100

Ова е Пратеникот Мухаммед

Embed Size (px)

DESCRIPTION

 

Citation preview

Page 1: Ова е Пратеникот Мухаммед
Page 2: Ова е Пратеникот Мухаммед
Page 3: Ова е Пратеникот Мухаммед

2

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

Превод:Јасмин РЕЏЕПИ и Мерсиха СМАИЛОВИЌ

Рецензент:Мухамед МУРТЕЗИ

Јазична редакција:Елена ТРЕНЧЕВСКА

Издавачки Совет:Др. Рамиз ЗЕКАЈ

Проф.Др. Ариан КАДИУБедри ТЕЛЕГРАФИ

Албан КОДРАЕдвин ЦАМИЕрис КОЛИЌИ

Уредник: Проф.Др. Шефик ОСМАНИ

Компјутерска обработка &: Аврора ШЕХУ

Изданието на aлбански јазик го подготви:АЛБАНСКИ ИНСТИТУТ НА ИСЛАМСКАТА МИСЛА И ЦИВИЛИЗАЦИЈА

© AIITC 2011ISBN 978-99956-713-6-5

Изданието на македонски јазик го подготви:ИСЛАМСКИ МЛАДИНСКИ ФОРУМ

Крсте Мисирков Бр. 57a Лок. 3, 1000 СкопјеТел: +389 2 3233 659

www.fri.org.mk; [email protected]

Page 4: Ова е Пратеникот Мухаммед

3

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

СОДРЖИНАВОВЕД ....................................................................................... 5

I. ПОГЛАВЈЕ АЈДЕ ДА ГО ЗАПОЗНАЕМЕ ПОСЛЕДНИОТ ПРАТЕНИК .............. 7Потеклото на Пратеникот Мухамед .................................................7Неговото раѓање ......................................................................... 9Осамен сирак ............................................................................. 9Поверливиот .............................................................................. 9Вреден да му се верува ................................................................ 10Многубоштвото и идолите ......................................................... 11Пратеништвото ......................................................................... 12Пештерата .................................................................................12Почетоците ................................................................................13Одбивањето ............................................................................... 14Иако беше изолиран, бројот на неговите следбеници се зголемуваше ..17Година на тагата ........................................................................ 18Ноќното патување ..................................................................... 19Егзилот во Медина ..................................................................... 20Првиот Устав .............................................................................20Следбеници на Книгата ...............................................................21Дозволата за борба ......................................................................23Битката на Бедр ..........................................................................23Договорот на Худејбија ...............................................................24Повик кон лидерите ....................................................................25Ослободувањето на Мека ............................................................25Арабија го прифаќа Исламот .......................................................26Последниот аџилак .................................................................... 27Смртта на Пратеникот ................................................................. 28Неговиот опис ............................................................................ 29

Page 5: Ова е Пратеникот Мухаммед

4

II. ПОГЛАВЈЕПРАТЕНИКОТ КОЈ ГИ УСОВРШИЛ ЧОВЕЧКИТЕ ДОБЛЕСТИ ..... 32Личноста на Пратеникот во Куранот ............................................. 32Куранот - првиот извор за Пратениковата биографија ..................... 33Мисијата на Веровесникот ........................................................... 33Сведок за целото човештво .......................................................... 34Следбеник на Божествената Објава .............................................. 35Луѓето му се покоруваат преку моќта на верата .............................. 35Практичниот метод и мудриот начин на повикот ............................ 36Корисниот збор и дијалогот ......................................................... 37Љубовта на Пратеникот кон луѓето ............................................... 39Близок до сиромашните и потребните ........................................... 41Толеранцијата - моралот на Божествената Порака .......................... 42Божјата грижа, упатство и благост кон Својот Пратеник ................. 44Пратеникот како човечко суштество ............................................. 45Односот на муслиманите кон Веровесникот Божји ......................... 47Наредувањето на доброто и забранувањето на злото ....................... 48Методот на Пратеникот во соочувањето со предизвиците ................ 49

III. ПОГЛАВЈЕ ПРАТЕНИКОТ ВО ОЧИТЕ НА СВЕТСКИТЕ ЛИЧНОСТИ ............. 52ПОГОВОР ................................................................................. 66

IV. ПОГЛАВЈЕ НЕКОЛКУ ПОУКИ ОД ЖИВОТОТ НА ПРАТЕНИКОТ .................. 67ХРОНОЛОГИЈА НА ЖИВОТОТ НА ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД ... 70ПОГОВОР ................................................................................. 72РЕЧНИК ....................................................................................74ЗАБЕЛЕШКИ ............................................................................ 84ХАДИСИ НА ПРАТЕНИКОТ....................................................... 87

Page 6: Ова е Пратеникот Мухаммед

5

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

ВОВЕД

Значајните личности наликуваат на високи планини. Тие стојат над другите и лесно се воочливи од далечина, но искачувањето е долг и исцрпувачки пат. Патниците се стремат да го достигнат врвот, дали ќе одат низ патеките или низ угорниците и карпестите патишта, излегувајќи на крај со трпението и упорноста, тешкотиите и заморот.

На височина, воздухот е посвеж и почист, и хори зон тите се широки. Во убедувањето на луѓето, планините симболизираат гордост, големина, убавина и вечност. Погле дите од сите страни на хоризонтот минуваат низ врвот на планините.

Личноста на Пратеникот Мухамед, нека е Божјиот мир над него,1 е највисока од сите планини. Од нејзиниот единствен врв, погледот допира до сите страни. Областите се наклонети кон овој врв, како и ридовите и високите планини, наклонети се кон овој врв, како врв за ориен та ција. Патот до овој врв е најдолг, но не е здодевен - нежен е и добар, како и Пратеникот Мухамед.

Во текот на искачувањето, патникот минува низ долини полни со разновидно цвеќе, каде што илјадници пчели го собираат нектарот и поленот; вкусувајќи го задо волството и свежината на чистата вода која константно тече низ планината; слушајќи ја песната на птиците изме шана со звукот на свиркањето од вековно старата шума. Сите овие неверојатни убавини, духовно го воздиг-нуваат патникот, во свет, чист како водата и воздухот на плани ната.

1 Ова е наставка која се спомнува по името на последниот Божји Пратеник Мухамед, која во понатамошниот текст ќе се употребува во својата оригинална форма на арапски јазик (ова е местото за знакот) (заб. на прев.).

Page 7: Ова е Пратеникот Мухаммед

6

Понекогаш, врвот на планината е покриен со облаци и обвиткан со бел вел од магла. Дури и кога ќе ја потопат облаците и маглата, планината станува поубава и подобра, и патишта изгледаат како да водат кон небото. Кога облаците и маглата ќе исчезнат, планината може повторно јасно да се види.

Пратеникот Мухамед е личноста која Бог ја обдарил со сета убавина и величина на духот, со најдобрите и посебни доблести, со најмудриот ум и најчистото срце. Воочлив од сите дестинации, тој зрачи и служи како модел за луѓето во неговото време, како и за генерациите на човештвото кои следат. Тој е модел кој служи како пример и инспирација за доброто, за децата и за младите, за возрасните и за постарите, за економските услови и културните степени. На небото ѕвездите посилно сјаат во текот на темните ноќи, а Мухамед е ѕвездата на караванот.

Оној, кој се ориентира по оваа ѕвезда, никогаш не заталкува од правиот пат на животот на овој свет или на идниот, кој е вечен.

Многу научници, историчари и други личности, имаат издадено книги на различни светски јазици за личноста на Пратеникот Мухамед. За животот и делото на Пратеникот Мухамед ќе биде пишувано повторно и во иднината, затоа што претставува непресушен извор.

Оваа книга е обид да се земе малку вода од овој извор, со цел да се намали жедта која е предизвикана од топлата клима, со која човештвото се соочува денес.

Издавачот

Page 8: Ова е Пратеникот Мухаммед

7

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

I. ПОГЛАВЈЕ

АЈДЕ ДА ГО ЗАПОЗНАЕМЕ ПОСЛЕДНИОТ ПРАТЕНИК

Потеклото на Пратеникот МухамедГрадот Мека, од каде што води потекло семејството на

Мухамед, секогаш бил важен економски и трговски центар, а во исто време религиозен и духовен центар на Арабија. Уште во старите историски времиња, Арапите доаѓале во бранови од сите места и во групи оделе да ја посетат Ќаба, Божјата куќа.

Различноста на Мека, во однос на другите градови, се крие и во нејзната географска положба. Трговските па тиш та помеѓу Јемен, Византија, Шам2 и Персија, минуваат низ Мека. Извозот на стоката од земјите минувал низ Мека. Градот претставувал место за среќавање за сите арапс ки племиња, кои оделе на аџилак, отповикувајќи се на повикот на Авраам (Ибрахим), нека е Божјиот мир над него, кој се молел таму.

Потеклото на градот Мека е поврзано со посетата на Авраам (Ибрахим), нека е Божјиот мир над него, со својата сопруга Агара (Хаџера) и малиот син Исмаил, нека е Божјиот мир над него. Авраам (Ибрахим) со помош на синот, го обновил исламското светилиште - Ќаба, и Бог го благословил тоа место со водата од изворот Земзем3. Таму, Авраам (Ибрахим), нека е Божјиот мир над него, Му се молел на Бога за Арапите:

2 Шам - географска област која ги опфаќа сегашните држави Сирија, Палестина, Либан, Јордан и Ирак (заб. на прев.).3 Земзем - изворот кој се наоѓа непосредно до Ќаба (заб. на прев.).

Page 9: Ова е Пратеникот Мухаммед

8

„Господару наш, испрати им Пратеник, некој од нив, кој ајетите4 Твои ќе им ги кажува и со Книгата и со мудрост ќе ги учи, и од гревовите ќе ги очисти, бидејќи Ти си, навистина, силен и мудар!“ (2: 129)

Бог ја примил молбата на Авраам (Ибрахим), нека е Божјиот мир над него, и го направил народот на Мухамед најправеден народ, а Мухамед го испратил како последен Пратеник.

Во Мека, Исмаил и неговите поколенија живееја сè до Абдул Менаф, кој ги проширил дипломатските врски во другите земји како Персија и Византија. Во Мека живеел неговиот син Хашим кој бил многу познат по својата гостопримливост и по неговата беспрекорна трговија во најдалечните предели од регионот. Имајќи ја констант нос та на традицијата на своите предци и после многу обиди, неговиот син Абдул Mуталиб успеал повторно да го отво ри изворот Земзем. Овој настан внел многу радост помеѓу жителите на Мека, кои страдале од жед многу долго време.

Неколку години по отворањето на изворот Земзем, Бог му подарил на Абдул Mуталиб десет синови, меѓу кои и Абдулах, кој од бракот со Амина го добил синот Мухамед. Сите поранешни Книги говорат за ова раѓање. Тората (Тевратот) на Мојсеј (Муса), нека е Божјиот мир над него, говори за ова: „Слушнав од Исмаил, го содржам тоа и ве информирам за Мадмад (Мухамед). Помеѓу нив ќе испратам нов Веровесник, како тебе, на кој ќе му овозможам да го говори Мојот Збор.“

Знаци за доаѓањето на Мухамед, има и во Инџилот5, Евангелие по Јован (14: 15), каде што стои: „Ако Ме љу бите, пазете ги Моите заповеди. Јас ќе Го помолам Оте цот, и Он ќе ви даде друг Утешител, за да биде со вас довека.“

Во Куранското поглавје Ес-Сафф, Бог дирекно ни кажува дека

4 Ајет - цитат или стих од Куранот. Значи знамение или доказ (заб. на прев.).5 Инџил - Евангелие, Божјето откровение објавено на Исус (Иса), чиј што делови сега се наоѓаат испомешани помеѓу четирите евангелија напишани според сеќавањата на четирите евангелисти, според кои се и наречени: Матеј, Марко, Јован и Лука (заб. на прев.).

Page 10: Ова е Пратеникот Мухаммед

9

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

Божјиот Пратеник Исус (Иса), нека е Божјиот мир над него, знаел за доаѓањето на Мухамед, велејќи:

„А кога Иса, синот Мерјемин6, рече: ,О синови Израи лови, јас сум ви Алахов Пратеник да го потврдам пред мене објавениот Теврат и да ви донесам радосна вест за Пратеникот кој ќе дојде после мене и чие име е Ахмед7‘, и кога им ги донесе тој јасните докази, тие рекоа: ,Ова е јасна магија!‘“ (61: 6)

Неговото раѓањеМухамед, последниот од Пратениците, бил роден во сувата

пустина на Арабија во 570 година, околу 600 години по Исус (Иса), нека е Божјиот мир над него. Тој бил роден во најистакнатото племе, во најаристократското и најугледното семејство од тоа племе.

Осамен сиракМухамед бил сирак. Неговиот татко починал пред тој да се

роди. Од таму, тој бил израснат со многу теш котии во пустината, според арапската традиција. Во 576 година, на шест годишна возраст, умира и неговата мајка, Амина. Од тогаш, тој бил одгледуван од страна на својот дедо Абдул Mуталиб, а подоцна од својот чичко Ебу Талиб.

Мухамед се грижел за овците, под горештините на Сонцето, на ридовите околу Мека. Ова ја рефлектира мудроста и намерата на Бога, во подготвувањето на идниот Пратеник, кој ќе го проповеда исламското верување.

ПоверливиотВо младите години, Мухамед беше познат како Ел-Емин или

Поверливиот (оној на кого можеш да сметаш) што се должеше на 6 Мерјема - Марија, мајката на Исус, некa е Божјиот мир над него (заб. на прев.).7 Ахмед - едно од имињата на Божјиот Пратеник Мухамед, нека е Божјиот мир над него (заб. на прев.).

Page 11: Ова е Пратеникот Мухаммед

10

неговата чесност и неговиот благо ро ден карактер. Неговиот чичко многу го сакаше и често го земаше со себе на пат до Сирија, кога одеше таму поради работа. Ова му даде можност на Мухамед да научи како да заработува за живот. Тој беше успешен во трговијата. Дури и тогаш кога беше релативно сиромашен, неговата чесност и широкоградна природа, направи луѓето да го засакаат и да ја здобие довербата на сите што го знаеа.

Во тоа време, во Мека, живееше една од најпочи тува ните жени. Таа се викаше Хатиџа. Мухамед работеше за неа, и кога наполни 25 години, тој доби индиректна по ну да за брак. Иако беше постара од него, Мухамед ја при фа ти нејзината понуда. Тие се венчаа во 595 година и живееа многу среќно. Добија два сина и четири ќерќи: Касим, Абдулах, Зејнеб, Рукаја, Уму Кулсум и Фатима. За жал, двата сина починаа во раните детски години. И покрај тоа, Мухамед и Хатиџа имаа среќен брачен живот.

Вреден да му се веруваПријателството на Мухамед, неговите мудри совети и

поверлива природа, им беа добро познати на сите. Се пренесува дека кога Ќабата била обновувана поради голе мата поплава која ги оштетила нејзините ѕидови, четирите главни племиња од кланот на Курејшиите се карале за тоа кој ќе ја има честа повторно да го постави светиот Црн Камен. Кога караницата се прекинала, еден од постарите предложил: „Првиот човек кој ќе влезе низ портата, ќе ни пресуди!“ За нивна голема радост, првиот човек кој влегол бил Мухамед. „Тоа е Ел-Емин, поверливиот!“ - повикале тие. Го запознале Мухамед со ситуацијата, при што тој побарал парче платно. Го поставил Црниот Камен на сре ди на на платното и побарал по еден член од племињата да го фати платното за по еден од краевите, така што сите можеле да учествуваат во носењето на Црниот Камен. Потоа, тој самиот го ставил Каменот на неговото место. Овој подвиг е направен со голема мудрост, при што успеал да стави крај на една караница и спречил опасност од

Page 12: Ова е Пратеникот Мухаммед

11

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

крвопролевање.Арапите имаа посебни квалитети. Беа храбри, ши ро ко градни

и чесни, но често се вовлекуваа во ситни караници, постојано се караа и беа спремни да пролеат крв во секоја можна прилика. Тие немаа никакво почитување кон слабите, сирачињата и вдовиците, често пиеја и губеа време. Давајќи им битен статус на синовите, татковците има ле лош обичај да ги закопуваат живи што туку роде ните девојчиња, бидејќи нивното раѓање не било поса кувано. Политеизмот надвладеал во нивниот свет.

Многубоштвото и идолитеВо тоа време многубоштвото, или култот кон идо лите, беше

практикувано од мнозинството жители. Вечната религија, наследена од Авраам (Ибрахим), нека е Божјиот мир над него, обожувањето само на Единиот Бог, беше закопана и заборавена. Како што минуваше времето, околу 360 идоли и кипови, кои претставуваа лажни божества, беа поставени во и околу Светата Куќа (Ќаба). Тие беа наки тени, а повеќето од лажните божества имаа женски имиња, како што се Лат, Менат и Уза. Некои имиња им припаѓаа на најпочитуваните луѓе од времето на Ное (Нух), нека е Божјиот мир над него, како што се Вед, Сува, Јеук и Јеср, кои беа обожувани многу години после нивната смрт. Дури и следбениците на Мoјсеј (Евреите) и оние на Исус (хрис тијаните) скршнаа од првобитниот монотеизам на Авраам (Ибрахим), делејќи се на секти.

Мухамед не учествуваше во ниту еден од политеис тичките ритуали. Тој се осамуваше во изолираната пеште ра, наречена Хира, на планина во близината на Мека, со цел да си го прочисти срцето и да се моли за откровение на вистината. Во друштво само со звукот на ветерот и задла бо чен во осаменоста, тој ги гледаше знаците на универзумот.

Page 13: Ова е Пратеникот Мухаммед

12

ПратеништвотоТоа му се случи на 40 годишна возраст, во една ноќ за време

на месецот Рамазан. Возвишениот Бог го повика Мухамед, во Негова служба. Во таа ноќ, позната како Лејлетул Кадр - „Ноќта на судбината или Ноќта на моќта“, Поверливиот мелек8 Џибрил9 се спушти со одлука од Бога и светлина за човештвото - Куранот. Тука започна новото поглавје за светот.

ПештератаБелата полумесечина светеше на небото, кога одне на деж

Мухамед почувствува нечие присуство. Во спо кој с твото на ноќта, се слушна глас: „Читај!“ Мухамед беше из не наден. „Јас не знам да читам.“ - одговори тој. Кога се пов тори повикот, изгледаше како Земјата да се тре се: „Читај!“. „Но јас не знам да читам.“ Беше вкочанет од страв, неподвижен. „Читај!“ - повтори впечатливиот глас. „Што да читам?“ И одеднаш тој почувстува олеснување - му изгледаше како времето и местото да запреа; небото и земјата станаа едно.

„Читај во името на Господарот твој Кој создава, го создава човекот од грутка крв! Читај, зашто Нај бла городен е Господарот твој, Кој поучува со перо, Кој го подучува човекот она што тој не знае.“ (96: 1-5)

Ова беа првите стихови од Чесниот Куран. Ова бе ше гласот на ангелот Гаврил (Џибрил), Поверливиот Дух, испратен на последниот Божји Пратеник. Мисијата на Мухамед, Веровесникот Божји, како благослов за сите луѓе, штотуку почна.

Пратеникот Мухамед штотуку ги прими првите зборови од

8 Мелек – ангел (заб. на прев.).9 Џибрил - ангелот Гаврил, оној кој имал задача од Бога да ги дос та ву ва откровенијата до Божјите Пратеници и Веровесници (заб. на прев.).

Page 14: Ова е Пратеникот Мухаммед

13

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

својот Бог. Ова се случи во 610 година, во пештерата Хира. Тој бргу се спушти низ ридот, додека лицето му све те ше од

потта, а срцето му тропаше многу брзо. Сти ховите од Куранот сеуште му одѕвонуваа во душата. Каква визија беше ова? Какви зборови беа изговорени?

