45
Данок на додадена вредност

Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

Данок на додадена вредност

Page 2: Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

PwC

Содржина

• Предмет на оданочување со ДДВ

• Даночен должник

• Ослободувања од ДДВ

• Даночна основа

• Момент на даночен долг

• Одбиток на ДДВ

• ДДВ третман- префактурирање

• Пријавување и плаќање на ДДВ

• Фактура

2

Page 3: Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

PwC

Предмет на оданочување со ДДВ

Што се оданочува со ДДВ?

Прометот на добра и услуги ако е:

• промет согласно легислативата за ДДВ;

• реализиран за соодветен надоместок;

• во земјата;

• од страна на даночниот обврзник;

• во рамките на неговата стопанска дејност.

Увозот на добра.

3

Page 4: Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

PwC

Предмет на оданочување со ДДВ - промет

Што не претставува промет од аспект на ДДВ?

Надоместок на штета:

• отстранување на последици од штета, парично обештетување, договорни пенали;

• трошоци за судска постапка исплатени на спротивната страна;

• такси и трошоци за опомена, затезни камати;

• отстранувањето на недостатоци кај добра во гарантен рок;

• договорно утврдени плаќања поради предвремено окончување надоговорот за лизинг.

Чланарини кај здруженија;

Содружнички придонес (влог).

4

Page 5: Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

PwC

Предмет на оданочување со ДДВ - промет

Што не претставува промет од аспект на ДДВ?

Одредени давањата кон вработените кои се од претежно деловен интерес на работодавачот, меѓу кои :

- обука и дообука, давање на работна облека и средства за работа;

- бесплатно организиран превоз до работа;

- бесплатен паркинг простор на имотот на претпријатието;

- обезбедување на соби за ноќевање за време на работа надвор одместото на живеење;

- превентивен лекарски преглед итн.

5

Page 6: Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

PwC

Предмет на оданочување со ДДВ - промет

Промет од аспект на ДДВ?

Законски одредби и став на УЈП за:

Загуба (крш, кало, растур, расипување);

Недостаток на добра (кусок);

Уништување на стари залихи.

6

Page 7: Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

PwC

Предмет на оданочување со ДДВ - промет

Промет на добро или услуга за ДДВ цели ?

Промет на добра претставува преносот на правото на располагање со движен или недвижен материјален имот.

Промет на услуги претставува секоја дејност која не е промет на добра.

Разграничувањето е важно заради правилно одредување на местото и времето на прометот, а со тоа и на обврската за пресметување на ДДВ.

7

Page 8: Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

PwC

Предмет на оданочување со ДДВ - промет

Промет на добро или услуга за ДДВ цели ?

Мешовит промет постои кога основниот промет (на добра/услуги) е дополнет со спореден промет;

Спореден промет може да биде несамостоен промет на добро или услуга;

Споредниот промет го следи ДДВ третманот на основниот промет во поглед на определување на место, време, евентуално ослободување и стапка за ДДВ цели.

Пример: во случај на испорака на добро спореден промет може да биде пакување, натовар и истовар, превоз и осигурување на доброто.

8

Page 9: Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

PwC

Предмет на оданочување со ДДВ - Надомест

Надомест е противвредноста која се добива за прометот на услуги/добра во вид на:

Пари;

Размена на добра и услуги

• Кога надоместокот за еден промет на добра/услуги се состои во друг промет на добра/услуги (размена) секој од прометите се смета за посебен.

9

Page 10: Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

PwC

Предмет на оданочување со ДДВ - Надомест

Размената од праксата на УЈП:

- Во одредени случаи размената се претпоставува иако не е договорена;

- Обврски за издавање на фактури и пресметка на ДДВ од страна на учесниците во размената.

Примери:

- вложување на средства во туѓ имот кога е извесно дека вложувањето ќе остане во сопственост на закуподавачот;

- давање на одредени добра на бесплатно користење за претприемачки цели на лица кои не се вработени ниту поврзани со даночниот обврзник.

