3
ОПЕРАТИВЕН ПЛАН ЗА НАСТАВЕН ЧАС СО ПРИМЕНА НА IKT ВО НАСТАВАТА УЧИЛИШТЕ ООУ,, ДАМЕ ГРУЕВ“ - ГРАДСКО ДАТУМ 19. 04 . 2011 година НАСТАВНИК ВЕРА ТРЧКОВА ОДДЕЛЕНИЕ Трето - IIIб ТЕМА НА ДЕНОТ Сообраќај и видови сообраќај ИНТЕГРИРАНИ ПРЕДМЕТИ Теми: ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ОКОЛИНАТА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК МАТЕМАТИКА ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ Класификација на сообраќајот. Писмено изразување – Составување приказна по слика. Читање на податоци и дополнување на табели со прибрани податоци. Боење на сообраќајни средства со примена на IKT. НАСТАВЕН ПРЕДМЕТИ РАЗВОЈНИ ЦЕЛИ ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ОКОЛИНАТА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК МАТЕМАТИКА ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ Да ја воочат и усвојат поделбата на сообраќајот спрема намената и местото на одвивање на сообраќајот. Да умеат да состават делови на слика, да состават расказ и да се изразуваат усно и писмено. Да се оспособува за читање податоци од сликовит приказ, да прави графички приказ на податоци со помош на конкретен материјал. Да бојат готови слики, да создава свои бои со користење на палетата на бои. ОРГАНИЗАЦИОНИ ФОРМИ НА РАБОТА Фронтална, индивидуална и групна НАСТАВНИ МЕТОДИ Разговор, илустративно демонстративна, објаснување, практична работа, игра - Квиз ТЕХНИКИ И ИНСТРУМЕНТИ НА РАБОТА Лаптоп, презентација изработена во Power Point, проектор, листови со задачи за групите, техника ,, Измешани секвенци“ Учениците знаат правилно да подредат делови од слика, се изразуваат усно и писмено, Ги класифицираат сообраќајните средства според местото на движење, Внесуваат податоци според дадени барања,

ВИДОВИ СООБРАЌАЈ - ВЕРА

Embed Size (px)

DESCRIPTION

ООУ,, ДАМЕ ГРУЕВ“ - ГРАДСКО ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ  Читање на податоци и дополнување на табели со прибрани податоци. Теми: НАСТАВНИ МЕТОДИ Сообраќај и видови сообраќај ИНТЕГРИРАНИ ПРЕДМЕТИ Трето - IIIб ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ОКОЛИНАТА ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ОКОЛИНАТА Воведна активност Со помош на броевите од 1 до 4 се формираат групите за работа по центри. Им ги делам задачита напишани со текс и на секоја група им ја читам задачата и објаснувам шо треба да работат. ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

Citation preview

Page 1: ВИДОВИ СООБРАЌАЈ - ВЕРА

ОПЕРАТИВЕН ПЛАН ЗА НАСТАВЕН ЧАС СО ПРИМЕНА НА IKT ВО НАСТАВАТА

УЧИЛИШТЕ ООУ,, ДАМЕ ГРУЕВ“ - ГРАДСКО ДАТУМ 19. 04 . 2011 година НАСТАВНИК ВЕРА ТРЧКОВА

ОДДЕЛЕНИЕ Трето - IIIб ТЕМА НА ДЕНОТ Сообраќај и видови сообраќај ИНТЕГРИРАНИ ПРЕДМЕТИ

Теми:

ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ОКОЛИНАТА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК МАТЕМАТИКА ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ

Класификација на сообраќајот.

Писмено изразување – Составување приказна по слика.

Читање на податоци и дополнување на табели

со прибрани податоци.

Боење на сообраќајни средства со примена на IKT.

НАСТАВЕН ПРЕДМЕТИ

РАЗВОЈНИ ЦЕЛИ

ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ОКОЛИНАТА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК МАТЕМАТИКА ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ

Да ја воочат и усвојат поделбата на сообраќајот спрема намената и местото на одвивање на сообраќајот.

Да умеат да состават делови на слика, да состават расказ и да се изразуваат усно и писмено.

Да се оспособува за читање податоци од сликовит приказ, да прави графички приказ на податоци со помош на конкретен материјал.

Да бојат готови слики, да создава свои бои со користење на палетата на бои.

ОРГАНИЗАЦИОНИ ФОРМИ НА

РАБОТА

Фронтална, индивидуална и групна

НАСТАВНИ МЕТОДИ

Разговор, илустративно – демонстративна, објаснување, практична работа, игра - Квиз

ТЕХНИКИ И ИНСТРУМЕНТИ НА

РАБОТА

Лаптоп, презентација изработена во Power Point, проектор, листови со задачи за групите, техника ,, Измешани секвенци“

Учениците знаат правилно да подредат делови од слика, се изразуваат усно и писмено,

Ги класифицираат сообраќајните средства според местото на движење,

Внесуваат податоци според дадени барања,

Page 2: ВИДОВИ СООБРАЌАЈ - ВЕРА

ОЧЕКУВАНИ

РЕЗУЛТАТИ

знаат да собираат, селектираат, подредуваати внесуваат податоци,решаваат задачи со текст,

Читаат податоци од сликовити прикази, табели и графикони и ги интерпретираат,

Ги почитуваат правилата кога работат на одредена задача,

Применуваат IKT во наставата, Бојат во датотеката Цртежи во образовниот

софтвер ToolKid.

ТЕК НА АКТИВНОСТИТЕ

Воведна активност

За внесување расположение кај учениците се игра играта ,, Асоцијација“ со помош на проектор. Со отварање на полињата ја погодуваат асоцијацијата – Сообраќај. Со неколку прашања повторуваме за сообраќај и видови сообраќај.

Учечко – поучувачка активност

Со помош на броевите од 1 до 4 се формираат групите за работа по центри. Им ги делам задачита напишани со текс и на секоја група им ја читам задачата и објаснувам шо треба да работат. Ликовен центар: Боење на сообраќајни средства во образовниот совтвер ToolKid, во датотеката –Обои. Литературен центар: Составување расказ по слика на тема ,, Сообраќај“, техника – Измешани секвенци. Учениците сами даваат наслов, време, место, ликови... Математички центар: Во документ изработен во Writer – Работа со податоци, бојат,селектираат, внесуваат и подредуваат податоци. Читаат податоци од сликовит приказ, табели, графикони со боење на полиња, внесување на податоци во табела и дополнување на реченици и решавање на задачи. Научно – истражувачки центар: Да се врзат на интернет и во пребарувачот Google да - сообраќајни средства и да пронајдат слики од разни видови сообраќајни средства. Сликите да ги копираат и да ги вметнат, да ги подредат во слајдови и да направат мала презентација во OpenOffice. Org Impress со сите видови сообраќај. По завршување на работата по центри, следи презентација и вреднување на нивната работа со чек – листа за самооценување на групите.

Page 3: ВИДОВИ СООБРАЌАЈ - ВЕРА

Евалуативна активност

Со помош на проекторот се игра играта квиз – Провери го своето знаење. За секој точен одговор групата добива по еден Смешко. По завршување на квизот се прави анализа на бодовната листа и се прогласува победникот.

Оценување на учениците

Со чек листа за групна работа се оценува работата на групите, нивните усни одговори и преку анализата на бодовната листа.

Рефлексија на наставникот