: промовирање на екологијата како наука,

еКо–лоГиК – орГаниЗација За ЗаШтита и УнаПредУвање на животната Средина

078365902 [email protected] www.ecologic.mk www.facebook/EcoLogic.mk www.youtube.com/user/ EcoLogicMK

достапност до чиста вода за секого, промоција и придржување до концептот наречен одржлив развој, почисто производство, промоција на руралниот развој, пренесување на „еколошкото знаење“ и креирање нови „зелени“ работни места.

Page 61: Регистер на младински организации

Членство:повеќе од 50 млади, позитивни и насмеани луѓе, љубители на природата, но и на чистата и здрава урбана средина, поддржувачи на интерактивното општество и на демократијата. возраст: 18+ (примарна група) / (секундарна група: 7-14)

Каде можам да се вклучам?во еКО–лОГИК имате можност да се вклучите во бројни ктивности поврзани со реализација / имплементација на проекти, да учествувате во промовирање на настани, предавања, работилници, како и да дадете ваш придонес кон подготовка на проекти со вашите уникатни идеи.

61

Што можам да научам? Тимска работа

Организираност

работење во опуштена атмосфера

Знаења за: екологијата, животната средина, одржливиот развој, концептот на почисто производство, климатските промени, енергетската ефикасност и биодиверзитетот.

Page 62: Регистер на младински организации

Име на организација:

ул. Атинска бр. 1/3/19, 1000 Скопје

За нас:еМСА – Македонија е насочена кон подобрување на здравјето и на квалитетот на здравствената заштита на граѓаните на Македонија, со дејствување за поголема интеракција и за споделување знаења меѓу македонските и европските студенти по медицина. поттикнува социјални, културни и политички прашања и дејствува како платформа за размена на искуства, на информации и за споделување мислења во областа на медицинската едукација, етика и јавно здравство, науката и европската интеграција. еМСА – Македонија е полноправна членка на европската медицинска студентска асоцијација (еМСА – европа) со седиште во Брисел.

еМСА – Македонија организира бројни активности, кои вклучуваат: збогатување на активностите на студентите по медицина, кои се во врска со нивното образование; дистрибуција на информации од областа на медицината; размена на студенти и соработка со други факултетски организации за студенти по медицина; претставување на интересите на студентите по медицина на меѓународен план и пред меѓународни институции од областа на нивната професионална дејност; организирање кампањи и културни активности.

еМСа – МаКедонија (евроПСКа МедицинСКа СтУдентСКа аСоцијација на МаКедонија)

078230257 [email protected] www.emsa.org.mk EMSA - Macedonia ReBorn @EMSAMakedonija

Page 63: Регистер на младински организации

Членство:еМСА брои 200 активни членови и 600 пасивни членови: студенти на Медицинскиот факултет – Скопје, алумни и симпатизери на Организацијата.

63

Што можам да научам? Дополнителни знаења и пракса од областа на медицинските науки

начини на комуникација со пациентите

Снаоѓање во секојдневниот живот

Каде можам да се вклучам?Членовите на еМСА – Македонија можат да се вклучат во сите активности на Организацијата: проекти, кампањи, работилници, настани, соработки со други организации, интернационални настани итн. Дел од нив се: проекти: Мече болница, Movies & Medi-cine, Eurotalk, Twinning project, Secret Science Club

работилници: еМСА на википедија, Медикализација, how to write and publish scientific paper.

Page 64: Регистер на младински организации

Име на организација:

прв приватен универзитет фОн – Скопје, ул. војводина бб, 1000 Скопје

За нас:федерација на млади – Скопје е формирана од 12 младински невладини организации (Y4Y, AIеSEC, АеGее, SSFon, EMSA, IAESTE, BEST, EESTEC, kopru, ELSA, hErA и Blue Sky), кои проактивно дејствуваат на територијата на градот Скопје веќе подолго време. Главни цели на федерацијата се креирање локална стратегија за млади и Совет на млади на територијата на Скопје.