10

Page 11: Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

PwC

Предмет на оданочување со ДДВ - Надомест

Следниве давања иако без надомест подлежат на ДДВ:

Земање/давање/користење на добра од имотот на претпријатието и вршење на услуги од страна на даночниот обврзник И ТОА:

• За лични потреби на даночниот обврзник (доколку е физичко лице) или на вработените или;

• Спрема сопствениците на влог, членовите и спрема нив блиски лица или;

• За цели кои не се поврзани со неговата стопанска дејност;

Исклучок! Во случај кога при набавката на добрата било исклучено правото на одбивка на претходниот ДДВ – нема обврска за пресметување на излезен ДДВ.

11

Page 12: Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

PwC

Предмет на оданочување со ДДВ – во земјата

Терминот „во земјата“ се однесува на територијата на Македонија исклучувајќи ги:

- слободните зони и

- царинските складови и царинските зони.

Исклучок! Подлежи на ДДВ прометот наменет за крајна потрошувачка под услов да се исполнети останатите услови за оданочив промет.

12

Page 13: Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

PwC

Предмет на оданочување со ДДВ – во земјата

Што се смета за промет за крајна потрошувачка?

Кога примателот нема право на одбивка на данокот кој му е фактуриран за извршениот промет. Тука спаѓа прометот:

спрема лица кои не се даночни обврзници;

кон даночни обврзници кои не се регистрирани за ДДВ;

кој се користи како влезно исполнување заради извршување промет ослободен од данок без право на одбиток на претходен данок според член 23 од ЗДДВ;

за кој е исклучено правото на одбиток на претходен данок согласно член 35 точки 2 до 6 од ЗДДВ.

13

Page 14: Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

PwC

Предмет на оданочување со ДДВ – во земјата

Одредување на местото на промет низ два чекора (дали прометот е во земјата за ДДВ цели)

Прв чекор

Да се утврди дали се работи за промет на добра или за промет на услуги (членови 3, 6 и 8 од Законот за ДДВ).

Втор чекор

Да се применат одредбите за место на промет на добра и услуги (член 13 и 14 од Законот за ДДВ).

14

Page 15: Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

PwC

Предмет на оданочување со ДДВ – во земјата

Правила за место на промет за добра (член 13)

Местото каде доброто се наоѓа во времето на прометот, ако доброто не се превезува/испраќа;

Местото каде доброто се наоѓа кога започнува превозот/испраќањето;

Местото каде доброто се монтира, инсталира;

Во случај на испорака на гас, електрична енергија, греење и разладување- местото каде што доброто е примено.

15

Page 16: Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

PwC

Предмет на оданочување со ДДВ – во земјата

Правила за место на промет за услуги (член 14)

Зависно од видот на услугата местото на промет може да е:

седиштето на вршителот на услугата или подружницата од каде вистински се извршува услугата (угостителски услуги, туристички услуги итн.);

местоположбата на недвижниот имот (посредување, проценка, градежни работи итн.) или делницата на превозот;

местото каде услугата вистински се извршува (предавања, семинари, спортски манифестации, поправка на движни добра итн.);

Местото на прометот во кое е извршено посредувањето;

седиштето на примателот на услугата или подружницата за која услугата вистински била извршена (реклама, софтвер, консалтинг, телекомуникациски услуги, пренос на авторски права итн.).

16

Page 17: Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

PwC

Предмет на оданочување со ДДВ – во земјата

17

Член 14, став 2 од

Законот за ДДВ

Член 14, став 2 од

Законот за ДДВ

Член 14, став 3 од

Законот за ДДВ

Член 14, став 3 од

Законот за ДДВ

Член 1, Правилник за спроведување на Законот за

ДДВ

Член 1, Правилник за спроведување на Законот за

ДДВ

Член 14, став 1 од

Законот за ДДВ

Член 14, став 1 од

Законот за ДДВ

Шема за утврдување на местото на промет за услуги

не нене

дададада

Page 18: Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

PwC

Предмет на оданочување со ДДВ – даночен обврзник

• Даночен обврзник е лице кое повремено или трајно самостојно врши стопанска дејност (физички лица, правни лица, здружувања на лица);

• Даночни обврзници се и државните органи, органите на локалната самоуправа и други јавно-правни тела, како и здруженијата и фондациите, ако во рамките на одредена стопанска дејност вршат промет кој е оданочив кај другите даночни обврзници (на пр. изнајмување на деловни простории)

• Трансакциите помеѓу компанијата и нејзината подружница во земјата не се предмет на ДДВ.

