12
Што е компјутерска томографија? Специјална болница “ФИЛИП ВТОРИ“

Што е компјутерска томографија?

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Компјутерската томографија (КТ) претставува современ начин на визуелно навлегување во длабочината на човековите органи, прикажување на нивната функција во тродимензионална слика со употреба на рентгенски зраци. Со системот на компјутерската томографија се добива прецизна медицинска дијагностика на човековото тело по системи.

Citation preview

Page 1: Што е компјутерска томографија?

Што е компјутерска томографија?

Специјална болница “ФИЛИП ВТОРИ“

Page 2: Што е компјутерска томографија?

Што е компјутерска томографија?

Page 3: Што е компјутерска томографија?

како се добиваат сликите?

При рутинска KT процедура пациен-тот е сместен на таканаречена маса.

Изворот на x-зраците е РТГ цевката која ротира околу телото на пациентот кој е удобно сместен на масата

Спротивно од x-зраците, се наоѓаат повеќе детектори кои го апсорбира-ат зракот што минува низ телото и со помош на компјутер го претвораат во слика. Масата го движи пациентот кон-тинуирано во главата на апаратот, каде се наоѓа рентген цевката и детекторот при што траекторијата на РТГ снопот околу пациентот е со замислена спи-рална линија.

Што е компјутерска томографија?видови на компјутерски томографи:

Компјутерската томографија (КТ) претставува современ начин на визуел-но навлегување во длабочината на чо-вековите органи, прикажување на нив-ната функција во тродимензионална слика со употреба на рентгенски зраци.

Со системот на компјутерската то-мографија се добива прецизна меди-цинска дијагностика на човековото тело по системи

КТ со еден ред детектори се нарекува еднослоен или монослоен компјутерски томограф.

КТ со повеќе редови на детектори се нарекува мултислоен компјутерски то-мограф.

За секоја активирана слика, рентген цевката ротира околу пациентот и рент-ген зраците се движат во означената об-ласт, при што се прават илјадници рент-ген мерења.

Компјутерот потоа ги процесира по-датоците, давајќи соодветни пресеци на екранот.

Овој апарат го надминува преклопу-вањето на слики при снимање на оддел-ните органи на пациентот.

Добиените слики во компјутерот да-ваат финалната слика која му овозможу-ва на дијагностичарот јасно да ги види и разграничи здравите од болните ткива.

Page 4: Што е компјутерска томографија?

KT скенот користи разни програми за анализа на добиените слики. Квалитетот на сликата зависи од: природата на рентген зраците,брзината со која мерењата се направени, деталите на реконструктивната техника (алгоритам),

карактеристиките на машината, методологијата на интерпретацијата на складираните податоци.

Компјутерот овозможува засенчување, ротирање, корелација на ана-томските мерки на сликата. Овие податоци можат да бидат манипулира-

ни за попрецизна клиничка информација.

Разлика: Конвенционалната рентген снимка за 5% ја потценува ткивната густина, додека пак компјутерскиот томограф ја зема во предвид ткивната густина до 1% или помалку, намалувајќи ја при тоа можната грешка во про-цената на анатомијата на органите.

LIGHT SPEED 64-Slice VCT Scanner

Во 21-от век во медицината особено ва-жно е да се предвидат идните здравствени проблеми кај секој пациент на начин кој е безболен и кој трае само неколку секунди.

Токму тоа го овозможува најновата ге-нерација на 64 слојниот LIGHT SPEED VCT Scanner (волуменски компјутерски томо-графски скен).

Деталната слика што ја дава 64 слојниот томограф LIGHT SPEED VCT Scanner овоз-можува да се види што се случува внатре во организмот на пациентите давајќи тро-димензионална слика на сите органи (срце, бели дробови, органите во стомачната праз-нина итн).

Со оваа технологија на пример срцето на пациентот може да биде испитано за ко-ронарна болест, вклучувајќи го и срцевиот удар, како и заболувањата на останатите крвни садови.

Light speed VCT дава добри слики и на пулсирачко срце (во тек на 3 срцеви циклу-си) или на било кој друг орган.

Детектира политраума за два пати пократко време од другите KT скенери.

За лекарите ова значи ново моќно дијаг-ностичко оружје, кое овозможува дури и рутинска ангиографија, брз тест при удар, градна болка или при политраума.

КаКо фунКционира 64 слојниот VCT SCanner

н е к о -гаш денес

Page 5: Што е компјутерска томографија?

КаКо фунКционира 64 слојниот VCT SCanner Тестот комбинира, брзо скенирање

со рентген зраци со мултиплицирана компјутеризи рана томографија со цел добивање детални слики на органите без хируршка интервенција.

Во ретки случаи во зависнот од органот или областа што се скенира, пациентот може да добие контрасно средство. Тоа обично е практика кај испитувањата на крвни садови, со тоа што со помош на кон-трасното средство се осветлуваат крвните садови и се добива јасна слика на нивната внатрешност.

Компјутерот ги обработува рентген

пресеците во слика на органот што се ске-нира прикажувајќи ја неговата комплетна и детална внатрешна структура.

Разликата меѓу еднослојната (монослој-на) и 64 слојната компјутерска томографија е во тоа што кај еднослојниот КТ апарат со една ротација (вртење на рентгенската цевка околу пациентот) се прави еден пре-сек со дебелина од 1mm за време од три секунди, a кај 64 слојниот КТ за помалку од една секунда (поточно за само 350 ms), со една ротација се прават 64 пресеци со дебелина на пресек oд 0.625 mm.

За преглед на глава со еднослоен кон-венционален компјутерски томограф се прават 40 ротации или пресеци за 120 секунди, додека 64 слојниот КТ прави 40 прецеси со една ротација за помалку од ½ секунда.

