4
ЕХОКАРДИОГРАФИЈА Секој пациент заслужува да до- бие максимално квалитетна здрав- ствена услуга и кога ќе излезе од една здравствена институција да има поставено дијагноза со одреден правец за нејзино третирање или да се констатира одлична здравствена состојба на пациентот и тој да се со- ветува за регуларни годишни кон- тролни прегледи.Во ПЗУ „Филип Втори“, за да се постави комплетна дијагноза на еден пациент, тој треба прво да направи амбулантски пре- глед во кој е вклучено: лекарска анамнеза (историја на болеста на пациентот) ЕКГ мерење на крвниот притисок, пулс и сатурација на кислород во крвта ехокардиографија доплер на артериски крвни садо- ви коронарен стрес-тест 24-часовен ЕКГ холтер 24-часовен НБП лабораториски анализи (крвна слика, ензимски и липиден ста- тус, гликемија, тироидни хормо- ни итн.) РТГ 64 МСКТ консултативни прегледи од стра- на на други специјалистички деј- ности во ПЗУ „Филип Втори“ Кај секој кардиолог, основен апа- рат за дијагностицирање на заболу- вања на срцето претставува ЕХО апаратот или ехокардиографијата. Ехокардиографијата претставува неинвазивна дијагностичка проце- дура за иследување и дијагности- цирање на болестите на срцето и околните ткива. Оваа процедура е безболна за самиот пациент, а од него се бара: да ја соблече гардеробата од гор- ната половина на телото; да легне на претходно подготвен амбулантски кревет; да легне прво на грб, додека трае ехо-доплер испитувањето на крвните садови на вратот и нозе- те, а потоа да се сврти на левата страна, со левата рака под глава- та, а десната покрај телото, за да

Гастроентерохепатологија - ехосонографија и ендоскопија

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Абдоминалната болка како најчест симптом во гастоинтестиналниот тракт е најчесто поврзана со заболувањата на црниот дроб. Со навремената дијагноза се стигнува до навремено решение. Секојдневно во нашата болница се изведуваат дијагностички гастроскопии и колоноскопии. За неполни 60 минути се добиваат потполни резултати.

Citation preview

ЕХОКАРДИОГРАФИЈА

Секој пациент заслужува да до-бие максимално квалитетна здрав-ствена услуга и кога ќе излезе од една здравствена институција да има поставено дијагноза со одреден правец за нејзино третирање или да се констатира одлична здравствена состојба на пациентот и тој да се со-ветува за регуларни годишни кон-тролни прегледи.Во ПЗУ „Филип Втори“, за да се постави комплетна дијагноза на еден пациент, тој треба прво да направи амбулантски пре-глед во кој е вклучено:• лекарска анамнеза (историја на

болеста на пациентот)• ЕКГ

• мерење на крвниот притисок, пулс и сатурација на кислород во крвта

• ехокардиографија• доплер на артериски крвни садо-

ви• коронарен стрес-тест• 24-часовен ЕКГ холтер• 24-часовен НБП• лабораториски анализи (крвна

слика, ензимски и липиден ста-тус, гликемија, тироидни хормо-ни итн.)

• РТГ• 64 МСКТ• консултативни прегледи од стра-

на на други специјалистички деј-ности во ПЗУ „Филип Втори“Кај секој кардиолог, основен апа-

рат за дијагностицирање на заболу-вања на срцето претставува ЕХО апаратот или ехокардиографијата. Ехокардиографијата претставува неинвазивна дијагностичка проце-дура за иследување и дијагности-цирање на болестите на срцето и околните ткива. Оваа процедура е безболна за самиот пациент, а од него се бара:• да ја соблече гардеробата од гор-

ната половина на телото;• да легне на претходно подготвен

амбулантски кревет;• да легне прво на грб, додека трае

ехо-доплер испитувањето на крвните садови на вратот и нозе-те, а потоа да се сврти на левата страна, со левата рака под глава-та, а десната покрај телото, за да

се изврши ехокардиографскиот преглед ;

• да биде смирен и релаксиран за време на прегледот;

• во текот на прегледот се нанесува воден гел на кожата на пациентот (за да се добие потребниот кон-такт помеѓу кожата на пациентот и сондата), кој не остава траги по гардеробата.Со оваа процедура можат да се

дијагностицираат и откријат голем број на срцеви заболувања и да се процени тежината на тие заболу-вања, за подоцна да се одлучи за понатамошен третман. Ехокарди-ографијата претставува само еден дел од еден кардиолошки преглед.

Принципот на делување на ЕХО апаратот е преку рачна сонда од која се ослободуваат пулсни, ви-сокофреквентни звучни бранови (> 20.000 Hz), кои не се во слушното поле на човечкото уво. Овие ви-сокофреквентни пулсни бранови поминуваат низ ткивата, се рефлек-тираат од нив и се враќаат назад во сондата, од каде што се прикажува соодветната структура на ткивото на монитор, во форма на видео за-пис.

Со помош на ехокардиографија-та лекарите добиваат многу важни податоци за структурата, формата и моториката на срцето. Со соод-ветни мерења на димензиите и со различни проекции на сондата се добива една глобална претстава за срцето како орган кој е сместен во средниот дел на градниот кош, опкружен со белите дробови и заш-титен со коскените ребра и мускули на градниот кош.

Сондата (трансдјусер) се поставу-ва на соодветни места на градниот кош и од тие места се прикажуваат различни пресеци на срцето.

Постојат 3 главни пресеци:• Лонгитудинален пресек: сондата

се поставува во вториот меѓуре-брен простор, близу до градната коска, при што, во надолжен пресек , се прикажуваат десната комора, левата комора, левата преткомора, митралната валвула и аортната валвула.

• Кратка оска: сондата се поставу-ва под стернумот и во напречен пресек се гледаат десната комора и левата комора.

• Четирикоморна оска: сондата се поставува во левиот 5 меѓуре-брен простор, на ниво на пред-ната аксиларна линија, при што во надолжен пресек се гледаат левата комора, левата претко-мора, десната комора и десната преткомора, митралната и три-куспидната валвула.

• Петтокоморна оска: сондата се поставува во левиот 5 меѓуребрен простор, на ниво на предната аксиларна линија, при што во на-должен пресек се гледаат левата комора, левата преткомора, дес-ната комора и десната преткомо-ра, митралната и трикуспидната

валвула и отворот на аортната валвула во напречен пресек (се гледа како петта комора).

• Со помош на овие оски лекарот може да добие солидни информа-ции за срцевиот мускул и срцето како орган.

Со ехокардиографијата лекарот ги добива следните информации:

1. Димензии на срцевите комори (шуплини) и големите крвни садо-ви кои излегуваат и влегуваат во срцето:

А.Големина на лева преткомора (< 40 мм)

Б. Големина на десна комора (25-35 мм)

В. Големина на лева комора (ЛК)- големина на ЛК во дијастола

LVDD 45-50 mm- големина на ЛК во систола LVDS

25-35 mm- вкупен волумен на крв во комо-

рата за време на дијастола (EDV 80-120 ml)

- вкупен волумен на крв во комо-рата за време на систола (ESV 40-80 мл)

Г. Големина на аорта асценденс (25-35 мм)

Д. Големина на аркус на аорта (20-30мм)

Ѓ. Големина на аорта десценденс (20-30мм)

Е. Големина на вена кава инфериор (< 20 мм)

Ж. Ежекциона фракција 50-70%Со посебни пресметки на горена-

ведените димензии се добива така-наречената ежекциона фракција.

2. Срцеви валвули (клапи):А. Аортна валвула- проток на крв низ самата валву-

ла- позиционираност и состојба на

самите залистоци на валвулатаБ. Митрална валвула- проток на крв низ самата валву-

ла- позиционираност и состојба на

самите залистоци на валвулата

В. Трикуспидна валвула- проток на крв низ самата валвула- позиционираност и состојба на

самите залистоци на валвулата

Г. Пулмонална валвула- проток на крв низ самата валвула- позиционираност и состојба на

самите залистоци на валвулата

3. Срцеви дефекти на меѓукомор-ни и меѓупреткоморни ѕидови и перзистентни артериски канали

А. Атријален септален дефект –претставува вродена аномалија во вид на отвор во меѓупретко-морниот ѕид и прави комуни-кација помеѓу левата и десната преткомора, со таканаречен ле-во-десен шант.

Б. Вентрикуларен септален дефект – претставува вродена срцева аномалија во вид на отвор на меѓукоморниот ѕид и прави комуникација помеѓу левата и десната комора, т.н. лево-десен шант.

В. Ductus arteriosus persistens – претставува канал кој ги по-врзува аркусот на аортата и пулмоналната артерија при што се мешаат артериската крв од аортата и венската крв од пул-моналната артерија.

4. Подвижност на срцевиот мускул или кинетика на срцевиот мус-кул

- Апикален ѕид: уредна кинетика (добра подвижност), хипокине-зија (намалена подвижност) и акинезија (неподвижен ѕид);

- Антериорен ѕид: уредна кинети-ка (добра подвижност), хипоки-незија (намалена подвижност) и акинезија (неподвижен ѕид);

- Септален ѕид: уредна кинетика (добра подвижност), хипокине-зија (намалена подвижност) и акинезија (неподвижен ѕид);

- Инфериорен ѕид: уредна кине-тика, хипокинезија (намалена подвижност) и акинезија (не-подвижен ѕид);

- Постериорен ѕид: уредна кине-тика, хипокинезија (намалена подвижност) и акинезија (не-подвижен ѕид).