фМС ги остварува целите и задачите преку: истражувања, семинари, конференции, академски активности, размена на искуства и на знаења на млади од различни општествени средини, организирање јавни дебати и тркалезни маси и др.

федерација на Млади – СКоПје

078230257 [email protected] www.facebook.com/groups/286588643387/

Page 65: Регистер на младински организации

65

Членство:целна група на федерацијата на млади главно се студенти, но се застапуваат интересите на целната група на возраст од 14 до 29 години.

Page 66: Регистер на младински организации

Име на организација:

Дебарца 56/4, 1000 Скопје Макеоднија

За нас:х.е.р.А. се стреми во остварување на основното човеково право на жените, мажите и младите да бидат правилно информирани и имаат соодветен пристап до квалитетни и доверливи услуги за да можат слободно да го остваруваат својот избор во однос на сексуалноста, превенцијата, грижата и третманот од сексуално преносливите инфекции и хИв, вклучувајќи и целосна заштита на правата на лицата кои живеат со хИв/СИДА и нивните најблиски, контрацепцијата, безбедниот и легален абортус, сексуалните и репродуктивните права.

Организацијата работи во пет стратешки области: застапување, млади, абортус, СИДА и пристап до сервиси. во рамките на овие стратешки области се спроведуваат тековни активности. Континуирано во програмата застапување се спроведуваат активности поврзани со сеопфатно сексуално образование (спроведување на истражување, прирачници, како и политики).

програмата за абортус е насочена кон спроведување на активности со цел воведување на медикаментозен абортус во Македонија. Младинската програма преку младинската група е вклучена во спроведување на врснички едукации за сексуално и репродуктивно здравје и права, како и туберкулоза. Исто така младинската група е вклучена во организирање на промотивни настани и кампањи. во рамките на организацијата функционираат два младински пријателски сервиси „Сакам да знам“ кои што нудат бесплатни и доверливи услуги, гинеколошки и дерматовенеролшки прегледи, бесплатна терапија и контрацепција, како и советување и едукација. програмата за хИв спроведува теренско советување и тестирање за хИв низ целата земја. Исто така во во рамките на херА функционира и неформалната група на лица кои што живеат со хИв, „Заедно посилни“. напорите пак на програмата за застапување најактивно работи на прашањата поврзани со

хера – аСоцијација За ЗдравСтвена едУКација и иСтражУвање

02/3290-395 [email protected] www.hera.org.mk www.facebook.com/hera.macedonia @HERA_mkd www.youtube.com/user/

HERAMacedonia

Page 67: Регистер на младински организации

Членство:херА брои околу 80 членови и 40 активни волонтери. Членството не е ограничено на посебен профил на лица.

Каде можам да се вклучам?потенцијалните волонтери можат да се вклучат во сите активности на младинската група (кои накусо се наведени погоре), а исто така и како контакт лица за теренското советување и тестирање за хИв.

67

Што можам да научам? Знаења за хИв/СИДА, контрацепција, недискриминација, сексуални права, сексуално преносливи инфекции и др.;

вештини за пренесување на информации;

вештини за застапување;

Организациски вештини;

сеопфатно сексуално образование и негово воведување во училиштата. програмата за пристап до сервиси е фокусирана кон менаџериње на двата младински пријателски сервиси „Сакам да знам“ кои што нудат бесплатни и доверливи услуги за млади.

покрај тоа активностите вклучуваат и обука на медицински кадар за работа во полето на сексуалното и репродуктивното здравје и права, особено во работата со маргинализираните задници.

Page 68: Регистер на младински организации

Име на организација:

ул. раде Кончар 2а, 1000 Скопје

За нас:Креактив е младинска организација која промовира активно младинско граѓанство преку креативни и иновативни идеи. Креактив се залага за поголема вклученост на младите во процесот на донесување одлуки, на локално и на национално ниво, кои директно ги засегаат младите. Со тоа, им се дава можност на самите млади луѓе од Македонија да влијаат

на подобрувањето на условите за живот во сопствената заедница и на обезбедувањето попросперитетна иднина.

oрганизацијата е дел од следниве меѓународни мрежи: people to people International, South East European Youth network – SEEYn, Y-pEEr Education network, како и unITEd against racism.