некогаш денес

За преглед на крвните садови на срцето на класичен начин потребно е да се направи анги-ографија која трае од 1,5-2 часа, додека пак со 64 слојниот КТ прегледот се прави само за неколку секунди и тоа на неинвазивен начин.

Page 6: Што е компјутерска томографија?

Единствен начин да се направи пре-глед на крвните садови на целото тело, абдоминалните органи, белите дробови, виртуелна колоноскопија, да се сними ‘рбетот (дијагностицира спондилоза, дископатии итн) можно е само со нај-новиот 64 слоен LIGHT SPEED VCT то-мограф.

Сите претходно наведени прегледи се извршуваат за период од 3-15 секунди, при максимална удобност и брзина во добивањето на крајната дијагноза.

Кај најмладите пациенти - децата постојат посебни детски протоколи за преглед со помала доза на зрачење и кратко времетраење и само во одре-дени случаи е неопходна краткотрајна анестезија.

За преглед на крвните садови на мозокот со кла-сична церебрална ангиографија задолжително се употребува контраст, се зрачи пациентот и самото снимање е инвазивно, со поголем ризик и подолго трае, додека пак со новиот 64 слоен КТ, тридимен-зионална слика на крвните садови на мозокот се прави само за 5 секунди со употреба на минимална доза контраст. Но, најважно од се е тоа што на па-циентот му е удобно самото снимање и ризикот е

сведен на нула.

Page 7: Што е компјутерска томографија?

Прецизност при испитувањето: висока резолуција, детали на внатре-шните делови од човековото тело и тродимензионална слика, дијагности-ка на тешко - детектибилни состојби и заболувања;

Брза и точна дијагностика - брзо до-бивање на слики, редуцирање на стре-сот, благовремен и правилен третман на пациентот;

Удобност - соодветна нега на паци-ентите, удобно испитување, највисоки стандарди за здравствена заштита.

Што добива пациентот со 64 слојната компјутерска томографија?

Page 8: Што е компјутерска томографија?

Beat Cardiac - Дава приказ на срцето и коро-нарните крвни садови во субмилиметарска резо-луција во тек на 3 последователни циклуси. Light speed VCT ги редуцира артефактите од еден до друг срцев удар, и дава добра визуализација на коронарните крвни садови со пократок интервал на задршка на воздухот, што е особено важно кај повозрасните пациенти.

Triple Rule Out - помага на клиничарите за итна дијагностика при витално загрозени паци-енти при градна болка, со само еден единствен скен. Тоа се состојби како што се: аортната диске-ција, белодробен емболизам и акутен коронарен синдром.

Stroke WorkUp – при удар, често се претпоста-вува дека третманот треба да се примени за по-малку од еден час за да пациентот има максимал-на корист.

Придобивки за пациентите:

Брза дијагностика на срцево болни пациенти; Единечна орган дијагностика и брза дијагностика при траума; Помалку стрес за пациентот со кратко време на задршка на воздух;

Полесен пристап и акомодација на пациентот на масата за снимање.

Придобивки за лекарите:

Комплетна дијагностика на глава, абдомен, ‘рбетен мозок, граден кош и други органи; Работната платформа која овозможува дијагноза за 5-10 минути; Лекарот работи со пациентот во тек на испитувањето, а техничарот го спроведува испитувањето; Брза дијагностика со автоматско реформирање на клиничките пресеци; Добивање на квалитетни слики за само 0,35 секунди.

Приодбивки од КТ технологијата:

Со КТ технологијата се овозможува високо автоматизирана операција, дизајнирана за работа од еден техничар;

Овозможува лесно и едноставно ракување со апаратот. Системот автоматски ги реконструира и ги архивира филмовите; Радилогот внимателно ги обработува сите информации и дава прецизен одговор

Light speed VCT дијагностички процедури

Page 9: Што е компјутерска томографија?

Придобивки за пациентите:

Брза дијагностика на срцево болни пациенти; Единечна орган дијагностика и брза дијагностика при траума; Помалку стрес за пациентот со кратко време на задршка на воздух;

Полесен пристап и акомодација на пациентот на масата за снимање.

Придобивки за лекарите:

Комплетна дијагностика на глава, абдомен, ‘рбетен мозок, граден кош и други органи; Работната платформа која овозможува дијагноза за 5-10 минути; Лекарот работи со пациентот во тек на испитувањето, а техничарот го спроведува испитувањето; Брза дијагностика со автоматско реформирање на клиничките пресеци; Добивање на квалитетни слики за само 0,35 секунди.

Приодбивки од КТ технологијата:

Со КТ технологијата се овозможува високо автоматизирана операција, дизајнирана за работа од еден техничар;

Овозможува лесно и едноставно ракување со апаратот. Системот автоматски ги реконструира и ги архивира филмовите; Радилогот внимателно ги обработува сите информации и дава прецизен одговор

Други типични Light speed VCT процедури:

КТ колонографија

Процена на удар

Скор на калцификатите на коронарните крвни садови

Кардијална анализа и анализа на коронарни-те крвни садови (5-Beat Cardiac)

Педијатријски испитувања

Испитувања на цр-ниот дроб

Испитувања на белите дробови

Page 10: Што е компјутерска томографија?

Онкологија/дијагностика на малигните заболувања

Пулмонален емболизам

Дијагностика на уво

Повреда на кичмен столб

Абдоминални заболувања и поврeда

на абдоминални органи

Испитувања на бубрезите

Ангиографски студии

Други типични Light speed VCT процедури:

Ортопедија

Page 11: Што е компјутерска томографија?
Page 12: Што е компјутерска томографија?

Специјална болница по хируршки болести„ФИЛИП ВТОРИ“

Тел: (02) 3091-484 www.filipvtori.com