20
ШЕМЕТНИ ЗБОРОВНИ КАМШИЦИ Број 4 јАНУАрИ 2013

Ш - Шеметни зборовни камшици

  • Upload
    izlez

  • View
    257

  • Download
    0

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Четврт книжевен додаток објавен заедно со деветтиот број на студентското списание „Излез“. Fourth issue of the literary supplement to the student magazine "Izlez", published in Skopje, Macedonia, 2013.

Citation preview

Page 1: Ш - Шеметни зборовни камшици

ШЕМЕТНИЗБОРОВНИКАМШИЦИ

Број 4 јАНУАрИ 2013

Page 2: Ш - Шеметни зборовни камшици

гЛАВЕН УрЕдНиКЗорица Петкоска

УрЕдНициЈана КолеваАфродита Бојаџиева Афродита НиколоваВаско Талевски

грАфичКо УрЕдУВАњЕ и дизАјНИван Дургутовски

зА издАВАчотЗдружение “Студентска организација Излез“

КоНтАКт[email protected]

°содржина03» Пре(в)од/Затвореникот

04» За Пишувањето и инсПирацијата/шушкав сонет

05» ослободен Збор/ПесноПој/ *_* тој 06» кажи ми/ковач/огледалце, огледалце 07» река/ниЗ Пустина 08» некатегориЗирани коПнежи/собирања За душа 09» Паштета од шајки/неПосакуван двојник/ меѓуПростор 10» Праведниот генерал 11» раЗбудени/меѓу Професијата и љубовта 12» За 48 часа ќе... 14» туѓина/куќи во магла 15» Поетска работилница лаЗароПоле – иЗбор

16» гордоста на жените/есенски ден 17» Зошто Пишувам? 18» манифестот на суПерсПективистите 19» Bookworms

Page 3: Ш - Шеметни зборовни камшици

ПиШУВАчКи МУдрУВАњА 03

°јана колева

Драг читателу, Затвореникот беше овде толку долго, што ја заборави причината за своето доаѓање.

одвреме навреме го гледаше парчето униформа на стражарот кое се појавуваше пред вратата.

Секогаш истото дводимензионално лево рамо во униформа, на некој човек без лице. Затвореникот

некако стана имун на потребата од храна (што одамна престанаа да му ја носат).

Го преизмисли светот. Го преизмисли времето. од ѕвер еволуира во Бог, омнипотентен до границите

на неговата ќелија.Можеше со еони да ја препрочитува еволуцијата загледан во еден свој дерматоглиф.

Еднаш, Затвореникот забележа една чудна неправилност во аголот. Се приближи, како човек кој го одмерува

секој чекор пред да биде погубен -и удри по ѕидот. Надворешноста како отров му ја допре раката.

Сфати дека ѕидот воопшто и не бил тоа! За сето време се наоѓал во коцка од хартија.

Излезе и зачекори по пределите кои се менуваа наизменично, а сивата флека на патот

кон која беше упатен секогаш изгледаше еднакво оддалечена.

Чекореше толку долго, што заборави од каде дошол.

Еднаш, некако сфати дека е направен од -хартија.

> Затвореникот

ЈАНУАРИ 2013

°Зорица Петкоска

дајте ми Зборови виулици,

громовници кои не живеат По речници,

и скрбни и чемерни и медени краснословија,

words that can woo worlds

and transcend translations

and Be perfectly playful.

Jede sprache kann ihren spielplatz sein.

n'essaie pas de comprendre, seulement écoute.

construye cuentos que nadie Jamás huBiera esperado.

anatano kotoBa wa yasashii shi desu.

あなたの詞わ優しい詩/死です.1

1 Заб. на прев.Во зависност од канџи-знакот:- Твоите зборови се нежна поезија/смрт.

> Пре(в)од

Page 4: Ш - Шеметни зборовни камшици

04 КоНКУрСот [на тема Ш]

ЈАНУАРИ 2013

на шини од шеќер шарен шал.

штоперици под стаклени штикли

ноќта штепува крцкави утра

шшшшшшшшшш

пепелашка ми шепоти на кревет од чкорчиња.

зашрафени сме во музичка кутија

меѓу шепотачите скита шопен

Павлина атанасова

шушкав сонет

°

1

Га га га

леб(и)

пишувааат писма

глаголи се враќаат

гукаат

во клунот собираат букви

га га га

врани

наместо крилја

летаат на запирки.

2

Таа зборува на зборовите

да пишуваат со своите очи

читајќи по рабовите

си игра со своите прсти

возејќи по лицата

околу луѓето

во играта

на две деца

напишани во трчање.

3

Зборуваат зборовите

за зборлести загради

затворени

застануваат

зад зависни

заречености.

миа ефремова

За Пишувањето и инсПирацијата

°

Page 5: Ш - Шеметни зборовни камшици

КоНКУрСот 05

ЈАНУАРИ 2013

°снешка андонова

Колку и да го стискам сепак однекаде пуфка,

однекаде излегува како притаен врисок со шум на мала мачка

којашто сака да украде заборавено млеко.

Но тој не останува заборавен, излегува макар и испукан далеку,

Во тишината.

Кажува за некои потиснати маки, скршени чувства,

како затвореник се прикрадува до ѕидот на усната шуплина

и бара пукнатина низ која ќе излезе, ќе се ослободи од оваа душевна стега.

> ослободен Збор

КоНКУрСот 05ИЗБор: ВЛАДИМИр МАрТИНоВСКИ

„Моќна и сликовита автопоетичка песна за чинот на ослободување на Зборот“. – Владимир Мартиновски, селектор

„Сјајна лирска минијатура, која не бара коментари! “.– Владимир Мартиновски, селектор

Тој

што

не знае

да сака

во

стихови

пишува многу долги

реченици.

*_*

миа ефремова

°

Песно за песнава

грсје небеса

натежнати ноќе,

потечи, протни се, прсни.

Низ прсти.

Низ усниве празни.

Не се плаши песно

од својата кревкост,

ќе ги бакнам твоите

искршени зглобови.

Згази го срамот ко пикавец

и биди дрска.

Ќе те бранам јас од отров

со телово измодрено.

Песно дрочна од драми

и од симфонии на лудост,

удавена во убост

на медовина од усни,

залулана в зори

од срце подзинато од восхит,

имаш сè, сè ти дадов,

а ти ми молчиш.