ЗдрУжение на Млади КреаКтив

026130709078238885 [email protected] www.kreaktiv.mk www.facebook.com/

creACTive?fref=ts www.youtube.com/user/KreaktivSK

www.youtube.com/user/creactivemkd

Page 69: Регистер на младински организации

Членство:во Креактив членуваат околу 60 волонтери, млади луѓе на возраст од 13, па сè до 30 години, но секако, и повозрасни, кои се чувствуваат сè уште млади. Сакаме секогаш да имаме членство од сите етнички заедници, религии, сексуални ориентации, политички партии итн.

Каде можам да се вклучам?Креактив обезбедува поддршка на секој млад човек активно да се вклучи во проекти кои се спроведуваат во Македонија и странство, преку следниве тела и проекти:

централен волонтерски комитет на Креактив ([email protected])

евС – европски волонтерски сервис ([email protected])

pTpI (people to people International)

Skopje creACTive Student Chapter ([email protected])

дигиталното младинско списание лИБерТАС ([email protected]),

бројни младински размени и обуки, во Македонија и во странство

69

Што можам да научам? Младинско лидерство

Комуникациски вештини

проектен менаџмент

Тимска работа

Организациски вештини

Конфликтен менаџмент и разрешување конфликти

Социјални вештини

Page 70: Регистер на младински организации

Име на организација:

ул. 8 Март бр. 18 / кат 3. во центарот на градот веднаш зад интернет кафе ентернет

За нас:Младите можат е невладина непрофитна и независна граѓанска организација чија цел е да ги поттикне младите луѓе да земат активно учество во развојот на демократското општество преку промовирање активно граѓанство и младински активизам. Организацијата е формирана од млади луѓе за млади луѓе и функционира на тој принцип.

формирана во 2009 година, Младите можат успеа да израсне како организација и успеа да обезбеди простор за учење и за развој на личен и на професионален план на младите луѓе.

редовните активности на Младите можат вклучуваат: организација и имплементирање обуки и работилници; организација и промовирање настани од корист на младите (евС инфо-сесии); споделување информации за младински размени, тренинзи, стипендии и работни позиции; подготовка на младински проекти; активно учество во мрежи од интерес за младите.

Младите можат е дел од: FLArE network, Y-pEEr, платформата за студентски плурализам и платформата за студентска оддржливост.

ЗдрУжение на Граѓани Младите Можат

+38970868486 [email protected] www.youthcan.org.mk www.facebook.com/pages/Youth-Can-Младите-Можат

Page 71: Регистер на младински организации

Членство:во Младите можат членуваат 300 лица, на возраст помеѓу 16 и 35 години.

Каде можам да се вклучам?Секој член на Младите можат може да се вклучи во тимот за проекти, во тимот за комуникација, во тимот за млади во акција и во тимот за човечки ресурси.

71

Што можам да научам? Тимска работа

раководење со состаноци

пишување проекти

презентациски вештини

Младински активизам

Page 72: Регистер на младински организации

Име на организација:

ул. цветан Димов бр. 29/1/3, Скопје

За нас:Младинската културна асоцијација на Бошњаците во Македонија ШАДрвАн е формирана за да им помага на студентите Бошњаци во остварувањето на нивните права, да спроведува обуки, да организира предавања и семинари на кои се претставуваат важноста и потребите на современото општество.

Активно работиме на: социјалната исклученост, организација на трибини, аматерски претстави, промоција на книги и фестивал на поезија. Дополнително издаваме списание ШАДрвАн. на овој начин, ги поттикнуваме младите на творештво и на креативност.