Тој истрча кај Хатиџа, викајќи: „Покриј ме, покриј ме!“ Таа го стопли неговото срце со љубов, додека тој и кажуваше што му се случи. „Се плашам дека нешто лошо ќе ми се случи!“ - рече тој. „Никогаш! Се колнам во Бога,“ - со верба му одговори неговата жена - „Бог никогаш нема да те осрамоти. Ти ги одржуваш роднинските врски, ги помагаш сиромашните и немоќните, широкоградно ги угостуваш гостите и им помагаш на оние на кои што им се случила несреќа.“ (Бухари)

Неколку дена подоцна, Хатиџа го однесе кај својот роднина, учен писател, по име Верека ибн Науфел, кој ги познаваше Тората и Евангелието. Откако Мухамед му ја опиша фамозната ноќ, старецот без двоумење му рече дека тоа всушност била средба со ангелот Гаврил (Џибрил), истиот ангел кој Бог му го испратил на Мојсеј (Муса): „Би сакал да сум помлад, да го доживеам времето кога твојот народ ќе те протера!“ - му рече старецот. (Бухари)

Тој знаеше дека Пратеникот, спомнат во Светите Книги, дојде.

Така започна мисијата на последниот Пратеник, кој ќе влијае врз целиот свет, објавувајќи нова ера во историјата на човечкото убедување и прогресот. Така се роди Исламот.

ПочетоцитеПрвата која му поверува на Пратеникот беше него вата сопруга

Хатиџа. Потоа следеше неговиот роднина, Али, синот на Ебу Талиб, кој живееше со нив. Некои луѓе, водени од стравот, го одбија прифаќањето на мисијата на Мухамед, додека други целосно ги отворија своите срца и го прифатија повикот, како што беше тоа случај со блискиот пријател на Мухамед, Ебу Бекр, па неговиот

Page 15: Ова е Пратеникот Мухаммед

14

слуга Зејд и многу други, Бог нека е задоволен со нив. После некое време, кога објавувањето на Куранс ките стихови

продолжи, на Пратеникот Мухамед му беше објавено јавно да ја пренесува пораката на Исламот и стиховите кои му беа објавени.

„Во името на Алах, Милостивиот, Сомилосен. Благодарноста Му припаѓа на Алах, Господарот на световите, Милостивиот, Сомилосен, Владе те лот на Судниот Ден. Само Тебе Те обожуваме и само од Тебе помош бараме! Упати нè на правиот пат, на патот на оние врз кои ја разлеа Својата благодет, а не на патот на оние врз кои гневот Свој го разлеа, ниту на патот на оние кои што во заблуда скршнаа!“ (1: 1-7)Еден ден, Пратеникот Мухамед се искачи на врвот на Сафа,

мало ридче во близината на Ќаба, зборувајќи им на своите луѓе, жителите на Мека. Додека тие се собираа, некои прашаа за причината на неговото доаѓање. Мухамед одговори:

„,Кажете ми, о жители на Мека, дали би ми пове ру вале кога би ви кажал дека зад оној рид гледам како доаѓа војска против вас?‘ ,Секако дека ти веруваме, а ти никогаш не си лажел.‘ - одговорија сите. ,Тогаш, знајте дека јас сум ви испратен и дека ве предупредувам за тешкото страдание и казната која ве чека... Бог ми нареди да ве предупредам, како мои сонародници, и да ви кажам дека јас не можам да ви го гарантирам доброто на Земјата, како ни на небесата.‘“

Слушајќи го ова, народот замолчи од вчудено виденост. Додека мирно стоеа под жешкото Сонце, Ебу Лехеб, чичкото на Пратеникот Мухамед, извика: „Нека ти пропадне денот, зарем за ова нè повика?“ И сите ги свртеа своите грбови и заминаа, оставајќи го Мухамед сам.

ОдбивањетоГраѓаните на Мека ги слушнаа овие нови зборови како повик

Page 16: Ова е Пратеникот Мухаммед

15

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

да Му се покорат на Бога, да го прифатат Исла мот. Но дилемите брзо почнаа да се појавуваат. Многу луѓе не ја прифатија јасната вистина. После долгого диш ното познавање на дарежливоста и љубезноста на Муха мед, тие почнаа да се однесуваат кон него со презир, како тоа да не беше личноста на која претходно и се восхитуваа. Меѓутоа, Мухамед никогаш не возврати на тој презир. Тој милуваше да каже:

„Оној кој верува во Бога и во Судниот Ден, треба да зборува добри работи или да молчи. Оној кој верува во Бога и во Судниот Ден, треба да го почитува својот сосед. Оној кој верува во Бога и во Судниот Ден треба да го угости својот гостин.“ (Бухари)

И покрај силата на некои жители од Мека, Пратени кот Мухамед стрпливо продолжи да го повикува својот народ во принципите на Исламот: „Нема друго божество освен Алах, а Мухамед е Негов Пратеник.“ Ништо не го спречуваше.

„Кажи: ,Тој е Алах, Еден е! Алах е прибежиште секому! Не родил и не е роден, и никој не Му е рамен!‘“ (112: 1-4)

Што повеќе Мухамед го повикуваше својот народ во покорување на Единиот Бог, толку повеќе племенските лидери го осудуваа:

„Зарем тој боговите да ги сведе само на еден Бог? Тоа е, навистина, нешто многу чудно!“ (38: 5)

Она што најмногу ги изненадуваше, беа дотогаш нечуените и прекрасни зборови, Куранските стихови, кои доаѓаа од неписмен човек. Мухамед не научил да чита и да пишува; само неколкумина Арапи беа писмени во тоа време. Тогаш, како е возможно овие зборови, кои не нали ку ваат на ништо слично според својата структура, да доаѓаат од неговата уста?

Лидерите на најмоќните племиња од кланот Курејш во Мека

Page 17: Ова е Пратеникот Мухаммед

16

станаа најнетрпеливи. Во текот на средбата, тие одлучија да го задолжат Ебу Талиб, чичкото и старателот на Пратеникот, да се обиде да го спречи Мухамед во испол нувањето на својата мисија, која ги тера луѓето да се откажат од своите обичаи и религијата на своите предци.

Кога Мухамед го слушна тоа, беше многу погоден, затоа што го сакаше својот чичко, но неговиот одговор беше смирен и јасен:

„Се колнам во Бога! Дури и да ми го стават Сонце то во десната рака и Месечината во левата, нема да ја оставам мисијата, сè додека Бог не ми даде победа или додека не умрам.“

Полека, еден по еден, бројот на муслиманите, воден од благородниот Пратеник, се зголемуваше. Првата група на верници ја следеше патеката на вистината и покорноста. Нивната љубов кон вистината сјаеше, осветлувајќи го тем но то паганското општество во тоа време. Трагајќи по мате ријалните добра, главната цел и причина на сите амби ции во светот беше заменета со искрите на светлоста и вечната мудрост.

„Бог ќе му го олесни патот до рајот на оној што ќе тргне по патеката на знаењето.“ - рекол Пратеникот. (Муслим)

Муслиманите, со првите чекори во Ислам, беа со оче ни со многу малтретирања. Оние што беа многу сиро маш ни, имаа малку пари и никаков социјален статус, страд аа повеќе од останатите. Тие беа исмејувани, но кога тоа не беше доволно, неверниците си земаа за право да упо требуваат физички напади и тортура. Фрлаа камења и нечистотии врз Билал, Бог нека е задоволен од него, роб од Абесинија10, кој ја прими оваа нова религија. Тие го врзаа со јаже на пустинската горештина, со наредба на неговиот сопственик, и големи камења беа ставени на неговите гради. „Каде е твојот Бог сега?“ - го прашуваа, навре ду вај ќи го. Но никакво измачување не можеше да ја поколеба неговата вера.

Во 615 година, стотина муслимани успеаја да ја напуштат Мека, напуштајќи ги своите домови. Тие побараа засолниште во 10 Абесинија - денешна Етиопија (заб. на прев.).

Page 18: Ова е Пратеникот Мухаммед

17

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

соседната Абесинија, христијанска земја. Во Абесинија владееше праведен и толерантен крал, кој им пружи засолниште во текот на пет години од пратениш тво то на Мухамед. Оние кои не можеа да заминат, беа подло же ни на уште поголеми насилства и измачувања. Но нико гаш не се откажаа од Исламот.

Иако беше изолиран, бројот на неговите следбеници се зголемуваше

Лидерите на Мека решија да се обидат со нова тактика. Пратеникот и неговите пријатели беа следени, обвинувани и терани да живеат во изолација. Не беше дозволено да им се испрати никаква храна; тие страдаа од глад и жед долго време, и поминуваа денови, па дури и недели, без да јадат. Оваа изолација започна седмата година по Светото Откровение и продолжи да трае цели три години. Сепак, со Божја помош, некои добронамерни луѓе помеѓу прогонителите не можеа повеќе да го трпат ова нехумано однесување. Ситуацијата се смени и изолацијата конечно престана.

Обичајот и традицијата на племенските општества во Арабија беа поткопани и беа одново вреднувани според светлината на праведниот дух на Пратениковите учења. Тој вели:

„,Помогни му на својот брат, без разлика дали е праведен или неправеден.‘

Еден човек праша:,Божји Пратенику! Јас можам да му помогнам кога е

праведен, но како да му помогнам кога е неправеден?‘Тој одговори: ,Не дозволувај му да биде неправеден, со тоа ќе ја

искажуваш својата помош кон него.‘“ (Бухари)Нежноста и чувствителноста на Мухамед беа нес-

поредливи. Често, кога ќе поминеше покрај група на деца, ќе ги погалеше по глава, а понекогаш и си поигруваше со нив. Тој рече:

Page 19: Ова е Пратеникот Мухаммед

18

„Навистина кај Бога се наоѓаат 100 милости, а само една од сите тие милости спуштил врз џините11, луѓето, животните и инсектите. Поради неа, се сакаат и меѓусебе си прават добрини; поради неа ѕверот го сака своето младенче. Додека другите 99 милости Бог ги чува за доброто на Своите робови на Судниот Ден.“ (Бухари)

Тој на жената и подари чесно место во општеството, што беше незамисливо за тоа време, давајќи и ги нејзините слободи и права кои не можеа да се најдат во ниту една друга земја.

„Рајот е под мајчините нозе.“ - велеше Пратеникот. (Бележат Бухари и Муслим)

И покрај тоа, мнозината луѓе останаа на своето незнаење и продолжија да не го прифаќаат.

Година на тагатаВо десетата година од објавувањето на Светиот Куран, 619

година од новата ера, Пратеникот Мухамед беше тажен како никогаш во својот живот. Неговиот чичко Ебу Талиб, кој секогаш го поддржуваше и го штитеше, почина. Големата загуба продолжи со смртта на неговата сакана сопруга Хатиџа, Бог нека е задоволен од неа.

После загубата на двата големи поддржувачи на Пратеникот, многубошците мислеа дека тој е конечно скршен. И покрај својата тага за загубата на двајцата сака ни, Пратеникот продолжи со повикувањето и зголемува ње то на бројот на следбеници, со цел да ги заштити своите следбеници од меканските злосторници.

Тој одлучи да оди во Таиф, град источно од Мека, одејќи три дена (120 км) на патот кон Јемен. Не кажа никому за ова, освен на Зејд, Бог нека е задоволен од него, кој го придружуваше. Остана таму десет дена, но жителите на Таиф го прекорија оној кој дојде да им ја проповеда пораката на Исламот и го протераа назад, фрлајќи

11 Џин - невидливо духовно битие, демон (заб. на прев.).

Page 20: Ова е Пратеникот Мухаммед

19

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

камења врз него, повредувајќи го. „... Зошто овој Куран не му беше објавен на некој важен човек од еден од овие два града?“ (43: 31), велеа жителите на овој град.

На патот кон Мека, Пратеникот беше пресретнат од ангелот Гаврил (Џибрил), кој рече:

„,Бог ми дозволи, на твоја наредба, да ги казнам жителите на овој град за злото кое ти го направија.‘

,Сакам Бог да даде потомци од нив, кои ќе веру ваат во Едноштвото на Бога, не здружувајќи Му ништо друго.‘“ - одговори Пратеникот. (Бухари)

Во текот на периодот кој беше исполнет со многу тешкотии, Семоќниот Бог, го награди со најдобрата почест - чудесното Ноќно патување.

Ноќното патувањеЕдна чудесна ноќ, во 621 година, наречена „Ноќта на Исра и

Мираџ“, додека Пратеникот спиеше, ангелот Гаврил (Џибрил) дојде и го разбуди. Тој го покани да го јав не животното кое се викаше Бурак. Бурак, леташе со невоз можна брзина и Пратеникот дојде до џамијата А иди знаците на Бога.

Мухамед и ангелот Гаврил (Џибрил) се искачија низ небесата, запознавајќи ги другите Пратеници - Исус (Иса), Јован (Јахја), Јосиф (Јусуф), Арон (Харун) и Мојсеј (Муса), нека е Божјиот мир над нив, сè додека конечно не дојдоа на седмото небо. Еден маж седеше кај портите на вечната куќа.

„,Никогаш не сум видел човек кој толку многу ми наликува.‘ рече Пратеникот. ,Тоа беше мојот татко Ибрахим (Авраам).‘“ (Бележат Муслим и Ибн Исхак)

Мухамед се искачи на врвот на небескиот свет. Сето ова се случи во текот на ноќта, кога од Семоќниот Бог го прими прекрасниот ритуал на телото и душата, вториот столб на Исламот, петте дневни молитви. Му беше дадено нешто кое не му било дадено на ниту еден Прате ник предходно - целиот свет како место

Page 21: Ова е Пратеникот Мухаммед

20

за молитва, знак за почит и благослов за сите муслимани.

Егзилот во МединаЖителите на Јесриб, град оддалечен 450 километри од

Мека, кои веќе го примиле Исламот, ги отворија пор тите на своите домови за оние што бегаа поради нивната вера, пружајќи им топло добродојде на сите муслимани кои сакаа да живеат безбедно во нивниот град. Посебно сакаа Пратеникот да дојде и да донесе мир во нивниот град, кој често беше нарушуван поради конфликтот помеѓу племињата. Пратеникот целосно го исполни нивното бара ње. Оваа преселба беше наречена Хиџра. Ова беше најод лу чувачкиот момент во историјата на Исламот - почетокот на исламскиот календар и раѓањето на Првата Исламска Држава. Од тука, Јесриб е преименуван во „Мединетун Небијј“, што значи „Градот на Пратеникот“.

Мухамед, Божјиот Веровесник, по 13 години пови кување во Ислам, а после трпењето на големи измачувања од страна на паганските Арапи, го напушти градот Мека, придружуван од блискиот пријател Ебу Бекр, Бог нека е задоволен од него, и се упатија кон Медина, каде му беше понуден мир и сигурност.

Со ова, во 622 година, и првата хиџретска година, започна втората битна фаза во мисијата и животот на Мухамед.

Првиот УставВо градот Медина, Пратеникот стана лидер на пр ва та Исламска

Држава. Таму верата на муслиманите цвета ше, воспоставувајќи го почетокот на новиот социјален поре док. Во Медина, исламската визија за мир се разви помеѓу различните луѓе во светот, без оглед на нивната религија и раса, затоа што навистина беше воспоставен Првиот Устав и поглавје за човековите слободи и права кои претходно не постоеја. На секој граѓанин му беа загaра н тирани

Page 22: Ова е Пратеникот Мухаммед

21

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

слободата, сигурноста и правдата.12

Главната карактеристика на ова ново општество беше љубезноста и посветеноста. Алчноста и себичноста беа заменети со сочувство и грижа за сите суштества. Пратеникот рекол:

„Милостина е праведно да се смират два чове ка. Милостина е да му се помогне некому да се качи на коњот или да му се помогне да го нато вари коњот. Милостина е да одговориш на прашање со љубезност. Милостина е да му се насмевнеш на својот брат. Милостина е отстранување на пречка која им стои на патот на минувачите.“ (Бележат Бухари и Муслим)

Уште два столба на Исламот беа воспоставени во Ме дина. Муслиманите беа обврзани да даваат зеќат13 (2: 177; 9: 60) и да постат во текот на месецот Рамазан (2: 183–187).

Во текот на овој период, Пратеникот повторно се ожени. Многу жени сакаа да се омажат за него, но сите за кои се ожени, освен Аиша, беа вдовици. Иако Пратеникот се ожени повторно, тој секогаш чуваше посебно место во срцето за Хатиџа, неговата прва жена и негов драг пријател.

Следбеници на КнигатаВо близина на градот Медина, исто така, живееа не-

колку еврејски племиња. Муслиманите чувствуваа некаква

12 Некои од точките во ова поглавје беа:- Слободата на убедување и верување за муслиманите и немуслиманите е еднаква;- Сигурност и заштита за сите, од надворешни закани и напади;- Осуда и напуштање на сите неморални обичаи.13 Зеќат - определен, фиксиран дел во износ од 2,5% од вредноста на богатсвото и од секаков имот обврзан со зеќат на еден муслиман, а кој се дава за сиромашните во му слиманската заедница. Плаќањето на зе ќат е задолжително, бидејќи тој е еден од сто лбовите на Исламот. Зеќа тот е главно економско средство за воспоставување социјална правда и го води муслиманското општество кон напредок и сигурност (заб. на ред.).

Page 23: Ова е Пратеникот Мухаммед

22

љубезност и блискост кон „Следбениците на Книгата“, кои за доаѓањето на Пратеникот беа известени во Тората (Тевратот). Бог му рече на Мојсеј (Муса):

„Јас ќе им издигнам пророк од браќата ни в ни, ка ков што си ти, ќе ги ставам збо ро вите Мои во устата Него ва и Он ќе им каже сé што Јас ќе му заповедам.“ (Повторени закони, 18:18)

Па кој би можел во Стариот Завет да им биде брат на израилевите синови, освен синовите на Исмаил? Кој друг може да биде Пратеник што ќе му наликува на Мојсеј (Муса), нека е Божјиот мир над него? Кој друг, ако не Мухамед?! И според зборовите на Исус (Иса), нека е Божјиот мир над него, пратеништвото е постигнато:

„Но Јас вистината ви ја кажувам: подобро е за вас Јас да си отидам, оти, ако не си отидам, Утешителот не ма да дојде при вас; ако, пак, заминам, ќе ви Го пра там... А кога ќе дојде Он, Духот на вистината, ќе ве упати во секоја вистина; но од Себе нема да зборува, а ќе говори што чуе, и ќе ви ја каже иднината…“ (Јован, 16: 7 и 16: 13)

Сè до тогаш, муслиманите секогаш се молеа кон истиот правец како и Следбениците на Книгата, вртејќи ги лицата кон светиот град Ерусалим.

Сега, на верниците им беше наредено да ги свртат лицата кон Мека, поточно кон Ќаба (2: 144-155).

Промената што се однесуваше на насочувањето за време на молитвата беше симбол за разликата и честа за новата муслиманска заедница - исламскиот умет. Како посе дуватели на првобитното верување на Авраам (Ибра хим), нека е Божјиот мир над него, муслиманите природно се свртеа во правец кон Првата Куќа која што тој ја обновил за Бога.

Page 24: Ова е Пратеникот Мухаммед

23

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

Дозволата за борбаСледбениците на Книгата не беа единствените кои

беа незадоволни од промените (некои евреи го употребија аргументот за правецот кон Ерусалим за да укажат дека Мухамед немал друг избор, освен да ја следи нивната киб-ла14, и со тоа докажуваат дека нивната религија е подобра), туку дури и лидерите во Мека, кои веруваа дека промената на киблата (од Ерусалим кон Мека) е закана, бидејќи тие тврдеа дека имаат право да ја заштитат Ќаба.