> ПесноПој

°амеонна

„Убаво е да ѝ се пее песна на песната,

особено со една ваква зашеметувачка страст“.

– Владимир Мартиновски, селектор

Page 6: Ш - Шеметни зборовни камшици

06 КоНКУрСот ИЗБор: ВЛАДИМИр МАрТИНоВСКИ

ЈАНУАРИ 2013

Ме држи вешто меѓу чеканот и наковалната

и ме обликува како усвитено железо

на висока температура, вжарено, пламнато, тешко

неговите јагленосани дланки се речиси нежни

додека ме раѓа од нешто неживо

ми вдахнува здив со мало делче од себеси

ме ткае и ми пее нешто меѓу усни

повеќе како да мрмори

тој човек – грамада во валкана престилка

и можам во очите негови темни самата себеси да се видам

моќна, не толку обликувана

само онаа што соблазнува

моето вито тело свиено додека ме длаби

со својот занает

не знаејќи дека еден ден ќе бидам доволно остра да го пресечам.

ковач

Впечатлива песна за творечкиот (но и љубовниот) чин,

во која како читатели сме поставени пред загатката:

кој говори како лирски субјект? – Владимир Мартиновски, селектор

°анастасија Петревска

Што му останало во сеќавање

на бабиното огледало?

Една:

вита, убава, привлечна,

зелена, пурпурна, розева,

фарбана, нашминкана, стокмена,

силна, одлучна, амбициозна,

еротска, љубовна, страсна.

Една:

дебела, грда, незабележителна,

кафеава, винова, црна,

побелена, збрчкана, згужвана,

немоќна, несигурна, мрзелива,

климактерична, осамена, рамнодушна.

Дали мисли на мене

или на баба ми не знам.

огледалце, огледалце

„Иако огледалото најчесто се поврзува со нарцисоидноста,

во оваа песна, во која се мешаат сликите на сеќавањето

и сегашноста, тоа станува реквизит за (авто)ироничната свест

за минливоста“. – Владимир Мартиновски, селектор

°катерина диманова

Што ако

речам прво оп пред да скокнам?

Нема да скокнам?

Или

Ако спијам со отворени очи

Нема да сонувам?

И што ако те нема тебе во сонот?

Не постоиш?

Или ако те има

Постоиш?

Што ако молчам?

Нема сум?

Или не те разбирам?

Дали ако молчам

И налик сум безгрижна

Значи дека не чувствувам?

Или

Дека сум,

безгрижна?

А што ако заврне?

И излезам надвор

Да голтам од дождот?

Жедна сум?

Или

Се радувам?

Ако се движам, а сепак

Стојам во место?

Или

Стојам, а патувам

Со илијадници чекори

Таму

Во бескрајот?

размисли и кажи

Тука сум јас

Чекам одговори.

> кажи ми

„оваа песна, која изобилува со дилеми, сомнежи и прашалници, е убав показ дека поставувањето прашања е дел од љубовните игри“. – Владимир Мартиновски, селектор

°александра тодоровска

Page 7: Ш - Шеметни зборовни камшици

ЈАНУАРИ 2013

реката во која во минатото

пливаше мојата душа, беше

длабока и ладна,

далечна и сушна.

Толку беше ладна

што мене ми беше сурова,

мрачна и гадна.

ја бркаше мојата душа

со струјата ја носеше

кон својот душман.

И покрај раните длабоки

и дупките празни, таа

продолжи да лута во

водите тажни.

Сега за неа тие беа само

лажни. И низ калишта и

огнови ја влечеше, таа

остана иако болки в

срце и сечеше.

Тоа што рани дава

мислеше дека и

мелем по некое чудо

создава.

оган со оган ли се

гаси? Касно е, таа

нема да се спаси.

Набрзо и самата таа стана студена

и ладна како камен и бесот ѝ беше

в срце всаден.

За неа тие души кои пливаа со неа

во навидум најубавата и најдлабоката река,

беа само пустина во која

нема што да се чека. Пустош во кој

немаше ни една река.

Душата која сепак беше различна

и се издвојуваше, е еднинствената

во која не само што ништо не беше

празно, суво и лажно, туку има и

друг свет во кој од кога ќе влезеш

ништо друго не е важно.

Утеха, сила и радост ѝ донесе на

мојата душа и со свежа вода ја

полеа настанатата суша, направи

брана и полека ја лечеше секоја

длабока рана.

Таа душа сеуште е тука, верно и

внимателно слуша и е во мене

длабоко проткаена во мојата срж.

е скарав

Со оние чии погледи запираат

Пред хоризонтот, за кој

Следното утро

Дознав

Дека е фата моргана.

Знам, згрешив.

Се каам што не се каам, патем.

Не знам што е грешка и што не е,

Но дозволен е изборот на секој избор

Во недогледот од патеки

По диниве.

Иднината минала,

Неопределиво некогаш

Со тебе, без мене

Со јас, без Ти

Со мирис на песок

Вкус на ветер

Допир на вода

И звук на летот од зрното прашина

Меѓу забите на ридјето

Кои го сечкаат времето

На парчиња исти со себеси.

> река

ниЗ Пустина <

„Сугестивни поетски слики кои нè

соочуваат со возбудливи парадокси“. – Владимир Мартиновски, селектор

°стефан марковски

°катерина костадинова

КоНКУрСот 07

„Еуфонична песна-река во која

шумат вешто сплетени созвучја“.

– Владимир Мартиновски, селектор

Page 8: Ш - Шеметни зборовни камшици

08 КоНКУрСот

ЈАНУАРИ 2013

ИЗБор: ВЛАДИМИр МАрТИНоВСКИ

„И мислам на утре пишувајќи за вчера –

стих што ме освои“.

Меѓупростор

Ми доаѓа со други букви да почнам,

за да ја преминам границата.

Се прашувам што има таму?

Ми треба свеж воздух

да пробам да се вратам со мислите.

Премногу испив од твоите зборови.

Многу нешта се случија

додека Месечината направи само едно кружење.

Многу нешта се случија

додека школката беше отворена за познанства.

И мислам на утре пишувајќи за вчера,

несигурно одам некаде

со кршливи мисли

како есенски лисја под нечија чизма.

Ивана Атанасоска

„За двојници се пишувани стотици романи

и раскази, но ретки се шокантинте песни, како оваа“.

Непосакуван двојник

Човеку мој, па ти си ист како мене!