МладинСКа КУлтУрна аСоцијација на боШњаците во рМ Шадрван

070994021 а[email protected] www.sadrvan.org.mk www.facebook.com/groups/sadrvan/?bookmark_t=group

Page 73: Регистер на младински организации

Членство:во организацијата членуваат 60 лица на возраст од 18 до 30 години, студенти од прв и од втор циклус, вработени и невработени лица.

Каде можам да се вклучам?во организирање трибини, разни манифестации и други активности, во зависност од годишниот план и програма.

73

Што можам да научам? Тимска работа

раководење со состаноци

пишување проекти

презентациски вештини

Младински активизам

Page 74: Регистер на младински организации

Име на организација:

ул. 20 Октомври бр. 8/1, 1000 Скопје.

За нас:Мисијата на Секој студент е да помогне во развојот на идните водачи на општеството. нашата цел е лична изградба на секој студент во Македонија во четирите области: интелектуално, социјално / емоционално, духовно и физички. Ова е посебно важно за студентите затоа што тие, како идни водачи, се ностители на товарот на општеството и неопходно е да се развиваат во сите овие области. Организацијата е дел од интернационалната мрежа Cru International.

нашите активности се: кафе дискусии на разни теми (вистински вредности и приоритети,

пријателство, љубов и врски, абортус, оптимизам и песимизам итн.), кружни форуми и дебати, семинари за ефективно учење и за емоционална интелигенција, проучувања на Библијата на теми релевантни за студентите, тематски забави, студентски викенд семинари, спортски мини-турнири, лични менторства, проекти за дочекување бруцоши (делење бесплатни планери, книги и уСБ стикови), програма за развој на средношколци.

СеКој СтУдент

023245967 [email protected] http://www.sekojstudent.org http://www.facebook.com/sekojstudent?ref=ts&fref=ts

Page 75: Регистер на младински организации

Членство:во Организацијата членуваат 50 студенти (18-24 години) од сите факултети низ Македонија кои се заинтересирани да вложуваат во личниот развој и во развојот на другите.

Каде можам да се вклучам?Секој заинтересиран може да нè посети во нашите простории, а за точното време на активностите, може да нè контактира на нашата веб-страница или на Facebook Fun page.

Што можам да научам? Комуникациски вештини

Јавно говорење

разрешување конфликти

Обука за менторство

разбирање на основната порака на Библијата

Морални и етички вредности и нивната примена во секојдневието

Тимска работа, емпатија, емоционална интелигенција

Јасна себеперцепција и разбирање на другите

Менаџирање на настани

75

Page 76: Регистер на младински организации

Име на организација:

ул. Орце николов бр. 113, 1000 Скопје

За нас:програмите junior Achievement, кои ги реализира Здружението, се од областа на претприемачкото образование на младите од 7 до 30-годишна возраст. Со комбинација на теорија и пракса, приспособена на возраста на учениците, и со компјутерски симулации на бизнис одлуки, се обезбедува потребното знаење за пазарната економија, се гради и се мотивира нивниот претприемачки дух.

Мисијата на junior Achievement е да ги едуцира и да ги инспирира младите да ја вреднуваат пазарната економија, да ги разберат бизнисот и економијата, да развиваат претприемачки и лидерски вештини.

Спроведуваме програми и натпревари од областа на претприемаштвото за ученици од основно училиште, од средно училиште и за студенти од сите факултети. програмата за самовработување на млади (Self-employment program) е наменета за млади кои сакаат да отпочнат сопствен бизнис.

целите се повеќекратни: да ги поддржува можностите за самовработување и за развој на малите бизниси во република Македонија, зголемување на интеграцијата во пазарната економија, намалување на сиромаштијата и поттикнување на хармонични односи во заедницата. програмите кои ги реализира Здружението имаат едукативен карактер.

предизвици за во иднина:

Дисеминација на примери за добра пракса;

развивање нови наставни материјали и методи за обука на наставници;

Советување за кариера и за отпочнување сопствен бизнис кај младите;

Мониторинг и следење на прогресот.