Тие едногласно одлучија да ја елиминираат новата муслиманска заедница. Поради тоа подготвија напад про-тив Медина. Овој пат, конечно по толку години измачува-ња и прогонства, беше објавен Куранскиот стих со кој на Пратеникот му се дозволува самоодбраната:

„Им се дозволува одбрана на оние кои ќе бидат на-паднати, поради насилството што им се врши, а Алах навистина е кадар да им помогне!“ (22: 39)

Битката на БедрОва резултираше со битката на Бедр, која се одви ваше во 623

година, во текот на втората хиџретска година, во месецот Рамазан. Меканската војска која се состоеше од илјада луѓе, три пати повеќе од својот противник - ја нападна малубројната муслиманска војска. Но, со помош на Божјата Волја, оваа борба заврши со голема победа за муслиманите. Неколку Мекански лидери, кои претходно во Мека ги измачуваа муслиманите, беа убиени, а другите заробени, за чијшто откуп плаќаа високи цени.

За прв пат во историјата, на воените затвореници им беше дадена храна и заштита како и на останатите затворе ници, како и хуман третман. Битката беше одлучувачка: силата и храбороста

Page 25: Ова е Пратеникот Мухаммед

24

на муслиманските верници ги шоки раа противниците од Мека и нивните сојузници, иако тие беа упорни во уништувањето на Исламот.

Една битка по друга, муслиманите успеаа да дока жат дека можат да дадат отпор на нападите. Во меѓувреме, муслиманите успеаа да избегнат пораз следната година, за време на битката на Ухуд, што на Курејшиите им даде идеа да ги нападнат и уништат еднаш за секогаш.

Тие направија завера со бедуините, некои еврејски племиња и некои лицемери во Медина.

Ова се случи во петтата година по хиџра, кога војска од десет илјади луѓе се упати кон Медина. Но муслиманите беа спремни да се одбранат. Базирајќи се на советот на Селман Фариси, Бог нека е задоволен од него, тие ископаа голем ендек околу градот. Дури и Пратеникот зеде учество во овие подготовки.

По цел месец опсада на градот, но само до ендекот, во неможност да влезат, противниците од Мека почнаа да го губат трпението. Малку по малку, недовербата се раши ри меѓу трупите на нивните сили. Како разултат на меѓу себните кавги, а и лошите временски услови, тие ги собраа шаторите и конечно се повлекоа.

Договорот на ХудејбијаОва беше голема победа за Исламот. Медина веќе никогаш

не беше нападната. Една година подоцна, во шес та та хиџретска година, беше воспоставено примирје поме ѓу Меканските лидери и Пратеникот, иако условите беа несомнено наклонети кон Курејшите. Ова беше наречено „договорот на Худејбија“.

Времето на мир, кое следеше, им овозможуваше на немуслиманите да ги увидат достигнувањата на исламс киот начин на живеење. Од оваа причина, голем број на луѓе од Мека, како и членови на различни племиња, го прифатија Исламот.

Page 26: Ова е Пратеникот Мухаммед

25

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

Повик кон лидеритеВо меѓувреме, Пратеникот испрати писма до многу лидери,

вклучувајќи ги и водачите на двете светски и нај моќ ни империи во тоа време, Персија и Византија, пови кувајќи ги да го примат Исламот.

Кога императорот Херакле го прими писмото ис пра тено од Пратеникот, тој веќе беше на пат кон Ерусалим. Тоа гласи:

„Бисмиллахир Рахманир Рахим.15 Од Мухамед, Бож јиот роб и Пратеник, до Херакле, владетелот на Ви за н тија. Мир нека е на оној кој го следи Божјето упатс т во. Те повикувам во Ислам. Прими го и ќе имаш мир и просперитет, и Бог ќе ти ја удвои наградата. Ако одбиеш, ќе ги сносиш гревовите на својот народ.“ (Бухари)

Писмото заврши со Куранскиот стих:

„Кажи: ,О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот еден, нам и вам заеднички, никого освен Бог да не обожуваме, ништо да не Му здружуваме, едни со други, покрај Бога, за божества да не се сметаме!‘ Па ако не се согла сат, вие кажете: ,Бидете сведоци дека ние сме муслимани!‘“ (3: 64)

Иако владетелот сфати дека Мухамед е Пратеникот најавен во Светите Списи, тој се чувствуваше должен да биде лојален кон своите духовни водачи и поддржувачи и да не ја прими пораката.

Ослободувањето на МекаСо текот на времето, моќта на Исламот во Арабија рапидно

се зголемуваше. Две години по договорот на Худеј бија, чии услови постојано беа прекршувани од стра на на Курејшиите, Пратеникот 14 Кибла - насока, правец кон кој се насочуваат муслиманите во молитвата (заб. на ред.).15 Бисмиллахир Рахманир Рахим - Во името на Алах, Милостивиот, Сомилосен (заб. на ред.).

Page 27: Ова е Пратеникот Мухаммед

26

одлучи да тргне кон Мека со војска од 10.000 луѓе.Она што се случи таму е незаборавен факт во историјата на

религиозните триумфи. Пратеникот влезе во Мека без да пролее капка крв. Тој помина низ портите на градот, јавајќи на камилата, со спуштена глава како знак на понизност, додека сите жители на Мека гледаа. Изнена ду ва ч ки, тој им прости на сите, и на оние кои му беа најго леми непријатели, прогласувајќи општа амнестија. Ова беше ден на победата и крај на идолите кои беа обожувани во овој свет град. Тоа беше ослободувањето на Мека.

Непријателите на Исламот се предадоа самите и им беше простено. Жителите на Мека, како сведоци на милос та и наклонетоста на Пратеникот, го прифатија Исламот без никакво колебање.

Пратеникот ја посети внатрешноста на Ќаба, каде што беа сместени 360 кипови и идоли, претставувајќи ги лажните божества кои Арапите ги обожуваа и им се молеа. Со наредба на Пратеникот, сите идоли беа уништени. Ова беше крај на симболите на идолопоклонството на Арапс киот Полуостров.

Конечно, Ќаба, која беше обновена од Пратеникот Авраам (Ибрахим) и неговиот прв син Исмаил, нека е Божјиот мир над нив, беше исчистена и посветена на обожувањето на Единиот Бог, Господарот на Световите.

„Тој по Пратеникот Свој го испраќа упатството и верата вистинска за да ја издигне над сите вери, макар не им било мило на многубошците.“ (61: 9)

Арабија го прифаќа ИсламотМисијата на Мухамед се приближуваше кон крајот и тој се

врати во Медина, која стана главен град на новиот муслимански свет. Делегации од цела Арабија доаѓаа кај Пратеникот со цел да го примат Исламот. Дури, тој испра ќаше групи на верници во различни места и провинции, повикувајќи ги чесните граѓани да

Page 28: Ова е Пратеникот Мухаммед

27

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

го прифатат Исламот. Иако застана на чело на цела Арабија, на сите племи ња,

Мухамед сепак остана понизен Божји роб. Тој беше научен сам да си ги поправа обувките, да си ја шие својата облека и да му помага на своето семејство во домашните работи.

Последниот аџилакПоследниот аџилак16 (хаџ) се случил десетата годи на од

хиџра; животот на последниот Пратеник на Земјата се ближеше кон крајот. Под горештините на Сонцето и пред пространиот Арефат, Пратеникот Мухамед ја одржа својата последна проповед:

„Луѓе! Слушајте ги внимателно моите зборови и разберете ги, бидејќи не сум сигурен дали ќе се сретнам повторно со вас на истово место, следната година.

Луѓе! Вашата крв, имот и чест е света како и овој ден, во овој свет месец и на ова свето место, додека не го сретнете вашиот Бог! Вие сигурно ќе се сретнете со Бога и Тој ќе ве праша за вашите дела. Затоа бидете внима тел ни! Дали ви ја доставив пораката целосно? Бог нека ми е сведок!

Оној кој ќе земе нешто, во поверение, треба да му го врати на оној кој во поверение му го дал. Не земајте никаква камата од позајмувањето на парите, како што правевте во оној период на незнаење, но имате целосно право на вашиот имот; не бидете како поттиснувачите, ниту како поттиснатите... Како сè од периодот на незнае њето, така и правото за одмазада поништено е и смртта не може да се одмазди....

Луѓе! Ѓаволот (шејтанот) изгубил секаква надеж дека ќе биде обожуван во вашата земја (Арабија). Поради тоа, тој ќе се обиде да ве измами, дури и во малите рабо ти. За ова бидете внимателни во корист на вашата вера! Дали ви ја доставив

16 Поинаку наречен и збогувачки аџилак, кога Мухамед се простил и збогувал со над сто илјади аџии дојдени тогаш (заб. на ред.).

Page 29: Ова е Пратеникот Мухаммед

28

пораката веродостојно? Бог нека ми е сведок!Навистина времето се врати на својата почетна фаза, во

која Бог го создал денот, кога ги создал небото и Земјата. Бројот на месеци, според Бог, се дванаесет; чети ри од нив се свети, во кои војните и битките се забранети....

Луѓе, вашите жени имаат права кај вас, како и вие кај нив... Однесувајте се кон жените со љубезност! Тие се вашиот внимателен партнер и поддржувач... Вие сте ги зеле со благослов Божји и односот со нив допуштен ви е само со дозвола од Бога. Бидете богобојазни што се однесува до жените, дајте им го она што им припаѓа. Дали ви ја објаснив поракта? Бог нека ми е сведок!

Луѓе! Јас ви оставив нешто, до кое ако цврсто се држите, никогаш нема да се раздвоите - Божјата Книга (Куранот) и мојата традиција (Суннетот).

Луѓе! Секој верник нека му биде вистински брат на другиот верник. Иметокот на братот е забранет, освен кога тој доброволно ќе ти даде. Не лажете се меѓусебно.“

Пратеникот го подигна својот показалец, и тогаш извика: „Бог нека е сведок! Бог нека е сведок!“ И додаде: „Присутните нека ја пренесат оваа порака на отсутните!“

Тогаш беа објавени некои од последните Курански стихови:

„Денес ви ја усовршив верата ваша и го ис пол нив благодетот Мој кон вас, и задоволен Сум Исла мот да ви биде вера.“ (5: 3)

Смртта на ПратеникотНеколку месеци подоцна, во 623 година, десетата година по

хиџра, Семоќниот Бог ја повика душата на Пратеникот Мухамед. Тој почина во својата 63 година, во куќата во Медина, оставајќи зад себе мало богатство, све тот под неговите нозе и ниту еден динар на свое име. (Бухари)

Page 30: Ова е Пратеникот Мухаммед

29

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

Дури и денес, духот на неговата порака останува чист и жив, каков што бил и тогаш, во времето на објавата, при што секое човечко суштество може да сведочи за чуда та на неговиот живот, неговата мисија, неговата убавина и совршеноста на неговиот повик:

Ла илахе иллаллах, Мухамедун ресулаллах.Нема друго божество освен Алах,а Мухамед е Божји Пратеник.

Неговиот описОд Пратеникот нема физички портрет или фото гра фија. Ова

е поврзано со основните принципи на кои е изградена исламската вера.

Вредноста на личноста на Пратеникот Мухамед не е само во надворешноста, туку, исто така, е и во внатре ш ните доблести, високиот морал, идеи и пораки упатени кон човештвото. Ова придонесе пријателите и современиците на Пратеникот да ги пренесат внимателно сеќавањата на нивните силни импресии од неговиот приватен, семеен и социјален живот и физичките особини на Пратеникот, кон идните генерации. Овие особини го демонстираат неговиот карактер, неговиот морал, учтивост, мудрост, одлучност и неговата широкоградност.

Пратеникот бил со средна височина, а сепак малку повисок од просечената височина, со правилно тело. Имаше широки гради помеѓу силните раменици, а на грбот се наоѓаше печатот на Пратениците.

Неговиот тен беше бел и имаше убаво тркалезно лице, каде јасно можеше да се забележи неговата радост и тага. Неговото чело беше широко, со целосни веѓи. Тој имаше долги и густи трепки, како да се прицврстени едни на други, правилен нос кој се спушташе надолу во хармо ничен правец. Неговата уста не беше голема, усните му беа црвени, а забите бели.

Помеѓу неговите веѓи имаше вена, која се истак нуваше

Page 31: Ова е Пратеникот Мухаммед

30

секогаш кога тој беше лут. Тој имаше крупни црни очи и црна виткана коса. Неговата коса често растеше до неговите рамена, но повеќето време беше кратка, до уши те. Тој оставаше брадата да му расте, не ја кратеше, но секогаш му беше внимателно исчешлана. Мустаќите ги кратеше. Кога Пратеникот почина, многу малку влакна од неговата коса и брада беа бели.

Тој имаше прекрасен глас кој се слушаше и разби раше. Зборуваше полека, а битните работи практикуваше да ги повтори три пати. Тој одеше со брзи и самоуверени чекори; кога требаше да се сврти наназад, тоа го правеше со целото тело, а не само со главата. Додека разговараше со другите, тој практикуваше да ги гледа соговорниците во очи, и стоеше на доволна оддалеченост за да може да ја стави десната рака на нивното рамо. Тој никогаш не беше првиот кој го вртеше грбот при разделувањето.

Сите историчари и експерти кои го анализирале него вото наследство, велат дека Пратеникот имал вооби чаен живот. Ѕидовите на неговата куќа беа направени од глина, додека гранките од урми му служеа како покрив. Практикуваше да спие на душек направен од урмина сла ма. Неговата вообичаена храна беа урмите и млекото. Тој, истотака, сакаше мед и месо, но многу ретко ги јадеше. Секогаш јадеше и пиеше со десната рака, а водата ја пиеше во три здива. Се облекуваше едноставно, со облека која содр жеше кошула и парче материјал обвиткано околу половината, спуштајќи се низ колената, или маица и панта ло ни. Тој многу често помагаше околу домашните работи. Го палеше огнот, ја чистеше куќата, ја молзеше кравата, ја крпеше облеката и ги поправаше обувките.

Во портретот на Пратеникот постои целосна хармо нија на неговиот физички изглед и духовниот живот. Тука се духовните доблести на Пратеникот, кои го рангираа и го направија најдобриот меѓу сите светски личности. Во неговото чисто тело коегзистираа виталноста, дарежли вос та, чесноста и правдата. Тој беше убава појава, со совре шен духовен живот и неспоредливо тело. Пратеникот ни ко гаш не говореше суетно. Секој негов збор беше совет и мудрост. Тој беше нежен, внимателен и скромен. Никогаш

Page 32: Ова е Пратеникот Мухаммед

31

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

не се смееше гласно, но беше насмевнат цело време. Им оддаваше почит на луѓето и го ценеше нивното однесу ва ње, моралноста, воспитанието и добрите манири. Тој често ги посетуваше своите пријатели и им испраќаше подароци.

Пратеникот секогаш беше замислен. Тој никогаш не говореше кога тоа беше непотребно, а понекогаш неговиот молк траеше подолго време. Кога ќе почнеше да говори, секогаш ја довршуваше мислата. Повеќето од неговите мисли беа чисти и јасни.

Многу ретко се лутеше, а во тие случаи не стану ваше од своето место. Тоа најчесто се случуваше кога ќе беше сведок на неправда, искажани лаги и лажно сведо чење кое било дадено. Но тој беше многу смирен и ќе се смиреше во оној момент кога правдата ќе надвладееше. Тој никогаш не се лутеше од лични причини.

Никогаш не влегуваше во туѓа куќа, без претходно да побара дозвола. Кога влегуваше на собири и јавни места, не им дозволуваше на луѓето да стануваат. Тој беше многу прецизен. Многу често можеше да се види среќен, нежен, а не груб или суров. Никогаш не беше бучен, никогаш не прекоруваше или пак ласкаше. Тој секогаш одговараше со „повелете“ на секој оној кој ќе го повикаше. Практикуваше да се шегува со пријателите, да се дружи и натпреварува со нив. Тој често си играше со децата и ги држеше во скут, дури и во текот на молитвата.

Во биографијата, го гледаме Мухамед како мисио нер на исламската вера, како лидер на државата и коман дант, како законодавец и семеен човек, како пријател и едноставна личност. Но неговиот живот не може да се раз бере само со гледањето на овие аспекти, бидејќи во секој момент од неговиот живот тој беше воден од Божествената Објава и беше упатуван од Божјите заповеди.

Page 33: Ова е Пратеникот Мухаммед

32

II. ПОГЛАВЈЕ

ПРАТЕНИКОТ КОЈ ГИ УСОВРШИЛ ЧОВЕЧКИТЕ ДОБЛЕСТИ

Личноста на Пратеникот во КуранотБлагородниот Куран завзема значајно место во поглед на

едукацијата и изградбата на особините на секој муслиман, затоа што е Божествена книга во која лежат темелите на исламската религија, го дефинира патот на на шето расудување и го вкоренува концептот за заедништво и размислувања поврзани со Исламот, општо и поединечно.

Куранот е книга која го води нашето духовно и прак тично убедување на вистинскиот пат. Тоа е јасна книга со која Бог ги упатува оние кои се стремат кон Него вото задоволство, низ патеките на интелектуалното, духов ното и практичното спасение; ги изведува од темнината и ги доведува во светлина; ги води низ правиот пат и им ја објаснува вистината за тоа околу што има несогласувања. Куранот е упатство и милост за луѓето кои веруваат; лек е за болните; доказ и аргумент од Господарот на световите; книга на која лагата не може да и се доближи од ниту една страна; заштитен документ кој Бог го заштитил од било какво искривување, одземање или дополнување. И како што Тој вели:

„Ние17 навистина Куранот го објавуваме и навистна над него ќе бдееме.“ (15: 9)

17 Ние - заменка која се однесува на Бог. Тоа е вообичаена осо бе но ст на арапскиот го вор, користен за истакну ва ње на важноста на говор никот. Во никој случај не претставува множина на говорни кот, туку напротив, ги истакнува едноштвото и важноста на гово рни кот (заб. на прев.).

Page 34: Ова е Пратеникот Мухаммед

33

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

Куранот - првиот извор за Пратениковата биографијаКуранот се смета за прв извор за биографијата на Пратеникот.

Тоа е книгата на Божествената Порака, за особините на Пратеникот од различни аспекти: за неговиот карактер и капацитет, неговиот морал; неговите методи и динамичноста на проповедањето на Исламот, неговиот приватен и јавен живот; неговиот внатрешен живот со грижливи мисли, чувства и емоции додека се соочувал со многубројни предизвици; неговата врска со верниците во мир и војна и сл. Со други зборови, секој опис кој се одне су ва на пратеничката личност на Мухамед и отелотво реноста на неговата мисија во практичниот живот е воден и базиран врз Куранот, а не врз филозофски идеи кои ја сметаат пратениковата мисија како општа мисла, далеку од јасните стихови на Куранот. Куранските стихови, со своја та изразителна едноставност, се стремат кон лесна прифат ли вост кај луѓето, во нивното теоретско и емоцинално сознавање за концептот на Пратеникот и неговата мисија.

Пратеничката димензија за личноста на Мухамед е света тема, која не може да се осознае, освен преку она што Бог ни го објавил во Својата Книга или преку тради цијата на Неговиот Пратеник. Поради ова, муслиманите имаат обврска да ја проучуваат оваа тема со помошта на Куранот (кој Бог им го испратил на луѓето за да го разбе рат, веруваат и практикуваат), посебно во текот на првиот период од Објавата (во Мека), каде што Пратеникот жи веел со своите следбеници, а во исто време и со своите непријатели. Секако дека оваа ситуација предизвикувала ком пликации и дилеми, како долг на тоа дека Божестве ната Објава е базирана на битни идеи на теоретско ниво, па сè до практичното имплементирање. Луѓето во Пратеникот видоа исполнување на Куранските стихови и олицетво-рение на идеите кои тие ги создржат.