Зар Бог ги потрошил сите калапи?

Не стој таму! Приближи се, те молам.

Ти си јас, а јас сум ти,

но нема да се помешаме, ти ветувам!

Човеку мој, симни ја капата за момент.

Зар и ти имаш белег над малиот мозок?

Не стој таму! Приближи се, те молам!

Сакам да се ракуваме,

сакам да се спријателиме!

Човеку мој, твојата рака е студена.

Тоа воопшто не личи на јас.

Но зошто си блед? Зошто си слаб?

Да не си болен?

Па ти воопшто не си ни млад!

Човеку мој, па таа облека е моја!

А можеби си крадец, а не само двојник?!

Но зошто е искината? Зошто е извалкана?

Зошто е кај тебе?

Па јас само за гроба ја чував!

Мартин Богатиноски

°Павлина атанасова

собирањата за душа траеја долгозатоа што прво требаше да се наместат врз гроботкупени кифли и домашни погачицрни газирани сокови и црни кафиња во чаши од пластикаконзерви со риби и кутии наполитанкии уште многу други јадењапотоа да се дадат ќесиња на присутните

и истите да им се наполнати да се чека попот кој секогаш касниповторно да се полнат ќесиња – овој пат за негода се најдат паричниците меѓу резервните торби храна за да се плати молитвата после долгото читање на предците кои речиси никој не ги познавашетребаше да се помине покрај присутните со пченица и лажичкии да се игнорираат нивните разговориза дневни политики и рецепти за јадења

да се почека да погорат свеќитепо заминувањето на ситеда се собере храната и да се измие гроботза на крај да се седне во тишина

само семејството да тагувабез пријателите

без познаницитебез попот и молитвите

собирањата за душа траеја долгоно кратки беа моментите на тишинакратко беше времето за тагувањеуште пократко семејството

> СОБИРАњАТА ЗА душа

„Моќна и потресна песна-приказна. Може да ве полазат јанѕи, читајќи ја.“ – Владимир Мартиновски, селектор

Водата копнее да заземе вертикална положбаи да го напушти Универзумот.осамената карпа копнее да се преобрази во тотеми големите планини да танцуваат околу неа.Дождот копнее да го промени својот звукво песна од непознат поет-вавилонец.Месечината копнее да ја украде убавината

на заспаната убавица,облакот тежнее да се преобрази вонеговото височество-ѕверот.Часовникот копнее да зборува на

забранетиот јазик,јас и ти копнееме за љубов и во истовремепресметуваме на колку начини може да ги сретнемеспоулавените погледи.

> НЕКАТЕгОРИЗИРАНИ КОпНЕжИ

„Прекрасна љубовна песна. Може да ве опфати необјаснив копнеж да ја препрочит(ув)ате“. – Владимир Мартиновски, селектор

°јован уЗунов

Page 9: Ш - Шеметни зборовни камшици

КоНКУрСот 09

ЈАНУАРИ 2013

Ми доаѓа со други букви да почнам,

за да ја преминам границата.

Се прашувам што има таму?

Ми треба свеж воздух

да пробам да се вратам со мислите.

Премногу испив од твоите зборови.

Многу нешта се случија

додека Месечината направи само едно кружење.

Многу нешта се случија

додека школката беше отворена за познанства.

И мислам на утре пишувајќи за вчера,

несигурно одам некаде

со кршливи мисли

како есенски лисја под нечија чизма.

МЕѓупРОСТОР <

„И мислам на утре пишувајќи за вчера – стих што

ме освои“. – Владимир Мартиновски, селектор

°ивана атанасова

Човеку мој, па ти си ист како мене!

Зар Бог ги потрошил сите калапи?

Не стој таму! Приближи се, те молам.

Ти си јас, а јас сум ти,

но нема да се помешаме, ти ветувам!

Човеку мој, симни ја капата за момент.

Зар и ти имаш белег над малиот мозок?

Не стој таму! Приближи се, те молам!

Сакам да се ракуваме,

сакам да се спријателиме!

Човеку мој, твојата рака е студена.

Тоа воопшто не личи на јас.

Но зошто си блед? Зошто си слаб?

Да не си болен?

Па ти воопшто не си ни млад!

Човеку мој, па таа облека е моја!

А можеби си крадец, а не само двојник?!

Но зошто е искината? Зошто е извалкана?

Зошто е кај тебе?

Па јас само за гроба ја чував!

НЕпОСАКуВАН дВОјНИК

„За двојници се пишувани стотици романи и раскази, но ретки се

шокантинте песни, како оваа“. – Владимир Мартиновски, селектор

°мартин богатиноски

Зад живата ограда се,

се кријат дебилните дечиња.

Со гранки и камчиња

фрлаат по кучињата.

Со жива сода

татковците ги хранат.

Не помага ли тоа,

им даваат паштета со шајки.

Песишта! Нека ги сотрат,

да не се котат наоколу.

Ако ги забележат забрзуваат,

ги прегазуваат,

на коловозот ги оставаат смачкани.

остануваат зачудени,

се прашуваат,

зошто гумите им се продупени.

> пАШТЕТА

„Иронична, беспоштедна, бунтовна

песна за човековата бруталност“.

– Владимир Мартиновски, селектор

°Зоран бејковски

СО ШАјКИ

Page 10: Ш - Шеметни зборовни камшици

10 КоНКУрСот

Праведниот генерал

Секој ден ги земав моите верни чудовишта од орманот и ги распоредував по улоги. Mојот

омилен војник со зелена облека секогаш ја заземаше главната улога, а другите војници беа

споредни и неважни. Еден ден се случи вистинска војна. Се наслушнуваше разговорот на

генералот и војската на однапред изгубената касарна. Зборуваа за бројот на загинатите,

обвинуваа, крикови се слушаа на сите страни. Се обидував да ги убедам, едниот па

другиот, но не сакаа да ме слушнат. Не сакав да се обвинуваат еден со друг но попусто.

Залудно, сите обиди беа залудни.

- Еј, ти ја украде мојата запалка, побегна да ја запалиш цигарата и несреќата дошла.

- Не, не ја запалив, го изгубив кибритот.

- јас го најдов, но не пушам цигари, еве го сè уште е во мојот џеб.

Препукувања одекнуваа на сите страни, се трагаше по виновникот. Сите полека влегуваа

во магацинот во кој се ширеше реа на чад и ужасна смрдеа на изгореници. Запалки,

цигари, дрва, отпад, сè се пеплоса. Едниот замeлушен, другиот папсан, третиот ранет…

Дојдоа пожарникарите, сакаа да го изгаснат злобно раскрвавениот јазик на огнот.

Залудно, сите обиди беа залудни.

редови од војници и луѓе се туркаа, зборуваа, ечеше целото маало. Како во оргии зборовите

се испреплетуваа еден со друг: господар — потчинет, крал — слуга. Се испомешаа

гласовите, зборовите, речениците, луѓето. Настана хаос. Само еден стоеше со високо

крената глава. Тоа беше генералот на пропаднатата сопственост. Тој беше убеден дека

сите се виновни, заедно ја запалиле. Само неговата душа беше чиста. Сите војници беа

осудени на смртна казна. Се обидував да го убедам дека не треба да ги обвинува, никој

не беше виновен.

Залудно, сè беше залудно.

Се исполни воздухот со крвави честички, почна да мириса на изгорени глави. Ги спали на

клада и го изми својот грев.

Во наредниот момент се освестив, кокошката што беше во рерната беше изгорена,

цигарата оставена на пепелникот догорела, се запалил оџакот и засмрдело цело маало.

Тетка ми го насетила чадот па ѕвони, тропа, вика возбудено на врата. А јас избезумена

ги собрав моите чудовишта и се замислив. Зошто малите се обесправени, зошто моите

родители цел живот ми забрануваат да играм со играчките. ЗоШТо?

°катерина диманова

ЈАНУАРИ 2013

ИЗБор: ВЛАДИМИр МАрТИНоВСКИ

„одлично се доловени проникнувањата меѓу играта и стварноста.

Функционира и како мини фантастичен расказ.“

– Владимир Мартиновски, селектор

Page 11: Ш - Шеметни зборовни камшици

КоНКУрСот 11

ЈАНУАРИ 2013

Милионити дел од секундата. Да, толку требаше за да се разбудиме. Да паднат сите маски носени толку долго,

цела внатрешност да се претвори во надворешност, да ги покажеме нашите најнежни лица. Таму и останаа,

кај што се разбудија, засекогаш. Ништо и никој не може да ги врати назад. Тотален колапс од најубави чувства,

оние што те тераат да полеташ, онаму каде што никогаш не си бил. ослободени од стегите на лажното

претставување, претварање, барање по нешто вистинско, маски создадени од надеж, лажна. Погледот носеше

милион зборови, и тие се премалку. Погледот стана допир, допирот бакнеж, бакнежот будење. Будење кое

ги сруши сите маски. Ги снема засекогаш. останаа најпрекрасните лица, најзаљубените очи, најчистите срца.

Животот е убав. Вреден да се бара лицето чија маска ќе падне при првиот твој поглед. Во тој поглед го гледаш

сиот твој свет, да, повторно, во милионитиот дел од секундата гледаш сè што до сега не си погледнал. Сигурен

дека тоа е погледот на твојот живот. Во тој поглед лежи сè твое, сè ваше. Во тој поглед лежи убавината на зборот

„ние“. Поглед што го чекаш цел живот и само ти можеш од него да ја прочиташ целата приказна, никој друг, само

ти. Најубавиот благослов да влезеш во најчистото срце преку маскираниот, а сепак искрен поглед каде се крие

најнежното срце, недопрено, чувано за да биде препознаено. Највредно е, сите маски на овој свет требало да

го чуваат. Штитови околу нас, штитови во нас. Паднаа, паднаа со маските, сè во таа една секунда, во секундата

на бакнежот, во секундата на чистите срца. Се препознавме, а се знаевме. Се запознавме и се препознавме.

Испреплетени во штитовите, маските, погледите, недопреноста, станавме совршени. Секундата на будење нè

однесе кон патот на ослободување. Мир во секоја клетка од нашите тела. Љубовта чувана најгрижливо конечно

подарена во други раце. раце кои припаѓаат на оној поглед. Погледот остана, будењето помина, мирот стана

вечност, а рацете, рацете станаа новиот вечен дом на твоето срце.

°елена ангелова

Лирски интонирана „приказна“. На мигови наликува на песна во проза.

– Владимир Мартиновски, селектор

> раЗбудени

опколена од многуте улици не можеше да пркне, се свиваше како полжав, како маче, стануваше малечко

клопче. Се митареше пред МКЦ, таму блиску до омиленото кино Фросина, пред јамаха, на кеј, на малата тесна

уличка послана со коцки која беше единствената што ѝ даваше слобода. Слобода на говор, на избор, на себе,

на партнер, на заработувачка, на смелост, задоволство, одвратност, гадење, болести, инфекции, но кој знае

можеби и на љубов. Љубов која што само таму се наплаќаше, се купуваше, само таму се пазареше за љубов. Но,

не онаква каква што сите посакуваме, туку страсна која трае секунди и те обзема целиот, те носи на крилја, и се

восхитуваш и уживаш сè додека трае. Само таму беше целосно своја.°снежана андонова

Прозна минијатура за професијата за која велат дека е „најстар занает“. Тематски актуелно. – Владимир Мартиновски, селектор

> Помеѓу Професијата и љубовта

Page 12: Ш - Шеметни зборовни камшици

12 КоНКУрСот

ЈАНУАРИ 2013

ИЗБор: ВЛАДИМИр МАрТИНоВСКИ

Беше 14:14 кога се отвори вратата на болницата и внатре влезе еден средовечен маж, целиот задишан,

испотен и поцрвенет, најверојатно од брзање или трчање.

-„Готово е, умирам !“ – викна мажот веднаш откако вратата се затвори зад него.

Застанат на средината од холот постојано се вртеше де на едната, де на другата страна, не знаејќи накаде

да фати и за целото тоа време офкајќи и лелекајќи. Конечно како да собра сила се упати кон шалтерот за

прием целиот обземен од паника и со малку надеж во неговиот поглед. Беше точно 14:15 кога погледите на

сите присутни во холот љубопитно го следеа неговото болно и истоштено дефиле кон шалтерот за прием.

-„јас ......“ – успеа да и рече на службеничката, а потоа замолча, најверојатно засекогаш.

***

Господинот Кејн беше мирен човек, целосно посветен на својата работа како службеник во банката.

Живееше сам во својот стан на петиот кат во една од зградите кои беа во близина на морскиот брег.

Немаше никој во животот, па целото време на светот можеше да си го посвети само на себе. Не уживаше

многу во забавите и во расфрлањето со пари, секогаш трошеше онолку колку му е потребно за скромен

живот и да си ги подмири сметките. Платата му беше доволна и секогаш му остануваше некој денар

за „црни денови“. обожаваше да шета покрај брегот и да ги набљудува луѓето кои се забавуваа на

плажата. Честопати играше игри на среќа, секогаш запишувајќи ја едната единствена комбинација за

која мислеше дека ќе му донесе среќа во животот. И навистина му донесе.

Беше крајот на септември, и како и обично сам пред телевизорот со уплатениот тикет за лото седеше и

со мала заинтересираност и надеж го следеше најновото издание на лото. Ги заокружуваше броевите

не обрнувајќи внимание дека веќе 5 од 5 извлечени се поклопуваа со неговата комбинација. Мислите

му лутаа некаде, дури ни самиот тој не знаеше каде. Кога заврши извлекувањето на броевите објавија

дека постојат двајца добитници на највисоката премија, и дека нивната добивка е скоро по половина

милион долари. Не загледувајќи го својот тикет, подготвен да го згужва и фрли како и претходните пати,

во главата му светнаа седумте заокружени иксови од тикетот и редоследот на извлечените броеви кои беа

идентични со неговите среќни броеви. Сè уште несвесен за добивката, со умот некаде во сеќавањата за

некои неважни работи, конечно се поврати од бесцелното талкање низ мислите и се фати себе си како

го испушта тикетот во корпата за отпадоци. рефлексите му проработеа во истиот момент и успеа да го

дофати тикетот пред истиот да падне во корпата. Веднаш го одвитка и почна да го проучува тикетот со

надеж дека погрешил во претпоставката дека конечно дошол до добивка. Го прегледа тикетот неколкупати

и постојано резултатот беше ист. Имаше добивка, но нешто не му даваше да поверува во целата таа

работа. Вечерта не можеше да заспие, постојано се вртеше во креветот и често стануваше за повторно и

повторно да го прегледа тикетот. Успеа да заспие дури во 5 часот иако утрото го почнуваше во 7.

Штом стана, набрзина се изми, појадуваше исто така набрзина, се облече и излезе со неверојатна

брзина, патем грабнувајќи го тикетот од масата и заборавајќи да ја раскрене истата. Најверојатно ја беше

заборавил отклучена и влезната врата, но во тоа ќе се увери подоцна, откако ќе се врати од работа.

Поради брзањето стаса во трафиката уште пред да отворат. Нестрпливо тапкаше во место постојано

гледајќи во часовникот и по должината на улицата во очекување на трафикантот од кој требаше да го

купи весникот во кој се наоѓаа извлечените броеви за лото од претходната вечер. Поминаа петнаесет

минути кога конечно се појави трафикантот. Купи еден весник и побрза кон банката. Кога стаса во својата

канцеларија веднаш го отвори весникот и ја спореди комбинацијата на извлечени броеви со онаа на

тикетот. резултатот беше ист. Тој беше еден од добитниците на лото премијата.

Наредната недела ја подигна наградата излагајќи дека не сака публицитет и дека сака да остане анонимен

и во спокој да ужива во наградата. Па поради тоа во прилогот за добитниците на премијата во наредното

коло на лото се спомна само името на другиот добитник. Најверојатно му беше страв дека подоцна некој

ќе го нападне и ќе му ги земе парите или тешко ќе го повреди. Добивката ја стави на сметка во банка во

друг град, со цел никој од градчето да не дознае за неговата среќа.

Господинот Кејн продолжи со својот вообичаен живот, кој сега беше опсегнат со нова грижа - некој да не

дознае за добивката и колку што може да ја прикрива својата среќа. Еден ден додека шеташе покрај брегот,

почувствува потреба да одмори малку, па седна на една од клупите во близина на брегот. Се уште беше

задлабочен во мислите, како и обично, па не забележа дека до него седна еден питач кој очигледно беше

во лоша состојба. Питачот го фати за раката изговарајќи низ шепот:

- „За 48 часа ќе .....“ - и се ступоли на земјата, оставајќи ја својата мисла недовршена.

Прекрасно раскажан и осмислен расказ: со ефектен заплет, вешто водена нарација,

дозирана суспензија и прекрасен, изненадувачки расплет. – Владимир Мартиновски, селектор

Page 13: Ш - Шеметни зборовни камшици

КоНКУрСот 13

ЈАНУАРИ 2013

Господинот Кејн скокна од клупата и веднаш почна да бара помош силно викајќи. Амбулантното возило

стаса по кратко време и начека еден куп луѓе околу онесвестениот питач. Еден од лекарите успеа да се

пробие до питачот, се наведна да му го провери пулсот и рече со тага во гласот:

- „Мртов е“.

Луѓето разочарано се разотидоа, а лекарите го однесоа телото во амбулантното возило. Господинот Кејн

се уште клечеше на местото каде што почина питачот. Успеа да се соземе по неколку минути, и веднаш

отиде во својот стан. Целото попладне го помина во својот стан гледајќи телевизија и ослободувајќи го

умот од броевите кои постојано го следеа во работата во банката. На вестите се појави веста за мртвиот

питач во паркот кој поради срцев удар починал на лице место во 14 часот и 15 минути. Веста го врати Кејн

во реалноста и веднаш во мислите му прошетаа последните зборови на питачот. Како слоган од реклама во

умот му трепкаа зборовите „За 48 часа ќе ...“. Стана од креветот и почна да шета низ собата размислувајќи

што ќе му се случи во наредните 48 часа. Списокот со можни случки беше огромен, меѓу нив се вбројуваше

можноста за нова добивка на лото или некој да ја открие неговата тајна. Не наоѓајќи логично и задоволувачко

решение реши да отспие па изутрината можеби ќе го добиеше одговорот на своите прашања. Веднаш

заспа, но соновите му беа со една единствена тема „Што ќе се случи за 48 часа?“.

одеднаш скокна од креветот. Нешто длабоко во него како да му откри новата можност за тоа што го

очекуваше. Новата идеа беше дека за сега помалку од 48 часа можеби ќе биде мртов. Го фати паника.

Не можеше повеќе да спие имаше толку многу работи што сакаше да ги направи, но не можеше поради

работата, а сега - сега се ближеше неговиот крај и никогаш не ќе ги искусеше. А да даде отказ?

Тоа и го направи утредента поднесе отказ, наведувајќи дека е сериозно болен и дека не е во состојба

да работи повеќе. отиде во соседниот град во банката во која ги криеше парите од премијата. Извади

нешто од парите кои ќе ги потрошеше за работите кои сакаше да ги направи додека уште имаше време.

отиде на нотар и направи тестамент во кој остатокот од парите го остави на едно од сиропиталиштата

во градот кое беше во очајна состојба. Потоа отиде во една продавница за спортска опрема и купи

параглајдер и пропратна опрема. ручаше во еден елитен ресторант нарачувајќи го најскапото јадење

и најквалитетното вино. По ручекот отиде во кино и во театар изнајмувајќи специјална ложа само за

себе. По претставите вечераше во друг луксузен ресторант, и се врати истоштен во својот стан. Веднаш

си легна потсетувајќи се себеси на веселите моменти од неговиот живот.

Утредента повторно стана рано. Не појадуваше туку веднаш излезе понесувајќи го ранецот со параглајдерот

и опремата. Се искачи на највисокиот рид во градот. ја облече опремата и се пушти во слободен лет

во воздухот. Уживаше во тие моменти на возбуда и адреналин. Дури и солзи му потекоа поради тоа што

порано не се обиде да го доживее ваквото чувство. откако заврши со оваа активност се врати во станот. Се

збогуваше со омилените предмети присетувајќи се на моментите кога ги купи, потоа се облече во најновиот

костим и излезе. Беше 13 часот. Имаше уште час и 15 минути, па реши тие да ги помине во уживање. отиде

до најблискиот маркет и 15 минути се мислеше кој пијалок да го земе со цел да се почасти себе си, но

не се одлучи за ниту еден. Исто толку минути потроши мислејќи се од кои цигари да си купи и со нив

за прв пат да се почасти и со такво искуство. Но ни за тоа не можеше да се одлучи. откако ја напушти

продавницата сакаше да се обиде да изнајми проститутка за да го доживее и таквото искуство, бидејќи тоа

беше многу популарно помеѓу неговите колеги кои честопати се почастуваа себе си со таа привилегија.

отиде до вратата од борделот и застана како споменик пред истата. Имаше уште половина час до истекот

на рокот. Токму во моментот да ја отвори вратата се предомисли и почна да трча кон брегот. Кога стаса

таму не размислувајќи и не променувајќи ја брзината на чекорот се упати кон морето со цел предвреме

да го стори неизбежното. Но штом влезе во водата, се предомисли и се врати назад, бидејќи водата беше

премногу студена. Легна на брегот, тивко липајќи и во недоумица. Лежеше таму некое време, кога погледна

во часовникот веќе беше 14 часот. Веднаш скокна и повторно почна да трча. Се врати во маркетот, дофати

едно шише со пијалок, грабна кутија цигари и потоа ги истурка наредените муштерии кои чекаа за да

наплатат велејќи дека се работи за живот или смрт. Наплати набрзина и повторно излета низ вратата со

брзината со која влезе. Се упати кон плоштадот. Имаше уште десетина минути. Не знаеше каде да фати, се

упати повторно кон борделот, но го одмина трчајќи кон темните улички на градот со цел да најде некој кој

ќе му продаде малку дрога, но и тоа не го направи. Фрлајќи го шишето и цигарите точно во 14:14 влета во

холот на болницата.

- „Готово е, умирам !“ – викна силно колку што го држеше гласот.

Сите погледи на присутните во холот се свртеа кон човекот кој беше поднаведнат во холот на болницата

и кој задишано офкаше целиот во пот и црвенило. Во 14 часот и 15 минути се најде на шалтерот за прием.

- „јас ......“ – не успеа да ја доврши реченицата кога се најде себе си како зјапа во прекрасното лице на

жената која стоеше на шалтерот .

- „... се вљубив.“- низ шепот продолжи и падна на подот совладан од уморот од трчањето.

°александар димитриев

Page 14: Ш - Шеметни зборовни камшици

14 ПрЕМEЃУВАњЕ

ЈАНУАРИ 2013

Во песна го предвидов

крајот

Уште пред да се случи

Замина

на другата страна на Земјината топка

Со себе ги понесе сите мои песни

Ме остави да тагувам со очи

без збор

две неба,

два континента

.

.

.

со ножните прсти ја допирам водата

што се простира до недоглед

ги полни очите, ги суши усните

останувам

Жедна

Желна

Жена

Само

сол на усните

сол во очите

сол во душата

.

.

.

во

маглата

е с е н с к а

старите селски куќи

ми личат

на оџаци

од танкери

во кои место

нафта има

тони спомени

ми

личат

на стрелки

од ѕиден часовник

вперени кон

бледите слики

на претците

на

некои

летала што

со векови чекаат

некој да

ги испрати

кон ѕвездите

куќи во магла

туѓина°снежана стојчевска

°владимир мартиновски

Page 15: Ш - Шеметни зборовни камшици

ПрЕМЕЃУВАњЕ 15

ЈАНУАРИ 2013

ИСКРА дОНЕВА

Ноќ во планина.

Не грее хаику ко

џемпер врз џемпер.

НАТАлИјА СлАВКОВСКА

Ветерот квичи,

би сакал да се стутка

под мојот јорган.

ВлАдИМИР МАРТИНОВСКИ

Грми! И пак не

успеав да го слушнам

твоето име.

ѓОКО ЗдРАВЕСКИ

Ветерот носи

Убаво време. И

ќерамиди корне.

ИгОР ИВАНОВСКИ

Белото димче

Така крадешкум носи

Испуштен живот.

АНИЦА БлАжЕВСКА

Се убивме од јадење

Скиселени букви

Поезијата се пишува

на гладен стомак.

јОВАН лАМБЕСКИ

Месечина е

Громот паднал во несвет.

Дајте му вода!

ТОНИ дИМИТРОВ

Кога ќе сфатам

каде сѐ можам да одам

сфаќам и зошто сум овде.

АлЕКСАНдАР СТАНОјКОВ

4.

Излезе дека делиме

исти улици и можно е

без да знаеме

да сме се нашле

таму и тогаш

можно е да знаеме

исти луѓе

ова не беше случајно

и ако сакаме да заминеме

нека биде со ден

само што бидна со

ручекот

ѓОКО ЗдРАВЕСКИ

Вода сум.

во пукнатината на забот на

времето влегувам.

таму молчам

на сите човечки јазици.

и сѐ што низ мене минува

останува во мене.

Page 16: Ш - Шеметни зборовни камшици

16 ПрЕВЕдУВАчКА КоВАчНицА

ЈАНУАРИ 2013

Инспирирани од повикот за конференција на тема ,,Македонски гледишта од 21-от век за англиската поезија од 20-от век”,

организирана од страна на Калина Малеска, д-р. асистент при катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошки факултет

,,Блаже Конески”, направено е истражување кое опфаќа споредба помеѓу поетите од Првата светска војна и модернистите.

Гледиштето на д-р, асистент Калина Малеска за овој проект е следното: „Првичната идеја за студентска конференција на

тема англиската поезија на 20-от век произлезе од мојот обид да ги поттикнам студентите кои го слушаат предметот Англиска

книжевност 5 (кој ја покрива англиската поезија на 20-то век) активно да се вклучат со потемелни истражувања и со свои

гледишта за поезијата од споменатиот период. Веќе има неколку интересни идеи, а драго ми е што и студенти кои веќе го

положиле испитот покажаа интерес за учество во конференцијата.

Истражувањето спроведено од Сандра Николоска, Мирјана Липковска, Елена Стоичовска и Васко Талевски беше направено

за да се даде приказ за хоророт на војната и нејзиното влијание врз стилот на пишување и изразување на поетите од Првата

светска војна и некои претставници на модернизмот. За илустрација изработен е превод на поемата ,,Glory of Women”

напишана од Зигфрид Сасун:

> македонски гледишта од 21-от векЗа англиската ПоеЗија од 20-от век

Херои сме на отсуство, нè обожавате,

И осакатени во земјобоишта славни.

Занесени сте по медали; верувате

Дека витештвото ги правда војните срамни.

Ни ковате оружје и се восхитувате,

од сказни за глиб и гибел возбуда ви кипти.

Жарта на бојно поле ја крунисувате,

вие тажни по ловоровштини, ние мртви.

Не сте свесни дека британската војска ,,бега”

додека адски ужас ја распарчува

како стампедо преку труповите во крв сал.

о, германска мајко, што бдееш крај огнот сега,

дури плетеш чорапи за син ти кој војува,

нему лицето му го газат длабоко во кал.

Господару: време е. Долго беше летото.Положи ги твоите сенки врз сончевите часовнициа врз полињата испушти го ветрот.Нареди им на последните плодови полни да бидатдај им бар уште два појужни дена,

до совршенство натежни ги и втисни јапоследната сладост во тешкото вино.Кој сега нема куќа, нема ни да си изгради.Кој е сега сам, ќе остане така долго,

ќе бдее, ќе чита, ќе пишува писма долгинапред и назад ќе лута низ авениите немирнокога лисјето ќе лебди.

> гордоста на жените

есенски ден <

°автор : рајнер марија рилкекнига на сликитеПревод: елена Петровска

Page 17: Ш - Шеметни зборовни камшици

зАтКУЛиСјЕ 17

°ацо гогов

Пишувам затоа што имам чувство

како на сон да сум прекинал некој

многу важен разговор, кој имал

судбинско значење за мене. Пишувајќи

расказ, додавам нова реплика во

тој прекинат дијалог. Продолжувам

со разговорот. Како Иван и Аљоша

Карамазови кои, опколени со звуците

од топките за билијард и отворањето

на пивски шишиња, среде неугледна

гостилница, разговараат за важните

прашања на светот. Пишувам затоа

што во секојдневието сум молчалив

соговорник, загледан во прозорците

покриени со капки дожд, во ракавот

на некое лице до мене, во чашата

вода во состојба на бура. Кога потем

таа молчаливост не би ја превел

преку знаците-букви, на хартија, би ги

поткопал суштините во мене. На едно

место во “Човекот без особености” на

роберт Музил, раскажувачот отприлика

вели дека пишувањето е нешто како

лоша навика на дрдорковци, на оние

кои не умеат да замолчат. Можеби

и затоа ретко пишувам, доцна,

предоцна, дури тогаш кога вистински

проживеаните и отсонувани светови

во мене ќе се побунат и ќе го побараат

правото на хартија.

°стефан марковски

Заради верба во моќта на зборот,

заради верба во искреното (себе)

изразување преку лист бела хартија и

мастило кое, валкајќи ја, раѓа знаци.

Заради вербата во она што го

посакувам и она што тежнеам да го

остварам во животот. Тоа е верба која

секој од нас ја искусува на уникатен

и неповторлив начин, сигнализирајќи

ја разликата меѓу напишаното и

изразеното од секој меѓу нас.

од неодамна пишувам и заради

верба во моќта на патувачкиот збор

да пренесува пораки; тежнеењето

да оствариме комуникација со што

поголем круг на луѓе, преку текст

или каков и да е медиум, е еден од

столбовите, не само на писателската

дејност туку и на дејноста која не

прави луѓе.Дали постојат пориви

кои ме наведуваат на тоа? Можеби.

Впрочем, не знам. А и зошто би морало

да знам? Можеби токму од надежта да

го најдам патот до одговорот на ова

и прашањата кои од него извираат

порано сум ја црпел силата заради

која пишувам. Сега барем сум сигурен

дека и не е потребно да се даде

дефинитивниот објективен одговор на

прашањето зошто некој пишува за да

го прави тоа во име на искреноста кон

себеси и другите.

°маријана јанческа

Пишувам не затоа што имам што да

кажам, туку затоа што зборовите имаат

што да ми кажат мене. Таму наоѓам

чисти полиња каде што може да скокам

од среќа, стари колиби полни со

свежина и верба, ликови кои знаат да

тешат и утешат... Пишувам не затоа што

сметам дека може да создадам магија

со зборови, туку затоа што магија без

зборови не ми е доволна. Пишувам не

затоа што морам, туку затоа што сакам.

Пишувам не затоа што мислам дека така

ќе го променам светот, туку затоа што

сметам дека така ќе се променам себеси.

>ЗОШТО пИШуВАМПомешај

го тестото

на искуството

со

квасецот

на испирацијата

и измеси го добро

со љубов

и изудирај го

со сета сила

потоа

остави го

да

скисне и нарасне

со својата внатрешна сила

потоа

измеси го одново

и обликувај го

во круг

и испечи го

во фурната

на твоето срце.

наоши куројама

Превод и ПреПев: зорица петкоска

ЈАНУАРИ 2013

Page 18: Ш - Шеметни зборовни камшици

18 зАтКУЛиСјЕ

манифест на СупЕРСпЕКТИВИСТИТЕ

ЈАНУАРИ 2013

Лесна ѝ земја на авангардата. Да живее

авангардата. Порано или бевте левица или

десница, ништо помеѓу.

Сега ниту сме комунисти, ниту католици.

Уметноста не е условена ниту од поглед кон

иднината (перспективата), ниту од осврт на

биднината (ретроспективата).

Птица без крилја може и да трча. И не остава

смачканица на тротоарот кога ќе падне од небото.

Гледаме безредие од решетки; на врвот на

Ајфеловата кула сме. отсекогаш сме биле.

Ако си го прашаш тато од кај дошол громот, тој ќе

ти ја покаже нашата уметност.

Интернетот е за бубалици. Телефонот е за

кукавици. Во случај да сакате да стапите во

контакт со нас, погледнете нѐ право в очи и

зборувајте искрено и болно.

Дерида не бил во право. Има разлика, но не и

диферанс 1 . Писмото секогаш стига до примателот.

Нашите зборови секогаш ќе цветаат оган и ќе

пепелат цветни ливчиња на океанското дно.

Поезијата не ја одредува тоа како се пресекува

стихот, туку како стихот ќе те пресече тебе.

95.5% од напатените уметници, само се

залажуваат.

Вие сте ѕвездовина. Вие сте најситните несакани

настанати од ништо. Не го воспејуваме овој факт.

Уметноста треба да остане вонземска. Да не биде

од овој свет, туку да го гледа одозгора.

Уметноста никогаш не треба да е формализиран

споменар. Никогаш не треба да делува интересно

оти уметникот делувал интересно. Треба да

е интересна бидејќи ако постои нешто толку

ништовно колку емоцијата, тоа е уметноста,

а уметникот мора да знае и да одолее.

Сета врвна уметност се раѓа од тоа одолевање.

ИЗБор оД ЦЕЛИоТ МАНИФЕСТ И ПрЕВоД: Зорица Петкоска, Марија ДуДаноска, никола Гелинчески, алексанДар ШуМкоски, Валентин јанкоски

АВТорИ: JW, KP, AB, CG, FR, PToБјАВЕНо Во: NOTES OxFORd ANd CAmBRidGE ThiRd iSSuE: 15.10.12

1 Différance vs. différence

Page 19: Ш - Шеметни зборовни камшици

BOOKWORMS 19

ЈАНУАРИ 2013

КЕроЛ ЕН ДАФИ The World’s Wife

Ниедна приказна не е така проста. Нараторите и не

се така искрени или сезнајни како што си мислите.

Историјата безобразно си фаворизира свои луѓе. Дали

сте спремни за кафе-муабет со сопругата на светот? Ќе

ве шокира со земјотресното тектонско поместување на

вашата перспектива.

Сопругата на светот и непознатата во равенката се

сите жени на познати машки фигури од митологијата,

книжевноста и историјата. Што знаеме ние за жените на

Шекспир, Фројд, Дарвин, Херод, Фауст, Сизиф, орфеј,

Мида? Сме ја чуле ли другата страна на приказната на

негативките Кирка, Далила, Медуза? Керол Ен Дафи

сите тие жени во сенка сега ги става под рефлектор,

им дава главен збор да ни кажат што се случува зад

кулисите на славата на нивните мажи, зад параваните

на приказните, зад светската сцена. И сето тоа без

влакна на јазикот и со силина на војска во поход.

КУрТ ВоНЕГАТКлАНИцА 5

Што ако може да

постоиме надвор од

времето? Што ако може да

го видиме целиот живот

пред нашите очи? Како би

влијаело тоа на начинот

на кој што живееме,

на начинот на кој што

ја гледаме реалноста,

животот и смртта?

Сите овие прашање се

одговорени во книгата

на Курт Вонегат, кој што

заедно со Били Пилгрим

ќе ве однесе на едно

незаборавно патување низ

времето и просторот.

°ВАСКо ТАЛЕВСКИ

ВЛАДА УроШЕВИЌМоЈАтА РодНИНА ЕМИлИЈА

Едно од најблагородните

континтентални овошки на умерената

клима, по потекло од некоја од

градините на улиците на поранешното

Скопје, од каде преку мастилото на

Влада Урошевиќ дошла во книжулето

„Избрани дела“ (во едиција на „Магор“)

и се раширила по усните на многу

читачи кои и го цицаат лепливиот сок

и ги впиваат хранливите материи во

својата крв.

Приказни за мориња, географски

карти, бродови, турски амами,

еднорози, хотелот „Лисабон“,

таинствениот мачор Фјодор, ладните

зимски собири на целата фамилија

пред печката на дрва, снегови и

возови, ноемврската магла кога ни

најискусните Скопјани не можат да

го најдат патот дома,војната, еден куп

реализам раскажан преку фантазијата

на детето, или чудесии раскажани од

трезвеноста на возрасниот, тешко е да

се најде каде е границата.

Заборавив да кажам како се вика!?

„Изабела, чув како шепоти,... Изабела,

но викај ме Емилија.“

°афродита бојаџиева

ЏЕјМС ГрЕАМ БАЛАрД (1930-2003)

КоКАИНсКИ НоќИ

Дистописки модерни општества, вештачки раеви во кои се (ужива?)

исклучиво на антидепресиви и грст психолошки анализи на ефектите од

технолошкиот и општествениот развој. - Вака накратко би звучело јадрото

на романите на Балард.

Патописецот Чарлс Прентис престојува во Естрелја де Мар, едно од

оние пластични и умртвени квартови за богаташите, каде што времето

за жителите се движи единствено помеѓу две дози на антидепресиви и

телевизиски емисии. Додека работите не се придвижат под новото гориво-

криминалот, несигурноста и кокаинот. Своевидна добитна комбинација за

будење од вегетирачкиот начин на живот кој таму владее.

Чарлс гледа со одвратност на матрицата на функционирање на овие

самодоволни места, за на крај и самиот да биде заплеткан во нивната

пеколна животна филозофија...

°јана колева

°Зорица Петкоска

Page 20: Ш - Шеметни зборовни камшици