ЗдрУжение на Граѓани еКоноМСКо обраЗование на Млади Менаџери – СКоПје

023232653 [email protected] www.jamacedonia.org.mkJunior Achievement

MacedoniaJA-YE Europe

Page 77: Регистер на младински организации

Членство:Од отпочнувањето на програмата во 1997 год., опфатени се 55.000 ученици. Со програмата за студенти започнавме во 2008 година, и до денес се опфатени 4.500 студенти.

Каде можам да се вклучам?постојат повеќе опции за вклучување: од виртуелни компании, до реални компании со реален производ / услуга. програмата Компанија (Company program), е признаена од европската комисија – Генерален секретаријат за претпријатија за најдобра пракса во претприемачкото образование на младите.

77

Што можам да научам? решавање проблеми

Самодоверба

вештини за презентација

работа во групи

вештини за отпочнување сопствен бизнис

Page 78: Регистер на младински организации

Име на организација:

ул. Крсте Мисирков бр. 57а, лок.3, 1000 Скопје рМ

За нас:Мисијата на Исламскиот младински форум е промовирање и негување на универзалните вредности на исламот и на човештвото, чување на младите од девијации и нивно воздигнување и оспособување. визијата на Организацијата е да биде водич во полето на младинското дејствување, пример на успешна организација во сестраното духовно созревање на општеството – материјално, културно и морално – организација афирмирана во земјава и на меѓународната сцена, во чекор со интеграционите процеси.Активностите на ИМф се делат во неколку различни сфери: социокултурни, едукативно-

поучни, спортско-рекреативни, медиумски и публицистика.

ИМф е член на неколку меѓународни организации, од кои:1. (FEMYSO) форумот на младински

организации и студенти муслимани во европа, со седиште во Брисел;

2. (IIFSO) член на унијата на исламски студентски организации во светот;

3. (FIOE) има соработка со федерацијата на исламски организации во европа.

иСлаМСКи МладинСКи форУМ – СКоПје

023233659 [email protected] Forumi Rinor Islam

Page 79: Регистер на младински организации

Членство:во Организацијата членуваат околу 200 лица на возраст од 14 до 37 години. поголемиот број од членството се студенти, магистранди и ученици од средните училишта.

Каде можам да се вклучам? во развој на мултиетничкиот и мултирелигискиот живот;

Авансирање на образованието и на културата;

Спорт и спортски манифестации.

79

Што можам да научам? Странски јазици

Темелите на исламската религија и читање на Коранот

лидерство и младинска активност

Page 80: Регистер на младински организации

Име на организација:

ул. Моцартова бр.70

За нас:Криејтив ејт се залага за поголема видео и медиумска писменост меѓу младите и меѓу невладините организации заради користење на медиумите како средство за изразување, за застапување и за општествен (социјален, економски, еколошки) напредок. нашата мисија е јакнење на медиумските и комуникациски капацитети на овие целни групи и давање поддршка за различни креативни форми на изразување. Криејтив ејт е дел од меѓународната мрежа nisi Masa – European network of young cinema.

Активностите на Организацијата вклучуваат:

Организирање локални и национални тренинзи, обуки и работилници за користење видео и медиуми;

Организирање меѓународни размени и тренинг курсеви;

kooрганизирање дискусии за младинска активност и за можностите кои ги нудат видеото и медиумите;

Документирање настани, тренинзи, семинари и изработка на видео од настанот;

Изработка на краткометражни видеа и филмови;

Организирање тим билдинг за организации со користење на видео и на други медиуми;

Истражувања, проекции и друго.

Криејтив ејт / CrE8IvE8 YouTh MEdIA produCTIon

077602170 [email protected] [email protected] www.cre8ive8.org www.facebook.com/cre8ive8

Page 81: Регистер на младински организации

Членство:Членуваат 20 млади лица на возраст од 15 до 30 години, од најразлични полиња на образование, нвО активисти / работници, кои делат заеднички интерес за користење на видеото и на медиумите како средство за изразување, за застапување и за општествен напредок.