Мисијата на ВеровесникотКуранот го споменува ова во неколку стихови:

Page 35: Ова е Пратеникот Мухаммед

34

„О Веровеснику, Ние те пративме како сведок и како носител на радосни вести и како Пратеник кој опоменува, да повикуваш, по Негова наредба, во Божјата вера, и како светилка која сјаје.“ (33: 45–46)

„Тој на неуките им испрати Пратеник, еден од нив, да им ги кажува доказите Негови, и да ги очи с ти, и да ги научи од Книгата и мудроста, иако претходно беа во очигледна заблуда...“ (62: 2)

„Алах веќе ви прати опомена, Пратеник, кој Бо ж јите стихови јасни ви ги кажува, за од те м нина на светлина да ги изведе оние кои веруваат и добри дела прават.“ (65: 10–11)

Сведок за целото човештвоНие гледаме дека Божествената Објава му дава на Пратеникот

улога на сведок во човечката сфера, кон заед ницата на верници во позиција на лидер. Тој го поплочил нивниот пат, ги дефинирал знаците и линиите според кои треба да се движат и да го набљудуваат својот живот де та л но, за да можат да се движат во согласност со Божес тве ни от пат. Ова е улогата на Веровесникот, им ги пренесу ва ше на луѓето Куранските стихови; ги подучуваше со Неговата Книга, од теоретски аспект, и со Неговата мудрост, од практичен аспект; ги израдува верниците, оние кои што прават добри дела, за другиот свет и за наградите кои ги чекаат во него; и ги предупреди оние кои не веруваат за болната казна која ги чека во пеколот.

Тој е учителот, кој ги прочисти, ослободувајќи ги нивните срца и социјалниот живот од грешните мисли, од практичните нечистотии; водејќи ги надвор од темнината на незнаењето, неверувањето, многубоштвото, губитокот и назадноста, во светлината на знаењето, верата, монотеиз мот и прогресот.

Page 36: Ова е Пратеникот Мухаммед

35

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

Следбеник на Божествената ОбјаваПратеникот не беше испратен за да ја негира пораката на

претходните Пратеници или да ги одбие, туку да ги потврди, како што кажа Возвишениот Бог:

„... Кога, после тоа, ќе ви дојде Пратеник кој ќе потврди дека е вистина тоа што го имате...“ (3: 81)

Тој ги потврди Книгите кои беа испратени порано и им ги објасни на луѓето:

„О следбеници на Книгата, ви дојде Пратеник Наш да ви укаже на многу нешта од она што од Книгата го криете, а преку нешто и ќе прејде.“ (5: 15),

и го потврди верувањето во сите Пратеници:

„Пратеникот верува во она што му се објавува од Господарот Негов,... и во Пратениците Негови: ,Ние не издвојуваме ниту еден од пратениците Негови.‘“ (2: 285)

Луѓето му се покоруваат преку моќта на вератаЗабележавме дека Мухамед во неговата улога како Веровесник

на добри вести, опоменувач и повикувач кон Божјиот пат, не употребувал никаква моќ врз луѓето и не ги присилувал, туку ги убедувал преку моќта на верата, побожноста и добрите дела. Овој Курански стих Семоќ ниот Бог му го упатува нему:

„Ти опоменувај, твое е да опоменуваш, ти над нив власт немаш!“ (88: 21-22)

Page 37: Ова е Пратеникот Мухаммед

36

Тој истотака вели:

„Оној кој му се покорува на Пратеникот, Му се покорува и на Алах; а оној кој главата ја врти - па, Ние не те пративме да им бидеш чувар.“ (4: 80)„Пратеникот е единствено должен јасно да пренесува.“ (29: 18)„Ние добро знаеме што зборуваат тие; ти не мо жеш да ги присилиш, туку потсети го со Куран оној кој од Мојата закана се плаши!“ (50: 45)

Оваа улога на пратеничката мисија ни покажува дека Бог не му дал друга моќ, освен онаа вообичаената, да има моќ да ги едуцира нивните умови, да ги упатува во верувањето, низ моќта на зборот и Божествената порака. Дури, можеме да кажеме, со цел да гледаме кон одредена положба, сè она што Бог му наредил на Пратеникот, е да каже:

„Јас примив заповед да Му робувам единствено на Господарот на овој град, кој Тој го направил свет, а Нему сè Му припаѓа, и наредено ми е да Му бидам послушен и Куранот да го кажувам; оној кој ќе ги прими упатството на правиот пат е за свое добро, а на оној кој е во заблуда, ти кажи му: ,Јас само опоменувам.‘“ (27: 91-92)

Практичниот метод и мудриот начин на повикот

Воден од Бога, Пратеникот Мухамед почна да ја пренесува Божествената порака на мудар начин, поврзана со нежниот збор и создавањето на смирена атмосфера, стре мејќи се да отвори нови хоризонти на размислувања, наменети за човекот и допирајќи до длабочината на чувс тва та. Средствата кои тој ги користеше беа

Page 38: Ова е Пратеникот Мухаммед

37

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

конс трук тив ните дискусии и преобраќањето на злото во добро, бидејќи целта беше да се убедат луѓето во верувањето во Бога пре ку логиката и чувствата, бидејќи верувањето постигнато низ логичното убедување и рамнотежата на чувствата не паѓа пред психолошките, социјалните и политичките виб рации. Додека луѓето кои Го обожуваат Бога на условен начин, не можат со ведрина да се соочат со тешките ситуации.

Според тоа, луѓето не го примиле Исламот поради ефектот на личните фактори, како што се желбата и стра вот, како и не поради собирањето на што поголем број на луѓе, без претходно да го поседуваат внатрешното убе дување.

Пратеникот се стремеше да ги држи понастрана од политеистичкото општество и да ги внесе во исламското општество, со цел да ја апсорбираат духовноста и неговите идеи, да ги отворат своите срца кон вдаховението и да го следат неговиот пат. Оттука, дури и во воени состојби, мусли маните се обидуваа да го заштитат секој оној кој бара ше помош, стремејќи се и пружајќи им шанса да го слушнат Божјиот Говор, со новото значење кое прене суваше. Ова е очигледно во Куранскиот стих:

„Ако некој од многубошците те замоли за заш ти та, ти заштити го за да ги послуша Божјите зборо ви, а потоа отпрати го на место сигурно за него. Така треба затоа што тие се народот што не знае.“ (9: 6)

Корисниот збор и дијалоготНа самиот почеток на својата мисија, Мухамед ја создаде

потребната почва, каде исламските принципи, пра в дата и вистинската човечка љубезност успеаа слободно да цветаат. Со други зборови, создаде таква околина каде што луѓето почнаа своето животно искуство, стекнато од Исла мот, да го применуваат во реалност. Така, тие беа убедени во логиката на времето во кое живееја, како и во моќта на идеите проповедани од Исламот, преку предавањата и дијалогот.

Page 39: Ова е Пратеникот Мухаммед

38

Сосема е точно дека ова создаде нови термини, како „размислување“, „разум“, „аргумент“, „доказ“, „најдобриот начин за дискусија“, „анализа“, „повикувањето со мудрост и нежен совет“, т.н. темелна исламска терминологија, бидејќи основната цел на Верата е всадување на поимот на Бог во срцата и умовите на луѓето.

На тој начин, луѓето целосно ќе и се предаваат на логиката на верата во нивните умови и срца, не упатувајќи никакви чувства или емоции за никој друг освен за Бог, преку целосна духовна љубов. Во нивниот живот нема да има место за обожување на никој друг, освен на Бога во секоја околност.

Природно е ваквата состојба да се реализира само низ едно длабоко и концентрирано убедување во мислата, ар гументот и најдобриот начин за соочување со умот, ср це то и чувствата. Ова се препознава и низ следните курански стихови:

„На патот на Господарот твој мудро и со убав совет повикувај, и со нив на најубав начин дис ку тирај! Господарот твој ги знае оние кои затал кале од Неговиот пат, и Тој ги знае оние кои се на Правиот пат.“ (16: 125)

„И ако тие на лага те наведуваат, ти кажи: ,На мене моите, а на вас вашите дела; вие нема да од говарате за тоа што јас го правам, а јас нема да одговарам за тоа што вие го правите.‘“ (10: 41)

„И со следбениците на Книгата дискутирајте на најубав начин, но не и со оние меѓу нив кои се непра ведни, и кажете: ,Ние веруваме во она што ни се објавува нам, а нашиот Бог и вашиот Бог - е еден, и ние Нему Му се покоруваме.‘“ (29: 46)

„А кој говори поубаво од оној кој повикува кон Бога, кој добри дела прави и вели: ,Јас навистина сум муслиман!‘

Page 40: Ова е Пратеникот Мухаммед

39

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

Доброто и злото не се исто! На злото со добро во зврати, непријателот твој оде д наш близок пријател ќе ти стане.“ (41: 33-34)

„Затоа ти повикувај и биди истраен, онака како што ти се наредува, а не поведувај се по нивните барања, и кажи: ,Јас верувам во сите Книги кои ги објавил Бог, и наредено ми е праведно да ви судам; Бог е и наш и ваш Господар. Нам нашите, а вам вашите дела; нема потреба едни на други докази да си изнесуваме; Бог сите ќе нè собере, и Нему сите ќе Му се вратат.‘“ (42: 15)

„Дали сме тогаш ние или вие на вистинскиот пат, или пак во очигледна заблуда?“ (34: 24)

Така, можеме да видиме дека исламскиот начин на дискутирање и дијалог не поаѓа од притисокот врз човеч ко то убедување низ насилство и казнување, туку со анали зирањето на човекот во сите аспекти, неговите аспирации и посебни чувства во еден дијаграм, кој ги потцртува при фатливите методи на добриот и нежен збор, со цел другата страна да живее во духовен, ментален и емоционален мир во текот на дијалогот.

Љубовта на Пратеникот кон луѓетоПратеникот го претставува највисокиот врв на чо веч ката

моралност, во релација со другите, како во лич ниот така и во општествениот аспект. Тој имаше отворено срце и ум за сите луѓе и не беше со ограничен ум, ниту пак имаше остар карактер или груб јазик. Тој беше онаков како што го опишува Бог во Куранот:

„Само со милоста Божја ти си благ кон нив. А да си остар и груб, ќе се разбегаа од твоја близина.“ (3: 159)

Page 41: Ова е Пратеникот Мухаммед

40

„...бидејќи ти си, навистина со најдобар карак тер.“ (68: 4)

„Ви дојде Пратеник, еден од вас. Тешко му е поради гревовите што ги правите, едвај чека по вистинскиот пат да тргнете, а кон верниците е благ и милостив.“ (9: 128)

Гледајќи во некои стихови од Благородниот Куран, можеме да видиме дека Пратеникот ги сакаше сите луѓе, го сакаше најдоброто за нив и често беше тажен поради нивната тврдоглавост во неверувањето. Ова не беше негов личен проблем кој потекнува од тоа што тие не го слушаа, туку беше резултат на наклонетоста која ја чувстуваше кон луѓето кои не внимаваа на неговиот повик и не го при фаќаа она што беше во нивна корист, како што е кажано во неколку Курански стихови:

„И не тагувај поради нив и нека не ти биде теш ко во душата поради сплетиките нивни.“ (27: 70)„...па не очајувај од жал кон нив; Алах, навис тина, сè добро знае што прават.“ (35: 8)„Па зарем ти поради нив во тага ќе потонеш, ако тие во овој Говор не сакаат да поверуваат?!“ (18: 6)

Токму ова е духот на пратениковата мисија, која Мухамед бараше од секој исламски мисионер да ја реа лизира, со својата моралност, посебно кога планира да им проповеда на луѓето. Значи, тој треба да ги сака луѓето и од хуман аспект да не се согласува со неверството или многубоштвото што го искажуваат некои, сè со цел љу бов та кон луѓето да го поттикне да ја троши сета своја енер гија во нивното спасување од неверството и паганството, и да ги одведе до спасоносниот брег, до верувањето во единствениот Бог.

Page 42: Ова е Пратеникот Мухаммед

41

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

Близок до сиромашните и потребнитеБог сакаше Неговиот Пратеник да биде блиску до сиромашните

верници, бидејќи тие беа значаен дел од му сли манската популација. Кај нив се гледаше чесната човеч ка природа, неконтаминирана со нечистотијата на парите и горделивоста на високата положба; привилегиите се уште ги немаа оддалечено од нивната човечка скромност.

На тој начин на луѓето им беше ставено до знаење дека сиромаштвото не е негативна вредност, туку само една минлива ситуација која нема никаква врска со човеч ката личност.

Истотака, беше дадено до знаење дека богатството не претставува позитивна вредност сама по себе, туку дека, напротив, окупираноста со богатството и напуштањето на вистинскиот пат можат да го претворат богатството во негативна вредност.

Од оваа причина, Пратеникот Мухамед успеа низ проповедање да ја зајакне положбата на сиромашните вер ни ци, кои беа поддршката за повикот и доброволци во пре несувањето на исламската порака, и кои не се плашеа од ништо освен од Бога. Затоа, вистинскиот верник нико гаш не смее да им го сврти грбот на сиромашните, со образ ложе ние дека богатите луѓе не треба да седат со нив поради својата висока позиција. Ова е патот кој го траси рал Пратеникот со својот повик, патот на Бога и на учените кои го следат овој пат. Оваа лекција ни ја пренесува Бог, преку Својот Говор:

„И не терај ги од себе оние кои наутро и навечер на Господарот свој се молат сакајќи ја накло нетоста Негова. Ти нема за нив да одговараш, а ни тие нема за тебе да одговараат, зашто, кога би ги истерал, неправеден би бил.“ (6: 52)„Биди цврсто со оние оние кои на Господарот свој Му се молат, изутрина и навечер, во желба за Лицето Негово, и не спуштај ги очите свои од нив, со желба за сјај во животот на овој свет, и не слушај го оној чиешто срце непожелно кон Нас го оставивме, кој страста своја ја следи

Page 43: Ова е Пратеникот Мухаммед

42

и чиишто постапки се далеку од паметни.“ (18: 28)Бог сакаше Пратеникот да има добри односи со верниците, да

им го отвори срцето, да направи место за нив во неговиот собир, да биде наклонет кон нив и да ги поздравува, како што е кажано во следниов стих:

„А кога ќе ти дојдат оние кои во зборовите Наши веруваат, ти кажи: ,Мир со вас! Господарот ваш Самиот на Себеси си пропишал да биде милос тив: ако некој од вас од лекомисленост стори лошо дело, а потоа се покае и поправи, - па, Алах, навистина, ќе прости и сомилосен ќе биде.‘“ (6: 54)

Толеранцијата - моралот на Божествената Порака

Бог сакаше Неговиот Пратеник да ја практикува особината на толерантност кон останатите, без тоа да има влијание врз содржината на неговата порака, а не да се одне сува кон проблемите со индиферентност или да го из бег нува вистинскиот пат, бидејќи отвореноста кон невер ниците имаше за цел да ги придобие нив кон верата. От тука, Пратеникот не ги толерираше религиозните праша ња за да им удоволи на неверниците, бидејќи целта не му беше да ги привлече луѓето кон себе, туку да ги убеди во прифаќањето на исламското верување. Па, дали можеше да ги толерира работите кои потекнуваат од нивниот невер нички пат? Дури и кога многубошците му предложија на Пратеникот дека ќе го почитуваат Богот за кој тој зборува, само ако тој почитува некои од боговите во кои тие веру ваа, Мухамед, поттикнат од својата оданост, бидејќи стра да ше кога слушаше како многубошците го навредуваат Неговиот Бог, за малку ќе прифатеше да размислува за нивниот предлог, но Бог објави стих со кој го одбрани и зацврсти Пратеникот. Куранот го опишува тоа на овој начин:

„И замалку тие да те одвратат од она што Ние ти го објавуваме, за против Нас нешто друго да изнесеш,

Page 44: Ова е Пратеникот Мухаммед

43

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

и тогаш тие би те сметале за прија тел. А да не те направевме цврст, за малку ќе им се придружеше.“ (17: 73-74)

После овој настан, Пратеникот секогаш Му се моле ше на Бога со оваа молитва: „Не оставај ме самиот на себеси, дури ни за краток момент како што е трепка њето на окото!“

Божјата волја е таа која постојано го штитеше и поддржуваше, која го зајакна пратеничкиот дух во секој дне вните активности на Мухамед. Како резултат на ова, тој успешно се соочуваше во различни ситуации со својата цврста отпорност, сè со цел да им даде до знаење на невер ниците дека нема место за сличност помеѓу вистинскиот и погрешниот пат, ниту пак за половичност на прописите кои се однесуваа на божествената порака, како што Возви шениот Бог вели:

„Кажи: ,Чујте, о вие кои што не верувате! Јас нема да ги обожувам оние кои што вие ги обо жу вате, а ниту пак вие ќе Го обожувате Оној Кого јас Го обожувам; јас не сум ги обожувал оние кои што вие сте ги обожувале, а ниту пак вие сте Го обожувале Оној Кого јас Го обожувам. Вам - вашата вера, а мене - мојата вера!‘“ (109: 1- 6)„Кажи: ,Мене ми е наредено Алах да Го обо жу вам, искрено исповедајќи Му ја верата, и наредено ми е да бидам првиот муслиман.‘ Кажи: ,Јас се плашам од страдањето на Големиот Ден, ако Му бидам на Господарот Свој непослушен.‘ Кажи: ,Само Алах Го обожувам искрено исповедајќи Му ја верата своја, а вие, покрај Него, обожувајте ко го сакате!‘ Кажи: ,Ќе страдаат, навистина, оние кои на Судниот Ден ќе се загубат себеси и семејствата свои. Ете, тоа е вистински губи ток!‘“ (39: 11-15)

Page 45: Ова е Пратеникот Мухаммед

44

Божјата грижа, упатство и благост кон Својот Пратеник

Семоќниот Бог му ја подари на Пратеникот сета благост, грижа и упатство преку Неговата небеска грижа, преку духовните моќи кои му беа дадени и преку Божес твената Објава која постепно му се спушташе и во секоја околност, така што Мухамед континуирано беше заштиту ван во периодот на пренесувањето на пораката, како и во другите сегменти од животот.

Според описот даден во Куранот, Пратеникот беше тажен поради налетот на луѓето кон неверувањето и беше повредуван од нивните зборови. Дали овие негативни чувс тва беа базирани на однесувањето на луѓето кон него, или од разочарувањето како оваа Божествена порака може да биде одбиена, со својата автентичност, благост и правда за целото човештво? Или пак овие чувства беа последица на секојдневниот предизвик кои неверниците му го поста вуваа на Пратеникот, барајќи да им прикаже некакво чудо или да им доведе некој ангел? Или беа последица на изв р ту вањето, исмејувањето и лажните обвинувања против него?

Со Својата благост, Бог му говореше на Пратеникот за секоја ситуација. Ако беше тажен поради фактот дека неве рувањето може да повреди, Божествениот одговор беше:

„Нека не те растажуваат оние кои стремни те лно се движат во неверство, тие на Бога ниту малку нема да му наштетат.“ (3: 176)Ако беше вознемирен поради исмејувањето, Бог му велеше:„И на пратениците пред тебе им се потсмеваа, па потсмевачите ги стигна токму она за што се потсмеваа.“ (6: 10)Ако проблемот се однесуваше во негирањето на Бога, Куранот

смируваше:„Ние знаеме дека тебе, навистина, те раста жува она што тие го велат. Тие, навистина, не те обвинуваат тебе дека ти си лажливец, туку неверниците ги порекнуваат Божјите зборови. А Пратениците за лажни беа сметани

Page 46: Ова е Пратеникот Мухаммед

45

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

и пред тебе, па трпеа што за лаги ги клеветеа и што ги мачеа сé додека не им дојдеше помошта Наша, - а никој не може Божјите зборови да ги измени - и до тебе допреа некои вести за Пратениците.“ (6: 33-34)Кога неверниците бараа од Пратеникот да донесе од небо

некое богатство или ангел, Бог јасно им даваше до знаење дека неговата мисија е само опомена, а не изве дување чуда за каприцот на одметниците. Барањата беа бескрајни, без да се застане да се дискутира сериозно и објективно да се размислува за новата Божествена порака. Оттука, Бог му рече на Пратеникот неговото срце да не тагува поради нивните зборови, те да биде трпелив:

„Трпелив биди! Но трпелив ќе бидеш само со Божјата помош. И не тагувај за нив, и нека не ти е тешко поради замките нивни.“ (16: 127)Овие работи беа побитни отколку игрите на многу бош ците.

Пораката беше испратена со цел за да се измени целиот свет од аспект на сфаќањата, делата, врс ките и ас пи рациите. Големиот предизвик беше процесот на мену ва ње на ситуацијата од сите политеистички примеси, неверничкото проширување и девијацијата на полето на моралноста и негативните вредности.

Пратеникот како човечко суштествоГолемиот Куран истакнува дека Пратеникот пред сè бил

човечко суштество. Во исто време, тој ја нагласува и човечката природа на останатите Пратеници, со цел да им спротивставува на мислењата кои ја одбиваа унифика ци јата на човечката природа и Пратеник од Бога. Бог сакаше Пратеникот Мухамед да им го декларира ова на луѓето преку Куранскиот говор:

„Кажи: ,Јас сум човек како и вие, мене ми се објавува дека вашиот Бог - е еден Бог.“ (18: 110)Истотака, Бог сакаше Пратеникот да оди подетално во овој

правец, со цел да ги објасни границите на неговата човечка моќ, која немаше некаков индивидуален квалитет за да го издигне него

Page 47: Ова е Пратеникот Мухаммед

46

над другите луѓе, како што е нагласено во Куранот:„Јас не ви велам: ,Во мене се ризниците Божји.‘ - ниту: ,Мене ми е познат невидливоит свет.‘ - ниту велам: ,Јас сум ангел.‘...“ (11: 31) Овој Курански стих се однесува на Пратеникот Ное (Нух),

нека е Божјиот мир над него, но дава ист пратенич ки профил за сите останати Пратеници.

Целта е дека пратеничката мисија не се стреми кон тоа да создаде луѓе со надприродни моќи. Поради ова и самиот Пратеник Мухамед им ја повторил истата работа на неговите луѓе:

„Кажи: ,Јас не ви велам: ‚Кај мене се ризниците Божји‘ - ниту: ‚Мене ми е познат невидливиот свет.‘ - ниту ви велам: ‚Јас сум ангел.’ - јас го следам само она што ми се објавува.‘“ (6: 50)Од овој Курански стих можеме да разбереме дека Прате никот

Мухамед го следеше само она што му беше објавено од Бога, и тоа им го објаснуваше на луѓето. И ако Бог го подучуваше со некои работи од невидливото, му пренесуваше само толку колку на Пратеникот му беше потребно во исполнувањето на неговата мисија, сè со цел кај него да го надополни аспектот на Божественото знаење поврзано со практичните и интелектуалните потреби.

Оваа идеја се проширува во описот на човечката фигура на Пратеникот во Куранот, кога Бог му вели:

„Кажи: ,Јас не можам ни за самиот себеси нека к ва корист да добијам, ниту од себеси билокаква штета да тргнам; сè бива онака како што Алах сака. А да знам да проникнувам во тајните, би стекнал многу добра, а злото би било далеку од мене. Јас само донесувам опомени и радосни вести за луѓето кои веруваат.‘“ (7: 188)Овој стих објаснува дека човечката моќ на Прате ни кот нема

никакви надприордни елементи за да се заштити ни самиот себеси, освен низ општите закони кои Бог ги воспоставил во светот или преку поддршката и Божестве ната заштита која Бог му ја дал на Пратеникот во одредени моменти.

Page 48: Ова е Пратеникот Мухаммед

47

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

Односот на муслиманите кон Веровесникот Божји

Куранот јасно им го објаснува на муслиманите нив ниот однос кон Веровесникот. Најпрвин, овој однос започ нува со верувањето во него, зависејќи од нивната блискост кон Божествената Порака доставена од него. Значи, тоа е однос меѓу следбениците на пораката и нејзиниот носител. Ова е објаснето во Величествениот Куран во стихот:

„Мухаммед не е татко на ниеден од вашите луѓе, туку е Божји Пратеник и печат на Пратени ците.“ (33: 40)Значи, фигурата на Мухамед во свеста, логиката и верските

чувства на муслиманот треба да биде фигура на Божјиот Пратеник, на начин тој најдобро да биде разбран низ таа порака и тоа да придонесе за зајакнување на врската со Пратеникот, а не оддалечување од него.

Некои луѓе и приоѓаат на една идеја поради односот што го имаат кон носителот на таа идеја, и кога тој ќе се предомисли, тогаш и тие се менуваат и продолжуваат да го следат според неговата нова идеја, без да се обидат да ја увидат веродостојноста на првата или втората идеја. Значи, кај нив доаѓа до израз оданоста кон личноста а не кон идејата, далеку од секоја објективност.

Епитетот „Печат на Пратениците“ значи дека пра те ничката мисија на Мухамед е последна, заклучна мисија, по која веќе нема да има друг Божји Пратеник, а дека Исламот е последната Божја порака.

Поради тоа, следењето на пораката на Исламот и на неговиот Пратеник е вечно патување, кое не може да биде спречено поради развојот и нема да исчезне со текот на времето, туку останува вечно со нејзините длабоки значе ња, бидејќи оваа порака ги носи во себе живите елементи кои го збогатуваат човекот во своето сегашно и идно ис куство, како што беше тоа случај и во неговото мина то то; бидејќи таа порака е плод на сите времиња, жива реалност, а не само дел на одредено време.

Page 49: Ова е Пратеникот Мухаммед

48

Наредувањето на доброто и забранувањето на злото

Куранот ни говори за особините на Пратеникот Мухамед и ги нагласува фактите кои Божествените книги како Тората и Библијата ги спомнале:

„...оние кои ќе го следат Пратеникот, Веровес никот, кој не ќе знае ни да чита ни да пишува, кој тие кај себе, во Тевратот и Инџилот, запишан го наоѓаат, кој од нив ќе бара да чинат добри дела, а од лошите ќе ги одвраќа, кој убавата храна ќе им ја дозволи, а лошата ќе им ја забрани, кој од товарот и тешкотиите кои тие ги имаат ќе ги ослободи.“ (7: 157)Овде уште еднаш го осознаваме Пратеникот преку јасните

симболи на неговата порака, која ја поседува наред бата за прифаќањето на доброто и забранувањето на злото; дозволувањето на корисните работи за луѓето и забранувањето на се што е штетно за нив; отстранувањето на историскиот терет и оковите во кои беа заробени. Тој е Веровесникот кој Бог им го испратил на луѓето со цел да им понуди живот кој ќе им го подобри статусот и стандардот.

Во друг Курански опис е речено: „Ви дојде Пратеник, еден од вас. Тешко му е поради гревовите што ги правите, едвај чека по вистинскиот пат да тргнете, а кон верниците е благ и милостив.“ (9: 128)Значи, Мухамед беше Веровесникот кој доаѓаше од заедницата,

кој го отвори своето срцето за сите болки, про блеми и животни искушенија. Затоа него го загрижуваше и мачеше сето тоа што ја загрижуваше и мачеше самата заедница, и тој се грижеше за неа исто како што тоа го правеше за себеси и своето семејство. Тој се обидуваше да отклони од заедницата сè што е лошо и да ја поттикне неа кон сè што е добро; беше нежен со верниците и милослив кон нив, покажувајќи го ова со неговите мисли, чувства и однесувања. Тој маршираше покрај луѓето во јавните и приватните работи. Ова е идеален пример на лидерство и влијание врз заедницата, во светот

Page 50: Ова е Пратеникот Мухаммед

49

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

на чувствата, мислите и однесувањето, поаѓајќи од отвореното сочувство и големата милосрдност.

Бог вели во Куранот:„... а тебе, само како милост на световите те пративме.“ (21: 107) Тој беше милост за луѓето со своите духовни квали тети, кои

влијаеа врз нивниот животот преку љубовта, нежноста и грижата кон нив, како и неговата порака, која рефлектираше милост и добрина за човештвото во реалниот живот.

Тој и луѓето околу него се поклонија и паднаа нич кум пред Бога, обожувајќи и молејќи Му се, барајќи прос тување и милост од Него. На нивните лица беа забележани трагите на обожување од долгото паѓање ничкум пред својот Господар. Овој пример на обожување е спомнат во Куранот и се споредува со засаденото семе кое подоцна пушта корени и силно расте со цврсти и високи гранки, радувајќи го садачот. Семето ја симболизира исламската вера, додека садачот се гледа во Пратеникот Мухамед и неговите први следбеници, кои ги направија најголемите напори во растењето и ширењето на оваа вера. Ова е при мер на совршена заедница која делува во хармонија меѓу водачот и следбениците, со цел да се развие семето до најви сок степен и да се постигне духовен мир во општес твото, за доброто на сите луѓе.

Методот на Пратеникот во соочувањето со предизвиците

Пратеникот Мухамед се соочил со најгрубите пре диз вици од страна на неверниците и идолопоклониците. Тие го обвинуваа пред сите луѓе, напаѓајќи ја неговата положба како Пратеник. На почетокот го нарекоа поет, кој донел нов стил во поезијата; потоа го нарекуваа волше б ник, кој ги окупираше срцата на луѓето со помош на магија; подоцна обвинувањата се зголемија, велејќи му дека лаже за Бога кога се претвара дека е Пратеник. За да нивните обвинувања одат и понатаму:

Page 51: Ова е Пратеникот Мухаммед

50

„...и говорат: ,Тоа се приказни на старите наро ди, кои тој ги препишал, па му се читаа изутрина и навечер.‘“ (25: 5)Истотака рекоа: „...тие говорат: ,Го подучува еден човек!‘“ (16: 103)Бог одговорил на овие обвинувања во многу Курански

стихови, како што се:„Куранот, навистина, е говор објавуван на благо родниот Пратеник, а не е говор на некаков поет - како вие никако не верувате! И не е говор на ни ка ков пророк - колку вие малку размислувате! Објава е тој од Господарот на световите!“ (69: 40–43)„А тие велат: ,Тој го измислува!‘ Кажи: ,Па дајте и вие едно поглавје како што му е нему објавено, и кого сакате, од оние во кои покрај Бога верувате, во помош повикајте, ако вистината ја зборувате.‘“ (10: 38)„Ние добро знаеме дека тие говорат: ,Го подучува еден човек!‘ Јазикот на оној, за кој тие криво гово рат, за нив е стран, а овој Куран е на јасен арапски јазик.“ (16: 103)„Кажи: ,Јас ви советувам само едно: да заста нете искрено пред Бога, двајца по двајца, или еден по еден, па потоа размислете дека другарот ваш не е луд. Тој само ве опоменува пред тешкото страдање.‘“ (34: 46)Забележуваме дека Куранските стихови не започ ну ваат со

стилот на автоматско одбивање, туку со стилот на одредување на начинот на размислување. Ако неверниците го обвинуваат Мухамед, тогаш Куранот ги повикува нив да се оттргнат од толпата на лажните божества, во која чове кот ја губи својата независна индивидуалност во размис лу ва њето, посебно во атмосфера исполнета со омраза, не при ја телства и негативни емоции. Потоа ги повикува искрено да Му се покорат на Бога, индивидуално или колективно, со цел да се освестат и правилно размислуваат, користејќи ја атмосферата на умствена смиреност и објективна анализа.

Page 52: Ова е Пратеникот Мухаммед

51

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

Така, нека ги студираат и анализираат тие зборо вите на Пратеникот Мухамед, неговите дела и неговиот однос кон луѓето и животот. Откако ќе го направат ова, ќе разберат дека овој човек дошол да ги предупреди луѓето за тешката Божја казна, доколку не се следи вистинскиот пат на неговата порака.

Ова е методот кој го претставува Куранскиот пат во соочувањето со другиот, дури и во случај на агресивен однос од негова страна. Случајот на Пратеникот Мухамед е најдобар пример за ова, кој и тогаш кога се однесуваа агресивно кон него, се воздржа од грубости и нервоза, туку делуваше со смиреност, мудрост и зрелост.

Page 53: Ова е Пратеникот Мухаммед

52

III. ПОГЛАВЈЕ

ПРАТЕНИКОТ ВО ОЧИТЕ НА СВЕТСКИТЕ ЛИЧНОСТИ

Постоеја многу аспирации и направени се непре кинати напори за да се дознае вистината околу вреднос ти те и улогата која Пратеникот Мухамед ја имал во истори јата на човештвото. Но, сета поранешна и подоцнежна литература околу исламското верување објавена на Запад е до одреден степен површна и не се базира на факти и адекватни научни аргументи, и покрај тоа што Европјаните ја имаа можноста да контактираат со вредностите на исламскиот свет многу одамна.

Сепак, некои научници, а особено оние кои имаа прилика одблиску да се запознаваат со исламската рели гија, придонесоа за градење на една нова филозофија, која потоа влијаеше во еволуирањето на европското мнение за Исламот и Пратеникот Мухамед, што резултираше подоц на нивните народи да ја забележат подобро светлината на исламската цивилизација.

Научниците, писателите, политичарите и многу лич ности од Западот, кои објективно ги дадоа своите мислења за личноста на Пратеникот Мухамед, треба да се поздрават и прочитаат внимателно, бидејќи овие проценки потекнуваат од добрата намера за објаснување на работите на вистински и праведен начин, и да му се понуди на човештвото моделот на совршен човек.

18 Bernard Show, The Genuine Islam, vol.1 No.81936

Page 54: Ова е Пратеникот Мухаммед

53

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

Бернард Шо,18 во својата книга, за Мухамед вели: „Отсекогаш

сум го ценел верувањето на Мухамед, еднос тавно поради неговата извонредна виталност. Мое мислење е дека Исламот е единствената вера која е спо соб на успешно да управува со многуте промени во животот.

Јас сум убеден дека, кога личност слична на него би се справил со проблемите на денешницата, би ги решил нив успешно, носејќи му го на човештвото мирот и потреб ната среќа. Јас предвидувам дека верата на Мухамед ќе биде прифатлива за утрешна Европа, така како што почна да биде прифатлива за Европа денес.“

Наполеон Бонапарта19 вели: „Мојсеј верата во Бога му ја објавил на својот народ, Исус на римскиот свет, додека Мухамед на целиот свет. Арабија била паганска земја. Шест векови по Исус, Мухамед го запознал светот со верувањето во Единиот Бог, кој е Богот на Авраам, на Мојсеј и на Исус.“

Истакнатиот англиски ориенталист и историчар, Томас В. Арнолд, во неговата многу ценета книга Исто рија на пропагирањето на Исламот, вели: „Вистина е дека Мухамед бил ентузијаст и дека поседувал верска љубов и огнен блесок. Тој го пренел овој неверојатен квалитет на многу негови следбеници... Не треба да се заборави дека аџилакот е Мухамедовата врска со Авраам, чијашто вера ја обновува неговата мисија. Нема погенијална проникливост од онаа на верскиот гениј, која можела да се замисли за најдобриот човек да ја потресе впечатливоста на душата на верниците и да даде толку големо значење на животот и вообичаеното братство, како односите преку оваа религија.“

Д-р Лаура Вечиа Ваглиери20, познатата италијанс ка ориенталистка, пишува: „Арапскиот Пратеник, инспи ри-

19 Bonaparte et Islam, Парис, 1912 година, стр.12520 Ајни Синани, Të tjerët për Islamin, Приштина 205, стр.145

Page 55: Ова е Пратеникот Мухаммед

54

ран и цврсто врзан за неговиот Создател, им го пропо ведал најчистиот монотеизам на приврзаниците на фети шиз мот, на следбениците на христијанството и на јудеиз мот. Тој се соочи во отворен конфликт со тогашните зао с танати тенденции кај луѓето, кои водеа кон политеизам. Во неговите проповеди, за да ги убеди луѓето во верувањето во еден Бог, тој не користел разни природни феномени да ги измами луѓето, нарекувајќи ги негови чуда. Тој никогаш не ги терал луѓето слепо да го прифатат неговиот повик плашејќи ги со небесни закани, со што би ја ослабнал нив ната способност објективно да размислуваат и одлучуваат.

Тој ги повикувал луѓето со благонаклонетост, не само да ги оставаат своите убедувања, туку да размис лу ваат за универзумот и неговите закони. Неговата непоко леб лива убеденост во еден Бог, во Единствениот и Неоп ходниот, правела тој непрекинато да им нуди на луѓето да ја читаат книгата на животот...“

Францускиот ориенталист Е.Демернген21 ги напи шал делата Биографија на Мухамед и Мухамед и тради цијата, откаде ги извлековме следните зборови: „Мухамед се сметаше себеси за инструмент во проследувањето на Објавата. Настојувањето на Мухамед се состоеше во фак тот да се биде доверлив, верен слушател и запишувач, непо грешлив преносител на она што го слушаше од прос ветлената сила и смирувачкиот глас, зборовите на Алах. Зборови сочувани од благородните ангели во седмото небо. Секој Пратеник треба да има доказ за својата порака. Секој од нив треба да има некое чудо за да го предизвика другиот... а Куранот е единственото чудо на Мухамед. Неговиот извонреден стил и вчудоневидувачката моќ про должува дури и во наше време. Тој го вовлекува читателот, дури и да не е посветен обожувач.“

21 Ајни Синани, оп.цит. стр.149

Page 56: Ова е Пратеникот Мухаммед

55

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

Во делото The vision of the Islam belief, напишано од Селвин Гурнеј во 1851 година, стои: „Мухамед објавил вера која ја следат милиони луѓе. Од почетокот, влијанието на оваа вера непрекинато е во пораст. Тираните, кои и веруваат само на силата и само врз неа се потпираат, не се во состојба да влијаат врз подоцнежните генерации, нив но то влијание се чувствува само во текот на нивниот живот. Додека, ние, по смртта на Мухамед, гледаме дека неговото влијание не ослабнува, туку само се засилува.“

Гете22 вели за Мухамед: „Исклучителен човек, кој светлината Божја сакаше да ја рашири низ светот... Во историјата барав пример за исклучителен човек и него го најдов во личноста на арапскиот Пратеник.“

Ахмед Сусе23 вели: „Која намера е поблагородна и поблиска за човештвото, од верата во Бога и намерата на Пратеникот за единство на срцата и за триумф на Висти ната? Да го замислиме Мухамед кога им ја диктирал на своите следбеници објавата на Алах:

„Кажи: ,О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот еден, нам и вам заеднички, никого освен Бог да не обожуваме, ништо да не Му здружуваме, едни со други, покрај Бога, за бо жес тва да не се сме та ме!‘ Па ако не се согла сат, вие кажете: ,Бидете све доци дека ние сме мусли мани!‘“ (Али Имран: 64) Мухамед е пример за човековиот живот, со него виот живот

и со искреното, длабоко и силно верување. Тој е совршен пример за чувањето на аманетот и упатството. Жртвувањата за ширењето на неговата света мисија се нај сил ните аргументи кои сведочат за совршенството на битието, за благородната намера, за големината на лич нос та и светоста на неговото пратеништво.

22 Goethe – Mendimet e njerëzve eminentë botërorë për Muhamedin, Dituria Islame, Приштина 1991, No25, str.24.23 Ајни Синани, оп.цит. стр.167.

Page 57: Ова е Пратеникот Мухаммед

56

Мајкл Х. Харт24 во делото The 100: A Ranking of the Most Influential Persons in History, New York, Hart Publi shing Company, Inc. 1988, стр. 33, вели: „Ставањето на Му ха мед на чело на листата на највлијателните личности во светот може да изненади некои читатели, а другите пак да ги натера да се запрашаат и сомневаат во ова, но тој беше единс твениот човек во историјата кој беше убедливо нај ус пешниот, како од верски, така и од материјалистички аспект. Мухамед успеа да ја прошири една од најголемите религии во светот и да стане еден политички водач со из вон редна делотворност. Денес, четиринаесет века по него-вата смрт, влијанието на неговата религиозна активност сеуште е многу големо.“

Принцот Ото вон Бизмарк25, политичар и голем државник, основач на Германија, познат кај народот како „железниот лидер“, вели: „Мухамед е неверојатен човек. Не случајно Бог не извади некој друг на светската сцена на настаните. Мухамеде, жалам што не бев твој современик! Оваа книга, чијшто учител и проповедник си ти, не е твоја книга. Таа е Божествена Книга. Да го негираш неговиот из вор, е исто толку смешно колку да зборуваш за неточноста на егзактните науки. Затоа човештвото само еднаш виде таква уникатна личност каква што беше ти, и веќе нема да има можност да види некого сличен.“

Едвард Гибон26, генијален историчар, во познатото дело Историјата и падот на Римската Империја, меѓу другото, вака се изразува: „Мухамед имаше одлична мемо рија, хумано однесување, праведен суд и одлучувачки став. Беше храбар во идеите и во дејствувањето. Првата Објава која ја доби од Бога, остави длабок печат кај него до крајот на неговиот живот.“

24 Michael H. Hart, 100 personalitetet më të shquara në histori, Ed. 2001, стр.725 Ајни Синани, оп. Цит. Стр.12726 Ајни Синани, оп.цит., стр.130

Page 58: Ова е Пратеникот Мухаммед

57

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

Мејџор А. Г. Леонард во својата книга27 пишува: „Читателот треба веднаш да сфати дека Мухамед немал една обична душевна инспирација, не бил обичен водач или пак номад, туку еден од најголемите мислители на сите времиња и епохи. Бил човек со сериозни и искрени цели; не бил само голем, туку најголемиот меѓу најголе ми те. Бил човек за кој човештвото никогаш порано не знаело. Бил величествен не само како Пратеник, туку и како јунак и државник. Бил духовен поттикнувач што го создал најголемиот народ, најголемата држава и најголемата вера. Бил скромен со луѓето и многу понизен и посветен на Бога.

Читателот треба да сфати дека Исламот има длабо ко значење и дека се труди да ги извади неговите след бе ни ци од човечката темнина кон високите сфери на Светли ната на Вистината.“

Лорд Хизу28 е англиски интелектуалец и писател кој го проучувал животот на Мухамед и го прифатил Исламот. Меѓу другото, тој вели: „Арапскиот Пратеник Мухамед имал извонредна личност, силен карактер и пока жувал храброст која се рефлектирала во секој чекор од неговиот живот. Ако треба да имате пример за следење во животот, тогаш јас без двоумење би рекол: Мухамед го из диг нува животот на луѓето, затоа што неговиот живот е како огледало кое ја одразува остроумноста, дарежливоста, мажественоста, храброста, трпеливоста, достоинственоста, простувањето, скромноста и сето добро однесување кое му дава на човекот најдобри одлики. Не би пропуштил да спо м нам дека Пратеникот бил потполно убеден во Вистината, тој се молел повеќе од другите, клањал ноќе сè додека нозете не му отекнале.

Р.В.Ц. Бодли29 вели: „Посебноста на појавувањето на

27 Islam, His moral and spiritual value, стр.20-2128 Др. Muhammed A. Jemani, “Edukoni fëmijët tuaj me dashuri për Profetin Muhammed” – Shkodër 1996, стр. 94-9529 “The Messenger”, London 1946, стр. 338.

Page 59: Ова е Пратеникот Мухаммед

58

Мухамед во историјата на религиите се должи на тоа што тој бил инспириран за секоја работа и не бил прог ласен ниту за светец, ниту за ангел. Тој имал својства кои биле потполно човечки. Освен неговата огромна човечка личност, тој немал ништо друго што го разликувало него од останатите муслимани.“

Д-р Назми Лука30 вели: „Мухамед, со неговите одлики и особини, не бил како другите. Кај него се собрале сите знаци на Пратениците и храброста на храбрите, затоа секој објективен истражувач е обврзан да изрази почит кон еден таков пример и да покаже внимание кон него. Тој бил единствениот човек кој бил јазикот на небото, над него бе ше само Бог и никој друг, а под него беа верниците, Божји те обожуватели... И наспроти ова, тој никогаш не покажа мегаломанија...

На овој Пратеник, на кого му било подарено Упатс тво то за луѓето, кој ја постигнал величественоста, возвишеноста и власта - и кога би се гордеел со сите тие работи, не би му се замерило. Меѓутоа, наспроти ова, тој вели: ,Не воздигнувајте ме така како што христијаните го воздигнуваат синот на Марија. Навистина јас сум Ала хов роб. Затоа кажете (за мене) Алахов роб и Негов Пра теник.‘ Еднаш, кога излегол пред една група верници, тие станале на нозе од почит кон него, но тој ги сопрел велеј ќи: „Не станувајте на нозе како што стануваат децата.“

Кој човек заслужува неговата биографија да биде далеку од секаква предрасуда, така како што заслужува овој Пратеник, којшто преобрати милиони луѓе од униш тувачкото обожување на идолите во обожувањето на Бога, Создателот на универзумот? Само тој ги оддалечи од изгубе носта и скршнувањето, и ги воздигна во височините на верувањето. Од борбата што ја направи, не доби ништо, ниту тој, ниту неговото семејство, како што тоа се случува со профитерите на војната на овој свет.“

30 Египетски изучувач на христијанската религија.

Page 60: Ова е Пратеникот Мухаммед

59

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

Џејмс Х. Харт и Џејмс А. Мишенер31 велат: „Во секоја работа Мухамед бил длабоко рационален. Смртта на неговиот сакан син Ибрахим била проследена со помра чу вањето на Сонцето. Народот почнал да зборува дека со ова Бог изразува тага. Откако Мухамед го слушнал ова, рекол: ,Помрачувањето на Сонцето (и Месечината) е природен феномен. Тоа не е поврзано со раѓањето или со смртта на некој човек.‘

Кога умре Пратеникот Мухамед, имаше обиди за негово воздигнување до божествен степен, но неговиот административен наследник и најверен пријател, Ебу Бекр ес-Сидик, веднаш ја отстрани оваа тенденција и во еден од неговите говори рече:

,Доколку меѓу вас има такви што го обожуваат Муха мед, нека знаат дека тој умре. А оние што Го обо жуваат Алах, треба да знаат дека Тој живее вечно и никогаш не умира.‘“

Џон Давенпорт, во својата книга Апологија за Мухамед и Куранот, страна 52-53, вели: „Како пријател, како родител, тој покажувал многу суптилни чувства, но, би дејќи неговото срце било полно со пријатни и благо род ни чувства и бил способен да исполни многу општествени задачи, тој никогаш не ја обесчестил титулата Пратеник на Бога. Тој ги извршуваше своите должности со природна скро мност за еден толку голем ум. Не бегаше ни од најед нос тавните работни обврски. Дури и кога стана првиот човек на Арабија, тој продолжи да ги чисти своите чевли и облека, ги молзеше овците, ја чистеше куќата и го палеше огнот. Палмините плодови и водата беа неговата вооби ча ена храна. Додека млекото и медот негов луксуз. Кога па ту ваше, ја делеше храната со своите сопатници. Неговата искреност и милозливост беа очигледни кога тој замина на оној свет не оставајќи никакво богатство зад себе.“

31 James H. Hart, James A. Michener, Памфлет: ç’thonë të tjerët për Muhammedin, Dituria Islame, Приштина, април 1991, No 24, стр. 16.

Page 61: Ова е Пратеникот Мухаммед

60

Вашингтон Ирвинг,32 во неговата книга пишува: „Тој бил совршен во јадењето; строго го практикувал пос тот. Него не го задоволувала убавата облека; неговата ед но с тав ност во облекувањето не била лажна, туку резултат на игнорирањето на незначајните нешта. Неговото однесу вање било коректно. Тој на ист начин се однесувал кон пријателите, странците, богатите, сиромашните, слабите и моќните, и луѓето ја сакале добрината и љубезноста што ја покажувал тој слушајќи ги нивните проблеми.

Не се фалеше поради воените успеси, што сигурно би се случило кога тие би биле постигнати за егоистични цели. Во времето на неговиот најголем подем, тој го со чу ва своето едноставно однесување, како и во обичните дено ви. Стоеше толку далеку од кралската величественост, така што се чувствуваше многу непријатно кога му се пра ве ше невообичаена чест при влегување во некоја просторија.“

Томас Карлај33 изјавува: „Неговото семејство било едно од најекономичните, нивна вообичаена храна била лебот и водата, а понекогаш огнот не се палел со денови. Тие гордо кажуваат дека тој сам си ги поправал сандалите и ја крпел својата облека. Во текот на 23 години навистина тежок труд, јас открив кај него еден вистински херој, толку неопходен за мене.“

Босфорт Смит во својата книга34 пишува: „Во неговото битие била здружена храброста и религиозноста; како да беа соединети во неговата индивидуа Цезар и Папа. Но, тој беше “Папа” без претензиите на Папата и “Цезар” без легиите на Цезар. Тој немаше постојана војска, лично обезбедување, палата или плата. Ако постои човек кој заслужува да каже дека владеел според Божественото

32 Mohammed and his succesory, Лондон 1909, стр. 192, 193, 199.33 On heroes, Hero-worship and the heroic in history, стр. 62.34 Mohammad anh Mohammadanisam, стр. 92.

Page 62: Ова е Пратеникот Мухаммед

61

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

право, тогаш тој човек е Мухамед, бидејќи ја имаше сета власт, дури и без средства и поддршка.

Тој се стави себеси над сите титули и церемонии, над свеченостите и кралските атрибути. За кралевите и принцовите родени во кралските семејства, овие нешта беа толку природни, како воздухот што го дишеме. Дури и нај поз натите владетели што ги познава историјата, како Цезар, Кромвел, Наполеон, не можеле да му одолеат на искушението на скапоценостите... А Мухамед беше задо во лен со реалноста; тој не се грижеше за моќта. Оваа едно с тавност на неговиот приватен живот беше во хармонија со неговиот јавен живот. ,Бог - пренесува Бухари - му го пону ди клучот на овосветските богатсва, но тој не прифати.‘“

Лексикологот Д-р Стеинџес35 вели: „Чесноста на Мухамед, делата и решителноста во потрагата по висти на та, неговата постојана упорност да ги соопштува Божестве ните правила, неговото силно верување, способноста да ги натера да ја слушат вистината и тие кои не сакаа да ја слуш нат, сето ова, според мене, е убедлив доказ дека овој Пратеник е печат на сите Пратеници.“

Професор Наниел Шмит36 вели: „Во искреноста на Мухамед не може да се сомнева никој. И една историска критика која не ги затвора очите пред фактите и го раз гле дува секое сведочење, и нема никаков едностран интерес и поглед освен кон вистината, треба да го прифати неговото место во редот на Пратеници, кои, без оглед на нивните искуства, предупредија, учеа и изразија едноставни и воз ви шени мисли, дефинираа принципи на однесување, по бла -городни од претходно-постоечките, и се посветиле себеси кон нивниот возвишен повик, бидејќи кон своето религиозно дејание беа водени од една внатрешна сила.“

35 Автор на Арапско-англиски речник.36 “Heril Enciklopedia” 1916, vol. XVI, стр. 72

Page 63: Ова е Пратеникот Мухаммед

62

Професорот Парсан37 вели: „Раскажано ми е дека Мухамед бил обичен човек и дека не знаел да пишува и чита. Тој живеел пред повеќе од 1400 години, бил непис мен и дал многу длабоки објаснувања, кои чудесно се сов па ѓаат со науката. Јас лично не можам да кажам дека ова настанало случајно. Има многу работи кои се точно спом нати. Поради тоа, како и на доктор Кит Мур, и мене не ми е тешко да признаам, според мојата логика, дека Куранот е инспирација или Небесна Објава дадена на Мухамед, нека е Божјиот мир над него, за објаснување на работите.“

Ламартин,38 еден од најголемите поети на Фран ција, вели: „Ако величественоста на целта, скромноста на мислењето и постигнатите резултати се три мерила за чо веч ката генијалност, кој може да има храброст да го споре ди било кој друг голем човек во историјата на човештвото со Мухамед?

Мухамед беше разурнувач на лажните божества, воспоставувач на новата идеја со зборови. Филозоф, говор ник, учител, законодавец, борец за еден голем идеал; обно ву вач на рационалното верување и обожување, без слики; основач на дваесет земни и на една духовна империја. Тоа е Мухамед. Земајќи ги предвид сите мерила со кои може да се мери човековата големина, со право може да запрашаме: Зарем постои поголем човек од него?“

Големиот руски писател Лав Николаевич Толстој39 вели: „Нема сомнение дека пратеникот Мухамед е еден од најголемите реформатори на човештвото. Нему му припаѓа најголемата заслуга за упатството на човешт вото кон светлината на вистината, на правдата и мирот. Тој го спречил крвопролевањето на невините и го отворил патот кон напредокот и просперитетот. Ова големо дело

37 Проф. Парсан – Раководител на Одделението за Анатомија на Медицински Факултет, Канада. Труд на тема: „Mbi fenomenin shkencor në Kuran dhe Hadith“.38 Historia de la Turqiue – Ulfe Aziz-us Samed,оп.цит. стр. 25-26.39 Видете во студијата, „Pejgamberi urtiplotë Muhamed“ – Изд. 1909 год. или книгата „Толстој за Мухамед“ 2008 год.

Page 64: Ова е Пратеникот Мухаммед

63

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

не можел да го направи никој друг, освен човекот којшто е заслужен за секаква почит, восхит и разбирање. Мухамед е Пратеник на исламската вера. Тој ги повикувал луѓето да го обожуваат само Алах.“

Франсоа Мари Волтер во својата историска кни га40 пишува: „Внукот на Абдул Муталиб, Мухамед, кој подоцна ќе и го промени изгледот на поголемиот дел на светот, бил мудар и скромен, поет, астроном, реформатор на арапскиот календар, законодавец и лекар. Во текот на периодот од три века, генијалноста на арапскиот народ која Мухамед ја стави во движење, имала зачудувачки напредок.“

Едвард Монтел41 вели: „Мухамед, преку своите реформи, му направил голема услуга на човештвото и заслужува да биде вбројан меѓу најголемите добродетели и реформатори на човештвото.“

Д-р М. Х. Дуран42 го изразил своето мислење кога рекол: „Пратеникот го променил менталитетот на светот, дури и традициите и моралот. Тој ги обединил Арапите под едно знаме, еден закон, една религија, култура, циви ли зација и владеење. Оваа нација, која не видела поголем човек, заслужува да биде спомената низ вековите. Под влија ние и водство на Мухамед, таа нација создаде илјад ници благородни луѓе, кои отидоа сè до најоддалечените делови на светот, со цел да ги приближат луѓето кон ислам ските принципи и морал, повикувајќи ги нив да го прифатат исламскиот начин на живот.“

Насри Селхеб43 вели: „Големината на Мухамед успеала, во текот на тој краток период, да направи една мо рал но, духовно и општествено законодавство. Никој во ис то ријата не успеал да стори 40 Mbi arabët dhe Muhamedin – Глава VI41 Edward Montet, La propaganda Chertienne et ses Adversaires Muslimans, Парис, 1890.42 Д-р М. Х. Дуран, според Dr. Imadudin Halili, оп.цит. стр. 105-106.43 Ајни Синани, оп.цит. стр.166.

Page 65: Ова е Пратеникот Мухаммед

64

такво нешто, со таква огромна брзина. Овој човек, кој не знаел за мирување, релаксација и богатство, успеал меѓу таква маса на луѓе да воспостави државни начела и да втемели системи.“

Карен Армстронг44 истакнува: „Тој е еден од најголемите гении на светот. Создавањето литературно ре мек-дело, голема религија и голема светска сила, не се ед ноставни достигнувања. Но, со цел потполно да се про це ни неговата генијалност, треба да го анализираме опш тес твото во кое што бил роден и силите со кои се справувал.

Ние на Западот имаме потреба да се прочистиме себеси од старите предрасуди. Можеби како прв чекор во оваа насока треба да ни биде личноста на Пратеникот Мухамед, заради кризата и тешкотиите со кои се соочува човештвото.“45

Д-р Густав Лебон во своето дело46 пишува: „Муха мед го

44 Англиска писателка на нашето време, автор на 12 книги за исто ри јата на верувањата, еден од најистакнатите коментатори на религските проблеми во Англиските земји. Таа седум години била католичка мона хиња. Во 1983 година работела во источните земји, на Телеви зи с ки сериски документарци. Проценките на нејзината книга за Мухамед во неколку добро познати светски медиуми: „Publishers Weekly“ ука жува на: „Внимателното истражување на историјата на Пратеникот Мухамед. Како привлечна биографија која го прикажува Пратеникот Мухамед како сакано и целокупно човеково суштество, кое може да пра ви грешки, прекрасен лидер кој имал духовни и политички доблес ти. Пратеник, чија визија и монотеистичка интуиција ги потврдува длабоките потреби и желби на неговиот народ... „The Economist“ се осврнува: „Таа успева како резултат на нејзината способност да го прес тави Пратеникот Мухамед како суштество со целосно човечки карактеристики.“ „Library Journal“: „Ова опишување за Пратеникот на Исламот и неговата околина го фасцинира обичниот читател и осло бо дува од сите предрасуди, давајќи ново значење на денешните настани на Блискиот Исток.“ „Choice“ укажува на: „Нова проценка напишана на прекрасен начин со продорна сила, десет поглавја кои одврнуваат посебно внимание на религиозниот извор, искуството и растечката сила на Мухамед.“45 Видете во книгата: „Muhamedi, një biografi e profetit“, Jehona Study Center, Тирана 2006, стр. 66.46 Dr. Gustav Lebon – Civilizimi arab, оп.цит. Dr. Jusuf El-Kardavi, Исламско Прово, Сараево 1989, стр. 49.

Page 66: Ова е Пратеникот Мухаммед

65

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

постигнал успехот кој не го постигнала ниедна од претходните вери што се појавиле пред него во арапските земји, ни еврејството, ни христијанството... Затоа, неговиот придонес бил величествен.

Ако величественоста на луѓето се мери со величес твеноста на нивните дела, тогаш Мухамед е еден од најве ли чествените луѓе што ги запознала историјата. Западните научници веќе почнаа да се покажуваат како објективни, наспроти тоа што историчарите се заслепени од верскиот фанатизам за да ја признаат супериорноста на Мухамед пред другите.“

Лафајет,47 филозоф и еден од клучните идеолози на големата француска револуција од 1789 година, кој ги истражувал сите правни системи, пред да ја печати „Декла рацијата на човековите права“ рекол: „О Мухамеде! Тоа што ти го донесе и го спроведе во светот, никој не го на пра вил. Ти ја донесе правдата на едно недостижно место... Една сложена личност, полна со темперамент, кој направи дела кои ние тешко можеме да ги признаеме, но кој ја имаше генијалноста на силен општествен поредок и ја основа религијата и културната традиција чие име е „Ислам“, што значи мир, помирување и спокој.

47 Osman Nuri Topbash, оп.цит. стр. 28.

Page 67: Ова е Пратеникот Мухаммед

66

ОГОВОР* Гореспоменатите извадоци се земени од статии и книги

на познати личности од различни полиња. Тие се политичари, државници, историчари, писатели, доктори, социолози, кои го гледаат животот и делото на Пратеникот Мухамед од различни гледишта.

* Многумина од нив се научници и експерти на ис то ријата на муслиманските земји, експерти за Исламот, ислам ската култура, наука и исламската цивилизација. Нивниот збор е веродостоен, одговорен и научен.

* Многумина од нив не припаѓаат на исламската заедница, немаат пориви или опсесија да ја гледаат и пишуваат реалноста на субјективен и разубавен начин. Тие се потполно објективни и неутрални за прашањата за кои пишуваат, и земаат целосна одговорност.

* Овие автори го сметаат и анализираат животот и делото на Пратеникот Мухамед како модел и порака за целото човештво.

* Тие го земаат животот и делото на Пратеникот Мухамед надвор од рамките на неговата земја и од времето во коешто живеел. Тие гледаат на тоа со научна автентич ност, врз база на веродостојни извори и богата автентична документација.

