20
Меурчиња од сапуница

Меурчиња од сапуница

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Macedonian language book 19 from the “Druzinata MELA” early childhood education picture book series

Citation preview

Page 1: Меурчиња од сапуница

Меурчиња од сапуница

Page 2: Меурчиња од сапуница
Page 3: Меурчиња од сапуница

Меурчиња од сапуница

Page 4: Меурчиња од сапуница

Сликовницата е подготвена од страна на Центарот за човекови права и разрешување

конфликти, во рамките на програмата „Воведување на почит кон различностите и

мултикултурализмот во раниот детски развој во Македонија” на Министерството за труд

и социјална политика и УНИЦЕФ, финансиранa од Британската амбасада во Скопје.

Мислењата и ставовите наведени во овој материјал не ги одразуваат секогаш мислењата

и ставовите на Британската амбасада во Скопје.

Page 5: Меурчиња од сапуница

Автор на текстот: Филипина НегриевскаЈазична лектура и книжевна адаптација: Билјана Маленко

Илустратор: Румена Најчевска

Меурчиња од сапуница

Page 6: Меурчиња од сапуница

Летото тукушто започна. Пред дружината МЕЛА, како што се нарекуваа децата според првите букви од имињата, беа долги и топли денови. Наутро, штом ќе се разбудеа, бргу појадуваа и излегуваа на игралиштето – весели и безгрижни.

Но, тоа утро Луан дојде подоцна и некако нерасположен. Кога го забележа, Ада зачудено го праша: „Како можеш да бидеш нерасположен на ваков ден? Дедо ми донесе сладолед за сите – земи, ќе те расположи!“ Луан не беше многу заинтересиран за сладоледот, па Ада повторно му рече: „Земи Луан, повели, знам дека сакаш – не сум сретнала дете што не сака сладолед!“ Луан полека го зеде сладоледот, почна да го лиже и се насмевна. И другите деца земаа од сладоледот и седнаа на клупата. Ана дојде до Луан и му рече: „Кажи ни што ти е, ние сме другари, тука сме да играме, да се веселиме, но и да си помогнеме кога ни е тешко!“

4

Page 7: Меурчиња од сапуница

5

Page 8: Меурчиња од сапуница

Луан почна: „Еве ќе ви кажам што ми е! Многу сум нерасположен затоа што денес на гости ќе ми дојдат роднините од Тетово, а нивното дете Рон, колку мене е, а ништо не знае да си игра! И кога беше мал беше таков, а кога jа прашував мајка ми што му е на Рон, таа ми велеше: `Ништо не му е! Доста прашуваш! Срамота е!` A, како ништо не му е кога зборува како мало дете, тешко трча, ми ги фаќа сите работи во соба, ми ја превртува корпата за отпадоци... Јас само се муртам и му викам: `Доста! Престани! Не! Не! Не!` Последниот пат кога се видовме, само ги редеше играчките и потоа ги туркаше со рака или со нога!“

6

Page 9: Меурчиња од сапуница

7

Page 10: Меурчиња од сапуница

Дедото на Ада и Дениз седеше на клупата и внимателно го слушаше разговорот, па реши да се вклучи: „Децата се разликуваат меѓу себе по многу работи – нема две исти деца и токму тоа прави светот да е интересен и возбудлив. Некогаш децата се разликуваат по мали работи – како по бојата на кожата, или по должината на косата, а некогаш разликите се поголеми – има деца кои никогаш нема да прозборат, ниту пак ќе можат да седат мирни. Но, сите деца, колку и да се различни, сакаат да се среќни, да имаат другари и да се сакани“.

8

Page 11: Меурчиња од сапуница

9

Page 12: Меурчиња од сапуница

На Ениса ѝ стана многу жал – како за Луан зашто е нервозен и не знае што да прави, така и за Рон, кој сигурно не се чувствува пријатно кога гледа дека Луан му се лути и не си игра со него. Таа гледаше замислено во земја тркалајќи едно камче под ногата, а по некое време праша: „Другари, како да им помогнеме на Луан и на Рон да бидат среќни кога се заедно? Ништо не ми текнува... Знам дека, колку и да се различни, сепак и двајцата се деца и мора да имаат и многу сличности“.

Тогаш Ада возбудено рече: „Во моето одделение дојде да учи едно дете со кое на почетокот никој ниту знаеше како да се дружи ниту пак сакаше да се дружи. Но, малку-по малку, сите најдовме нешто што ни е убаво заедно да го правиме со него!“ Дениз се присети дека Ада му раскажуваше дека еден ден правеле меурчиња од сапуница и дека тоа другарче било многу радосно. Сите деца се насмевнаа и Марко кажа дека и тој многу сака да прави меурчиња од сапуница, па и Ениса, и Дениз, и Луан, и Ана, рекоа дека им е една од омилените игри. Ениса тогаш рече: „Супер, ова може да биде една игра што можеш да ја играш со Рон“.

Ада тогаш доби нова идеја и му рече на Луан: „А да пробаш со топка да ги туркате играчките? Ти сакаш да играш кошарка, а тој да ги реди играчките, па пробајте со баскетот да ги срушите! Ако Рон не сака да ја фрла топката, може ти да ја фрлаш, а тој да ги реди играчките! Така ем ти ќе бидеш среќен, ем Рон!“

10

Page 13: Меурчиња од сапуница

11

Page 14: Меурчиња од сапуница

12

На Луан му се допадна оваа идеја и рече дека ќе проба. Тогаш се сети дека Рон е многу мирен и среќен кога мајка му и татко му го гушкаат; многу сака да застане пред нив, да ги рашири рацете и да им падне во прегратките. Луан рече: „И јас сакам гушкање – ќе пробам и јас да го гушнам!“ Ана рече дека таа не сака многу гушкање, но ако Рон е нејзин другар, сигурно би пробала да трча со него по ливадите и да се брка околу дрвјата.

Како повеќе разговараа, така децата добиваа сѐ повеќе и повеќе идеи што може да прават заедно со Рон за да им биде на сите убаво...

Дедото на Ада и Дениз ги слушаше децата и задоволно се смешкаше. Тој беше среќен што неговите внуци заедно со децата од дружината МЕЛА се толку грижливи и му рече на дедото на Ениса: „Ееее деца, деца... Би сакал да можам да се вратам во времето и за миг и јас повторно да бидам дете!“ Тогаш дедото на Ениса тивко нешто му шепна на уво и двајцата полека станаа од клупата.

По неколку минути децата изненадено гледаа како околу нив паѓаат рој меурчиња од сапуница. Сите беа насмеани и радосни, а кога ги кренаа главите нагоре за да видат од каде доаѓаат – ги видоа двајцата дедовци како ги прават меурчињата и им мафтаат од балконот од зградата.

Page 15: Меурчиња од сапуница

13

Page 16: Меурчиња од сапуница

во тој миг на игралиштето се појави Рон со неговите родители. И Рон кога ги виде меурчињата, радосно се затрча кон нив и ги пружи рацете за да ги фати. Набргу му здодеа и почна да трча наоколу, а Ана кога го виде, почна да му вика: „Фати мееее, фати меее!!!“ и почна да бега смеејќи се. Рон ја виде, се насмевна и почна да трча по неа.

Мајката на Рон гледајќи како сите заедно си играат, по прв пат реши да го остави Рон сам надвор со децата.

1414

Page 17: Меурчиња од сапуница

15

Page 18: Меурчиња од сапуница

Издавач: УНИЦЕФ

За издавачот: Нора Шабани

Уредник: Виолета Петроска-Бешка

Автор на текстот: Филипина Негриевска

Јазична лектура и книжевна адаптација: Билјана Маленко

Илустратор: Румена Најчевска

Дизајн: КОМА

Сите права за издавање на оваа сликовница ги задржува @ УНИЦЕФ 2015

CIP - Каталогизација во публикацијаНационална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје 821.163.3-93-32(084.11) НЕГРИЕВСКА, Филипина Меурчиња од сапуница / [автор на текстот Филипина Негриевска ; илустратор Румена Најчевска]. - Скопје : Канцеларија на УНИЦЕФ, 2015.- 20 стр. : илустр. ; 27x22 см. - (Дружината МЕЛА) ISBN 978-9989-116-77-3 (едиција)ISBN 978-608-4787-14-31. Најчевска, Румена [илустратор] COBISS.MK-ID 98861578

Page 19: Меурчиња од сапуница

Дружината МЕЛА

Дедото што беше слеп

ПЕПЕЛАШКО

Бајрам

ОЧИЛАТА НА ЕНИСА

Училиштен натпревар

андреј и мачето

Ѓурѓовден

Јазикот на Сара

Различни јазици

Случките на Ениса

Игра на сенки

МАРКО ВО КОЛИЧКА

Различни семејства

Свадба

Велигден

И за девојчиња, и за момчиња

Петар Пан

Меурчиња од сапуница

Сите сликовници

за дружината

МЕЛА

Page 20: Меурчиња од сапуница