Каде можам да се вклучам?во периодични тренинзи и работилници за видео, за фотографија, за нови медиуми; меѓународни размени на млади; неформални

81

Што можам да научам? фотовештини

Креативно пишување и изразување

Снимање со камера

Stop-motion

Организациски вештини и менаџирање проекти

Користење на новите медиуми за општествени цели

Комуникација и застапување

предавања и иницијативи на различни локации низ Скопје; проекции на филмови; дискусии за медиуми, нови медиуми и медиумски активизам.

Page 82: Регистер на младински организации

Име на организација:

ул. Дренак бр. 34а, Скопје

За нас:ромаверзитас има цел да креира критичка маса на добро едуцирани роми кои во иднина ќе знаат да се застапуваат себеси и својата заедница. ромаверзитас работи на дополнителна академска помош за студенти роми, како и на неформално образование кое помага во развивање на останатите вештини битни

за развојот на младиот човек и за градење капацитет. Се развиваат вештини кои не можете да ги стекнете на факултет, како на пример: како да напишете добар есеј, како да направите квалитетно студентско истражување итн. Организацијата е дел од меѓународната мрежа unITEd against discrimination.

роМаверЗитаС

023296142 [email protected] www.romaversitas.edu.mk www.facebook.com/romaversitas

Page 83: Регистер на младински организации

Членство:во ромаверзитас членуваат 80 млади роми. примарна целна група се студенти роми кои студираат на универзитетите во република Македонија.

Каде можам да се вклучам?Оние што сакаат да се зачленат, ќе можат да се вклучат во: академски работилнци, работилници за soft skills, тренинзи за социјална правда, Медиа & арт група.

83

Што можам да научам?Со вклучување во ромаверзитас добивате можност да реализирате младински иницијативи со млади од ромската популација и низ тој процес, да научите повеќе за оваа етничка заедница.

Page 84: Регистер на младински организации

Име на организација:

progres-Institute for Social democracy - ул. варшавска бр.1, 1000 Скопје, p.o. Box 42фридрих – еберт Стифтунг - ул. Костурски херои бр. 38 ul. “kosturski heroi” br. 38 (Impeksel office building, floor II) 1000 Скопје

За нас:политичката академија овозможува теоретско образование и тренинг за стекнување практични вештини за сите млади и општествено ангажирани луѓе кои како свои вредности ги прифаќаат идеалите на социјалната демократија. Знаејќи дека историјата на социјалдемократијата, всушност, е историја на големата интернационална борба за работничките права, за социјалната правда и, воопшто, за почитување на човековото достоинство, се одлучивме да овозможиме бесплатно квалитетно образование за политичката работа за младите луѓе во Македонија, независно од нивната етничка и

религиозна определба и нивното социјално или регионално потекло, а стимулирајќи ги родовата еднаквост и вклученоста на социјално маргинализираните групи.

Алумни клубот на политичката академија за социјална демократија организира тренинзи, обуки и јавни дебати за млади луѓе од различни профили на територијата на република Македонија. нашите алумнисти, во улога на тренери и модератори, учествуваат на најразлични младински настани во државата, што овозможи да се оформи една сериозна младинска мрежа.

ПолитиЧКа аКадеМија За Социјална деМоКратија

+ 38923660771 [email protected]

Page 85: Регистер на младински организации

Што можам да научам? Социјална демократија – вредности и идеологија

Социјална политика

политички систем и спектар на политички партии во рМ

управување со време и акционо планирање

политичка комуникација

Односи со јавноста

Јавно говорење

Креирање јавни политики

Основни постулати за креирање јавни политики од аспект на социјалдемократијата

улога и механизми на зајакнување на граѓанскиот сектор и на синдикатите,

евроинтеграциски процеси

Тимска работа и лидерство

Членство:на Академијата досега учествувале скоро 120 млади луѓе, а право на учество има секој државјанин на република Македонија на возраст од 21 до 35 години, кој е ангажиран или сака да биде активен во општествениот и политичкиот живот на Македонија, кој ги споделува социјалдемократските, политички, социјални и општествени вредности.