Page 68: Ова е Пратеникот Мухаммед

67

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

IV. ПОГЛАВЈЕ

НЕКОЛКУ ПОУКИ ОД ЖИВОТОТ НА ПРАТЕНИКОТ

Драг читателу!Пробај да чекориш на вистинската патека, обиди се да

го земеш за свој модел примерот на Пратеникот, да веруваш како што тој верувал, да размислуваш како тој размислувал, да живееш како што тој живеел, да се одне суваш како тој се однесувал, да делуваш според неговите совети... Тогаш, биди сигурен дека ќе го најдеш значењето и целта на твојот живот, подарен од Величествениот Бог, но украсен од однесувањето според советите на Пратени кот Мухамед. Така ќе го пронајдеш големиот душевен мир и вистинската среќа и на овој свет и на другиот свет.

- Доколку си богат човек, размисли за едностав носта и дарежливоста на тој голем Пратеник кој ги напра ви за себе сите големи личности на арапската нација и ги инспирира сите други нации.

- Доколку си еден од слабите, земи го за пример животот на Пратеникот кога живееше во Мека под неправедниот и мизерен режим на политеистите.

- Доколку си победник, земај пример од животот на Пратеникот, неговата храброст и мудрост, кои направија тој

Page 69: Ова е Пратеникот Мухаммед

68

да излезе победник против своите непријатели. - Доколку претрпеш пораз, сети се на стрпливоста

на Пратеникот, кога стоеше храбро и достоинствено меѓу паднатите пријатели на военото поле или ранетите.

- Ако си учител, сети се на Пратеникот како им ги учеше на своите пријатели Божествените заповеди, прене сувајќи им ја вдахновеноста на своето чувствително срце.

- Доколку си ученик, мисли на Пратеникот како стоеше пред ангелот Габриел (Џибрил), кога тој му го откриваше Божјето Откровение (Објавата).

- Доколку си проповедник или водач на народот, слушни го Пратеникот кој им влева мудрост на своите другари во неговата џамија.

- Доколку сакаш да ја заштитиш вистината, да ја про поведаш вистината, да ја зграпчиш вистината и да ја воздигнеш, а за тоа немаш некое упатство за следење, то гаш учи од животот на Пратеникот, кога тој се наоѓаше во Мека, без некоја вредна човечка помош, кога на поли теи стите им ја објави вистината и победи на вистинскиот пат.

- Доколку си победник и си го победил неприја те лот, сети се на Пратеникот на Денот на Победата во Мека, како тој со милозливост и праведност се однесе кон неговите непријатели.

- Ако си сопственик, сети се на Пратеникот како свое то цело богатство го стави на располагање на оние кои имаа потреба за тоа.

- Ако си трговец, земи пример од Пратеникот за на чи нот на којшто тргувал, чесно и отворено, без малве р зации.

- Доколку си судија, мисли ги решенијата со мудрост и правичност, на начин како што најде решение Пратеникот и ја стивна караницата меѓу племињата околу поставувањето

Page 70: Ова е Пратеникот Мухаммед

69

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

на Црниот Камен во Ќаба. - Доколку си државник, гледај го Пратеникот кој седи меѓу

луѓето и ги третира како еднакви и богатите и сиромашните; гледај како тој се однесуваше и се грижеше за луѓето.

- Доколку си главен во семејството, сопруг или родител, учи од однесувањето, грижата и љубовта на Пратеникот кон своето семејство.

- Доколку си образовен, научи се од примерот на Пратеникот како да се процени, унапреди и прошири знаењето и кај другите.

- Ако си сиромав, не очајувај, туку обиди се да се збогатиш на чесен начин и преку труд.

- Ако си среќен, размисли дека тоа е подарок од Величествениот Бог и уживај во среќата во рамките на правилата и прописите дадени од Бога, но мисли и на оние кои се погодени од несреќа или тага.

Page 71: Ова е Пратеникот Мухаммед

70

ХРОНОЛОГИЈА НА ЖИВОТОТ НА ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД

§ 570 година: Раѓањето на Мухамед во Мека. Тој живеел детство на сираче.

§ 576 година: По смртта на неговата мајка, Амина, него виот дедо Абдул Муталиб станал негов старател, а две години подоцна, по смртта на неговиот дедо, неговиот чичко Ебу Талиб ја презел должноста да се грижи за него.

§ 582 година: Првото трговско патување кон Сирија, придружуван од Ебу Талиб.

§ 595 година: Бракот со Хатиџа.

§ 595 година: Раѓањето на неговиот прв син Касим, кој умира на двегодишна возраст.

§ 605 година: Мухамед помага во реконструкцијата на Ќаба.

§ 610 година: Ангелот Габриел (Џибрил) го посетува Мухамед во пештерата Хира. Објавата на првиот ајет од Куранот: Икре! (Читај!). Хатиџа, Алија, Ебу Бекр и Зејд, Бог нека е задоволен од нив, го прифаќаат Исламот.

§ 613 година: Почнува јавното проповедање на Исламот.

§ 615 година: Првата преселба (хиџра) на група муслимани во Абесинија.

§ 616 година: Прогонувањето започнува. Жителите на Мека го бојкотираат Мухамед, неговото семејство и неговите

Page 72: Ова е Пратеникот Мухаммед

71

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

придружници.

§ 619 година: Година на тагата: Хатиџа и Ебу Талиб умираат. Проповедта на Мухамед во Таиф.

§ 621 година: Ноќното патување од Мека до Еруса лим (Исра) и искачувањето над седумте небеса (Мираџ). Прогонувањето и заканите продолжуваат. Подготовка за заминување во Јесриб (Медина).

§ 1 Хиџретска година или 622 година: Пратеникот емигрира и е примен во Медина. Направен е нов устав за жителите на градот.

§ 2 Х.г./623 година: Киблата се менува. Верниците при молитва не се свртени кон џамијата Акса во Ерусалим, туку кон Ќаба, во Мека. На верниците им е дозволено да се борат во самоодбрана. Битката на Бедр, голема победа за муслиманите.

§ 3 Х.г./625 година: Битката на Ухуд. Муслиманите биваат поразени.

§ 5 Х.г./627 година: Битката на Ендекот, кога 10 илјади војници од Курејшиите и нивните сојузници го опколиле градот Медина, но биваат поразени.

§ 6 Х.г./628 година: Договорот од Худејбија, привре мено прекинување на војната помеѓу Пратеникот и поли теистите.

§ 7 Х.г./629 година: Писмата пратени од Пратеникот до Кисра, кралот на Персија, Херакле, императорот на Ви зан тија, и други владетели, со цел нивно повикување во Ислам.

§ 8 Х.г./629 година: Силна војска од 10 илјади мисли ма ни влегуваат во Мека. Општа амнестија и уништување на идолите.

§ 10 Х.г./632 година: Последниот аџилак на Прате никот. Комплетирање на Куранот. Смртта на последниот Божји Пратеник и Веровесник.

Page 73: Ова е Пратеникот Мухаммед

72

ПОГОВОР

Животот на Пратеникот Мухамед, личноста која остави длабоки трагови во историјата на човештвото, е центар на многу дискусии и дебати во медиумите, во научните и културните кругови, на Западот и Истокот, исламски или неисламски.

Тој привлекува љубопитност, предизвикува полеми ки и спротивни размислувања, не само во времето во коешто живеел, туку и во денешно време. Повеќе од било кога, човештвото е убедено во големината на оваа прекрас на личност која ги надмина временските и просторните граници. Ниедна друга личност на овој свет не може да се спореди со Пратеникот Мухамед; како водач, командант, визионерен стратег, бранител на човековите права, рефор матор на општеството, семеен човек, другар, и над сè како доверлив човек и Божји Пратеник, назначен со света мисија за целото човештво.

Секое чесно човечко суштество наоѓа смиреност и душевен спокој кога чита, учи и бива воден од квалитетите и високите морални вредности на оваа личност. Неговиот живот е сличен на огромен океан полн со бисери. И со цел да ги стекне овие бисери, човек треба да навлезе во овој океан и да нурне длабоко во него. Треба да се чита за неговиот живот и да се размислува. Во долгото патување на човештвото, Пратеникот Мухамед остави импресивен печат. Обиди се да чекориш по овие патеки и ќе пронајдеш духовна смиреност, ќе го почувствуваш ветерот на вечната пролет.

Ова е патот кој го следеле неговите пријатели, кои го прифатиле и продолжиле да го практикуваат Исламот. Куранот вели:

Page 74: Ова е Пратеникот Мухаммед

73

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

„О Веровеснику, Ние те пративме како сведок и како носител на радосни вести и како Пратеник кој опоменува, да повикуваш, по Негова наредба, во Божјата вера, и како светилка која сјаје.“ (Ел-Ахзаб, 45-46)

Животот на последниот Божји Пратеник е напишан, раскажан, научен, проучуван, докажан и многу сложен. Тој имал динамичен, активен живот и му дал на човештвото значајна помош во полето на односите и духовниот живот.

Тоа е важен факт кој не само што не може да се одбие, туку не може да биде потценет. Така, постојат многу повеќе податоци за неговиот живот, од било кој друг основач на некоја религија. Постојат доволно податоци да се исполни историската рамка на оваа личност.

Мухамед имал големи политички и духовни вред ности, и бил убеден дека верниците имаат должност да изградат добро и праведно општество.

По 622 година Мухамед станал позната личност. Трпеливо соочувајќи се со годините на прогонство, тој ја постигнал големината на водач, кој не само што ја про менил Арабија, туку ги изменил и историските текови. Не бил роден во мирно и обично општество, туку во среди на полна со конфликти. Во почетокот, тој бил организатор на арапското обединување, не според претходните шеми, туку со трагање на оригинални решенија согласно со сос тој-би те. Ова е една од основните особини на неговата лич ност. Тој правел претпазливи чекори, разработени и успеш ни. Сите негови политичко-општествени димензии и функции се раководени од Светата книга, Куранот, чии поуки, заедно со наследството на Мухамед, служат како основа на исламското законодавство. Неговата човечка порака се совпаѓа со неговата општествена и религиозна претстава.

Page 75: Ова е Пратеникот Мухаммед

74

§ Абас - еден од чичковците на Пратеникот Мухаммед, а.с. Преминал во ислам и им се придружил на муслиманите пред самото ослободување на Мека од страна на муслиманите.

§ Абдуллах - Абдуллах ибн Абдул-Муталиб бил најмладото дете на Абдул-Муталиб. Татко на Пратеникот Мухаммед, а.с.

§ Абдуллах - еден синовите на Пратеникот Мухаммед, а.с. Умрел уште како дете, пред почекотот на Објавата на исламот.

§ Абдул-Менаф - син на Кусај. Станал водач на племето Курејшии по смртта на татко му.

§ Абдул-Муталиб - син на Хашим. Го зазел местото на татко му, преставувајќите прваците од Курејшиите. Тој повторно го отворил бунарот Земзем.

§ Абесинија - денешна Етиопија; местото каде што прв пат емигрирале муслиманите.

§ Аиша - најмладата сопруга на Пратеникот Мухаммед, а.с., и ќерка на Ебу Бекр, р.а.

§ Акса - Месџидул Акса, џамијата која се наоѓа во Ерусалим, една од најсветите храмови на муслиманите.

§ Алија - син на Ебу Талиб, прв братучед на Пратеникот Мухаммед, а.с. Првиот од децата што го примил исламот. Четвртиот халифа/водач на муслиманите по смртта на Пратеникот Мухаммед, а.с.

РЕЧНИК

Page 76: Ова е Пратеникот Мухаммед

75

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

§ Аллаху Екбер - збор за величање на Аллах: „Аллах е најголем“.

§ Амина - Емина, мајка на Пратеникот Мухаммед, а.с. Амина бинт Вехб.

§ Амр бин Ел Ас - другар на Пратеникот Мухаммед, а.с., од првата генерација; еден од најпаметните Курејшии; учесник во првата хиџра во Абесинија со другите муслимани. Подоцна стана еден од борците и од најистакнатите водачи во исламот.

§ Арабија - назив за област која ги вклучува сите признати места на Арапскиот полуостров.

§ Арафат - широка долина опкружена од планини, лоцирана на периферијата на Мека. Место каде што се собираат муслиманските аџии во деветтиот ден од месецот Зул-Хиџе за да извршат еден од обредите на аџилакот, стоејќи од зори до зајдисонце.

§ Бедуин - Арап номад, жител на пустината, најчесто се овчари.

§ Бехира - Монах кој живеел градот Бусра, Сирија, каде застанал караванот во кој се наоѓал Пратеникот, а.с., во време пред божествената Објава.

§ Бену Хашим - огранок од големото племе Курејш, во кое припаѓал и Пратеникот Мухаммед, а.с.

§ Бену Курејза - еврејско племе кое живеело во Јесриб (Медина) во време кога Претникот емигрирал таму. Потпишале договор со Пратеникот, а.с., кој неколку пати го прегазиле, принудувајќи го да им објави војна.

§ Билал Ел Хабеши - роб на Умеје бин Халеф. Станал муслиман и покрај спротивставувањето на неговиот газда, за што многу страдаше, доживувајќи тешки казни, но никогаш не ја изгуби

Page 77: Ова е Пратеникот Мухаммед

76

својата верба. Подоцна станал првиот муезин (повикувач на молитва).

§ Бисмиллахир Рахманир Рахим - фраза која верникот треба да ја кажува на почетокот на секое добро дело и на секое поглавје од Куранот (освен деветтото поглавје). Во превод значи: Во името на Аллах, Милостивиот, Семилосниот.

§ Византија - така се викало Источното Римско Царство.

§ Бурак - име на едно животно поголемо од магаре а помало од мазга, кое го носеше Пратеникот, а.с., на неговото небесно патување (Мираџ).

§ Ебреха - Кралот на Јемен кој, поддржан од голема војска, тргнал во поход за уништување на светото место - Каба.

§ Ебу Бекр - богат трговец и благородник од Мека. Другар и современик, надобар пријател на Пратеникот, а.с. Првиот маж кој му поверува на Пратеникот, а.с., и кој го прими исламот. По смртта на Пратеникот, а.с., го наследи на чело на државата, предводејќи ги муслиманите две години, сè до својата смрт.

§ Ебу Лехеб - еден од чичковците на Пратеникот, а.с., но и тежок непријател на исламот и на својот внук. Во Куранот има поглавје во кое е спомнат, 111-то поглавје.

§ Ебу Суфијан - еден од водачите на Мека кој ги предводеше политеистите во нивните битки против Пратеникот, а.с., и исламот. На крајот, пред ослободувањето на Мека, го прими исламот.

§ Ебу Талиб - чичко на Пратеникот Мухаммед, а.с., и татко на Алија. Еден од најчесните Курејшии. Се грижеше и го поддржуваше Пратеникот, а.с., по смртта на неговиот дедо и не престана да го заштитува сè до својата смрт. Но и по сето тоа, не го прими исламот.

Page 78: Ова е Пратеникот Мухаммед

77

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

§ Ебу Џехл - еден од најмоќните луѓе во племето Курејш, отворен противник на Пратеникот, а.с. и исламот. Убиен во битката на Бедр во 2 х.г./623 г.

§ Ел Бухари - Мухаммед бин Исмаил бин Ибрахим бин Ел Мугире Ел Бухари. Роден во 194 х.г./810 г. во градот Бухара, денешен Узбекистан, а умре во едно од селата на Самарканд наречено Хартанк во 256 х.г./ 870-871 г. Пораснал како сирак и како мал тргнал по патот на знаењето. Учеше од повеќе од илјада научници и ја составил најпознатата збирка на изреки на Пратеникот, а.с., „Ел Џамиус Сахих“ која од светските исламски научници се смета за најточна книга, по Благородниот Куран.

§ Ел Исра - Исра е најчудесното патување на Пратеникот, а.с., со Бурак, во една ноќ, од Светата џамија во Мека (Каба) во џамијата во Источен Ерусалим (Месџидул Акса).

§ Ел Мираџ - небесното патување на Пратеникот Мухаммед, а.с., во придружба на ангелот Џибрил (Гаврил).

§ Емина - погледни Амина

§ Енсарии - Поддржувачи - титула за жителите на Медина која ја заслужиле со прифаќањето на исламот и со поканата до Пратеникот, а.с., и муслиманите да емигрираат од Мека и да живеат заедно со нив во Медина.

§ Ес селаму алејкум ве рахметуллахи ве берекатуху - исламски поздрав со значење: Мирот, милоста и благословот Божји нека се на вас.

§ Езан - исламски повик кој служи за сигнализација за почеток на времето за молитва.

§ Фатима - Најмалата ќерка на Пратеникот Мухаммед, а.с. Се омажила за Алија и добиле два сина Хасан и Хусеин. Умрела кратко по смртта на Пратеникот, а.с.

Page 79: Ова е Пратеникот Мухаммед

78

§ Црниот Камен - „Ел Хаџерул Есвед“ е еден камен сместен во еден од аглите на светата градба - Каба. За него, Пратеникот Мухаммед, а.с., рекол дека е симнат од Џеннетот. Истотака, овој камен преставува знак според кој се почнува и завршува тавафот (кружењето) околу Каба.

§ Хадис - зборови кои ги кажал Претеникот, а.с., или дело кое го направил или било направено со негова дозвола.

§ Халид ибн Ел Велид - голем борец, многу знаен во областа на војувањето, стратег. Не го примил исламот на почетокот, дури и од него муслиманите биле поразени на битката на Ухуд. Но подоцна го примил исламот и станал најпознат и најуспешен предводник на муслиманската војска. Никогаш не изгубил во битка.

§ Халима - припадничка на племето Бени Саад, која се грижела за Пратеникот, а.с., во неговото рано детство.

§ Хамза - еден од чичковците на Пратеникот, а.с. Бил храбар и голем јунак. Војувал заедно со Пратеникот, а.с., на битката на Бедр, а загинал како маченик во битката на Ухуд.

§ Харун - Арон, брат на Божјиот пратеник испратен до народот израелски, Муса (Мојсеј). И тој станал пратеник благодарение на великодушната молба на Муса кон Возвишениот Аллах.

§ Хашим - син на Абдул-Менаф и предок на Пратеникот, а.с. Тој ги организирал патувањата на караваните на Курејшиите за Сирија и Јемен. Поради тоа Мека станала голем и важен трговски центар.

§ Хатиџа - првата сопруга на Пратеникот, а.с. Тој бил со неа до нејзината смрт. Станала првата жена која што му поверувала на Пратеникот, а.с. Му ги родила повеќето од децата.

§ Хаџ - аџилак во светото место Мека. Тој е петтиот од

Page 80: Ова е Пратеникот Мухаммед

79

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

столбовите на исламот, кој е облигативен за извршување само еднаш во животот на муслиманот кој економски и здравствено е во можност.

§ Хаџера - Агара, втората жена на Пратеникот Ибрахим, а.с., и мајка на неговиот прв син Исмаил, а.с., предокот на Мухаммед, а.с.

§ Херакле - Византиски владетел.

§ Хинда - жената на Ебу Суфијан и мајка на Муавија. Го примила исламот во 8 година по хиџра, година во која муслиманите конечно ја ослободија Мека од паганизмот.

§ Хира - пештера која се наоѓа на една планина во Мека, каде за прв пат му била спуштена Објавата на Мухаммед, а.с.

§ Хиџра - преселбата на муслиманските верници од Мека во Медина. Со овој настан почнува и исламскиот календар.

§ Иса - Исус, синот на Марија, роден без татко. Божји пратеник на „изгубените овци Израилеви“. Пратен да ги потврди законите објавени на Мојсеј кои со текот на времето биле изменети и изобличени од страна на еврејските свештеници.

§ Ибрахим - Авраам, Пратен од Аллах до својот народ. Во исламската литература, но не само таму, се смета за татко на пратениците. Со Хаџера/Агара го имал синот Исмаил, а со Сара синот Исхак. Од Исмаил водат потекло Арапите, а од Исхак евреите.

§ Следбеници на Книгата - термин кој се користи за припадниците на другите две монотеистички религии, јудаизмот и христијанството.