18

Page 19: Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

PwC

Даночен должник

Кој должи ДДВ?

Даночен обврзник кој врши оданочив промет на добра и услуги (разлика меѓу регистрирани и нерегистрирани ДДВ обврзници);

Лице кое увезува добра;

Лице кое издава фактура на која неовластено искажува данок/поголем данок;

Примателот на доброто или корисникот на услугата во случаи на самооданочување.

19

Page 20: Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

PwC

Даночен должник – самопресметуваање на ДДВ

За кој промет се самопресметува ДДВ?

За оданочив промет на добра и услуги од даночен обврзник кој нема ниту седиште, ниту подружница во Македонија.

Кој самопресметува и должи ДДВ?

Даночниот обврзник-резидент кој е примател на добрата и услугите, без разлика дали е регистриран за ДДВ цели.

Кои се обврските на примателот?

При прием на фактурата да самопресмета ДДВ, да го пријави данокот кој се должи во својата даночна пријава (поле 14) и да го плати.

Има ли примателот право на одбиток на данокот?

Да, во истиот даночен период, доколку е регистриран ДДВ обврзник и доколку има право на одбиток на данокот согласно ЗДДВ.

20

Page 21: Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

PwC

Ослободувања од ДДВ

По утврдување дека соодветниот промет е предмет на ДДВ треба да се потврди дали за истиот се применливи некои од даночните ослободувања.

21

I Ослободување без право на одбиток(член 23, Закон за ДДВ)

II Ослободување со право на одбиток(член 24, Закон за ДДВ)

Page 22: Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

PwC

Даночна основа

Даночна основа за цели на ДДВ претставува износот на надоместокот (во пари, добра или услуги) што е добиен или што треба да се добие за прометот, вклучително:

22

даноците, акцизите, таксите, придонесите и другите давачки пропишани со посебни закони, освен ДДВ;

зависните трошоци за пакување,натовар, истовар, превоз и осигурување,како и провизиите и другите трошоцикои даночниот обврзник му гипресметал на примателот на доброто; и

субвенциите кои се директно поврзанисо цената на прометот на доброто илиуслугата.

Page 23: Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

PwC

Даночна основа

Што не опфаќа даночната основа?

• ценовно намалување дадено за авансни плаќања;

• ценовниот дисконт, рабатот и другите видови на намалување нацената одобрени на примателот на доброто/ услугата вомоментот на прометот под услов истите да бидат одделноискажани во фактурата и евидентирани во книговодството;

• износот што го добива даночниот обврзник од примателот надоброто или од корисникот на услугата како плаќање затрошоците што ги направил во нивно име и за нивна сметка(проодни ставки), ако тој износ е евидентиран вокниговодството.

23

Page 24: Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

PwC

Даночна основа - посебни видови

Набавната цена или цената на чинење во моментот на прометот во случај кога без надомест:

се земаат добра од имотот на претпријатието за лични потреби на даночниот обврзник или на вработените;

се врши промет на добра спрема сопствениците на влог, членовите и спрема нив блиски лица или;

се даваат добра за цели кои не се поврзани со стопанската дејност на даночниот обврзник или;

се задржуваат добра од даночниот обврзник по престанок на стопанската дејност.

24

Page 25: Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

PwC

Даночна основа - посебни видови

Издатоците за извршената услуга во случај на користење надобра кои се дел од имотот на претпријатието и вршење услугибез надомест:

за лични потреби на даночниот обврзник или вработените кај него или;

од/кон сопствениците на влог, членовите и ним блиски лица или;

за цели кои не се поврзани со неговата стопанска дејност.

Кај промет по багателна цена (кога цената на чинење епоголема од надоместокот) спрема вработените и ним блискилица; имателите на влог или ним блиски лица; физички лицаспрема блиски лица, даночна основа е набавната цена (илицената на чинење на доброто) и издатоците за извршенатауслуга.

25

Page 26: Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

PwC

Даночна основа - посебни видови

Постигнатата крајна цена кај промет остварен по пат налицитација.

Разликата помеѓу продажната и набавната цена кајпрометот на употребувани добра, вклучувајќи и употребуванимоторни возила, уметнички и колекционерски предмети (ако заиспораката спрема даночниот обврзник не се должи данок).

Пазарната цена на добиеното добро (или примената услуга)кога надоместокот за прометот на доброто или за услугата сесостои во целина или делумно во промет на друго добро илидруга услуга (размена).

26

Page 27: Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

PwC

Даночна основа - увоз

Даночните ослободувања при увозот се опфатени вочленовите 27, 27-а, 27-б и 27-в од ЗДДВ;

Царинската управа ја утврдува даночната основа заувозот на добра согласно царинските прописи и го наплатуваданокот при увоз истовремено со царинските давачки;

Царинската управа може да одобри одложено плаќање наДДВ.

27

Page 28: Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

PwC

Даночна основа - увоз

Основата за цели на ДДВ при увоз меѓу другото вклучува:

• царина, даноци, акцизи, такси, други увозни давачки (освенДДВ);

• услуги за амбалажа и пакување на увезените добра;

• услуги за транспорт и осигурување на увезените добра до местотона внесување во РМ;

• услуги за натовар, истовар и манипулација поврзани сотранспортот на увезената стока до местото на внесување во РМ;

• инженеринг, развој, уметничка работа, дизајнирање и планови ицртежи извршени надвор од РМ, а неопходни за производство наувезените добра;

• провизии и посреднички провизии;

• тантиеми и трошоци за лиценци во врска со увезените добра.

28

Page 29: Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

PwC

Даночна основа - увоз

Кои се последиците од вклучување на одредени услуги во царинската вредност на увезените добра?

Плаќањето и одбивката на ДДВ за овие услуги се врши согласно царинската декларација. Во ДДВ пријавата данокот ќе се вклучи во полето 12 (ДДВ од увоз);

На фактурата од услугата (доколку местото на прометот паѓа во РМ) не се самопресметува ДДВ.

29

Page 30: Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

PwC

Даночна основа - промени

Даночната основа може да се промени во случај на:

• враќање на доброто,

• поништување на договорот или;

• менување на цените откако е извршен прометот.

Даночниот обврзник вршител на прометот има обврска за исправка на излезниот ДДВ, а даночниот обврзник кон кој е извршен прометот има обврска да ја исправи одбивката на претходниот ДДВ во согласност со промената;

Исправката се врши во пресметковниот период кога настанала промената на даночната основа.

Издаденото одобрување/задолжување треба да се реферира на фактурата на која се однесува и во истата да се посебно искажани основата и ДДВ.

30

Page 31: Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

PwC

Момент на даночен долг

Даночниот долг настанува:

моментот кога прометот е извршен;

во моментот на започнување на превозот или испраќањетокога доброто се превезува или испраќа;

во моментот на завршување на работите кога прометотвклучува монтирање или инсталирање;

31

во моментот на добивање на плаќањата кога истите сеизвршуваат пред прометот (аванс).

Page 32: Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

PwC

Момент на даночен долг

Даночниот долг настанува:

денот кога е издадена фактурата или кога е добиеноплаќањето зависно од тоа кој настан ќе се случи прв вo случајна периодичен промет, за кој се предвидени последователниплаќања;

денот кога е извршен дел од прометот во случај наекономски деливиот промет кој се извршува во делови;

при увоз на добра:

во моментот на настанување на царинската обврска илиденот на внесување на доброто во земјата;

кога добрата се пуштаат во слободен промет ако билево транзит, привремено увезени, или под режим на царинскисклад или слободни економски зони.

32

Page 33: Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

PwC

Одбивка на ДДВ

Постојат три вида на влезен ДДВ како што следи:

I. Влезен ДДВ кој може да се одбие во целост;

II. Влезен ДДВ без право на одбивка; и

III. Влезен ДДВ поврзан со промет со и без право на одбивка во кој случај ќе може да се одбие само оној дел од влезниот ДДВ кој се однесува на прометот за кој има право на одбивка (фактичка намена, сооднос).

33

Page 34: Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

PwC

Одбивка на ДДВ

Кое ДДВ може да се одбие?

• ДДВ за прометот извршен спрема даночниот обврзник од страна на други даночни обврзници;

• ДДВ за авансни плаќања за иден промет спрема даночниот обврзник;

• ДДВ платено за увозот на добра.

Кога? Откако го примил прометот/извршил авансно плаќање и откако постои фактура доколку:

• Даночниот обврзник ги користи набавените добра/услуги за целите на неговата стопанска дејност и;

• поседува фактура од добавувачот/царинска декларација издадена согласно барањата на ЗДДВ кои се соодветно евидентирани во неговото сметководство.

34

Page 35: Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

PwC

Одбивка на ДДВ

Право на одбиток во случај кога е продолжен рокот за плаќање на ДДВ при увоз?

Правото на одбивка се стекнува во даночниот период кога настанал ДДВ долг при увоз:

- согласно царинската декларација;

- без оглед на тоа дека ДДВ не е платен.

Неусогласеност меѓу одредбите во ДДВ регулативата и царинската регулатива во поглед на максималниот рок за одложување на плаќање на ДДВ при увоз;

Пракса на УЈП.

35

Page 36: Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

PwC

Одбивка на ДДВ

Членот 35 од Законот за ДДВ дава детална листа на случаи во кои правото на одбиток на претходен ДДВ е исклучено, меѓу кои:

Набавки на одредени возила и трошоци поврзани со нив;

расходи за репрезентација на претпријатието или насопственикот (гостење, подароци, одмор, рекреација и разонода);

набавки или увоз на фрижидери, аудио и видео апарати, теписи и уметнички предмети за опремување наадминистративните простории;

издатоци за превоз и исхрана на лица;

издатоци за сместување во хотели или слични објекти;

од фактури издадени од неовластен обврзник (нерегистриран за ДДВ).

36

Page 37: Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

PwC

Одбивка на ДДВ

Правото на одбиток на ДДВ за организиран превоз навработените?

Зависи од начинот на кој е организиран превозот:

Ако го врши самиот работодавач - има право на одбиток напретходниот ДДВ на трошоците за набавениот автобус, делови,гориво, сервисирање.

Ако го врши некој друг даночен обврзник регистриран за ДДВ иму фактурира на работодавачот за услугата - работодавачот немаправо на одбиток на претходниот ДДВ согласно член 35.

Право на одбиток на ДДВ за репрезентација?

Не се исклучува во случај кога бруто вредноста на подарокот конпримателот е до одреден лимит.

Ако не се знае намената на доброто во моментот на набавката,корекција на ДДВ се врши во даночниот период на давањето.

37

Page 38: Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

PwC

Одбивка на ДДВ - исправка на одбивката за инвестициони средства

Ако кај некое инвестиционо средство (постојано средство)се сменат околностите кои во првата календарска годинабиле одлучувачки за одобрување на претходниот данок – требада се направи соодветна исправка на одбитокот напретходниот ДДВ.

Исправката може да влијае или во полза или на штета наданочниот обврзник;

Рокот на исправка тече од почетокот на употреба на средството;

Општ рок 5 години, посебен рок за недвижности 10 години;

Исправка не се врши ако претходниот данок за набавка илипроизводство на инвестиционо добро не надминува 15.000денари;

Исправката се врши во даночниот период во кој билепроменети околностите.

38

Page 39: Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

PwC

Одбивка на ДДВ - исправка на одбивката за инвестициони средства

Нема исправка за набавени и произведени инвестиционисредства во периодот кога даночниот обврзник не билрегистриран за ДДВ.

Можни ситуации:

Пренамена на употребата на средството за стопанска дејностослободена од ДДВ без право на одбивка на претходен данок.

Пренамена за сопствена потрошувачка;

ДДВ обврзникот ќе премине во нерегистриран ДДВ обврзник.

Исправка се врши само ако рокот за исправка не изминал!

39

Page 40: Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

PwC

ДДВ третман- префактурирање

I. Трошокот да е платен во туѓо име и туѓа сметка

Кога фактурата е издадена на Компанија А, но Компанија Б ги плаќа трошоците и ги префактурира подоцна на Компанија А.

Дали компанијата Б го одбива влезното ДДВ?

Компанијата Б нема да има право на одбивка на претходниот данок, бидејќи фактурата која се плаќа е издадена на име на компанијата А.

Дали се пресметува ДДВ за пре-фактурираниот износ?

НЕ! Износот што го добива компанијата Б од компанијата А како плаќање на трошоците што ги направила во нејзино име и за нејзина сметка се проодни ставки за компанијата Б и не влегуваат во основата за ДДВ.

40

Page 41: Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

PwC

ДДВ третман- префактурирање

II. Трошокот да е платен во свое име, а за туѓа сметка.

Кога фактурата е издадена кон Компанијата Б но се однесува на трошоци направени за сметка на Компанијата А.

Дали компанијата Б го одбива влезното ДДВ?

Компанијата Б ќе има право да го одбие влезниот ДДВ доколку се исполнети општите услови за користење право на одбиток согласно ЗДДВ и доколку правото на одбиток не е исклучено.

Дали се пресметува ДДВ за пре-фактурираниот износ?

Ке се следи истата логика на ДДВ третманот на првичниот промет. Компанијата Б ќе биде третирана како добавувач на услугите/добрата кон Компанијата А при префактурирањето. ДДВ третманот ќе зависи од местото на прометот и евентуалните ослободувања.

41

Page 42: Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

PwC

Пријавување и плаќање - ДДВ пријава

ДДВ пријава се поднесува во рок од 25 дена од истекот на секој даночен период (дури и кога нема оданочив промет). Во истиот рок се плаќа и данокот кој се должи по ДДВ пријавата;

Нерегистрирани даночните должници, кои неовластеноистакнале ДДВ во фактури или кои имале обврска да самопресметаат данок, се обврзани да поднесат ДДВ пријава за оној даночен период за кој настанал даночен долг.

Поднесување на корегирана ДДВ пријава за одреден даночен период ако се пријавени неточно или нецелосно промети, даноци и претходни даноци (рок до крај на февруариследната година).

Во случај на корекции кои резултираат со зголемена обврска за ДДВ или повеќе вратен влезен ДДВ, даночниот оврзник има обврска да поднесе корегирана даночна пријава во рамките на општиот рок за застареност од 5 години.

42

Page 43: Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

PwC

Фактура за ДДВ цели

Задолжителна содржина:

1.место, дата на издавање број;

2.име, адреса и ДДВ број на добавувачот;

3.име и адреса на примателот на доброто/услугата;

4.датум на извршениот промет;

5.количина и опис на прометот;

6.износ на надоместокот без ДДВ;

7.применета даночна стапка;

8.износ на пресметаниот ДДВ;

9.вкупен износ на точките 6 и 8; и

10.потпис и печат на издавачот на фактурата.

43

Page 44: Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

PwC

Фактура за ДДВ цели – Посебни случаи

Периодичен или континуиран промет - како датум на промет се наведува календарскиот месец во кој бил извршен прометот или било примено плаќањето;

Податоците за количина и опис на прометот може да бидат содржани во други документи кои се наведуваат на јасен начин во фактурата;

Во фактури од ист вид кон голем број приматели може да се користи факсимил на печатот и потписот (одобрение од УЈП);

Во фактурата се раздвојуваат надоместоците и даноците за промет кој подлежи на различни даночни стапки.

Во фактура за промет на употребувани добра се наведува продажната бруто цена без посебно искажување на ДДВ.

Во фактура за промет без надомест или по багателни цени се наведува пропишаната даночна основа (член 19 од ЗДДВ).

44

Page 45: Данок на додадена вредност (ДДВ). Danok na... · PwC Предмет на оданочување со ДДВ -промет Што не претставува

Ви благодарam за вниманието!

Оваа презентација е подготвена како насока за прашања кои се од општ интерес и не претставувапрофесионален совет. Не треба да се превземаат активности врз основа на информациите презентирани вонеа, без претходно да се добие професионален совет. ПрајсвотерхаусКуперс Ревизија ДОО - Скопје,членовите и вработените не превземаат одговорност за точноста и комплетноста на објавенитеинформации и не превземаат никаква одговорност за последиците од активности превземени или одлукидонесени врз основа на презентираните информации.

© 2013 ПрајсвотерхаусКуперс Ревизија ДОО. Сите права се задржани. ‘ПрајсвотерхаусКуперс’ се однесува намрежата на фирми членки на PricewaterhouseCoopers International Limited, секоја од кои е посебен инезависен правен ентитет.

Предавач:

Ели Боцевска Груеска

Сениор даночен советник[email protected]Мобилен телефон: 072 307 510Директен фиксен: 3 140 927