Каде можам да се вклучам?на почетокот на календарската година се објавува конкурс за учество на Академијата на веб-страниците на партнерите, како и во дел од печатените медиуми.

85

Page 86: Регистер на младински организации

Име на организација:

бул. Јане Сандански бр. 56/1-8, 1000 Скопје

За нас:визијата на Студентската организација Излез е поквалитетен високообразовен систем во Македонија, со информирани, активни и задоволни студенти кои имаат глас во одлучувачките процеси поврзани со нивните студии. Сродна со неа, мисијата на Организацијата е да ги поттикнува студентите на критичко размислување, да ги охрабрува да бараат креативни и ефективни начини за изразување на нивните ставови, да ги информира за нивните права и да го поддржува нивниот личен развој, организирајќи ги за да дадат нивен придонес кон внесувањето позитивни промени во високото образование.

Студентската организација Излез се фокусира, на македонската академска заедница, на чело со студентите. Излез е замислен како бесплатен

печатен и електронски медиум, креиран од студентите, за студентите. печатените примероци се дистрибуираат низ факултетите во Скопје, но преку веб-страницата, секој од кој било агол на Македонија или на светот има непречен пристап до содржините, во секое време. Излез е отворена врата за мислењата, за идеите, за критиките и за пофалбите, за креативните пориви и за животните амбиции на македонските студенти. Излез цели да учествува во академското секојдневие, да го документира, да критикува, да предлага конструктивни решенија на проблемите, да ја набљудува работата на институциите и да ја зајакне свеста кај студентот за неговата улога во креирањето на тоа секојдневие, и секако, на сопствената и на колективната иднина.

иЗлеЗ

070541991 [email protected] www.izlez.mk facebook.com/izlez.mk @izlezmk

Page 87: Регистер на младински организации

Членство:во списанието членуваат околу 100 волонтери од студентската заедница. Член може да биде секој поединец без оглед на возраста и професионалната ориентација. Излез има политика на отворена врата за сите лица што ги интересира студентската проблематика и што сакаат да дејствуваат на ова поле, без разлика на моменталниот академски статус, со разбирање дека, сепак, ќе постои одредена позитивна дискриминација во доделувањето на позициите на активните студенти.

Каде можам да се вклучам? уредник на рубрика во списанието

новинар и автор на текстови

лектор, фотограф / илустратор

Член на маркетинг и pr тимот

Координатор

Истражувач

преведувач

87

Што можам да научам? вештини за лидерство

Критичко размислување

вмрежување со успешни млади луѓе

Јазични компетенции и презентациски вештини

целосно развивање на вашата идеја за младински проект

Page 88: Регистер на младински организации

Име на организација:

ул. Анастас Митрев бр. 27 1/16, 1000 Скопје

За нас:целта на лГБТ Јунајтед – Македонија е да го зачува и да го промовира почитувањето на основните човекови права на лГБТ популацијата, т.е. овозможување еднаков пристап до здравствените и до другите основни социјални и правни услуги, осигурувајќи еднаквост и вклученост на лГБТ популацијата во сите сфери на животот, преку создавање клима на поддршка и средина на толеранција која прифаќа слободи и разновидност.

целите вклучуваат и: имплементација и потполно уживање на човековите права за лГБТ заедницата; борба против дискриминацијата врз основа на сексуалната ориентација и родовиот индентитет; подигнување на свесноста за правата на лГБТ луѓето, како човековите права;

лобирање и промоција на лБГТ проблемите, со цел измена на постоечките закони; подобрување на сексуалното здравје преку преку превенција од хИв / СИДА и од други сексуално преносливи болести помеѓу лГБТ популацијата. Досегашните активности на лГБТ Јунајтед се локални акции на тема „Кажете ѝ не на хомофобијата“, во Скопје, во Тетово и во Гостивар, како и мини паради на достоинството, на кои членовите праќаат порака преку транспаренти.

Организацијата е членка на најголемата меѓународна организација на млади геј и лезбијки ИГлЈО (IGLYo), на ИнТер прИДе, Меѓународната асоцијација на организатори на паради, на IGLA и на Transgender Europe.

ЗдрУжение на леЗбијКи, Геј, биСеКСУалци / -Ки и транСродни лица (LGBT unITEd)

078841060 lgbt.united. [email protected]

www.facebook.com/lgbtunitedmacedoniaoficialen

www.facebook.com/lgbtunitedmacedoniahttps://twitter.com/

LGBTUnitedMKDhttp://www.youtube.com/

lgbtunitedmacedonia

Page 89: Регистер на младински организации

Членство:во лГБТ Јунајтед членуваат 63 млади луѓе на возраст од 18 до 30 години, со различна етничка, религиозна, социјална и образовна заднина.

Каде можам да се вклучам?во разни активности за подигање на свеста за лГБТ проблематиката, како што се разни дебати, улични акции, семинари, конференции.

89

Што можам да научам? Активизам

Човекови права, со посебен акцент на лГБТ правата

Сексуална едукација

Page 90: Регистер на младински организации

Име на организација:

За нас:Мисијата на EESTEC е да ги обедини студентите, кои претставуваат врска помеѓу универзитетите и компаниите, да ги насочи да ги посветат нивното време и енергија во волонтерски активности што ќе ги помогнат личниот развој и постигнувањето високи технички, комуникациски и лидерски вештини коишто ќе придонесат во создавањето идни лидери кои му се потребни на нашето општество.

ееСТеК лК Скопје е член на европската асоцијација на студентите на електротехничките факултети (Electrical Engineering STudents’ European assoCiation - EESTEC) и е еден од 58-те полноправни комитети во ееСТеК мрежата.

Активностите на EESTEC вклучуваат: организирање меѓународни работилници, семинари и натпревари во области од електроинженерството, поврзување на студентите со локалните комитети од странство, нудење на можноста за посетување работилници во скоро сите европски центри, организирање меѓународни размени со студенти од EESTEC мрежата, обуки за „меки вештини“ и други активности од областа на електроинженерството.

ееСтеК лК СКоПје (ELECTrICAL EnGInEErInG STudEnTS’ EuropEAn ASSoCIATIon LoCAL CoMMITTEE SkopjE)

факултет за електротехника и информациски технологии – Скопје

+38975640312 [email protected] www.eestec-sk.org.mk www.facebook.com/

EESTECLCSkopje @Eestec_LCSkopje www.youtube.com/user/EestecLcSkopje

Page 91: Регистер на младински организации

Членство:во ееСТеК лК Скопје членуваат 162 редовни студенти кои своето високо образование го стекнуваат на: факултетот за електротехника и информациски технологии, факултет за информатички науки и компјутерско инженерство или на некој од сродните насоки на природно-математичкиот факултет и Машинскиот факултет во областите информатички науки или енергетика, соодветно – сите при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје.

Каде можам да се вклучам?Со активно членство и со учество во дејствувањето на Организацијата, ееСТеК лК Скопје ви дава можност да се вклучите во четири поголеми области на активности кои ги спроведува нашата организација: тимот за маркетинг и односи со јавност, тимот за финансии, тимот за логистика и тимот за интернационална координација.

Што можам да научам? Способност за работа во тим

Комуникациски и презентациски вештини

лидерски способности

развивање емоционална интелигенција

развивање работна етика

Менаџмент на време, на луѓе и на ресурси

Градење самодоверба

Page 92: Регистер на младински организации

Име на организација: