2
СПЕЦИЈАЛНА БОЛНИЦА ДИЈАБЕТОТ И КАРДИОВАСКУЛАРНИТЕ БОЛЕСТИ Дијабетот e болест кај која нивото на шеќер во крвта е покачено во тек на подолг временски период. Шеќерната болест предизвикува сериозни здравствени проблеми кои во основа произлегуваат од оштетувањето на малите и големи крвни садови и нервите. Во овој процес страдаат повеќе органи и тоа срцето, очите, бубрезите и се јавуваат проблеми со циркулацијата. Во зависност од возраста кога за прв пат се појавил дијабетот и при- чините кои довеле за појава на болеста, постои поделба на дијабет од тип 1 и дијабет од тип 2. Дијабетот од типот 1 се јавува во помладата возраст и потребен е третман со инсулин уште од самиот почеток, додека дијабетот од тип 2 се јавува кај повозрасната популација. Ако веќе имате поставена дијагноза дека боледувате од шеќерна бо- лест, потребно е во соработка со вашиот лекар да се направи план како најдобро ќе се справувате со болеста. КАКО ДА ЖИВЕЕТЕ СО ДИЈАБЕТОТ 1. Информирајте се за Вашата болест! Соберете доволно информации за шеќерната болест и за ком- пликациите што произлегуваат од неа со цел полесно да се спра- вите со неа 2. Научете ! Научете сами да ги препознавате симптомите од страна на органите кои се засегнати од дијабетот и навреме да побарате лекарска помош Вредностите кои треба да ги знаете и редовно да ги контроли- рате: „ФИЛИП ВТОРИ“ Навремена дијагноза НАВРЕМЕНО РЕШЕНИЕ. www.filipvtori.com; 02/ 3091- 484

Дијабетот и кардиоваскуларните болести

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Дијабетот e болест кај која нивото на шеќер во крвта е покачено во тек на подолг временски период. Ако веќе имате поставена дијагноза дека боледувате од шеќерна бо- лест, потребно е во соработка со вашиот лекар да се направи план како најдобро ќе се справувате со болеста.

Citation preview

Page 1: Дијабетот и кардиоваскуларните болести

СПЕЦИЈАЛНА БОЛНИЦА

ДИЈАБЕТОТ И КАРДИОВАСКУЛАРНИТЕ БОЛЕСТИ

Дијабетот e болест кај која нивото на шеќер во крвта е покачено во тек на подолг временски период.

Шеќерната болест предизвикува сериозни здравствени проблеми кои во основа произлегуваат од оштетувањето на малите и големи крвни садови и нервите. Во овој процес страдаат повеќе органи и тоа срцето, очите, бубрезите и се јавуваат проблеми со циркулацијата.

Во зависност од возраста кога за прв пат се појавил дијабетот и при-чините кои довеле за појава на болеста, постои поделба на дијабет од тип 1 и дијабет од тип 2.

Дијабетот од типот 1 се јавува во помладата возраст и потребен е третман со инсулин уште од самиот почеток, додека дијабетот од тип 2 се јавува кај повозрасната популација.

Ако веќе имате поставена дијагноза дека боледувате од шеќерна бо-лест, потребно е во соработка со вашиот лекар да се направи план како најдобро ќе се справувате со болеста.

КАКО ДА ЖИВЕЕТЕ СО ДИЈАБЕТОТ

1. Информирајте се за Вашата болест! Соберете доволно информации за шеќерната болест и за ком-пликациите што произлегуваат од неа со цел полесно да се спра-вите со неа

2. Научете !Научете сами да ги препознавате симптомите од страна на

органите кои се засегнати од дијабетот и навреме да побарате лекарска помош

Вредностите кои треба да ги знаете и редовно да ги контроли-рате:

„ФИЛИП ВТОРИ“

Навремена дијагнозаНАВРЕМЕНО РЕШЕНИЕ.

www.filipvtori.com; 02/ 3091- 484

Page 2: Дијабетот и кардиоваскуларните болести

• HbA1C - гликолизиран хемоглобин ја покажува просечната вредност на шеќерот во крвта во тек на изминатите два до три месеци. Вредностите под <7 укажуваат на добра регула-ција на шеќерот што треба да биде и ваша цел

• Нивото на LDL или лош холестерол треба секогаш да е под 3,5 mmol/l

• Горната граница на крвниот притисок да биде до 130/80 mmHg

3. Хигиено –диететски режим!Придржувајте се на режимот на исхрана што Ви го пропишал

Вашиот лекар. Хранете се здарво и одржувајте ја телесната тежи-на во нормални граници. Храна која се препорачува:

Овoшје, зеленчук, риба, грашок, леќа, обезмастено млеко и производи од него, леб од цели зрна, нерафинирано, ладно цеде-но масло, сол и шеќер во ограничени количини

4. Физички активност!Спортувајте редовно во склад со Вашата возраст и согласно

препораките на Вашиот лекар. 30-60 минути брзо одење 4-5 пати неделно значително ќе ја подобри Вашата состојба.

5. Прекинете со пушење !Пушењето во комбинација со шеќерната болест повеќекратно

го зголемува ризикот од појава на кардиоваскуларни болести6. Редовно земајте ја пропишаната терапија иако се чувствувате

добро!7. Проверувајте ги Вашите стопала секојднево , одржувајте до-

бра хигиена и носете удобни обувки !8. Побарајте лекарска помош секогаш кога чувствувате некоја

промена со Вашето здравје !