§ Имам - 1. Учен човек кој ги предводи муслиманите во молитва. 2. Духовен лидер на сите муслимани или на една група од нив.

Page 81: Ова е Пратеникот Мухаммед

80

§ Исмаил - син на Ибрахим/Авраам и пратеник спомнат во Куранот. Тој бил ветената жртва на Ибрахим/Авраам, а.с.

§ Инџил - Евангелие, светата книга која му била објавена на Иса/Исус, а.с.

§ Јахја - Јован, Божји пратеник избран од синовите Израилеви. Современик на Исус. Ја живеел и ја ширел вистинската вера, сè додека не бил убиен со предавство од својот народ.

§ Јемен - држава со арапска популација која се наоѓа на југот од Арапскиот полуостров.

§ Јусуф - Јосиф, Божји пратеник одбран од израилевиот народ. Поминал низ разни тешкотии во детството и младоста, паѓајќи во робија, за на крај да биде награден од Возвишениот Бог со тоа што станал битна фигура во дворот на Фараонот. Додека бил министер, застанал во одбрана на еврејскиот народ.

§ Касим - првото дете на Пратеникот Мухаммед, а.с., со Хатиџа. Умрел рано, пред спуштањето на Објавата на татко му.

§ Кибла - правец кон кој се ориентираат и насочуваат муслиманите за време на извршувањето на секојдневните молитви.

§ Копт - автохтон Еѓипјанец и христијанин.

§ Курејш - едно од најистакнатите арапски племињата кои биле жители на Мека од времето по доаѓањето на Исмаил, а.с. И Пратеникот Мухаммед, а.с., му припаѓал на ова племе.

§ Кусај - еден од предводниците на племето Курејш, кој станал владетел на Мека. Тој истотака ги чувал клучевите од Каба. Прадедо на прадедото на Мухаммед, а.с.

§ Куран - Говорот на Возвишениот Аллах кој му бил објавуван на Мухаммед, а.с., во период од 23 години, преку ангелот

Page 82: Ова е Пратеникот Мухаммед

81

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

Гаврил/Џибрил.

§ Лејлетул Кадр - ноќта на Одредението. Во оваа ноќ Возвишениот Аллах почнал да му го објавува Куранот на Мухаммед, а.с. Таа е една од последните десет непрани ноќи од месецот Рамазан. Во оваа ноќ, ангелите се симнуваат со божествено одредение за случувањата на Земјата во наредната година.

§ Медина - градот каде најдоа прибежиште муслиманите заедно со Пратеникот Мухаммед, а.с., и каде ја создале првата исламска држава.

§ Мека - светиот град каде што се наоѓа Каба - Божјата куќа. Родното место на Пратеникот Мухаммед, а.с., и место за аџилак на муслиманските аџии од целиот свет.

§ Мерјем - Марија, мајката на Исус. Една од највредните жени во исламот и жена пофалена во Куранот.

§ Муслим - Муслим ибн Ел Хаџаџ ибн Муслим Ел Кушејриј Ен Нисабури. Роден во 204 х.г., година во која починал имамот Шафија, а умрел во 261 х.г. Автор е на збирката изреки од Пратеникот Мухаммед, а.с., со наслов „Ел Китаб Ес Сахих“, која по точноста е веднаш по делото на Бухари.

§ Минаре - висока кула од која се вика езанот, кој преставува сигнал за почеток на времето за молитва.

§ Муса - Мојсеј, најголемиот Божји Пратеник испратен на Израиловиот народ.

§ Неџаши - кралот на Абесинија во времето на Пратеникот, а.с. Праведен човек и верник.

§ Рукаја - една од ќерките на Пратеникот, а.с. Умрела пред смртта на својот татко.

Page 83: Ова е Пратеникот Мухаммед

82

§ Сафа - мало ридче во близина на Каба од која почнува обредното одење помеѓу Сафа и Мерва.

§ Асхаб - другар на Пратеникот, а.с. Според релевнатната дефиниција, овој назив го заслужува секој кој се сретнал со Пратеникот, а.с., поверувал во него и умрел како муслиман.

§ Сара - првата жена на Пратеникот Ибрахим/Авраам на кого му го родила Исхак.

§ Селман Ел Фариси - почитуван асхаб меѓу муслиманите, по потекло од Персија. Секогаш бил консултиран од страна на Пратеникот, а.с., во врска со случаите и проблемите кои ги имале со Следбениците на Книгата.

§ Сидрету Мунтеха - Лотосот на најдалечниот раб кој го симболизира крајот на небесата.

§ Сура - поглавје од Куранот.

§ Шам - Област крај Средозмното море позната кај рапскиот народ. Ги опфаќа следните сегашни држави: Либан, Сирија, Палестина и еден дел од Јордан.

§ Таваф - обредно кружење околу Каба.

§ Теврат - Тора, светата книга објавена на Мојсеј/Муса, а.с.

§ Сеур - пештерата во која се засолниле Мухаммед, а.с., и Ебу Бекр при нивната преселба од Мека во Медина.

§ Умму Кулсум - една од ќерките на Мухаммед, а.с. Умрела пред смртта на својот татко.

§ Верека бин Неуфел - братучед на Хатиџа, жената на Пратеникот. Неговото име се наоѓа во разни исламски и христијански списи. Сите го преставуваат како познавач на Евангелието.

Page 84: Ова е Пратеникот Мухаммед

83

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

§ Ухуд - планина крај Медина, дел од планинскиот венец на Хиџаз, во чиешто подножје се одвила познатата битка на Ухуд, каде муслиманите претрпеле значителни загуби.

§ Зекат – Определен, фиксиран дел од богатсвото и од секаков имот обврзан со зекат на еден муслиман, од 2,5%, кој се дава за сиромашните во муслиманската заедница. Плаќањето на Зекат е задолжително бидејќи тој е еден од столбовите на исламот. Зекатот е главно економско средство за воспоставување социјална правда и го води муслиманското општество кон напредок и сигурност.

§ Зејнеба - една од ќерките на Мухаммед, а.с., која како и повеќето негови деца, починала за време на неговиот живот.

§ Џамија - исламски храм во кој се извршуваат сите верски обреди.

§ Џибрил – Архангелот Гаврил, ангел задолжен од Бога за доставување на Откровенијата до Божјите Пратеници. Тој му го пренел Куранот на Мухаммед, а.с., онака како што го слушнал од Возвишениот Аллах.

§ Џенет - рај. Прибежиште на верниците на следниот свет, каде што ќе живеат во благосостојба и бескрајно и незамисливо задоволство, како награда за верувањето и нивните добри дела на овој свет.

Page 85: Ова е Пратеникот Мухаммед

84

ЗАБЕЛЕШКИ

Сите Курански стихови се директно преведени од арап ски јазик, при што се консултирани преводите на зна че ње на Куранот на албански јазик, англиски јазик, босан с ки јазик, како и на редактираниот превод на маке донски јазик.

- Бернард Шо, The Genuine Islam, вол. 1 бр. 81936.

- Лав Николаевич Толстој, Traktat: Pejgamberi urtiplotë Muhamed.

- Волтер, Mbi arabët dhe Muhamedin. (Voltaire - F.M.Arouet-Mahomet 1741).

- Томас В. Арнолд, Historia e Përhapjes së Islamit.

- Џон Давенпорт, Apologija për Muhamedin dhe Kuranin.

- Мајкл Х. Харт, 100 personalitetet më të shquara të historisë.

- Мартин Лингс, Muhamedi: jeta e tij e bazuar mbi burimet më të hershme.

- Стенли Лејн Пол, Fjalimi dhe Kuvendimi i Muhamedit.

- Џон Остин, Muhammad the Prophet of Allah, 1927.

- Р. Босфорт Смит, Jeta e Muhamedit.

- Ени Бесант, The life and Teachings of Muhammad, 1932.

- Е. Демерген, Biografia e Muhamedit, Muhamedi dhe Suneti.

- Томас Карлајл, Heroi si Profet: Muhamedi dhe islamizma, 1840.

Page 86: Ова е Пратеникот Мухаммед

85

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

- В. Монтгомери Ват, Muhamedi në Mekë, Muhamedi në Medinë, 1953.

- Карен Армстронг, Muhamedi (një biografi e Profetit), 2006.

- Максим Родинсон, Muhamedi.

- Амер Халид, Gjurmëve të të Dashurit tonë.

- М. Х. Рахим, Muhamedi (a.s).

- Осман Нури Топбаш, Muhamedi, 2003.

- Сејид Хусеин Наср, Muhamedi, njeri i All-llahut.

- Д-р Абдулах Али Басфар, Mëshira e dhuruar - Dashuria dhe mbrojtja e Profetit, 2006.

- Башким Алиу, Muhamedi (a.s) - Pishtari Ndriçues, 2000.

- Саид Нурси, Profeti Muhamed (a.s.) dhe rruga e tij.

- Д-р Мустафа Сибаи, Profeti Muhamed, 2005.

- Сафијурахман Ел-Мубарекфури, Nektari i vulosur i Xhennetit.

- Мехмед Ханџик, Muhamedi.

- Лејла Азам, Aisha Gouverneur, Jeta e të Dërguarit (a.s).

- Зекерија Бешир, Makkan Crucible Sunshine at Madinah.

- Мардија Олдрич Тарантино, Marvellous stories from the life of Muhammad.

- Рамокришна Рао, Muhamedi, Pejgamberi i Islamit.

- Ајни Синани, Të tjerët mbi Islamin, 2001.

- Мухамед Ибн Исмаил Ал-Бухари, Al-Jâmi’ al-Sahîh, International Ideas Home for Publishing and Distribution, 1998, Rijad.

- Abdulmalik Ibn Hishâm Al-Himyari Al-Ma’ârifi, Al-Sirah al-

Page 87: Ова е Пратеникот Мухаммед

86

nabawiyyah, Dâr al-Jîl, 1990, Бејрут.

- Сафијурахман Ел-Мубарекфури, Al-Rahîq al-Makhtûm, Dâr al-Salam, 1997, Ријад.

- Шемсудин Мухамед ибн Осман ал-Дахаби, Nuzhat al-Fudalâ tahdhîb Siyar A’lâm al-Nubalâ, Dâr Al-Andalus Al-Khadrâ, 2000, Џеда.

- Абу ал-Фида Ибн Кесир, Al-Bidâyah wa al-Nihâyah, Dar al-Hadith, 1992, Каиро.

- Ебу Бекр Ал-Џазаири, Hâdha al-Habîb Muham mad (s.a.w.s), Dar Al-Shurûq, 1989, Џеда.

- Мухамед ибн Алави ал-Малики ал-Хасани, Muha mmad al-Insân al-Kâmil, Dâr Al-Shurûq, 1984, Џеда.

Page 88: Ова е Пратеникот Мухаммед

87

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

ХАДИСИ НА

ПРАТЕНИКОТ

Page 89: Ова е Пратеникот Мухаммед

88

Page 90: Ова е Пратеникот Мухаммед

89

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

Кој оди по патот трагајќи по знаење, Алах ќе му го олесни патот кон рајот. (Муслим)

Кој е сиромашен со добрина, тој е лишен од сето добро. (Муслим)

Праведноста е добар морал, а чине ње то лошо е она што се колеба во ваша та душа и кое не сакате луѓето да го откријат. (Муслим)

Оној кој не е милостив кон нашата младина и оној кој не може да ги приз нае правата на старите, не е еден од нас. (Тирмизи)

Page 91: Ова е Пратеникот Мухаммед

90

Плашете се од Алах каде и да сте, и секое лошо дело проследете го со доб ро дело, па тоа ќе го избрише лошо то, и однесувајте се добро кон луѓето. (Тирмизи)

Нема човек кој ќе посети болен рано наутро, а 70.000 ангели да не праќаат благослов над него сé до ноќта, и тој ќе има градина во рајот. Ако го посети навечер, 70.000 ангели го благосло вуваат сé до утрото, и тој ќе има градина во рајот. (Ебу Давуд, Тирмизи)

Алах ја создал милоста од сто делови. Тој зачувал деведесет и девет кај Себе, а еден пратил на Земјата. Пора ди овој еден дел, сите суштества пока жуваат милост едни кон други, дури и кобилата која го крева своето копито да не го на гази своето ждребе. (Бухари, Тирмизи)

Примерот на верниците кон заеднич ка-та љубов, приврзаност и пријателс ки те чувства е како онаа на едно тело; ако еден екстремитет од него заболи, заболува и целото тело, пора ди будноста и грозницата. (Бухари, Муслим)

Page 92: Ова е Пратеникот Мухаммед

91

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

Оној кој верува во Алах и во Судниот Ден, треба да биде гостољубив кон своите гости. Оној кој верува во Алах и во Судниот Ден, треба да им чини добро на соседите. Оној кој верува во Алах и во Судниот ден, треба да збо рува добро или нека молчи. (Бухари, Муслим)

Оној кој на верникот ќе му ја олесни маката на овој свет, Алах нему ќе му ја олесни маката на Денот на ожи вувањето; оној кој ќе му олесни на должникот, Алах ќе му олесни нему на овој и на оној свет; оној кој ги при та ју ва грешките и мааните на еден мус ли ман, Алах ќе му ги притаи неговите на овој и на оној свет; Алах ќе му по ма га на човек, сé додека тој му помага на својот брат. (Тирмизи)

Меѓу зборовите кои луѓето ги добиле од Првото Пратеништво48 се: Ако не маш срам, тогаш прави што сакаш. (Бухари)

Семоќниот Алах ја покажува Својата милост само на милостивите. Биди милостив кон оние на Земјата, така Оној Кој е на Небесата ќе биде милос тив кон тебе. (Тирмизи, Ебу Давуд)

48. Од оние пратеници пред Мухамед

Page 93: Ова е Пратеникот Мухаммед

92

Јас сум пратен како милост, а не за про-колнување на човештвото. (Муслим)

Нема меѓу муслиманите таков, кој ќе засади дрво или посее семе, а потоа птица, човек или животно се нахрани со тоа, а да не се смета за дарежлив подарок за него. (Муслим)

Додека чекореше еден човек, почувс т ву ва жед. Виде бунар, отиде до него, и се напи вода. Кога заврши, се врати на патот и виде пес кој бревташе јадејќи кал. Човекот си рече: „Песов е очајно жеден како мене, но само кра т ко време.“ Тој се врати до буна рот, извади малку вода, и го наполни сво јот чевел со неа. Го носеше чеве лот и му го даде на песот. Алах беше милос тив и поради тоа му ги прости грево вите. (Бухари, Муслим)

Динарот (парите) кои ќе ги потро ши те на Божјиот пат, или ќе осло бо ди те роб, или ќе ги дадете како милос ти на на оној кој има потреба, или ќе го издржувате своето семејс т во, она што заслужува најголема награда е она што ќе го потрошите на своето семејство. (Муслим)

Page 94: Ова е Пратеникот Мухаммед

93

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

Заштитете се себеси од Огнот, дури и со половина урма, а оној кој нема ни толку, (нека се заштити) со (кажу ва ње) убав, пријатен збор. (Бухари, Муслим)

Ангелот Гаврил (Џибрил) постојано ми говореше колку е важно да се чини добрина на своите соседи, до степен што помислив дека ќе ми каже дека им припаѓа и дел од моето наследст во. (Бухари, Муслим)

Оној кој има три ќерки, или сестри, или две сестри или две ќерки, и биде добар со нив и се грижи за нив, и им обезбедува услови, а потоа ги омажи, ќе влезе во рајот. (Ебу Давуд, Тирмизи)

Да бевте безгрешни, Алах ќе ве отс тра неше и ќе ве заменеше со друг на род кој греши, а потоа го моли Алах за прошка, па Тој ќе им простува. (Муслим, Тирмизи)

Page 95: Ова е Пратеникот Мухаммед

94

Најубавиот чин на добрина е љубез ното однесување на еден човек кон пријателите на својот татко по неговата смрт. (Муслим)

Верникот не наоѓа маани и не е погр ден, непристоен или суров. (Тирмизи)

Немој да сметаш за незначително било што од добрите нешта, макар тоа да е да го сретнеш твојот брат со насмевка на лицето. (Муслим)

Алах, Славниот и Возвишениот, ре кол: „Мојата љубов е задолжи тел на кон оние луѓе кои се сакаат поради Мене, и за оние кои седат едни со други поради Мене (во Мое име), и за оние кои се посетуваат едни со дру ги во Мое име, и за оние кои се даре ж ливи едни кон други поради Мене. (Мувета)

Page 96: Ова е Пратеникот Мухаммед

95

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

Спроведувањето правда помеѓу двајца луѓе е милостина (садака). И помага њето на човек да се качи на својот коњ, или помагањето да го натовари својот товар на него, исто така е милостина, и отстранувањето преч ки од патот е милостина. (Бухари, Муслим)

Најсовршениот верник во поглед на верата е оној кој има најдобро одне су вање (манири); а најдобрите од вас се оние кои се најдобри кон своите жени. (Ибн Маџе)

Биди љубезен, бидејќи кога љубез носта ќе стане дел од нешто, таа го разубавува; а кога ќе се одземе од нешто, тогаш го остава без сјај. (Муслим)

Навистина, вашите слуги се ваши бли с ки браќа. Алах ги оставил нив ама нет во ваши раце. Кој го има братот во своите раце, нека го храни со храната со која и тој самиот се храни, и нека го облекува со облеката која и тој самиот ја носи. Никогаш не ги опто ва рувајте со работа која не можат да ја извршат. А ако ги това ри те, то гаш помогнете им. (Бухари, Муслим)

Page 97: Ова е Пратеникот Мухаммед

96

Не ширете омраза и завист меѓу вас, и не ковајте завери. Ниеден муслиман не смее да се одвои од својот брат повеќе од три дена. (Бухари)

Никој од вас нема вистински да верува, сè додека не го посакува за својот брат она што го посакува за себеси. (Бухари, Муслим)

Оние кои не покажуваат милост кон другите, Алах нема да им укаже милост ним. (Муслим)

Правете ги нештата едноставни, а не комплицирајте ги. Смирувајте ги луѓе то, а не ги бркајте од себе. (Бухари, Муслим)

Page 98: Ова е Пратеникот Мухаммед

97

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

Еден верник кон друг верник е како ѕид од тули потпирајќи сè еден со друг. (Нисаи)

И добрите и лошите дела на мојот народ ми беа прикажани. Открив дека отстранувањето на препреките од јавните патишта беше дел од нивните добри дела. (Муслим)

Навистина, Алах ги обврзува вашите мајки за ваша нега. И потоа, Алах ги обврзува вашите мајки за ваша гри жа. А потоа, Алах ги обврзува ваши те татковци за ваша нега. А потоа, Алах ги обврзува вашите роднини за ваша нега. (Ал-Адаб, Ал-Муфрад)

Ако некој бара засолниште кај Алах, дајте му засолниште. Ако некој бара нешто во име на Алах, дајте му. Ако некој ти направи услуга, возврати му. Доколку не најдеш нешто со што ќе му возвратиш, тогаш моли се за него сè додека не си сигурен дека си му се оддолжил. (Нисаи, Ебу Давуд)

Page 99: Ова е Пратеникот Мухаммед

98

Дел од тоа некој да биде добар муслиман, е да го остави она што не го засега. (Тирмизи)

Оној кој сака Алах да го спаси од ма ки те на Денот на оживувањето, тре ба да му даде оддишка на пла теж но неспособниот или да му го прости долгот. (Муслим)

Кога Алах ќе му пресуди на некое од Неговите суштества, Тој се обврзал Себеси во Својата Книга да го пиш у ва она што е поставено: „Мојата милост го надвладува Мојот гнев.“ (Бухари)

Јунаштвото не е во (вештината на) борењето. Навистина силен е оној што себеси се совладува во лутина. (Бухари)

Page 100: Ова е Пратеникот Мухаммед

99

ОВА Е ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД БОЖЈИОТ ВЕРОВЕСНИК ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО